32
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 91, јануари 2009 1 1 9 9 4 4 9 9 - - 2 2 0 0 0 0 9 9 Одржана промоција на монографијата

Univerzitetski vesnik br. 91

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 91, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 91

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 91, јануари 2009

11994499 -- 22000099

Одржана промоција на монографијата

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 91

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникПроф. д-р Велимир Стојковски

Заменик главен и одговорен уредникМ-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав БашевскиЛектор Весна И. ЦветановскаТехничко уредување Горан Муратовски

• реч на проф. д-р Тодор Џунов за промоција на публикацијата Ректори на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје 1949-2009

• обраќање на г. Дарко Митевски во име на министерот за образование и наука, г. Перо Стојановски

• Curriculum Vitae• Програма за работа на деканот на Правниот факултет

„Јустинијан Први“ за периодот 2008 - 2012

• Curriculum Vitae• Програма за работа на деканот на Факултетот за

електротехника и информациски технологии за периодот2008 - 2012

– Дополнување на Договорот за академска соработка меѓу Универзитетот во Фиренца и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

......................................................................................................................... 4

................................................................. 6

............................................................................................................. 14

............................................................ 16

............................................................................................................. 18

..................................................................................................................... 19

........................................................................................................ 30

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 91

3

Н а 29 јануари о.г., на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа

свечена промоција на јубилејното издание на монографијата Ректори на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје 1949-2009.

Одржувањето на промоцијата на моногра-фијата Ректори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје – прва публи-кација од ваков вид издадена од Универзите-тот, токму на овој ден не беше случајно. На 26 јануари 1949 година, Народното собрание на Народна Република Македонија го донесе Зако-нот за Универзитетот во Скопје заведен под бр. 50 на ден 29 јануари 1949 година, со што започ-на и реализацијата на заветната обврска довере-на на нашиот Универзитет како највисока обра-зовна и научно-воспитна установа во нашата држава.

Со промоцијата започнаа активностите за достојно одбележување на големиот јубилеј - 60 години од формирањето на Универзитетот, кој го носи името на светите браќа Кирил и Методиј, втемелувачите на словенската азбука и писменост.

На неа, покрај членовите на академската заедница, присуствуваа: г. Дарко Митевски, др-

жавен секретар во Министерството за образо-вание и наука, поранешните ректори и чле-нови на семејствата на починатите ректори, поглаварот на Македонската православна црк-ва, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов, г. Самоил Малчески, прет-седател на Студентскиот парламент на УКИМ и други гости.

На присутните им се обрати ректорот проф. д-р Велимир Стојковски, кој во својата реч,

ПРОМОВИРАНО ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА МОНОГРАФИЈАТАРЕКТОРИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 91

4

Почитувани присутни, екселен-ции и колеги,

Денешниот ден ја одбележува 60-годишнината од прогласувањето на Законот за Универзитетот во Скопје, донесен три дни пред тоа од Народ-ното собрание на НРМ. Овој акт од историско значење, како акт за осно-вање на првиот универзитет на маке-донската држава, е многу концизен. Тој кажува само дека ,,Универзи-тетот во Скопје е највиша научно-воспитна установа на Народна Репуб-лика Македонија”, дека ,,основните задачи на Универзитетот се: 1. да изградува високо квалифицирани стручњаци од разните гранки на науката; 2. да врши научноистражу-вачка работа и да учествува во научното решавање на задачи во кул-турната, стопанската и техничката изградба на земјата; и 3. да ја разви-ва научноста во наставата …….”

Во составот на Универзитетот влегле три факултети: Филозоф-скиот, Медицинскиот и Земјоделско-шумарскиот факултет. Денес, по 60 години, нашиот Универзитет има 22 факултета и десетина институти, 2500 професори и десетици илјади студенти.

За да се постигне таков развој на Универзитетот, морале да се создава-ат финансиски, просторни и кадров-ски потенцијали од голем размер, а за тоа било потребно вложување на големо знаење, умеење и труд на луѓето кои биле на чело на оваа

голема организација. Кои биле лич-ностите што се зафатиле со предиз-викот да застанат во определен мандатен период, на чело на нашата

,,алма матер“ во овие шест децении е уникатната премиса на оваа публи-кација.

оддавајќи должна почит кон ликот и делата на своите претходници, покрај другото, истакна: Реализацијата на развојот во изодениот шестдецениски пат не беше можна без пле-јадата наставно–научни работници кои со многу работа, со многу ентузијазам и желба за остварување на планираните активности оставија длабоки и неизбришливи траги во наставно–научната и воспитно–образовна-та дејност на Универзитетот. Но, постиг-нувањата секогаш се врзуваат за личности кои имале визија и знаење да гледаат напред пред времето и да работат на остварување на идеите со една единствена цел — напредок на Универзитетот, а со тоа и напредок на општеството во целина. Токму на тие личнос-ти им го посветуваме ова издание на моно-

графијата Ректори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Поради оправдано отсуство на министерот за образование и наука г. Перо Стојановски заради неочекувани и неодложни државнички обврски, на присутните во негово име им се обрати г. Дарко Митевски, државен секретар во Министерството за образование и наука (об-раќањето на министерот кое во негово име го прочита државниот секретар го објавува-ме во овој број во целост). Промотор на јуби-лејното издание на монографијата беше д-р То-дор Џунов, редовен професор во пензија и поранешен ректор на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј” во Скопје (неговата промотор-ска реч, исто така, ја објавуваме во целост).

Реч за промоција на публикацијатаРектори на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје 1949-2009

Проф. д-р Тодор Џунов

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 91

5

Според издавачот на оваа моно-графија – Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, тоа е сторено ,,од чувство на пиетет кон личности-те кои шеесет години ја извршуваа функцијата ректор и за да им се од-даде должното признание”, а подато-ците изнесени во монографијата се сублимат на едно подолгорочно ис-тражување на документацијата на Универзитетот, МАНУ, Архивот на РМ и други извори, што секако е заслуга на вработените во Ректора-тот – Томислав Башевски, м-р Или-ја Пиперкоски и други.

За универзитетската и друга јав-ност секако е важно што со оваа мо-нографија се овозможува увид во биографиите, библиографиите и жи-вотниот пат на ректорите, но уште повеќе е важно што во текстот за секој од нив е презентирано резиме на најважните активности што го одбележале нивниот мандат.

Така, на пример, првиот ректор – академик Кирил Миљовски, во сво-јот прв мандат придонел за институ-ционалниот развој на Универзите-тот: биле основани два нови факултета - Техничкиот и Правно-економскиот, Универзитетот се здо-бил со девет оддели (студии) на пет факултети, биле изградени првите пет згради за факултетите, а во не-говиот втор мандат – во време кога се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, 1963 година, тој особено се ангажирал за надминување на состојбите и создавање на услови за нормално одвивање на наставата, која активност ја продолжил и успешно ја извршил академик Ѓорѓи Филиповски; голем број асистенти и професори биле испратени на усовршување во странство, биле основани Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмо-логија и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Академик Блаже Конески, втеме-лувачот на македонскиот литерату-рен јазик и прв претседател на МАНУ, како ректор особено бил анга-жиран за унапредување на наставата и нејзино подигнување на светско ниво.

Академик Ксенте Богоев бил анга-жиран во реализација на изградбата на комплексот факултети од општес-твените науки и на зградата на Рек-торатот.

Група постари и понови ректори биле ангажирани во реорганизира-ње на Универзитетот во согласност со новите закони и потреби на времето. Така, професор Габер како ректор особено бил ангажиран во донесувањето на Закон за високото

школство во СРМ, Студија за перспективниот развој, структурал-ната и организациона реформа на Универзитетот.

Промоторот на оваа публикација како ректор особено бил ангажиран за рационализацијата во високото образование и научните дејности, за нагласено насочување на студентите кон техничко-технолошките науки и информатиката, за донесување на современи наставни планови и прог-рами на факултетите, за реафирми-рање на научната функција на Уни-верзитетот.

Проф. Јаким Петровски се зало-жил за создавање на Универзитет-ската компјутерска мрежа и поди-гање на споменик на словенските просветители св. Кирил и Методиј во кругот на Универзитетскиот кам-пус.

Ректорот Драги Данев вложил особени напори во донесувањето на законот за Универзитетот и високо-то образование, за реализирање на компјутерската мрежа на Универзи-тетот, изградба на нов Студентски дом, Хируршки клинички центар и Студентска поликлиника и Домот за постдипломци.

Проф. Томислав Чокревски особе-но бил ангажиран во развојот на Универзитетот како заедница на автономни факултети, со нова струк-тура на органите на управување.

Проф. Радмила Кипријанова го реализирала поврзувањето на Универзитетот со интернет преку пуштањето во работа на МАРНет. – Проф. Александар Анчевски особе-но бил ангажиран во заокружување на процесот на самоевалуација и над-ворешна евалуација на факултетите и на Универзитетот и имплемента-ција на принципите на Болоњската декларација. На крајот, проф. Ѓорѓи Мартиновски како ректор бил осо-бено ангажиран во создавањето инте-гриран современ универзитет, како резултат на создадените услови со донесувањето на нов Закон за висо-кото образование во 2008 и усвое-

ниот нов Статут на Универзитетот. На имплементацијата на овие нови акти на Универзитетот останува да работи актуелниот ректор – проф. д-р Велимир Стојковски.

За одбележување е дека ректори-те покрај тоа што биле стручни во својата научна и наставна област пред или по вршењето на должнос-та ректор, вршеле и други одговор-ни државни или општествени функ-ции: проф. Кирил Пенушлиски бил прв секретар на градот Скопје и прв генерален секретар на Универзите-тот, проф. Ксенте Богоев бил прет-седател на Извршен совет (Владата) на СРМ, како и претседател на МАНУ, некои од ректорите биле републички или сојузни министри, амбасадори високи судии и др. и преку тоа вршење на тие функции придонесувале за развојот на наука-та и високото образование во Маке-донија.

Покрај ректорот, во секој манда-тен период се избирани и прорек-тори за одделни сектори на дејност, и тие го сочинувале работниот тим, кои иницирале и реализирале ак-тивности на универзитетската упра-ва, во која завиден удел имале и деканите на одделните факултети на Универзитетот.

Сите тие имаат заслуга за постиг-нувањата на Универзитетот во изми-натите 60 години на неговото пос-тоење како светилник на високото образование на Македонија.

На крајот, за одбележување е фактот што за овие 60 години биле избрани 23 ректори, со просечен тригодишен мандат, што е знак за постоење демократија во управува-њето со Универзитетот. За жал, 13 од нив не се меѓу живите; двајца, академик Димитар Митрев и проф. д-р Христо Андонов-Пољански, се починати на должност.

На сите нив им должиме благо-дарност.

Благодарам.

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 91

6

Почитуван ректоре на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски,Почитувани поранешни ректори на УКИМ и членови на семејствата на починатите ректори,Почитуван претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академик Ѓорѓи Старделов,Почитувани проректори, проф. д-р Елена Думова-Јованоска, проф. д-р Коле Василевски, проф. д-р Пеце Недановски и проф. д-р Моме Спасовски,Почитувани декани и директори,Почитувани претставници на Министерството за образование и наука на РМ,Почитуван претседател на Сојузот на студентите на УКИМ, г. Самоил Малчевски,Почитувани студенти и гости,Дами и господа,

Да се чествува шеесетгодишното постоење на некоја институција значи да се зборува за нешто што веќе поседува сопствена историја, значи, да се говори за нешто што се родило, се развива, се гради и трае во времето. Да се чес-твува, пак, шеесетгодишното постоење на Први-от македонски универзитет значи и нешто повеќе – да им се оддаде почит на заслужните за севкупниот растеж и развој на земјата.

На денешен ден, точно пред 60 години, Народното собрание на Република Македонија го заведе Законот за универзитет, со што се овозможи и основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со тој чин започна процесот на помасовна едукација на млади, високообра-зовани кадри и се отвори простор за развивање на сите научни полиња. Оттука, далечната 1949 година, година на основањето на првиот универзитет со 3 факултети, можеме да ја озна-чиме и како основа на она што денес го имаме: 4 државни и поголем број приватни универ-зитети. Фактот дека без Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ не беше можен ни плуралитетот на високообразовната и научната дејност во Република Македонија никој не може да го оспори.

Исто така е факт дека и денес, во плуралниот простор на високообразовна дејност, со своите 22 факултети и 10 научни институти, 2.500 професори и огромен број студенти, УКИМ сè уште го носи епитетот најголем и најкомплек-сен универзитет во Република Македонија.

