46

Револуција Магазин бр 93

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: Револуција Магазин бр 93
Page 2: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA25 Avgust 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

25 Avgust 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Анамарија Велиновска,Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Proslavivme 21 godina tranzicija

Potrebni se novi lideri

Ni treba lider da ja nacrta realnosta

21 godina demokratija na hartija

Nostalgija za vrednostite i standardot

Namesto pazarna izgradivme kriminalna ekonomija

Pri~ini za nekonkurentnosta na makedonskata ekonomija

Evro kriza: Intervju so Helmut [mit i @iskar Desten

Evergrin na site vremiwa 13

93MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

10

16

20

24

27

34

37

42

Page 4: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA25 Avgust 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„Studeno izgrejsonce“ - Vasko Nikolov

Page 5: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Каде е дното на сиромаштијата во Македонија

Разговорите за поскапувањата, за немањето доволно пари станаа редовен дел од денот на секој Македонец. Овие теми започнаа да се разговараат многу почесто од „Добар ден“, затоа што секој во текот на денот се бори да излезе на крај со своите трошоци, па и не може да каже дека ќе има добар ден.

Не ни чудо што според „Економист“ сме на првото место според мизерија во светот, со 33% невработеност, рамо до рамо со Венецуела, Иран и држави во Африка.

Сиромаштијата веќе е наше секојдневие. Но, што всушност е сиромаштија? Според светските стандарди, под прагот

на сиромаштија живеат семејствата кои можат да потрошат помалку од два долара дневно.

Нема расположливи конкретни извори со колку пари живеат семејствата кои се класифицирани како сиромашни. Државниот завод за статистика само објаснува дека „како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење на земјата во која живеат“.

Линијата на сиромаштија, пак, е дефинирана како „ниво на животен стандард што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класифицирано како сиромашно“.

Proslavivme 21 godina tranzicija

Page 6: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.93

Вработени а сиромашни - нова категорија

Со прославувањето на нашиот 21 роденден, ние можевме да ја прославиме и својата сиромаштија која полека, но сигурно го надминува 30-от процент и го достигнува своето екстремно ниво.

Иако се верува дека сиромаштијата и невработеноста одат рака под рака, сепак, сега во Македонија немаме само сиромашни кои се невработени, туку имаме и сиромашни вработени.

Тоа е цела една група на граѓани кои целиот ден работат како таксисти, текстилни работнички, а месецот го завршуваат со примања од 6.000 денари, кои се едвај доволни за помирување на сметките, а не, пак, за еден пристоен живот.

Page 7: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Сиромаштијата ја уби интелегенцијата

Но, како дел од „групата“ на сиромашни граѓани, сега се вбројуваат и високообразовните млади кадри. Политиката која ја загуши секоја наша пора на современо и модерно живеење, го загуши и мозокот како и можноста за напредок на голем број млади луѓе.

Немањето на партиска книшка или пријател на висока функција, им ја зеде можноста на голем број млади да го покажат своето знаење. Тие наместо во својата област, полека, но сигурно стануваат специјалисти за депресија, затворени во својот дом без никаква надеж за живот.

Голем дел од нив се согласуваат да работат било каква работа, која им го затупува интелектот, ги принудува да го заборават наученото и секако повторно ги изложува на истиот мизерен живот. Тие наместо да создаваат семејства, да ги собираат плодовите на својот успех, тонат во мизерија и алкохол.

Оние, пак, најупорните едноставно заминуваат носени од печалбарската треска. Заминуваат и работат било какви работи во земјите на Европската унија, во Авганистан, само за да си обезбедат еден пристоен живот, но и да им помогнат на своите семејства.

Држава која ја уништува својата иднина

Зарем популаризирањето на високото образование и неговата достапност е само за да им го покажеме патот кон некоја друга земја на нашите кадри или патот до Агенцијата за вработување?!

Со оваа негрижа, која државата ја покажува, имаме тројна штета. За почеток, ги уништува парите кои и самата до некаде ги вложила во образованието на овие млади, потоа таа троши пари за да им обезбеди здравствено осигурување, а на некои и социјална помош и секако најголемата штета ја прави е што им ја покажува портата за заминување, со што тие одат и создаваат семејство во друга земја, а нашите градови умираат загушени од белата чума.

Од друга страна, пак, има сé поголема појава на болести меѓу граѓаните, кои индиректно се предизвикани од секојдневниот стрес и нервоза, кои ги апсорбираат во себе, не можејќи да излезат на крај со давачките кон државата, додека стомакот им е целосно празен.

Неможноста да му помогнат на својот болен член прави голем немир во многу семејства, расправии, кавги и сетоа тоа води само чекор поблиску до социјалниот распад кој нé очекува.

И додека сите светски економски медиуми ни го даваат почесното место според мизерија во Европа, ние сé уште се тешиме дека таму некаде е полошо. Веројатно ќе започнеме да се тешиме со Венецуела. Зарем не е сосема нормално да се стремиме кон подоброто?!

Page 8: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.93

Наместо прослава, треба протест

Со вакво темно на развој, се прашувам дали ќе доживееме уште 21 роденден? Како што сме тргнале, веројатно, ќе останеме само едно празно парче земја, кое ќе можат соседите да го делат како што сакаат и кое само ќе помни дека тука некогаш живеел некој народ. Народ кој немал храброст да се побуни.

Минатата недела слушавме за посетеноста на прославата за роденденот на татковината, но зошто еднаш не слушнеме дека се организирал народот да се бори за своите права. Зошто не се дозволат бесплатни превози за сите оние кои се невработени, а кои имаат толку многу да кажат и покажат? Зарем нашите сиромашни луѓе се мирни и спокојни?

Не , не се! Тие се само премногу

исплашени, но и помирени со својата судбина за да размислуваат за бунт и искажување на својот револт. Токму поради нивната сиромаштија овие граѓани се целосно социјално исклучени, создале една своја маргинализирана група од која не излегуваат, мислиш се наоѓаат во школка.

Немаат ниту храброст јавно да говорат, ниту да му се обратат на некој, едноставно одат со наведната глава, како тие самите да се виновни за сиромаштијата, како тие да ја предизвикале, не обвинувајќи никој друг.

Тие започнаа својата сиромаштија да ја пренесуваат како дар, од колено на колено, на некој начин убедувајќи ги и своите деца дека тие тоа го заслужуваат, дека не треба да се сонува за поубав живот, затоа што тој едноставно е резервиран за некој друг.

Page 9: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

На информативните емисии во нашата земја нема ниту миг посветен на овие тажни погледи, минута во која би се разговарало за подобрување на нивниот стандард, за кревање на социјален бунт, кој со последна сила би пробал да го спаси ова наше веќе изумрено општество... не, таму се слуша за нашиот брз развој, инвестициите во Македонија, кои само за нас се видливи и кои веројатно ќе вработуваат само партиски кадри.

Оние, пак, кои имале среќа да живеат во малку поубави услови, воопшто не размислуваат за да им дадат било каква помош на сиромашните, за некој вид општествена одговорност, напротив- тие ја вртат главата кога ќе ги сретнат

по улица, не размислувајќи дека и тие се еднакви како нив, но без можност да го покажат својот капацитет.

Што треба уште да им се случи за тие да го вклучат алармот за покажување на социјален револт? Зарем секојдневниот глад што го чувствуваат не им е доволна причина за да излезат на улица? Кога еднаш нашите граѓани ќе се ослободат од своите стеги и ќе започнат еден поубав живот, ослободен од црниот превез на сиромаштијата?

Автор: Наташа Димеска

Page 10: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.93

Potrebni se novi lideri

Изминативе 21 година на самостојно живеење, македонската држава мина низ многу проблеми и тешкотии. Огромната инфлација првите години од независноста, грчкото ембарго, косовската бегалска криза (околу 360.000 бегалци) и воениот конфликт во 2001 година - беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава.

Имавме штетна и неправедна приватизација, која мнозинството граѓани ги направи сиромашни и донесе голема невработеност.

Во 1995 година се случи и атентат на првиот претседател Киро Глигоров, а во 2004 година трагично загина претседателот Борис Трајковски.

Во 2001 година Македонија имаше и повеќемесечната безбедносно-

политичка криза и меѓуетнички конфликт, што успешно се разреши со Рамковниот договор, кој предвиде темелни промени на Уставот од 1991-та година.

