4
Традиционалната божиќна работилница за деца која ја организира фондација Аполонија оваа година прерасна во хуманитарен настан кој ја соедини заедницата во Гевгелија со цел да им се помогне на социјално загрозени семејства од Гевгелија и околината, и да се донесе празнична радост во нивните домови. Во соработка со меѓу општинскиот центар за социјална работа во Гевгелија беа одбрани 10 семејства во кои има вкупно 30 деца. Компаниите: Киа Маркет, Виџ Дооел, Маг Маркет, Вори, Есприт трејд и Аполонија донираа храна, средства за домаќинство, облека, ќебиња како Новогодишен подарок за тие семејства. Училишните заедници на двете основни училишта во Гевгелија, во соработка на фондација Аполонија организираа акција за собирање на облека и играчки за децата од овие семејства. Настанот беше промовиран на јавноста со добротворна божиќна детска работилница која се одржа на 3 и 4 Јануари на Мотел Вардар, каде децата од Гевгелија имаа можност да учествуваат во хуманиот настан со изработка на божиќни украси наменети за други деца, и со донирање на играчки, облека и храна за социјално загрозените семејства. Повеќе информации за детската реаботилница ќе добиете во наредниот информатор, а во меѓувреме погледнете ги фотографиите од настанот на следната страна: http:// www.facebook.com/album.php?aid=280926&id=40840593287 . ПРИЈАТЕЛИ: Фондација Аполонија 14.01.2011 Бр. 32 СЕА - стратегиска оцена на влијанието врз 2 Концерт - класа на проф. Весна Гиновска - Илкова 2 Зелена агенда 2 Ден со природата 3 Турнир во мал фудбал “Eсперо 63” 3 Волонтирање во фондација Аполонија 3 За нас 4 ЕКО КАЛЕНДАР 4 Содржина: www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.gevgelijanet.com Празнични хуманитарни активности На 5 Декември во Скопје беше организирана втората добротворна чоколадна аукција. Групацијата Аполонија исто како и минатата година учествуваше во овој настан со донирање на чоколаден експонат за продажба во аукцијата. “И оваа година сите собрани средства од продажбата на експонатите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а корисник ќе биде Заводот за физикална медицина и рехабилитација од Скопје. Оваа болница секојдневно работи со деца кои имаат проблеми и потешкотии во развојот, било да се работи за деца со церебрална парализа, сколиоза, постоперативни третмани и др. Изграден во 50-тите години од минатиот век, а саниран по земјотресот во 1963 г., Заводот и неговиот персонал неуморно функционираат работејќи и во две смени, за на своите пациенти им ја укажат неопходната помош во подобрувањето на квалитетот на живеењето. Нашата цел и мисија, во зависност од собраните средства, е целосно да реновираме и опремиме две простории наменети за рехабилитација на бебиња до 24 месеци и поголеми деца“, вели Катерина Златановска Попова - организатор од Позитиво. Повеќе информации на: http://slatkaaukcija.w.mk/ en_index.php 2-ра Чоколадна аукција во Скопје “Чоколадна фантазија” - изработена од Аполонија хотел и среќниот купувач

Informator na Fondacija Apolonija Br 32

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ПРИЈАТЕЛИ: СЕА - стратегиска оцена на влијанието врз Волонтирање во фондација Аполонија Ден со природата 3 Содржина: “Чоколадна фантазија” - изработена од Аполонија хотел и среќниот купувач ЕКО КАЛЕНДАР 2 3 3 Зелена агенда Фондација Аполонија 4 За нас 2 4 2 Концерт - класа на проф. Весна Гиновска - Илкова СЕА - стратегиска оцена на влијанието врз животната средина Зелена агенда

