24
Иван Антоновски КОНФУЗИЈАТА, НЕСТРУЧНОСТА И ПОДМЕТНУВАЊАТА ВО „КРИТИЧАРСКОТО“ ДЕБИ НА ИЛИНА ЈАКИМОВСКА Повод: текстот „Снеговите на Климентина Евин, или дали знаете што читаат вашите деца“ од Илина Јакимовска, објавен на „ОффНет“ По прочитот на текстот „Снеговите на Климентина Евин, или дали знаете што читаат вашите деца“ од Илина Јакимовска, објавен на „ОффНет“, бев сигурен дека тезите и оцените на авторката, за кои е повеќе од сигурно дека се тенденциозни, заслужуваат само да се игнорираат. Причините за увереноста дека овој текст не заслужува внимание ќе ги изложам и ќе ги образложам во неколку тези. Контрадикторноста на текстот на Јакимовска На првата страница, Јакимовска пишува: „...немаше да знам што читаат денешните ученици да не ми кажеа пријатели чии деца за лектира ја имаат оваа, на Горјан Петрески“, а веднаш потоа, во реченицата што следува по оваа, во почетокот на втората страница од текстот, уверено констатира: „Детската литература кај нас никогаш не доживеала ѕвездени височини...“ Дали е возможно некој што, како што нагласува и самиот, не знае што читаат денешните ученици и индиректно потврдува дека нема 1

Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

  • Upload
    bookbox

  • View
    148

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Citation preview

Page 1: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Иван Антоновски

КОНФУЗИЈАТА, НЕСТРУЧНОСТА И ПОДМЕТНУВАЊАТА

ВО „КРИТИЧАРСКОТО“ ДЕБИ НА ИЛИНА ЈАКИМОВСКА

Повод: текстот „Снеговите на Климентина Евин, или дали знаете што читаат

вашите деца“ од Илина Јакимовска, објавен на „ОффНет“

По прочитот на текстот „Снеговите на Климентина Евин, или дали знаете што

читаат вашите деца“ од Илина Јакимовска, објавен на „ОффНет“, бев сигурен дека

тезите и оцените на авторката, за кои е повеќе од сигурно дека се тенденциозни,

заслужуваат само да се игнорираат. Причините за увереноста дека овој текст не

заслужува внимание ќе ги изложам и ќе ги образложам во неколку тези.

Контрадикторноста на текстот на Јакимовска

На првата страница, Јакимовска пишува: „...немаше да знам што читаат

денешните ученици да не ми кажеа пријатели чии деца за лектира ја имаат оваа, на

Горјан Петрески“, а веднаш потоа, во реченицата што следува по оваа, во почетокот на

втората страница од текстот, уверено констатира: „Детската литература кај нас

никогаш не доживеала ѕвездени височини...“ Дали е возможно некој што, како што

нагласува и самиот, не знае што читаат денешните ученици и индиректно потврдува

дека нема никаков увид во македонската книжевна продукција за деца и млади

создадена во последниве дваесетина години да суди за тоа дали доживеала нашата

детска литература (да беше поупатена, Јакимовска можеби и ќе знаеше дека се

обидува да дискутира за литературата за деца, а не за детската литература)

ѕвездени височини и притоа да настапува со дециден заклучок? Логичниот одговор е

не, зашто донесувањето таков заклучок изискува сериозна аргументираност, до која, во

овој случај, може да се дојде само со темелно проследување на остварувањата на

современата македонската книжевност за деца и млади.

По сѐ изгледа, Јакимовска ги нема проследено остварувањата на современата

македонска книжевност за деца и млади, па затоа, уште во самиот почеток на нејзиниот

текст, изостанува нужната аргументираност, чие место го заземаат

1

Page 2: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

контрадикторностите, кои потврдуваат дека авторката се соочува со проблем со

промислувањето. Така, уште на првите две страници од својот текст, си противречи.

Од една страна, ја наведува својата неаргументирана, паушална констатација, според

која: „Детската литература кај нас никогаш не доживеала ѕвездени височини...“, а од

друга, десетина реда претходно, набројувајќи ги лектирите што имале пресудно

значење за „нејзиното формирање“ (како што нагласува самата), на еднакво висок

пиедестал со „Малиот принц“ „Старецот и морето“, „Приказни по телефон“ и „Сенката

на Питер Шлемил“, ги поставува „Зоки Поки“ од истакнатата македонска писателка

Оливера Николова и „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески, основоположникот

на современата македонска книжевност за деца и млади. Како е возможно на

македонската книжевност за деца, која, според Јакимовска, не остварила посебен

успех, да ѝ припаѓаат дела што самата таа ги оценува еднакво високо како делата што

се класични во светската книжевност за деца? Ако претпоставиме дека макар тие дела

што ги наведува таа, според неа, ја имаат вредноста што ја имаат и оние на Егзипери,

Хемингвеј и Родари, зар македонската книжевност за деца и млади не освоила – да се

послужам со нејзината банална фигуративност – „ѕвездени височини“?

