32
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 102, јануари 2010

univerzitetski vesnik - уким

  • Upload
    others

  • View
    22

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: univerzitetski vesnik - уким

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 102, јануари 2010

Page 2: univerzitetski vesnik - уким

• Цели и визија на Студентскиот парламент на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

• Претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

• Претставување на членовите на Претседателството на СПУКМ

М-р Даниела Блажевска - главен и одговорен уредник на Универзитет-ското радио

Потврден изборот во звањето редовен професор

• Посета на делегеција од Универзитетот во Осло на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

• Меморандум за разбирање меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија и Универзитетот во Осло, Норвешка

• Договор за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија и Универзитетот во Осло, Норвешка

• ОДОБРЕНИ ТЕМПУС ПРОЕКТИ во кои Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е учесник

........... 3

........... 5

.... 5 - 8

........................................ 9

................................ 9

............................ 18

... 18

... 19

..................... 24 - 31

П ретседателот на Студентскиот пар-ламент на Универзитетот „Св. Ки-

рил и Методиј“ во Скопје, почетокот на својот мандат го започна со голема дина-мика и соработка со институциите. СПУКМ презема конкретни чекори во соработката со сите студентски организации од различ-ни универзитети за формирање на една генерална студентска стратегија за инте-грирано справување со проблемите и заш-тита на правата на студентите. Системот на студентски правобранители кој го вос-постави СПУКМ, веќе ги покажа првите успешни резултати во борбата за правата на студентите на факултетите.

СПУКМ, во соработка со Министерство-то за образование и наука, го поттикна прашањето за студентскиот стандард пре-ку реализација на студентските кредити и стипендии.

Веќе е реализиран проектот „Студент-ско радио“, кое се отвори на 19.3.2010 и за првпат својот опсег на емитување ќе го има на целата територија на Република Македонија. Во областа на јавното инфор-мирање, во тек е изработка на модерна и мултифункционална веб-страница.

Во реализација се следниве проекти: Студентски културни денови, МКизација во соработка со Македонскиот културен центар, студентските лиги (футсал, рако-мет и одбојка) во салата „Форца“, кои се организирани на највисоко ниво во коре-лација со ФФМ, РФМ и ОФМ.

СПУКМ со свои претставници учеству-ваше на Самитот на ЕСУ 2010 (Европска студентска унија) и потпиша меморандум за соработка со националните студентски унии на државите од регионот и Централ-на Европа, со што успеа да го надгради меѓународниот углед на студентската орга-низација.

Претставниците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја нагласија потребата од учество во проектните активности орга-низирани од страна на Европската коми-сија и ЕСУ, со цел доближување на европ-ските студентски стандарди во нашата земја преку вклучување на македонските студенти во процесите на европеизација.

Page 3: univerzitetski vesnik - уким

3

С тудентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како организација постои за да ги заста-

пува интересите на студентите кои го обликуваат концептот, делегираат и креираат колективен суверенитет на органи-зацијата. СПУКМ, работејќи во корелација со Универзи-тетот, професорите, алумните, владиниот и невладиниот сектор, како и медиумите, се грижи за интересите на сту-дентите и го штити колективниот идентитет.

За исполнување на својата функција како заштитник, СПУКМ најпрво својата енергија ја насочува кон дефини-рање на проблемите и потребите на студентите како после-дица на нивните барања. Во оваа насока, СПУКМ конци-пираше низа активности кои во својот спектар ги акуму-лираат проблемите од повеќе сфери, а тоа се: студентска информираност, студентски стандард, спорт и култура.

Е дна од есенцијалните вредности и цели на СПУКМ претставува подигнувањето на свеста на студентите за

интеграција во процесот на креирање и одлучување на политиките на организацијата чиј скелет се самите тие. Мо-тивирањето за непосредно учество на студентите во испол-нувањето на активностите на организацијата е од витално значење. Со него се зголемува капацитетот за оперативност и ефективност во работата на СПУКМ, кој работи во интерес на студентите. За процесирање и исполнување на оваа цел, СПУКМ воведе соодветни начини на информирање на сту-дентите преку издавање на Студентски весник, отворање на Студентско радио и изработка на веб-страница.

С тудентскиот стандард претставува една од круцијал-ните сфери на интерес во кои ќе биде насочено деј-

ствувањето на СПУКМ, бидејќи креирањето на соодветни услови за едуцирање на студентите е една од причините која ќе изврши големо влијание врз профилирањето на идните академски генерации. Средствата и методите дефинирани во оваа насока стимулираат зголемување на студентските стипендии и кредити, како и проширување на квотите за стипендирање на студентите со кои директно ќе се подобри нивната финансиска состојба и можност за упис на некој од факултетите на УКИМ. Исто така, предвидуваме проект за инсталирање на бесплатен интернет во сите студентски до-мови, како и софистицирана опрема доследна на стандар-дите предвидени со болоњскиот процес и ЕКТ-системот.

Лошите услови во студентските домовите претставуваат последица на еден подолг дисконтинуитет во водење на добра политика од страна на претходните раководства.

Page 4: univerzitetski vesnik - уким

4

Реновирањето и подобрувањето на условите во хигиената и исхраната е повеќе од неопходно. Цел на нашиот тим, покрај реновирањето, е и активно лобирање до институ-циите за изградба на нови студентски домови, со што би се подобрил квалитетот на престој и би се намалил дефицитот од студентски легла.

Исто така, за подобрување на условите важна улога има и отворањето на студентски амбуланти во рамките на сту-дентските домови, со што би се овозможила бесплатна, подостапна и поквалитетна здравствена заштита на студен-тите.

С тудентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ традиционално ги организира спортските

натпреварувања во универзитетските лиги и Македонските студентски игри.

Македонските студентски игри традиционално се одржуваат секоја година, во нив учествуваат над 800 сту-денти од сите јавни и приватни универзитети во РМ, сè со цел да се промовира спортот меѓу студентите. Во оваа насо-ка, СПУКМ ја пронаоѓа потребата од изградба на универзи-тетска спортска сала која легитимно ќе им припаѓа на студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

В о доменот на културните активности кои ќе придоне-сат за поттикнување на културната свест кај студен-

тите, СПУКМ предвидува организирање на културни сту-дентски денови како и културни студентски лета.

Во текот на Културните студентски денови ќе бидат реа-лизирани повеќе манифестации од видот на: изложби, кон-церти, театарски претстави и др. Преку оваа активност, на студентите ќе им биде овозможено бесплатна посета на музеи, театри, кина итн.

Културно студентско лето е проект преку кој студентите ќе се здобијат со можност за дружење и интелектуално надградување на своите знаења и способности. Оваа замис-ла ќе се оствари преку собирање на студентите од и надвор од Македонија на место предвидено за вакви настани. Местата можат да бидат најразлични: одморалишта, кам-пови и планинарски домови на територијата на Република Македонија. Со проектот е предвидена размена на студен-тите со останатите универзитети од регионот и светот, што впрочем претставува основна цел на целокупниот проект. Сето ова ќе им овозможи на студентите да бидат во тек со сите глобални општествени трансформации и социјални услови кај другите народи.

Сите овие чекори се предвидени во програмата на Сту-дентскиот парламент и докажуваат дека тој е единствениот суверен и легитимен претставник на студентите од Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој ќе продолжи и понатаму доследно да ги застапува интересите и правата на студен-тите и воедно да биде обединувачки фактор на сите сту-дентски организации од Република Македонија.

Page 5: univerzitetski vesnik - уким

5

Александар Попоски е роден на 29.07.1988 во Скопје. Завршил средно електротехничко училиште "Михај-ло Пупин" во Скопје. Студент е на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – политички студии, Скопје. Одлично зборува англиски јазик, италијански јазик но добро зборува и хрватски јазик.

Активности:Учество на тренинг семинар,

Франција, Париз организиран од ев-ропски експерти и Универзитетот ''Supelek'' во соработка со организаци-јата ''Board of Eropean Students of Technology'' под покровителство на Европската Унија; учество на тре-нинг семинар за FR (Fund Rising) во Скопје организиран од тренери на организацијата ''Board of European Students of Technology''; учество на тренинг семинар за PR (Public Rela-tions/Односи со јавност) организиран од тренери на организацијата "Bal-kan Idea" - Скопје; учество на тре-нинг семинар за IT во Скопје организи-ран од тренери на организацијата ''Board of Eropеan Students of Techno-logy''; учество на тренинг семинар за лидерство, комуникациски вештини и односи со јавност организиран од тренери на организацијата „Форум Плус“; aсистент на европски експер-ти за дизајнирање на ТoR програма-та (Therms of references), дизајнирање на буџет и финален извештај на IPA (implementation of pre accesing) 2007 регулативата.

