48

Револуција Магазин бр 92

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: Револуција Магазин бр 92
Page 2: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA8 Septemvri 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

8 Septemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Анамарија Велиновска,Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Alarm: Pomalku bebiwa, a pove}e iseluvawe

Siroma{tijata go stivnuva pla~ot na bebiwata

Pove}e bebiwa za pogolem ekonomski razvoj

Makedonija oaza na stari ergeni

„Vreme e decata da ka`at NE!“

Zabrana za obre`uvawe - zakana za evreite vo Germanija

Zo{to EU i evroto se va`ni za Evropa?

Film: Poetika za edna tegobna individualizacija

„Evergrin na site vremiwa“ 12

92MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

9

13

16

20

25

28

34

44

Page 4: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA8 Septemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

21 Godina nezavisnost na R.Makedonija

Page 5: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Македонија старее. Тоа е факт. Статистичките податоци покажуваат дека наталитетот на населението од година на година сé повеќе опаѓа. Семејствата или имаат помалку деца или едноставно се одлучуваат да немаат деца.

Светската банка ги класифицира земјите во три групи: со висок наталитет над 30 промили, среден наталитет од 20 до 30 промили и со низок наталитет под 20 промили. Македонија го држи просекот на земјите од ЕУ. Но, ние заостануваме со технолошкиот развој за разлика од нив.

Според демографите од регионот, балканските народи ги земаат навиките од Западот и раѓаат просечно по две деца, но за разлика од Западот каде има висок економски стандард, кај нас нема доволно економска моќ за да се пополнат празнините на тој план. Наместо прилив ние имаме одлив, па населението сé повеќе се намалува и заради миграционите движења. Сé повеќе млади ја напуштаат земјата, барајќи подобри услови за егзистенција.

Мерките што се преземаат за искоренување на т.н. бела чума се различни во различни земји, но искуствата покажуваат дека не е доволно само да се поттикне раѓањето на деца, туку подобрувањето на економската состојба како мерка е многу поефикасна.

Се намалува бројот на децата секоја година

Според статистичките податоци за населението, во Република Македонија има 2.058.539 жители, а густината на

населението изнесува 80.1 жители на км2.

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за наталитетот во Македонија во 2011-та година. Па така, вкупниот број родени деца изнесува 22.972. Од нив 22.770 се живородени, а 202 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2011, во споредба со претходната година е намален за 1.526 деца или за 6.3%. Зголемен е бројот на машки деца, кои сочинуваат 51,6% од сите новородени. Оттука, на секои 100 живородени женски деца, се раѓаат 106.7 машки.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35.3% се живородени деца од мајки на возраст од 25-29 години. Потоа следуваат мајки на возраст од 20-24 години со 24.6%, па мајките од 30 до 34 години со 24.3% итн. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.0 години, а 26.2 години на првите раѓања. Овде се забележува благ пораст на возраста во однос на претходната година.

Alarm: Pomalku bebiwa, a pove}e iseluvawe

Page 6: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.92

Дополнително загрижува податокот што дури 11,5 отсто од новороденчињата што лани дошле на свет се вонбрачни деца.

Значи, во 2011 година, стапката на наталитетот изнесувала 11.1 промили.

Можеме да забележиме дека во Македонија со години наназад се намалува природниот прираст на населението. Македонија 2011-та година ја завршила со минимален природен прираст на населението.

За споредба само, во 1991 наталитетот бил 10 новородени деца на илјада жители, а лани оваа бројка паднала на помалку од две новородени деца.

Од година во година наталитетот постојано се намалува (со исклучок на преминот од 1999 во 2000 година), покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика за периодот од 1994 до 2011 година. Ланската година го запре позитивниот тренд на благ раст на бројот на новороденчињата што започна со 2006 година. Според официјалните податоци, 2006 година е прва година со пораст на бројот на новороденчињата по 13–годишен континуиран пад на наталитетот во Република Македонија.

Во 2005 година биле родени 22.482 бебиња, а во 2006 нивниот број е 22.585 за наредната 2007 година да се зголеми на 22.688 живи новородени бебиња. Во 2009 година беше надмината бројката од 23.000 новороденчиња, а во 2010

година беа регистрирани 24.296 бебиња. Ова значеше враќање и надминување на нивото од 2001 година.

Во споредба со 2010 година може да се заклучи дека лани имало остро намалување на бројот на новородените деца од 6,3 отсто, односно 1.526 бебиња помалку од 2010 година.

Споредбата на официјалните податоци покажува дека убедливо најлоша година за новородените деца била 1997 година во споредба со 1996 година. Тогаш биле родени 26.830 бебиња, што е 2.116 живи бебиња помалку од 1996 година. Во периодот 1994 до 2011 година, 1997 година е период со најстар пад на бројот на родените дечиња – дури 2.116 помалку од претходната година.

Очекувано во оваа категорија е и 2001 година, периодот на вооружениот судир во Македонија. Таа година се родени 24.183 деца што е за 1.985 бебиња помалку од 2000 година. Но, сепак и тогаш, десет години порано и во услови на воен конфликт, во Македонија се родиле повеќе деца од лани.

Разликата во корист на наталитетот наспроти морталитетот е неколку илјади, што според статистичката медологија, претставува минимален природен прираст на населението. Овој тренд веќе неколку години е присутен кај населението во Македонија.

Но, според последните статистички

Page 7: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Стареење на населението

Населението во Македонија го зафаќа силен процес на демографско стареење. Кога учеството на лицата со 60 и повеќе години ќе достигне 12 отсто од населението, се смета дека државата почнува да старее. Според овие податоци, веќе одамна Македонија е влезена во т.н. демографска старост.

Во 1948 година само 8,7 отсто од населението во Македонија било на возраст од 60 и повеќе години, а во деведесеттите години тој број достигнал до 13 отсто од целокупната популација во земјава, а со последниот попис од 2002 година, процентот на овие лица достигна 15 отсто од вкупното население. Со тоа Македонија е влезена во четвртиот, највисок стадиум на демографско стареење.

А, процесот на стареење продолжува. Проценките на ОН говорат дека во Македонија ќе се зголемува старото население и тоа на 14,8 проценти во 2020-та година, до 18,4 проценти во 2030-та година. Ваквиот тренд е очекуван, поради тоа што возраста на населението е зависна од демографските феномени како фертилитет, наталитет и процес на миграција, како и од постоечките економско-социјални состојби.

За состојбата во Македонија, како што истакна директорот на Канцеларијата на Фондот за население на ОН во Македонија (УНФПА), Доина Болога, потребна е соодветна стратегија.

„Бројките покажуваат дека е потребно соодветно планирање и правилно инвестирање во луѓето со цел да се создаде продуктивна работна сила, која може да ја придвижи економијата, како и да се инвестира во младата популација која придонесува за добросостојбата на општеството.

Бројките, исто така, покажуваат дека Македонија сe уште е во фазата на „демографски прозорец“, кога активната популација е во поголем број од зависната, што секако претставува можност која не треба да се испушти, бидејќи со соодветно инвестирање земјата може да го забрза развојниот пат“,- рече Болога, додавајќи дека е потребно и инвестирање во унапредувањето на репродуктивното здравје.

податоци, обработени од првиот квартал за 2012-та година, бројките покажуваат драматичен пат на наталитетот во државата. Бројот на живородени е за 464 помал од оние кои починале. 5307 бебиња за три месеци е најмалку во поновата македонска историја.

Доколку продолжи ваквата стапка на наталитет, до 2050 година ќе биде доведена во прашање егзистеницијата на македонската популација, тврдат демографите.

Page 8: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.92

Со јака економијата до повеќе деца

Економската ситуација, падот на животниот стандард, високата невработеност, како и нерешеното станбено прашање кај младата популација - се главните причини за намалувањето на наталитетот. Младите сé помалку се решаваат да стапат во брак и да имаат потомство, а оние кои го прават тоа, најчесто се решаваат за едно дете.

Според грубите предвидувања на познатиот весник „The Economist“, поради загрижувачки малиот природен прираст на населението, голем број држави нема да го дочекаат следниот милениум.

Во 83 држави и територии во светот, според податоците на Обединетите нации, жените нема да родат доволно ќерки кои би ги замениле. И покрај мерките што се преземаат, сепак малку деца се раѓаат. Најчесто семејствата се ограничуваат на онаа проста репродукција и раѓаат по две деца. Ова се разбира, негативно се одразува не само на порастот на населението, туку и на целокупната економска ефикасност на земјата.

Според експертите лекот е во подобра економија и просперитет – без тоа, никакви мерки не можат да се применат.

Според нив, опфатеноста во високото образование, може да биде и причина за одложувањето на стапување во брак, порано ако било просек 20 години, дваесет и една -две, сега тој просек се поместува на 26-27. Причини од економската природа главно се врзани од она што се нарекува невработеност, немање на перспектива за солидна иднина.

