22
ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ Глобалното затоплување е наш заеднички проблем. Ова е текст во кој се опишуваат причините како е дојдено до него, какви ќе бидат последиците, и што се можеме ние да направиме за да го спречиме уништувањето на нашата планета.

Globalno zatopluvanje

  • Upload
    gabiiiii

  • View
    7.227

  • Download
    11

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Globalno zatopluvanje

ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Глобалното затоплување е наш заеднички проблем. Ова е текст во кој се опишуваат

причините како е дојдено до него, какви ќе бидат последиците, и што се можеме ние да направиме

за да го спречиме уништувањето на нашата планета.

Page 2: Globalno zatopluvanje

• Средната температура на земјата е покачена за 0,5 степени последниов век. Биле правени испитувања како природните процеси влијаеле на климата во минатото И како човековите активности влијаат на загревање на Земјата денес.1.планетата била многу потопла- пред 75 милиони год. Средната темп. на земјата била 5-6 степени повисока. Скоро секаде климата била топла И влажна. - поранешн а географија :пред 75 мил. Год. Континентите не се наоѓале на денешните позиции И плитките континентални мориња покривале големи копнени површини. Индија и Азија не биле поврзани , Ј америка и Африка биле поблиску исто ка ко и Австралија и Антарктикот. - Диносауруси и алигатори -докази за потопла замја- фосили на тираносаурус биле најдени на север во Азија и Америка што укажува на зими кои биле многу поблаги од денешните. Алигаторите не живеат во ладни области. Во САД нивната граница е нешто посеверно од Голфскиот брег. Но фосили од алигатори од пред 7 мил год се најдени во Северна Канада што индицира на многу потопла клима.

Page 3: Globalno zatopluvanje

• 2.Зошто било потполо? - Атмосферата содржела повеќе ј. диоксид - гас кој ј а заробува топлината, имало повеќе активни вулкани И лава која исфрла ј. диоксид , повеќе копно е под вода- ова ја намалува можноста за развој на природни системи кои би го отстранувале ј.диоксид во атмосферата.Земјата апсорбирала повеќе топлина од сончевото зрачење: океанските струи ја дистрибуирале тполината околу земјата порамномерно отколку денес ; имало мала покривка од снег И лед која би ги рефлектирала сончевите зраци; поларните региони кои биле без лед впивале повеќе од сончевата енергија3. Последното ,, Ледено доба,, пред 20000 години Студените периоди не Земјата биле И поминале. За време на последниот пред 20000 години најниската глобална средна темп. била 5 степени пониска од денешната. Големи површини од сев. Континенти биле покриени со колосални ледени блокови. Мразот покривал 1/3 од Земјата- трипати повеќе од денес. Во последните милион години ледените блокови се појавувале и исчезнувале. Главна причина за тоа е што орбитата и нагиботна Земјата се менуваат периодично.Овие промени го менуваат количеството на сончева светлина која допирала до половите. Кога летата се постудени помалку снег се топел и глечерите растеле. Кога летата биле доволно топли глечерите исчезнувале.

Page 4: Globalno zatopluvanje

• 4. Зошто било постудено? - Нивото на ј.диоксид, гасот што ја задржува топлината, е смалено.-Многу угасени вулкани ќто допринеле за тоа-Копнените мориња исчезнале, повеќе планини се формирани, а појавени се и нови растенија. Овие промени ги зголемиле можностите со кои некои природни системи го отстранувале ј. диоксид од атмосферата.-Земјата апсорбира помалку топлина: континентите бавно се движеле кон сев. Полутопка , а земјата задржува помалку топлина-Како се ладела планетата снегот и мразот растеле со што се рефлектирало повеќе сончево зрачење и се зголемува глобалното заладување

Page 5: Globalno zatopluvanje

• 5. Климатски фактори : делови од климатската сложувалкаЗа веродостојна слика на климата од минатото научниците мора да комбинираат докази од многу извори. Трагајќи по климатските фактори научниците ги испитуваат глечерите, океанските и езерските длабочини, годовите на дрвјата и пештерите. Користејќи ги можат да ја реконструираат промената на темп. Врнежите, вегетацијата, нивото на гасови во атмосферта. Со бушење на глечерите се добива увид за 2 важни гаса ј.диоксид и метан , кои ја задржуваат топлината. Утврдено е дека во последните 100 год. Нивото на истите е највисоко во однос на последните 220 000 год. Ова е резултат на индустриската активност уништување на шумите и агрикултурата. Кога нивото на ј.д. И метан е ниско климата е студена И обратно.

