27
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО РЕЛИГИСКО ОБРАЗОВАНИЕ СЕМИНАРСКА РАБОТА „РИМОКАТОЛИЦИЗАМ“ Ментор: Кандидат: 0

семинарска работа по компаративни религиски системи

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: семинарска работа по компаративни религиски системи

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ

МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО РЕЛИГИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

„РИМОКАТОЛИЦИЗАМ“

Ментор: Кандидат:Проф. д-р Владо Петровски Невена Цикарска Број на индекс 214114

Штип, 2010

0

Page 2: семинарска работа по компаративни религиски системи

Содржина

Краток извадок.........................................................................................................1

Вовед..........................................................................................................................3

Краток осврт за почетоците на христијанството...............................................4

Настаните и приликите кои довеле до појава и развој на

римокатолицизмот - Големата шизма..................................................................6

Римокатолицизам - католицизам..........................................................................9

Организација на католичката црква.....................................................................9

Догматското учење и обредните особености во католицизмот..................12

а) Учењето за филиокве............................................................................13

б) За безгрешното зачнување на Пресвета Богородица.....................13

в) За папската непогрешивост..................................................................14

г) За индулгенциите...................................................................................14

д) За чистилиштето..........................................................................................15

Богослужењето во римокатолицизмот..................................................................15

Монаштвото во католицизмот.............................................................................17

Свети места.............................................................................................................17

Поделба на римокатоличката црква..................................................................17

Распространетост на католицизмот...................................................................18

Користена литература...........................................................................................19

1

Page 3: семинарска работа по компаративни религиски системи

Краток извадок

Римокатоличката Црква, како што зборува и самото име е римски

огранок од светската црква која е верна на својот бискуп. Таа своето

потекло го води од првата христијанска заедница која ја основал Самиот

Исус и традицијата која ја востановиле првите апостоли преку

апостолското преемство. Денес таа се разликува од другите на два

начини: нејзин врховен авторитет е папата кој се смета себе си за

намесник (заменик ) Божји на земјата и свештениците кои имаат моќ да ги

претвораат виното и лебот, во вистински крв и тело Христови. Времето

кое папата го поминува на чело на Црквата се нарекува понтификат, а

неговиот престол Апостолска Столица. Седиште на црквата претставува

Светата Столица во Рим. Од 1871 год. Ватиканската палата се наоѓа на

Плоштадот Свети Патар покрај Ватиканската базилика, а папската

катедрала е базиликата на Свети Јован на Латеран.

Илјада години христијанската историја се развивала во еден

правец, но по Големиот раскол во 1054 година, дошло до разделување, па

така се појавиле источна и западна црква, а после реформацијата еден

дел се одвоил од западната црква, па така се појавиле три ограноци во

христијанството: православие, римокатолицизам и протестанство.

Догмите во католицизмот наоѓаат своја основа во Светото Писмо и

во Светото Предание. Во католицизмот ќе се појават и некои нови догми

кои уште повеќе ќе ја нагласат разликата со православието, а кои ќе се

појават како резултат на постојаното потврдување од страна на

римокатоличката црква, за папската непогрешивост и признавањето на

неговата врховна власт над сите останати христијански цркви, но се

појавуваат и како резултат на тежнеењето на католичката црква да се

одбрани од ересите.

2

Page 4: семинарска работа по компаративни религиски системи

Вовед

Христијанството е монотеистичка религија стара две илјади години,

по која се смета и времето на нашата ера. Тоа никнало на тлото на земјата

на Израилот. Христијаните се значи, оние кои веруваат во Исус Христос,

како Божји Син и го следат, преку своите заедници кои ги нарекуваат

црква. Значи христијанската црква е верска заедница или друштво кое го

основал Исус Христос пред две илјади години. Тоа друштво има три цели:

а) во него да се негува правилно познавање на Бога и побожност, б)

луѓето во него да му служат на Бога со дух и со вистина и в) со помош на

светите тајни да се усовршуваат во моралниот и духовниот живот, како

би станале посовршени и послични на Самиот Бог. Христијанската црква

во своето минато има два настани со кои завршила по еден период од

својот живот и кои и дале сосема нов правец на нејзиниот живот во

понатамошните години. Првиот е прогласувањето на слободата на

христијанската вера во римската држава; со што се завршува

маченичкиот живот и почнува нејзиниот развој во слобода. Вториот е

поделбата на една црква на два дела, кои понатаму го продолжуваат

работата секоја посебно. Според тие настани црквата ги дели настаните

на три периоди:

1. Од постанокот на црквата до 313 година кога е издаден Миланскиот

едикт за верската слобода,

2. Од 313 година до 1054 год. кога црквата се поделила на источна и

западна и

3. Од тогаш па до денес.

