31
ГОДИШНО ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ И ТЕМАТСКОПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА Le MAG 1 УЧЕБНИК ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК ЗА VI ОДД. / 9-ГОДИШНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Издавач: Hachette Livre International Застапник за Македонија: Просветно дело АД – Скопје Број на Решение за одобрение и употреба учебникот Le Mag 1 од Педагошката служба: 22-935/1 од 30.05.2011 г.

Le MAG 1 Godisno Planiranje

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Le MAG 1 Godisno Planiranje

ГОДИШНО ГЛОБАЛНОПЛАНИРАЊЕИ ТЕМАТСКОПРОЦЕС НОПЛАНИРАЊ ЕЗА

Le MAG 1УЧЕБНИК ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИКЗА VI ОДД. / 9-ГОДИШНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Издавач:Hachette Livre International

Застапник за Македонија:Просветно дело АД – Скопје

Број на Решение за одобрение и употреба учебникот Le Mag 1 од Педагошката служба: 22-935/1 од 30.05.2011 г.

Page 2: Le MAG 1 Godisno Planiranje

ГОДИШНО - ГЛОБАЛНО ПЛАНИРАЊЕ

за VI одделение ( деветолетка)

Наставна целин

Содржина ПоимиВреме на

реализацијаТематскиОбласти/

теми

ЈазичниФункции/

комуникација

Култура/цивилизација

ГраматичкиСтруктури/граматика

Фонетика Лексика

Unité 0Premiers

jours

- Првите контакти

- Поздравување- Спелување

- MJC воФранција

- Обраќање со“Вие”

- Неопределени членови-un,une.

- Qu’est-ce que c’est?/ C’est un(e)

-Француската азбука

- Училишен прибор- Oui, non- Salut,bonjour,ça va,- Fille, garçon,pardon,

merci

Септември( 2 часа )

Unité 1Je suis fan!

- Претставувања

- Претставување себе и друг

- Потполнување на формулар

- Поставување на прашање

- Неколку француски личности

- Лични заменки-еднина

- Глаголот s’appeler во еднина

- Être – еднина- Qui est-ce?- Voilà

- Финалните неми консонанти

- Неколку занимања- Броевите од 1-10- Име, презиме,

адреса, занимање

Септември ( 6 часа)

Октомври( 2 часа )

Unité 2Spécial collège

- Училиштето

- Разговор во врска со училиштето

- Поставување на прашања

- Разговор во врска со распоредот на часовите во седмицата

- Училиштето воФранција

- Франција и симболите

- Определените членови: le,la,l’, les

- Глаголи од I група во еднина (aimer, adorer détester,habiter )

- Avoir во еднина- Личната заменка- on- Qu’est-ce que…?

- Опозиција [s] / [z]

- Неколку наставни предмети

- Деновите од седмицата- Училиштето: одморот,

мензата, наставниците, другарите, распоредот на часовите

Октомври ( 7 часа ) Ноември( 1 час )

Unité 3Tous

différents !

- Опишување на личност

- Возраста

- Опишување на некого

- Барање и давање информации во врска со возраста

- Денот / неделата против расизмот

- Негација- Слагањето на

придавките: машки/женски род, еднина/множина

- Неопределен член des- Опозиција на

определени и неопределени членови

- Крајните неми согласки

- Физичкиот опис- Броевите од 11-20

Ноември( 8 часа )

Page 3: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Unité 4Photo de famille

- Семејството- Претставување на

семејството

- Животот на едно семејство во Франција

- Присвојни придавки- Avoir,être и глаголи

од I група во множина

- Лични заменки во множина

- Негација со pas de…

- Опозиција [s] / [z]- Членовите од

семејството

Декември( 8 часа)

Проверка на стекнатите знаења со соодветен инструмент, евалуација, сумативно оценувањеЈануари( 3 часа)

Unité 5Vive les vacances

- Годишниот одмор

- Слободното време

- Пишување честитка

- Разговор воврска со личните активности

- Регионите воФранција

- Aller, partir, faire восегашно време

- Предлозите за местоà, chez

- Прашалните заменкиoù, comment

- слеаните членови du, de la, de l’, des

- Опозиција [y] / [u]- Слободното време и

спортски активности

/ Февруари ( 8 часа)

Unité 6Quelle journée !

