28
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 93, април-мај 2009 Д Д е е н н о о в в и и н н а а о о б б р р а а з з о о в в а а н н и и е е и и к к а а р р и и е е р р а а 2 2 0 0 0 0 9 9

Univerzitetski vesnik br. 93

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 93, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 93

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 93, април-мај 2009

ДДееннооввии ннаа ооббрраа ззооввааннииее ии ккааррииеерраа 22 00 00 99

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 93

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникПроф. д-р Велимир СтојковскиЗаменик главен и одговорен уредник

М-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав Башевски

Лектор Весна И. Цветановска

Техничко уредување Горан Муратовски

• СИМБОЛ НА ЕДИНСТВОТО НА УНИВЕРЗИТЕТОТ И ХОЛИСТИЧКАТА ПРИРОДА НА ЗНАЕЊЕТО

• содржина на Меморандумот

• ЕРАЗМУС-програма за мобилност

• ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

• МАКЕДОНСКИ НАУЧНИЦИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РУСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ ВО МОСКВА

• Curriculum vitae• ПРИОРИТЕТ - ОТВОРАЊЕ

КОМПАТИБИЛНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

• СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА ВРВНА СТОМАТОЛОШКА ЗАШТИТА

• ПОЧИТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

• СПОРТСКА САЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА

...................... 2

..................... 5

............ 6

..................... 9

................................................. 10

....................................... 12

............................................. 14

................ 17

.......................................... 21

.................... 26

Денови на образование и кариера 2009

СИМБОЛ НА ЕДИНСТВОТО НА УНИВЕРЗИТЕТОТ И ХОЛИСТИЧКАТА ПРИРОДА НА ЗНАЕЊЕТО

На 8 април започнаa 12. по ред Денови на образование и кариера, кои паралелно се одр-жуваат со 21. издание на Меѓународниот саем на книга, либрографика и бироматеријали во Метрополис арената. Годинашните манифеста-ции свечено ги отвори г. Никола Груевски, претседател на Владата на РМ. На отворањето присуствуваа и проф. д-р Георги Старделов, претседател на МАНУ, г-ѓа Елизабета Канчес-ка–Милевска, министер за култура, г. Перо Стојановски, министер за образование и наука, проф. д-р Елена Думова–Јованоска, проректор за настава и проф. д-р Коле Василевски, про-ректор за наука, како и академици, декани и продекани на факултетите, директори на науч-ните институти, студенти, вработени на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставници на други домашни и странски универзитети и други.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава се претстави во четвртата саемска хала, со сите 21 факултет. Штандот на Универзитетот годинава беше сосема пораз-лично концепциски дизајниран, во духот на вистински интегриран и отворен универзитет.

Просторното - визуелно претставување на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Дено-ви на образование и кариера 2009 имаше за главна цел да го симболизира единството на Универзитетот од една, и холистичката приро-да на знаењето кое како такво го дава, од друга страна. Во таа смисла, примарната структура е

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 93

3

круг, кој понатаму е опросторен во цилиндер. Во хоризонталната рамнина на перцепција кру-гот обединува, а во вертикалната, која е отворе-на, упатува на возвишеноста - онтологијата, отвореноста на знаењето. Секундарни елементи на структурата се вертикални монолити со спе-цифична боја, идентитет, кои симболизирајќи специфична точка на гледање кон единственос-та на знаењето ги претставуваат поединечните факултети. Сите елементи заедно, сите поеди-нечни бои заедно, обединети и во континуитет ја создаваат бојата на светлината, а светлината е знаењето. Автори на овој впечатлив проект од Архитектонскиот факултет се: Наташа Мило-ванчев, Александар Радевски и Митко Хаџи Пуља.

Штандот на Универзитетот го посетија идни-от претстедател на Република Македонија г. Ѓор-ге Иванов, премиерот г. Никола Груевски и министрите г-ѓа Елизабета Канческа–Милев-ска и г. Перо Стојановски. Особено внимание

предизвикаа роботите на Факултетот за електро-техника и информациски технологии, конструи-рани од студентите кои ја освоија годинашната награда на натпреварот по роботика на Факул-тетот - RoboMAC.

Саемската манифестација беше уште една можност заинтересираните посетители поблиску да се запознаат со факултетите и со широката лепеза студис-ки програми и профили на Универзитетот.

Оваа година се органи-зираше и програмски дел на саемско издание поместен во дефинираните простори на 2А-халата.

На отворањето на 8 ап-рил 2009 година, со почеток во 12,00 часот, се одржа концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На кон-цертот се претставија студен-тите од студиските програми по соло-пеење, дувачки ин-струменти, жичени инстру-менти, удирачки инструмен-

ти и етномузикологија. На концертот присус-твуваше и г. Перо Стојановски, министер за образование и наука. На 9 април 2009 година, со почеток во 16,00 часот, се одржа ораторско претставување на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“, а на 10 април 2009 година, со почеток во 17,00 часот, настапија студентите од Факултетот за драмски уметности.

Во рамките на претставувањето на Денови на образование и кариера 2009, Министерство-то за образование и наука организираше некол-ку работилници и дебати посветени на актуел-ни теми, како што се воведувањето на третиот циклус студии и мобилноста на студентите и академскиот кадар. Претставници на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје активно учествуваа на работилниците и дебатите.

Манифестацијата Денови на образование и кариера, која во последниве години ја органи-зира Скопски саем, кадешто на едно место учествуваат акредитираните високообразовни институции во Република Македонија, како и странски институции, наменета e пред сѐ за средношколците од четврта година, матуран-тите и идните студенти, со цел тие најизворно да се запознаат со понудата на универзитетите и високообразовните институции, за студиски-те програми што тие ги организираат и за про-филите на кадри кои ги создаваат. Ова е од особено значење за запознавање и за правилно насочување на младите луѓе кои имаат интерес за современо, квалитетно образование и струч-но усовршување.

Во тој контекст, очигледно е дека терминот на одржување на оваа манифестација е несоод-ветен и задоцнет и тој треба да се сообрази со термините поврзани со државната матура. Манифестација Денови на образование и кари-ера треба да се одржува независно од Меѓуна-родниот саем на книга, либрографика и биро-материјали. Имено, најпогоден период за прет-ставувaње од ваков вид би бил во месец ноември, бидејќи средошколците - матуранти до крајот на декември треба да го извршат изборот на предметите од државната матура од

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 93

4

листата на екстерните и интерните предмети потребни за упис на универзитетите и да ја изберат темата на проектната задача.

Со претставувањето на понудата на студиски прогрaми во месец ноември ќе може во вистин-ски момент да се насочат и информираат идните студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а со тоа ќе се олесни изборот на факултетот и на студиите кои ќе го трасираат нивниот иден работен живот. Токму затоа, единиците - факултетите на Универзите-тот самостојно организираат отворени денови за средношколците пред одржувањето на саем-ските манифестации.

Оттаму, општа е оцената дека и годинашни-от саем не беше успешно организиран од стра-на на Скопски саем. Малиот број на посетители зборува за недоволно ангажирање на организи-рани посети од страна на училиштата, за неусогласеност на терминот на неговото одржу-

вање и за ненавременото информирање на средношколската популација. Ова е особено важно ако се има предвид дека учеството на оваа манифестација е финансиски покриено од универзитетите и од самите високообразовни институции. И годинашното искуство упатува на потребата од изнаоѓање и организирање други форми на промовирање на Универзи-тетот и факултетите пред средношколската јав-ност.

Во денешниов миг на постојано зголему-вање на конкуренцијата на пазарот на високото образование во Република Македонија, јасна е определбата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, активно и масовно да се вклучува во манифестации од ваков вид, да организира презентации на иновираните студиски програми, да отвора нови видови студии и профили во правец на единствениот европски високообразовен простор.

На 15 април о.г., Министерството за здравство на РМ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа минис-терот за здравство на РМ г. Бујар Османи и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски.

Потпишувањето на овој Меморандум за соработка значи имплементација на Законот за високото образование и Законот за здравствена заштита според кои Медицинскиот и Стома-толошкиот факултет при УКИМ и универзитетските клиники ќе склучат спогодби за уредување на меѓусебните односи во вршењето на образовната, научноистражувачката и здравствената дејност како функционална целина.

На церемонијата на потпишувањето на Меморандумот за соработка присуствуваа чле-новите на Ректорската управа, директорите на универзитетските клиники, други членови на академската заедница како и претставници на средствата за јавно информирање. Свеченото потпишување се одржа на УКИМ.

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 93

5

МЕМОРАНДУМпомеѓу

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОи

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 93

6

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ доби Еразмус-универзитетски чартер (Erasmus Uni-versity Charter - 255216 - IC - 1 - 2009 - 1 -MK - ERASMUS - EUC - 1), издаден од Извршната агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура (Education, Audiovisual and Culture Executive Agency) на Европската коми-сија, со што ќе се создаде можност за учество во активностите во рамките на програмата „Дожи-вотно учење” на Европската унија.

Цели на програмата „Доживотно учење“ – Life Long Learning

Програмата „Доживотно учење“ се состои од четири секторски програми, а секоја опфаќа различни области на образование и обука:• Erasmus - за високо образование;• Comenius - за основно и средно образова-

ние;• Leonardo da Vinci - за стручно образова-

ние и обуки;• Grundtvig - за образование за возрасни.

Цели на програмата „Еразмус“

Европската комисија ја започна програмата „Еразмус” во 1987 година, и оттогаш повеќе од 1,5 милиони студенти и професори учествувале во Еразмус-размени. Името „Еразмус“ е акро-ним од “European Region Action Scheme for the Mobility of University Students”, а програмата се дефинира како програма која ја поттикнува мобилноста на студентите и на наставните кадри, како и соработка која вклучува европски високообразовни институции и други клучни актери на пазарот базиран на знаење.

Програмата „Еразмус“ е двигател на модер-низацијата на високото образование во Европа и инспиратор во воспоставувањето на болоњ-скиот процес. Генералната цел на програмата е креирање на European Higher Education Area и промовирање на иновативност во Европа.

Оперативни цели на програмата „Еразмус“ се:• зголемување на мобилноста на студенти и

наставен кадар на 3 милиони мобилности до 2012 година;

• зголемување на можностите за развој и трансфер на иновации во високото образо-вание;

• јакнење на соработката меѓу високообразов-ните институции во Европа;

• јакнење на соработката меѓу владиниот и образовниот сектор;

• зголемување на прегледноста и компати-билноста на квалификациите во високооб-разовните институции;

• развој на иновативни содржини кои се темелат на информациско-комуникациски технологии, развој на услуги, педагошки начела и пристапи важни за доживотно учење.

Академската мобилност, како дел од програ-мата „Еразмус”, им овозможува на студентите и на наставниот кадар размена на можности за студирање, работа и живот во различни академ-ски, културни и општествени околности. Како резултат на тоа, тие ги зголемуваат своите мож-ности за вработување, т.е. ја зголемуваат конку-рентноста на пазарот, се зајакнува општестве-ната свест на поединците и се зголемува прагот на толеранција, како и свеста за потребата за борба против сите видови на дискриминација.

Надлежности на Националната агенција

Националната агенција за европски образов-ни програми и мобилност (преку секторот за терцијарно образование) е овластена за адми-нистрирање на следниве Еразмус-акции:• мобилност на студенти (за студирање или

за стажирање), мобилност на универзитет-ски наставен кадар (за наставни ангажмани и за обуки) и мобилност на администрати-вен персонал за обуки;

• интензивни програми;• интензивни јазични курсеви;• организација на мобилноста;• подготвителни посети.

