23

Click here to load reader

Меѓународна трговија семинарска

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Меѓународна трговија семинарска

Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Семинарска работа по предметот

Меѓународна Трговија

Тема:

Потекло, функции и членство на Светската трговска организација (СТО)

Ментор : Изработиле:

Доц. Д-р Марија Ацковска Емилија Божиновска

Моника Трпевска

Софија Затараковска

Скопје, 2012

Page 2: Меѓународна трговија семинарска

СОДРЖИНАВовед.........................................................................................................................................................3

1.Дефинирање на Светската трговска организација......................................................................4

2.Потекло..................................................................................................................................................5

2.1. ГАТТ (1947)...................................................................................................................................6

2.1.1. Принцип на либерализација..............................................................................................6

2.1.2. Принцип на мултилатералност и конвертибилност.....................................................7

2.1.3. Принцип на не дискриминација на трговските партнери............................................7

2.2. Уругвајска рунда на преговори.................................................................................................8

3. Функции и членство............................................................................................................................8

3.1. Што се преговорите од Доха?................................................................................................10

3.2. Што е ново во СТО?.................................................................................................................10

4. Наредна рунда на преговори на СТО..........................................................................................11

4.1. Помош за трговија.....................................................................................................................13

Заклучок..................................................................................................................................................14

Користена литература.........................................................................................................................15

Земји членки..........................................................................................................................................16

2

Page 3: Меѓународна трговија семинарска

Вовед

Постојат голем број на начини на гледање на СТО. Тоа е организација за либерализација на трговијата. Тоа е форум за владите на земјите да преговараат на т.н. трговски форум. Тоа е место да се спогодат трговските спорови. Работи според систем на трговски правила.Пред се тоа е форум за преговори. Првиот чекор е да се зборува. СТО е создаден надвор од преговорите, односно сето работење на СТО доаѓа од преговорите на т.н. Уругвајска рунда и минати те договори под Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ). Светската трговска организација е создадена во периодот од 1986-1994 година.Целта на овој семинарски труд е да се согледа важноста од постоењето на светската трговска организација, како и нејзиното значење во светски рамки. Поради тоа, ќе бидат опфатени сите побитни договори врз кои се заснова оваа светска организација, придобивките од договорите и воопшто и од членството на одредена земја во неа. На крајот од овој семинарски труд ќе се наведат и придобивките за земјите кои се членки на светската трговска организација, како и значењето на оваа трговска организација во светски рамки.Резимирано ќе биде опфатено: поим суштина и значење на светската трговска организација, кога и како е создадена светската трговска организација, структура на светската трговска организација, основните функции и принципи на светската трговска организација, што е ново во светската трговска организација, земјите членки во светската трговска организација и придобивките и значењето на светската трговска организација.

3

Page 4: Меѓународна трговија семинарска

1.Дефинирање на Светската трговска организација

Светската трговска организација (СТО) е меѓународна организација која надгледува голем број на договори кои ги дефинираат „правилата на трговијата“ помеѓу членките. СТО е наследник на ГАТТ и делува со цел да се редуцираат меѓународните трговски бариери.Светската трговска организација е една од најважните институции кои се занимаваат со меѓународните економски врски. Станува збор за над национална институција со статус на правно лице, односно Светската трговска организација има свои органи. Во поширока смисла нејзината улога е двојна. Првата улога и е да основа и да ги засили правилата на патиштата на меѓународната трговија на производи и услуги. Нејзината втора улога се состои во либерализацијата на трговијата, моментално проценета на 8 илјади билиони долари годишно.На СТО може да се гледа на повеќе начини. Таа е организација за либерализација на трговијата, таа е форум на владите за преговарање за трговските договори. СТО е место за разрешување на трговските несогласувања. И оваа организација оперира со трговските правила. Важноста на СТО и аспирацијата на земјите да бидат дел од оваа институција потекнува од големите привилегии што членството на СТО ги носи со себе во поглед на обезбедување на што поповолен третман за националните производи и трговски субјекти при нивниот пристап на странските пазари. „СТО ја има една од најимпресивните работи во глобалното економско управување, преку промоција на либерализацијата и трговијата во економскиот раст.“ 1