- Секојдневни активности

- Барање и давање информации во врска со часот

- Разговор во врска со секојдневните активности

- Неколку француски туристички сајтови

- Prendre, manger во еднина

- Il est quelle heure? Il est…. heure(s)

- Â quelle heure…?

- Опозиција [| ] / [ʒ]

- Броевите од 21-69- Часот: et quart,et

demie,moins le quart, à l’heure, en retard

- Моментите од денот: matin, midi, après midi,soir

Март( 8 часа)

Unité 7Chez moi

- Куќата- собата

- Разговор во врска со местото на живеење

- Опишување на својата соба, куќа

- Собата на еден млад французин

- Заповеден начин(потврдна форма)

- Il y a, il n’y a pas de…- Предлозите: sur, sous,

dans, à côté de, devant, derrière

- Опозициите [f] / [v], [b] / [p], [b] / [v]

- Просториите во куќата /станот

- Мебелот

Април( 8 часа)

Unité 8On va faire

la fête !

- Роденден- Прослава

- Телефонирање- Поканување,

предлагање- Учтиво да се

побара нешто

- Француските празници

- Блиско идно време- venir во сегашно

време- Est-ce que? / Qu’est-

ce que?

- носните самогласки - Месеците, датаМај

( 8 часа)

Проверка на стекнатите знаења со соодветен инструмент, евалуација, сумативно оценувањеЈуни

( 3 часа)

В К У П Н О 72 часа

Page 4: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 0 : Premiers jours

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Азбуката , првите контакти, поздравување Септември2. Училишниот прибор. Qu’est-ce que c’est? C’est un/une…. Септември3.4.5.6.7.8.

Цели :

ученикот / ученичката- да ја совлада француската азбука;- да ја совлада потребната лексика за воспоставување на првите контакти;- да умее да поздравува другар;- да го претстави својот училишен прибор.

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, усна повратна информација

Наставни средства и помагала :

- учебник, ЦД, автентичен материјал во рамките на наставната единица.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 5: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 1 : Je suis fan !

Ред. бројна

наставни единици

Структура на тематаВреме на

реализација

1. Поздравување, претставување (себеси и некого) Септември2. Лични заменки еднина, еднина од глаголите s’appeler, ètre Септември3. Име, презиме, адреса, занимање Септември4. Распрашување : Qui est-ce ? Voilà… Септември5. Претставување на француска и домашна звезда Септември6. Броевите до 10 Септември7. Увежбување на содржините од тема 1 Октомври8. Вреднување на темата со соодветен инструмент Октомври

Цели :

Ученикот/ ученичката- да умее да се претстави себе и друг;- да ги применува предвидените граматички елементи;- да води едноставна комуникација со примена на јазичните форми и да разбере едноставни

искази:- да потполнува едноставни формулари со име, презиме, адреса.

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, чек листи, аналитичка листа

Наставни средства и помагала :

- учебник, ЦД, автентичен материјал во рамките на наставната единица, топче,постери, слики, листови, компјутери

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 6: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 2 : Spécial collège

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Училиштето и неколку наставни предмети Октомври2. Глаголите : aimer, adorer, détester во еднина Октомври3. Определен член Октомври4. Распрашување со Qu’est-ce que…? Октомври5. Деновите во седмицата, распоредот на часовите Октомври6. Avoir во еднина, лична заменка – on Октомври7. Училиштата во Франција и кај нас. Симболите на Франција Октомври8. Увежбување на содржините од темата Ноември

Цели :

Ученикот/ ученичката- да поставува кратки прашања;- да одговара на едноставни прашања;- да води едноставна комуникација во врска со училиштето;- да умее да дава информации во врска со распоредот на часовите;- да ги применува предвидените граматички елементи;- да распознава најкарактеристични социокултурни особености;

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, чек листи, аналитичка листа

Наставни средства и помагала :

- учебник,ЦД, флеш карти, коцки, листови, компјутери, автентичен материјал во рамките на наставната единица.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 7: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 3 : Tous différents

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Негацијата ne... pas Ноември2. Машки и женски род на описните придавки Ноември3. Опишување ( себеси и некого ) Ноември4. Броевите од 11 до 20. Давање и барање информации за возраст Ноември5. Неопределен член-des.