Затоа, потребни се низа мерки со кои би се зголемил наталитетот, како на пример, да се зголеми породилното отсуство, да се помага во растењето на детето до претшколска возраст, можеби и да не се плаќа градинка, или, пак, да има други олеснувања, да имаат помали каматни стапки за земање на кредити и сл.

Неопходни се брзи популациски мерки од страна на државата. Особено треба да се дејствува во реоните каде што е многу ниска стапката на наталитетот и каде што е неопходно да се обновува популацијата, да се интервенира со економски, образовни, социјални и здравствени мерки, без оглед на националната или политичката структура на населението.

Автор: Елена Павловска

Page 9: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

Како поголемиот дел од европските држави, така и Македонија веќе години наназад се соочува со намалување на природниот прираст, стагнација на наталитетот и истовремено зголемување на морталитетот. Бројот на новородени сé повеќе се намалува во однос на бројот на старото население, а младите кои се носители на наталитетот масовно се иселуваат од државата.

За тоа сведочат истражувањата на Државниот завод за статистика, според чии податоци во 2011-тата година стапката на наталитет изнесува 11.1 (живородени на 1000 население). Тоа значи дека во споредба со претходната година, бројот на живородени деца е намален за 1.526 деца односно 6.3 проценти.

Како резултат на намалување на стапката на наталитетот и зголемување на морталитетот во последните 10 години, стапката на природниот прираст бележи пад за 1.6 проценти во 2011-тата година. Според податоците во 2000-тата година бројот на живородени деца изнесувал 26.168, во 2005-тата 22.282, а во 2010-тата 24.296 живородени деца. Д

ополнителен фактор се и внатрешните и надворешните миграции кои постојано се зголемуваат. Во 2011-тата година, во рамки на државата, 7.621 лица го промениле местото на живеење, а салдото на надворешни миграции (разликата меѓу бројот на доселени и отслени лица) изнесува 806 лица.

Според долгорочните проекции на Заводот, се предвидува дека до 2020 година во Македонија ќе се намали бројот на младото население до 14 години, а ќе се зголеми бројот на населението над 60 години. Исто така, се предвидува вкупниот број од 2 милиони жители, за 90 години да се намали на 1.3 милиони.

Siroma{tijata go stivnuva pla~ot na bebiwata

Page 10: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.92

Причини за помалку бебиња

Македонија е држава во која како основни причини за овој тренд, односно негативното движење на природниот прираст на населението, најчесто се наведуваат лошата економска ситуација, невработеноста и сиромаштијата, традицијата, нивото на образование, миграциите и сл. Но, факторите како лошата економија, невработеност или сиромаштија имаат значително поголемо влијание од природните фактори, затоа што директно се насочени кон животните процеси на поединците.

Нискиот животен стандард е една од

клучните причини поради која младите не создаваат потомство, а голем дел од работоспособното население ја напушта државата. Во некои делови од Македонија вообичаено е да се раѓаат повеќе деца, а во други обратно.

Според статистичките податоци, високообразованите луѓе најчесто имаат едно или две деца, а нискообразованите повеќе. Експертите препорачуваат низа економски и социјални мерки за зголемување на наталитетот како зголемување на породилното отсуство на мајката, помагање за растење на детето до претшколска возраст, некои парични олеснувања и сл.

Транзицијата ги намали бебињата

Периодот на транзиција во Македонија предизвика огромни удари, а само во ретки случаи овозможи просперитет на населението. Од започнувањето на трансформацијата кон пазарно стопанство, македонската економија доживеа рецесија.

Во периодот од 1992 до 1996-тата година беа забележани сé поголеми фискални дефицити, кои придонесоа за инфлациски притисок и отежнување за спроведување на монетарната политика. Како резултат на тоа се зголеми сиромаштијата чиј обем, длабочина и острина варира во однос на средината и социоекономските карактеристики, економската несигурност и невработеноста.

Тоа особено се одрази во помалите урбани и рурални средини каде сиромаштијата константно се зголемуваше и поради тоа беа забележани значителни миграции. Во Скопје, пак, процентот на сиромашни и покрај тоа што се намалуваше, оние кои беа сиромашни стануваа уште посиромашни.

Во однос на миграциите, според пописните податоци, во периодот од 1989-тата година до 1994-тата година, Македонија ја напуштиле 50.000 лица. Бројките говорат дека во странство (најмногу во европските држави) живеат 35.123 граѓани

Page 11: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

од Македонија, од кои 22.995 лица работат и живеат таму. Потпирајќи се, пак, на евиденциите од земјите кои се дестинација на македонските иселеници, се проценува дека на годишно ниво иселувањето од Македонија се движи помеѓу 10 и 15 лица.

Дополнителна карактеристика на транзициониот период беа и ниските плати и нередовна исплата, а најзначајни фактори кои придонесоа за миграционите движења и намалување на наталитетот беа економското незадоволство од состојбата на пазарот на трудот и високиот процент на вкупната стапка на невработени лица.

Невработеноста како социјален фрагмент е генератор на сиромаштија во Македонија. Таа и економските неповолности придонесоа голем дел од населението да има нерешено станбено прашање, значително да се намали бројот на склучени бракови или да се одложува нивното склучување, а во меѓувреме бројот на разводите се зголемува што беше дополнителна причина за континуиран пад на наталитетот.

Сиромаштијата и невработеноста клучни фактори

Во споредба со европските држави Македонија е на врвот на листата во однос на сиромаштијата и невработеноста. Податоците за овие два клучни фактори се запрепастувачки. Економските проблеми со кои се соочуваше населението во транзициониот период продолжија и понатаму. Сиромаштијата е секојдневна ситуација со која се соочуваат многу семејства, а најпогодени се оние на невработените или отпуштени работници, семејства издржувани од пензионери со ниски примања или оние кои живеат од социјална помош.

Додека во богатите земји наталитетот се намалува поради луксузирањето, во сиромашните расте поради бедата. Затоа кај нас потребата од финансирање на репродукцијата е неминовна.

Невработеноста како категорија најчесто ги погодува младите луѓе со ниско ниво на квалификации. Покрај тоа, стапката е особено висока во руралните подрачја кои се погодени од реструктурирањето на економијата. Според податоците во 2011-тата година, бројот на невработени изнесува 281.144 лица. Најборојни меѓу невработените се младите во групата од 25 до 30 години.

Денес сé поголемиот број од невработените се образовани лица. Тоа придонесува за економско незадоволство кај младите и истовремено загуба за општеството, поради неискористениот потенцијал на младата работна сила со професионална квалификација и образование.

Голем број од припадниците на овие групи ги губат најдобрите години чекајќи вработување во моментот кога можат најмногу да придонесат за општеството.

Page 12: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.92

Затоа и се појавува таканаречениот одлив на мозоци, односно, масовно напуштање на државата од страна на најквалитетната и најпродуктивната работна сила.

Невработеноста, како таква, не е само економски проблем, а долгото чекање за вработување може да придонесе за нарушување на социјалниот мир и стабилност во земјата. Долгорочната невработеност е во корелација со социо-демографските карактеристики на населението.

Најчесто помалку образованите чекаат подолг период за вработување во однос на повисоко образованите. Поради тоа е и зголемената сиромаштија кај лицата со пониско образование. Додека, пак,

повторното вработување е потешко кај лицата кои подолго време се невработени поради губење на вештините и опаѓање на моралот.

Младите полнолетни лица најчесто живеат со поддрша од семејствата, а нивното долго невработување придонесува за фрустрации и незадоволство што резултира со одложување на браковите и на родителството, нарушување на функциите на семејството или напуштање на државата.

Aвтор: Симона Ѓеорѓиевска

Page 13: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Pove}e bebiwa za pogolem ekonomski razvoj

Mакедонија, според статистичките показатели, веќе неколку години се соочува со намалување на природниот прираст, стагнација на наталитетот, зголемена стапка на морталитет и тенденција за забрзано стареење на населението. Државата полека станува земја на старци, бебиња има сé помалку, а младите луѓе, кои се главни носители на наталитетот, масовно се иселуваат по светот.

Како најчести причини за стагнацијата на наталитетот и за негативните движења во природниот прираст на населението, демографите и социолозите, ги посочуваат лошата економска ситуација, традицијата, нивото на образование и миграцијата.

Нискиот животен стандард, невработеноста и нерешеното станбено прашање се економските фактори поради кои младите не се решаваат на потомство. Голем број од работоспособното население во потрага по подобра иднина ја напушта земјата.

Во некои краеви на Македонија постои традиција да не се раѓаат повеќе деца за да не се распарчува имотот, во други, пак, е вообичаено семејствата да имаат поголем број деца. Статистиката вели дека младите со високо образование најчесто остануваат на едно до две, додека оние со ниско образование имаат

повеќе деца.

