25
УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ СЕМИНАРСКА РАБОТА по предметот: „Монетарна политика и систем на ЕУ“ Тема: “Европската Унија низ времето” Изработил: Ментор:

Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - ШТИП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

по предметот:

„Монетарна политика и систем на ЕУ“

Тема:

“Европската Унија низ времето”

 

Изработил: Ментор:

Цветановски Слободан Проф. Д-р Јован ПејковскиБр. Индекс 08186 Асистент: Зоран Темелков

Штип, 2010

Page 2: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 2 -

СОДРЖИНА:

1. Апстракт

2. Вовед

3. Потекло и историја

4. Статус

5. Како работи Европската Унија

6. Институции на Европската Унија

7. Мастрихшки критериуми

8. Економската и монетарната унија и Еврото

9. Држави членки, идно проширување и блиски односи

10. Правна рамка на ЕУ

11. Меѓувладиност и наднационалност

12. Главни Политики

13. Економијата на ЕУ

14. Заклучок

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Проф. Д-р Ирена КИКЕРЕКОВА, “Надворешна трговија” , Универзитет ”Св. Кирил и Методиј” , Скопје, 2008.

2. The official website of the European Union. <www.europa.eu>.

3. Европска Унија - Википедија. <www.sr.wikipedia.org/wiki/Европска_унија>.

2

Page 3: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 3 -

АПСТРАКТ

Семинарката работа се однесува на развојот на ЕУ - од почетната идејата за формирање на интеграција, преку разните меѓународни договори од кои проникнале темелите на денешната ЕУ. Во последните 50 години нејзиниот политички систем постојано се развива и се темели врз низа договори-од оние што беа потпишани во Париз и Рим во 1950-те, до договорите од Мастрихт, Аместердам и Ница, склучени во 1990-те.

Согласно овие договори, земјите-членки на Унијата пренесуваат дел од својот национален суверенитет на заедничките институции кои ги претставуваат не само интересите на одделните земји, туку и нивните заеднички интереси. Овие договори го сочинуваат она што е познато како “примарна” законска регулатива. Од нив произлегува големото тело на “секундарна” законска регулатива, која директно влијае врз секојдневните животи на граѓаните на Европската унија. Таа главно се состои од регулативи, директиви и препораки.

Временската анализа на ЕУ покажува дека од нејзиното формирање и развивање во се повисок степен на интеграција ЕУ денес расте и се развива со голема брзина. Потврда за ова е желбата за пристапување во ЕУ на неразвиените земји и земјите кои не се членки. Денес ЕУ претставува моќен играч во светски рамки на полето на светскиот - глобален пазар, економскиот раст и развој, технологијата но покрај тоа моќен играч е и на полето на зачувување на редот и мирот, безбедноста и обезбедувањето на човековите права и слободи.

Клучни зборови:

Меѓународни организации и интеграцииЕкономската и монетарната унија Eвропска унијаЕдинствена валута (евро)

Abstract

3

Page 4: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 4 -

This seminar paper concerning the development of the EU - from the initial idea for the formation of integration, through various international agreements which interpenetrated the foundations of today's EU. In the last 50 years its political system is continually evolving and is based on a series of agreements-those that were signed in Paris and Rome in the 1950s, to the treaties of Maastricht and Nice Amesterdam concluded in the 1990s. Pursuant to these agreements, the Member States of the Union transfer part of its national sovereignty to common institutions representing the interests of not only individual countries but also their common interests. These agreements make up what is known as "primary" legislation. From them comes the large body of "secondary" legislation, which directly affect the everyday lives of citizens of the European Union. It mainly consists of regulations, directives and recommendations. Time analysis shows that the EU since its formation and development in higher degree of integration the EU today has grown and developed with great speed. Confirmation of this is the desire to join the EU on developing countries and countries not members. Today the EU is a powerful player in the world in the field of the world - a global market, economic growth and development, technology, but despite this is a powerful player in the field of preservation of good order, safety and security of human rights and freedoms.

Keywords ovoj seminar paper:

International Organizations and IntegrationEconomic and monetary unionEuropean UnionThe single currency (Euro)

Вовед

4

Page 5: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 5 -

Поимот "Eвропска унија" беше втемелен на Париската конференција на врвот во 1972 година. Тој стана еден (неодреден) идеал за реформите на идното вообличување на Заедницата. Во Мастрихт, на 7 февруари 1992 година, беше потпишан "Договорот за Европската унија" и со тоа беше основана Европската Унија како заеднички покрив за ЕЗ, Заедничката надворешна и безбедносна политика и соработката во областите правда и внатрешни работи. "Унија" ја означува и состојбата како и идните перспективи на процесот на интеграција, една "сé потесна Унија на народите во Европа". Европската Унија (ЕУ) е наднационална и меѓувладина унија (заедница) на 27 демократски земји-членки.