Во првите илјади години Христијанството имало една единствена

историја, која потоа се развива во три ограноци: римокатолицизам,

православие и протестантизам, односно во три истоимени вероисповеди.

Православието останало доследно на ортодоксното учење.

Римокатолицизмото се стекнал со религиозни редови ( језуити,

3

Page 5: семинарска работа по компаративни религиски системи

франјевци, бенедиктинци и доминиканци). Протестантизмот пак се

стекнал со десетици подгрупи и нови цркви.

Римокатоличката црква како што и самата таа признава, со векови

се развивала на многубројните традиции и идеи, примани през вековите

од светите отци, па дури и на верувањата прифатени од паганството

(доколку истите можеле да се христијанизираат) и светите писма.

Концептите од сите тие извори биле мешани и развивани на разните

црковни концили, за покасно да станат догми. Познат е фактот дека Рим,

кога станал светско царство, во својот систем ги асимилирал и боговите

и религиите од разните пагански земји над кои што владеел. Токму во тоа

време кога Рим владеел со светот, бил роден, умрел и воскреснал Исус

Христос - вистинскиот Спасител, Кој се вознесол на небото и испраќајќи

го Светиот Дух, ја основал и новозаветната Црква на земјата. Но, не

поминало многу време и почнале да се јавуваат некои поединци, кои себе

си се сметале за господари над Божјиот народ, и кои почнале да

внесуваат свои методи и идеали во Црквата. Христијанството се нашло

лице во лице со паганската религија, се до 4 век кога започнале големи

промени, со прекинот на прогонствата на христијаните. Тогаш на

епископите им била укажувана чест, а Црквата почнала да го прифаќа

световното признание и власт и наместо Црквата да биде одвоена од

светот, таа станала дел од светскиот систем, во кој самиот цар барал да

има улога на водач во Цркавата, бидејќи во паганството владеело

уварување дека владетелите се богови1. Од тој момент во

христијанството, посебно во Рим, влегуваат и пагански обичаи, и по се

изгледа и таа мешавина го произнела системот кој денес е познат како

Римокатоличка Црква.

Краток осврт за почетоците на христијанството

Христијанството со околу две милијарди верници е

најраспространетата религија во светот. Потеклото, главните учења и

името на ова религија непосредно се темелат на личноста на Исус

Христос, неговиот живот, смртта и поуките, кои се забележани во

1 http://hriscanstvo-pravoslavlje.com

4

Page 6: семинарска работа по компаративни религиски системи

Евангелијата и другите списи од Новиот Завет. Името христијанство

потекнува од зборот Христос - грчки превод на еврејскиот збор mashiah

што значи „помазаник“ „Месија“. Христијанството настанало во првиот

век, во источните провинции на Римската империја, а Исусовите

следбеници по прв пат биле наречени христијани во сиријска Антиохија

околу 50 г.н.е. Исус од Назарет во Галилеја, роданачалникот на оваа

религија е централна личност не само во историјата на христијанството,

туку и на цела една култура и цивилизација. Како што спомнавме

христијанството настанало во времето на владеењето на Римската

империја. Во текот на првите три века, тоа првенствено претставувало

религија на римските робови и најниските друштвени слоеви. Поради

проповедањето на еднаквост брзо завладеало меѓу сиромашнните и било

отфрлено од страна на богатите. Омразата кон нив била голема и

обичниот народ ги мразел затоа што ги сметал за човекомрсци,

безбожници и противници на редот во државата, а пак филозофите и

образованите луѓе со презир гледале на нив2. Тоа било прогонувано, а

христијаните измачувани и без никоја причина. После овој страшен

период, во кој страдале многу христијански маченици, цар Константин во

313 год. издал указ во Милано со кој христијанската религија станала

државна религија. До 391 година, во времето на владеење на императорот

Теодосиј І христијанството станало најраспространета религија во

Римската империја.3 Цар Теодосиј бил последниот кој владеел со целата

Римска империја, која после неговата смрт 395 год. била разделена на два

дела, помеѓу неговите два сина: Аркадиј и Хонориј. Двете половини

историски и културно биле иста држава, но не и политички.4

Најголеми христијански центри станале Рим, Константинопол,

Ерусалим, Антиохија и Александрија. Првите два града биле како

престолнини на источниот и западниот блок. Рим, место каде Апостол

Петар и Апостол Павле биле убиени, Константинопол место каде бил

изграден првиот христијански град, Ерусалим како местото каде што Исус

2 По Смирнову, Победоносцеву и други писци (1898)Историја хришћанске цркве за средње школе, свеска прва, Бегорад,стр.173 http://wapedia.mobi/mk4 По Смирнову, Победоносцеву и други писци (1898)Историја хришћанске цркве за средње школе, свеска прва, Бегорад, стр. 71

5

Page 7: семинарска работа по компаративни религиски системи

Христос бил распнат на крст и местото каде воскреснал, а Антиохија

место каде што Исус го ширел христијанството5.