Долгорочните проекции на Државниот завод за статистика покажуваат дека до 2020 година, во Македонија ќе се намали бројот на младото население до 14 години, а забрзано ќе расте старосната група над 60 години.

А, пак, проценките на ОН говорат дека во Македонија ќе се зголемува старото население и тоа на 14,8 проценти во 2020, до 18,4 проценти во 2030 година. Ваквиот тренд е очекуван, поради тоа што возраста на населението е зависна од демографските феномени како фертилитет, наталитет и процес на миграција, како и од постоечките економско-социјални состојби.

Page 14: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.92

Македонија не е поразлична од земјите во регионот и во светот.

Со ревидирана демографска стратегија Владата ќе се обиде да го стопира иселувањето на младото население. Според ОН, сега е клучниот момент дали ќе го следиме кинескиот пример за развој или африканскиот за иселување и изумирање.

Доколку не даде резултати и ревидираната стратегија, Македонија ќе стане земја на пензионери.

Владата ќе ја ревидира Стратегијата за демографски развој 2008-2015, за која многумина одамна алармираа дека не соодветствува со реалните состојби, со цел да го спречи масовното иселување што ѝ се случува на Македонија. Сегашната стратегија, донесена пред четири години, предвидува задржување на младото население во земјава преку економски раст од 6%, кој не се остварува.

Според Стратегијата, Македонија до 2025 година ќе има помалку од два милиони жители, младото население под 14 години ќе се намали за 14,4% до 2030 година (од 33,2% во 1994 година), а секоја година неповратно ќе се иселуваат по 15.000 луѓе. Македонија до 2050 година ќе нема повеќе од 1.746.000 жители.

Во Министерството планираат со промени во образовниот, здравствениот и во економскиот модел и со подинамичен раст на БДП да ги подобрат состојбите.

Но, никаде во Стратегијата не пишува како ќе се постигне тој развој. Единствено е наведено дека просечниот раст на економијата и на платите во 2012 и во 2013 година треба да биде над 6%.

Светската банка објави дека 447.000 македонски граѓани се иселени од државата заклучно со 2010 година. Тоа е дури 21,9% од вкупното население во Македонија, со што земјата е рангирана на 23-то место во групата земји во светот кои најмногу се иселуваат.

Тоа значи дека најцрните предвидувања на демографската стратегија, кои требаше да се случат по 30 години, се случуваат токму денес.

Мора да се продолжи со реформите, бидејќи ќе се доведеме во ситуација во наредните години да станат безмислени големиот број проекти, кои ги прави Македонија, кога ќе немаме доволен број население кое ќе може да ги опслужува сите инфраструктурни и спортски објекти, зашто со сегашната тенденција реалноста е таква.

Визната либерализација дополнително придонесе за одлив на населението,

Page 15: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

но поголем проблем биле стапките на наталитет и морталитет, кои со години одат во негативна насока. Затоа треба да се менува Стратегијата.

Ќе се ангажираат експерти, со чија помош ќе се направи правилна и целосна ревизија на она што досега е спроведено во насока на креирање и корегирање на

веќе постоечките политики и адаптирање на реалните состојби и проблеми со коишто се соочуваме.

Според проценките на ОН, ќе се зголемува бројот на старото население, кое ќе достигне 14,8% во 2020 година, а во 2030 година веќе 28,4%.

Македонија пред историска пресвртница во економијата

Македонија сè уште има можност да профитира од младото и активно население, како азиските земји (Кина и Индија), кои на крилјата на големиот процент активно население направија економски „бум“.

Бројките покажуваат дека е потребно соодветно планирање и правилно инвестирање во луѓето со цел да се создаде продуктивна работна сила, која може да ја придвижи економијата, како и да се инвестира во младата популација која придонесува за добросостојбата на општеството.

Бројките, исто така, покажуваат дека Македонија сe уште е во фазата на „демографски прозорец“, кога

активната популација е во поголем број од зависната, што секако претставува можност која не треба да се испушти, бидејќи со соодветно инвестирање земјата може да го забрза развојниот пат и дека е потребно и инвестирање во унапредувањето на репродуктивното здравје.

Всушност ова е тајната на „азиските економски тигри”.

Според најновите податоци кои ги анализираа експертите, просторот за да се користи младото население се стеснува, бидејќи во странство најмногу се иселуваат граѓани до 34 години, а најголем дел од нив одат на печалба за да останат трајно.

Aвтор: Олгица Петревска

Page 16: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.92

Бракот е основна клетка на општеството, која е пропишана со законите, но и со секоја религија. Бракот е заедница помеѓу маж и жена, која според религијата се нарекува Света тајна, во која тие со помош на љубовта и меѓусебната толеранција и почит, созреваат, создаваат семејство, одгледуваат деца.

Но, во ова ново и модерно време сé поголем број на млади луѓе не решаваат да „скокнат во тавче“, поради некои бројни причини, пред се економска природа, и придонесуваат кон ширење на „белата чума“ низ нашата земја, која полека, но сигурно нé направи земја на старци.

Во некои области подолг период не се чул детски плач, па започнуваат да изумираа по цели фамилии, цели семејни лози се фрлаат во заборав.

Според Заводот за статистика сé е помал бројот на склучени бракови, а сé поголем бројот на разводи, односно, на секои четири склучени бракови, во нашата земја се случува по еден развод. Новото време веројатно ни го донесе овој тренд, кој не ни е од никаква полза.

Siroma{tijata go stivnuva pla~ot na bebiwata

Page 17: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Бесна кола наместо искрена љубов

Големата сиромаштија и беспарица оставија трага и во изборот на брачен партнер. Желбата за подобар живот, за богатство и градски живот, голем дел од девојките ги доведува во состојба да не сакаат ни да погледнат некое момче кое доаѓа од село.

Никоја не сака да се мачи со селска работа, со одгледување стока. Сите девојки посакуваат вработен маж, со убава кола, со голема куќа, односно, партнер кој ќе им ги исполни сите желби, кој ќе им пружи поудобен живот од тој што го имале до тогаш.

Веќе и бракот започна да биде некој вид на бизнис зделка. Убавите девојки својата убавина ја користат за да се обезбедат себеси и да уживаат во некој пристоен

живот без потешкотии. Времето во кое се сонувало за вистинска и искрена љубов веќе е одамна заборавено.

Повеќе не се бараат чесни и добри момци, работни со искрено срце, кои сакаат и почитуваат искрено. Сега девојките се во потрага по луди коли и мотори, куќи и викендички, иако тие можеби носат со себе живот во кој солзите ќе ти бидат единствен сопатник.

Токму поради овој начин на селектирање на брачниот партнер, по она што го носи зад себе а не во себе, сé почесто се случуваат и разводите. Кога девојките ќе сфатат дека ѕидовите од куќата не топлат, дека оној кој го зеле во својот автомобил вози друга девојка, почнуваат да се жалат за испуштените прилики. Но, тогаш е веќе доцна.

Page 18: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.92

Македонија оаза на стари ергени

А, пак, момците од село се сосема друга приказна. Тие чесни и намачени, во постојана борба за подобар живот, немаат храброст да и пријдат на ниту една девојка, токму поради ниската самодоверба. Токму поради „богатството кое го немаат“, поради предиспозициите кои се потребни за склучување на модерните бизнис бракови.

Тие остануваат сами во селата, желни за партнер, за топлина во домот, за детски плач. Времето го минуваат на нивите, а вечерта во дружба со другите стари ергени, кои од истите причини самуваат, па низ разговор жалат за пропуштените прилики, за изминатото време, за немањето на доволно храброст за да освојат нечие женско срце и да го убедат дека љубовта е најважна, а богатството доаѓа и си оди.

Тие веќе не ни помнат како изгледа свадба, веселба, затоа што во селата одамна не чукнал тапан за да најави веселба. Во истото време и нивното

огниште изумира со смртта на родителите со очи полни со солзи за недочеканото внуче, а со тоа изумираат цели села, региони и засекогаш се забораваат одредени семејни лози.

Но, не можеме проблемот со старите ергени да го лоцираме само во селата. И во градовите имаме вакви „друштва“. Дел од нив поради лошата финансиска состојба немаат храброст да и пријдат на некоја девојка, бидејќи немаат доволно средства ни тие да појдат во ноќен клуб, каде најчесто се дружат младите, а не пак да почестат некоја девојка и да започнат пријателство со неа.

Но, има и таква група на стари ергени, кои поради своето големо материјално богатство имаат можност за избор на девојките, тие никако не можат да се решат да стапат во брак, токму поради таа преголема палета девојки кои им се на располагање.

