24
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 88, октомври 2008

Univerzitetski vesnik br. 88

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 88, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 88

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 88, октомври 2008

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 88

2

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникД-р Велимир Стојковски

Заменик главен и одговорен уредникМ-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав БашевскиЛектор Сузана В. СпасовскаТехничко уредување Горан Муратовски

На 29 септември 2008 година, во свечената сала на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа инаугурација, од-носно свечено стапување на должност на новоизбраниот рек-тор д-р Велимир Стојковски, ре-довен професор на Факултетот за ветеринарна медицина.

Проф. д-р Велимир Стојковски е 22. ректор од фор-мирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и првиот инау-гуриран ректор во Република

Македонија согласно со Законот за високото образование и чл. 146 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Со церемонијата, на која беа присутни високи претстав-ници на државата: претседателот на Собранието на РМ Н.Е. г. Трајко Вељановски, д-р Трајко Славески, министер за финансии, г. Перо Стојановски, министер за образо-вание и наука, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, претставници на Македонската православна црква, на академската заедница – декани, директори, членови на Сенатот и студентите и прет-седателот на Студентскиот парламент на УКИМ г. Самоил Малчески, раководеше заменик–претседателот на Универ-зитетскиот сенат, проф. д-р Сашо Јосимовски.

Инсигниите, како симбол на ректорството, на ново-избраниот ректор проф. д-р Велимир Стојковски на свечен начин му ги предаде досегашниот ректор проф. д-р Ѓорѓи Мартиновски.

Пред аудиториумот, покрај ректорот Стојковски (чија реч во овој број ја објавуваме во целост), се обрати и претседателот на Собранието на Република Македонија, Н.Е. г. Трајко Вељановски. Претседателот Вељановски говореше за големото значење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за развојот на државата, како и за чекорите што во изминатиот период Собранието и Владата на Република Македонија ги преземаат во соработка со високообразовните институции во РМ, во рамките на владината програма „Знаењето е сила, знаењето е моќ“, со цел унапредување на демократијата и економски просперитет на РМ.

На церемонијата, ректорот Стојковски, на свечен начин на проректорите проф. д-р Елена Думова–Јованоска, проф. д-р Коле Василевски и проф. д-р Моме Спасовски, им ги врачи проректорските инсигнии.

На истата свеченост, ректорот Стојковски и проректорите Думова–Јованоска, Василевски и Спасовски, исто така, потпишаа и свечени изјави за вршење на функциите.

• обраќање на Ректорот

• образложен предлог на проф. д-р Миколај Кузиновски за доделување на титулата почесен доктор на технички науки на проф. д-р Хенрик Жебровски

• образложен предлог на проф. д-р Трајан Гоцевски за доделување на звањето почесен професор на проф.д-р Мариан Њезгода

• образложен предлог на проф. д-р Магдалена Жантева-Наумоска за доделување на звањето почесен професор на проф. д-р Ханс Конрад Милер Хермелинк

...........3

.....................................6

......................................7

.........8

........................................10

....................10

..........................11.................12

................13

...................................13

....................16

.......................19

.......22

.................23

........................24

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 88

3

П реземајќи ги свечено ректорските инсигнии како симбол на најго-

лема чест и должност, ги примам, пред сè, како знак на одговорност за водење на нашиот Универзитет во наредните четири години и истовремено уште еднаш им иска-жувам благодарност на членовите на Универзитетскиот сенат за до-вербата што ми е укажана со оваа функција.

Како 22 ректор на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, имам и голема обврска, да го продолжам патот на сите прет-ходници во одржувањето на авто-номијата и јакнењето на Универ-зитетот, преку градење автономен современ универзитет, многу по-силно и многу поцврсто. Една изре-ка вели дека наследниците гледа-ат подалеку, зашто стојат на раме-њата на претходниците. Затоа, во оваа прилика им се заблагода-рувам на сите претходни ректори, на тие што не се меѓу нас и на тие што имам чест да ги поздравам во оваа аула.

Преземајќи ја должноста рек-тор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, свесен сум дека пре-земам мандат и одговорност во многу тешки времиња, во вителот на најголемите универзитетски реформи. Универзитетот денес ми-нува низ многу чувствителна фаза од својот развиток. Исправен е, можеби, пред најголемиот предиз-вик од своето постоење – промени-

те во организацијата и трансформа-цијата во интегриран универзитет.

Значењето на Универзитетот де-нес е со јасно детерминирана миси-ја – силни универзитети за силна Европа, насочена кон развојот и придонесот во социјалното, култур-ното и економското национално, европско и глобално ниво. Денес, Европа бара силни универзитети како клучни актери во развитокот на европското општество на знаење, со широко учество во оп-штеството и промоција на квали-тетот во образованието, истражу-вањето и иновациите, развива-њето на уметничките, културните и спортските активности, како

обележје на секој универзитет и секоја нација.

Затоа, кога зборуваме за рабо-тата во наредниот четиригодишен период, на еден комплексен и голем универзитет каков што е Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“, не можат да се заобиколат основните факти – неговата тра-диција и значење за државата, кои бараат голема внимателност во предвидените реформи, но и флексибилност што ќе биде од ви-тално значење за неговото функ-ционирање. Одржувањето и разви-вањето на големината, комплекс-носта и интегритетот на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во

Реч на ректорот проф. д-р Велимир СтојковскиППооччииттуувваанн ППррееттссееддааттеелл ннаа ССооббррааннииееттоо ннаа РР.. ММааккееддоонниијјаа,, гг.. ТТрраајјккоо ВВеељљааннооввссккии,,ППооччииттууввааннии ммииннииссттррии ввоо ВВллааддааттаа ннаа

РРееппууббллииккаа ММааккееддоонниијјаа,, ВВаашшее ббллаажжееннссттввоо,, ААррххииееппииссккоопп ооххррииддссккии

ии ммааккееддооннссккии гг..гг.. ССттееффаанн,,ППооччииттуувваанн ППррееттссееддааттеелл ннаа ММААННУУ,,

ППооччииттууввааннии ппррееттссееддааттееллии ннаа УУссттааввннииоотт ссуудд ии ннаа ВВррххооввннииоотт ссуудд

УУвваажжееннии ссееггаашшннии ии ппооррааннеешшннии ррееккттооррии ии ппррооррееккттооррии,,

ППооччииттууввааннии ччллееннооввии ннаа ааккааддееммссккааттаа ззааееддннииццаа,,

ДДааммии ии ггооссппооддаа,,

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 88

4

Скопје, како единствена функцио-нална, неделива, академска и високообразовна целина и силен столб на државата, ќе претста-вуваат основен темел во мојата работа.

Д енес, современото европ-ско општество, со страте-гијата на развој во един-

ствениот европски образовен и истражувачки простор, се транс-формира во општество на знаење, во кое економскиот, социјалниот и културниот развој примарно ќе зависат од креацијата и дисемина-цијата на знаењето и компетен-циите. Оттука, комплексноста на Универзитетот ќе продолжи да се негува како богатство на различ-ности на неговите членки, искорис-тувајќи го неговиот потенцијал, со препознавање на заедничкиот ин-терес, без оглед на неговата го-лемина, притоа развивајќи се како интегриран универзитет, кој ќе ги заштитува и ќе ги одржува академ-ската слобода и автономија.

Една од главните стратегии во

наредниот период ќе биде и Болоњ-ската декларација, како најважен документ за глобализацијата на високото образование, кој ги поста-

ви темелните начела на мобил-носта, препознатливоста и вредну-вањето на студиските програми.

По повеќегодишната подготовка, Болоњскиот процес денес е импле-ментиран во сите членки на Уни-верзитетот. Воведувањето нови програми согласно со ЕКТС прет-ставува позитивен чекор поради нивната адаптабилност кон паза-рот на трудот и можноста на сту-дентот да учествува во форми-рањето на своите компетенции. Но, спроведувањето на болоњски-те процеси бара и дополнителни финансии од страна на државата, за што очекуваме дека ќе биде сфатено како реалност, потреба и обврска, доколку сакаме конструк-тивно и креативно вклучување на целата академска заедница во неговата реализација.

Универзитетот постои за сту-дентите и затоа особено внимание ќе се обрне на подобрувањето на наставата, студирањето и студент-скиот стандард преку повеќе мер-

ки, почнувајќи од зголемување на кадровската покриеност, јакнење на електронските книжни содржи-ни, зголемување на студентската мобилност, сè до нивна директна комуникација и поврзување со работодавците и стопанството и интензивирање различни облици на универзитетска дејност, со вклучување на дипломираните студенти во системот на доживот-ното учење.

Почитувани,

Г лавниот двигател во секое општество се високото образование и истражува-

њето. Различноста на истражу-вачката и уметничката работа на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 88

5

диј“, развивана 60 години, е една од неговите најзначајни обележја, која треба да се има предвид при планирањето на неговиот поната-мошен развиток и истражувачки-те стратегии, зашто таа го отслику-ва истражувачкиот потенцијал на Универзитетот. За жал, нашата земја не спаѓа во редот на економ-ски силните земји, одвојувањата за наука се ниски, така што финансирањето на оваа дејност од страна на државата не треба во иднина да го гледаме како един-ствен извор на финансирање. На-шите истражувачи и професори имаат долгогодишно напластено искуство и знаење, кои треба само да ги насочат кон барање допол-нителни извори, како меѓународ-ни проекти и фондови, аплика-тивни услуги на јавниот сектор, директно поврзување со стопан-ството, анализи, експертизи и сл. Во таа насока, за поефикасно користење на знаењето на Уни-верзитетот, ќе се промовираат и посебно ќе се поддржуваат центри за одлични перформанси како фор-ма на поврзување на знаењето, науката и иновациите. На тој на-чин, ќе си помогнеме себеси, ќе ѝ помогнеме и на Македонија.

Денес, шест месеци по отво-рањето на Европскиот информа-тивен и иновативен центар, во координација на Универзитетот, а со поддршка на Европската коми-сија и Владата на Р. Македонија, како претседател на Конзорци-умот, можам со задоволство да констатирам дека знаеме, можеме и умееме да се вклучиме во европ-скиот истражувачки и претпри-емнички пазар. Македонија, како прва земја од Западен Балкан во кој Европската комисија отвори ваков центар, ги оправдува очеку-

вањата. Во областа на органското производство на храна и енерге-тиката, направени се поврзувања на фирми од нашата земја со фирми од Грција, Бугарија и Белгија, а до крајот на следниот месец преку центрите во Италија и Германија ќе отпочнат разго-вори и за поврзувања со фирми од овие земји. Европскиот информа-тивен и иновативен центар е јасен показател дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да продолжи да ги концентира свои-те интелектуални, научни и твореч-ки сили, како главна задача не само во работата на Универзи-тетот туку и во вкупната преоб-разба на нашата земја на патот кон европската интеграција.