Настаните и приликите кои довеле до појава и развој на

римокатолицизмот - Големата Шизма

До крајот на 8 век целиот христијански свет бил под византиска

управа и живеел во најтесна црковна зедница. Седмиот вселенски собор

(788) бил последниoт сјајен споменик од оваа заедница. После овој собор,

Римската црква, почнала да се оддалечува од духовното единство со

источната црква. Разликите во христијанското единство кое доведе до

Големата Шизма во 1054 година започнало да се чувствува уште во 4 век.

Причината за Големата Шизма не се гледало само во духовните разлики,

но и во културните, политичките и јазичните разлики. Теолозите чие

потекло водело од западна Европа предимно се ориентирале кон

правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози

сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на

верата е филозофијата и решавање на нејзините прашања. Исто така, како

друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се

употребувал грчкиот јазик, додека пак во западниот латинскиот јазик.

Оваа шизма е резултат од еден долг период на разделувањето на двете

цркви. Основната причина за разделувањето е борбата за врховна власт

помеѓу римските папи и константинополските патријарси. За

разделувањето помогнале и веќе постојаните разлики помеѓу западната и

источната црква во обредите и организацијата.

Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот

авторитет - Папата тврдел дека имал авторитет над четирите источни

патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот

на Римскиот Патријарх е само почесен. Друга важна причина се разликите

во религиозните сфаќања. Различностите се формирале во текот на

повеќе векови. Во 589 година на соборот на шпанската црква во Толедо

бил променет основниот постулат на христијанството - Симболот на

5 http://wapedia.mobi/mk/Историја_на_христијанството?

6

Page 8: семинарска работа по компаративни религиски системи

верата. Било утврдено дека Светиот Дух произлегувал од Отец и oд

Синот, кои се на еднакво рамниште т.е. рамноправни. Тоа учење се

нарекува филиокве, т.е дека Светиот Дух произлегува (и од Синот). Во

1014 година, папата Бенедикт VIII конечно ја утврдил таа идеја. Можеби и

малку нејасна, но таа е една од причините за започнување на разликите

помеѓу црквите. Друга спорна точка помегу двете цркви е

“чистилиштето“, каде според православните теолози чистилиштето

всушност не ни постои помеѓу рајот и пеколот.

Повод за расколот со римската патријаршија во 1054 год. била

измената во Симболот на верата која што се појавила на западот -

филиоквето. Како реакција на Аријевата ерес, а за да го истакнат

Исусовото Божество , на запад додале дека Светиот Дух произлегува од

Отецот и од Синот, додека пак источните христијани се категорични во

тоа дека произлегува од Отецот (Јован 15, 26). Теолошката дискусија трае

и до ден денешен, како оваа треба да се толкува и дали е во прашање

ерес или само друг вид на изразување на истата вера. Главниот проблем

бил тежнеењето на римскиот епископ својата власт да ја наметне над

источните патријарси. Учењето на црквата било јасно - сите епископи на

Црквата се еднакви по власт и ниту еден нема власт над другите.

Епископите од поголемите градови се сметале поголеми по чест, што

имало само една симболичка смисла (кој по протокол ќе стоел од десна ,

а кој од лева страна и.т.н) Во црквата тогаш биле пет патријаршии - на

големите градови, чиишто епископи биле еднакви по чест: Рим, Цариград,

Антиохија, Александрија и Ерусалим. Причината за расколот била обидот

на римскиот патријарх, во Црквата да се наметне како прв по власт, што

другите патријаршии го одбиле и со тоа Рим дошол во раскол со

остатокот од Црквата кој трае до денес. Тоа било затоа што на запад

римската црква важела за единствена која гласела дека има апостолско

потекло, а плус можела да се пофали и со двајца апостоли - маченици.