Citation preview

Page 1: Informator na Fondacija Apolonija Br 32

Традиционалната божиќна работилница за деца која ја организира фондација

Аполонија оваа година прерасна во хуманитарен настан кој ја соедини

заедницата во Гевгелија со цел да им се помогне на социјално загрозени

семејства од Гевгелија и околината, и да се донесе празнична радост во нивните

домови. Во соработка со меѓу општинскиот центар за социјална работа во

Гевгелија беа одбрани 10 семејства во кои има вкупно 30 деца. Компаниите: Киа

Маркет, Виџ Дооел, Маг Маркет, Вори, Есприт трејд и Аполонија донираа храна,

средства за домаќинство, облека, ќебиња како Новогодишен подарок за тие

семејства. Училишните заедници на двете основни училишта во Гевгелија, во

соработка на фондација Аполонија организираа акција за собирање на облека и

играчки за децата од овие семејства. Настанот беше промовиран на јавноста со

добротворна божиќна детска работилница која се одржа на 3 и 4 Јануари на

Мотел Вардар, каде децата од Гевгелија имаа можност да учествуваат во

хуманиот настан со изработка на божиќни украси наменети за други деца, и со

донирање на играчки, облека и храна за социјално загрозените семејства. Повеќе

информации за детската реаботилница ќе добиете во наредниот информатор, а

во меѓувреме погледнете ги фотографиите од настанот на следната страна: http://

www.facebook.com/album.php?aid=280926&id=40840593287.

ПРИЈАТЕЛИ:

Фондација Аполонија

14.01.2011 Бр. 32

СЕА - стратегиска оцена

на влијанието врз

2

Концерт - класа на

проф. Весна Гиновска -

Илкова

2

Зелена агенда 2

Ден со природата 3

Турнир во мал фудбал

“Eсперо 63”

3

Волонтирање во

фондација Аполонија

3

За нас 4

ЕКО КАЛЕНДАР 4

Содржина:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Празнични хуманитарни активности

На 5 Декември во Скопје беше

организирана втората добротворна

чоколадна аукција. Групацијата Аполонија

исто како и минатата година учествуваше во

овој настан со донирање на чоколаден

експонат за продажба во аукцијата. “И оваа

година сите собрани средства од

продажбата на експонатите ќе бидат

донирани во хуманитарни цели, а корисник

ќе биде Заводот за физикална медицина и

рехабилитација од Скопје. Оваа болница

секојдневно работи со деца кои имаат

проблеми и потешкотии во развојот, било да

се работи за деца со церебрална парализа, сколиоза, постоперативни третмани и др.

Изграден во 50-тите години од минатиот век, а саниран по земјотресот во 1963 г.,

Заводот и неговиот персонал неуморно функционираат работејќи и во две смени, за

на своите пациенти им ја укажат неопходната помош во подобрувањето на

квалитетот на живеењето. Нашата цел и мисија, во зависност од собраните средства,

е целосно да реновираме и опремиме две простории наменети за рехабилитација

на бебиња до 24 месеци и поголеми деца“, вели Катерина Златановска Попова -

организатор од Позитиво. Повеќе информации на: http://slatkaaukcija.w.mk/

en_index.php

2-ра Чоколадна аукција во Скопје

“Чоколадна фантазија” - изработена од

Аполонија хотел и среќниот купувач

Page 2: Informator na Fondacija Apolonija Br 32

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

На 28 Декември во Гевгелија беше презентирана драфт верзијата на

Зелената агенда - документ од областа на заштита на човековата околина

изработен од граѓани од Гевгелија на јавни состаноци во 4 локални

акциони групи во минатите 4 месеци.

Зелената агенда е партиципативен метод за развој и спроведување на

локални стратегии за одржлив развој и планови со активно вклучување на

различни сектори oд локалната заедница каде што процесот се одвива.