Многу нешта, многу предизвици, многу години се зад нас...но, упеавме ли да мрднеме барем неколку чекори нанапред за сите овие години?! Еден напред, три назад, тапкање во место, па, пак, еден напред - ги протанцувавме овие години, кои беа (а и сé уште се) во знакот на преживувањето, справувањето, снаоѓањето.

Page 11: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

Прославивме 21 година транзиција

Дваесет и една година самостојност, а Република Македонија сé уште се наоѓа во транзиција. Најголем број од земјите од Источна Европа (од поранешниот комунистички режим) ја завршија својата транзиција при крајот на деведесеттите години од минатиот век, додека транзицијата сé уште и тоа на големо е актуелна во Македонија.

Кај нас сé се движи со забавено темпо, сé се одвива со одолжување, а не со решавање, со што само се пролонгира страдањето на граѓаните, кои се најголемите жртви на транзицијата.

Да се разбереме, транзицијата е процес кој беше нужен и кој несомнено со себе носи одредени последици (позитивни и негативни)- промена на системот, промена на моделот, генерална промена на општествениот начин на живот.

Но, зошто оваа промена е толку бавна кај нас и зошто овие последици никој до сега не се обидел да ги санира, туку кукавички одговорноста и вината ја префрла на друг?!

Што ни донесе оваа транзиција, а пред што досегашните власти ги затвораа своите очи?

Како прво и осново, најголем производ на транзицијата се армијата на невработени, чии членови од ден на ден сé повеќе се зголемуваат.

Кога Македонија објави независност, стапката на невработеност беше на некое нормално (ако можеме да кажеме така) ниво. Но, поголемиот број на компании тогаш беа државни, а со процесот на приватизација и создавање на, така наречениот, технолошки вишок на работна сила, од 1997 година стапката на невработеност се движи околу 35 проценти.

Имено, стапката на невработеност во 1990 година изнесуваше 14 отсто, но брзо потоа почна да расте, а при крајот на деценијата изнесуваше околу 35 отсто. За жал, од 1999-та година, па до сега таа е непромената. Во текот на годините таа варираше за степен или два, но никогаш не се направија драстични промени во намалувањето на бројот на невработените.

Page 12: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.93

Стапка на невработеност од 35 отсто ни кажува дека станува збор за секојдневна мачна судбина на повеќе од 360.000 граѓани, што денес немаат работно место, ни основен приход за живот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2012 година, активното население во Република Македонија брои 941.019 лица од кои вработени се 643.668 лица или 68.4%, а 297 351 лица или 31.6% се невработени.

Со бришење не се вработува

И додека некои се радуваат на благиот пад на невработеноста, препишувајќи си го тоа како лична заслуга, во јавноста се зборува за манипулирање со официјалните податоци и исфрлање на одредени лица од списокот на Агенцијата за вработување како невработени, поради некои бизарни причини и ситници.

Исто како што станува збор за намалување на бројот на корисниците на социјална помош, поради дополнително спечалени 500 денари и сл.

Меѓу паритите се вршат препукувања: Кој е одговорен за оваа состојба? Кој е одговоен за овој голем процент на невработени?

Но, веќе не е ни толку важно да се бараат причините зошто стапката на невработеност од 14 отсто се зголеми на 35 отсто во првите десет години, туку зошто таква остана.

Префрлањето на вината и постојан осврт кон минатото за катастрофалната економска состојба во која Македонија денес се наоѓа – е просто пролонгирање за решавање на проблемот.

Дното во Македонија без лимит

Македонија се наоѓа скоро на дното според животниот стандард, образованието и општествениот живот, така велат податоците од ОН.

Живот со ниска плата што ги покрива само основните потреби (за оние „среќниците“ што можат да се наречат

Page 13: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

вработени) е секојдневие за многу македонски граѓани, кои според ранг- листата на ОН за животниот стандард се наоѓаат некаде на дното во регионот.

Работа нема, а оној кој ја има се соочува со мизерни услови и бедна плата. Свесни за егзистенцијалните проблеми на граѓаните, работодавачите буквално ги „уценуваат“ работниците или да ги прифатат нивните несоодветни улови за работа или да си заминат, бидејќи илјадници други чекаат да го пополнат нивното место.

Значи, работничките права се на дното, за разлика од првите години на 90-те кога се знаеше вредноста на работникот и кој колку-толку се почитуваше.

Граѓаните не се задоволни од квалитетот на својот живот. Не се ниту оптимисти дека тој ќе се подобри, доколку земјава стане членка на НАТО и ЕУ (процес кој се наоѓа во фаза на тапкање, стангирање).

Моментално на листата која ја објави програмата за развој на Обединетите нации, Македонија се наоѓа на 72 место, од вкупно 182 земји според квалитетот на животот на граѓаните.

Подобро рангирани од нас се сите балкански земји, освен Босна и Херцеговина која е на 76 место. Но, ова и не нé чуди, бидејќи сме сведоци дека животот е сé потежок.

Низ текот на годините пораснаа трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и услугите за лична потрошувачка. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2012 пораст на индексите е забележан во групите: домување, вода, електрика, гас, горива, транспорт, услуги за здравје, храна и безалкохолни пијалаци итн.

Со еден збор цените се драстично зголемени. Цените се зголемуваат, а невработеноста и „мизерната“ (за поголемиот број на граѓани) висина на платата останува.

За потсетување, од почетокот на 1990 година до денес, домашното бруто- производство на Република Македонија опадна за околу 20 отсто. Со други зборови, граѓаните денес во просек имаат животен стандард што е опаднат за 20 отсто во споредба со 1990 година.

Page 14: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.93

Денешното БДП на државата од околу 5,6 милијарди евра, претставува БДП на глава на жител од околу 2.600 евра. За споредба, БДП на глава на жител за сите земји-членки во ЕУ изнесува 25.500 евра. Значи, обичниот граѓанин на Македонија денес има животен стандард што е десеткратно понизок од животниот стандард на просечниот граѓанин на ЕУ.

Според податоците на Светската Банка 25 отсто од македонските семејства денес живеат во сиромаштија. Изразено во апсолутен број, во Република Македонија околу 170.000 семејства денес живеат во сиромаштија, а уште поголем е бројот на оние коишто живеат на работ на истата.

Се разбира, причините за денешната економска состојба на Република

Македонија се многубројни и ќе ни треба и многу време и простор за да сите ги наброиме, но сепак, накратко ќе ги споменеме- процесот на приватизација, неуспехот во привлекувањето директни странски инвестиции.

Узурпацијата на приватниот сектор од политичките партии, задушувањето на приватниот сектор од државниот сектор преку сé поголемо даночно оптоварување, недостигот на реформи и неефикасноста во спроведените реформи, ендемската корупција и огромните скандали, неуспехот во поставувањето на здрава и динамична бизнис-клима... итн. итн. ...

Дипломи без голема конкуренција на пазарот на трудот

Точно е дека Македонија ги подобри условите за образување на своето население. Средното училиште стана задолжително, а речиси во секој град има дисперзиран факултет.

Партиципацијата за упис на факултет драстично се намали, при што на поголемиот број на ученици им се обезбедија услови и можност за продолжување на своето образование.

Во изминативе 21 година, бројот на дипломирани студенти в о високообразовните установи значително се зголеми - од 3.384 дипломирани во 1991-та, на 9.944 дипломирани во 2010-та година, што е пораст од 194 проценти. Според последните податоци минатата година бројот на дипломирани студенти опаднал за 1,6 отсто.

Точно е дека имаме голем број (за разлика од претходните години) дипломирани студенти, меѓутоа државата сé уште не успеа да најде решение за тоа што понатаму со овие кадри.

Кадри има - побарувачка на пазарот на труд нема, па голем број од дипломираните студенти остануваат невработени.

Според податоците на ОН, Македонија е скоро на дното од цела Европа со невработени млади луѓе - со завршено средно образование - 38 проценти, а

Page 15: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

невработени со високо факултетско образование се 52 проценти.

Значи, скоро од половина дипломирани луѓе - не наоѓаат работа. Затоа, Македонија се соочува со еден поинаков проблем, а тоа е таканаречениот „одлив на мозоци“ во странство.