Уште една контрадикторност? Да! Уште една потврда на неаргументираноста на

тврдењата, поради која дури и Јакимовска не му верува на својот текст? Да! Но, ова се

само примери за мноштвото противречности, со кои илустративно сакам да покажам

зошто постоеше кај мене дилемата дали вреди да се реагира на еден ваков „критички“

текст. Во оваа реакција ќе се обидам да наведам барем дел од нив.

Елементарната неупатеност на Јакимовска

Горенаведените контрадикторности доволно говорат колку (не) е упатена Илина

Јакимовска во македонското творештво за деца и млади, и не само во него туку и во

основните принципи на книжевната наука и на науката воопшто. Од друга страна, да го

познаваше авторот на чие дело се „осврнува“, ќе знаеше дека е Петревски, а не

Петрески, како што неколкупати пишува во текстот. Во таа смисла, сметам дека е

потребно да наведам уште нешто што говори за нејзината елементарна неупатеност и

во наставните програми по македонски јазик и литература за основните училишта,

зашто тоа беше и еден од мотивите за размисла дали заслужува нејзиниот

тенденциозен текст одговор воопшто.

2

Page 3: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Поконкретно, Јакимовска бара Бирото за развој на образованието да преземе

иницијатива романот „Снеговите на Климентина Евин“ да го отстрани од списокот на

лектири, а притоа не знае дека ова дело не се наоѓа во официјалниот список на

задолжителната лектира за основно образование. Овој роман учениците го избираат

како лектира, така што на часовите по македонски јазик и литература се обработува во

дел од основните училишта во Република Македонија.

Овој податок ги фрла во вода тенденциозните и паушални обвинувања на

Јакимовска дека некој им го наметнува овој роман на учениците, кои

самоиницијативно го читаат како лектира, самите оценуваат дека го заслужува нивното

читателско внимание и чувствуваат потреба и во рамките на наставата (а не само

надвор од училишните клупи) да дискутираат за неговите вредности и за суштинските,

животни, филозофски, мисловни прашања што се инкорпорирани во него.

Зар не е срамно да се извршува тенденциозен напад врз книжевно дело со

потврдени естетски вредности, кое го предизвикува интересот на читателите во услови

кога постојано се жалиме дека нашите деца сѐ помалку читаат? Зар не е жално и повеќе

од подмолно највулгарно да се оцрнува авторот што, и во услови на намалена

македонска книжевна продукција за деца и млади, кога компјутерската технологија сѐ

повеќе го зема својот замав, успеа да создаде широка млада македонска читателска

публика, кај која ја разви навиката за живеење со книгата – авторот благодарение на

кого современата македонска книжевност во 21 век не треба да се грижи дали ќе има

свои читатели од младите поколенија?

Преочигледната тенденциозност на Јакимовска

За тенденциозноста на целото писание, која е очигледна за секој што е барем

малку запознаен со творештвото на Петревски, подетално ќе говорам во главниот дел

на овој текст, бидејќи пунктовите на тенденциозноста во „рецензијата“ најдобро

откриваат колку погрешно ја чита Јакимовска книжевноста за деца и млади, така што

во овој, воведен дел, нема да се задржам на нив.

Проблематичната писменост на текстот на Јакимовска

Прашањето за писменоста го поставува токму Јакимовска, која на Петревски му

префрлува за „стилски проблеми“, како што милува да се изрази. А притоа, по сѐ

3

Page 4: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

изгледа, не знае дека вредноста на стилот на Петревски е потврдена и кај читателите и

во академските, филолошки кругови, и тоа со научни статии во кои се разгледува

неговиот стил од лингвистичка гледна точка, со неколку дипломски работи на

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и на Педагошкиот факултет во

Битола, како и со една магистерска теза под менторство на проф. д-р Димитар Пандев,

чија одбрана се очекува.

Но, отсуството на аргументација за нејзината „детекција“ на „стилски

проблеми“, како и нејзината неупатеност во досегашните проучувања на стилот на

Петревски, не беше единствениот мотив за мојата дилема дали е нејзината „критика“

достојна за полемика. Една од причините за дилемата беше и проблематичноста на

писменоста на тој текст. Поконкретно, за да биде нејзиното прашање за стилот на

Петревски оправдано, меѓу другото, логично е да се очекува Јакимовска да не фрли ни

трошка сомнеж врз својата јазична компетенција. Сепак, сомнежот не само што е

фрлен туку слободно може да се рече дека Јакимовска се соочува со крупни проблеми

на планот на изразот, демонстрирајќи неписменост од најнизок, елементарен ред.

