17
Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола Правен факултет – Кичево Дисперзирани студии – Битола СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ СУДСКИ СИСТЕМ ТЕМА : АДВОКАТУРА 1 Изработил : Гаврил Секулоски Бр. на индекс : 131/Б Ментор: Доц. Д-р Светлана Велјановска

Семинарска работа по Судски систем

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Семинарска работа по Судски  систем

Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола

Правен факултет – Кичево

Дисперзирани студии – Битола

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ СУДСКИ СИСТЕМ

ТЕМА : АДВОКАТУРА

Битола 2012 година

1

Изработил : Гаврил Секулоски

Бр. на индекс : 131/Б

Ментор:

Доц. Д-р Светлана Велјановска

Page 2: Семинарска работа по Судски  систем

Содржина :

-Вовед...................................................................................................3

-Услови за вршење на адвокатската дејност-...............................5

-Права и должности на адвокатите-..............................................6.

-Одгворност за повреда на адвокатската должност и угледот-................7

-Адвокатска комора на Република Македонија- ...............................8

-Професионална етика на адвокатите-.............................................9

-Престанок и мирување на правото на вршење адвокатска дејност- ......................9

-Адвокатски приправници и адвокатски стручни соработници-.......................10

-Заклучок.....................................................11

-Користена литература..................................................12

2

Page 3: Семинарска работа по Судски  систем

1. Вовед Адвокатурата е институт на римското право, од времето на Римската Империја и

Принципатот.1 Потекнува од латинскиот збор advocare – повлукување на помош.

Од глаголот advocare е создаден – лице со правна подготвка што со совите совети

или на друг начин и помага на странката во судската постапка.2 Во почетокот

адвокатите не настапувале непосредно пред судот бидејќи таа работа ја вршеле

говорниците (rhetores, oratores). Така било и во Хелада, особено во Атина. Прво се

појавиле логографите – пишувачи на судските говори, а потоа синегорите,

познавачи на правото.3 Перикле е меѓу првите во Атина кој пишувал судски

одбрани. При крајот на класичното римско право, адвокатите постепено ја презеле

целокупната одбрана во судските постапки. Во периодот на Доминатот, тие станале

влијателна корпорација, со посебни правила за прием на нови членови и ос

ограничување на бројот при одредени судови (numerus clausus).4 Адвокатите биле

лица со голем углед во општеството и во судскста постапка. Од почетокот на

Принципатот, адвокатурата стана професионална служба : од неплатена прерасна

во платена професија.5 Во римското право, адвокатите се третирани ако

полномошници на странките во судскиот спор : “Адвокатите беа стручни правници

кои на странките им помагаа, давајќи им правни совети пред спорот и текот на

спорот”.6 Катон, Цицерон и Цезар се афирмирале прво како адвокати бранители на

правата на плебејците. Подоцна тие здобиле со конзулски статус, благодарение на

големите успеси во одбраната на своите клиенти.7 Адвокатскиот сталеж е воведен

првпат во Италија за време на владеењето на царот Јустин од 518 до 527 година. Во

тоа време се создадени и првите адвокатски колегиуми како облици за

професионално вршење на адвокатската дејност. За време на Јустинијан,

адвокатурата станува составен дел на правосудниот систем. Во негово време,

адвокатите биле воздигнати на ито рамниште со оние што се бореле за

1 Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно право,Култура,Скопје,2009, стр.743 2 Ibid3 Ibid4 Ibid5 Ante Romac, Recnik rimskog prava, Informator, Zаgreb, 1989,str. 236 Ivo Puhan, Rimsko pravo, Naucna knjiga, Beograd, 1974, str. 4217 Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно право,Култура,Скопје,2009, стр.743

3

Page 4: Семинарска работа по Судски  систем

татковината : “Адвокатите се лица кои ги решаваат споровите во граѓанските и

кривичните постапки, со ислата на својата одбрана, с окревање на паднатите и

поддржување на разнишаните права. Тие не се помалку полезни за човечкиот род

од оние кои со својата борба и со раните ја браната својата татковина и татковците.

