48

магазин Револуција бр.60

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: магазин Револуција бр.60
Page 2: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН – Број 60 21 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04

Викај ме спортист! .......................................................................... 11

Европско првенство во ракомет 2012 ............................................... 13

Можеме да продаваме прирачник за успешно навивање …………………….. 16

Успесите на македонскиот спорт ...................................................... 19

Дипломатите ни дадоа лош имиџ ...................................................... 23

Путин со стари финти ...................................................................... 31

Акропол за рентање ........................................................................ 34

Имиџ во политиката ........................................................................ 37

Милениумско тркало-London Eye ...................................................... 40

FRIGHT NIGHT (2011) ...................................................................... 43

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари:

Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе Симовски, Елизабета НАјдоска – Величкова, Стаменче Серафимова, Симона Митровска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa

Е- mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса: Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 5: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Веднаш по Турцијa Македонија со три проценти

раст на БДП во 2011 година е на второ место во најновата

економска анализа на

Европската комисија за

земјите кандидати и потенцијални кандидати за

членство во ЕУ. На прво место

со најголем раст е Турција.

Растот на Црна Гора е 2,7

отсто, во Србија 1,9 отсто, Хрватска 0,6 отсто, а за БиХ,

Албанија и Косово нема

податоци.

Европската комисија во

анализата, оценува дека во

Македонија, Хрватска, Косово

и Србија, буџетите биле на курсот на официјално

утврдените цели и планови. За

сите држави се напоменува

дека се отворени мал број нови работни места и дека

невработеноста и натаму е

висока. Причина за тоа,

според анализата, се влошените услови во светот и

ЕУ во однос на надворешната

побарувачка и трговијата.

Драги мои, вака така си имаме

и ние достигнувања, само уште проблемот со

невработеноста да почне да се

решава и ќе биде топ. Како

што велат од ЕК, ние сме биле веднаш после Турција,

мераци... Баш ќе биде добро

овој тренд да се задржи, ама

за тоа е потребна напорна работа на сите нивоа... Од

владата па до последната

хигиеничарка вработена со

врски, сите треба да работат напорно... Статистиките не се

јадат и не полнат фрижидери,

а ние како обични луѓе

среќата знаеме да ја мериме

во содржината на фрижидерот... Инаку искрено

да ви кажам им се чудам на

овие од ЕУ. Кога веќе имаме

некакви резултати барем да нè поздравеа за постигнатото...

Тие пак безобразно ни

напоменуваат дека

невработеноста е голем проблем, небаре кај нив нема

невработеност. Алал да им е

на Албанија, БиХ и Косово...

Тие си молчат... Ниту се фалат

ниту се жалат... За нив немало податоци... Се плашам од

моментот кога и за Македонија

нема да има податоци.

Шшшт!!! Грција се

средува... Грција нема волја сериозно да

се ангажира за надминување

на спорот за името, му рекол претседателот Ѓорге Иванов на

заменик-помошникот државен

Page 6: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

секретар на САД, Филип

Рикер, за време на нивната

средба во Скопје. Како што соопшти кабинетот на шефот

на државата, Иванов рекол

дека објективните политички и

економски проблеми со кои се соочува Република Грција не

треба да се оправдување за

грчкиот политички врв да

одбегнува иницијативи за изнаоѓање на заемно

прифатливо решение. Тој

изразил незадоволство од

одлуката на грчките власти да ја прекинат практиката на

директни средби на високо

ниво меѓу двете држави.

Како што соопшти кабинетот

на шефот на државата, Претседателот Иванов ја

повторил подготвеноста на

Македонија, активно и

конструктивно да учествува во процесот кој се води во ОН и

искажал очекување дека

нашиот сосед ќе покаже

одговорен однос, конструктивност и во целост

ќе ја почитува Времената

спогодба и пресудата од Хаг.

Лесно им е на Грците да кажат

„пу, пу не играме веќе“... Тие

проблемот, што самите го создадоа, како на шега го

ставија во некоја фиока и сега

ќе си ја средуваат

економијата... Ние ќе чекаме... Ќе чекаме на Грците

да им текне дека треба да

штедат и дека за да добиеш

плата треба да си ја заработиш, а не да ја зезнеш

државата и да се правиш

„наудрен“... Како што станува

јасно, преговорите ќе продолжат уште долго време...

На нашите јужни соседи не им

се брза... На нив не им

недостасува ни една овца,

сите се во трлото... Си го пумпаат национализмот преку

нас на локално ниво, а на

меѓународно ЕУ е готова на сè

само и само да им ја спаси економијата... Во однос на

Времената спогодба, на која

изгледа ќе треба да ѝ го

сменат името во вечна, Грците јасно си кажаа дека ќе

продолжат со блокадите и

покрај решението од Хаг... Од

тоа следува дека нас ќе нè

гледаат под лупа, а Грција ќе ја остават да здивне... Сепак

„лулката на демократијата“ си

има внатрешни проблеми и

никој од надвор не сака да и прави додатен неред.

До кога ќе се делиме? Без државни обележја на

Македонија и со интонирање на химната на Албанија по

повод 544-годишнината од

Page 7: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

смртта на Ѓерѓ Kастриот

Скендер-бег. Цвеќе пред

неговиот споменик, освен Ахмети и функционери на

ДУИ, положија и претставници

од АРМ, но на свеченоста

немаше ниту еден претставник и функционер на

коалицискиот партнер ВМРО-

ДПМНЕ, иако Владата ја

финансира изградбата на плоштадот, а буџетски пари ќе

се одвојат и за

одбележувањето на 100-

годишнината од Денот на знамето.

Ви се извинувам за прашањето, што на некои

може да им се причини како

наивно! Ние се наоѓаме на

територијата на Република

Македонија нели? Ако не се лажам и идниот реновиран

плоштад Скендербег се наоѓа

на истата територија... Секоја

држава си има обележја, како химната и знамето, ама на

плоштадот Скендербег нема

место за македонската химна и

знаме... Тоа ми е некако несфатливо...

Мислам дека е време нашите

политичари да созреат и да

седнат да се договорат... Ова

веќе на ништо не личи... Или барем личи на нешто на кое

Грците му викаат

иредентизам... Вака не знам

колку долго ќе можеме да опстанеме... Време е сите

заедно да ја изградиме таа

држава... Сите заедно да ги

славиме празниците и сите заеднички да ги одбележуваме

трагичните настани од нашата

историја... Македонија

отсекогаш била дом на повеќе етноси... Истата таа

Македонија во која сите

заедно се бореа за слобода и

независност...

Денес сме поделени... Денешната состојба им

одговара на сите, кои сакаат

нашата држава да не постои

во сегашниот свој вид... Денешната состојба не им

одговара на Македонците и на

македонските државјани од

друго етничко потекло... Време е да созрееме и да

кажеме јасно дека си ја

сакаме земјата таква каква

што е и сакаме истата да оди

напред... Со поделбите само ќе се вртиме во круг без

никаков резултат...

Филмовите стануваат луксуз Седум од 18 целосно завршени

играни филмови, што биле

снимени во последните три

години со државни пари -публиката немала можност да

ги види во некоја од

Page 8: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

киносалите. Сè завршува со по

една до две проекции по

повод некаква пригода, најчесто циклус на домашен

филм во Kинотеката на

Македонија.

Станува збор најчесто за т.н.

малцински копродукции, т.е.

проекти во кои Филмскиот фонд на Македонија

учествувал со околу десет

отсто од вкупниот буџет на

филмот. Иако идејата на

копродукциите е токму да обезбеди поголем пазар за

филмот, кај нас тоа не се

почитува. Секогаш во

принцип, некако привилегија има странски познат филм, кој

ќе биде прикажан во безброј

проекции. Нашиот филм, ќе

биде во една вечер, заедно со уште неколку други, значи тој

што планира да оди во кино,

можноста да го гледа токму

нашиот филм, се намалува со

бројот на понуди. Драги мои, не сум сигурна зошто ја

продолжуваме оваа традиција.

Не нé бидува многу за

рекламирање на наши производи, не ја градиме

културата на повисоко ниво,

уметноста е последно нешто,

за човек кој едвај крпи крај со крај. Се решаваме за

нискобуџетни филмови, за кои

освен што немаме доволно

опрема, солидни актери, многу локации, имаме само оскудна

идеја, што недоволно се

развила, во брзање да ги

ипланирате парите – да ви стасаат до последниот кадар

на филмот. Филмомани,

одморете малку од странски

производи, а домашни продукции, не се шегувајте,

ако правите филм, вложете се

комплетно во него, а не да ни

мачкате очи со солидни

критики и рецензии од ваши пријатели, кога нашето око и

онака ќе го оцени

неквалитетот. Добриот

продукт е добар за сите и заборавете на критиката дека

немате соодветна публика.

Публиката само кренала раце

поради вашиот безобразен однос!

Купи куќа/стан само за

богати Без илјадници евра во џеб и

дебела хипотека не ќе може да се дојде ниту до

субвенциониран кредит од

владиниот проект „Kупи куќа,

купи стан“. Условите на

банките се строги и речиси исти како и сегашните за

одобрување на станбен

кредит. Најчесто правило е

дека мора учество од 10 до 25

Page 9: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

отсто од износот на кредитот и

имот вреден од 130 до 200

отсто како хипотека.