На пример, како може некој што се нафатил да држи стилски лекции да не го

усвоил дури ни едначењето по звучност (кај Јакимовска: „поДпросечен“), да не знае

дека во македонскиот јазик лектирите не се „обврзни“, туку задолжителни, дека не се

читаат во „основно школо“, туку во основно училиште, дека нема „хинтови“, туку

навестувања, дека не се „бира“, туку се избира, дека не се „визуЕлизира“, туку

визуАлизира, дека дури и кај кој и да е пописмен административец предлогот по нема

да му го отстапи своето место на после (кај Јакимовска: „после ваков помпезен вовед“,

„после куп хинтови“).

Овие примери се само дел од широкиот корпус небрежности во текстот, кои се

изненадувачки, особено затоа што на Јакимовска, и покрај нерасчистеноста со

писменоста, за голем срам, ѝ било допуштено дури и да докторира, што не е дигресија,

туку сериозен академски проблем. Токму со оглед на тоа, ми се наметнуваше дилемата:

има ли смисла со каква и да е реакција да му се посвети внимание на еден, како што

може да се види од посоченото – полуписмен текст.

*

Сепак, оценив дека е потребно да реагирам, бидејќи, како човек што во своите

раце треба да ја држи дипломата за професор по македонска книжевност и

4

Page 5: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

јужнословенски книжевности со македонски јазик и голем дел од своето време има

посветено на стручно проследување на остварувањата на македонските автори за деца

и млади, не можам да дозволам некој да си поигрува со вредностите на нашата

македонска книжевност и притоа, нестручно и тенденциозно, негативно да етикетира

едно од највредните книжевни дела за деца и млади создадени кај нас кон крајот на XX

век.

„Снеговите на Климентина Евин“ е еден од ретките психолошки романи за деца

и млади, не само кај нас туку и во јужнословенските книжевности воопшто, а Илина

Јакимовска не се ни обидува да ја детектира неговата жанровска определеност, за да

може да го оценува и според жанровските карактеристики (во овој случај, жанровските

карактеристики на психолошкиот роман), туку уште од првата негова страница го чита

со тенденциозни „очила“, низ кои се „гледа“ она што во делото го нема, а таа сака да го

види. Затоа се чувствувам должен да реагирам – не затоа што сакам да ја убедам

Јакимовска во естетските вредности на „Снеговите на Климентина Евин“ (длабоко сум

убеден дека таа не сака да ги види или, под притисок на изопаченоста на својата

перцепција, можеби и навистина го гледа она што го нема), туку за да ја заштитам

современата македонска книжевност за деца од уште едно нестручно и – без ни малку

притеснување би рекол – шарлатанско читање и толкување, чија единствена цел е

вулгаризацијата.

Зошто ѝ пречи предговорот на „Снеговите на Климентина Евин“?

Јакимовска пишува: „...ако токму овој автор е најпознатиот и најпопуларниот

писател за деца и младинци (а најверојатно е, по бројот на награди, тираж и појавувања

во медиумите), тогаш имаме голем проблем“. Искрено се прашувам каков проблем е

тоа што во овој миг најпочитуван од децата и младите е авторот за чиј творечки опус,

во кој спаѓа и „Снеговите на Климентина Евин“, признание му оддадоа и оние што

македонската книжевност за деца и млади ја познаваат многу подобро од оваа

новопројавена критичарка – наставниците во основните училишта, методичарите на

наставата по книжевност, универзитетските професори што предаваат книжевност за

деца и млади на државните универзитети и книжевните критичари чиј предмет на

интерес е македонската уметничка литература за најмладите, кои, иако не се

многубројни, не се воздржаа најафирмативно да говорат и да пишуваат за Петревски.

5

Page 6: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Знам, за „критичарката“ Илина Јакимовска, не е важно што кажале критичарите

пред неа (иако тоа е крајно проблематично, ако се има предвид дека е, како што веќе

посочив, (барем формален) доктор на науки, а проследувањето на она што го кажале

претходниците на истата тема е од суштинска важност за успешноста на секој што

претендира да се занимава со наука), бидејќи во својот текст таа го покажува тоа и со

односот кон Томе Арсовски.

Но, овој пат се чувствувам должен да ја информирам дека прв рецензент на

романот „Снеговите на Климентина Евин“ е Оливера Ќорвезироска, која притоа

нагласи дека овој роман е најзрелото творечко остварување на Петревски и го оцени

суперлативно. Да, да, тоа е истата Оливера Ќорвезироска што денес, нешто повеќе од

дваесет години потоа, под објавата на текстот со валканиците на Јакимовска,

коментира: „Знаеме :(  И во основно и во средно, и порано и сега... :(:(:(“. Таа е истата

онаа Ќорвезироска што беше и промотор на овој роман во основното училиште „Лазо

Ангеловски“ во Скопје и притоа не можеше да ги изнајде најпофалните зборови што ги

заслужува делото, а денес треба да биде доблесна и да каже зошто ги променила

ставовите, па индиректно ја поддржува Јакимовска, која се препна уште при првиот

чекор во книжевната критика.