Ние ги почитуваме оние кои носат шти и оклоп, но тие не се единствените што се

борат за вашето царство. Тоа го прават и адвокатите, мајстори во судницата,

бидејќи и тие се борат со моќта на своите зборови, бранејќи ја надежта, животот и

потомството на оние што страдаат”.8 Адвокатурата повтроно воскреснува во

Франција, во XIII век. Во тоа време поставени се темелите на современата

адвокатура како професија. Од тоа време статусот надвокатсе здобива со упус во

Именикот на адвокатиет, ако се изполнети одредени услови и ако се согласи

адвокатскиот ред.9 Махамта Ганди адвокатурата ја сфаќал како експеримент со

вистината.10

Во македонскиот судски систем правните основи на адвокатурата се поставени со

Одлуката на Президиумот на АСНОМ во септември 1944 година за основање на

адвокатурата како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна

помош и врши јавни овластувања во соглсност со законот. Во јуни 1945 година со

решение на Владата на ДФМ е основана адвокатска комора на Македонија.11

Уставот на Република Македонија од 1991 година адвокатурата ја определува као

самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни

овластувања во согласност со законот.12 Функцијата на адвокатурата е давање

правна помош на граѓаните и на другите субјекти во остварувањето на нивните

права и интереси засновани врз законот. Овие функции ги остваруваат адвокати –

единки или здружени во заедница – друштво.13 Правната помош се состои во

давање на правни совети, застапување во водење преговори и вршење услуги од

областа на деловен протокол , составувње на исправи за правни дела, составување

на договри за основање, партнерство, соработка и слични акти во врска со

8 Iustinianus,De advocatis,(Constitutiones,No.9),528-5349 Историја југословенске аgвокатуре, I Књига, Савез адвокатских комора Југославије, Београд, 1998,стр.6610M.K. Gandhi, An Autobiography or The Story of my Experiments with Truth, All India Congress Committee, New Delhi, 2007 11 Доц. Д-р Светлана Вељановска, Суgски систем- авторизирани преgавања,Кичево,2012,стр.102 12 Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно право,Култура,Скопје,2009, стр.74413 Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно право,Култура,Скопје,2009, стр.745

4

Page 5: Семинарска работа по Судски  систем

основањето или работењето наделовните субјекти, составување на поднесоци во

судски или други постапки, застапување на странките пред судовите, државните

органи, органите на единиците на локалната самоуправа и други правни и физички

лица, одбрана на осомничени и обвинети лица и вршење на други работи на

правана помош.14

-Услови за вршење на адвокатската дејност-

Основен услов за вршење на адвокатската дејност е уписот во Именикот на

адвокати и Именикот на адвокатски друштва на Адвокатската комора. Пред да се

запише во Именикот на адвокатите кандидатот дава свечена изјава која гласи: “Се

колнам дека должноста ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот,

законите, меѓународните договори ратификувани во соглсност со Уставот,

Статутот на Комората, Кодекс на адвокатската етика и дека сосите своит постапки

ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба.”15 Адвокатска лиценца

може да стекне лице кое ги исполнува општите услови за засновање на работен

однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на

адвокатска дејснот. Покрај тоа мора да ги исполнува следните услови:

- Да е државјанин на Република Македонија;

- Да е деловно способно;

- Да има стекнато унивезрзитетска диплома за дипломиран правник во Република

Македонија или нострифицирана диплома од правен факултет од странство;

- Најмалку две години по дипломирањето да работело на стручно оспособување

и усовршување во адвокатаска канцеларија или на правни работи во

правосудните институции, или најмалку три години на други правни работи;

- Активно да го зборува македонскиот јазик;

- Да има положено правосуден испит во Република Македонија;

- Да не е правосилно осуден на казна, забрана за вршење дејност, професија или

должност, за време на таа песна;

- Да не е во работен однос;

14 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл. 315 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл. 11 ст.1

