48

„Револуција“ магазин бр. 104

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: „Револуција“ магазин бр. 104
Page 2: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA15 dekemvri 2012

2

Page 3: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

15 dekemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Славе Ангелов, Наташа Димеска, Елена Павловска, Олгица Трпевска,Кристина Димовска, Емилија Петреска, Маја Мојсоска, Соња Ничевска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Finansiskata kriza se pretvori vo soccijalna kriza

Finansiskata kriza e kriza na socijalizmot

Trojca bogata{i so pogolemi smetki od 48 dr`avi vo svetot

Kako mladite vo EU se borat za svoite prava

Nezadovolstvoto ja obedini Evropa

[to e evropskata finansiska kriza

^ove{tvoto se samouni{tuva - razgovor so ekolo{kiot guru Denis Medous

Najnovoto od svetot na IT-tehnologiite

Svetislav Basara i golemata avantura na „Velosipedistite“

104MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

10

13

19

23

28

36

41

44

Page 4: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA15 dekemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

„Esen“ - Vasko Nikolov

Page 5: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Finansiskata kriza se pretvori vo socijalna kriza

Во 2011 година, ставот на Европската Комисија гласеше: „Во 2008 година Европската Унија беше погодена од најлошата глобална рецесија во последните децении. Но, социјалниот ефект од оваа криза, само што почува да се појавува”.

Искуството на членовите на Европската мрежа за борба против сиромаштијата (EAPN), сепак, беше дека социјалните последици од рецесијата за најранливите слоеви во општеството, всушност беа очигледни уште во раните фази. Членовите на EAPN беа фрустрирани од недостатокот на официјален систематски мониторинг на овие социјални ефекти.

За да се пополни оваа празнина и да се даде перспектива за раст, EAPN издаде два извештаи, првиот во 2009 и вториот во 2011 година, околу ефектите од кризата. Овој материјал вклучи поширока анализа, објавена во март 2012 година.

Во поново време, зголемено е официјалното истражување на социјалниот ефект од кризата и Европската Комисија и Комитетот за социјална заштита, кои ги поврзуваат министрите за социјални работи низ Европа, сега редовно известуваат околу ова прашање. Меѓутоа, Комисијата и Комитетот за социјална заштита забележаа дека повеќето од членките на ЕУ не се во позиција да даваат целосна проценка на ефектот од кризата и забележаа дека статистиките многу често заостануваат зад брзодвижечката реалност.

Јазот на нееднаквоста се зголемува

Можеби беше очекувано дека доходовниот јаз помеѓу најбогатите и најсиромашните луѓе, ќе се намали во време на рецесија, бидејќи многу богати луѓе најмногу губат за време на кризата. Исто така, можеби се очекуваше дека тоа „релативно сиромаштво” ќе се

намали поради намалените вкупни приходи. Всушност, како и да е, постои доказ за зголемен јаз помеѓу богатите и сиромашните.

Во меѓувреме, мерките на штедење и регресивното даночење можат да служат само да се прошири овој јаз на сиромаштија и нееднаквост. Националните мрежи на EPN укажаа на негативниот ефект од регресивниот

Page 6: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.104

рамен данок на доход (како на пример во Бугарија и Унгарија) и на широко распространетото зголемување на данокот на додадена вредност, кои најмногу ги погодија сиромашните луѓе.

Германската мрежа забележа дека даночните олеснувања за средната класа ги намалија ресурсите за социјални услуги и социјално вклучување. На позитивната страна, постои дискусија во неколку земји околу воведување или зголемување на даноците на имот. Сепак, овие се сметаат за привремени мерки. Од друга страна постојат многу

малку индикации дека намалувањата на јавните услуги или на социјалната заштита се сметаат само за привремени мерки.

Нееднаквоста е признаена како една од главните последици од кризата, како и главна детерминанта на зголемените здравствени и социјални трошоци. Може ли ЕУ да си ги дозволи катастрофалните долгорочни социјали и економски трошоци на штедење и мерки за фискална консолидација, кои можат да генерираат зголемен доход и јаз на нееднаквост?!

Ранливите групи се најтешко погодени

Голем дел од фокусот на медиумите беше ставен на „новите сиромашни”. Несомнено е вистина дека многу луѓе, кои претходно веруваа дека се сигурни, сега тонат во сиромаштија, а многу од оние кои беа најлошо погодени доаѓаат од различни ранливи групи: луѓето кои беа сиромашни и пред кризата, младите, луѓето кои се образовно хендикепирани, мигрантите и етничките малцинства,

постарите луѓе, децата и самохраните родители.

Приходите на сиромашните беа намалени од многу страни, вклучувајќи намалувања на платите и придонесите, даночни зголемувања и промени во пензиите. Понатаму, ерозијата на куповната моќ, како резултат на зголемувањето на цените за основните потрошувачки добра, претставува најголема закана. Во многу земји се зголемија сметките за гас, електрична енергија и вода, како и банкарските трошоци и трошоците за

Page 7: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

Стапките на невработеност кај

младите се над 20% во повеќето земји,

достигнувајќи пропорции од 37,2% во Естонија и 42,5%

во Шпанија.

храна и кирија.

Во Унгарија, како и во другите централни и источни европски земји, влијанието е особено катастрофално. Повеќето луѓе кои се соочуваат со сиромаштијата не можат да си дозволат греење на гас. Тие користат дрва за огрев.

Трендот на раст на цените за основните добра изгледа дека почна пред кризата во многу земји. Во повеќето земји, плаќањата за социјална помош не се индексно поврзани за да ги покријат овие поскапувања на основните добра.

Европската мрежа „Eurochild“, предупредува на потенцијална „изгубена генерација” со семејства непропорционално погодени од кризата. Тие ги гледаат ефектите на детското физичко и емоционално здравје и влијанието на економскиот вирус со прекини на образованието.

Стапките на невработеност кај младите се над 20% во повеќето земји, достигнувајќи пропорции од 37,2% во Естонија и 42,5% во Шпанија. Мигрантите во многу земји се особено ставени на ризик, бидејќи можно е да бидат во опасност да ги изгубат своите дозволи за престој, ако останат без работа.

Во меѓувреме, ранливите етнички групи, особено Ромите, се третирани како жртвени јагниња во земји како Словачка, Чешка и Франција.

Многу од најлошите социјални ефекти од кризата не се очигледни, но може да

имаат сериозни долгорочни последици. Таквите ефекти се состојат од скриена

невработеност и ерозија на условите за работа, семејни тензии,

стрес и ризик од хронични болести и насилство,

губење на самодовербата и стремежот кај децата, како и ефектот врз безбедноста на домувањето и б е з д о м н и ш т в о т о , з а д о л ж у в а њ е т о и намалување на

животниот стандард.

Обемот и влијанието на овие социјални проблеми се

многу потешки за евидентирање, отколку да речеме зголемувањето на невработеноста, но тие претставуваат вистинска закана на социјалната кохезија.

Во раните фази на кризата, тешката сиромаштија и исклученоста беа најрастечки во Источна Европа, особено во земји кои се во фаза на прием за кредити од ММФ и ЕУ, како Романија, Бугарија, Унгарија и Латвија, кои доживеаа остри намалувања во јавните услуги, кои

Page 8: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.104

беа дел од кредитните услови.

Извештајот на EAPN од 2009 година покажуваше дека Данска, Шпанија и Ирска веќе бележат значајно зголемување во побарувачката на услуги за задоволување на основните потреби како храна, облека и привремено домување.

Богатите профитираат

Според еден германски извештај „Pov-erty and Wealth“ („Сиромаштија и богатство“), нето државните средства на Германија значајно се намалиле во последните две декади, односно повеќе од 800 милијарди евра. Во истиот период нето богатството во секторот на домаќинства е повеќе од дуплиран, од 4,6 на 10 трилиони евра.

Со делење на овие бројки со бројот на германското население од 81 милиони жители, просечниот приход по глава на жител изнесува 123 000 евра. Во

реалноста, овие средства се многу нееднакво распределени. Богатството на најгорните 10% од населението, според извештајот, се состои од „повеќе од половина од вкупната нето актива“.

Зголемувањето на личните приходи за горните 10% е резултат на масовни намалувања на даноците и помош за

финансиско извлекување на ослабнатите банки со јавни

пари. Голем удар во корист на богатите беше зададен од страна на Зелената коалиција на Социјалдемократската партија, која ги намали максималните даночни стапки од 53% на 42%.

Зголемувањето на приватното богатство за 5,4 трилиони евра, за време на последните 20 години, е доволно да се исплати целиот долг акумулиран од германските градови, држави и федерални

власти, проценет на 2,1 трилиони евра. Вкупниот државен долг во еврозоната отприлика одговара на вкупната вредност на приватниот имот во Германија.

Финансиската криза го забрза збогатувањето на богатите за сметка на јавните средства. Многу весници коментираа околу извештајот со наслов „Богатите се побогати и покрај финансиската криза”. Овој заклучок, како и да е не е точен. Богатите станаа побогати како резултат на финансиската криза.

Како што се вели во извештајот на владата, државно организираната помош за извлекување на банките и стимулните

Page 9: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

мерки, кои масивно ги намалија јавните средства, доведоа до јасни „промени во приватни средства и обврски во државниот буџет”.

О д н о с н о , извлекувањата за банките и владите завршија главно на банкарските сметки на богатите, чии долгови беа „социјализирани”, со тоа овозможувајќи им да си го зголемат своето богатство.

Растечкиот јаз помеѓу богатите и сиромашните, исто така, се одразува и на платите. Владините статистики откриваат дека додека приходите за најбогатите слоеви се зголемени, најдолните 40% од вработените страдаат од реални загуби во платите, во време кога инфлацијата зема замав.

Овој развој е директно поврзан со растот на т.н атипично вработување: работни места со скратено работно време од 20 часа неделно, „мини работи” со плата од 400 евра месечно, краткорочни договори и привремено вработување. Моментално, една четвртина од германската работна сила е вработена на овој принцип.

Улогата, која ефтиниот работен сектор ја игра во зголемувањето на сиромаштијата, индиректно е потврдена со владиниот извештај. Овој извештај дава преглед на другите социјални проблеми. Уште еднаш потврди дека

образовните можности во Германија се повеќе зависни од социјалниот статус на родителите, отколку во било која друга земја. Нееднаквоста во образованието за возврат ја репродуцира и ја зајакнува нееднаквоста во приходите и богатството.

Покрај тоа, зголемениот број на пензионери се принудени да работат на половина работно време, со цел да си ги покријат своите основни трошоци. Ситуацијата изгледа дури помрачна за следната генерација на пензионери. Експанзијата на ниско доходовниот сектор, заедно со намалувањата на пензиите, неминовно ќе води кон растечки стапки на сиромаштија помеѓу постарите лица.

