21
Универзитет“ Гоце Делчев “ – Штип Економски факултет Семинарска работа по предметот Монетарна економија Тема: Светска економска криза Ментор: Изработила: Проф.д-р Крсте Шајновски Благица Цветкова 081684 1

МОНЕТАРНА СЕМИНАРСКА 2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

монетарна семинарска

Citation preview

Универзитет“ Гоце Делчев “ – Штип

Економски факултет

Семинарска работа по предметот

Монетарна економија

Тема:

Светска економска криза

Ментор: Изработила:

Проф.д-р Крсте Шајновски Благица Цветкова 081684

Декември 2012

1

Содржина

Вовед...........................................................................................................3

Големата економска криза.........................................................................4

Причини за кризата.....................................................................................5

Последици од кризата................................................................................9

Економската криза во Европа на крајот од првата декада на 21 век..10

План за заздравување на европската економија...................................14

Заклучок.....................................................................................................15

Користена литература..............................................................................16

2

Вовед

Тема на семинарска ми е Светска економска криза, ја одбрав бидејќи тоа беше

тема на дискусија во минатиов период,беше многу актуелна и го привлече

вниманието на поголемиот дел од јавноста како и моето.Беше од важност за сите

па и за нашата земја. Кризата ја почувствувавме сите,со зголемување на цените

и намалување на средсвата.

Состојбата кога една држава доживува уништувачки ефекти во индустриските

земји,кога има пад на личните примања,даночните приходи,цените и профитот се

нарекува криза.

Големите градови низ целиот свет биле особено погодени,особено оние со

развиена тешка индустрија.Градежништвото речиси запрело во многу

земји,земјоделството настрадало поради падот на цените на производите

3

Големата економска криза

Големата криза била драматичен светски економски пад кој што ги зафатил

речиси сите западноевропски и северноамерикански држави.Почетокот на

Големата криза се поврзува со падот на берзата во Њујорк на 29 Октомври 1929

година,познат како Црн Вторник.Кризата имала уништувачки ефекти и во

индустриските земји како и во оние кои извезувале суровини за

нив.Меѓународната трговија стрмоглаво опаднала,како и личните

примања,даночните приходи,цените и профитот.Големите градови низ целиот

свет биле особено погодени,особено оние со развиена тешка

индустрија.Градежништвото речиси запрело во многу земји,земјоделството

настрадало поради падот на цените на производите од 40%-60%.Соочувајќи се со

опаѓачка побарувачка и без многу алтернативни извори на работа,областите на

примарната индустрија (земјоделство,рударство,шумарство и сл.)настрадале исто

така.Големата криза завршила во различни земји во различно време:дното на

кризата била во раните 1930-ти,а опораувањето почнало да се чувствува после

1935, а некаде и подоцна во многу земји биле развиени државни програми за

помош,а речиси во сите земји настанале политички пресврти како резултат на

општо Очајните граѓани често се свртувале кон радикалните политички опции -

леви или десни, и национални демагози како што биле Адолф Хитлер во

Германија и Бенито Мусолини во Италија, што било и вовед во Втората светска

војна во 1939.

4

Причини за кризата

Деловните циклуси се сметаат за нормална појава во светот на нееднаков баланс

помеѓу понудата и побарувачката. Но, она што ја претвара краткотрајната

„вообичаена“ рецесија во голема криза е предмет на научни дебати. За науката е

најважно, како такви големи кризи да се избегнат во иднина.

Постојните теории главно можат да се поделат на три гледишта:

1.Класичното гледиште на монетаризмот, австриските и неокласичните

економисти кои ги гледаат причините во снабдувањето со пари и со злато кое

било покритие за парите во тоа време.

2. Постојат структурни теории, најпозната е кејнзијанскатано и од некои

институционални економисти, кои укажуваат на премалата потрошувачка и

прекумерните инвестиции, како и недостигот на доверба во системот кој би довел

до балансирање на потрошувачката со инестициите (понудата).

3. Марксистичката критика на политичката економија ги потенцира

контрадикциите во самиот капитал, кои се манифестираат преку небалансирана

динамика на акумулација, која мора да кулминира со прекумерна акумулација, и

следствено, со периодични кризи на девалуација.

Генерално, може да се каже дека постоеле повеќе причини за кризата, како

структурни слабости така и конкретни настани кои ја претвориле во голема криза.

5

Долг

Современите макроекономисти сметаат декa дефлацијата на долговите е изворот

на Големата криза. Во 1920-тите американските потрошувачи и фирми зависеле

од евтиното кредитирање, првите за да купат автомобили и мебел, а вторите за

капитални инвестиции за зголемување на производството. Ова го поттикнало

краткорочниот раст, но создало долгови. Потрошувачите и фирмите кои биле

многу задолжени кога цените паднале или побарувачката се намалила ризикувале

банкрот. Како што паѓале нарачките и побарувачката, фирмите пропаѓале.