Кога паднало Римското царство, на Рим му останала една власт, духовна

власт, која допирала во сите краеви на пропаднатата држава. Останал

римскиот епископ на кој му признавале власт остатокот од латинскиот

свет и сите нови европски народи кои го примиле христијанството од

7

Page 9: семинарска работа по компаративни религиски системи

Рим. Примајќи ја верата, тие народи примиле и старешинство и духовно

водство од Римската Црква и епископите. Во половината пак на 8 век

римскиот епископ дошол и до световна моќ. Франачкиот владетел Пипин

Млади и ги дарувал на римската катедра земјите од равенскиот егзархат,

кој го ослободил од Лонгобардите. Неговиот син Карло Велики, го

проширил тој посед и положил даровна грамата на гробот на Св. Петар

Така римскиот епископ станал владетел со своја држава, чијшто обем со

текот на времето се менувал6. Потоа на запад понекаде постепено се

вовлекувале и некои отстапувања од догмите на православната вера како

што ни останала од светите отци и вселенските собори, а потоа дошле и

помали или поголеми разлики и во црковните обреди.7

Таквите напнати односи продолжиле со до 11 век кога патријархот

Михајло Керулариј повторно почнал јавно да ги изобличува ереста и

властољубието на римските папи, па во посланието што им го упатил ги

обвинил и за употребата на пресен леб во причеста, за грешното

присвојување на власта - некаков си намесник Христов и на Св. Петар, па

и некои други неправилности.8 Тогаш папа бил Лав IX, кој веќе смислувал

како да ја издигне папската власт над другите цркви. Во тоа го раководел

лукавиот и смел секретар Хилдебрант, покасно папа Глигорије VII. На тоа

папата одговорил со анатема на патријархот и на целата источна црква.

Папините посланици, не успевајќи со уцена да го натераат патријархот да

се покори, фрлиле напишана анатема (була) на престолот на Св. Софија, а

Михајло Керулариј со другите источни патријарси одговорил на истиот

начин - со проклетство (1054)9. Од тоа време имаме поделба на западна -

католичка црква и источна - православна црква.

Римокатолицизам - католицизам6 http://sr.wikisource.org7 По Смирнову, Победоносцеву и други писци (1900) Историја хришћанске цркве за средње школе (по новом програму за VI р. Гимназије и реалке), свеска друга, Бегорад, стр.748 Исто, стр.75 9 Исто, стр.75

8

Page 10: семинарска работа по компаративни религиски системи

Римокатоличката црква е една од основните форми на

христијанската вероисповест и ги вклучува сите цркви, кои го признаваат

врховенството на римскиот папа. Таа е најголемата христијанска

заедница. Седиштето на црквата претставува Светата Столица во Рим, а

самата црква претставува светска организација која ја сочинуваат

Западната и 22 цркви од источниот дел. Црквата е поделена по

надлежности, обично на територијална основа. Стандардна територијална

единица е диецеза, која ја раководи бискуп10.

Римокатолицизмот е христијански огранок чие што учење е

дефинирано на 21 Екуменски концил, вероисповеден состав на

Католичката црква.

Организација на католичката црква

Службеното име на католичката црква гласи: западна, света,

римска, католичка, апостолска црква. Таа е централизирана и строго

хиерархијски устроена, црква на сите католици во светот. На чело на

црквата се наоѓа Ватикан - Светата Столица или Понтификат. На чело на

Светата Столица е папата ( Божја сенка или Христов намесник). После

папата се кардиналите од чијшто ред се бира папа, кога тој ќе умре. После

кардиналите се надбискупите, а по нив се бискупите. Тие го сочинуваат

т.н црковно учителство и се едни од рамноправните извори на верата.

Свештениците или презвитерите го сочинуват нижото свештенство, а кога

станува збор за црковни редови тогаш се нарекуваат фратри. Најниската

служба е каноникот. Централната католичка црква во еден град се

нарекува катедрала.