Ова, практично значи дека без

пари на страна и без имот кој

е повреден од тој што се купува, тешко дека ќе може да

се дојде до стан од овој

владин проект. Иако

заложбите на владата беа лицата кои тешко можат да ги

исполнат ригорозните

банкарски правила за станбен

кредит, на овој начин да можат да дојдат до својот прв

дом, поради условите

прашање е дали оваа

категорија граѓани ќе може да дојдат до посакуваните

кредити. Граѓаните веќе

навалија по банките да се

распрашуваат за условите за

овие кредити, а некои од банките, веќе ги отворија

вратите организирајќи

отворени денови за граѓаните

за овој проект. Според банкарските пресметки

кредитите ќе важат за лица

чии минимални месечни

примања не се пониски од 20.000 денари, но и да не се

повисоки од околу 55.000

денари, односно 900 евра за

добивање субвенциониран кредит. Висината на месечната

рата не треба да биде

повисока од 40 проценти од

примањата. Сè ова е убаво, само не е убаво што

заборавивме дека живееме во

Македонија. Тука сè нешто не

е докажано, сè нешто не е објавено комплетно, сè нешто

има ѕвездичка со

недообјаснета фуснота. Факт е

дека - тие што немаат пари, што немаат наследство или не

дај боже солидни примања,

нема да живеат во сопствен

стан. Помирете се со тоа! Не

ми е јасно како само позитивни емоции ви се

јавуваат на вакви понуди, а не

размислувате трезвено со

сопствена глава. Па вас ни родителите, што најмногу ве

сакаат, не успеале да ви

подарат, а вие очекувате

некој, што се промовира за медиуми, што користи

недоречености - да ви

помогне. Затоа радувајте се

што делите сметки со

родителите, што јадете заеднички ручек, што имате

богат и топол дом, затоа што

ништо не паѓа од небо, па

нема да падн ниту новиот стан.

Вардар – осветен Даниел Дончевски беше

најсреќниот меѓу 127-мината кандидати, кој го фати светиот

Page 10: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 10

крст во водите на реката

Вардар во Скопје.

Тој учествува по петти пат, а

крстот го фаќа по втор пат.

Првиот пат го фати во 2007 година. За безбедност на

верниците во вода, се

грижеше специјалната

единица на Министерството за внатрешни работи,

специјалната единица за

одговор при катастрофи при

Црвениот крст на Град Скопје, како и кајакарите на

Кајакарската федерација на

Македонија. За безбедноста на

копно беа ангажирани

полицајци, како и лекарска екипа на Брзата помош. Кум

на овогодинешната

манифестацијата беше Сашко

Станинов, а следната година ќе биде семејството на Мите

Јовановски. Интересна

традиција, која продолжува

масовно да се одбележува, а овој пример за главниот град,

не го сфаќајте

дискриминаторски, по однос

на другите градови, ова е само репрезентативен пример за

земјава. Никој не забележа

дали имаше стакло во водата,

никој не се пожали дека се

исекол на тврд предмет кој е постојан жител во реката, а не

е камен, никој не кажа дека

водата е загадена. На вакви

денови, едноставно вистината не ја доживуваме како таква,

на ваков ден, водата во која

пливале машини за перење

алишта, мртви тела од коњи и слично, одеднаш станува света

и се пие. За тие што се

мачкавте, голтнавте и ќе

фатите некоја бактерија, религијата ќе ви помогне за да

оздравите. За многу години

празников...

Борба против сива

економија

Инспекторите ќе бидат

безмилосни кон трговците што

не плаќаат даноци и

стимулираат работа на црно.

Владата го усвои акциониот план за борба против сивата

економија. Ќе се контролираат

трговците, земјоделците,

пазарџиите, нема да бидат поштедени ни во туристичкиот

сектор, енергетскиот и

метрологијата.

Page 11: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 11

Трговијата е лидер во сивата

економија. Во овој сектор

инспекторите ќе бидат безмилосни. Тука бројот на

работници што работат на

црно е најголем, а најмалку се

плаќаат даноци. - Ќе имаме сериозни проблеми

при имплементирањето на

Законот за трговијата, но ќе

мораме заедно со Државниот пазарен инспекторат и со

другите инспекторати да ги

засилиме нашите активности и

полека, но сигурно, да ја елиминираме сивата економија

- рече министерот за труд и

социјала Спиро Ристески.

Сивата економија има

опаѓачки тренд. Сега е за 10 отсто помалку, споредено со

2005 година, кога сивата

економија е регистрирана на

40 отсто од БДП.

Прекрасни вести, сега уште

ова да се примени во

практика. По мое мислење, сега работодавците ќе ја

исплатуваат платата на

вработените на трансакциона

сметка, колку да замачкаат очи, а вработените ќе бидат

приморани следниот ден да

вратат пола сума на рака. И

тогаш ќе кажат дека контролирале, дека се

применил законот, дека сè е

како подмачкано, но сите ние

ќе знаеме дека е само полошо, ги гледаш парите на еден ден

и знаеш дека не се твои.

Page 12: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

Елена Николовска

Викај ме спортист!

Кој сум јас?! Како се викам?! Моето име е кошаркар,

ракометар, фудбалер, спортист.

Доаѓам од една далечна мала

земја за која до предмалку ме прашуваа каде точно во светот се

наоѓа. Сега повеќе не ме

прашуваат. Симболично го

правам срцето со рацете и знаат.

Доаѓам од земјата на Горан Пандев, Влатко Илиевски, Кире

Лазаров.

Луѓето кои живеат во оваа земја

со години се борат да бидат

забележани како народ. Сега на картата на светот стои црвено-

жолтото срце на спортските

навивачи. Не ни беше многу

важно како ќе нé викаат. Нé ни беше ни важно како ќе нé

пишуваат. Единствено важно ни

беше да ни дозволат да

учествуваме. И навистина учествувавме.

Првата тројка на Влатко

Илиевски изнуди изненадувања,

неверување и најпосле воздишки. Голот на Пандев ги

исплаши италијанските фудбалери.

Раката на Кире Лазаров го

намурти германскиот тренер. И за

цело ова време, навивачите од

светот навиваа со македонските. Да, ние сме интересен народ.

Луѓе кои можат да направат сé

што ќе си зацртаат. Народ со

заразна топлина. Сакаме да ја делиме радоста и тагата со

луѓето од цел свет.

Токму тоа е патот до нашата

победа. Ние не знаеме да

Page 13: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

војуваме, немаме пари да

купуваме, но имаме срце да го

делиме со целиот свет. Војните на идинината нема да се

бијат со пушки и пиштоли. Нема

да се бијат ниту со политички

преговори и договори. Ќе се освојуваат со човечност.

Во новото време вистински

предизвик е да се остане хуман и

доследен на традиционалните вредности. Војните на иднината

ќе ги освојат најгласните

навивачи од спортските тробини.

Моето име е спортист. Доаѓам од

земјата која најсилно навива за

своите тимови. Најмногу плаче и

најмногу се смее. Кога многу години од првата победа на

спортските арени ќе ме

запрашаат која е таа земја, со

гордо крената глава ќе им одговорам дека тоа е

МАКЕДОНИЈА.

Page 14: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Елизабета Најдоска Величкова

Европско првенство во ракомет 2012

Во Белград на 15 јуни 2011 година, започна

церемонијата на

извлекување на групите за

10-тото Европско ракометно првенство што се одржува во

четири градови во Србија.

Македонија се наоѓаше во

чевртиот „шешир“ и своите натпревари во рамките на „Б“

групата од првата фаза ги

играше во салата „Чаир“ во

Ниш. На ваков чекор се реши

организаторот заедно со ЕХФ.

Потенцијални ривали на

Македонија од првиот

„шешир“ беа европскиот,

светски и олимписки првак Франција, Полска и

Германија. Од вториот

„шешир“ ривали ни беа

земјите од Скандинавскиот Полуостров: Данска,

Шведска и Норвешка, додека

од третиот „шешир“

потенцијални противници на македонските ракометари беа

Исланд, Шпанија и Чешка. Во

последниот „шешир“ покрај

Македонија беа уште

Словенија, Русија и Словачка.

За Македонија ова е второ учество, а првпат нашата

репрезентација играше 1998

година на шампионатот во

Италија. Завршницата на првенство ќе се одигрува во

„Белградската Арена“, а

шампионатот трае од 15 до

29 јануари 2012 година. По извлекувањето

Македонија се најде во група

со Шведска, Германија и

Чешка. На 15 јануари го

одигравме првиот натпревар, против селекцијата на

Шведска. На стартот на

Европското првенство во

Србија овој натпревар македонската машка

ракометна репрезентација го

заврши со нерешен резултат.

Најефикасни во македонскиот состав беа

левото крило Стевче

Алушевски и капитенот Кире

Лазаров кои постигнаа по седум гола, додека во

шведскиот состав

најефикасен беше Ким

Андерсон.

Натпреварот во салата „Чаир“ во Ниш го следеа

Page 15: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

повеќе од 4.000 македонски

навивачи, а некои и од фан

зоната. Македонските навивачи кои

се вистински хит во градот

Ниш, каде што македонската

репрезентација ги игра натпреварите од групната

фаза, прават вистинска

атмосфера и надвор од

терените. Тие буквално го обоија

градот во црвено-жолтата

боја, а атмосферата која ја

прават во салата „Чаир“ не може да се опише со

зборови. Едноставно вакви

навивачи може да посака

секоја репрезентација, а

може да ги има само македонската.

Два дена подоцна,

Македонија го одигра

вториот натпревар на Европското Првенство во

ракомет против Германија, во

рамките на групата Б. Во овој

драматичен натпревар нашата репрезентација го

претрпе првиот пораз.

Во првото полувреме нашите

ракометари прикажаа одлична игра со која не им

дозволуваа на германските

репрезентативци, кои беа

значително потпомогнати од

судиите, да направат

поголема предност на овој

натпревар. Иако Гермаците на почетокот направија

серија од 3-0 нашите

ракометари се консолидираа

во нападот и успеаа да израмнат. На крајот од

првото полувреме резултатот

беше 12-12.

Во продолжението од натпреварот, одличната игра

во одбраната им овозможи на

нашите играчи предност на

неколку наврати во овој натпревар, но тоа не го

дозволуваа исландските

судии кои постојано судеа во

корист на Германците. Сепак,

на крајот од натпреварот Германија успеа да слави со

еден гол разлика. Резултатот

на крајот од натпреварот

беше 23-24. И сè уште не е спласната

еуфоријата по натпреварот

во салата „Чаир“ во Ниш,

каде што македонската машка ракометна селекција

играше со селекцијата на

Чешка.

Македонската ракометна репрезентација против

Чешка со 27-21 ја забележа

првата историска победа на

Европските првенства, која

Page 16: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

ни донесе пласман во втората

рунда.

