24
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје посебен број, август 2009 4 4 2 2 . . С С Е Е М М И И Н Н А А Р Р З З А А М М А А К К Е Е Д Д О О Н Н С С К К И И Ј Ј А А З З И И К К , , Л Л И И Т Т Е Е Р Р А А Т Т У У Р Р А А И И К К У У Л Л Т Т У У Р Р А А

Univerzitetski vesnik br. 97

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 97, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 97

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје посебен број, август 2009

4422.. ССЕЕММИИННААРРЗЗАА ММААККЕЕДДООННССККИИ ЈЈААЗЗИИКК,, ЛЛИИТТЕЕРРААТТУУРРАА ИИ ККУУЛЛТТУУРРАА

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 97

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникПроф. д-р Велимир СтојковскиЗаменик главен и одговорен уредник

М-р Илија ПиперкоскиУредник на овој број

Проф. д-р Емилија Црвенковска

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав Башевски

Лектор Весна И. Цветановска

Техничко уредување Горан Муратовски

Успешниот континуитет продолжува, проф. д-р Емилија ЦрвенковскаСеминарот - своевидно поклонение на словенските просветители, проф. д-р Ѓорге Иванов, претседател на РМПридонес во светските цивилизациски и хумани вредности, проф. д-р Велимир Стојковски, ректор

• Весна Мојсова-Чепишевска• Марија Паунова• М-р Лидија Танушевска• М-р Гордана Алексова• Станислава-Сташа Тофоска• Д-р Катерина Велјановска• Роза Тасевска• Војкан Миленковиќ

Раскажува Олга Пањкина

Гане Тодоровски

• Песната Небидникова• Љубовна најобична, дветризборна

Матеја Матески

• Залез

........................................ 2

....... 3

................ 3

.................... 7................................... 8

........................ 8.......................... 9

............... 9.................. 10

...................................... 10.............................. 11

................... 14

..................... 20.. 21-23

................................................ 23

Одржан 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Ч етириесет и вториот меѓународен семи-нар за македонски јазик, литература и

култура се одржа од 10 до 27 август 2009 годи-на во Охрид, во просториите на Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје.

На отворањето обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски. Пред учесниците на Семинарот и гостите се обрати и г. Ѓорѓе Ива-нов, претседател на Република Македонија. Покровител на годинешниов Семинар беше Елизабета Канчевска-Милеска, министерка за култура на Република Македонија.

Отворањето беше збогатено со изложба на книги од најновата македонистичка издавач-ка продукција, со изданија што за учесниците на Семинарот ги подарија: Филолошкиот фа-култет „Блаже Конески“, Институтот за маке-донски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолк-лор „Марко Цепенков“, Институтот за нацио-

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 97

3

Одржан 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и културанална историја, Филозофскиот факултет, Дру-штвото на писатели на Македонија и други. Првото предавање за 60-годишниот развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скоп-је го одржа ректорот Велимир Стојковски, со прикажување на филмот подготвен по повод големиот јубилеј на Универзитетот.

Програмата на Меѓународниот семинар бе-ше богата, со теми од различни области. На лингвистички теми се одржаа 4 предавања: Лилјана Макаријоска, Што има ново во маке-донската наука за јазикот; Људмил Спасов, Типологија на развојот на македонскиот пис-мен јазик (16-19 век); Анета Дучевска, Рече-ница - текст - контекст; Стојка Бојковска, Круме Кепески - автор на првата средно-школска граматика на македонскиот јазик.

Беа одржани 4 предавања од областа на литературата: Милан Ѓурчинов, Владо Малес-

ки, еден од втемелувачите на современата македонска проза (по повод 90 години од раѓа-њето); Ката Ќулавкова, Црна Арапина и Болен Дојчин во колективната меморија на балкан-ските народи; Томислав Тодоровски, Влогот на Кузман Шапкарев за духовната ренесанса на македонскиот народ (100 години од смрт-та на великанот); Лидија Капушевска-Драку-левска, Што има ново во македонската лите-ратура.

Од областа на историјата, културата, фолк-лорот и традицијата беа презентирани 3 преда-вања со следниве теми: Александар Гиревски, Македонскиот јазик во преводот на Библија-та, Тодор Чепреганов: 60 години од крајот на граѓанската војна во Грција, Родна Велич-ковска, Водичарското пеење во Македонија, Елизабета Конеска, Заеднички светилишта,

Почитувани пријатели, студенти и научници, драги гости,

Мое задоволство е што можам да ви се обратам на отворањето на 42. Семинар за ма-кедонски јазик, литература и култура.

Не можеме ниту да замислиме посоодветно место за одржување на ваков еминентен со-бир, од тука, на брегот на езерото, под закри-ла на градот Охрид. Ова е местото од каде што сета креативна енергија на нашето поднебје се обединила за еден голем потфат. За започну-вање на мисија која ќе доведе до просветлува-ње на половина Европа. Овој собир кој се одр-жува секоја година е своевидно поклонение на големото дело почнато тука. На светите Ки-рил и Методиј, на Климент и Наум. Ми прет-

Годинешниов 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, се одржува во годината кога истовремено го одбележуваме и 60-годишното постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Притоа, во оваа јубилејна година не може, а барем за момент да не се навратиме во историјата.

Секое навраќање значи и потсетување дека и покрај тешките денови за македонската др-жава и многуте историски премрежја, јазикот, литературата, културата, обичаите и фолкло-рот отсекогаш биле нишката која го одржува македонскиот народ, го одржува македонски-от идентитет.