Настанале масовни отпуштања од работа, кои резултирале во невработеност над

25%. Банките кои финансирале многу од овие долгови, почнале да пропаѓаат

бидејќи должниците банкротирале, а вложувачите масовно си ги повлекувале

долговите. Државните гаранции и регулативите на централната банка биле

недоволни да ги спечат овие појави на паника. Пропаста на банките довела до

губење на милијарди долари имот.

Задолженоста станала и уште потешка, бидејќи цените и приходите паднале 20%-

50%, а долговите останале номинално исти. После паниката од 1929.,и во првите

10 месеци од 1930., пропаднале 744 банки. Се' на се', 9000 банки пропаднале во

текот на 1930-тите. До 1933, 140 милијарди долари депозити биле изгубени во

пропаднатите банки. Преостанатите банки пак, станале уште построги во

одобрувањето на заеми, што ја направило ситуацијата уште полоша.

6

Пад на светската трговија

Многу економисти се согласуваат дека остриот пад на меѓународната трговија

после 1930 помогнал да се зголеми кризата, особено за земјите зависни од

меѓународна размена. Еден од главните фактори во забавувањето на трговијата

во САД бил Законот за тарифи на Смут-Хаули, кој ги зголемил царините на

увозните производи на 50%. Во апсолутни вредности, извозот на САД паднал од

5,2 милијарди долари во 1929 на 1,7 милијарди во 1933, но цените исто така

паднале, така што физичкиот обем на извозот паднал „само“ за 50%. Најсилно

погодени биле земјоделските производи како пченица, памук, тутун и дрво. Падот

на овој извоз предизвикал банкрот кај многу американски земјоделци, и за возврат

и пропаст на малите рурални банки кои ги финансирале.

Централната банка и паричниот тек

Монетаристите, вклучувајќи го Милтон Фридман, сметаат дека Големата криза

била предизвикана од недоволен паричен тек, кој бил последица на слабо

раководење од страна на централната банка и од континуираната криза во

банкарскиот систем. Со неинтервернирањето, централната банка дозволила

паричниот тек да се намали за една третина од 1930 до 1931. Фридман сметал

дека доколку централната банка им дадела итни заеми на поголемите банки пред

да пропаднат, или ако пуштела повеќе пари во оптек преку купување на

обврзници, ликвидноста би се подобрила и сите други банки немало да

пропаднат.

Една од причините што централната банка не реагирала за да го спречи

намалувањето на парите во оптек била регулативата. Во тоа време, износот на

кредит што централната банка смеела да го издаде бил поврзан со делумно

7

покривање со златни резерви. До доцните 1920-ти, централната банка речиси го

имала достигнато лимитот на кредит што можела да го издаде.

Недостиг на јавна потрошувачка

Многу економисти се согласуваат дека во услови на криза, државата треба да ја

зголеми јавната потрошувачка и да ги намали даноците, и со тоа да обезбеди

повеќе работа и поголема вкупна потрошувачка што пак за возврат ќе им даде

импулс на фирмите за нов инвестициски циклус.

Но, во САД во текот на кризата, дури во 1933 државата ја зголемила

потрошувачката, но бавно и недоволно.

Нееднаквост помеѓу богатството и приходите

Некои економисти веруваат дека поради ниските плати, работниците не биле во

можност да го трошат богатството што го создавале, особено со растот на

продуктивноста. Со тоа се создале огромни акумулации на богатство кај

малкумина. Но, со ограничувањето на потрошувачката моќ на масите, богатите си

оневозможиле побарувачка каква што им била потребна за понатамошен раст на

нивниот бизнис кој би оправдал понатамошни инвестиции. Како последица на тоа,

задолженоста станувала се' поголема, се' додека не станала критична и

предизвикала криза.

8

Големите фирми

Франклин Рузвелт кој бил избран за претседател на САД во 1932, најмногу ги

обвинувал големите фирми за предизвикување на нестабилна економија.

Демократите верувале дека големиот бизнис имал преголема моќ и дека со

регулирање на економијата преку зголемување на корпоративните даноци и

подобрување на положбата на работниците и земјоделците кризата може да се

надмине. Голем дел од овие регулативи траеле до 1970-тите и 1980-тите кога се

конечно укинат.

Последици од кризата

Австралија, Канада и Германија, кои во тоа време биле во голема мера зависни

од земјоделството биле помеѓу најтешко погодените од кризата. Невработеноста

надминувала 30%, а индустриското производство опаднало за 40%.

Незадоволството во Германија и во Италија довело до појавата на екстремни

политички опции, и конечно, до доаѓање на власт на нацистите.

Во некои земји, кои имале комплексен економски систем кој не зависел од

меѓународните услови во голема мера, последиците од кризата биле помали, како

на пример во Франција и Советскиот Сојуз.

