4
Apollonia Foundation 02.01.2009 No. 9 Втора божиќна детска работилница По повод Божиќните празници, Фондацијата Аполонија, по вторпат ја организираше Детската Божиќна Работилница. Третиот ден од работилницата беше одржан пред Божиќ во големиот ресторан на Хотел Аполонија. Децата од Гевгелија и околината имаа можност да направат цртежи, постери, декоративни украси, зедоа учество во оригами клубот или во натпреварот за постери кој го подготвивме за нив. Секое дете кое создаде своја уметност или доби сума на поени од игрите, доби тикет со кој имаше шанса да добие некои од играчките кои ги спремивме како награди. Децата од проектот Ден со природата имаа свој штанд на работилницата. Тие ги презентираа нивните цртежи со порака за природата, ги прикажаа нивните дела направени од стара хартија, пластика, отпад или непотребно стакло. На штандот имаше и кутија за доброволни прилози и сите пари ќе бидат потрошени на материјал за поддршка на активностите на децата кои се дел од проектот Ден со природата. Интересот за учество во активностите беше многу голем а тоа не наведе да размислиме за одржување на повеќе работилници во текот на годината. OUR FRIENDS: www.gevgelija.gov.mk www.biblioteka.edu.mk СОДРЖИНА : Божиќна детска приредба 2 “Јосиф Јосифовски” дел од меѓународниот TOUR.REG проект 2 Nature Day разгледница 3 Зоран Карагонов, живот и дело 3 4 Златни медали за Apollonia 3 Фондација Аполонија во 2008 4 ЕКО КАЛЕНДАР 4

Informator na Fondacija Apolonija Br.9

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Училишниот центар Јосиф Јосифовски дел од интернационалниот TOUR.REG проект Божиќно шоу Првиот снег Негорски Бањи 28.12.2008 Брашнара “Жито пром” близу Негорски Бањи, 17.01.2009 4 Златни медали за Аполонија “Трка со вреќи” игра 25.01.2009, Вардарски Рид Zoran Karagon е еден

Citation preview

Apollonia Foundation

02.01.2009 No. 9

Втора божиќна детска работилница

По повод Божиќните празници, Фондацијата Аполонија, по вторпат ја организираше Детската Божиќна Работилница. Третиот ден од работилницата беше одржан пред Божиќ во големиот ресторан на Хотел Аполонија. Децата од Гевгелија и околината имаа можност да направат цртежи, постери, декоративни украси, зедоа учество во оригами клубот или во натпреварот за постери кој го подготвивме за нив. Секое дете

кое создаде своја уметност или доби сума на поени од игрите, доби тикет со кој имаше шанса да добие некои од играчките кои ги спремивме како награди. Децата од проектот Ден со природата имаа свој штанд на работилницата. Тие ги презентираа нивните цртежи со порака за природата, ги прикажаа нивните дела направени од стара хартија, пластика, отпад или непотребно стакло. На штандот имаше и кутија за

доброволни прилози и сите пари ќе бидат потрошени на материјал за поддршка на активностите на децата кои се дел од проектот Ден со природата. Интересот за учество во активностите беше многу голем а тоа не наведе да размислиме за одржување на повеќе работилници во текот на годината.

OUR FRIENDS:

www.gevgelija.gov.mk

www.biblioteka.edu.mk

СОДРЖИНА :

Божиќна детска

приредба

2

“Јосиф Јосифовски”

дел од меѓународниот

TOUR.REG проект

2

Nature Day

разгледница

3

Зоран Карагонов,

живот и дело

3

4 Златни медали за Apollonia

3

Фондација Аполонија во 2008

4

ЕКО КАЛЕНДАР 4

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Училишниот центар Јосиф Јосифовски дел од интернационалниот TOUR.REG проект

Tour.Reg е регионален проект за развој на туристичкото образование. Целта на проектот е да го развие туристичкото образование преку развојот на практично-ориентирано образование, земајќи ги во предвид потребите на пазарот и посветувајќи внимание на последниот развој на туристичкиот сектор а посебно на македонскиот туризам.

Овој проект е имплементиран од KulturKontakt Австрија, кој е еден од наголемите австриски центри за натпревар на културно образование, уметност, културен дијалог и образовна соработка со Источна и Југоисточна Европа (за повеќе информации посетете ја станата www.kulturkontakt.or.at/new/index_e.htm).

Училишниот центар Јосиф Јосифовски е еден од шесте пратнери н а о в о ј проект. Четворица професори од туристичкиот сектор учествуваат во 13 работилници за професори: 7 модули на пракса (кујна и храна, ресторан и пијалок, хотелски менаџмент, 1 едукативно патување до Австрија), 2 модули за учење Англиски за туризам, 4 теориски модули (туризам и маркетинг, туристичка географија, патувања).

Ние од Фондацијата Аполонија веруваме дека подобрувањето на образованието и специјализацијата е многу важно за нашето општество. Затоа учествувавме на овој проект со спонзорство од 500€ за покривање на трошоците за едукативната посета во Бад Ишал-Австрија за двајца професори. Се надеваме дека оваа едукативна посета како и семинарите, позитивно ќе се одразат во училниците и ке ги засегнат учениците и ќе донесат подобри услови за туризмот во Гевгелија.

Божиќно шоу

Пабло Пикасо рекол дека сите деца се уметници. Децата имаат потреба да создаваат нешта, да пеат и танцуваат, да бидат центар на вашето внимание само за да ги придобијат вашите аплаузи и насмевки. Затоа беше ораганизирана Божиќната работилница, за да им дадеме шанса на децата да се изразат.