Стекнувањето на членство во СТО е од најголема важност за стекнување на статусот рамноправен трговски партнер и е единствен предуслов за стекнување на правото на регулирање на прашањата од меѓународна размена врз мултилатерален принцип.Иако СТО започна да функционира на 1 Јануари 1995, нејзините корени се постари од половина век. Корените на СТО потекнуваат од преговорите од 1986, познати како Уругвајска рунда на преговори кои траеле цели 8 години, се до 1994 година, како и претходните договори во рамките на ГАТТ. И Македонија е членка на СТО од 2003 година.Седиштето на СТО е во Женева. Моменталниот генерален директор на СТО е Паскал Лами и сто брои 153 земји членки. Секоја земја членка е должна да ги назначи и другите земји членки за повластени, така што (со некои исклучоци) трговските концесии кои ги дала една земја кон друга земја мора да ги даде и на сите други земји членки на СТО.

1 Говор на Ана Лид на Хелсиншката конференција – 4 Декември 2002

4

Page 5: Меѓународна трговија семинарска

СТО е долго одложениот наследник на очекуваната Интернационална трговска организација, која беше примарно наменета да го следи ГДТЦ. Формирањето на интернационалната трговска организација беше договорено на Конференцијата за трговија и вработување на ОН одржана во Хавана, Куба во март 1948. Меѓутоа формирањето на оваа организација беше блокирано од страна на Сенатот. Некои историчари тврдат дека неодобрувањето на ИТО беше предизвикано од стравот на американската бизнис заедница и наместо ИТО да ги подобри, таа ќе ги регулира големите бизниси, што не им одело во прилог на САД.

2.Потекло

СТО беше формирана на 1 Јануари 1995 со цел да ја замени ГАТТ кој претставува серија на посвоени договори, наменети за олеснување на светската трговија. Принципите на ГАТТ беа усвоени од СТО, која беше ставена на чело на нивно администрирање и нивно надградување. За разлика од ГАТТ, СТО има институционална структура.СТО иако со статус и официјално постои од 1 Јануари 1995 година, нејзиниот трговски систем е стар веќе половина век. Корените лежат во социјалната и економската катастрофа предизвикана од Големата криза во 1930-тите години. Во овој период од историјата земјите биле насочени навнатре и провоцирале надолен тек на веќе влошениот аутпут и трговија. Ова довело до реакција во насока на примена на правила на трговија за екстремниот протекционизам. Тоа значело зголемување на царините и другите трговски бариери до тоа ниво што увозот бил драстично редуциран. Дискриминаторските договори кои ја фаворизирале позицијата на некои земји и ги исклучувале другите кои што не биле дел од тие договори всушност станале името на играта. Меѓутоа, состојбите во меѓународната економија непосредно пред Втората светска војна јасно укажувале на фактот дека секоја форма на билатерално договарање меѓу трговските партнери во светот била несоодветна на потребите што ги наметнувале тековните збиднувања. Состојбите биле такви што дури и најзакоравените застапници веќе не биле во состојба да ги затворат очите пред големите штети што настанеле како резултат на прекумерното употребување на протекционистичките бариери во меѓународната размена. За таа цел бил даден предлог да се формира Меѓународната трговска организација која ќе се справи со проблемите на меѓународната трговија кои траеле подолго. Интерни договори биле постигнати помеѓу мал број на земји, но сепак тие договори не ги опфаќале најбитните аспекти на меѓународната трговија. Еден дел од прогресивните економски сили во светот по завршувањето на Втората светска војна се залагале за да се воспостави мултилатерален принцип на договарање помеѓу партнерите во меѓународната размена кој ќе биде заснован врз еднаквост,не дискриминација и либерализација на надворешно трговските размени. Токму за таа цел бил даден предлог да се формира организација чија основна задача би била либерализација на меѓународната размена, пред се во стоковната сфера, а потоа и во сферата на услугите. Либерализацијата требало да се одвива врз принципите на еднаквост и