Државата сé уште нема рецепет за одливот на кадри, кои соочени со ситуацијата во Македонија, својот излез го бараат надвор од неа.

На државата и се потребни нови лидери

21 година подоцна, Македонија сé уште е на патот кон евроинтеграциите, чекајќи датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, работите како да стојат во место. Потребни се промени!

Мора засилено да се реши економскиот развој на земјата,

да се отворат перспективи за граѓаните, особено за младите, да има нови работни места, да се намали големата сиромаштија, да се подобри стандардот.

Да се бараат решениеја околу кои ќе се обединиме а ќе се натпреваруваме за

нивно пдообро спроведување на политичката сцена, во

економијата, образованието. За тоа неминовно се потребни нови лидери кои ќе ги преземат водечките улоги во државата.

Автор: Елена Павловска

Page 16: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.93

Ni treba lider da ja nacrta realnosta

Политичка храброст и државно лидерство е да им се соопшти на граѓаните дека ќе следат отпуштања од државната администрација а не примања на партиски членови.

Сеуште не е јасно дефинирано, дали се работи за незнаење или за тотална несериозност кон водењето на државата за што политичарите запнале од петни жили, како да се борат за живот или смрт.

Работлив народ без работа

Работливоста, е особина за Македонскиот народ. Така не учи нашата традиција, нашите предци се познати и како успешни печалбари, на тоа ги натерало тешкотиите и маките во кои живееле.

Изминатите 21 годинa живееме во сопствена независна држава, а стапката на невработеноста е голема, можеби една од најголемите стапки од кога се води ваква статистика на овие простори, ако ги исклучиме воените периоди.

Важиме за работлив народ а притоа имаме рекордна невработеност во Европа. Ваквата состојба е спротивна на нашите традиции и особености како народ, за кој пак, поговорката „џабе работи ама џабе не седи“ е како оче наш.

Ваквите традиции на кои се гордееме, влечат корени од времињата кога сме немале држава ниту пак политичари и партии. Денеска кога имаме своја држава, политичарите ја „решаваат“ невработеноста преку изјави од типот: „ветуваме пет проценти економски раст“, другите пак на тоа ќе возвратат: „Ние ветуваме седум проценти економски раст“, трети ќе се вмешаат со повисоки

с т а п к и на економски раст....

Но, никако да образложат како стапките на економски раст конкретно ќе ги претворат во реалност кога би ја добиле подршката од граѓаните, односно како ќе ја симнат стапката на невработеност на подносливо ниво, а да не биде тоа преку статистичи инжинеринг.

Важиме за работлив народ а притоа имаме

рекордна невработеност

во Европа.

Page 17: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Сеуште не е јасно дефинирано, дали се работи за незнаење или за тотална несериозност кон водењето на државата за што политичарите запнале од петни жили, како да се борат за живот или смрт.

Без правна држава попусто е и да ги укиниме даноците

Стратегијата за економски развој на државата не треба да почнува и завршува единствено со реченицата „странски инвестиции“, не дека тие не се важни, напротив, но не можеме да се надеваме на економскиот развој преку странски инвестициите кога не не бидува да ги донесеме.

Можеме да ги намалиме даноците и до нула, но никој сериозен иневститор нема да инвестира кај нас, ако не биде убеден дека функционира правната држава, односно судовите се независни.

Се бара јунак да ја соопшти вистината

Нас ни се потребни политичари кои ќе имаат реален пристап кон постоечките можности за економски развој денеска, и што е поважно, тоа да им го соопштат „јасно и гласно“ на граѓаните за тие да не очекуваат вработување во државната администрација, туку напротив, ќе следат отпуштања, бидејќи таа како што е сега, е товар на економијата и прави големи трошоци и штети поради нејзината гломазност.

Треба да се стави крај на трошоците што ги прават најмалку 50 илјади вработени во државната администрација, кои реално се вишок. На пример, ако за секој поединечно бруто платата месечно изнесува минимум 500 евра доплнително на тоа надомест за храна и патни трошоци, тогаш за нив државата одвојува најмалку 30 милиони евра месечно само за плата.

На овој трошок треба да се стават и трошоците за канцелариите, нивно

осветлување, загревање и така натаму.

Затоа е подобро за развојот на економијата, државата да издвои 360 милиони евра, колку што изнесува годишната сума за плати, да ги подели како отпремнина и помош за вишокот административци за тие да започнат свој приватен бизнис или пак да се изборат на пазарот на работна сила.

Кратењетото на државната администрација неминовно ќе дојде на дневен ред и мора да се реши, кога ќе ги започнеме преговорите со ЕУ. Кога на дневен ред ќе стигне прашањето за администрацијата, ќе ни соопштат од Брисел колку треба да брои администрацијата, која аналогно на нашата држава, не би требало да изнесува повеќе од 50 до 60 илјади вработени, и притоа ќе ни дадат рок, и се до исполнувањето на ваквиот услов, нема напредок во правец на интегрирање во ЕУ.

Page 18: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.93

Невработеноста не се решава со вработување на државна сметка

Во функционални демократии со пазарни економии, не може економски успех да биде кога Владата вработува, туку кога таа создава услови за економски развој во приватниот сектор. Во таа насока треба да го бараме економскиот развој во три области.

Прво, развој на модерно земјоделство, за што е важно да се обноват и изградат нови хидросистеми за наводнување на обработливите површини. Посебно ќе нагласам, да се градат нови вредности кај младите генерации за полезноста да се биде фармер, кој ја обработува земјата со најсовремена механизација, одгледува стока на современи начини, и притоа добро заработува и се надградува како човек. Во Германија, пред скоро секоја фарма, ќе видете до тракторот паркиран мерцедес или пак порше, тоа зборува доволно за полезноста да се биде фармер по занимање.

Цела држава економска зона за инвестиции од иселениците

Владата треба да создаде основни претпоставки и потоа јасно да упати порака дека тој што чува овци, крави, кози, одгледува земјоделски производи, не е овчар, кравар, козар, селанец, туку е фармер, да се истакнува важноста да се биде производител на храна.

Крајниот резултата треба да биде драстично намалување на увозот на

храна за кои се издвојуваат и до половина милијарда евра годишно, за што ние не можеме овој девизен одлив да го супституираме со извоз на автомобили и слично.

Другата област е развојот на информатичките технологии,

што не е тешко да се постигне бидејќи оваа област брзо може да се развие без да се вложуваат огромни инвестиции, и е има голема потреба од „аутсорсинг“ за информатички компании во странство.

За овие размислувања да не останат само слово на

хартија и изречени празни зборови по плоштадите, туку да

бидат реалност, потребмна е владина програма која три години ќе ги ослободи целосно од даноци младите фармери и информатичари кои ќе ја регистрира својата дејност.

За развој на информатичките техонологии да се изградат информатички кампуси во кои новите информатички фирми

Досегашните странски

инвестиции биле во Телеком, мобилната

телефонија, ЕСМ, ОКТА, во рудници,

од кои граѓаните не видоа полза.

Page 19: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

би биле ослободени од надомест за користење најмалку три години. Друг ресур кој ни стои на располагање како држава се потенцијалните инвестиции во дијаспората, за кои треба да се создадат услови за да дојдат.

Прво, целата територија на државата да се прогласи за слободна економска зона за инвестирање на иселениците, неминовно да се зајакнат законските механизми за заштита на инвестициите од манипулации, како што се имаат случено изминатите 20 години.Придобивките ќе бидат, бројни мали и средни фирми кои ќе ги отворат ислениците и воедно ќе донесат и знаења и деловни контакти од државите каде што се иселиле.

Не сме во НАТО, ЕУ, не можеме да се пофалиме со функционална правна држава, тоа се перфомансите кои ги имаме како држава, затоа не можеме

да се надеваме на големи странски инвестиции.

Досегашните странски инвестиции биле во Телеком, мобилната телефонија, ЕСМ, ОКТА, во рудници, од кои граѓаните не видоа полза.

Плаќаме најскапа телефонија и електрична енергија во Европа, ОКТА истотака ужива монополска позиција, во рудниците ни гинат рударите.... Во најтешките моменти Винстон Черчил на своите сограѓани им „плеснал“ во очи: „Ќе има пот, крв и страдање“ но ќе успееме.