Македонските ракометари бодрени од 5.000 публика

беа преголем „залак“ за

репрезентацијата на Чешка,

која потклекна на жешката атмосфера.

Со овој триумф

репрезентацијата ги

продолжува борбите на континенталниот турнир во

главната фаза, која се игра

во Белград. Ќе биеме битка

со Србија, Полска и Данска со едниот бод, кој го

пренесуваме од првата

рунда. Заедно со нас во

вториот круг од нашата група

одат и Шведска и Германија. Кире Лазаров повторно беше

најдобар во нашиот табор со

седум голови, но овој пат

имаше фантастична помош од Миркуловски со пет и

Темелков со четири.

Одличната колективна игра

ја надополнија Мојсоски со три гола, а Манасков,

Стоилов, Алушовски и

Ангеловски постигнаа по два

погодока.

Европското првенство за мажи-2012 година е десетти

европски шампионат во

ракомет. Првенството во

Србија почна 15 јануари и ќе трае до 29 јануари во

Белград, Вршац, Ниш и Нови

Сад. На ЕП 2012 година

учествуваат 16 европски селекции.

Избраниците на селекторот

Ѕвонко Шундовски пред

заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално

подготвени и мотивирани за

стартот на големото

натпреварување.

На Светското првенство кое во 2009 година се одигра во

Хрватска, македонските

ракометари го завршија на

11-то место. Актуелен светски и европски шампион

во ракомет е

репрезентацијата на

Франција. Нам ни останува да ги

бодриме нашите ракометари

и да им посакаме среќа во

понатамошните натпревари. Напред Македонија!!!

Page 17: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

Магдалена Jовановска

Можеме да продаваме прирачник за успешно навивање Спортот во Македонија завзема

сé поголеми размери. По историскиот успех на

македонските кошаркари, сега на

сцената се и нашите ракометари.

Ги испративме со огромни очекувања, но и заслужено. Тие

не разочаруваат, а со

прикажаната игра само го

потврдуваат тоа.

Како и спортитстите така и

навивачите се желни за победи и триумфи. Натпреварите ги

гледаме во еден здив, полни со

адреналин и енергија, небаре ќе

скокнеме на теренот да дадеме гол.

Целата македонска јавност, во

овие моменти е сконцентрирана

на натпреварите на ракометарите. За ова говорат и

статистичките податоци

направени од АБГ Нилсен. Имено,

околу 513.000 гледачи

константно го гледале

натпреварот на телевизиските

екрани, што претставува околу 27% од вкупното население во

Македонија. Во текот на

натпреварот оваа бројка се

искачува и до 640.000 гледачи, или во проценти 33,4 од

вкупното население.

Но сите овие анализи и

статистики ни оддалеку не можат да се споредат со атмосферата

која навивачите ја создаваат на

трибините во Ниш.

Прават сé што можат, само за да

создатат еуфорична атмосфера и победнички дух. Токму овие

навивачи, кои несебично

отпатуваа, повеќе или помалку

на свој трошок, во Ниш се главниот мотив на добрите

резултати на нашата ракометна

репрезентација.

Повеќе од 4.000 македонски навивачи се присутни во салата

„Чаир“ во Ниш, каде

ракометарите ги играат трите

меча од фазата по групи на

Европското ракометно првенство. Нашите ракометари велат дека

европското првенство како да се

игра во Скопје. Публиката со

црвено-жолта боја ја исполнува салата, па тие се чуствуваат како

дома.

Капитенот Кире Лазаров по

натпреварот со Шведска рече: „Атмосферата е слична како

дома, како да настапуваме во

Скопје. Неколку илјадната

Page 18: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

публика синоќа ни даде одлична

поддршка против Шведска.“

Навивачите создаваат единствена и громогласна атмосфера која

остана запаметена и кај

противниците, а не само кај

нашите ракометари.

По натпреварот со Шведска, селекторот на Швеѓаните изјави:

„Македонците беа многу добри

противници, а атмосферата беше

фантастична благодарение на македонските фанови“.

Ниту Карлсон, еден од

најдобрите играчи на шведската

репрезентација, не изостави да ги пофали навивачите.

„Имавме многу можности да

победиме, но не направивме

доволно добри одлуки, па

моравме да се задоволиме со изедначено. Освен тоа имаше

одлична атмосфера во салата“,

изјави Карлсон по натпреварот.

На европското ракометно првенство во Србија и

репрезентативците, а и

навивачите се чуствуваат како

дома, буквално го обоија Ниш во црвено-жолта боја. Тие се

одомакинија во Ниш, добија

огромни пофалби и од

Европската ракометна

федерација (ЕХФ), која на својот интернет портал меѓу извештаите

ѝ даде посебно значење на

македонската „фаланга“, и

особено на 100-те децибели кои ја тресеа салата „Чаир“.

Известувачот на ЕХВ од Ниш во

својот текст нагласува дека

македонските навивачи им даваат посебен шмек на

европските првенства.

„Ниш е многу блиску до

македонската граница. Тоа влијае овде во овој српски град

да има голем број навивачи во

црвено-жолто. Беа брилијантни

на натпреварот со Шведска, а

истото го очекуваме од нив и на натпреварот со Германија“, вели

известувачот пред натпреварот

со Германија.

Паралелно со настаните на паркетот, македонската

„фаланга“ и понатаму е една од

главните атракции во Ниш. Тие

се најбучни и најеуфорични, но и не остануваат рамнодушни и не

дозволуваат никој да им го

навредува идентитетот и

достоинството.

Page 19: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

Скандирања, свирежи од сите

страни и едногласни извици на

негодување беа упатени кога гласот на официјалниот спикер

на првенството одекна: „А сега

следува химната на ФИРОМ

(БЈРМ)“ 4.000 револтирани грла, во еден

глас извикуваа „Ууууууу...“.

Но јуначко срце не попушта! Тие

до крај, до последен здив, ги бодреа ракометарите и беа

играч- плус за нашата

репрезентација.

Европа досега нема видено вакви навивачи, па затоа сите сакаат

тие да навиваат за нивната

репрезентација. За ова

дознаваме од социјалните мрежи

каде Швеѓаните и официјално бараат нашата „фаланга“ да

навива за Шведска на

натпреварот против Германија.

Во своите статуси на Фејсбук и Твитер тие јавно ги повикуваа

македонските навивачи да бидат

присутни на трибините и својата

подршка да ја дадат за Шведска.

На овој повик, македонските фанови коментираа:

„Со оглед на тоа дека сме лути

поради начинот на кој

Германците стигнаа до победата со нас, не ни треба повик од

Шведска за да навиваме за нив.

Сигурно сета подршка ќе ја

дадеме за Швеѓаните, како увертира за тоа што нé чека од

20:15 часот, потоа на нашиот

натпревар против Чешка“

Без оглед на резултатите и

постигнатиот успех на

ракометарите, ние сме задоволни

од нивната игра. Како горди Македонци, постојано се фалиме

на презентацијата на навивачите

на Македонија и македонскиот

народ. Топли и пријатни за

дружење, а немилосрдни и еуфорични за навивање. Тоа се

нашите навивачи,

македонската „фаланга“.

Page 20: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Светлана Пеншовски

Успесите на македонскиот спорт Сите спортски достигнувања се

значајни на свој начин. Факт е дека многу од талентираните не

спортуваат, поради недостиг на

финансии, Меѓутоа како

рамнотежа, секогаш има некој татко што достигнал успех, па по

некое непишано правило,

неговиот син станува

префорсиран, на сметка на сите во групата каде што тренираат.

Непотизмот не го заобиколува ни

спортот, па затоа ако сакаме

Македонија да биде

препознатлива по некои спортски достигнувања, треба да ја

исклучиме политиката, да го

промениме раководството што не

покажува резултати и да привлечеме спонзори, кои од

срце би нè поддржувале...

Таленти за сè Неоспорен факт е дека

Македонија може да се пофали со

многу достигнувања во различни

аспекти. Имаме традиција на музика, која датира од пред

многу поколенија, тоа е бит кој

се наследува и генот го

пренесува, потоа имаме фестивали, речиси во секое

гратче, доколку некое е

прескокнато, тогаш задолжително

одат по неколку тимови за да ја „пронајдат“ најталентираната

вокална ѕвезда. Јадеме многу,

затоа традициите на пивтијади,

вешти жени, натпреварите во

пастрмајлии, сарми, ѓомлезиња,

нè величат како народ, со

поголем желудник од стандардниот, а воедно и со

софистициран вкус за домашен

алкохол. За среќа, по некое вино

знае и да ја премине границата и конзуматорите можат да

зборуваат и странски јазик

додека уживаат во неговиот вкус.

Полесни се царините и за

македонските филмови, некој

чат-пат ќе биде прикажан на

фестивали, некој ќе добие награда, а некој ќе го пропушти

рокот за пријавување... Такви

сме, не можеме да постигнеме на

толку многу полиња, паралелно

да успееме. Знаеме и да играме ора, да свириме како што се

игра, да играме како што ни се

свири, да играме и без свирење,

всушност, знаеме сè што може многу да придонесе во забавата.

Но, каде е тука спортот и колку

нè величи како држава?

Page 21: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Успесите на тимските

спортови Македонскиот Фудбалски Сојуз

беше формиран на 14 август 1949 во Скопје, како дел од

Фудбалскиот Сојуз на

Југославија. Како и на светските

првенства, Македонија не се квалификувала на завршница на

некое европско првенство. На

квалификациските турнири,

Македонија не обезбедува место на завршницата, но забележа

резултати како нерешен

резултат со Англиjа, а овој

резултат, сепак, Македонците,

многу чудно, но ќе го сметаат како победа над Англија, со

резултат 2:2! Интересен е фактот

што македонските фудбалери, од

типот на Пандев, високо изградија репутација во

странските тимови, достигнувајќи

го врвот како европски шампион

(со италијанскиот Интер). Во суштина, како што поминува

времето, паѓаме од листата каде

што сме меѓу последните,

меѓутоа, ништо чудно и доколку комплетно излеземе од таа листа.