За создавањето на оваа највисока научно-образовна институција и за одржувањето на неј-зиниот висок рејтинг во период од 6 децении, вложен е голем труд и знаење на многуте студенти, професори, декани, но пред сè на луѓето кои ја воделе, на сите ректори кои во определен период се вложиле себеси во реа-лизацијата на идејата за стекнување на знаење како услов на општиот прогрес. Оваа моно-графија насловена како Ректори на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја разбирам

како чин на паметење, како прилог кон кул-турната меморија на Универзитетот. Во напо-рот да останат запаметени, монографијата ги забележува нивните био-библиографии и при-донесите за развој на Универзитетот. И во духот на ова чествување и оваа монографија, уште еднаш да ги споменеме имињата на челниците:

Првиот ректор – академик Кирил Миљов-ски, проф. Мартин Каталиниќ, академик Ми-хаил Петрушевски, академик Ѓорѓи Фили-повски, академик Блаже Конески, академик Ксенте Богоев, академик Благој Попов, проф. Кирил Пенушлиски, проф. Стеван Габер, ака-демик Димитар Митрев, проф. Бранко Трпе-новски, проф. Јован Стојановски, академик Александар Андреевски, проф. Христо Андонов – Пољански, проф. Тодор Џунов, проф. Јаким Петровски, проф. Драги Данев, проф. Томислав Чокревски, проф. Радмила Кипријанова, проф. Александар Анчевски, проф. Ѓорѓи Мартинов-ски и актуелниот, проф. Велимир Стојковски.

Сите тие, дваесет и тројца ректори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дејствува-

OOББРРААЌЌААЊЊЕЕ ННАА ГГ.. ДДААРРККОО ММИИТТЕЕВВССККИИ ВВОО ИИММЕЕ ННАА ММИИННИИССТТЕЕРРООТТ ЗЗАА ООББРРААЗЗООВВААННИИЕЕ ИИ ННААУУККАА ННАА РРЕЕППУУББЛЛИИККАА ММААККЕЕДДООННИИЈЈАА,, ГГ.. ППЕЕРРОО ССТТООЈЈААННООВВССККИИ

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 91

7

ле во согласност со своите лични убедувања и заложби, оставајќи личен белег на оваа институција, но и во согласност со потребите на актуелниот миг. Во следот на личните заложби и исправени пред задачите на времето, овие луѓе се соочувале со најразлични предизвици: од напорите Универзитетот да се институциона-лизира, да се обезбедат соодветни услови и прос-тор за функционирање, преку соочувањето со катастрофалниот земјотрес и надминување на кризата, усовршувањето на кадрите, востано-вувањето на новите дисциплини и основањето на нови факултети, донесувањето на правните акти, осовременување на опремата и барањата што ги задава ерата на информатичко-компјутерската технологија, до реформите што произлегуваат од Болоњската декларација.

Во оваа шеесетгодишна историја, Министер-ството за образование и наука и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секогаш дејствувале координирано и во согласност со начелата на висока професионалност заради остварување

на заедничката цел – продукција на висококва-лификуван кадар кој лесно ќе го најде своето место на пазарот на трудот и развој на науката како битен предуслов за остварување на идејата за општество базирано на знаење. Високо на агендата на Министерството за образование и наука е подигнувањето на квалитетот на наста-вата и знаењето што подразбира зголемување на капацитетите и подобрување на квалитетот на човечките ресурси и условите во кои се изведуваат наставната и научната дејност. От-тука, ова Министерство продолжува со својата амбициозна програма, што, пак, значи дека тоа дава и ќе дава поддршка за доследно спрове-дување на процесите од Болоња, како и на образложените идеи предложени од страна на УКИМ, сè со цел, во рамките на високооб-разовниот и научен простор, овој Универзитет да го задржи високиот рејтинг што го има.

Благодарам за вниманието.

Универзитетскиот сенат на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 22.1.2009 годи-на, разгледа повеќе прашања од дело-кругот на своето работење.

Притоа беше извршено усогласување на составот на Универзитетскиот сенат согласно со членот 100 од Статутот на Универзитетот според кој со седниците на Универзитетскиот сенат ќе раководи ректорот на Универзитетот, а мандатот на сенаторите избрани од единиците на Универзитетот, научните институти ка-ко и на студентите избрани од Студент-скиот парламент на Универзитетот про-должува согласно со одлуките за нивни-от избор, односно за мандатниот период 2008-2012 година.

На седницата беше донесена Одлука за формирање Одбор за одбележување на 60-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј”.

На седницата беа донесени одлуки за избор во звањето редовен професор на: д-р Вероника Шендова, вонреден професор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмоло-гија, д-р Зоран Велковски, вонреден професор на Филозофскиот факултет и д-р Елизабета Димитрова, вонреден професор на Филозофскиот факултет.

УУннииввееррззииттееттссккии ссееннаатт

ФФООРРММИИРРААНН ООДДББООРР ЗЗАА ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖУУВВААЊЊЕЕ ННАА 6600--ГГООДДИИШШННИИННААТТААООДД ООССННООВВААЊЊЕЕТТОО ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ

1. М-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија – претсе-дател на Одборот и покровител на прослава-та

2. Г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија

3. Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

4. Г. Перо Стојановски, министер за образо-вание и наука на Владата на Република Македонија

5. Проф. д-р Трајко Славески, министер за финансии на Владата на Република Македо-нија

6. Г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, ми-нистер за култура на Владата на Република Македонија

7. М-р Иво Ивановски, министер за инфор-матичко општество на Владата на Републи-ка Македонија

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 5-тата

седница одржана на 22.1.2009 година, донесе Одлука бр.02-60 за формирање

О Д Б О Рза одбележување на 60-годишнината од основањетона Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 91

8

8. Господин господин Стефан, архиепи-скоп охридски и македонски, Македонска православна црква

9. Академик Георги Старделов, претседа-тел на Македонската академија на науки-те и уметностите

10. Г. Бранко Азески, претседател на Сто-панската комора на Македонија

11. Проф. д-р Елена Думова-Јованоска, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

12. Проф. д-р Коле Василевски, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

13. Проф. д-р Пеце Недановски, прорек-тор на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје

14. Проф. д-р Моме Спасовски, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

15. М-р Илија Пиперкоски, генерален сек-ретар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

16. Академик Ѓорѓи Филиповски, поране-шен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

17. Академик Благој Попов, поранешен рек-тор на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје

18. Проф. д-р Тодор Џунов, поранешен рек-тор на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје

19. Проф. д-р Драги Данев, поранешен рек-тор на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје

20. Проф. д-р Томислав Чокревски, пора-нешен ректор на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје

21. Проф. д-р Радмила Кипријанова, пора-нешен ректор на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје

22. Проф. д-р Александар Анчевски, пора-нешен ректор на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје

23. Проф. д-р Ѓорѓи Мартиновски, поране-шен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

24. Проф. д-р Влатко П. Коробар, декан на Архитектонскиот факултет

25. Проф. д-р Петар Цветановски, декан на Градежниот факултет

26. Проф. д-р Бобек Шуклев, декан на Еко-номскиот факултет

27. Проф. д-р Атанас Кочов, декан на Ма-шинскиот факултет

28. Проф. д-р Магдалена Жантева-Нау-моска, декан на Медицинскиот факултет

29. Проф. д-р Владо Тимовски, декан на Пе-дагошкиот факултет „Климент Охридски“

30. Проф. д-р Борче Давитковски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“

31. Проф. д-р Јорданка Митевска, декан на Природно-математичкиот факултет

32. Проф. д-р Марија Накова, декан на Сто-матолошкиот факултет

33. Проф. д-р Александар Димитров, де-кан на Технолошко-металуршкиот факул-тет

34. Проф. д-р Мишо Христовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина

35. Проф. Данчо Чеврески, декан на Фа-култетот за драмски уметности

36. Проф. д-р Миле Станковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии

37. Проф. д-р Ордан Чукалиев, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна

38. Проф. Димитар Малиданов, декан на Факултетот за ликовни уметности

39. Проф. м-р Евушка Елезовиќ-Трпкова, декан на Факултетот за музичка уметност

40. Проф. д-р Гино Стрезовски, декан на Факултетот за физичка култура

41. Проф. д-р Александар Димовски, в.д. декан на Фармацевтскиот факултет

42. Проф. д-р Трајан Гоцевски, декан на Филозофскиот факултет

43. Проф. д-р Максим Каранфиловски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

44. Проф. д-р Бранко Рабаџиски, декан на Шумарскиот факултет

45. Проф. д-р Дејан Пендев, директор на Економскиот институт

46. Д-р Душко Мукаетов, директор на Зем-јоделскиот институт

47. Проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженер-ство и инженерска сеизмологија

48. Проф. д-р Јорде Јакимовски, директор на Институтот за социолошки и поли-тичко–правни истражувања

49. Д-р Боне Палашевски, директор на Ин-ститутот за сточарство

50. Д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, директор на Институтот за македонска литература

51. Д-р Лилјана Макаријоска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“

52. Д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја

53. Д-р Севим Пиличкова, директор на Ин-ститутот за фолклор

54. Проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Пра-вославниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“

55. Г. Самоил Малчески, претседател на Студентскиот парламент на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Р е к т о рПроф. д-р Велимир Стојковски

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 91

9

ПП рр аа вв ее нн фф аа кк уу лл тт ее тт „„ ЈЈ уу сс тт ии нн ии јј аа нн ПП рр вв ии ““

На 11.1.2009 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се отвори Цента-рот за постдипломски студии од областа на по-литичките науки во соработка со Темпус JEP - програмата, потпомогната од ЕУ.

По тој повод, на свеченоста на отворањето, покрај гостите, присуствуваа и г. Никола Гру-евски, претседател на Владата на РМ, г. Ивица Боцевски, заменик претседател за европска ин-теграција и странска помош на Владата на РМ, г. Перо Стојановски, министер за образование и наука на Владата на РМ, проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Борче Давитков-ски, декан на Правниот факултет.

На гостите им се обрати и проф. д-р Ѓорге Иванов, кој промовираше дел од изданијата од светски познати автори кои за оваа прилика беа преведени на македонски јазик со цел да ѝ се доближат и на пошироката домашна јавност.

Се промовираа следниве изданија на книги, и тоа: „Основи на финансиски менаџмент“ од Станли Блок и Гофри Хирт, „Јавни финансии“ од Харви Росен и Тед Гејер, „Модели на демо-кратија“ од Дејвид Хелд, „Клучни концепти на политичка комуникација“ од Дарен Лилекер, „Применета криминалистичка анализа“ од Ка-рим Велани и Џоел Нахун, „Глобализација“ од Јан Арт Шолте, „Дипломатија на животната средина“ од Лоренс Саскинд, „Компаративен уставен инженеринг“ од Џовани Сартиори, „Де-тето, семејството и државата“ од Стивен Маке-до и Ирис М. Јанг, „Разбирање на сиромаш-тијата“ од Пит Алкок, „Управување преку мре-жа“ од Стивен Голдсмит и Вилијам Егерс и „Разбирање на меѓународните конфликти“ од Џозеф Нај помладиот.

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ

ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ

ПОСЕТА НА ЕВРОАМБАСАДОРОТ

ФУЕРЕ

На 16.1.2009 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ пригодно предавање на постдипломските студии на Факултетот одржа н.е. амбасадорот на ЕУ во РМ г. Ерван Фуере. Амбасадорот Фуере зборуваше за Лисабонскиот договор од 2005 година, како платформа на сосема нова и подобра организираност на ЕУ наспроти рефлексиите што се јавија од него, како на пример Референдумот во Република Ирска со кој е одбиена ратификацијата на Дого-ворот од Португалија. Слушатели, но и соговор-ници на амбасадорот беа студентите од пост-дипломските студии по меѓународно право и меѓународна политика, уставно право и студен-ти од првиот циклус на студии. Предавањето беше поздравено од продеканот за настава д-р Гордана Лажетиќ-Бужаровска и од раководите-лот на мастер-студиите по уставно право проф. д-р Саво Климовски.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 91

1 0

ППррооммооцции јј аа ннаа ддоокк тт ооррии ннаа ннаа уу ккии

Викторија Коларовска Гмирја, на 10 но-ември 2008 година, на Факултетот за музич-ка уметност, ја одбрани докторската дисерта-ција на тема: „Детерминанти на музичката култура на учениците во прво одделение во основните училишта во Скопје”.

Андон Чибишев, на 12 ноември 2008 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Ентералната и парентералната нутриција во контролата на нутритивниот статус и превенцијата на доцните посткорозивни компликации”.

Елена Шукарова Ангеловска, на 14 ноем-ври 2008 година, на Медицинскиот факул-тет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Значењето на минорните малформа-ции во дијагнозата на мултималформатив-ните синдроми “.

Ели Милошеска, на 22 октомври 2008 годи-на, на Институтот за национална историја, ја одбрани докторската дисертација на те-ма: „Култот на христијанските светци во на-родната традиција на Македонците”.

