21
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Економски факултет – Скопје Насока: финансиско-банкарски и даночен менаџмент Семинарска работа по предметот: ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ Тема: ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ 1

finansisko planiranje

Tags:

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: finansisko planiranje

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Економски факултет – Скопје

Насока: финансиско-банкарски и даночен менаџмент

Семинарска работа по предметот:

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Тема: ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ

Ментор: Изработи:

Проф.д-р Зоран Ивановски Арсоска Маја 0229

1

Page 2: finansisko planiranje

Кратка содржина:

1. Општ осврт за финансиското планирање

2. Принципи на финансиското планирање

3. Видови финансиски планови

4. Планиран биланс на успех и планиран биланс на состојба

5. Деловен и финансиски ризик и деловен и финансиски левераге

6. Планирање на паричните текови

7. Планирање на долгорочните вложувања и оценка на ефикасноста на вложувањата

2

Page 3: finansisko planiranje

Резултатите од работењето на стопанските субјекти се детерминираат од повеќе

фактори, меѓутоа од аспект на деловните финансии и извршувањето на финансиската

функција, резултатите се детерминирани од рационалноста при користењето на

финансиските средства. Во оваа смисла рационалноста значи обезбедување

финансиски средства коишто по својот квалитет и квантитет ќе одговараат на

поставените плански задачи. Оттука произлегува дека процесот на финансиското

планирање е во тесна корелативна врска со финансирањето. Финансирањето е

сложен процес којшто значи управување со вкупните парични текови и како

такво треба да се организира така што ќе овозможи реализирање на определените

акивности и цели акко што се:

- Планирање на потребните финансиски средства,

- Обезбедување на потребните финансиски средства,

- Предвидување на целокупниот прилив и одлив на финансиски средства,

- Финансиска контрола не само на тековните,туку и на идните финансиски и

деловни настани.

НАЧЕЛА (ПРИНЦИПИ) НА ФИНАНСИСКОТО ПЛАНИРАЊЕ

За да можат да се реализираат определени цели во врска со планирањето на приливот и

одливот на фианнсиски средтсва или во врска со рационалното користење на тие

средтсва и почитување на оптималните рокови во кои што ќе се составуваат

финансиските планови, односно за да може подоцна успешно да се реализира

финансиското планирање истото треба да почива на почитување на определени

принципи или начела што ќе овозможат и при планирањето на паричните текови да се

обезбеди раелизација на целите и задачите не само на финансиската туку и на

деловната политика на еден стопански субјект.

3

Page 4: finansisko planiranje

Тие начела се следните:

Начело на систематичност

Начело на јасност

Начело на временска точност

Начело на еластичност.

Начелото на систематичност претпоставува дека при донесувањето и

спроведувањето на финансиските планови ќе се почитуваат определени услови.

Начелото на јасност поставува во основа две барања или два услова коишто треба да

бидат исполнети за да се обезбеди рационалност во финансиското планирање:

1.финансиските планови да се донесуваат врз основа на јасно расчленување;

2. донесувањето на финансиските планови да се спроведува преку почитување на

бруто принципот.

Начелото на целосност при планирање на паричните текови, бара сите приливи и

одливи на финансиските средтсва да бидат прикажани во целина, независно од

организациониот облик за којшто се донесуваат тие планови.

Начело на еластичност, во економска смисла на зборот еластичноста претставува

способност на стопанските субјекти да се прилагодуваат кон промените што

настануваат во технологијата на производството, промените во сферата на финансиите

и финансиските односи.

Начело на временска точност. Ова начело бара сите приливи и одливи на

финансикси средства да бидат временски точно да се знае во кој временски период ќе

се оствари определен прилив или одлив на финансики средства. Почитувањето на ова

начело е детерминирано од две компоненти:

-од должината на временскиот период за којшто се донесува финансискиот план.

4

Page 5: finansisko planiranje

-од временскиот период што изминува од моментот на донесувањето на

финансискиот план до моментот на отпочнувањето на планираниот период.

ВИДОВИ ФИНАНСИСКИ ПЛАНОВИ

Остварувањето на финансиската и деловната политика на стопанските субјекти

подразбира реализација на голем број финансиски цели. Со нивната реализација се

намалува ризикот во работењето со финансиските средства и се овозможува таква

комбинација на изворите на фианнсирање со помош на коишто трошоците на

финансирањето се минимални. Во таа смисла остварувањето на финансиското

управување, односно финансискиот менаџмент, преку процесот на финансиската

политикаи финансиското планирање, подразбира диференцирање на финансиксите

планови од два аспекти:

- Од временски аспект

- Од функционален аспект.