Централизираните Еразмус-акции се во над-лежност на Извршната агенција за образова-ние, аудиовизуелни политики и култура во Бри-сел, и тие вклучуваат:• мултилатерални проекти - развој на кури-

кулуми, виртуелни кампуси, модернизаци-ја на институции и соработка универзитети-стопанство;

• мрежи;• придружни мерки.

Еразмус-координатор

Секоја високообразовна институција мора да назначи Еразмус-координатор, кој ќе биде одговорен за комуникација со Националната агенција, како и со претставници на својата институција, со цел успешно и правилно спро-ведување на програмата „Еразмус“. Еразмус-координаторот треба да биде член на админи-

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ДОБИ ЕРАЗМУС-УНИВЕРЗИТЕТСКИ ЧАРТЕР

ЕРАЗМУС-програма за мобилност

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 93

7

стративниот персонал, кој ќе има овластување да известува и да обезбедува информации по барање на Националната агенција.

Во согласност со прописите, координатор за програмата „Еразмус“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде Одделението за меѓу-народна соработка.

Еразмус-универзитетски чартер

Еразмус-универзитетскиот чартер е пишан документ што го издава Извршната агенција за образование, аудиовизуелни политики и кул-тура, а ги опишува минималните барања кои високообразовните институции треба да ги исполнат за да можат да се вклучат во сите активности во рамките на програмата „Ераз-мус“.

Чартерот гарантира високо ниво на квалитет во мобилноста и соработката преку одредување на фундаменталните принципи и условите и регулативите кои високообразовните институ-ции што учествуваат во програмата мора да ги почитуваат и применуваат за сите Еразмус-акции. Универзитетскиот чартер се состои од два дела: првиот, формален дел, содржи пра-шања за бројот на студенти при универзитетот, персонал, факултети и насоки, курсеви итн., и втор дел, Erasmus Policy Statement, наративен дел, во кој високообразовните институции тре-ба да докажат дека се способни да примаат и да испраќаат студенти и вработени на мобилности во странство. Чартерот се доделува за една годи-на или за целото траење на програмата, т.е. до 2013 година и може да се одземе во случај на сериозно прекршување на одредбите.

Успешните институции-апликанти добиваат Еразмус-универзитетски чартер потпишан од

Европската комисија. Досега повеќе од 2000 високообразовни институции од Европа имаат добиено Еразмус-универзитетски чартер.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ доби универзитетски чартер, кој е наменет за високо-образовни институции што аплицираат за учес-тво во студиски престои опфатени со оваа про-грама. Програмите за мобилност се клучен сегмент во развојот на квалитетот на студиски-те програми и идното вработување на дипломи-раните студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се тесно поврзани со имплемен-тацијата на реформите од болоњскиот процес, европските образовни стандарди, европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) и воведување-то на прилог кон дипломата (Diploma Supple-ment) до крајот на 2010 година.

Согласно со обврските од чартерот, Уни-верзитетот ќе ги насочува и упатува студентите во активностите од програмата за размена. На студентите на размена, за време на нивниот престој, ќе им се назначи академски тутор, кој ќе биде одговорен за нивните академски пос-тигнувања. За полесно интегрирање во општес-твениот живот е достапен координаторот, одго-ворен за меѓународните студенти при Студент-скиот сојуз. Универзитетот ќе им овозможи на сите студенти-учесници во размената пристап до информации преку известувања и преку универзитетската интернет-страница, која нуди опис на наставата и модулите, информации за капацитетите на Универзитетот, сместувањето и јавниот превоз. На Универзитетот ќе се орга-низираат јазични курсеви по македонски јазик за академскиот кадар и студентите кои доаѓаат од странство.

Денес, на 11 мај 2009 година, проф. д-р Вели-мир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македо-нија, проф. д-р Пламен Легкоступ, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Вели-ко Трново, Република Бугарија и проф. д-р Еду-ард Костолански, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Република Словач-ка, го потпишаа овој Протокол во знак на наме-ра да ги постават темелите за создавање на Асо-цијација на универзитети кои го носат името на

светите браќа Кирил и Методиј. Основната цел на Протоколот е развивање на научната, кул-турната и образовната соработка меѓу универ-зитетите кои се членки на Асоцијацијата, како и други институции, со цел да се зголеми уло-гата на науката и образованието во севкупниот општествен живот во секоја од земјите.

Протоколот е потпишан на англиски јазик, како и на официјалните јазици на соодветните земји.

ПРОТОКОЛ ЗА НАМЕРА

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Велико Трново

ППрроофф.. дд--рр ПП.. ЛЛееггккооссттуупп

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

ППрроофф.. дд--рр ВВ.. ССттоојјккооввссккии

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Трнава

ППрроофф.. дд--рр ЕЕ.. ККооссттооллааннссккии

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 93

8

ММЕЕММООРРААННДДУУММ ЗЗАА РРААЗЗББИИРРААЊЊЕЕ

меѓу

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ,МАКЕДОНИЈА

и УНИВЕРЗИТЕТОТ „ТАРАС ШЕВЧЕНКО” ВО КИЕВ,

УКРАИНА

Април 2009

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 93

9

ВВоо ооррггааннииззаацциијјаа ннаа ЕЕввррооппссккииоотт ииннффооррммааттииввеенн ии ииннооввааттииввеенн ццееннттаарр ввоо ММааккееддоонниијјааии ЕЕввррооппссккааттаа ббииззнниисс--аассооцциијјаацциијјаа

Европска недела на мали и средни претпријатија

Европскиот информативен и иновативен цен-тар во Македонија (ЕИИЦМ), проект финанси-ран од Европската комисија и Владата на Р. Ма-кедонија, а координиран од страна на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Европската бизнис-асоцијација (ЕБА), ја организираше Првата европска неде-ла за малите и средните претпријатија на нацио-нално рамниште. Оваа манифестација, која за првпат се одржа од 6 до 14 мај о.г., и тоа низ цела Европа, е конципирана како кампања која има цел да го промовира претприемништвото, во смисла на презентација на сите располож-ливи информации, советувања, поддршки, како и идеи, кои би овозможиле развиток на севкуп-ните активности на малите и средните претпри-јатија.

Првата европска недела на мали и средни претпријатија во Македонија се одржа во Бито-ла на 6 мај, и во Скопје на 8 мај. На церемони-јата на отворање на сесијата во Битола со нас-лов „Приказни од Пелагонија – рурален тури-зам“, поздравни обраќања имаа Н.Е. Ерван Фуере, шеф на делегацијата на Европската коми-сија во РМ, Димитар Ристовски, извршен дирек-тор на ЕБА, г. Владимир Талевски, градоначал-ник на градот-домаќин, како и Маријана Милев-ска, извршен директор на ПРЕДА.

На церемонијата на отворање на Првата ев-ропска недела на МСП во Скопје, која се одржа во хотелот „Александар палас“, поздравно обра-ќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Конзорциумот на ЕИИЦМ, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред присутните се обратија и прет-ставникот на Владата на РМ, министерот за еко-номија, г. Фатмир Бесими, Н.Е. Ерван Фуере, д-р Гинтер Офнер, претседател на ЕБА, г-ѓа Тат-јана Лазаревска, извршен директор на МРФП,

г-ѓа Вахида Реџепагиќ, директор на АППРМ, како и претставник на град Скопје. Манифеста-цијата во Скопје се одвиваше во рамки на четири различни конференции, од кои првата со наслов „Европската мрежа на претпријатија (Enterprise Europe Network) – европска интегра-ција на македонскиот сектор на мали и средни претпријатија, можности и бенефити“. Модера-тор на првата конференција беше доц. д-р Вик-тор Стојмановски, проектен менаџер на ЕИИЦМ, што во суштина претставува национа-лен претставник на Европската мрежа на прет-пријатија. Стојмановски даде осврт за Цента-рот, за неговата организација, како и за услуги-те што ги нуди. На темата „Придобивки за компаниите во полето на бизнис-соработката и размена на информации“, своја презентација имаше г-ѓа Маја Тасева од Агенцијата за под-дршка на претприемништвото во Република Македонија, инаку заменик-проектен менаџер во модулот за бизнис и соработка на ЕИИЦМ. На темата, пак, „Придобивки за компаниите во полето на трансфер на технологии и иновации“ говореше г-ѓа Габриела Костовска од Фондаци-јата за менаџмент и индустриско истражување -заменик-проектен менаџер за технологии и иновации.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 93

10

МАКЕДОНСКИ НАУЧНИЦИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАВО РУСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ ВО МОСКВА

Од меѓународната активност на УКиМ

Од 31 март до 2 април 2009 година, во Инсти-тутот за славјановедение при Руската академија на науките во Москва се одржа конференцијата „Балкански читања 10”, на тема: Премини. Промени. Преобразби. На Конференцијата од пријавените 40 учесници, учествуваа 30 од 11 земји (од Русија, Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Словенија, Германија, Шпанија, Романи-ја, САД и од Молдавија).

На Конференцијата во РАН, Македонија ја претставија двајца научници: проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофскиот факултет и проф. д-р Емилија Црвенковска од Филолошкиот фа-култет „Блаже Конески” при УКИМ. Со изла-гања на македонистички прашања настапија и познати странски научници со светско име: про-фесорот од Чикаго, акад. Виктор Фридман и неколку научници од Русија: А. А. Новик, Н. Г. Голант и В. Б. Колосова од Санкт-Петербург, Н. В. Злидњева, И. А. Седакова и А. А. Плотникова од Москва.

Н. Чаусидис во рефератот Сексуалните конотации на „врата“ по материјали од фолклорот и предисториските нао-ди во балканскиот регион, низ примери од фолклорот и низ податоци и илустрации на археолошки предмети од предисторијата, ги покажува и ги анализира симболичките значе-ња на вратата. ,,Вратата”, вели авторот, „тоа е от-вор низ кој човекот влегува во просторија или излегува од неа, затоа при симболички сооднос на домот и жената вратата добива значење на вулва, т.е. елемент, со чие посредство се подвле-

куваат или се реализираат продуктивноста на домот и определени форми на симболички пре-мин. Во словенскиот и во балканскиот фолклор јасно се откриваат сексуалните конотации на вратата”. Понатаму се наведуваат примери од свадбени ритуали и обреди поврзани со симбо-лот на вратата во Македонија и во други бал-кански земји. И прикажаните илустрации на предисториските предмети и цртежи даваат претстава за феноменот што е предмет на ана-лиза во ова излагање.

Е. Црвенковска во статијата ,Премини’ во свадбениот обред, ги претставува и ги ана-лизира разнородните премини (веселост:та-га, овој:оној свет, свој:туѓ, машко-женско и сл.) во свадбените ритуали и обреди. Овие пре-мини ги разгледува како бинарни опозиции. Така, основното значење на свадбениот чин, веселоста, ја има и опозицијата – тага. Преми-нот од веселост кон жалост го разгледува во повеќе ситуации поврзани со свадбата: ,,еле-ментите како што се присуство на мртвите на свадбениот обред, самиот чин на разделба од сопствениот дом (опеано во народните песни што и денес се пеат на свадби), формите на нередовни начини на склучување на брак, нечесноста на невестата и сл.”, вели авторката. Преминот од овој свет во оној свет се објас-нува со присуство, вклучување во свадбениот обред на луѓе од оној свет за што се наведуваат примери од фолклорот и од уметничката лите-ратура. Опозицијата свој: туѓ е изразена во рамките на свадбениот ритуал кога станува збор за свадба со иноверец, со туѓинец. Симбо-личната промена на полот е застапена во свад-

Пишува: Роза Тасевска

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 93

1 1

барскиот ритуал – преправање на жените во мажи што го претставува преминот машко:жен-ско. Во свадбениот ритуал има и сцени, најчес-то поврзани со обичајот на блага ракија, во кои има и елементи на фолклорен театар, па како дел од ритуалот жените се пресоблекуваат во машка облека. Во денешно време во голема мера се изменети елементите на свадбениот обред, но некои од нив сѐ уште се присутни во некои рурални средини во Македонија. Излага-њето беше проследено и со филмски материјал од свадба со архаични обичаи во с. Ѓавато (Богданци) од 1992 година.