Подготви: Анета Димитријоска

Page 10: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.104

Finansiskata kriza e kriza na kapitalizmot

Јавниот долг го исплаќаат граѓаните

Јавниот долг е израз на финансиската криза. Како и да е, ова не е причината за кризата, туку само симптом на болеста на капитализмот. Јавниот долг и буџетскиот дефицит значајно се зголемија како резултат на помошта за финансиско извлекување за банките и самата економска рецесија.

Во секој капиталистички бум постои елемент на шпекулација, која само се открива со почетокот на кризата. Единствената разлика во оваа криза е

навистина големиот обем на шпекулации. Во последните три години буржазијата се обидуваше да ја избегне рецесијата со невидена експанзија на кредитирањето.

Маркс вели дека улогата на кредитот во капитализмот е да му се дозволи да оди надвор од границите. Кризата

на хиперпродукција може да биде одложена за извесно време со вештачко проширување на побарувачката за кредити. Банките активно учествуваа со давање на кредити на луѓе кои никогаш во минатото не би се сметале за кредитоспособни. Ова беше причината

за избивање на финансиската криза во САД.

Истиот феномен се случи во Европа, особено во Исланд, Шпанија и Ирска. Кредитите се добиваа лесно и се правеа големи профити. Но, на крајот лимитот беше достигнат и целата нестабилна структура почна да се урива.

Тоа резултираше со банкарска криза во 2008 година. Обидот да се спаси банкарскиот систем со инјектирање на огромни суми од државни пари е еден од главните фактори кои стојат зад масивното зголемување на државниот долг, кој сега треба да го враќа работничката класа. Сите фактори комбинирани за да се придвижи економијата нанапред, сега

Page 11: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

неконтролирано ја туркаат економијата надоле.

Лидерите сега се соочени со последиците од своите поранешни екцеси. Последиците се планини од акумулирани долгови: приватни, корпоративни и јавни. Прашањето е кој плаќа?

Според марксистичката теорија кога избива криза, кредитите пресушуваат, продуктивните инвестиции се преполовуваат, фабриките се затвараат и работниците се отпуштаат. Властите сега бараат целиот долг да биде вратен. Кредиторите се безмилосни. Мениците повеќе не се прифатливи, туку се бара готовина. Сето ова индиректно паѓа на грбот на работничката класа.

Грција и глобалната криза на капиталистичкиот систем

Политичките, економските и социјалните дефекти во Грција се акутен израз на пошироката криза во европскиот и светскиот капитализам.

Судбината на оваа земја се решава исклучиво во согласност со предаторските интереси на финансиерите и нивните политички претставници на чело на националните власти, како и од „тројката”- Европската Унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

За грчките работници, ефектот беше катастрофален. Невработеноста се дуплираше на 22% и 50,8% помеѓу младите луѓе, додека милиони од нив се осудени на несигурна работа и работа со скратено време.

Масивната невработеност и

сиромаштијата се влошуваат. Социјалната контрареволуција во Грција, згора на тоа, поставува репер за цела Европа, како што економската криза неконтролирано се пренесува и светот сé подлабоко тоне во рецесија, предизвикано од кризата во 2008 година.

Политичкиот ќор- сокак во Грција, проследен со виртуелен колапс на двете традиционални водечки партии во Грција, се одвива во рамките на контекстот на дезориентирана економска ситуација во Европа, САД и

Азија. Распадот на глобалните пазари на капитал, пропаѓањето на банките, зголемената невработеност и стагнација или пад на стапките на раст, укажуваат на лизгање кон депресија.

Во САД, исто така, масовната невработеност, сиромаштијата и бездомништвото се епидемични и мерките на штедење спроведени од европските влади се пренесени на државно и локално ниво. Во Калифорнија, чија економија е споредлива со Италија и Шпанија, гувернерот побара нова рунда на драстични намалувања на платите во

Page 12: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.104

здравството, образованието и јавната администрција.

Постои чувство на нереалност, кое ги опфаќа сите официјални дискусии околу Грција. Политичарите и медиумските коментатори заборуваат за неизбежен економски колапс и социјална катастрофа, само за да побараат повеќе пари да им бидат исплатени на банките.

Секој предложен начин за излез од кризата, создава само услови за подлабока криза. Сите пари исплатени за финансика помош за извлекување на Грција, отидоа директно во благајните на нејзините главни кредитори.

Повиците за понатамошни жртви станаа невозоможни за прифаќање. Спротивставувањето на работничката класа во врска со мерките за штедење е зголемено низ цела Европа. Ова беше искусено не само во Грција, туку и во Франција, Британија и Германија, каде луѓето ги осудуваа оние партии кои се најблиску поврзани со политиките на штедење.

Ова се одразува со екстремно вжештување на социјалните тензии, вкоренети во постењето на непомирлив судир помеѓу најосновните потреби на граѓаните и институциите на капиталистичка Европа.

Излезот на Грција од еврозоната не е решение

Предложеното решение поддржано од грчката Комунистичка партија-излез од еврозоната и враќањето на драхмата, исто така, предизвикаа бројни меѓународни коментари. Но, ова сé уште ќе ги остави грчките работници на милоста на глобалните финансиери и одржување

на владеењето на грчките капиталисти непроменето, додека вредноста на имотите, платите и заштедите на грчките работници, инстантно ќе бидат намалени за повеќе од 80%.

Слоевите на владеачката елита доаѓаат до заклучок дека Грција ќе биде присилена да излезе од еврозоната. Некои од нив се фалат дека ова може да биде изводливо и дека Грција едноставно треба постојано да биде напаѓана додека последното евро не е извлечено од граѓаните. Други предупредуваат дека опстанувањето на еврото е во опасност, како што финансиската зараза се шири низ континетот и пошироко.

Глобалните финансиски институции имаат 536 милијарди долари вложено во грчкиот долг, но Институтот за меѓународни финансии проценува дека вистинскиот глобален трошок за излегувањето на Грција, би бил приближно 1,2 трилиони долари кои претставуваат „убиствени загуби”.

Уште поважно, излезот на Грција неизбежно ќе го забрза колапсот на многу поголемите економии како Шпанија, Португалија и Италија. Излезот на грчките банки, кои веќе изгубија повеќе од третина од нивните депозити од 2010 година, укажува на можноста од опасност. Целосно распаѓање на банките може брзо да се пренесе и на другите земји од Европа.

Работниците во Грција и Европа се соочија со последиците од распадот на капиталистичкиот систем. Секое решение за моменталната економска криза кое не го зема ова како појдовна точка, ја носи со себе опасноста од понатамошна социјална катастрофа.

Подготви: Анета Димитријоска

Page 13: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Trojca bogata{i so pogolemi smetki od 48 dr`avi vo svetot

Финансиската криза од 2007 година до денес е финансиска криза предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем во САД. Таа резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот.

На многу места, страдаше и пазарот со недвижнини, резултирајќи со многу иселувања, запленувања и продолжени одмори. Многу економисти сметаат дека е најлошата финансиска криза после Големата криза од 1930-тите.

Таа придонесе за пропаѓање на клучни бизниси, намалување на потрошувачката моќ пресметано во трилиони американски долари, значителен пад на економската активност, а владите мораа да преземат важни чекори. Многу мерки, со различна тежина, биле предложени од експертите.

Пазарни, но и регулаторни решенија се имплементирани, или, пак, се разгледуваат, додека сe уште има големи ризици за светската економија за периодот од 2010-2011 година. Иако периодот понекогаш бил нарекуван и „Голема рецесија”, овој термин се користел и за сите други рецесии во претходните декади.

Колапсот на глобалниот пазар со куќи, кој го достигна врвот во САД во 2006, предизвика

драстично паѓање на вредноста на акциите поврзани со недвижностите, наштетувајќи им на финансиските институции ширум светот.

Прашањата во врска со платежната способност на банките, неможноста за издавање кредити и недовербата на инвеститорите имаа удар врз глобалните берзи, каде што акциите доживеаа големи падови за време на крајот на 2008 и почетокот на 2009.

Економиите во светот забавија во овој период како што кредитните услови се затегнаа, а меѓународната трговија опадна. Критичарите тврдат дека агенцииите за кредитен рејтинг и инвеститорите не успеале прецизно да го оценат ризикот при финансиските зделки поврзани со хипотеки, а владите не ги прилагодиле нивните регулаторни практики кон финансиските пазари

Page 14: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.104

на 21 век. Владите и централните банки одговорија без преседан со фискално стимулирање, проширување на монетарната политика и финансиска помош на институциите.

Ф и н а н с и с к а т а криза и богатите земји

Многумина ја обвинуваат алчноста на „Вол Стрит“ за предизвикување на проблемот од прв план, бидејќи во САД мнозинството од влијателните банки, институции и идеологии настојуваа за политиките, кои во глобала ги дозволија проблемите да настанат. Кризата постана толку голема и силна, така што после пропастот и спасот на големите финансиски институции, властите понудија 700 милијарди долари план за спас на финансискиот систем.

Овој сет од планови за спас беше контроверзен, бидејќи беше непопуларен во јавноста, виден како план за спас на виновниците, додека обичниот граѓанин ќе биде оставен да плаќа за нивните грешки. Иницијално панот за спас беше отфрлен, испраќајќи негативни пораки низ целиот свет. Планот беше донесен од втор обид.

Меѓутоа поранешниот добитник на Нобелова награда за економија, поранешен директор на Светската Банка и универзитетски професор на „Колумбија“, Јозеф Штиглиц, се спротивставувал на овој план, нарекувакќи го лоша сметка.

Сметам дека останува да

биде лош план. Разочарувачки е, но не и изненадувачки дека администрацијата донесе план кој е повторно базиран на „trickle-down“ економиите. Ако им фрлите доволно пари на „Вол Стрит“ дел од нив ќе имаат ефект врз економијата. Тоа е како да му давате инфузија на пациент, кој има внатрешно крварење и да се правдате со тоа дека е подбро нешто да се направи отколку ништо да не се превземе.

Во економиите за животна средина, постои основен концепт каде што загадувачот плаќа пенали. Сосема фер е, но и ефикасно. „Вол Стрит“ ја загади нашата економија со токсични хипотеки. Би требало да плати за расчистувањето.

Во Европа почнувајќи од Британија, добар дел од нациите се одлучија да ги национализираат некои од банките, кои пропаѓаа и да се обидат да ја повратат довербата. Во Америка имаше спротиставување на овој пристап во почетокот, бидејќи се коси во целост со идеологијата за слободен пазар, која се користи веќе неколку декади.

Но, сепак, властите попуштија и објавија дека ќе откупуваат акции во

Page 15: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

проблематичните банки. Ова илустрира колку сериозен е овој проблем, да толку голем следбеник на идеологијата за слободен пазар се реши на тоа (иако теориите за слободен пазар оригинално не се однесувале на финансиите, кои би можеле да бидат дел од корените на самиот пазар).