Неоспорно е дека книжевноста, независно од тоа дали е за деца и млади, треба

да биде подложна на нови прочитувања и вреднувања, зашто тоа е и една од задачите

на книжевната наука, но тие прочитувања не треба да бидат како ова на Јакимовска,

зашто треба да се одликуваат со стручност, која подразбира методологија, познавање

на книжевната историја и теорија, познавање на творештвото на авторите – сето она

што во нејзиниот „сензационален“ текст го нема. Во нејзиниот текст, уште во

почетокот има негодување околу тоа што во рацете го држела третото издание на

„Снеговите на Климентина Евин“ и што во предговорот на книгата е наведен дел од

писмата од читателите, во кои тие искрено (како што единствено знаат и можат децата)

ги искажуваат своите оцени, доживувања и интерпретации на книгата, а по нив

следуваат и бројките на тиражите на книгите на Горјан Петревски – од 1.000 до 5.000

примероци за едно издание.

Прашувам: дали податоците наведени во тој предговор, кои се неоспорни, беа

директен или индиректен мотив за нејзиното тенденциозно „критичко“ жигосување на

едно од најдобрите прозни остварувања за деца и млади кај нас? Оние што добро ги

познаваат состојбите на македонската книжевна реалност, а со тоа и во македонскиот

книжевен „салон“ ќе ја сфатат логичноста на ова мое прашање. Од она што следува во

6

Page 7: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

овој текст, и оние што не ја прочитале книгата можат да ја согледаат тенденциозноста

на писанието на Јакиковска, па затоа е легитимна дилемата кој бил мотивот своето

деби во книжевната критика да го има со една таква „рецензија“. Дали помисли дека

ако се фати за познато и потврдено книжевно дело, со скандалозна и ненаучна

„критика“, ќе го добие публицитетот? Или мотивот беше многу подлабок, но

истовремено и многу помизерен и потемен, книжевно безначаен, но затоа, пак,

интересен за некои други дисциплини? Таа најдобро си знае.

Со каков јазик треба да се одликува книжевното дело прифатливо за

реципиентот-дете?

Илина Јакимовска, меѓу другото, како грев на Петревски му го припишува тоа

што неговата хероина во романот зборува на литературен македонски јазик, а не на

охридски дијалект, како што би било „нормално“ според „критичарката“, бидејќи во

делото е претставено дека ликот живее во Охрид. Ако Илина Јакимовска, пред да го

напише својот текст, имаше прочитано барем една книга од областа на теоријата на

книжевноста за деца, па дури и онаа што е најелементарна (за студентите на

додипломски студии), напишана од почитуваната професорка Јадранка Владова, ќе

знаеше дека првиот критериум за едно книжевно дело да биде прифатливо за

реципиентот-дете е „едноставноста“. Поконкретно, овој критериум подразбира

едноставен јазик, кој е разбирлив за детето, а со кој во книжевното дело ќе се

претстават неедноставни теми, кои ќе го мотивираат на размисли и толкувања. Дали би

бил охридскиот дијалект, по кој „копнее“ Јакимовска, едноставен јазик во книжевното

дело? Дали би бил јазик што би бил разбирлив за децата што не се од Охрид и Струга,

а се дел од целната читателска публика на Петревски? Да беше јазикот на Климентина

Евин онаков каков што бара „критичарката“, дали ќе го задоволуваше овој роман

првиот критериум за прифатливост за реципиентот-дете?

Бидејќи „Снеговите на Климентина Евин“ важи за дело во кое со јазик што е

приемлив за детето е опфатена една мошне комплексна тема, која мотивира на

мноштво размисли, оправдано е сега, откако ѝ укажав на Јакимовска на еден од

критериумите што треба да ги задоволува книжевното дело за деца и млади, отворено

да ја прашам: дали Ви пречи сѐ уште тоа што идиолектот на Климентина Евин не се

состои од охридски дијалект, туку од литературен македонски јазик, кој, патем речено,

како што можеше да се види во претходниот дел од текстов, не сте го усвоиле?

7

Page 8: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Колку (не) знае Јакимовска за ликот во книжевното дело?