И на крајот од овој краток осврт за тоа каде оди Универ-зитетот, излагањето не би било потполно ако не го споменеме она што ги засега сите вработени – финансиите. Убеден сум дека основниот мотив што нè одржува нас 3.000 вработени на нашата alma mater се многу повозвишени цели, па сепак еден сегмент во подигањето на квалитетот е и добро решен модел на финанси-рање, со мотивирани наставници, чиј менаџмент не е оптоварен со елементарни финансиски пробле-ми.

Системот за финансирање тре-ба да тргне од основниот принцип дека високото образование не е потрошувачка дејност, туку долго-рочно инвестирање во хуманите ресурси. На општо задоволство, конечно по повеќе години, напра-вени се почетни напори во разрешување на некои аспекти од третирањето на науката и висо-

кото образование, од страна на Владата на Република Македо-нија, како: финансирање на висо-кото образование во Буџетот со јасно одделени ставки за секој универзитет поодделно, покачува-ње на платите на вработените, ак-ција за опремување на лаборато-риите, зголемени средства со последниот ребаланс на Буџетот итн. Во оваа прилика, од името на целата академска заедница, се заблагодаруваме и ги поздраву-ваме овие напори, со надеж дека ќе продолжат во иста насока и со ист интензитет.

Почитувани колеги, на поче-токот од овој мандат и нашата универзитетска интеграција, нè очекуваат многу работа и многу прашања што треба да се решат со академско разбирање и компро-мис. На тоа нè обврзува името на светите браќа, кое достоинствено го носи нашиот Универзитет и нашата милениумска просветител-ска традиција, почнувајќи од Све-тиклиментовата охридска школа, па до денес.

Сите ние, секој од нас, мора да вградиме дел од себе во нашиот Универзитет и нашата држава. Тоа им го должиме на сите минати генерации, тоа им го должиме и на идните генерации интелектуалци и стручњаци. Тоа е наша одговорност за иднината на нашата татковина Македонија.

Vivat Academia,

vivant professores,

sеmper sint in flore.

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 88

6

На 1 октомври, традиционално, на факултети-те на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржаа првите академски часови, со кои се одбележа почетокот на новата учебна година.

Првиот работен ден од стапувањето на дол-жност, ректорот проф. д-р Велимир Стојковски им го посвети на студентите. Имено, ректорот Стојковски, во придружба на генералниот секре-тар м-р Илија Пиперкоски и претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, г. Самоил Малчески, присуствуваше на свечените часови на Филозоф-скиот, Факултетот за електротехника и информа-циски технологии и Медицинскиот факултет. Ректорот Стојковски се обрати до бруцошите на трите факултети и им пожела искрено добре-дојде во големото академско семејство на првиот и водечки државен универзитет во Република Македо-нија.

Претседателот на Владата на Републи-ка Македонија, Н.Е. г. Никола Груевски, присуствуваше на Di-es Acedemicus на Фа-култетот за електро-техника и информа-циски технологии, и од името на Владата им пожела добредојде на новозапишаните сту-денти на УКИМ. Премиерот м-р Груевски во

своето обраќање говореше и за поддршката на македонската влада за создавање поголем број стручен кадар од областа на техничките науки, и тоа особено на оние профили што се дефици-тарни на пазарот на трудот, нужни за македон-ската економија и едновремено барани од по-тенцијалните странски инвеститори.

Министерот за образование и наука на Вла-дата на РМ, г. Перо Стојановски, присуству-

ваше на првите академски часови на Фило-зофскиот и на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Тој на новите сту-

денти им порача дека инвестицијата во соп-ственото знаење е ин-вестиција којашто по-веќекратно ќе им се врати.

Академската 2008/09 година започна свече-но на сите факултети на УКИМ, а на првите бруцошки часови при-суствуваа претставни-ци на Владата на РМ. На првиот академски

час на Медицинскиот факултет, од името на Владата на РМ се обрати министерот за здравство, г. Бујар Османи.

Деканите на трите факултети: проф. д-р Трајан Гоцевски, проф. д-р Миле Станковски и проф. д-р Магдалена Жантева–Наумовска, исто така, ги поздравија бруцошите. Во амфитеатри-те, покрај новозапишаните студенти, присуству-ваа продеканите и професорите на факултети-те, како и претставници на студентските орга-низации.

Проректорите: проф. д-р Елена Думо-ва–Јованоска, проф. д-р Коле Василевски и проф. д-р Моме Спасовски присуствуваа на све-чените први академски часови на Технолош-ко–металуршкиот, Природно–математичкиот, Машинскиот и Факултетот за ветеринарна ме-дицина.

На 14 октомври, во Градскиот совет во Велес се одржа првиот академски час за студентите коишто, за прв пат оваа година, се запишаа на дисперзираните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Ве-лес. На свеченоста, на студентите им се об-ратија: ректорот проф. д-р Велимир Стој-ковски, министерот за образование и наука на Владата на РМ, г. Перо Стојановски и деканот проф. д-р Борче Давитковски.

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 88

7

Имам особено задоволство да ви се обратам на на-шиот денешен dies academicus и да ве поздравам од името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и од свое лично име.

Драги студенти, денес станувате членови на ака-демската заедница, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тоа е чест но и голема обврска, затоа што знаењето, науката, талентот, креа-тивноста, како цивилизациски и хумани вредности во историскиот òд на македонската нација, отсеко-гаш се негуваат на нашиот Универзитет.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е достоен наследник на епохалното дело на светите браќа Ки-рил и Методиј и со гордост го носи нивното име. Тој е основан во 1949 година врз темелите на Светикли-ментовиот универзитет од 886 година, а првата високошколска установа во Македонија, Филозофски-от факултет, е основан во 1920 година. Оттогаш, на-шиот Универзитет е во постојан подем, така што денес тој претставува функционална заедница на 21 факултет, 9 научни инс-титути и 9 придружни членки.

Одговарајќи на пре-дизвикот на глобализа-цијата и глобалниот плу-рализам, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е современ универзитет, кој остварува успешна долгогодишна билате-рална соработка со пове-ќе од 70 еминентни уни-верзитети во светот. Тој е познат и признат во свет-ски рамки, а според пода-тоците најдобро ранги-ран универзитет од Република Македонија на светска-та скала, далеку пред другите универзитети од држа-вата.

Периодот што денес го минуваме на Универзи-тетот е период на промени во образовниот систем и науката не само во нашата земја туку и пошироко. Се случуваат големи промени во земјите на Европската унија и земјите–кандидатки, координирани од Европ-ската комисија и Европската асоцијација на универзи-тетите. Се поставуваат нови мерила и критериуми и нови системи за вреднување во образованието и нау-ката.

Вклучувањето во оваа интернационализација и глобализација, како и прифаќањето на Болоњската декларација, е уште една потврда за определбата на нашиот Универзитет за квалитетно образование сог-

ласно со принципите на Болоња и европскиот кре-дит–трансфер систем, а кои се во функција на созда-вање високопрофесионални кадри, кои, пак, ќе при-донесат во развојот и просперитетот на државата.

Вашиот избор да студирате на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ особено нè радува, затоа што ќе му се придружите на големото академско семејство од над 110.000 дипломирани студенти, 6.000 магистри и 2.300 доктори на науки, кои своето образование го стекнале на нашиот Универзитет. Да се биде добар студент и добар стручњак не е лесно, ве очекува напорна работа. Но, тука ќе се стекнете со комплекс-ни знаења и вештини, особено значајни денес на почетокот од 21 век, кога пазарот на знаење е безмилосен и не познава импровизации, и со дипло-ма со која вашето знаење и компетенции ќе бидат признаени ширум светот.

Без оглед на тоа која од 150-те студиски програми на нашиот Универзитет сте ја избрале како ваша жи-вотна професионална определба, испреплетувањето

на законите на една наука со законите на другите науки секогаш нè уверува во вистината дека денес не е лесно да се постави граница каде завршува една наука, а почнува дру-га, каде завршува наука-та, а почнува вештината. За да бидете во чекор со современите достигнува-ња во својата струка, тре-ба постојано да работите и да се едуцирате.

Затоа, почитувани ко-леги–студенти, соработу-вајте со вашите професо-

ри и посветете им се максимално на студиите, зашто само така ќе влезете во богатата ризница на знае-њето, со што ќе станете дел од утрешнината.

И на крајот, пожелувајќи ви вам, на студентите, успешни студии, а на ценетите колеги–професори да образуваат уште многу успешни генерации, да завр-шам со нашиот академски поздрав

Vivat Аcademia,

vivant professores,

semper sint in flore.

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 88

8

На Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје годи-нава стартуваше генерација-та средношколци коишто полагаа државна матура.

Реализацијата на првиот уписен рок во учебната 2008/09 година се одвиваше во периодот од 25 август до 10 септември 2008 година.

Во првиот уписен рок, на сите факултети на Универзите-тот беа пријавени вкупно 6.733 кандидати. Од нив, на факултетите за техничките и природно-математичките нау-ки се пријавија 1.440, на оп-штествените науки 3.986, на медицинските 909, на биотех-ничките 250 и на уметностите 146 кандидати. Интересот на кандидатите и годинава беше најизразен за студирање на општествените науки: пове-ќе од половината пријавени кандидати (59%) беа опреде-лени за овие факултети, потоа на медицинските науки, како и на одделни студиски програми на техничките науки.

За разлика од минатата година, бројот на прија-вени кандидати во првиот уписен рок е намален за 1.596 кандидати. Намалува-њето на бројот на пријавените кандидати е резултат, пред сè, на одлуката на Владата на РМ со која се намалија квотите на факултетите од општествените науки, како и на вклучувањето на државната матура во крите-риумите за селекција на канди-датите. Имено, ограничувачки фактор за пријавување на кан-дидатите беа несоодветно избраните екстерни и ин-терни предмети од држав-ната матура.

И во текот на годинашната реализација на Конкурсот за запишување студенти во прва година, УКИМ беше соочен со значителен интерес на кан-

ЕКСТЕРНИТЕ И ИНТЕРНИТЕ ПРЕДМЕТИОД ДРЖАВНАТА МАТУРА

- ОГРАНИЧУВАЧКИ ФАКТОР ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ИЗБРАНИТЕ СТУДИИ -

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 88

9

дидатите за студирање на одделни студиски програ-ми. Од друга страна, поради ограничените квоти утврдени во Конкурсот голем број канди-дати не можеа да се запишат на избраните студии. Од стра-на на кандидатите и родители-те се вршеше голем притисок да се прошират квотите и да се излезе во пресрет на интересот на младите за студирање на

УКИМ. За надминување на ваквата

состојба, во правец на оствару-вање на правото на кандида-тите за пристап во високото образование и за исполнување на нивната желба за продолжу-вање на образованието на сту-диите за кои се определиле, Универзитетот и годинава се об-рати до Владата на РМ да донесе дополнителна одлука за зголемување на квотите, и тоа на ниво на УКИМ, но про-ширување не беше одобрено. Истовремено, Владата не го прифати предлогот на Универ-зитетот бројот на студентите за запишување во категоријата со кофинансирање да го утврду-ваат факултетите, односно Универзитетот, во рамките на бројот на студентите утврден во решенијата за акредитација за двете категории студенти.