Последици во политичката економија

После Големата криза, конечно е напуштена класичната економско-либерална

философија, која Рузвелт во САД ја заменил со кејнезијански политики. Кризата

била и главна причина за воведувањето на социјална демократија и планска

економија во европските земји по Втората Светска Војна (Маршалов план). Во

1974 година Нобеловата награда за економија му е доделена на Фридрих Хајек,

9

австрискиот економист кој ги идентификувал причините и ја предвидел кризата од

1929.[1]

Економската криза во Европа на крајот од првата декада

на 21 век

Иако економската криза која се случи на крајот од првата декада на 21 век

започна во Соединетите американски држави, таа брзо се прошири во Европа

Влијаејќи врз земјите од регионот кои веќе беа во криза уште од февруари

2009 година или пак веќе страдаа од значајни пазарни и економски неуспеси.

Глобалната економска криза за прв пат се забележа во Европа кога Данска влезе

во рецесија.

Еврозона

Во еврозоната, земена како целина, индустриското производство опадна на

1,9 проценти во мај што се смета за најостар месечен пад за регионот од кризата

на девизниот курс во 1992 година. Европската продажба на автомобили опадна на

7,8 проценти во мај во споредба со претходната година. Малопродажбата опадна

за 0.6 проценти во јуни во споредба со нивото од мај и за 3,1 процент од јуни

претходната година. Од четирите најголеми економиски сили во еврозоната, само

Германија забележа раст на активностите во јули иако тој беше многу низок.

Економските аналитичари на РБС (Кралската банка на Шкотска) и Кепитал

10

Економикс (Водечки независни консултатски услуги за макроекономски

истражувања) сметаат дека падот го зголемува ризикот од навлегување на

еврозоната во рецесија во 2008та година. Во второто тромесечие, забележан е

пад на економијата во еврозоната за 0,2 проценти. Во третото тромесечие,

повторно се забележува пад на економијата со што еврозоната навлегува во

техничка рецесија.

Германија

Во Германија, функционерите предупредија дека стопанството може да се

намали најмногу за 1,5 % во вториот квартал поради падот на нарачките за извоз.

Впрочем, германското стопанство се намали и во вториот и во третиот квартал со

што Германија влезе во техничка рецесија. Иако за момент таа идеја беше

надмината, Ангела Меркел и германската влада одобрија план за спасување од

кризата во вредност од 50 милијарди евра со цел да се заштити германското

стопанство од кризата. Германското индустриско производство се намали за 2,4 %

во мај и е најбрз пад во деценијата. Нарачките опаѓале 6 месеци во континуитет

што се смета за најлошата флуктуација уште од раните '90ти.

Германската стопанска и индустриска комора најави и до 200.000

отпуштања во претстојните месеци. Германската малопродажба опадна за 1,4 %

во јуни што е повеќе од очекуваното. Германското стопанство се намали за 0,5 %

во вториот квартал.На Франкфуртската берза во Германија, три украсни статуетки

го симболизираат ставот на еден аналитичар во врска со банкарската криза:

“Секој зборува за тоа”, “Никој не слуша” и “Секој се грижи за

сопствените средства”.

11

Франција, Бенелукс

Другите земји од еврозоната, исто така, забележаа пад во нивното

стопанство во второто тромесечие: Франција забележа пад од 0,3 %, Финска од

0,2 %, додека Холандија покажа нулта раст во второто тромесечие.Сепак,

конечните проценки објавени од страна на Француската статистичка агенција,

покажуваат дека француското стопанство зе зголемило за 0,14 % за време на 3то

тромесечие притоа едвај избегнувајќи ја техничката рецесија. Во првото

тромесечие од 2009-та година, Франција падна во рецесија. Со цел да се надмине

економската криза, францускиот претседател Никола Саркози најавил план за

излез од кризата во износ од 26 милијарди евра со дополнителни 15,5 милијарди

евра во нормалниот буџет за 2009 година и зголемување на јавниот дефицит на

Франција за 4 %. Тоа, до некаде, е слично на предлогот на Барак Обамаза поттол

на американското стопанство преку инвестирање во инфраструктурата на земјата.

Дополнителните предлози вклучуваат даночен попуст за малите бизниси

како и олеснување на ограничувањата за градежните дозволи и владини

договори, особено во градежништвото. Тоа се должи на укинувањето на

програмата каде купувачите добиваа попуст до 1.000 евра за укинување на

старите возила кои го загадуваат воздухот и набавка на нови еколошки

автомобили. Како резултат на тоа, продажбата на автомобили во Франција беше

за 30 % повисока во декември 2008-та година во споредба со изминатата година.