Денес, кога пред нас се наоѓаат 5 нови изда-нија на Семинарот и нивниот број станува им-позантен од преку 150 изданија напишани на македонски литературен јазик, уште еднаш

продолжение на стр. 4 продолжение на стр. 6

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 97

4

Илинденка Петрушева, Македонскиот филм од почетоците до денес.

На годинашнава лет-на школа на Меѓународ-ниот семинар учеству-ваа 84 слушатели од 22 земји (Австрија, Албани-ја, Белорусија, Белгија, Бугарија, Германија, Гр-ција, Јапонија, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Ср-бија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Хо-ландија, Хрватска, Чеш-ка). За одбележување е присуството на голем број млади луѓе, студен-ти и млади научни ра-ботници, што влева на-деж за перспективите на македонистиката во светот. И токму поради образовната дејност,

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во декември 2008 година се здоби со високата државна награда „Св. Кли-мент Охридски“.

Во текот на Семинарот, делегација од десе-тина учесници беше примена од претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, во неговата резиденција во Охрид.

Главниот дел од наставата се одвиваше пре-ку лекторските вежби. Семинаристите беа по-делени во лекторски групи според три степени на познавање на јазикот. Лекторските групи за почетници ги водеа Роза Тасевска и Војкан Ми-ленковиќ, а за среден курс: Катерина Велјанов-ска, Гордана Алексова, Лидија Танушевска и Марија Паунова. Напреднатиот курс за јазик го водеше Станислава-Сташа Тофовска, а на-преднатиот курс за литература - Весна Мојсова-Чепишевска.

Наставата беше збогатена и со изборни кур-севи во траење од пет дена, од: македонски ја-зик (Елена Петроска); македонска литература (Соња Стојменска-Елзесер), старословенски ја-зик (Димитар Пандев); археолошки толкувања на симболите и митовите во македонската кул-тура (Никос Чаусидис); народни ора (Благоја Јовановски). Преведувачката работилница ра-ботеше во три групи: превод од македонски на англиски и обратно (Е. Петроска), од македон-ски на руски и обратно (Р. Тасевска) и од маке-донски на полски и обратно (Л. Танушевска). За првпат оваа година се одржа и драматур-шка работилница што ја водеше Горан Стефа-новски.

Оваа година во програмата на Семинарот беше воведено и претставување на млади науч-ни кадри со предавања од различни области: Бранислав Геразов, Статистичка анализа на гласовната структура на македонскиот ја-зик; Николче Мицкоски, Дефинирање терми-нологија од областа на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во маке-донскиот јазик; Гоце Наумов, Неолитска ико-нографија: претставите на телото и негови-

ставува особено задоволство што ве гледам ту-ка, дојдени од десетици разни земји. След-беници на делото кое во својата суштина не признава други граници, освен тие наметнати од човековиот дух и неговата фантазија.

Драги пријатели, благословени сме да жи-вееме во регион со бесценета култура, со тра-диција, со сите богатства кои човекот ги соз-дал. Знаеме дека секоја боја, сите движења со четкичката кои се напластени еден врз друг, се важни за големата слика на Балканот, за големата слика на Европа. Вие сте се посвети-ле на изучувањето на една од тие целини, на еден од слоевите на сликата, но притоа про-никнувате и во суштината на целината. От-таму, вие најдобро знаете дека предметот на вашата работа е еден јазик на слободата, јазик на трудољубивоста. Јазик преку кој се прене-суваат почитувањето на соседите, чествување-то на домот и на пријателите.

Почитувани, традицијата на овие средби е дотолку повеќе потребна, затоа што сѐ уште постои страв од македонскиот јазик. Постои некаков страв од Македонците воопшто. Како искрени пријатели на Македонија и на Маке-донците, вие секако знаете дека тој страв, таа воздржаност кон нас, произлегува од непозна-вањето. Од затвореноста кон нешто што може-би изгледа необично и нејасно. Наспроти зат-ворените луѓе, кои се плашат да комуници-раат, ние се собираме тука за слободно да го славиме јазикот, говорот. Да ја славиме кому-никацијата меѓу луѓето.

Токму затоа, вашата улога, која и досега на блескав начин ја вршите, е да допрете до што е можно повеќе срца. Да ја пренесете вистина-та за Македонците и за Македонија, дека тука живее еден едноставен народ, обични луѓе, кои понекогаш се способни за навистина, на-вистина големи дела.

Ви благодарам и ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна работа.

продолжение на поздравното обраќање на Претседателот на РМ

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 97

5

те симболички значења. На Семинарот беа промовирани 10 тома од

избраните дела на Милан Ѓурчинов, промотор: Елизабета Шелева. Беше промовирана и збир-ката македонски раскази во избор и превод на руски на Олга Пањкина, промотор: Ала Шеш-кен.

Културната програма на годинешниов Семи-нар беше богата и многу посетена. Одделни вечери беа посветени на творештвото на Гане Тодоровски, со воведен збор на Атанас Ванге-лов, на Матеја Матевски, со воведен збор на Влада Урошевиќ, проследени со читање на нив-ната поезија на различни јазици, а во превод на учесниците на Семинарот. Беше претставе-но и творештвото на скулпторот Томе Серафи-мовски, за кое зборуваше Цветан Грозданов. Учесниците на Семинарот присуствуваа на Поетската ноќ во Велестово, како и на Струш-ките вечери на поезијата, а имаа можност и да видат неколку македонски филмови. Учесни-ците на Семинарот беа гости на градоначални-кот на Охрид, Александар Петрески, на фолк-лорниот фестивал во с. Скребатно.