Според Илина Јакимовска, проблематично е тоа што ликот на Климентина Евин

се одликува со натпросечност, односно со интелектуална зрелост што ги надминува

очекувањата на Јакимовска за девојче на четиринаесет години, колку што има ликот на

Климентина Евин. Да имаше барем елементарно познавање од книжевноста за деца и

млади, оваа „критичарка“ ќе знаеше дека најмаркантните, антологиски ликови во

светската проза за деца и млади се токму такви – натпросечни. И тоа, се разбира, не е

случајно, зашто во нив се инкорпорирани карактеристики што треба да влијаат на

интелектуалниот и психичкиот развој на читателот-дете, од нивните постапки треба да

произлегуваат ситуации што ќе го мотивираат детето да размислува и за животот

надвор од текстот. Нека се потсети на ликот на Пипи долгиот чорап од Астрид

Линдгрен. Дали е Пипи натпросечна, просечна или потпросечна? Ако го смета

Јакимовска за хиперболизација (а не е) тоа што правам вакви компарации, тогаш би

посочил и дело од корпусот што го наведува самата таа - „Волшебното самарче“. Дали

е ликот на Трајче просечен (каква што очекува таа да биде Климентина на Петревски)

или со својата натпросечност се издигнува и над партизаните и над фашистите?

Од друга страна, Климентина Евин, во својата суштина, е трагичен лик, кој

страда и поради својата грешка. Да ја познаваше барем елементарно теоријата на

книжевноста, Јакимовска ќе знаеше дека моделот на трагичниот лик, кој е претставен

уште во Аристотеловата „Поетика“, како прв критериум подразбира натпросечност. Во

овој случај, натпросечноста на Климентина е нејзината интелектуална зрелост, која не

е невозможна за децата. И сега? Има ли нешто да каже „критичарката“? Дали ѝ пречи

сѐ уште толку многу тоа што Климентина Евин е таков лик каков што е?

„Такви мисли го зафаќаа. И се сепнуваше од нив. Веднаш ги отфрлаше и се

убедуваше дека таа сѐ уште е дете, кое наскоро нема да биде тоа, но... постојат и некои

морално-етички норми во животот и професијата, пред кои човек мора разумно да

застане, за да не направи погрешен чекор кој би бил страшно непријатен за него“.

Секој што ќе го прочита овој извадок од романот ќе согледа дека ова не е суд на

авторот за тоа колку тешко дело е злоупотребувањето малолетник, искажан преку

гласот на нараторот, туку опис на психолошката состојба, внатрешните судири и

размислите на ликот-професор по физика.

8

Page 9: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Но, за Јакимовска (и по сѐ изгледа – само за нејзината изопачена (потсвесна?)

оптика или и за некој друг што би гледал низ нејзините тенденциозни „критичарски“

очила), овој извадок е проблематичен, бидејќи во него авторот евентуалниот полов

напад врз девојчето го гледал само како непријатност за педофилот, а не и како

кривично дело што може да има трауматични последици за детето. Дури и оној што

има само елементарно читателско искуство забележува дека во овој извадок Петревски

ја портретира психологијата на ликот во романот и дека во неа нема простор за

расудувањето што е надвор од самиот лик. Јакимовска може да посегне по кој и да е

психолошки роман, од кој и да е автор, и притоа ќе согледа дека нараторот, во

најголемиот дел од текстот, говори преку ликот и преку неговото портретирање, а

оценувањето на неговите постапки го сведува на минимум и во голема мера му го

препушта на читателот – онака како што прави и Горјан Петревски во „Снеговите на

Климентина Евин“. Овде тенденциозноста на Јакимовска е повеќе од очигледна – сака

да манипулира со злоупотреба на извадок и, во свој стил, повторно да го најде тоа што

во делото го нема за да изнесе тенденциозно обвинение, но притоа потврдува дека

нема ни елементарни познавања за тоа како се гради и како се портретира ликот (ѝ

препорачувам да се запознае со теоријата на Филип Амон), дека не знае да прави

дистинкција меѓу лик, наратор и писател, но и дека нема ни елементарни познавања на

карактеристиките на психолошкиот роман.

Зошто не завршува професорот зад решетки?

Во една од своите валканици во текстот, Јакимовска тврди дека голем грев на

Петревски е тоа што професорот по физика (ликот што се обидува да изврши полов

напад врз Климентина во романот) не завршува зад решетки, зашто така, според неа,

делото би било поучно. Не ме зачудува ваквиот став на Јакимовска, зашто за да се даде

критичарски суд каква завршница треба да има ова дело, треба да се знаат основните

критериуми што треба да ги исполнува едно книжевно дело за да биде прифатливо за

реципиентот-дете и за карактеристиките на психолошкиот роман, а како што се

согледа претходно, таа не ги знае ни едните ни другите. Поконкретно, еден од

критериумите што треба да ги задоволува книжевното дело за деца и млади е

дидактиката, но условот е таа да не биде сурова, наметната и изнасилена, односно во

ниту еден миг да не ѝ наштетува на естетската димензија на текстот, зашто така делото

би било неприфатливо и за детето. Според тоа, евидентно е дека кога би завршил онака

9

Page 10: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

како што бара Јакимовска, романот не би бил она што е – уметничко дело, туку само

сурова дидактика.

