21
Универзитет: "Св Климент Охридски" – Битола Правен факултет - Битола Семинарска работа Видови на недемократски политички режим Професор: Изработи: Д-р Дејан Витански Елена Цветановска,497/b

Семинарска по Вовед во право

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Семинарска по Вовед во право

Универзитет: "Св Климент Охридски" – БитолаПравен факултет - Битола

Семинарска работа

Видови на недемократски политички режим

Професор: Изработи:Д-р Дејан Витански Елена Цветановска,497/b

Битола, 2011 г.

Содржина:

1. Вовед ......................................................................................................................3

2. Автократија ..........................................................................................................4

3. Деспотија ...............................................................................................................5

4. Тиранија..................................................................................................................7

Page 2: Семинарска по Вовед во право

5. Европски тип на апсолутистичка монархија.............8

6. Диктатура........................................................................................9

7. Цезаризам, или бонапартизам.................................................................10

8. Тоталитарна демократија...........................................................................11

9. Аристократија...................................................12

10.Олигархија.....................................................................................13

11.Заклучок.............................................................15

12.Користена Литератур..........................................16

Вовед  Во групата на недемократски (апсолутистички) политички режим исе набројуваат: тиранијата, европскиот тип на апсолутиустичка монархија,диктатурата (која може да биде цезаристичка, односно бонапратистичка и тоталитарна), автократијата, деспотијата. Основно обележје на сите овие облици е што државата само привидно е поцврста и посилна, а, фактичкитаа само е поставена над општеството. Значи, самото опшество е надвор од државниот механиам и не располага со никаков облик на моќ, соопределена владеачка сила која би била во состојба да ја ограничи сеопфатната моќ на државата. Според  тоа,  како  што  погоре  е  споменато,  облик на  недемократскиполитички режими постои не само во автократијата, односно олигархијата, охлократијата  или  тиранијата  кои  традиционално  се

2

Page 3: Семинарска по Вовед во право

спомнуваат  како типични примери на таквата власт, туку може да постои и во монархијата, во  аристократи јата ,  па  дури  и  во  демократи јата .  За сите монархии, на пример,  е својствено монархот, повеќе или помалку, власта да ја дели соблагородништвото. Аритократијта, која според некои автори се смета како самостоен и правилендржавен облик,  речиси  секогаш се сретнува  во мешовитите политички режими и не се појавува како чист државен облик.

3

Page 4: Семинарска по Вовед во право

1. Автократија

Етимолошки, поимот автократија доаѓа од сложенката на старогрчките зборови

аигоs со значење сам, единствен и кратоs - владее, владеење, и значи некој

што сам по себе и за себе владее, владеење според сопствена мерка. Како

облик на апсолутистички политички режим, автократијата е типичен пример за

неограничена политичка власт во државата. Тука, владетелот како поединец ја

има сосредоточено во свои раце сета правно неограничена и нерегулирана

власт; значи, владее поединец - автократ. Според тоа, овој облик ги има сите

одлки на апсолутистичка власт, односно правна неограниченост и

нерегулираност на власта, арбитрарност, самоволност, насилништво.

Автократот владее според сопствена мерка, ги остварува своите лични

интереси, водејќи сметка единствено за тоа како да ја зачува и прошири

својата власт.

Вп модерната политичкаи државно-правна теорија, под поимот автократија,

пред се, се подразбираат класичните автократии или деспотиите и тираниите,

и нововековната европска апсолутистичка монархија, додека од крајот на ХVII-

от век па наваму, а осебно во ХХ-от век, вообичаен е изразот диктатура. Како

посебни видови диктатура се споменуваат: цезаризам, бонапартизам и

тоталитаризам. Во споменатава смисла, значајна е класификацијата на

политичките режими во рамките на марксистички насочената теоретска мисла

во која, врз основа на класно-социолошки мерила, тие се делат на демократија

и автократија. Притоа, автократијата повеќе или помалку се изед- начува со

диктатура како политичка власт на една класа и се зборува за диктатура на

буржоаската класа, односно диктатура на работничката класа во една држава.