Со културното богатство на Охрид учесници-те на Семинарот се запознаа преку разгледу-вање на градот, посета на црквата Св. Софија, куќата на Робевци, Античкиот театар, Галери-јата на икони, Богородица Привилептос, Пла-ошник. Традиционалната ед-нодневна екскурзија со брод во Св. Наум беше проследена со предавање за манастирот, кое беше одржано од Сашо Коруновски. Учесниците на Семинарот и на Научната конференција имаа можност да се дружат во убава атмо-сфера на ноќно крстарење по Охридското Езеро.

Оваа година се одржа XXXVI научна конференци-ја, на 24 и 25 август, актив-ност што традиционално се одржува во рамките на лет-ната школа. На отворањето на Конференцијата беа про-мовирани зборниците од ми-натогодишната конференци-ја, а промотори беа Димитар Пандев и Весна Мојсова-Чепишевска. Работата на XXXVI научна конференција се одвиваше во две секции. Лингвистичката секција работеше на теми: 1. Лингвистичка синонимија во маке-донскиот јазик; 2. Структурата на проста-та реченица во дијалектите на македон-скиот јазик. Координатор на лингвистичката секција беше Убавка Гајдова. На оваа секција учествуваа 25 учесници, а од нив 10 од стран-ство (3 од Србија, по 2 од Русија и од Јапонија и по 1 од Албанија, од Полска и од САД) и 15 од Македонија. Литературната секција работеше на две теми: 1. Научното и критичкото дело на Димитар Митрев; 2. Македонската лите-ратура во европски контекст. Координатор на литературната секција беше Наташа Авра-мовска. На оваа секција учествуваа 26 учесни-

ци, а од нив 10 од странство (3 од Русија, по 2 од Полска и од Хрватска, по 1 од Германија, Словачка и Чешка) и 16 од Македонија.

Издавачката дејност на Семинарот година-ва е збогатена со 5 изданија: 1. Зборникот пре-давања од XLI меѓународен семинар за маке-донски јазик, литература и култура; 2. XXXV научна конференција - лингвистика; 3. XXXV научна конференција – литература; 4. Р. Тасевска, Македонски со мака, второ изда-ние; 5. Македонски песни, составиле М. Каран-филовски, Б. Велјановска. Дел од изданијата се достапни во електронска форма на веб-страни-цата на Семинарот.

На крајот беше спроведена анонимна анке-та во која слушателите даваа мислења, сугес-тии, пофалби и критики. По препорака на слу-шателите, би било добро при организирањето на следниот семинар да се разгледа можноста за организирање курс за народни песни, како и да се зголеми бројот на лекторски часови.

За организацијата на Семинарот во текот на целата година се грижеше секретарот Благица Велјановска, а Ректоратот даде добра логистич-ка поддршка во луѓе и во опрема. Со просторот и услугите што ги нуди Конгресниот центар на УКИМ, Семинарот доби одлични услови за ра-бота.

За одржувањето на Меѓународниот семинар

за македонски јазик, литература и култура, фи-нансиска поддршка дадоа двете ресорни мини-стерства: Министерството за образование и наука и Министерството за култура. За одбеле-жување е што во последниве години деловните луѓе од Македонија ја сфатија важноста на Се-минарот за меѓународната промоција на земја-ва и почнаа да даваат финансиска поддршка, со што беа збогатени програмските содржини на Семинарот. Оваа година со спонзорства учествуваа: Комерцијална банка, Тинекс, МЗТ-пумпи, Фармахем и Ротари-клубот на Македо-нија.

На крајот, по убавата работна и пријателска атмосфера што владееше на Семинарот, кон-тактите на странските македонисти со нивните македонски колеги и пријатели продолжуваат.

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 97

6

сакаме да кажеме за македонскиот придонес во светските цивилизациски и хумани вред-ности и да се потсетиме дека токму просветата и првата богослужба на старомакедонски ја-зик, со писмото на солунските браќа имаат епохално значење за културниот развиток на сите словенски народи.

Создавајќи ја првата словенска азбука, пре-ведувајќи ги на словенски јазик најпотребни-те богослужбени книги, издигнувајќи го маке-донскиот говор до степен на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбе-ници, како Св. Климент Охридски, Констан-тин Брегалнички и други словенски просвети-тели, светите Кирил и Методиј, патроните на нашиот Универзитет и сопокровители на Евро-па, токму во Македонија ја запалија искрата на писменоста, просветата и културата.

Почитувани учесници, овој Семинар тради-ционално се одржува во Охрид. Во македон-скиот најголем културен и духовен центар, престолнина на Самуиловото царство, седиш-те на Охридската архиепископија, во Охрид - градот на УНЕСКО. Град во кој пред единаесет столетија започнале творечките импулси на словенската писменост.

Вашата определба да го изучувате македон-скиот јазик особено нѐ радува. Затоа што на-влегувајќи во македонското јазично богатство ќе дознаете многу за нашиот милениумски на-род кој оставил неизбришливи траги во свет-ското културно наследство.

Семинарот преку својата богата програма, која опфаќа предавања од еминентни преда-вачи, нуди извонредна можност за изучување на македонскиот јазик и литература, започну-вајќи со теми од историјата на македонскиот писмен јазик, македонскиот јазик во преводот на Библијата, па сѐ до новите тенденции во развојот на македонската проза и драматурги-ја.

Истовремено, Семинарот е и добра мож-ност за нови пријателства, дружење и запозна-вање со прекрасниот Охрид и Македонија. Верувам дека ќе најдете време да ги подотво-рите богатите ризници на нашиот словенски Ерусалим и барем за момент да го почувству-вате духот на историјата.

Убеден сум дека овој Семинар ќе го задово-ли вашиот интерес за изучување на македон-скиот јазик, литература и култура, но исто-времено носејќи ги со вас стекнатите знаења и впечатоци во земјите од каде што доаѓате, дека ќе дадете и придонес во афирмацијата на нашата богата духовна и материјална култура.