5

Page 6: Меѓународна трговија семинарска

не дискриминација што значело дека со потпишување на мултилатералната спогодба за формирање на организацијата привилегиите што некоја од потписничките им го обезбедувала на дел од трговските партнери во меѓународната размена автоматски требало да се пренесат на сите други трговски партнери. Единствен противник на оваа идеја била Велика Британија. Имено, во периодот непосредно по завршувањето на војната, развиените земји се уште поседувале поголем дел од своите колонии меѓу кои и најголемата империјална сила, Велика Британија. Правата на меѓусебната размена во рамките на т.н. Комонвелт се разликувале од правилата на размената што Велика Британија ги имала со своите трговски партнери надвор од подрачјето на Комонвелтот. Таа не сакала големите привилегии што им ги обезбедувала на партнерите во рамките на колонијалниот свет автоматски да се пренесат на сите трговски партнери што ќе ја потпишат мултилатералната спогодба за формирање на Меѓународната трговска организација (МТО). Затоа Велика Британија настојувала да не дојде до формирање на оваа организација. Односот на силите одел во полза на интересот на развиените земји што тешко се откажувале од доминацијата што ја имале во светот. Така, во 1947 година, на Конференцијата свикана во Женева, каде што требало да се формира МТО, не дошло до потпишување на спогодбата од страна на најголемите сили во тоа време. На Конференцијата 23-те нај развиени земји ја потпишале Општата спогодба за царина и трговија, или попозната како ГАТТ.

2.1. ГАТТ (1947)

ГАТТ стартуваше на почетокот на 1948 година. Целосниот одговор на прашањето која ќе биде институцијата која ќе ја регулира меѓународната трговија, дојде половина век подоцна со раѓањето на СТО. На конференцијата во Женева, наместо формирање на МТО, 23-те земји ја потпишале Општата спогодба за царина и трговија (ГАТТ) која требало да биде една од носечките мултилатерални спогодби во составот на СТО и требало да обезбеди либерализација во режимот на меѓународната размена на стоки. ГАТТ била основана на три основни принципи:

Принцип на либерализација Принцип на мултилатералност и конвертибилност Принцип на не дискриминација на трговските партнери

2.1.1. Принцип на либерализација

Требало да обезбеди отстранување на сите трговски и нетрговски бариери од меѓународната размена на стоки, меѓутоа заради разликите во степенот на економската развиеност коишто постоеле меѓу земјите, било дозволено националните економии да ја применуваат царинската заштита, но во понатамошниот период таа требало да се намалува, за на крајот да исчезне.

6

Page 7: Меѓународна трговија семинарска

2.1.2. Принцип на мултилатералност и конвертибилност

Овој принцип е од исклучителна важност за повторно заживување на меѓународната економија во услови кога веќе ниту една земја во светот, со исклучок на САД, не била во состојба да обезбеди златно покритие за својата национална валута. Сите земји- членки на ГАТТ морале да се стремат кон обезбедување на макроекономската стабилност во своите економии како основен предуслов за повторно обезбедување на конвертибилност на своите национални валути, што пак е неопходно за обезбедување на принципот на мултилатералност во меѓународната размена. Мултилатералноста во меѓународната размена подразбира можност за користење на позитивното салдо од трговската размена со една земја за покривање на негативното салдо од трговската размена со друга земја.

2.1.3. Принцип на не дискриминација на трговските партнери

Овој принцип би требало да обезбеди еднаков третман на трговските партнери, кој што се овозможувал со примена на клаузулата на најповластен третман на нациите. Оваа клаузула ги обврзувала земјите- членки на ГАТТ привилегиите што ќе ги обезбедат за некој од своите трговски партнери врз база на билатерални преговори, автоматски да се пренесат на сите други трговски партнери, без да се преговара со нив.