Тие уживаат и ги менуваат, несвесни дека времето тивко си одминува, а веќе кога ќе ја достигнат 50-тата година

Page 19: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

започнуваат да ги гледаат своите направени грешки, кои е предоцна да се исправат и да се променат последиците, а тоа е осаменост и тага, која се чувствува додека другите се радуваат на успесите на своите деца.

Друга причина поради која има сé поголем број на стари ергени и моми во нашата држава е влијанието од Запад, ако може така да го наречеме. Во градовите веќе дошло некое ново „европско време“, во кое младите слободно и без никакви пречки живеат заедно, невенчани, уживаат во својата љубов сé додека не се заситат.

Тоа може да им одземе дури и по една деценија од животот и кога ќе погледнат зад себе и во тоа што сé можеле да направат за тоа време, тие решаваат да не стапат во брак, да не формираат семејство, убедувајќи се себе, а и другите дека тоа е нивно право, дека не сакаат да им се покоруваат на правилата кои ги препишал некој таму.

Старите моми, пак, во нашата земја се малку на број, а тие најмногу се оние кои биле срамежливи, повлечени, кои не изобилувале со облини, кои ќе ги привлекуваат момците.

Анализирајќи ги вака сите причини за сé поголемиот број на стари ергени и стари моми во нашата држава, не можам а да не заклучам дека не е проблемот во општеството, ниту во лошите економски услови, најмалку во тоа некој што живее во село, тие проблеми се присутни секогаш, проблемот е што веќе се изгуби човечноста во секој од нас.

Повеќе не се бара добрината во луѓето, не се гледа нивната чиста душа, не се бара искрена љубов и почитување, туку се гледа во дебелината на паричникот и во задоволување на амбициите, кои немаат никаква допирна точка со љубовта.

Автор: Наташа Димеска

Page 20: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJARevolucija - Sorabotnici

20 BR.92

„Vreme e decata da ka`at Ne!“

Сексуална злоупотреба или педофилија по дефиниција претставува„било каков сексуален контакт (директен или индиректен) помеѓу постаро лице и дете“.

Со други зборови, сексуалната злоупотреба се случува кога лицето (возрасен или тинејџер) го користи детето (до 14 години) за задоволување на своите сексуални потреби: го наведува, подведува, му се заканува, го насочува или присилува на сексуален контакт, а при тоа не се грижи за психичките, емоционалните и друг вид на последици и трауми, кои му ги нанесува на детето.

Жртва на полов напад може да биде секое дете, од двата пола. Во најризичната група припаѓаат деца на улица, деца со пречки во развојот, деца без родители и деца во дом-семејства кои се без соодветна грижа.

Светската Здравствена Организација (СЗО) проценува дека до 2010 година, најмалку 150 милиони девојчиња и 73 милиони момчиња биле изложени на присилен сексуален однос или на друга форма на сексуално насилство, која вклучува физички контакт.

Од почетокот на 2012 година сè почесто

се евидентираат случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Секојдневно расте бројот на жртвите кои биле мета на онлајн предаторите и на интернет детска порнографија и педофилија.

Педофилијата е „болест“ која е присутна во сите земји во светот и против која не може да се најде соодветно решение. Таа е со најголем број рецидиви, односно, пријавените и осудените педофили штом се вратат на улици веднаш го кршат законот и повторно повредуваат некое невино дете.

Токму поради неможноста да се контролира, ниту запре оваа појава, ние дојдовме до идеја да го сензибилизираме населението. Односно да им обезбедиме на децата доволно информации за педофилијата, педофилите, нејзините последици и секако да ги охрабриме да кажат „НЕ“!.

Во Република Македонија има голем број подрачја во кои оваа појава сè уште се смета за табу и бројот на непријавени случаи постојано расте.

Истражувањата покажуваат дека ризичната група, која е најчесто цел на педофилски напад, се децата на возраст

Page 21: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

21BR.92

Revolucija - Sorabotniciдо 14 години и тие со заостанат физички и ментален развој, кои претежно живеат во руралните средини.

Тие сè почесто стануваат жртви поради недостаток на знаење за начините на кои може да реагираат, но и од желбата на тој начин да добијат малку љубов која поради разни основи им била ускратена (на пример: деца кои постојано се преселувани во различни дом-семејства, кои се исмевани од своите другарчиња, кои поради овој факт имаат низок праг на самодоверба и затоа мислат дека не заслужуваат ничие внимание, ни љубов и сл.).

Исто така, поради социјалната загрозеност, како и поради малиот број жители во овие населени места, каде секој со секого се познава, жртвите на

педофилски акт посилно ги чувствуваат психичките последици.

Ваквиот чин жртвата го доживува како голем срам за себе и за семејството, поради што тешко одлучува да побара помош од институциите и организациите. А, и кога ќе ја побараат, наместо да ја добијат истата, наидуваат на општествена осуда и речиси целосна социјална ексклузија од средината во која живеат.

Поради ова, потребно е да се посвети време и внимание за да се допре до оваа група на граѓани, пред сè во руралните средини и да се охрабрат гласно да проговорат за овој проблем, притоа осудувајќи ги сторителите и на тој начин создавајќи едно здраво опкружување за нивните деца.

Page 22: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJARevolucija - Sorabotnici

22 BR.92

Поради овој факт нашиот проект за сензибилизација на децата со хендикеп, кои живеат во дом –семејства, решивме да се реализира во Дневниот центар за деца со посебни потреби во селото Долни Манастирец, Македонски Брод. Ова село е познато по големиот број на згрижени деца, кои имаат одредени пречки во развојот и се на било кој начин хендикепирани.

Идејата за овој проект е целосно поддржана од Амбасадата на Швајцарија во нашата земја, која свесна за потребата од теренска сензибилизација на децата, кои спаѓаат во загрозената група, несебично ни излезе во пресрет.

Проектот ќе се реализира во наредните четири месеци, за кое време децата ќе добијат можност низ игра да научат корисни факти за педофилијата, како да и се спротивстават, но исто така и нивните старатели ќе имаат можност да ги зајакнат своите капацитети и знаења поврзани со препознавање на симптомите кои ги покажува злоставуваното дете и како да реагираат во таа ситуација.

Првата работилница и средбата со децата се одржа на 03.09.2012 година. Ентузијазмот на децата желни за нова енергија и за нови знаења го пресретна тимот уште на влезот. Со нетрпение очекуваа да започнат активностите. Детскиот центар исполнет со насмевки зрачеше со топлина.

Иако скромен и малку одвоен од селото, сепак,тој е опремен за да ги задоволи сите потреби на децата кои секојдневно го минуваат своето време тука.

Тој со своите ѕидови украсени со детски цртежи, како да им посакува добредојде на сите оние кои сакаат да минат време со децата, да им ги прошират знаењата на децата и да направат плакати кои ги красат неговите ѕидови.

Секој миг од работилницата исполнет со насмевки и ведрина, резултираше со плакат на кој децата им подаваат рака на сите оние кои сакаат да ги придружуваат на патот кон кажување на цврсто „НЕ“ на педофилијата.

Автор: Наташа Димеска

Page 23: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

23BR.92

Revolucija - Sorabotnici

Page 24: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA8 Septemvri 2012

24

Page 25: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

25

Zabrana za obre`uvawe - zakana za evreite vo Germanija

Шарлот Ноблок, поранешниот шеф на Централниот Совет на Евреи во Германија, напиша поттикнувачки едиторијал во средата, напаѓајќи ја дебатата за обрежување, нарекувајќи ги разговорите за еврејска преродба шарлатански и прашувајќи се дали треба да го помине нејзиниот живот на возрасна личност бранејќи ја Германија.

Германија дебатираше околу правилностите и неправилностите во однос на обрежувањето на машките бебиња уште откако германскиот суд пресуди во јуни дека ритуалот, суштински дел од еврејската религија, е незаконски.

Сега на Шарлот Ноблок (79), поранешен претседател на Централниот Совет на Евреи во Германија, ñ е преку глава. Во бесна статија објавена во средата во еден од врвните весници во државата, „Süddeutsche Zeitung“, таа рече дека контроверзноста го става постоењето на германската мала еврејска заедница под знак прашалник и прашува: „Дали

сéуште нé сакате нас, евреите?

„Веќе 60 години ја бранев Германија како преживувач на холокаустот. Сега се прашувам дали бев во право,“ напиша таа. Ноблок е претседател на минхенската еврејска заедница и вице- претседател на Светскиот Еврејски Конгрес.

Пресудата од судот во Келн, иако екстремно ограничена во својот опсег, беше осудена од еврејските, муслиманските, католичките и протестантските лидери, како сериозен упад во религиската слобода. Канцеларката Ангела Меркел рече дека Германија ризикува да стане „тема на потсмев“, ако на евреите им се забрани да ги практикуваат нивните ритуали.