Католицизмот организиран како римска црква, има и своја

хиерархија и лаици (мирјани). Член на оваа верска заедница се станува

преку крштевањето, а се крштеваат децата и возрасните. Во католицимот

постоја три врсти на хиерархија: свештеничка (бискуп, презвитер, ѓакон),

канонска (папа, ординариј, декан, жупник, капелан) и почесна (кардинал,

митрополит, надбискуп, прелат, каноник и пребендер). Оваа црква е

10 http://wapedia.mobi/hr/Katolicka crkva

9

Page 11: семинарска работа по компаративни религиски системи

наднационална и централизирана. Врховен поглавар е папата (римскиот

бискуп) кој со помош на Светата столица и нејзините тела управува со

црквата, заедно со бискупите, кои управуваат со помесните цркви

(бискупии). Бискупијата се дели на деканати, со кои управуваат декани

или наджупници. Деканатите се делат на жупи, со кои управуват жуници, а

им помагаат капеланите.11

Бискупите се сметаат за наследници на апостолите. Единствено тие

можат да ракополагаат свештеници и други бискупи. Најважна бискупска

служба е ординариј - бискуп како поглавар на бискупија. Во свечените

прилики и надвор од литургијската служба, бискупите се облечени во

црна облека, чиишто рабови се со виолетова боја. Со виолетова боја е и

појасот и капата на главата. Како ознака на неговата чест се и бискупскиот

прстен и крстот околу вратот. Во текот на мисата носат бискупски стап и

бискупска митра. Надбискупите за време на мисата носат околу вратот

палиј (palium), шал изработен од волна добиен од папата12.

Кардиналот е највисоката црковна служба после папата.

Кардиналите ги именува папата од редовите на бискупите, а може и меѓу

свештениците. Носат одело во црвена боја со карактеристичен шешир,

имаат посебен грб и се именуваат со титулата еминенција. На оној кому

му е доделена оваа титула нема никаква моќ.

Ѓаконите во католицизмот може да бидатт и оженети, но тие немаат

право да стануваат свештеници. Тие не можат да служат миса, да

исповедаат и да делат елеосвештение на болните. Секој може да крштева,

да венчава, да погребува, да проповеда на мисата и да им носи причест

на болните. Ѓаконското одело се состои од бела боја од ленено платно.

Папата е поглаварот на Католичката црква. Времето кое папата го

поминува на чело на Црквата се нарекува понтификат, а неговиот престол

Апостолска Столица. Смртта на папата ja утврдува камерленгот, при што

ја удира нежно главата на покојниот папа три пати со златен чекан,

11 http://bs.wikipedia.org/wiki/Rimokatolicanstvo12 http://wapedia.mobi/hr/Biskup

10

Page 12: семинарска работа по компаративни религиски системи

изговарајќи и повикувајќи го по неговото име. Лекарот може но и не мора

претходно да ја утврди неговата смрт. Камерленгот тогаш му го одзема

печатниот прстен на папата, кој обично стои на десната рака, и го крши во

присуство на другите кардинали (за да се спречи злоупотреба). Телото на

папата во одредено време (околу четвртиот и шестиот ден по неговата

смрт) се изложува во главната катедрала. Папите од XX век обично се

изложуваат во Базиликата Свети Петар. По погребот започнува

деветдневна жалост. Изборот на нов папа го вршат кардинали, кои се

помлади од 80 години. Изборот на папата скоро секогаш се одржува во

Сикстинската капела во Ватикан на заседанието кое се нарекува Конклава.

Папски обележја и симболи се:

- Папска тијара - бискупска капа со три круни. Последните троица одбиле

да бидат крунисани, па на свечената инаугурација носеле обична

бискупска капа.

- клучеви од царството небеско - осликува два вкрстени клуча, златен и

сребрен, споени со црвен конец

- папски прстен - златен прстен со сликата на Свети Петар во чамец, кој

фрла мрежа, и со името на папата кој го носи. Прстенот го става, а по

смртта го вади деканот на Кардиналскиот собор кој се крши со чекан и со

тоа го означува крајот на понтификатот на еден папа.

- палиј - бел конец кој се става на новоизбраниот папа при

устоличувањето. На него се наоѓаат два црвени извезени крстови, а ја

покажува тежината која на себе ја презема новиот папа.

- балдахин - свод од ткаенина над престолот кој веќе не се употребува

- папски грб

- sedia gestatoria - папски стол кој го носат дванаесет мажи во црвени

униформи

Догматското учење и обредните особености во католицизмот

11

Page 13: семинарска работа по компаративни религиски системи

Во католицизмот се прифатени главните христијански догми кои

биле дефинирани на првите осум вселенски собори. Но после

разделбата, католицизмот и понатаму го разчленува своето учење и ја

прецизирал својата догматска доктрина на уште 13 Вселенски собори, кои

останатиот христијански свет не ги признава. Инаку самите концили,

претставуваат важен сегмент во одредувањето на верувањето и праксата

кај католиците. Заклучоците од истите се објавуваат во Катекизмот на

римокатоличката црква. До сега е одржан 21 Концил, првиот во Никеја 325

год., а последниот во Рим. Задниот 21 Концил настојувал да ги смири

останатите христијани со римокатолиците. Некои од учењата кои ќе ги

внесе Римокатоличката црква и ќе ги прогласи за догми, се разликуваат

со православните, и се камен на сопнување при нивните разговори за

повторно единство. Сите овие нови учења кои ги вовела

Римокатоличката црква би биле како последица на западниот човек се да

решава со помош на разумот, надевајќи се на својата семоќност, па дури

и кога станува збор за насјуптилните прашања кои можат да се разберат

само со вера.