Активностите на Европската Унија ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството и економската политика, до надворешната политика и одбраната. Сепак, опсегот на нејзините овластувања многу се разликува во зависност од дадената област.

Во зависност од областа за која станува збор, Европската Унија може да претставува:-федерација (во монетарните работи, во аграрната, трговската и еколошката политика),-конфедерација (во социјалната и економската политика, заштитата на потрошувачите, внатрешните работи),-меѓународна организација (во надворешните работи).

Клучна активност на Европската Унија е основањето и управувањето со заедничкиот единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута (која е усвоена во 12 од 27-те земји членки), заедничка аграрна политика и заедничка рибарска политика.

Најважни институции на Европската Унија се Советот на Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд на правдата.

1. Потекло и историја

Обидите за обединување на различните европски народи им претходат на модерните држави-тие постојано се случувале во историјата на континентот. Пред 3.000 години со Европа владееја Келтите, а потоа неа ја освои Римската империја. Овие рани обединувања беа создадени преку сила. Царството на Франките на

5

Page 6: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 6 -

Карло Велики и Светото римско царство стотици години обединуваа големи области под лабава власт. Понеодамна, царинската унија на Наполеон на почетокот од 19 век и освојувањата на нацистичка Германија во 1940-тите имаа само минлива природа.

Имајќи го во предвид хетерогениот збир на јазици и култури во Европа, овие обиди обично вклучуваа воено потчинување на народи кои не сакаа да бидат под дадената власт, што од своја страна водеше кон нестабилност. Еден од првите предлози за мирно обединување преку соработка и рамноправност на членките го даде познатиот француски писател Виктор Иго во 1851. По катастрофите од Првата и Втората светска војна, во голема мера се зголемија стремежите за основање на (она што подоцна стана) Европска Унија, поттикнати од желбата за обнова на Европа и за отстранување на можноста од нова војна на европскиот континент. Ова расположение водеше до основањето на Европската заедница за јаглен и челик од страна на СР Германија, Франција, Италија и земјите од Бенелукс. Ова беше направено преку Договорот од Париз, кој е потпишан во април 1951, а стапи во сила во јули 1952.

Првата целосна царинска унија изворно беше позната како Европска економска заедница (во Британија неформално нарекувана “заеднички пазар”) и беше основана со Договорот од Рим во 1957, а стапи во сила на 1 јануари 1958. Таа подоцна беше променета во Европска заедница, која сега го претставува “првиот столб” на ЕУ. Така, со текот на времето, ЕУ еволуира од трговско тело до економски и политички ентитет.1

2. Статус

Членките на Европската Унија и пренесоа значителен суверенитет на Европската Унија, повеќе отколку на која било друга несуверена регионална организација. Во одредени области, Европската Унија почнува да добива карактер на федерација или конфедерација. Сепак, правно гледано, државите членки стануваат “господари на договорите”, што значи дека Унијата нема моќ да пренесува дополнителни овластувања од државите на себе без нивна согласност преку некои идни меѓународни договори. Во многу области државите членки се откажаа од релативно малку национален суверенитет, особено во клучните области за националните интереси како што се надворешната политика и одбраната. Ова уникатна структура значи дека можеби е најдобро на Европската Унија да се гледа како на ентитет sui generis.

На 29 октомври 2004 година, европските шефови на држави и влади го потпишаа Договорот за основање Устав за Европа. Тој е ратификуван од некои држави членки и моментално чека ратификација од останатите членки. Сепак, овој процес влезе во криза кога на 29 мај 2005 мнозинството од француските граѓани го отфрлија Уставот преку референдум со 54,7% гласови против. По француското

1 Европска Унија - Википедија. <www.sr.wikipedia.org/wiki/Европска_унија>.

6

Page 7: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 7 -

“не” по три дена, на 1 јуни и холандските граѓани го отфрлија Уставот со 61,6% од гласовите против.

Поради тоа, моменталниот и идниот статус на Европската Унија продолжува да биде предмет на политички контроверзи, со значително различни гледишта како внатре така и помеѓу државите членки. Оваа дебата доби на интензитет по отфрлањето на Уставот од француските и холандските гласачи.

