4
ПРИЈАТЕЛИ: Топол културен бран 2 Концерт Пијано и фагот 3 Донација спорт 3 Горјан Ѓорѓиев - живот и дело 3 За нас 4 Еко календар 4 Фондација Аполонија 10.08.2010 Бр. 27 Содржина: www.gevgelija.gov.mk www.gvg.com.mk www.gevgelijanet.com Изложба на Мајкл Клоус од Канада Под наслов “Сликарството на патот до хуманоста“ на 5 Август во прекрасниот амбиент на летната градина на Хотелот Аполонија беше отворена изложба на уметнички дела од сликарот од Канада со македонско потекло Мајкл Клоус. Дваесетината дела масло на платно во кои доминира суптилната фигурација на женскиот лик, се најновиот творечки ангажман на Клоус, посветен на 100 годишнината од раѓањето на големата хуманистка и добитничка на Нобеловата награда за мир – Мајка Тереза. Оваа изложба беше поставена во Париз, Венеција, Битола, Охрид, а до крајот на Август ќе биде претставена и пред публиката во Крива Паланка и Скопје - во спомен куќата на Мајка Тереза. Изложбата беше пропратена со доделување на 100 минијатурни цртежи на 100 обични жени, мајки, кои на свој начин допринеле за доброто на својата фамилија, околината, а со тоа и на светот. Со овој несебичен гест семејството Клоус сака да изрази благодарност на жените од секојдневието, кои речиси остануваат незабележани во текот на животот и не добиваат признанија за своите залагања и истовремено преку уметноста да ја продолжи заложбата на Мајка Тереза да ги поврзува луѓето и народите околу светот. Мајкл Клосе има дипломирано на Колеџот за уметност во Онатарио, една од најстарите и најпознати сликарски школи во Канада, а своето школување го продолжил на Универзитетот Guelh i Ryerson politehnikal Institut на отсекот за дизајн. Сликарството е неговата главна преокупација, но исто така долги години работи како дизајнер и сценограф на филм и телевизија. Досега има реализирано близу 100 самостојни изложби во многу земји во светот, меѓу кои Македонија, САД, Франција, Германија, Белгија, Полска, Соломонските острови, Австралија, Шведска, Словенија, Турција, Египет и други. Повеќе информации на следниот линк: http://gevgelijanet.com/

Informator na Fondacijata Apolonija Br 27

Embed Size (px)

DESCRIPTION

www.gevgelijanet.com ПРИЈАТЕЛИ: Содржина: Топол културен бран 2 3 Еко календар Фондација Аполонија 4 Донација спорт За нас 3 3 4 На 28 Јули повторно на Терасата на хотелот Аполонија се одржа поетска вечер “Бисери на светската поезија“ која всушност беше презентација на израелската поезија. Сите овие настани беа подржани од Фондација Аполонија.

Citation preview

Page 1: Informator na Fondacijata Apolonija Br 27

ПРИЈАТЕЛИ:

Топол културен бран 2

Концерт Пијано и

фагот

3

Донација спорт 3

Горјан Ѓорѓиев - живот

и дело

3

За нас 4

Еко календар 4

Фондација Аполонија

10.08.2010 Бр. 27

Содржина:

www.gevgelija.gov.mk

www.gvg.com.mk

www.gevgelijanet.com

Изложба на Мајкл Клоус од Канада

Под наслов “Сликарството на патот до хуманоста“ на 5 Август во прекрасниот амбиент на летната градина на Хотелот А п о л о н и ј а б е ш е отворена изложба на уметнички дела од сликарот од Канада со македонско потекло

Мајкл Клоус. Дваесетината дела масло на платно во кои доминира суптилната фигурација на женскиот лик, се најновиот творечки ангажман на Клоус, посветен на 100 годишнината од раѓањето на големата хуманистка и добитничка на Нобеловата награда за мир – Мајка Тереза. Оваа изложба беше поставена во Париз, Венеција, Битола, Охрид, а до крајот на Август ќе биде претставена и пред публиката во Крива Паланка и Скопје - во спомен куќата на Мајка Тереза. Изложбата беше пропратена со доделување на 100 минијатурни цртежи на 100 обични жени, мајки, кои на свој начин допринеле за доброто на својата фамилија, околината, а со тоа и на светот. Со овој несебичен гест семејството Клоус сака да изрази благодарност на жените од секојдневието, кои речиси остануваат незабележани во текот на животот и не добиваат признанија за своите залагања и истовремено преку уметноста да ја продолжи заложбата на Мајка Тереза да ги поврзува луѓето и народите околу светот.