Од временски аспект финансиските планови се делат на:

Долгорочни, со рок над пет години-се инструменти преку коишто се

реализира долгорочната развојна стратегија на претпријатието и на тој начин

се овозможува реализација на целите на деловната и финансиската политика.

Долгорочните финансиски планови се донесуваат за период подолг од 5

години. Нивни основни карактеристики се: дологорочноста и глобалноста.

Среднорочни, од една до пет години-претставуваат операционализација на

среднорочната деловна, а пред се финансиска политика и предвидува

определување на финансиската конструкција при вложување во конкретни

прпекти за пократок временски период.

5

Page 6: finansisko planiranje

Краткорочни, до една година-претставуваат натамошна операционализација

на процесот на финансиското планирање со кој што се има за цел да се

постигне оптимална структура на средствата,оптимална структура на изворите

т.е. оптимална ликвидност.

Оперативни-квартални, месечни, декадни и сл.

Од функционален аспект се делат на: редовни и специфични. Редовните финансиски

планови се делат на централизирани и децентрализирани, а специфични се оние што се

составуваат во определени специфични услови коишто можат да настанат во

претпријатието и тоа: при основање, при санација, при ликвидација и сл.

Финансиксите планови како инструмент преку кој се обезбедуваат начините за

остварување на финансиските цели треба да се темелат и врз почитување на

определени финансиски рамнотежи во планирањето како што се:

-оптимална и парцијална финансиска рамнотежа- оптимална постои тогаш кога

пооделните приходи сосема се доволни за покривање на пооделните расходи и тоа

набљудувани не само во вкупен износ, туку и поединечно. Парцијална финансиска

рамнотежа-постои тогаш кога е остварена рамнотежа помеѓу пооделните независни

компоненти што ги содржат финансиските планови, како што се производството,

набавката, наплатата.

-структурна и пазарна финансиска рамнотежа. Структурна постои тогаш кога се

остварува рамнотежа меѓу средствата и изворите за нивно фианансирање. Пазарна се

смета дека е восоставена кога постои рамнотежа меѓу потребните фианнсиски средства

на стопанскиот субјект и понудата и побарувачката на тие средства на финансискиот

пазар.

-статичка и динамичка финансиска рамнотежа. Статичката е таква рамнотежа кога

не настануваат промени во висината на сопствените средства, односно постои

рамнотежа во услови кога стопанските субјекти не остваруваат ниакква акумулација.

Динамичка постои тогаш кога постојат промени во висината на ангажираните

финансиски средства што сосема е разбирливо во услови на развојна тенденција на

претпријатието.

6

Page 7: finansisko planiranje

ПЛАНИРАН БИЛАНС НА УСПЕХ И ПЛАНИРАН БИЛАНС НА СОСТОЈБА

Заради функционалната поврзаност на билансот на успехот и билансот на состојбата

тие во практиката обично се изготвуваат паралелно. Бидејќи се врши испитување и

доведување на хоризонталната и вертикалната структура на билансот на состојбата во

нормала, планскиот биланс на успехот и планскиот биланс на состојбата се

изготвуваат во повеќе варијанти

Пред оставувањето на планскиот биланс на успехот и планскиот билан на

состојбата претходи планирање на продажбата, планирање на набавките,

планирање на производството, планирање на вложувањата во постојани

средства( основни средства и долгорочни финансиски вложувања), а потоа сите

овие планови се слеваат во планираниот биланс на успехот и планираниот биланс

на состојбата.

Првата варијанта на планираниот биланс на успехот се составува така што се поаѓа од

планирање на структурата на планираниот обем на произвдство и планирање на

расходите на планираниот обем на продажба.

Планирање на приходите од продажба. Приходите од продажба се утврдуваат така што

планираниот физички обем на производство се множи со очекуваната нето продажна

цена којашто се пресметува како разлика меѓу продажната цена и попустите.

Планирање на варијабилните расходи. Планиранте варијабилни расходи се еднакви на

резултатот што се добива кога планираните варијабилни трошоци по едиица производ

ќе се помножат со планираната количина на продажба.