3. Како работи Европската Унија

Европската Унија е повеќе од конфедерација на земји, но не е федерална држава. Таа во суштина, е нешто сосема ново и единствено. Во последните 50 години нејзиниот политички систем постојано се развива и се темели врз низа договори-од оние што беа потпишани во Париз и Рим во 1950-те, до договорите од Мастрихт, Аместердам и Ница, склучени во 1990-те.

Согласно овие договори, земјите-членки на Унијата пренесуваат дел од својот национален суверенитет на заедничките институции кои ги претставуваат не само интересите на одделните земји, туку и нивните заеднички интереси. Овие договори го сочинуваат она што е познато како “примарна” законска регулатива. Од нив произлегува големото тело на “секундарна” законска регулатива, која директно влијае врз секојдневните животи на граѓаните на Европската унија. Таа главно се состои од регулативи, директиви и препораки.

Институционалниот триаголник кој го сочинуваат: советот на Европската Унија, европскиот парламент и европската комисија, може да функционира само ако овие три институции тесно соработуваат и меѓусебно си веруваат. Европскиот парламент, во соработка со советот и комисијата, носи регулативи и издава директиви, носи одлуки, дава препораки и доставува мислења.

4.Прашања со кои се соочува Европската Унија

Главните прашања со кои се соочува Европската Унија се однесуваат на структурата, процедурите и политиките, на усвојувањето, напуштањето или прилагодувањето на новиот уставен договор, на понатамошното проширување кон југ и исток, на решавањето на проблемот на фискалната и демократската одговорност и на ревизијата на правилата на Пактот за стабилност и раст, идниот буџет и заедничката аграрна политика.

На следната меѓувладина конфеreија, која се одржува на секои шест месеци и на која присуствуваат шефовите на држави и влади на државите членки, ќе биде потребно државите членки да одлучат околу алоцирањето на средствата од буџетот на ЕУ. Покрај буџетот, државите членки треба да преговараат и во врска со “Финансиските перспективи” околу кои се преговара секои седум години. Следните “Финансиски перспективи” ќе се однесуваат на периодот 2007-2013.

Најконтроверзните прашања околу буџетската политика се британскиот рабат, користа на Франција од заедничката аграрна политика, крупните придонеси на Германија и Холандија кон буџетот на Европската Унија и реформата на Европските фондови за регионален развој. Многумина предвидуваат дека расправата околу овие прашања ќе предизвика големи поделби помеѓу владите како оние на Франција и Германија, кои се залагаат за поголем буџет и за

7

Page 8: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 8 -

пофедериран сојуз и владите на оние како Британија, кои бараат потенок буџет и кои се залагаат повеќе средства да се префрлат во науката и технологијата (и чија заштитна парола е модернизацијата).

5. Институции на Европската Унија

Функционирањето на Европската Унија се темели врз неколку институции:-европскиот парламент (732 члена, 750 максимум),-советот на Европската Унија (или “советот на министри”, 27 члена),-европската комисија (27 члена),-европскиот суд на правдата (во чиј состав е и Судот во прва инстанца-27 судии плус 27 судии на СПИ),-европски ревизиски суд (27 члена),-европскиот совет (27 члена)-чија уникатна улога можеби најдобро може да се опише како “квази-институционална”.

Постојат неколку финансиски тела:-европската централна банка (која заедно со националните централни банки го сочинува Европскиот систем на централни банки),-европската инвестициона банка (која го вклучува и Европскиот инвестициски фонд).

Исто така, постојат и неколку советодавни комитети:-комитетот на регионите, кој дава совети околу регионалните прашања. (Комитетот не ја уредува Регионалната политика на ЕУ),-економскиот и социјален комитет, кој дава совети во врска со економската и социјалната политика (во прв ред околу односите помеѓу работниците и работодавците),-политичкиот и безбедносен комитет, кој е основан во смисла на Заедничката надворешна и безбедносна политика и кој ги разгледува и дава совети околу меѓународните прашања и глобалната безбедност.

Покрај ова има и редица други тела, обично основани преку секундарната легислатива. Тоа се агенциите на Европската Унија. На пример: Европската еколошка агенција, Европската агенција за безбедност во воздушниот сообраќај, Канцеларијата за хармонизација на внатрешниот пазар и други.

На крајот, европскиот омбудсман ги испитува жалбите за лошо работење на институциите на Европската Унија во однос на нивното постапување кон граѓаните на Европската Унија.

