4
ПРИЈАТЕЛИ: Августовски случувања Топол културен бран 2 Гевгелиска есен 2010 Десет години музички моменти 2 Баскет турнир ГЕВДИОН 3 “Ден со природата“ го освои Кожуф 3 За нас 4 Еко календар 4 Отворени забавни фудбалски школи 3 Фондација Аполонија 10.09.2010 Бр. 28 Содржина: www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.gevgelijanet.com Мултимедијален арт фестивал “БОШ 2010“ На отворената сцена пред платото на Народниот театар во Гевгелија со изложбата “Улица“ на скулптури и ликовни дела од млади македонски авотри во петокот на 3-ти септември беше отворена фестивалската тридневна програма на “БОШ 2010“. Пред присутните беше прочитана поезија од гевгелискиот поет и актер Бошко Бозаџиевски, во чија чест постхумно се организира и одржува оваа фестивалска манифестација. Во рамките на ова одбележување беа одржани дваестина настани меѓу кои: Тивериполска филмска алијанса и Астерфест - проекција на краткометражни филмови, изложба на фотографии од Маја Симовска, промоција на документарен филм за Ристо Шишков “Духот на татко миl” во режија на Горан Тренчовски, графити сесија, арт и мултимедијални перформанси, “The eye’’- театарски перформанс со Елена Димитрова и Петар Генков од Бугарија, стрип работилница на Данило Милошев од Србија и др. Генерален покровител на оваа манифестација и годинава е Фондација Аполонија. По веќе информации за случувањата ќе најдете на страницата: http:// gevgelijanet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=791:2010-09-05- Jazz vecer Крајот на Август ќе остане забележан по одржувањето на Јazz манифестацијата на отворената тераса на хотелот Аполонија, која ја организраа Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија и Фондација Аполонија за програмата Гевгелиско културно лето 2010. Оваа маниефстација содржеше настап на ликовни уметници и скулптури, а музичкиот дел беше препуштен на бендот на познатиот македонски музичар и професор на ФМУ - Штип, Гоце Мицанов. За време на музичкиот дел присутните имаа можност да ги погледнат 20тина ликовни дела, неколку скулптури и ликовниот перформанс на Катерина Чугунска која еден час твореше инспирирана од Џез музиката.

Informator na Fondacijata Apolonija Br 28

Embed Size (px)

DESCRIPTION

“Ден со природата“ го освои Кожуф Отворени забавни фудбалски школи Августовски случувања Топол културен бран Содржина: Баскет турнир ГЕВДИОН 3 2 3 Еко календар Фондација Аполонија 4 За нас 3 4 2 Гевгелиска есен 2010 Августовски случувања - Топол културен бран 2010 Десет години музички моменти “ Ден со природата “ го освои Кожуф Баскет турнир ГЕВДИОН 2010 www.offmacedonia.com.mk Отворени забавни фудбалски школи

Citation preview

Page 1: Informator na Fondacijata Apolonija Br 28

ПРИЈАТЕЛИ:

Августовски случувања

Топол културен бран

2

Гевгелиска есен 2010

Десет години музички

моменти

2

Баскет турнир ГЕВДИОН 3

“Ден со природата“

го освои Кожуф

3

За нас 4

Еко календар 4

Отворени забавни

фудбалски школи

3

Фондација Аполонија

10.09.2010 Бр. 28

Содржина:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Мултимедијален арт фестивал “БОШ 2010“