Европа и финансиската криза

Во Европа, голем број од финансиските институции колабираа. Останатите имаа потреба од спасување. Голем број европски земји се обидоа со различни мерки (бидејќи јасно е дека не можеле да се договорат за заеднички договор). На пример, некои нации пристапија кон национализирање, со цел да обезбедат сигурност кај населението. Ова може да вклучува гарантирање на 100% на штедните депозити или помош при брокерските зделки помеѓу банките, со цел да се осигураат.

ЕУ исто така ги разгледува можностите за зголемена потрошувачка и намалените

даноци, во наредните две

години, да бидат околу 200 милијарди евра. Планот е со цел да се воспостави доверба кај потрошувачите и бизнисите, да се одржи вработеноста, да се помогнат банките да издаваат кредити повторно и промоција на зелени технологии.

Кој губи, а кој добива од финансиската криза?

Економската криза ќе влијае врз балансот на државите. Кој ќе заработи од падот на Европа и САД? Кина и Индија ќе бидат добитници.

Загубите на Американците

Меѓу јуни 2007 и ноември 2008, проценките се дека Американците изгубиле просечно повеќе од една четвртина од нивната колективна нето вредност. До почетокот на ноември 2008, пространиот берзански индекс на САД „S&P 500“ бил за 45% отсто послаб од највисоката вредност во 2007.

Цените на недвижнините опаднале за 20% отсто од нивниот врв во 2006,

со сигнализиран потенцијален пад од 30-35% отсто. Вкупниот сопственички капитал во САД, кој бил вреднуван на 13 трилиони долари во својот врв во 2006, опаднал на 8.8 трилиони долари до средината на 2008 и сѐ уште паѓал кон крајот на 2008.

Вкупните инвестиции во пензиите, втората најголема инвестиција на американските домаќинства, опаднале за 22%

Page 16: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.104

отсто, од 10,3 трилиони во 2006 на 8 трилиони долари во средината на 2008. За време на истиот период, штедните и инвестициските средства (не сметајќи ги пензиските заштеди) се намалиле за 1,2 трилиони, а пензиските средства се намалиле за 1,3 трилиони долари.

Вкупно, овие загуби изнесуваат вртоглави 8,3 трилиони долари. Од својот врв во вториот квартал на 2007, богатството на домаќинствата е помало за 14 трилиони долари.

Понатаму, американските сопственици на куќи се здобиле со значителен капитал во годините пред кризата, што не било случај по колаборирањето на цените на недвижностите. Слободната готовина здобиена од исплатениот дел на недвижностите, која ја користеле потрошувачите, двојно се зголемила од 621 милијарди во 2001 на 1.428 милијарди долари во 2005, како што растела продажбата на куќи, вкупно приближно 5 трилиони за периодот.

Американскиот долг со станбени кредити поврзан со БДП се зголемил од просечно 46% отсто за време на 1990-тите на 73% за време на 2008 год., достигнувајќи 10,5 трилиони долари.

За да се спротивстави на овој пад во потрошувачката и капацитетот на позајмување, американската влада и Федералните резерви на САД издвоиле 13,9 трилиони долари, од кои 6,8 трилиони биле инвестирани или потрошени до јуни 2009 год. Всушност, Федералните резерви од „позајмувач во крајна нужда” станале „единствен позајмувач” во значителен дел од економијата.

Во некои случаи Федералните резерви сега може да се сметаат како „купувач

во крајна нужда.”

Каде е приказната САД, доколку се знае дека ММФ е под негова политичка контрола, а Англија е стратешки сојузник, која ги преферира во однос на ЕУ?! На прв поглед, изгледа дека Обама сака да е надвор од решението, иако не беше надвор од креирањето на проблемот во 2008 година.

САД во целата приказна се влезени длабоко, а како што стојат работите, тие ќе профитираат најмногу. Еве ги и аргументите: Во 2009 година САД силно лобираше за да се зголеми финансиската и оперативната моќ на ММФ. Западнат во криза, ММФ мораше итно да се реформира поради светските економски промени. Во тој период САД креираше нова задача и улога на ММФ.

Фондот прерасна во глобална комерцијална банка, која во моментов располага со 380 милијарди евра за кредитирање од кои профитира, без да интервенира во водењето на фискалните и монетарните политики. Така, моќниот ММФ одеднаш се претвори во профитна финансиска институција. Главниот ментор, САД, и во овој случај одигра водечка улога, така што за кратко време излобира 100 милијарди долари за дополнителните фондови на ММФ. Заедно со Јапонија, успеа во намерата да го одржи во функција.

Останува фактот дека Обама ќе има неуспешен обид да ги убеди спротивставените демократи и републиканци да обезбедат американски пари во фондот за спас, но тоа е само навидум.

САД има своја улога во процесот, а веројатно и грижа на совест како последица на колапсот на „Леман

Page 17: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

брадерс“. Но, тоа што е најважно, борбата за спас на еврото, која треба да е домашна работа на „старата дама”, САД ќе ја искористи за да ја сопре апресијацијата на доларот. Во некои други времиња притисокот за излез од кризата и мерките би биле многу директни, но денес во 2011 година никому не му е лесно да ги решава проблемите на другите. Впрочем, и самите ги имаат доволно.

Имајќи го предвид ова, централен проблем на нашиот интерес ќе биде нееднаквоста како глобален процес, условена од нерамномерноста во создавањето, концентрацијата и дистрибуцијата на светскиот капитал што резултира со разликите во богатството и моќта меѓу одделни држави и региони.

Индустриски земји располагаат со над 92% од светските финансии

Разликите имаат застрашувачки димензии! Денес во светот 20 отсто од населението располага со 80 отсто од богатството. Високоразвиените индустриски земји располагаат со над 92 отсто од светскиот финансиски капитал, при што во овие земји се концентрирани 98 отсто од капацитетите на новите технологии.

Од друга страна, неразвиените земји во кои живее над 80 отсто од населението во светот, учествуваат само со 12 отсто во светското индустриско производство. Истовремено, 60 отсто од светското население партиципира само со 5 отсто во светскиот бруто-домашен производ (БДП).

Според Светската банка (од каде што

се користени и претходните податоци), групата сиромашни земји во кои спаѓа 85,2 отсто од светската популација поседуваат само 21,5 отсто од светскиот капитал, додека групата богати земји во кои живее 14,8 отсто од светската популација поседуваат 78,5 отсто од светскиот капитал.

Во изминатите четириесет години драматично се зголемила нееднаквоста во дистрибуцијата на капиталот меѓу земјите. Разликата во приходите меѓу петте најбогати и петте најсиромашни земји во шеесеттите години на минатиот век изнесувала 30:1, а денес е 74:1.

Во последните десет години, пак, двесте најбогати луѓе на светот го зголемиле своето богатство за повеќе од два пати. Капиталот на тројцата најбогати луѓе во светот ја надминува сумата на домашниот бруто-производ на четириесет и осумте најнеразвиени земји во светот.

Нееднаквоста при распределбата на светскиот капитал води кон перманентен пад на БДП на неразвиените држави. Така, според УНДП, од 84 од нив, во последните две децении од минатиот век, 54 доживеале пад на БДП, при што во 14 земји тој пад изнесувал околу 35 отсто.

Според Светска банка, Африка во последниве три децении бележи пад на производството на храна, а просечното африканско семејство денес троши помалку отколку пред дваесет и пет години.

Диспропорцијата во развојот на релација богати – сиромашни во 1930 година изнесуваше 3:1, за во 1950 година да порасне на 100:1. Денес тој сооднос добива загрижувачки размери и изнесува 727:1. Долговите на земјите

Page 18: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.104

во развој и транзиција го надминуваат износот од 2.500 милијарди долари, што претставува 40 отсто од нивниот вкупен БДП, при што за секој зајмен долар, во изминатите дваесет години, тие платиле девет долари, не отплатувајќи ниту еден долар од главниот долг.

Притоа, додека 50 отсто од светската популација живее со 700 долари по жител годишно, 11,5 отсто од светското население располага со 15.000 долари по жител. Повеќе од 1,2 милијарди луѓе (малку помалку од четвртина од светската популација) имаат приходи помали од еден долар дневно, а 2,8 милијарди живеат само со два пати поголема сума (УНДП). Според истиот извор, 46 отсто од апсолутно сиромашната светска популација живее во потсахарска Африка.

Профити од финансиската криза?

Постои широк спектар на негативи кои доаѓаат поради финансиската криза во последните неколку години. Многу американски семејства се масовно оштетени од последиците од кризата, а овие доведоа влијанието да се чувствува на домашното и врз меѓународното ниво, но постојат луѓе кои всушност ја користат оваа криза за да заработат и да направат профит.

Обезбедувањето на профитот од оваа криза доведе да многу луѓе и компании бидат во можност да се откажат од работа за да бидат во можност да дадат голем профит на нивните акционери, но има некои сериозно сомнителни етички практики што се одржа во текот на финансиската криза, а што доведе да некои луѓе бидат во можност да си

направат големи профити на грбот на мизеријата што ја предизвикале на другите луѓе.

Една од првите групи што ја направила големата сума на пари од финансиската криза се оние компании кои првично се продаваат на многу хипотеки, а потоа се продаваа во безбедни деривати, со ова биле во можност да заработат многу пари.

Друга област во која имало масовни профити, направени од финансиската криза, била од страна на трговци кои ги продаваат своите акции кога цените на компаниите растеа, односно со продажба на своите акции по повисока цена, а потоа да ги купуваа назад кога цените ќе паднеа, тие така правеле голема сума на пари.

Исто така, има и голем број на луѓе во индустријата, кои биле во можност да си изградат големи портфолија на имоти. Падот на цените на имотот предизвикани од финансиската криза значел дека оние со готовина во банка можат да си купат добар имот со „зделка подрум- цени“ и потоа да заработуваат од високи кирии.

Автор: Олгица Петревска

Page 19: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Инвестициите во цела Европа се намалени и наместо компаниите да се обидат да го забрзаат растот надвор од еврозоната, во новите економии од Азија и Латинска Америка, тие тапкаат во место и чекаат чудото да се случи само од себе и да излезат од екномската рецесија во која се влезени. Додека целиот систем наречен ЕУ се руши како домино, најголеми жртви се оние чиј глас најмалку се слуша – младите.

Kako mladite vo EU se borat za svoite prava

Младите најмногу настрдаа од кризата

Според најновите с ц е н а р и ј а , невработеноста во ЕУ ќе се зголеми на 5 милиони луѓе, што е огромна бројка по 1990-тите години, која ги плаши сите.

Долговите на државите и понатаму растат, а со намалување на буџетите на државите се зголемува бројот на невработени лица, кои се доведуваат на работ на егзистенцијата. Не само што луѓето ги губат своите работни места, туку и пензиите драстично се намалуваат, а младите како невини жртви се онаа генерација на која и е скратена можноста за пронаоѓање на работно место и започнување на напредок.

Според експертите, кога една земја не може да ја девалвира својата валута, ја девалвира својата работна сила.