ГАТТ 1947 вклучува 8 рунди на преговори:

Женева (1947) Анеси (1949) Торквеј (1950) Женева (1956) Женева – Дилонска рунда (1960-1961) Женева – Кенедиева рунда (1962-1967) Женева – Токиска рунда (1973-1979) Пунта дел Есте – Уругвајска рунда (1986-1993)

Голем дел од трговската експанзија по војната била спроведена токму преку горенаведените 8 рунди на мултилатерални трговски договори. Секоја рунда вклучувала повеќе земји од претходната. Тоа резултирало до драматична редукција на царините на индустриските добра. Просечните царини во индустријализираните земји прогресивно биле скратени од 40 до 50% до помалку од 4%. Повеќето нецарински бариери- како квантитативните рестрикции биле напуштени. Во оваа смисла, придобивките од пристапот на пазарот преку укинување т.е. намалување на царините не можело да се прекрие со нови

7

Page 8: Меѓународна трговија семинарска

трговски бариери како дискриминаторски технички стандарди и неразумни правила и процедури.Што значи, со формирањето на ГАТТ видно се забележало подобрување на трговскиот систем по војната. Од 1948, меѓународната трговија континуирано растела побрзо од светскиот аутпут. Всушност, волуменот на трговијата со производи пораснала до просечни 6% годишно, додека светскиот аутпут се зголемил на 4% годишно. Извозот на произведените добра сега е 43 пати поголем отколку пред 50 години. Крајниот резултат е дека се тргува со околу една четвртина од светското производство. Ова значи дека една четвртина од светското производство е предмет на правилата на меѓународната трговија. Тие правила во моментов ги создава и ги наложува СТО.

2.2. Уругвајска рунда на преговори

Преговорите се нашле во ќор сокак во текот на Уругвајската рунда што започнала во 1986 година и траела цели 8 години. Непосредно пред нејзиното започнување, дискриминацијата што ја наметнувале регионалните интеграции, особено ЕЕЗ, спрема партнерите надвор од преференцијалните трговски договори се повеќе почнало да им пречи на високо развиените земји (САД и Австралија). За нив, ЕЕЗ почнала да се претвора во вистинска трговска тврдина. Состојбата била особено неповолна во размената на земјоделски производи, каде што ЕЕЗ го штитела своето производство не само со високи царини туку и со режим на контингенти, истовремено форсирајќи го извозот на своите земјоделски производи по пат на интензивно субвенционирање од земјоделскиот буџет во Брисел. Развиените земји, поддржани од некои поголеми економии од редот на земјите во развој побарале ЕЕЗ да ги намали увозните бариери за овој вид на производи за 75%, а за извозните субвенции за 90%. ЕЕЗ одговорила дека прифаќа да ги намали увозните бариери за 30%, но не прифаќа никакви измени од страната на извозните субвенции.

3. Функции и членство

Функцијата на СТО е контрола на исполнувањето на трговските спогодби, склучени помеѓу членовите на СТО, организација и обезбедување трговски преговори помеѓу членките на СТО, следење на трговската политика на членовите на СТО, разрешување на трговските спорови меѓу членовите на организацијата.Пред се, тоа е форум за преговори. Во суштина, СТО е место каде што владите на земјите членки одат за да се обидат да најдат решенија за проблеми со кои се соочува трговијата. Најголем дел од тековното работење на СТО доаѓа од 1986-1994 година од преговорите наречени Уругвајска рунда и од претходните

8

Page 9: Меѓународна трговија семинарска

преговори познати како Општа спогодба за царини и трговија (ГАТТ). СТО во моментов е домаќин на преговорите, во рамките на развојот на Доха кои што започнаа во 2001 година.За земјите коишто се соочуваат со трговските бариери, преговорите помагаат да се либерализира трговијата. Но, Светската трговска организација не е тука само за либерализирање на трговијата, туку нејзините правила се наоѓаат и во некои други околности- на пример за заштита на потрошувачите или да се спречи ширењето на нелојална конкуренција.Основна цел на системот е да помогне во текот на трговските размени за тие да бидат што е можно послободни- затоа што ова е важно за економскиот раст и развој и благосостојбата. Тоа делумно значи отстранување на пречките. Тоа исто така значи да се верува дека поединци, компании и влади знаат за што се трговските правила низ целиот свет и да им дава доверба дека нема да има нагли промени на политиката. Со други зборови, правилата треба да бидат транспарентни и предвидливи.Оттука СТО има две основни функции:

Како преговарачки форум за дискусии за нови и стари трговски правила Како тело за решавање на трговски спорови

При формирањето СТО имаше 76 земји членки. Други 72 земји членки се приклучија подоцна. Во моментов СТО има 156 земји членки.2

2 Во прилог е листата на земји членки на СТО и годината во која тие биле примени

9

Page 10: Меѓународна трговија семинарска

3.1. Што се преговорите од Доха?

Преговорите од Доха се најновата рунда на преговори меѓу членството на СТО. Нејзината цел е да се постигнат големи реформи на меѓународниот трговски систем преку воведување на пониски трговски бариери и ревидирани трговски правила. Програмата за работа опфаќа околу 20 области на трговијата.„Тркалезниот“ договор беше официјално промовиран во четвртата на СТО министерска конференција во Доха, Катар, во ноември 2001 година. Доха министерската декларација обезбеди мандат за преговори вклучувајќи го преговорите за земјоделството, услугите и интелектуалната сопственост. Во Доха, министерот, исто така ја одобри одлуката за тоа како да ги реши проблемите на земјите во развој кои се соочуваат со нив во спроведувањето на сегашните СТО договори.

3.2. Што е ново во СТО?

1 Ноември 2011 година- СТО се поврзува со уметничкиот свет на Женева На 1 Ноември 2011, Универзитетот за арт и дизајн во Женева и СТО склучија договор за развојот на знаците на СТО штабот (реновирање на областите и нова зграда). Под надзор на нивните професори, ученици од училиштето ќе работат на проектот до септември 2012 година.

4 Ноември 2011 година- Заменик генералниот директор предупредува дека протекционизмот ќе влијае врз глобалниот раст.Сликата за протекционизмот, бидејќи кризата е мешана, покажувала загрижувачки трендови. На крајот од 2008 година, СТО формира систем за следење на трговијата и за мерките што се преземани за време на кризата. Иако имаше некои докази за нови тарифи, не тарифните бариери и новите трговски лек мерки, особено анти- дампинг давачките, им помогнаа на голем дел од членовите да ја избегнат Кризата. А потоа и трговијата и мониторинг извештаите во текот на 2009 и 2010 година го потврдија ова. Сепак во текот на изминатите шест месеци, некои загрижувачки трендови се појавија, особено меѓу Г-20 актерите. Неодамнешниот извештај за Г-20 трговските мерки (октомври 2011) покажа дека имаше помалку воздржаност во донесувањето на новите трговски рестриктивни мерки и помала определба да се уништат постоечките. Традиционалните гранични рестрикции, исто така мора да продолжат да бидат следени. 40% од светската трговија се интра- фирми, со различни делови на производ направени и склопени во многу различни земји, со што ограничувањата за производство во една земја може да влијае на ефикасноста на трошоците на целиот синџир на снабдување.Денес, производните процеси се разградуваат во одделни делови и се шират во различни земји пред готовиот производ да е составен за извоз од една од тие