Врз таа основа се изведува заклучок дека буржоаската демократија е само

формална зашто преку државата ги остварува единствено интересите на

малцинската, непроизводната и експлоататорската класа која е на власт и дека

таа, всушност е диктатура за мнозинската, производната и експлоатираната

работничка класа. Според нас, од причини кои веќе и досега во неколку

наврати ги изложивме, таквото гледиште е неприфатливо. Неприфатливо е и

поради тоа што формално декларираните (нај)демократски социјалистички

политички системи, фактички не обезбедуваа(т) никаков механизам за ограни-

4

Page 5: Семинарска по Вовед во право

чување на државната власт која, без исклучок, е трансмисија на волјата на

елитата на единствената владејачка политичка партија во овие системи. На тој

начин, наместо за демократски, за овие политички режими поправилно е да се

зборува како за системи на тоталитрна диктатура.

2. Деспотија

Зборот „деспотија," исто така, е старогрчки (деспотис) прво значел

господар на робови или слуги. Преку него уште понагласено отколку кај

тиранијата, доаѓа до израз безусловната и неприкосновена власт на

господарот над се онаа што го владее - имотот, животот, дури и мислењето на

поданиците. Деспотијата, како најстар и најчист облик на личната власт, е

израз со кој се означуваат, пред се, источните или азиските автократии во

Стариот век, макар што има обиди со овој поим да се означуваат и некои

современи политички облици. Најстарите облици на деспотска власт се

предодредени од основните животни услови и, пред се, од потребите за

изведување на обемните агротехнички мерки сврзани со наводнувањето на

големи пустински површини. За егзистенцијата на луѓето во тие поднебја,

масовниот присилен труд се јавува како безусловна неопходност. Навистина,

во Стар Египет масовен присилен труд се користи не само за изградба на

иригациони системи, туку и при изградбата на нецелесообразни објекти; на

пример, пирамиди, светилишта и друго, што не ја менува суштината на

употребата на ваков вид на труд.

Исто така, на овој степен на цивилизацискиот развиток не се прави

речиси никаква или сосема безначајна разлика меѓу приватно-правната и

јавно-правната сфера на општествениот живот, што е уште една причина за

безусловната власт на деспотот. Значи, не постоеле никакви правни или друг

вид на ограничувања за тој, деспотот да не располага со животот и имотот на

своите поданици.

Па сепак, и покрај таквиот статус на поданиците во овие деспотии, со нив

не се постапува како со робови во права смисла на зборот, што е случај во

европските робовладетелски држави. Секако, до ова доаѓа зашто

земјоделското производство е основно обележје на стопанскиот живот на

5

Page 6: Семинарска по Вовед во право

Исток кој, по својата суштина, повеќе се доближува до феудалниот отколку до

робовладетелскиот облик на политички систем што постои во Европа.

Витфогел," политичкиот систем со ваквиот начин на производство го

нарекува источен деспотизам, автократија чии суштински обележја се

централизирана бирократска администрација, непостоење на благородништво

и ропство во класична смисла на зборот, и зависна положба на групите кои се

занимаваат со трговија и стопански дејности. Земјоделието засновано врз

иригациони системи, контрожрано и одржувано од државата, се основните

обележја на општествената структура на овие деспотии.

За овие деспотии, значи, суштинско е отсуството на благородништвото како

посебен сталеж кое во европските држави, врз основа на сопствено стекнато

право, заедно со деспотот учествува во феудалната власт. Наместо врз

благородништвото, овие држави-царства се потпираат врз централизиран

бирократски апарат поставен врз патримонијална основа, слична на

поставеноста на државно-правниот поредок на подоцнежниот Отомански

султанат. Владетелите-деспоти во овие држави, истовремено ја имаат и

највисоката верска власт. Тие се сметани дури и за божества, а градењето на

нивниот углед е особена грижа на свештенството.

Големината на овие држави, од една страна, и потребата за

зацврстување на власта на деспотот, од друга страна, ја зацврстуваат ролјата

на воениот сталеж и на клерот и, поради нивните значајни функции, се двата

столба на власта; значи, на овие држави им даваат воено-политич- ко и

теократско суштинско обележје.

Од друга страна, второстепената положба на заедниците што се за-

нимаваат со трговија и занаетчиство сопира секаква појава и развиток на

конкурентска економска сила, односно на таканаречениот „трет сталеж една

од алките на доцниот феудализам во Европа, која би успеала да воспостави

определена рамнотежа во однос на неограничената политичка власт. Со

трговија, а особено со прекуморска трговска размена, вообичаено било да се

занимаваат самите деспоти, со што остварувале големи лични печалби.