Со реализацијата на сите три уписни рокови, на фа-култетите на УКИМ, во учеб-ната 2008/09 година се запи-шани вкупно 6.580 студенти, и тоа, 6.148 редовни и 432 вон-редни студенти, или прикажа-ни по категориии, податоците се следниве: во државната квота - 3.843 редовни; вон-редни - 432; надвор од кво-тата по основа на припад-

ност на заедниците кои не се мнозинство во РМ - 232; во категоријата со кофи-нансирање на студирање-то - 1.951 и надвор од квота-та по други основи - 122 сту-дент.

Во согласност со заклучокот и со одлука на Владата на РМ за отворање и за обезбедување финансиски средства на диспер-зирани студиски програми на

Универзитетот „Св. Кирил и Ме-тодиј“ во Скопје, во текот на реализацијата на вториот упи-сен рок, на дисперзираната студиска програма за прав-ни студии на Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви“ во Велес беа запишани 132 студента.

Во трите уписни рока, ис-то така, беа пријавени и 119 странски државјани, и тоа: 101 од Бугарија, 13 од Турција, 3 кандидати од Србија и по еден од Словачка и од Словенија. Пријавени беа и 16 државјани на РМ со целокупно средно образование завршено во стран-ство. Од Министерството за об-разование и наука се очекува списокот на странските студен-ти–стипендисти на Владата на РМ во учебната 2008/09 година.

Универзитетот „Св. Кирил и Ме-тодиј” во Скопје континуирано ги редизајнира, осо-временува и вове-дува нови студис-ки програми, при-тоа фокусирајќи ја севкупната стра-тегиска политика кон реформи и на

приближување кон европски-от простор на високото образо-вание. Тој отсекогаш нудел и нуди квалитетна високообра-зовна понуда за заинтересира-ните кандидати, при што нико-гаш не изгубил од својот статус и реноме во рамките на држав-ните и на другите акредитира-ни високообразовни институ-ции во Република Македонија. Во тој контекст, прашањето за

интересот на кандидатите е од особено значење за Универзи-тетот како државна високооб-разовна институција и заслу-жува посебно внимание, бидеј-ќи тоа понатаму се рефлектира врз валидна селекција на ква-литетни кандидати, како и врз успехот и ефикасноста во сту-дирањето. Истовремено, пра-шањето за интересот на канди-датите е поврзано со можнос-тите и перспективите на завр-шените кандидати за успешно пласирање на пазарот на тру-дот, и секако, за рејтингот на Универзитетот во домашни и во меѓународни рамки, како прв и најстар државен универ-зитет во Република Македони-ја.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 88

10

Во рамките на развојот на високото образова-ние и подобрувањето на квалитетот на услужни-те дејности, Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје учествуваше во ТЕМПУС–проек-тот „Менаџмент на квалитетот на универзитети-те во Македонија“, кој започна во 2006 година. Цел на проектот беше преку воведување на систем за менаџмент на квалитетот во Ректора-тот да се подобри систематизирањето и облику-вањето на процесите кои се спроведуваат, однос-но да се овозможи подобро управување со сите процеси на неговото работење.

Освен Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во проектот беа вклучени следниве универзитети во РМ: Универзитетот „Св. Кли-мент Охридски“ во Битола, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Државниот уни-верзитет во Тетово. Партнери и членови на кон-зорциумот беа и Министерството за образова-ние и наука, Техничкиот универзитет во Виена, Австрија и Институтот IPA од Штудгарт, Герма-нија.

На 15 и 16 октомври 2007 година, како дел од ТЕМПУС–проектот, се спроведе сертифика-циска проверка од странската сертификациска институција – SGS. Имено, сертификаторот те-мелно ја разгледа целокупната подготвена доку-ментација и ја спореди со критериумските бара-ња на ISO-стандардот 9001:2000. Врз основа на исполнетите барања, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го доби ISO сертификатот за „Менаџмент на администрацијата на Ректора-тот на УКИМ“, според нормативите на меѓуна-родниот сертификат од стандардот 9001:2000.

Во текот на изминатава година определен тим од Стручната служба во Ректоратот ја поми-на обуката и се здоби со сертификати за внат-решни проверувачи издадени од SGS.

Во рамките на пропозициите на ISO–стан-дардот 9001:2000, една година по добивањето на ISO-сертификатот, се реализираше контрол-на проверка на системот за менаџмент на квали-тетот во Ректоратот на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје на 10.10.2008 година. Контролната проверка, според претходно утвр-дена програма, ја изведе г. Николај Рулев од Р. Бугарија, сертифициран проверувач.

Проверката се изведе со цел за потврдување на целосната примена на ISO–стандардот 9001:2000 и потврдување на ефективната им-плементација на системот за менаџмент на ква-литетот во Ректоратот. Истовремено, една од целите на проверката беше да се потврди дека системот функционира во соодветност со цели-те и политиката на Универзитетот.

Генерален заклучок од проверката беше дека институцијата со успех ги спроведува утвр-дените процедури и процеси, кои во целост соод-ветствуваат на барањата на стандардот. Ректора-тот на УКИМ успешно ги интегрираше критери-умите на стандардот во институцијата, во соглас-ност со целите и политиката на Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истовремено, проверката утврди дека тимот задолжен за вна-трешните проверки континуирано го подобру-ва системот за менаџмент на квалитетот во Ректоратот. Мерките и активностите кои се преземаат во склоп на системот, овозможуваат негова постојана ефективност и адекватност.

Ваквата позитивна оценка ќе биде и поната-мошен поттик за обезбедување и подобрување на квалитетот на административното работење во Ректоратот, особено имајќи ги предвид прет-стојните активности за имплементација на но-виот Закон за високото образование и Статутот на УКИМ, со што процедурите од системот ќе претрпат значителни промени.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА КОНТРОЛНАТА ПРОВЕРКА НА СИСТЕМОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА КВАЛИТЕТОТ ВО РЕКТОРАТОТ

Н а 7 октомври 2008 година, све-чено одбележувајќи го почетокот на новата учебна година, ректо-

рот на Универзитетот проф. д-р Велимир Стојковски на шест најдобри студенти на завршна година на студии од Архитектон-скиот, Филолошкиот, Филозофскиот, Еко-номскиот, Правниот и Факултетот за драм-ски уметности за учебната 2007/2008 го-дина им ги врачи наградите од фондација-та „Франк Манинг” од Велика Британија. Со ова значајно признание беа наградени:

Филозофски факултет • Елена Власта Челикиќ (9,74)

Факултет за драмски уметности • Вуќиќ Мојсије Горан (9,56)

Економски факултет • Шапковска Стевче Катерина (9,81)

Правен факултет • Шајновска Слободан Ана (9,87)

Филолошки факултет • Ристеска Драге Виолета (9,75)

Архитектонски факултет • Карага Милан Катерина (9,49)

ДОДЕЛЕНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ НАГРАДИ

„26 ЈУЛИ – ФРАНК МАНИНГ”

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 88

11

Кон шеесетгодишниот јубилеј на Институтот за национална историја

На 2 август 1944 година, македонските држа-вотворци, во манастирот „Св. Прохор Пчин-ски”, покрај државотворните акти, донесоа одлу-ка со која се задолжуваа тогашното и идното ра-ководство на државата да формира институција чијашто основна дејност ќе биде организирано истражување, проучување и пишување на исто-ријата на македонскиот народ и националнос-тите што живеат во неа. Одлуката беше донесе-на од личности што беа свесни за историјата на својот народ, за својот македонски идентитет, нација, јазик, култура и традиција. Уште пове-ќе, одлуката добива во својата историска димен-зија затоа што и самите тие ја учеле историјата на својот народ како историја што им припаѓа на соседните балкански држави, кои ја владее-ле Македонија како дел од историјата на тие др-жави. Во слободна Македонија тие сакаа на ид-ните генерации да им овозможат сопствената историја да ја напишат македонски историча-ри. Со таа нивна одлука беа положени и темели-те на современата историска наука.

Само четири години по донесената одлука, првата влада на НР Македонија, на 20 јули 1948 година, го донесе првиот законодавен акт за основање на Институт за национална истори-ја. Тоа беше првата македонска специјализира-на научна институција за проучување на истори-јата на македонскиот народ. Таа се развиваше постепено, макотрпно, но секогаш имајќи ја на ум основната порака на државотворците. Идни-те генерации ја оправдаа довербата што им ја дадоа нивните претходници. Тие ја испишаа соп-ствената историја, создавајќи услови идните ге-нерации да се школуваат и неа систематски и организирано да ја проучуваат и пишуваат.

Пионерските чекори на првата генерација македонски историчари беа ôд по трње за да се дојде до вистината за својот народ. Целокупна-та архивска документација се наоѓаше во архи-вите на оние што ја поделија македонската територија и го негираа идентитетот на маке-донскиот народ. Истражувањата, објавувањата

на првите монографии и збор-ници на документи резултираа, за прв пат, со македонската историс-ка вистина за историјата на маке-донскиот народ пред македонска-та и светската јавност. Пионер-ската генерација историчари не беше ослободена од идеолошко-политички толкувања, имајќи го предвид времето во кое работеа македонските историчари. Сепак, со отфрлањето на идеологијата и политиката, остануваат фактите и толкувањата коишто зборуваа за вистината за историјата на маке-донскиот народ.

Овие изминати 60 години покажаа дека беше нужен трудот на повеќе генерации, кои

исполнија и заокружија шеесетгодишен конти-нуитет на историските проучувања.

Законот за научноистражувачка дејност од 1996 година го дефинира јавниот интерес на државата за историската наука. Тоа значеше дефинирање на Институтот како јавна научно-истражувачка установа, која е регистрирана под број еден во регистарот на научноистражу-вачките установи во Република Македонија. Во 2008 година со новиот закон за научноистражу-вачка дејност, Институтот е самостојна научна установа основана со одлука на Владата на Р. Македонија, која врши дејност од висок стра-тешки и национален интерес за Р. Македонија. Основната дејност според законот се истражу-вања од областа на историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ, како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, романскиот, бошњачкиот народ и другите што живеат во Р. Македонија.

На издавачката дејност секогаш ѝ се посвету-ва најголемо внимание. Од појавата на првиот научен труд за богомилството во 1949 година, заклучно со овие денови, Институтот објави над 300 труда, главно од научните работници што работеле во него, но и надвор од него.

Од трудовите особено би ги издвоиле: три-томната Историја на македонскиот народ (1969), петтомната Историја на македонскиот народ (од 1998 до 2003), Македонски историс-ки речник (2000) и Историја на македонскиот народ (2008).

Само десет години по основањето на Инсти-тутот во 1957 година, започна да излегува него-вото научно списание Гласник. Тоа беше најба-раното институтско издание, кое се доставува-ше до сите познати светски научни и библио-течни центри.