Како што споменавме, покрај претставници-те од нашиот Универзитет, по некои македонис-тички прашања настапија и странски учесници како:

А. А. Новик од Санкт-Петербург, чијашто те-ма беше Трансформации во самосвеста на Македонците муслимани во Албани-ја, врз лингвистички, етнолингвистички, етно-графски, историски и фолклорен материјал, собран и анализиран во североисточниот дел на Албанија, во Голобрдо, објаснува: „Месноста претставува високопланински реон кадешто е расфрлано словенско население. Бројот на Маке-донци-муслимани во овој крај на Албанија изне-сува неколку илјади. Тешко е засега да се определи точната бројка. Во Албанија офици-јално долго се тврдеше дека живеат само Албан-ци. Но понатаму, под влијание на Европската заедница, чија членка сака да стане Албанија, односот кон националните малцинства се менува. Албанија ги признава националните малцинства, меѓу нив и Македонците. Најчесто, кога станува збор за Македонците, се подраз-бираат православните Македонци од Голема и Мала Преспа. Македонците-муслимани од Голо-брдо, на извесен начин, остануваат во сенка на општествениот интерес во Албанија. Прашање-то на етничкиот идентитет на Македонците-муслимани во овој регион е многу сложено и заслужува посебно внимание. Од една страна, тие јасно ја осознаваат својата поврзаност со соседниот етнички македонски ареал. Територи-јата на Голобрдо на етнички план претставува продолжение на западномакедонската територи-ја. Од друга страна, во соседна Македонија мнозинството македонско население се право-славни христијани. Затоа се појавуваат извесни сомневања во етничката самоопределба на Македонците-муслимани кои себеси се нареку-ваат: Македонци, Муслимани, Турци, Наши, а својот јазик – наш јазик. Македонците во Голо-брдо зборуваат на македонски говор. Македон-скиот не се предава во месните училишта, на македонски јазик не излегуваат весници. На македонски зборуваат дома и со своите сосе-лани, македонскиот го слушаат на телевизија. Македонските канали се многу популарни“?

На Н. В. Злидњева од Москва, за темата Кон семантиката на парните релјефи на балканските надгробни споменици како материјал ѝ служи надгробната вертикална пло-ча од манастирот „Св. Наум” во Охрид. Н. В. Злидњева ја анализира фигуративната компози-ција (овца и овен), како и значењата поврзани со неа, во контекст на иконографијата на парни

претставувања во врска со бинарниот код на погребниот обред како една варијанта на пре-мин. Материјалот за овој реферат авторката го истражувала за време на XIV славистички кон-грес во Охрид минатиот септември. Општо, може да се каже дека конгресот во Охрид значително го зголеми интересот на славистите и на балканистите за Македонија, со што во целост ја исполни својата мисија.

Со оглед на балканската тематика и во рефе-ратите на неколкумина други учесници од раз-лични земји се наведуваат македонски парале-ли во однос на други балкански примери во јазичните клишеа на фолклорот, на секојднев-ните изрази, од обичаите и нивното значење.

На пример, И. А. Седакова од Москва во информацијата Балканските глаголи „фа-ќа“: мотиви на премини и промени во лексиката и во фразеологијата, ги ана-лизира петрифицираните конструкции од прео-бразените форми на глаголот фати во балкан-ските јазици. Мак. примери: фати сонце, ме фати виното, фати да работи, фати плани-на итн. се претставени со паралели во другите балкански јазици.

А.А. Плотникова од Москва во излагањето на тема Митолошките хипостази на ,сенката’ на Балканот вели дека во тради-ционалните претстави кај разни народи сенка-та на човекот се восприема како негова митска замена. Кај балканските народи оваа идеја се реализира во низа митолошки контексти и со соодветна лексика. Нашироко распространети-те верувања на Балканот во ,,градежна” жртва, со цел да се зачува некоја важна градба (мост, црква и сл.), се засновале на претставите дека сенката на човек (или на животно) може да биде соѕидана наместо домаќинот. Ваквите ве-рувања се познати кај Грците, Македонците, Бугарите, Србите, Романците и се регистрира-ни во фолклорните творби на оваа тема. Пона-таму ги наведува имињата на митолошкиот лик во балканските јазици … мак. толосом, тала-сам, сениште, па продолжува:

„На пример, според верувањата кај Македон-ците, човекот чија сенка била соѕидана, умирал по 40 дена, потоа во текот на првите 40 дена неговата душа талкала во вид на сенка, а на 40-тиот ден се претворала во демон-чувар на град-бата, наречен таласон. Термините сенка, сени-ште во јужните делови на Македонија (Битола, Гевгелија) се познати како именувања на ро-дилни демони кои ја напаѓаат родилката во текот на првите 40 дена. Во централните облас-ти на Македонија (Велес; сенка, сениште) се сретнува хипостаза на сенката во облик на вам-пир, на покојник што шета.

Н. Г. Голант од Санкт-Петербург, во рефера-тот Мотивот на петрификација во ле-гендите за Баба Марта, зборува за распро-странетоста на оваа легенда кај мнозинството балкански народи и пошироко. Во повеќето ва-ријанти на мартовската легенда, главен херој е старицата-овчарка којашто ја лути вишата сила и предвреме ги изведува овците/козите во пла-нина на пасиште и загинува од студ, преобра-зувајќи се во камен заедно со своите животни. Во многу балкански варијанти, наглата проме-

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 93

12

Во рамките на процесите за интегрирано дејствување и функционирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје усогласени со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот, од овој број на Универзитетски весник ќе ги претставуваме раководните органи на едини-ците и придружните членки на Универзитетот. Во зависност од обемноста на содржините и актуелните настани, во секој број ќе објавуваме биографски податоци на еден или повеќе декани на факултети, односно директори на научни инсти-тути.

Во овој број го претставуваме ППРРООФФ.. ДД--РР ААЛЛЕЕККССААННДДААРР ДДИИММООВВССККИИ.

Проф. д-р Александар Димовски,декан на Фармацевтскиот факултет

Александар Димовски е ро-ден на 18.10.1962 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во родни-

от град, а на Медицинскиот факултет дипломирал во 1987 година. По дипломирањето се вработил во Истражувачки-от центар за генетско инже-нерство и биотехнологија (ИЦГИБ) при Македонската академија на науките и умет-ностите (МАНУ). Во перио-дот 1989-1990 и 1992-1993 година престојувал на специ-јалистички/стручен престој во Институтот за клеточна и молекуларна биологија при Медицинскиот факултет во Аугуста, САД, а во 1995 годи-на во Меѓународниот центар за генетско инженерство и биотехнологија во Трст, Ита-лија. Со научниот степен док-тор на науки се стекнал во 1993 година на Универзи-тетот во Мастрихт, Холандија.

Во звањето помлад аси-

на на времето и погибијата на старицата со стадото, се објас-нува со тоа дека налутениот месец март зема на заем од претходниот февруари за да ѝ се одмазди на старицата. Мо-тивот на петрификација е при-сутен во поголемиот број бал-кански и македонски легенди. Во низа варијанти на легенда-та се укажува на конкретното место во балканските земји каде што може да се видат ка-мењата во кои се претвориле бабата и овците. Во македон-ските легенди се посочува Шар Планина.

В. Б. Колосова од Санкт-Петербург, во рефератот Бал-канските легенди за ра-стенијата на општосло-венски фон, зборува за фол-клорните текстови во народ-ните претстави за растителни-от свет. Преобразбите се прет-ставени во етиолошките леген-ди каде што растенијата или нивните карактеристични свој-ства потекнуваат од различни ликови, од нивните делови или од предмети што им при-паѓале. Авторката дава приме-ри од балканските словенски легенди, како и од легенди на другите словенски народи. „Кај Македонците во Охрид, под името рака од Пречиста било познато растението ери-хонска роза. Охридските Тур-ци сметале дека оваа трева се појавила во Назарет, каде што Марија го родила Христа и се потпрела со раката на земја. И Турчинките и Македонките го ставале исушеното растение во вода и кога ќе пуштело гранчи-ња, ѝ давале на родилката да пие од водата”.

Акад. Виктор Фридман (Чи-каго-Скопје), голем македо-нист и проверен пријател на Македонците, надворешен член на МАНУ и почесен про-фесор на УКИМ, не присуству-ваше на Конференцијата, но неговиот реферат под наслов ON SPEAKING TERMS: THE BALKAN LINGUISTIC LEAGUE IN MACEDONIA TODAY (За говорните околности: Бал-канскиот јазичен сојуз во Македонија денес) е објавен во зборникот ,,Балкански чита-ња 10”, Мосkва 2009, с. 72-74.

Во статијата акад. Виктор Фридман анализира и нагласу-ва дека Република Македонија денес (посебно Скопје) прет-

ставува дом на репрезентативни дијалекти на сите јазици од Бал-канскиот лингвистички сојуз. Според градовите што ги запишал, Чикаго-Скопје (акад. Фридман подолго време престојува во Ма-кедонија) и според изнесеното во статијата, тој засилено продол-жува да работи и да ги регистрира промените на лексичко, сти-листичко и фонетско ниво, промените на местото на акцентот итн. во македонскиот и во другите репрезентативни дијалекти на балканските јазици како резултат на меѓусебните влијанија.

Во рамките на конференцијата „Балкански читања 10” се одр-жа тркалезна маса на Центарот за лингвокултурни истражувања “BALCANICA”, на којашто проф. д-р Н. Чаусидис го претстави Европскиот истражувачки проект по поетика и херменевтика ИНТЕРПРЕТАЦИИ на Македонската академија на науките и уметностите “Црниот Арапин како средоземноморски локус ме-мориум”. Раководител на проектот е акад. К Ќулавкова, а проф. Н. Чаусидис е еден од соработнците.

Конференцијата „Балкански читања 10” во РАН се одржува традиционално веќе десетти пат, а материјалите од овие конфе-ренции се високо оценети во балканистичката наука.

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 93

1 3

стент е избран во 1989 годи-на, а е реизбран во 1992 годи-на. Во 1995 година е избран во звањето научен сора-ботник, а во 2000 година во звањето виш научен соработ-ник во ИЦГИБ-МАНУ. Во 2002 година е избран за вонре-ден професор, а во 2007 годи-на за редовен професор по групата предмети: основи на молекуларната биологија со ге-нетика, имунологија со имуно-хемија и фармакогенетика на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј”. Од 2002 до 2005 ја извршувал функцијата раководител на Институтот за фармацевтска хемија, од 2005 до 2008 година е избран за продекан, во октомври 2008 е назначен за в.д. декан, а од април 2009 е избран за декан на Фармацевтскиот факултет.