5

Page 6: Семинарска работа по Судски  систем

- Да не врши работи кои се неспојливи со адвокатурата.16

-Права и должности на адвокатите-

Адвокатот е слободен, самосотен и независен во својата работа и во рамките на

законот, актите на Комората и овластувањата самостојно одлучува за начинот на

застапување на прават и интересите на странката. Тој е должен редовно да плаќа

коморска членарина на Адвокатскта комора на Република Македонија од денот на

упис во Именикот на адвокатите.17 Адвокатот има обврска постојано да се

усовршува стручно за време на траењето на адвокатската дејност преку

задолжителна обука, семинари, работилници и друго. Овластувањата за давање на

правна помош адвокатот поединец и адвокатите здружени во адвокатско друштво

ги добиваат преку полномошно извадено од странката.18 Адвокатот има право,

овластувањата што му ги дала странката, да ги пренесе врз друг адвокат или да

овласти друг адвокат за преземање само на одделни процесни дејствија во

постапката.19 Правната помош на странката адвокатот јадава совесно и стручно,

согласно со закон, Коексот на адвокатската етика и другите акти на Комората и

како тајна го чува она што му го доверила странката.20 Давањето правна помош,

може да се одбие или откаже од причини утврдени со закон, Кодексот на

адвокатската етика и другите акти на Комората. Правна помош не може да се даде

кога по истата правна работа тој или друг адвокат од неговата канцеларија или

адвокатското друштво давал правна помош на спротивната странка, или, по истата

праван работа постапувал ако судија, јавен обвинител, јавен правобранител,

односно како државен службеник во друг орган на државната управа или

организација.21 Адвокатот има право на награда и надоместок на трошоците за

извршената работа за работа на адвокатите. Адвокатот не може да врши јавна

функција или професија и друга јавна служба.22 Адвокатот не може да биден

повикан на одоговрност за искажано мислење при давањето правна помош и

16 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл.12 17 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл.15 ст.218 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл.16 ст.119 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл.16 ст.220 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл.17 ст.121 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл.17 ст.222 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл. 20

6

Page 7: Семинарска работа по Судски  систем

вршењето на јавни овластувања. Адвокатот не може да биде лишен од слобода

ниту притвоен за кривично дело сторено во вршењето на адвокатската дејност без

претходна согласност од Адвокаткста комора на Република Македонија.23

Претресување на адвокатска канцеларија може да се врши во однос на писмената

изречно наведени во решението за претрес донесено од надлежен судија во

кривична постапка, а овластените службени лица немаат пристап до другите

пишани материјали, списи, предмети и архивата.

-Одгворност за повреда на адвокатската должност и угледот-

Адвокатите се оговорни за стручно и соврсно вршење на адвокатската должност и

за чување на угледот на адвокатурата. Како потешка повреда на адвокатската

должност и угледот на адвокатурата, особено се мсета неизвршување или

очигледно несовесно вршење на работите на правна помош и вршење на јавни

овластувања, непостапување по овластувањето и непреземање дејствија што

адвокатот е должен да ги преземе во заштитата на правата и интересите на

странката и повредување на должноста на чување тајни.24 Со акт на Адвокатската

комора на Република Македонија поблиску се утврдуваат повредите на вршење на

адвокатската должност и угледот на адвокатурата. За повреда на должноста или

угледот на адвокатурата, на адвокатот можат да се изречет дисциплински мерки:

јавна опомена, парична казна во висина до десетократен износ на годишната

коморска членарина и привремено престанување на правотот на вршење

адвокатска дејност во траење од една година.25 На адвокатот против кого е

поведена постапказа утврдување на одгвороност за повреда на должноста или

угледот на адвокатурата, може привремено да му забрани вршење на адвокатската

дејност додека трае дисциплинската постапка, но не подолго од 30 дена. Против

решението за изречена дисциплинска мерак и против решението за привремена

забрана на вршењето на адвокатската дејсност, во рок од осум дена од приемот на

решенито може да се изјави жалба до налдежниот орган на Адвокатската комора на

Република Македонија.26 23 Закон за адвокатура, 59/2002, Чл. 21 ст.224 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.30 ст.225 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.31 ст.1 26 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.32 ст.1