Слободан Калајџиски, на 19 септември 2008 година, на Факултетот за електротех-ника и информациски технологии, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Алго-ритми за пребарување, класификација и предвидување на протеински структури”.

Богољуб Јанкоски, на 20 октомври 2008 го-дина, на Економскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Трендо-ви и предизвици на современото централно банкарство”.

Марина Ончевска Тодоровска, на 4 ноем-ври 2008 година, на Филозофскиот факул-тет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Доцноантичка грнчарија во Р. Маке-донија (од доцен 3 до 6 век)”.

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 91

11

Марјан Николовски, на 1 октомври 2008 го-дина, на Институтот за социолошки и поли-тичко–правни истражувања, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Поврзаноста и влијанието на организираниот криминал, тероризмот и политиката“.

Зунун Зунуни, на 2 октомври 2008 година, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, ја одбрани докторска-та дисертација на тема: „Емиграционите дви-жења од Македонија во Европа со посебен осврт во Италија”.

Викторија Кафеџиска, на 10 октомври 2008 година, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Меѓу-себниот однос на дизајнот на работата и организациската структура во трговските ра-диодифузни друштва и јавниот радиодифу-зен сервис (МРТВ)”.

Слободан Шајноски, на 20 октомври 2008 година, на Институтот за социолошки и по-литичко-правни истражувања, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Трансфор-мација на општествениот капитал и управу-вањето со акционерските друштва во Репуб-лика Македонија, политичко-правни аспек-ти”.

Еленка Стоевска Денчова, на 15 април 2008 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, ја одбрани докторската ди-сертација на тема: „Именување на роднин-ските односи во македонските дијалекти од словенски и балканистички аспект”.

Јованка Денкова, на 2 јули 2008 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, ја одбрани докторската дисертација на те-ма: „Фантастиката и научната фантастика во македонската проза за деца и младина”.

Елизабета Петрушева, на 4 јули 2008 го-дина, на Филолошкиот факултет „Блаже Ко-нески”, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Иронија, структура и функција во македонскиот постмодернистички расказ”.

Радица Никодиновска, на 30 октомври 2006 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, ја одбрани докторската ди-сертација на тема: „Дидактика и евалуација на преведувањето од италијански јазик на македонски и обратно”.

Страшо Глигоров, на 17 јули 2008 година, на Факултетот за физичка култура, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Пре-диктивна вредност на некои базични мотор-ни тестови анализирана со различни мето-долошко-статички постапки врз успехот на ситуационите моторни тестови кај испита-ници со натпросечни моторни способнос-ти”.

Адем Прељевиќ, на 18 јули 2008 година, на Факултетот за физичка култура, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Структу-ра во антропометрискиот, биомоторичкиот и специфично моторичкиот простор кај млади фудбалери со различна хронолошка возраст од западна Србија”.

Невена Ацковска, на 15 октомври 2008 го-дина, на Природно-математичкиот факул-тет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Системски софтвер кај минималните биолошки системи”.

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 91

1 2

ППооддггооттооввккии ззаа ннааддммииннуувваањњее ннаа ннееггааттииввннииттее ииссккууссттвваа ввоо ииннттеерреесс ннаа

ммааттууррааннттииттее -- ииддннии ссттууддееннттии

Реализацијата на Конкурсот за запишување студенти во прва година на студиските програ-ми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2008/09 година покажа кон-стантно одржување на интересот на канди-датите за студирање на факултетите на УКИМ.

Тргнувајќи од комплексниот карактер на уписната политика и учеството на повеќе факто-ри во нејзиното креирање и остварување, како внатрешни така и надворешни, уште на почето-кот на академската година Универзитетот ги за-почна активностите за подготовка на наредни-от конкурс. Притоа, појдовни насоки беа искус-твата од запишувањето на првата генерација средношколци кои полагаа државна матура.

Концептот за државна матура и завршен испит се воведе во учебната 2007/08 година. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје интензивно се подготвуваше за примена на др-жавната матура во својство на селективен меха-низам при уписот на кандидатите. Во учебната 2008/09 година за првпат се запиша генера-цијата средношколци кои полагаа државна мату-ра. Начинот на селекција на кандидатите, освен на студиските програми со посебни специфики, се вршеше само според успехот од средното образование.

Согледувањата од реализацијата на Конкур-сот покажаа дека предметите кои кандидатите ги полагале на државната матура претставуваа ограничувачки фактор при изборот на нивната идна професија. Листата на екстерни и интерни предмети потребни за запишување на факулте-тите на УКИМ не овозможуваше избор на канди-

датите за конкурирање на повеќе студиски про-грами, па уште во првиот уписен рок поголем број кандидати не можеа да се пријават на сту-диските програми на кои сакаа да се запишат, поради несоодветниот избор на екстерни или интерни предмети кои ги полагале на држав-ната матура.

Со оглед на определбата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за остварување на правото на кандидатите за пристап во висо-кото образование и за исполнување на нивната желба за продолжување на образованието на студиите за кои се определиле, очигледна беше потребата за проширување на листата на екс-терните и интерните предмети за идната ака-демска година. Со цел навремено информира-ње на идните кандидати, до крајот на ноември 2008 година се утврди изборот на предметите од државната матура кои се вклучија во листата на екстерните и интерните предмети потребни за пријавување за запишување на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2009/10 година. Оваа листа беше благовремено објавена во интерес на кан-дидатите.

Првото искуство, исто така, покажа дека термините за полагање на државната матура ја оддолжуваат реализацијата на првиот уписен рок. Практично, беше невозможно да се запази законската обврска академската година на уни-верзитетите во РМ да започне на 15 септември 2009 година. Токму затоа, од страна на Универ-зитетот беше покрената иницијатива до Минис-терството за образование и наука и до Бирото

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 91

13

за развој на образованието за промена на терми-ните за полагање на државната матура, односно сите активности во рамките на државната мату-ра да завршат до 25 јуни и средношколците да ја добијат дипломата за завршено средно образо-вание најдоцна до крајот на месец јуни 2009 година, за да може во месец јули 2009 година да се реализира првиот уписен рок за запишу-вање студенти во прва година. Бидејќи досега не е доставен одговор на предлогот на Универ-зитетот, а неофицијалните информации велат дека и годинава средношколците ќе полагаат државна матура во истите термини како и во минатата година, очигледно е дека ќе се доведе во прашање реализацијата на првиот уписен рок во јули оваа година, како и почетокот на идната учебна година.

УКИМ и оваа година беше соочен со значи-телен интерес на кандидатите за студирање на одделни студиски програми. Од друга страна, поради ограничените квоти утврдени во Конкур-сот голем број кандидати не можеа да се запи-шат на избраните студии. Уште пред објаву-вањето на Конкурсот беше доставено барање до Владата на РМ за измена на Одлуката за бројот, односно бројот на студентите со кофинансира-ње да не се ограничува на сооднос 1:1, туку тој заедно со бројот на студентите во државна кво-та да не го надминува бројот утврден со акреди-тацијата на соодветниот факултет, односно сту-диска програма. Овој предлог не беше прифа-тен, проширувањето на квотите не беше одобре-но, така што Универзитетот не беше во мож-ност да им излезе во пресрет на кандидатите за исполнување на нивната желба за продолжу-вање на образованието на студиите за кои се определиле. Заради тоа, над илјада кандидати не можеа да се запишат на УКИМ и се насочија за студирање на други универзитети и факулте-ти во Македонија и надвор од неа. Очигледно е дека продлабочените согледувања повеќе годи-ни наназад укажуваат на отсуство на корелаци-ја помеѓу утврдените квоти, интересот на канди-датите, реалните пот-реби и вкупните претпоставки на фа-култетите за квали-тетна настава.

За надминување на ваквите состојби, особено е важно на-време да се изврши усогласување помеѓу Универзитетот и Вла-дата на РМ, односно Министерството за о-бразование и наука, за уписните квоти во сите категории сту-денти во наредната учебна 2009/10 годи-на, во интерес на го-динашните матуран-ти - идни кандидати, секако, со доследно почитување на за-конската регулатива.

Во својот 60-годишен период на постоење, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје континуирано ги осовременува постојните и во-ведува нови студиски програми. Во последниве години, овие активности се интензивирани со цел за вклопување во европскиот високообразо-вен простор. Гледајќи подолгорочно, иновира-ните студиски и предметни програми секако ќе го направат УКИМ уште поатрактивен, во со-гласност со интересите на кандидатите, во сообразност со потребите на пазарот на трудот и модерните трендови на општествено живее-ње што се карактеризираат со посебна дина-мичност и забрзан развој.

Во услови на ширење на мрежата на високо-образовна понуда во земјата, реалното заживу-вање на ЕКТ-системот во студирањето и европ-ската димензија во креирањето на студиските програми во сите научни подрачја на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје претста-вуваат одговор на предизвикот за континуира-на компетиција и компетентост на апликатив-ната примена на академските знаења, вештини и способности, создавање мобилност за студен-тите и наставниот кадар и отвореност на Уни-верзитетот кон потребите на пазарот на трудот. На таков начин се препознава успешноста во работењето и вистинското стратегиско позицио-нирање на Универзитетот во сферата на совре-мените промени на високообразовната дејност, пред сè на национално, но секако и на регио-нално и на меѓународно ниво.

Во тој контекст, во еден многу значаен сегмент од вкупната дејност на УКИМ што се нарекува уписна политика, усовршувањето на концептот на државната матура е битен предуслов за компатибилен систем на олеснет пристап во високото образование и селекција на квалитетни кандидати, од една, и за градење конзистентен, долгорочен и стабилен систем на уписна политика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од друга страна.

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 91

1 4

Во рамките на процесите за интегрирано дејствување и функциони-рање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје усогласе-ни со Законот за високото образование и Статутот на Универзите-тот, од овој број на Универзитетски весник ќе ги претставуваме ра-ководните органи на единиците и придружните членки на Универ-зитетот. Во зависност од обемноста на содржините и актуелните настани, во секој број ќе објавуваме биографски податоци на еден или повеќе декани на факултети, односно директори на научни институти.

Во овој број ги претставуваме ППРРООФФ.. ДД--РР ББООРРЧЧЕЕ ДДААВВИИТТККООВВССККИИ и ППРРООФФ..ДД--РР ММИИЛЛЕЕ ССТТААННККООВВССККИИ.

Д-р Борче Давитковски е роден во Скопје, на 3.2.1955 го-дина. Основно и средно обра-зование завршил во Скопје со одличен успех. Правниот фа-култет го завршил во 1977 го-дина со просечен успех 8,30. По дипломирањето се врабо-тил на Правниот факултет во Скопје на 1.5.1978 како пом-лад асистент на научната об-ласт управно право на СФРЈ. Во истото звање бил реизбран во 1981 година. За асистент на научната област управно право на СФРЈ е избран во 1985 година и реизбран во 1990 година. За доцент на на-учната област управно право е избран во почетокот на 1993. Со одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет е избран за вонре-

ден професор во 1998 година, а во звањето редовен профе-сор е избран во февруари 2003 година.

Во текот на 1978 година се запишал на постдипломски студии од областа на поли-тичко–правните науки, насо-ка управно–правни науки. Ис-питите предвидени со одлу-ката за организирање постдип-ломски студии од областа на политичко–правните науки ги положил со просечен ус-пех 9. На 24.12.1984 година, со одличен успех го одбра-нил магистерскиот труд „Од-носот помеѓу органите на управата и граѓаните во југо-словенското позитивно пра-во”. На 4.11.1992 година, на Правниот факултет во Скопје, ја одбранил докторската дисер-тација под наслов: „Контрола над управата (собраниска и вонсобраниска)“.

По изборот во звањето редо-вен професор, д-р Борче Да-витковски со успех ги врши наставните задолженија по предметите: управно/админис-тративно право (на втора годи-на правни студии), управно право – применета програма (изборен предмет на управ-но–правната насока), јавна управа (изборен предмет на управно–правната насока на

правните студии), еколошко право (опционен предмет на правните студии) и јавна управа (трета година на поли-тичките студии) - на Прав-ниот факултет „Јустинијан Први”, еколошко право (чет-врта година на Интердис-циплинарните студии за ин-женерство на животната сре-дина, на Машинскиот факул-тет во Скопје), и управно пра-во (трета година на Филозоф-скиот факултет на Институ-тот за дефендологија и ми-ровни студии). Почнувајќи од учебната 2002/2003 годи-на, определен е да изведува настава по предметите адми-нистративно право и службе-нички систем на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Исто така, на овој Факултет изве-дува настава на постдиплом-ските студии по предметот наука за управата. Почнувај-ќи од учебната 2003 година, раководител е на курсот за постдипломски студии по по-литички и правно–политич-ки науки на Правниот факул-тет „Јустинијан Први”.