Петревски е еден од нашите автори што ја наоѓаат најсоодветната рамнотежа

меѓу дидактиката и естетиката, што не е само мое мислење туку и на моите

претходници. Жалам што „критичарката“ не ја согледува поучноста во решеноста на

Климентина да не дозволи да дојде до нејзина злоупотреба, да не потклекне пред

своите внатрешни немири и да не дозволи животот да ѝ биде уништен. Низ очилата со

кои Јакимовска го „читала“ романот, сето тоа, едноставно, не се гледа.

Поврзувајќи го тоа со жанровските карактеристики на психолошкот роман, нема

да теоретизирам и да ѝ држам предавања по теорија на книжевноста. Сепак, нека се

потсети или, ако не ја читала (што не е неверојатно), нека ја прочита „Злосторство и

казна“ од Достоевски, па ако може, нека согледа дека внатрешното разјадување на

ликот и живеењето со сознанието за своето злосторство се поголема казна од онаа зад

решетките. По ова укажување, дали ќе продолжи да „жали“ толку што професорот по

физика во „Снеговите на Климентина Евин“ не завршува в затвор? Зар книжевноста за

деца треба да е лишена од филозофска димензија? Зар треба да е само наменско

четиво? Ако е само наменско четиво, како што бара Јакимовска во својот

ждановистички занес, може ли да биде уметност?

Зошто е Јакимовска толку скандалозна во потрагата по скандалозното

онаму каде што го нема?

Кон средината на текстот, Илина Јакимовска пишува дека темата „не е

скандалозна сама по себе, туку по начинот на кој е обработена“. Единственото нешто

што овде е скандалозно е што Јакимовска се дрзнала, со својата елементарна

неупатеност во областа на книжевната наука, да пишува за овој роман. За неа е

скандалозен начинот на кој се претставени реакциите на професорот по физика

предизвикани од појавата на Климентина Евин. „Критичарката“ не изнесува ниту еден

уверлив аргумент зошто е ова „грев“ на прозаистот Петревски. Нека ми одговори: како

може да се оствари оваа книжевна тема ако нема на страниците на романот такви

прикази? Во „Снеговите на Климентина Евин“ тие не се ниту вулгарни, ниту

изнасилени, ниту банални, туку онакви какви што треба да бидат во едно книжевно

дело, во прв ред наменето за децата и младите - одмерени, суптилни, уметнички

димензионирани.

10

Page 11: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Во „Снеговите на Климентина Евин“, на македонската книжевност за деца и

млади Петревски ѝ понуди еден од најдобрите примери за тоа како да се

инкорпорираат во уметничкиот текст приказите што се специфични за детската

перцепција, а притоа да бидат соодветни за нивната возраст и да имаат уметничка

вредност. Но, ете, Јакимовска, под притисок на своите побуди, не го забележува тоа.

Уште еднаш се вплеткува во контрадикторност: вели дека не е скандалозна темата,

туку тоа во романот без што таа тема, едноставо, не може да се оствари.

Не сакам да се повторувам, но и овде морам да констатирам дека оваа конфузна

констатација на Јакимовска се должи на тенденциозност, комбинирана со нејзината

неподготвеност во областа на книжевноста. Да беше поинаку, ќе знаеше дека без

таквите прикази, ликот на професорот по физика не ќе може да биде „исполнет со

значење“. Дури откако ќе се запознае со теоријата на Филип Амон, ќе сфати колкаво е

значењето на тие прикази, против кои таа неаргументирано се бунтува, за она што е

оформување на ликот на професорот во романот „Снеговите на Климентина Евин“.

Да имаше елементарни познавања од теоријата на книжевноста, ќе сфатеше

дека она што таа го нарекува „хинт“, а во нашиот јазик е навестување е нужност на

уметничкиот прозен текст и, кога е на крајот од главите, како што е најчесто кај

Петревски, има функција да го мотивира читателот за размисли, не само за делото туку

и за надворешниот свет. Дали ѝ е сега појасно значењето на навестувањето: „Но со

човечките слабости никогаш не се знае?!“, кое толку многу ѝ пречеше?

А ако се задлабочи во она што е стручно читање на книжевноста за деца и

млади, поткрепено со теоретско предзнаење, кое, за жал, го нема, Илина Јакимовска ќе

сфати и дека метафорите од флората и фауната за опис на женскиот физички изглед се

една од најуспешните карактеристики на ова прозно дело, бидејќи со нив се избегнува

каква било вулгаризација на текстот, се избегнува каков било опис што е несоодветен

за возраста на целната читателска публика, се постигнува лиризираност на прозниот

текст и се воспоставува врска со традициите на македонскиот народен гениј. Но, ако

остане на својот став, бидејќи се има занимавано со македонскиот фолклор, Јакимовска

ќе треба да се изјасни дали, според неа, и македонската народна поезија, која е дел од

учебниците по македонски јазик и литература, во која метафорите од флората и

фауната се користат за опис на женската убавина (а така е во најголемиот дел од

македонското поетско народно творештво), треба да бидат исфрлени од наставата.