Моментално е надворешен член на Претседателството на Сту-дентскиот парламент на УКиМ.

Бисера Мојсоска е родена e на 2.10.1990 го-дина во Струга. Средно образование завр-шила во СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ во Струга. Моментално е студент на Правниот фа-култет „Јустинијан Први“ во Скопје, во прва година на правните студии. Државен првак е на дебатата Карл Попер, прет-седател била на СУМ во Струга во 2008 година, како и проект–координатор на про-екти и ментор на волонтерите и на ЕВЦ-

европската програма во НВО „Младински форум ОКО“. Поседува сeртификати за учество на интернационален семинар за ли-дери и за успешно завршена обука за тим-ска работа и младинска активност. Надво-решен член е на Претседателство на СПУКМ. Има познавања од Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet и англиски јазик.

Page 6: univerzitetski vesnik - уким

6

Блаже Тодоровски е роден на 20.10.1987 во Скопје. Средно образование завршил во СУГС „Јо-сип Броз-Тито“ во Скопје. Студент е на Правни-от факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Од-лично го владее англискиот јазик и има познава-ња од MS Office (Word, Excel, Power Point) и Corel Draw.

Активности:Член е на Претседателството на Сту-

дентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател е на Комисијата за меѓународна соработка при СПУКМ. Член е на натпреварувачката комисија за универзитет-ските лиги 2010. Исто така, член е на Извршниот одбор на Сојузот на студентите на Правниот факултет. Член е на работната група за проектот ВИЗА?! НЕМА ШАНСА!!!, на Study Visit Team на Европ-ската студентска унија (ESU) за изготвување извештај за работа-та на Студентскиот парламент во Црна Гора, октомври 2008, како и член во организационен одбор на Македонските студентски игри во октомври 2008.

Дарко Тодевски е роден на 5.1.1986 година во Скопје. Средно образование завршил во „Мето-дија Митевски-Бри-цо“ во Скопје. Сту-дент е на Правни-от факултет „Јус-тинијан Први“ во Скопје, на отсекот политички студии. Одлично ги зборува англискиот, српскиот и хрватскиот јазик. Одлично ги познава компјутерските програми.

Досегашни aктивности: 2007-2008 – во Институтот за демократија (Socie-tas Civilis), изведување на теренско истра-жување; 2008 - 2009 – проектен менаџер во YMCA Macedonia, на програмата ICCP – International Camp Counselor Program; 2009 – во Центарот за истражување и креирање политики (CRPM), теренско ис-тражување на темата како влијае еко-номската криза врз животот на децата, под покровителство на Светската органи-зација за заштита на децата (UNICEF).

Сегашни активности: тематска ра-ботилница за социјална вклученост на младите (UNDP), креирање на Национален извештај за човековиот развој, 14.12.2010; Евроатлантски совет на Македонија, на тема: „Извезување безбедност - спроведу-вање стабилност“, 22.1.2010; работилни-ца на програмата „Доживотно учење“ , обработка на потпрограмата „Еразмус“, во организација на Националната агенција за европски програми и мобилност.

Дејан Грамбозов е роден е на 28.4.1988 година во Струмица, Р. Македонија. Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делчев“, с. Ве-љуса. Средно образование завршил во ДСТТУ „Никола Карев“ во Струмица, отсек: електроничар-електротехничар. Студент е на Машинскиот факултет во Скопје, на отсе-кот мехатроника. Одлично го владее англискиот јазик. Добро ги познава MS Office- програмите (Word, Exel, Power Point). Негови

особености се: одговорност кон работата, лојалност, комуникатив-ност, упорност и аналитички пристап кон работата.

Активности: член е на Претседателството на СПУКМ. Исто така, член е на Советот на станари на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и член на Студентскиот парламент на Машинскиот факултет.

Душко Дими-триевски е роден на 28.05.1988 во Би-тола. Студент е на Медицинскиот факултет во Скоп-је. Одлично го вла-дее англискиот ја-зик.

Активности: член е на Претседател-ството на СПУКМ, потпретседател е на Студентскиот парламент на Медицин-скиот факултет. Потпретседател е на советот на станари на студентскиот дом "Кузман Јосифовски-Питу". Член е на Организациониот одбор на Македонските студентски игри 2008 година и член на Наставно научниот совет на Медицински-от факултет во Скопје. Координатор е за одбојка во Универзитетските лиги. Учес-твувал во проектот "Виза нема шанси".

Моника Ковачевска е родена на 10.3.1988 го-дина во Скопје. Основно образование завршила во ОУ „Петар Здравковски - Пенко“ во Скопје. Средно образование завршила во државното средно училиште „Арсени Јовков“ во Скопје како првенец на генерацијата (2002-2006 година). Студент е на Правниот факултет „Јустини-јан Први“, на отсекот за правни студии, со досе-гашен просек 9,40. Одлично го владее англискиот јазик. Солидно го познава албанскиот јазик. Од-

лично ги познава компјутерските програми Microsoft Word, Microsoft Excel, Power Point и Corel Draw. Нејзини вештини се секретарска рабо-та, ораторски и дебатни вештини и кореспонденција.

Активности: во 2004 година завршила обука за правата на децата и можностите за нивна заштита кај народниот правобра-нител, истата година освоила прво место на натпревар по дебатер-ство организиран од „Blue Sky Club“ - British Council. Успешно завршила обука за јавно говорење и реторски вештини организирана од Клубот на оратори. Исто така, успешно завршила обука за лидерство и ли-дерски вештини во „Hope Fellowship“ - USAID. Била претседател на младинската организација во државното средно училиште „Арсени Јовков“. Работела како новинар и водител. Била секретар на Клубот на оратори и секретар на Студентскиот парламент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а моментално е член на Претседателството на СПУКМ.

Page 7: univerzitetski vesnik - уким

7

Ивица Петровски е роден е на 12.8.1989 година. Средно образо-вание завршил во СУГС „Панче Арсов-ски“ во Скопје. Сту-дент е на професио-налните студии по агроекономија на Фа-култетот за земјо-

делски науки и храна во Скопје. Има позна-вања од Word, Excel, Power Point и Internet. Одлично го владее англискиот јазик.

Активности: Учествувал на многу про-екти и семинари.

Негови особини се: желба за напредок и изградување на кариера, отвореност кон стекнување на нови знаења и вештини, по-светеност во работата, способност за рабо-та под стрес и рокови, прифаќање на крити-ки и сугестии со претензии кон подобрување; тимски играч, секогаш комуникативен и по-зитивен.

Марјан Христов е потпретседател на Студентскиот пар-ламент и член на Се-натот на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Роден е на 07.01.1985 година во Скопје. Сту-дент е во трета годи-

на на Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви“ во Скопје на катедрата по правни сту-дии. Националност - Македонец. Основно образование завршил во ОУ „Лазо Ангеловс-ки“, а средното училиште во ДЕТУ „Михајло Пупин“. Од студиската година 2007/08 годи-на е запишан на Правниот факултет „Јус-тинијан Први“ со досегашен просек 7.90

Активности: учесник во комисиите фор-мирани од Студентскиот парламент на Правниот факултет, Комисија за меѓуна-родна соработка од Студентскиот Парла-мент на УКИМ (потпретседател) и Коми-сија за спорт, член на Претседателството на Студентскиот парламент на Правниот факултет, учесник на правнијадата во Ко-паоник - Република Србија, учество на семи-нар за Болоња и Лисабонскиот процес имле-ментиран во високото образование – Виена 2010 година, учесник на Борд митингот во Виена – ЕСУ (Европската студентска унија), раководител на проектот МКЦизација на Македонските студенти во соработка со МКЦ, раководител за сите студентски уни-верзитетски лиги, претседател на натпре-варувачката комисија, член на Организацио-ниот одбор на проектот студентски права и запознавање на студентите со нив кој го организира СПУКМ.

Кирил Спироски е роден e на 17.4.1990 во Скопје. Средното образование го завршил во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“. Студент е во прва година на Правниот факултет „Јус-тинијан Први“ во Скопје. Одлично ги владее англискиот и францускиот јазик, а исто та-ка има и солидни познавања на Microsoft Office-програмите.