На тој начин, барем агонијата ќе

заврши безболно.

Женската ракометна

репрезентација на Македонија, учествува на 4

европски првенства и на 5

светски, меѓутоа најголем успех

имаше во 1997, кога заврши на високо 7-мо место. Поточно,

Кометал Ѓорче Петров, станаа

гордоста на Македонија. Тоа беа

зачетоците на групното навивање во Македонија, здружувањето

околу спортот и комплетна

поддршка на својот тим. Но,

катастрофално е што овој тим

згасна во своето постоење, поради недостиг на спонзори. Од

секогаш, во Македонија имало

спонзори, за еротски музички

спотови, за нискоинтелигентни манекенки, за сè што е

шундовско, но за квалитет – не.

Меѓутоа, ова е сосема друга тема!

За разлика од нив, машката ракометна репрезентација, во

моментов учествува на

првенството, па затоа ќе бидат

прескокнати во анализава, во нивни раце останува идните

денови да нè претстават во

најдобро светло и не би било

коректно да го генерализираме

нивниот пласман, без да го имаме последниот, актуелен податок.

Ватерполото иако е во моментов

атрактивно, сепак за нијанса се

наоѓа во сенка поради ракометот.

Нивни најголеми достигнувања се: квалификации во Светското

првенство и земање на 14-то

место во 2009, и 8-мо место во

2008, но на европско ниво. Сепак, за волја на вистината,

некако почесто имаме навика да

ги празниме базените со месеци,

Page 22: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

да импровизираме затоплување

со најлони, така што, реални да

бидеме, треба да сме пресреќни со овој успех!

Првиот голем успех

македонската кошаркарска

репрезентација го забележа во 1999 година, кога се пласираше

на завршницата на европското

првенство во Франција. Следниот

позначаен резултат Македонија го забележа по 10 години од

првото учество на европското

првенство, односно Македонија

успеа да се пласира на завршницата на европското

првенство во Полска во 2009

година. Во 2011 година, во

борбата за трето место,

Македонија загуби од Русија и заврши на четвртото место -

најдобриот пласман во историјата

на оваа репрезентација.

Македонија се пласираше на Евробаскетот 2013 и на

квалификацискиот турнир за

Олимписките игри. Сите се

сеќаваме на дочекот, кој нè обедини како народ во секаква

позитивна смисла.

Успесите во

индивидуалните спортови

Борењето е најтрофејниот спорт во Македонија, спорт кој на

Македонија и го даде еден Шабан

Трстена, олимписки шампион во

1984 година, потоа првиот

олимписки медал за самостојна Македонија, бронзата вредна

како злато на Олимписките игри

во Сиднеј 2000 година, освоена

од Могамед Ибрагимов, па

европскиот клупски шампион -

Бучим Јака Радовиш, кој потоа

стана и најдобар клуб во светот откако победи на

интерконтиненталниот клубски

натпревар, одржан токму во

Македонија. Кога ќе го споменеме

стрелаштвото, некако по

аналогија доаѓаме до Дивна

Пешиќ. Таа е најдобар стрелец на сите времиња со малокалибарска

и воздушна пушка во

Македонија, со 37 државни

рекорди во женска и машка конкуренција. Во 2008

прогласена е за најдобар стрелец

во Македонија во категорија на

сениорки, а во 2009 е актуелен

државен првак во две дисциплини со малокалибарска

пушка. Таа е балкански шампион

и два пати учествува на

Олимписките игри, но не се квалификува. Овој пример е

важен за сиот женски род, кој се

чувствува дискриминиран, еве

има некој кој ќе ви го обели образот.

За кајакарството, вреден е да се спомене Лазар Поповски, кој

што четири пати ја претставува

Македонија на Олимписките игри.

Page 23: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

Во дисциплината кајак К-1, тој во

квалификациите за полуфинале

заврши на 6-то место и се проби во полуфиналето, каде што го

освои шеснаесеттото место.

Според таа заслуга, во моментов

тој е претседател на Кајакарската федерација на Македонија.

Како за крај, ќе го споменам

Охридскиот пливачки

маратон.

Тој, иако упорно ги почестува

странците со награди, сепак е

долга традиција за да нè

промовира како домаќин и го величи Охридското Езеро, во

редот на светските богатства.

Резиме Сите спортски достигнувања се

значајни на свој начин. Факт е дека многу од талентираните не

спортуваат, поради недостиг на

финансии. Меѓутоа, како

рамнотежа, секогаш има некој татко што достигнал успех, па по

некое непишано правило,

неговиот син станува

префорсиран, на сметка на сите

во групата каде што тренираат. Непотизмот не го заобиколува ни

спортот, па затоа ако сакаме

Македонија да биде

препознатлива по некои спортски достигнувања, треба да ја

исклучиме политиката, да го

промениме раководството што не

покажува резултати и да привлечеме спонзори, кои од

срце би нè поддржувале.

Нам ни останува, само да

научиме да се шминкаме во боите

на црвено-жолто и да прекинеме со изјавите во кои глумиме

поголема стручност, од тие што

душата ја даваат за национален

успех.

Page 24: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

Елена Павловска

Дипломатите ни дадоа лош имиџ

Политичарите, а особено дипломатите- амбасадорите и

амбасадите, треба да се места и

личности од исклучително

професионален кадар, бидејќи тие се огледало на државата.

Дипломатите се преставници на

земјата, на народот, треба да се

достоинствени и угледни и на тој начин да ја носат функцијата,

која им е додеделена. Тие треба

да ја презентираат македонската

слика во светот. Но, дали е така?

Скандали, тепачки, кражби, недолично однесување, срамни

постапки.... и што уште не. Дали

тоа е Македонија? Дали вака

треба светот да нé спознае?

Кaков треба да е

дипломатот? Ако ги прелистате, соодветните

правни книги или енциклопедии, ќе прочитате дека дипломатот е

официјален државен служител,

кој располага со неопходните

права и овластувања, кој користи

општо-прифатени олеснувања, имунитет и привилегии да ја

извршува дипломатската дејност

за реализација на надворешната

политика и реализација на односите со други држави.

Секојдневната работа на

дипломатот се состои од

проучување, анализа и давање предлози за ефективно

спроведување на наворешната

политика. Затоа, дипломатската

дејност се дава на луѓе кои ја

имаат довербата на државните органи. Дипломатите треба да се

личности безусловно предани на

својата држава, треба да имаат

широки, задлабочени и многустрани теориски и

практични знаења, специфични

квалитети, интелегенција, добри

манири и познавање на повеќе јазици.

Амбасадорот, пак, е дипломат

од највисок ранг кој ја

претставува неговата земја. Тие

обично се акредитирани во странски независни држави или

влади или во меѓународна

организација, да служат како

официјални претставници за нивната земја.

Сé на сé тие се мошне важни

личности за угледот и

достоинството на македонската

држава, па затоа си земаме за право да бидеме строги и мошне

критични кон нивното

однесување (колку и да изгледа

тоа „обично“, „човечки“ или „случајно“). Поради деликатноста

на работата и обврската која му е

Page 25: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

доделена, тој не треба и не смее

да прави грешки.

Колку се оспособени македонските дипломати и колку

се запознаени со активностите

кои треба да ги извршуваат и за

кои треба да се залагаат- е тоа е веќе долга и мрачна тема.

Факт е дека некои

амбасадорската функција ја

сфаќаат чисто како рекреативна можност и шанса да се

„прошетаат“. Го преспиваат

мандатот „не кревајќи ни прст“ за

извршување на своите обврски- презентирање на Македонија и

напредување на надворешната

политика. Затоа и скоро и да не

слушаме за нив, а ретко и кој

амбасадор можеме да го именуваме по име и презиме.

Единствено за нив слушаме кога

со своето недолично однесување

се најдат на насловните страници на светските медиуми. А,

скандали имало и сé уште има.

Според некои информации,

речиси една четвртина од професионалците во

македонското МНР извршуваат

несоодветни задачи или се на

пониски работни места за

нивните квалификации. Наспроти ова, политички номинирани

амбасадори ја забавуваат

јавноста со скандали, а не со

постигнувања. Експертите велат дека во

годините од независна

Македонија, во дипломатијата

имало амбасадори предлагани од партиите на власт и дека токму

тука лежи нивната неспособност

и непрофесионалност. А,

праксата покажа дека скандалите

најчесто се врзуваат со

политички номинираните амбасадори. Блискоста до една

или друга опција е најголем

проблем со политичките

номинации. Партизацијата и партиските интереси во

меѓународните односи им штетат

на државните интереси. Има

разлика помеѓу внатрешна и надворешна политика и игрите

одвнатре не смеат да се

префрлат на надворешен терен,

бидејќи сè е различно, средбите, практиките, природата, како и

стратегијата за дејствување

преку што се стекнува имиџот на

државата. Со изборот на кадри се

избираат и сигналите за политиките и односите со

одредени држави. Пред некоја

година 28-годишниот Веле

Трпевски едвај помина за амбасадор во Тирана. Тамошната

и овдешната јавност оценија дека

Македонија провоцира, зашто

испраќа неискусен дипломат.

Амбасадорите остануваат

во странство Голем број на македонски

амбасадори, својата служба во

туѓа држава ја имаат искористено за унапредување на личната

иднина. Наместо промовирање на

сопствената држава, тие се

промовираат себе си. Практиката амбасадори и

дипломатски службеници по

завршувањето на мандатот во

државата во која биле акредитирани да останат таму на

друга работа законски е

Page 26: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

дозволена, но од етички аспект е

недопустлива.

Според неофицијални извори во Советот на Европа (СЕ) е

подготвен предлог со кој ќе се

забрани шефови на мисии на

земји-членки по завршувањето на мандатот да работат за

Советот. Истите извори тврдат

дека предлогот бил инициран по

случајот со македонскиот амбасадор Владимир Ристовски,

кој на средина на мандатот реши

да замине од функцијата и да

работи за Советот на Европа, но

во Украина. Ете, за каков пример служат македоските дипломати.

