4
Apollonia Foundation 06.04.2009 No. 11 Саем на книга во Гевгелија Она што го привлече вниманието на гевгеличани оваа недела беше третиот Саем на Книга што се одржа во Пионерскиот дом од 30.03-02.04.2009. Осум издавачки куќи и неколку други помали компании се претставија на овој саем кој беше организиран од Пионерскиот дом како и книжарницата Ниепром од Гевгелија. Деца од 6 основни училишта (од прво до четврто одделение) учествуваа во многу активности кои што беа организирани за нив што го направи саемот уште поуспешен. Меѓу другото имаше активности како: Креативна работилница за избор на најдобра маска, ликовна работилница-Хари Потер, Карневал-Априлијада, избор за најдобро изработена маска, друштвени игри, час по танц и многу други активности кои ја поттикнаа детската креативност. Општината се вклучи во обезбедувањето награди за сите учесници што беше одлична мотивација за нив. Фондацијата Аполонија обезбеди награди за Карневалот-Априлијада. Од секој клас беше избран по еден целосно осмислен костум, и така 60 костуми беа наградени. Децата на фондацијата беа дел од многу активности вклучувајќи го натпреварот за аранжман на цвеќе каде што како гости покажавме што можеме да направиме со природното цвеќе од нашите градини и шуми. Тоа беше уште еден едукативен час за тоа како да се цени природата и да се води грижа за неа. Се надеваме дека овој настан ќе прерасне во традиција. ПРИЈАТЕЛИ: www.gevgelija.gov.mk www.biblioteka.edu.mk СОДРЖИНА: Прослава на денот на жената во Дневниот центар за деца со посебни потреби 2 Изложба ДОПРЕН ОД ЗВУКОТод Toни Шулајковски 2 Детски музички натпревар 3 Ден со природатаактивности 3 Ден на дрвото - Засади ја својата иднина 3 За нас 4 Еко календар 4

Informator na Fondacijata Apolonija br.11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Прослава на денот на жената во Дневниот центар за деца со посебни потреби Ден на дрвото - Засади ја својата иднина “Ден со природата“ активности Изложба “ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ” од Toни Шулајковски ПРИЈАТЕЛИ: Детски музички натпревар Еко календар 4 СОДРЖИНА: 3 3 3 2 2 Изложба “ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ” од Toни Шулајковски Јас сум еден и како единка неможам многу да сторам, но можам да направам нешто, и нема да одбијам да го направам тоа затоа што сами правиме толку малку но заедно можеме да направиме сè Helen Keller

Citation preview

Page 1: Informator na Fondacijata Apolonija br.11

Apollonia Foundation

06.04.2009 No. 11

Саем на книга во Гевгелија Она што го привлече вниманието на гевгеличани оваа недела беше третиот Саем на Книга што се одржа во Пионерскиот дом од 30.03-02.04.2009. Осум издавачки куќи и неколку други помали компании се претставија на овој саем кој беше организиран од Пионерскиот дом како и книжарницата Ниепром од Гевгелија. Деца од 6 основни училишта (од прво до четврто одделение) учествуваа во многу активности кои што беа организирани за нив што го направи саемот уште поуспешен. Меѓу другото имаше активности како: Креативна работилница за избор на најдобра маска, ликовна работилница-Хари Потер, Карневал-Априлијада, избор за најдобро изработена маска, друштвени игри, час по танц и многу други активности кои ја поттикнаа детската креативност. Општината се вклучи во обезбедувањето награди за сите учесници што беше одлична мотивација за нив.

Фондацијата Аполонија обезбеди награди за Карневалот-Априлијада. Од секој клас беше избран по еден целосно осмислен костум, и така 60 костуми беа наградени. Децата на фондацијата беа дел од многу активности вклучувајќи го натпреварот за аранжман на цвеќе каде што како гости покажавме што можеме да направиме со

природното цвеќе од нашите градини и шуми. Тоа беше уште еден едукативен час за тоа како да се цени природата и да се води грижа за неа. Се надеваме дека овој настан ќе прерасне во традиција.