Активности: член на ИО на Средно-школската унија на Македонија, координатор на многу успешни акции спроведени од нејзина страна, учесник во многубројни хума-нитарни акции и семинари за млади, учесник во дебати на најраз-лични теми и член на дебатниот тим на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Трајче Митрев е роден 19.6.1988 година во Струмица. Основно образовани завршува 2003 година во ОУ „Видое Подгорец“, а средно образование од 2003-2007 година во гимнази-јата Јане Сандански во Струмица. Студент е во втора година на Стоматолошки факул-тет во Скопје. Зборува активно италијански и англиски јазик. Изминатите две години ак-тивно учествувал во студентските органи-зации на Универзитетот и притоа посетил голем број научно-едукативни собири и преда-

вања од областа на општата медицина и стоматологијата.

Мартин Ефремов е роден 23.8.1990 година во Скопје. Средното образование го завршил во Скопје во СУГС „Браќа Миладиновци“. Сту-дент е на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Ме-тодиј“. Во октомври 2007 е избран за член на извршен одбор на Среношколска унија на Ма-кедонија. Во април 2005 е избран за пратеник во младинскиот парламент, а во септември 2006 за член на извршниот одбор на младите на Црвениот крст. Во мај 2008 освоил прво

место на државниот натпревар на средни учишта во Македонија, а во април 2009 добива трето место на ораторската вечер на Град Скопје, додека пак во октомври 2009 добива второ место на ораторската вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет.

Активности: член на Клуб на оратори, член на Вавилон Пролет, член на МАССУМ, член на „Youth in action“

Оливер Пап е роден е на 9.10.1990 година. Средно образование завршил во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје. Студент е на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Одлично го владее англискиот јазик.

Активности: бил претседател на Сред-ношколската унија на Македонија, активист е на Црвениот крст на Република Македо-нија, учесник е на повеќе семинари, обуки и

работилници од областа на односи со јавноста, јавно говорење и изготвување проекти во организација на Фондацијата „Борис Трајковски“, Меѓународниот републикански институт и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Page 8: univerzitetski vesnik - уким

8

Михајло Коштримовски е роден на 16.11.1985 година во Скопје. Студент е на Економскиот факултет при Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за надворешна трговија, со просечна оцена 7.00. Средното образование го завршил во ДСУ „Арсени Јовков“. Го познава англискиот јазик.

Активности: Член е на Претседател-ството на СПУКМ. Координатор е на лигата за ракомет на СПУКМ. Практикант во Инвест банка во период од два месеца. Има познавања од областа на компјутерите. Член е на органи-зациониот одбор на Македонските студентски игри.

Иван Саздовски е роден на 26.05.1987 година во Скопје. Основно образование го завршува во ОУ „Браќа Миладиновци“ - Скопје. Средно економско во ДСЕПУ во „Васил Антевски-Дрен“. Високото образование го продолжува на Економски-от факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Активен е во Претседателството на Студентскиот Парламент на УКИМ, каде што воедно е и потпретседател. Координатор е на Лигата за ракомет и во организацијата на Македонските студентски игри 2010.

Учесник на трибини организирани од страна на Евро-Атлан-скиот Совет на Македонија.

Во 2009 г. посетувал работилници и семинари за Програмата Доживотно учење - Еразмус, каде и е активен промотор на истата.

Во 2010 учествувал на семинар за Болоња и Лисабонскиот про-цес во Виена.

Симона Димов-ска е родена на 02.3.1991 година во Скопје. Таа е член на Претседател-ството на СПУКМ. Студент е на Правниот факул-тет „Јустинијан Први“ во Скопје, на

катедрата за политички науки. По нацио-налност е Македонка. Средно образование завршила во СУГС „Раде Јовчевски Корча-гин“, на општествено - хуманистичкиот отсек. Од студиската 2009/10 година е за-пишана на Правниот факултет „Јусти-нијан Први“ во Скопје.

Активности: Од 2006 година член на невладината организација Младински образовен форум (МОФ). Во периодот од 2008-09 година била активен член на Сред-ношколската унија на Македонија. Исто така, во тој период е помошник предавач на една од групите "Учиме дебата" при Младонски образовен форум. Во мај 2006 учествувала како дебатер во еден од маке-донските тимови на петтиот интерна-ционален дебатен турнир Macedonia Open. Во ноември 2007 учествувала како деба-тер во еден од македонскиоте тимови на интернационалниот дебатен турнир Bos-nia Open (Сараево). Во декември 2008 била дел од организацискиот тим на шестиот Интернационален дебатен турнир Mace-donia Open.

Mартина Спасовска го завршила средното образование во Економското училиште „Васил Антевски – Дрен“, каде што била активен член во Средношкоската унија на Македонија. Студент на прва година на Правниот факултет во Скопје, насока - правни студии. Има познавања од компјутерските програми MS Office (Word, Excel, Internet). Одлично зборува англиски јазик.

Активности: во периодот од 2008 до 2009 работела како претседател на комисија за средношколци на Општина Гази Баба, од септември 2009 година, работи како претседател на Комисијата на студенти при Општина Гази Баба, активен член e на Претседателството на СПУКМ и член во Комисија за универзитетските лиги.

Стефче Топол-чанец е роден 02.9.1983 година. Основно образо-вание во ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а средно образование во ЕТУЦ „Михајло Пу-пин“, Скопје. Сту-

дент на Факултетот за земјоделски нау-ки и храна во Скопје.

Ангажмани: - Претседател на Студентски Парла-

мент на Факултетот за земјоделски науки и храна,

- Член на Наставно-научен совет на Факултетот

- Член на Студентски Парламент на УКИМ

- Член на Претседателство на СПУКМ

Page 9: univerzitetski vesnik - уким

9

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 29.1.2010 година, донесе одлуки за избор во звањето редовен професор за 10 вон-редни професори. Притоа, беше извршен из-бор во звањето редовен професор на: д-р Миле Станковски, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информацис-ки технологии во Скопје; д-р Лазо Пекевски, вонреден професор на Природно-математич-киот факултет во Скопје; д-р Весна Велиќ Стефановска, вонреден професор на Меди-цинскиот факултет во Скопје; д-р Розалинда Исјановска, вонреден професор на Медицин-скиот факултет во Скопје; д-р Весна Пејоска Геразова, вонреден професор на Медицински-от факултет во Скопје; д-р Гордана Петру-шевска, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје; д-р Марија Папазова,

вонреден професор на Медицинскиот факул-тет во Скопје; д-р Весна Антовска, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скоп-је; д-р Ѓорѓи Бабушку, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје, како и на д-р Славејко Сапунов, вонреден профе-сор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Универзитетскиот сенат донесе Одлука на Студентскиот парламент авансно да му се пре-фрлат средства за реализација на Програмата за работа на Студентскиот парламент.

Исто така, беше иницирано и прашањето за промена на пропагандните активности за про-моцијата за запишување студенти на УКИМ, што оваа година треба да претрпат измени, а дел од средствата што се издвојуваа за таа намена да бидат искористени за доделување стипендии на талентирани студенти.

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 28.1.2010 година, разгледа повеќе прашања од дело-кругот на своето работење. Разгледувајќи го праша-њето за подготовките за утврдување елементи на уписната политика за учебната 2010/2011 година, Ректорската управа констатира дека манифестаци-јата „Денови на образование и кариера“ се каракте-ризира со неусогласеност на терминот на одржува-њето и со ненавремено информирање на средно-школската популација, а манифестацијата е финан-сиски покриена од Универзитетот и од самите висо-кообразовни институции, што претставува голем трошок за Универзитетот. Притоа, беше нагласено дека саемската манифестација не ги дава очеку-ваните резултати и дека финансиските средства е подобро да се употребат за доделување стипендии на студентите. Истовремено, како потврдени успеш-ни активности за привлекување студенти беа акцен-тирани организираните отворени денови на факул-тетите, караваните во средните училишта за поде-тално информирање на потенцијалните кандидати за студирање и презентација преку летоци дистри-буирани во дневниот печат.

Ректорската управа донесе одлуки за давање со-гласност на лица избрани во наставно-научни звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за вршење високообразовна дејност на други јавни универзи-тети, и тоа за: Филолошкиот факултет „Блаже Коне-ски“, Факултетот за ветеринарна медицина; Факул-тетот за земјоделски науки и храна и за Педагош-киот факултет „Св. Климент Охридски“, како и за давање одобрение за изведување настава на Фило-зофскиот факултет од страна на афирмирани науч-ници, стручњаци од практиката и уметници.

Ректорската управа донесе Одлука со која м-р Даниела Блажевска од Правниот факултет „Јустини-јан Први“ беше именувана за главен и одговорен уредник на Универзитетското радио.