Во јули, Долниот Дом на Парламентот принесе резолуција за заштита на религиозното обрежување и владата вети нов закон, кој ќе расчисти дека лекарите или семејствата нема да бидат кривично обвинети за извршување на процедурата.

Page 26: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

26

Фондациите на еврејската религија „се извлекоа низ калта“

Но, дебатата продолжи. Лекарите и политичарите притиснаа, предупредувајќи за здравствените ризици и прекршоци на правата на бебињата.

„Дури ни во моите кошмари не ми дојде на памет, дека треба да се запрашам пред мојот 80-ти роденден, дали ми беше дозволено да го преживеам убиството на евреите за да треба да сведочам за ова,“ напиша Ноблок.

Родена во Минхен во 1932-та, таа го преживеа холокаустот, бидејќи поранешна вработена на нејзиниот чичко, Крезентија Хумел, ја зеде и се преправаше дека таа е нејзина нелегитимна ќерка. Таткото на Ноблок го преживеа холокаустот како принуден работник. Нејзината баба беше убиена во Аушвиц во 1944-та. Нејзината мајка не беше еврејка, а нејзините родители се развеле во 1936-та.

Ноблок напиша дека обрежувањето е во основата на еврејскиот идентитет. „Ревноста, со која самопрогласените бесчувствително и безмилосно ги влечат нашите религиозни темели низ калта, е ненадминлива. Луѓето кои очигледно немаат поим за религиозната важност на Брит Мила (церемонијата за обрежување), кои веројатно никогаш не зборувале со евреин, сега сакаат да ни кажат дали и како треба да ја следиме религијата.

„Шарлатанство“ на цветното еврејство

„Не сакам да продолжам со молкот. Не после сe што ние евреите моравме да претрпиме во Германија,“ напиша Ноблок, „повеќе не сум подготвена да продолжам со оваа фарса, со која луѓето зборуваат за ново, свежо, цветно еврејство во Германија, да направат Германците да се чувствуваат како времето да ги залечило и најголемите рани.

Факт е дека германските евреи никогаш не го преболело холокаустот. Неколкумината кои го преживеаја се маркирани и дефинирани до овој ден со отсуството на еврејскиот живот кој постоел на почетокот од 20-ти век.“

Ноблок рече дека евреите во Германија морале да се соочат со многу работи: Нобеловиот Лауреат -Гунтер Грас пишувајќи за ризиците кои Израел ги презеде за мир во светот, „опсесивните унапредувачи на светот“, повикувајќи на бојкоти на израелските производи, сочувство за палестинските бомбаши самоубијци и Декларацијата на Прага, во која „некои активисти за човечки права ги изедначуваат

Page 27: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

криминалните дела на комунизмот со оние на холокаустот.“

Таа, исто така, ги спомна нападите на евреите, како нападот на рабинот во Берлин минатиот месец. Таа рече дека германските евреи поминале декади оправдувајќи го нивното продолжително присуство во Германија на нивните семејства и пријатели во странство.

„Шест декади се обидував да се оправдам себе си, бидејќи останав во Германија - како остаток на уништениот свет, како овца меѓу волци,“ напиша Ноблок.

„Секогаш подготвена го носев овој товар, бидејќи бев цврсто убедена дека оваа земја и овие луѓе го заслужуваат тоа. За прв пат моите основни убедувања почнуваат да се тресат. За прв пат чувствувам резигнација. Сериозно се прашувам дали земјава сéуште нé сака.“

Page 28: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

28 BR.92

Evropska Unija

Zo{to EU i evroto se va`ni za Evropa?

Европските лидери се борат да ја задржат еврозоната и пошироката Европска Унија заедно, во очи на финансиска криза која се заканува да ги раздели партнерствата ковани повеќе од половина век.

Па, зошто толку се трудат да го зачуваат единството? Можат ли да ги спречат денешните долгови и разлики да го разделат континентот во декадите кои доаѓаат?

Зошто е единството толку важно за Европа?

Одговорот лежи во историјата на Европа. Континентот историски беше поделен од страна на долгите конфликти, кои ги спротивставија соседните држави едни со други.

Но, и покрај ова, нациите на Европа, исто така, имаат многу заеднички работи, објасни професорот Џон Лоуглин од одделот за политика и меѓународни студии при Универзитетот „Кембриџ“.

„Во 19-тиот век постоеше идеја дека Европа има природно единство, дека нејзините составни делови споделуваат идентитет, култура, историја,“ рече тој за CNN.

„Луѓето сакаа да го оздрават ова „изгубено единство“, кое датира од пред фрагментираните денови на индивидуалните национални држави, до претходните унии, па дури и Римската Империја.“

Од каде дојде идејата за Европска Унија?

Идејата за обединета Европа оди наназад со векови и била предложена од повеќе луѓе- од Вилијам Пен, основачот на американската држава Пенсилванија, до филозофите Имануел Кант и Џереми Бентам.

Францускиот новелист и активист Виктор Иго ја поддржа идејата за „Обединети Европски Држави“ (СЕД) во 19-тиот век, гледајќи напред кон денот кога САД и СЕД би „ги

Page 29: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

29

испружиле своите дланки преку морето... и би се соединиле за да ја осигурат добросостојбата на сите.“

Иго, авторот на романите „Клетници“ (Les Misérables)и „Богородичната црква во Париз“ ( Notre-Dame de Paris), предвиде дека: „Ќе дојде ден кога ќе нема боишта- туку пазари отворени за трговија и умови отворени за идеи. Ќе дојде ден кога куршумите и бомбите ќе се заменат со гласови.“

Меѓутоа, дури после Втората светска војна, Европската Унија стана реалистичен проспект.

Зошто тогаш?

До 1945-та, голем дел од Европа беше потресен од две масовни војни, една подруга. Во услови на урнатини и остатоци, политичарите и јавноста - истоштени од годините со насилство - споделуваа верување дека таквиот конфликт никогаш не смее да се случи повторно.

Наместо да се фокусираат на обиди за изнаоѓање на заедничка идеологија - голем дел од причината за поранешниот конфликт - политичарите го видоа економското

единство како начин за спречување на понатамошни судири.

Францускиот политичар Роберт Шуман, сметан за еден од татковците- основачи на ЕУ, произлезе со идеја за здружено производство на јаглен и челик во Европската Заедница за Јаглен и Челик (ECSC), така што „суровите состојки за војна“ - муниции - беа ставени надвор од дофат.

Тој се надеваше дека оваа заедница, креирана во 1951-та, би значела дека, „секоја војна помеѓу Франција и Германија би била не само незамислива, туку и математички невозможна.“

Page 30: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.92

Evropska UnijaШто е тоа?

ECSC, која беше составена од шест нации (Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург) подоцна прерасна во Европска Економска Заедница (EEЗ) - под која земјите членки воспоставија заеднички пазар и работеа на хармонизирање на нивните политики во однос на сe, од агрикултура и рибарство до монетарна политика.

Во текот на декадите кои следуваа, EEЗ стана Европска Унија и се рашири од оригиналните шест земји до денешните 27 земји членки, од Финска на север до Малта на југ.

Тоа зголемување, исто така, забележа приклучување на многу земји од поранешниот Советски Сојуз - истакнувајќи уште една клучна улога на ЕУ.

„За време на Студената војна, западна

Европа се обедини за да формира блок против Советскиот Сојуз, бидејќи постоеше општ страв дека комунистите би пркоселе низ Европа со нивните тенкови,“ рече Лоуглин.

„После падот на Берлинскиот Ѕид, тој дел на светот беше екстремно нестабилен. Постоеше некој вид мир, но мир изграден врз угнетување, а кога тој се сруши, постоеја вистински стравови од конфликт.

„ЕУ беше многу важна за осигурување на мирот и стабилноста во регионот - помагаше на транзицијата на земјите кон демократија и изгради економски просперитет.“

Функционираше ли?

Лоуглин вели дека унијата успеала во основните цели.

„Сé уште е многу важно за европското единство, дека немало голема војна од Втората светска војна, па наваму.

Page 31: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

31

„Постоеја помали конфликти, во Северна Ирска и во покраината Баск и, секако, тука беше ситуацијата на Балканот, но во тој случај проспектот за пристапување кон ЕУ беше многу моќен фактор во спречување понатамошни војни.“

Сепак, не беше сe напразно - националните различности останаа и многу проблеми предизвикаа поделби и дебати помеѓу земјите членки, од воведот на заедничка валута, до војната во Ирак.

„Не исчезна целата тензија,“ рече Лоуглин. „Не беа разрешени сите конфликти.

„Старите рефлекси, старите стравови остануваат. После падот на Берлинскиот Ѕид, на пример, Митеранд и Тачер беа

многу нервозни за изгледот на обединета Германија.“

Меѓутоа, еврокризата ñ го даде најголемиот предизвик на унијата - а тоа е играњето со национални предрасуди и незадоволство.“

„Грците се многу вознемирени дека нивниот карактер во целост изгледа како да е под знак прашање, што тие се претставувани како расипници и неодговорни.