На Божиќното утро беше одржано шоу со секаков вид на изведби, драма, класичен и модерен танц, пеење па дури и модна ревија со децата, од најмалото па до најголемото, што беше и совршен начин да се заврши Божиќната недела на детската креативност. Повеќе од 60 деца беа дел од ова шоу: ученици од среното училиште, танчарската група Ритам Плус, младиот талентиран пејач Петар, деца од основните училишта, од проектот Ден со природата. На претставата, посетителите имаа шанса да ја видат изложбата на дела изработени во работилницата. После претставата имаше голема лотарија за сите деца кои учествуваа во работилницата. Иако не добија сите награда ние мислиме дека направивме многу деца среќни за време на распустот и ја постигнавме нашата цел да направиме нешто забавно за децата во нашиот град. Секако, ова ќе стане традиција.

Наше големо задоволство е да ве информираме дека Аполонија Хотел и Казино учествуваше по втор пат на Интернационалниот Саем за Туризам во Охрид во натпревар за хотелиерство. Минатата година тие освоија 2 злата, 2 сребра и 1 бронза. Оваа година резултатите беа дури и подобри

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Зоран Карагонов, живот и дело Ден со природата разгледница

“Трка со вреќи” игра

25.01.2009, Вардарски Рид

Брашнара “Жито пром”

близу Негорски Бањи,

17.01.2009

Првиот снег

Негорски Бањи

28.12.2008

4 Златни медали за Аполонија

Ние сме горди на вашата заслужена победа, како и на постојаниот напор што го вложувате секогаш давајќи го најдоброто од себе во тоа што го работите, и ви посакуваме уште многу награди и успеси во иднина.

Ќе ја искористиме оваа шанса за да ви заблагодариме за секој концерт, изложба, културен или детски настан

к о ј н и помогнавте да го организираме за в а ш а т а професионална у с л у г а к о ј а бесплатно ја д а до в т е н а ф о н д а ц и ј а т а к а к о и з а

финансиската поддршка на Фондацијата Аполонија.

Славе Митров: Златен медал за изработката “Риба Виножито”

Горан Митев Златен медал за “Bellevue”

Славе Митров: Златен медал за натпревар во Фламбирање

Катарина Бошнакова: Златен медал за натпревар на Рецепција

Игор Стамков/АлександарВасилев Сребрен медал во поставување на маса

Александар Василев: Сребрен медал во натпревар за Барменство

Маргарита Димоска: Сребрен медал за натпревар во Собарки

Zoran Karagon е еден од 10-те уметници кои учествуваа на Ликовната Колонија Аполонија 2008. Тој е роден во 1957 во Гевгелија и дипломирал во 1984 на Факултетот за Ликовна Уметност, во групата Сликарство и

Сценографија, во класата на проф. Димитар Кондовски.

Член и еден од основачите на г р у п а т а К р у г , н е г о в а п р о ф е с и о н а л н о с т с е графиката, графички дизајни, реставрација и конзервација, хералдика,... Зоран живее и работи во Гевгелија. Од 1984 до 2008 тој остварил 4 самостојни изложби во нашата земја и надвор како и учествувал на повеќе групни изложби. Добитник е на национална награда. Други колонии на кој зел учество се Ликовната колонија Врање (1987) и графичка колонија во Пешна-Македонски Брод(2008).

ЕКО КАЛЕНДАР

Фондација Аполонија во 2008 Извештај на фондацијата Аполонија за 2008:

Здравство - 6 донации на луѓе од Гевгелија за индивидуални медицински третмани, купување опрема за 3 оддела во Гевгелиската болница, помагање на доктори да одат на семинари и сипозиуми за подобрување на нивното знаење од областа на медицината.

Едукација - Купување нови играчки за децата од градинките во Гевгелија (заеднички проект со Симон Трпчевски), вклучување на сите школи во едукативна програма за човековата околина.

Култура - повеќе од 20 концерти, 7 изложби, 3 промоции на книги, 1 Ликовна колонија со учество на 10 уметници беа одржани во хотелот Аполонија а помогмати од фондацијата Аполонија. Учество во проектот за купување Гранд пијано за Симон Трпчевски, донација за одновување на древна црква и манастир Лесново, спонзорирање издавање на книги, доделување стипендии за студенти, донација за “Супер Ѕвезда 2008” фестивал за деца, подржување на активностите на фолкорни групи,...

Спорт - подржување на активностите на локалниот фудбалски клуб (спонзорирање на нивната турнеа во Франција), спонзорирање на спортските настани “Отворени Забавни Фудбалски Школи” и “Исправи ја грешката”.

Заштита на човековата околина - секој викенд преку целата година организирање на проект Ден со приодата, за сите деца од Гвегелија, прославување на Денот на Планетата Земја со акција за чистење, земање активно учество во сите еколошки акции споведувани од Владата.

Се надеваме ќе направиме уште многу повеќе оваа година.

Together we can make a difference!

One bus carries as many people as 40 cars!

The garbage in a landfill stays for a for about 30 years.

More than 1/3 of all energy is used by people at home

1/3 of all water is used to flush the toilet.

Walk with your family to the nearest hill or river. It’s good for your health.

The amount of wood

and paper we throw

away is enough to

heat 50 million homes

for 20 years

Here is an example of how long it takes some things take to break down:

plastics take 500 years, aluminum cans take 500 years, organic materials, take 6 months, cotton, rags, paper take 6 months.

It takes 90% less energy to recycle aluminum cans than to make new ones

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р. Македонија

Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Apollonia Foundation