Опозиција на определен и неопределен членНоември

6. Меѓународниот ден против расизмот Ноември7. Увежбување на содржините од тема 3 Ноември8. Вреднување на темата со соодветен инструмент Ноември

Цели :

Ученикот/ ученичката- да дава едноставни описи за себе и други;- да бара и дава информации во врска со возраста;- да пишува кратка парола;- да ги применува предвидените граматички елементи;

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, чек листи, аналитичка листа

Наставни средства и помагала :

- учебник,ЦД, постери, слики, флеш карти, топче, автентичен материјал во рамките на наставната единица.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 8: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 4 : Photos de famille

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Семејство. Присвојни придавки Декември2. Увежбување на присвојните придавки Декември3. Лични заменки во множина; avoir / être во множина Декември4. Глаголи од I група во множина Декември5. Негацијата со pas de… Декември6. Претставување и опишување на семејството Декември7. Неколку славни француски семејства Декември8. Историјата на Франција Декември

Проверка на стекнатите знаења, евалуација, сумативно оценување (3 часа)

Јануари

Цели :

Ученикот/ ученичката- да умее да ги претстави членовите на своето семејство;- да учествува во кратки комуникативни ситуации;- да зборува за сегашни настани употребувајќи едноставен вокабулар и кратки реченици;- да ги применува предвидените граматички елементи;- да се запознаваат со неколку историски моменти на Франција,

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, сумативно оценување.

Наставни средства и помагала :

- учебник, ЦД, постери, слики.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 9: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 5 : Vive les vacances !

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Глаголите aller, partir во сегашно време Февруари2. Годишниот одмор ( на море, планина, село ) Февруари3. Предлози за место: à, chez Февруари4. Прашални заменки: où, comment Февруари5. Слободното време и спортските активности Февруари6. Слеани членови : du, de la, de l’, des Февруари7. Пишување разгледница од одмор Февруари8. Регионите на Франција Февруари

Цели :

Ученикот/ ученичката- да дава информации во врска со своето слободно време, за спортските активности;- да ги применува предвидените граматички елементи;- да бара и дава информации во врска со годишниот одмор;- да разбира едноставен натпис и кратка реклама за одмор;- да се запознае со неколку региони во Франција, да ги распознава најкарактеристичните

социокултурни особености;- да даде едноставен опис на место;- да пишува кратка честитка потпирајќи се на дадени модели.

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, чек листи, аналитичка листа

Наставни средства и помагала :

- учебник,ЦД, постери, слики, картa на Франција.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 10: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина 6 : Quelle journée !

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Броевите од 21 до 69 Март2. Распрашување и давање информации во врска со часот Март3. Моментите од денот : утро, пладне, попладне, ноќ Март4. Prendre, manger во сегашно време Март5. Повратни глаголи Март6. Разговор во врска со секојдневните активности Март7. Дневните активности на млад македонец и французин Март8. Вреднување на темата со соодветен инструмент Март

Цели :

Ученикот/ ученичката :- да ги совлада броевите од 21- 69 ;- да бара и дава информации во врска со часот ;- да разговара во врска со секојдневните активности ;- да ги спореди своите активности со активностите на еден млад французин;- да ги применува предвидените граматички елементи.

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, чек листи, аналитичка листа

Наставни средства и помагала :

- учебник,ЦД, постери, слики, флеш карти.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 11: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина : 7 Chez moi

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Просториите во домот Април2. Заповеден начин Април3. Формата : il y a… / il n’y a pas de… Април4. Предлозите : sur, sous, dans, à côté de… Април5. Увежбување на граматичките структури и лексика од темата Април6. Опишување на местото на живеење Април7. Обработка на BD- Ça déménage ! Април8. Вреднување на темата со соодветен инструмент Април

Цели :

Ученикот/ ученичката :- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи;- да го опише местото на живеење и просториите ;

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

- вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, чек листи, аналитичка листа

Наставни средства и помагала :

- учебник, ЦД, постери, слики, флеш карти автентичен материјал во рамките на наставната единица.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 12: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Т Е М А Т С К О П Р О Ц Е С Н О П Л А Н И Р А Њ Е

VI одд.

Наставна целина : 8 On va faire la fête !

