46

Револуција магазин бр,74

Embed Size (px)

DESCRIPTION

revolucija magazin br.74, politika, ekonomija, kulturarevolucija magazin br.74, politika, ekonomija, kultrevolucija magazin br.74, politika, ekonomijas, kulturaura

Citation preview

REVOLUCIJAMAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA28 April 2012

2

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

28 April 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЕлена Николовска, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ:Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова, Леонора Ташкоска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Nedelna panorama ........................................................................................................................................... 05

Otu|uvaweto na moderniot ~ovek .................................................................................................................. 11

Uspe{en recept za neuspe{en so`ivot .......................................................................................................... 16

Mediumite se sekoga{ vo pravo ................................................................................................................... 20

Vo grevot le`i zajakot .................................................................................................................................... 23

Dali arapskite ma`i gi mrazat `enite? .................................................................................................... 27

Marketingot ne e samo TV-reklama .............................................................................................................. 31

Mladite ni ja nosat (r)evolucijata ............................................................................................................. 35

I starosta e ubava ............................................................................................................................................ 38

Kavkaz - lelek koj ne stivnuva ....................................................................................................................... 39

Sodr`ina

REVOLUCIJAMAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA28 April 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Автор:Влатко Неделковски

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

5

Чекаме имиња и ликови, а не шпекулации

На полицијата и е познат ДНК профилот на убијците кои го извршија петкратното убиство кај Железарското езеро, но се уште нема осомничени.

Според експертите доколку ДНК профилот добиен од доказите не се совпадне оној од пронајдениот автомобил, тогаш ќе биде потребна помош од странски датотеки.

Со автоматско оружје на Железарско Езеро кај скопско Смилковци брутално беа убиени момчињата Кире Тричковски, Цветанчо Ацевски, Александар Наќевски и Филип Славковски – Френки од скопската населба Радишани, како и четириесет и петгодишниот Борче Стефковски од скопското село Црешево.

Информациите се дека момчињата биле пронајдени мртви еден до друг, а рибарот од Црешево бил пронајден мртов на неколку десетици метри од телата на момчињата.

Полицијата го пронајде возилото кое го користеле сторителите на грозоморниот чин, а познато е дека било увезено од странство, па му биле монтирани таблички од стар расклопен „Мерцедес“.

Елвир Мекиќ снимал спот на Железарското езеро пред

убиствотоСамо два часа пред грозоморното убиство во кое петмина скопјани беа брутално ликвидирани кај Смиљковското езеро, се снимил музички спот. Спотот бил на Елвир Мекиќ. На еден од автомобилите кои се користеле во спотот била закачена камера која снимала додека автомобилот бил во движење.

Снимањето наводно завршило околу 18 часот, околу два часа пред да се случи убиството.

Мекиќ не е сигурен дали има некаков материјал кој ќе и помогне на полицијата околу истрагата. Вели дека можеби нешто случајно фатиле, иако најчесто имале крупни кадри на девојките и на автомобилот.

- Додека го читате ова веројатно полицијата веќе ги прегледува снимките. Можеби нешто случајно сме фатиле. Не знам... Уф, уште ме лазат морници од помислата. Катастрофа! Во лош момент - коментираше Меќик во интервју за магазинот Свет.

А за спотов никој ништо не знае 10 дена. Како и да е, Меќик доби внимание од јавноста, и бесплатна промоција де...

Автор:Влатко Неделковски

REVOLUCIJAMAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

6

ЕУ е приоритет, насилство има секаде

Петкратното убиство кај Смиљковци не смее да го попречи приближувањето на Македонија кон ЕУ, смета известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит. Тој побара убијците да бидат пронајдени и соодветно казнети според правото, без разлика на нивниот идентитет или етничка припадност.

Британскиот европратеник во изјава за Дојче веле изјави дека овој трагичен инцидент, во вакви околности, може да има дестабилизирачко влијание и да доведе до ново насилство. Но,според него, важно е политичарите и силите на редот да ја одиграат нивната улога. Посебно нагласува дека вакви видови насилство не се случуваат само во Македонија, туку и во другите европски земји.

Е да, во Светот е бетер. Арно ама господинот Ховит заборава дека ние сме Македонија, сме навикнале да гледаме партиски драми, но не и грозоморни чинови на насилство.

НАТО да ја поправи неправдата

- Време е НАТО да ја поправи својата неправедна одлука од Букурешт и Македонија да стане дел од алијансата, рече Сали Пеинтер, оперативен директор на фондацијата „Блу стар стратеџик“ во Вашингтон, во интервју за програмата

„Порта“ на МТВ.

Според неа, Македонија ги исполнила критериумите за членство и нејзиното одбивање претставува опасен преседан и поттик за држење на процесот на проширување на НАТО како заложник на билатералните спорови.