Page 6: Globalno zatopluvanje

• 1. Историски климатски промени : последните 10000 годиниИако средната темп. Била релативно стабилна во минатите 10000 години имало регионални промени кои биле доволно нагли за да ги пореметат човековите заедници кои таму егзистирале. Влажната Северна Африка пред 4000 почнува да се суши и постепено се претвара во пустина. Викинзите го населуваат далеку потоплиот Гренланд од овој денешниот покриен со лед. Периодот од 1550 до 1850 е наречен ,,мало ледено доба,, . Многу области во С. Америка и Европа имале екстремно студени зими.

Page 7: Globalno zatopluvanje

• 2.Топлиот 20 век : последните 100 годиниЗошто е сега потопло?Климата на Земјата варира во тек на времето соодветно на промените во орбитата, варијациите во сончевото зрачење, ниво на гасовите на стаклената градина, вулкански ерупции И случајните промени во атмосферата И океаните. Гасовите кои се ослободуваат во атмосферата допринесуваат на загревањето во последните 100 години , предизвикувајќИ го она што научниците го нарекуваат ,,приметливо човеково влијание на глобалната клима ,, Ќе биде потребно подолготрајно следење на темп. за подобро разбирање на влијанието на човекот на затоплувањетоПривремено заладувањеГасовите ослободени 1991 од планината Пинатубо на Филипините формираа честички високо од атм. , кои го блокираа сончевото зрачење И ја заладија климата за неколку години додека да повторно паднат на земјата. За подолг временски период ова заладување нема да има влијание на затоплувањето ( 1-3,5 ) за наредните 100 години.

Page 8: Globalno zatopluvanje

• 3.Човековото влијание на глобалното затоплувањеДенес, за прв пат во историјата на Земјата, луѓето ја имаат, можеби, одлучувачката улога за иднината на климатските промени. Потоплата иднина може да беде резултат на денешните активности на луѓето во кои се ослободуваат големи количини на гасови кои ја задржуваат топлината. Овие гасови се дел од причините за зголенување на темп. за 0,5 степени за последните 100 год. Прекин со минатотоАко темп. на Земјата продолжи да расте како што се претпоставува идното глобално затоплување може да се случИ побрзо отколку секоја климатска промена за последните 10000 год. Ако е така идните локални климатски промени може да имаат поекстремни влијанија од тие во минатото.Промени во атмосферата Почнувајќи од средината на 1700 човековите активности почнуваат да го менуваат составот на атмосферата. Огромните резерви на дрвен јаглен, а подоцна на јаглен и нафта ги покриваат барањата на индустриската револуција. С вграден во овие горива бил ослободен како СО2 во атм. , гас што ја задржува топлината. Денес за секој од над 6 милијарди луѓе на планетата скоро 6 тони СО2 се исфрла во атм годишно . Како резултат на нашите активности конц. На СО2 е покачено за 30% во последните 250 год.Што е следно?: Индустриски развиените земји и земјите во развојРазвиените нации денес најмногу ослободуваат СО2 , додека емсијата на СО2 во земјите во развој е во подем. Поради пораст на популацијата, побарувачката на ел.енергија и транспортот овие нации како група можат да ги надминат развиените земји во наредните декади во емисијата на СО2 . Научниците проценуваат дека за да се пречи порастот на СО2 во воздухот емисијата треба да се преполови.Фосилни горива и популацијата Ф.Г кои ослободуваат СО2 кога согоруваат се користат за добивање на ел.енергија топлина и светлина во домовите и работните места, фабриките и колите. Ако не се редуцира порастот на популацијата И употребата на ф.г. нивото на СО2 ќе се дуплира некаде во средината на 21 век. Идната клима делумно зависи И од порастот на СО2 во атмосферата.