Дами и господа, почитувани учесници,

На крајот, имам посебно задоволство да ве поздравам од името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да ви посакам добра работа и истовремено 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура да го прогласам за отворен.

продолжение на поздравното обраќање на Ректорот

пишува Роза Тасевска

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 97

7

Весна Мојсова-Чепишевска е родена во Скопје 1967, во годината кога започна со работа Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и кога Македонската православна црква ја прогласи својата автоке-фалност. Неколку години по завршувањето на средното училиште, додека студирала, рабо-тела како презентер и водител во Македон-ската радио-телевизија. Од 1990 година во слободно време предава група предмети од областа на современата македонска книжев-ност на Филолошкиот факултет „Блаже Конес-ки“, кадешто во 2007 е избрана за вонреден професор. Во периодот ноември 2004–октом-ври 2008 ја вршела функцијата продекан за настава на истиот Факултет. Зема учество во жири-комисии за доделување на престижни на-гради од областа на литературата во Р. Македо-нија, како што се Рациновата награда за најдоб-ра проза објавена меѓу две Рацинови средби и наградата „Мајстор на прозата”.

Нејзините последни петнаесетина години се во знакот на нејзино учество на бројни семина-ри и симпозиуми, како и на преку 140 трудови во домашни и странски книжевни списанија. Автор е на четири книги: Рацин и експресио-низмот (Скопје: Менора, 2000, 232), Литературни преокупации (Скопје: Менора, 2000, 294), Лицето на зборовите (Скопје: Кул-тура, 2004, 261) и Мал книжевен тестамент (Скопје: Македонска реч, 2007, 263). Во послед-ниве години интензивно се занимава со прире-дување антологии. Па така, минатата година излезе од печат антологијата на женската јуж-нословенска проза 12. Жени. Гласови (Скопје: Македонска реч, 2008). 2009 ја одбележа со уште две антологии, една во соработка со Анге-лина Бановиќ-Марковска под наслов DON’T YOU FYROM ME (Suvremena makedonska pričа) во издание на Матица хрватска, а втората во соработка со колегите од Полска Богуслав Зие-лински и Лех Мјодински, под наслов Едрили-чари низ сеќавањето (ŽEGLARZE PAMIĘCI – Antologija wspólczesnej literatury macedońskiej),

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 97

8

во издание на Универзитетот Адам Мицкијевич од Познањ.

Од 2002 до денес работи и како лектор по македонска литература и јазик на Меѓународ-ниот семинар за македонски јазик, литерату-ра и култура.

Марија Паунова е родена во Скопје, на 19.8.1978 година. Основно и средно училиште завршила во Скопје, а во 2002 година дипломи-рала на Филолошкиот факултет „Блаже Конес-ки“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнала со звањето професор по македонски јазик со македонска книжевност и јужнословенски кнжевности. Истата година се запишала на постдипломски студии по маке-донски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во текот на 2005 година ги положила предвидените испити од постдип-ломските студии. Во 2007 година ја пријавила темата за изработка на магистерски труд под наслов Деклинација на именките во црковно-словенските ракописи од македонска редакци-ја, а за ментор била избрана проф. д-р Емилија Црвенковска. Магистерската теза ја одбранила во мај 2009 година.

Од ноември 2002 година е ангажирана како демонстратор по предметот старословенски ја-зик, а во ноември 2003 година е избрана за помлад асистент по предметот старословенски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конес-ки“. Изведува вежби за групите: македонски јазик, македонска книжевност, славистика, оп-шта и компаративна книжевност, српски јазик, хрватски јазик, словенечки јазик, како и на Филозофскиот факултет за групите историја на уметноста и археологија. Од 2003 до 2007 била ангажирана со два часа на предметот култура на говорот за студентите од Факултетот за фи-зичка култура, а од 2005 изведува настава по македонски јазик за студентите од Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет. Одр-жува и индивидуални часови по македонски јазик за странци.

Досега има објавено 19 труда, од кои 13 статии, 3 прикази и 3 хроники.

Учествувала на 4 конференции, од кои две во земјава и две во странство.

Паунова досега била вклучена во 3 научно-истражувачки проекти, како соработник-млад истражувач.

Марија Паунова, четири години (2006-2009), била лектор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

М-р Лидија Танушевска е вработена на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ како асистент по полски јазик и литература од 1998 година. Во рамките на ангажираноста држи вежби по граматика на полскиот јазик за I, II и III година под А и за I и II година под Б (фо-нетика и фонологија; морфонологија и морфо-синтакса), вежби по современ полски јазик за групите под Б и Ц, превод од полски јазик на македонски јазик на IV година под А, а од учеб-ната 2005/2006 година и вежби по полска лите-ратура од средновековната до најновата совре-мена литература.

Добитник е на престижната награда „Златно перо“ за 2008 година, доделена од Сојузот на преведувачите на Р. Македонија, за превод од полски на книгата „Правек и другите времиња“ од Олга Токарчук.

Била секретар на Организацискиот одбор на списанието „Славистички студии бр. 10“ посве-тено на проф. Зузана Тополињска, секретар на Организацискиот одбор на Шестата македон-ско-полска конференција од областа на јазикот и литературата, одржана во Охрид, 2002 годи-на, и на зборникот од оваа конференција, како и на манифестацијата „50 години на полонисти-ката во Македонија“, одржана од 22-25 октом-ври 2009 година.

Од 1994 до 1998 година работела како лектор по македонски јазик на Шљонскиот универзи-тет во Катовице, а во учебната 1995/96 година и на Јагиелонскиот универзитет во Краков, Пол-ска.