Методот е посебен, во споредба со другите процеси со слични цели, во

најмалку 3 главни аспекти: процесот започнува со идентификување на

локалните вредности отколку проблеми, учеството во процесот не е

ограничен на експерти или одредени посебни групи, но е широк и отворен

за сите, и како резултат на процесот и неговите резултати се навистина заслуга на локалните жители. Документот

зелената агенда ќе биде даден на Советот на општина Гевгелија за усвојување како официјален стратешки документ за

зачувување на човековата околина и природните и културни вредности на општина Гевгелија за временскиот период

од 2011-2015 година. Претставници од фондација Аполонија зедоа учество во акционата група: Просторно и урбано

планирање и управување со отпад. За повеќе информации на овој проект во Македонија и другите земји посетете ја:

http://www.greenagenda.net/macedonia/

Зелена агенда

СЕА - стратегиска оцена на влијанието врз животната средина

Од 13-17 Декември 2010 година во рамките на Проектот „Поддршка за

спроведување на стратегиска оцена на влијание врз животната средина“ се

одржаа три регионални работилници на тема “Правна рамка во областа на

стратегиската оцена на влијание врз животната средина “ во Струга, Струмица и

Скопје. На работилниците присуствуваа претставници на општините кои работат

на прашања за заштита на животната средина и просторното и урбанистичко

планирање и невладините организации од релевантите региони. Главната цел на

работилниците беше да се презентира законската рамка за спроведување на

стратегиската оцена во Република Македонија, правата и обврските на органите

на централната власт и на единиците на локалната самоуправа во спроведувањето на оваа постапка, особено при

донесувањето на просторните и урбанистичките планови. Свои презентации на Работилниците оддржаа претставници

на Министерството за животна средина и просторно планирање, а СЕА Експерти од Листата на експерти за СЕА во

Македонија го пренесоа своето лично искуство за процесот на изработка на СЕА извештајот.

Фондација Аполонија на покана од Министерството за животна средина, зеде учество во работилницата во

Струмица. Дознајте повеќе за СЕА на следниот линк: http://www.sea-info.mk/IndexENG.aspx

Концерт - класа на проф. Весна Гиновска - Илкова

Последниот концерт од

програмата на класична музика

“Гевгелиски музички моменти“ се

одржа на 21 Декември во малата

сала на Јавната установа

“Пионерски дом“ - Гевгелија. Овој

пат на програмата беа оперски

арии со десетина студенти од

класата на професорката Весна

Гиновска Илкова. Првото

концертно претставување на

Гиновска, еминентен првенец –

сопран на Македонската Опера, заедно со нејзините студенти, пред гевгелиската публика, беше низ одбраниот

класичен репертоар со изведба на дела од Дуранте, Чајковски, Шуберт, Моцарт, Пучини, Бизе и Каталани, во пијано

придружба на Кристина Светиева. Гевгелиската публика се чувствуваше повеќе од почестена со гостувањето на ваков

ранг на уметници, дотолку повеќе што за Гинкова се знае дека веќе две децении наназад гради успешна

интернационална кариера на сопран, со настапи на познати светски сцени, како театарот „Ди Марчело" во Рим Италија,

а видни носечки улоги исполнувала и на сценските оперски поставки низ Софија, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора,

Турција, Данска, Италија. http://gevgelijanet.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1179:2010-12-23-01-25-

31&catid=53:art--&Itemid=268

Page 3: Informator na Fondacija Apolonija Br 32

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Ден со природата

Во втората половина на Декември во Гевгелија беше

организиран традиционалниот новогодишен турнир во

мал фудбал “Есперо 63“ во кој учествуваа 28 екипи од

Гевгелија и околните места, Скопје, Куманово, Струмица и

Валандово. По елиминациите 16 екипи во четири групи се

бореа за наградите од 5.000 до 120.000 денари. Во

полуфиналето “Рина комерц - Гевгелија“ ја победи екипата

на “Чаки сендвичара - Пирава“ со резултат 5:4 во пенали, а

“Пајдаков и мемвочер - Гевгелија“ ги победија “МПИ

Миравци“ со резултат 6:0. Со два гола предност “Пајдаков“

ја победи екипата на “Рина ком“ и стана шампион на

турнирот “Есперо 63“. Фондацијата Аполонија исто како и

минатата година го подржа овој спортски настан, кој е

инициран по многугодишна традиција од општината, а е

во организација на спортското друштво “Есперо 63“.