Page 9: Globalno zatopluvanje

• 4.Ефектот на стаклената градинаКако Земјата останува топла.Сончевите зраци минуваат низ стакленикот И го задреваат тлото во внатрешноста. Толплината од тлото ја затоплува внатрешноста на стакленикот бидејќИ стаклата го оневозможуваат нејзиното губење. Како атмосферата ја задржува топлината : Сончевите зраци минуват низ атм. И ја загреваат површината на Земјата. Топлината се искачува од тлото и ја загрева и атм. Гасовите од атм. Апсорбираат дел од топлината И повторно ја рефлектираат на површината. Овој процес на затоплување е познат како ефект на стаклена градинаЖивотот зависи од ефектот на стаклената градинаТој ја одржува средната темп. На земјата на околу 15 степени . Ако нема гасови кои ја задржуваат топлината темп. Би била - 18 степени - недоволно за повеќето животни форми. Поголем дел од топлинската радијација би се губел во вселената.Гасовите на стаклената градина ја затоплуваат земјатаСкоро половина од сончевота енергија доаѓа до површината на земјата. Остатокот се рефлектира или апсорбира од атм. Земјата апсорбира најмногу Е која допира до површината и се реемитира како топлина. Атм. Содржи гасови водена пареа, СО2, кои апсорбираат или заробуваат дел од топлината и пак ја враќаат на површината.

Page 10: Globalno zatopluvanje

• Како ние влијаеме на земјината атмосфераЧовековите активности го интензивираат природниот ефект на с.градина. Секоја година се ослободуваат билиони тони на гасови кои ја задржуваат топлината. Со тоа ние поставуваме основа за потопла Земја.Озонска дупкаХлорофлуоројаглероди и сродните индустриски гасови ја истенчија озонската обвивка на многу места. Над Антарктикоттаа е многу оштетена. Ледените облаци ги забрзуваат хемиските промени поттикнати од хлорофлуоројаглеродите кои го уништуваат озонот. УВ зраци минуваат низ оштетените оласти и оштетуваат многу од животните форми на земјата. Кај луѓето предизвикуваат рак на кожата и катаракта. Озонската обвивка ја штити земјата од сончевите УВ зраци. Озонската дупка не го интензивира ефектот на стеклената градина. Треба да се прави разлика од озонот во повисоките слоеви во атм, кој е со заштитна ф-ја и озонот кој е главна комонента на смогот во пониските слоеви и е штетен.5.Извори на гасови од с.градина СО2 метан азотни оксиди И водената пареа заедно го создаваат природниот ефект на с, градина . со пораст на истите процесот се интензивира. СО2 од 1750 е 30% зголемен. Иако е природно потребен и се искористува неможе комплетно да се отстрани со постоечкиот растителен свет. За зголемувањето допринесува и согорувањето на ф.г. (30 милиони тони ) , сечење И горење на шумите( причина за изчезнување на многу раст, И животински видови ), колите итн., а се претпоставува дека до 2065 ќе се дуплира. СО2 ослободен денес може да ја задржи и топлината и по наколку стотини години. Што се однесува до редукцијата пожелно е да се користа извори на Е кои не ослободуваат СО2 или тоа се минорни количини, користење на јавен превоз, пешачење или велосипедизам итн.Метан- повеќе од дупло од 1750 . Природно се генерира бактериите кои ги разградуваат органските материи и во цревата на термитите и некои др, животни. Го има И в природните резерви на гас. Се ослободува од ѓубриштата И депониите, при минирање, екстракција И транспорт на јаглен нафта и природен гас. Наместо на се остави да се губи неискористен може да се собира И користи како гориво. До 2050 повторно дуплирање.20 пати поефективо задржува топлина од јаглерод.се задржува околу 10 години во атмосферата.Флуоројаглероди се создадени пред се со човековата активност ретко природно. Поранешните ја оштетувале озонскаа дупка , но денес се заменети со нови кои немаат таков ефект но се ефикасни апсорнери на топлина. Можат да се намалат со контрола на фрижидерите и клима-уредите и нивно сервисирање.Азотни оксиди15% од 1750, се ослободува од океаните и бактериите во почвата7-13 милиони годишно , од ѓубрење, човеков и животински измет, растенија за чиј развој е потребно губрење. 200 пати поефективно врзува топлина и се задржува околу 1 век во атм.