Англија беше победник, а Черчил ги изгуби изборите, но затоа стана најголем лидер во историјата на англискито народ.

Автор: М-р Митко Јованов

Page 20: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.93

Ni treba lider da ja nacrta realnosta

Македонија се наоѓа на незавидното 94-то место, а пред неа дури се Того, Конго, Замбија, Бенин, Гвинеја... Таква е Македонија денеска според слободата на изразување, така не рангираат денеска после 21 година градење демократско општество.

Тоа е така бидејќи се случува неформална контрола на медиумите, која е многу подискретна и поефикасна. Да се биде дел од медиум денес значи да се поседува огромна способност за справување со контролата. Вистинска демократија подразбира гаранција на слободен говор и слободни медиуми, но и политичка независност на истите.

Хартијата трпи но и граѓаните претераа со трпење

Според Уставот - највисокиот правен акт во државата, донесен во 1991-та година кратко по нејзинито осамостојување, Македонија е конституирана како суверена, самостојна, граѓанска и демократска држава. Следуваа низа демократски процеси за воспоставување и изградба на правната држава, гаранција на човековите права, граѓанските слободи и национална рамноправност, обезбедување мир, обезбедување социјална правда, економска благосостојба, напредок на

личниот и заеднички живот...

Ако демократијата подразбира поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска, политички плурализам, слободни, непосредни и демократски избори, владеење на правото, заштита на сопственоста, слобода на пазарот, гаранција на човековите права и слободи, хуманизам, социјална правда и солидарност, почитување на општо прифатените норми на меѓународното право и уште ред други работи, тогаш Македонија не е демократска држава, бидејќи сите овие принципи ги трпи хартијата - Уставот, законите, и другите

Page 21: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

подзаконски акти.

Тие во реалноста одвај да се почитуваат и применуваат, токму поради ваквата состојба во Македонија е оневозможен развојот на демократијата и со тоа напредоно постигнување на одржлива благосостојба за граѓаните.

Демократијата во слободен пад

Македонија важи за релативно млада демократија, но сепак градење демократија веќе 21 година притоа со искуствата и подршката што ја имаме од западноевропските држави, не може да ни бидат утеха и оправдување за денешната сурова реалност во која живееме.

Демократијата и реформите назадуваат во Македонија. Причина за тоа се политичката поларизација и популизмот кои ја попречуваат Македонија во нејзиниот пат кон модерната демократија. Проблемот е во неконтролираната желба за сé поголема моќ на политичарите. Тие се обидуваат да го диктираат тонот и да ги ослабат институциите за да ја поткопаат поделбата на власта и да ја зголемат сопствената моќ.

Дали завршија времињата кога не смееше да се каже политичкото мислење различно од власта или да се изгуби работното место во државната администрација и во јавните претпријатија, ако не се биде член на партијата која е на власт? Борбата тоа да не се случува е суштински темел на секое демократско општество, цел на

сите граѓани и на сите политичари. Таа борба одвај да е започната кај нас или пак сме неуспешни да ја добиеме најважната битка после осамостојувањето.

Прашањето кое се провлекува од осамостојувањето на Македонија, па до денес е - како да дојдеме до поголемо единство и поголем консензус за државните интереси. Главна причина е

што немаме ниту дефинирано кои се нашите државни интереси.

Не се доволни формалните флоскули-влез во НАТО и ЕУ и толку без да изградиме платформа за постигнување на целите.

Проблемот е во неконтроли-раната желба

за сé поголема моќ на

политичарите.

Page 22: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.93

Партиска окупација на институциите

Во текот на изминатите години Македонија се соочува со силна партизација на државните инстритуции од страна на владеачките партии. Институциите, нормите и прописите, со кои треба да се обезбеди заштита на јавните интереси, се уредени така, или пак се злоупотребуваат, за политичките партии да ги реализираат сопствените интереси.

Вработувањата во јавната администрација, како и напредокот во истата, не се вршат врз основа на знаење или постигнати резултати, туку врз основа на партиска припадност. Сведоштво за тоа се извештаите за напредокот на Република Македонија од страна на Европската комисија. Отпуштањето голем број на службеници после смената на власта во 2006-тата година ја илустрира политизацијата на сите нивоа во јавната администрација.

Искуството и експертизата беа изгубени во реорганизацијата и големите промени во персоналот на јавната администрација, стои во извештајот на Европската комисија од 2007-та година. Оценката за вработените и нивното вработување не е транспарентна, се објаснува со извештајот од 2008-та година.

Голем дел од кадарот на одредено време е млад, без соодветен работен простор и нема јасни работни обврски, што придонесува за демотивација на добрите јавни службеници, пишува во извештајот на Европската комисија од 2009-тата година.

За жал кај нас сé уште функционира она што Американците го нарекуваат „Spoil system“ кој тие веќе одамна не го практикуваат. Овој систем, во превод: „Систем на разгалување“, во минатото значел дека откако некоја партија ќе победи, таа им овозможува работни места на оние кои гласале за неа, со цел да им се оддолжи што придонеле за победа на партијата.

Сепак, тоа не е единствениот проблем. Како резултат на партизацијата на институциите е зголемена недовербата во судството. Работниците не можат да ги остварат своите права, ако тие не се еднакви пред законот. За поквалитетна демократијата, неопходни се дополнителни напори со цел да се обезбеди независност и непартизација на судството, особено при назначување и напредување.

Page 23: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

„Демократија под притисок“

Процесот на демократија континуирано стагнира во Македонија, за што сведочат постојаните истражувања, анализи и извештаи за медиумите. Во извештајот „Демократија под притисок“, спроведена од страна на аналитичката компанија „Економист груп“ во 2011-тата година, Македонија се најде на 73-тото место од вкупно 165 земји, поделени во четири групи.

Државата беше рангирана во втората група меѓу 40 земји, а во однос на нив, кај нас од 2008-та година- па наваму е забележано влошување на состојбата со слободата на медиумите.

Она што предизвикува огромен интерес е независноста на медиумите. Тие се соочуваат со политички притисок, како резултат на тоа што поголем дел од нив имаат сопственици, кои истовремено се претседатели на политички партии.

Очигледен е недостатокот од спроведување на законите за сопственост врз медиумите, според кои незаконски е тие да бидат поврзани со политичко влијание. Голем дел од медиумите се во сопственост на политичари, а во најмалку два случаи, членовите на нивните семејства ги држат управувачките позиции. Во секој случај и двата случаи се пример за судир на интереси.

Случајот со затворањето на А1 телевизија и трите весници „Време“, „Коха е ре“ и „Шпиц“ беше осуден од меѓународните групации, дека е политички мотивиран. Оставајќи ги настрана обвинувањата за финансиските малверзации против сопствениците, меѓународните институциии бараа да се направат напори и да се обезбеди телевизијата да продолжи да функционира, што

очигледно не се случи.

Уште поголема загриженост предизвика фактот дека членовите на управувачките структури на А1 беа држани во притвор пред покренување на обвинението. Голем број новинари останаа без работа поради намалување на бројот на вработени во одредени медиуми и поради затворањето на А1 групацијата.

Правото на слободата на изразување претставува едно од основните права на либералната демократија. Според македонскиот Устав, цензурата е забранета и се гарантира слободен говор, јавен настап, јавно информирање и заштита на информациите.

Реалноста покажува дека иако цензурата е јавно непопуларен термин, сепак, таа преовладува во Македонија. Во демократските општества, меѓу кои и Македонија, се практикува неофицијална цензура. Таа се спроведува со притисок и контрола на сопствениците на медиумите.

Во однос на слободното изразување, Македонија се наоѓа на незавидното 94-то место, а пред неа дури се Того, Конго, Замбија, Бенин, Гвинеја... Она што се случува е неформална контрола на медиумите, која е многу подискретна и поефикасна. Да се биде дел од медиум денес значи да се поседува огромна способност за справување со контролата. Вистинска демократија подразбира гаранција на слободен говор и слободни медиуми, но и политичка независност на истите.