Проф. д-р Александар Ди-мовски учествува во органи-зацијата и изведувањето на наставата по предметите oсно-ви на молекуларната биоло-гија со генетика, имунологија со имунохемија и фармакоге-нетика. Подготвил преводи на две книги од областа на молекуларната биологија и имунологија од најсовремени учебници кои се користат на најголем број универзитети од развиените земји и кои се користат од студентите како учебни помагала.

Тој е еден од иницијатори-те и одговорен наставник за проектот „Реконструкција на фармацевтската едукација во Република Македонија”, фи-нансиран од ТЕМПУС-програ-мата во периодот 2004-2007 година, кој резултираше со изготвување на нова програма за додипломски и магистер-ски студии кои се во соглас-ност со принципите на Болоњ-ската декларација и кои се усогласени со програмите на поголем број од европските факултети за фармација. Во рамките на оваа програма се подготвени и програми за док-торски студии и програма за доживотно учење. Алексан-дар Димовски е активно вклу-чен во изведувањето на наста-вата на постдипломските сту-дии по имунологија со имуно-хемија, клиничка биохемија, фармацевтска технологија и контрола на лекови. Бил и е

ментор на магистерски и док-торски трудови одбранети на Фармацевтскиот факултет. Во Истражувачкиот центар за ге-нетско инженерство и биотех-нологија при МАНУ бил научен секретар, наставник и ментор на два магистерски труда на Интердисциплинар-ните постдипломски студии по молекуларна биологија и генетско инженерство на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Мето-диј” и активно учествувал во едукацијата на специјализан-тите по медицинска генетика од Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1997 година остварил едномесечен прес-тој како визитинг-професор на Медицинскиот факултет во Кувајт, во 2007 година е избран за визитинг-професор по молекуларна биологија и генетика на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш, Србија, а во 2007 година е назначен за експерт на ФАО за обука на кадарот при Факултетот за ветеринар-на медицина за детекција на вирусот на птичји грип со Real-time PCR-техниката.

Во 2003 година, проф. д-р Александар Димовски бил член на Работната група за подготвување на Правилни-кот за оцена на научноистра-жувачки проекти при Мини-стерството за образование и наука (МОН) на Република Македонија. Од 2005 до 2006 година бил национален коор-динатор за медицински на-уки при МОН и раководел со процесот на стручно – научна рецензија на сите проекти од областа на медицинските на-уки. Од 2003 до 2006 година бил член на Одборот за акре-дитација на високото образо-вание при Министерството за образование и наука на Репуб-лика Македонија. Од 2004 до денес е член на Комитетот на групата за биомедицина и биомолекуларни науки (Do-main Committee for Biome-dicine and Biomolecular Sci-ences) на COST, кадешто зема активно учество во стручната и научната евалуација на но-ви и следењето на тековните проекти финансирани од оваа агенција на Европската коми-сија. Од 2005 година до денес е Liason Officer за Македонија на Меѓународниот центар за

генетско инженерество и био-технологија од Трст, Италија. Во 2006 година бил член на Работната група која ја под-готви „Програмата за развој на научноистражувачката деј-ност во Република Македо-нија во периодот 2006-2010 година”, која беше прифатена од Владата на Република Ма-кедонија. Проф. д-р Алексан-дар Димовски е еден од ини-цијаторите за формирањето на Македонското друштво за хумана генетика.

Проф. д-р Александар Ди-мовски бил член на Организа-циониот одбор на 3., односно 4. Конгрес за фармација, а активно учествувал во Орга-низациониот одбор на 7. Бал-кански конгрес за хумана ге-нетика, одржан од 31 август до 2 септември 2006 година во Скопје. Во 2006 година бил одговорен наставник за научната програма на Летни-от универзитет организиран од Европското здружение на студентите по фармација, кој се одржа од 16 до 25 јули 2006 година во Охрид, а по покана на Универзитетот во Букурешт, станал член на Организациониот и Научни-от одбор на меѓународната конференција „Нови перспек-тиви во патологијата на кан-церот”, одржана од 23 до 27 мај 2007 година во Букурешт, Романија. Во ИЦГИБ-МАНУ учествувал во подготовката и изведбата на теоретско-прак-тичната настава на 4 меѓуна-родни теоретско-практични курсеви од областа на молеку-ларната биологија и генетско-то инженерство.

Од вработувањето на Фар-мацевтскиот факултет во 2002 година, проф. д-р Алек-сандар Димовски работи на установување на лаборатори-ја за фармакогенетика и моле-куларна дијагностика при Институтот за фармацевтска хемија. Со негово непосредно ангажирање е воспоставена богата соработка на научен и стручен план со институции од земјата. Соработката со овие институции се одвива преку заедничка изработка на домашни и странски проекти, клинички студии, предавања, изработка на магистерски и докторски студии и изведува-ње на молекуларни анализи

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 93

14

за потребите на дијагностика-та и терапијата на пациентите од нашата држава.

Проф. д-р Александар Ди-мовски учествувал во 17 науч-

ноистражувачки проекти, об-јавил 52 стручни и научни труда, како и 61 презентација на стручни и научни собири во земјата и во странство.

Проф. д-р Александар Димовски,декан на Фармацевтскиот факултет

ПРИОРИТЕТ – ОТВОРАЊЕ КОМПАТИБИЛНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Фармацевтскиот факултет во изминативе 30 години успеа да создаде респектабилни услови за изведување на наставата, да оформи сопствен наставно-научен и асистентски кадар и да еду-цира бројни генерации на компетентни фармацевти, магистри по фармација и доктори на фармацевтски науки. Паралелно со тоа, Фармацевтскиот факултет има воспоставено бројни научни и стручни комуникации со соодветни институции во земјава и во странство, афирмирајќи ја својата едукациска, професионална и

научна дејност и во исто време овозможувајќи континуирана актуелна доедукација на по-стојниот кадар и тековно осо-времување и подобрување на наставниот процес во соглас-ност со Болоњската деклараци-ја и искуствата на други срод-ни факултети во Европа и пошироко.

Имајќи ги предвид новите законски решенија со воспос-тавување на интегрираните функции на Универзитетот, а целејќи кон понатамошно уна-предување на едукативната, научната и апликативната деј-ност на Фармацевтскиот фа-култет, сметам дека е потребно да се утврдат приоритетите во натамошната работа на Факул-тетот, и тоа:

• унапредување на постојна-та и проширување на опсе-гот на наставната дејност во сите степени на едука-ција, со зголемување на ефикасноста на студиските режими;

• осовременување и продла-бочување на научната деј-ност;

• проширување на опсегот на апликативната дејност;

• проширување на просто-рот и доопремување/осо-временување на постојната опрема во лабораториите;

• постојана грижа за студен-тите и нивната поголема вклученост во наставниот и научноистражувачкиот процес.

1. Наставна дејност

Наставната дејност претста-вува основна дејност на Фарма-цевтскиот факултет на која ќе мора да се даде приоритет и во наредниот период, со цел да се зачува брендот на еден од нај-квалитетните фармацевтски факултети во регионот. Како и досега, сметам дека Факулте-тот има капацитет да биде предводник во реформите ба-зирани врз целосната импле-ментација на болоњскиот про-цес, Законот за високото обра-зование и европските директи-ви за фармацевтска едукација, со што ќе се овозможи добли-жување до европските модели на високо образование и со тоа поголема и поефикасна моби-лност на студентите.

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 93

1 5

Во мандатниот период ќе се залагам за кон-тинуирано осовременување на наставниот план и програма за да се овозможи што поефикасна и поуспешна хоризонтална и вертикална про-одност, како и поефективен режим на студи-рање, воведување на турнусна настава, ревизија на условувачките кредити во насока на олес-нување на преминот на студентите од еден се-местар во друг, организирање на летни курсеви и утврдување на модел на непристрасна и објек-тивна евалуација на знаењата на студентите. Исто така, ќе се залагам за зголемување на ефикасноста на режимот на студирање преку континуирано унапредување на методите и меха-низмите со кои се изведува наставата, како што се поширока имплементација на интеракциска-та настава, настава богата со илустративно пре-зентирање на материјалот со активна партици-пација на студентите, употреба на „problem-solving“ пристапот и сл. Свесен дека нема ефи-касни студии без достапна литература од секој наставен предмет, ќе се залагам во наредните години да добиеме средства од Министерството за здравство и/или Министерството за образова-ние и наука за превод на учебници кои се корис-тат како наставни средства на европските фармацевтски факултети.

2. Додипломски студииИмплементацијата на новата наставна про-

грама подготвена во рамките на ТЕМПУС–про-ектот, која беше високо вреднувана од меѓуна-родните комисии за високо образование, прет-ставува основна задача. Со цел за комплетно искористување на постојните просторни капаци-тети и хумани ресурси ќе иницирам отворање на други студиски насоки кои ги нема или не се доволно или соодветно застапени на пазарот на трудот (на пример, програма за тригодишни стручни студии за профилот дипломиран инже-нер по лабораториско работење).

3. Постдип-ломски сту-дии

Разработка на нови ед-ногодишни специјалис-тички студии по приме-рот на постојните студии за здравствениот менаџ-мент и фармакоекономи-ја, согласно со интересот на кандидатите и потре-бите на фармацевтската индустрија и грижата за здравјето на општата по-пулација во Република Македонија. За таа цел, ќе се спроведат консулта-ции со соодветните ин-ституции во земјава, како и со високообразовни ин-ституции во Европа и по-широко. Ќе се разгледува можноста овие студии да се изведуваат на англис-ки јазик, со што тие би биле достапни и за кан-

дидати од странство, примарно од околните земји.

4. Докторски студииПредвидените докторски студии треба да им-

плицираат мултидисциплинарност на настав-ните планови и програми и да се засновани на потребите на општеството, особено стопанство-то, следејќи ги најновите трендови во фарма-цевтската индустрија и медицинските и фарма-цевтските науки. За таа цел, потребно е воспос-тавување на врски со соодветни партнери како во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, така и од други институции од јавни-от и од приватниот сектор, со што, покрај зацртување на соодветен курикулум, ќе се обез-бедат и дополнителни средства за изведување на докторските студии.

5. Специјалистички студииРеконструкција на програмите на постојните

здравствени специјализации во согласност со новите европски директиви за здравствени спе-цијализации. Отворање на нови здравствени специјалистички студии за кои во претстојниот период ќе се создадат неопходните просторни и човечки ресурси. Вклучување на Фармацевтски-от факултет во што поголем број на здрав-ствени специјализации организирани од други факултети, како од земјата така и од странство.

6. Континуирана доедукација на дипломираните фармацевти

Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет, во соработка со Фар-мацевтската комора и Фармацевтското дру-штво, ќе реализира континуирана доедукација на постојниот фармацевтски кадар со употреба на различни едукативни механизми, како интензивни курсеви кои ги следат актуелните

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 93

16

потреби на општеството, семинари, тематски конференции, летни школи и други форми на доедукација, со учество на познати експерти од земјата и од странство, со употреба на различни дидактички комуникативни, функционални и интеракциски методи на учење, како и методот на далечинско учење. На тој начин Факултетот ќе стане не само регионално, туку и меѓународ-но препознатлив давател на услуги за континуи-рана, доживотна доедукација во сите области на фармацевтските науки.