Европаска Централна Банка

Европската централна банка (ЕЦБ) во Франкфурт на Мајна, Германија е централна банка на Eврозоната и е надлежна за монетарната политика на 12

8

Page 9: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 9 -

земји членки на Европската Унија што го употребуваат еврото како валута. Основана е на 1 јуни 1998 година.

Цели и инструменти

Главната цел на ЕЦБ е да се фокусира врз ценовната стабилност. Затоа, задолжена е да одржува низок инфлационен профил за еврозоната. Во моментов инфлацијата не смее да надминува повеќе од 2% во еврозоната. Со цел да ги одржува цените стабилни, ЕЦБ може да ги намалува или да ги покачува каматните стапки.

Организација

ЕЦБ ја раководи Борд на директори, на чело со Претседател и Борд на гувернери, кој се состои од членовите на Бордот на директори и претставници на другите централни банки во Европскиот систем на централни банки. Организацијата на ЕЦБ е моделирана врз основа на Геманската Бундесбанка и Ландесбанките (централните банки на федералните покраини во Германија).

Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ)

Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) е сочинет од Европската централна банка (ЕЦБ) и националните централни банки на 25-те држави - членки на Европската унија. Само гувернерите од националните банки од Еврозоната учествуваат и се одговорни за процесот на одлучување.

Претседатели на Европската централна банка

Првиот шеф на оваа институција беше Вим Дуизенберг, поранешниот претседател на Холандската банка и поранешен министер за финансии на Холандија. Него го наследи Жан - Клод Трише во ноември 2003.

9

Page 10: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 10 -

Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) се состои и од Европската централна банка (ЕЦБ) и од националните централни банки (НЦБ) на сите 27 држави - членки на Европската Унија.

Функции

Евросистем е терминот кој се користи како синоним за ЕЦБ и Националните централни банки на државите - членки кои го прифатија еврото (исто така познат како евро-област). Во согласност со Договорот за воспоставување на Европската заедница и Статутот на Европскиот систем на централни банки и на Европската централна банка, примарната цел на Евросистемот е да ја одржи ценовната стабилност (со други зборови да ја контролира инфлацијата). Без да се навлегува во оваа цел, Евросистемот ќе ги поддржува генералните економски политики на Заедницата и дејствува во согласност со принципите на пазарната економија.

Основните задачи кои треба да ги извршува Евросистемот се:

да ја дефинира и имплементира монетарната политика на евро-областа; да изведува операции на надворешна размена; да ги чува и да управува со официјалните надворешни резерви на државите

- членки; да промовира “мазно” делување на платните системи.

Европската инвестициона банка (ЕИБ) е финансиска институција на Европската Унија основана со Договорот од Рим од 1957 да обезбеди финансирање за капитално инвестирање кои ги унапредуваат политичките цели на Европската унија, особено регионалниот развој, транс-европските мрежи за транспорт, телекомуникации и енергија, истражување, развој и иновации, заштита и унапредување на животната средина. Надвор од Унијата, ЕИБ придонесува за Европската развојна и кооперативна политика во согласност со условите и правилата поставени во различните договори кои ја поврзуваат Унијата со околу 130 земји во Средна, Јужна и Источна Европа, медитеранскиот регион на Африка, Азија, Латинска Америка, Карибите и Пацификот.

Задачата на Европската инвестициона банка е да придонесува кон интеграција, балансиран развој и економска и социјална кохезија на државите - членки.За оваа цел, таа подига на пазарите супстанцијални фондови кои ги насочува под најповолни услови кон финансирање на капитални проекти во согласност со целите на Унијата.Надвор од Унијата ЕИБ ги имплементира финансиските компоненти на договорите склучени во Европските развојни политики и политиките за соработка.Седиштето на ЕИБ се наоѓа на Булевар Конрад Аденауер во Кирхберг, Луксембург. Првата фаза беше дизајнирана од Британскиот архитект Денис Ласдун и е една од неколкуте негови дела надвор од Британија.

10

Page 11: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 11 -

Официјална валута

Еврото (банкарски код EUR, симбол €) е официјална валута на 16 од 27 земји членки на Европската Унија: Австрија, Белгија, Германија, Грција, Ирска, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Португалија, Финска, Франција, Холандија, Словачка (од 1 јануари 2009 година), Словенија и Шпанија, заеднички познати како Еврозона. Еврото исто така, со еднострана одлука е валута во Андора, Косово и Црна Гора, кои извршија еднострана евризација.