Автор: Симона Ѓеоргиевска

Page 24: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

24 BR.93

Nostalgija za vrednostite i standardot

Кога ќе ги спомeнеме 90-тите, најпрво на што се сеќаваме се музичките хитови. Сè е убаво кога ќе ни тргне со песна. Филмовите и облеката од тој период беа сосема различни од оние кои денес ги среќаваме. Во тоа време и идеалите беа поинакви. Се знаеше кој е родител, а кој дете во семејството.

Ние во Македони ј а , како и денес, така и во тоа време, бевме под влијание на туѓите култури. Но, сепак, било кој да го прашате, ќе ви каже дека во тоа време ние имавме поквалитетн живот.

Како што воздухот се менува со текот на времето, така е и со навиките и вредностите. Тогаш технологијата не беше толку развиена, па, затоа можевме единствено да се радуваме на музиката и затоа сите бевме многу посреќни.

Денес, ако ги споредиме овие две слики, ќе видиме дека технологијата

напреднала, но човекот сè повеќе и повеќе се уназадува. Поради нејзиниот развој, човекот веќе не мора да прави некои работи кои предхнодно ги правел често. Со развојот на технологијата, едноставно, сè се поремети. 90-тите си се

90-тите.

Врската која предходно ја имаше помеѓу дете-родител сега е само приказна во која ни оние кои ја раскажуваат не веруваат. Оние кои успеале да ги преживеат овие години, се среќници.

Според многумина, овие години се најубавите од било кога. Можеби бидејќи овие години поминаа

мирно, во споредба со останатите, или, пак, можеби поради фактот што уште во тоа време се зборуваше за крај на светот, па сите некако се „простуваа“ со него.

Но, откако помина 2000-та, луѓето некако „отрпнаа“ на возбудата со

апокалипсата, па си велат:„Живеј денес за утре“.

Само што со ова се изгубија сите

идеали и вредности. Ако порано луѓето си помагаа меѓу себе и можеше слободно да му верувате на

блискиот, денес можете да загинете на сред улица, како што беше случај со едно девојче во Кина, а луѓето да гледат низ вас, а не во вас, т.е. да бидете под тотално игнорирање.

90-тите се години кои наликуваат на златната доба, тогаш се раѓаа најголемите ремек дела, најголемите луѓе, кои го променија погледот кон светот.

Тоа беа години на среќа и задоволство. Денес, сè е само копија и тоа со лош квалитет. Се обидуваме да

Page 25: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

25BR.93

севратиме во претходните години, но не сфаќаме едно нешто... времето замина. 90-тите си се 90-тите.

За политиката не мора ни да зборуваме, како сме тргнале, не стигнуваме ни до ќорсокак, дури ако станува збор и за глобалната политика. Сè што постоеше на овој свет со брзина на светлината реши да се сруши, со мала помош од луѓето.

Кога зборуваме за Балканот и Македонија, во 90-тите скоро сè си имаше вредност. Парите, човекот, животот. Ако во тогаш си немал пари, си имал пријатели на кои можеш слободно да се потпреш. Денес, ако немаш едно од овие работи, останатите не ти вредат. Во 21-иот век, човек без пари е како човек без вредности и почит.

Едноставно, луѓето се променија, иако тоа често е тешко да се поверува, секако, кога човек се променува на подобро. Денеска поинакви се сфаќањата, некако се обидуваме да одиме по

линијата на некоја си илузија дека денес ние не сме толку примитивно општество, но, всушност, ние си стоиме во една мртва точка и никако

н е м а м е „абер“ да мрднеме.

Ние сме како месечари, мислиме дека одиме напред, дека бегаме од она што нè брка, но кога ќе се разбудиме, ако воопшто успееме да го направиме тоа, ќе видиме дека си тонеме во едно место.

Она што треба на секој човек да му биде јасно е дека волјата и среќата го прават неговиот живот среќен. Постоиме со некоја цел, но за да ја знаеме таа цел треба да имаме волја

да ја дознаеме. Кога веќе знаемезошто постоиме, ние самите инстинктивно се упатуваме кон нашата судбина, која чека ли чека...

Среќата се крие во најмалите работи, тоа веќе сте го слушнале милион

пати, па нема ни јас да ви го повторувам. Но, постојат некои луѓе кои погрешно ја сфаќаат поентата во ова. Кога ќе се каже малите работи, не се мисли на монети или, пак, на пари, се мисли на малите

работи како кога ќе му сварите кафе на некој

близок кога е истоштен или кога едноставно ќе бидете покрај некој кога

му е потребно некој да го слуша.

Ако овие работи не можете да ги направете, тогаш вие не сте родени во 90-тите или, пак, ги немате проживеено како што треба. Тоа беа златни години. Секое дете ќе ги памети, секој старец ќе се сеќава на нив, а оние кои ги изгубиле ќе посакуваат да ги проживеале. 90-тите си се 90-тите.

Автор:

Емилија Петреска

Ние сме како месечари, мислиме дека одиме напред,

дека бегаме од она што нè брка,

но кога ќе се разбудиме, ако

воопшто успееме да го направиме

тоа, ќе видиме дека си тонеме во едно

место.

Page 26: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA25 Avgust 2012

26

Page 27: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

Namesto pazarna izgradivme kriminalna ekonomija

Македонската економија е многу слаба и ранлива. Статистиката тоа сурово го покажува и колку некој да се обидува да ја шминка и разубавува, таа покажува дека на Македонија во последниве 21 годинa ѝ се случува деиндустријализација.

По 21 годинa независност, реформи, приватизации и стратегии за економски развој, Македонија денес е на ниво од едвај 60 проценти произведува од тоа што го произведувала во почетокот на 90-тите години.

Индустријата, која во секоја економски развиена земја е главен двигател и носител на економскиот раст, во Македонија веќе две децении бележи

пад. Индустрискотo производство на Македонија денес е помало од тоа пред 90-тите години.

Бројот на вработени во индустријата се намалува, повеќe фабрики се затвораат, отколку што се отвораат нови, наместо во производство, најголем дел нови фирми се отвораат во трговијата.

Реалноста покажува дека бројот на вработените во индустријата постојано се намалува, а големите индустриски капацитети кои порано работеа се уништени. Денес во индустријата работат 186.664 луѓе, што е една третина од вкупниот број вработени во Македонија, кој изнесува 640.199.

Никој не ја бара СФРЈ, туку тогашниот стандард

Кога пред 21 годинa македонските граѓани излегоа на референдумот за независност, покрај самостојна, гласаа и за успешна и развиена Македонија. Гласаа за држава која ќе им обезбеди подобар живот, вработување и стандард достоен за секој слободен човек.

Дали политичките елити, кои граѓаните ги бираа на десетина избори во овие 21 годинa независност за да ја водат државата, ги исполнија нивните очекувања? Ова е прашање на кое, сепак, треба да одговори секој. Статистиката е немилосрдна во прикажувањето на вистината колку бавно се движиме да го достигнеме дури и тоа што сме го имале пред 21 година.

За многу луѓе, животот од 1991-та година досега не е променет многу, особено не

на подобро. Според цените на основните призводи за живот, Македонија може да се споредува дури и со најзразвиените земји во светот.

Но, споредбата на платите покажува дека тие се зголемуваат многу малку. Исто така, многу луѓе не земаат плата, од едноставна причина што не можат да најдат ниту работа.

Во обичен разговор со повозрасните луѓе, одговорот секогаш е дека порано се живеело подобро и помирно и дека сега, за разлика од порано, кога државата била посиромашна, стандардот е многу понизок.

Точно е дека во почетокот на 90-тите години во Македонија се случија многу работи, кои придонесоа многу процеси да застанат или да забават, а развојот на економијата да стагнира. Но, вистина е и дека не се случија многу процеси

Page 28: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

28

кои требаше да го подобрат стандардот на граѓаните.

Стотици големи компании, кои во почетокот на 90-тите години беа вистински гиганти, кои работеа во три смени, извезуваа во регионот, но и во сите континенти, сега не постојат. „Охис“, „Фас 11 Октомври“, „Астибо“, „Македонка“, „Алумина“, „Газела“, „Чик Куманово“, „Годел“, „ЕМО“, „Порцеланка“, „Тутунски комбинат Прилеп“- долг е списокот со компании кои успешно и славно пропаднаа, а никој денес не го поставува прашањето зошто тие пропаднаа?