7. Научна дејностНаучната дејност на Фармацевтскиот факул-

тет станува сѐ попрепознатлива не само во Маке-донија, туку и во меѓународни рамки. Тоа е резултат на воспоставените лични и факултет-ски контакти со многубројни академски инсти-туции во странство, реализирање на интерна-ционални научни проекти финансирани од европски фондови и други меѓународни инсти-туции, учество на бројни меѓународни, светски препознаени симпозиуми, конгреси, форуми и научни собири, како и придонесот кој оваа научна дејност континуирано го дава во облас-та на здравството, посебно фармацијата, во нашата Република.

За да се овозможи непречена екстензивна научна дејност, неопходно е обезбедување на финансиски средства и тоа преку меѓународни проекти, национални проекти и проекти што се од интерес за фармацевтската индустрија. За таа цел ќе инсистирам на промовирање и пот-тикнување на научноистражувачката дејност, ка-ко основен механизам за унапредување на квалификациите, знаењето, стручноста настав-но-научниот кадар на Факултетот, како и мож-ност за одржување и проширување на контак-тите со колегите од сродните институции од земјата и од странство.

8. Апликативна дејностФакултетот ќе посвети особено внимание на

апликативната дејност за што поуспешно и по-ефикасно излегување во пресрет на потребите и барањата на здравството и фармацевтската ин-дустрија. За таа цел ќе се изврши осовреме-нување и дополнување на постојните центри (Центарот за контрола и испитување на лекови и Фармакоинформативниот центар), како и за-живување на работата на новоформираните цен-три (Центарот за биомолекуларни науки, Цента-рот за нанотехнологија и Центарот за испиту-вање на природни производи). Во најскоро вре-ме ќе се изготват краткорочни стратешки динамични програми, посебно водејќи сметка за поголема поврзаност со индустрискиот сек-тор, а со тоа и обезбедување на дополнителни финансиски средства за наставната и научната дејност, опремување на лабораториите, библио-течниот фонд и подобрување на режимот на сту-дии на студентите.

9. Осовременување на постојната опрема во лабораториите

Наведената наставна, научна и апликативна дејност наметнува проширување на постојните

просторни капацитети и опрема. Во тој правец треба да се реализира реконструкција на пос-тојниот простор, како и доградба на вториот кат од новата зграда, со што ќе се овозможат просторни услови за нови мали училници за интеракциска настава и консултации, нови лаборатории, библиотечен простор и соодветни читалници, како и посебни простории за лабо-раториски и други експериментални намени. Нема научноистражувачка дејност без добро опремени лаборатории и без соодветно обучен кадар, особено подмладок, за ракување со апа-ратурата. За да може ова да се реализира, потребни се значителни финансиски средства и континуирана доедукација на персоналот кој работи во тие лаборатории.

Факултетот ќе вложи напори за да се обезбе-дат нови извори на финансиска помош преку нови научни интердисциплинарни и меѓуна-родни проекти, преку продлабочување на сора-ботката со фармацевтските куќи во Република-та, поврзување со јавниот и приватниот сектор заинтересиран за фармацевтски услуги и преку апликации за финансиски средства од Универ-зитетот, Министерството за здравство и Мини-стерството за образование и наука.

10. Реорганизација на финансиското работење

Во наредниот период ќе се направат напори за измени во финасирањето на персоналот за да се подобрат условите за месечен надомест врз основа на награда, стимулација и вреднува-ње на резултатите од работата на секој врабо-тен на Факултетот.

11. Грижа за студентите Сите претходно наведени приоритети им-

плицираат континуирана грижа за студентите со современи, меѓународно прифатени настав-ни планови и програми, олеснет и ефикасен ре-жим на студии и достапност до учебници по секој наставен предмет.

Еден од основните приоритети ќе биде вове-дување на електронски индекс со комплетна електронска евиденција и можност за електрон-ска комуникација на студентите со Студентска-та служба, со што ќе се подобри и рационали-зира студентскиот сервис, како и полесно кому-ницирање со административниот персонал.

Факултетот, во соработка со студентската организација, ќе посвети посебна грижа за вклучување на студентите во научноистражу-вачки проекти според нивните афинитети, како и во давање стручна и научна помош во проек-ти организирани од студентската организација. Исто така, користејќи ги националните и меѓу-народните фондови и мрежи на Универзитетот за посета и доедукација на студенти во други универзитетски ценри во Европа и пошироко, ќе се обезбеди престој на што поголем број заслужни студенти во афирмирани наставно-научни институции во Европа.

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 93

1 7

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА ВРВНА СТОМАТОЛОШКА ЗАШТИТА

Проф. д-р Марија Накова,декан на Стоматолошкиот факултет

Извештајот за работата на Стоматолошкиот факултет во Скопје за периодот од март 2008 до март 2009 година претставува сумирање на резултатите и осврт на поставените цели и задачи кои треба да се постигнат, а кои произле-гуваат од стратешкиот план за развој на Факул-тетот, притоа придржувајќи се кон Предлог-про-грамата за работата доставена од страна на деканот при нејзиниот избор.

Целта е да се прикажат вкупните активности на Факулте-тот, кој своја-та функција и своето постое-ње ги оствару-ва преку три-те основни дејности: ви-сокообразов-ната, научно-истражувач-ката и приме-нувачката ви-сокостручна здравствена дејност. Дејности што се заемно вр-зани и неоп-ходно испреплетени во своето реализирање, а што од друга страна претставува единствен услов за она што значи напредок и успех на оваа високообразовна институција.

Значајно е да се каже дека со стапување во сила на новиот Закон за високото образование се предвидуваат битни измени во функционира-њето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, односно на Стоматолош-киот факултет. Имено, со Законот се предвиде Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј”- Стома-толошки факултет и јав-ните здравствени уста-нови - Универзитетски-от стоматолошки кли-нички центар и Универ-зитетската клиника за максилофацијална хи-рургија да склучат спо-годби за уредување на меѓусебните односи во вршењето на високооб-разовната, научноистра-жувачката и здравстве-ната дејност како функ-ционална целина, а се во согласност со потре-

бите за спроведување на студиските програми на Факултетот. Исто така, со Законот е пред-видено и спогодбено уредување на работниот однос на наставно-научниот и соработничкиот кадар.

Новиот Закон за високото образование пов-лече измена и во Законот за здравствена заштита, според кој Универзитетската клиника, односно Универзитетскиот клинички центар треба да ја врши образовната и научноис-

тражувачката дејност на на-чин кој, заед-но со вршење-то на здрав-ствената деј-ност, ќе обез-бедува функ-ционална це-лина на трите дејности, а со-гласно со по-требите на Стоматолош-киот факул-тет за спрове-дување на сту-диските про-грами.

И покрај големите залагања и преземените активности и средби во функција да се спро-веде наведеното, морам со големо жалење да напоменам дека наидовме на тешкотии, пред сè, од објективна природа околу регулирањето на вработувањето и уредувањето на работниот однос на избраните наставно-научни работни-ци и соработници на Факултетот, а вработени

Во согласност со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обврска на деканите на факултетите е, најмалку еднаш во годината, до наставно-научните совети и до ректорот на Универзитетот да поднесат извештај за својата работа. Во Универзитетски весник објавуваме дел од извештаите за работа на деканите, кои по својата форма и содржина можат да бидат редактирани за оваа намена. Во овој број ги објавуваме извештаите за работата на деканите на ССттооммааттооллоошшккииоотт ффааккууллттеетт од ппрроофф.. дд--рр ММаарриијјаа ННааккоовваа, ФФииллооззооффссккииоотт ффааккууллттеетт од ппрроофф.. дд--рр ТТрраајјаанн ГГооццееввссккии и ФФааккууллттееттоотт ззаа ффииззииччккаа ккууллттуурраа од ппрроофф.. дд--рр ГГиинноо ССттррееззооввссккии.

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 93

18

на клиниките, кадешто сметам дека основна причина е начинот на финансирањето. Имено, и понатаму остана проблемот со финансиските средства, односно необезбедување средства кои ќе ги следат промените во високото образова-ние, посебно во делот поврзан со примената на принципите на Болоњската декларација, од страна на државата и сл.

По усвојувањето на Статутот на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј” на 17.12.2009 година се пристапи кон подготовка на Правил-никот на Факултетот како единица во состав на Универзитетот согласно со новиот Закон, кој бе-ше доставен до членовите на ННС, меѓутоа од причина што не беа донесени спогодбите, тој досега не беше ставен на усвојување.

На 48. редовна седница на ННС се одржа избор за сенатори-претставници од Стоматолош-киот факултет во Сенатот на Универзитетот. По спроведеното тајно гласање, за сенатори на Стоматолошкиот факултет беа избрани проф. д-р Снежана Иљовска и проф. д-р Крсте Дејанов-ски.

Работењето, односно следењето и решавање-то на задачите и проблемите од својата дејност, Факултетот ги остварува преку своите органи и тела, односно преку Наставно-научниот со-вет со своите избрани помошни тела (одбори и комисии), Деканатската управа и декански-от тим.

Во извештајниов период, во рамките на работата на органите на Факултетот, одржани се 6 седници на Наставно-научниот совет, пове-ќе седници на Деканатската управа, како и состаноци на помошните тела, односно одбори и комисии.

Инаку, целокупното работење на Факултетот во опфатениот период се презентира преку след-ниве сегменти:1 наставно-образовната дејност (додиплом-

ски и постдипломски студии);2 научноистражувачката дејност;3 континуираната едукација;4 техничко-технолошката опременост;5 материјално-финансиското работење.

1 Наставнообразовна дејност

● додипломски студииОвој извештаен период почнува со подготов-

ката и објавувањето на Конкурсот за запишува-ње нови студенти на додипломски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј” во учебната 2008/2009 година.

Во врска со реализацијата на Конкурсот за за-пишување нови студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на 47. редовна седница на Наставно-научниот совет одржана на 19.3.2008 година, беше формирана и Комисијата за упис составена од 9 члена, која успешно докрај го реализира Конкурсот за запишување нови сту-денти на Факултетот.

Со Конкурсот беа регулирани следниве пра-шања: бројот на студенти, критериуми и услови за запишување, бројот на студенти за запишување во прва година во државна квота и запишување на студентите со кофинанси-рање, запишување на студенти со завршено

средно образование во странство, роковите за пријавување, полагање и запишување, како и потребната документација на кандидати-те.

За разлика од претходните години кога се-лекцијата на кандидатите за запишување на на-шиот Факултет се вршеше освен според успехот од средно образование и со проверка на знае-њата, оваа учебна година селекцијата на канди-датите се вршеше само според успехот од сред-ното образование.

Имено, со оглед на тоа што по долги години оваа година беше воведено полагање на држав-на матура во средните училишта, во вреднува-њето на вкупниот успех од средното образо-вание се пресметуваше и успехот од државната матура, и тоа: општиот успех од сите предмети учествуваше со 60%, а успехот од државната матура со 40%.

За пријавените кандидати кои средното образование го завршиле во претходните учеб-ни години (пред учебната 2007/08) и не пола-гале државна матура, се пресметуваше успехот од двата предмета биологија и хемија, како

предмети значајни за студиските програми на Стоматолошкиот факултет.

Оваа година на Факултетот се запишаа сту-денти во редовна квота (државна) и студенти со поднесување на надомест за студирање, со таа разлика што оваа година со Одлука на Владата на РМ бројката на студенти кои можеа да се запишат на Стоматолошкиот факултет е нама-

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 93

1 9

лена, и тоа 40 студенти во државна и 40 студен-ти во квотата со кофинансирање на студиите, што е помалку за 40 студенти од претходните години.

