Upload
tatjana-simonova
View
188
Download
8
Embed Size (px)
DESCRIPTION
Prezentacija grafika bitapirana i vektorska
Citation preview
КОМПЈУТЕРСКА ГРАФИКА
● 1 дефиниција:Изработката, обработката и доработката на слики со компјутер се нарекува компјутерска графика.
● 2 дефиниција:Сликите нацртани или обработени со компјутер се викаат компјутерска графика.
Што е резолуција?● Компјутерските слики се составени од мрежа
од мали квадратчиња наречени пиксели (pixel).● Секој пиксел може да биде со● различна боја, со што се создаваат слики.
Ваквата слика можеш● да ја замислиш како мозаик од квадратчиња
какви сигурно си● правел/а во училиште.● Бројот на пиксели на единица должина се
нарекува резолуција.● Квалитетот на компјутерската графика зависи
од резолуцијата.●
● На следнава слика е прикажан ист цртеж со различни резолуции.
● Кога резолуцијата е повисока, квадратчињата се поситни и сликата е појасна и поквалитетна.
● Кај сликите со висока резолуција квадратчињата се толку ситни што воопшто не се забележуваат и наместо за квадратчиња зборуваме за точки.
Типови на компјутерска графика
● 2D И 3D ГРАФИКА● Компјутерската графика може да биде 2D -
дводимензионална или 3D -● тродимензионална. Тродимензионалните слики
имаат сенки и ефекти кои ги прават реални, за разлика од дводимензионалните. Најубаво тоа се гледа
● од следните слики
● Компјутерската графика може да биде:● • бит мапирана графика и● • векторска графика.
БИТ-МАПИРАНА ГРАФИКА
● Бит мапираните слики може да се замислат како мапа од точки. Бројот на точки може да биде со стотици, илјадници,милиони.
● Точките од кои се состои сликата се видливи само ако сликата е зголемена.
● Секоја точка во сликата има точно одредена
● положба и боја.
ПРЕДНОСТИ НА БИТМАПИРАНАТА ГРАФИКА
● Бојата на секоја точка во сликата може да се менува и на тој начин многу прецизно може
● да се создава, менува и поправа изгледот на● битмапираната слика.
НЕДОСТАТОЦИ НА БИТМАПИРАНАТА ГРАФИКА
● Она што е потешко е смалувањето и зголемувањето на сликата.
● Кога сликата се намалува, „се вадат“ дел од точките и на тој начин се смалуваат нејзините димензии.
● Ако истата слика посакате повторно да ја зголемите ќе недостасуваат „отстранетите“ точки и сликата веќе не може да се „врати“ во првобитниот изглед.
● За да се зголемат димензиите некои од постоечките точки се дуплираат. На овој начин сликата ќе се замати т.е. се добива слика со послаб квалитет.
ВЕКТОРСКА ГРАФИКА
● Векторските слики се креирани од голем број точки, линии и полигони.
● Тие се креирани од голем број објекти претставени математички
● кои потоа може да се обработат на различни начини.
НЕДОСТАТОЦИ НА ВЕКТОРСКАТА ГРАФИКА
● Промената на изгледот на векторските● слики се прави потешко затоа што е тешко да● се менува изгледот на големиот број објекти.●
● Векторските слики можат лесно да се● зголемуваат и смалуваат без да изгубат од● својот квалитет. ●
● Компјутерските слики можат да се чуваат во различни
● формати. Форматот на сликата зависи од програмата во која е
● изработена, но може да биде одреден и од корисникот бидејќи
● програмите дозволуваат зачувување на сликите во различни
● формати. Најпознати формати на слики се следниве:
● ♦♦ bmp – користи неограничен број бои, но зафаќа многу простор
● на дискот;● ♦♦ gif – користи до 256 бои и зафаќа помалку
простор на дискот;● ♦♦ jpg – користи неограничен број бои, зафаќа
најмалку простор● на дискот, но сликите се со намален квалитет.
● Најпознати програми за компјутерска графика се: Paint, Photoshop,
● CorelDRAW, Flash и други. Некои од овие програми
● имаат големи можности, но се потешки за учење, а некои се
● едноставни за учење и за работа, но имаат ограничени можности.
● Под оперативниот систем Edubuntu за цртање се користат
● програмите GIMP и OpenOffice.org Draw.