Од август 2004 година учествува на Меѓуна-родниот семинар за македонски јазик, литера-тура и култура, како лектор по македонски јазик за странци. Веќе шест години по ред води среден курс за учесници од сите говорни под-рачја, но најмногу од словенското. Во последни-ве три години ја води и преведувачката рабо-тилница од полски на македонски и обратно, во

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 97

9

која се преведуваат, главно, литературни тек-стови: проза, поезија и драма. Има објавено повеќе од 20 трудови (преводи, статии, книги).- Шулц, Бруно „Продавници со боја на ци-

мет“, превод од полски: Лидија Танушев-ска, Скопје: Темплум, 2004, 143.

- Херлинг-Груѓињски, Густав: „Бела ноќ на љубовта: театарски роман“, превод од полски: Лидија Танушевска, Скопје: Или-или, 2006, 109.

- / Велјановска, К. / Дучевска, А. / Тофоска, С.: „Преглед на видските форми на почести-те глаголи во македонскиот јазик“, Меѓуна-роден семинар за македонски јазик, лите-ратура и култура, Скопје: 2007, 116.

М-р Гордана Алексова од 1986 година е вработена на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот фа-култет „Блаже Конески“ во Скопје, сега во звањето виш лектор. Води курсеви по современ македонски јазик и практика на наставата по македонски јазик, како и вежби по предме-тот методика на наставата по македонски јазик. Води и курсеви по современ македонски јазик на други факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид 12 пати работела како лектор, со групи од почетниот и од средниот курс. Трипати учествувала и на Научната дискусија при Семинарот за МЈЛК. Четири години била лектор по македонски ја-зик на Едебијат-факултетот при Истанбулскиот универзитет во Турција. Трипати била дел од тимот што ја изведува наставата по македонски јазик за странските кандидати за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Долгогодишен член е на Извршниот одбор на Сојузот на друштвата за македонски јазик. Учествува во организирањето и изведувањето на општинските и на државните натпревари по македонски јазик за основното и за средното образование. Во неколку наврати била член или претседател на Комисијата за стручниот ис-пит по македонски јазик за наставниците од основното и од средното образование при Ми-нистерството за образование и наука на РМ. Била претседател на првата стручна комисија

по македонски јазик во проектот Државна мату-ра при Министерството за образование и наука на РМ. Учествува во активностите на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонски-от јазик како странски/втор јазик - Цетис Мак, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Автор е на статии од областа на науката за јазикот, пред сѐ, од методиката на наставата по македонски јазик и лингвостилистиката. Коав-тор е на четири учебници по македонски јазик за основното образование.

Станислава-Сташа Тофоска е доцент на Катедрата за македонски јазик и јужнословен-ски јазици и предава различни предмети од об-ласта на современиот македонски јазик (од пра-вопис и правоговор, фонетика и фонологија, синтакса, семантика, лексикологија, зборобра-зување итн.) на студенти од различни групи: македонски јазик, албански јазик - наставна насока и насока за преведување и толкување, турски јазик, на групите за англиски, фран-цуски и германски јазик на Катедрата за пре-ведување и толкување, на Филозофскиот фа-култет итн.

Се занимава со семантика, синтакса и лекси-кологија, со глаголскиот вид. Еден е од коавто-рите на прирачникот Преглед на видските форми на почестите глаголи во македонскиот јазик (УКИМ, МСМЈЛК, Скопје 2007).

На Meѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура работи од 1994 го-дина (и тоа: 1994, 1995, 1996, 2003, 2006, 2007 и 2009). Во 1994 работела како лектор – волон-тер со група составена од Македонци од дија-спората. Има водено групи на сите нивоа, почетно (1995 и 1996), средно (2003, 2006 и 2007) и напредно (2009). Била и лектор по ма-кедонски јазик како странски на Меѓународна-та летна школа за словенски, источноевропски и централноазиски јазици (Summer Workshop in Slavic, East European and Central Asian Lan-guages) на Универзитетот „Индијана“ во Блу-мингтон, САД (Indiana University, Bloomington, USA), во периодот јули-август 2001.

Била учесник (соработник-истражувач) во следниве проекти:

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 97

1 0

- 2007-2009, во билатералниот македонско-хрватски проект Положбата на македон-скиот и на хрватскиот јазик во обра-зовниот систем на повеќејазични средини;

- 2007-2008, во TEMPUS-проектот Центар за тестирање и сертифицирање на маке-донскиот како втор и како странски јазик (Macedonian Language Testing and Certifying Center);

- 1995-2001, во меѓународниот проект Аспек-тот во словенските и романските јазици (со потпроектот Аспектот во македонски-от јазик).

Д-р Катерина Велјановска, редовен професор при Катедрата за македонски јазик, литература и култура на Филолошкиот факул-тет „Блаже Конески“ во Скопје (род. 18.2.1962).

Во учебните 1989/90 и 1990/91 - лектор по македонски јазик на Карловиот универзитет во Прага, ЧССР.

Во учебните 1999/2000 и 2000/01 - доцент на Универзитетот во Љубљана, Р Словенија.

На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура работела како лек-тор и ги водела курсот за почетници и курсот за среден курс (1987, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2001, 2002, 2008 и 2009).

На Семинарот била предавач во 1999 и во 2006 година, а во 2007 година го водела курсот по избор од областа на современиот македон-ски јазик.

Коавтор е на прирачникот Преглед на вид-ските форми на почестите глаголи во маке-донскиот јазик, 2007, во издание на Семина-рот.

Роза Тасевска, лектор по руски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Дипломирала во 1979 година на Филолош-киот факултет во Скопје.