Наклонетоста кон употреба на терор и на особено сурови методи на

казнување во функција на застрашување и спречување на буни или не- какви

политички барања е едно од основните обележја на деспотиите.

6

Page 7: Семинарска по Вовед во право

3. Тиранија

Тиранијата е облик на апсолутистички политички режим типичен за

хеленскиот свет кој, според своите суштински обележја, многу се доближува

до деспотијата на Исток. Тиранијата ја сретнуваме, како посебен државен

облик, уште во најстарите класификации на државните облици. Така, уште

Платон тиранијата ја определува како најлош државен облик, како

монократска власт на владетел кој злосторнички се однесува спрема луѓето,

особено спрема аристократијата. Кај старовековните, особено хеленските

филозофи, таа секогаш се определува како монархиска власт без закон, како

спротивност на наследниот облик на државно уредување. Имено, според нив,

додека монархијата дејствува во согласност со законите и интересите на

целата политичка заедница, полисот, тиранијата е облик во кој на власта се

доаѓа по нелегитимен пат, и се ползува за остварување на лични, егоистички

интереси. Разликата меѓу деспотијата и тиранијата произлегува од општес-

твената структура и видовите на политичка култура кои постојат во ста-

ровековните општества. Така, за разлжа од политичките заедници на Исток, во

хеленскиот свет ги сретнуваме и аристократијата и олигархијата или

плутократијата како сразмерно самостојни опшествени групи кои имаат

значително влијание врз политичката власт. Митологијата која особено тука е

изразена и присутна, ни оддалеку не го досега ниво то на верската свест и

практичното политичко влијание на верата во деспотиите. Сепак, во крајна

линија, разликите меѓу деспотијата и тиранијата повеќе се од квантитативна,

отколку од квалитативна природа. Во таа смисла, би можело да се рече дека

строгоста и ѕверствата со кои се остварува деспотската власт не се до тој

степен изразени кај тиранијата.

Заедничко обележје на деспотијата и тиранијата е тоа пгго и двата облжа

се потпираат на насилен, неполитички начин на владеење со постојано

заплашување на поданиците и со примена на терор и најсурови казни.

7

Page 8: Семинарска по Вовед во право

4. Европски тип на апсолутистичка монархија

Во Европа, апсолутистичката монархија се појавува во третата,

последната етапа на развитокот на феудализмот. Во овој облж на држава,

монархот сам или со определен круг на луѓе, ги извршува сите основни

функции на власт. Апсолутистичкиот монарх правно е неограничен; тој издава

закони и ги назначува органите на извршната власт. Апсолутистичката

монархија, во царска Русија позната под името самодржавие, е еден од

последните облици на класичен автократски политич- ки режим.

За да се направи разлжа меѓу овој и некои од претходните облици, во

политичката теорија апсолутистичката монархија понекогаш се озна- чува како

„нетоталитарна автократија" или „недеспотска автократија," а некои

теоретичари уште ја нарекуваат и „полициска држава."

Суштественото обележје на апсолутистичката монархија се состои во тоа

што во неа длабоко е пробиен т.н. „трет сталеж,"односно, буржоаскиот

елемент чиј авторитет и углед, за сметка на благородничкиот и свештенскиот,

постојано расте. Во таквата особена историска состојба кога буржоазијата се

уште не е доволно силна самата да ја презе- ме политичката власт, а

благородништвото и натаму жилаво и упорно се бори да ја зачува за себе, се

јавува можноста монархот доволно да се осамостои во однос на овие две

општествени структури и да ја зацврсти својата власт, користејќи го нивното

заемно непријателство и спротивставеност.

Осамостојувањето на апсолутистичката монархија го засилува и се

поголемата општествено-економска потреба од централизација и

стабилизација на државно-правниот простор. Новиот напреден, буржоаски

начин на стопанисување со пазарна насоченост бара голема и неомеѓена

територија без многубројни такси и давачки бара модерна бирократска управа

која ќе одлучува според однапред познати правни правила со единствена

државна, но не и арбитрарна власт. Значи, како што ќе видиме понатаму,

темелите на нововековната правна држава, всушност, се поставуваат во

рамките на апсолутистичката монархија. Во оваа држава, зголемената

економска моќ на граѓанството (буржоазијата), односно производната класа,

од оваа полициска држава бара бирократски стручно оспособен државен

апарат кој, низ соодветни правни правила, ќе ја штити и ќе ја обезбедува

8

Page 9: Семинарска по Вовед во право

приватната сопственост заедно со другите неполитички права на поданиците;

неме- шањето во политичкиот живот на граѓанинот му обезбедува имотна и

лична сигурност. Од друга страна, постоењето на една слободна општествена

сфера, економијата, без секојдневното нестручно мешање на државната власт

обезбедува полет на претприемништвото и слободната иницијатива на секој

поединец. Токму во ова, односно во обезбедување- то на таков статус на

поданикот/граѓанин, се состои клучната разлика меѓу европската

апсолутистичка монархија, од една страна, и деспотијата и тиранијата, од

друга страна.