Потврдува ли Јакимовска со овој свој став дека ѝ се проблематични дури и

елементарните познавања во областа каде што е носител на докторска титула?

11

Page 12: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Зошто е алогична „логиката“ на Јакимовска?

На Јакимовска ѝ пречи тоа што девојката во романот (ликот на Климентина

Евин) нема сексуални фантазии, а е подготвена да се одбрани од сексуалниот напад на

професорот. Според „критичарката“, ако не е во книгата прикажано дека има

сексуални фантазии, ликот не може да знае ништо за тоа што претставува сексуалниот

чин, зашто, според неа, немал предзнаење, кое таа, по сѐ изгледа, го поврзува со

немањето искуство, а според начелата на елементарната логика, поседувањето знаење

не е секогаш, како и во овој случај, зависно од искуството. Нелогичноста на оваа

размисла на Јакимовска е очигледна и не заслужува коментар, но ќе ѝ поставам

неколку прашања.

- Дали смета Јакимовска дека е потребно во книгата да бидат прикажани

сексуални фантазии на девојчето за „Снеговите на Климентина Евин’“ да биде

поуверлива за читателите? Ако ѝ е одговорот потврден, тоа доволно говори за

нејзините познавања на карактеристиките на книжевноста за деца.

- Кога Климентина Евин би ги откривала своите сексуални фантазии и не би се

воздржувала од нагонот, кој е несомнен на таа возраст (а воздржувањето од нагонот е,

како што е познато, една од основните вредности на човековото општество, нешто што

нѐ прави различни од животните), како би се одвивало дејството, текот на настаните во

книгата? Дали би резултирал „текот“ според (а)логиката на Јакимовска со уметничко

дело? Дали би било тоа дело прифатливо за реципиентот-дете? Како би се одразило

таквото дело врз развојот на детето, за кој Јакимовска толку многу сака да зборува?

- Зар не разбира дека изоставањето на приказот на сексуалните фантазии е една

од стратегиите на Петревски, со кои успева да создаде уметничко дело за најкревката

читателска публика, а притоа во него да инкорпорира толку комплексна тема?

- И самата констатира дека Климентина Евин е прикажана како лик што е

интелектуално натпросечен. Ако е таков, зошто ја исклучува Јакимовска можноста

таквата натпросечност да резултира со свесност за значењето на сексуалниот чин, со

знаење за тоа што претставува тој чин и како да не дозволи тој да дојде прерано, на

начин што може да ѝ го уништи животот?

12

Page 13: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Откако ќе си одговори на овие прашања себеси, уште еднаш нека размисли за

логичноста на своето резонирање и нека се изјасни дали ќе продолжи да ја брани

својата претходна, алогична теза. А потоа нека се изјасни дали, кога во текстот ја

споменува можноста четиринаесетгодишни девојчиња да останат во блажена состојба,

се обидува да иронизира или е сериозна, зашто ако е сериозна, тоа е поскандалозно и

од нејзиниот текст.

Зошто се обидува Јакимовска, со тенденциозната потрага по

квазиполитички памфлети, да ја политизира книжевноста?

Во согласност со својата конфузност, Јакимовска го обвинува авторот на

„Снеговите на Климентина Евин“ за квазиполитички памфлетизам, индиректно

посочувајќи дека наоѓа такви елементи во извадокот: „Ти тврдам дека сепак можеле да

родат барем уште едно дете. Но пилулите за контрацепција, што ги има во изобилство,

се затворено сито на денешново време, низ кое не можат да поминат децата. Пилулите

за контрацепција се себичност, заблуда на денешните родители. И мама и тате се

себични“. Ова е класичен пример за тоа како претендира Јакимовска, со извадок

надвор од контекстот, да поткрепи своја теза, за која сум сигурен дека ја имала пред

себе уште пред да го прочита делото. Она што е за неа политизација во делото е став на

лик, искажан по низа ситуации, по многубројни внатрешни психолошки судири и

дилеми на ликот - овој извадок е резултат на психолошките премрежиња што ги

доживувува и ги преживува ликот, прикажани на начин што е соодветен за возраста на

читателите, како што ретко на кој автор му успева, но „критичарката“ повторно

потврдува дека допрва треба да се запознае со карактеристиките на психолошкиот

роман. И повторно доаѓам до истиот проблем - Јакимовска не прави дистинкија меѓу

лик, наратор и автор. Нека биде доблесна и нека се обиде овој извадок да го согледа во

контекстот на кој му припаѓа, нека го оцени како пункт на индивидуалната

психолошка драма на ликот, кој честопати се судира и со самиот себе и со она што е

околу него, па потоа, уште еднаш нека ја провери валидноста на својот „став“, откако

ќе сфати (ако може да сфати) колку комплексно е пристапено во „Снеговите на

Климентина Евин“ кон таа потреба да се има брат или сестра во современото

општествено живеење. Нека биде доблесна и нека признае, на колку студиозен начин,

прифатлив за детската рецепција, Петревски го согледал она што е сегмент и на нашата

современост. Оние што го имаат прочитано делото добро знаат дека обидот на

13

Page 14: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

Јакимовска во делото на Петревски да препознае политички памфлет е обид од нејзина

страна за политизирање на книжевноста за деца и млади. Но, со таквата

тенденциозност, Јакимовска го политизира, пред сѐ, својот неиздржан и конфузен

текст.