„Не треба да чекаме да се случи чудо. Јас сигурно не сум личност, која што ќе ви каже дали ќе се случи чудо во Чикаго или не, но секогаш се надевам на најдоброто за Македонија, особено по ова прашање. Поминаа четири години од Букурешт и НАТО самитот во Чикаго не треба да биде крајна точка или единствена можност за Македонија да влезе во НАТО. Вратите на НАТО остануваат отворени за вашата земја и јас се надевам дека ќе ја видам Македонија како и сите останати земји од регионот што поскоро како членки на Алијансата.“

Таа потсети дека е јасно оти сите членки на НАТО вклучувајќи ја и Грција се согласни дека Македонија ги исполни сите критериуми за зачленување во Алијансата, но оти останува спорот за името.

Со сличен став и републиканските конгресмени Гус Билиракис од Флорида

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

7

и Каролин Мелони од Њујорк, кои преку резолуција побараа САД да се држи до претходно донесените одлуки на НАТО и да се согласи на прием на Македонија по надминувањето на грчко-македонскиот спор за името.

- Како член на Комитетот за надворешна политика на Конгресот и на Парламентарното Собрание на НАТО, од прва рака можам да ви кажам дека ова е важно прашање. Соединетите Држави, како членка на НАТО, треба да го разгледуваат проширувањето кохезивно и во рамки на алијансата – рече Билиракис, пренесе Greek Reporter.

Е ајде де. И ние мислиме дека ги исполнуваме сите критериуми, ама има еден напишан со ситни букви – име по мерка на Грција. За среќа, Македонија е сиромашна земја, па сè уште не може да си дозволи производство на диоптри кои ќе ги покажуваат нештата невидливи за голо око...

Избегната тепачка во Собрание

За влакно беше избегната нова пратеничка тепачка на седница на Комисијата за политички систем на која се дебатираше за Предлог-законот за лустрација во Собранието. Брзата реакција на останатите пратеници спречи Џеват Адеми од владината ДУИ и Имер Алиу од опозициската ДПА да се фатат за врат. Тие имале жестока расправија на која меѓусебно се нарекувале мајмуни и кодоши.

Адеми говорејќи пред членовите на Комисијата рекол дека најголем дел од политичките затвореници во фазата на испитување пред истражните органи биле принудени да потпишуваат изјави дека ќе бидат соработници на тајните служби. Оваа изјава на Адеми го налути Имер Алиу кој рече „Според ова што го кажавте излегува дека сите Албанци политички затвореници биле кодоши!“.

Тогаш избувнал вербален дуел со размена на навреди од најниско ниво меѓу пратениците, па излегоа од салата за недоразбирањата да ги решат со тупаници. Сепак останатите пратеници не дозволиле да избие поголем инцидент и да настане уште една скандалозна тепачка во Собранието.

Не чудете се, почнаа жештините... И на животните во зоолошка почнаа да им вријат хормоните...

Владејачкиот „бран“Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во саботата ги потврди смените на околу 150 функционери назначени од партијата и најави дополнителен мониторинг до есен на работењето на уште 40 до 50 функционери.

Испразнетите места ќе бидат пополнети преку конкурси, а премиерот ги повика сите заинтересирани да се јават на нив.

Појаснувајќи ја оваа новина во владејачката партија, тој посочи дека пред неколку месеци била донесена одлуката да се направи истражување за да се види како работат некои од функционерите.

- Тоа се луѓе од вториот и од третиот ешалон кои поретко ги гледаме и често пати слушаме од граѓаните добри или не многу добри коментари. Оценивме да направиме едно детално истражување за секој којшто е поставен на функција, а е предложен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали е член на партијата или не е член. Истражувањата покажаа дека на некои места се потребни освежувања и нови луѓе. Постојните да одморат малку. Се чувствува дека некои

REVOLUCIJAMAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

8

од нив се заморени, а некои од нив се малку одалечени од граѓаните - изјави Премиерот.

Ова, според премиерот, ќе биде добра можност да им се даде шанса на свежи луѓе, кои ќе се пријават на конкурсите. За огласените места ќе бидат избрани најспособните, независно дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ или не.

- Ги повикувам сите граѓани на Македонија кои се чуствуваат компетентни, стручни, образование за одредени позиции кои ќе бидат слободни да се јават на конкурсите, независно дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ или не. Ние сакаме да ги прибереме најдобрите кадри на важните позиции за граѓаните на Република Македонија. Ако еден кадар успешно ја изразува својата функција, а не е член на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде во корист на целата држава, автоматски ќе биде и во корист и на ВМРО-ДПМНЕ – си додаде Премиерот.

Да видиш – да не веруваш! Ќе се вработуваат и непартиски кадри?! Даските во рака и да го јавнеме бранот на Груевски! Мислам кој нејќе работа, нели... Ако не стигнете до работа, барем нема да ви фали даска!

Скапите врби на ВардарНајголемата опозициска партија на прес-конференција го изрази својот револт поради поставувањето врби во коритото на реката Вардар, во време кога се крати буџетот за некои витални потреби.

„Тажно е што Владата во момент кога се задолжува со нови 250 милиони евра, поставува три жални врби платени 250.000 евра. Ова е уште еден непродуктивен буџетски трошок во услови кога во престојниот ребаланс се скратуваат средства онаму каде што се најпотребни.