Мајкл Клосе има дипломирано на Колеџот за уметност во Онатарио, една од најстарите и најпознати сликарски школи во Канада, а своето школување го продолжил на Универзитетот Guelh i Ryerson politehnikal Institut на отсекот за дизајн. Сликарството е неговата главна преокупација, но исто така долги години работи како дизајнер и сценограф на филм и телевизија.

Досега има реализирано близу 100 самостојни изложби во многу земји во светот, меѓу кои Македонија, САД, Франција, Германија, Белгија, Полска, Соломонските острови, Австралија, Шведска, Словенија, Турција, Египет и други. Повеќе информации на следниот линк: http://gevgelijanet.com/

Page 2: Informator na Fondacijata Apolonija Br 27

Страна 2 Apollonia Foundation INFO

Топол културен бран 2010

Единаесет културни настани за четириесет дена, е топлиот културен бран кој од Јули ја заплисна Гевгелија. Манифестацијата “Гевгелиско културно лето 2010“, која е во организација на Општина Гевгелија и Министерството за култура, започна на 23 Јули на Градскиот Плоштад со Фолклорните Меридијани - заеднички концерт на културно уметничките друштва “Никола Шубиќ Зрински“ од Пертијевци, Хрватска, Ансамблот “Акритес“ од Поликастро, Грција и Ансамблот “Бојмија“ од Гевгелија како домаќин. Стотина учесници низ фолкорот ги презентираа културните традиции на своите држави, градејќи притоа пријателство и добри меѓусебни односи, и со својот настап предизвикаа воодушевување кај бројната публика.

Културните настани продолжија на 27 Јули со изложбата на фотографии “Поглед врз Гевгелија“ од младиот Гевгеличанец Петар Арџанлиев. Петар со фотографија се занимава аматерски од 2005 година. На терасата на Аполонија беа изложени 13 фотографии од панорамски поглед, стари згради и објекти, па се до детали на фасади, кои на гледачите им доловуваат јасна слика за убавините на Гевгелија во минатото и денес.

На 28 Јули повторно на Терасата на хотелот Аполонија се одржа поетска вечер “Бисери на светската поезија“ која всушност беше презентација на израелската поезија.

Во Јулската програма од културни настани учество зедоа и помладата генерација уметници од “Мултимедија“ со изложба на уметнички дела односно слики, скулптури, видео арт презентации во прекрасниот амбиент на Apollonia Green Garden. Мултимедијалната изложба која се одржа на 30 Јули ја отвори претседателот на здружението Мултимедија и на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија - Мирјана Крстева Массетти.

Сите овие настани беа подржани од Фондација Аполонија.

Културното лето продолжува и во Август со следната програма: Театарска претстава “Мушичка“ во изведба на театарот Ј.Х.К - Џинот од Велес, во просториите на кино Култура, Концерт на духовна музика со хорот “Гортинија“ и парохискиот хор “Пресвета Богородица“, промоција на книга “Ехо од бранови“ од Владимир Мартиновски, Наполитански песни со оперскиот пеач Мустафа Имери и Зана Имери на пијано и Џез вечер - музичко ликовен перформанс. Домаќин на овие настани е хотел Аполонија. Ве очекуваме!

Page 3: Informator na Fondacijata Apolonija Br 27

Страна 3 Apollonia Foundation INFO

Концерт Пијано и фагот

П о с л е д н и о т

концерт од првиот

д е л о д

м а н и ф е с т а ц и ј а т а

Гевгелиски музички

моменти 2010 -

Гевгелиска пролет,

беше одржан на 01

Јули во изведба на

Катерина Гелебешева

Костадиновска -

пијано и Даниел Апостолов - фагот. За прв пат во Гевгелија

публиката имаше можност да ги слушне делата на Девиен,

Рене, Минјон и Креутзер со калоритниот звук на фаготот и во

придружба на пијано.

Музичкото дуо Апостолов и Гелебешева веќе 15

години бележат настапи низ земјата и Европските музички

сцени. Годинава се подготвуваат јубилејот од својата заедничка соработка да го крунисат со подготовка и издание

на музичко ЦД од одбрани изведби со својот авторски запис.

