21
Универзитет “Гоце Делчев” Штип Факултет за медицински науки Семинарска работа по предметот : Епидемиологија Тема: Аерозагадување Професор: Изработил: Проф.д-р Ѓорѓи Шуманов Елена Димитрова, МФ3

семинарска epidemiologija

Tags:

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: семинарска epidemiologija

Универзитет “Гоце Делчев” Штип

Факултет за медицински науки

Семинарска работа по предметот : Епидемиологија

Тема: Аерозагадување

Професор: Изработил:

Проф.д-р Ѓорѓи Шуманов Елена Димитрова, МФ3

Бр.на индекс: 15238

Насока:Општа медицина

Штип,2011

Page 2: семинарска epidemiologija

Влијание на загадениот воздух врз сегментите на животната

средина

Огромниот број загадувачки материи во воздухот резултираат со голем број

ефекти брз човекот и неговата околина.

Психолошко дејство – земајќи го во предвид широкиот спектар на познати

и уште поширокиот спектар на непознати директни и индиректни влијанија

на атмосферските загадувачки, доста е веројатно дека проценетиот

здравствен и економски ефект од загадувањето е понизок од реалниот.

Редукција на видливоста – доведува до пречки во воздушниот и

коловозниот сообраќај со можности за зголемен трауматизам и со

евентуални загуби во туризмот.

Дејство (оштетување) на материјалите – цврстите и течни материисе

депонираат на површините и водат кон:

o Директно оштетување (механичко и хемиско- сулфурводородот)

o Индиректно , кога одредени хемиски соединенија се претвораат во

други поштетни( SO2 во H2SO4 што има штетно дејство врз кожните

материјали), а таков пример е и електрохемиската корозија на

железничките пруги.

Дејство врз растенијата – споменати се три главни симптоми на штетно

влијание на загадувачките материи (пред се, SO2,

флуридите,озонот,етилен,азотните оксиди,халогените елементи и

киселините и некои метали):

2

Page 3: семинарска epidemiologija

o Попуштање на структурата на листот;

o Хлороза или други промени на бојата;

o Промена на растот.

За уништување на шумите посебно се обвинуваат т.н. кисели

дождови ,а во околината на индустриските објекти потребно е да се

засадуваат отпорни сорти на зеленило кои имаат и заштитна улога.

Влијание врз животните – за време на акутните епизоди на

атмосферското загадување заболувале и угинувале животните. Така на

пример за време на познатата епизода во Поза Рика угинувале и

канаринци, пилиња, говеда,свињи, гуски, патки и кучиња. Во Лондон пак

забележана е висока инциденца на бронхитис и воспаление на белите

дробови меѓу животните во зоолошката градина. Изложеноста на животните

кон аерозагадувањето се реализираат или преку вдишување или преку

загадени пасишта. Се покажало и тоа дека може да дојде до пад во

продукцијата на млеко кај експонираните крави.

Нарушување на комфорот – е важен ефект од аспект на грижата за

ментално здравје на популацијата но објективна тешкотија претставува

фактот дека е отежнато разграничувањето на контрациите кои го

нарушуваат комфорт од оние кои објективно го нарушуваат здравјето.

3

Page 4: семинарска epidemiologija

Акутни и хронични здравствени ефекти на загадениот воздух

Влијание врз здравјето – може да биде акутно и хронично.

Акутно влијание настанува при нагол пораст на концентрациите на

штетните материи причинити или од индустриски инциденти, или во

условите на веќе споменатите неповолни климатскометеоролошки

услови.

Хронични ефекти (главно на кардиоваскуларниот и пред се

песпираторниот систем)се резултат на секојдневна експозиција на

високи но често и дозволени концентрации штетни материи

Три главни типови на штетни атмосферски комплекси се:

1. SO2 + честички на чад (по потекло до согорување на фосилните горива

со сулфур):

2.фотохемиски оксиданти + јаглеродмоноксид (од сообраќајот)

3.штетни агенси од локалните специфични индустриски извори (Pb,

Cd ,Ni ,Cr ,Fe и др, ).