Дали мораа да пропаднат? Дали вината е во лошото политичко раководство, во изгубените и неповратени пазари? Дали ако Македонија имаше поинаква економска стратегија и водеше попатриотска економска политика, овие гиганти ќе пропаднеа? Транзицијата, како единствено оправдување за

нивното уништување, ја кажуваат и прифаќаат само тие што се виновни за нивното распаѓање.

Македонија пред 21 година произведувала и извезувала многу повеќе готови производи отколку денес. Денес се радуваме на увозот на автобуси, додека пред две децении Македонија произведувала и извезувала модерни автобуси, се радуваме што на местото на поранешна „Алумина“ ќе се гради шопинг-центар, а таа фабрика со сопствените производи и со целата македонска градежна оператива градеше аеродроми, патишта, хидроцентрали, болници, универзитети, како во регионот, така и во многу земји од Блискиот и Далечниот Исток.

Во обид да споредат како се живееше тогаш, како сега, некои аналитичари направиле анализа на повеќе економски параметри од 1991 и 2012 година.

Од кај почнавме до каде стигнавме денеска?

Од прогласувањето на независноста во 1991-та година, Македонија помина долг период со многу ризици и тешкотии. Со осамостојувањето во ноември 1991-та година Македонија беше најнеразвиената земја од сите останати југословенски републики, произведувајќи само 5% од вкупниот износ на стоки и услуги на федерацијата.

Македонија ја почна

Page 29: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

29

независноста со девизни резерви од само девет милиони долари и инфлација од над 1.000%. Распаѓањето на Југославија ги прекина трансферите на средства од централниот буџет и ги елиминира предностите од вклученоста во практички регион на слободна трговија.

Отсуството на инфраструктура, санкциите на нејзиниот најголем пазар, Југославија и економското ембарго од Грција го забавија економскиот развој на државата до 1996-та година.

Во 1994-та година почна процесот на приватизација, а веќе следната 1995-та година Македонија се соочи со ембаргото од Грција и санкции од ООН. Во 1996-та година беше донесен првиот Закон за трговски друштва, а следната 1997 година Македонија се соочи со неизбежната девалвација на денарот,

со која вредноста на денарот беше намалена за 17%.

Во септември 1991-та година просечната плата на вработените изнесуваше околу 9.000 тогашни динари или пресметано според тогашниот девизен курс, околу 200 евра. Истовремено, за потрошувачката кошничка тогаш беа потребни цели 300 евра.

Сега таа просечна плата на вработените изнесува само 21.454 денари (350 евра), а за потрошувачката кошничка веќе не се соопштуваат податоците, односно се соопштуваат филувани и фиктивни податоци, според кои месечните трошоци за исхрана и пијалаци на едно четиричлено семејство изнесуваат 12.342 денари (200 евра) и се за 9.000 денари (150 евра) помали од месечната просечна нето-плата.

Page 30: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

30

Неуспешно градење пазарна економија

Најголеми разлики се случија во бројот на невработените. Официјалната статистика покажува дека пред 17 години во Македонија имаше околу 167.000 невработени лица, а оваа 2012 година ја почнавме со над 300 илјади невработени.

Денес, 21 години од независноста, Македонија има 132 илјади повеќе невработени луѓе или дури една третина од тие што бараат работа не можат да ја најдат. Тоа е резултат на згаснувањето или приватизирањето на околу 1.300 претпријатија со општествен капитал, на стечаи, ликвидации, отпуштања. Но, не само на тоа.

Изминатите 21 година бројот на вработени е зголемен само за 200 илјади лица. Ако се знае дека речиси 60 илјади се вработени во јавната администрација, тогаш поразителниот факт е дека во изминатите 21 година во приватниот сектор годишно се вработувале само по 7.000 луѓе.

Општествениот производ, кој во 1991 година изнесуваше 113,6 милијарди денари, за една и половина деценија порасна речиси три пати и достигна повеќе од 300 милијарди денари.

Македонија сите тие години остваруваше многу ниски стапки на раст. По осамостојувањето во 1991-та година, па сé до 1995 година, стапките на раст беа негативни. Само за три години, од 1991 до 1993 година, македонскиот БДП беше намален за повеќе од 20%. Во 1995 година нивото на БДП беше 80% од нивото од 1990 година.

Во периодот од 1996 година до 2000 година имавме

позитивни стапки на раст, кои се движеа

од 1,2% до 4,5% или просечно е к о н о м и ј а т а растеше со 2,3% годишно. Конфликтот во 2001 година ја сруши м а к е д о н с к а т а

економија за 4,5%. Според растот на

БДП, Македонија го достигна нивото на

БДП од 1990 година дури во 2006 година.

Македонија има 132 илјади повеќе невработени луѓе

или дури една третина од тие што бараат работа не

можат да ја најдат.

Page 31: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

31

Потребна ни е стратегија „Извези или умри“

Македонија пред 21 година произведувала и извезувала многу повеќе готови производи отколку денес. Денес во Македонија се увезува сé и сешто- и тоа што ни треба и тоа што не ни треба. Трговскиот дефицит од 172 милиони долари во 1991 година, за 21 година се искачи на повеќе од две милијарди долари. Македонија тргна во градењето самостојна држава со задолженост во странство од 842,1 милиони долари. Надворешниот долг сега изнесува четири милијарди евра.

Ова се податоци кои секој економист ќе ги протолкува само на еден начин - Македонија од 1991 година досега, наместо економски развој, живее економска голгота. Со срамно долгиот негативен транзициски период земјава е уназадена многу години.

Сите економисти се согласуваат дека ќе треба огромен труд, напори, нови идеи и капитал за економијата да тргне напред

и Македонија да почне да остварува високи стапки на раст од 6% до 9%, кои единствено можат да нé спасат и да нé извлечат од рецесијата во која се наоѓаме премногу долго.

Виновниците, за тоа зошто Македонија и по 21 година од осамостојувањето се наоѓа повторно на почеток, можеме да

ги бараме секаде - во домашните политичари, во меѓународните финансиски институции, како ММФ и Светска бака, во губитничкиот дух, во малиот пазар, во лошата приватизација. Но, тешко дека тоа може да ни помогне.

На Македонија денес повеќе од било кога и се потребни лидери со визија, кои ќе знаат како да ја направат Македонија поразвиена економија и земја во која сите ќе можат да се натпреваруваат според своите идеи и капацитети, а не според припадноста кон еден или друг табор. Видовме до каде нé донесе тој систем на избор и водење на политиката.

Веќе две децении во Македонија повеќе

Page 32: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

32

се затвораат, отколку што се отвораат фабрики. Цели две децении не е променета ниту економската структура на Македонија. Во структурата на македонската индустрија доминираат гранки со ниско додадена вредност. Текстилот, металите и тутунот- се клучните економски сектори веќе неколку години наназад.

Индустриите кои имаат постимулативно влијание во економијата како електронската, хемиската и фармацевтската индустрија, производи со повисока додадена вредност, индустрии со примена на поинтензивно истражување и развој, информациска технологија- се многу малку застапени во македонската економија.

Пред 21 година Македонија извезувала повеќе производи отколку денес. Така, на пример, денес најмногу извезуваме производи од железо и челик, како репроматеријали, а порано сме извезувале машини и алатни машини од челик.

Тоа за експертите е клучниот показател за неуспехот на македонската индустрија.

Според Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум од Давос, македонската индустрија и економија не се способни да ја издржат конкуренцијата на светскиот пазар. Она што им недостасува се нова технологија, иновации, истражување и развој, современи системи за управување со деловните процеси.

Ако бидеме малку поискрени, можеме слободно да си признаеме дека овие работи се последни на листата на приоритети како на политичарите, така и на бизнисмените.

„Инвестициите во земјата се мали. Кризата е насекаде, но проблемите се овде, кај нас. Резултат на тоа се несоодветната стопанска структура во која учеството на земјоделскиот сектор се зголемува на 8% до 11% од општествениот производ.

Во другите земји тој учествува со 1% или 1,5%. Недостигаат инвестициите во индустријата, која генерира нови работни места. Инвеститорите треба да се поттикнуваат со даночната политика и субвенционирање на трошоците за инвестирање.

„Неопходна е долгорочна стратегија на 10-15 години на која ќе опстојат сите влади”, вели Мирољуб Шукаров, професор на Факултетот на Југоисточна Европа.