За тоа Ристовски испратил само

известување во македонското

МНР, без претходно да побара консултации. Советот на Европа

со последниот предлог сака да

спречи такви случаи во иднина,

бидејќи се урива имиџот на организацијата. А, сетото тоа

иницирано од македонски

дипломат кој си ги пресметуваше

своите најдобри можности, а при тоа ја занемари штетата која е

нанесена во име на државата.

Во македонската дипломатија

познати се неколку случаи на

амбасадори и дипломатски службеници, кои по

завршувањето на мандатот во

државата во која биле

акредитирани останале таму на друго работно место, кое обично

нема врска и поврзаност со

интересите на Македонија.

- Ваквата практика законски е дозволена, но од етички аспект е

недопустлива, или во најмала

рака недолична - тврдат домашни

експерти, според кои, оние кои биле лицето на државата во

странство треба да чувствуваат и

некаква морална обврска кон

својата држава.

Прв таков случај беше со првата

македонска амбасадорка во САД,

Љубица Аческа, која и пред и по

завршувањето на мандатот живее и работи во Америка. Во Хаг, по

амбасадорувањето остана

Милијана Даневска, а во Виена

поранешната амбасадорка, Весна Борозан. Даневска најде работа

во меѓународна организација за

неширење хемиско и биолошко

оружје и, според неофицијалните

Page 27: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

информации таму работела во

протоколот. Борозан, по

завршувањето на мандатот, се потрудила и нашла работа на

проект на универзитет, бидејќи

барала да остане во Виена

подолго додека заврши школувањето на детето.

Поранешна вработена во

македонската амбасада во Хаг,

исто така си нашла работа по мандатот и сега работи во

Брисел, а има и неколку случаи

на вработени кои додека биле во

дипломатска служба во некоја од амбасадите, таму да се омажиле

и останале да живеат.

Поранешниот амбасадор во

Стокхолм, Агон Демјаха иако му

било понудено да работи во МНР, сепак решил да работи на проект

на УСАИД во кабинетот на

министерот за надворешни

работи на Република Косово. Амбасадорот Насте Чаловски,

постојан претставник на

Република Македонија во ОН, по

доаѓањето на д-р Срѓан Керим на оваа функција во 2001 г., не се

врати во Македонија и остана да

живее и да работи во Њујорк.

Амбасадорот на Република

Македонија во Франција од 2000 до 2005 година Јордан Плевнеш,

по завршувањето на мандатот

беше именуван за потпретседател

на Меѓународниот комитет на УНЕСКО за дијалог меѓу

цивилизациите, со седиште во

главниот град на Франција.

Сепак, Плевнеш и пред тоа живееше и работеше во Париз,

не е професионален дипломат,

избран е на функција во

меѓународна организација, па

неговиот случај не може да се

смета за морален прекршок. Спорен, од морален аспект, за

домашните експерти е случајот

со поранешната в.д. амбасадорка

во Шпанија, Даница Ружин, која по завршувањето на мандатот

извесен период помина во МНР, а

потоа се вработи како локален

вработен во шпанската амбасада во Скопје.

Уште еден македонски дипломат,

првиот амбасадор на Македонија

во Република Украина, Владо Блажевски, по завршувањето на

мандатот (1997-2003) останал да

се занимава со приватен бизнис

во Киев.

Скандалите на

дипломатите Ако не се пасивни и преспиваат

или пак си редат приватни

бизниси и задаваат мака на Европскиот совет, обично

својата дипломатска моќ ја

користат за редење на скандали

на насоловните страници. Последниот случај со

амбасадорот во Австралија, Перо

Стојановски, иако беше оценет

дека нема тежина на

дипломатски скандал од македонското министерство за

надворешни работи, името на

македонскиот дипломат почна да

ги полни австралиските медиуми. Станува збор за обичен грабеж,

соопштуваа од МНР, тврдејќи

дека се украдени само лични

работи од домот на амбасадорот, а дека службените документи

биле безбедни.

Page 28: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 28

Но, дел од македонските

аналитичари сметаат дека овој

случај сепак ќе донесе непријатности во односите меѓу

двете земји.

Ова не смееше да ни се случи, не

дека имаме некоја голема

дипломатија и дипломатски имиџ во земјата, па уште љубовни

скандали ни се потребни. Во

последниов скандал околу Перо

Стојановски, австралиските органи него го третираат како

жртва, а не како учесник во

случајот. Неговата поранешната

девојка Лидија Думбалоска, пак,

е осомничена за уцена, кражба и за провала, откако упаднала во

амбасадорската резиденција и

украла неколку предмети,

вклучувајќи го неговиот лаптоп, актовка и неколку хотелски

сметки. Таа потоа барала од

Стојановски 150 илјади

австралиски долари и 40 илјади евра за да му го врати лаптопот.

Откако беше приведена на

новогодишната ноќ, пред некоја

година, судот одлучи да и

дозволи да се брани од слобода, со кауција од 10.000 австралиски

долари.

Пред десетина години

амбасадорската функција во

Швајцарија, пред истекување на мандатот, ја напушти Алајдин

Демири. МНР соопшти дека

поради здраствени причини тој

отстапува од местото, но факт е дека Швајцарија упати протестна

нота поради тоа што возел пијан

по швајцарските улици, а имал

проблеми и со тамошната полиција. Македонија го повлече

од местото амбасадор, за да ја

отстрани можноста да го

протераат како персона нон-грата од Швајцарија, што би било

дополнителен срам за земјата.

Тогашниот македонски амбасадор

во Берн изјавуваше дека е збунет

и изненаден од информацијата дека Швајцарија ѝ дала на

Македонија рок од три недели за

да го повлече својот амбасадор.

- Јас немам информација дека Швајцарија бара мое

повлекување. Досега не сум

правел никакви проблеми, ниту

прекршоци. Не сум возел под дејство на алкохол, а точно е

дека платив една казна за

некоректно возење. Всушност,

јас си возев сосема нормално, но

според овдешните стандарди, а Швајцарците тоа го сметале за

некоректно возење – рече тогаш

амбасадорот Демири.

Но фактите велеа дека Демири, сепак, возел под дејство на

алкохол и дека резултатите од

алкотестот заедно со записникот

на швајцарската полиција му биле доставени на

Министерството за надворешни

работи. Дознававме дека во

Page 29: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 29

криптираната нота што

швајцарските власти ја испратиле

до македонското Министерство за надворешни работи, бил искажан

остар протест против постапките

на амбасадорот, пред сé, поради

недипломатското и недолично однесување. Амбасадорот Демири

го злоупотребил гостопримството

на домаќините со тоа што возел

под дејство на алкохол, возел по тротоари и предизвикувал

инциденти со тамошната

полиција. Демири демантираше

дека возел пијан, а за овој скандал ги обвини „српските,

бугарските и грчките служби“. И

затоа од „здравствени прчини, тој

беше повлечен.

Дека немаме баш среќа со испраќање на амбасадори во

Швајцарија сведочи и следниот

случај со Махмут Ибраими. Иако

за амбасадорот во Берн, Махмут Ибрахими, излегоа информации

за неправилности во работењето,

Владата се повика на двојното

државјанство. Имено тој повеќе години живеел во Швајцарија и

имал двојно джавјанство, што е

конфликт на интереси. Инаку,

неколку месеци пред да биде

отповикан, беше повикан на консултации за да ја објасни

ревизијата на финансиското

работење во амбасадата и

сомнежите за проневера на околу 20.000 швајцарски франци, за

што беше осомничен и уште еден

службеник во МНР. А, фактот

дека дури го запали тепихот во хотелот „Бест Вестерн" во Скопје,

каде се одржуваше

амабасадорски совет, не можејќи

да си одолее да запали цигара (и

покрај тоа што се наоѓаше на кат

за непушачи) беше капак на сето тоа.

Се пишуваше и за физичката

пресметка во Амбасадата во Хаг,

додека со неа раководеше професорката Добринка

Тасковска.

Тепачката во дипломатското

претставништво во Хаг, беше

епилог на многуте кавги за кои

во континуитет се посочуваше негативната енергија на

амбасадорката Добринка

Тасковска. Таа од самиот почеток

имаше проблем да воспостави

нормална комуникација со својот дипломатски персонал, поради

што дури четворица, односно

сите што работеа во неа откако

таа е на функцијата, си побараа да се вратат или да добијат

преместувања. Образложенијата

најчесто беа дека не мораат да го

трпат тоа што им се случува, при што се тврдеше дека Тасковска

ги малтретирала со невозможни

барања, при што е

Page 30: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 30

најкуриозитетно: да ѝ ја отвораат

вратата на колата, да доаѓаат

надвор од работно време, да ѝ носат материјали и тогаш кога ѝ

се на дофат и слични нешта. Е,

на ова одговорил еден од

вработените во амбасадата, Миле Гиев.

Според информациите, дошло до

физичка пресметка меѓу

Добринка Тасковска и еден од вработените во дипломатското

претставништво, Миле Гиев.

Амбасадорката и вработениот во

амбасадата пред инцидентот се расправале околу гарантните

писма, како и поради незрелите

пораки кои Тасковска ги

добивала од него. Како и да е-

пукна тиквата... Предвреме од функцијата беше

вратен и конзулот во САД Филип

Петровски.

Тогашната министерка за

надворешни работи Илинка

Митрева тврдеше дека таквата одлука се должи на тоа што

Петровски се однесувал

несовесно и непрофесионално, а

учествувал и во јавни инциденти.

Најтешкото обвинение беше дека користејќи ја својата функција,

тој обезбедувал визи на своето

семејство. Се обелоденија

службени белешки од разговор воден меѓу американскиот

амбасадор во Македонија Лоренс

Батлер и претставник на

македонската Влада, во кои американската страна реагира на

однесувањето на македонскиот

конзул во Њујорк Филип

Петровски. Со белешките биле приложени и гарантни писма за

добивање американска виза за

близок роднина на конзулот

Петровски и за други лица. Таткото на Филип, Тихомир

Петровски, потврди дека сите

членови на потесното семејство

Петровски престојувале во

Њујорк, но за тоа добиле визи по регуларен пат. Во МНР изјавија

дека немало писмо од Стејт

департментот, но дека имало

индикации за недипломатското однесување на Петровски. Тој,

сепак, беше отповикан.

