4
На 5ти Јуни 2008, Катерина ГелебешеваКостадиновска и Глигор Гелебешев одржаа концерт со промоција на нивното CD во хотелот Apol- lonia, Гевгелија. Дела од Шопен, Дебиси, Хакатуријан и Шабрие беа вклучени во концертната програма. Концерт Дуо Гелебешеви Apollonia Foundation Содржина Исправи ја грешката 2 Ден со природатазабава за најмалите 2 7 ма Ликовна колонија “Apollonia” 3 Aкадемик Васко Ташковски, Живот и дело 3 За нас 4 Еко календар 4 01.07.2008 Бр. 2 Дуото Гелебешеви настапуваат заедно на пијано уште од 2001 година и имаат одржано многу концерти во големите градови во земјата и странство. Глигор и Катерина се добитници на неколку интернационални награди и работат како професори во Средното Музичко Училиште и Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Освен наградите има и специјално интернационално признание дека Катерина победила изведувајќи дела од Борис Папандопуло. Промотор на цедето беше г-ѓа Тања Грковска, дипломиран музиколог и г-ѓа Васка Наумова Томовска, музички критичар. Овој весник ќе можете да го најдете и на следните Web страници: www.gevgelija.gov.mk www.biblioteka.edu.mk

Informator na Fondacijata Apollonia Br.2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Еко календар 4 Aкадемик Васко Ташковски, Живот и дело 7 ма Ликовна колонија “Apollonia” Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Освен наградите има и Промотор на цедето беше г-ѓа Тања Грковска, дипломиран музиколог и г-ѓа Васка Наумова Томовска , музички критичар. 2 3 3 Содржина Aleksandar, 7 godini Ден со природата - Забава за најмалите Исправи ја грешката

Citation preview

Page 1: Informator na Fondacijata Apollonia Br.2

На 5ти Јуни 2008, Катерина Гелебешева—Костадиновска и Глигор Гелебешев одржаа концерт со промоција на нивното CD во хотелот Apol-lonia, Гевгелија. Дела од Шопен, Дебиси, Хакатуријан и Шабрие беа вклучени во концертната програма.

Концерт Дуо Гелебешеви

Apollonia Foundation

Содржина

Исправи ја грешката 2

Ден со природата– забава за најмалите

2

7 ма Ликовна колонија “Apollonia”

3

Aкадемик Васко Ташковски, Живот и дело

3

За нас 4

Еко календар 4

01.07.2008 Бр. 2

Дуото Гелебешеви настапуваат заедно на пијано уште од 2001 година и имаат одржано многу концерти во големите градови во земјата и странство. Глигор и Катерина се добитници на неколку интернационални награди и работат како професори во Средното Музичко Училиште и Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Освен наградите има и специјално интернационално признание дека Катерина победила изведувајќи дела од Борис Папандопуло.

Промотор на цедето беше г-ѓа Тања Грковска, дипломиран музиколог и

г-ѓа Васка Наумова Томовска, музички критичар.

Овој весник ќе можете да го најдете и на следните Web страници:

www.gevgelija.gov.mk www.biblioteka.edu.mk

Page 2: Informator na Fondacijata Apollonia Br.2

Исправи ја грешката

Младинскиот клуб од Гевгелија во рамки на проектот Локална Младинска Иницијатива на ден 18.06.2008 година во 18 часот организирашe турнир во Фундал, Крошарка, Раќомет, Темис, Одројка со цел да ги потсети надлежните институции дека со условите во кои сега се спортува во Гевгелија може само да се импровизира.

Затоа со спортски реквизити соодветни на овие квази спортови, младите од Гевгелија побараа довршување на изградбата на спортската (балон) сала започната во 2000-та година. Настанот на местото каде требаше да се изгради спортската сала предизвика големо внимание кај младите и спортските клубови во Гевгелија кои имаат потреба од затворен спортски објект во кој ќе тренираат и одржуваат спортски натпревари. Настанот беше финансиски поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија и локалните поддржувачи Фондација Apollonia, Випро, Телевизија Нова и радио Тајм ФМ .