Еве овде ќе наброиме некои од нив, по кои тој се разликува од

православните. Тоа се:

Филиокве (исходењето на Светиот Дух - и од Синот);

Папскиот примат (првенство);

Папската непогрешивост;

Употреба на бесквасен леб за Светата причест;

Точниот момент на осветување на Светите дарови;

Причестување на верниците само со леб - Телото Христово;

Пургаторијум (чистииште);

Аниното безгрешно зачнување на Св. Богородица;

Целибат на свештенството (безбрачност);

Невршење на миропомазанието заедно са крштевањето;

Миропомазанието као исклучива надлежност на бискупот;

Промена на календарот;

12

Page 14: семинарска работа по компаративни религиски системи

Прославувањето на Велигден спротивно од правилата утврдени на

Вселенските Собори;

Крштевање со попрскување, а не со потопување.

а) Учењето за филокве

Според древното учење на Црквата Христова, Светиот Дух (третото

лице на Света Троица) исходува од Бог Отец. Тоа учење било потврдено

на II Вселенски собор во осмиот член од Симболот на верата. Но со текот

на времето на Запад почнало да се јавува ново учење, т. е дека Светиот

Дух происходи и од Синот. Тоа учење било осудено и на исток и на запад.

Тоа учење од Шпанија се проширило по целата Западна црква и во

почетокот на 11 век, околу 1014 год., во времето на папта Бенедикт VII, а

по настојување на германскиот цар Хенрик I, тоа учење е внесено во

Симболот на верата во Римокатоличката црква. Тоа учење ќе биде една

од причините за раскол помеѓу двете цркви.

б) За безгрешното зачнување на Пресвета Боогродица

Според учењето на црквата гревот што го сториле нашите

прародители Адам и Ева е наследен и секој човек се раѓа со тој грев. Од

него се ослободуваме со крштевањето. Само Исус Христос бил безгрешно

зачнат во утробата на Пресвета Богородица. Православната црква учи

дека и Пресвета Богородица го наследила овој прародителски грев, за

разлика од Римокатоличката, која вели дека иако е зачната по природен

пат, таа во утробата на мајката е очистена од овој прародителски грев. Во

почетокот оваа учење го прифатиле језуитите и папата Пиј IX, кој со своја

папска була од 8 декември 1854 год. го прогласил оваа учење за догма.

в) За папската непогрешивост

Римокатоличката црква учи дека Христос е невидлива глава на

црквата на небото, а римскиот епископ - папта, како наследника на

катедрата на апостолот Петар, кој бил првиот Христв апостол, е видлива

глава на Црквата на земјата. Така според нивното учење папата е

13

Page 15: семинарска работа по компаративни религиски системи

намесник (заменик) Божји на земјата - (vicarius fili dei - заменик на Синот

Божји). Како таков секако дека тој е непогрешлив (како Бог). Папат Пиј IX

на Ватиканскиот собор во 1870 год. му дал сила на догмат и свечено го

објавил: Кога римскиот папа зборува од својот престол (екс катедра т.е

кога ја врши својата служба, како пастир и учител на сите христијани, кога

решава дали оваа или онаа учење по однос на верата и моралот треба да

го признае целата Црква, тогаш тој ја има таа непогрешивост со која

Спасителот ја обдарил Црквата)13.

г) За индулгенциите

Католичката црква учи дека гревовите направени после

крштевањето може да бидат опростени по пат на индулгенции.

Индулгенциите му нудат на грешникот ослободување од гревот уште за

време на неговито живот на земјата14. Римокатоличката црква учи дека

некои луѓе како што се светителите, па дури и Самиот Христос, за време

на својот живот и со својата работа, се стекнале со поголеми заслуги, т.е

вишок на добри дела отколку што им требаат на самите нив. Со тие

заслуги ракува и раководи папата и тие се чуваат во ризницата на

Црквата. Па на оние на кои им недостасуваат добри дела, таа може да им

ја даде потребната количина и тој ќе биде спасен и оправдан пред Бога.