Планирање на расходите на периодот без камата. Расходи на периодот без камата,

всушност, се планираните фиксни и релативно фиксни трошоци содржани во

продадените производи и трошоците на продажбата.

Планирање на даноците од резултатот. Даноците од резултатот се планираат така што

бруто добивката се корегира на повисоко ниво за расходите што националното

7

Page 8: finansisko planiranje

законодавство не го признава за расходи и на пониско ниво за даночните олеснувања

што даночното законодавство ги признава.

Маржата на покривање се планира како разлика помеѓу приходите од продажбата и

варијабилните расходи.

Планирање на деловната добивка. Деловната добивка е еднаква на разликата меѓу

маржата на покривање и на расходите на периодот без камата.

Бруто добивката се планира како разлика меѓу деловната добивка и нето расходите на

финансирање.

Нето добивката е еднаква на разликата меѓу бруто добивката и данокот од добивката.

Планирање на основачкиот биланс на состојбата

Кога се основа претпијатие тогаш се составува основачки планиран биланс на состојба.

Основачкиот планиран биланс на состојбата ги прикажува обемот и структурата на

средствата и изворите на финансирање на крајот од основачкиот период, односно на

денот кога претпријатието се одпособува за извршување стопанска дејност.

Основачкиот планиран биланс на состојба по својата структура се разлекува од

планираниот биланс на состојба на веќе постојно претпријатие.

ДЕЛОВЕН И ФИНАНСИСКИ РИЗИК И ДЕЛОВЕН И ФИНАНСИСКИ LEVERAGE

Деловниот ризик, всушност е неизвесност за остварување на деловниот резултат

како принос на вкупно вложените средства, односно вложениот капитал.

Деловниот резултат како принос на вкупно вложениот капитал е разлика меѓу маржата

на покривање и расходите на периодот без камата. Со други зборови деловниот

резулатат во себе ги содржи расходите на финансирање, данокот на резултатот о нето

добивката. Вкупно вложениот капитал треба да создаде некој фианнсиски резултат,

односно деловна добивка, бидејќи тоа го бара принципот на рентабилноста. Како ќе се

дели деловната добивка меѓу сопствениците на капиталот при преземањето на

8

Page 9: finansisko planiranje

деловниот ризик не се зема предвид, но битно е да семаксимизира деловната добивка,

односно да се максимизира приносот на вкупно вложениот капитал.

Ризикот во остварувањето на приносот на вкупно вложеиот капитал поаѓа од фактот

што со самото вложување на капиталот настануваат определени трошоци, независно од

тоа дали вложениот капитал се користи или и со кој интензитет се користи истиот. Тоа

обично се фиксни трошоци што настануваат и кога вложените средтсва не се

активирани, односно тие настануваат независно од интензитетот на користење на

вложените средства. Типичен пример за ова се трошоците на амотризацијата и

фиксните трошоци на организацијата.

Од друга страна пак, трошоците за организација на работењето настануваат, исто така

независно од инензитетот на користење на средствата.Имено штом средтвата се

вложени мора да се обезбеди нивно чување и осигурувањемора да бидат организирани

определени функции и управа на претпријатието, а во врска со тоа настануваат

определени трошоци што се фиксни, бидејќи нивната висина не зависна од

интензитетот на користењето на средствата.

Фиксните трошоци се трошоци односно расходи за периодот, што мора да се покрие за

да се избегне деловна загуба, и не само да се покријат туку да се обезбеди определен

принос на вложениот капитал. Приносот на вложенот капитал, односно рентабилноста

е објективна економска законитост и елементарно барање на секој сопственик на

капитал. Она претпријатие што е финансирано од сопствен и позајмен капитал, за да ја

одрзи простат репродукција, мора да врши супституција на позајмениот со сопствен

капитал. За да се овозможи ова потребно е сопсвениот капитал да се зголемува од

позитивниот финансиски резултат. На секое претпријатие не може да му биде цел само

простата репродукција да ја финансира со сопствен капитал, туку тоа мора да се

стреми барем еден дел од проширената репродукција да го финансира со сопствен

капитал. Проширената репродукција значи раст на претпријатието а самиот раст на

претпријатито ја јакне неговата позиција на пазарот и тоа не само заради неговиот

опстанок, туку преку проширената репродукција тоа се прилагодува кон барањата на

пазарот, воцедува ова технологија или произведува курентни производи. И доколку

претпријатието успее во тоа, неговата положба во однос на конкуренцијатае подобра, а

со самото тоа поголеми му се шансите за неговиот опстанок, развој и раст. Според

досега лажаното може да се резимира дека претпријатието е принудено не само да ги

9

Page 10: finansisko planiranje

покрива расходите на периодот, туку и да тежи да ја максимилизира деловната

добивка.

ПЛАНИРАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ

1.Планирање на тековите на деловните средства

Планираниот биланс на деловните средства ја прикажува состојбата и структурата на

средствата и изворите на финансирањето на крајот на планскиот период. Вака

изготвениот биланс на состојбата на деловните средства се разбира не ги прикажува

само промените на билансните позиции во текот на планскиот период, ами и

движењето на средствата и изворите на финансирање врз основа на деловните

трансакции.

Планираниот биланс на тековите на деловните средства се систематизира така што на

една страна се прикажува обезбедувањето на средствата, а на друга страна

користењето на средствата. На ваков начин се добива извештај за тоа врз чија основа

ќе се обезбедат средствата од една, и зошто тие средства ќе бидат искористени во текот

на планскиот период, од друга страна. При планирањето на тековите на деловните

средства постои едно правило а тоа е следново:

-Секое зголемување на позициите во пасивата и секое намалување на позициите

во активата претставува обезбедување средства, и секое зголемување на

позициите во активата и секое намалување на позициите во пасивата претставува

употреба-користење на средствата.

Спрема ова, обезбедените средства во текот на планскиот период се еднакви на збирот

на зголемувањето на позициите во пасивата и намалувањето на позициите во активата

во истиот период. Планираниот биланс на тековите на деловните средства по содржина

може да биде биланс на бруто тековите на деловните средства и биланс на нето

тековите на деловните средства. За да се оствари ова нужно е планиранот биланс на

состојбата да се состави така што најнапред ќе се прикажат билансните позиции на

почетокот на годината, а потоа за секоја билансна позиција ќе се прикаже планираното

зголемување и планираното намалување во текот на планскиот период.

10

Page 11: finansisko planiranje

Според формата, планираниот билас на тековите на деловните срдства може да биде во

вид двострана или еднострана сметка. Кај двостраната сметка на едната страна се

прикажува употребата на средствата, а на другата страна обезбедувањето на

средствата. Кај едбостраната сметка, по правило, најнапред се прикажува

обезбедувањето на средствата, а потоа нивното користење.

2. План на тековите на готовината

Планот на тековите на готовината дава информации за тоа како и на која основа се

зголемува или намалува готовината во текот на планскиот период. Самиот план на

тековите на готовината се составува така што се зема готтовината на почетокот на

планскиот период, потоа се прикажуваат зголемените позиции во пасивата и

намалувањето на неготовинските позиции во активата во текот на планскиот период со

што на плус се корегира готовината на почетокот од планскиот период. Натаму се

земаат намалувањата на позициите во активата во текот на планскиот период, со што

готовината во почетокот на планскиот период се корегира на минус.

-разликата меѓу збирот на готовината на почетокот на планскиот период,

зголемувањето на позициите во пасивата и намалувањето на неготовинските

позиции во активата во текот на планскиот период, од една и збирот на

намалувањето на позициите во пасивата и зголемувањето на неготовинските

позиции во активата во текот на планскиот период, од друга страна, ја даваат

готовината на крајот на планскиот период.

3.планирање на приливот и одливот на готовината

Целта на планирањето на приливот и одливот на готовината е благовремено да се

добијат информации дали во планираниот временски интервал ќе се одржи или нема да

се одржи ликвидноста.

Планирањето на приливот и одливот на готовината може да се врши по два метода:

биласен метод и динамички метод.

11

Page 12: finansisko planiranje

Билансниот метод всушност е планираниот биланс на тековите на готовината,

прикажан во претходните изложувања. Неговата примена за кратки временски

интервали бара изготвување на планираниот биланс на успехот и планираниот биланс

на состојбата за секој квартал посебно, за кој се врши планирање на приливот и

одливот на готовината.

Динамичкиот метод на планирање на приливот и одливот на готовината за практиката

е поприфатлив, бидејќи може успешно да се примени и за подолги и за пократки

временски интервали. Самата технологија на планирање, според динамичкиот метод,

се состои во тоа што за даден временски интервал се предвидува приливот и одливот

на готовината по сите основи и тоа:

Продажба во готово

Наплатата на побарувањата од купувачите

Продажбата на хартиите од вредност

Емисијата на хартиите од вредност

Применети аванси од купувачите

Наплатата на побарувањата на долгорочните и краткорочните пласмани

Обезбедувањето нови кредити, трајни и долгорочни влогови од трети лица.