7

Page 8: Семинарска работа по Судски  систем

-Адвокатска комора на Република Македонија-

Адвокатите во Република Македонија се организираат во Адвокатската комора на

Република Македонија. Адвокатската комора на Република Македонија има

својство на правно лице.27 Органи на Адвокатската комора на Република

Македонија се Собрание, Претседател, Управен одбор, Надзорен Одбор,

Дисциплински обвинител, дисциплински суд, Жалбен совет и други органи

основани од страна на Собранието на Адвокатскат комора на Република

Македонија.28 Највисок орган на Адвокатската комора е Собранието, во кое

членуваат сите адвокати запишани во именикот на адвокати.29 Претседателот на

Адвокатската комора на Република Македонија се избира од страна на Собранието

со мандат од две години,30 а учествува и во работата на Управниот одбор без право

на глас.31 Управниот одбор е раководен и извршен орган на Комората. Тој е

составен од 15 членови , со претседател кој ја застапува и претставува Комората.32

Надзорнот одбор врши контрола на материјалното и финасиското работење на

Комората. Тој ја разгледува завршната сметка на комората и дава свое мислење за

неа.33 Дисциплинскиот обвинител поведува и застапува дисциплинско обвинение

против член на Комората за сторените дисциплинските повреди. Неговата работа е

уредена со Правилникот за дисциплинска одговорност од 2006 година.34 Жалбениот

совет одлучува по жалбите против одлуките на Дисциплинскиот суд. Овој совет го

сочинуваат пет члена, од кои еден е претседател.35 Рабоата на Жалбениот совет се

уредува со Правилникот за дисциплинска одговорност. Адвокатската комора на

Република Македонија се финансира од: коморска членарина, коморски уписен

влог, подароци од фондации, закупнина, коморска маркичка и други приходи во

согласност со закон.36 Висината на коморскиот уписен влог и на коморската

27 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.33 ст.328 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.33-а ст.129 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.33-а ст.230 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.33-а ст.331 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.33-а ст.432 Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно право,Култура,Скопје,2009, стр.74733 Ibid 34 Ibid35 Ibid36 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.35

8

Page 9: Семинарска работа по Судски  систем

членарина, ги утврдува со одлука Управниот одбор на Адвокатската комора на

Република Македонија и ги објавува во Службен весник на Република

Македонија.37

-Професионална етика на адвокатите-

Кодексот за професионална етика на адвокатите е збир на начела според кои се

управуваат адвокатите во својата работа. Тие се дел од општите начела на етиката

или на моралниот закон, во најширока смисла: “Севкупната природа и севкупната

историја на човечкиот род се состои во зависноста од еден единствен закон –

моралниот закон.”38 Според Махатма Ганди, секоја професија е изложена на големи

предизвици, коишто не можат да се совладаат успешно без етичноста на нејзиниот

носител: “Се што сакам, а ви кажав, е дека професијата учи на неморал, изложена е

на искушенија од кои само неколкумина се спасиле.”39 Должност на сите адвокати

е да се грижат за правилна примена на Кодексот за професионална етика на

адвокатите во практиката. Кодексот поконкретно ги уредува односите на адвокатот

кон странките и предметот, потоа, кон судот и кон другите органи и, најпосле, кон

Адвокатската комора на Република Македонија.40 Санкциите за кршење на

Кодексот се пропишани во Правилникот за дисциплинска одговорот на адвокатите.

-Престанок и мирување на правото на вршење адвокатска дејност-

Правото на вршење адвокатска дејност му престанува ако: а) се откаже од правото

на вршење адвокатска дејност; б) трајно ја згуби способноста за вршење адвокатска

дејност; в) заснова работен однос; г) го изгуби државјанството на Република

Македонија; д) биде лишен од деловна способност или трајно ја загуби

способноста за вршење адвокатска дејнсот; ѓ) правосилно е осуден за кривично

дело за безусловна казна затвор од најмалку шест месеци ако му е изречена мерка

забрана на вршење адвокатска дејност; е) не врши уплата на коморската членарина;

ж) му е одземена лиценцата за работа; и з) не се осигура од одговорост за штета

37 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл.36 ст. 138 Владика Николај,Номологија,симболи и сигнали, глас цркве, Ваљево, 2001, стр.4339 M.K. Gandhi, Hind Swaraj or Indian Home, Rule,Navajivan Publishing House, Ahmedabad, 2005,p.4840 Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно право,Култура,Скопје,2009, стр.748