Некои амбасадорски решенија

беа скандал уште пред амбасадорите да „запливаат“ во

дипломатијата или подоцна беа

откриени. По аферата „Сведмилк“

тогашниот ресорен министер за

земјоделство Ацо Спасеновски си даде оставка заради амбасадорко

место во Киев. Антикорупциската

комисија во исто време побара

негово кривично гонење за друг случај со хидросистемот

Злетовица.

А и еден од нашите најпознати

дипломати Срѓан Керим не беше имун на овие скандали. Како што

пишуваше „Фокус“, весникот

„Младост“, во 1985 година тврди

Page 31: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 31

дека работна група на

Економскиот факултет во Белград

составена од угледни економисти, утврдила дека

доцентот д-р. Срѓан Керим

препишал дел од својата

дисертација, но не покренала постапка за поништување на

докторатот.

Системот треба да се

смени На Македонија ѝ треба само

професионална дипломатија и

редовни контроли за да се

спречат скандалите кои најчесто

се врзуваат за амбасадорите, кои на функцијата се со политички

налог. Ова е единствениот

заклучок ако се анализираат

случувањата кои зачестија последните години.

Успесите и застранувањата на

дипломатите, некои држави ги

проверуваат преку редовни

инспекции. Словачките

амбасадори низ светот секоја

година ги посетува контролор од нивното МНР во Братислава.

Француските дипломати се на

проверка на секои две години. Во

Македонија еднаш годишно одредени амбасади се на

проверка, вели портпаролот на

МНР и објаснува дека секоја

посета на министерот на држава каде Македонија има свое

дипломатско претставништво

значи контрола. Примерите

посочени претходно укажуваат дека системот сепак треба да се

смени.

Скандалите ѝ нанесуваат огромна

штета на Македонија и на

нејзиниот народ. Тоа не е сликата, која сакаме да му ја

презентираме на светот, но за

жал, тоа е сликата која светот ја

гледа и ја памети.

Page 32: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ПОЛИТИКА страна 32

Путин со „стари финти“

Кандидатот за претседател на

Руската Федерација, Владимир Путин, вети во својот проект за

предизборна програма „силна

Русија“, „силна економија“ и

„достоен живот за граѓаните на величествената земја“, пишува

весникот „Комерсант“. Блиските

соработници на рускиот премиер

уверуваат дека тоа е „само една од платформите“ на неговата

програма, објавува весникот.

Проектот, објавен на личниот сајт

на Путин, ја копира програмата

на Општорускиот народен фронт, со која партијата на власт

„Единствена Русија“ победи на

парламентарните избори во

декември – „сите нејзини шест делови, ставовите и поделбите“.

Самиот кандидат го нарекува проектот „темелна програма“,

што има потреба од

дополнителна експертска

интервенција. Но, констатира дека и во својот сегашен изглед

на програмата е „моќно, добро и

вистинито нешто“, прецизира

весникот.

Неговите експерти истакнуваат

дека платформата не ги одразува основните промени во јавните

ставови по декемвриските

протести во Русија против

измамите на парламентарните избори и политиката на

денешните власти. Но, тие се

сигурни дека и со оваа програма

Путин ќе победи на претседателските избори во март.

Руското општество ќе ја научи

вистинската програма на Путин

„дури по изборите“, прогнозира

експерт од Санкт Петербург, цитиран во материјалот. Негов

колега од Москва тврди дека

политичарот со претензии за

национално лидерство „има потреба од сосема поинакво

нешто, за да ги „врзе“ рацете на

опозицијата и да го обедини

својот електорат и неопределените.

Денес 35 отсто од луѓето во

Русија се незадоволни од

работата на Путин како премиер, изјави Лев Гудков, шеф на

социолошкиот центар „Левада“.

Дел од незадоволните можат да

пронајдат во објавувањето на

„старата“ програма „уште еден настан што може да се

протолкува како непочитување

кон општеството“ од страна на

премиерот, додава тој. Според податоците на „Левада“, за Путин

ќе гласаат 44 отсто од

полнолетните граѓани и ако

работите не се променат во март, тој ќе победи на изборите уште

во првиот круг. „Прашањето е

Page 33: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 ПОЛИТИКА страна 33

дали луѓето не лажат. Понекогаш

им е тешко да кажат дека се

против Путин“, коментира Валериј Федоров, шеф на друга

Социолошката агенција - ВЦИОМ.

Програмата на премиерот и

кандидат-претседател „има вид на производ“, насочен кон

традиционалниот електорат на

Путин, и претставува

оптимистичка варијанта на проектот за „народна програма“

на партијата „Единствена Русија“,

пишува „Ведомости“, цитиран од

BBC. Набљудувач на „Нова газета“ ја

определи програмата на Путин

како „фантастично декларативна“

и „бегство од реалноста“.

Путин може да направи фатална

грешка ако тргне на избори „со

стари, банални слогани“.

Дел од идеите во програмата на

Путин „изгледаат сосема

неостварливи и мирисаат на популизам“. Пример за тоа е дел

од програмата, што ќе ја

регулира цената на струјата за

обичните граѓани. Во програмата на Путин недостасува каква било

реакција на последните настани

и заканите за Русија и светот.

Кандидатот и неговиот тим или не разбираат што се случува и ги

потценуваат ризиците или се

сигурни дека можат да се справат

со нив. Оваа позиција за жал изгледа премногу самоуверена и

далеку од стратешка, коментира

„Утро“.

Според електронскиот весник

„Путин сé уште има можност да ја преземе контролата врз

ситуацијата“. За таа цел, тој

самиот треба да започне со

спроведувањето на кардинални реформи во неа. По сé, изгледа

Путин сé уште не е подготвен за

тоа. Или пак сé уште се надева

на среќа, додава „Утро“.

(Користени се материјали од рускиот

печат)

Подготви: Атанас Величков

Page 34: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 МЛАДИ СО СТАВ страна 34

Page 35: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 35

Атанас Величков

Акропол за рентање Грците ќе го рентаат Акрополот

за рекламни цели… Светот се менува драги мои… Во Романија

започна „романската зима“ а

ние живееме со случувањата од

Европското првенство во ракомет во братска Србија и се

вртиме во круг со преговорите

за името… Кажано со три

зборови… Секој со своите маки… На Грците изгледа веќе

им дојде „ножот до коска“…

Штом се одлучија да го рентаат

за декор и Акрополот, работите

таму навистина не одат на арно…

Досега на тоа симболично место

за Грција, ја имале честа да

снимаат Френсис Форд Копола и

некаква режисерка од Канада

на име Ниа Вардалос (по сé изгледа од грчко потекло)… Не

побарав информација од „чичко

Гугл“ што точно снимале

дотичните персони, но што има врска тоа, кога веќе секој ќе

може да прави сé што ќе посака

на Акрополот, ако се разбира

има пари да го плати тоа задоволство… Така е драги

мои… Пак ќе уживаат тие што

имаат пари… Ние клошараната,

што стои од страна и се

мрсолави како прваче на лизгалиште, ќе се чудиме како

да си ги платиме сметките за

струја и топлина (парно, дрва,

јаглен). Сега кога ќе почнат со снимањето на реклами, ќе ни се

снеарни и нам… Знаете дека

забранетото секогаш е

најслатко… Досега на Акрополот беше забрането да се мафтаат

камермани и режисери… Е, сега

да видите што ќе се случува…

Предвидувам дека секоја втора

реклама ќе ја прават со антички мотиви… Кога ќе почнат и

истите реклами да ги емитуваат

и кај нас има ептен да ни се

„антиквизира“ секојдневието… Замислете само, ја гледате

омилената (турска) серија и

таман на најинтересното

пуштаат реклами за тоа дека треба редовно да си ги миете

забите, за да бидете убави како

грчкиот бог Аполон, познат по

своето атлетско градено тело и

насмевка… Веднаш ќе Ви се присака да појдете во купатило

и да си ги измиете забите… Ќе

треба да си најдете и некоја

разгледница од акрополот за да биде исто како во рекламата…

Само се надевам дека

рекламните агенции нема да

претераат во користењето на акрополот за позадина на

нивните проекти… Ептен ќе се

„антиквизираме“… Пријатели,

ние треба да се активизираме, има голема разлика… Ама

искрено да Ви кажам им се

лутам малце и на нашиве… Па,

немаме ли и ние објекти од кои,

Page 36: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 36

нашата економија може да

ќари… Гледав пред извесно

време пропаганден спот на една наша политичка партија, се

качиле на Кале и си се

забавуваат дечкиве… Секоја

чест, ама мислам дека треба да се има исаф кога се работи за

објект што е дел од нашето

културно наследство… Море не

само исаф треба и пари да имаш, ако сакаш да го користиш

истиот тој објект за приватни

или политички цели… Еве

Грците ќе си го рентаат Акрополот... Зарем ние сме

поглупи од нив...?!

Ова беше шега, не дај Боже на

некој од нашиве да му текне и

ние да почнеме да ги рентаме нашите места и градби со

историско значење... Да се

вратам на нашите јужни

соседи... Сега ќе ми дозволите да

излезам малку надвор од

темата... Нé тепаа на

ватерполо... Им досудија еден куп пенали... Кажете дали има

правдина... Ама јас сум сигурен

дека судиите го земале во

предвид фактот дека грчките

ватерполисти се малку повеќе „префинети“ да не кажам некој

потежок збор и затоа досудија

толку пенали во нивна корист...

Нашиве и тие можеби малку претераа... Не се навикнати

Грците на груб однос од страна

на други мажи, па биле тие и

дел од репрезентацијата на Македонија во ватерполо (еден

исклучително машки спорт)...

Ве молам за извинување, ама

мака ми е поради тоа што ни се случи и морав да споделам со

Вас...

Сега пак назад кон темата... Грците се цареви... Од сé и

сешто знаат да направат пари...