За апсолутистичката монархија од европски тип, значи, во никој случај не можеме да

зборуваме како за самоволна, арбитрарна и случајно никната власт. Таа, од една страна, е

израз на воспоставувањето на институционални услови за развиток на буржоаското

општество и, од друга страна, е обид на благородништвото подолго да го задржи во свои раце

владеењето со државата, преку воспоставување силна власт.

5. Диктатура

Зборот диктатура потекнува од римската правна традиција. Во својата

првобитна верзија, некаде од Ш-от век п.н.е, до појавата на приниципатот во

Римската империја, диктатурата означува посебен вид на институција со

диктаторски овластувања кои римскиот магистрат ги добива со јасно

назначување на обемот и времетраењето, а чија цел е одбрана на земјата од

надворешни непријатели, внатрешни буни и востанија. Диктаторските

овластувања на конзулот, доделени на пред- лог на сенатот во Рим,

претставуваат правна институција слична на денешната правна институција -

вонредна состојба. Диктатурата, која на почетокот имала определено

времетраење, односно шест месеци, со назначувањето на Гај Јулиј Цезар за

доживотен диктатор, суштински ја менува својата природа: покрај

непроменливоста на диктаторот, таа добива и обележје на неограничена

власт.

Денес, поимот диктатура се повеќе се заменува со поимот автократија, а

често се употребува и како синоним за поимите тиранија и деспотија, како и за

означување на диктатурите на одделни општествени групи или организации;

на пример, власт на воена хунта, власт на партијата во државите со

еднопартиски политички систем и други. Изедначувањето во значењето на

9

Page 10: Семинарска по Вовед во право

поимите диктатура и автократија не може да се прифати од причина што

поимот диктатура е поширок поим: со него, покрај означувањето на видот на

политичкиот режим, се кажува и начинот на кој таа власт се извршува, односно

неограничено.

Современата политичка теорија поимот диктатура го врзува, по правило,

за власта на поединец или одделна огпптествена група до која се доаѓа по

нелегитимен пат, на пример, со државен удар, пуч; или, пак, на начин со кој е

повредена процедурата предвидена со највисоките правни акти во државата.

Овој недостаток, немањето легитимитет, современите джтатури се обидуваат

на различни начини дополнително да го добијат и да се прикажат како

демократски облик на политички режим. Диктатурата на нашата епоха се

појавуват во два политички облика: цезаризам и тоталитарна диктатура.

6. Цезаризам, или бонапартизам

Во поновата историја за пример на таков вид на диктатура се зема власта

на Наполеон Бонапарта, по неговото крунисување за цар на Франција.

Цезаризмот од овој вид се одликува со силно нагласена лична власт на

диктаторот и, истовремено, со обид на својата власт преку плебисци- тарно

изјаснување на народот да и се даде демократска легитимација. Таквиот

начин на устоличување на власт во историски решавачки мигови ја подгрева

илузијата на широките народни маси за нивната важност и учество во тие

настани, од една страна, но и убедувањето на харизматските историски

водачи за непотребноста и излишноста од пос- тоењето на какви било

посредници, односно институции за политичко посредување, меѓу водачот-

демагог и неговиот „сопствен" народ.

Сушноста на овој вид на джтатура се состои во непостоењето или

недоизграденото граѓанско, цивилно ошптество и во недостатокот на

институционализираните облици на политичко дејствување и ограничувањето

на политичката власт на квазидемократските, односно, самопрогласените

цезари кои, во основа, владеат со примена на гола сила и терор.

10

Page 11: Семинарска по Вовед во право

7.Тоталитарна демократија

Етимолошкото значење на овој поим доаѓа од латинскиот збор totus , со

значење цел, целосен. Тоталитарната, тоталитаристичката или тоталната

диктатура означува диктатура која, според степенот на над- моќта и

сеопфатноста во контролата што се воспоставува над општеството, го

доведува општеството до состојба на целосно потчинување на државата.