Европската Унија најмногу средства заработувала со извоз на делови во автомобилската индустрија (27%), храна, пијалаци и тутун (22%), облека

(16%), капитални производи (15%). Но, производството нагло опаѓа, а и пазарите каде можат да се пласираат овие прозиводи, а токму тука настанува намалувањето на работните места. Поради овој значителен пад, банките не се расположени за давање на кредити на големите, ниту на малите претпријатија и нема кој да ги проширува своите капацитети и да создава било какви работни места.

Банкротот, кој го прогласиле илјадници компании, само допринел за вртоглавата бројка на невработени млади луѓе, а со тоа и за зголемување на сиромаштијата и социјалната исклученост.

Речиси секоја земја, која е членка на

Page 20: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.104

Европската Унија загубила дури 10% од своите работни места токму како дирекна последица на економската рецесија, па

стапката на невработени млади луѓе достигнала рекордни 20,7 %.

Невработеноста на младите и исклученоста од пазарот на трудот довела до значителни економски и социјални промени. Влијанието на кризата се почуствувало во условите и квалитетот на секој живот.

Младите поради овој недостаток на работни места не се во можност да изградат свој животен план, да ја остварат својата визија за иднината. Дел од нив поради лошата финансиска состојба мораат да се вратат да живеат со своите родители, а дел мора да прекинат со процесот на школувањем,за да ги намалат трошоците.

Како најголем проблем во повеќето европски земји, се посочуваат несигурните работни места кои им се

нудат на младите, но и искористувањето на нивната работна сила во облик на волонтирање, практикантство, а потоа

наместо плата тие добиваат откази. Зголемувањето на бројот на младите, кои се соочуваат со сé понесигурна иднина, допринесуваа тие да имаат низок морал, мала самодоверба, да патат од депресија и да посегнат по својот живот.

Младите од Шпанија сакаат да избегаат

Најмногу последици од економската криза во Европа

почуствувале младите во Шпанија и Грција, во кои дури 55% млади

луѓе се невработени. Шпанија може да се „пофали“ со дури 63.800 невработени високо образовани млади луѓе, што е најпоразителната бројка невработени некогаш регистрирана во Европа.

Невработеноста на младите е на највисоко ниво од Втората светска војна. Само 20% од младите имаат работа. Во 2000 година, 46% млади луѓе имале свое работно место.

Разликите кои започнаа да се чувствуваат помеѓу оние малкуте кои се привилегирани да живеат во богатство, и оние кои денот го минуваат со помалку од 5 евра, доведуваат до револуционерно будење на младите Европејци.

Младите огорчени од својата лоша ситуација и понесени од движењата на младите во Арапската пролет, решиле да организираат масовни протести со кои сакаат да покажат дека се тука, дека ја чувствуваат најмногу економската

Page 21: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

криза, а никој не се грижи за нив.

На протестите младите ја покажале својата недоверба во политичките и социјалните институции во своите земји. Тие потенцираат дека немањето на можности за достоинствен живот, за остварување на своите соништа, допринесува да бидат еден вид на „проколната генерација“, која ќе живее во полоши стандарди и услови од своите родители.

Експертите неврботеноста ширум Европа ја правдаат со некомпатибилноста на образованието на младите и потребите на пазарот на трудот. Речиси половина од слободните работни места не им одговараат на младите високо образовани кадри. Иако постојат најразлични курсеви, обуки за преквалификација на младите, најмногу страдаат оние момчиња, кои се со ниско образование, кои не може да побараат достоинствена работа и кои мора да работат на места на кои нивниот живот е изложен на најразлични опасности.

Невработеноста влијае на самодовербата, здравјето и социјалниот живот на младите.

Немањето на доволно средства за живот, враќањето во домот на своите родители - се причините за премалиот број млади кои формираат свое семејство, кои живеат исполнето. Некои од нив соочувајќи се со депресијата, потребата за лично докажување и покажување се одлучуваат на најразлични волонтерски активности, кои најчесто се неплатени и во мигот кога треба да се официјализираат со некој договор за вработување прекинуваат.

Работодавците целосно ја искористуваат економската криза, но во своја полза, тие ја користат како изговор дека не може да вработуваат млади луѓе и само го искористуваат нивниот работен потенцијал, не давајќи им ни евро за нивните услуги.

Иако се младите иднина на секое опшество, на многу влади тие не им се првиот приоритет, туку имаат за цел да ги намалат трошоците, да ги спасат

своите економии и познати фирми, заборавајќи целосно на младите кои ги напуштаат земјите во бранови.

Овој лош стандард довел дури 63% од младите луѓе во Шпанија да сакаат што поскоро да ја напуштат земјата, нешто кое не било случај уште од 2003 година. Со новите мерки за штедење кои ги предвидува новата влада дури 100 000 млади можат да ги изгубат своите работни места и додатно да го оптеретат пазарот на трудот.

Мерките за штедење и неотварање на нови работни места влијаат на добросостојбата на сите луѓе, бидејќи со намалувањето на вработените во болниците веќе има проблеми со

Page 22: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.104

навремената и брза интервенција, а тоа неколку луѓе го платиле со своите животи.

Речиси цели шпански села се ифрлени од ова економско цунами во некоја од соседните европски земји. Пример за тоа е 21 годишниот Маркос, кој работи како келнер во Лондон. Тој за три недели работа успева да заштеди дури 1 500 евра, кои им ги носи на неговите родители во селото за да им помогне за полесно соочување со скапотијата, која ги демне од секој рафт на маркетите.

Тој тврди дека дури 100 негови врсници од истото село работат низ Лондон, помагајќи се себеси и трудејќи се да заработат што е можно повеќе за да однесат дома, во едниствените неколку денови кои ги имаат слободни во еден месец.

„Шпанска пролет“!?

Младите во Шпанија, кои според статистиките се најголеми жртви на европската економска криза, неколку денови протестираа на плоштадот

во Мадрид во близина на шпанскиот парламент, но и во другите градови.

Илјадници демонстранти протестираат поради недостатокот на можности за младите. Иако образовани, младите се исфрустрирани поради сиромаштијата со која се соочуваат и сакаат да влијаат врз владата конечно да се сети дека тие се тука и да превземе нешто.

Тие тука се дојдени како на кампување, сé додека некој не ги сослуша нивните барања. Волонтерите, кои се дел од организацијата на протестите, им делат храна, медицински шатори, вреќи за спиење, рачно изработени постери со револуционерни пораки.

Огромниот број на невработени млади, интелектуалци, создава една вистинска војска, поголема од онаа која ја водела Арапската пролет и целосно подготвена да се бори за своите права, но на еден

културен и демократски начин.

Невработеноста на младите е еден вид на осуда на неколку идни генерации, кои никако нема да можат да се изборат со последиците на оваа економска хаварија.

Оние млади кои во оваа земја работат се претежно во сивата екомонија, ризикувајќи го својот живот секојдевно, на работно место кое е неколку стапки под нивната квалификација и кое е платено колку да се помине еден ден од животот. Овие млади

тоа го прават само за да не мора да се вратат во домот на своите родители и да зависат од нив, додатно оптеретувајќи го домашниот буџет.

Вистински пример е за тоа младиот Хозе,(26), кој додека протестира со

Page 23: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

илјадниците свои врсници, раскажува за суровото губење на работата во еден центар за справување со кризи.

Иако е високо образована личност, тој сега мора да работи како келнер за само 10 долари дневно. Доколку се откаже од оваа работа, ќе мора да се врати во својот дом, кај своите родители и да ја прекине својата геј- врска.

Токму ова враќање дома, би значело

за него враќање во плакарот, живеење на еден бесмислен живот, живот на кој тој воопшто не му припаѓа. Значи невработеноста не ја уништува само благосостојбата на еден малад човек, туку и неговите чувства, соништа, иднина.

Автор: Наташа Димеска

Nezadovolstvoto ja obedini Evropa

Економската криза од 2008 година го потресе целиот свет. Не ја одмина ниту ЕУ. Причините за кризата варираа од земја до земја. Но, генерално, кризата беше комбинација на повеќе фактори, вклучувајќи ги: глобализацијата на финансиите, поволните кредитните услови кои ги охрабруваа заемите со висок ризик, глобалната финансиска криза од 2008, меѓународниот трговски дебаланс, кризата со недвижнините, глобалната рецесија, фискалните мерки поврзани со владините приходи и расходи, како и разните мерки за

спасување на европските банки и приватните обврзници.

Кризата не само што имаше негативни економски ефекти во најтешко погодените земји, но, исто така, имаше и големо политичко влијание. Тоа резултираше со промена на владејачките влади во 8 од 17 земји во еврозоната и доведе до промена на моќта во Грција, Ирска, Италија, Португалија,

Шпанија, Словенија , Словачка и Холандија.

Во првите две години од кризата, надвладуваа поборниците за штедењето, предводени од Германија. Проблематични земји, добиваа помош за извлекување, а за возврат, требаше да направат големи намалувања на трошоците.

Но, бидејќи невработеноста се зголеми до речиси 25 % во Грција и Шпанија, а голем дел од континентот се врати во рецесија, се зголеми притисокот за воведување на мерки за штедење.

Page 24: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.104

Мерките за штедење особено погодија две возрасни групи (младите и постарите работници), а беа погодени и разни сегменти од економијата, особено оние финансирани од државата, вклучувајќи го образованието, здравството, инфраструктурата, авијацијата, социјалната заштита и многу други.

Следеа голем број на отпуштања, зголемување на невработеноста (особено меѓу младите), одземање на домовите на милиони луѓе (поради неможноста да ги исплаќаат хипотеките), намалување на платите и пензиите, зголемување на даноците, со што дополнително се зголеми незадоволството на народот.

Немајќи друг начин да го изразат тоа незадоволство, излегоа на улиците.

Грција-лулка на демонстрациите

Од мај до јули 2011 година „Движењето на достоинствените граѓани“ одржуваше мирни демонстрации низ цела Грција. Тие демонстрираа против намалувањето на пензиите, јавните услуги и трошоците за образованието, како резултат

на владините мерки за штедење. Најголемиот протест на движењето беше на 5 јуни, кога се собраа над 300.000 луѓе пред грчкиот парламент.

Протестите повеќе од еден месец беа без инциденти, сé до 29 јуни 2011 година, кога полициската операција за расчистување

на демонстрантите стана насилна, што следеше со обвинувања за полициска бруталност од страна на меѓународните медиуми и „Амнести интернешенел“.

Протестите продолжија низ 2011 и 2012 година и беа поддржани од работничките синдикати, со организирање на генерални штајкови. Земјата неколкупати беше во застој, со блокирање на

транспортната мрежа, јавните сервиси, болниците, граничните

премини…

Шпанија со рекордна невработеност

Од почетокот на економската криза, Шпанија беше силно погодена поради високата стапка на невработеност, достигнувајќи рекордни 21,3%, а стапката на невработеност кај младите 43,5%, што е највисока во Европската Унија.