Покрај своите наставни за-долженија и работата врз соп-ственото усовршување, во из-минатиов период д-р Борче

Проф. д-р Борче Давитковски,декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 91

15

Давитковски е мошне акти-вен како во органите и телата на Факултетот и Универзите-тот, така и пошироко. Бил продекан на Правниот факул-тет; од страна на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е избран за претсе-дател на Комисијата за нор-мативна дејност во два ман-дата, а Универзитетскиот се-нат во 2002 година го избра за студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ја вршеше оваа дејност во предвидениот ман-дат од четири години. Исто така, бил и член на Правниот совет на Владата на Репуб-лика Македонија и член на експертскиот тим за ограни-чување на дискреционите овластувања на носителите на јавни функции, именуван од претседателот на Владата на РМ во периодот од 2004 до 2006 година. Понатаму, д-р Борче Давитковски бил член на повеќе редакции на зборници што ги издава Правниот факултет, како и член на издавачкиот совет на списанието „Економско–пра-вен советник“ и член на изда-вачкиот совет на списанието за теорија и практика на локал-ната самоуправа “Локална самоуправа” од Ниш, Сојузна Република Југославија.

Д-р Борче Давитковски учествувал и учествува во ни-за апликативни проекти што Факултетот ги презема во рамките на својата аплика-тивна дејност. Така, тој е член на работните групи ангажира-ни во апликативната дејност на Факултетот, како и индиви-дуално ангажиран од страна на Владата на РМ за подго-товка на работните верзии на следниве законски проекти: Стратегија за реформа на јав-ната администрација во РМ, Стратегија за реформа на ло-калната самоуправа, Нацио-нална стратегија за механиз-мот за чист развој за првиот период на обврски според Протоколот од Кјото (2008 -2012), Закон за организација на органите на државната управа, Закон за Влада на РМ, Закон за државните службе-ници, Закон за претседател на Република Македонија, Закон за локална самоуправа, Закон за заштита на природата, За-

кон за управни спорови, За-кон за општа управна постап-ка, Закон за установи, Закон за здруженија на граѓани и фондации, Закон за управна инспекција, Закон за радио-дифузна дејност, Закон за државјанството на РМ, Закон против ограничување на кон-куренцијата, Закон за лична карта, Закон за слобода на пристап кон административни-те досиеја, Закон за здравстве-на заштита, Закон за пратени-ци, Закон за надворешни рабо-ти, Закон за избор на прате-ници, Закон за доброволно предавање на оружјето, Закон за спречување на корупција-та, Закон за високото образо-вание, Закон за индустриска сопственост, Закон за јавни на-бавки, Закон за ветеринар-ство, Закон за правата на претседателот на Република Македонија по престанување-то на функцијата, Статут на единиците на локалната само-управа во Република Македо-нија, Правила за работа на мес-ните заедници во единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, Ста-тут на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ и Пилот–ста-тут за факултетите во рамките на Универзитетот, Стратегија за реформа на правосудниот систем и др.Проф. д-р Борче Давитков-ски, во периодот 2004 - 2008 е член на Венецијанската коми-сија при Советот на Европа и во периодот 2004 - 2006 бил член на Одборот за акредита-ција на високообразовни уста-нови при Владата на Репуб-лика Македонија.

Во текот на својата кари-ера, д-р Борче Давитковски има напишано преку 101 нау-чен труд, објавени во различ-ни научни и стручни ревии во Република Македонија и во странство. Коавтор е на седум универзитетски учеб-ници: „Управно право“, 1997, „Наука за управата“, 1997, „Еколошко право“, 1997, „При-ватизацијата во светот“, „Проб-леми на управувањето“, 2001, „Административно право“, 2007 и „Јавна администраци-ја“, 2008, како и пет моно-графии и коавтор на Комента-рот на Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Во сите негови трудови кои главно го покриваат поле-то на управното право, посе-бен интерес се покажува кон: контролата над управата, од-носите помеѓу органите на управата и граѓаните, судска-та контрола врз управата, ор-ганизацијата на државната управа, локалната самоупра-ва, службеничкиот систем, односите помеѓу државните органи (парламентот, влада-та, управата и судството), а во последно време приватизаци-јата на јавниот сектор посеб-но го привлекува неговиот научен интерес. Во периодот од 1990, па наваму, за потре-бите на македонската влада учествувал во многубројни работни групи за подготовка на повеќе од триесет работни верзии на различни законски текстови. Во поново време, особено место во неговиот научен интерес зазема еко-лошкото право и заштитата на животната средина. Рако-водел со комисиите за изра-ботка на следниве позначајни закони: Закон за установи, Закон за организација и рабо-та на органите на државната управа, Закон за Влада, Закон за општа управна постапка, Закон за управни спорови, За-кон за државни службеници, Закон за здруженија на граѓа-ни и фондации и др.

Во овој период, д-р Борче Давитковски, во вид на ми-слења, ставови, кратки освр-ти, разговори и интервјуа во средствата за јавно инфор-мирање има изнесено свои коментари за политичкиот и правниот систем во државата, особено за положбата и улога-та на управата во Република Македонија, преземените и претстојните реформи во јав-ниот сектор, за статусот и улогата на невладините орга-низации, како и за пробле-мите од областа на заштитата на природата и животната средина. Станува збор за број-ни информативни емисии, стручни емисии и емисии од областа на политиката и кул-турата на електронските ме-диуми, а особено во печате-ните медиуми: дневни, недел-ни и месечни информативни и стручни списанија.

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 91

1 6

Во текот на 2006 година, проф. д-р Борче Давитковски е редовен колумнист во днев-ниот весник „Утрински вес-ник“, во кој врши анализа на актуелните состојби од облас-

та на јавната управа во Репуб-лика Македонија, обелодену-вајќи во јавноста бројни кри-тики, забелешки и насоки за работа на македонскиот јавен сектор.

П Р О Г Р А М АЗА РАБОТА ЗА ПЕРИОДОТ 2008-2012

Основните правци во работењето на Правниот факултет „Јус-тинијан Први“, во наредниот мандатен период, планирам да се остваруваат преку следниве активности:

1. Наставно-образовна дејност

• Преиспитување на постојните наставни програми на трите вида студии (правни, политички и новинарски) на задол-жителните предмети во првиот циклус, со цел да се утврди конечен режим на студирање на овој циклус согласно со новиот Закон за високото образование, новиот Статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и новиот Правилник на Факултетот. За остварување на оваа цел, потребно е да се спроведе самоевалуација (внатрешна евалуација на досегаш-ното спроведување на првиот циклус) и резултатите од неа транспарентно да бидат објавени и направени достапни до сите заинтересирани страни. Потоа, следи спроведување и на надворешна евалуација, како на Факултетот, така и на Универзитетот, по која дипломите на Правниот факултет ко-нечно ќе бидат признати од страна на западноевропските земји и универзитети. Следната фаза ќе биде спроведување на т.н. „Евалуација 360 C”, односно секој (наставник, сора-ботник, студент, декан, Деканатска управа, вработен во стручната и административната служба) од секого да биде евалуиран.

• Спроведување на вториот циклус на трите вида студии (пост-дипломски студии) согласно со новиот Закон за високото образование, новиот Статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и новиот Правилник на Факултетот. Во рамките на оваа задача, се планира да биде извршено димензионирање на постојните насоки од вториот циклус, согласно со потре-бите и интересот на студентите, како и согласно со располож-ливите капацитети (кадровски и просторни) на Факултетот и

нивното интегрирање во рамките на УКИМ, како и пошироко со универзите-тите од поранешните југо-словенски републики и со универзитетите на земјите-членки на Европската уни-ја и Соединетите амери-кански држави.

• Обезбедување услови за мобилност – престој на нај-малку 50 студенти од Прав-ниот факултет на универ-зитети надвор од земјата, како и обезбедување прес-тој на ист број странски студенти (од прв, втор или трет циклус) на нашиот Факултет.

• Донесување правила – од-лука за организирање на третиот циклус (докторски студии), кој согласно со новиот Закон за високото образование и новиот Ста-тут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Прав-ниот факултет е должен да ги организира по завршу-вањето на вториот циклус, односно по завршувањето на мастер-студиите. Со овој акт ќе бидат уредени про-грамите, наставните пла-нови, кадарот, режимот на студирање, просторните ус-лови, висината на школа-рината и други суштински прашања како неопходни предуслови за почеток на функционирањето на тре-тиот циклус студии.

• Во поглед на кадровската екипираност на Правниот факултет ќе се прават на-пори, постојните заклучо-ци и акти на Наставно-научниот совет кои се од-несуваат на кадровската политика да се надградат и спроведат. Исто така, ќе бидат правени постојани обиди новопримените со-работници без согласност од страна на државните ор-гани да влезат во регулар-ниот начин на финанси-рање и да засноваат рабо-тен однос согласно со за-конската регулатива.

• Продолжување и развој на веќе воспоставената богата соработка со домашни, а пред сè, странски универ-

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 91

17

зитети – правни факултети, во правец на мобилност на кадри и студенти, размена на литература, заедничко издавање на учебнич-ка и друга литература и сл. Во рамките на оваа активност, се планира Факултетот за-должително да се јави како соиздавач (прак-тика веќе позната на европските универ-зитети) на некое реномирано меѓународно стручно списание од областа на правото, политиколошките и новинарските науки, со што ќе се зголемат можностите на настав-ниот кадар да објавува трудови во странски списанија како една од битните референци за избор во повисоко звање согласно со нови-те законски прописи.

• Комплетна реорганизација на работата на Библиотеката на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“. Се планира збогатување на биб-лиотечниот фонд, а книгите да се извадат од депоата и физички и визуелно да бидат достапни за студентите, соработниците и наставниците. Оваа дејност подразбира и ко-нечно воведување на електронски предме-тен регистар на библиотечниот фонд на Правниот факултет, со што ќе се овозможи следната фаза на интегрирање на Библио-теката во интегрираниот библиотечен сис-тем на Универзитетот, пошироко со Универ-зитетската библиотека и умрежување со странски библиотеки.

• Интегрирање на издавачката дејност на Фа-култетот со единствената издавачка дејност на Универзитетот, како и објавување на заеднички учебници и учебни помагала со други државни и приватни правни факул-тети во земјава и во странство.

• Согласно со новините во Законот за високо-то образование и Статутот на Универзите-тот, се планира реално обезбедување усло-ви на студентите за нивно учество во органи-те на управување на Факултетот (Студент-ски парламент) и Универзитетот, како и услови за другите форми и облици на сту-дентско организирање (невладини организа-ции, студентско радио, студентски весник, спортски активности, соработка со студенти и студентски организации од други факул-тети и сл.).

• Интегрирање на Службата за студентски прашања со Канцеларијата за европски кредит-трансфер, со што тие ќе станат дел од единствената стручна и административ-на служба на УКИМ и составен дел од канце-ларијата за ЕКТС на УКИМ.

• Трансформирање и димензионирање на пос-тојната администрација, согласно со потре-бите на трите вида студии од првиот, втори-от и третиот циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и нејзино интегри-рање во единствената административна и стручна служба на Универзитетот.

• Повторно отворање на Клубот на наставни-ците на Факултетот, кој заедно со реновира-ната читална за наставници и соработници ќе прерасне во место за собирање и друже-ње на кадарот на Правниот факултет.

2. Научноистражувачка дејност

Продолжување и развој на постојните науч-ноистражувачки проекти на Правниот факул-тет, како и започнување на нови проекти, како во рамките на Правниот факултет, така и во рамките на интегрираната научноистражувач-ка дејност на Универзитетот. Ќе бидат иско-ристени сите можности за аплицирање во оваа дејност и добивање средства и поддршка за научноистражувачки проекти, како ТЕМПУС, ЕРАЗМУС, соработка во заеднички проекти со сите истакнати научни институции од земјава и од странство.

3. Апликативна дејност

Основната заложба за развој на оваа актив-ност се состои во учество на Факултетот во кол-ку што е можно поголем број апликативни про-екти во земјата и во странство, со што досегаш-ното поединечно ангажирање на нашиот кадар во оваа дејност ќе се интегрира во рамките на широката апликативна дејност на Факултетот и Универзитетот.

4. Работа на органите на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Појдовни принципи на работа на сите орга-ни и тела на Факултетот ќе бидат транспарент-носта и отчетноста. Заложбите на деканот ќе бидат во правец на доследна примена на сите правни акти за работа на органите и телата на Факултетот, а особено доследна примена на Деловникот за работа на Наставно-научниот совет.

5. Усогласување на актите на Правниот факултет со новата правна регулатива

До крајот на оваа календарска година, Прав-ниот факултет мора да ги усогласи своите акти

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 91

1 8

со новиот Закон за високото образование, како и со Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оттука, при донесувањето на Правил-никот (Статутот) на Факултетот, заложбите ќе се движат во правец на нова внатрешна органи-зација на Правниот факултет, каде што основна клетка на одлучување ќе биде катедрата од соодветната научна област. Вториот организаци-онен облик на Факултетот ќе го сочинуваат инс-титутите, а највисоката инстанца во одлучува-њето ќе бидат Наставно-научниот совет и Сена-тот на Универзитетот.