Бидејќи француските нови автомобили поминаа многу подобро на пазарот како и

поради зголемената продажба во Јужна Америка, француските брендови, а

особено Рено, сега имаат поголеми акции на пазарот во светот и покрај

намалената продажба на автомобили во 2008-та година.Уште една високо

изложена индустрија е и поморската изградба каде се откажа налог за нарачка на

12

брод за Норвечкиот прекуокеански патнички брод. Со цел да се потполнат

празнините во планирањето на изградбите, се очекува дека наскоро, француската

влада ќе ја донесе и третата класа на Мистрал бродовите како и други помали

бродови кои ќе и служат на француската морнарица. Ова е дел од планот за

спаување на Саркози. Компанијата за поморска одбрана во Франција, исто така, го

доби и најголемиот договор за извоз со бразилската влада која направи нарачка

од 7 милијарди евра. Договорот се однесува на четирите дизел - електрични

подморници за напад со конвеционално придвижување нанапред, нуклеарно

придвижување, бродоградилиште и поморската база.

Во октомври 2008-та година, француската кооперативна банка доживеа

трговска загуба од 600 милиони деривати, а причината за тоа се сметаше дека е

високата нестабилност на пазарот во тоа време. Беа отпуштени и вработените

одговорни за оставрување неовластен промет. Француските банки беа, исто така,

и измамени од Бернанд Мадоф. Сепак, најважно е дека инвестициската банка

Натихас, потенцијално изгуби 450 милиони евра, а најголемата светска банка

Парибас, со седиште во Париз, можеше да загуби 350 милиони евра. Ниту Нахис

ниту Парибас не инвестираа директно во Медоф, туку преку обврзници издадени

од страна на американската државна благајна можеа да се соочат со таквите

загуби. Тоа е така за да се утврди дали тие загуби се ефикасни, кои од нив можат

да се обноват и да се види што можат правните постапки да сочуваат. Другите

групи како Акса, Сосиете женерал, Кредит агрикол и Групама можат, исто така, да

се соочат со загуби. На 28 септември 2008-та година, холандско-белгиската банка

Фортис беше делумно национализирана со прилив на пари од земјите на

Бенелукс кои што изнесуваа до 11,2 милијарди евра. Всушност, нејзините

проблеми започнаа уште на самиот почеток на годината со најавата дека таа се

соочува со загуба од окулу 1,5 милијарди евра. Во јуни, копманијата најави и

распродажба на средствата со цел да се соберат 5 милијарди евра за да се

подобри ликвидноста на организацијата. Сепак, тоа не беше доволно. На 6

октомви 2008-та година, таа објави дека ќе преземе 75 % од активностите на

Фортис во Белгија и 66 % во Ликсембург во замена за поставувањето на

белгиската влада за нов главен акционер на групацијата. Сепак, белгиската влада

13

беше обвинета за вршење притисок врз акционерите со што пропадна во текот на

контроверзноста која што ја одложуваше дејствувањето. На 30 јануари 2009-та

година, беше направен нов предлог со малку поинаква смисла. Всушност,

замислено беше Парибас да преземе 75 % од банкарските активности на Фортис

во Белгија и само 10 проценти од осигурителните активности во замена за тоа што

белгиската валда ќе преземе 11 проценти од Парибас. Овој договор се постигна

со гаранција од белгиската влада дека таа ќе покрие до 5 милијарди евра доколку

не се откријат повеќе токсични средства.

План за заздравување на европската економија

Во ноември 2008-та година, Европската комисија го презентираше

Планот за заздравување на европската економија, план во износ од 200

милијарди евра (1,2% од БДП) за борба против последиците од банкарската криза

во ЕУ. Во реалноста, планот е само низа на национални мерки кои што треба

секоја Влада да ги спроведе без многу кохерентност меѓу политиките. Овие мерки

вклучуваат поттик за инвестирање, даночни намалувањакако и социјални мерки.

14

.  Заклучок

Терминот Криза практичарите и креаторите на политики го дефинираат на

следниот начинкако Кризa која има уништувачки ефекти и во индустриските земји

како и во оние кои извезувале суровини за нив.Меѓународната трговија

стрмоглаво опаднала,како и личните примања,даночните приходи,цените и

профитот.Големата криза завршила во различни земји во различно

време.Современите макроекономисти сметаат дека дефлацијата на долговите е

изворот на Големата криза.Многу економисти се согласуваат дека во услови на

криза, државата треба да ја зголеми јавната потрошувачка и да ги намали

даноците, и со тоа да обезбеди повеќе работа и поголема вкупна потрошувачка

што пак за возврат ќе им даде импулс на фирмите за нов инвестициски циклус.

15

КористенаЛитература

1. Современобанкарство – ШилаХесвернанАкадемскипечат, Скопје, 2009

2. Банкарство и Банкарско работење – Проф.д-р Љупчо Трпески, Скопје, 2009

3.http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC

%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0

16