Истовремено со Грција и Шпанија во 2011 започна со протестите. Иако демонстрантите се хетерогена група, заедничко им е незадоволството од невработеноста, намалувањата во социјалната заштита, шпанските политичари, двопартиски систем во Шпанија, како и капитализмот, банките,

Page 25: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

банкарите, политичката корупција и целосна поддршка за основните права- дом, работа, култура, здравство и образование.

Поради тоа што одредени региони во Шпанија беа потешко погодени со кризата од други, побогатите региони мораа да ги трпат последиците, односно да плаќаат повисоки даноци. Овој аргумент и ова незадоволство, го искористи Каталонија да ги најави своите планови за отцепување.

Исто како и во Грција, протестите продолжија и во 2011 и 2012.

Глобално движење

Во септември 2011, инспирирани од успехот на Арапската пролет, беше органзирано движењето „Occupy Wall Street“. Основната грижа на движењето е тоа што големите корпорации и глобалниот финансиски систем го контролираат светот, на начин кој е нестабилен, ја поткопува демократијата и од кој бенефицира само мал дел луѓе.

Движењето беше организирано преку социјалните медиуми и набрзо се прошири низ 95 градови од 82 држави, и беше опишано како „демократско будење“. На почетокот властите беа толерантни кон движењето, но тоа се промени во ноември кога почнаа насилно да им ги отстрануваат камповите.

Сепак, „Occupy Wall Street“ успеа да издвојува неколку победи, како на пример признанието од извршниот директор на Банката на Англија, кој

изјави дека демонстрантите со право

ги критикуваа и ги убедуваа банкарите и политичарите „да се однесуваат на поморален начин“.

Лондонските немири

Едни од најтешките мерки во Велика Британија беа намалувањата од 80% на трошоците за високото образование и субвенциите за школарина на британските универзитети.

Оваа одлука и нејзините последици, кои

Page 26: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.104

вклучуваа речиси тројно зголемување на школарината, доведе до огромна реакција од студентите кои речиси веднаш излегоа на улиците, а во неколку наврати судирајќи се и со полицијата.

На денот на донесувањето на мерката, а особено во Лондон, дојде до ескалација на уличното насилство од страна на учениците и нивните сојузници.

Европски ден на акција и солидарност

На 14 ноември 2012, европските работници го одржаа најголемиот координиран штрајк и протест против мерките за штедење, кои ги поткопуваат нивните земји.

Европскиот ден на акција и солидарност, беше создаден за да им сигнализира на лидерите да се откажат од програмите на зголемувањето на даноците и намалувањето на трошоците, кои се спроведуваат од почетокот на

финансиската криза.

Штрајковите и протестите беа организирани од страна на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС), а слоганот им гласеше: „Работни места и солидарност, а не штедење во Европа“.

Работниците ги напуштија работните места во Шпанија, Португалија, Италија и Грција, а добија поддршка и во

Франција, Белгија и Кипар.

Десетици илјади луѓе се собраа во Мадрид. Специјалната полиција употребуваше гумени куршуми врз демонстрантите кои го блокираа сообраќајот. Повеќе од 80 лица беа уапсени, а 34 беа повредени, вклучувајќи и 18 полицајци.

Повеќето фабрики и училишта низ Шпанија беа празни. Учеството во штрајкот на шпанските синдикати, изнесуваше 100% кај

индустриските работници и 80% во целина. Во Мадрид, метрото и

автобусите работеа со една петтина од капацитетот, а стотици летови беа откажани.

Жозе Рикардо Мартинез, претседател на синдикатот во Мадрид, изјави дека некои Шпанци отишле на работа, од страв дека ќе го изгубат работното место. Околу една третина од шпанската работна сила има само привремени договори, со мала безбедност за работното место.

Португалија, исто така, беше погодена од масовен штрајк, и демонстрантите го изразија своето незадоволство од влошувањето на економијата и зголемената невработеност.

Во Италија, демонстрантите палеа

Page 27: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

автомобили и ги блокираа улиците во Рим, а полицијата употребуваше солзавец за да ја растера толпата. Италијанските медиуми известија за повредени полицајци во Торино, Милано и Неапол.

И во Грција, каде должничката криза започна пред три години, илјадници работници ги напуштија работните места, по четврти пат во три недели, излегувајќи на улиците на Атина за да протестираат против новата серија на буџетски намалувања, со цел владата да ја обезбеди ратата од 39 милијарди долари од меѓународните кредитори.

За разлика од претходните демонстрации, овие беа мирни. Три-часовниот штрајк, организиран од страна на двата најголеми синдикати во Грција, го погоди и јавниот и приватниот сектор. Државните агенции, владините канцеларии и јавните болници останаа затворени.

И Словенија се придружи

Словенија, која влезе во еврозоната во 2007 година, сега се наоѓа во услови на рецесија, висока невработеност, зголемен број на лоши заеми во локалните банки и се обидува да избегне финансиска помош.

Владата планира да ги намали платите во јавниот сектор, повеќето социјални бенефиции, подигање на возраста за пензионирање и намалување на трошоците за училиштата и здравството,

со цел да го намали буџетскиот дефицит до 3 % од БДП во 2013 година, во споредба со 4,2 % од оваа година.

Протестите против корупцијата и мерките за штедење ја потресоа поранешната југословенска република, која до неодамна беше економски пример за Источна Европа.

Демонстрантите бараа оставка од градоначалникот на Марибор, Франц Канглер, кој е обвинет за корупција.

Словенечката полиција по судирите со демонстрантите уапси 141 лице, и ова претставуваат најнасилните анти-владини немири во ЕУ членката, по крвавиот распад на Југославија во 1991 година.

Подготви: Соња Никчевска

Page 28: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.104

На сите ни е јасно дека се наоѓаме во глобална финансиска криза, а дел од нас последниците ги имаат почувствувано и врз сопствените плеќи.

Причините за појавата на кризата се многубројни и меѓусебно испреплетени и зависни. За истите веќе подолго време разговараат, дебатираат и се расправаат економските експерти, па не можеме да потенцираме директен „виновник“, туку повеќе погрешни потези, кои постепено доведоа до денешната ситуација.

Во овој текст ќе се обидам да направам краток осврт кон причините (неколку од многуте) кои европскиот економски систем го доведоа до прагот на колапсот.

Nezadovolstvoto ja obedini Evropa

Кризата во Европа- должничка и банкарска

Многу економисти сметаат дека денеска ја живееме најлошата финансиска криза после Големата криза од 1930-тите, а шефот на државната банка на Англија, во октомври 2011 година, ја дефинираше како „најсериозна финансиска криза, воопшто“.

Кризата која што владее денеска во Европа, па и во светот, се нарекува банкарска и должничка. Имено, финансиската криза од 2007 год. до денес, е криза генерално предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем.

Таа резултираше со колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од националните влади и oд Европската Унија и падови на берзанските пазари ширум светот.

Европската должничка криза, пак, е именувана поради обидот на ЕУ да ги исплати долговите, кои што се зголемија во последните децении. Пет земји во регионот - Грција, Португалија, Ирска, Италија и Шпанија - во различен степен, не успеаја да произведат доволно економски раст, за да ги вратат своите долгови.

Иако овие пет се гледани како земји во непосредна опасност од можен банкрот, кризата има далекусежни последици, кои се протегаат надвор од овие граници до светот како целина.

Иако економската криза, која се случи на крајот од првата декада на 21 век започна во Соединетите американски држави, таа брзо се прошири во Европа

Page 29: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

влијаејќи врз земјите од регионот, кои веќе беа во криза уште од февруари 2009 година или, пак, веќе страдаа од значајни пазарни и економски неуспеси.

Рејтинг агенциите утнаа со кризата

Нобеловецот Јозеф Штиглиц по повод сегашната светска финансиска криза пишува: „Кризата беше произведена во САД од поодамна“.

Па, како првична причина за сегашната глобална криза, некои економисти гледаат во падот на американскиот пазар со недвижнини, кој го достигна својот врв околу 2005-2006 година. Тој пад придонесе за пропаѓање на клучни бизниси, намалување на потрошувачката моќ, пресметано во трилиони американски долари.

Економиите во светот забавија во овој период, како што кредитните услови се затегнаа, а меѓународната трговија опадна.

Критичарите тврдат дека агенцииите за кредитен рејтинг и инвеститорите не успеале прецизно да го оценат ризикот при финансиските зделки поврзани со хипотеки, а владите не ги прилагодиле нивните регулаторни практики кон финансиските пазари на 21 век.

Владите и централните банки одговорија без преседан со фискално стимулирање, проширување на монетарната политика и финансиска помош на институциите.

Тони Кливер во „Understending the world economy“ смета дека сегашната светска

финансиска криза е предизвикана по пат на создавање на поголема побарувачка на пари, за кои на пазарите нема толкава понуда на стоки и услуги.

Станува збор за:

- Надуеност на количината на пари во оптекот;

- Преголемо задолжување во однос на можностите;

- Преголемо трошење во однос на остварените реални приходи;

- Намалување на штедењето во однос на задолжувањето;

- Влијанието на процесот на глобализацијата во светот и во поединечни земји;

- Забрзано покачување на цените на енергетските и прехрамбените производи, кое предизвика редистрибуција и реалокација на големи финансиски средства од едни во други региони во светот, од едни во други земји.

- Пореметување на односите на понудата и побарувачката на локалните

Page 30: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

30 BR.104

и меѓународните берзи на стоки и на долгорочни хартии од вредност.

- Зголемувањто на неликвидноста и на несолвентноста на голем број на фирми, корпорации и институции и на поединечни земји.

Воведување на еврото - причинител на кризата?

Професорката по економија, Венди Карлин, за „Економист“, тврди дека и покрај тоа што американската економија

закрепнува, европската сé уште тоне, а корените за тоа се во формирањето на еврото, став со кој повеќето економски експерти не се согласуваат. Можеби воведувањето на еврото не беше дирекна причина за економска нестабилност, но помогна за нарамнотежниот и неизбалансираниот раст и развој на земјите во еврозоната.

Зошто се воведе еврото?! Според споменатата професорка, единствената валута беше видена како важен дел од единствениот европски пазарен проект - да се зголеми конкуренцијата, а со тоа, и

растот на продуктивноста во Европската Унија.

Покрај тоа, за земјите кои се бореа за контрола на високата стапка на инфлација во 1970-те, овој потег на единствена валута преку механизмот на европски девизен курс им понуди можност да се здобијат со веродостојна инфлација- таргетирање на монетарната политика.

Првата деценија на еврозоната од 1999 година, во голема мера се гледа како мошне успешна и имаше многу славенички настани и публикации, вклучувајќи од страна и на независните економисти.

Сепак, постоеја сокриени разлики во перформансите помеѓу 17-те земји-членки, кои го воведоа еврото. На пример, земјите во центарот на сегашната кризата во еврозоната, во 2010 година сите имаа стапки на инфлација над 2%, процент одреден од ЕЦБ. Од друга страна, инфлацијата беше упорно и под 2% во најголема економија во еврозоната, Германија.