6. Наградување на вработените

Наградувањето на вработе-ните се планира да се оства-рува целосно во согласност со Правилникот за плати на Правниот факултет, односно да се спроведе негова реална имплементација, со истовре-мено правење напори за зго-лемување на платите (пред сè од сопствените приходи), сог-ласно со новата положба што Правниот факултет ќе ја има во УКИМ. За остварување на оваа цел, потребно е форми-рање на нови организациони форми на дејствување на Прав-

ниот факултет усогласени со Законот за високо-то образование, и тоа како во рамките на УКИМ, така и надвор од него, со што ќе се отвори можност за посамостојно располагање со сопствените средства заради подобрување на материјалната положба на вработените и развојот на Факултетот.

Врз основа на сето погоре истакнато, неспорен е фактот дека во наредниот четиригодишен период, Правниот факултет треба целосно да се преструктурира согласно со новата правна регула-тива. Тоа значи изготвување и усогласување на бројни норматив-ни акти на Правниот факултет, како и донесување на низа нови акти со кои ќе се операционализираат интегрираните функции на Универзитетот, но притоа задржувајќи ги законските функ-ции на Правниот факултет. Согласно со новата правна положба на Правниот факултет со ограничен статутарен субјективитет (без својство на правно лице), ќе мора да бидат создадени напол-но нови односи помеѓу Правниот факултет и органите и телата на УКИМ, во кои, за жал, Факултетот ќе нема правни можности за целосно самостојно дејствување.

Се надевам дека со доследно извршување на обврските во пра-вец на афирмација на Правниот факултет во рамките на УКИМ, државата и пошироко, ќе обезбедиме соодветна положба, со која Правниот факултет „Јустинијан Први“ и во иднина ќе остане еден од бастионите во развојот на правната, политиколошката и новинарската наука во Република Македонија.

Роден е на 26.1.1954 годи-на во село Клечовце, Кумано-во. Основно училиште завр-шил во 1968 година во род-ното место, а матурирал во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово во 1972 година. По матурата се запишал на Елек-тротехничкиот факултет во Скопје, на тогашниот Оддел за електроника, каде што дип-ломирал во 1978 година во областа автоматика при тогаш-ната Катедра за техничка ки-

бернетика. Дипломската рабо-та под наслов Автоматско уп-равување кај едноканални ре-гулациони системи ја израбо-тил и ја одбранил со одличен успех.

По завршувањето на факул-тетот, се вработил во ФЗЦ „11 Октомври“ во Куманово, при работната единица за технич-ко–технолошки работи, во Сек-торот за одржување, електро-ника и автоматика. Во текот на осумнаесетгодишното ра-ботно искуство во индустри-јата поминал професионален развој до статус главен инже-нер, минувајќи низ неколку работни места, главно, во службата за одржување.

Во текот на редовниот ра-ботен однос, и покрај работа-та во стручниот тим на фир-мата за проектирање и изград-

ба на новата фабрика во ФЗЦ „11 Октомври“, како и други-те редовни обврски, се запи-шал на менторските постдип-ломски студии на Електротех-ничкиот факултет. По завршу-вањето на дефинираната прог-рама на постдипломските сту-дии, вклучително и магистер-ското истражување, магистри-рал во март 1987 година со од-браната на магистерската теза под наслов Идентификација на температурна динамика на среднофреквенциски генера-тор за индукационо загрева-ње на цевки и синтеза на усо-вршен регулационо–управу-вачки систем.

Истражувањата за својата докторска дисертација ги за-вршил во Скопје, Куманово и Вулверхемптон, Велика Бри-танија. Дисертацијата под

Д-р Миле Ј. Станковскивонреден професор на Институтот за автоматика и системско инженерство на Факултетот за електро-

техника и информациски технологии во Скопје

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 91

19

наслов Неконвенционално уп-равување на индустриски е-нергетски процеси во големи загревни печки ја одбранил во јуни 1997 година на Елек-тротехничкиот факултет во Скопје.

Од октомври 1997 година е вработен на Електротехнич-киот факултет во Скопје, каде е избран за асистент од облас-та автоматика и системско инженерство при Институтот за автоматика и системско инженерство.

Во 2000 година е избран за доцент од областа автоматика и системско инженерство при Институтот за автоматика и

системско инженерство на Електротехничкиот факултет.

Во 2005 година е избран за вонреден професор од облас-та автоматика и системско ин-женерство при Институтот за автоматика и системско инже-нерство на Електротехнички-от факултет.

На 2.7.2008 година, на 19. вонредна седница на Настав-но–научниот совет на Факул-тетот за електротехника и информациски технологии, е избран за декан на Факулте-тот за електротехника и ин-формациски технологии во мандатниот период од 1.10. 2008 до 30.9.2012 година.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДЕКАНОТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И

ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2008-2012

1. ВоведПред Факултетот ќе бидат поставени неколку предизвици со

кои новиот декан треба да се справи: • новата поставеност на Универзитетот согласно со новиот За-

кон за високото образование;• конкурентноста со другите универзитети во државата кои

негуваат исти или слични дејности како нашиот Факултет и особено можноста од отворање на новиот државен универ-зитет за информатички технологии;

• статусот на РМ во однос на евроатлантските интеграции, т.е. пристапноста до европските фондови за развојни, едукатив-ни и научноистражувачки проекти;

• состојбата со стопанството во РМ и можноста за соработка на ФЕИТ со компаниите чиј делокруг на работа е компатибилен со дејноста на ФЕИТ;

• одржување и унапредување на водечката позиција во дејнос-та.Работата на деканот во периодот 2008-2012 на Факултетот за

електротехника и информациски технологии ќе биде заснована на:• Законот за високото образование;• Стратегијата за развој на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-

диј“ во Скопје за периодот 2004-2010; • новиот Статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“; • Правилникот на Факултетот за електротехника и информа-

циски технологии.

2. Интегритет на Факултетот

ФЕИТ е столб на образованието во областа на електротехника-та и информациските технологии. Во наредниот четиригодишен период ќе се негува електротехниката како фундаментална об-ласт на ФЕИТ, а истовремено ќе се интегрираат и развиваат информациските технологии во сите наставни програми на сите модули и насоки. Исто така ќе се продолжи со развој на инфор-мациските и комуникациските области.

Во периодот што претстои деканот и новата Деканатска уп-рава на ФЕИТ треба да се справат со засилената конкуренција на ФЕИТ во Република Македонија со отворање на нови факултети

и универзитети од областа на електротехниката и информа-циските технологии.

Оваа конкуренција ја гле-дам на две нивоа.

Првото ниво е зајакнување на приватната иницијатива во високото образование. Во оваа сфера ќе продолжи борбата за упис на студенти. Тоа подраз-бира подобра понуда во обра-зовниот процес, подобри сту-диски програми, но и подобру-вање на условите за студирање на ФЕИТ.

Второто ниво е отворање на нови факултети и универзите-ти од областите на ФЕИТ од страна на државата. Главната задача на деканот и на Дека-натската управа заедно со рек-торот и Ректорската управа ја гледам во објаснувањето на надлежните државни органи дека подобра варијанта за др-жавата е инвестирање во раз-вој на постојните факултети на нашиот Универзитет, меѓу кои и ФЕИТ, отколку отворање на нови образовни институции.

3. Уписна политика

За студентот да направи правилен избор треба добро да ги познава понудените мож-ности. Заради тоа, Центарот за нови студенти, кој работе-ше оваа година на привлекува-ње нови студенти, ќе продол-жи да работи перманентно преку цела година, а не само во периодот пред уписи. Во однос на малиот број студенти кои се запишуваат на енергетските насоки ќе се преземат неколку активности: • ќе се разговара со компа-

ниите кои вработуваат ин-женери од овој профил да стипендираат одреден број студенти;

• одредени стимулации од страна на Факултетот за најдобрите студенти од енергетските насоки;

• повисоко ниво на инфор-мирање на идните студен-ти. Ќе се ангажирам во промо-

вирањето и афирмацијата на нашиот Факултет со воспоста-вените активности „отворен ден“ (најмалку двапати годиш-но), презентација на Факулте-

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 91

20

тот во средните училишта, како и денови на ка-риерата.

Ќе се ангажирам резултатите кои се постига-ат на ФЕИТ да бидат претставувани преку јавни-те гласила, како и снимање на специјални еми-сии за работата и постигањата на ФЕИТ.

4. Наставно-образовна дејност

Основна задача на Факултетот е наставно-образовната дејност. За едукација и создавање на квалитетни стручни кадри најбитни елемен-ти се: кадровската и материјалната основа на Факултетот, наставните планови и програми, ор-ганизацијата на наставно-образовниот процес, меѓународната размена и студентските практи-ки во земјата и во странство. Ова, секако, се базира на 50-годишната традиција на формира-њето на кадарот и опремувањето на лаборатори-ите.• Ќе се направи анализа во која ќе се видат

добрите и лошите страни на ЕКТС.• Ќе се разгледа можноста за воведување на

функцијата координатор за ЕКТС.

• Во иднина, Факултетот ќе продолжи со пона-тамошна имплементација на Болоњската декларација за ЕКТС во високото образова-ние. Тоа подразбира:▫ развивање на компатибилни студиски програми на различни универзитети;

▫ развивање на студиски програми бази-рани на два циклуса (4+1 или 3+2 години за додипломски и постдипломски студии, соодветно);

▫ воведување систем за акумулација на кре-дити, заради промовирање на подвиж-ност на студентите во текот на образовани-ето;

▫ имплементација на додаток на диплома; ▫ мобилност на европскиот простор на висо-ко образование и вработливост на европ-скиот пазар на трудот.

• Ќе продолжи со работа Комисијата за осо-временување на наставата (КОМОС), со крај-на цел - меѓународна акредитација на сту-диските програми на ФЕИТ.

• Ќе се даде приоритет и на враќање на фор-мата студентски советник во прва година.

• Ќе продолжи следењето на квалитетот и модернизацијата на наставата на студиски-те програми (ќе се поддржи воведување и/или адаптирање на постојните предмети и на англиски).

• Ќе се предвиди нов дополнителен простор за училници, повеќе лаборатории и кабине-ти, ќе се доопремат предавалните со потреб-ната презентациска и демонстрациска мултимедиска опрема за реализација на што поефикасна и посовремена настава.Останува предизвикот на имплементација

на постдипломските студии уште во првата година од мандатот на деканот, а потоа и поставување на докторските студии. По првата година од постдипломските студии ќе се направи анализа на целото студирање од глед-на точка на упис, проодност, број на понуде-ните студиски програми и број на изборните предмети.• Покрај четиригодишните студии, на ФЕИТ

егзистираат и тригодишни стручни студии по информатика. Во таа насока ќе се изнај-де начин на кој овие студенти ќе можат да го продолжат своето образование на пост-дипломски студии.

• Посебно внимание ќе биде посветено на примената на ИКТ (информациските и ко-муникациските технологии) и интернетот во наставниот процес на ФЕИТ. Во рамките на тоа, ќе настојувам неколкукратно да се зголеми бројот на компјутери на Факулте-тот, како во ФЛАОП, така и во лаборатории-те.

• Ќе се стимулира издавачката дејност преку зголемување на бројот на учебници и учеб-ни помагала од наставниот кадар на ФЕИТ, така што до 2012 година сите задолжител-ни предмети и поголем дел од изборните предмети на ФЕИТ да имаат учебник/учеб-но помагало на македонски јазик со ком-плетно покривање на издавачките трошоци од средствата во рамките на Факултетот, Универзитетот и Министерството за образо-вание и наука. Проблемот за пишување и издавање на учебници/учебни помагала во овој мандатен период ќе биде решаван си-стемски. Ќе се издаваат учебници и белеш-ки за предавања и во електронска форма кои ќе бидат достапни до секој студент бесплатно, со што ќе се намалат средствата за студирање на студентите.

• Факултетот ќе продолжи да организира работилници, курсеви, семинари, тренинзи и сл., кои ќе носат дополнителни приходи и ќе отвораат нови можности и перспективи.

• Ќе продолжи развојот на тековниот веб-портал за поддршка на учењето и воведува-ње на далечинско учење.

5. Наставен кадар

• Ќе се преземаат мерки и активности во насока на поддршка на професионалното напредување и надградување на кадровски-от потенцијал на ФЕИТ.

• Ќе се залагам за препознавање и привлеку-вање на студентите со натпросечни резулта-

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 91

21

ти во студирањето во проектни и наставни активности на Факултетот.