Данска и Велика Британија го искористиле правото за останување надвор од Еврозоната, а Грција (порано) и Шведска формално не ги задоволувале критериумите од мастричката конференција. Подоцна Грција ги задоволила споменатите критериуми и во еврозоната влегла 2001 година а додека Шведска и понатаму е надвор од Еврозоната, во прв план затоа што нејзините граѓани два пати на референдумот се изјасниле против воведувањето на еврото како национална валута на Шведска.По финансиската криза која ја зафатила Грција, во 2010 година се појавиле можности земјата да ја напушти Еврозоната.

Историја

За воведување на европската валута биле потребни големи подготовки, но почетокот може да се каже дека е потпишувањето на Римскиот договор во 1957 година, со кој се создава Европска економска општественост. Основите пак, на економскиот, валутниот и политичкиот сојуз се поставуваат со потпишувањето на Мастритскиот договор од 1992 година, а заедно со тоа се создава и единична европска валута. Во текот на 1995 година, на Европскиот совет кој се одржал во Мадрид, државите членки го назначиле еднодушно еврото како идна европска валута.

Еврото беше воведено на финансиските пазари на 1 јануари 1999 година, а беше пуштено во оптек на 1 јануари 2002. Негов претходник беше екито.

Мастрихшки критериуми

Сите членови на Европската Унија множат да го прифатат еврото како своја национална валута доколку ги исполнуваат следните критериуми:

стабилност на цената

финансиската положба во јавните сектори (финансискиот дефицит мора да биде помал од 3% БДП-а)

висока стабилност на домашната валута

конвергенција на просечната домашна камата во однос на просек три земји членки со најмали камати

11

Page 12: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 12 -

правни прописи со финансиските институции кој ја гарантираат независноста на националната централна банка и нејзината прилагоденост со условите на работа со Европските централни банки.

реална конвергенција на националната економија

6. Економската и монетарната унија и Еврото

Од 1 јануари 2002, употребата на еврото стана нормален дел од секојдневниот живот на 300 милиони европски граѓани. Беа потребни само 10 години да се стигне од Договорот од Мастрихт, кој го втемели принципот на единствена европска валута, до моментот кога банкнотите и монетите на еврото почнаа да циркулираат во 12 земји на Европската Унија. Еврото ги замени валутите кои за многу од засегнатите земји претставуваа вековно стари симболи и инструменти на нивниот национален суверенитет. Притоа, новата валута значително ја приближи Европа до економска унија. Исто така, на граѓаните на Европската Унија им даде појасно чувство на заеднички европски идентитет. Со евра во паричниците, луѓето можат да патуваат и купуваат речиси секаде во Унијата, а да не мораат да менуваат валути.

Првиот чекор беше направен во март 1979 година, кога беше создаден Европскиот монетарен систем (ЕМС). Целта на ЕМС беше да се намалат разликите во девизниот курс на валутите на земјите-членки. Беше дозволено флуктуирање на девизниот курс од 2,25% до 6%. Меѓутоа, неговите механизми попуштаа пред редицата кризи што ги предизвика нестабилноста на доларот на САД и слабоста на некои валути кои, во времето на меѓународна напнатост, станаа плен на шпекулаторите. Потребата од монетарно стабилна зона стануваше сé поголема со сé поголемиот напредок во остварувањето на единствениот пазар. Единствениот европски акт, потпишан во февруари 1986 година, значеше логично приближување меѓу европските економии и потреба да се ограничи флуктуирањето во девизните курсеви на нивните валути.

7. Држави членки, идно проширување и блиски односи

Европската Унија, во моментот има 27 држави членки и приближно 460 милиони жители (во декември 2004). Ако би била една држава, Европската Унија би била седмата најголема држава во светот по површина и трета најголема по население, по Кина и Индија.

Откако беше формирана како сојуз од шест држави, кон неа подоцна се приклучија уште 21 други европски држави. како што се:-1958 Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција, Холандија-(држави-основачи),-1973 Данска, Ирска, Британија,-1981 Грција,

12

Page 13: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 13 -

-1986 Португалија, Шпанија,-1990 Источна Германија се обединува со Западна Германија и станува дел од Европската Унија,-1995 Австрија, Финска, Шведска,-2004 Кипар, Естонија, Унгарија, Чешка, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија.-2007 Бугарија, Романија.

Гренланд, кој доби автономија од Данска во 1979, ја напушти Европската Заедница во 1985, по одржувањето на референдум.