Научните работници од Институтот беа и се присутни со свои научни прилози на позна-чајни научни конференции, кои се одржуваат во научните центри во Европа и во светот.

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 88

12

Од своето постоење до де-нес, Институтот има воспоста-вено научна соработка со над 20 институти од странство.

Пред десет години, Советот на Институтот донесе одлука за организирање постдиплом-ски студии и одбрана на док-торски дисертации. Денес на постдипломските студии пос-тојат 13 студиски подрачја.

За својата научноистражу-вачка работа во овој шеесетго-дишен период, ИНИ е добит-ник речиси на сите повисоки општествени награди и призна-нија („11 Октомври”, „АВНОЈ”, „Гоце Делчев”, „13 Ноември” и други). Лауреати на такви при-знанија се и голем број од него-вите соработници.

И покрај денешната незавид-на состојба, како во поглед на кадрите така и во поглед на валоризацијата на научниот труд, постигнатото во овој период ни дава за право да бидеме горди на она што го има постигнато Институтот во овој период. Уште повеќе што тој успеа да создаде традиција на препознатлив институт како во земјата така и во странство. А одржувањето на традицијата навистина бара многу труд. За тоа се заслужни сите оние што во овие шеесет години се вложиле себеси во Институтот. Постигнатото нѐ обврзува сите нас и идните генерации да се продолжи успешниот тренд на работа. Не треба да се заборави дека секој што работи и ќе работи во оваа институција се определил да работи за вистината. Научната работа е тешка, макотрпна и бара самооткажување.

Оваа Влада е една од првите што кон науката приоѓа со онаа сериозност што таа ѝ го за-служува, т.е. дека науката не е трошок и дека оние што вложу-ваат во науката можат да ги дос-тигнат европските и светските стандарди. Тоа е она што ни дава за право да се надеваме де-ка некои работи набргу ќе би-дат поставени на вистинското место, што веќе и се чувствува, во однос на научниот потенци-јал со кој располага Р. Македо-нија, а научните резултати и вложувањето во науката ќе го оправдаат тоа.

Ми причинува особено задоволство во овој, за сите нас свечен миг, да бидам дел од свеченоста по повод одбележувањето на големиот јубилеј - 60 години од основањето на Институтот за национална историја. Ја корис-там можноста, како ректор на првата, најстара и најеминентна високооб-разовна институција во Република Македонија, државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да ве поздравам од името на академ-ската заедница, како и од мое лично име, и да ви посакам уште многу све-чени моменти.

Со самото основање на Институтот за национална историја му беше определена и основната дејност: да истражува, да чува и да објавува, научно да испитува и да проучува материјали и документи, како и да објавува оригинални научни трудови од областа на националната и културната историја на македонскиот народ. Во изминатиот шестдецениски развој, Институтот помина низ повеќе трансформации. Денес, тој претставува институција која врши научноистражувачка и образовна дејност од областа на историјата на македонскиот народ и етничките заедници кои живеат во Република Македонија.

Патот кој го врвевте во изминатите 60 години не беше лесен. Се соочу-вавте и, сè уште, се соочувате со тешкотии од различна природа. Но, бла-годарение на ентузијазмот и посветеноста на плејада научни работници успевавте да ги надминете предизвиците и да го трасирате патот по кој сте препознатливи не само во нашата држава, туку и пошироко во светот. За тоа говорат многубројните научни трудови објавени во земјата и све-тот, учеството на научните работници на научни собири организирани од Институтот или, пак, од други институции во земјата и надвор од неа.

Почитувани,Институтот за национална историја денес претставува извор на

научен и образовен потенцијал толку потребен на нашата држава. Држава, која и покрај милениумското опстојување, сè уште е оспорувана и негирана од страна на соседните држави. Токму тоа ни дава за право да кажеме дека Институтот за национална историја е институцијата која треба да работи на ширење на вистината за Македонија и да ја пласира во светот. Сообразувајќи се со општествените потреби и следејќи ги искуствата од развиените универзитетски центри на полето на историската наука, се менуваа и се дополнуваа студиските и наставните програми во функција на подобрување на квалитетот и ефикасноста на студирањето. За тоа говорат студиските програми за постдипломски студии, бројот на наставно-научниот и стручен кадар, бројот на студентите кои ја следат наставата на постдипломските студии и бројот на одбранети магистерски и докторски трудови.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија членка сте, секо-гаш ја давал неопходната поддршка, настојувајќи заедно да ги решаваме проблемите со кои се соочуваше Институтот, но и Универзитетот во цели-на. Благодарение на политиката на Владата на Република Македонија Уни-верзитетот, а со тоа и Институтот, ќе го добијат местото што го заслужу-ваат.

Почитувани колеги,Во името на досегашните успешни постигнувања на полето на развојот

на историската наука, дозволете ми уште еднаш да ви посакам успешно продолжување на традицијата на образување кадри, кои ќе бидат во функција на новите предизвици со кои се соочува Република Македонија, изодувајќи го на тој начин макотрпниот пат за да стигне до крајната цел – семејството на европските држави и единствениот високообразовен простор.

Благодарам.

Почитуван директор на Институтот за национална историја,Ваше блаженство, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан,Почитуван г. Киро Глигоров, поранешен претседател на РМУважени членови на Македонската академија на науките и уметностите,Министри,Ваша екселенцијо,Драги гости и колеги,

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 88

13

ННаа 2288 ооккттооммввррии 22000088 ггооддииннаа,, ввоо РРееккттооррааттоотт ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј““ ввоо ССккооппјјее,, ррееккттоорроотт ннаа УУннииввееррззииттееттоотт,, ппрроофф.. дд--рр ВВееллииммиирр ССттоојјккооввссккии,, ииззвврршшии ссввееччееннаа ппррооммооцциијјаа ии ббееаа ддооддееллееннии::

• ттииттууллааттаа ппооччеессеенн ддооккттоорр ннаа ттееххннииччккии ннааууккии ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММе-е-ттооддиијј““ ввоо ССккооппјјее // // ннаа проф. д-р Хенрик Жебровски,, ппррооффеессоорр ннаа ВВррооццллааввссккаа ппооллииттееххннииккаа,, РР.. ППооллссккаа,, ввоо ззннаакк ннаа ппррииззннааннииее ззаа ррааззввоојјоотт ннаа ММаашшииннссккииоотт ффааккууллттеетт ппррееккуу ррееааллииззаацциијјаа ннаа ббрроојјннии ммееѓѓууннааррооддннии ппррооееккттии ии ннааууч-ч-ннии ттррууддооввии,, ззаа ппррииддооннеессоотт ззаа ннааууччнноо ууссоовврршшуувваањњее ннаа ккааддррии оодд ММаашшииннссккииоотт ффааккууллттеетт,, ссооззддаавваањњееттоо ннаа ЛЛааббооррааттоорриијјаа ззаа ммееттррооллооггиијјаа ннаа ггееооммееттррииссккии ккаарраакктте-е-ррииссттииккии ппррии ММаашшииннссккииоотт ффааккууллттеетт,, ппррииффааттееннии ппааттееннттии ии ррееааллииззаацциијјаа ннаа ссттррууччннии ттррууддооввии ззаа ппооттррееббииттее ннаа ииннддууссттрриијјааттаа ннаа РРееппууббллииккаа ММааккееддоонниијјаа;;

• ззвваањњееттоо ппооччеессеенн ппррооффеессоорр ннаа ффииллооззооффссккии ннааууккии ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј““ ввоо ССккооппјјее // // ннаа проф. д-р Мариан Њезгода,, ппррооффеессоорр ннаа ЈЈааггииееллооннссккииоотт ууннииввееррззииттеетт ввоо ККррааккоовв,, РР.. ППооллссккаа,, ввоо ззннаакк ннаа ппррииззнна-а-ннииее ззаа ддооллггооггооддиишшннааттаа ууссппеешшннаа ссооррааббооттккаа ввоо ооббллаассттаа ннаа ссооццииооллооггиијјааттаа,, ззаа ннаас-с-ттааввнноо––ннааууччннааттаа ааккттииввнноосстт ии ппррииддооннеессоотт ввоо ууннааппррееддуувваањњееттоо ннаа ссттааннддааррддииттее ввоо ссооццииооллоошшккооттоо ооббррааззооввааннииее,, ррааззммееннааттаа ннаа ннаассттааввнноо––ннааууччеенн ккааддаарр ппооммееѓѓуу ддввааттаа ффааккууллттееттаа,, ззаа ннееггооввааттаа ппооддддрршшккаа ввоо ввммрреежжуувваањњееттоо ннаа ИИннссттииттууттоотт ззаа ссооццииооллооггиијјаа ввоо ееввррооппссккааттаа ммрреежжаа ннаа ииннссттииттууттии ззаа ссооццииооллооггиијјаа;;

• ззвваањњееттоо ппооччеессеенн ппррооффеессоорр ннаа ммееддииццииннссккии ннааууккии ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј““ ввоо ССккооппјјее // // ннаа проф. д-р Ханс Конрад Милер Хер-мелинк,, ппррооффеессоорр ннаа УУннииввееррззииттееттоотт ввоо ВВииррззббуурргг,, ГГееррммаанниијјаа,, ввоо ззннаакк ннаа ппррииззнна-а-ннииее ззаа ннееггооввааттаа ппооддддрршшккаа ии ааффииррммаацциијјааттаа ннаа ММееддииццииннссккииоотт ффааккууллттеетт ии ИИннсстти-и-ттууттоотт ззаа ппааттооллооггиијјаа,, ззаа ппррииддооннеессоотт ввоо ееддууккаацциијјааттаа ннаа ккааддррии ппррееккуу ммннооггууббрроојјннии ссттррууччннии ккооннссууллттааццииии ии ссттррууччннии ппрреессттооии ннаа УУннииввееррззииттееттоотт ввоо ВВииррззббуурргг,, ззаа ссттррууч-ч-ннии ддиијјааггннооссттииччккии ккооннссууллттааццииии ии ууссппеешшнноо ввооввееддуувваањњее ннаа ннаајјннооввии ддиијјааггннооссттииччккии ттееххннииккии..

IZVR[ENA PROMOCIJA NA PO^ESNI ZVAWA NA UNIVERZITETOT

Наставно-научниот совет на Машинскиот факул-тет, на својата редовна седница одржана на 29.XI.2007 година, со одлука бр.02-3915/1 од 11.XII 2007 година, нè определи за членови на комисијата за изготвување предлог за доделување на титулата почесен доктор на технички науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на проф. д-р Хенрик Жебровски, редовен професор на Вроцлавска политехника, Полска.

Комисијата во состав: проф.д-р Владимир

Дуковски, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Љубен Дудески, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, и проф. д-р Миколај Кузиновски, редо-вен професор на Машинскиот факултет во Ско-пје, го поднесoа извештајот.