10

Page 11: Меѓународна трговија семинарска

земји. Затоа, препишувајќи ја целосната вредност на производот во земјата од каде што се извезува до крајниот потрошувач, може да даде погрешна слика за трговијата во земјата извозник.Оваа географска фрагментација на синџирот на вредност е за она што СТО го нарекува „произведено во светот“. Постојат многу примери за овој поим- пример иПодс, кои се собраа во фабрики низ целиот свет. Ербас Конзорциумот, на пример е во заедничка сопственост од страна на четири земји- Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија. Крилата се од Велика Британија, трупот на авионот и опашката од Германија, вратите од Шпанија, а пилотскиот екипаж од Франција. Тоа се повеќе од 1.500 добавувачи во 27 земји.Во помал обем, ајде да погледнеме Барби кукла. Дизајнот и калапот се завршени во САД, маслата рафинирани во етилен во Тајпеј, косата произведена во Јапонија, облеки направени во Кина, а се продава во Индонезија и Малезија. А што е со она што ние го нарекуваме американски автомобил. Триесет проценти од вредноста е од Кореа, 17,5% во Јапонија за компоненти, 7,5% во Германија за дизајн, 4% Од Кина и Сингапур за помали делови, 2,5% во Велика Британија за маркетинг и 1,5% во Ирска за обработка на податоци. Всушност само 37% од Американскиот автомобил е навистина генерирано во САД.Меѓународната трговија денес е интегрален дел од глобалното производство, мрежите и во овој нов контекст на трговијата со задачи, СТО ја предводат развојот на нови мерења на трговските текови врз основа на додадена вредност. Тие активно соработуваат со други партнери за да се изградат посебни сетови на податоци и дефинирање на методологии. Имаат повеќе точни мерења на вредноста на трговските трансакции и трговските текови кои ќе бидат важен елемент, базиран на повеќе докази во идните национални и меѓународни дијалози во врска со улогата на растот на трговијата.

4. Наредна рунда на преговори на СТО

На тема на Министерството на СТО ќе биде „СТО- Организација која обезбедува“. Важно е дека на СТО ќе се гледа како се движи напред , па дури и со мали поединечни чекори. Генералниот директор неодамна изјави на еден настан во Њу Делхи во септември оваа година: „ако ние сме јасни дека прашањета во агендата Доха треба да бидат фиксни, предизвикот пред нас е да се најде политичка храброст и поголеми чекори кои ќе доведат нашите членови да имаат чесни преговори“. Патот напред е да се унапредат преговорите во оние области каде што може да се постигне напредок и реализација на нив и да се има јасна карта со насоки за решавање на отворените прашања. Сепак постојат голем број на забелешки што ќе ја направат СТО уште поколективна, а членовите за таа цел мораат да ги преземат следните чекори :

11

Page 12: Меѓународна трговија семинарска

Првиот е реафирмација на нивната цел. Развојот мора да остане во центарот на нивната работа. Користење на трговијата како платформа за промоција на поголем одржлив развој, намалување на сиромаштијата и подобра интеграција на земјите во развој. За земјите во развој ова треба да биде со помалку исклучоци, и повеќе обезбедени средства искористени во економскиот раст и развој. Закотвување помош за трговија на мултилатерален план ќе помогне да се постигне ова.

Во рамките на нашите достигнувања мора да го има духот на компромисот. Флексибилноста не значи слабост, наспроти тоа покажува лидерство и поддршка на глобален план за запечатување на договори. Истовремено, почитувајќи едно претпријатие, се прават поголеми чекори за напредок, како што е неодамнешниот напредок во преговорите за јавни набавки. Намалување на тарифите, субвенции, подобрување на процесот на трошење и водење на бизнис олеснувања, проширување на можности и многу други прашања и понатаму се релевантни денес.

Трето, политичкото раководство е важен елемент. Трговските договори се договараат во Женева, но се спроведуваат дома. А процесот на континуирана едукација и информации за влијанијата и придобивките од трговските договори е потребно.

Четврто, глобалниот трговски систем треба да се прошири со неговите надлежности. Нивното внимание треба да се сврти кон не тарифните бариери и регулационата средина на трговијата. Меѓународните стандарди се неопходни инструменти за промоција на безбедноста и генерирање на ефикасноста, но со растечко зголемување на бројот на стандарди, постои потенцијал за загуба во трговијата, особено во бизнис заедницата. Ова прашање исто така беше истакнато во СТО- Извештајот за 2011 година.