• За постојниот наставен кадар ќе ги под-држувам и надградувам сегашните стимула-тивни мерки за учество на домашни и меѓу-народни конференции преку зголемено по-кривање на трошоците за котизација и пату-вање, публикувањето трудови во науч-но–стручни списанија, членувањето во про-фесионални здруженија и организации, ка-ко и подобрувањето на целокупните работ-ни услови и работна околина.

• Ќе ги поддржувам научните престои (мобил-ности) и размената на кадровскиот потенци-јал со сродни институции на домашно и на меѓународно ниво.

6. Управување со квалитет

Развивањето култура во управувањето со квалитетот е процес со кој ќе се подигне свеста и професионалната одговорност и ќе се даде придонес во јакнењето и препознатливоста на ФЕИТ. Притоа, развивањето политика и систем за обезбедување и оценување на квалитетот ќе се одвива во две насоки:1. Стандарди и директиви согласно со заед-

ничката рамка за обезбедување квалитет во европскиот простор на високото образова-ние кои се однесуваат на трите циклуси на високото образование опишани во Болоњ-ската декларација:▫ студентски анкети за квалитетот на сту-диските програми и наставниот кадар;

▫ следење на успешноста на студентите во текот на студиите, должина на студирање и сл.;

▫ анкетирање на завршените студенти за студиската програма;

▫ анкетирање на завршените студенти во продолжувањето на нивната кариера на пазарот на трудот заради увид и координа-ција во насока на подобрување на студис-ките програми и одржување контакти;

▫ самоевалуација и надворешна евалуаци-ја, како и акредитација на студиските про-грами.

2. Сертификација и акредитација на лаборато-риите согласно со ИСО-стандардите (IЅО 17020, IЅО17024, IЅО17025).

7. Студентите на ФЕИТ

Во наредниот мандатен период планирам најголем дел од мојата работа и работата на Деканатот да бидат насочени во реализација на потребите и барањата на студентите, а во прв ред:• зголемување на бројот на изборни предме-

ти, т.е. постепено намалување на бројот на задолжителни предмети на 50%;

• студентските практики да добијат поголемо значење од досегашното;

• активна соработка на Факултетот со студент-ската организација на ФЕИТ во однос на изведувањето на наставата и повратните информации од студентите за квалитетот и недостатоците во наставниот процес;

• активно вклучување на студентите од погор-ните години во изведувањето на лаборато-риски вежби од пониските години со цел пренесување на знаењето од студент на сту-дент;

• ќе ги поддржувам формите на студентско организирање, како што се Студентскиот сојуз на ФЕИТ, Организацијата за меѓуна-родна размена на студенти ИАЕСТЕ, БЕСТ, ЕЕСТЕЦ, студентската секција на ИЕЕЕ, весникот „Елфаско“ и др.;

• наградување на најдобрите студенти секоја година;

• ќе се стимулира учество на студентите во научноистражувачката работа особено на студентите од постдипломските студии;

• во однос на подигнување на студентскиот стандард, ќе се залагам за подобрување на начинот на исхрана на студентите за време на нивниот престој на Факултетот.

8. Научноистражувачка дејност

Идниот Деканат ќе биде фокусиран на след-ниве активности:• согледување на потребите на кадарот за

поуспешна научна работа во следните чети-ри години;

• креирање база на податоци и веб-портал со сите релевантни информации за: линкови кон библиотеки и списанија, повици за тру-дови за конференции и списанија, упатства за пишување/објавување трудови и книги итн.;

• стимулирање на кадарот за поуспешна научна работа, зголемување на буџетот за патувања на конференции и објавување на трудови во списанија, лобирање во Минис-терството за наука за добивање на зголеме-ни наменски средства за вакви активности, лобирање за добивање спонзорства кај заинтересирани компании;

• зголемување на ефикасноста во научната работа - скратување на вообичаените роко-ви за магистрирање и докторирање на када-рот;

• максимално искористување на ресурсите на ФЕИТ/УКИМ за научна работа, наоѓање средства за подобрување на овие ресурси во соработка со компаниите и преку буџетско финансирање;

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 91

22

• користење на сабатна година (предвидена со Законот) за научноистражувачка работа;

• интензивирање на соработката меѓу научни-те работници од различни области и раз-лични институти на ФЕИТ, како и со научни-те работници од други факултети и универ-зитети; стимулација на проекти со интердис-циплинарен карактер;

• поголема застапеност на студентите (посеб-но од повисоките години) во научноистражу-вачките активности;

• стимулација за организирање на поголем број научни конференции, симпозиуми, се-минари, работилници и сл.;

• соработка со компании на истражувачки и развојни проекти;

• навремена подготовка на сите потребни документи за УКИМ/ФЕИТ неопходни за аплицирање на меѓународни проекти и орга-низирање на потребни предавања и курсеви;

• административна поддршка при аплицира-ње и водење на меѓународни проекти;

• изнаоѓање на ефикасни начини за вработу-вање на нов млад кадар кој ќе се занимава со научноистражувачка работа (project–ba-sed, part–time / full time, short–term);

• ќе се зајакнат односите со професионални-те здруженија како што се ЕТАИ, Инженерската институција на Македонија, ИЕЕЕ, Мако-Сигре, ЗЕМАК, МАСИТ, МА-ЦЕФ, Инженерската комора на Македонија и други, а во кои членуваат поголем дел од нашите професори и асистенти, во насока на организација на работилници и конфе-ренции кои директно ќе бидат во функција на развојот на нашата земја; тие настани ќе бидат промоција на Факултетот, афирма-ција на ниво на земјата и странство и секако извор на дополнителни приходи.

• интензивирање на контактите со поранеш-ни дипломирани студенти на ЕТФ/ФЕИТ (креирање на алумни), успешни насекаде низ светот (универзитети и компании); иско-ристување на овие контакти за интензиви-рање на соработката на ФЕИТ со тие инсти-туции;

• особено ќе се залагам за возобновување на Зборникот на ФЕИТ; покрај основната наме-на на Зборникот, во него ќе биде задолжи-телно објавување на апстракти од магистер-

ски и докторски трудови кои се изработува-ат на ФЕИТ.

9. Меѓународна соработка

• Со помош на Универзитетот и со поддршка на Министерството за образование и наука ќе се иницираат проекти кои значително ќе го афирмираат Факултетот и ќе доведат до дополнителни приходи од научноистражу-вачки проекти.

• Факултетот ќе продолжи да ги поддржува тековните проекти и иницијативи за нови апликации.

• Во таа насока, во првата година од манда-тот ќе биде формирана Комисија за меѓу-народна соработка која ќе има задача да ги лоцира потенцијалните факултети, универ-зитети и компании со кои ФЕИТ може да остварува соработка. Оваа комисија особе-но ќе има задача да го подигне нивото на конкурентност на ФЕИТ за аплицирање во европските научноистражувачки програми ( FP7, Tempus, Erasmus, DAAD и др.).

• Ќе бидат организирани работилници за подготовка на потенцијалните истражувачи за аплицирање на проекти. Ќе се предложи во соработка со Универзитетот и Министер-ството за образование да се формира оддел при ФЕИТ за административна и техничка поддршка на проектите.

10. Апликативна дејност и соработка со стопанството

Во наредниот период исклучително ќе се залагам за унапредување на оваа соработка. За таа цел функцијата продекан за финансии ќе се трансформира во продекан за финансии и соработка со стопанството.

Ќе биде формирана комисија за соработка со стопанството која ќе има задача да воспостави конкретни односи со компаниите од РМ чиј де-локруг на работа е од областа на електротехни-ката и информатичките технологии.

Апликативната дејност и соработката со сто-панството ќе се реализира и преку:• следење на трендовите на пазарот каде што

ќе се бара експертско знаење и учество на нашите вработени;

• продолжување со работа на формираната работна група за акредитација на лаборато-риите на Факултетот;

• ќе бидат иницирани и развивани тренинг-семинари, работилници и курсеви за заин-тересирани стопански субјекти со што ќе се остварува директен приход и ќе се мотиви-раат стручните кадри од стопанството за продолжување и надградување на едукаци-јата и/или соработката со нашиот Факултет (постдипломски студии, учество во проек-ти, докторати и сл.);

• максимално ќе се залагам за искористу-вање на изградените деловни односи со ре-спектабилни фирми;

• ќе ја искористиме можноста преку формата јавно–приватно партнерство да направиме

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 91

23

развојна, комерцијална и, секако, бизнис соработка, како поддршка на материјални-от статус на Факултетот и неговиот развој; посебно ова се однесува на проектот Техно-лошки парк во кој ФЕИТ ќе има лидерство во реализацијата.

11. ICT во работата на ФЕИТ

Информациско-комуникациските техноло-гии се фундаментални области на Факултетот за електротехника и информациски технологии и тој треба да биде двигател на иновациите на ова поле, како и меѓу првите што практично ќе ги имплементира и користи во своето секојднев-но функционирање. За жал, досега ова не беше случај.

Една од првите и поважни задачи за мене како декан ќе биде модернизација на рабо-тењето на ФЕИТ, како во поглед на студентите, така и во однос на вработените на Факултетот. Ова прашање може да биде решавано на два начина. Интегрално решавање на ниво на Универзитетот (е-Универзитет), или сепаратно решавање на ниво на Факултетот (е-ФЕИТ). Мое мислење е дека прашањето на воведување на современите информатички и комуникацис-ки технологии треба да се направи на ниво на Универзитетот. Ваквото решение сигурно е поевтината варијанта за нас како факултет, но од друга страна може да биде побавно. Веднаш по стапувањето на должност, новиот Деканат ќе ги испита можностите за решавање на ова прашање на ниво на Универзитетот, но ако нема интерес за брзо решавање на прашањето, ќе пристапи кон самостојно воведување на информациско-комуникациски технологии во севкупното функционирање на ФЕИТ. Секако дека ова ќе изискува одредени средства и вре-ме. Брзината на воведување на ICT–технологи-ите ќе зависи од расположливите финансии на Факултетот.

Во првата половина од мандатот, во перио-дот 2008-2010 планирам да се модернизира во целост Студентската служба, во насока на воведување информациски системи преку кои во прва итерација студентите ќе можат да пријавуваат испити и да имаат преглед на веќе положените испити. Од друга страна, наставни-от кадар ќе има авторизиран пристап до секое студентско досие при што ќе се води сметка на регулативата во Република Македонија за заш-тита на личните податоци.

Во втората итерација од модернизацијата на Студентската служба и на администрацијата за студентите на ФЕИТ, во периодот 2010-2012, планирам да се воведе и дигитално потпишува-ње на пријави. Во овој период цел на Деканатот ќе биде и воведување на издавање уверенија за положени испити, потврди и други документи на студенти во електронски формат, секако по претходна автентикација на студентот во инфор-мацискиот систем.

Во иста насока, со цел модернизација и на другите технички служби, се планира да се воведе дигитално архивирање на сите докумен-ти на Факултетот во информациски систем и можност за нивно пребарување по потреба.

Во таа насока, цел ќе биде и понатамошна модернизација на Библиотеката на ФЕИТ и создавање поголема електронска библиотека којашто ќе има голем број научни списанија и зборници од конференции ставени на распола-гање на сите наставници и студенти на Факул-тетот преку веб-базиран авторизиран пристап.

На овој начин, планот е ФЕИТ до крајот на четиригодишниот мандат да премине на целос-но електронско администрирање во сите елементи каде што тоа ќе биде можно.

Ќе се посвети посебно внимание на интер-нет–поврзаноста на ФЕИТ преку универзитет-

ската мрежа, како и на континуирана надград-ба и осовременување на локалната мрежа на Факултетот. Покрај тоа, во следниот период ќе се врши континуирано осовременување на опремата во ФЛАОП.

Еден од поважните јавни елементи на Факултетот е интернет-порталот, кој е лице на Факултетот на глобално ниво. Во текот на мандатот на новиот Деканат ќе се направи оптимизација на интернет-порталот на ФЕИТ, а посебно внимание ќе биде посветено на си-стематското ажурирање на информациите за наставниот кадар и за Факултетот, и на ма-кедонската и на англиската верзија на пор-талот.

12. Финансии и инвестиции

а. Финансиско работење

Финансирањето на дејноста на Факултетот ќе се одвива во услови на интегриран универ-зитет, согласно со Законот за високото образо-вание и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Како декан во наредниот мандатен период ќе се залагам за максимална автономија и ефикасност во располагањето со средствата од сопствените приходи на Факултетот, во соглас-ност со меѓународните мерила и искуства и имајќи ги предвид законските и статутарните

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 91

24

основи и правила на финансирање на единици-те на УКИМ.

Изворите на финансирање на работата на Факултетот генерално се состојат од два столба:• буџетски средства (преку УКИМ) и • сопствени приходи.