Од тие пари папата Лав X ја подигнал и црквата Свети Патар во Рим. Со

индулгенциите се опростуваат не само направените гревови, туку и оние

кои што во иднина ќе бидат направени. Индулгениција означува -

снисходење, опростување, олеснување. Тие важат и за живите и за

мртвите членови на црквата, т. е со нив може да се откупат и гревовите на

мртвите членови кои не успеале тоа да го направат за време на својот

живот. Таквото учење е во потполна спротивност со древното учење на

христијанската црквата, бидејќи ако е така никој не би се трудел да

постигне духовно совршенство во текот на својот живот на земјата.

13 http://hriscanstvo-pravoslavlje.com, 13 глава14 http://hriscanstvo-pravoslavlje.com, 9 глава

14

Page 16: семинарска работа по компаративни религиски системи

д) За чистилиштето

Според православното учење душата после смртта излегува пред

Божјиот суд, каде според заслугите добива свое место каде ќе престојува-

рајот или пеколот. После смртта човекот веќе не може да се поправи и да

се покае. Римокатоличката црква учи дека освен рај и пекол, постои и

чистилиште (лат. пургаторијум). Тоа е место за чистење на душите после

смртта, со цел да се постигне потребната духовност да се влезе во рајот15.

Тие одат таму за да се чистат од своите гревови и поминуваат толку

време колку што е потребно за нивно очистување. Поради тоа пак се

важни индулгенциите, бидејќи живите сродници на душите кои одат во

чистилиштето можат да откупат онолку добри дела колку што ќе му бидат

потребни на умрениот за да се ослободи од маките во чистилиштето.

Богослужењето во римокатолицизмот

Богослужењето во римокатолицизмот е речиси исто како и кај

православните, но со некои разлики. За разлика од православното

богослужење, богослужењето кај католиците, е многу пократко и

едноставно, без многу молитвени чинови. Во католицизмот има разлика

помеѓу поклонување и почитување. Поклонувањето може да го правиме

само кон Бога, а почит може да се искажува и кон созданијата (ангелите,

светителите, слики, кипови..) Постојат седум Свети тајни: Евхаристија,

Крштевање, Света Потврда (коризма), Исповед, Болничкото помазание,

Брак и Светиот Ред. Најважната богослужба се нарекува миса, во која

централен настан претставува евхаристијата - за која се верува дека по

пат на трансупстанцијација или претворање, лебот и виното вистински се

претвораат во тело и крв Христови, и само надворешно изгледаат како

вино и леб16. Го нема призивот на Светиот Дух (епиклезата) да ги освети

лебот и виното. Во текот на мисата, верниците можат да излезат напред и

да клекнат пред свештеникот за тој да им стави парче леб во устата, т.е да

се причестат. Тоа лепче се нарекува „хостија“, што е изведено од

15 http://wapedia.mobi/sr16 http://hriscanstvo-pravoslavlje.com, глава 17

15

Page 17: семинарска работа по компаративни религиски системи

латински збор чие значење е „жртва“ или „жртвување“17. Тие се кружни и

се печат без кавасец, и во средината имаат крст18. А вино можат да

примаат само свештениците, не и верниците, се со цел да не се доаѓа до

злоупотреба или истурање на виното, т.е Крвта Христова.

Разлики постојат и во постот, кој кај католиците е поблаг, можат да

се користат и млечни производи, а пред причест доволно е да не се јаде

само еден час. Тие се крстат со десната рака од лево, па на десно. Целта

била да се разликуваат од правослвните. Кај католиците не е дозволен

разводот, па и самите свештенице не смеат да се женат. Богослужењето

го извршуваат членовите на црковната хиерархија, во просторите кои се

наменети за тоа. Тоа се капелите, црквите, базиликите. Ги почитуваат

истите светители како и православните, со разлика во имињата, па и

истите празници. Најважните празници се Божиќ, Велигден, Богојавление,

Духовден, Успението на Пресвета Богородица и други. Еве некои од

нивните светители: Исидор Севиљски, Леандар Севиљски, Мајка Тереза,

Рејмонд од Пенафорта, Света Луција, Свети Герард, Тома Аквински,

Франсиско Ксавер, Фрањо Асишки и други. Главни делови од црковната

година се Адвент - христијанската Нова година - која започнува со

подготовките за Божиќ и Kоризма - четириесетдневниот пост. Tие се

раководат според Грегоријанскиот календар, додека пак православните

според Јулијанскиот календар.

Монаштвото во католицизмот

Монаштвото на запад го основал Св. Бенедикт Нурсијски.