Старите стереотипи сéуште постојат и тежнеат кон повторно појавување во време на тензии. Опасноста е во тоа што тие навистина можат да влијаат на резултатите од овие ситуации, а има премногу работи во игра.“

Решеноста на сегашните европски лидери да го поддржат единството по секоја цена?

Во 2011-та, францускиот претседател Николас Саркози инсистираше Европа никогаш да не се откаже од еврото.

Зборувајќи на Светскиот Економски Форум во Давос, Швајцарија, тој рече: „Никогаш нема да го напуштиме еврото. Никогаш! Еврото ја спојува Европа, еврото е Европа. Европа значеше 60 години мир на нашиот континент. Никогаш нема да го напуштиме тоа.

Да замислам дека можеме да излеземе од тоа е како да го игнорираме фактот, дека како луѓе сме биле голтката едни на други. Сега имаме само една желба, а тоа е мир кој ќе трае.“

Page 32: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

32 BR.92

Evropska Unija

Меѓутоа, до крајот од минатата година и Франција и Германија - двете раздвојувачки сили зад еврото - признаа дека за да се осигури преживувањето на валутата, Грција можеби ќе мора да се повлече.

Може ли европското единство да ја преживее тековната криза?

„ЕУ беше формирана поради три причини: Да се спречи војна, да се воспостави политичка унија и за економска интеграција. Ако еврото падне - а мислам дека нема - секоја од овие три димензии ќе биде под ризик“, вели Лоуглин.

„Во оваа фаза, мислам дека процесот е веројатно неповратен - постојат премногу работи во прашање за да се дозволи целата работа да се одврзи - ако се случеше тоа, ситуацијата би била полоша од онаа со хипотекарната криза на САД. Многу земји се заклучени во системот, дури и оние кои не се членки на ЕУ , како Норвешка али многу се поврзани.

„Сметам дека ЕУ на крајот ќе излезе на виделина - но кој знае? Во последно време гледаме многу изненадувања, а никогаш навистина не се знае што се крие зад аголот од улицата.“

Подготви: Славе Ангелов

Извор: CNN

Page 33: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

8 Septemvri 2012

Page 34: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.92

Film: Poetika za edna tegobna individualizacija

Режиран од Маркус Ниспел, филмот „Pathfinder (2007)“, покрај тоа што нуди лично уживање за наклонетите кон акциониот жанр, како и простор за запознавање со определени „фигури на меморија”.

Едновремено претставува погодно поле за разгледување и анализирање на склоп поими, кои припаѓаат на различни полиња на мислата: од креацијата и ре-креацијата на една дамнешна историја, до анализата на архетипските матрици накалемени врз филмскиот текст (а особено врз некои од претставените ликови), па сè до прашањата врзани за разлачувањето, прожимањето, микстурата на историски верификуваните записи со фикционалната интерпретација на историјата на филмското платно која, воедно, го проблематизира односот историја – псевдоисторија.

Овој напис, претенциозно срочен како мини-поетика, има за цел осветлување на конкретните клучни пунктови, кои го прават заводлив овој филм и кои укажуваат на можноста истиот да се најде во центарот на размислувањата и толкувањата, од една субјективна перцепција, на погоре навестената диспропорција меѓу историјата и псевдоисторијата.

Page 35: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.92

Нуклеусот на збиднувањата претставени во временски распон од час и четврт, се ориентира кон тематизација на живото, вивидно и речиси автентично сликање на викиншките освојувања на дел од американската територија, со цел вршење на колонизиција на т.н. „проколнати земји”.

Зад кулисите на јасните интенции на овие освојувачи, Викинзите, стои желбата за елиминирање на староседелците - племето Тул (Thule/Skrælingi) - и присвојување на нивната територија.

Skrælingi е старонордиски/староисландски назив за припадниците на ова племе, а филмот совршено добро го претставува експлицитното користење на називот, кој се однесува на староседелците на Северна Америка и Гринленд.

Според расположливите и познати историски податоци, луѓето од племенската заедница Тул коегзистирале со Викинзите и биле во постојан судир во XIII век и во неуморна и жестока борба за зачувување на териториите.

Skrælingi е име коешто го користеле Викинзите со цел да ги именуваат и дефинираат „оние другите”, име или назив со скаменето значење кое го ограничува

и стигматизира така-именуваниот како маргинализиран, лиминален, како оној кој е „отаде границата“ и кој е непознат, туѓ, и, соодветно, потчинет, без (право на) сопствен глас и идентитет.

Дејството во филмот се одигрува главно во т.н. земја Винленд (Vinland) сместена на источниот брег од претколумбовска Јужна Америка.

Филмот носи алтернативен наслов (Pat-finder – the legend of the ghost warrior) кој очигледно функционира како неопходен клуч или режисерски сигнал за разбирање на содржината за оние кои се подготвени да се впуштат во аналитичко нуркање низ скриените слоеви на само навидум непроблематичниот филмски текст.

Усвојувањето на содржината и пренебрегнувањето на очигледното присуство на насилство-заради-насилство во филмот, може да се оствари единствено ако се напушти безбедната позиција на пасивен гледач. Во овој контекст, алтернативниот наслов е од помош во формирањето, или, подобро, во уточнувањето на профилот, статусот и значењето на делата извршени од главниот лик кој, Јунговски кажано, го носи, и делумно го остварува потенцијалот на еден архетипски јунак.

Велам делумно, затоа што водечкиот лик, случајно или не, е диспаратен по својата природа, дуален и е атипичен јунак кој во себе ги интегрира капацитетот, особините, својствата не само на архетипскиот јунак, ами и на неговиот опозит, Сенката, естетски и етички квалификатив преземен од психоаналитичката терминологија.

Под поимот сенка се подразбира „негативниот потенцијал” на личноста,

Page 36: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.92

односно збирот од скриени и/или прикриени некорисни својства и недоволно развиени функции и содржини на личното несвесно.

Дополнителната тешкотија во определувањето на природата на водечкиот јунак е отсуството на негово конкретно име, на име кое би го сигнализирало неговиот идентитет, неговиот статус, неговата различност во рамките на заедницата, а ова е уште еден сигнал за дуалната природа на овој лик, кој е претставен во постојано движење на границата меѓу своето и туѓото, меѓу познатото и непознатото, меѓу саканото и омразеното, меѓу спокојот и насилството.

Се вели дека она/оној кој не е именуван, исто како да не постои, како да нема сопствена, изделлива форма на суштествување која би го направила различен од сè што самиот тој не е, така што потрагата по причините за отсуство на име на водечкиот лик, претставува интригирачки предизвик кој, веројатно, нема да заврши само со еден одговор.

А, сепак, како контра-одговор на ова, наложен во пописот на ликовите на крајот од филмот, е сознанието дека водечкиот лик се појавува под името „Дух“, што го крши првичното недоумие околу автономноста на неговиот идентитет.

Page 37: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.92

Луѓето на Змејот версус Луѓето на зората

Недостатокот на конкретно име на главниот лик и неговото имплицитно подведување под плаштот на атрибутот „Дух“, се неспорни докази за неговата интенционално осмислена („изрежирана“) дуална природа. Тој, од една страна, го поминува својот живот со племето Тул, кон кој е заштитнички настроен, а од друга страна, во неговите вени тече крвта на непријателот, на освојувачот, на разурнувачот.

„Духот“ постојано живее и дејствува на раскрсница, на пресечната точка меѓу она што тој верува дека е и она што тој навистина, објективно е, што го прави подложен на разорното дејство од непознавањето на себеси, или, подобро, од неможноста за определување на „само едно јаство“.

Неговите напливи на неконтролиран бес укажуваат на јасното постоење на т.н. „идентификација со Сенката”, феномен кој честопати се збиднува кога ќе настане судир со сопственото несвесно. Но, самиот лик не е поделен единствено во таа смисла и во оваа насока.

Интројекцијата кај него е нужна, затоа што е пропорционална со потрагата по идентитетот и корените, кои единствено можат да бидат откриени преку психолошкото, иницијациско патување во несвесното. Колку и да е таквото патување пожелно, толку истото е извор на фрустрации и на судир со лиминалното, потиснато јаство на јунакот.

Тој, самоволно или не, е принуден да ја носи персоната, маската на идентитетот која по својата природа се разликува од доживувањето на јунаковото сопствено интимно суштествување – како тој се

гледа, спознава/прифаќа себеси. Иако си го определил местото на припадност, верувајќи дека пронашол свое место под сонцето, овој јунак, сепак, постојано ќе биде жртва на сомнежот и загатката да го реши еднаш засекогаш сопствениот идентитет, својот статус и својот залог во борбата меѓу Викинзите и Тул.