Со перманентното зголемување на бројот на државни универзитети, интензивирањето на соработката помеѓу приватните високообразов-ни институции и Владата на РМ, како и рабо-тењето во услови на интегриран универзитет, реално можеме да очекуваме намалување на буџетските средства. Ова значи дека за реали-зирање на програмските цели на ФЕИТ и унапредувањето на кадровските, просторните и финансиските можности и услови на работење ќе биде неопходна целосна мобилизација на сите интелектуални и кадровски ресурси кои ќе придонесат во зголемувањето на вториот столб на финансирањето. За таа цел:

Ќе се залагам за искористување на високите кадровски потенцијали на вработените и ќе ги поддржувам и помагам сите иницијативи кои водат кон зголемување на сопствените приходи преку наставната, научноистражувачката и апликативната дејност на Факултетот.

Ќе се залагам за засилување и унапредување на постојните извори на финансирање, воспос-тавувањето нови начини на соработка со стопан-ските субјекти, преземање едукативни актив-ности во насока на доживотно перманентно учење и напредување во кариерата на заинтере-сирани правни и физички субјекти, засилување и помагање на работата на лабораториите при Факултетот во функција на засилување на сора-ботката со домашни и странски стопански субјекти.

Ќе се залагам за зголемување на сите облици на стекнување средства и воносновните обра-зовни услуги, како на пример продавање на стручни услуги и производи на правни и физички домашни и странски лица, приходи по основа на авторски права во сопственост на Факултетот, донации, подароци, прилози, спон-зорства и слични финансиско-материјални при-ходи.

Не мали основи за зголемување на финан-сиската ефикасност лежат и во рационалното искористување и штедењето на постојните ресур-си. Ова, секако, не значи намалување на работните услови, туку напротив – пренасочува-ње на средствата во насока на создавање на подобрени работни услови.

б. Инвестициски активности

Инвестициските активности во наредниот четиригодишен период, пред сè, ќе ги насочам кон зголемување на просторните услови за изведување на наставата и достигнување на стандардите во согласност со Болоњската декларација; подобрување на лабораториските услови со цел едуцирање на кадри спремни за прифаќање на инженерските предизвици „од првиот работен ден“.

Посебен акцент ќе биде даден на следниве активности:• ќе се вложат напори заедно со Машинскиот

факултет да се санира зградата на Факулте-тот;

• Деканатот во почетокот на мандатот ќе го реализира тендерот за главен проект на нова зграда на ФЕИТ, а врз база на проек-тот ќе ја изгради зградата; зградата ќе се гради со средства од државата и средства од јавно–приватно партнерство;

• делот на бараката за радиоизотопи, кој му припаѓа на ФЕИТ, ќе се изгради во корисен простор за факултетски потреби;

• доколку градбата на зградата не биде во краток рок, ќе се испита можноста за градба на монтажна зграда која ќе чини помалку, а ќе биде изградена за многу пократок период; ова поради просторниот проблем кој стана ненадминлив на ФЕИТ;

• исто така, во рамките на расположливите финансиски средства ќе се реализираат пла-нираните проекти на градба, адаптација и/или проширување на некои лаборатории;

• заедно со Машинскиот и Технолошко–мета-луршкиот факултет ќе се доврши проектот за организација на паркингот за подобра комуникација на вработените и студентите;

• по добивање дозвола од Министерството за транспорт и врски, наскоро ќе се финализи-ра проектот нова трафостаница за ФЕИТ, со повеќе просторни, сигурносни и технички бенефити за Факултетот.

13. Заклучок

На крајот би сакал да заклучам дека основни принципи на работењето на деканот, Декана-тот и Деканатската управа ќе бидат: одговор-ност, транспарентност и отчетност, при што за секоја задача ќе се одредува носител и рок на нејзино завршување.

Се надевам дека со моето досегашно скоро дваесетгодишно искуство во индустријата, десетгодишно искуство на ФЕИТ, дваесет и седумгодишно искуство во работата на ЕТАИ, над петнаесетгодишно искуство во Инженер-ската институција на Македонија, како и со децениското искуство во работата на IFAC (International Federation of Automatic Control), и, секако, со помош на сите вработени на ФЕИТ ќе имам сили, знаење и моќ да се справам со сите предизвици кои ги носи позицијата декан на Факултетот за електротехника и инфор-мациски технологии и заедно да го совладаме бремето на времето што претстои.

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 91

25

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 16 ДЕКЕМВРИПриродно-математички факултет

Во рамките на одбележувањето на Денот на Природно-математичкиот факултет, 16 декември, на 15 и 16 декември 2008 година се организираа пригодни свечености.

На 15 декември се одржа свечена седница на Наставно-научниот совет на Факултетот, на која, покрај редовните членови на Советот, беа поканети и сите пензионирани професори и другите вработени на Факултетот. На седни-

цата поздравна реч и реферат за работата на Факултетот во текот на 2008 година имаше де-

канот на Факултетот, проф. д-р Јорданка Митевска. Притоа, на пензионираните работ-

ници на Факултетот во текот на 2008 година и на вработените со исполнети 20 години непре-

кинат работен стаж на Факултетот им беа доде-

лени пригодни награди.

На 16 декември, во амфитеатарот на Факул-

тетот „Ордан Печијаре“, се одржа свечена про-

моција на дипломираните студенти на додип-

ломските и постдипломските студии на Факул-

тетот во текот на 2008 година. На дипломците и гостите им се обратија деканот на Факултетот и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стој-ковски. На промоцијата присуствуваа и минис-

терот за образование и наука, г. Перо Стојановски и проректорот за наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Коле Василевски.

На сите студиски групи на Факултетот, во 2008 година дипломирале:

1. на додипломски студии: 4212. на постдипломски студии:

• магистри 19• специјалисти 4

Со академско звање доктор на науки се стекнале 12 кандидати.

На најдобро дипломираните студенти по студиски групи и на ниво на Факултетот им беа доделени пригодни награди. За најдобро дипломиран студент во 2008 година беше про-

гласен Буклески Ѓоко Миха, од Институтот за хемија, со просечна оценка 10,00 и период на студирање 4 години и 29 дена, а по од-

делни студиски групи:• математика - Јовчевски Станко Или-

ја, просек 9,94 (4 г., 4 м. и 26 д.)• физика - Попески-Димовски Дончо Ристе, просек 9,38 (4 г., 6 м. и 2 д.)

• хемија - Буклески Ѓоко Миха, просек 10,00 (4 г. и 29 д.)

• биологија - Атковска Владо Калина, просек 9,75 (4 г., 2 м. и 29 д.)

• географија - Терзиева Раде Маргари-

та, просек 9,43 (4 г., 5 м. и 10 д.)• информатика - Наумовски Кире Вла-

димир, просек 9,80 (4 г., 5 м. и 6 д.)• етнологија и антропологија - Кутев Ѓорѓија Иван, просек 9,15 ( 4 г., 4 м. и 13 д.)

Сојузот на студентите на најдобро дипломираните студенти им подари по една книга.

• математика - Јовчевски Станко Илија, просек 9,94 (4 г., 4 м. и 26 д.)

• физика - Попески-Димовски Дончо Ристе, просек 9,38 (4 г., 6 м. и 2 д.)

• хемија - Буклески Ѓоко Миха, просек 10,00 (4 г. и 29 д.)

• биологија - Атковска Владо Кали-

на, просек 9,75 (4 г., 2 м. и 29 д.)• географија - Терзиева Раде Марга-

рита, просек 9,43 (4 г., 5 м. и 10 д.)• информатика - Наумовски Кире Владимир, просек 9,80 (4 г., 5 м. и 6 д.)

• етнологија и антропологија - Кутев Ѓорѓија Иван, просек 9,15 ( 4 г., 4 м. и 13 д.)

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 91

26

Најзначајна поддршка на реформите во висо-кото образование и јакнење на капацитетите на високообразовните установи за поддршка на оп-штествено-економската трансформација дава Тем-пус–програмата на Европската заедница. Таа под-држува интензивна соработка помеѓу високообра-зовните установи од нашата земја, земјите–член-ки на Европската унија, земјите-кандидати и зем-јите од Западен Балкан.

Почетоците на соработката датираат од првата фаза на Програмата, позната како Темпус и трае-ше од 1990 до 1994 година. Македонските институ-ции за високо образование беа вклучени во 3 Тем-пус-проекти.

Поради распаѓањето на Југославија, ФАРЕ–про-грамата беше суспендирана, а со тоа и Темпус–под-дршката. Програмата беше обновена во 1996 година. Се формира Национална комисија за соработка со Темпус–програмата и започна со работа Национал-ната Темпус–канцеларија. Тогаш Темпус беше во втората фаза (Темпус II), што траеше до 1998 година, по која продолжи како Темпус II бис до 2000 година.

Третата фаза на Програмата, позната како Тем-пус III (2000-2006 година), беше финансирана од КАРДС–програмата.

Во рамките на Темпус II бис и III програмата, институционалната соработка се одвиваше во рамките на:• 93 заеднички европски проекти;• 17 структурни и комплементарни мерки и • 10 компакт–мерки.

Вкупно 333 стипендии за индивидуална мобил-ност во земји–членки на Европската унија и земји со кандидатски статус, како и за индивидуални престои на институции за високо образование од Република Македонија се финансирани во перио-дот октомври 1996 – октомври 2007 година.

Финансиската поддршка од Европската коми-сија во рамките на Темпус II бис и III програмата изнесува 26,7 милиони евра.

Пишува: Снежана Билиќ-СотировскаКоординатор на Националната Темпус-канцеларија

Четвртата фаза на Темпус–програмата позната како Темпус IV (2007-2013), се финансира од прет-пристапните фондови.

Во рамките на четвртата фаза од Темпус (2007-2013) програмата, институционалната соработка се одвива преку два вида на проекти:• заеднички проекти;• структурни мерки.

На првиот објавен конкурс, со краен рок 28 ап-рил 2008 година, универзитетите од Република Македонија учествуваа со вкупно 68 поднесени проектни апликации. 16 проектни апликации се одобрени за финансирање, од кои:• 14 регионални проекти;• 2 национални проекта.

Финансиската поддршка од Европската коми-сија во рамките на Темпус IV изнесува 3,5 милио-ни евра.

Заеднички проекти

Најзначајната соработка се одвива во рамките на заедничките проекти во траење од 2 или 3 го-дини. Заедничките проекти се базираат на мулти-латерално партнерство помеѓу високообразовни-те институции од ЕУ и партнерските земји. Тие се насочени кон трансфер на знаење помеѓу универ-зитетите од ЕУ и универзитетите од партнерските земји и помеѓу високообразовните институции на самите партнерски земји. Заедничките проекти се имплементираат на институционално ниво.

Финансирани се следниве типови заеднички проекти:• реформа на студиски програми;• реформа на универзитетскиот менаџмент;• високото образование и општеството.

Проектите за реформа на студиски програми се наменети за унапредување на постојните и раз-вој на нови студиски програми во согласност со болоњскиот процес и општествено–економските потреби на земјата. Во оваа публикација, проекти-те за развој на студиски програми се претставени на бела подлога.

Проектите за реформа на универзитетскиот ме-наџмент се фокусираат на институционалните ре-форми и менаџментот на универзитетите, со цел да овозможат нивно квалитетно вклучување во европскиот простор на високото образование. Во оваа публикација, проектите од овој тип се прет-ставени на жолта подлога.

Проектите за високото образование и општес-твото се наменети за јакнење на улогата на висо-кообразовните институции во општеството како целина, поттикнување на врската универзитет – пазар на труд и поддржување на развојот на нај-

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 91

27

значајните неакадемски сектори во општеството. Проектите од овој вид се претставени на сина под-лога.

Мрежните проекти, што се финансираа на почетокот од Темпус III фазата, промовираа сора-ботка по пат на синергија и дисеминација на резул-тати од успешни проекти. Значајна е нивната улога за развој на регионалната соработка. Овој тип проекти се финансираа во 2000 година. Во оваа публикација, мрежните проекти се претставе-ни со виолетова боја.

Структурни мерки

Структурните мерки се интервенции дизајнира-ни за поддршка на структурната реформа на висо-кообразовните системи и развојот на стратешки рамки на национално ниво кои одговорните нацио-нални власти ги идентификувале како приорите-ти. Структурните мерки можат да даваат поддрш-ка на мрежи на високообразовни институции и/или директна поддршка на министерствата за образование за активности кои водат кон конвер-гентност со случувањата во ЕУ. Структурните мер-ки треба да бидат насочени кон: развој и реформа на националните високообразовни структури и сис-теми во партнерските земји, како и да го зајакнат квалитетот и релевантноста на високообразовни-от систем и структура во партнерските земји. Во оваа публикација, проектите се претставени на розова подлога.