На седницата беа иницирани и прашањата за: добивање лиценци за аплицирање на тендерите на Министерството за транспорт и врски, што се одне-сува на техничките факултети, конкурсот за научни проекти, како и за учеството на членовите на Сту-дентскиот парламент во наставно-научните совети на факултетите.

Ректорска управа

Универзитетски сенат

Page 10: univerzitetski vesnik - уким

10

Н а 13 јануари о.г. во просториите на Ректо-ратот на Универзитетот „Св. Кирил и

Методиј“ во Скопје се одржа промоција на трие-сет нови изданија од проектот на Владата на Република Македонија за превод на 500 струч-ни книги и учебници на македонски јазик од реномирани странски автори кои се изучуваат на познати и признати универзитети во Европа и САД. Промовираните наслови беа од областа на архитектурата и градежништвото и со нив досега се објавени 195 преводи, со што се заокру-жи првата фаза на овој владин проект.

Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стој-ковски, како домаќин на овој настан ја отвори и говореше на промоцијата, на која присуствуваа и имаа свои обраќања претседателот на Влада-та на РМ, Н.Е. м-р Никола Груевски, министе-рот за образование и наука на РМ, г. Никола Тодоров, а во присуство на раководството на Универзитетот, деканите и директорите на ин-ститутите, други претставници на академската заедница и голем број на студенти на УКИМ.

Во своето обраќање, ректорот Стојковски ис-такна дека преводот на импозантен број струч-ни книги за толку кратко време е реалност што заслужува највисока интелектуална почит и на-веде дека тоа е аргумент во стратегијата дека Македонија треба да подготвува кадри за висо-коразвиена европска Македонија, но и за голе-миот европски пазар на трудот.

Премиерот м-р Никола Груевски уште ед-наш ја искористи можноста за претставување на овој владин проект, и истакна дека Владата на РМ продолжува да работи на подигање на стандардите на наставата во високото образова-

ние и да ги следи современите текови на свет-ската наука, и во таа смисла посочи дека Влада-та го проширува овој проект на превод на уште 500 нови наслови од разни научни области, како и на 50 дополнителни наслови кои ќе би-дат од областа на информатиката. Премиерот информираше дека сите 1.050 наслови треба да се преведат и отпечатат во тираж од по 1.000 примероци заклучно со 2012 година.

Министерот Тодоров говореше за позитив-ните ефекти од проектот врз професионалниот развој на студентите и на нивните професори и на збогатувањето на библиотечниот фонд на институциите.

Владата на РМ овие изданија ги донира на соодветните институции во земјата, а од вкуп-ниот тираж од досега објавените наслови на УКИМ се донирани по 200 примероци од секое издание.

Page 11: univerzitetski vesnik - уким

1 1

Љубомир Дракулевски е роден на 5.6.1962 годи-на во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, на прометно-комерцијал-ната насока. Во 1988 година бил избран за помлад асистент по групата предмети од областа на еконо-миката и организацијата на претпријатијата. Во 1995 година го одбранил магистерскиот труд, а во 1998 година се стекнал со академскиот степен док-тор на економски науки со одбрана на докторската дисертација „Лидерството - основа за ефективен стратегиски менаџмент“. Во 1999 година бил избран во звањето доцент по предметот стратегиски менаџ-мент, а во 2003 година за вонреден професор по стратегиски менаџмент и меѓународен менаџмент.

Д-р Љубо-мир Дракулев-ски бил ангажи-ран во неколку меѓународни проекти, а учес-твувал и на по-веќе семинари и меѓународни конференции, како и на некол-ку студиски пре-стои во стран-ство. Престоите биле искористе-ни за остварува-ње контакти со професори од странски универзитети за размена на стручни мислења и договарање соработка за развој на заеднички проекти, за обезбедување најнова ли-тература од областите на кои бил ангажиран, како и за натамошно стручно усовршување.

Д-р Љубомир Дракулевски бил член на разни одбори, комисии и тела на Економскиот факултет, претседател на библиотечниот одбор, секретар на Институтот за деловна економија и на Катедрата за менаџмент, секретар на постдипломските европски студии, како и секретар на специјалистичкиот курс за корпоративно управување во организација на Економскиот факултет и International Finance Corpo-ration (IFC). Бил член на Комисијата за соработка со странски универзитети на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“, член на советодавното тело за сте-чај на министерот за економија на Владата на РМ и член на Одборот за ревизија на Инвест банка, АД во Скопје. Покрај ангажманот што го има во додиплом-ската настава, тој бил член и на 30 комисии за од-брана на магистерски и докторски трудови, при што 11 пати бил ментор на магистерски трудови, како и на докторска дисертација. Покрај ангажманот на Економскиот факултет во Скопје, д-р Дракулевски е ангажиран и во наставата на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Бито-ла, на Машинскиот факултет во Скопје, на постдип-ломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на Фармацевтскиот факултет во Скопје, а бил член и на повеќе комисии за одбрана на доктор-ски дисертации и на: Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, на Машинскиот и

на Стоматолошкиот факултет. Објавил поголем број стручни и научни трудови, како и книгите „Органи-зациско однесување“ и „Корпоративно управување“.

Во звањето редовен професор е избран на седни-цата на Универзитетскиот сенат, одржана на 4.11.2008 година.

Славица Србиновска е родена на 31.1.1963 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во родниот град. Во 1985 година дипломирала на студиите по општа и компаративна книжевност на

Филолошкиот факултет. Пост-дипломските студии ги следе-ла на Филолош-киот факултет во Белград, Р. Србија, каде што во 1994 го-дина го одбра-нила магистер-скиот труд, а со научниот сте-пен доктор на филолошки нау-ки се здобила во 1998 година,

на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со одбрана на докторската дисертација „Видови на фо-кализација во романот“.

Непосредно по дипломирањето во 1986 година била избрана за стажант по предметот теорија и методологија на проучување на книжевноста при Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 1987 година била избрана за помлад асистент, а во 1994 година била избрана за асистент по истиот предмет. Во 1999 година била избрана за доцент по теорија на книжевноста, методологија на проучувањето на кни-жевноста и општа и компаративна книжевност. Во 2004 година била избрана за вонреден професор. Д-р Србиновска, покрај наставата на додипломските студии изведува настава и на постдипломските сту-дии, на насоката наука за книжевноста, а била мен-тор на повеќе магистерски труда, како и член на не-колку комисии за одбрана на магистерски трудови и докторски дисертации. Исто така била ангажирана во повеќе научноистражувачки проекти што ги изве-дува МАНУ, а била вклучена и во проектот на КИЦ „Точка“.

Д-р Србиновска била одговорен уредник во изда-вачката куќа „Сигмапрес“, претседател на Одборот за постдипломски студии на насоката наука за кни-жевноста и шеф на Катедрата за општа и компара-тивна книжевност. Објавила повеќе стручни и науч-ни трудови во домашни и меѓународни списанија и учествувала на домашни и странски научни семина-

Page 12: univerzitetski vesnik - уким

12

ри и конференции. Има објавено два превода на тео-риски студии.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 16.12.2008 година.

Маја Бојаџиевска е родена на 25.5.1963 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје во 1985 година, на групата општа и компара-тивна книжевност, а во 1986 година била примена како приправник-стажант. Во 1987 година била из-брана за помлад асистент, а во 1993 година за асис-тент на Катедрата за општа и компаративна книжев-ност. Постдипломските студии ги завршила на Филолошкиот факултет во Белград, Р. Србија, во 1993 година со одбрана на магистерски труд. Во учебната 1995/96 година била на студиски престој на Универзитетот Paris-Nord, во Франција, а во 1997 година ги продолжила докторските истражувања ка-ко стипендист на Темпус-Фаре програмата за инди-видуална мобилност.

Со научниот степен доктор на филолошки науки д-р Маја Бојаџиевска се стекнала со одбраната на докторската дисертација „Митот за андрогинот и романот на XX век: Вирџинија Вулф и Роберт Му-зил“, што ја одбранила во 1998 година на Филолош-киот факултет во Скопје. Истата година била избра-на за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност каде што држела предавања по предме-тите увод во книжевност 1 и 2 и општа и компара-тивна книжевност (роман XX век). Во 2002 и во 2004 година остварила студиски престој на Универ-зитетот Париз III (Nouvelle Sorbonne) во Париз. Од 2003 до 2008 година била вонреден професор при Катедрата за општа и компаративна книжевност, а од 2005 до 2007 година - шеф на истата Катедра. Држи предавања по предметите компаративни по-етики 1,2,3,4,7 и 8 и книжевност и антропологија 1.