Оваа година навршуваат 20 години плодна наставна и научноистражувачка соработка по-меѓу Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за технологија на машини и автома-

Prof.d-r Mikolaj Kuzinovski, promotor,profesor na Ma{inskiot fakultet vo Skopje

ОБРАЗЛОЖЕН ПРЕДЛОГ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТИТУЛАТА ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА ТЕХНИЧКИ НАУКИ (DOCTOR HONORIS CAUSA) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ, НА ПРОФ.Д-Р ХЕНРИК ЖЕБРОВСКИ, РЕДОВЕН ПРОФЕСОР НА ВРОЦЛАВСКА ПОЛИТЕХНИКА, ПОЛСКА

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 88

14

тизација при Машинскиот факултет на Вроцлав-ската политехника во Полска. Основоположник и промотор на оваа соработка е проф. Хенрик Жебровски. Проф. д-р Хенрик Жебровски е ро-ден на 27 март 1930 година во село Дешно, оп-штина Једжејув, Војводство Ќелецќе. Основно училиште посетувал во село Дешно во периодот 1937-1944 година. По завршувањето на гимнази-јата во 1947 година го продолжил своето научно оспособување во Шлеските технички научни организации во градот Катовице, каде што мату-рирал во 1950 година. Истата година ги започ-нал студиите на Машинскиот факултет при Вроцлавската политехника.

Инженерските студии ги завршил во 1954 го-

дина, а магистерските студии во 1956 година, стекнувајќи се со диплома магистер инженер по машинство со специјалност технологија на обработка со режење. Ангажманот во наставата го започнал уште за време на студирањето во септември 1953 година, како заменик на асис-тентот при Катедрата за хемиско машинство на Вроцлавската политехника.

Во 1955 година е избран за асистент на Катед-рата за обработка на метали, а во 1956 година е избран во звањето постар асистент. Во перио-дот 1958-1965 раководел со научноистражу-вачката организациона единица при Катедрата. Со научниот степен доктор на технички науки се здобил во 1965 година на Машинскиот факултет при Вроцлавската политехника. Во 1969 година, со одлука на Наставно-научниот совет на Машинскиот факултет при Вроцлавска политехника, се здобил со наставен степен до-цент. Со наставно звање професор се здобил во 1986 година.

Научната специјалност на проф. Хенрик Жеб-ровски е обработката со симнување на матери-јал со дефинирана и недефинирана геометрија на алатот. Во почетокот неговите истражувачки активности се концентрирани на теми кои се од-несуваат на физичките основи и технологиите на обработката со хонување и овие истражува-

ња се содржани во неговата докторска дисерта-ција „Влијание на работните услови на текот и на резултатите на обработката со хонување на отвори во леано железо“.

Меѓу многу други теми кои се однесуваат на обработката со хонување, посебно за одбележу-вање се оние што се поврзани со динамиката на процесот како и технолошките ефекти од него, а особено со точноста на димензиите, обликот и рапавоста.

Како најзабележително научно-техничко достигнување во областа на обработката со хо-нување на отворите се вбројува конструкцијата на динамометар (патент), кој овозможува да се истражуваат карактеристиките на динамиката

на процесот на обработката со хонување, а исто така да се дефинираат зависностите помеѓу ди-намиката на процесот и точноста на димен-зиите, обликот и рапавоста на хонуваните отво-ри.

Професорот Хенрик Жебровски е основопо-ложник на истражувањата во областа на инже-нерингот на површината во обработките со режење. Во рамките на овие истражувања е опфатено конституирање на површините при различни услови на режење, методите на стере-ометриското опишување, мерењето на геомет-риската структура на површинскиот слој од аспект на триболошките карактеристики на по-вршината.

Во периодот 1966-1986, професорот Хенрик Жебровски бил раководител на организацио-ната единица Обработка со режење и алати, а од 1987 година бил раководител на организаци-оната единица Обработка со симнување на материјал, абразивна и ерозивна обработка. Во годините 1969-81 и 1987-93 бил заменик на директорот на Институтот за технологија на машини и автоматизација, а од 1973 до 1998 (25 години) ја вршел функцијата на претседател на Комисијата за пријавување на докторати во Институтот. Бил член три мандати на Сенатот на Вроцлавската политехника.

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 88

15

Проф. Хенрик Жебровски досега публикувал и презентирал над 300 трудови, од кои 29 во странство. Има публикувано 5 скрипти.

Редактор е и коавтор на книгата „Техники на производство - обработка со режење, абразивна и ерозивна обработка“, која е издадена 2004 година на Вроцлавската политехника. Бил мен-тор на 13 доктори на технички науки, од кои еден од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. Од нив шест-мина се здобија со хабилатации и титули, како и со професорски звања.

Избран е за член на Комитетот за градба на машини при Полската академија на науките и е во меѓусекцискиот тим за инженеринг на повр-шината, како и во Комисијата за градба на машини при Одделот на Полската академија на науките во Познањ. Тој, исто така, учествува во работата на Комисијата за механика и градеж-ништво при Полската академија на науките на Одделот во Вроцлав. Редовен член е на Инже-нерската академија во Полска. Од 1993 до 2003 година бил претседател на секцијата Основи на технологијата при Комитетот за градба на маши-ни при Полската академија на науки. Сега е почесен претседател на секцијата и почесен член на Комитетот за градба на машини. Бил многу години претседател на Програмскиот совет во две списанија на Полската академија на науките: „Advances in Manufacturing Science and Technology” и „Технологија на машини и автоматизација”. Бил член на научни совети на многу факултети во Полска. Од 1999 година е член на Научниот совет на Институтот за обра-ботка со режење во Краков, сега Институт за напредни производни технологии. Во 1978 годи-на ја основал Научната школа за абразивна обработка, на која е и до денес директор.

За достигнувањата во професионалната и општествената активност добил многу одлику-вања, дипломи и награди. Поважни од нив се: Офицерски крст, Златен крст на заслуги, медал од Комисијата за државна едукација, две инди-видуални награди од министерот за наука, 22 награди од ректорот на Вроцавската политех-ника, медали и дипломи од 7 политехники од Полска, Златно одликување од Сојузот на учителите на Полска, Сребрено и Златно одликување од Здружението на машинските инженери на Полска, како и Сребрено и Златно одликување од Централната техничка организа-ција.

Соработката помеѓу Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за технологија на маши-ни и автоматизација при Вроцлавската политех-ника започнува уште во далечната 1987 година, кога професорот Хенрик Жебровски овозмо-жил научно усовршување на кадри од Машин-скиот факултет во Скопје за стекнување научен степен доктор на технички науки. Под негово менторство во 1991 година, на Машинскиот факултет во Скопје, е одбранета докторската дисертација со наслов: „Истражување на физич-ките појави и технолошките ефекти при струже-ње со зголемени брзини на режење“. Во измина-тиот период, професорот Хенрик Жебровски бил претседател на рецензентски комисии за подготовка на реферати за избор во настав-

нички звања на кандидати од Машинскиот фа-култет во Скопје.

Резултат на неговите активности и соработ-ката со Машинскиот факултет во Скопје е и пот-пишаниот договор за соработка помеѓу Инсти-тутот за технологија на машини и автоматиза-ција при Вроцлавската политехника и Машин-скиот факултет во Скопје, кој и денес е активен и придонесува во европеизација на нашата високообразовна институција. Договорот е пот-пишан во 1994 година.

Во рамките на договорот за меѓусебна сора-ботка, досега се потпишани осум тригодишни протоколи. Протоколите опфаќаат соработка на теми за: 1. инженеринг на површината во обработките со симнување на материјал, која вклучува развој на методите и лабораториска опрема за аналитичко-експериментални истра-жувања на физичките појави и технолошките ефекти, разработка на современите методи на истражување на карактеристиките на триди-мензионалната геометриска структура на обработената површина и на точноста на отсликување на топографијата на површината со помош на контактни профилометри; 2. ис-тражувања на развојот на мерните техники и мерната опрема, изработка на документација за калибрација и проверка на опрема за мере-ње на должина и агол, со земање предвид на неодреденоста на резултатите од мерењето; и 3. разработка на методите за избор на резачки алати од аспект на минимални производни трошоци. По негова иницијатива се одржуваат годишни работни средби во Република Македо-нија и во Полска за размена на мислења и ис-куства во врска со добиените резултати од реализираните истражувања.

Како резултат на така поставената меѓусебна соработка, изминатиот период од 20 години се одликува со исклучително плодна научноистра-жувачка активност. Имено, досега се реализи-рани три заеднички научноистражувачки про-екти финансирани од Министерството за обра-зование и наука на Република Македонија, на теми: 1. „Развој на методика и лабораториска опрема за аналитичко-експериментални истра-

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 88

16

жувања во областа на обработката со режење“, 1995-1997; 2. „Современи методи на истражу-вање на карактеристиките на тридимензионал-ната геометриска структура на обработената површина“, 1998-2000; 3. „Инженеринг на површината во обработките со симнување на материјал“, 2001-2004. Во фаза на реализација е четвртиот проект на тема: „Истражување на можностите и точноста на отсликување на гео-метриската структура на површината од повр-шинскиот слој со контактни профилометри“, 2006-2009.

Во изминатиот период реализирани се и четири развојно-истражувачки проекти на теми: 1. „Развој на методи и техники за усовршување на квалитетот на производите и услугите“, 2000-2001; 2. „Развој и интеграција на техничката метрологија со производните процеси“, 2002-2003; 3. „Развој и воведување на методологија за определување на цената на чинење на услугите и производите во функција од бараното ниво на квалитет“, 2003-2004; и 4. „Метрологија на геометриските карактерис-тики во функција на лабораториите за калибра-ција, производните и едукативните процеси“, 2005-2007.

Реализирани се и три научноистражувачки проекти финансирани од полската страна во кои учествуваат и вработени од Машинскиот факултет во Скопје, на теми: 1. „Истражување на физичките појави и технолошките ефекти при стружење со зголемени брзини на режење“, 1989; 2. „Разработка на систем за менаџмент со алатите во интегрирано производство“, 1994 - 1997, и 3. „Истражување на конституирањето на површинскиот слој на машинските делови при обработка со режење - мерење и анализа на стереометриската рапавост и определување на физичките особености за прогнозирање на карактеристиките на производите“, 1996-1999.

За резултатите од реализираната македон-ско – полска соработка во областа на научните и развојните истражувања, координирана од страна на проф. Хенрик Жебровски, сведочи импозантниот број на објавени научни трудови под авторство или коавторство на колеги и млади истражувачи од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Презентирани се 98 научни трудови на конференции во странство и во Република Македонија, објавени се 20 научни трудови во зборници на трудови во странство и во Република Македонија и 15 научни трудови во

списанија во странство. Прифатени се 4 патенти и реализирани се 90 стручни трудови за потребите на индустријата во Република Македонија. Остварени се бројни студиски пре-стои во лабораториите на Институтот за техно-логија на машини и автоматизација и посети на Машинскиот факултет и Факултетот за меха-троника на Варшавска политехника, како и на Институтот за метрологија при Машинскиот факултет на Познањска политехника.