Да е вечна магијата на

антиката, па преку неа си го изградија речиси целиот

туризам... Акрополи, гробници,

камења на што седеле Ахил,

Агамемнон и сето друштво од

„Илијада“, сé е кај нив... Имаат со што да се пофалат, а ако

немат ќе го измислат... Барем за

тоа имаат мозок.

Инаку одлуката за комерцијализирањето на

Акрополот е донесена во момент

кога презадолжената Грција се

обидува на секој начин да ја наполни испразнетата државна

каса. Преку овој потег грчката

влада има за цел да го олесни

пристапот до грчкото културно

наследство и да ја подобри неговата промоција.

Дојдоа машки времиња драги

мои... Нема веќе „трте-мрте“,

нема да им собира прашина Акрополот, еве го ставија на

листата за рентање... Јас силно

се надевам дека таа нивна

иницијатива ќе успее... Тоа го кажувам без дури една капка

иронија, сепак треба да

живееме во духот на

добрососедството и соживотот...

Page 37: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 37

Замислете само, Грција да снема

пари и да не може да се грижи

за своето културно наследство... Па целиот свет на љубителите

на антиката ќе се сруши...

Нема да има физички израз на

приказните за грчката митологија... Каде ќе одат сите,

кои легнуваат и стануваат со

идејата дека ако не беше Грција

немаше да ја имаме демократијата...

Сепак нели нашата сосетка е „лулка“ на овој политички

систем... Ако светот дозволи

сите споменици на културата од

тоа време да ги снема, што

правиме тогаш... Ќе треба од

ново да се градат... А тоа чини пари... Затоа драги мои, Грците

со време почнаа да си го

рентаат акрополот, да си го

одржуваат, не за друго... Е, добро де, сите си ја знаеме

балканската проклетија, ќе се

најде некој да профитира и од

таа иницијатива, ама, ај да не ја ситнам до толку работата...

Горам од желба да разберам,

што ќе биде следно на список за

рентање во Грција... Можеби некој од грчките политичари ќе

се одлучи да ја даде под наем и

сопствената куќа... Еве како

што дознав пред некое време

министерот за финансии на Грција, Евангелос Венизелос,

немал финансиски маки околу

кризата, па тој може да повлече

нога... Следна станица - Акрополот во

Атина, ќе се снима реклама за

прашок за перење... Уживајте...

Page 38: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 МЛАДИ СО СТАВ страна 38

Ана Николова

Имиџ во политиката

Често пати знаеме за една политичка личност да

пресудиме дека има став,

харизма, дека е одличен оратор

и слично, но и за друг да кажеме дека едноставно не ни

се допаѓа. Иако на прв поглед,

овие пресудувања изгледаат

како неосновани или често пати погрешни, сепак, многу

природно ги селектираме

лицата од политичката сцена со

кои може да се идентификуваме

и кои ни се допаѓаат и оние кои не ни се допаѓаат. Пред сé,

колку и да изгледаат

неосновани ваквите

размислувања- ние ниту го познаваме човекот лично, но

сепак не ни се допаѓа, мора да

сфатиме и ние и оние кои

„настапуваат“ на политичката сцена дека тие се предмет на

ваквите размислувања, со

првото појавување на истата.

Зошто некои политички личности ни се допаѓаат, а

некои не? Еден збор, во голема

мера може да го објасни овој

феномен- ИМИЏОТ на

политичката личност. Прво, имиџот кој го

промовираат овие личности, а

особено политичките водачи-

лидери на политички партии и претседатели- е првото нешто

што го забележуваме кај истите.

Ние сме визуелни суштества, па

според тоа изгледот, говорот, одот дури и држењето на

телото, на прв поглед може да

ни се допадне или не.

Второ- не се работи само за

визуелен имиџ, туку нештата и

начинот на кој ги зборуваат. За сето ова секако, се грижи цела

една наука наречена политички

маркетинг. Верувајте, во САД

ова е една од поразвиените гранки на истражување и

работа- од насоки на високо

образовните институции до

потребата на секоја политичка личност зад себе да поседува

тим, кој ќе му помага во

градењето на неговиот имиџ.

Но, работите не застануваат

тука. Во САД, се работи за цела

една машинарија која е

задолжена за истражување на јавното мислење во однос на

тоа какви и кои политичари

најмногу им се допаѓаат, што е

тоа што им се допаѓа кај нив, колку посветуваат внимание на

она што тие го зборуваат

наспроти она како изгледаат и

слично. На пример- едно истражување во САД вели дека

луѓето многу повеќе реагираат и

им веруваат на политичарите

кои имаат длабок глас, отколку

на оние кои имаат потенок глас. Примеров демострира колку

длабоко во човековата

психологија навлегле

Page 39: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 МЛАДИ СО СТАВ страна 39

истажувањата со цел да се

добие слика за „идеалниот

политичар/водач“. Кај нас, сé попоуларни

стануваат овие професионалци,

кои се занимаваат со темата

имиџ на еден менаџер, иако секако ни приближно не е

ситуацијата како во САД.

Исто така, често пати се вели

дека еден политичар има харизма, а друг не. Како

харизмата влијае врз имиџот на

политичката личност?

Харизмата е способност на една личност да добие привлечност

од поголема група на луѓе т.е.

да биде омилен кај поголема

група на луѓе и способност да

придобие поголем број на следбеници и приврзаници.

Често како најголеми примери

на харизматични водачи во

историјата се наведуваат Сталин и Хитлер, меѓутоа овие

примери се одликуваат не само

со харизма, туку и со

мистичност.

Во однос на харизмата, може да се дискутира на тема, дали

некои луѓе се раѓаат со оваа

способност или истата може да

се научи? Ако го следиме

случајот со САД, тогаш

дефинитивно одговорот ќе биде дека харизмата може да се

научи. Голем број на јавни

личности, особено

претседателите на САД, успеале гласачите да ги предомислат во

нивна корист, иако во прв план

не им биле наклонети, токму

поради сведувањето на имиџот на еден политичар на производ

кој треба да се продаде. Во

секој случај она кон што се

стремат овие тимови, кои што работат на имиџот на

политичарот, е да создадат

способност, т.е. слика за

способност дека иститот може

да промовира висок степен на идентификација со масата, да

промовира имиџ на доверба, да

создава ентузијазам и да го

зголемува оптимизмот кај гласачите, да ја зголемува

емоционалноста на истите, да го

поттикнува респектот за себе.

Кај нас, имиџот кој го гради еден политичар, секако зависи

од нештата на кои најмногу

„реагираат“ граѓаните. Бидејки

се чини дека долго време,

власта низ годините се доживувала како мистично

нешто, нешто што е надвор од

општеството и постои како

посебно тело до кое не секој има пристап, а политичарите и

лидерите се доживувале како

„натприродни“ суштества или

барем во голема мера недопирливи, сега трендот на

„политичар близок до народот“

е во пол ек. Граѓаните

позитивно реагираат на личностите од политиката кога

истите ќе ги доживеат како

Page 40: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 МЛАДИ СО СТАВ страна 40

обични луѓе со кои може да се

идентификуваат, отколку како

луѓе на кои треба да им се препишуваат „боженствени

одлики“. Трендот кој е

моментално присутен е резултат

на искуството во минатото со личностите од оваа сфера. Но,

овој тренд може да се разликува

од земја во земја и уште повеќе,

често пати нагло да се менува.

Во секој случај генерално

граѓаните реагираат на способноста да политичарот на

им оддаде слика на личност во

која може да веруваат, личност

со високи морални вредности,

интелигентен, амбициозен, човек кој ги почитува туѓите

ставови, и поседува

флексибилност да се

приспособи на ситуација од момент во момент- особено кога

ситуацијата е со негативна

конотација.

Имиџот на политичарот, не е нешто што се гради преку ноќ.

Уште повеќе, многу потешко се

гради, отколку што се

уништува. Токму поради тоа

лицата позади завесата на политичката сцена, имаат голем

предизвик да изградат имиџ, кој

ќе биде соодветен на

околностите, но и доволно стабилен да го издржи

предизвикот на времето.

Page 41: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 41

Специјално од Лондон: Јасмина Спиркоски

Mилениумско тркало – London Eye

Лондонското око (London Eye) кај луѓето надвор од Лондон

предизвикува големи емоции,

додека пак за лондончаните

тоа е само едно железно тркало кое доминира на

јужниот брег на реката Темза.

За туристите Лондонското око

е нешто фасцинантно, нешто

прекрасно кое секој мора да

го посети. Оваа фасцинираност на туристите

со Лондонското око му помага

на Лондон да биде еден од

најуникатните главни градови во светот. За најголемото

панорамско тркало во Европа

се знаат многу малку работи,

затоа ние овде ќе споделиме

некои интересни факти за Лондонското око, кое што е

најпопуларната туристичка

атракција во Англија.

Оваа гигантска конструкција беше зачната и реализирана

од архитектите Јулија Барфил

и Давид Маркс.

Конструкцијата на комплексна

и голема структура ги инволвираше секциите од

Лондонското око да бидат

пренесувани по реката Темза

на бродови и истите тие секции подоцна полека да

бидат кревани од серија на

кранови. Лондонското око

свечено беше отворено од тогашниот премиер Тони Блер

на пречекот на новата 2000-та

година. Негови тогашни

финансиери беа Бритиш

Еирвејс и Таузант Груп.

Бидејќи Окото беше пуштено во употреба на почетокот на

новиот милениум, тоа беше

оригинално наречено

Милениумско тркало. Од тогаш

до сега, Окото веќе сменило 3 различни имиња. До 2008

година беше нарекувано

Бритиш Еирвејс Лондон Ај, но

откако Мерилин Ентертејментс ја презеде сопственоста и

контролата на Лондонското

око во 2008 година беше

познато како Мерлин

Page 42: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 42

Ентертејментс Лондон Ај.

Во 2011 година по договорот

склучен помеѓу Мерлин Ентертејментс и ЕДФ Енерџи

за сума од 8 милиони фунти

монументалната железна

структура по трет пат го менува своето име во ЕДФ

Енерџи Лондон АЈ.