Невозможно е да го смести овој цитат во актуелниот политички контекст, зашто

романот е објавен во 1991 година, кога промоторите на кампањата „Трето дете“ уште

биле деца или барем млади. А ако алудира Јакимовска на тоа дека ова дело може да

биде злоупотребено во актуелниот политички контекст, се чувствувам должен да ѝ

укажам дека секое уметничко (не само книжевно) дело - и во ова и во секое друго

време - може да биде злоупотребено, ако му се пристапи со цел да се вулгаризира, како

што, на пример, пристапува Јакимовска.

Од неа очекувам, бранејќи се залудно, во овој цитат можеби да бара некаква

поврзаност и со определбите на хрстијанската религија (оние што добро ја познаваат

книжевноста веќе добро и ја читаат Јакимовска, која е предвидлива во својата

тенденциозност), па затоа уште сега ја повикувам да го прочита и романот „Сама“ од

Горјан Петревски и да каже дали автор што преку свој лик (Давид) толку многу

иронизира со религиозните догми би можел да се обидува во свое дело да подметнува

какви и да се индоктринации.

Иако во „Снеговите на Климентина Евин“ нема никаква идеологизација, ајде,

овој пат да се потсетиме дека историјата на книжевноста памети и дела во кои

идеолошкото не му наштетува на есетското - да не заборавиме дека Роман Јакобсон

поемите за Ленин на Мајаковски ги оцени како врвни уметнички дела. Дали ќе му се

противстави Илина Јакимовска и на Роман Јакобсон и, откако веќе со својот прв текст

посветен на современата македонска книжевност за деца и млади го постигна и својот

прв критичарски неуспех, ќе објави и текст против поемите на Мајаковски?

Зошто не знае Јакимовска дека обвинувањето за „потсвесни еротски

фантазии“ е дело казниво пред суд?

Во завршниот дел на текстот, Илина Јакимовска тврди дека „Снеговите на

Климентина Евин“ е дело во кое има „потсвесни еротски фантазии на авторот“. Во свој

стил, како што и не би можело да биде поинаку во нејзиното вулгарно, малограѓанско

писание, во завршницата го фрла дури и тоа. Бидејќи овој проблем на Јакимовска

воопшто не е книжевен, не сакајќи да ја развивам дискусијата во насоката што ја

14

Page 15: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

наметнува таа, само ќе посочам дека има еден одбранбен механизам што во

психологијата се нарекува проекција. Тој се состои во тоа што, обидувајќи се да ги

затскрие своите темни афинитети, односниот ги припишува секаде околу себе.

Чудно е како таа, како добар познавач на законите (во својот текст го посочува

и Кривичниот законик), не знае дека за деформации на текстови во функција на

нејзините цели и за дифамации од ваков, најприземен ред се одговара судски. Јас го

тврдам само тоа во што сум сигурен: од една страна, дека судот на нејзината етичност

и совест не постои, а од друга, дека неизбежно ќе одговара пред судот на книжевноста.

Зошто e Горјан Петревски „поДпросечен“?

Во последната реченица на својата колосална конфузија, Илина Јакимовска, без

никаква аргументираност, не знаејќи ни да го напише коректно тоа што сака да го

каже, тврди дека Горјан Петревски е „поДпросечен домашен писател“. За тоа дали е

Петревски потпросечен, просечен или натпросечен, сепак, нема да говори Јакимовска,

туку говореле, говорат и ќе говорат други, издржани текстови, а најуверливо се

изјаснуваат читателите, кои самоиницијативно го опколуваат на Саемот на книгата. Па

затоа, и нема потреба од коментар: паушалната и тенденциозна „оцена“ не говори за

Петревски, туку за Јакимовска, затоа што на македонската книжевна наука добро ѝ е

познато дека во развојот на современата македонска книжевност за деца и млади како

нејзини двигатели, во различни етапи на развојот, се потврдија тројца писатели - Ванчо

Николески, Видое Подгорец и Горјан Петревски. Сепак, има потреба „критичарката“

да се изјасни дали се запознала со опусот на авторот што го рангира и дали можеби

некој друг, кој, слично на неа, има проблеми од типот на едначењето по звучност, на

овој или на оној начин, ја инструирал во таа оцена.

15

Page 16: Reakcija Na Tekst Od Ilina Jakimovska

16