Ред. бројна

наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Блиско идно време Мај2. Разговор по телефон, употреба на je voudrais… Мај3. Запознавање со месеците, дата Мај4. Venir во сегашно време Мај5. Поставување прашање со Est-ce que...? Qu’ est-ce que…? Мај6. Увежбување на граматичките структури и лексика од темата Мај7. Поканување некого на роденден Мај8. Празниците во Франција Мај

Проверка на стекнатите знаења, евалуација, сумативно оценување (3 часа)

Јуни

Цели :

Ученикот/ ученичката- да пишува кратка покана и одговара на истата;- да умее да се претстави и побара некого на телефон ;- да умее учтиво да побара некого / нешто;- да учествува во едноставни говорни ситуации;- да ги препознава и применува предвидените лексички, јазични и граматички елементи;- да се запознае со некои празници во Франција и традиции

Форми и методи на работа :

- работа со цело одделение- индивидуална работа- работа во парови- самостојна работа

Методи, постапки и инструме н т и за оценување :

‐ самостојна работа, работа во пар, вклучување во дискусија, формативно ценување со усна и писмена повратна информација,наставно ливче, дијагностичко оценување, сумативно оценување.

Наставни средства и помагала :

- учебник, ЦД, постери,слики, флеш карти, покана за роденден.

Вреднување, измени и дополнување на пла н ирањето :

Page 13: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

1. Азбуката , првите контакти, поздравување

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Premiers jours

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листовиФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групиЦели Ученикот/ ученичката:

- да совлада потребната лексика за воспоставување на првите контакти, француска азбука, да умее да поздравува

Исходи Ученикот/ ученичката:- запомнува француска азбука, лексика за воспоставување на првите контакти и ја применува во кратки комуникативни ситуации

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеПретставување на наставникот и учениците. Запознавање со методата. Дискусија за Франција и францускиот јазик. Запознавање со француската азбука преку песна (учебник стр.10 и ЦД), слушање и пеење.Запознавање со изразите за поздравување преку дијалозите во учебник стр.7. Додека го слушаат дијалогот наставникот со гестикулации ги истакнува изразите за поздравување, извинување, заблагодарување, за да можат учениците да ги препознаат. Поставува прашања: Што прават личностите, кои се личноститево двете ситуации? Како поздравуваме другар а како возрасен? Напомена за употребата на salut за поздравување и отпоздравување (вежба 3). Пишување нови зборови на табла (salut, bonjour, pardon, merci, monsieur, madame)За дома работен лист од "Guide pedagogique" стр.113.

Учениците се претставуваат.Споделуваат претходни знаења за Франција (географија, спорт,музика, знаменитости...).Ја повторуваат азбуката слушајќи го наставникот. Ја меморираат азбуката преку пеење песна.Ги спелуваат своите имиња.Учениците ги слушаат дијалозите и одговараат на прашања. Очекувани одговори: се поздравуваат, во првиот дијалог- деца / момче и девојче (salut), а во вториот- дете и возрасен (bonjour, au revoir).Ги идентификуваат изразите за поздравување, извинување, заблагодарување (вежба 4), а потоа ги пишуваат во тетратка. Драматизираат ситуации во кои ги употребуваат научените изрази.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 14: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

1. Училишниот прибор. Qu’est-ce que c’est? C’est un/une…

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Premiers jours

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, работни листови, флеш картиФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојнаЦели Ученикот/ ученичката:

- да усвои изрази кои се користат на час, да го претстави својот училишен прибор, барање / давање информација за предмети во училницата ( Qu’est-ce que c’est? C’est un/une….)

Исходи Ученикот/ ученичката:- запомнува и идентификува предмети во училницата и изрази на час

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеПретходни знаења: Наставникот ги поздравува учениците употребувајќи ги изразите совладани на претходниот час). Со флеш карти/слики/постер ги запознава учениците со новвокабулар – предмети во училницата. Покажувајќи илустрации на предметите вели "C’est un stylo. C`est une gomme."Пишува на табла "Qu’est-ce que c’est?" и ги прашува (нагласува интонацијата и гестикулира) учениците да ги идентификуваат предметите.Преку дијалогот на стр.8 од учебник ги запознава со изрази за комуникација на час.Се работат вежба 2 и 4. Го открива значењето на изразите и зборовите заедно со учениците, преку гестикулации, а потоа ги објаснува (доколку не го откријат значењето).Работна тетратка стр. 7 вежба 4 и 5 - увежбување на наученото(активности со препознавање на зборови и реченици).