Земјите со тенденција за повисока инфлација имаа домашни финасиски проблеми. Овие земји, кои се најдоа во неволја во 2011 година (според редоследот по кој тие влегоа во кризата: Грција, Ирска, Португалија, Шпанија, Италија) имаа дефицити на тековната сметка за 1999-2007, што значи дека земјите повеќе трошеле, отколку што произведувале. Поради ова тие се позајмувале од странство за финансирање на трошоците дома.

Во некои случаи, позајмувањето од странство се вршело за да се финансираат расходите на приватниот сектор, како во Ирска и Шпанија, а во

Page 31: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

31

други случаи се финансирале трошоците на владата, како во Италија и во Грција, а Португалија ги финансираше двата сектора.

Нерамнотежата во еврозоната е на многу начини микрокосмос на сличната нерамнотежа што беше изградена во глобалната економија во текот на истиот период.

Проблеми во банкарскиот систем

Глобалната финансиска криза, која пристигна од САД, откри длабоки проблеми во банкарскиот систем, вклучувајќи во европските банки.

Според економистот Томас Кени, банките во земјите од еврозоната беа меѓу оние што стана опасен „балон“, подготвен да пукне, во 2000-тите, односно тие имаа позајмено премногу пари, за да извлечат корист од зголемувањето на цените на активата (акции, комерцијален недвижен имот, па дури и нафта), во она што се чинеше дека е макроекономско опкружување со низок ризик. Кога цените на активата почна да паѓаат, банките се соочија со тешкотии.

Томас Кени вели: „Бидејќи со зголемувањето на цените на активата,

финансиските институции сакаа да позајмуваат повеќе пари, за да профитираат од зголемувањето на кредитирањето, кога цените паднаа тие бараа помош“.

Кога многу т.н. високи „балон“ финансиски институции се обидоа да го направат ова истовремено, цените паднаа уште повеќе, со што се влошија и проблемите на банките.

Али Бабаџан потпретседателот на владата на Турција за националната телевизија „ТРТ“ изјави: „Оваа криза произлезе од две значајни причини. Како прво, поради слабото банкарство, односно слабиот финансиски систем и тоа што државите на крај беа присилени да ги преземат трошоците во врска со проблемите во финансискиот сектор.

Второ, и онака голем број земји располагаа со висок буџетски дефицит и висок јавен долг, така што веќе не можеа да ги исплатат долговите од оваа криза.“

Корените на светската финансиска криза се длабоко проткаени во системските проблеми на постојниот меѓународен паричен и финансиски систем. Познато

Page 32: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

32 BR.104

е дека „добар” меѓународен паричен и финансиски систем обезбедува стабилни девизни курсеви, ефективен механизам за платно билансно прилогодување и доволен обем на меѓународна ликвидност.

Ако се обрне внимание на реалната состојба во тој поглед , ќе се забележи дека меѓународниот паричен систем има проблеми буквално со сите 3 погоре наведени.

Почеток на кризата во еврозоната

Во 2008-та, под дејство на глобалната криза во еврозоната, земена како целина, индустриското производство опадна на 1,9 проценти во мај, што се смета за најостар месечен пад за регионот од кризата на девизниот курс во 1992 година.

Европската продажба на автомобили

опадна на 7,8 проценти во мај, во споредба со претходната година. Малопродажбата опадна за 0,6 проценти во јуни во споредба со нивото од мај и за 3,1 процент од јуни претходната година.

Од четирите најголеми економски сили во еврозоната, само Германија забележа раст на активностите во јули, иако тој беше многу низок.

Економските аналитичари на РБС (Кралската банка на Шкотска) и „Кепитал Економикс “(Водечки независни консултатски услуги за макроекономски истражувања) сметаа дека падот го зголемува ризикот од навлегување на еврозоната во рецесија во 2008-та година.

Во второто тромесечие, забележан е пад на економијата во еврозоната за 0,2 проценти. Во третото тромесечие, повторно се забележува пад на економијата со што еврозоната навлегува во техничка рецесија.

Значи, глобалната и европската економија доживееја бавен раст поради американската финансиска криза од 2008-2009 година, на која беа изложени н е о д р ж л и в и т е фискални политики на земјите во Европа и во целиот свет.

Според Тони Кливер, сегашната светска криза е финансиска криза, која од поодамна е предизвикана од експанзивниот пристап во монетарната политика,

Page 33: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

33

посебно во кредитирањето на личната и непроизводната потрошувачка, со тоа и побарувачка, не водејќи сметка за штедењето и создавањето на домашна акумулација за динамизирање на стопанскиот развиток. Поради тоа сегашната криза е криза на хиперпотрошувачка и деинвестирање, предизвикана од движењата во финансиската сфера.

Иако сегашната светска криза

иницијално е финансиска криза, таа почнува да се трансформира во криза и во реалниот сектор, бидејќи влијае врз динамиката на реалниот сектор кој постепено, но сигурно оди во рецесија и дефлација, заклучува Кливер.

Економисите се согласни дека најсигурниот индикатор и директна причина за економската слабост е промената во финансиските биланси (разликата помеѓу приходите и расходите) на приватниот сектор во суфицит - како кај бизнисот, така и кај домаќинствата.

Повлекувањата на задолжените и

исплашени корисници е причина за слабоста на западните економии. Дури земјите кои не се директно погодени, како Германија, страдаат индиректно од големото намалување на потрошувачката на нивните трговски партнери.

Финансиските институции одиграа централна улога во кризата - од еуфоријата околу неселективното трошење и висок обем на кредитирање, па до состојби на паника, намалување на

потрошувачката и воведување на буџетските заштеди.

Стравувањата за стабилноста на јавните финансии произлегуваат од тоа колку должниците изгледаат платежоспособни. Овие стравувања го достигнаа својот врв кон крајот на 2008 година, кога хипотекарните заеми беа во фокусот на пазарната паника.

Прва подлегна Грција

Грција со години не успеа да ги превземе фискалните реформи и беше една од првите, кои ги почувствуваа последиците од послабиот економски раст.

Кога растот забавува, забавуваат и даночните приходи- со што високо буџетски дефицити стануваат неодржливи. Како резултат на тоа, тогашниот премиер Јоргос Папандреу, кон крајот на 2009 година, беше принуден да објави дека претходните влади не успеале да ја откријат големината на дефицитот на земјата.

Навистина, долговите на Грција беа толку големи, што тие всушност ја надминаа

Page 34: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

34 BR.104

големината на целата економија на земјата, па Грција повеќе не можеше да го сокрие овој проблем.

Инвеститорите одговорија барајќи повисоки придонеси на обврзниците на Грција, со што се зголеми цената на долговите на земјата и беа потребни серии на спасувања од Европската Унија и Европската централна банка (ЕЦБ).

На пазарите, исто така, започна зголемување на обврзниците во другите најзадолжени земји во регионот, предвидувајќи проблеми слични на оние што се случија во Грција.

Причината за зголемувањето на обврзници е едноставна: ако инвеститорите видат поголем ризик поврзан со инвестирање во обврзници на земјата, тие ќе бараат повисок поврат за да го компензираат тој ризик.

Ова започнува еден маѓепсан круг: побарувачката за повисоки приноси е еднаква со повисоки трошоци за зајмување за земјата во криза, која води кон натамошен фискален притисок, предизвикувајќи ги инвеститорите да бараат дури и повисоки приноси, и така

натаму.

А, генералниот губиток на довербата на инвеститорите обично предизвикува да продажбата не влијае само на државата во прашање, но исто така и на другите земји со слични слаби финансии – овој ефект обично се нарекува „зараза“ или „домино ефект“.

Што европските влади прават во врска со кризата?

Европската Унија превземува одредена акција за излез од кризата, но таа акција се движи со бавно темпо, бидејќи бара согласност од сите земји во Унијата. Примарниот тек на акцијата досега направи серија на спасувања (во вид на помош) за проблематичните економии во Европа.

Во пролетта 2010 година, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ñ исплатија 110 билони евра на Грција. Грција побара втор спас во средината на 2011 година, овој пат во вредност од околу 157 билиони евра. На 9 март 2012

Page 35: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

35

година, Грција и нејзините доверители се договорија за преструктуирање на долгот, кој ја постави сцената за уште една рунда на помош.

Ирска и Португалија, исто така, паднаа во криза, во ноември 2010 и мај 2011 година. Земјите во еврозоната, исто така, создадоа Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ), кој за цел има да обезбеди итни заеми за земјите во финансиски тешкотии.

Европската централна банка, исто така, се вклучи во процесот за спас. ЕЦБ најави план, во август 2011 година, за купување на државни обврзници доколку е потребно со цел да се задржaт придонесите, кои земјите како Италија и Шпанија веќе не можат да си ги дозволат. Во декември 2011 година, ЕЦБ направи 489 билиони евра во кредити да бидат достапни за проблематичните банки во регионот, а потоа следеше и втор круг во февруари 2012-та. Името на оваа програма беше „Долгорочно рефинансирање“ (LTRO).

Кризата во еврозоната влегува во нова и опасна фаза од август 2011 година. Забавување на светската економија поттикна загриженост во врска со способноста на многу поголеми економии, како Шпанија и Италија да останат стабилни.

Оваа екстензија на кризата на големите земји се одрази со зголемување на каматните распони на државните обврзници (над курсот на германските долгорочни обврзници) и паѓање на цените за банкарските акции, откривајќи ја интерконекција на фискалните и банкарски проблеми на еврозоната.

Автор: Елена Павловска

Page 36: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA15 dekemvri 2012

36

Page 37: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

37

^ove{tvoto se samouni{tuva - razgovor so ekolo{kiot guru Denis Medous

Во 1972, еколошкиот гуру Денис Медоус предвиде во неговата значајна студија „Границите на порастот“ дека светот е насочен кон економски колапс. Четириесет години подоцна, тој за Spiegel вели дека ништо од тогаш му го нема сменето мислењето.

SPIEGEL: Професоре Медоус, пред 40 години ја објавивте „Границите на порастот“ заедно со вашата сопруга и соработници, книга која ве направи интелектуален татко на еколошкото движење. Клучната порака на книгата до ден денес останува валидна: Човештвото безмилосно ги експлоатира глобалните ресурси и е на пат да се самоуништи. Верувате ли дека крајниот колапс на нашиот економски систем може сe уште да се избегне?

Медоус: Проблемот во очите на нашите општества е дека имаме развиено индустрии и закони кои беа соодветни во одреден момент

од времето, но сега почнуваат да ја намалуваат благосостојбата на луѓето, како на пример индустријата за нафта и автомобилската индустрија. Нивната политичка и финансиска моќ е толку голема што можат да спречат да се направат промени. Јас очекувам дека ќе успеат во тоа. Тоа значи дека ќе еволвираме преку кризата, а не преку проактивна промена.

SPIEGEL: Неколку централни предвидувања кои ги направивте во книгата веќе се остварија, експоненцијалниот пораст на светската популација, на пример, и распространетото еколошко наштетување. Вашите предвидувања

Page 38: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

38 BR.104

Evropska Unijaво однос на економскиот пораст, имено дека ќе престане и дека ќе настане колапс во глобалната економија, сe уште не дошле на ред.