Петто, што за „нови прашања“ и нивното влијание врз трговските политики на земјите? Како овие можат да се решат според правилата на СТО? Тука треба да се осврнат кон политиката на девизниот курс, климатските промени на политиките, грижата за животната средина, безбедноста на храната. Немајќи усогласување на правилата и дисциплините на новата трговска реалност, ефикасноста на системот е со ризик да биде уништена.

4.1. Помош за трговија

За жал, историски, не сите земји биле во можност да имаат корист од овие можности кои меѓународната трговија ги обезбедува. Помош за трговија на СТО беше лансиран на преговорите во 2005 година за да им помогне на земјите во

12

Page 13: Меѓународна трговија семинарска

развој, особено на најмалку развиените земји, за да имплементираат инфраструктура и да имаа корист од СТО договорите.Една од клучните функции на помошта за Трговската иницијатива е да се дејствува како мост меѓу понудата и побарувачката кои се тесно поврзани со меѓународната размена. Улогата на СТО е да се постави центарот на вниманието и да се надгледува како помош за трговија се спроведува. Глобалниот осврт е фокусна точка и се лансираше во 2005 година.Фокусот беше ставен на влијанија и резултати- потребата да се покаже како помошта за трговијата работи и подобро се промовира растот и развојот на земјите и намалување на сиромаштијата. А програмата за работа за следната цел на СТО која се случи со Женева, предвидува земјите членки да се фокусираат на продлабочување на помошта за трговија и другите секторски политики каде што таа е важна компонента.

ЗаклучокПовеќето од стоките кои што ги купуваме, сервисите кои што ги користиме и

храната што ја употребуваме зависат од странската трговија, од странските маркети. Пазарот и меѓународната трговијата ни ги обогатуваат нашите животи

13

Page 14: Меѓународна трговија семинарска

преку големиот избор на различни производи и услуги, не запознаваат со новитетите, не приближуваат до нови идеи и различни култури.

Во оваа семинарска задача ве запознавме со тоа што претставува Светската Трговска Организација (WORLD TRADE ORGANISATION – WTO) кое е нејзиното суштинско значење, зошто е таа всушност создадена. Задачата на СТО е да ги воспостави правилата и да ја чува и негува основата на комерцијалната активност како и сигурноста и безбедноста на потрошувачите. СТО е еднинствена интернационална организација која управува со глобалните трговски правила помеѓу сите нации во светот.

Светската трговска организација има голема улога во интернационалното стопанство. Таа овозможува услови за полесно воспоставување трговска комуникација и размена помеѓу земјите кои тргуваат меѓусебно. Светската трговска организација ги спроведува сите пропишани елементи за глобалното тргување преку своите основни функции и принципи. Токму затоа земјите членки имаат големи придобивки во тргувањето на меѓународен план, бидејќи таа е главно оружје за економскиот развој на секоја држава.

Користена литература

Вовед во јавна администрација, автори Џеј М. Шафриц, Е.В.Расел, Кристофер П.Борик

14

Page 15: Меѓународна трговија семинарска

Светска Трговска Организација, автори Мицоу Мацушита, Петрос Ц. Мавроидис

WWW.WTO.ORG

 

Земји членки Albania 8 September 2000Angola 23 November 1996

15

Page 16: Меѓународна трговија семинарска

Antigua and Barbuda 1 January 1995Argentina 1 January 1995Armenia 5 February 2003Australia 1 January 1995Austria 1 January 1995Bahrain, Kingdom of 1 January 1995Bangladesh 1 January 1995Barbados 1 January 1995Belgium 1 January 1995Belize 1 January 1995Benin 22 February 1996Bolivia, Plurinational State of 12 September 1995Botswana 31 May 1995 Brazil 1 January 1995Brunei Darussalam 1 January 1995Bulgaria 1 December 1996Burkina Faso 3 June 1995Burundi 23 July 1995Cambodia 13 October 2004Cameroon 13 December 1995Canada 1 January 1995Cape Verde 23 July 2008Central African Republic 31 May 1995Chad 19 October 1996Chile 1 January 1995China 11 December 2001Colombia 30 April 1995Congo 27 March 1997Costa Rica 1 January 1995Côte d'Ivoire 1 January 1995Croatia 30 November 2000Cuba 20 April 1995Cyprus 30 July 1995Czech Republic 1 January 1995Democratic Republic of the Congo 1 January 1997Denmark 1 January 1995Djibouti 31 May 1995Dominica 1 January 1995Dominican Republic 9 March 1995Ecuador 21 January 1996Egypt 30 June 1995El Salvador 7 May 1995Estonia 13 November 1999European Union (formerly European Communities) 1 January 1995 Fiji 14 January 1996Finland 1 January 1995France 1 January 1995Gabon 1 January 1995The Gambia 23 October 1996