Денес под овој поим се подразбираат тоталните партиско-идеолошки

диктатури на ХХ-от век и тоа, пред се, фашистичката, нацистичката и

сталинистичката диктатура.

Фашизмот и нацизмот, како идеологии на најекстремните ситно-

буржоаски и лумпенпролетерски елементи, поимот тоталитарна држава го

употребувале во афирмативна смисла, подразбирајќи под тоа органско

единство меѓу народот и државата. Потпирајќи се на некои тези на

неохегелијанството, фашистичката теорија за државата смета дека др- жавата

е институција преку која се остварува моралната идеја. Според оваа теорија,

се е дадено во државата, ништо не треба да е против државата, ништо без

државата. Тоа е основата за настанокот на тезата за тоталитарната држава.

За разлика од поранешните диктатури, современата тоталитарна

диктатура се одликува со:

1) постоење на една и единствена идеологизирана политичка партија на чие

чело стои неприкосновениот водач, на пример, дуче, фирер, каудиљо;

2) идеологија како основен двигател на политиката. Тука држав- ната

идеологија е официјален толкувач на вистината. Нејзин основен постулат е

целосна критика на се што претходно постоело и на основата на таквиот

нихилизам и целосната промена на психологијата на човекот да се направи

сеопфатна реконструкција на општеството. По својата суштина, оваа

идеологија е многу блиска до христијанското откровение;

3) потчинетост на правниот поредок на политичката идеологија,

4) цел државата да ја оствари политичката идеологија и за себе да го

обезбеди монополотна средства за принуда и убедување, а пред се, медиумскиот

информативен простор,;

11

Page 12: Семинарска по Вовед во право

5) покрај монополот на политичката и идеолошко-духовната власт,

владејачката партија преку државата ГО има и монополот на економ- ската моќ, така

што поголемиот дел на економските активности непосредно им се потчинети

на државата;

6)растворување и разорување на Граѓанското општество или кој било друг

облик на моќ што би постоел наспроти државата. Ваквата состојба е резултат

од конфузијата на политичката, идеолошко-духовната и економската моќ

сосредоточена во тоталитарната држава, односно, во рацете на партискиот

водач, со што се бришат и се поништуваат границите меѓу општеството и

државата. Општеството тоа е државата (ток- му така/). Тука, наместо

спротивноста или спротивставувањето меѓу оп- штеството и државата, однос

воспоставен врз основа на либералната теорија за државата од ХIХ-от век,

настапува период на нивно срамнување со недозволеното проширување на

моќта и надлежностите на државата;

7) разорувањето на сите облици на автономна моќ и плурализам во

општеството кое доведува до воспоставување на централна мегахиерархија

која го опфаќа целото ошптество на чело со единствената политичка партија и

нејзиното раководство.

8. Аристократија

Зборот аристократија потекнува од старогрчкиот јазик, аристикратија што

во буквален превод значи власт на најдобрите, благородните. Според Платон,

Аристотел и други филозофи во Стариот век, разумското и етичкото

оправдување на власта на оваа мала и одбрана група луѓе се темели на

нивните доблести со нагласени умствени, морални и управувач- ки вредности.

Тогашната политичка мисла прави јасна разлика меѓу поимите

{аристократеос) и (еупатридес). Имено, со првиот поим - аристократија - се

означува политичкиот облик во кој владеат луѓе со определени доблести,

додека со вториот поим, луѓето со благородно потекло, односно, социјалниот

слој на древната родовска аристократија. Значи, во пожтиката на полисот,

градот/држава, својството аристократ не се добива со раѓање, туку според

определени квалитети и доблести.

12

Page 13: Семинарска по Вовед во право

Во периодот на феудализмот доаѓа до промена во сфаќањето на

аристократијата како политички облж на владеење. Имено, тука, над- владува

сфаќањето дека аристократијата е правно и политички гарантирана наследна

власт на владејачкиот слој, благородништвото, која, се пренесува од колено

на колено; или, поимот аристократија се користи како синоним за означување

на благородничкиот сталеж.

Аристократијата, како посебен политички облж на владеење, се појавува

ретко и само по исклучок. По правило, постои во рамките на си- те облици на

монархијата, со поголемо или помало учество во извршува- њето на власта.