Процесот на прифаќање на визијата за себеси е отежната, бидејќи материјалот кој му стои на располагање на несвесното, во најголем дел се состои од инфантилни реминисценции кај овој лик, односно, од слики за преживеаните настани, кои подоцна ќе се пројават како трауми во неговиот подоцнежен живот.

Тие настани кои оставиле неодминлив жиг и „непребол“, а се збиднале кога јунакот бил сè уште психолошки недефинирано дете, се покажуваат како ужасувачки до најжесток степен на пароксизам. Јунакот на „Pathfind-er“ е лик кој претставува практично овоплотување на Хамлетовото „Да се биде или не“.

На планот на колективниот идентитет, филмот на вешт начин си поигрува и со идентификацијата или етикецијата, и дали стереотипна или не, на завојуваните страни.

Викинзите го изневеруваат првичниот хоризонт на очекување кај гледачот, затоа што се портретирани како варвари, како неумоливи освојувачи и бесчувствителни, разорни злосторници, наспроти автохтоните жители како жртви на насилство, наспроти очекуваната визија за Викинзите како бестрашни, славни херои.

Припадниците на Тул, меѓу себе именувани како „the people of the dawn“ („Луѓето на зората”) своето име го врзуваат за симболите на земјата,

Page 38: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.92

почвата, сонцето, светлината, како квалификативи на плодноста, животот и на космолошкиот принцип.

За другите останува резервирано името „the dragon people“ („Луѓето на змејот”), име или епитет кој ги проектира негативните, „темни симболи“ – на раздорот, на оганот, на темнината и, соодветно, на есхатолошкиот принцип како заемно-зависен од космолошкиот.

Тука има случај на негативно стереотипизирање на Другиот како непријател и како освојувач. Иако името доделено на Викинзите не е потенцијално пежоративно, тоа самото служи како слика за мислењето на „другите” за нив, што ги става „во акција“ имаголошките механизми на идентификација и/или (најчесто погрешно) идентификување на Другиот како туѓ и несроден.

Зборувајќи за идентитетот на водечкиот лик, би ја споменала и травестијата како една карневалска постапка кон која овој лик прибегнува со цел да си додели нов статус, кој е неопходен за развивањето на заплетот.

Облекувајќи го облеклото на непријателот, ползувајќи го мечот искован од викиншки ковач, ликот, со

јасна замисла, презема нов идентитет, а со размената на облеката едновремено се менува и општественото место на припадност, така што јунакот на овој начин свесно станува дел од „оние другите”, дел од непријателската заедница, симулирајќи го нивниот начин на живот само со цел да се вклопи и да го оствари својот план.

Травестијата во овој контекст функционира како метафора на два плана: прво, јунакот ја облекува облеката на непријателот со цел да стане „едно“ со заедницата, да се претопи и вклопи, но, од друга страна, имплицитно се укажува на неговата потреба да се врати кон сопствените корени, со тоа што ќе го прифати животот, околината и околностите во кои бил зачнат и израснат.

Метафората тука укажува на замената на еден знак со друг, или, практично применето, на замената на еден идентитет со друг. Интересно е што во процесот на само-идентификација, двата статуси на јунакот се плаузибилни и припадноста кон оваа или кон онаа страна, се исклучиво резултат на резонирањето на самиот јунак и на неговата потреба да припаѓа на „вистинската“ страна.

Page 39: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.92

Сонот како изблик на минатиот живот

Со цел да се спознае себеси, „Духот“ постојано е во неуморна и навидум бесконечна потрага по сопственото јаство, по својот неприкосновен и автономен (ако е можен, со оглед на опкружувањето и околината) идентитет. Глетката на викиншките убиства на коишто бил сведок како дете, постојано ќе го прогонува во бессоните ноќи, овоплотувајќи се во формата на кошмарни, страшни визии на одново, вивидно и питорескно пре-живување на непожелните слики и спомени, навлегувајќи со тоа (неволно) во сопствените темни и недосегливи исконски длабочини, до кои тој може да пристапи единствено преку сонот.

Наместо да го најде својот мир во сонот, извлекувајќи „добивка” преку совладувањето на траумите од детството, единствено преку сонот јунакот е најсилно (и најинтимно) поврзан со своето минато – сонот претставува заедничко поле кое ги доведува до заемна колизија сликите на она што тој некогаш бил и она што се обидува и сака да биде.

„Духот“ има силна потреба да го пронајде сопствениот идентитет кој би бил „фиксен“, што, на онтички план, се чини како невозможна мисија, бидејќи раскинот со несреќните случувања од минатото е тегобен, тежок и неостварлив.

Интересно е да се забележи дека токму неговите соништа се оние кои најсилно го врзуваат со неговото вистинско, иако лично негирано потекло и можеби (бидејќи тоа филмот не го истакнува на видлив план) токму поради силното преживување на старите спомени, јунакот успева да го зачува жив јазикот

на неговите предци.

Јазикот останува единствениот жив податок од „претходниот живот“, кој има статус на „практично наследство” од неговото минато. На гледачот тоа му се открива во еден миг на напнато исчекување, кога токму јазикот на „неговите” ќе биде пресуден за разбирање со освојувачите. Во една прилика, водачот на Викинзите ќе му се обрати на главниот јунак на старонордискиот дијалект на кој комуницираат освојувачите, на што јунакот ќе премолчи, небаре не го разбира.

Но, во истиот миг кога тој ќе насети дека животот на неговата сакана е загрозен, тој наеднаш ќе се реши да го примени и да го открие тајното знаење (а со тоа и својот потиснат идентитет), возвраќајќи му на водачот на Викинзите на нивниот јазик.

На тоа, водачот на Викинзите со нескриено задоволство и самоувереност ќе забележи:„Мило ми е што гледам дека умееш да зборуваш на човечки јазик”. Со искажаното, се врши очигледно дискредитирање не само на јазикот на племето Тул, ами и на нивниот идентитет како директно зависен од јазикот.

Како доказ за функционирањето на апаратот за стереотипизирање на Другиот како непожелен и непријателски настроен, функционира и сознанието дека освен со племето Тул, Викинзите се во жестоки односи со уште едно друго автохтоно племе, племето Вампаноаг (Wampanoag).

Ако се навратам кон епитетот варвари, некако природно и разбирливо додаден кон името на освојувачите во контекстот на филмот, не можам, а да не се сетам

Page 40: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.92

на искажувањето на Сократ, во Кратил, каде што тој ги сопоставува Хелените како култивиран народ со сопствено писмо и традиција, наспроти варварите како доселеници без артикулиран јазик и култура.

Токму таков е и ставот, а и односот на Викинзите кон двете племиња.„Претставата за варварите е поврзана со сликата за номадските народи кои немале постојан дом, престолнина, ни „центар“, кои без престан скитале и се преселувале, за разлика од Грците кои биле удмени/здомени, крепосни, укотвени на еден простор.

Варварите биле придојдени, недофатливи т.е. апорични, природни и спонтани, додека Грците биле автохтони, со сопствена почва”. Вака сопоставените сфаќања се практични за описот на Викинзите како воинствен народ, но во негативна конотација – тие се еден вид номади, кои во филмот се претставени без чувство за мерка, кои претеруваат во потребата за освојување нови земји и оттука, се гледаат како „механизми на (спроведување на) злото”.

А сепак, третманот на одреден народ, земја, култура, историја зависи од аголот на посматрање и пристапување кон расположливите податоци (информации, записи, итн).

Токму поради тоа, „Pathfinder“ поседува извесна уникатност во жанрот филмови кои тематизираат освојувачки кампањи, земајќи го вид фактот дека ја претставува приказната преку призмата на поразените, маргинализираните, на губитниците на битката (ако, барем за миг, се изземе заклучокот дека сепак племето Тул на крајот победува во борбата).

Незачестеноста (во споменувањето, во реферирањето, во историските податоци) на имињата на двете племиња – Тул и Вампаноаг – не е со цел да се потенцира нивната безначајност, ниту пак комплетно да се негира нивното постоење (освен ако не е апсолутен псевдофакт, „чиста измислица”), туку е доказ дека победниците честопати бидуваат посилно врежани во историјата („Победниците ја пишуваат историјата“), во писмото и во текстот кои се однесуваат на нив, токму заради нивната грандиозност (најчесто на нечија туѓа штета).

Овој дел од историјата, претставена на филмското платно преку овој филм, се вообличува како закон на глутницата со која владеат злосторници и во која секој може да издаде наредба да се убива во името на произволностите на историските собитија.

Историски или псевдоисториски хипотекст?