Како посебна квота се запишуваа и студенти по национална припадност, и тоа секоја нацио-нална припадност процентот го добива според нејзината процентуална застапеност во Репуб-лика Македонија.

По конкурсот на Факултетот беа запишани и студенти-странски државјани, вкупно 43.

Структурата на запишаните студенти укажу-ва дека највисок процент се запишани ученици со одличен успех, а многу помал е процентот на ученици со многу добар и добар успех.

Оваа учебна година бројот на пријавени кан-дидати за запишување на студиската програма за доктори по стоматологија бележи намалува-ње, додека интересот за запишување на студис-ката програма за стручни забни техничари бележи значителен пораст за околу 50%.

Во учебната 2008/2009 година, на сите три студиски програми на Стоматолошкиот факул-тет се запишани: 133 доктори по стоматологија,

42 стручни забни техничари, 19 стручни стомато-лошки сестри, или вкупно 194 студенти.

Во изминатиот извештаен период, на Факул-тетот дипломираа 196 доктори по стоматоло-гија, 27 стручни забни техничари и 2 стручни стоматолошки сестри.

Кога зборуваме за запишување на идни сту-денти, ќе ја споменеме и саемската манифеста-

ција: „Денови на образование и кариера -2008”, единаесетта по ред, што се одржа од 17 до 19 април 2008 година, а на која, меѓу други-те, учествуваше и нашиот Факултет. Манифес-тацијата е наменета за средношколци - идни студенти кои треба да го направат сопствениот избор на идната образовна ориентација, однос-но институција, а со тоа и својата професионал-на определба. За оваа пригода беа направени солидни подготовки, беа изработени брошури, флаери и постери.

Понесени од идејата да им се помогне на завршените средношколци при изборот на соп-ствената професија, на 7 јуни 2008 година беше одржана трибина, односно интерактивна диску-сија со матуранти заинтересирани својата ната-мошна едукација да ја продолжат на Стомато-лошкиот факултет во Скопје, на која ги инфор-миравме присутните за начинот на одвивање на наставата, за планот и програмите на додип-ломските студии, условите за упис и сл.

Во досегашниот период, Стоматолошкиот факултет се стекна со конкретни искуства за суштинската издржаност на едукативниот про-цес, кои ја сугерираа потребата од промени и приспособувања на студиските програми, пред сè, кон успешна имплементација на болоњски-те принципи, од една страна и континуирано осовременување на студиите и нивно усогла-сување согласно со новиот ЗВО, од друга страна.

Повеќегодишната примена на студиската програма за додипломски студии за стручни стоматолошки сестри покажа одредени недос-татоци, посебно во соодносот помеѓу теорет-ската и апликативната настава на одделни предметни програми. Тоа, пак, ја наметна потребата од зголемување на фондот на часови на практичната настава. Усогласувањето на сту-диската програма со кредит-трансфер систе-мот, односно квантифицирањето на оптоваре-носта на студентите (теоретска и практична настава) изразено преку кредити е една од главните причини за пристапување кон изме-ните и дополнувањата на студиите за стручни стоматолошки сестри. Исто така, досегашната реализација на наставно-образовниот процес, посебно во однос на исполнувањето на обврски-те од страна на студентите, покажа дека е неоп-ходно да се продолжи времетраењето за изра-ботка на дипломската работа на студентите.

Како резултат на сето тоа произлезе и потре-бата од промена на времетраењето на студиите од 5 во 6 семестри, односно трансформирање на студиите од факултетски во универзитетски студии.

● постдипломски студииМестото, улогата и поставеноста на постдип-

ломските студии на Стоматолошкиот факултет преставуваат основа за подигање на нивото за создавање на научни и специјализирани кадри, како за јакнење на кадровската основа на Факултетот така и за создавање на кадри кои ќе ги следат и применуваат најновите светски достигнувања и ќе даваат врвна стоматолошка здравствена заштита.

Токму поради наведеното, една од главните задачи што ги поставивме во изминатиот

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 93

20

период беше започнување на процесот на модер-низација на постдипломските студии како втор циклус на студии согласно со новиот Закон за високото образование, со цел тие сѐ повеќе да се инкорпорираат во системот на модерни и про-дуктивни студии според принципите на кредит-системот.

Во тој поглед, предмет на расправа на Дека-натската управа на Стоматолошкиот факултет во повеќе наврати беше токму преиспи-тувањето на постојните програми за постдип-ломски магистерски студии со интенција тие да прераснат во вистински редовни студии, однос-но да се организираат како континуирани студии со повисоко ниво на научноистражувач-ка сложеност и повисоко ниво на оптовареност на студентите во даденото научно подрачје.

На Конкурсот за запишување на постдиплом-ските магистерски студии, се запишаа вкупно 14 студенти.

Во периодот за кој се дава извештајот, со научен степен магистер на стоматолошки науки се стекнаа 4 кандидати, и тоа: д-р Даниела Велевска Стефковска, д-р Христо Петановски, д-р Софија Царчева Шаља и д-р Љупчо Димит-ров.

Истовремено, во овој период започна и про-цес на изготвување студиски програми за орга-низирање на докторски студии како трет цик-лус на студии согласно со Законот за високото образование според кои се напушта досегашни-от модел на стекнување со научен степен доктор на стоматолошки науки со пријавување и одбрана на докторска дисертација. Имено, си поставивме за задача да изготвиме такви студис-ки програми за докторски студии со кои тие ќе бидат организирани како настава за докторан-ди, со јасно поставени елементи за подрачјата на истражување, определено времетраење на студиите и определено време и постапка за изготвување на докторската дисертација.

На Стоматолошкиот факултет во Скопје, пок-рај изведувањето на додипломските и постдип-ломските студии по Законот за високото образо-вание, за дипломирани стоматолози се органи-зираат и спроведуваат специјализации и супспе-цијализации согласно со Законот за здравстве-на заштита.

Во извештајниов период, со стручното звање специјалист се стекнаа 20 специјалисти по сите гранки на специјалности.

Како години наназад, и оваа година се одлучи Стоматолошкиот факултет да распише конкурс за запишување на специјализации по сите гранки на специјалност со исклучок на специјалноста максилофацијална хирургија.

2 Научноистражувачка дејност

Научноистражувачката дејност е една од три-те основни дејности на Стоматолошкиот факул-тет и претставува значаен развоен фактор, и оттука неминовно е научниот потенцијал на Стоматолошкиот факултет максимално да се ангажира, да се стимулира и да се стави во функција на трансферот на нови знаења и техно-логии, во функција на максимален развој на стоматолошката наука.

Во овој период, во фаза на реализација беше еден научноистражувачки проект, одобрен и финансиран од Министерството за образование и наука, на тема: „Корелација помеѓу орална хигиена, ph на плунката и дентален плак во фреквенцијата на кариесот и негова контрола преку современи превентивни мерки кај различна популација, (Македонија и Грција)”.

Наставно-научниот совет на Стоматолошкит факултет усвои 10 теми за изработка на доктор-ски дисертации, а со научен степен доктор на стоматолошки науки се стекнаа: д-р Билјана Џипунова, д-р Вера Радојкова–Николовска и д-р Марина Кацарска.

3 Континуирана едукација

Во рамките на континуираната едукација, Стоматолошкиот факултет и натаму организи-ра предавања и семинари за актуелните про-блеми од одредени области во стоматологијата, имајќи го предвид и интердисциплинарниот приод на стоматолошката струка и наука.

Во периодот за кој го даваме овој извештај се одржаа два семинара.

Семинарот на тема „Биоматеријали во стома-тологијата” се одржа на 7 мај 2008 година. Предавачи беа истакнати стручњаци во облас-та, од Факултетот како и од Универзитетот во Гринич, Велика Британија. Целта на овој семи-нар беше на присутните доктори-стоматолози на семинарот да им се разјаснат одредени прашања за биоматеријалите во стоматологи-јата, како најупотребувани биоматеријали дос-тапни на пазарот воопшто, имено да се дадат одговори на прашањата што претставуваат биоматеријалите, кои се индикациите за нивна употреба во стоматологијата, кои се нивните предности како и недостатоци, кои се согледу-вањата за нивната иднина итн.

Другиот семинар беше одржан во Скопје на 24 октомври 2008 година, на тема: „Алергии во стоматологијата”, a предавачи беа истакнати професори од Медицинскиот факултет во Скоп-је, Стоматолошкиот факултет од Белград, Република Србија и, секако, од нашиот Факул-тет. Предавачите на овој семинар се обидоа да ги прошират познавањата на присутните за алергиите во стоматологијата и евентуалните врски со други хронични заболувања.

Се надевам и верувам дека преку овие фор-ми на континуирана едукација им помогнавме на колегите стоматолози што ги посетија семи-нарите во разрешување на одредени професио-нални дилеми, со крајна цел нивно натамошно континуирано едуцирање. Во рамките на конти-нуираната едукација, во овој период беа одржа-ни и неколку едукативни предавања:- на 31.3.2008 година реномирана компанија

за производство на импланти - Sweden & Martinа од Падова, Италија, со свои презен-тации одржа предавање од областа на имплантологијата;

- на 4.4.2008 година, предавања одржаа искусни предавачи на една од најреномира-ните компании во Европа за производство на дентални импланти и коскен регенеративен материјал - Straumann од Ба-

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 93

21

зел, Швајцарија;- во месец мај на Клиниката за максилофа-

цијална хирургија се одржа постедукативен курс, втор по ред на Европската асоцијација за максилофацијална хирургија;

- на 1.7.2008 година, на тема: „Современи концепти во пародонтологијата - коскени графтови“, предавање одржа д-р Никола Ангелов, асистент на Универзитетот „Лома Линда” од Калифорнија - САД, инаку наш поранешен асистент на Катедрата за болес-ти на устата и пародонтот.И оваа година, од 28.5.2008 до 1.6.2008

година во Охрид се одржа Конгрес на студен-тите по стоматологија на Република Македо-нија со меѓународно учество, петнаесетти по ред, на кој наши наставници и соработници зедоа активно учество преку менторство на студентските теми, преку свои презентации, како и со директно активно учество во диску-сијата по одредени студентски презентации.

Во овој период од печат излезе учебникот „Орални фокуси и фокални инфекции–практи-кум” од авторите Силвана Георгиева, насловен доцент, Златанка Белазелкоска, редовен профе-сор и Снежана Пешевска, насловен доцент на Стоматолошкиот факултет.

Од печат излезе и учебникот под наслов „Парадонтопатија” од авторот Ана Миновска,

редовен професор, наменет за студентите на студиската програма за стручни стоматолошки сестри.

Годинава продолжува издавањето на МСП (Македонски стоматолошки преглед), при што се отпечатени два двоброја со вкупно објавени 26 трудови, како и два поединечни броја од стручното списание „Стоматолошка ревија”, кадешто во еден дел се објавуваат прегледи од литературата во одредени светски актуелни теми, а во другиот дел се објавуваат во целост предавањата на предавачите - учесници на одр-жаните семинари.

4 Техничко-технолошка опременост

Факултетот се грижеше за своето техничко -технолошко осовременување и во таа насока треба да се издвојат адаптацијата на салата за состаноци во Компјутерски центар за компју-терска проверка на знаење на студентите по сто-матологија, како и доопремувањето на Компју-терскиот центар со уште 35 нови компјутери и нивно конектирање во мрежа, така што сега тој има 48 работни места, со што се олесни работата во Центарот.

ПОЧИТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

Проф. д-р Трајан Гоцевски,декан на Филозофскиот факултет

Наставно-научната дејност на Филозофскиот факултет во Скопје, како клучна членка на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј”, се темели на универзалните вредности кодифицирани во Го-лемата повелба на универзитетите во Европа, од Болоња, 1988 година. Преку неа, тој ја прифа-ти одговорноста за доследното почитување на

заедничките европски вредности и филозоф-ски принципи како носител на европскиот ху-манизам, со постојана грижа за достигнување на универзалното знаење.

Целокупното дејствување на Филозофскиот факултет во Скопје, во 2008 година, претставу-ваше континуитет на започнатите процеси и ак-

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 93

22

тивности во афирмирање на заложбите за вбро-јување на Факултетот во семејството на европ-ските и светските високообразовни институции.

Изминатата година, може слободно да се ре-че, претставуваше една од најдинамичните годи-ни, исполнета со бројни предизвици и многу вложен труд на сите вработени наставници и соработници, на администрацијата и на студен-тите, во насока на доследна имплементација на Законот за високото образование. Во таа насока беше формирана и Комисија за усогласување на студиските програми од прв и втор циклус на универзитетски студии на Филозофскиот фа-култет во Скопје, која заедно со сите други професори и соработници вложи максимален труд и напор завршувајќи ја успешно својата работа. Имено, студиските програми за првиот и вториот циклус се усвоени од страна на Комисијата за настава на УКиМ.

Оваа година, Одборот за акредитација доне-се Решение за акредитација на постдипломски-те студиски програми по менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности на Филозоф-скиот факултет во Скопје.

За одбележување е фактот дека во измина-тава година Факултетот максимално беше анга-жиран и во институционалната и во меѓународ-ната мобилност, со организирање на многуброј-ни научни собири, симпозиуми и семинари, од кои повеќето меѓународни, со присуство на голем број професори и научни работници од повеќе странски држави.

Нашата основна дејност: наставна, научна и апликативна, на додипломските и постдиплом-ските студии, со перманентното ангажирање на институтите, ја завршивме со задоволителни резултати во реализацијата на студиските про-грами од 14 научни области, организирани на единаесет институти.

1. НАСТАВА

Наставната дејност на сите студиски програ-ми на Факултетот е заснована на принципите на болоњскиот процес и се одликува со сѐ поиз-разена имплементација на нови методи на учење преку интерактивна настава, работил-ници и индивидуални проекти. Поголемото присуство на интерактивната настава придонесе и за промена на начинот на работа, како на наставно-научниот и соработничкиот кадар, така и на самите студенти-учесници во наставниот процес. Студентите континуирано се поттикнуваат на индивидуално работење, а учењето се доживува како процес кој им овозможува на студентите не само стекнување на нови знаења, туку и збогатување со умеења и вештини кои се неопходни за афирмирање на нивната професија. Посебно внимание се посветува на континуираната проверка на знаењата и навременото информирање за постигнатите резултати.

Во имплементирањето на студиските програ-ми на Факултетот, со својата активност придоне-суваат и координаторите за секоја студиска про-грама. Тие постојано ја следат примената на новите предметни програми, разменуваат меѓу-себни искуства на состаноците на Координатив-

ното тело на Факултетот, ги информираат и ги насочуваат студентите. Искуствата стекнати од реализацијата на студиските програми ја намет-нуваат потребата за одредени промени во насока на обезбедување на интрауниверзитет-ски трансфер на студентите (меѓу самите член-ки на Универзитетот), трансфер на студентите на национално ниво (меѓу универзитетите во земјата) и меѓународен трансфер (меѓу инсти-туциите од нашата земја и институциите од други земји). Направена е измена во правилата за студирање во однос на начинот на пријавува-ње и одбрана на дипломската работа. По бара-ње на студентите беше реализирана дополни-телна – ден сесија, која на поголем број студен-ти им помогна да го надополнат пропуштеното.

Заложбите за успешна имплементација на современите концепти на високото образова-ние ја наметнуваат и потребата од нови врабо-тувања на наставно-научен и соработнички ка-дар, како и надминување на некои просторни, материјални и финансиски проблеми кои се рефлектираат на работата на Факултетот. Но, за решавање на овие проблеми потребни се по-големи напори не само од страна на Факулте-тот, туку и од страна на ресорните министер-ства: Министерството за образование и наука, Министерството за финансии и други државни органи.

Постојните додипломски студиски програми на Факултетот се збогатени со акредитираната студиска програма за родови студии, која поч-на со реализирање на настава од учебната 2008/09 година.

Приоритет во работата на Деканатската управа беше обезбедување услови за непречено одвивање на наставата. Во таа смисла, ком-

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 93

23

плетно се опремени две нови предавални со клупи и столчиња, набавени се интернет-пул-тови за Институтот за социјална работа и соци-јална политика и за Институтот за педагогија, а Археолошкиот музеј при Институтот за истори-ја на уметноста и археологија е опремен со витрини и плакари.

Во рамките на проектот Креатива настава и учење, поголем дел од наставно-научниот и соработничкиот кадар и дел од студентите беа вклучени во обуки кои се однесуваа на подучува-ње за имплементирање на креативни техники во наставниот процес, за примена на информа-тичка технологија во наставата, во подгот-вување на студентите – идни наставници за оце-нување, како и во обуки за препознавање и за справување со етнички, расни и полови пред-расуди и конфликти, со тенденција стекнатите искуства да се применат не само во наставниот процес, туку и во секојдневниот живот.

2. НАСТАВНИЦИ И СОРАБОТНИЦИ

Календарската 2008 година за Факултетот претставува исклучително активна и динамич-на година на планот на реализацијата на настав-но-научната дејност. Во процесот на изведува-њето на наставата учествуваа голем број настав-

ници, од кои 50 редовни професори, 29 вонред-ни професори, 18 доценти, 1 виш предавач, 20 асистенти и 4 помлади асистенти, или вкупно 122 наставници и соработници. Од нив, 97 се доктори на науки, а 23 се магистри. Почи-тувајќи го принципот на матичност и компетент-ност, во наставно-образовниот процес беа вклу-чени и многу професори од други факултети,

членки на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје, и од другите универзитети во Р. Македонија, како и повеќемина истакнати стручњаци од практиката. Во недостиг на млад соработнички кадар на Факултетот, во настав-ниот процес беа ангажирани околу 30 демон-стратори.

И оваа година во наставниот процес беа вклучени повеќе од 30 професори и соработници од други високообразовни и научни институции од нашиот Универзитет, а како гости и предавачи беа поканети професори од над 20 универзитети од странство. Кадровското прашање е проблем со кој се соочуваат Факултетот и Универзитетот, во целина, повеќе години. Во врска со потребата за решавање на ова прашање, до МОН и УКИМ се доставени писмени барања, а се остварени и повеќе средби со надлежните.

3. НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Наставно-научниот и соработничкиот кадар редовно е информиран за конкурсите на проек-ти финансирани од МОН, од ЕУ, во рамките на ТЕМПУС или ФП–програмите.

Наставниците и соработниците од Филозоф-скиот факултет во Скопје активно беа вклучени во домашната и меѓународната научноистражу-вачка и апликативна дејност на значајни науч-ни проекти. Во 2008 година, од Министер-ството за образование и наука се финансирани следниве проекти: „Проект за модернизација на образованието” при Институтот за психоло-гија, „Преспанскиот регион во пра и протоисто-ријата” при Институтот за историја на уметнос-та со археологија, како и „Споредување на положбата на жените Ромки во Македонија и Словенија – образовните аспекти и социјалната положба” на Институтот за социологија. Од Министерството за култура се финансирани следниве проекти при Институтот за историја на уметноста со археологија: „Заштитно-архео-лошко истражување и конзервација на Висока и Старо Бонче”, „Археолошки катастар на Република Македонија – Неготино и Кавадарци” и „Археолошки истражувања на тумул на локалитетот Корешница”. На Факултетот се реализираат два ТЕМПУС – проекта при Институтот за психологија, а средствата од нив се употребени за набавка на компјутерска опрема и стручна литература. Од меѓународните проекти за одбележување се: „Развој и примена на мастер – студии по дидактика на класичните јазици” (Институт за класични студии), финансиран од Швајцарската фондација за наука, „Компонен-ти, организација, трошоци и исходи на здрав-ствената заштита и социјалните интервенции за лицата кои доживеале посттраумски стрес како последица на војните и конфликтите на Балканот, финансиран од Европската комисија (Институт за психологија), „Подобрување на квалитетот на образованието во социологијата, во општество засновано на знаење” (Институт за социологија), финансиран преку СОРОС со Бугарија, „Европска сондажа на вредностите во

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 93

24

Македонија” на Институтот за социологија, финансиран од СОРОС и „Развој на инклузив-ната училница-практика и истражување” на Институтот за дефектологија, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка преку Универзитетот во Осло.

4. ОРГАНИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Наставно-научниот совет на Факултетот, ка-ко највисок орган на управување и стручен орган во кој членуваат редовните и вонредните професори, доцентите и претставници од редот на соработниците и студентите, во текот на календарската 2008 година, одржа 6 редовни седници на кои се донесени многу одлуки од областа на неговиот делокруг на работа утврден со Законот за високото образование, Статутот на Факултетот и другите правни акти.

На изминатите седници, се вршеа избори на наставници и соработници во звања; се усвоју-ваше извештајот на деканот за работата на Факултетот за 2008 година, како и Завршната сметка и Финансискиот план и Програмата за работата на Факултетот за 2009 година; се спро-ведуваа постапки за специјализации, магистра-тури, докторати; се утврдуваше уписната поли-тика; се усвојуваа извештаи за научноистражу-вачки проекти; се усвоија студиските програми од I и II циклус на студии на институтите на Филозофскиот факултет, се спроведуваа постап-ки за издавање на учебници, учебни помагала и книги, а се одлучуваше и за организирање на меѓународни научни собири, симпозиуми и др.

Деканатската управа, која ја сочинуваат дека-нот, продеканите, раководителите на инсти-тутите и катедрите и претседателот на Сојузот на студентите, одржа 7 редовни седници на кои расправаше за прашања битни за работата и развојот на Факултетот, што е во согласност со Статутот на Факултетот.

Покрај ангажираноста на Управата за подго-товки на седниците на Наставно-научниот совет, донесувањето на одлуки и други акти од негова надлежност, Деканатската управа особе-но внимание му посвети на усогласувањето на ставовите на институтите по разни прашања битни за работата и ефикасноста на Факултетот.

4. НАУЧНИ СОБИРИ

Филозофскиот факултет организираше меѓу-народни научни собири и конференции, кои привлекоа внимание во нашата и во меѓународ-ната научна јавност, и тоа:

- од 9 до 11 јуни 2008 година, на Филозофски-от факултет во Скопје, се одржа Меѓунаро-ден научен собир во организација на Фило-зофскиот факултет од Скопје - Институт за филозофија и Универзитетот „Шарл де Гол” – Лил 3, со поддршка од Францускиот културен центар во Скопје и Универзитетска-та агенција за франкофонија – Букурешт, на тема: „Нормите, вредностите и рацио-налноста”,

- на 2 и 3 октомври 2008 година, на Филозоф-скиот факултет - Институт за дефектологија

во Скопје, се одржа Меѓународен научен собир на тема: „Улогата на дефектологот во институционалниот и вонинституционал-ниот третман на децата со посебни образовни потреби”.

5. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Филозофскиот факултет ја продолжи актив-ната меѓународна соработка со институции и поединци од странство. Факултетот го посетија 121 професор и научен работник од над 20 странски земји, меѓу кои од: Србија - 54, Украина - 3, Хрватска - 10, Италија - 7, Финска - 2, Турција - 4, САД - 4, Германија - 4, Црна Гора - 2, Норвешка - 1, Англија - 4, Холандија - 1, Бугарија - 10, Грција - 2, Албанија - 7, Полска - 4 и Ирска-2. Голем број од нив земаа учество на меѓународни научни собири што беа организи-рани оваа година, а некои од нив беа гости визитинг-професори на постдипломските сту-дии на соодветни институти. Присуството на големиот број гости на нашиот Факултет придо-несе да се разменат значајни сознанија и искус-тва од повеќе заеднички области. Во текот на годината редовно се одвиваше и веќе воспоста-вената договорна билатерална и интерунивер-зитетска соработка.

Бројни посети на странски универзитети остварија и наши наставници и соработници што придонесе за унапредување на научноис-тражувачката и едукативната дејност и ја збогати размената на искуствата во врска со осовременување на наставата, литературата и разни други билатерални интереси.

6. СТУДЕНТИ

6.1. Додипломски студии

Запишувањето на студентите во прва година се вршеше според Конкурсот и Правилникот за запишување на студентите, Упатството за спро-ведување на Конкурсот и одлуките на Наставно-научниот совет и Деканската управа на Факул-тетот.

Според Конкурсот, на Факултетот можеа да се запишат студенти во т.н. државна квота, студенти со кофинансирање, студенти-странски државјани, а со Одлука на Владата на РМ беа запишани студенти-припадници на заедниците кои не се мнозинство, како и студенти-стипендисти на Владата на РМ.

Со конкурсот за учебната 2008/2009 година беше предвидено во државната квота да се запишат 240 студенти и 64 вонредни студенти. Исто така, беше предвидено да се примат редов-ни студенти со кофинансирање, со тоа што овој број се определи во согласност со просторните и кадровските можности на Факултетот. Конкурсната комисија во целост успешно ја спроведе усвоената уписна политика на Факултетот. И покрај големиот број нови факултети и универзитети како можен избор за студирање, интересот за студирање на нашиот факултет и натаму останува голем.

Инаку, вкупниот број на запишани студенти во сите години во академската 2008/2009 годи-

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 93

25

на, по сите основи, изнесува 3228, а бројот на студентите кои дипломирале во 2008 година изнесува 766 студенти.

Во изминатава година беа промовирани сту-дентите од првата генерација, која студираше според ЕКТС.

6.2. Постдипломски студии

Врз основа на член 113 од Законот за високо-то образование, член 109 од Статутот на Фило-зофскиот факултет и член 5 од Правилникот за единствените основи за организирање постдип-ломски и докторски студии и Одлуката за организирање постдипломски студии, Факулте-тот редовно учествува на заедничкиот конкурс што го распишува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за запишување студенти на постдип-ломски студии во учебната 2008/2009 година.

На Филозофскиот факултет, според објаве-ниот Конкурс за запишување студенти во I се-местар од учебната 2008/2009 година, се запишани студенти на сите институти и студис-ки групи. Сите студенти во учебната 2008/09 година се запишани по ЕКТС-програмата. Така бројот на запишаните студенти по институти и студиски групи изнесува 210.

Во 2008 година се отворени нови интердисци-плинарни магистерски студии по менаџмент на човековите ресурси во општествените дејности.

За потребите од осовременување на настав-ната дејност, во 2008 година се извршени одре-дени промени и внесени се новини по однос на предметните и студиските програми што произ-легуваат од потребите на ЕКТС.

За целосна реализација на постдипломските студии, Комисијата за постдипломски студии на своите редовни седници ги информираше членовите и соработниците за прашања повр-зани со начинот на студирање, нивното траење, финансирање, изведување на наставата и др.

Во учебната 2008 година се одбранети 18 докторски дисертации, 80 магистерски и 4 спе-цијалистички труда.

7. ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Филозофскиот факултет активно учествувал и пома-гал во издавањето на пове-ќе книги, учебници, учеб-ни помагала и прирачници од нашите наставници и со-работници, со што е збога-тена потребната литерату-ра за студентите од првиот и вториот циклус на сту-дии. Со тоа, значително придонел во збогатувањето на научната и стручната јавност не само во државна-та, туку и пошироко.

На Филозофскиот фа-култет е формирана Коми-сија за издавачка дејност. Врз основа на утврдените критериуми од Комисија-

та, Факултетот ќе учествува во финансирањето на издавањето на: учебници, учебни помагала и прирачници, книги и монографии како и друг вид на литература потребна за студентите.

Филозофскиот факултет минатата година го издаде Годишниот зборник, книга 61 за 2008 година, првата научна публикација од ваков вид во нашата земја. Во Зборникот, со над 624 страници, со научни трудови и прилози се за-стапени наставниците и соработниците од ин-ститутите и катедрите на Факултетот. Во теков-ната година е издаден и Зборникот под наслов: Современи трендови во социјалната заштита и социјалната работа на англиски и македонски јазик.

Факултетот учествувал и помагал во издава-њето на повеќе списанија, меѓу кои е и един-ственото македонско меѓународно списание од областа на класичните студии - Жива антика, кое излегува повеќе од 59 години при Инсти-тутот за класични студии. Особено е важно да се истакне дека нашиот Факултет преку разме-ната што ја остварува со Жива антика и Годиш-ниот зборник со над 300 домашни и странски институции и установи во значителна мера го збогатува библиотечниот фонд на Факултетот. Освен тоа, во поново време таа размена се збо-гатува и со нови побарувања од сродни факул-тети и институции од земјата и од странство.

Филозофскиот факултет помагал во издава-њето и на други научни списанија: Социолошка ревија при Институтот за социологија, Педаго-гија – Институт за педагогија, Дефектолошка теорија и практика – Институт за дефектологи-ја и Folia Archaeolgica Balcanica – Институт за историја на уметноста и археологија и др.

Факултетот издаде прирачници за секој ин-ститут, како и други соодветни брошури.

Покрај другото, Факултетот учествувал во финансирање и издавање на помали публика-ции од интерес на студентите и вработените на Факултетот, како и промотивен материјал наме-нет за претставување на Факултетот пред канди-датите заинтересирани за упис.

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 93

26

СПОРТСКА САЛА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НАПРАКТИЧНАТА НАСТАВА

Проф. д-р Гино Стрезовски,декан на Факултетот за физичка култура

Периодот од една година беше навистина краток за да се остварат замислите и амбиции-те на новиот Деканат. Меѓу првите активности што ги презедовме беше средбата со претседате-лот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски и министрите за образова-ние и наука, за транспорт и врски, за правда и за финансии. Целта беше да се презентираат идеите за развој на нашиот Факултет. Повеќето

идеи беа прифатени со ветување дека ќе имаме поддршка во нивното остварување. Посебен акцент беше ставен на финансискиот долг на Факултетот, за кој мора да истакнеме дека не беше предизвикан од вработените на Факулте-тот за физичка култура.

Првиот сериозен предизвик беше учеството на манифестацијата „Денови на образование и кариера – 2008”. Факултетот беше претставен на свој штанд со целодневна ЛЦД-презентација на часовните активности. Активно учество на Саемот имаше и Сојузот на студенти при Факул-тетот, кои на средношколците – матуранти им ја презентираа наставната програма, двете насо-ки (физичко воспитување и спорт) и беше поде-лен рекламен материјал. Со одлука на Настав-но-научниот совет, Факултетот беше претставен

и на Гимназијадата – 2008 во Струмица, со ак-тивно учество на Деканатот на трибините кои се одржуваа, со единствена цел да се привлечат што е можно поголем број на идни студенти. Факултетот, со доделување на 1000 капчиња, на сите учесници на „Гимназијадата“, со логото на Факултетот за физичка култура, успеа на најдо-бар начин да се презентира пред средношкол-ците.

Еден од најсериозните проекти во изминати-от период беше оформување на комплетна гра-дежна документација за изградба на спортска сала во димензии 50/30 метри, која треба да се гради во кругот на Факултетот. Целокупната документација беше обезбедена со голема по-мош на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Министерството за транспорт и врски, Мини-стерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт. Се надеваме дека практични-от дел од наставата ќе ја изведуваме на поче-токот на новата учебна година. Постоењето на спортската сала, само по себе, не би значело многу за развој на научната мисла на Факул-тетот, кој мора да се напомене дека работи во супстандардни услови, па во тој правец Декана-тот, со одлука на Факултетската управа и Нас-

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 93

27

Фолклорниот ансамбл при АКУД „Мир-че Ацев” од Скопје ја освои првата награда на Меѓународниот фолклорен фестивал во Валона, Албанија, кој се одржа од 8 до 12 мај о.г. Оваа едногласна одлука ја донесе меѓународното петчлено стручно жири, кое ги оценуваше извед-бите на фолклорните ансамбли од Италија, Цр-на Гора, Хрватска, Грција, Косово и Бугарија.

Македонија настапи со два ансамбла, а земјата – домаќин со три.

Програмата со која се претстави фолк-лорниот ансамбл на АКУД „Мирче Ацев“ на овој фестивал беше составена од сплетови ора и песни, и тоа: сплет на ора и песни од источна Македонија, „Повардарие“, „Овчарка“ и „Жет-варка“.

ФФООЛЛККЛЛООРРННИИООТТ ААННССААММББЛЛ ППРРИИ ААККУУДД „„ММИИРРЧЧЕЕ ААЦЦЕЕВВ““ ССОО ООССВВООЕЕННОО ППРРВВОО ММЕЕССТТОО ННАА ФФООЛЛККЛЛООРРННИИООТТ ФФЕЕССТТИИВВААЛЛ ВВОО

ВВААЛЛООННАА

тавно-научниот совет, почна со подготвување на идеен проект за изградба на нови службени простории. Бараката во која се сместени кабине-тите на професорите и нивните соработници, која, патем речено, претходно беше на Клинич-киот центар при Медицинскиот факултет, како Одделение за заразни болести, треба да биде срушена и на нејзино место да се изгради траен објект кој ќе содржи најмалку три амфитеатри, лаборатории, фитнес-центар и нови и совреме-ни кабинети за наставниците и соработниците при Факултетот за физичка култура. По двае-сет години, со завршување на договорот со А.Д. „Тутун”, Факултетот ја презеде салата која споме-натото претпријатие ја користеше како мага-цин. Објектот по санацијата ќе биде вклучен во практичната настава на Факултетот. За прв пат во своето постоење, Факултетот за физичка кул-тура доби службено возило.

Ректоратот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Министерството за образование и

наука во голема мера ги остварија своите вету-вања за несебична помош на Факултетот. Меѓу другото, беше дозволено да се издадат дипло-мите на генерацијата за виши тренери и беа доделени средства за реконструкција и санација за спортските сали и средства за купување на опрема за унапредување на наставно-научниот процес.

Во изминатиот период, Наставно-научниот совет одржа 27 седници. Донесени се одлуки за формирање комисија за ревидирање на настав-ните планови во двете насоки, за избор и ре-избор на наставници и соработници, а спрове-дени се и постапки за оцена и одбрана на пове-ќе магистерски и докторски трудови. Терен-ската настава, односно летното и зимското логорување се во целост реализирани, иако во наредниот период треба да се обнови опремата на наставниците и во летното и во зимското логорување.

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 93