Д-р Маја Бојаџиевска пројавува висок степен на ангажираност во процесот на иновирање на настав-ните планови и програми, како и на осовременува-ње на наставната методологија според европските стандарди, применувајќи го во наставата мултидис-циплинарниот пристап. Учествувала на повеќе науч-ни собири, семинари, симпозиуми и конференции во земјата и во странство, како и во неколку научно-истражувачки проекти. Била член на повеќе профе-сионални тела и асоцијации. Објавила повеќе книги и преводи на книги.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 16.12.2008 година.

Сабаудин Жута е роден на 15.3.1947 година во с. Велешта. Основно образование завршил во родно-

то место, средно музичко училиште во Призрен, а дипломирал на Музичката академија во Приштина, на педагошката насока. Постдипломските студии ги завршил на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ - Факултет за уметности во Благоевград, Р. Бугарија, каде што се здобил со научниот степен магистер по музичка педагогија.

М-р Сабаудин Жута бил член на повеќе стручни совети и институции каде што дал значаен придо-нес во севкупниот развој на музичката култура и образованието во нашата средина и пошироко. Член е на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Сојузот на албанските музичко-балетски уметници во Македонија.

Својот поширок придонес во музичката култура м-р Сабаудин Жута го изразува и преку формирање музички фестивали, а е автор и на музиката за игра-ниот филм „Скендербег“, како и композитор на му-зика за театар. Пишува рецензии за музички наста-ни од областа на сериозната музика во јавните гла-сила, жирира конкурсни дела на разни фестивали за детска и забавна музика и учествува во разни стручни совети.

М-р Сабаудин Жута објавил повеќе стручни тру-дови и осврти во домашни и странски специјализи-рани списанија. Во коавторство го издал „Музички радости“ - учебник по музичко образование за IV одделение на албански наставен јазик.

Во звањето редовен професор е избран на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 16.12.2008 година.

Вероника Шендова е родена на 5.6.1961 година во Скопје, каде што ги завршила основното и сред-ното образование. Во 1984 година дипломирала на Градежниот факултет - конструктивна насока. Маги-стрирала во 1988 година на Институтот за земјотрес-но инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје, каде што со одбрана на докторската дисерта-ција „Сеизмичко зајакнување и санација на визан-тиски цркви (IX-XIV век)“ во 1998 година се стекна-ла со научниот степен доктор на технички науки. За докторската дисертација добила признание од Друштвото на градежните конструктори на Македо-нија за најдобро научноистражувачко остварување во градежното конструкторство за 1998 година.

Д-р Вероника Шендова во 1990 година се врабо-тила на ИЗИИС како стручен соработник, во 1991 година била избрана, а во 1995 година била преиз-брана за асистент во областа на земјотресното инже-нерство - анализа на конструкции. Во 1996 година престојувала како Academic Visitor на Градежниот факултет во Imperial College, Лондон, при што оства-рила многу контакти и активности, учествувала на семинари и конференции презентирајќи ги Инсти-тутот и проектот од областа на заштитата на култур-ното наследство. Во 1999 година била избрана во звањето доцент по предметот инженерски матери-јали, а во 2004 година била избрана во звањето вон-реден професор. Во 2000 година реализирала сту-

Page 13: univerzitetski vesnik - уким

1 3

диско патување во САД во рамките на научноистра-жувачкиот проект „Земјотресна заштита на визан-тиски цркви со примена на сеизмичка изолација“. Во 2007 година била назначена за раководител на Одделот за конструкции на згради и материјали, проектирање, анализа и испитување. Учествувала во подготовка и реализација на домашни и билатерални научноистражувачки проекти, на про-екти од Шестата европска рамковна програма и на проекти реализирани во соработка со World Monument Fund. Учествувала во подготовка на нови наставни програми согласно со Болоњската деклара-ција за студии во ИЗИИС и во Република Албанија, а во континуитет реализира голем број апликатив-ни проекти, стручни мислења, ревизии на проекти, експертизи и вештачења.

Д-р Вероника Шендова во 2005 година ја добила највисоката државна награда „Гоце Делчев“, плаке-та на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и други награди и признанија. Учествувала во повеќе научноистражувачки проекти, како и во организира-њето на меѓународни конференции. Била ментор на повеќе магистерски труда. Извршувала и други функции во повеќе асоцијации и друштва, а активно учествувала во процесот на стандардизација на евро-кодовите како национална техничка регулатива.

Д-р Вероника Шендова, како автор и коавтор, учествувала на голем број светски, европски и до-машни конференции и симпозиуми и публикувала трудови во меѓународни и домашни списанија.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 22.1.2009 година.

Зоран Велковски е роден на 1.3.1959 година во Скопје, каде што ги завршил основното и средното образование. Дипломирал на Филозофскиот факул-тет во 1985 година, каде што продолжил да го офор-мува своето постдипломско образование. Во 1993 го-дина магистрирал, а во 1998 година ја одбранил док-торската дисертација „Андрагошките аспекти на не-вработеноста во Република Македонија“, со што се стекнал со научното звање доктор на педагошки нау-ки.

Д-р Зоран Велковски во 1986 година се вработил на Филозофскиот факултет - Институт за педагогија како помлад асистент по предметите андрагогија, индустриска андрагогија, методика на воспитна работа и методика. Во 1994 година бил избран во звањето асистент по предметите основи на андра-гогијата и методика. Во 1998 година бил избран во звањето доцент. Од 1998 до 1999 година работел ка-ко директор на Педагошкиот завод на Македонија, а од 1999 до 2004 година бил раководител на Инсти-тутот за педагогија. Во 2004 година бил избран во звањето вонреден професор по предметите основи на андрагогијата, андрагошка дидактика и педагоги-ја - општ курс. Истата година е избран за проректор за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која функција ја извршувал до 2008 годи-на.

Стручниот опус на д-р Зоран Велковски опфаќа широк дијапазон на педагошки и андрагошки про-блеми и прашања. Во текот на неговото образование и професионален развој се занимавал не само со голем број на тесностручни и научни андрагошки и педагошки прашања, туку и со поопфатни образов-ни, системски и развојни прашања, што му овозмо-жува да биде постојано присутен во педагошката јавност и да членува во голем број работни тела, групи, комисии, како на Универзитетот така и во институциите на државата одговорни за образова-нието. Неговиот образовен ангажман во текот на целиот професионален развој претставува продукт на високиот квалитет на компетенции кои ги стек-нал, и кои му овозможиле да се занимава не само со наставна туку и со научноистражувачка дејност.

Своето богато искуство д-р Зоран Велковски го има докажано во над 20 домашни и меѓународни научноистражувачки проекти, како раководител или дел од проектните тимови. Учествувал на преку 45 домашни и меѓународни конгреси, конференции, работилници и симпозиуми, а објавил над 50 струч-ни и научни трудови во земјата и во странство. Бил член на голем број комисии и работни групи при Министерството за образование и наука кои имале за цел да изготват стратегиски, законски и оператив-ни документи. Во досегашниот период бил ментор и/или член на комисии за одбрана на голем број дипломски, магистерски и докторски трудови. Бил автор или коавтор на голем број концепциски, стручни и научни трудови.

Во звањето редовен професор е избран на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 22.1.2009 година.

Елизабета Димитрова е родена на 28.7.1962 годи-на во Скопје, каде што го завршила основното и средното образование. Дипломирала на Филозоф-скиот факултет во Скопје во 1986 година, на Инсти-тутот за историја на уметноста со археологија. Иста-та година ја добила наградата „Франк Манинг“ за најдобар студент на Филозофскиот факултет, а на-редната година и наградата на Факултетот за најдо-бар студент на декадата 1976-1986 година.

Во 1987 година била вработена како помлад асис-тент. Магистрирала на Одделението за историја на уметноста - насока: историја на византиската умет-ност, на Филозофскиот факултет во Белград, Р. Ср-бија, во 1993 година. Во 1990 година била на струч-но усовршување на Универзитетот во Виена, Австри-ја. Во 1994 година била избрана за асистент по предметот историја на уметноста на македонскиот народ - среден век на Институтот за историја на уметноста со археологија. Во 1998 година престоју-вала на Државниот универзитет во Темпи, Аризона, САД. Со научниот степен доктор по историја на уметноста се стекнала на Филозофскиот факултет во Белград во 1998 година со одбрана на докторска-та дисертација „Зидно сликарство цркве Свете Бого-родице у Матеичу“. Во 1999 година била избрана за

Page 14: univerzitetski vesnik - уким

14

доцент по предметите: историја на уметноста на македонскиот народ - среден век, вовед во историја на уметноста и историја на уметноста - општ курс. Во 2004 година била избрана во звањето вонреден професор.