4

Page 5: семинарска epidemiologija

Досега регистрирани здравствени ефекти на загадениот воздух се следните:

1. Зголемен морталитет на експонираната популација (пред се

вулнерабилните групи и население). Приота, најчесто спомнувана комбинација на

неповолни фактори била зголемената концентрација на SO2 и чад со неповолни

климатско-метеоролошки услови (температрна инверзија). Такви епизоди имало

во Белгија, 1930 година(долина на река Меза во Белгија со 63 мртви): во 1948

година(Донора, Пенсилванија, САД,со 20 мртви) и три епизоди во

Лоднон(1948,1952 и 1966 година си вкупно 4 777 мртви).

2.Акутно влошена состојба кај лица заболени од хронични

распираторни заболувања, посебно асматичари (позачестени напади)

причинето од веќе споменатиот комплекс на SO2 и чад и фотохемиски оксиданти.

Иако не може да се вбројат во директната етиологија на овие заболувања (покрај

пушењето повторуваните инфекции во детството и професионалната експозиција)

овие состојби сигурно учевствуваат во агравацијата на постојаните хронични

заболувања. Такви епизоди се регистрирани во Скопје (декември 1989, јануари

1990 година и јануари 1993 година).

3.Влијание брз заболувањата од акутни песпираторни болести, се

манифестира пред се кај детската популација при што конплексите на SO2

честичките чад и азотните оксиди доведуваат до намалување на отпорноста на

малите дишни патишта (бронхитис и пневмонија).

4.Влијание врз белодробните вентилаторни функции (намалена

вентилациона функција посебно кај децата). И тука посебно е опасен комплексот

SO2 чад при што се споменува и тоа дека сулфурниот диоксид ја засилува

бронхоконстрикторната улога на озонот.

5.Влијанија брз сетилата и однесувањето – нерпијатен мирис и иритација

на системот очи-нос-грло. При ово озонот се споменува како иританс на горните

дишни патишта а јаглеродниот моноксид ја менува нервобихејвиралната

реакција(при високи концентрации на CO-Hb снижени со тестовите на будност.)

5

Page 6: семинарска epidemiologija

6.Специфично, често токсичко влијание на тешките метали во

атмосферата(на пример три децении загадување на амбиентниот воздх со олово

во Велес)

7.Атмосферски карциноген-иако овој ефект тешко се пофторува кај луѓето

поради присутноста на пушењето и професионалната експозиција сепак оваа

група штетни материи веќе се вклучени аклиниритлир, азбест, бензин, никел,

полициклични аероматични јагленоводороди, радон и др.

Во 2000 фодина Светската здравствена организација го објави второто

издание на Упатства за квалитети ан воздухот за Европа а во 2006 година

глобалното ажурирање на Ѕпатствата. Целта на Упатствата е да обезбедат

база за заштита на здравјето на луѓето од негативните ефекти од полутантите во

воздухот и да се елиминира или намали изложеноста на оние полутанти за кои се

знае или се претпоставува дека се опасни за човечкото здравје.

Извештајот Систематски преглед на здравствените аспекти од

загадувањето на воздухот во Европа ги резимира најскорешните информации

за здравствени ефекти од загадување на воздухот. Тој е основан на резултатите

од сеопфатен преглед на научни докази прганизирани од C3O како подршка во

развојот на политиката на загадувањето на воздухот во Европа. Изложеноста на

загадување од амбиентниот воздух била поврзана со голем број на различни

здравствени последици , почнувајки од незначителни транзиторни промени во

респираторниот тракт и влошена белодробна функција продолжувајќи до

рестрективна активност/ редуцирани перформансии посети на итна медицинска

помош и хоспитализирање како до морталитет. Постојат повеќе докази за штетни

ефекти од загадувањето на воздухот не само на распираторниот систем туку и на

срцево-садовниот систем. Тие докази се од студии при акутна и хронична

изложеност.