Аполонија како компанија исто така учествуваше во

турнирот со свој фудбалски тим составен од вработени во

Аполонија (Саше Динев, Мијо Петров, Славчо Арсов, Тони

Митров, Дине Стојанов, Димче Ризов и Томче Ташев).

Турнир во мал фудбал “Eсперо 63”

Волонтирање во фондација Аполонија

П р о е к т о т “ Д е н с о

природата“ на фондација

Аполонија би сакал јавно да им

посака добредојде на новите

партнери - волонтерите од

клубот GLOW од Гевгелија.

“Club GLOW“ е група на млади

средношколки кои сакаат да ја

покажат способноста за

лидерство преку учество во

активностите за поддршка на

нивната заедница.

GLOW е светска организација на Мировниот корпус со која се промовира лидерство на младите девојки во целиот

свет. Овогодинешната Божиќна работилница за деца беше голем успех благодарение на учеството на овие извонредни

волонтерки. Членовите на клубот GLOW активно помогнаа во планирањето на активностите на работилницата и во

планирањето на Божиќната приредба. Во деновите на работилницата, тие го организираа делењето на материјалите, ги

подучуваа и надгледуваа децата додека ги изработуваат божиќните украси, божиќен накит, картички, додека цртаа

тегли и ги украсуваа кутиите со подароци за социјалните семејства од Гевгелија. Во прилог на работилницата, GLOW

девојките помогнаа и со својата креативност во планирањето и изведбата на завршната претстава во која се истакнаа

голем број млади таленти од Гевгелија. На крај, девојките учествуваа и во распределбата на облека и играчки собрани

од страна на заедницата. Божиќната детска работилницата беше прекрасен дводневниот настан исполнет со

активности, ракотворби, игри, смеа, забава, и најважно од сè хуманост. Им благодариме на девојките од Glow за

своето донирано време и искрен ангажман!

Галерија слики на: www.facebook.com/media/set/?set=o.37503956985

Децата го мерат растот на дрвјата засадени на ридот

кај Богородица во акцијата Ден на дрвото

Децата направија игло во Негорци и на Динќут

Page 4: Informator na Fondacija Apolonija Br 32

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

Музички моменти

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Македонија.

Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Фондација Аполонија

15 и 16 Јануари

Ден со природата

Локација - Топлик

22 и 23 Јануари

Ден со природата

Локација - Дојран

29 и 30 Јаниари

Ден со природата

Локација - Негорци

акција за собирање

отпадоци

Во рамките на културната манифестација

Гевгелиски музички моменти 2010 на

Фондација Аполонија во хотелот Аполонија се

реализираа вкупно 17 концерти, поделени во

два дела ’’Гевгелиска пролет“ и “Гевгелиска

музичка есен“. Остварени активности во

вториот дел беа:

• Концерт за обоа и пијано – проф. Надица

Ристиќ, проф. Елена Атанасовска

• Концерт посветен на Светскиот ден на

учителот – класа проф. Љубица Улишева

• Концерт со Далмацио Гонзалес – тенор,

Ана Ферер – пијано Шпанија (гости од

Интерфест Битола)

• Концерт посветен на 200 години од

раѓањето на Шопен , учесници музички

уметници од Македонија, модератор -

проф. Снежана Анастасова – Чадиковска

• Концерт на Огненка Герасимовска – пијано

• Концерт оперски арии и дуети – класа

проф. Славица Петровска Галиќ, пијано

проф. Јасминка Чакар

• Вечер на оперски арии – класа проф. Весна

Гиновска – Илкова, пијано проф. Кристина

Светиева

Ова програмско издание влезе во прoграмата

на Министерството за култура за 2010 како

проект од јавен и национален интерес.