19
BLOOM-ОВА ТАКСОНОМИЈА НА НАСТАВНИ ЦЕЛИ ПРАШАЊА СО ПОВЕЌЕЧЛЕН ИЗБОР

2_Blumova taksonomija-f

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ПРАШАЊА СО ПОВЕЌЕЧЛЕН ИЗБОР BLOOM-ОВА ТАКСОНОМИЈА НА НАСТАВНИ ЦЕЛИ 3. Најди три сличности помеѓу тебе и Оливер Твист и објасни ги. 4. Која е разликата меѓу нервниот систем на влечугите и нервниот систем на водоземците? Поредете ги прашањата по тежина 6. Нацртај скица на патот од училиштето до амбулантата со сите околни објекти. 2. Што сèтреба да се земе предвид кога ќе се одлучува кое млеко да се купи во самопослуга? познавање примена анализа евалуација синтеза

Citation preview

Page 1: 2_Blumova taksonomija-f

BLOOM-ОВА

ТАКСОНОМИЈА НА

НАСТАВНИ ЦЕЛИ

ПРАШАЊА СО

ПОВЕЌЕЧЛЕН ИЗБОР

Page 2: 2_Blumova taksonomija-f

1. Напиши две прости и две сложени реченици (по една во

минато и една во сегашно време) кои го содржат глаголот

мисли.

2. Што сè треба да се земе предвид кога ќе се одлучува кое

млеко да се купи во самопослуга?

3. Најди три сличности помеѓу тебе и Оливер Твист и

објасни ги.

4. Која е разликата меѓу нервниот систем на влечугите и

нервниот систем на водоземците?

5. Кои планини се наоѓаат на границата меѓу Македонија и

Албанија?

6. Нацртај скица на патот од училиштето до амбулантата со

сите околни објекти.

Поредете ги прашањата по тежина

Page 3: 2_Blumova taksonomija-f

2. Што сè треба да се земе предвид кога ќе се одлучува кое

млеко да се купи во самопослуга?

6. Нацртај скица на патот од училиштето до амбулантата со

сите околни објекти.

3. Најди три сличности меѓу тебе и Оливер Твист и

објасни ги.

1. Напиши две прости и две сложени реченици (по една во

минато и една во сегашно време) кои го содржат глаголот

мисли.

4. Која е разликата меѓу нервниот систем на влечугите и

нервниот систем на водоземците?

5. Кои планини се наоѓаат на границата меѓу Македонија и

Албанија?

Page 4: 2_Blumova taksonomija-f

Блумова таксономија на наставни цели

познавање

сфаќање

примена

анализа

синтеза

евалуација

Page 5: 2_Blumova taksonomija-f

ЕВАЛУАЦИЈАВреднување или оправдување на

одлука или постапка врз основа на критериуми

СИНТЕЗАСоставување делови за да се создаде

нова целина и да се изведат логички заклучоци

АНАЛИЗАРазложување на составни

делови и утврдување на меѓусебните односи

ПРИМЕНАКористење на наученото

во нови и конкретни ситуации

СФАЌАЊЕРазбирање на значењето на материјалот

(објаснување на идеите и поимите)

ПОЗНАВАЊЕСеќавање на претходно наученото (од одделни факти до цели теории)

Page 6: 2_Blumova taksonomija-f

ПОЗНАВАЊЕ - сеќавање на претходно наученото (1)

• познавање на терминологијата

– избор на поим со исто значење

– поврзување на поим со

неговата дефиниција

– идентификување на значењето

на поимот во даден контекст

Што значи зборот интерпретација?

А објаснување*Б опишувањеВ разгледување

Што се презема за да се даде толкување со цел да се разјасни нешто?

А опишувањеБ интерпретација * Г разгледување

Што значи интерпретација во реченицата „По пресметување на тест-скоровите, се пристапува кон нивна интерпретација.“?

А се образложува постапкатаБ се опишуваат броевитеВ се објаснува значењето*

Page 7: 2_Blumova taksonomija-f

• познавање факти: што, кој, кога, каде

Кој е авторот на „Везилка“?

А Славко ЈаневскиБ Ацо Шопов В Блаже Конески*Г Коста Рацин

Принципот на недискриминација дава насоки за тоа

А како да им се даваат поголеми права на малцинствата.Б што значи подеднакво да се третираат сите луѓе.* В како да се разликуваат луѓето според потеклото и

способностите.

• познавање принципи

Независноста на Р.Македонија е прогласена на 8 септември

А 1941 год.Б 1945 год. В 1991 год.*

ПОЗНАВАЊЕ - сеќавање на претходно наученото (2)

Page 8: 2_Blumova taksonomija-f

• познавање методи и постапки

што се однесуваат на

– комуникциски, пресметковни

или изведбени вештини

– решавање проблеми

– вообичаени практики

Кога ќе се стави во киселина, лакмусот ја менува бојата во

А зелена.Б сина.В црвена.*

Првиот чекор при изработката на табелата на спецификација

за тестови на знаење се состои во определување на

А наставните содржини што ќе се тестираат.*

Б должината на тестот што ќе се задава.

В видот на ајтемите од кои ќе се состои тестот.

Г наставните цели што ќе се тестираат.

ПОЗНАВАЊЕ - сеќавање на претходно наученото (3)

Page 9: 2_Blumova taksonomija-f

СФАЌАЊЕ - разбирање на значењето на материјалот (1)

• разбирање на суштинското значење на поимите,

принципите и/или постапките (изразени поинаку)

што се демонстрира преку

– давање објаснувања и примери

– претварање и преведување од едно на друго

– интерпретирање и предвидување

– споредување и опишување

– извлекување на главните идеи

Од процесот на фотосинтеза произлегува дека

А на растенијата изложени на светлина не им треба да произведуваат гликоза.