Особено ја сретнуваме во сите облици на монархиско владеење во рамките на

европскиот феудализам. Ова не важи единстве- но за деспотиите на Исток во

кои наместо аристократијата, ролјата на управувачки слој ја има

патримонијалната бирократија.

Власта на аристократијата, сама или во определен монархиски облик има

својство на апсолутистичка власт. Ова произлегува од фактот што и

аристократијата како и монархот во сите предмодерни држави во

извршувањето на власта не се ограничени ни од невладејачки сили, кои не

постојат, ни од народните маси. Во однос на последниве, и аристократското

благородништво како и монархот, имаат сталешко, политичко и правно емство

за монополистичко владеење. Што се однесува до вертжалната социјална

подвижност и мешањето на пониските и обесправените сталежи со првенците,

тоа речиси и не постои. Единствено ограничување на аристократијата во

извршувањето на власта постои тогаш кога владетелот, монархот, внатре во

владејачките сили кои, исто така, имаат сопствено право на владејачки

сталеж, на тоа биде принуден.

9. Олигархија

Етимолошкото значење на поимот олигархија доаѓа, исто така, од

хеленската терминологија со значење малку, малкумина, неколку (на

старогрчки Олигос). Оттука, од самата терминолошка конструкција на поимите

аристократија и олигархија произлегува и нивната основна разлжа. Имено,

тогашните филозофи употребувајќи го поимот аристократија не определувале

квантитативно, туку квалитативно својство на управувачите - нивните морални

13

Page 14: Семинарска по Вовед во право

квалитети и други доблести поради што овој облж и го сметале за правилен

државен облик.

Сосема спротивен е случајот со олигархијата преку која најпрвин се извршува

определена квантификација (малцинство луѓе) и, потоа, определба на таквата

група луѓе не врз основа на доблестите, туку според богатството. Оттука, во

рамките на класичните трихотомни поделби на облиците на државите,

олигархијата се претставува како неправилен државен облик што настанува со

скршнување од аристократијата. Во олигархијата на власт не се најмудрите,

најблагородните, најдоблесните, туку малцинството на богатници, пред се,

трговци и лихвари.

Меѓутоа, и овој израз, како и аристократија, во современата поли- тичка

наука добива друго значење. Така, на пример, според еден од нај- познатите

претставници на теоријата на конзервативниот елитизам, Роберт Михелс,

поимот олигархија се сврзува за мала група луѓе која ја владее некоја

политичка организација, на пример, држава, партија, синдикат. На тој начин,

власта на олигархијата се поврзува со владеењето на тесна Група луѓе во

општеството, наспроти изразот аристократија (благородништво) кој означува

дека на власт е одбран општествен слој, сталеж:

Ако се прифати ваквото квантитативно разликување меѓу помите

аристократија и олигархија, тогаш според зборовите на д-р Лукиќ и д-р

Живковиќ, наместо за трихотомна, во поново време, би можеле да зборува- ме

за тетратомна класификација на државните облици која би ги опфаќала

следниве начела: 1) монархиското, автократското начело, шш власт на пое-

динец; 2) олигархиското начело, или власт на одбрана тесна политичка група; 3)

аристократското начело, или владеење на еден општествен слој, и 4)

демократското начело, или власт на мнозинството на народот.

Олигархијата ја сретнуваме во различни епохи и услови на владеење. Во

Стариот век, под олигархија се подразбира власт на најбогатите; ја

сретнуваме и во феудалниот град/република; или, денес, кога на власт е

воена хунта или, пак, владејачка елита која спроведува политичка диктатура

во рамките на некоја политичка партија.

14

Page 15: Семинарска по Вовед во право

Заклучок:

Од оваа семинарска м ожеме  да   заклучиме   дека

недемократските   политички  режими не  е правилиен избор за

водењето на една земја. Нормално има некои случаи кога

монархијата се покажувала како правилени збор,но што се случува

кога  станува  збор  за  диктатура ,   тирани ја?  Луѓето   страдаат ,

гладуваат , умираат   поради  нечии   каприци.

Но  сепак  добро  е  што   постоеле  ваквиполитички режими низ

историјата затоа што историјата сака да ни покажекако не треба да се

води една земја.

15

Page 16: Семинарска по Вовед во право

Користена литература: Вовед во правото-држава од Димитар Бајалџиев

16