9

Page 10: Семинарска работа по Судски  систем

нанесена на странката.41 Против одлуката за престанок на правотот на вршење на

адвокатска дејност е дозволена жалба во орок од 15 дена од денот на приемот на

одлуката до надлежниот орган на Адвокатската комора на Република Македонија.42

Против конечната одлука на Адвокатската комора на Република Македонија може

да се поведе управен спор пред надлежен суд определн со закон.43

На адвокат избран или именуван на јавна функција, вршењето на адвокатската

дејност му мурива до престанувањето на функцијата. На барање на адвокатот

вршењето на адвокаткста дејнсот може да мирува:

- Поради болест;

- Негово отсуство, односно отсуство на брачниот другар кога се упатени на

работа во странство од страна на Република Македонија;

- Стручно усовршување и

- Засновање на работен однос.44

-Адвокатски приправници и адвокатски стручни соработници-

Во Именикот на адвокатски приправници може да се запише државјанин на

Република Македонија кој ги исполнува општите услови за засновање работен

однос во органите на државната управа и да има стекнато универзитетска диплома

за дипломиран правник или нострифицирана диплома од правен факултет од

странство.45 Во Именикот на адвокатските стручни соработници можа да се запише

само лице кое покрај погоре наведените услови има полжено и правосуден испит.46

Адвокатскиот приправник стручно се оспособува за самостојно вршење на

адвокатската дејснот и работите на правната помош и јавните овлсвувања ги врши

според упатствата на адвокатот. Адвокатскиот приправник по истек на две години

адвокатска приправничка практика, стекнува право да полага правосуден испит.47

41 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 23 ст. 2 42 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 23 ст. 343 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 23 ст.444 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 24 ст.245 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 25 ст.146 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 25 ст.247 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 26 ст.2

10

Page 11: Семинарска работа по Судски  систем

Адвокатскиот приправник по положувањето на правосуден испит може да работи

во својство на адвокатски стручен соработник.48

Заклучок

Адвокатурата е институт на римското право, од времето на Римската Империја и

Принципатот. Во македонскиот судски систем правните основи на адвокатурата се

поставени со Одлуката на Президиумот на АСНОМ во септември 1944 година за

основање на адвокатурата како самостојна и независна јавна служба што

обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во соглсност со законот.

Основен услов за вршење на адвокатската дејност е уписот во Именикот на

адвокати и Именикот на адвокатски друштва на Адвокатската комора. Адвокатот е

слободен, самосотен и независен во својата работа и во рамките на законот, актите

на Комората и овластувањата самостојно одлучува за начинот на застапување на

прават и интересите на странката. Адвокатите во Република Македонија се

организираат во Адвокатската комора на Република Македонија. Органи на

Адвокатската комора на Република Македонија се Собрание, Претседател, Управен

одбор, Надзорен Одбор, Дисциплински обвинител, дисциплински суд, Жалбен

совет и други органи основани од страна на Собранието на Адвокатскат комора на

Република Македонија.

Користена литература

48 Закон за адвокатура, 59/2002,Чл. 28

11

Page 12: Семинарска работа по Судски  систем

-Светомир Шкариќ, Билјана Силјановска-Давкова,Уставно

право,Култура,Скопје,2009

-Ante Romac, Recnik rimskoд prava, Informator, Zаgreb, 1989

-Ivo Puhan, Rimsko pravo, Naucna knjiga, Beograd, 1974

-Iustinianus,De advocatis,(Constitutiones,No.9),528-534

-Историја југословенске адвокатуре, I Књига, Савез адвокатских комора

Југославије, Београд, 1998

-M.K. Gandhi, An Autobioдraphy or The Story of my Experiments with Truth, All

India Congress Committee, New Delhi, 2007

-Доц. Д-р Светлана Вељановска, Судски систем- авторизирани

предавања,Кичево,2012

-Закон за адвокатура, 59/2002, (изменет и дополнет 2006, 2007 и 2008 година)

-Владика Николај,Номологија,симболи и сигнали, глас цркве, Ваљево, 2001

-M.K. Gandhi, Hind Swaraj or Indian Home Rule,Navajivan Publishing House,

Ahmedabad, 2005

12