Од 1979 до 1996 е постојано вработена како лектор по македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и кул-тура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и тоа на следниве универзитети:- 1979-1982, лектор по македонски на Уни-

верзитетот во Крајова (Романија);

- 1982-1983, лектор по македонски на Карло-виот универзитет во Прага (Чехословачка);

- 1983-1987, лектор по македонски на Мар-тин-Лутер универзитетот во Хале (Германи-ја);

- 1987-1991, лектор по македонски на Универ-зитетот во Виена (Австрија);

- 1991-1995, лектор по македонски на Москов-скиот државен универзитет „Ломоносов“ во Москва (Русија).Од 1996 година работи како лектор по руски

јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конес-ки“ во Скопје.

На Семинарот во Охрид работи повеќе од дваесет години - од 1980.

Учествувала на Семинар по чешки јазик во Брно (1976, 1977, 1978), на Семинар за настав-ници во високи школи (во организација на Советот на Европа) во Грац (1996), а исто така престојувала и два месеца на специјализација за превод на Московскиот државен универзи-тет „Ломоносов“ во Москва (2002).

Учествувала, исто така и на меѓународниот научен симпозиум Словенските јазици и кул-тури во современиот свет во Москва, МГУ, 24-26 март 2009, со рефератот Учебници и учебни помагала по руски јазик во Македонија.

Објавени изданија:- Роза Тасевска, Елизабета Шоша, Романско-

македонски разговорник, Меѓународен се-минар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Скопје, 1984, с. 172;

- Рина Усикова, Таисија Попспирова, Роза Тасевска, Руски за сите, учебник за напред-нати, „Матица македонска“ – Скопје, 1996, с. 243;

- Ала Шешкен, Студии за македонската ли-тература, превод од руски, „Дијалог“, Скопје, 2005, с. 126.;

- Роза Тасевска, Македонски со мака, курс за почетници, Меѓународен семинар за маке-донски јазик, литература и култура при УКИМ, Скопје, 2007, с. 200;

- Роза Тасевска, Изучаем русский язык, учеб-ник за почетници и за средни, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2008. с. 194.

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 97

1 1

Војкан Миленковиќ е роден е во Скопје, каде што завршил основно и средно образова-ние.

Во 1997 година се запишал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на група-та за македонски јазик и јужнословенски јази-ци. Како втор главен јазик го изучувал чешкиот јазик. Дипломирал во 2002 година и се стекнал со звањето дипломиран филолог по македон-

ски јазик со чешки јазик и книжевност.Непосредно пред дипломирањето почнал да

работи хонорарно во Центарот за ареална линг-вистика при МАНУ. Во МАНУ работел до 2004 година. Најголем проект на кој работел во МАНУ бил Општословенскиот лингвистички атлас (компјутерска обработка на мапите). По-тоа кратко време работел за организацијата Мировен корпус - Македонија.

Покрај работата на Општословенскиот линг-вистички атлас, напишал и неколку статии и рецензии, меѓу кои и „Стилистичка анализа на стрипот“. Моментално работи на својата докторска дисертација на тема „Фраземите во македонскиот и чешкиот јазик со посебен осврт на зоофраземи“.

Исто така, во 2008 и 2009 година работел како лектор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, а вклучен е и во проектот „Интеркорп“, во рамките на Карлови-от универзитет во Прага.

Инаку, лекторската работа отсекогаш го при-влекувала. Можноста да се предава македон-скиот јазик на странци за него отсекогаш прет-ставувала предизвик.

ООЛЛГГАА ППААЊЊККИИННАА -- ППООТТВВРРДДЕЕНН ММААККЕЕДДООННИИССТТ

Пишува Роза Тасевска

продолжение на стр. 14

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 97
Page 13: Univerzitetski vesnik br. 97
Page 14: Univerzitetski vesnik br. 97

1 4

Во 1975 година, по завршувањето на средно-то училиште успешно ги положив приемните испити и станав студентка на Филолошкиот фа-култет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Имав желба да научам словенски јазик. Таа година за изучување како основен јазик се предлагаа словенечкиот и за прв пат - македонскиот. Го одбрав македонскиот. Пара-лелно го учев српско-хрватскиот.

Македонскиот јазик ни го предаваше проф. Рина Усикова. Таа вложи големи напори ние, студентите, не само да го совладаме јазикот, ту-ку и да се запознаеме со историјата на македон-скиот народ, со неговата богата култура. За тоа несомнено придонесоа и лекторите проф. Лил-јана Минова-Ѓуркова и проф. Кирил Конески.

Во 1977 дојдов во Македонија, на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Уште тогаш ја засакав Македонија. Во 1979 година бев испратена на подолго стажи-рање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на МАНУ. Имав среќа за научен ментор да го имам акад. Блаже Конески. Дип-ломската теза за глаголските времиња во маке-донскиот јазик ја подготвив под негово рако-водство. Мислам дека токму под влијание на проф. Рина Усикова и акад. Блаже Конески се афирмирав како македонист.

Во 1980 година дипломирав со одличен ус-пех по струка: филолог, стручњак за словенски јазици и литератури.

За свој учител го сметам и Диме Толовски. Со него, во својство на уредник и преведувач од руски на македонски, неколку години рабо-тев заедно во Државниот комитет на Русија за

радио-телевизија. Подготвувавме емисии на-менети за слушателите во Македонија. Тоа беше одлична преведувачка школа за мене.

Има и уште еден човек кој одигра важна улога во мојот професионален живот. Тоа е акад. Гане Тодоровски, прв амбасадор на Ре-публика Македонија во Руската Федерација. Токму тој ме поттикна да почнам да преведу-вам уметнички текстови и да препејувам поези-ја.