Планирањето на приливот и одливот на готовината на секоја позиција одделно се врши

во нето износ. Така на пример при планирање на наплатата на побарувањата се

одбиваат: рабатот, касасконтото и сл. Планирањето на приливот и одливот по квартали

е поприфатливо за претпријатијата што вршат набавки, произведуваат и продаваат.

12

Page 13: finansisko planiranje

ПЛАНИРАЊЕ НА ДОЛГОРОЧНИТЕ ВЛОЖУВАЊА И ОЦЕНКА НА

ЕФИКАСНОСТА НА ВЛОЖУВАЊАТА

Сите вложувања на средства чии рок на имобилизација е подолг од една година се

викаат долгорочни вложувања. Спрема тоа долгорочно вложување се смета секое

вложување во основни средства, постојани обртни средства и долгорочни пласмани.

Долгорочните пласмани во вид на кредити или вложувања во други претпријатија, чии

рок на наплата е подолг од една година, ќе се трансформираат постепено во готовина

и тоа со наплатата на главницата за онолку години колку што изнесува и рокот на

наплатата.

На секое вложување во основни средства и постојани обртни средства му претходи

изготвување на проект, односно програма за вложување, што често во литературата и

практиката се нарекува инвестиционен проект или програма. Од аспект на целите што

се сакаат да се остварат со вложувањата во литературата постои различна поделба на

проектите на вложувањата во основни и трајни обртни средства.

Од многубројните методи за оценка на оправданоста на долгорочните вложувања во

оваа прилика ќе се определиме само за оние методи што се користат за оценка на

ефикасноста од финансиски аспект. Методите што се користат за оценка на

ефикасноста на инвестиционот проект од финансиски аспект треба да дадат одговор на

прашањето дали понудениот инвестиционен проект е прифатлив или не во случај кога

се понудени два или повеќе инвестициони проекти.

Имено во реалниот живот може да се случи да се понуди само еден инвестиционен

проект за којшто нема алтернативен проект. Во овој случај примената на методите

за ефикасноста на инвестиционите вложувања од финансиско стојалиште дава

одговор на тоа дали е проектот прифатлив или не. Во случаите пак кога има два

инвестициони проекта, но заради немање на доволно средства или поради други

причини треба да се реализира само еден, тогаш оценката за ефикасноста на

инвестиционите вложувања се врши од аспект на финансиското стојалиште.

13

Page 14: finansisko planiranje

Може да се заклучи дека методите за оценка на ефикасноста од инвестиционите

вложувања од финансиски аспект се доста значајни, бидејќи само тие даваат

релевантен одговор за ефектите на инвестициониот проект, односно како тие ќе се

одразат врз рентабилноста на работењето и врз финансиската сила на

претпријатието. Од друга страна пак без рентабилност и соодветна финансиска

сила нема перспектива и егзистенција ниту за едно претпријатие.

Методите што се применуваат за оценка на ефикасноста на дологорочните

вложувања, од финансиска гледна точка, се делат на динамички и статички.

- Динамичките методи поаѓаат од тоа што меѓу моментот на вложувањата во

инвестициониот проект и моментот на остварувањето на примањата од тој

инвестиционен проект секогаш постои определена временска разлика.

- Иако динамичките методи за оценка на инвестиционите вложувања научно се

верифицирани, а во таа смисла се и релативно објективн, сепак треба да се има

предвид фактот дека статичките методи со кои се врши оценка на

инвестиционите вложувања, се доста широко застапени во стопанската

практика.

14

Page 15: finansisko planiranje

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1.Проф. д-р Бранко Трајкоси – Деловни финансии со финансиски

менаџмент

4. Проф. Др. Зоран Ивановски- “Финансиски Менаџмент”

3. Preduzetnički menadžment - Biznis plan i biznis programi - Prof. dr Ivan Vajič

4. Методија Несторовски- “Инвестиционен менаџмент”.

5. http://www.financemind.com;

6. http://www.kapital.com.mk;

7. http://wealth.blog.co.yu;

15

Page 16: finansisko planiranje

16