На отворената сцена пред платото на Народниот театар во Гевгелија со изложбата “Улица“ на скулптури и ликовни дела од млади македонски авотри во петокот на 3-ти септември беше отворена фестивалската тридневна програма на “БОШ 2010“. Пред присутните беше прочитана поезија од гевгелискиот поет и актер Бошко Бозаџиевски, во чија чест постхумно се организира и одржува оваа фестивалска манифестација. Во рамките на ова одбележување беа одржани дваестина настани меѓу кои: Тивериполска филмска алијанса и Астерфест - проекција на краткометражни филмови, изложба на фотографии од Маја Симовска, промоција на документарен филм за Ристо Шишков “Духот на татко миl” во режија на Горан Тренчовски, графити сесија, арт и мултимедијални перформанси, “The eye’’- театарски перформанс со Елена Димитрова и Петар Генков од Бугарија, стрип работилница на Данило Милошев од Србија и др. Генерален покровител на оваа манифестација и годинава е Фондација Аполонија. По веќе информации за случувањата ќе најдете на страницата: http://gevgelijanet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=791:2010-09-05-

Jazz vecer

Крајот на Август ќе остане забележан по одржувањето на Јazz манифестацијата на отворената тераса на хотелот Аполонија, која ја организраа Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија и Фондација Аполонија за програмата Гевгелиско културно лето 2010. Оваа маниефстација содржеше настап на ликовни уметници и скулптури, а музичкиот дел беше препуштен на бендот на познатиот македонски музичар и професор на ФМУ - Штип, Гоце Мицанов. За време на музичкиот дел присутните имаа можност да ги погледнат 20тина ликовни дела, неколку скулптури и ликовниот перформанс на Катерина Чугунска која еден час твореше инспирирана од Џез музиката.

Page 2: Informator na Fondacijata Apolonija Br 28

Во рамките на Августовските случувања од Гевгелиско културно лето, во организација на Градската библиотека Гоце Делчев во хотелот Аполонија се одржа промоција на книгата “Ехо од бранови“ на младиот поет Владимир Мартиновски. Промоцијата на оваа книга во Гевгелија се одржа на 25 Август, непосредно по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, каде овој мајстор на хаику и хаибуни поезија, за доби престижната награда Браќа Миладиновци. Александра Ќаева и Никола Маџиров ја промовираа “Ехо од бранови“ како книга за малите нешта што ни се случуваат во секојдневието. Маџиров доста инспиративно говореше за книгата “Квартет“, за која Мартиновски доби призание за најдобра книга на фестивалот Струшките вечери на поезијата.

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Августовски случувања - Топол културен бран 2010

Гевгелиска есен 2010 Десет години музички моменти

Во рамките на Гевгелиската Есен, чиј генерален покровител и овој пат е Фондацијата Аполонија од Гевгелија, во хотелот Аполонија на 31 Август се одржа концерт - Музички моменти. На програмата беа застапени делата на Saint-Saens, Schumann, Dallier, Molard I Lefebvre. Исполнители беа Надица Ристиќ на обоа и Елена Атанасовска на пијано. Публиката беше воодушевена од нивниот настап кој го награди со долготрајни аплаузи. Пред да кажеме збор два за успешноста на овие музички уметници, да кажеме дека ова е првиот концерт од програмата на Музичката Есен за 2010 во која се предвидуваат да се одржат уште осум концерти посветени на 200 годишнината од раѓањето на големиот музички творец Фредерик Шопен. Инаку Надица Ристиќ е добитник на повеќе награди меѓу кои позабележителни се Специјалната награда во десциплина обоа на Интернационалниот натпревар Охридски Бисери 2003, додека Елена Атанасовска во истата година добива награда за најдобар студент од Фондацијата Франк Манинг.

Со настапот на Парохискиот хор “Пресвета Богородица“ од Скопје и Градскиот мешан хор “Гортинија“ од Гевгелија на 22 Август, на терасата на хотелот Аполонија се одржа уште еден настан од Гевгелиското културно лето

2010 — Концерт на духовна музика.

Гевгелиското културно лето 2010 заврши на 30 Август, а честа да го затворат ја имаа оперскиот пејач Мустафа Имери и Зана Имери на пијано со изведба на Наполитански песни. Настанот беше организаран од Дом на култура “Македонија“ од Гевгелија, а се одржа повторно во просториите на хотел Аполонија, со подршка на Фондација Аполонија.