Учениците го поздравуваат наставникот (Bonjour Madame / Monsieur, ca va, merci et vous).Се запознаваат со нов вокабулар и го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот.Се запознаваат со прашањето "Qu’est-ce que c’est?" и соодветниот одговор "C’est un/une…."Идентификуваат предмети во училницата (C`est un tableau…). Го слушаат дијалогот, набљудувајќи ги сликичките. Кажуваат каде се наоѓаат личностите ( a l`ecole)Определуваат кои изрази во кој дијалог ги слушаат (вежба 2).Го погодуваат значењето на изразите со помош на гестикулациите од страна на наставникот.Во тетратка ги запишуваат зборовите и изразите.Ги работат вежбите од работната.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 15: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

1. Поздравување, претставување (себеси и некого)

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, работни листови или компјутерФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групиЦели Ученикот/ ученичката:

- да умее да се претстави себе и друг, да води едноставна комуникација со примена на јазичните форми

Исходи Ученикот/ ученичката:- запомнува и применува лексика за претставување

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листи

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеНаставникот ги воведува учениците во темата преставување читајќи ја илустрацијата на стр. 13, вежба 10. Го објаснува значењето давајќи свој пример и гестикулирајќи “Moi, je m`appelle X, et et toi?Го запишува прашањето “Comment tu t`appelles?” и одговорите “Je m`appelle…/ Moi, c`est…” (претставување себеси), како и изразите за преставување на некого “Voila…/ C`est.../ Je te presente…/ Enchante,е”. Бара доброволци за увежбување на употребата на овие изрази.Дава листови (може и на компјутер) со вежби за употребата на изразите (вежби со пополнување, поврзување).Ја следи работата на учениците по групи кои имаат задача да креираат кратки драматизации.По драматизациите на сите ученици дава глобална повратна информација во однос на изговорот и употребата на изразите.

Учениците одговараат на прашањето на наставникот “Je m`appelle…” и ја откриваат темата на часот.Ги запишуваат изразите за претставување во тетратка и ги изговараат повторувајќи по наставникот.Потоа една група ги употребува изразите во кратки драматизации заедно со наставникот. Пример “Bonjour. Je m`appelle X et toi, comment tu t`appelles? Moi, c`est Y et Voila Z. Enchante”.Решаваат вежби дадени од наставникот (на лист или на компјутер). Работат самостојно на увежбување на употребата на изразите. Се самооценуваат со листи за проверка подготвени од страна на наставникот и дадени точни одговори.Потоа работат во групи, репродуцираат кратки драматизации во кои треба да ги употребат научените изрази, се подготвуваат и учествуваат во кратки комуникативни ситуации.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 16: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

2. Лични заменки еднина, еднина од глаголите s’appeler, еtre

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, хамерФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојна, во групиЦели Ученикот/ ученичката:

- да ги применува предвидените граматички елементи, разбира глобално содржина на дијалогИсходи Ученикот/ ученичката:

- именува лични заменки и глаголите во еднина и ги применува во реченициОценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеНаставникот закачува хамер на кој се изменувани глаголите еtre иs’appeler.Ги прашува учениците за значењето на глаголот s’appeler и логички да се надоврзат на значењето на je, tu, il, elle (лични заменки).Го чита глаголот и дава пример за сите лица.Дава примери за глаголот еtre (Je suis de Macedoine. Tu es deFrance.) преку кои учениците го откриваат значењето.Се увежбува менувањето на гл.- вежби 1, 3 и 5, учебник стр.16. Се работат вежбите 2 и 4 на стр. 12 (увежбување на способноста за усно разбирање).Ги запознава учениците со некои правила за читање (j, e, s, oi, ou). Запишува непознати зборови, го чита текстот и дава насоки при читањето на учениците (правила, интонација).За домашна работа: вежби 5 и 7 од учебник, стр.13.