Научноистражувачката и развојната актив-ност остави свој белег и врз развојот на настав-ниот процес на Машинскиот факултет во Ско-пје по предметите основи на теоријата на реже-ње, метрологија и мерни системи и алати и системи алати. Се забележува силниот придо-нес на проф. Хенрик Жебровски во развојот на Лабораторијата на Машинскиот факултет во Скопје за истражување во областа на инжене-рингот на површинскиот слој, како и во развојот на мониторинг-систем во експеримен-талните истражувања при обработка со струже-ње.

Соработката со професорот Хенрик Жебровски овозможи осовременување на пос-тојната мерна опрема, комплетирање на лите-ратурата и документацијата од областа на метрологијата на геометриските карактеристи-ки, значајна за совладување на методите и техниките кои се применуваат во областа на метрологијата. Како резултат на оваа сора-ботка, создадена е современа Лабораторија за метрологија на геометриски карактеристики и истражување на квалитет на Машинскиот факултет во Скопје, единствена во Република Македонија за реализација на димензионални мерења, со обезбедена меѓународна следливост на мерната опрема.

Респектирајќи ги неговите достигнувања, евидентниот придонес во научната и образовна-та дејност на Машинскиот факултет, неговото залагање за продлабочување на досегашната дваесетгодишна соработка помеѓу Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за технологи-ја на машини и автоматизација при Вроцлав-ската политехника, како и желбата за пренесу-вање на знаењата и создавање услови за реали-зација на научноистражувачките работи на младите истражувачи, Комисијата, со особено задоволство, има чест да го предложи проф. Хенрик Жебровски за доделување на титулата почесен доктор на технички науки на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Prof. d-r Trajan Gocevski, promotor,dekan na Filozofskiot fakultet

На редовната седница на Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, одржа-на на 9 април 2008 година, избрани сме за чле-нови на Рецензентската комисија за избор на професор д-р Мариан Њезгода од Јагиелонскиот

универзитет во Краков, Полска, за почесен про-фесор (professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Проф. д-р Мариан Њезгода е роден на 24 март 1943 година во Освјенќим, Република Полска. По

ОБРАЗЛОЖЕН ПРЕДЛОГ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЗВАЊЕТО ПОЧЕСЕН ПРОФЕСОР (PROFESSOR HONORIS CAUSA) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ, НА ПРОФ. Д-Р МАРИАН ЊЕЗГОДА, ЈАГИЕЛОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО КРАКОВ, РЕПУБЛИКА ПОЛСКА

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 88

17

завршувањето на лицеумот во неговото родно место, во 1961 година станал студент на Јагие-лонскиот универзитет во Краков, каде што студи-рал полска филологија и социологија. Научниот степен магистер по полска филологија го стекнал во 1966 година, а во 1971 година се стекнал и со научниот степен магистер по социологија на позна-тиот Институт за социологија. Во 1975 година, на истиот Институт ги завршил и своите докторски студии по социологија и ја одбранил докторската дисертација под наслов Социјалните детерминати во изборот на професија. Хабилитациониот труд со наслов Образованието и процесите на социјал-ниот развој го одбранил во 1994 година, исто така на Јагиелонскиот универзитет. На Институтот за социологија е вработен од 1969 година, каде што ги поминал сите степени на академската кариера. Професор по социологија е од 2002 година. Од ис-тата година е професор по социологија на Универ-зитетот за наука и технологија во Краков, Факултет за применети социјални науки.

Социологијата на образованието, социологија-та на масовните комуникации, социологијата на регионалните и локалните заедници и методологи-јата на социолошките проучувања се најзначајни подрачја на теорискиот и истражувачкиот интерес на проф. д-р Мариан Њезгода. Резултат на тој широк интерес е големиот број книги и научни трудови објавени во научни списанија во Полска и во странство, вклучувајќи ја и Република Македо-нија. Голем дел од нив се конституираа и како референтни точки на социолошкиот дискурс во тие дисциплини во Полска и надвор од неа. Тој е автор и уредник на десет книги и преку осумдесет статии. Тој е автор на книгите: Социјалните детер-минанти во изборот на професијата (1975), Образо-ванието и процесите на социјалниот развој. Социо-лошка студија: случај на Полска (1993). Тој е коав-тор и уредник на следниве книги: Регионалниот печат како пропагатор на социјалистичкиот начин

на живот (1976), Индустријализацијата и урбани-зацијата во социјалистичкото општество (1979), Емпириското истражување во социологијата I и II (1997), Последиците на големата трансформација: полско и македонско искуство (2004), Моќта, на-цијата и идентитетот (2004), Изборите за локална управа во мала заедница (2006), Информационо општество. Функционални и дисфункционални аспекти (2006), Социологијата како социјален сер-вис (2006).

Во обликувањето на научните интересирања на проф. д-р Мариан Њезгода за тие значајни под-рачја на социолошкото интересирање големо значење има богатата полска социолошка тради-ција и посебно карактеристичната краковска соци-олошка култура која во себе го обединува теорис-кото размислување и емпириското истражување, како и длабоката посветеност на прашањата од социјално-практично значење. Соработката со некои од најпознатите имиња на таа традиција, како на пример со професорите В. Квашниевич,

Х. Кубиак, П. Рибицки, А. Валигурски и П. Штомп-ка се одлучувачки за профилирањето на неговите академски интереси. При неговите студиски прес-тои надвор од Полска, посебно при престојот во Париз и Оксфорд, тој има можност да се запознае и да разменува идеи со некои од водечките европ-ски социолози, како на пример, П. Бурдие, Марга-рет Арчер и Џон Гоулдторп, што ќе придонесе, ис-то така, за специфичниот фокус на неговите социо-лошки размислувања, посебно оние во социоло-гијата на образованието. Инспириран од таа традиција и култура, проф. д-р Мариан Њезгода тие полиња на истражување во социологијата ќе ги посматра како тесно поврзани и комплемен-тарни едно на друго. Имено, како што тој истак-нува во своите трудови, тие се поврзани со фактот што современите образовни процеси се во голема мера институционализирани. Процесот на школу-вањето, како еден вид директен образовен

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 88

18

background е извонредно значаен за процесот на социјализацијата, а со тоа и за развојот на личнос-та. За него подеднакво значаен е и системот на масовна комуникација како најзначаен елемент на индиректниот образовен background. Со оглед на тоа што овие процеси не се одвиваат во социјален вакуум, туку секогаш во еден даден социјален контекст, значаен интерес на проф. д-р Мариан Њезгода се посебните услови кои се резултат на животот на луѓето во конкретни заедници, било регионални било локални. Во своите трудови, проф. д-р Мариан Њезгода, образовниот систем, од една страна, го разгледува како институција која на следните генерации им го овозможува преносот на најначајниот дел на човечкото наследство - универзалната и националната симбо-личка култура. Од друга страна, процесот на обра-зование тој го разгледува во неговата тесна повр-заност со социјалната структура и економија, а посебно внимание посветува на механизмите пре-ку кои се обликуваат образовните и стручните аспирации на младите кои доаѓаат од различни социјални средини. Оттука потекнува и неговиот интерес за можноста младите луѓе да имаат една-ков пристап кон различните нивоа на образо-вание. Овие прашања проф. д-р Мариан Њезгода ги разгледува во оние трудови во кои во фокус е училиштето, не само како на канал на социјална мобилност, туку и како фактор на репродукција и продлабочување на постојните социјални разлики.

Истражувањето на масовните комуникации е комплементарно на истражувањето за образова-нието. Проф. д-р Мариан Њезгода медиумите за масовна комуникација ги разгледува, пред сѐ, како збир од институции и инструменти за вршење

влијание врз луѓето. Тие за него се повеќе последи-ца на функционирањето на општеството отколку некоја самостојна сила. Во таа смисла, тој ја прифаќа идејата за еден вид софт детерминизам на медиумите за масовна комуникација.

Покрај широкиот академски интерес, кој се рефлектира и во големиот број курсеви и семи-нари на додипломските студии што тој ги има на

Институтот за социологија во Краков, проф. д-р Мариан Њезгода, исто така, од 1994 година има организирано семинари од поголем број на социолошки дисциплини и бил ментор на повеќе од 120 магистранди. Од 1999 води и докторски семинари и бил ментор на четири доктори на социолошки науки, а моментално под негово менторство на дисертации работат уште 9 докторанди.

Проф. д-р Мариан Њезгода, во рамките на Јагиелонскиот универзитет, покрај вршењето на бројните наставно-научни активности, врши и значајни организациски функции. Раководител е на Катедрата за социологија на комуникација и на Катедрата за истражувачки методи и техники во социологијата при Институтот за социологија. Бил член на ректорскиот тим на експерти на Јагие-лонскиот универзитет, наречен „Универзитет 2000“, член на сенатскиот одбор за развој на тој Универзитет, член на експертскиот тим за евалуа-ција на универзитетската комисија за акредита-ција, а од 2005, член на тимот за евалуација на државната комисија за акредитација. Три години, 1999-2002, бил заменик-директор на Институтот за социологија, а од 2002 година е негов директор.

За својата наставно-научна и организациска ак-тивност има добиено повеќе награди кои ги доде-лува Ректоратот на Јагиелонскиот универзитет и Универзитетот за наука и технологија. Во 2006 година, проф. д-р Мариан Њезгода за својата севкупна работа во образованието го добива високото признание Медал на комисијата за национално образование.

Особена боја и значење на академската кариера на проф. д-р Мариан Њезгода, покрај овие несом-

нено извонредни наставно-научни и организацис-ки квалитети, дава фактот што тој, како ретко кој, се ангажира на воспоставување и развој на соработката со Филозофскиот факултет во Скопје, посебно со Институтот за социологија. Од првиот момент, од пред скоро триесет години, па до денес, тој покажува исклучителна посветеност на таа соработка. Од самиот почеток тој има извонредно

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 88

19

голема улога не само во формулирањето туку и во креирањето на смислата и значењето на соработ-ката помеѓу Институтот за социологија во Краков и Институтот за социологија при Филозофскиот факултет. Неговите престои во нашата земја, како поради честите научни конференции организира-ни во нашата земја од страна на Филозофскиот факултет или, пак, поради учество на семинарите за македонски јазик и култура, при што обично одржуваше и пригодни предавања за колегите и студентите на додипломски и постдипломски студии, беа во функција на понатамошно ширење и продлабочување на таа соработка, како на ниво на Факултетот така и пошироко. Притоа тој го споделуваше со нас своето искуство за организаци-јата на студиите по социологија што беше посебно значајно и за конципирањето на развојот на сту-дииите по социологија на Филозофскиот факултет.