И најголоемиот дел од бизнисмените се свесни за сопствената економска

Page 33: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

33

немоќ и дека овој економски модел на Македонија е неодржлив на долг рок.

„Македонија 21 години има просечни стапки на раст кои не се поголеми од 2%-3%. И во периодот на големата економска експанзија, која се случуваше во светот пред кризата, тоа е периодот на 2007 и 2008 година, М а к е д о н и ј а п о с т и г н а стапки на економски раст од

4% до 5%.

Во овој период од 21 година, Македонија

континуирано има околу 350.000 невработени и тоа што најмногу загрижува е што таа невработеност не се намалува, туку останува на едно неприфатливо високо ниво. Понатаму, трговскиот дефицит на Македонија од 400-500 милиони евра на почетокот на

оваа декада достигна 2,5 милијарди евра.

Tреба еднаш да сфатиме дека - високата невработеност и големиот трговски дефицит се симптоми на болеста (последица), но за да се излечиме ние треба да ги отстраниме суштинските

причини за болеста, а не да ги ублажуваме симтомите.

Од тие причини, сите економски политики треба да бидат насочени кон тоа како да се намалат трговскиот дефицит и невработеноста.

Новиот економски модел околу кој се обединија многу бизнисмени, а кои минатата година го

предложи Стопанската комора на Македонија,

предвидува стимулации и поттикнување за новите

инвестиции и инвестициите во обнова и модернизација на

постојните производни капацитети, системско поттикнување на домашната потрошувачка и извозот, окрупнување на земјоделските поседи и поттикнување на поголемо домашно производство на храна и уште низа други мерки кои во фокусот на сите економски политики ги ставаат инвеститорите и извозниците.

Очигледно правците и политиките се знаат, останува уште да го најдеме вистинскииот модел како да ја направиме индустриската револуција, која може да ја спаси македонската економија од пропаст.

Автор: Олгица Петревска

„Неопходна е долгорочна стратегија на 10-15 години

на која ќе опстојат сите

влади”

Page 34: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

34

Namesto pazarna izgradivme kriminalna ekonomija

Конкурентноста, поточно неконкурентноста на македонската економија е тема стара колку и државата. Во годината кога Македонија ја одбележува 21-годишнината од независноста, не може да се пофали и со добри резултати на полето на конкурентноста на својата економија.

Тоа е видливо и преку континуирано растечкиот трговски дефицит и преку релевантните рангирирања на меѓународните организации на кои немаме завидна позиција што се однесува до конкурентноста.

Според Глобалниот Извештај за конкурентност на Светскиот економски форум, како најрелевантен во оваа област, Македонија е рангирана на 79-то место од вкупно 139 земји, при што како најпроблематични фактори за водење бизнис се оценуваат неефикасната бирократија, пристапот до финансии, нестабилноста и променливоста на државните политики и стратегии.

Освен овие три критични точки кои добиле најлоши оценки, на листата причини за македонската неконкурентност се најдоа и корупцијата, инфраструктурата, неадекватната работна сила и рестриктивните работни регулативи.

Своја страна на приказната имаат и самите компании, од чија што активност и иновативност во крајна мерка зависи конкурентноста на целата економија. Тие веќе две децении се жалат на слабата поддршка од државата, било да станува збор за кредитирање или извоз, се жалат на лошата инфраструктура, нелојалната и жестока конкуренција од другите земји во регионот, се жалат дека немаат доволно стручен кадар и дека факултетите не произведуваат работници по нивна мерка.

Причини има безброј со кои македонските менаџери, со чест на малкубројните исклучоци, ја објаснуваат или поточно правдаат својата, а со тоа и неконкурентноста на македонската економија.

Page 35: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

35

Не дека горенаведеното не е е дел од долгата листа причини за македонската неконкурентност, но треба несебично и самокритично на оваа листа да се додадат и отсуството на издржани бизнис стратегии кај самите компании, искуството на повеќе пазари, свесноста за потребата и неопходноста од континуирано вложување во кадар, технологија, брендирање, маркетинг и знаење, поголемо ниво на спремност за ризик и самоувереност, како и храброст и агресивност при освојување и задржување нови пазари.

За сите овие проблеми со кои се соочуваат македонските компании се дискутира повеќе од десет години. За жал, многу малку од тие ограничувања досега се отстранети. Неконкурентноста и понатаму останува рана на македонската економија, која се гуши во трговски дефицит, голема внатрешна задолженост и преголема суровинска зависност.

Аналитичарите ја немаат способноста да предвидат кога овие пречки ќе се надминат, а македонските производи ќе станат многу поконкурентни и барани на странските пазари, но затоа можат преку нивна детална анализа и давање

конкретни предлози и идеи како истите да бидат надминати, да дадат свој придонес во подобрување на позицијата на Македонија на светските пазари.

Тие посочуваат дека 8-те најголеми причини за неконкурентноста на македонската економија се следните:

1. Отсуство на нова технологија и иновации;

2. Лоша инфраструктура и транспорт;

3. Лимитирани менаџерски способности и знаења;

4. Пристап до финансии;

5. Пазар на работна сила и продуктивност;

6. Извори на енергија;

7. Ограничени маркетинг активности;

8. Системска поддршка од државата;

Автор: Олгица Петревска

Page 36: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA25 Avgust 2012

36

Page 37: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

37

Deponija na moralni vrednosti

Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен се двајца од водечките архитекти на Европската Унија. Во интервју за „Spiegel“, ветеранските државници дискутираат за причините на евро кризата и недостатокот на визија помеѓу денешните европски политичари.

Ретко германски канцелар и француски претседател се среќаваат очи во очи за толку многу проблеми во економската и фискалната политика како Хелмут Шмит (93) и Валери Жискар Дестен (86). За време на нивните мандати, кои започнаа во 1974-та, и двајцата требаше да се справат со нафтената криза, стагнирачкиот економски пораст, растечката инфлација и невработеноста.

После падот на интернационалниот монетарен систем на Бретон Вудс, во кој доларот служеше како клучна светска валута, тие цврсто го застапуваа

воведувањето на Европскиот Монетарен Систем (ЕМС), со стабилни, а сепак адаптабилни стапки на размена и Европската Валутна Единица (ЕВЕ), како стандардна сметководна единица.

Во 1975-та, нивните напори, исто така, доведоа до основањето на Групата од 6, (Г6), која беше составена од светски водечки индустријализирани земји - Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД - кои се состануваа еднаш годишно за глобалниот економски самит. Откако беа отргнати од нивните позиции (Жискар во мај 1981-та, Шмит во октомври 1982-та) и двајцата останаа верни на нивните европски идеали.

Во 2001-та, Жискар беше изгласан за шеф на Европската Конвенција, која беше задолжена за составување на устав за Европа. До ден денес, двајцата државници одржуваат блиско пријателство.

Page 38: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

38 BR.93

Evropska UnijaSPIEGEL: Пред повеќе од 30 години и двајцата го поттикнавте воспоставувањето на Европски Монетарен Систем, кој беше одлучен прелиминарен чекор кон европската монетарна унија. Сега како постари државници, има ли причина да се плашите дека ќе доживеете да видите колапс на еврото?

Шмит: Еврото секако ќе постои неколку години нанапред. Сигурен сум дека ќе ме надживее. Може да нé надживее и сите нас, а тоа е она што претпоставувам дека ќе се случи.

Жискар: Еврото сигурно ќе остане да функционира повеќе од нас. Вашето прашање е интересно, бидејќи е многу необично. Зошто, на пример, не прашате дали американскиот долар ќе продолжи да постои за неколку години или јапонскиот јен или кинескиот јуан?

SPIEGEL: Разликата е очигледна: Ова се националните валути на големи земји и економии.

Жискар: Еврото е валута на регион кој има помал долг отколку зоната на доларот, голем трговски суфицит и добро-менаџирана централна банка. Нејзината сегашна стапка на размена во однос на доларот е над првичната стапка на размена во 2002-та. Зошто толку сомневање?

Шмит: Секој ден се крои некој сомнеж. Но, еврото како такво не е во опасност. Нема потреба да постои.