1700 тони од челик се

составен дел на Лондонското око, кое ротира на висина од

135 метри со брзина од 26 см

во секунда.

На окото има 32 кабини во

облик на јајце кои што се 8

метри долги со тежина од 10 тони и капацитет од 25 луѓе.

Потребни се 30 минути за една

цела ротација на тркалото.

Секоја од тие 32 кабини

претставува една од 32 – те општини во Лондон.

Во изработката на

Лондонското око учествуваа

компании од шест европски држави: челикот и

електронските уреди беа

набавени од данска

компанија, челикот беше обликуван во Холандија,

челичните кабли доаѓаат од

Италија, лагерите се по

потекло од Германија и Чешка,

кабините се направени од Пома во Франција, а стаклото

за истите е по потекло од

Италија.

Вредноста на целиот овој проект изнесува 70 милиони

фунти.

Во просек Лондонското око е

посетено од повеќе посетители годишно во споредба со

најзначајните историски чуда,

на пример Пирамидите во

Египет. Лондонското око не е првото

панорамско тркало во Лондон.

Пред него било „Големото

Тркало“ кое што било

изградено во Лондон во 1895 година со висина од 94 метри,

изградено од австралиските

инжинери Адам Гаделин и

Гаред Ватсон. Тоа било употребувано до 1906 година.

И дотогаш имало пренесено

повеќе од 2 милиони патници.

Ова тркало било демолирано во 1907 година.

Во книга посветена на изградбата на Лондонското

око, Сир Ричард Роџерс

Page 43: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 43

добитник на наградата за

ахитектура Притзкер во 2007

напишал: „Окото направи за Лондон тоа што Ајфеловата

Кула направи за Париз, а тоа е

да стане симбол и да им

дозволи на луѓето да се искачат над градот и да фрлат

поглед надолу кон него, и тоа

не само за богатите луѓе, туку

за секој. Неговата убавина лежи во тоа што е јавно и

пристапно за секого и што се

наоѓа на многу добра положба

во срцето на Лондон.“

Page 44: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 АРТВИЗОР страна 44

Од перото на Владимир Неделковски

FRIGHT NIGHT (2011)

улоги: Anton Yelchin, Colin Farrell, Imogen Poots режија: Craig Gillespie сценарио: Marti Noxon продуцент: Michael De Luca

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Хорор од соседството Александар Македонски… СЕ

ПОВАМПИРИЛ! Шала. Колин

Фарел, типот што го глумеше Аце Наш, во истоимениот кино-шит на

Оливер Стоун, се враќа во улога

на негативец. И ТОА НЕГАТИВЕЦ

СО ТАПИЈА: Комшија-вампир! И

не станува збор за лигуш вампир од типот на вампирите од онаа

лигава тин-хорор-романса,

Twilight, ами за крвожеден

сериски убиец и силувач, кој дури ни најглупата,

најразвратна, спонзороруша, не

би го сметала за привлечен или

шармантен.

Во предградието на Лас Вегас, се

случува серија од мистериозни

исчезнувања. Луѓе од различни

возрасти и професии, едноставно ги снемува без трага. Дури и

цели семејства. Едно од

исчезнатите семејства е тоа на

Адам, другарот од соседството на

Чарли Брустер и Ед Томпсон, двајца обични средношколци.

Она што ги поврзува тројцата,

Адам, Чарли и Ед е, другарството

од детството, поради што, Ед е сериозно загрижен за

исчезнатиот другар Адам.

Од друга страна, Чарли ја

надминал, како што тој ја нарекува, таа детска фаза на

другарување и единствена негова

грижа во моментот е да се

покаже „кул“ пред популарните

деца од неговото школо, во кои спаѓа и неговата нова (и

преубава) девојка, Ејми. Така, кога Ед, кој е сé само сакан во

школото, го замолува Чарли да му помогне да собере докази

против нивниот нов комшија, под

ингеренции дека тој е вампир-

крволочен мострум, Чарли, без

ронка двојба, му вели на неговиот некогашен другар, сам

да прави што му се сака, па дури

тоа да значело и сам да се фати

во коштец со „силите на мракот“. Чарли е премногу зафатен со

планирањето на матурска вечер

со неговата Ејми и нема време и

волја да се занимава со некакви

Page 45: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 АРТВИЗОР страна 45

си комшии и вампири и исчезнати

бивши другари и слични

глупоштини (значи, ова со „човечкава хуманост и

загриженост“ како да е

преземено директно од скопското

секојдневие). Кутриот Ед, собира храброст и сосем сам се впушта

во опасна акција; начекува

момент кога соседот Џери,

вампирот, не е дома, и вооружен со торба полна антивампирски

оружја, тргнува во поход. Но, Ед

е пресретнат од еден од

школските силеџии и каков што е „сакан“ во школото, јаде ќотек и

бега сакајќи да спаси жива глава.

Несвесно се стрчнува право во

дворот на неговиот вистински

непријател, вампирот и завршува како негов плен. Утредента,

Чарли, „кул-фраерот“,

забележува дека неговиот

другар, Ед не е на школо и подоцна, кога се враќа дома, се

соочува со необичното

однесување на соседот, Џери, кој

се обидува да дознае дали Ед, му кажал на Чарли за неговата

тајна. Чарли, набргу сфаќа дека

го изгубил најдобриот другар што

некогаш го имал и тоа поради

својата надменост. Во домот на Ед, пронаоѓа докази дека соседот

Џери, не е само убиец, туку и

вистинско чудовиште-крвопиец

од легендите… Чарли започнува да кова план како да го

разоткрие вампирот и да го

одмазди својот екс-другар.

Па, дека е прича... ПРИЧА Е! Ретко кој хорор денес има добра,

уверлива и добро раскажана

приказна.

Не е овде само крв и црева, туку

има и содржина (вистинска

реткост). Дури и пораката за распаѓањето на детските

другарства е одлично пренесена.

И морам да го споменам „Ацо“

т.е. Колин Фарел, кој улогата на вампир во модерно време, ја

кренал на ново ниво. Всушност,

сите ликови се верно толкувани

од актерите, што само го покажува добриот кастинг на

улоги. Да го споменам и

режисерот кој не дозволил да се

претвори овој филм во уште едно шаблонско клише. Е, сега уште

да додадам и еден факт, зошто

му дадов оцена подолу, на овој,

инаку одличен, филм: Ова е…

РИМЕЈК. Точка! Пак Холивуд краде, еееееех…

Ок. Настрана Холивуд и све. Не

можам, а да не го поврзам

филмов, со моево секојдневие;

На што точно мислам? На Комшиите. Луѓето кои се

присутни секој ден, секое време

од денот (и ноќта), во нашиот

живот. Во филмот имаме работа

Page 46: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 АРТВИЗОР страна 46

со сосед вампир, а во реалноста,

кај нас, во непрежалена РМ, како

стојат интерсоседските односи? Што мислите, како е во држава

опкружена со добронамерни

соседни држави; едни сакаат да

нé преименуваат, други кажуваат дека им ги крадеме историјата и

јазикот, трети „че ни го пукаат“,

а четврти ќе ги поддржуваат

воено, третите… И сеа, во ваква „братство и единство“ атмосфера,

шо мислите како се однесува

обичниот народ? Одговорот е: во

склад со народната „на комшијата да му цркни козата“.

Значи, јас лично, како обичен

буљаш, доктор по звање, кој

живее во зграда во пристојна

населба (Аеродром), сум сведок, на таква комшомраза, каква што

се споменува во Црна Хроника во

вести, кога се спомињаат држави

комшии-смртни непријатели како на пр. Ирак и Иран; Од каде да

почнам..?

Од децата. Дечурланата у мое

маало е толку размазена и „фино воспитана“ што нема лифт кој не

е намочан, нема поштенско

сандаче кое не е испокршено,

нема минато Нова Година, а цела

зграда и особено дворовите да не бидат „заснежени“ од испукани

петарди. После, младината одн.

Адолесцентите. Па, ако сте чуле

за Аеродром или салата МЗТ сигурно сте чуле и за т.н. Фамили

Аеродром. Ако си дечко од

Аеродром и не си во таа банда,

како да не постоиш. А, која е таа банда, ќе дознаете ако ги

разгледате ѕидовите на зградите,

каде се потпишале „децата“, дали

со спреј дали со искршени

влезни врати, сијалици во

влезовите, прозорци на омразените непријатели и слични

деликвенции. После, доаѓаат

родителите. Според мене,

најлошите, бидејќи тие се главните основоположници на

омразата, бидејќи тие нели, ги

учат децата, да бидат завидливи,

недоверливи, себични и егоистични, да го ценат само

материјалното (своето) добро, да

гледаат во секој случаен минувач

потенцијален манијак или педофил или непријател

воопшто. Тоа се истите чесни

граѓани кои веднаш скокаат во

физичка пресметка во одбрана на

честа и правдата за нивните деца, занемарувајќи сè друго,

понајвеќе и самата причина за

тепачката. Тоа се истите оние

родители кои сметаат дека нивните деца се

најобесправените ученици во

школо, иако ни самите не знаат

дали децата им одат, воопшто, на школо. Што уште да кажам кога

оваа приказна нема крај..?

Комшии што се мрзат зашо едни се за ВМРО, други за СДСМ, трети

Page 47: магазин Револуција бр.60

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 60 АРТВИЗОР страна 47

за ДУИ итн. Комшии кои си ги

бушат гумите на велосипедите и

скутерите, едни на други, бидејќи не биле „прописно

паркирани“ (лично искуство).

Комшии, од иста зграда, кои се

оговараат едни со други со трети, кој колку и како проневерил

пари, чија жена со кого и колку

пати, чии деца ги привела МВР и

зошто… Причава иде и иде и иде

у бескрааааааааааај! Затоа, само да прашам: Кога вие,

читателите, сте направиле нешто

добро за вашите соседи? Сетете

се, а дотогаш... Се читаме!

Конечна оценка: 8,5/10

Page 48: магазин Револуција бр.60

Револуција магазин број 60 21 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА страна 48