Турција е официјален кандидат за членство во Европската Унија. Европските амбиции на Турција датираат од Договорите од Анкара од 1963 година. Турција започна прелиминарни преговори во октомври 2005. Сепак, аналитичарите веруваат дека најбрзо во 2015 Турција може да се надева на членство во Европската Унија. Откако доби статус на кандидат за членство, Турција го подобри почитувањето на човековите права, ја укина смртната казна, му даде културни права на своето големо курдско малцинство и презеде позитивни чекори да го реши кипарското прашање. Сепак, поради својата верска и културна различност, Турција се соочува со силно противење од страна на конзервативните влади во прв ред на Франција, Австрија, Кипар и Словенија.

Република Македонија е официјално кандидат за членство во Европската Унија без датум за преговори во моментов. Почетокот на преговорите за членство во Европската Унија започна од пред неколку месеци оваа година. Во меѓувреме Македонија започна преговори за олеснување на визниот режим и според зацртаните планови на почетокот на 2009 година, македонските граѓани ќе можат да патуваат во Европската Унија без визи.

Исланд, Норвешка и Швајцарија не се членки, но имаат посебни договори со Европската Унија. Многу членки на Европската асоцијација за слободна трговија се потписнички на Договорот за Европска економска област, што значи дека тие учествуваат во многу аспекти на единствениот европски пазар.2

8. Мотивите за проширување и идните изгледи

Поддржувачите на Европската Унија тврдат дека растежот на Европската Унија, е двигател на мирот и демократијата. Тие тврдат дека војните, кои беа периодична карактеристика на историјата на Западна Европа, престанаа по основањето на Европската економска заедница во 1950-тите. Тие исто така тврдат дека во раните 1970-ти, Грција, Португалија и Шпанија беа диктатури, но желбата на бизнисмените од овие земји нивните држави да станат членки на Европската Унија создаде цврсти темели за демократијата во овие земји. Други тврдат дека мирот во Европа по Втората светска војна повеќе се должи на други причини, како потребата за единствен одговор на заканата од Советскиот Сојуз, како потребата

2 The official website of the European Union. <www.europa.eu>.

13

Page 14: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 14 -

од помирување по Втората светска војна, а што се однесува до наведените диктатури, тие паднаа поради други причини.

Од поскоро Европската Унија го шири своето влијание кон исток. Прими неколку нови членки од бившиот комунистички блок и среднорочно планира да прими уште неколку други. Постои надеж дека на сличен начин како што примањето на Шпанија, Грција и Португалија водеше кон зацврстување на нивна економска и политичка стабилност, тоа ќе се случи и со новите членки од Источна и Средна Европа.

Понатамошното ширење на исток има своја долгорочна корист, но на преостанатите европски земји моментално не се сметаат за погодни за членство во Европската Унија. Сепак, вклучувањето на земјите кои моментално се политички нестабилни може, постои надеж, да им помогне да се справат со тензиите и недовербата што произлегуваат од конфликтите како војните на територијата на бивша Југославија и кипарскиот спор и дека ќе им помогне да ги одбегнат таквите конфликти во иднина.

Сепак, по отфрлањето на Европскиот устав на референдумите во Франција и Холандија како и поради бавниот економски раст на Еврпската Унија, можното членство на Турција во Европска Унија е под знак прашање, бидејќи голем дел од населението во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Холандија стравува од членството на Турција во Европска Унија и смета дека тоа ќе предизвика непожелни економски, имиграциски и културни импликации.

9. Правна рамка на ЕУ

Правото на Европската Унија е составено од голем број правни и институционални структури кои се преклопуваат. Тоа е резултат на тоа што е одредено од сукцесивни меѓународни договори, при што секој нов договор ги изменува и дополнува дотогашните договори. Во последните години, вложени се значителни напори за консолидирање и поедноставување на договорите, што доведе до потпишувањето на Договорот за основање на Устав на Европа. Ако овој предложен договор биде усвоен, тој ќе го замени збирот на преклопувачки договори што во моментот ја формираат правната рамка на Европската Унија со единствен текст. Многу експерти и политичари се согласуваат дека моменталната структура на Европската Унија е среднорочно неефикасна за една унија од 27 членки и поради тоа некои експерти и политичари предлагаат, во случај некои држави членки да не го ратификуваат Уставот, останатите држави членки кои тоа го направиле, да создадат нешто како Внатрешна Унија која ќе продолжи во насока на “секогаш попродлабочената, секогаш пошироката унија”.