Проф. д-р Мариан Њезгода, несомнено, има една од најголемите заслуги што идната година ќе се наполнат триесет години соработка помеѓу на-шите институции. Таква континуирана соработка е ретка за нашиот Универзитет во целина. На оваа соработка посебен белег ѝ даваат таканаречените социолошки семинари кои се одржуваат секоја втора година, еднаш во Краков, еднаш во Скопје. Од овие семинари (јубилејниот X семинар предвидено е да се одржи во Скопје) се објавуваат зборници од трудовите на учесниците посветени на прашања од витално значење за општествениот живот во Полска и Македонија, кои имаат и пошироко научно теориско значење. Се установи и практика зборниците да бидат објавувани и на англиски јазик.

Соработката помеѓу двата института, Институ-тот за социологија во Краков и Институтот за социо-логија во Скопје, се интензивира со доаѓањето на проф. д-р Мариан Њезгода за директор на Инсти-тутот во Краков. Тој беше оној што ја иницираше размената на наставници помеѓу нашите два института и како резултат на тоа двајца наши колеги престојуваа во Краков и држеа предавања на англиски јазик за полските студенти. Тој, исто така, ги поттикнува помладите колеги од Инсти-тутот за социологија во Краков да се ориентираат на проучувањето на Македонија, нејзината исто-рија и нејзината современа социокултурна ситуа-ција. Во тој контекст треба да се истакне и неговата иницијатива за формирање Центар за балкански студии при Јагиелонскиот универзитет и поттикну-вањето на студентите од Полска да доаѓаат во Македонија, да студираат и подоцна да ја изберат за фокус на своето научно интересирање. Тој, од

полска страна, исто така, суштински придонесе да дојде до потпишување на соработката помеѓу Филозофскиот факултет од Скопје и Филозофски-от факултет од Краков, со што нашата соработка се подигна на повисоко ниво и доби квалитативно нови димензии. Покрај ова, посебно сакаме да го истакнеме фактот што токму како резултат на неговото настојување Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје беше вклу-чен во мрежа на институти за социологија, заедно со институтите за социологија од неколку познати европски универзитети (универзитеите во Нирн-берг - Германија, Линц - Австрија, Краков - Полска и Братислава - Словачка), со што нашиот Институт и нашата социологија добија можност за една поефективна и поинтензивна комуникација со другите социолошки традиции.

Последниве неколку години проф. д-р Мариан Њезгода преку ТЕМПУС-проектот за развој на студиските програми по докторски студии интен-зивно соработува со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, при што се покажува од големо значење неговото богато искуство и позна-вање за организацијата и на овој тип студии во нашата земја.

Проф. д-р Мариан Њезгода со својата научно-наставна активност и дејност, со својот придонес во организацијата на студиите по социологија и во создавањето на наставно-научни кадри, како и со своето залагање за подигањето на стандардите во социолошкото образование, извонредно ги репре-зентира највисоките вредности на современата академска култура.

Ангажманот на проф. д-р Мариан Њезгода за воспоставувањето и унапредувањето на соработ-ката на Институтот за социологија при Филозоф-скиот факултет во Краков со Институтот за социо-логија при Филозофскиот факултет во Скопје, но и на воспоставувањето на соработката помеѓу факул-тетите како целини, како и неговото лично искус-тво во научниот живот на Филозофскиот факул-тет, е еден од оние суштински придонеси кои ја реафирмираат автентичната смисла и значење на Универзитетот и вокацијата универзитетски нас-тавник. Неговиот придонес во ширењето на соработката на Институтот за социологија со дру-гите такви институции во Европа е од суштинско значење за развојот и осовременувањето на наша-та социолошка мисла, за развојот на социологи-јата како наука, но и како форма на општествена свест. Тој негов придонес ќе претставува трајна вредност за нашата социологија.

Prof. d-r Magdalena @anteva-Naumoska, promotor,dekan na Medicinskiot fakultet

ОБРАЗЛОЖЕН ПРЕДЛОГ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЗВАЊЕТО ПОЧЕСЕН ПРОФЕСОР (PROFESSOR HONORIS CAUSA) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ, НА ПРОФ. Д-Р ХАНС КОНРАД МИЛЕР ХЕРМЕЛИНК, УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВИРЗБУРГ, ГЕРМАНИЈА

Наставно-научниот совет, на својата XIV ре-довна седница одржана на 10 април 2008, определи Рецензентска комисија во состав: проф. д-р Магдалена Жантева–Наумоска,

проф. д-р Милјана Толовска, проф. д-р Билјана Богоева и проф. д-р Весела Малевска-Иванов-ска, за доделување звање - почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 88

20

Скопје, на проф. д-р Ханс Конрад Милер Херме-линк од Универзитетот во Вирзбург, Германија.

Проф. д-р Ханс Конрад Милер Хермелинк е роден на 21 јуни 1943 во Тибинген, Германија. Студиите на Медицинскиот факултет ги завршил на универзитетите во Тибинген (Германија), Монпеље (Франција) и Кил (Германија) од 1962 до 1968 година. Лекарскиот стаж го завршил на Институтот за патологија на Универзитетот во Кил, Одделот за гинекологија и акушерство и за интерна медицина на Универзитетот во Кил и на Одделот за хирургија на Универзитетот во Берлин. Во 1970 година ја одбранил докторската теза од областа на патологијата кај проф. д-р Карл Ленерт, Оддел за

патологија, на Универзитетот во Кил, каде што ги завршил постдокторските студии и специјализирал патологија во 1976 година.

Докторската хабилитација ја одбранил во 1976 година, а во 1978 година се здобил со сертификат на Катедрата за анатомска и хируршка патологија. Во 1981 година е избран за доцент по патологија на Одделот за патологија на Универзитетот во Кил, а од 1985 година тој е професор и директор на Одделот за патологија на Универзитетот во Вирзбург.

Од 1996 година, проф. д-р Хермелинк е предавач во Интердисциплинарниот центар за клиничко истра-жување (ИЗКФ) на Универзитетот во Вирзбург. Од 2000 година, тој е предавач на студиите за ДФГ „Ме-ханизми на туморска нестабилност“. Во периодот 1991-1994, проф. Хермелинк е декан на Медицин-скиот факултет на Универзитетот во Вирзбург. Во периодот од 1992 до 1998, проф. д-р Ханс Конрад Милер Хермелинк претседава со СФБ 172 проект „Молекуларни механизми во канцерогенезата“. Во периодот 1998-2000 година, заедно со проф. Серф-линг, тој претседава и раководи со ДФГ истражу-вачка група „Нарушена транскрипција на лимфоид-ните тумори”.

Посебни цели во неговата истражувачка дејност се: патологијата на тимус и патогенезата на тимусни тумори, класификацијата, функционална и молеку-ларна патолошка дијагноза на малигните лимфоми, нивната молекуларна патогенеза, посебно екстрано-далните Б-клеточни лимфоми на граничната зона и периферните Т-клеточни лимфоми со издавачки опус од 720 научни трудови, повеќе од нив цитирани

во Index Medicus, Medline и Current Concepts.Во доставената документација за избор во

звањето почесен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, наведени се повеќе од 700 труда, повеќето од нив оригинални трудови објавени во медицински научни и патолошки научни списанија со најголем или значителен фактор на влијание: Virchows Archiv, Transplant Proceedings, Cell Tissue Research, Lancet, British Journal of Hematology, Journal of Cancer Research and Clinical Oncology, Advances of Experimental Medical Biology, Pathology Research and Practice, American Journal of Pathology, Immunobiology, American Journal of Surgical Pathology, American Journal of Clinical Pathology, Histopathology и други.

Трудовите се од областа на експериментал-на, базична и клиничка патологија, имуноло-гија и морфологија, пред сè од областа на рети-кулоендотелниот систем. Тој учествувал и во изработката на повеќе монографии, како и во изработката на СЗО „Classification of Lymphohe-mopoietic Tumours” и СЗО „Класификација на туморите на тимус”.

Професор Ханс Конрад Милер Хермелинк е член на повеќе национални и меѓународни асо-цијации и академии: почесен член на Медицин-ската академија, Турин, Италија (1989); член на Германската академија на науките, Леополдина (1994); член на Сенатот на Леополдина академија на науките (1998-2004); избран предавач во Одделот за патологија на Леополдина академија на науките (2006); член на Извршниот комитет на Германското здружение на патолози (1986-1998); претседател на Германското здружение на патолози (1995-1996); член на Извршниот комитет на Европската асоцијација за хематопатологија (1991-2000); потпретседател и претседател на Европската асоцијација за хематопатологија (1994-1998); предавач на Асоцијацијата на катедрите за патологија на Германија, основач и претседател на комиси-јата „Истражување“ на Европската асоцијација на катедрите за патологија и програмски директори за патологија (2005).

Тој е член на издавачките одбори на: “Histo-pathology”, “Journal of General and Diagnostic Pathology and Journal of Diagnostic Molecular Pathology”; член на Издавачкиот комитет на Комитетот на СЗО “Classification of Lymphohe-mopoietic Tumours”; издавач на Класификаци-јата на туморите на тимус од СЗО; рецензент на сите поголеми списанија што објавуваат резул-тати од истражувањата во патологијата, т.е. Blood, American Journal of Pathology, Journal of Pathology, Genes, Chromosome&Cancer, Interna-tional Journal of Pathology, Virchows Archive, Journal of Clinical Pathology. Тој е рецензент и на повеќе научни фондации: Deutsche Forschungsgeneinschaft, Wilhelm-Sander-Stif-tung, Mildrede-Scheel-Stiftung, Deutsches Zen-trum fur Luft- und Raumfahrt (DLR), Helmholtz-Gemeinschaft Austrian National Fund и член na Advisory Board of the GSF; Advisory Board: Wissenschftliche gesellschaft Niedersachsen; рецензент на универзитетите во Гетинген и Хановер; претседавач на Strukturkreiss NBL3 of

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 88

21

the German Federal Ministry for Science and Technology (BMBF) и претседавач на Fachkreis der Universitata Magdeburg.

Соработката на проф. Ханс Конрад Милер Хермелинк со Институтот за патологија на Медицинскиот факултет почнува во 1995 г. кога за прв пат овозможува учество на млади пато-лози во Работилницата за малигни лимфоми одржана во Солун, Грција, а потоа соработката ја продолжува и во наредните работилници за класификација на малигните лимфоми, во рамките на Европската асоцијација на хемато-патолози, која се одржува на секои две години. Во два наврата, тој исто така овозможува стручен престој на патолози на Институтот за патологија во Вирзбург, во рамките на работил-ниците за хируршка патологија, што овозмо-жува нивно насочување во повеќе супспеци-јалистички полиња.

Од оваа соработка е овозможена изработка на две докторски дисертации од областа на патологијата преку кои се промовираше сов-ремениот научен и едукативен концепт за дијагностика на малигните заболувања на ретикулоендотелниот и хемопоетичен систем, коскениот систем и патологијата на постелката. Тие ќе бидат основа за нови дијагностички протоколи, кои ќе наметнат апликација на нови тераписки стратегии, пред сè, кај малиг-ните заболувања. Воедно, тој беше консултант при изработка на една магистерска и една докторска дисертација. Институтот за патоло-гија во Вирзбург, каде што проф. Хермелинк е директор, е секогаш отворен за прифаќање млади кадри за едукација и доспецијализација од областа на патологијата.