Воспитувајќи се во Рим и гледајќи ја расипаноста на тогашниот свет, го

замразил таквиот живот, па чувствувајќи наклоност кон осаменичкиот

живот, во својата 14 година се затворил во една пештера, Субиака близу

Рим. После три години, го пронашле некои пастири и многу брзо се

расчуло за него. Во 529 год. тој на едно ритче во Кампанија го основал

познатото братство Монте - Касино и напишал и правила за него, кое

подоцна ќе биде примено од другите западни манастири. Во правилата им

17 http://hriscanstvo-pravoslavlje.com, глава 1718 http://wapedia.mobi/hr/Hostija

16

Page 18: семинарска работа по компаративни религиски системи

било ставено во должност на монасите, освен молитви и читање на

Светото Писмо, да се занимавааат и со наука, занаетчиство, и

воспитување на деца. На старите и болникави монаси им наредил да ги

препишуваат корисните списи19. Католиците имаат манастири во кои

живеат монаси и чесни сестри, а на чело на манастирите стои гвардијан .

Светите редови се групации настанати со цел на своите членови да им

овозможат еден живот кој би бил одвоен од светот. Барањата на таквиот

живот можат да се сведат на: сиромаштво, милосрдие и послушност.

Некои од редовите својот живот го посветуваат во научно - истражувачка

работа, додека другите се насочени кон мисионерска работа. Познати

такви се бенедиктинци, франјевци, доминиканци, језуити и кармеличани.

Свети места

Свето место за католиците претставува Рим, град во кој е основана

првата христијанска црква и во кој бил мачен и погребан Свети Петар.

Познатата базилика на Свети Патар е подигната на неговиот гроб, и

претставува нивно свето место. Од 16 век во овој град е сместен Ватикан,

седиштето на Римокатоличката црква.

Друго нивно свето место е Лурд, кое се наоѓа во северозападна

Франција. Според католичкото верување, овде Света Богородица се

јавувала повеќе пати на едно 14 годишно девојче по име Бернадета, за да

и ја потврди точноста на римокатоличката догма за нејзиното безгрешно

зачнување.20

Поделба на римокатоличката црква

Во XVI век во западното христијанство се јавува силно верско -

политичко движење, реформација, чијшто водач бил Мартин Лутер.

Реформацијата ја поделила западната црква на две: римокатоличка и

протестантска. Повод за протестот била продажбата на индулгенциите, т.е

опростувањето на гревовите на верниците, па дури и идните, сето тоа за

19 По Смирнову, Победоносцеву и други писци (1900) Историја хришћанске цркве за средње школе (по новом програму за VI р. Гимназије и реалке), свеска друга, Бегорад стр.5720 Милин,Лазар (1977) Научно оправадање религије (Апологетика), Свеска 2, Историја религије, Београд, стр.75

17

Page 19: семинарска работа по компаративни религиски системи

пари. Протестантизмот од католицизмот се разликува по отфрлувањето

на сите црковни одлуки, неприфаќањето на папата како посредник помеѓу

Бога и верниците и отфрлување на светителите, иконите и реликвиите,

отфрлувањето на Светото Предание и самостојно толкување на Светото

Писмо.

Распространетост на католицизмот

Католицизмот во просторот и времето се среќавал со разни

друштвени култури и цивилизации, поради што му се наметнувал и

проблемот на прилагодување. Сестраната активност е една од главните

особини на римокатолицизмот. Тој учествува во сите проблеми од

човековиот живот. Таа особина го прави вечно млад, современ и

актуелен. Поради тоа тој е најбројната христијанска религија, чиј број

изнесува околу 1 милијарда верници. Католицизмот преовладува во

Латинска Америка, САД, поголемиот дел од Европа ( јужна и средна ),

Филипините, поголем дел од Северна Америка, крајните подрачја на

источна Азија.

18

Page 20: семинарска работа по компаративни религиски системи

Користена литература:

По Смирнову, Победоносцеву и други писци (1900) Историја хришћанске

цркве за средње школе (по новом програму за VI р. Гимназије и реалке),

свеска друга, Бегорад

По Смирнову, Победоносцеву и други писци (1898)Историја хришћанске

цркве за средње школе, свеска прва, Бегорад

Милин,Лазар (1977) Научно оправадање религије (Апологетика), Свеска 2, Историја религије, Београд

http://hriscanstvo-pravoslavlje.com

http://www.manastir-lepavina.org/arhiva

http://wapedia.mobi/sr

http://sr.wikisource.org

19