Темелниот и сериозен однос во педагошкиот пристап резултира со менторство или учество во комисии на десетици дипломски работи, како и во изработката на магистерски и докторски теми. Како раководител и заменик-раководител на Институтот за историја на уметноста со археологија, како и на Советот за постдипломски студии, д-р Димитрова била иницијатор за осовременување на наставата со соодветни технички и стручни помагала и за поди-гање на нивото на едукативниот пристап. Таа била и е член на повеќе домашни и меѓународни институ-ции, здруженија и асоцијации.

Д-р Елизабета Димитрова со свои реферати учес-твувала на голем број домашни и меѓународни кон-ференции, симпозиуми и конгреси. Била раководи-тел или координатор на повеќе научноистражувач-ки и образовни проекти, а со својата ангажираност како експерт за проблематиката на ранохристијан-ската и византиската уметност покажува дека нејзи-ните професионални дострели ги надминуваат гра-ниците на нашата држава и дека ужива углед на меѓународно признат историчар на уметноста и медиевалист. Има објавено голем број стручни тру-дови во домашни и меѓународни научни списанија, како и шест монографски публикации.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 22.1.2009 година.

Александар Димитров е роден во јануари 1958 го-дина во Кавадарци. Дипломирал на Факултетот за металургија при Универизитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје. Магистрирал на Технолошко-мета-луршкиот факултет во Скопје во 1993 година, каде што и докторирал во 1997 година. Во 2002 година бил на постдокторски студии на University of Cam-bridge, Department of Material Science and Metallurgy. Кембриџ, В. Британија. Остварил студиски престои во: Германија, В. Британија, Р. Србија и во Австрија.

Д-р Александар Димитров во 1984 година бил вработен во Фабриката за обоени метали „Купром“ во Скопје, каде што во 1987 година бил назначен за управник на производството. Во 1989 година бил из-бран за асистент на Технолошко-металуршкиот фа-култет во Скопје по предметите: корозија и заштита на металите, електрометалургија, феролегури и ме-талургија на ретките метали, во 1999 година бил избран за доцент по предметите: феролегури, мета-лургија на ретки метали и техничка електрохемија, а во 2003 година во звањето вонреден професор по истите предмети. Во 2007 година е избран за декан на Технолошко-металуршкиот факултет за перио-дот 2007-2011 година.

Д-р Александар Димитров членувал во повеќе сојузи и асоцијации, каде што вршел и функции на координатор, претседател, заменик-претседател и

генерален секретар. Негови главни подрачја на науч-ноистражувачки интерес се нанотехнологии, елек-трохемија, електрометалургија и корозија и заштита на металите. Има објавено 11 оригинални научни трудови, 6 трудови печатени во зборници на меѓуна-родни конгреси, симпозиуми и советувања, 9 трудо-ви печатени во зборници на домашни конгреси, сим-позиуми и советувања, 8 соопштенија поднесени на меѓународни конгреси, симпозиуми и советувања, 13 соопштенија поднесени на домашни конгреси, симпозиуми и советувања, 6 научноистражувачки проекти и 13 апликативни проекти.

Во периодот од 2003 до 2008 година развил ин-тензивна и многустрана дејност: 23 печатени трудо-ви (оригинални научни трудови, зборници на трудо-ви од научни манифестации во земјата и во стран-ство); 25 соопштенија и усни излагања на научни манифестации во земјата и во странство; 5 меѓуна-родни и 2 национални научноистражувачки проек-ти, 2 научни студии и 3 апликативни проекти, како и 1 патент. Одржувал настава на постдипломските студии, бил ментор на магистерски труд, член на ко-мисии за одбрана на докторски дисертации и на магистерски трудови. Развива широка и плодна меѓународна научна и стручна соработка.

Во звањето редовен професор е избран на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 27.2.2009 година.

Елеонора Винкелхаузен е родена на 25.11.1953 го-дина во Белград, Р. Србија. Дипломирала на Техно-лошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1979 го-дина, каде што ги стекнала и научните звања: ма-гистер на технички науки во 1988 година, а во 1995 година со одбраната на докторската дисертација „Продукција на ксилитол од ксилоза со квасец“ се здобила со научното звање, доктор на технички нау-ки.

Д-р Елеонора Винкелхаузен од 1979 до 1981 го-дина работела во ФАС „11 Октомври“. Во 1981 година била избрана за помлад асистент на Технолошко-ме-талуршкиот факултет, по наставните дисциплини: микробиологија со микробиологија на храната, основни процеси во биотехнологијата, технологија на ферментационите производи и технологија на целулозата. Во 1989 година била избрана за асис-тент, во 1999 година за доцент, а во 2004 година за вонреден професор. Остварила студиски престои во САД, Германија, Белгија, Шведска, Австрија, Обеди-нетото Кралство, Португалија и во Словенија. До изборот за редовен професор д-р Винкелхаузен се јавува како коавтор на 31 печатен труд, како и на 60 трудови презентирани на научни собири, а учеству-вала и на 15 научноистражувачки проекти и во еден проект од наставната дејност.

Покрај изведувањето настава на додипломските студии, д-р Винкелхаузен била вклучена и во пост-дипломските студии на насоката прехранбена техно-логија, а своето богато искуство во областа на био-технологијата го вградила во книгата: „Анализа на

Page 15: univerzitetski vesnik - уким

1 5

биотехнолошките процеси“, Универзитет „Св. Ки-рил и Методиј“ Скопје, 2005. Вклучена е и во едного-дишните магистерски студии, во специјалистичките студии и во курсевите за доживотно учење оформе-но во рамките на Темпус-проект. Таа била ментор на два магистерски и на еден докторски труд, како и член на комисии за одбрана на магистерски, специ-јалистички и докторски трудови. Според Томсоно-виот индекс на цитираност, трудовите на д-р Вин-келхаузен се цитирани 200 пати. Нејзиниот научен интерес е во областа на прехранбената технологија и на биотехнологијата. До изборот за редовен про-фесор остварила 7 печатени трудови во списанија, 5 печатени трудови во зборници од конгреси, 2 труда презентирани на меѓународни научни собири, како и 6 труда презентирани на домашни научни собири, 2 усни излагања - предавања по покана, а учеству-вала во 3 национални и во 2 меѓународни научноис-тражувачки проекти.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 27.2.2009 година.

Роберт Христовски е роден на 30.12.1963 година во Крушево. Основно и средно образование завр-шил во Скопје. Дипломирал на Факултетот за фи-зичка култура во Скопје во 1989 година. Истата година се вработил на Факултетот за физичка култу-ра како помлад асистент по предметот теорија и методика на спортскиот тренинг. Постдипломските студии ги започнал во 1989 година на Факултетот за физичко воспитување во Белград, а ги завршил на Факултетот за физичка култура во Скопје во 1994 година со одбрана на магистерски труд. Во 1997 го-дина, на Факултетот за физичка култура во Скопје ја одбранил докторската дисертација „Некои структу-рални динамички аспекти на визуелно-моторната реакција кај спортско-моторички натпросечно ак-тивни субјекти“, со што се здобил со научен степен доктор на науки од областа на физичката култура. Во 2000 година, д-р Роберт Христовски бил избран во звањето насловен доцент по истиот предмет, а во 2003 година е избран во звањето вонреден профе-сор.

Д-р Роберт Христовски, од неговото вработување до изборот во звањето насловен доцент, учествувал во реализацијата на 6 научни проекти од областа на физичката култура. Во истиот период се јавува како коавтор на книгата „Кошарка“, заедно со проф. д-р Симеон Дуковски и м-р Милан Наумовски. Коавтор е и на учебникот „Научни основи на спортот“ - заед-но со проф. д-р Ѓорѓи Спасов. Активен е и како стру-чен консултант во изработката на програми за тре-нинг на повеќе спортски клубови во државава. Бил носител на научниот проект „Моделирање на ексци-табилните бранови во невро-мускулната комуника-ција“, во чиј контекст биле изработени и презенти-рани во земјава и во странство повеќе научни тру-дови.