6

Page 7: семинарска epidemiologija

Следење на влијанието на загадениот воздух брз здравјето на

луѓето во Р.Македонија

Во заводите за здравствена заштита се изработува здравствена евиденција

за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението по методологија

на Републичкиот завод за здравствена заштита-Скопје. Се следи месечниот

морбидитет од неспецифични респираторни болести кај предучилишните и

улилишните деца, посебно за град и село по шифрите Ј00-Ј99 со исклучок на Ј10-

Ј18 од Меѓународната класификација на болести и на сродните здравствени

проблеми Х-та ревизија МКБ-10 Женева 1992 година и тоа

Ј00-Ј06 акутни респираторни инфекции

Ј20-Ј22 други акутни долнореспираторни инфекции

Ј30-Ј39 други болести на горниот респираторен тракт

Ј40-Ј47 хронични долнореспираторни болести

Ј60-Ј70 белодробни болести предизвикани со надворешен агенс

Ј80-Ј84 др.респир.болести што го зафаќаат интерстициумот

Ј85-Ј86 супуративни и некротични состојби на долниот респ.тракт

7

Page 8: семинарска epidemiologija

НПКСКМВВСДКГБПР

НККССДПМВКВПБГР

На овие табели може да се забележи дека највисока годишна стапка на

болни од неспецифични респираторни болести е од групата акутни респираторни

инфекции и во град и во село кај предучилишни и училишни деца. На второ место

се другите акутни долнореспираторни инфекции а со најниски стапка се

хроничните долоспираторни болести.прво и четврто тримесечие се со највисоки

стапки на неспецифични респираторни болести како кај редучилишни така и кај

8

Ј00-Ј06 Ј20-Ј22 Ј30-Ј39 Ј40-Ј47

Ј00-Ј06 Ј20-Ј22 Ј30-Ј39 Ј40-Ј47

Page 9: семинарска epidemiologija

училишни деца. Дејствувањето на загадениот воздух во комуналната средина врз

здравјето на луѓето.

Мерки за спречување и намалунање на аерозагадувањето

Урбанистички мерки

Во урбанистичките планови на населбата потребно е правилно планирање

и зонирање на населбите, пред се, кога се работи за индустриската и населената

зона, при што треба да се земат предвид и релјефот и климатско-метероолошката

подлога на населбата ,, роза на ветровите,, (правец и брзина на доминантните

ветрови). Притоа околу индустриските објекти мора да се воспостават зони на

санитарна заштита, соодветно на нивната класификација(од 1-4), а во кој зони

нема да биде допуштена изградба на станбени објекти. Истовремено треба да се

предвиди и зголемување на зелените површини во населбите со функција на ,,

бели дробови на населбата,,.

Одржување на кумуналната чистота на улиците и јавните површини, исто

така е урбанистичко-комунална мерка за заштита на воздухот.

Техничко-технолошки мерки

Квалитетно подобрување на процесот на согорување во ложиштата на

објектите- извори на загадување на воздухот, што би се постигнало со

9

Page 10: семинарска epidemiologija

евентуална реконструкција на ложиштата, со правилен избор на квалитетни

горива или со промена на моторите со внатрешно согорување

Изградба или реконструкција на индустриските оџаци, пред се во

поглед на висината која треба да ја достигнат висината на постојаните

хоризонтални струења на воздухот и да е повисока од околните згради.

Поставување уреди кој ја намалуваат или спречуваат емисијата на

штетни материи (филтрирање, испирање, преципитирање на компонентите на

индустриските отпадни гасови, рециклирање на отпадните материи) ,, end of pipe

technology,,.

,,чиста технологија,,, односно замена на постојната технологија која

емитира загадувачки супстанции во амбиентот на воздухот со ,,чиста-еколошка

пријателска,, технологија со нула емисија.

Здравствени мерки

Врз основа на законските прописи задравствената служба од

специјализираниот превентивно-медицински тип(завод за здравствена заштита),

ја следи состојбата на загаденоста на воздухот согласно утврдената методологија

на Светската здравствена организација, на кој начин ке може да даде дијагноза на

населбата во однос на аерозагадувањето, учествувајки во донесувањето предлог-

мерки за санација на состојбата. Истовремено, здравствената служба го следи и

влијанието на загадениот воздух врз здравјето, пред се на вулнерабилните групи

население (деца и стари хронични болни), применувајки ја здравствени-

статистичката иклиничката методологија.

Мониторинг на аерозагадувањето во Република Македонија

10

Page 11: семинарска epidemiologija

Согласно со усвоената програма за превентивна здравствена заштита во

Република Македонија, утврдени се мерки, задачи и активности што треба да ги

реализираат 10-те регионални заводи за здравствена заштита со нивните

подрачни единици и Републичкиот завод за здравствена заштита и тоа со

испитување на следните видови загадувачки материи:

Во Заводот за здравствена заштита- Скопје се испитува чад, SO2.

Аероседимент. CO, и олово.

Во Заводот за здравствена заштита- Велес се испитува чад, SO2,

аероседимент, олово, кадмиум и цинк.