Првиот европски договор е Договорот од Париз во 1951 (стапи во сила во 1952) со кој се формира Европската заедница за јаглен и челик помеѓу основачката група од 6 држави. Овој договор истече, а неговите функции се преземени од подоцнежните договори. Од друга страна, Договорот од Рим од 1957 сè уште е на сила, иако е многу променет оттогаш, најсуштински од Мастришкиот договор од 1992. Најновите измени на Договорот од Рим се договорени како дел

14

Page 15: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 15 -

од Договорот од Амстердам со новите 10 држави членки, кој стапи во сила на 1 мај 2004.

10. Меѓувладиност и наднационалност Основната тензија што постои во рамките на Европската Унија е тензијата помеѓу меѓувладиноста и наднационалноста. Меѓувладиноста е метод на донесување одлуки во меѓународните организации каде што моќта ја поседуваат државите членки, а одлуките се донесуваат со едногласност. Независните именувани лица на владите или избраните претставници единствено имаат советодавни или спроведувачки функции. Меѓувладиноста денес ја употребуваат најголемиот дел од меѓународните организации.

Алтернативен метод на донесување одлуки во меѓународните организации е наднационалноста. При наднационалност, моќта ја имаат независни именувани службени лица или претставници избрани од претставничките тела или од граѓаните на државите членки. Владите на државите членки сé уште имаат моќ, но мораат да ја делат до другите актери. Понатаму, одлуките се донесуваат со мнозинство гласови и оттука е можно една држава членка да биде принудена од страна на другите држави членки да спроведува некоја одлука против својата волја.

Одредени сили во политиката на Европската Унија го претпочитаат меѓувладиниот пристап, а други-наднационалниот пат. Поддржувачите на наднационалноста тврдат дека таа и овозможува на интеграцијата да продолжи со побрзо темпо отколку што поинаку би било можно. Онаму каде што одлуките мора да се донесуваат од влади кои одлучуваат едногласно, на одлуките може да им се потребни години за да бидат донесени, ако и воопшто бидат донесени. Поддржувачите на меѓувладиноста тврдат дека наднационалноста е закана за националниот суверените и за демократијата, тврдејќи дека само националните влади можат да поседуваат доволно демократски легитимитет. Меѓувладиноста ја претпочитаат повеќе европски нации како Британија, Данска и Шведска, додека поинтеграциски настроените нации како земјите на Бенелукс, Франција, Германија и Италија инклинираат кон преферирање на наднационалниот пристап.

Европската Унија се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу овие два пристапа. Сепак, оваа рамнотежа е сложена и често резултира со често лавиринтска сложеност на нејзините процедури за донесување одлуки.

Почнувајќи од март 2002 година, Конвентот за иднината на Европа ја преиспита оваа рамнотежа, помеѓу останатите работи и предложи промени. За овие промени се расправаше на меѓувладината конференција во мај 2004 година и водеше до Договорот за Уставот, за кого се расправаше погоре.

Наднационалноста е тесно поврзана со дебатата околу меѓувладиноста против неофункционалноста. Ова е дебата околу тоа зошто воопшто се појави процесот на интеграција. Приврзаниците на меѓувладиноста тврдат дека процесот на ЕУ интеграција е резултат на жилаво преговарање помеѓу државите. Неофункционализмот, од друга страна, тврди дека самите наднационални институции беа движечка сила зад интеграцијата.

15

Page 16: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 16 -

11. Главни Политики

Како што сугерира промената на името на Европската Економска Заедница во Европска Заедница и во Европска Унија, таа во текот на времето еволуира од првенствено економска во сè повеќе политичка унија. Овој тренд е нагласен преку растечкиот број области на политики што спаѓаат во надлежност на ЕУ политичката моќ, кој има тенденција да се поместува од државите членки кон Европската Унија.

Против оваа слика на растечка централизација делуваат два елементи: Прво, некои држави членки имаат своја традиција на силни регионални власти. Ова водеше кон растечко фокусирање врз регионалната политика и врз европските региони. Така, како дел од Мастришкиот договор, беше основан Комитетот на региони. Второ, областите на политики на ЕУ покриваат редица различни облици на соработка:-автономно донесување одлуки: државите членки и дадоа на Европската комисија моќ да донесува одлуки во одредени области како правото за конкурентност, контролата на државната помош и либерализацијата.-хармонизација: законите на државите членки се хармонизираат преку легислативниот процес на Европската Унија, кој ги вклучува Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. Како резултат на ова, Право на Европската Унија е сé поприсутно во системите на државите членки.-соработка: државите членки, состанувајќи се во Советот на Европската Унија се договараат да соработуваат и да ги координираат своите внатрешни политики.Тензијата помеѓу европската и националната (или под-националната) надлежност е трајна во развојот на Европската Унија.Сите потенцијални членки мораат да усвојат закони со цел да се ускладат со заедничката европска правна рамка, позната како acquis communautaire.