Jас сум повеќекратна учесничка на Меѓуна-родниот семинар за македонски јазик, литера-тура и култура во Охрид, како и на научни кон-ференции и собири. За задачите на преведу-вачот да го пренесе богатството на јазикот на авторот и да го сочува националниот колорит на текстот зборував на Научната конференција одржана летоска во рамките на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, со споредување на примери од „Прочка“ на Бла-же Конески и од текстот на расказот преведен на руски. Инаку, мојот научен интерес лежи во доменот на современиот македонски јазик, пред сѐ на лексикографијата, на теоријата и практиката на преведување од/на словенски ја-зици.

Семинарот го сметам за многу корисна рабо-та. Пред сѐ, со помош на лекторите имам мож-ност да го усовршувам македонскиот јазик, благодарение на многу интересни предавања и курсеви по избор имам можност да ги проши-рам моите научни познавања за Македонија, а со директни контакти со Македонци можам да се запознаам со современите состојби во земја-та. Од голема полза за мене е преведувачката работилница што ја води лекторот Роза Тасев-ска.

За време на мојот престој во Македонија се трудам да остварам повеќе средби со писатели, да соберам материјал за натамошна творечка работа во Москва.

Би сакала да ѝ заблагодарам на Емилија Црвенковска, директорка на Семинарот за ма-кедонски јазик, литература и култура, која ме обезбедува со неопходни книги. Низ цела годи-на, преку интернет, во постојан контакт сум со лекторот Весна Мојсова-Чепишевска, која ме

Раскажува Олга Пањкина

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 97

1 5

консултира и ми помага во моите литературни зафати.

Од 1994 година вработена сум во Амбасада-та на Република Македонија во Москва. Покрај основната работа, од 2007 година предавам ма-кедонски јазик во Меѓународниот словенски ин-ститут во Москва. Од лани го држам курсот „Културата и јазикот на Македонија“ во Држав-ната академија за словенска култура во Мос-ква, наменет за студенти - културолози.

За потребите на студенти-почетници напра-вив мали речници: руско-македонски и маке-донско-руски со граматички коментар. Обја-вив разговорници: руско-македонски и маке-

донско-руски.Jас сум поче-

сен член на Соју-зот на литера-турните преве-дувачи на Маке-донија.

Имам обја-вени преводи, главно поезија, на руски од сло-венски јазици (српски, хрват-

ски, бугарски, чешки, украински). Секако нај-многу преведувам од ма-кедонски. Меѓу поважни-те поетски преводи се пес-ни од Блаже Конески, Га-не Тодоровски, Петре М. Андреевски, Анте Попов-ски, Трајан Петровски, Ристо Лазаров, Катица Ќулавкова, Славе Ѓорго Димовски, Милош Лин-дро, Лилјана Дирјан, То-дор Чаловски, Ристо Василевски, Јордан Ѓор-чев и други, монодрамскиот спев „Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш.

Од прозните дела ги имам преведено рома-ните „Големата вода“ од Живко Чинго и „Пи-реј“ од Петре М. Андреевски. Во 2009 година излезе од печат збирката „Раскази“, прва кни-га од серијата „Библиотека на литературата на Македонија“, каде што истапувам во улога на составувач и преведувач. До крајот на година-ва планирам да ја објавам наредната книга од оваа едиција, која ќе содржи пиеси од 9 врвни македонски драматурзи.

РРААССККААЗЗИИ ООДД ММААККЕЕДДООННССККИИ ППИИССААТТЕЕЛЛИИ-- ааннттооллооггиијјаа --

По двете промоции во Македонија, книгата ,,Раскази од македонски писатели“ во избор и превод на Олга Пањ-кина беше претставена и пред рускиот аудиториум во октом-ври 2009 во Домот на нацио-налностите во Москва. Книга-та ја промовираше акад. Ала Г. Шешкен, најпознатиот теоре-тичар и познавач на македон-ската литература во Русија, про-

фесор по македонска литерату-ра на Московскиот државен универзитет ,,М. В. Ломоно-сов“.

Еве што кажа промоторката за последното дело на Олга Пањкина, но и првото од сери-јата ,,Библиотека на литерату-рата на Македонија“ чиј наре-ден проект се пиеси од врвни македонски автори.

„... Олга Пањкина, дипломи-рана на Катедрата за словен-ска филологија на Филолошки-от факултет при Московскиот државен универзитет ,,М. В. Ломоносов“, е една од најактив-ните, најуспешните и најплодо-творните популаризатори на македонската литература во на-шата земја. За последните не-колку години ова е веќе трета книга што Олга ја претставува пред руските читатели. Во неј-зин превод кај нас беа издаде-ни, етапно за македонската литература романите: ,,Голема-та вода“ од Ж. Чинго и ,,Пиреј“ од П. М. Андреевски.

Овојпат Пањкина настапува во улога на составувач и преве-дувач на антологијата на маке-донскиот расказ. Антологијата

содржи околу седумдесет рас-кази. Ова е редок потфат, за-што од преведувачот, покрај блескавото познавање на маке-донскиот јазик, литература и култура, се бараше и умешност да се приближат до рускиот читател особеностите на инди-видуалниот стил на повеќе од педесет македонски автори, из-бирајќи ги најкарактеристич-ните нивни раскази. Сето ова на Пањкина, безрезервно ѝ успеало.

Сите раскази во збирката за првпат се преведени на руски јазик, што, секако, ќе ја до-полни и прошири претставата на рускиот читател за младата македонска литература со дла-боки корени. Имено, познато е дека на територијата на денеш-на Македонија во древноста се наоѓала и цветала лулката на словенската писменост – Ох-рид и неговата книжевна шко-ла.