Во Завод за здравствена заштита Битола, Кочани, Куманово, Охрид,

Прилеп, Струмица, Тетово и Штип се испитува само аероседимент.

Во Републичкиот завод за здравствена заштита за 4 мерни места од Скопје

се следи олово, кадмиум, железо, манган, бакар, цинккобалт, никел, хром и

стронциум во аероседиментот.

Концентрацијата на јаглеродмоноксид се следи само во Скопје, а наодите

укажуваат се уште на висока загрозеност по здравјето експонираната популација

непосредно покрај фрекфентните крстосници во однос на покачувањето на нивото

на карбоксихемоглобин во крвта, особено за децата кои живеат во близина и

професионално експонираните- сообракајни полицајци.

Следење на квалитетот на амбиентниот воздух во

комуналната средина –норми и препораки

11

Page 12: семинарска epidemiologija

Светската здравствена организација (WHO) и Светската метереолошка

организација (WMO) почнале да го следат глобалното загадување на воздухот во

1973 година во рамките на глобалното следење на животната средина. За таа цел

заедно воспоставиле светски систем за следење на човековата околина (GEMS-

Global Monitoring System) како дел од програмата на Организацијата на

Обидинетите нации за зштита на животната средина. Во проектот во кој се

вклучени повеке од 40 земји се следат концентрацијата на сулфурдиоксид, чадот,

аероседиментот, азотниоксиди и јаглероддиоксид.

Во светот загадувачките материи се следат преку:

Регионални станици (кои се лоцирани во населените места, но не до

изворите на емисија)

Континентални станици(кои се лоцирани во населени области)

Главни станици (кои се сместени во тешко достапни области, далеку од

какви било човекови активности).

Законски прописи од областа на заштита на воздухот

Повекето европски земји во 1979 година во рамките на ООН ја потпишале

Конвенцијата за прекугранично загадување на воздухот на голема оддалеченост.

12

Page 13: семинарска epidemiologija

Како спроведување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, ,,Службен

весник на Република Македонија;, бр.67/2004, донесена е уредба за граничните

вредности, маргини на толеранцијата за граничната вредност, целни вредности и

долгорочни цели, ,,Службен весник за РМ,, бр.50/05.

Во јули, 2007 година донесен е Закон за изменување и дополнување на

Законот за квалитетот на амбиентниот воздух (Службен весник на РМ бр.92/07)

За следење на квалитетот на воздухот во РМ, постојат и соодветни подзаконски

акти кои поблиску ја регулираат оваа материја. Во нив е утврдена методологијата

за следење и утврдување на штетните материи во воздухот, начинот и роковите

за мерење, контрола и евиденција на мерењата на испуштените штетни материи

во воздухот, максимално дозволените концентрации и количества и за другите

штетни материи што може да се испуштат во воздухот од одделни извори на

загадување, како и начинот и условите за известување на надлежните органи за

извршеното системско набљудување и испитување на загаденоста на воздухот на

територијата на државата.

Во октомври 1990, собранието на град Скопје донесе одлука за преземање

вонредни мерки на подрачјето на град Скопје при појава на штетни материи во

воздухот над максимално дозволените концентрации и количества.

Содржина

Влијание на загадениот воздух врз сегментите на животната средина ................... 2

13

Page 14: семинарска epidemiologija

Акутни и хронични здравствени ефекти на загадениот воздух ................................. 4

Следење на влијанието на загадениот воздух брз здравјето на луѓето во

Р.Македонија ................................................................................................................. 7

Мерки за спречување и намалунање на аерозагадувањето ..................................... 9

Мониторинг на аерозагадувањето во Република Македонија ................................ 11

Следење на квалитетот на амбиентниот воздух во комуналната средина – норми и

препораки .................................................................................................................... 12

Законски прописи од областа на заштита на воздухот ............................................ 13

Содржина ..................................................................................................................... 14

Користена литература ................................................................................................ 15

Користена литература

Епидемиологија и јавно здравство; проф.д-р Блаже Николовски; проф.д-р Ѓорѓи

Шуманов; Скопје,2009;

14

Page 15: семинарска epidemiologija

Хигиена и здравствена екологија; Драган Ѓорѓев; Михаил Кочубовски; Владимир

Кендровски; Гордана Ристовска; Скопје, 2008

15

Page 16: семинарска epidemiologija

16