Д-р Роберт Христовски, покрај наставата на до-дипломските студии, активно учествувал во науч-

ното усовршување на младите научни кадри при изготвувањето на магистерските и докторските тру-дови. Од изборот за вонреден професор тој учеству-вал во подготовката на 10 магистерски трудови и 7 докторски дисертации, а бил член и на повеќе коми-сии за рецензија на дипломски, магистерски и док-торски трудови. Покрај на Факултетот за физичка култура во Скопје, својата педагошка дејност д-р Ро-берт Христовски ја остварува и во странство. Тој е визитинг-професор на Националниот институт за физичко воспитување на Каталонија на Универзите-тот во Барселона и на Факултетот за психологија на Универзитетот во Малага. На Националниот инсти-тут за физичко воспитување на Каталонија е одгово-рен истражувач на научниот проект „Замор: центра-лен или периферен? Самоорганизација на мускул-ниот замор“, на кој работат двајца докторанди. Во 2007 година одржал 3 конференции во Мадрид и Валенсија, Шпанија и во Лисабон, Португалија. На покана држел и предавања и студиски курсеви во Каунас, Литванија, а бил рецензент за научните спи-санија International Journal of Sport Psychology и Journal of Sport Science and Medicine, како и органи-затор на симпозиумот „Complex Systems in Sport“ во рамките на вториот меѓународен симпозиум „Com-plex Systems in Sport“, одржан на Мадеира, Порту-галија. Има објавено 9 научни трудови со (IF = импакт-фактор на списанието), во поглавја во книги, учествувал на 7 презентации на научни конгреси и работилници, на 2 прифатени усни презентации на научни конгреси и на 2 прифатени постер-презентации на научни конгреси.

Во звањето редовен професор е избран на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 27.2.2009 година.

Саша Николовски е роден во 1966 година во Би-тола. Гимназија и средно музичко училиште завр-шил во родниот град, а дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Оддел за музичка теорија и педагогија и Оддел за композиција и дири-гирање во 1993 година. Во учебната 1991/92 година е прогласен за најдобар студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ја добил награда-та „Франк Манинг“. Во 1996 година остварил едного-дишен специјалистички престој на Конзерваториу-мот „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт-Петер-бург, Русија. Во 1999 година магистрирал на Музич-ката академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бу-гарија. Во 1994 година бил избран за асистент на Факултетот за музичка уметност, во 1998 година за доцент, а во 2003 година бил избран во звањето вон-реден професор по група предмети од областа на диригирањето.

М-р Саша Николовски остварил разнообразна и многустрана уметничка дејност. Како диригент со еднаков успех настапувал како на концертниот по-диум, така и на оперската сцена. Со ансамблите на Македонската опера и балет реализирал преку 20

Page 16: univerzitetski vesnik - уким

16

оперски и балетски дела од различни жанрови и стилски епохи - Моцарт, Росини, Верди, Пучини, Бизе, Гуно, Римски-Корсаков, Адам и македонскиот автор Ст. Стојков. Во својата уметничка активност соработувал со повеќе оркестри и ансамбли - пред сѐ со Софиската и Сараевската филхармонија, како и со камерните ансамбли: Синтезис, Алеа, Св. Софи-ја, Македонскиот камерен оркестар и Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија чиј уметнички раководител бил подолг период. Тој ди-ригирал во повеќе земји надвор од Република Маке-донија, како во: Србија, Црна Гора, Хрватска, Буга-рија, Унгарија, Романија и Австрија, настапувал на фестивалите: Охридско и Скопско лето, Денови на македонската музика, Хераклејски вечери, Сараев-ска зима, Техо, Мајски оперски вечери и др.

М-р Саша Николовски е добитник на наградата „Ѓорѓи Божиков“ на Друштвото на композиторите на Македонија, а има реализирано 8 носачи на звук. Музичката критика секогаш позитивно ги оцену-вала неговите настапи, истакнувајќи ја неговата музикалност, сугестивност, стилска култура и дири-гентски нерв и темперамент.

Во звањето редовен професор е избран на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 27.2.2009 година.

Љубомир Кекеновски е роден на 23.10.1962 го-дина во Скопје. Основното и средното образование ги завршил во родниот град. Дипломирал на Еко-номскиот факултет во Скопје во 1989 година, каде што ги продолжил постдипломските студии што ги завршил во 1995 година со одбрана на магистерски труд и се стекнал со академски степен магистер на економски науки. Во 1993 година се вработил на Економскиот факултет како помлад асистент при што бил ангажиран на предметот политичка еконо-мија. Во еден мандат бил и секретар на Катедрата за економија. Остварил повеќе студиски престои во странство. Како стипендист на француската влада во 1991 година престојувал на Универзитетот „Sten-dal“ во Гренобл, како и на Сорбона во Париз во 1995 година. Во 1993 и 1995 година ја посетувал летната школа за економисти во Олштин и Олштуинек во Полска, а престојувал и во Центарот за јавни прет-пријатија на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија. Во 1997 година учествувал на семинарот на Институтот за јавно и приватно партнерство во Вашингтон-САД. Во 1997 година ја објавил книгата „Јавниот сектор во развиените пазарни стопанства“, а во 1999 година со одбраната на докторската дисер-тација „Новата положба на јавниот сектор, со посе-бен осврт на профилирањето на јавниот сектор во Република Македонија“ се здобил со научното зва-ње доктор на економски науки. Истата година бил избран за доцент по предметот економија на јавни-от сектор, а во 2003 година бил избран за вонреден професор. Од 1998 до 2000 година бил координатор за Република Македонија на меѓународниот PHARE ACE - проект „Миграциите меѓу балканските земји“,

во соработка со универзитетите во Софија, Атина, Тирана, Рим и Гренобл.

Д-р Љубомир Кекеновски остварил повеќе струч-ни и научни престои во странство, од кои за одбе-лежување се: Универзитетот Рен, Франција, кога при вториот престој во рамките на Sokrates Erazmus програмата на Европската унија реализирал престој во својство на визитинг-професор, потоа одржува-њето на престижната Jean Monnet Lectures на Уни-верзитетот во Берлин, Германија, а особена чест му била укажана за време на работниот престој во Бар-селона кога одржал три предавања на Универзи-тетот ESADE. Во 2007 година бил добитник на Фул-брајтовата стипендија, при што неговите научноис-тражувачки тези „Discovering and Measuring Transac-tional Costs - Comparative Analysis of the Case of The Republic of Macedonia with Other Countries in Tran-sition and the United States of America“ биле прифа-тени од менторот проф. Ластер Тароу од MIT, во Кембриџ, Бостон, САД.

Бил член на Комисијата за доделување на 13-но-емвриската награда за општествени дејности, прет-седавач на Економскиот совет на Евро-Балкан, прет-седател на Економската комисија на Форумот за евроинтеграција-ФЕИМ, член на форумот „Македо-нија“, како и член на Одборот за доделување на наградата за животно дело - „11 Октомври“. Од 2000 до 2007 година бил член на Советот на Народната банка на РМ и претседавач на Советот на надвореш-ните членови. Постојан член е на мрежата асоција-ции на централни банки од Европа-СУЕРФ од Виена.

Д-р Љубомир Кекеновски, покрај наставата на додипломските, изведува настава и на постдиплом-ската студиска програма управување во јавниот сектор, по предметот економија на јавниот сектор, како и во тимот по предметот јавни финансии, на постдипломските студии по монетарна економија. Држи предавања и на Правниот факултет „Јустини-јан Први“ и на Факултетот за електротехника и ин-формациски технологии во Скопје. До изборот за редовен професор објавил повеќе стручни статии и книгите: „Мерење на трансакционите трошоци“ (ко-ординатор и коавтор), „Економија на јавниот сек-тор“, а во објавување е збирката трудови „Социо-еко-номски есеи“. Истовремено објавил 19 научни тру-дови, учествувал во 25 научноистражувачки проек-ти, потоа на 17 меѓународни конференции, каде што со свои трудови активно учествувал на меѓународни конгреси, симпозиуми и работилници, а членувал и во повеќе професионални асоцијации. Неговите коментари, осврти, излагања и интервјуа се објаву-вани во домашни и странски печатени и електрон-ски медиуми.

Во звањето редовен професор е избран на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2009 година.

Татјана Колемишевска-Гугуловска е родена на 26.9.1948 година во Скопје, каде што го завршила основното и средното образование. Дипломирала на Електротехничкиот оддел при Електро-машинскиот

Page 17: univerzitetski vesnik - уким

1 7

факултет. Веднаш по дипломирањето била вработе-на како приправник на Катедрата за техничка ки-бернетика на ЕМФ. По приправничкиот стаж била избрана во звање и вработена најпрвин како асис-тент и стручен соработник по областа автоматика, а потоа, по одделувањето на факултетите, како асистент на Електротехничкиот факултет по настав-но-научната област автоматика и системско инже-нерство (АСИ). Во звањето доцент била избрана во 2001 година, а во 2004 година и за вонреден про-фесор. Постдипломските магистерски студии во об-ласта на автоматиката, д-р Татјана Колемишевска-Гугуловска ги завршила на Факултетот за електро-техника и компјутерство во Љубљана, Р. Словенија, во 1985 година, со одбрана на магистерски труд. Докторирала во 1998 година со одбрана на доктор-ската дисертација „Развој и идентификација на си-мулационен модел на охридскиот комплекс на вод-ни ресурси како сложен динамички систем“. Доктор-ското истражување, како и дополнителната надград-ба биле вклучени како дел од програмските содржи-ни на макропроектот „Управување на сложени сис-теми - KOZI 1995-1999) на Европската научна фонда-ција (ЕНФ) од Стразбург.