Антологијата дава претста-ва за брзиот и успешен разви-ток на литературата на херој-скиот и трпелив народ, долги векови лишен од можноста да

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 97

1 6

пишува на својот мајчин јазик. Преведените рас-кази ја откриваат сложеноста и трагичноста на националната историја. Многуобразноста на на-ционалните типови, како и типичноста на карак-терите, ни го отсликуваат националниот коло-рит, даваат претстава за современиот живот во Македонија.

За половина век македонската литература на националниот јазик го поминува патот (збор-

никот раскази го покажува тоа), од првите чекори (И. Точко, В. Малески, К. Чашуле и др.) до развиена, стилистички богата литература, во која дејствуваат разни творечки индивидуал-ности, разни литературни текови и правци, вклучувајќи го постмодерниот манир на пишу-вање. Авторите припаѓаат на различни генера-ции, а разнообразна е и тематиката и пробле-матиката на преведените раскази. Читателот го чека привлечно патешествие по просторите на македонската литература, запознавање со так-вите мајстори на родниот збор, како: Б. Конес-ки, С. Јаневски, Д. Солев, В. Урошевиќ, Ж. Чин-го, П. М. Андреевски, Ј. Владова, Е. Лафазанов-ски, А. Прокопиев, Г. Смилевски.

Вредноста на ова дело му се зголемува и со библиографијата на досега издадените раскази од македонски писатели на руски јазик, како и кратките биобиблиографски податоци за авто-рите претставени во оваа антологија.

Многу важно и полезно четиво за рускиот читател е предговорот кон антологијата на еден од најавторитетните литературни научници во Македонија и истражувачи на македонската ли-тература, акад. Милан Ѓурчинов (во нашата земја тој е познат како одличен познавач на руската литература, особено на творештвото на Б. Пастернак, Ф. Достоевски, А. Чехов). По сво-јата длабочина, предговорот има карактер на енциклопедиска статија и го опфаќа патот на македонската литература поминат за половина век, откривајќи ни ги особеностите на нејзи-ното формирање и на нејзиниот развиток. И сето ова е напишано интересно и привлечно...“

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 97

1 7

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 97

1 8

На Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ од пред четири години се организираат преведувачки работилници.

Во првата година (2006), преведувачките работилници почнаа со двe македонски-руски-македонски и македонски-англиски-македон-ски а времетраењето беше една седмица. Инте-ресот на учесниците беше голем. Работилни-ците за превод се покажаа како многу корисни

за слушателите од сите степени - и за почетниците и за средните и за напреднатите. По основните лекторски часо-ви, односно веж-би од три до че-тири часа дневно каде што стран-

ските учесници се запознаваат или ги про-

пишува Роза Тасевска

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 97

1 9

шируваат своите теоретски и практични знаења од областа на македонскиот јазик и неговата граматичка структура, преведувачките работил-ници им овозможуваат да го покажат и да го проверат наученото, да се запознаат со зако-ните и со правилата на функционирање на маке-донскиот јазик, преку превод на текстови од областа на уметничката литература, стручни текстови од областа на економијата, на полити-ката, на правото итн.

Но, преку разговорите и преку изјавите на учесниците на Семинарот, и во текот и по завр-шувањето на преведувачките работилници, во првата година се дојде до заклучок дека заин-тересираноста е поголема од првичните очеку-вања. А во изјавите и во разговорите предло-зите и желбите беа оваа форма на работа да се прошири на повеќе јазици и времетраењето да се продолжи. Значи и покрај тоа што се претпос-тавуваше реално дека повеќето од учесниците како слависти, го познаваат рускиот јазик и англискиот, како јазик за меѓународно опште-ње, сепак, многу учесници, и покрај својата жел-ба, останаа надвор од работата на преведувач-ките работилници поради недоволното позна-вање на овие два јазика.

Раководството на Семинарот, поаѓајќи од своите можности (финансиски, кадровски, прос-торни) и од составот и бројноста на странските македонисти (според јазикот и според земјата од која доаѓаат), веќе во наредната 2007 година воведе уште една преведувачка група за полски јазик, односно македонски-полски-македонски, а времетраењето го продолжи на две недели.

Според искуството од работата во овие чети-ри години, може да се каже следново: воведува-њето на оваа форма на работа, т.е. на преведу-вачките работилници се покажа многу корисно и соодветно за еден ваков семинар, т.е. за збо-гатување на фондот на македонски зборови и изрази. На овие работилници се откриваат зна-чењата и употребата на зборовите и изразите во различни контексти. Во овие работилници сите учат и сите се во добивка. Почетниците полека

го надополнуваат своето знаење со нови зборо-ви, а оние коишто подобро или многу добро го владеат македонскиот јазик ги проверуваат своите знаења, барајќи го најсоодветниот збор или израз што ќе го употребат во преводот на македонски или од македонски. Можеме со увереност да потврдиме дека преведувачките работилници природно се вклопија во дејноста на Семинарот како една од најполезните форми на работа во усвојувањето на богатството, на тајните и на убавините на еден јазик, во случајов на нашиот македонски јазик. Преведувачките работилници ги водат колеги од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Групата за македонски-руски-македонски ја води Роза Тасевска, македонски-англиски-македонски - Елена Петроска и македонски-полски-македонски - Лидија Танушевска.

Не би сакала да завршам со „се надевам дека овој начин на работа на Семинарот ќе продол-жи и во иднина“, туку - убедена сум дека ќе продолжи и во иднина ќе се прошири со уште еден јазик.

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 97

20

Песната Небидникова Песня Потерянного

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 97

21

Љубовна најобична, дветризборна

Ljubezenska

Любовно

Milosna

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 97

22

E DASHURA

QUELL’ AMOR LI

Milostná

LOVE SONG

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 97

23

Západ Zachod

Залез Закат

Milostná

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 97