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.biblioteka.edu.mk

СОДРЖИНА:

Прослава на денот на жената во

Дневниот центар за деца со посебни

потреби

2

Изложба “ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ” од

Toни Шулајковски

2

Детски музички натпревар

3

“Ден со природата“ активности

3

Ден на дрвото - Засади ја својата

иднина

3

За нас 4

Еко календар 4

Page 2: Informator na Fondacijata Apolonija br.11

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Прослава на денот на жената во Дневниот центар за деца со посебни потреби

Helen Keller, Мајка Teresa, Ayn Rand, Eleanor Roosevelt и многу други не толку познати херојќи, насекаде низ светот, водеа животи кои треба да служат за пример како жената соочува “бродоломи“ користејќи ја својата внатрешна сила. 8 Март е ден за славење на жената.

По повод Денот на жената, децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби со своите наставнички подготвија приредба за нивните мајки, баби, роднини и сите припаднички на понежниот пол од нашата општина кои им доаѓаат во посета. Бетка беше првата која го отвори овој настан со најава на учесниците во приредбата, а Стефан беше оној кој подели цвеќиња и прегратки на сите присутни. Околу 25 деца, од најмали до најголеми, дојдоа да пејат, играат и да ги забавуваат овие деца и нивните гости.

Децата од фондацијата Аполонија беа исто едни од нив.

Јас сум еден и како

единка неможам многу

да сторам, но можам да

направам нешто, и нема

да одбијам да го

направам тоа затоа

што сами правиме

толку малку но заедно

можеме да направиме сè

Helen Keller

Изложба “ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ” од Toни Шулајковски

Во организација на фондацијата Аполонија , во петок на 20.03.2009, со почеток во 19 30 часот во галеријата на хотел Аполонија во Гевгелија беше отворена изожбата на минијатури од академскиот сликар Тони Шулајковски. Беа изложени 40 минијатурни дела работени во техниките акрилик и масло на платно. Ова е второ претставување на делата на Тони Шулајковски пред гевгелиската публика.

М-р Тони Шулајковски веќе 17 години остава свој печат во македонското современо сликарство. Тој напорно се развива и усовршува на две полиња. Како сликар, има остварено 35 самостојни изложби и учествувал на преку 50 групни изложби, а како ликовен педагог работејќи во основно училиште во Скопје, во текот на 13 години има освоено преку 90 награди на конкурси за ликовни творби за деца во републиката и надвор од неа. Од 2005 година работи и со талентирани деца во своето ликовно студио ARS VIVENDI пренесувајќи им ја љубовта кон уметноста, но и техниките и начинот на кој се пренесува она што го гледаат, на хартија или платно. Изложбите му се претежно концептуални, а нивните наслови ја остваруваат комуникацијата на авторот со публиката. Во последната изложба ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ, авторот всушност зборува за својата неисцрпна инспирација, електронскиот звук, т.е. електронската музика која кај него предизвикува интергалактички акции и реакции.

Page 3: Informator na Fondacijata Apolonija br.11

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

“Ден со природата“ активности Детски музички натпревар На 3ти и 4ти Април во Скопје беше одржан 47-от државен натпревар по музика за ученици и студенти. Стамкова Сара, Костова Ивана и Гогова Нада се трите ученички кои веќе четири години свират флејта во музичкото училиште Васо Карајанов во Гевгелија и зедоа учество во овој музички натпревар.

“Од досегашното нивно образование, овие ученички, покажале особен интерес и желба кон музиката како и љубов кон сво јот инструмент, што се з а б е л еж у в а п р е к у н и в н и т е р е д о в н и концертни настапи во рамките на училишните активности, како и пошироко во реализација и учество на воншколски културни настани со цел збогатување на уметничкото живеење во нашиот град”, вели нивната професорка Сузана Стојановска. Фондацијата Аполонија ги поддржува желбите на младите музичари кои сакат да го покажат и споредат својот

талент, и затоа го с п о н з о р и р а в м е нивното учество во овој натпревар. Сите од нив освои ј а награди. Сара и Ивана трето место, а Нада го доби второто место. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди во иднина.

1ви Март,

пешачење низ ридот над Негорци

Дренот е веќе расцветен

Последна недела во Март, правиме

игло на Смрдлива Вода

Имаше многу снег на

планината Кожуф овие 2 недели

Вероника најде пролетни цвеќиња и бубамара иако поголемиот дел од земјата беше покриен со 1/2 метар снег

Под мотото "Ние два милиони, станавме светски зелен бренд - излези засади и инспирирај ги останатите шест милијарди", на 14 Март беа засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата "Ден на дрвото - Засади ја својата иднина”. Македонските граѓани имаа чест да засадат два милиони садници, додека останатите три милиони беа во семе и ги засадија вработените на Јавното претпријатие “Mакедонски Шуми“.