Катерина Гелебешева Костадинова е носител на Меѓународно признание за изведба на дела од

композиторот B. Papandopulo, бележи голем број концертни настапи низ евроските сцени, а неодамна ја заврши

европската турнеја низ Италија, Холандија и Србија каде заедно со својот сопруг Глигор Гелебешев изведоа

програма за клавир со четири раце. Денес е вонреден професор по пијано на ФМУ во Скопје. Даниел Апостолов

покрај многубројните солистички концерти дома, настапувал и во Италија, Словенија, БиХ, Бугарија, Австрија,

Германија. Добитник е на првата награда на државниот натпревар по фагот (1995 г.) како и прва награда на

јубилејниот натпревар по фагот во Херцег Нови (1991 год.) Денес е доцент на катедрата по овој инструмент на

Факултетот за Музички уметности во Скопје. Повеќе информации за настанот на http://gevgelijanet.com/index.php?

Горјан Ѓорѓиев - живот и дело

Еден од учесниците во ликовната колонија Аполонија 2010 беше Горјан Ѓорѓиев од Скопје. Тој е припадник на средната генерација македонски ликовни уметници кои имаат студирано на Академијата за ликовни уметности во Скопје. Дипломирал во 1987 година, отсек сликарство, подотсек графички дизајн во класата на проф. Родољуб Анастасов, а од 1988 година е член на ДЛУМ - Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Досега има реализирано десетина самостојни изложби во Скопје, Битола, Струмица и Белград и учествувал во поголем број групни изложби во Њујорк - САД, Франкфурт - Германија, Белград - Србија и Мелбурн - Австралија.

“Неговите творби може да се дефинираат како т.н. спонтани слики кои, навидум, се изработени ненадејно и без подготовка. Мотивите што често се проткајуваат, а тоа се најчесто жената, детето, човекот, митските бикови, цвеќето итн., се обработени со некаква полетност или спонтаност, емотивност, интуитивност во бојата и формата, стремејќи се кон остварувањее на кохерентност на сликата. Елементите за него се живи, тие дишат и говорат, се умножуваат за да го потврдат своето значање.“ - вели критичарот Татјана Бундалевска. Ова се најновите негови уметнички дела, создадени во ликовната колонија Аполонија 2010.

Минатиот месец освен културни настани, Фондација Аполонија беше активна и во областа спорт. Од ф о н д о т з а образование и спорт беше дадена

донација на еден млад и надежен фудбалер од Гевгелија кој веќе 8 години тренира фудбал во клубовите кои егзистираат на подрачјето на општина Гевгелија. Четиринаесет годишниот Александар Шопов од 02 до 14 Јули беше дел од младинската меѓународна школа на Фудбалскиот клуб Партизан, која е рангирана како една од најдобрите фудбалски школи за младинци во Европа и каде тренирањето и натпреварите се одржуваат под мониторинг на познати тренери.

Донација спорт

Page 4: Informator na Fondacijata Apolonija Br 27

Гевгелиско културно лето 2010 настани—Август

Аdress: Gevgeliski Partizanski Odred 1 1480 Gevgelija R. Macedonia

Тelephone: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: [email protected] [email protected]

Фондација Аполонија

ЕКО КАЛЕНДАР

ИДНИ НАСТАНИ:

22.08.2010 год. КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА

настап на Парохиски хор “Пресвета Богородица“ и Градски мешан хор “Гортинија“

“Тераса“ - хотел Аполонија 21 часот 24.08.2010 год.

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА “МУШИЧКА“ Театар Ј.Х.К - Џинот, Велес

Кино “Култура“ 21 часот 25.08.2010 год.

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА “Ехо од бранови“ од Владимир Мартиновски

“Тераса“ - хотел Аполонија 21 часот 28.08.2010 год.

ЏЕЗ ВЕЧЕР Музичко ликовен перформанс

настап на класата студенти на Гоце Мицанов и изложба на ДЛУГ

“Тераса“ - хотел Аполонија 21 часот 30.08.2010 год.

НАПОЛИТАНСКИ ПЕСНИ настап на Мустафа Имери, оперски пејач

Зана Имери, пијано “Тераса“ - хотел Аполонија 21 часот

16-20 Август Отворени Забавни

Фудбалски Школи на стадионите во Гевгелија и

Валандово

19-29 Август Баскет турнир ГЕВДИОН

стадион Гевгелија

21 и 22 Август Ден со природата на

традиционален планинарски марш на врвот на Кожуф