Компакт-мерки

Компакт-мерките беа проекти од типот на сту-дии на изводливост, или проекти за дисеминација

на резултати од успешни Темпус–проекти. Ваков вид проекти беа финансирани до 1998 година. Проектите од овој тип се претставени на подлога со зелена боја.

Стипендии за индивидуална мобилност

Стипендиите за индивидуална мобилност, кои беа финансирани во Темпус III (2000-2006) фаза-та, поддржуваа мобилност на наставници, асис-тенти, студенти, администратори, експерти од областа на образованието и лица од министерства-та. Можна е мобилност Исток–Запад и Запад–Ис-ток.

Стипендии се доделуваат за:• подготовка за апликации за заеднички европ-

ски проекти;• учество на специфични настани поврзани со

високото образование во земјите на Евопска-та унија или земјите–кандидати;

• престои за усовршување и обновување на зна-ења, соработка и дисеминација на искуства од добра практика.

Во периодот 2009–2010 година, Темпус–сора-ботката ќе продолжи со поддршка на национална-та политика во областа на високото образование, реформите на содржините, образовните методоло-гии и структурата на високообразовните институ-ции во согласност со болоњскиот процес.

Исто така, Темпус ќе поддржува развој на капа-цитети и воспоставување структури за доживотно учење, наменети за јакнење на јавната админи-страција и развој на граѓанското општество.

Двете страни ги претставуваат нивните инсти-туции

ПРИ ШТО

– обете институции учествуваат во ТЕМПУС-европската програма преку DEREC-проек-

тот со назив Развивање студиска програма за инженерство на животна средина и ре-сурси, што ја поддржува модернизацијата на високообразовните системи во земјите–соработнички од Западен Балкан, Источна Европа и Централна Азија, Северна Африка и Блискиот Исток, со цел поддршка на соработката во областа на

ПОМЕЃУ

Проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со седиште во Ректоратот на Универзитетот, на адреса: бул. Крсте Мисирков, бб, 1000 Скопје, Република Македонија,

иПроф. д-р Аугусто Маринели, ректор на Универзитетот во Фиренца, со седиште во Ректоратот, на адреса: Piazza S. Marco, 4, Firenze, Italy.

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 91

28

високото образование помеѓу Европската унија и земјите – соработнички кои ја опкружуваат Европската унија;

– посебни цели на DEREC–проектот се воведу-вање нова тригодишна додипломска студис-ка програма за инженерство на животна средина и ресурси на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, базирана на европскиот кредит трансфер–систем и во со-гласност со Болоњската декларација и испол-нување на потребните услови за обезбе-дување заедничка диплома (joint degree) во областа на инженерството на животна среди-на и ресурси, што треба да се имплементира врз основа на посебен договор за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот во Фиренца;

– со Одлуката на Министерството за образова-ние и научно–технолошки истражувања бр. 270 од 2004, што претставува измена на Одлуката на Министерството бр. 509 од 1999, се предвидува италијанските универ-зитети сами да ги донесуваат студиските про-грами за да ја постигнат академската автоно-мија утврдена во член 11 од Законот од 19.11.1990, бр. 341;

– во рамките на звањата кои се доделуваат на италијанските универзитети, првиот циклус студии (тригодишни) имаат за цел на студен-тот да му обезбедат образование насочено кон високостручни активности во посебни области, а врз основа на посебни конвен-ции, звања може да се доделуваат и во дого-вор со други италијански или странски уни-верзитети;

– двете институции нудат студиски програми во областа на инженерството на животна сре-дина и ресурси и тие имаат заеднички инте-реси во однос на квалитетот на високото образование што го нудат, така што соодвет-ните факултети едногласно се согласија да ја реализираат иницијативата презентира-на во овој Договор, со одлуки донесени на нивните наставно–научни совети - Факулте-тот за инженерство, Универзитет во Фирен-ца, одлука од 19.9.2008 и Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Машинскиот, Градежниот и Технолошко-металуршкиот факултет), одлука од 21.2.2008 година;

– соработката помеѓу Универзитетот во Фирен-ца и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е долгогодишна, а за двата универ-зитета приоритет претставува развивањето иницијативи за соработка преку која студен-тите на двата универзитета, по завршување-то на студиите за инженерство на животна средина и ресурси ќе можат да се стекнат со еквивалентна диплома на двата универзите-та.

ЗЕМАЈЌИ ГИ ПРЕДВИД

– Предлогот на Факултетот за инженерство на Универзитетот во Фиренца од 19.9.2008,

– Одлуката на Академскиот сенат на Универзи-тетот во Фиренца од 12.11.2008,

– Одлуката на Ректорската управа на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 21.2.2008,

– заедничката цел на студентите да им се обезбедат студии насочени кон меѓусебно интегрирано и препознатливо образование,

ДВЕТЕ СТРАНИ СЕ СОГЛАСУВААТ КАКО ШТО СЛЕДУВА:

1. Советот на студиската програма за инже-нерство на животна средина и ресурси (сегашна студиска програма L7 „Инженер-ство за градежништво и животна средина“) на Факултетот за инженерство, Универ-зитет во Фиренца и Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (студиската програма за инженер-ство на животна средина и ресурси пред-ложена од наставно–научните совети на трите наведени факултети) ја утврдуваат образовната програма за тригодишни редовни студии, предвидувајќи дека тре-тата студиска година (цела или дел од неа) ќе се следи на универзитетот – партнер.

2. Двата универзитета - партнери ќе формира-ат заеднички управен одбор за управување со активностите за мобилност вклучени во овој Договор. Посебните цели на Одборот се следниве: – дефинирање и верификација на мини-малните барања за пристап кон активнос-тите за мобилност како гаранција за ква-литетот на студиската програма;

– контрола на наставниот план и наставни-те активности на студентите за време на нивната мобилност;

– поврзаност со наставниците за предмети-те кои се следат во рамките на мобилнос-та за утврдување оптимален дидактички приод за студентите кои доаѓаат од уни-верзитетот - партнер.

3. Се предвидува запишување на најмногу 15 студенти за секој универзитет одделно. Се-лекцијата се врши врз основа на условите за запишување утврдени од Управниот од-бор и специфицирани во правилата на секо-ја студиска програма.

4. Запишаните студенти на Универзитетот во Фиренца, кои се вклучени во активностите за мобилност, ќе остварат студиски престој од најмалку 9 месеци на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со помош на Темпус-грант за мобилност, или друга фи-нансиска поддршка или, пак, со сопствени средства и, обратно, студентите запишани на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои се вклучени во активностите за мобилност, ќе остварат студиски престој од најмалку 9 месеци на Универзитетот во Фиренца, со помош на Темпус-грант за мо-билност, или друга финансиска поддршка или, пак, со сопствени средства, за да ги следат претходно усогласените предметни програми и соодветните испити на универ-зитетот - партнер, односно предметите на

Page 29: Univerzitetski vesnik br. 91

29

студиската програма за инженерство на жи-вотна средина и ресурси.

5. Студентите кои ќе реализираат мобилност ќе стекнат најмалку 48 ЕКТС–кредити на универзитетот – партнер, претходно одобре-ни од студиската програма во домашната институција. Исто така, уште најмногу 12 ЕКТС–кредити може да се добијат за актив-ности за подготовка на предавање и/или активности за завршен испит (дипломски труд), доколку и со студиската програма на нивниот универзитет е предвидено студенти-те да ги добијат тие ЕКТС–кредити.

6. Во рамките на овој Договор, користењето на сите понудени услуги и здравственото осигурување на мобилните студенти ќе би-дат меѓусебно обезбедени од двата универ-зитета, како што е во случаите за мобилност на студентите преку Еразмус и Темпус–про-грамите.

7. Двете страни се обврзуваат да ги употребат сите можни средства за добивање на потреб-ните ресурси за поддршка на мобилноста на наставно–научниот кадар во рамките на овој Договор и во рамките на средствата доделени од ТЕМПУС-програмата или од до-полнителни извори од процесот на интерна-ционализација.

8. Во рамките на овој Договор, наставно–науч-ните кадри од двата универзитета мора да имаат и здравствено осигурување и осигуру-вање од несреќи. Таквото осигурување може да го обезбеди домашниот универзи-тет, согласно со внатрешните правила, или непосредно може да го обезбеди заинтереси-раното лице, со активирање на осигурување од горенаведените ризици. Институцијата – домаќин нема да има какви било обврски да обезбедува здравствено осигурување или лично осигурување од штети на лицата – гос-ти; сепак, институцијата – домаќин мора да ги покрива трошоците направени на тре-ти лица од студентите/наставниците – гос-ти, во рамките на активностите на овој Дого-вор, ослободувајќи ја институцијата од која лицата доаѓаат од оваа одговорност.

9. Целосна еквиваленција на стекнатите зва-ња на студиите за инженерство на животна средина и ресурси на Универзитетот во Фи-ренца и на студиите за инженерство на животна средина и ресурси на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе им биде потврдена на оние студенти што ќе го изберат билатералното студирање на нивни-те домашни универзитети, предвидено во

овој Договор и во согласност со нивните внатрешни правила и процедури.

10.Двата универзитета се обврзуваат да ја пот-врдат еквиваленцијата на стекнатите звања на студиите за инженерство на животна средина и ресурси на Универзитетот во Фи-ренца и на студиите за инженерство на животна средина и ресурси на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со сите правни дејства содржани во ова потврдување, под заеднички услови, по барање на дипломираниот студент и по добивање потврда од секој универзитет дека дипломираниот студент го завршил циклусот студии согласно со претходно договорениот наставен план како што е уредено со овој Договор.

11. Услугите понудени на студентите од двата универзитета ќе се засноваат на заеднички критериуми.

12.Двата универзитета - партнери преземаат обврска да ги верификуваат и да ги утврдат потребните административни процедури за идното дефинирање на заедничката дипло-ма во областа на инженерството на животна средина и ресурси, во согласност со постојните национални закони и правила на двата универзитета – партнери.

13. Раководителот на студиите, по предлог на Советот на студиската програма, именува релевантен претставник за да ја следи при-мената на овој Договор во студиската про-грама.

Заклучни одредби

Овој Договор е потпишан на италијански, македонски и англиски јазик. Овој Договор ќе стапи во сила од денот на неговото потпишува-ње и ќе важи 6 години; потоа тој ќе се обнови за дополнителни 6 години, по барање на една од двете страни најдоцна 3 месеци пред него-вото истекување, во секој случај гарантирајќи го завршувањето на започнатите студии.

Во случај на спор, тој ќе биде доверен на одбор на арбитри, составен од еден член из-бран од страна на секој партнер и еден член из-бран со заедничка согласност.

Двата универзитета се согласуваат да ги за-почнат сите потребни процедури за реализира-ње на Договорот, така што тој ќе биде ефек-туиран почнувајќи од учебната 2008/09 година.

јануари 2009 г.

За Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“

во Скопје

РекторПроф. д-р Велимир Стојковски

За Универзитетотво Фиренца

РекторПроф. д-р Аугусто Маринели

Page 30: Univerzitetski vesnik br. 91

30

ДОЛУПОТПИШАНИТЕ СТРАНИ СЕ СОГЛАСНИ

Соработката да се прошири во полето на: урбанизам и просторно планирање. Со Договорот се вклучуваат следниве факултети:

Универзитет во Фиренца: Факултет за инженерство, Катедра за градежно инженерство. Координатор: проф. Енрика Капорали.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје:Машински факултет, Градежен факултет и Технолошко-металуршки факултет. Координатор: проф. д-р Велимир Стојковски, ректор.

УНИВЕРЗИТЕТ„Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ВО СКОПЈЕ

Проф. д-р Велимир СтојковскиР е к т о р

УНИВЕРЗИТЕТВО ФИРЕНЦА

Проф. д-р Аугусто МаринелиР е к т о р

Врз основа на член 1 од Договорот за академска соработка потпишан на 25 ноември 2005 година, меѓу Универзитетот во Фиренца и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој се предвидува проширување на областите на соработка и вклучување на други факултети од двата универзитета

Проф. д-р Тодор Џунов(1985/86 - 1987/88)

Page 31: Univerzitetski vesnik br. 91

Проф. д-р Благој Попов

(1967/68 - 1968/69)

Проф. д-р Ѓеорѓи Филиповски(1963/64 - 1964/65)

Проф. д-р Томислав Чокревс

ки

(1992/93 - 1993/94)

Проф. д-р Радмила Кипријанова

(1995/96 - 1997/98)

Проф. д-р Тодор Џунов(1985/86 - 1987/88)

Проф. д-р Александар Анчевски

(1998/99-2003/04) Проф. д-р Драги Данев(1990/91 - 1991/92)

Поранешни ректори на УКИМ - присутни на промоцијата на Монографијата „Ректори на УКИМ“

Page 32: Univerzitetski vesnik br. 91