Учениците надоврзувајќи се на претходните знаења, го кажуваат значењето на првите две лица на s’appeler и ги откриваат личните заменки и трето лице од глаголот.Неколку ученици го читаат s’appeler и даваат свои примери. Го откриваат значењето на глаголот еtre и го читаат. Учениците работат вежби (граматички) во учебникот. Работат самостојно а потоа читаат и заеднички се корегираат.Го слушаат дијалогот неколку пати кажуваат за што се работи во текстот и ги работат вежбите со кои ја развиваат способноста за усно разбирање.Учениците ги запишуваат правилата за читање и непознатите зборови во тетратка.Неколку ученици го читаат текстот по улоги.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 17: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

3. Име, презиме, адреса, занимање

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, листовиФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојнаЦели Ученикот/ ученичката:

- да ја совлада потребната лексика за потполнување на едноставни формулари со име, презиме,адреса, занимање, да гради постепено сопствени стратегии за разбирање при читање

Исходи Ученикот/ ученичката:- препознава и применува лексика за општи податоци (име, презиме, адреса, занимање), запомнува некои правила за читање

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација,аналитичка листа за следење на напредокот на читањето со цел негово подобрување

Обем и редослед на содржина Активности на учениците

Се продолжува со обработка на дијалогот од минатиот час.Се потсетуваме на правилата за читање и се увежбува вештината читање. Наставникот користи аналитичка листа за следење на напредокот.Преку вежба 8, стр.15 од учебник се воведува вокабуларот за професии.Откривање на лексика за име, презиме, адреса, занимање, преку вежба 7, стр.11 од работна тетратка. Појаснување со употреба на позната лексика: Il s`аppelle P.L. Il est mannequin.Наставникот ги запишува непознатите зборови на табла.

Учениците го слушаат дијалогот, го преведуваат и го читаат по улоги, обрнувајќи внимание на интонацијата и правилата за читање.Ја откриваат лексиката преку вежбата од учебникот. Поврзуваат слики со текст.Работат вежба од работна, забележуваат точни и неточни податоци.Потоа по примерот на наставникот ги претставуваат сите личности (Elle s`appelle Juliette Beranger. Elle est journaliste….). Ги запишуваат непознатите зборови во тетратка.За следниот час да донесат сликички од своите омилени ѕвезди.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 18: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

4. Распрашување : Qui est-ce ? Voilà… Потполнување на кус формулар

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, работна тетратка, сликиФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојнаЦели Ученикот/ ученичката:

- да разбира содржина на едноставни текстови, да го совлада прашањето за идентификување на луѓе и соодветниот одговор

Исходи Ученикот/ ученичката:- идентификува конкретни информации во даден текст, го помни и употребува прашањето “Qui est- ce? ” и соодветниот одговор “C`est... ”.

Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеСо помош на сликите на учениците од омилените звезди, наставникот ги запознава со прашањето Qui est-ce. Покажува слики и за секоја вели “Qui est-ce? C`est Toshe.” или “Voila Johnny Depp.” Потоа ги прашува учениците.Активноста продолжува со сликите од учебникот на страна 14.Наставникот ги прашува учениците кои се личностите.Се работи вежба 2 – писмено разбирање на текст и вежба 5 -претходни знаења за личните заменки.Активност – пополнување на формулари со име, презиме, адреса и професија (по примерот од учебникот).Наставникот ја следи работата на учениците и дава насоки.Вежба 2 од работна тетратка стр. 10.

Учениците се запознаваат со прашањето за идентификување на луѓе и соодветниот одговор. Ги гледаат сликите и одговараат. Доколку ги познаваат личностите од учебникот одговараат (C`est Tom Cruise).Учениците ги читаат текстовите и ја работат вежба 2 – точно неточно. Потоа ја работат вежба 5 и ја подвлекуваат соодветната лична заменка.Неколку ученици ги читаат на глас текстовите.Потоа прават формулар со свое име, презиме, адреса и име, презиме, професија на омилената звезда, ја лепат сликичката и го пополнуваат формуларот.Ја работат вежбата од работната-пишуваат реченици со “C`est…; Il / Elle est…”.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 19: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

5. Претставување на француска и домашна звезда

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Листови, автентични документи-песна, ЦД плеерФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојнаЦели Ученикот/ ученичката:

- да умее да претстави француска и домашна звезда и да се запознае со познати француски личности од областа на спортот, музика, телевизија и модата.