Медоус: Фактот што сe уште не дошло до колапс не значи дека тоа нема да се случи во иднина. Нема сомнение дека светот се менува, а ние ќе треба да се прилагодиме кон тоа. Постојат два начини за тоа: Едниот начин се состои во тоа што ја гледаме потребата од промена пред време и ја извршуваме промената, а вториот начин се состои во тоа што не ја гледаме потребата од промена, но сепак на крајот сме принудени да ја спроведеме. Да речеме дека возите автомобил во внатрешноста на фабрички погон. Постојат два начини за запирање: Или стискате на кочниците или продолжувате да возите и на крај удирате во ѕид. Во секој случај ќе застанете, бидејќи погонот некаде ќе заврши. Истото важи и за ресурсите на планетата земја.

SPIEGEL: Звучи убедливо, но дали навистина е така? Нема ли приватните компании да реагираат на намалувачките ресурси со иновации во обид да се одржи профитабилноста?

Медоус: Вистински големите промени не доаѓаат од внатрешноста на воспоставените индустрии. Кој го направи iPhone? Ниту Nokia, ниту Mo-torola, ниту било кој друг воспоставен производител на мобилни телефони. Дојде од Apple, тотално надвор од индустријата. Постојат многу други примери од ваков вид.

SPIEGEL: А што е со областите

кои се под државна контрола или регулација?

Медоус: Тоа е дури и полошо. Нашата историја во однос на рибарството покажува дека ги уништуваме екосистемите на океаните, на пример. Исто така, ја користиме атмосферата како бесплатен простор за индустриски отпад. Никој не поднесол иницијатива да ги заштити.

SPIEGEL: Не е ли желбата за преживување на човештвото доволна мотивација?

Медоус: Гледате, постојат два типа на големи проблеми. Едниот го нарекувам универзални проблеми, а другите глобални проблеми. И двата типа влијаат на секого. Разликата е во тоа што универзалните проблеми можат да бидат решени од страна на мали групи луѓе бидејќи не треба да чекаат некој друг да го стори тоа. Може да се исчисти воздухот во Хановер без да треба да се чека од Пекинг или Мексико Сити да го сторат тоа. Глобалните проблеми, како и да е, не можат да бидат решени на поединечни места. Нема шанси Хановер да се реши со климатските промени или да го запре ширењето на нуклеарните

Page 39: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

39

оружја. За да се случи тоа, луѓето во Кина, САД и Русија мора исто така да сторат нешто. Околу овие проблеми, ние не можеме да направиме никаков напредок.

SPIEGEL: Не ли ги потценувате луѓето и реакцијата која би произлегла кога самите ние сме во прашање? Австралискиот бизнисмен и екологист Пол Гилдинг, на пример, во неговата книга „Големото нарушување“ вели дека поради надоаѓањето на кризата, човештвото ќе се мобилизира за да се бори против неа, како што се случува во време на војни.

Медоус: Тој е во право. Но ќе успее ли тоа? Би можело, ако прекините беа многу кратки. За несреќа, тие не се воопшто кратки. Во климатските промени, на пример, одложувањата се многу долги. Дури и да ги намалиме стакленичките гасови денес до нула, затоплувањето сепак ќе продолжи да трае со векови. Истото е точно и за почвата, која глобално ја уништуваме. Обновата може да

потрае со векови.

SPIEGEL: Секако технолошките иновации служеа за намалување на влијанието на некои долгорочни проблеми. Откако вашата книга се

појави пред четири децении, на пример, модерната медицина го зголеми животниот век и ја намали стапката на смртност кај бебињата. Новите технологии драматично ги зголемија бербите а компјутерите и интернетот го зближија светот и го подобрија пристапот до образование.

Медоус: Технологијата сама не се пронаоѓа. Овие пронајдоци беа резултат на децении и децении

посветени на макотрпна работа, и некој треба да плати за овие програми.

Еден голем извор на пари е војската. Друг се корпорациите, а тие не се мотивирани за решавање на глобалните проблеми, тие се мотивирани да печалат пари. Компаниите за производство на лекови во САД трошат повеќе пари на превенција од опаѓање на косата отколку на превенција на ХИВ инфекции. Зошто? Бидејќи богатите луѓе оќелавуваат, а сиромашните се инфицираат со ХИВ.

Page 40: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

40 BR.104

Evropska UnijaSPIEGEL: Но замислете ги профитите кои би се наталожиле врз пронаоѓачот на нов, чист и неограничен извор на енергија.

Медоус: Се надевам дека не зборувате за фузија, бидејќи тоа е бесмислица. Сметам дека ќе откриеме голем нов извор на енергија. Но потоа, ќе поминат децении за тоа да има некакво влијание. Дури и ако немаше противење, дури и ако немаше еколошки влијанија и дури и ако тоа не натера многу луѓе да банкротираат - сепак ќе потрае подолго време. Затоа, ако некој ви рече дека технологијата ќе не спаси баш така, тој не знае како технологијата се развива.

SPIEGEL: Што е со ресурсите? Поранешните предвидувања велат дека до 2012 нема да остане ни капка нафта, но изгледа дека сe уште имаме доволно достапна нафта. Неодамнешни предвидувања дури покажуваат и дека САД можеби наскоро ќе произведува повеќе нафта отколку Саудиска Арабија.

Медоус: Тоа можеби и ќе се случи. Меѓутоа нафтените резерви за кои зборуваме се оскудни и многу скапи за експлоатирање. А и тие ќе бидат осиромашени еден ден. Дури тогаш ќе се соочиме со проблем. Еве еден пример: Имам богата сосетка. Нејзината сметка за струја е, да речеме еден процент од нејзините приходи. На потег доаѓа ураганот Сенди, и одеднаш таа нема струја во нејзиниот дом. Дали нејзиниот квалитет на живот ќе се намали за само 1 процент? Не! Нејзината храна ќе се расипе, нема да може да ги оклучи светилките, повеќе не може да работи во вакви услови. За неа тоа е катастрофа. Погледнете наоколу. Столот на кој

седите, стаклените прозорци, светлата - сето тоа е овде поради некоја причина: Ние уживаме во ефтината енергија.

SPIEGEL: Да претпоставиме дека сте во право и дека овој век е век на колапсот. Како ќе изгледа тоа?

Медоус: Ќе изгледа различно на различни места. Некои земји веќе се во колапс, а некои луѓе нема ни да забележат. Веќе има речиси една милијарда луѓе кои секојдневно изгладнуваат до смрт, а останатите тоа не го ни забележуваат. Тука е и прашањето за брзина: Разликата помеѓу пад и колапс е брзината. Богатите можат да платат за решавање на многу проблеми. Крајот на фосилната енергија, на пример, ќе биде постепен. Но климатските промени ќе стигнат до индустриските земји без разлика на сe. Геолошките испитувања јасно покажуваат дека глобалната температура не се зголемува линеарно. Таа отскокнува. Ако тоа се случи, ќе дојде до колапс. Но тоа секако нема да биде ништо ново. Општествата се издигнуваат и паѓаат. Тоа се случува веќе 300,000 години.

Подготвил: Славе Ангелов

Извор: Spiegel

Page 41: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZINBR.104

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

15 dekemvri 2012

Page 42: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.104

Najnovoto od svetot na IT-tehnologiite

Јаху мејл (Yahoo Mail) поубав, побрз и повеќе мобилен

Јаху мејл (Yahoo Mail) има нов изглед, поголема брзина, и нови iOS и Windows 8 апликации. Дали може првиот извршен директор Мариса Маер со голема порака да му помогне на Јаху да се врати назад кон врвот во мејл-светот?

Јаху мејл веќе не е со толку антички изглед како што беше порано. Најистрајниот интернет гигант објави нов изглед за својата веб-мејл клиент страна, како и надградби на јаху мејл за Андроид на Гугл мобилен оперативен систем, плус нови апликации за iOS на Ејпл и за Windows 8 на Микрософт.

„Сите ни кажаа јасно и гласно што сакаат, а тоа е помалку одвлекување на вниманието кога станува збор за е-мејл.

Сакате брзо да се најавите, комуницирате и да продолжите со својот ден “, напиша извршниот директор на „Јаху“, Мариса Маер во соопштението. „И ние слушнавме. Почнувајќи од денес, новиот мејл е брз, лесен и достапен насекаде каде и да одите“.

Мајер вели дека новиот Јаху мејл има добиено значително зголемување на брзината, и е „повеќе интуитивен и е полесно да се движите низ него, овозможувајќи ви да се фокусирате на она што е повеќе важно во вашите пораки“.

Компанијата, исто така, ги дизајнира сите верзии на Јаху мејл да бидат „во согласност, да изгледаат и да се

чувствуваат како уредите“ - важна карактеристика за корисниците кои преминуваат и се враќаат назад од компјутер на смартфон и обратно.

Додека не е целосно нова андроид апликацијата, исто така, е оптимизиран за употреба меѓу 20 и 40 отсто со помалку батерија од претходната верзија, според Јаху. И, се разбира, Windows 8 верзијата поддржува Live Tiles. Единственото нешто што недостасува е постава од iPad апликација; верзијата за iOS која сега е на располагање, направена е само за помали екрани на iPhone и iPod допир.

Новиот Јаху мејл е првиот голем производ за лансирање од „Јаху“ според Маер, која беше назначена за претседател и извршен директор на компанијата во јули оваа година. Мајер направи име за себе како успешен извршен директор на „Гугл“, каде таа се приклучи во 1999 година како вработен број 20.

Јаху мејл останува број еден е-мејл клиент во САД и има 105 милиони дневни корисници ширум светот. Г-мејл го држи местото на врвот во светот, ја украде круната на Хотмејл во ноември.

Веб верзија на новиот Јаху мејл ќе биде активирана за клиентите во текот на следните неколку дена, според Јаху.

Page 43: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.104

Google отвори продавница за магазини во Велика Британија

„Google“ ги отвори вратите на делот за списанија на „Google Play“ на Велика Британија, каде што повеќе од 100 наслови се достапни за купување

одделно или со користење на годишна претплата.

Кога Андроид маркетор се ребрендира како Google Play, донесе со тоа значителна сума на нови содржини, вклучувајќи филмови и ТВ емисии кои можат да се купат заедно со списанија. Во тоа време, надвор од САД, многу малку од овие нови продавници се отворени, но „Google“ напорно работи за да се реши прашањето за лиценцирање кои без сомнение ги мачат своите продавници, што резултира во нови земји кои се додадени на листата.

На ред стигна и „Google Magazines“ да започне во Велика Британија. Најави имаше преку Google + профил GoogleUK, каде постојат повеќе од 100 списанија

подготвени да ги купите, индивидуално или преку претплата.