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Ден со природата - Забава за најмалите

На 13-ти Јуни, во Apollonia

Green Garden Cafe, Фондацијата Apollonia организираше забава за на ј мали те од ос но вни те училишта во Гевгелија. Оваа забава беше подготвена од тимот на Apollonia “Ден со природата” , со цел да им честита на првоодделенците за успешно завршената школска година.

На забавата имаше разни игри, танцување, натпревари и многу забава.

Исто така ги информиравме децата дека проектот “Ден со

природата” продолжува со своите активности и за време на летниот распуст и дека сите деца се добредојдени да ни се придружат секој викенд во истражувањето на убавините на ПРИРОДАТА.

Aleksandar, 7 godini

Page 3: Informator na Fondacijata Apollonia Br.2

7 ма Ликовна Колонија “Apollonia”

Академик Васко Ташковски, живот и дело

Васко Ташковски е роден на 31 август 1937 година во с. Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958 г., а дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964 година. Од 1966 до 1991 година работи како сценограф во Македонската телевизија. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн. Има реализирано 40 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Неговата работа беше презентирана и на публиката во Париз во 1992 со импозантна изложба и аукција на околу 100 уметнички дела.

На 25 Мај беше отворена неговата 41 ва изложба во хотелот Apollonia.

Тој меѓу другото е и член на МАНУ - Македонската Академија на Науките и Уметностите.

Васко Ташковски уште во раната возраст ја почуствувал својата наклоност и моќ на владеењето со цртежот, и со исконски фанатизам ги барал и ги пронаоѓал сите можности да изнедри максимум во оваа област. Ташковски има уметнички изградена ликовна природа, и тој го посвети своето знаење на посебен вид фантазија.

Страна 3

Ликовната колонија “Apollonia” продолжува да опстојува со своите духовни вредности, откривајќи ги страниците на светлината и трагајќи по е с е нци ј ал ни те медите ранс к и координати. Уметниците ги продол-жуваат своите походи со цел да ја збогатат имагинарната галерија на колективниот Пантеон.

На овогодинешната ликовна колонија учествуваат 10 уметници, а беа создадени 22 дела.

Apollonia Foundation INFO

Ова се учесниците кои учествуваа во ликовната колонија “Apollonia”:

1. Васко Ташковски, академик Скопје

2. Ниче Василев, Струмица

3. Марина Цветановска - Мартиновска, Куманово

4. Кристина Божурска, Куманово

5. Сабрина Јанева, Скопје

6. Клементина Јаулеска, Струга

7. Кирил Казанџиски- Казанџија, Штип

8. Ѓоко Антониев, Пробиштип

9. Дончо Ка’лчев, Гевгелија

10. Зоран Карагонов, Гевгелија

Официјалното презентирање на нивната работа за Гевгелиската јавност ќе биде во Септември 2008 година во изложбениот салон на хотелот Apollonia.

““““Сликите на Васко Ташковски

нè предупредуваат да ги зауздаме нашите деструктивни нагони кон природата и да ја

воспоставиме изгубената хармонија со неа.””””

Акад. Георги Сатрделов

Page 4: Informator na Fondacijata Apollonia Br.2

Address: Гевгелиски Партизански Одред Бр.1 1480 Гевгелија Р. Македонија

Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected]

Фондацијата Apollonia верува дека културното наследство го формира нашиот индивидуален, локален и национален идентитет. Тоа е нешто што треба да е почитувано и славено. Па затоа ја поддржуваме културата во сите различни области: музика, литература, ликовна уметност, театар, археологија...

Во полето на ликовната уметност го имаме направено следново:

• Седум години постоење на Ликовната колонија “Apollonia”, со учество на уметници од Македонија и странство.

• Постојана афирмативна изложба на дела на уметници од Гевгелија, со што сакаме да го покажеме нашиот интерес за развивање на ликовната уметност во Гевгелија.

• Спонзорирање и организирање изложби на уметници од Македонија и странство .

• Непосредна соработка со ликовната секција во Училишниот Центар “Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, со што фондацијата ги помага нивните активности.

Apollonia Foundation

Lets all work together for Greater Good!

Погледајте го нашиот Еко календар

*Ако сакате да дадете некоја интересна информација за нередниот Еко календар пишете ни на [email protected]