13
Бизнис Логистика Меѓународен транспорт и шпедиција Општо за организација на шпедитерско претпријатие

11 predavanje - megunarodna spedicija

Embed Size (px)

DESCRIPTION

шпедиција

Citation preview

Page 1: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Бизнис Логистика Меѓународен транспорт и

шпедиција

Општо за организација на шпедитерско претпријатие

Page 2: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Организација и поврзаност на шпедитерско претпријатие

Дејноста на меѓународната шпедиција поради својата сложеност и значење во меѓународниот и националниот систем, треба да се разгледува како сложен, динамичен стопански и економски систем.Тоа, всушност, е збир на меѓусебно поврзани и меѓувлијателни шпедитерски активности на шпедитерските организациони единици во земјата и во странство.

Како и кај сите други гранки на стопанството, каде што мора да постои организација на трудот, исто така, и меѓународните шпедитерски организации, ако тие сакаат да одговорат на своите задачи, морат да постават своја организација на работење.Не постои никакво правило, одредба или некоја засекогаш дадена форма според која се организира шпедитерското претпијатие. Зависно од географската положба на која се наоѓа и работи, дејностите и видот на работите кои ги врши одделен шпедитер, како и од големината на самата работна организација, зависи и внатрешната организација на одделен шпедитер.

Page 3: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Со оглед на дејностите со кои се занимаваат одделни шпедитерски претпријатија според структурата на организацијата би можеле, шпедицијата да ја поделиме во две основни групи и тоа:1. Чисто шпедитерски претпријатија и 2. Комбинирани шпедитерски – автотранспортни претпријатија.

Под чисто шпедитерски претпријатија ги подразбираме оние меѓународни шпедиции што се занимаваат исклучиво само со отпремување на стока, без транспортна дејност, односно кои немаат воедно и регистрација за меѓународен транспорт на стоки. Тие можат да имаат определн возен парк само за пренесување на стока од железница, аеродром, пристаниште и од своите складишта и обратно.

Под комбинирани шпедитерско-автотранспортни претпријатија – ги подрзабираме оние меѓународни шпедиции што имаат регистрација за меѓународна шпедиција и за меѓународен транспорт на стоки. Во нивната внатрешна организациона структура две дејности наполно се издвоени.

Page 4: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Тарифско-конјунктурни работи

Не може да се замисли правилна и успешна работа на меѓународно – шпедитерско претпријатие ако својата внатрешна организација нема добро организирана тарифско – конјунктурна служба, бидејќи таквата служба е од голема важност за успешно работење на меѓународната шпедиција.

Во некои меѓународни шпедитерски организации ваквата тарифско - конјунктурна служба, се нарекува комерцијална служба, во некои други тарифен сектор или сектор за договарање и др.

Во тарифската - конјунктурна служба, како најважни работи кои се вршат се:1. аквизиција,2. следење на пазарот,3. составување на калкулација, 4. изработка на форфетни ставки,5. информации и понуда,6. диспозиција,7. позиционираност,8. диспонирање,9. склучување на договор за шпедиција,10. рефакција и11. Провизија, награди и надомест на други трошоци.

Page 5: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Калкулации

Составувањето калкулации е многу важна и сложена работа во меѓународната шпедиција. За да може да се изработи една сеопфатна калкулација, шпедитерот потребно е од својот комитент да ги добие потребните документи и точните податоци за видот и количеството на стока, за начинот на пакување, за специфичната тежина на стоките и одделните пратки, за начинот на плаќање или наплата, како и сите оние елементи што се важни и од значење на калкулацијата на трошоците за транспорт и др.

При составувањето на калкулации мораат да се почитуваат одредени принципи и начела, тоа се:a) потполност,b) реалност,c) непосредност,d) прегледност.

Во шпедицијата за разлика од индустријата и трговијата постојат само два видакалкулации и тоа:- Информативни (претходни, пресметковни) и- Вистински (дополнителни, пресметковни).

Page 6: 11 predavanje - megunarodna spedicija

* Форфетна ставка

Под форфетна ставка, главно се подразбира, паушална тарифна ставка за збир на услуги по индивидуални тарифни ставки. Изразот форфет се употребува секогаш кога се договара плаќањето на одредени услуги според однапред утврден фиксен износ, без оглед на висината на вистинската вредност на одделни услуги, односно вистински трошоци до кои се дошло во врска со извршувањето на соодветните услуги.