16

Page 17: Меѓународна трговија семинарска

Georgia 14 June 2000Germany 1 January 1995Ghana 1 January 1995Greece 1 January 1995Grenada 22 February 1996Guatemala 21 July 1995Guinea 25 October 1995Guinea-Bissau 31 May 1995Guyana 1 January 1995Haiti 30 January 1996Honduras 1 January 1995Hong Kong, China 1 January 1995Hungary 1 January 1995Iceland 1 January 1995India 1 January 1995Indonesia 1 January 1995Ireland 1 January 1995Israel 21 April 1995Italy 1 January 1995Jamaica 9 March 1995Japan 1 January 1995Jordan 11 April 2000Kenya 1 January 1995Korea, Republic of 1 January 1995Kuwait, the State of 1 January 1995Kyrgyz Republic 20 December 1998Latvia 10 February 1999Lesotho 31 May 1995Liechtenstein 1 September 1995Lithuania 31 May 2001Luxembourg 1 January 1995Macao, China 1 January 1995Madagascar 17 November 1995Malawi 31 May 1995Malaysia 1 January 1995Maldives 31 May 1995Mali 31 May 1995Malta 1 January 1995Mauritania 31 May 1995Mauritius 1 January 1995Mexico 1 January 1995Moldova, Republic of 26 July 2001Mongolia 29 January 1997Morocco 1 January 1995Mozambique 26 August 1995Myanmar 1 January 1995Namibia 1 January 1995Nepal 23 April 2004Netherlands 1 January 1995

17

Page 18: Меѓународна трговија семинарска

New Zealand 1 January 1995Nicaragua 3 September 1995Niger 13 December 1996Nigeria 1 January 1995Norway 1 January 1995Oman 9 November 2000Pakistan 1 January 1995Panama 6 September 1997Papua New Guinea 9 June 1996Paraguay 1 January 1995Peru 1 January 1995Philippines 1 January 1995Poland 1 July 1995Portugal 1 January 1995Qatar 13 January 1996Romania 1 January 1995Rwanda 22 May 1996Saint Kitts and Nevis 21 February 1996Saint Lucia 1 January 1995Saint Vincent & the Grenadines 1 January 1995Saudi Arabia, Kingdom of 11 December 2005Senegal 1 January 1995Sierra Leone 23 July 1995Singapore 1 January 1995Slovak Republic 1 January 1995Slovenia 30 July 1995Solomon Islands 26 July 1996South Africa 1 January 1995Spain 1 January 1995Sri Lanka 1 January 1995Suriname 1 January 1995Swaziland 1 January 1995Sweden 1 January 1995Switzerland 1 July 1995Chinese Taipei 1 January 2002Tanzania 1 January 1995Thailand 1 January 1995The former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) 4 April 2003Togo 31 May 1995Tonga 27 July 2007Trinidad and Tobago 1 March 1995Tunisia 29 March 1995Turkey 26 March 1995Uganda 1 January 1995Ukraine 16 May 2008United Arab Emirates 10 April 1996United Kingdom 1 January 1995United States of America 1 January 1995Uruguay 1 January 1995

18

Page 19: Меѓународна трговија семинарска

Venezuela, Bolivarian Republic of 1 January 1995Viet Nam 11 January 2007Zambia 1 January 1995Zimbabwe 5 March 1995

19