Исходи Ученикот/ ученичката:- применува соодветна лексика и граматичка структура за претставување на личност

Оценување Во текот на сите активности, наставникот дава усна повратна информација, писмена повратна информација

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеАктивност со користење на формуларите од претходниот час -претставување на омилената личност.Наставникот дава писмена повратна информација за текстовите(лексиката и граматичката структура).Потоа наставникот дели листови на кои има познати француски личности. Дадено е име и сликичка која асоцира на професијата, како и во кој филм/ клуб игра/ песни... Вежба со дополнување. Дискусија за личностите (дали познаваат некои од дадените или други француски личности) и нивно претставување. Доближување на француската култура на учениците и нивно поттикнување да го користат јазикот и надвор од часовите (интернет, музика, филм...) Слушање на песна од актуелната француска музичка сцена.

Учениците ги користат направените и пополнетите формулари од претходниот час и пишуваат текст во кој ја претставуват својата омилена личност.Ги читаат текстовите и добиваат писмена повратна информација. Учениците се запознаваат со некои познати француски личности од областа на спортот, музика, телевизија и др.Според дадената сликичка ја откриваат нивната професија (вежба со дополнување).Очекувани одговори- личности од областа на спортот. Учениците претставуваат усно некоја од дадените личности.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 20: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

6. Броевите до 10

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Учебник, ЦД плеер, ЦД, постер, топче, листовиФорми и методи на работа Работа со цело одделение, индивидуална, во паровиЦели Ученикот/ ученичката:

- да го совлада правописот и изговорот на броевите од 1 до 10Исходи Ученикот/ ученичката:

- брои до 10Оценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација

Обем и редослед на содржина Активности на учениците

Запознавање со броевите од 1 до 10 со помош на постер на кој се напишани и претставени. Се увежбува изговорот.Слушање и пеење на песна за броевите, чиј текст е на стр.13 во учебникот.Активност за препознавање на броевите- решавање осумнасочник.Активност за меморирање и увежбување на изговорот на броевите- подавање со топче и броење до 10.Потсетување на азбуката. Спелување на броеви.

Учениците се запознаваат со броевите од 1 до 10 и го увежбуваат изговорот повторувајќи по наставникот.Ги меморираат броевите слушајќи и пеејќи песна која ги содржи. Решаваат осумнасочник, ги пронаоѓаат броевите и ги заокружуваат.Учениците си подаваат со топче. Кој ќе го фати топчето треба да го изговори бројот кој следи. Се брои по ред од 1 до 10.Вежба со спелување на броевите. Еден ученик спелува број, а друг го пишува на табла.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на

Page 21: Le MAG 1 Godisno Planiranje

Број и наслов на наставна единица

7. Увежбување на содржините од тема 1

Одделение Наставна метода Наставна целина Датум на реализирањеШесто Mag 1 Je suis fan !

Потребни ресурси Работна тетраткаФорми и методи на работа Работа со цело одделение, самостојнаЦели Ученикот/ ученичката:

- ги увежбува и утврдува стекнатите знаења (лексика, граматика)Исходи Ученикот/ ученичката:

- ги помни и ги применува стекнатите знаењаОценување Во текот на сите активности на учениците, наставникот дава усна повратна информација, чек листа

за самооценување

Обем и редослед на содржина Активности на ученицитеУсна проверка на стекнатите знаења (Што е научено до сега?) Според бројот на кренати раце наставникот добива општа претстава за совладанато. Дава усна повратна информација. Потоа се работат вежби во работната тетратка.Вежба 2 стр. 6 – поврзување прашање и одговор.Вежба 2 стр.8 – наоѓање прашање за даден одговор.Вежба 1 стр. 10 – составување дијалози по слики од дадени реченици.Вежба 4 стр.10 – пополнување со соодветното лице на глаголите. Вежба 5 стр. 11 – пополнување крстозборка по слики за професии. Наставникот дели чек листи за самооценување на учениците (штое научено, а на што треба да се обрне внимание, да се доучи за да се постигнат бараните цели).

Учениците набројуваат што научиле и усно го презентираат наученото (менуваат глаголи, бројат, кажуваат изрази за поздравување и претставување, изрази на час, азбука, прашањата за идентификување на предмети и луѓе, училишениот прибор) Потоа решаваат вежби во работната. Учениците работат самостојно, одговорите ги читаат по ред сите ученици и меѓусебно се корегираат.Учениците потоа се самооценуваат за покажаното знаење.Пополнуваат чек листа за тоа што научиле и што треба да доучат.

Забелешки за постигањат а , пот е шкотиите, импликации за работата во идн и на