Page 11: Globalno zatopluvanje

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ Е ПРОБЛЕМ

• Очекувајќи го неочекуванотоНепријатни изненадувања:Некои од начините на кои Земјата може да одговори на глодалното затоплување може да бидат постепени, а други пак нагли. Со понатамошно зголемување на количини те на гасовите од с.г. може И да се изненадиме И со понекоја непријатност.Метанот кој бега: како што се затоплува Арктикот, големи количини на метан кој е сега замрзнат под океанот И земјата може да се ослободи И премине во воздухот. Поради неговите својства може да се очекува И побрзо затоплување на Земјата.Рапидно зголемување на нивото на морето: дел од западно Антарктичкиот леден блок се наоѓа на самата површина на морето. Како се затоплуваат морињата лесно може да се случИ да дојде до дестабилизација на мразот , тој да се скрши , а потоа и да се стопи.Како резултат на тоа во наредните 300 години нивоте на морето побрзо ќе рсте од очекуваното.

Page 12: Globalno zatopluvanje

• Промена на правецот : како резултат на претходно кажаното може да дојде до промена на правецот на морските И океанските струи. Нивните патеки ја одредуваат дистрибуцијата на оканските темп, И хранливи материи кои го овозможуваат животот во морето. Ако се промени нивниот правец целокупниот воден еко-систем ќе се наруши.1.Зголемување на нивото на морето:Покрај Антарктикот и ледениот брег кој го покрива Гренланд меже да претрпи делумно топење и да допринесе за зголемување на нивото на морето. Во последните 100 години 10-25 см , а за до 2050 може да стане и тродупло со што огромни крајбрежни површини, кои се многу густо населени, ќе бидат потопени. Најзагрозени се Индија Пакистан , Бангладеш , Малдиви ,Тајланд , Мозамбик, Египет, Суринам итн. 2.Здравјето во потопол светГ.Затоплување влијае на човековото здравје н аразлични начини. Иако е тешко да се предвидат вистинските ефекти , научниците веќе ги разгледуваат можностите.Топлотни бранови:Луѓето почесто би пателе од топлотни удари, и да умираат од срцеви напади или од други заболувања предизвикани од топлин ата. Во некои региони темп. Може да достигне високи вредности со што би се јавиле миграции на населението од тие области.Полуција : Топлината ,честичките смог и штетните гасови кои се задржуваат во атмосферата можат да забрзаат други хем, реакции и да се создадат нови полутанти. Сето тоа ја зголемува опасноста од заболување од астма и други белодроби болести.

Page 13: Globalno zatopluvanje

• Загадени води:Некои области ќе имаат повеќе врнежи што ќе води кон зголемени поплавувања на ниските крајбрежија, тоа од друга страна ќе предизвика контаминација н а водените ресурси со полутанти од градовите и фармите , ризикувајќи раширување на инфективни болести.Пренесувачи на болести. Како што глобалното затоплување предизвикува промени во климатските зони така инсектите кои се пренесувачИ на болести ќе мигрираат коин половите. Маларијата И жолтата треска ќе зафатат многу поголеми области од денешните, а некои од здравсрвените центри немаат услови за да се справат со нив.3.Глобалното затоплување влијае на природатаПромените во температурата, врнежите И дистрибуција на растенијата можат многу да влијаат на миграцијата, исхраната И размножувањето на многу животински видови , од инсекти до слоновите.Сигурни скривалишта за дивите животни: При постепено менување на климатските услови животните имаат можност да се адаптираат но кога промената настапува наеднаш тогаш голем број од видовите немаат можност да се адаптираат И исчезнуваат. Денешниот пораст на темп. Е рапиден што им оневозможува на многу раст. И жив. видови да се адаптираат што значи се наоѓаат на работ на егзистенцијата.

Page 14: Globalno zatopluvanje

• Растенија животни: Неможе со сигурност да се претпостави к ако г.з. ќе влијае на раст. И животните. Потоплите услови на Арктикот ќе предизвикаат да северните шуми И тундрата се повлечат уште по на север , намалувајќи ја областа на која живеат денес северните животни. Посувата клима во Централна Африка може да делува инхибирачки на навиките на некои големи цицачИ како слоновите, чие размножување е поврзано со дождовните периоди. Некои животни може да мигрираат во области кои се поблагопријатни за нив , но кои не се во рамките на националните паркови каде што тие се заштитени. Температурата на која јајцата се инкубираат го детерминираат полот на алигаторите И многу видови желки. Повисоките температури може да предизвикаат промени во пропорционалниот однос на полот кај овие видови. Некои видови може да се адаптираат но другите може да се истребат на овој начин.