Б растенијата изложени на помалку светлина произведуваат помалку гликоза.

В енергијата се складира во растенијата во вид на гликоза.*

Page 10: 2_Blumova taksonomija-f

прашањата со кои се мери познавање може да се

трансформираат во прашања што мерат сфаќање

– со промена на зборовите кои се користат за

опишување или дефинирање како дел од наставата

(поучувањето и/или учебниците) во зборови со кои

ученикот немал можност да се сретне во наставата

СФАЌАЊЕ - разбирање на значењето на материјалот (2)

• надминува ниво на познавање само доколку

прашањата ги ставаат учениците во нова „ситуација“

Како се нарекува процесот во кој растенијата ја користат светлината за да произведат гликоза?

А дишењеБ фотосинтеза*В оксидација

Кај растенијата, шеќерот се прави со помош на енергијата од сонцето, преку процесот на

А дишењеБ фотосинтеза*В оксидација

Page 11: 2_Blumova taksonomija-f

- користење на наученото во нови и конкретни ситуации

• повисок степен на разбирање базиран на

трансфер на наученото во ситуации за кои не било

претходно учено

– освен оспособеност да се интерпретираат нови

информации со помош на она што се познава

(сфаќање), бара и да се користат правилата,

принципите и стратегиите што се познаваат

во нови проблеми и ситуации

Која од следните реченици е безлична?

А „Вчера не дојде во кино.“Б „Врнеше непрестајно.“*В „Тие се ученици во V одделение.“Г „Марко победи.“

ПРИМЕНА (1)

Page 12: 2_Blumova taksonomija-f

- користење на наученото во нови и конкретни ситуации

прашањата треба

– да содржат нови податоци или информации со кои

ученикот мора да работи за да дојде до одговорот

– да креираат нови проблеми или ситуации кои

бараат ученикот да го употреби она што го

знае на нов (невообичаен) начин

Еден истражувач сакал да утврди дали ѓубривото што самиот го составил ќе го подобри растењето на пченката во услови на нормална изложеност на сончева светлина. Која е независната варијабла во истражувањето?

А растењето на пченкатаБ изложеноста на сончева светлина В видот на ѓубривото*

ПРИМЕНА (2)

• надминува ниво на познавање само доколку

прашањата ги ставаат учениците во нова „ситуација“

Page 13: 2_Blumova taksonomija-f

Групна активност

Класификација

според Блумовата

таксономија

Page 14: 2_Blumova taksonomija-f

информациите се проучуваат

преку разделување на делови

– се утврдуваат мотивите или

причините за одредена состојба

– се интерпретираат причинско-

последичните односи меѓу деловите

- разложување на составни делови и утврдување на нивните меѓусебни односиАНАЛИЗА

Луѓето во лето чувствуваат поголема горештина кога

релативната влажност на воздухот е повисока, отколку

кога е пониска. Зошто?

А Потта не може да испарува.*

Б Воздухот ја апсорбира целата пот од организмот.

В Телесната топлина пребрзо се намалува.

Page 15: 2_Blumova taksonomija-f

информациите се составуваат заедно за

да се понудат алтернативни решенија или

да се изведат генерализации

– се предвидуваат ефекти или последици

– се продуцира план или сет од операции

– се изведуваат заклучоци

– се изнесуваат докази за поддршка на заклучоците

- составување делови за да се создаде нова целина и да се изведат логички заклучоциСИНТЕЗА

Лебот се става во фрижидер за да се заштити од

расипување затоа што

А на студено се забавува развојот на габички во лебот.*

Б темнината го забавува мувлосувањето на лебот.

В ладењето го спречува лебот побргу да се исуши.

Г на мувлата ù треба и топлина и светлина за да може

брзо да се развие.

Page 16: 2_Blumova taksonomija-f

се презентира и/или брани мислење преку вреднување на информациите, веродостојноста на идеите или квалитетот на работата

се вреднува врз основа на– постоечки докази – надворешни критериуми

- вреднување или оправдување на одлука или постапка врз основа на критериумиЕВАЛУАЦИЈА

За претседател на одделенска заедница во едно одделение

едногласно е избрана Сара. Прво, класниот раководител ја

предложил неа, а потоа другите ја изгласале со дигање рака.

Дали применетата постапка на избор е навистина демократска?

А Да – сите гласале за нејзиниот избор.

Б Да – процесот на гласање бил транспарентен.

В Не – гласањето не било тајно.

Г Не – наместо учениците, ја предложил наставникот.*

Page 17: 2_Blumova taksonomija-f

1. ниво

2. ниво

3. ниво

4. ниво

познавање

сфаќање

примена

синтезаанализа евалуација

Page 18: 2_Blumova taksonomija-f

Лошиот квалитет на фотографијата сликана со обичен апарат за сликање може да се должи наА предолга експонираност на

светлина за време на сликањето.*Б користење на несоодветна хартија

за развивање.В сликање во присуство на силна

сончева светлина. Г отсуство на ретуширање при

обработката на фотографијата.

За полесно составување прашања

за повисоките наставни цели препорачливо

е да се користи сликовен, графички или

табеларен стимулусен материјал

Page 19: 2_Blumova taksonomija-f

Групна активност

Класификација

според Блумовата

таксономија