Жискар: Ние сме жртви на тест- кампања која потекнува од американскиот банкарски систем. Ние сме во средина на комуникациска битка која ги храни шпекулациите.

SPIEGEL: Еврозоната има недостиг на политичка и економска униформност. Како може унија со толку различни членови да издржи?

Шмит: Кога Мастрихтскиот Договор беше потпишан во 1992-та, ЕУ имаше

12 земји членки. Овие 12 земји ја направија грешката да ги поканат

другите во Европа да се придружат и дури и да станат членки на монетарната унија. Валутата всушност не се роди уште десет години оттогаш. Сега, ЕУ порасна до

27 членови, од кои мнозинството одлучи да

го прифати еврото.

SPIEGEL: Беше ли тоа според вас почетниот дефицит на заедничката валута?

Шмит: Не беше тоа единствениот. Беше погрешно да се повикаат 27 земји и понатаму да се прифатат 16 или 17 од нив.

SPIEGEL: Дали 17 се сé уште премногу во денешни услови?

Шмит: Во секој случај 17 беа премногу.

Жискар: Да бидам совршено искрен, прифаќањето на Грција беше грешка. Грција едноставно не беше подготвена. Грција е едноставно ориентална земја. Хелмут, се сеќавам дека ти беше скептичен пред Грција да биде

Да бидам совршено

искрен, прифаќањето

на Грција беше грешка. Грција

едноставно не беше

подготвена.

Page 39: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

39

прифатена во Европската заедница во 1981-та. Ти беше помудар од мене. На Eврогрупатане може да ñ се дозволи да греши бескрајно.

SPIEGEL: Дали фаворизирате замрзнување на новите членства во еврозоната?

Жискар: Се надевам дека нема да бидеме толку брзи да прифатиме било какви додатни членства - можеби со еден исклучок: Полска. Верувам дека оваа земја го има капацитот и желбата да го преземе овој чекор. Тоа може да функционира. Но, не можеме да прифатиме никој друг.

Шмит: Ова е и мое мислење.

SPIEGEL: Беа ли основачките земји- членки премногу наивни?

Шмит: Владите беа разгалени од фактот што претседавачкиот Европски Монетарен Систем работеше релативно добро. Тие мислеа дека работите би

функционирале слично со еврото и дека сé ќе се среди само по себе. Тие погледнаа преку фактот дека ова, исто така, бара правење економски договори и координирање на економските и фискалните политики.

SPIEGEL: Имаше доста строги услови поставени на членствата. Беа поставени граници на буџетарната политика и владиниот долг.

Шмит: Германците не погледнаа доволно од близу. Тие беа зафатени со германското реобединување. Колку што беа загрижени тие, не постоеше европски проблем. Тие се соочија со неопходноста за обединување на поранешната источна германска со постоечката западна германска економија. Ова успеа до некоја мера, но беше проблематично.

Жискар: Не дека немаше никакви провизии. Едноставно ништо не беше сторено. Проблемот не беше текстот на договорот, туку не-апликативноста

Page 40: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

40 BR.93

Evropska Unijaна истиот. Тоа е љубопитен развој. Европската Комисија, која е задолжена за мониторинг на согласноста, не го стори ова долго време и не издаде никакви санкции. Ова ги оттргна Владите од сите ризици. Тие беа во можност да трошат пари од рака во рака без стравови од девалвација или финансиски казни.

SPIEGEL: Назад кога беше воспоставена монетарната унија, требаше ли веднаш да претуркаат низ политичка унија?

Шмит: Ова оди малку предалеку. Политичка унија не е апсолутно неопходна за преминување на долговната криза на владата, банкарската криза и економската криза, со други зборови- трите кризи со кои во моментот се соочуваме во Европа. Среднорочно, тоа е целосно пожелно, но не е неопходно - со други зборови, нешто од што апсолутно имаме потреба за да излеземе од тековните три кризи.

Жискар:Eврогрупата едноставно ја нема организацијата која ñ е потребна. Мора да престанеме да ја мешаме големата Европска Унија со помалата монетарна унија. Не е возможно сите 27 ЕУ членки константно да интервенираат, кога 17-те членови на еврозоната дискутираат за нивните грижи. Не го зборуваат истиот јазик во двата круга.

SPIEGEL:Има ли Eврогрупатапотреба од свои сопствени институции кои ќе функционираат паралелно со оние во ЕУ? После сé, веќе има свој шеф, премиерот на Луксембург, Жан-Клод Жанкер.

Шмит: Би било пожелно да ñ се даде на Eврогрупата сопствен персонал како додаток на шефот од Луксембург. Оваа потреба беше запоставена.

Жискар: Секако, секој има потреба од институции - како на друг начин може фискалната и економската политичка координација да се очекува да работи?

Page 41: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

41

Кога Eврогрупатасе состанува под водство на Жанкер, нема дури ни генерален секретар, дури ни пишани записи од состанокот. Тоа е апсурдно. Советот на Eврогрупата има потреба од сопствени структури, независно од големиот Европски Совет.

Веќе некое време, се одложува одлуката за наследникот на г-дин Жанкер, како шеф на Eврогрупата. Ова е неверојатно важна позиција. Може на крајот наследникот да биде и Германец. Згора на тоа, генерален секретар треба дефинитивно да биде задолжен, за да стои на негова страна. Секој совет во светот има генерален секретар.

SPIEGEL: Нели создава ова ризик од голем институционален хаос?

Жискар: Сосема спротивно, тоа е точно забуната, помеѓу 27-те ЕУ земји- членки и 17-те членови на монетарната унија, која треба да биде избегната. Тоа е причината зошто ургирам малиот Евросовет да се состанува во Стразбург,

а не во Брисел. Местото на самитот треба да направи разликата да биде јасна.

SPIEGEL:Нема ли тогаш двете групи да неповратно се одделат?

Жискар: Веќе постои Европа на интеграција, која повеќе или помалку рапидно напредува: Eврогрупата. Исто така, постои Европа на внатрешниот пазар, со земјите кои се само заинтересирани за ЕУ, како зона на слободна трговија. Институциите на едната се премногу обемни за другата, а обемните институции се немоќни. Во Eврогрупата, постојат оние кои плаќаат и оние кои бараат помош. Оние кои плаќаат треба, исто така, да ги надгледуваат оние кои поднесуваат молби за помош. Не функционира со Европската Комисија, која е одговорна за целата унија.

Подготвил: Славе Ангелов

Извор: „Spiegel“

Page 42: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.93

Evergrin na „site vremiwa“ 7

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија, сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно бeше објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители и повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Page 43: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.93

Дарио – Дупла вотка

Еден ден некогаш,штом сите бајки ќе завршат,грб ќе ти свртат засекогаш,сите што без тебе неможат.

Дојди без шминка без изговорна иста улица исти број,

не треба насмевка солза збор,дојди јас сум сéуште тој.

реф:Сонце гледам сонце не ме греедупла водка и веќе важно не е.

Кој те добива а кој те губијас те сакам некој друг те љуби…

Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ - Љуби ме, и главата

горе

Најди ми некапната солза!Дари ми несонуван сон!Кажи ми еден убав збор!Запеј ми незапеан пој!

Изгреј ми златожолто сонце!Сокриј ме в некој скриен град!

Врати ми лудо-млади снаги!Бакни ме како за прв пат!

Многу дни пребродивме ние,како чун на немирно море.

Насмеј се на ветрот што вие!Љуби ме и главата горе!...

Page 44: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.93

Подготви: Емилија Петреска Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“од Македонија.

Александар Митевски - Латино

Сéуште ме гали твојот сонлив глас,сéуште ми фали тој допир што ми буди страст

вриеше во тебе врела шпанска крвтие невини усни јас ги допрев прв.

И кога и да слушнам ритам тој мене ќе ме потсети

и срцево ми игра твоја страст штом осетитоа лето криво е што неможам да заспијам

кога знам јас дека нема да те видам

реф: Само тага ми остави, и едно CD со латино

да ми стопли душа штом го слушам јас по сто пати

Како спомен ми остави ти едно CD со латино

да ми стопли душа штом го слушам јас те сонувам…

Page 45: Револуција Магазин бр 93

REVOLUCIJA MAGAZINBR.93

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

25 Avgust 2012

Page 46: Револуција Магазин бр 93