Page 3: Informator na Fondacijata Apolonija Br 28

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Баскет турнир ГЕВДИОН 2010

Освен на

к у л т у р н о

п о л е

Фондација

Аполонија,

г о л е м о

в н и м а н и е

посветува и

на развојот

на спортот и

спортските

активности кај младите. Затоа годинава по втор пат ги

спонзорираше Здружението на граѓани за

унапредување на квалитетот на животот на младите

ГЕВДИОН, во оранизирањето на Баскет турнирот

Гевдион 2010, во кој учествуваа околу дваесетина

екипи. Во мошне ингересна и борбена игра првото

место го освои екипата на Хол-Гев Текс. Годинава за прв

пат на овој турнир свое учество зеде и екипата на

Аполонија, која ја претставуваа Марјан Младеновски,

Ристо Капсаров, Мијо Петров, Марјан Младенович и

Блаже Кокочев. Честитки за нашите кошаркари за добро

изиграните натпревари и за освоеното четвртото место.

“Ден со природата“

го освои Кожуф

Децата учесници во проектот “Ден со природата“ на Фондација Аполонија, се вклучија во активностите на Планинарското друштво Кожуф од Гевгелија и зедоа учество на меморијалниот марш “Димитар Кангов - Кангата“ за искачување на врвот на планината Кожуф. Маршот започна во Саботата на 21 Август со четири часовно пешачење од Смрдлива Вода до местото Аџибарица.

Од 16 ти до 20 ти Август, 200 деца од Гевгелија и

Валандово ја имаа таа можност да земат учество во

спортскиот настан за деца Отворени Забавни

Фудбалски Школи, кој оваа година се оддржа

традиционално по деветти пат. Ова е хуманитарен

проект кој користи весели игри и педагошки “забавно

- фудбалски - концепт” како средство за стимулација

на демократијата, мирот, стабилноста и социјалната

соработка во општествата. Оваа програма се насочува

кон зближување на деца од воените подрачја преку

фудбалот.

Фондацијата

Аполонија по

трет пат беше

донатор на

овој настан,

спонзорирајќи

оброци за

децата и

организаци-

скиот тим.

Децата се наша иднина и ним им е потребна

нашата подршка.

Отворени забавни фудбалски школи

Во првиот ден од маршот учество зедоа најмадите учесници во проектот од 6 до 9 годишна возраст и за нив патеката за пешачење беше само локацијата позната како Чавка, каде што учеа за сезонските шумски овошја, растителниот и животинскиот свет карактеристичен за планината Кожуф, и уживаа во прекрасните убавини на Кожуф. Вториот ден, односно во Недела на 22 Август девет деца од 10 до 14 годишна возраст, заедно со искусните планинари од ПД “Кожуф“ по тричасовно пешачење се искачија од локацијата Аџибарица до врвот “Зелен Брег“кој се наоѓа на 2.473 метри надморска височина.

www.offmacedonia.com.mk

Page 4: Informator na Fondacijata Apolonija Br 28

Аdress: Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia

Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Фондација Аполонија

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

17 и 18 Септември 2010 Прв ревијален БАРИСТА

Фестивал Хотел Аполонија - Тераса

19 Септември 2010 Голем хуманитарен

концерт “Ѕвездите за Данило“

Градски плоштад Скопје

Веруваме дека спортот ја поттикнува физичката положба, тимскиот дух и социјалната етика.

Една од областите која фондацијата Аполонија ја поддржува и спаѓа во дејностите од јавен интерес е спортот. Изминатите години во полето на спортот го имаме направено следново:

Спонзорирање на локални екипи во фудбал, кошарка, ракомет и кикбокс.

Спонзорирање активности на Спортските Асоцијации кои се фокусираат на спортска едукација на децата.

Спонзорирање на Планиски клубови и Алпинистички експедиции

Нашите идни планови вклучуваат:

Инвестирање во одржување на полето на спортот.

Купување на потребна опрема и соработка со тренерите за развој на спортот . Спонзорирање на спортски настани и активности.

За нас