Page 15: Globalno zatopluvanje

• 4.Да сепредвиди непознатото.: Повеќето од научниците се согласуваат дека зголемувањето на ј.диоксид со пораст на популацијата и интензивирање на индустријата ќе предизвика затоплување на Земјата. Сепак неможе со сигурност да се претпостави како ќе се однесуват живите организми.Поларен парадокс: Со затоплување на земјата ќе се предизвика топење на ледените блокови НО на Антарктикот потполиот воздух со зголемување на водената пареа може да предизвика повеќе врнежи на снег на глечерите. Научниците сметаат дека ова може да го намали зголемувањето на нивото на морето но не се знае во кој а мера.

Page 16: Globalno zatopluvanje

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПОМОГНЕ

• Глобалното затоплување не е само да се вклучи темп . на повисока па кога сакаме да ја исклучиме и се да биде во ред. Напротив гасовите на стаклената градина ја задржуваат трмп. Во тек на многу декади и тие кои денес се ослободени уште долго ќе имаат влијание.Што да се направи ? Изгледа дека една личност и неможе многу да направи , но не е баш така. Секогаш ког асе штеди енергиај или се користи поефикасно не само што се штедат пари туку и се намалува побарувачката за јаглен нафта и природен гас, со што се намалува и СО2 кој се ослободува при нивно согорување.

Page 17: Globalno zatopluvanje

Што можеш ТИ да направиш:• 1.Секогаш кога е можно пешачи , вози велосипед или користи го

јавниот превоз.2.Кога ќе купуваш автомобил избери таков кој нема многу да троши.3.Ако има и клима уред, провери дека е рециклирана течноста за ладење секогаш кога го сервисираш.4.Редуцирај ги непотребните работи: купувај минимално запакувани добра,повеќе користи продукти кои се рециклираат во однос на оние со еднократна употреба.5.Користи ја машината за перење кога е наполнета , а не полупразна - така ќе заштедиш повеќе енергија.6.При миење на садовите користи ладна или топла вода , а не жешка.7.При греење водата не ја загревај над 70 степни.8.Посади дрвја во близина на твојот дом, ако живааш во област со топла клима ѕидовите нека се во светли бои , а ако живееш во студена област сидовите нек а се во темни бои.9.Ако ги заменуваш ел.уреди земи такви кои се енергетски најефективни.

Page 18: Globalno zatopluvanje

Што може владата да направи:

• 1.Пошумување2.масовен транспорт3.поставување на стандарди за чистотата на воздухот

Page 19: Globalno zatopluvanje

• Што може да се направи во бизнисот:1.Да се инвестира во енергетски ефикасно флуоресцентно осветлување2.Да се градат или реновираат канелариите користејќи ен. Ефикасни материјали.соодветна изолација и соларне енергиај за затоплување и осветлување.3.Да се садат дрвја за да се неутрализираат гасовите на стаклената градина кои ги ослободува компанијата.4,да се инвестира во ех. Ефикасни мануфактурни процеси и опрема и дасе користат рециклирани материјали.

Page 20: Globalno zatopluvanje

• Што е направено?Научниците проценуваат дека за да се забави глобалното затоплување мора да се редуцира огромната емисија на СО2 во светот а и на другите гасови кои ја задржуваат топлината. Патиштата на оваа редукција се со заменување на фосилните горива со извори на енергија кои се обновуваат.1992 на Rio Earth Summit nad 150 zemji потпишаа договор за климатските промени со цел стабилизација на емисијата на СО2 од страна на развиените земји до 2000.The Solar Electric Light Fund , непрофитна организација од САД , помогна да се инсталираат мали соларни станици во Зимбабве И Шри Ланка со цел да се намали потрошувачката на фосилни горива во овие општества.

Page 21: Globalno zatopluvanje

• Southern California Edison вети дека ќе ја редуцира сопствената емисија на СО2 за 20 % до 2010 И има донирано милион долари за флуоресцентни сијалици за потрошувачите,како и бесплатна изолација и попуст ако купуваат енергетски ефикасни производи.Повторно пошумувањеКонтрола на прираст на населението - повеќе население бара поголема потрошувачка на енергија.

Page 22: Globalno zatopluvanje