Во шпедитерското работење разликуваме три вида форфетни ставови:1. Форфетна ставка во најтесна смисла2. Форфетна ставка во поширока смисла3. Форфетна ставка во најширока смисла

Page 7: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Форфетната ставка може да се јаве во две форми:- Прво, кога се прави пресметка по единица мера и- Второ, во форма на пресметка за целата пратка.

Форфетната ставка има големо значење и предност која им користи на комитентите на шпедитерот, а со тоа и на меѓународната размена на стока. Имено, примената на форфетната ставка на шпедитеровиот комитент му дава можност однапред да ги знае трошоците, така што навремено има јасен преглед на конечната цена на стоката што ја купува или продава.

Форфетната ставка најчесто се употребува кога имаме збирен промет и кога се работи за отпрема на големи количества разна стока што се превезува како вагонска, односно, шлеперска пратка и треба да се распореди на повеќе крајни корисници како и кај транзитните работи, посебно ако се работи за значајни работи во транзит.

Page 8: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Информации и понуди

Меѓународниот шпедитер врз барање на постојани или потенцијални комитенти дава незадолжителни информации за висината на превозните и другите трошоци, како и понуди за висината на услугите за конкретни работи што би ги презел. Информациите обично ги дава тарифно – конјунктурната служба, а може да дава и понуди. Меѓутоа во зависност од внатрешната организација на шпедицијата, а понудите вообичаено ги дава комерцијалната служба или некои други организациони единици.

Понудите можат да се дадат во три вида и тоа:

1. Да ги содржат посебно превозните трошоци на превозникот, а посебно цените на шпедитерските услуги кои во конкретната работа ќе дојдат во предвид,

2. Да се даде паушална цена во вид на т.н. форфетна ставка,

3. Генерална понуда.

Page 9: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Диспозиција

Под диспозиција во шпедитерската дејност подразбираме налог со кој комитентот му наложува на шпедитерот да изврши некоја работа во врска со отпремата на стока. Отпремата на стока, како и работите во врска со таа отпрема , шпедитерот ги врши врз основа на доставена диспозиција од комитентот. Диспозицијата во практиката најчесто се јавува како одговор на понудата од шпедитерот. Со давањето на диспозицијата од комитентот, започнува стручниот и техничкиот дел од работата на меѓународниот шпедитер, односно почетокот на една увозна, извозна или транзитна работа. Па според тоа разликуваме:

-Увозна диспозиција,-Извозна диспозиција,-Транзитна диспозиција.

Page 10: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Рефакции

Особено е важна улогата на меѓународниот шпедитер при отпрема – допрема или транзит на стоката, во намалување на транспортните трошоци во целина, со издејствување на рефакции во превозот.

Меѓународниот шпедитер преку своите тарифни служби треба да изнајде можност за враќање на еден дел од платената превознина со склучување на посебни договори со превозниците или врз одредбите на нивните тарифи. Меѓутоа, меѓународниот шпедитер не само што може да добие рефакци од превозните организации, туку може и од друг шпедитер.

Во меѓународниот транспорт на стока некои транспортери за да привлечат превоз на стока по одредени правци или пак со одредени превозни средства, дополнително враќаат определен дел од наплатената превознина. Условите за користење на рефакции кај превозниците се различни. Така, на пример, рефакциите кај меѓународниот железнички транспорт се врзани за определени релации, за определени товари со одредено количество, на пример, 5, 10, 15 или повеќе илјади тони, за определен рок во кој количеството треба да се превезе, на пример, за една година.

Page 11: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Провизија на други трошоци

Поимот шпедитерска провизија, во практика се уште не е расчистен. Така на пример, според едни се подразбира износ кој го добива шпедитерот за застапување при склучување на превозни договори и регресни постапки. Според други се смета како награда на шпедитерот, додека спрема трети, тоа е посебен вид награда на шпедитерот.Таа може, по правило, да се изрази на три начина:1. За аконтација на сопствени финансиски средства,2. За работа во случај на успешно поднесени рекламации за повеќе наплатени

превозни трошоци или царина, рекламирање на оштети поради пречекорување на рокот на испораката и сл. и

3. За доверување на работи на некој друг шпедитер, од кој добива определен дел во вид на провизија.

Page 12: 11 predavanje - megunarodna spedicija

ПРАШАЊА?

Page 13: 11 predavanje - megunarodna spedicija

Ви благодарам на вниманието!!!