Издавачи како што се „IPC Media“, „Fu-ture and Hearst“ сите се застапени, што резултира со колекција на различни наслови вклучувајќи од „Hello!“ до „Тhe New Statesman“. Во некои области има недостаток со автомобилството, дел се

без предводник на списанија како што се „Top Gear“ и „Evo“, иако и двете „What Car?“ и „Autocar“ се присутни.

Што се однесува до цените, копија од „Golf Monthly“ ќе ја добиете за £4.99, додека „Of-ficial Xbox Magazine“ чини £5.99. Исто така, постојат и некои поволни цени, како што тековниот филм „Total Film“ е ваш за само £1.99, и „Wired“ за £2.99.

Претплатите се различни, со „Wired“ чини £ 17,99 за една година, но многумина доаѓаат со бесплатен пробен период од 14 или 30 дена. Споредувајќи ги овие цени и оние на „Apple’s Newsstand“ изгледа дека „Wired“ со цените е £ 1 повеќе во „Google Play“, но годишната претплата е иста, додека „Tatler“ трошоци се £ 3,99 и во двете продавници.

Сите списанија се наведени како компатибилни со Android 7-инчен и 10-инчен таблети, заедно со веб читачот Google Chrome. „Google“ нема отворено својата продавница за списанија во било кои други европски земји, сепак, иако табот се појави во Google Play Франција и Германија, но можеби ќе стори нешто наскоро.

Page 44: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.104

Новиот Apple HDTV вклучува Sharp и Foxconn

Иако може да биде невозможно за еден инженер на „Apple“ да изгуби голем телевизор, гласините за „iTV“ имаат малку интензивира игра. Во новиот извештај од „Wall Street Journal“ се сугерира дека „Apple“ работи со „Hon Hai Precision“ копродукциска индустрија (почесто се нарекува „Foxconn“) и „Sharp“ за дизајн на iTV.

„Тоа не е формален проект. Уште е во рана фаза на тестирање“, се додаде во написот, според изворите кои секојдневно зборуваат во САД. Интересно, „Hon Hai“ во последно време се стекна со огромни 37,6 отсто од акциите во „Sharp LCD“ панел фабриката и покрај тоа што не

успеа да постигне договор за спасување на слабата јапонска фирма.

Земајќи го сето ова во предвид, дефинитивно е возможно дека трите компании соработуваат. Имено, „Hon Hai“ е основниот изведувач за производство на многу производи на „Apple“. Сега со својата нова аквизиција, може да биде подготвен за новите iTVs, исто така.

Извори: Digital Trends, CNET

Подготви: Сузана Ламовска

Page 45: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.104

Ако веќе во светот сé е распрскано, ако нештата кои треба да бидат заедно се раздвоени, а нештата кои треба да бидат раздвоени - се заедно, зошто јас да се впуштам во авантура на нивно вештачко спојување?

Светислав Басара

„Фама о бициклистима“ (мак. „Фама за велосипедистите“) е роман кој говори за таинствените „велосипедисти“, членови на мистериозното друштво наречено „Велосипедисти на Ружниот крст” (мак. „Велосипедисти на Грдиот крст“ кои веруваат во моќното средство - велосипедот - како најефикасен начин за избавување од сите гревови.

Припадниците на ова друштво своите средби ги одржуваат во соништата, каде се среќаваат и расправаат за идните цели и задачи на тајната заедница. Тие ги презираат времето и огледалата (првото како непостоечко, вторите како лажен одраз на светот), чувство (или расположба) кое ќе ги натера да преминат од пасивна омраза кон

активно дејство на уништување на сите часовници низ различните градови каде што постои „штаб“ на нивниот кружок; дури ни полицијата нема да успее да ги затвори, ниту пак самиот Шерлок Холмс да ја расветли причината за нивниот бунт.

На крајот од романот е изложен список на некогашни и сегашни членови на друштвото, меѓу кои стојат и имињата на Цветан Тодоров, Леонид Шејка и др.

И покрај исклучително игривиот, флуиден, забавен карактер на овој роман на Басара, текстот има сложена структура и во себе интегрира голем дел од актуелните книжевни родови, но и видови.

Во него се содржани писма потпишани од актуелни и од историјата верификувани (во смисла - докажани како реални) личности (Сигмунд Фројд- на пример), неколку есеи со необични, во голема мера провокативни наслови, беседи и исповеди на наводно фактички личности (чие присуство во романот само го продлабочува конфликтот реалност v.s. книжевна фикција - очигледно омилена постмодернистичка стратегија на Басара), извадоци од дневници на членови на друштвото на „Велосипедистите на Ружиниот крст”, извештаи (кои заради нивната улога во романот можат, само за оваа прилика, да се третираат како специфични книжевни видови, зависни од интерактивните релации со останатите „делчиња” од текстот) и др.

Ова набројување, секако, не е ниту блиску до конечниот попис на актуелните

Svetislav Basara i golemata avantura na „Velosipedistite“

Page 46: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.104

жанрови и видови во романот, кој само го проширува паноптичкиот карактер на текстот, збогатен со фрагменти преземени (и подоцна преобликувани) од различни научни области, соодветно сместени меѓу страниците на „Фама о бициклистима“.

Од ваквиот кус вовед, секој сигурно веќе претпоставил дека ова дело на Басара - како и впрочем голем дел од останатите негови книжевни трудови - има фрагментарен карактер; текстот е темел врз кој се напластуваат различните, конгенијални по природа сегменти, кои преку нивното меѓузаемно поврзување градат една унифицирана единица која - и покрај привидната диспаратност - ги почитува правилата на целината.

Она што го прави овој текст од една страна возбудлив и предизвикувачки, но од друга страна сложен и „проблематичен”, е неговата структура која опфаќа комплекс од параисториографски замки, апокрифни обележја и цела плејада на т.н. „метафакти”, кои ќе го збунат дури и оној читател кој има увид во основните постмодернистички стратегии.

Меѓу страниците се испреплетуваат емпиристички личности кои стапуваат во интеракција со ликови, кои се (очигледно?) плод на авторовата имагинација и нивната комуникација е дотолку жива, што нејзината природа наведува да мислиме дека читаме извадоци од фактички документи, кои се надвор од нашиот опсег на знаење (а тоа дополнително ја усложнува ситуацијата, но и продирањето во текстот).

Но, и покрај илузијата дека следиме низи од случувања кои некако се поврзуваат меѓусебно во времето, сепак, по внимателно разгледување на забелешките застапени во самиот текст

како сигнали на авторот, ќе заклучиме дека читаме склопови од мали приказни кои временски не се поврзани, но се претставени како такви со интервенцијата на наводниот собирач на пронајдените документи кој се подведува под името - Светислав Басара.

Авторот, кој во текстот си припишува очигледно фикционална улога на собирач на некакви списи кои ги нашол во една зафрлена библиотека, а се однесуваат на фамозните „Велосипедисти на ружиниот крст”, се појавува во неколку наврати во текстот, чувствувајќи потреба да интервенира преку предговорот и неколкуте воведи и забелешки.

Неговото отелотворување во самиот текст претставува уште една замка, која, повторно, уште повеќе го прави потребен одговорот на прашањето: што од напишаното е фактичко, а што фиктивно? Или: каде почнува фактичноста, а каде завршува фикцијата? Одговорот е дека не постои конкретен одговор на прашањата. Сé е игра и илузија.

Во една прилика, зборувајќи за начинот на настанување на текстот, Басара ќе открие: „Конечно, некаде во почетокот на летото 1986 год., сосема отстапив од идејата „Фама... “- тогаш сé уште без име - да биде „компактен“ роман во кој некои луѓе, во некои околности, би ламентирале над пропаднатоста на светот и би ги изнесувале своите псевдосистеми.

Нашето време, мислев, е време на фрагментарност, полудовршеност, недовршеност. Пишувајќи ги поглавјата, мислев понатаму само до границите на кои престанува внатрешната смисла. Ќе ги редам онака како што настануваат (поглавјата, з.м.).

Page 47: „Револуција“ магазин бр. 104

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

Artvizor

BR.104

Нема да се обидувам насилно да го крпам и лепам неспоивото, само за да добијам лажен впечаток на целина. Ако веќе во светот сé е распрскано, ако „нештата кои треба да бидат заедно се раздвоени, а нештата кои треба да бидат раздвоени - се заедно“, зошто јас да се впуштам во авантура на нивно вештачко спојување?”.

Но, и покрај ваквото тврдење на Басара, мораме да признаеме дека наспроти неговата интенција да создаде роман кој нема да се потчинува на правилата за кохерентност, стои финалниот производ – романот „Фама...“, чија структура сепак познава извесна кохеренција, колку и да е таа спорна или парадоксална.

Иако делува како да е конгломерат од случајно избрани списи, романот на Басара, со самиот факт дека е „ограничен од корици”, содржи низок степен на кохерентност која е потребна за да го држи романот како целина. Она што е спорно во случајот, е различниот третман на двојството целина/кохеренција во различните книжевни епохи (кон нив не се постапува исто во епохата на реализмот на пример, и во онаа на модернизмот/постмодернизмот).

Според критиката, овој роман на Басара фрла сенка над сите негови останати дела, дури и на „На Граловом трагу“, кој од страна на авторот е обележан како роман-близнак на „Фама...“, дури покохерентен од првиот, кој сепак не успеал да ја надмине неговата слава.

По тој повод Басара ќе рече: „Фамината фама непрестајно лебди над мојата глава. Но, мислам дека успеав да се ослободам од таа матрица. Морав да тргнам во друг правец, макар и да напишам неколку објективно неспоредливо послаби книги, чиешто пишување ми претставуваше,

за чудо, многу поголем напор. (...) „Фама...“ го напишав многу лесно, во одлично расположение, во паузите меѓу брзаниците и зезанциите.

Така на пример, седам и пишувам, пред мојата зграда застанува автомобил, другарите трубат дека ќе се оди на Златибор, го прекинувам пишувањето, пишувам под текстот, во загради – „остатокот од ракописот е нечитлив заради влага“ и сето тоа некако се вклопува. Да, мојата екипа е „виновна“ или „заслужна“ за сите нечитки, изгорени или загубени ракописи во тој роман.”

Свежата, оригинална тема во духот на темите од фантастиката, флексибилниот, игрив пристап и начинот на кој сето тоа е оркестрирано, го прават овој роман на Басара уникатно дело, какво што навистина ретко се среќава во книжевноста.

Неговата латентна лудистичност и привидната авторова несериозност (која колку што ја доживуваме како полезна, толку на моменти ја чувствуваме и како заканувачка) ни ја распалува желбата да го прифатиме повикот за авантурата која ни се нуди.

И наместо да бараме одговори на илјадниците прашања, кои несомнено ќе ни се наметнат уште на првите страници на овој текст, можеме едноставно да го послушаме советот на „собирачот” и да ја земеме оваа книга в раце во здодевните, дождливи денови, кога е и најпогодна за читање.

Автор: Кристина Димовска

Page 48: „Револуција“ магазин бр. 104