Д-р Татјана Колемишевска-Гугуловска има оства-рено богата научноистражувачка, образовна и апли-кативна дејност. До изборот за вонреден професор, како автор или коавтор, има објавено вкупно 62 рецензирани научноистражувачки труда (реферати, статии и синопсиси), од кои 32 презентирани на меѓународни и 27 на национални симпозиуми, 2 прилога во странско научно списание со меѓунаро-ден уредувачки одбор и рецензентски колегиум, ка-ко и други научноистражувачки работи (постдип-ломски семинарски работи, магистерски тези, док-торска дисертација, истражувачки извештаи, елабо-рати од подолгорочни научни проекти). Од тие трудови, во светски познатата информациска база INSPEC-IET се цитирани и коментирани 9 од трудо-вите.

До изборот за редовен професор, д-р Татјана Ко-лемишевска-Гугуловска објавила 3 статии во списа-нија со интернационално издаваштво, уредувачки одбори и рецензенти, 27 реферати на конференции и меѓународна рецензентска селекција, како и 7 учебни помагала. Учествувала во 5 подолгорочни научноистражувачки проекти, како и во 3 аплика-тивно-стручни трудови.

Д-р Татјана Колемишевска-Гугуловска била член во Управниот одбор на Здружението ЕТАИ на РМ, потоа рецензент на трудови за повеќе меѓународни конференции, учествувала во организација на меѓународни конференции и на неколку национал-ни програмски конференции ЕТАИ, како и во обука за работа со програмабилни логички управувачи за инженерите од македонската индустрија, била ко-претседавач на интернационалниот програмски ко-митет на DECOM, како и член на консултантскиот тим кој работи за јапонската фирма PCI од Токио, Јапонија, одговорен за SCADA-системот за хидро-системот Злетовица.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 30.3.2009 година.

Катерина Велјановска е родена на 18.2.1962 годи-на во Скопје. Во родното место ги завршила сите сте-пени на образование. Дипломирала во 1984 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на гру-пата за македонски јазик. По дипломирањето се вра-ботила како стажант на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, а во 1986 година би-ла избрана за помлад асистент по предметот совре-мен македонски јазик (лексикологија). По одбрана-та на магистерскиот труд била избрана за асистент по предметот современ македонски јазик (морфоло-гија и лексикологија). Во 1998 година ја одбранила докторската дисертација „Фразеолошките изрази во македонскиот јазик (со посебен осврт на соматската фразеологија)“. Во звањето доцент по предметот со-времен македонски јазик била избрана во 1999 годи-на, а во звањето вонреден професор во 2004 година.

Д-р Катерина Велјановска, покрај наставата на додипломските студии на Филолошкиот факултет, каде што држела вежби и предавања по предметите морфологија, лексикологија, современ македонски јазик 1 и 2, македонски јазик 3 и 4, македонски ја-зик III, македонски јазик со култура на говорот и др., предавала и на Филозофскиот, Правниот и При-родно-математичкиот факултет. Била вклучена и во наставата на постдипломските студии по македон-ски јазик со предавања од областа на лексикологи-јата, фразеологијата и лексикографијата, како и на специјалистичките студии по толкување. Својата на-ставничка дејност д-р Велјановска ја вршела и на универзитетите во Прага (како лектор по македон-ски јазик на Карловиот универзитет) и во Љубљана, Словенија (како доцент по македонски јазик и ма-кедонска книжевност), а повеќе години била лектор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, ли-тература и култура.

По изборот во звањето вонреден професор, д-р Катерина Велјановска учествувала, со свои излага-ња и предавања, на повеќе научни собири и семина-ри во земјата и во странство. Таа била вклучена и во други активности: член на комисии и организаци-они одбори, координатор на јавните трибини: „Ста-тусот на македонскиот јазик во наставата“ и „Маке-донскиот јазик и информатичката комуникација“. Била шеф на Катедрата за македонски јазик и јужно-словенски јазици и раководител на постдипломски-те студии по македонски јазик.

Д-р Катерина Велјановска објавила две книги, како и 12 научни и стручни трудови (статии, пре-давања, прикази). Таа со успех ја води наставата по современ македонски јазик, а наставното искуство од двата универзитета во странство, како и на Меѓу-народниот семинар за мекедонски јазик, литература и култура претставува гаранција за успешното пренесување на наставното градиво на студентите.

Во звањето редовен професор е избрана на сед-ницата на Универзитетскиот сенат, одржана на 13.5.2009 година.

Page 18: univerzitetski vesnik - уким

18

Со цел проширување и зајакнување на воспоставе-ната соработка меѓу двата универзитета, во периодот од 27 до 29 јануари 2010 година, делегација од Уни-верзитетот во Осло го посети Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј” во Скопје, во следниов состав: проф. Arnfinn M. Vonen, раководител на Катедрата за дефектологија, проф. Danese A. Brittain, Катедра за дефектологија, проф. Mette Karine Oftebro, коор-динатор за меѓународна соработка, Педагошки факул-тет, проф. Dag Frette Langmyhr, доцент на Катедра-та за информатика, проф. Sigrun Vedo Lien, Катед-ра за информатика, проф, Васка Вандевска–Раду-новиќ, вонреден професор на Институтот за клинич-ка стоматологија и г-ца Hanne-Gerd Nielsen, совет-ник, Одделение за меѓународна соработка, Универзи-тет во Осло.

Главната цел на посетата беше разгледување на иницијативата за соработка преземена од страна на Универзитетот во Осло, во соработка со Министер-ството за надворешни работи на Норвешка, при што во рамките на предложената соработка ќе биде овоз-можена размена на студенти на ниво на додиплом-ски и постдипломски студии. Првата размена на студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на Универзитетот во Осло е предвидена за месец јуни 2010 година во рамките на Меѓународниот летен се-минар, а соработката се очекува да продолжи и во академската 2010/2011 година.

Во рамките на посетата, на 28 јануари 2010 претставниците од Универзитетот во Осло најпрво остварија средба со ректорот – проф. д-р Велимир Стојковски, како и со проректорите, а посебни сред-би претставниците на делегацијата остварија и со односните колеги од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Во рамките на одделните средби, деканот на Природно-математичкиот факулте, проф. д-р До-не Гершановски и деканот на Факултетот за електро-техника и информациски технологии – проф. д-р Миле Станковски разменуваа искуства и разговараа за претстојната соработка со проф. Dag Frette Langmyhr и проф Sigrun Vedo Lien од Катедрата за информатика при Универзитетот во Осло, додека деканот на Стоматолошкиот факултет – проф. д-р Александар Грчев се сретна со вонр. проф. Васка Ван-девска–Радуновиќ од Институтот за клиничка сто-матологија при Универзитетот во Осло. Исто така, во рамките на реализираната посета на претставниците од Универзитетот во Осло, деканот на Филозофскиот факултет – проф. д-р Горан Ајдински и проф. д-р Зора Јачова од Филозофскиот факултет оства-рија средба со проф. Arnfinn M. Vonen и проф. Danese A. Brittain од Катедрата за дефектологија, како и со проф. Mette Karine Oftebro, координатор за меѓународна соработка.

Page 19: univerzitetski vesnik - уким

1 9

Page 20: univerzitetski vesnik - уким

20

Page 21: univerzitetski vesnik - уким

21

Page 22: univerzitetski vesnik - уким

22

Page 23: univerzitetski vesnik - уким

23

Page 24: univerzitetski vesnik - уким

24

Page 25: univerzitetski vesnik - уким

25

Page 26: univerzitetski vesnik - уким

26

Page 27: univerzitetski vesnik - уким

27

Page 28: univerzitetski vesnik - уким

28

Page 29: univerzitetski vesnik - уким

29

Page 30: univerzitetski vesnik - уким

30

Page 31: univerzitetski vesnik - уким

31

Page 32: univerzitetski vesnik - уким