Во текот на изминатите 13-тина години со неговиот Институт, направени се повеќе од 150 стручни консултации за ретки и тешки дијагнос-тички случаи со примена на најсовремени дијагностички постапки од областа на патоло-гијата, а овозможил и престој на повеќе паци-енти на Медицинскиот факултет во Вирзбург,

како ретки дијагностички казуси, со примена на прецизни дијагностички алгоритми. Преку ваквата соработка е овозможено инкорпори-рање на научните сознанија во секојдневната апликативна дејност, како на патолозите така и на другите лекари-клиничари при заземањето стратегија во третманот на заболувањата.

Соработката со проф. д-р Конрад Милер Хермелинк на Институтот за патологија овоз-можи успешно воведување на најновите дијаг-ностички техники од областа на патологијата, имунохистохемиската и дијагностичките моле-куларни техники со следствено оформување на Лабораторијата за имунохистохемија и Лабора-торијата за молекуларна патологија.

Тој беше и поканет предавач на Медицин-скиот факултет во Скопје, во 2002, како и на Конгресот на лекарите на Македонија, а мо-ментно со него се остварува соработка на изгот-вување работна програма за аплицирање проект од ФП7-програмата на Европската унија и стои на располагање за прифаќање наши кад-ри на Универзитетот во Вирзбург, за нивна едукација и извршување научноистражувачка дејност и докторски студии.

Имајќи ги предвид исклучително богатата биографија на проф. Ханс Конрад Милер Хер-мелинк и неговото место и значење за патоло-гијата во светски рамки, неговата улога и поддршка во афирмацијата на нашиот Меди-цински факултет и, пред сè, Институтот за патологија, како и огромното искуство со кое располага како професор, научник, академик и општественик, сметаме дека изборот на проф. д-р Ханс Конрад Милер Хермелинк во почесен професор на нашиот Универзитет ќе овозможи уште поголем придонес кон натамошниот раз-вој на наставната и истражувачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и ќе ги помогне неговото промовирање и вклучување во рамките на европските институции и нивните програми.

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 88

22

Ректорската управа на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје, на седницата одржана на 28.10.2008 година, разгледа повеќе прашања од делокругот на своето работење.

Ректорската управа врз осно-ва на предлозите на факултети-те и институтите и прифате-ните кандидатури, за кандидат за проректор за финансии, ин-вестиции и развој на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за мандатниот период 2008-2012 година, донесе одлу-ка за утврдување листа на кан-дидати за вршење на оваа функ-ција. За кандидат за проректор за финансии, инвестиции и раз-вој на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ за мандатниот период 2008-2012 година, а врз основа на предлогот на рек-торот проф. д-р Велимир Стој-ковски, се утврди Неданов-ски д-р Пеце, доцент на Економскиот факултет во Скопје, чија кандидатура бе-ше поддржана од Економскиот факултет, Економскиот инсти-тут и од Факултетот за ветери-нарна медицина.

Ректорската управа донесе одлуки за давање согласности на: Проектот за измени и до-полнувања на студиските прог-рами за додипломски студии за драмски актери, театарска режија, продукција, филмско и ТВ снимање и филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драм-ски уметности, Проектот за воведување модул по корејски јазик на студиските програми за додипломски студии на Фи-лолошкиот факултет „Блаже Конески“, измените и дополну-вањата на студиските програ-ми за постдипломски студии по МВА менаџмент, марке-тинг, е-бизнис менаџмент – далечинско управување, смет-ководство и ревизија, монетар-на економија, статистички методи за бизнис и економија, менаџмент во осигурувањето, управување во јавниот сектор

и европски студии на Економ-скиот факултет, Проектот за измени и дополнувања на сту-диската програма за постдип-ломски студии по МВА менаџ-мент на Економскиот факул-тет, Проектот за организирање студиска програма за меѓуна-родни постдипломски студии по агробизнис на Факултетот за земјоделски науки и храна, како и на Проектот за измени и дополнувања на студиските програми за постдипломски студии (втор циклус) на Техно-лошко–металуршкиот факул-тет.

Ректорската управа донесе Одлука за составот и надлеж-ностите на следниве комисии: за настава, за наука, за финан-сии, инвестиции и развој, за соработка со универзитетите во земјата и странство, за изда-

вачка дејност, за нормативна дејност, за информатичка тех-нологија, за студентски стан-дард и за култура и спорт.

Исто така, Ректорската упра-ва донесе одлука за изведу-вање градежно-занаетчиски ра-боти во Лекторската зграда, за да се подобрат условите во кои живеат лекторите и другите корисници на оваа зграда, а доколку се обезбедат средства ќе се направат одредени зафа-ти и во зградата на Ректоратот.

Ректорската управа ја разгле-да информацијата за запишува-њето студенти во прва година на студирање на студиските програми на факултетите на УКИМ во учебната 2008/09 година. Проректорот за наста-ва проф. д-р Елена Думова-Јованоска истакна дека воведу-вањето на државната матура

предизвика поместување на уписните рокови, но тоа не влијаеше значително врз бро-јот на запишаните студенти во прва година на студии, и покрај тоа што Владата на РМ не дозволи проширување на квотите. По завршувањето на трите уписни рока, на факулте-тите на УКИМ, во сите кате-гории се запишани вкупно 6.580 студенти, и тоа: 6.148 редовни и 432 вонредни сту-денти, или по категории: во државната квота – 3.843 редов-ни, 432 – вонредни, надвор од квотата по основ на припад-ност на заедниците кои не се мнозинство во РМ – 232, во категоријата со кофинансира-ње на студирањето – 1.951 и надвор од квотата по други основи – 122 студенти. Во согласност со заклучокот и со

одлука на Владата на РМ за отворање и за обезбедување финансиски средства на дис-перзирани студиски програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во текот на реализацијата на вториот уписен рок на дисперзираната студиска програма за правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Велес, биле запишани 132 студента, а биле пријавени и 119 странски државјани, како и 16 државја-ни на РМ со целокупно средно образование завршено во странство. Притоа, беше потен-цирано дека до 5.11.2008 годи-на, факултетите треба да се изјаснат за екстерните предме-ти што треба да ги изберат ма-турантите.

Ректорската управа донесе Одлука за времено престану-

Rektorska uprava

УТВРДЕНА ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА ПРОРЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ, ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 88

23

вање со емитување програма на Универзитетското радио.

Ректорската управа беше ин-формирана и за Проектот за ин-форматичко интегрирање на УКИМ. Од СР Германија е доби-ена помош во опрема и софт-вер. За користење на опремата, факултетите треба да опреде-лат по 2 лица, од кои едното лице треба да биде секретарот на факултетот, а другото лице – лице за техничка поддршка. Факултетите треба да опреде-лат просторија за сместување на опремата, а за лицата ќе биде спроведена обука. Потоа факултетите треба да приста-пат кон изработка на одори за

деканите и продеканите, како и инсигнии за деканите, а во наредниот период треба да се посвети поголемо внимание при предлагањето лица што треба да бидат промовирани во почесни доктори и почесни професори на науки на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“. Истовремено, беше упатен апел сите активности што фа-култетите и институтите плани-раат да ги спроведат во Рек-торатот да бидат во периодот од 8 до 16 часот. Членовите беа информирани за поволната понуда на Т-Mobile за корис-тење на ТТ услугите на ниво на УКИМ, како и за одржувањето

на презентацијата на ТЕМПУС ЈЕР проектот – „Промовирање на модел за интегриран уни-верзитет на државните универ-зитети во Република Македо-нија“, кој се работи на универ-зитетите „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје и „Св. Климент Охридски“ во Битола, а е насо-чен кон спроведување ре-форма во универзитетското уп-равување и финансирање, за-јакнување на капацитетите за стратешко менаџирање и по-добрување на централните универзитетски услуги, што ќе се одржи на 12 и 13 ноември 2008 година.

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 88

О д 6 до 10 октомври о.г. во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје се одржа XVII

меѓународен симпозиум за балкански фолклор. Во рамките на одбележување на манифес-тацијата 2008 година - Година на македонскиот јазик, за пленарна тема на симпозиумот беше предложен насловот Македонскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и прекуокеанските земји, а втората тема беше Фолклорот и заедничките културни вредности на Балканот, која опфати аспекти и проблеми од духовната и материјалната култура.

Научниот собир се одржа под покровител-ство на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски.

На Меѓународниот симпозиум за балкански фолклор, кој традиционално се одржува секоја втора година во Охрид, оваа година пристигнаа 85 теми и резимеа и со свои трудови учествуваа истакнати научни работници од земјата и од странство.

Првиот ден, за време на свеченото отворање на Симпозиумот, имаше три промоции во рам-ките на пленарната тема: Македонскиот јазик на иселениците од Македонија во европските и прекуокеанските земји, и тоа:

1. Германско-македонски двонасочен дигитален речник - Шинаси Деребеј (Германија)

2. Миграција и хабитус: македонската емиграција во Германија -Лидија Стојановиќ-Лафазановска

3. Библиографија на македонскиот фолклор - Боне Величковски.Истиот ден, во попладневните часови следу-

ваа рефератите од пленарната тема, презентира-ни во две секции.

Наредните два дена, во четири сали беа пре-зентирани рефератите од втората тема на Сим-позиумот: Фолклорот и заедничките културни вредности на Балканот, кои, како и досега, опфа-ќаа теми од духовната и материјалната култура. Имено, покрај сите константни промени што неминовно и разбирливо настануваат со текот на времето во духовната и материјалната кул-

тура во општи рамки, секоја национална култура продолжува да егзистира чувајќи ги своите посебни обележја на својот културен идентитет. Специфичните форми на манифес-тација на народното творештво на сите што живеат во Македонија нė прават препознатли-ви меѓу себе.

Егзистирањето на производите од духовната и материјалната култура, евидентирани во мул-тиетничките и мултикултурните услови на соз-давање и опстојување, доведува до различни заемни влијанија и симбиоза, за што сведочат многу заеднички мотиви, теми и проблемски аспекти со различни варијанти на манифеста-ција. Со интензивирање на меѓусебните контак-ти и размена на знаења и со заеднички позитив-ни заложби, токму ваквите собири претставу-ваат искрени напори за меѓусебно разбирање и толеранција, овозможувајќи го меѓународниот карактер на науката и знаењето.

МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА БАЛКАНСКИ ФОЛКЛОР

О Д Р Ж А Н 1 7 . М Е Ѓ У Н А Р О Д Е Н С И МПО З И У МЗ А Б А Л К А Н С К И Ф О Л К Л О Р

Пишува: д-р Севим Пиличкова

Во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“