12. Интерни Политики

Слободна трговија на стоки и услуги помеѓу државите членки (цел која е понатаму проширена врз трите од четирите држави членки на ЕФТА преку Европската економска област (ЕЕА).-Заедничко право за конкуренција што ги контролира активностите против конкурентноста на компаниите (преку законот против трустовите и контролата на спојувањето) и на државите членки (преку режимот на државна помош).-Шенгенски договор што овозможи отстранување на внатрешните гранични контроли и хармонизација на надворешните контроли помеѓу неговите држави членки. Тој ги исклучува Британија и Ирска, кои имаат дерогации, но ги вклучува Норвешка и Исланд, кои не се членки на Европската Унија. Исто така Швајцарија преку референдум во 2005 година, гласаше да стане дел од Шенгенската зона.

16

Page 17: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 17 -

-Слобода за граѓаните од нејзините држави членки да живеат и да работат каде било во Европската Унија, ако можат да се издржуваат (исто така проширено врз членките на ЕЕА).-Слободно движење на капиталот помеѓу државите членки на Европска Унија (и на ЕЕА).-Хармонизација на владините регулативи, корпорациското право и регистрирањето на заштитни марки.-Единствена валута, евро (без Британија и Данска, кои имаат дерогативи). Шведска, иако нема донесено посебна клаузула за истапување, не е членка на Механизмот за курсна размена, доброволно исклучувајќи се себеси од монетарната унија.-Голем број еколошки политики координирана преку Европската Унија.-Заедничка аграрна политика и Заедничка рибарска политика.-Заеднички систем на индиректно оданочување, ДДВ, како и заеднички царини на разни производи.-Обезбедување парични средства за развојот на недоволно развиените региони (структурни и кохезиски фондови).

13. Екстерни Политики

1. Заедничка тарифа на надворешните царини и заедничка позиција во меѓународните трговски преговори.2. Обезбедување парични средства за програмите во земјите кандидати и во останатите источно-европски земји, како и за помош во многу земји во развој, преку своите ФАРЕ и ТАЦИС програми.

14. Економијата на ЕУ

Европската Унија има втора економија по големина во светот, по онаа на САД, со 12.329.110 БОП во 2005 година. Европската економија се очекува дека уште повеќе ќе расте во текот на следното десетолетие со приемот на нови-особено имајќи во предвид дека новите држави членки обично се посиромашни од европскиот просек и оттука очекуваниот брз раст на БОП ќе помогне за да се постигне динамиката на обединетата Европа. Сепак, се проценува дека Евро зоната ќе расте околу 0.3%, додека другите индустриски земји, како САД, се проценува дека ќе растат со стапка од околу 3,2%.

17

Page 18: Семинарска - Монетарна Политика и систем на ЕУ

Монетарна политика на Европската Унија - 18 -

Заклучок

Европската Унија до сега се има фокусирано на градење на европскиот заеднички пазар оставајќи ја социјалната димензија надвор од своите надлежности. Но како и да е, Европската Унија има дадено силна финансиска поддршка на пензиските реформи во многу земји на ЦИЕ, ЈИЕ и „поширока Европа”, преку програмите на PHARE или TACIS. Унијата исто така останува да биде единствениот меѓународен актер кој не поддржува било каков конкретен модел на пензиска шема, но продолжува да го практикува „отворениот модел на координација” во социјалната политика. Ова доведува до конфликтни интереси и убедувања кои ја спречуваат Европската Унија да постави силно присуство во земјите на ЦИЕ и ЈИЕ, оставајќи ја почвата слободна за други влијанија, воглавно за тие што доаѓаат од Светска банка и ММФ.

Денешната Европска Унија е резултат на напорната работа на многу мажи и жени кои се залагаа за обединета Европа. Европската Унија се темели врз нивните конкретни достигнувања. Нема друг регион во светот каде што суверени земји ја здружиле својата сувереност до овој степен и во толку многу области што се од витално значење за нивните граѓани. Европската Унија создаде единствена валута и динамичен единствен пазар кој овозможува слободно движење на луѓе, услуги, стоки и капитал. Таа се стреми, преку социјален напредок и чесна конкуренција, да осигури што е можно повеќе луѓе да уживаат во поволностите на единствениот пазар.

18