Пишувајќи за романот „Очајување“ на Владимир Набоков, Ренате Лахман укажува на двојството и на играта меѓу вистината/вистинитото (фактот) и лагата/лажното (невистината, псевдо-фактот). Во определени случаи, некои специфични лажни искази имаат теориски статус, особено во античката поетика која познава двоен терминолошки пар – pesudos и menda-cium, поими резервирани за третирање на степенот на вистинитост и соодветно, невистинитост на определен исказ.

Она што го разликува уметничкото, поетско вдаховение од тривијалноста на лагата, е неговата уметничка легитимност, додека лагата се појавува како „со ништо оправдано навредување на вистината”.

Page 41: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.92

Но, во случајот со „Pathfinder“, но и со многу чести случаи во книжевноста, па и во филмот, со презентирањето лага преку создавање на потенцијална псевдоисториска ре-креација на историските податоци, се оди кон креација на нов свет, нов поглед, нова визија, нов третман на нешто што е претходно обвистинето и усвоено како историски податок.

Лагата, во овој случај, детектирана преку симулацијата на вистинитоста на таков настан од историјата (судирот Тул-Викинзи и дали е истиот историски збиднат, или само плод на нечија фикција), служи како креативен, творечки параметар за создавањето на една лична историја, лично видување, но и правење т.н. „лепенки”, „крпенки” од различни настани и нивно унифицирање на едно заедничко тло и во рамките на еден хронотоп.

Пример за тоа е претставувањето на племето Тул во судир со Викинзите, на почвата на ре-осмислената земја Винленд. Како што забележува Лахман, лагата познава удвојување во самата себе, во кое се вбројуваат симулирани и дисимулирани искази, што значи дека во конкретно дадениот случај со овој филм, имаме средба со текст кој се темели на познати факти – постоењето на Викинзите е неоспорно, затоа што тие се историски верификувани фигури; познато е дека вршеле колонизации со цел да ја прошират својата територија и, соодветно, да го наметнат својот јазик, култура, обичаи, верувања и идеологија.

Но, колку и да прави обид за легитимно изнесување на еден дел од историјата, филмот на Ниспел, всушност, манипулира со комбинацијата на само навидум познатите историски податоци, локализирајќи ги на „едно место”, во

Page 42: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.92

„едно (заедничко) време”.

Самото вакво сознание укажува на тоа дека „Pathfinder“ не претендира кон бескрупулозно сервирање на легитимна и точна историја на филмското платно, туку претставува фикционален, авторски конструкт кој ги презема веќе постоечките историски податоци и ги обвива во нова, свежа форма, во ново „руво“ дизајнирано од личната перцепција, доживување, сфаќање и размислување на режисерот Ниспел и неговиот тим, што го обременува филмот со тежината на една псевдоисториска измислица.

Сепак, и за да се напише или за да се создаде псевдоисторија, мора многу добро да се познава историјата. И како што тоа важи за историјата, така и пишувањето на една псевдо-историја бара извесна компетентност и одговорност од страна на запишувачот.

Иако историската стварност е само еден субјективен, многузначен, релативен, историчен и интерактивен објект на перцепција и интерпретација мора да веруваме дека постојат општопознати историски пунктови коишто не можат „туку-така” да бидат одново осмислени, бидејќи се тоа места од нечија национална историја и би била вистинска лакрдија да се манипулира со истите и од нив да се прави некаква смешна микстура.

„Pathfinder“ по самата своја природа е граничен – припаѓа на граничен жанр („историски” филм/акција), со ликови на границата од себеспознавањето (како што е главниот лик), со тема која се разгранува како ризом и опфаќа или потикнува неколку етички дилеми, а истовремено, додека ги решава овие прашања, постојано се

движи на границата меѓу историското и псевдоисториското.

Последново сознание, за односот меѓу историското и псевдоисториското во книжевноста и во филмот, ме поттикна кон следното размислување – и покрај тоа што определени дискурси, текстови во најширока смисла, се темелат, во својот центар, на фактички верификувани историски ликови, настани/историски собитија, тоа од нив не прави апсолутно неприкосновени историографски дела.

Потребата да се „чепка” во историјата и од неа да се изведуваат нови парчиња уметност од „старото“ и познатото, е можеби плод на хиперактивната природа на историјата како таква, на нејзината привлечност и заводливост, но и на нејзината отвореност кон различни авторски интерпретации и реинтерпретации (или нејзини реинтеграции во нови, различни форми и дискурси).

Секогаш е важна позицијата и ставот/однесувањето (па и идеолошката, културолошката, политичката интенција) на историографот, макар тоа да е и еден филмски режисер, бидејќи токму од неговата психолошка, умствена и интелектуална констелација се согледува визијата за историјата којашто е запишана и претставена и токму врз оваа основа се поставуваат прашања за нејзиниот легитимитет, за нејзината објективност, инајпосле за нејзината „вистинитост“, колку и да е таа релативна и субјективна.

Помалку упатените во средба со дело кое лудистички манипулира со извесни историски податоци, кои се делумно познати (помалку проблематизирани), би се нашле во сериозна опасност да го

Page 43: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.92

прифатат таквото дело како „вистина”, како нешто фактички збиднато, како дел од официјалната историја.

Таков е и случајот со филмот „Pathfinder“, кој постојано ќе го доведува гледачот во ситуација да го испитува своето познавање на историјата, сопствениот common sense и својата подготвеност да детектира (ако е возможно) што од прикажаното е најблиско до историските податоци, а што значајно отклонува од нив. Но, јасен, строг рез меѓу фактот и фикцијата, сфатена како опозит на фактот, не постои во овој филм. Дури и во јадрото на фактите закитени со епитетот „апсолутно непорекливи” постои латентна, но секогаш активна подлога за нивно различно, друго, ново, „оригинално“ читање и интерпретирање.

Токму заради ваквите размислувања, би се сложиле дека колку и да оди кон насока на сликање на една можна историја, филмот на Маркус Ниспел, сепак, структурно и тематски е еден фикционален конструкт и механизам кој функционира по свои правила. Тој е создаден повеќе со цел да забавува, отколку да образува и да зборува, со историски дискурс, за фрагмент од една

национална историја.

Ми преостанува да заклучам, под товарот на имплицираното, а недореченото, дека секогаш е важно да се заземе извесна дистанца (кога се чита, спознава, кога се толкува) кон сервираните податоци, без оглед на нивната заводливост или претенциозност за „откривање“ на вистината. Таа, впрочем, е секогаш релативна и зависна од интерсубјективната констелација и од околностите.

Од таа страна, филмот „Pathfinder“ е одличен пример за моќта на филмскиот медиум да поттикне на сомневање, на испрашување, на потреба од ревизија на прочитаното, усвоеното, запаметеното, и на крајот, тој ја засилува потребата, кај сите оние гледачи кои не прифаќаат „здраво за готово“ сè што им нуди телевизискиот екран и кои се авантуристички наклонети кон истражување на нови области, од потрага по најблиската и најприфатлива визија за историски збиднатото.

Автор: Кристина Димовска

Page 44: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.92

Evergrin na „site vremiwa“ 12

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители и повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

Page 45: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.92

Тоше Проески – Твоите бакнежи

Прости ми што те навредивСо ништо веке не би погрешил

Моите зборови заборави гиКо да не ни биле кажани

Бакни ме и прегрни меЈа признав веќе душо винатаДај не мачи ме, ајде прозбори

Во нас верува судбината

рефрен:Твоите бакнежи на моите бели

кошулиЦела ноќ ми будат спомени

Две недели разделени и осамениЗар некој може да те замени...

Кажи ми - Драган Мијалковски

Со тажен лик и насолзени очи доаѓаш ти

ко ветрот тих во моите ноќи.За прв пат те гледам несреќна мила

каков ли бол ги стопи твоите полетни крила?

И моето цвеќе не го примаш веќе бегаш од сé што било дел на твојот

свет.

И плачеш и гориш за разделба збориш

заминуваш ти.А имаш ли сила да размислиш мила

што ќе сториш ти?Ме оставаш мене за друг да те земе

не те давам цвету мојкажи ми кажи дал постои друг во

животот твој. х2

Page 46: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.92

Студени нозе – 50 марки

Седеше на шанкот сама негде после два

Интелектуална, згодна и замислена.Ја прашав јас од кое небо овде

паднала,рече дека е на распуст не е од тука.

И бевме до кај мене, и бидна сé што бидна

ми побара 50 марки зема и си кидна.

рефрен:Беше мрак, а таа беше гола,

ама ладна како Кока кола, каучотсе расцвета на пола а таа беше

ладна како Кока кола.

Подготви: Емилија Петреска

Магазинот „Револуција“ е медиумски спонзор на манифестацијата “50 години евергрин“

Page 47: Револуција Магазин бр 92

REVOLUCIJA MAGAZINBR.92

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

8 Septemvri 2012

Page 48: Револуција Магазин бр 92