Во Гевгелија, локацијата за посадување дрцва беше во близина на селото Моин, и овој пат 36.000 садници (чемпрес, јасен и даб) беа засадени тој ден. Вработените во Македонски Шуми ја продолжија оваа акција и во наредните 2 дена задасија уште 20.000 дрвца. Аполонија како и обично учествуваше во оваа акција со забележителен број на вработени и со уште 50 деца од фондацијата Аполонија. Нажалост временските околности, не беа на наша страна, и имавме потешкотии со децата кои мораа да се вратат порано

поради дождот и силниот ветер, но сепак ова беше добро за растенијата кои планираме да ги посетиме во една од нашите “Ден со природата“ прошетки, и да видиме колку се пораснати.

Фондацијата Аполонија има пратено писмо до ова јавно претпријатие барајќи од нив да не вклучат со децата од проектот Ден со природата во сите нивни активности кои се поврзани со заштита и обнова на шумите. Наредното засадување ќе биде на есен но се надеваме дека пред тоа ќе реализираме слични активности кои ќе влијаат позитивно на воспитувањето на децата и ќе ги научат на значењето на дрвјата за нашиот живот и како да се грижиме за шумите.

Ден на дрвото - Засади ја својата иднина

Тоа што им правиме

на шумите во светот е

слика на тоа што си

правиме еден на друг.

Mahatma Gandhi

Page 4: Informator na Fondacijata Apolonija br.11

EКО КАЛЕНДАР

Идни настани за 2009 год. Оваа година фондацијата Аполонија продолжува со својата работа, спонзорирање и поддржување на образование, културно наследство, здравство, уметност и музика, спорт, заштита на околината и ветува дека ќе помага на поединци и групи се со цел да се подобрат нивните активности, за доброто на целата општина.

* Затоа продолжуваме со едукативниот проект за деца од областа заштита на човековата околина Ден со природата, и планираме да вклучиме уште повеќе деца и волонтери во него, и да ја пренесеме пораката за тоа колку важно е за сите нас да се грижиме за природата. and we intend to involve more new children and volunteers in it, and to instill the message of how im-portant it is for all of us to take care for nature.

* Оваа година планираме да започнеме заедничка соработка со Прва детска амбасада во светот - Меѓаши. Веќе размислуваме за реализирање проекти во Гевгелија кои ќе влијаат на зголемување на јавната свест и како да ис се пристапи и помогне на децата кои веќе се жртви или сведоци на насилство.

* Наскоро започнува Велигденскиот проект, во кој двете основни училишта од градот ќе бидат вклучени. Проектот е изложба на детски цртежи и изработки со велигденски мотиви. Фондацијата за таа цел ќе донира материјали потребни за ликовните кабинети во училиштата, и во нашите планови е сличен но уште поголем, добротворен проект за Божиќ. Најдобрите детски цртежи ќе бидат дел од изложбата на традиционални ракотворби направени од жената која е во организација на Дом на култура Гевгелија.

ИДНИ НАСТАНИ:

* 13.04.2009 19:00 Отварање на

Велигденската изложба на традиционални

ракотворби “Златните раце на Македонската

жена“ во Хотел Аполонија

* 22.04.2009

Проектот Ден со природата го

прославува Денот на планетата Земја со неколку различни еколошки акции вклучувајќи ги училиштата од Гевгелија

Book fair in Pionerski Dom with children's masquerade, flower con-test, creativity and dance lessons and many more activities for children.

Nature Day is in Negorski Spa today.

Children from schools start with the contest for making best Easter Arts

Exhibition of traditional woman's artifact. 19 h. Apollonia

Hotel

Exhibition lasts until 20th April. In the period 9:00 –21:00h

During holidays the exhibition will be opened in the time between 12:00-14:0Oh

Apollonia Foun-dation is organiz-ing events for celebrating Earth day

Nature Day in Ski Kozuf

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р. Македонија

Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Apollonia Foundation