Додека се поставуваат жални врби на Вардар, директорката на фондот за здравство жално ни соопштува дека кратењето на нејзиниот буџет само ќе ги одложело исплатите, а кратењето на

боледувањата граѓаните немало да го почуствуваат.

Жално, нема што! Овие три жални врби сведочат за недомаќинско трошење на буџетските пари“, порача Јани Макрадули.

Следниот ден Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, насади врби пред седиштето на владејачката партија. Тој истакна дека тажните врби во Вардар ќе сведочат како расипнички се расфрла буџетот со непродуктивни расходи, додека со ребалансот се кратат буџетите на образование и здравство, а државата не задолжува со нови 250 милиони евра.

Тој рече: „Денес сакаме да им ги оставиме на нашите колеги овие три врби од 250 денари, како одговор на врбите кои власта ги постави во Вардар од 250.000 евра. Овие три врби кои денес ги оставаме пред „жолтата куќа“, нека ги потсетуваат Ставревски и Груевски секојпат кога ќе одат во своето седиште, дека за нив се потрошени 250 денари, за разлика од нивните врби за кои потрошиле 250.000 евра. Иако навидум делува смешно, сепак жалните врби во Вардар се повеќе тажен, отколку смешен настан.“

И да не продолжуваме со реакциите...

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

9

Ние немаме ништо против врбите и природата, колку повеќе – толку подобро. Меѓутоа, не ни е јасно како ли само врбиве ќе се вклопат во Барокниот стил?..

Буџетот мора да се полниКазни од по 500 евра добиле родители од земјава кои не ги вакцинирале своите девојчиња со ХПВ-вакцината. Според информациите на медицинските работници, од младата женска популација кај нас вакцината ја примиле само 56 отсто од девојчињата.

Како што беше истакнато на одбележувањето на Европската недела на имунизација, во Градскиот парк во Скопје, родителите стравуваат од негативни ефекти од вакцината.

Од Комисијата за заразни болести информират дека ХПВ вакцината е сигурна. Од 20.000 девојчиња кои досега биле вакцинирани, немало никакви несакани ефекти. Околу 200 родители кои не ги вакцинирале ќерките биле казнети со по 500 евра.

Вакцината, по дефиниција, треба да заштитува од нешто и главна цел е што пошироко да биде применета помеѓу целната група. Во случајов, кога недовербата е причината за неуспех, воведувањето на нереално високи казни ама нималку нема да го донесе

посакуваниот ефект. Родителите ќе искинат нерви, ќе ги дадат семејните заштеди, но девојчињата пак ќе останат невакцинирани.

Здравјето ни е пред сè друго, и истото не смее да биде злоупотребено за полнење на буџетот. Затоа, наместо слепо пишување казни, потребно е труд и пари за една едукативна кампања, па со доволно информации родителите сами да ја донесат својата одлука. Без разлика дали ќе биде позитивна или негативна, истата е полноважна. Живееме во демократија, зар не?

Кражба на 30 крстови во струшко

Од православните гробишта во струшкото село Лабуништа доцна во саботата на 21 април осквернавени беа триесеттина крстови. Од СВР Охрид информираа дека непознати сторители ги извадиле дрвените крстови од гробните места и ги донеле пред црквата „Св. Никола“ и таму ги искршиле.

Полициски службеници веднаш излегле на лице место, и се трага по сторители на овој грозоморен чин.

Во истото село, на почетокот од оваа година засега непознати сторители запалија дел од црквата „Свети Никола“ и опожарија дел од помошните простории на црквата, каде како резултат на брзата интервенција на пожарната од Струга беше спречено огнот да го зафати целиот верски објект.

Инаку, Лабубишта е село со мешано население, каде најголем дел од населението е од муслиманска вероисповест. За Лабуништа отсекогаш важел одличниот соживот меѓу жителите, додека на инциденти слични на овие мештаните не се сеќаваат.

Без коментар!

Градоначалник прегази кумановец и кидна

Триесет и едногодишен кумановец, враќајки се од работа, во саботата бил

REVOLUCIJAMAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

10

прегазен од службениот автомобил на градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, кој веднаш избегал, информираа од МВР. Пешакот поминал со скршеница на главата и сериски фрактури на градниот кош.

- Околу три часот по полноќ, пријавениот со Шкода Октавиа се движел по улицата „Драган Стопаревиќ“ во насока од центарот кон периферија на градот и пред куќен број 40 со возилото удрил во 31 – годишен пешак од Куманово при што не застанал и не му укажал помош на повредениот, туку веднаш избегал од лице место - рече Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.

Дури по час и половина повредениот го пронашол случаен минувач, повикал итна помош, а потоа и полиција. Поради сериозноста на повредите, мажот е префрлен на скопските клиники. Кумановските полициски службеници провериле повеќе од 100 возила од таа марка. Возилото било пронајдено и несовесниот возач приведен во СВР Куманово.

По неколкучасовен распит пред истражен судија во кумановскиот суд, градоначалникот бил пуштен да се брани од слобода. Привремено му бил одземен пасошот како гаранција дека нема да побегне од државава.

Во полициската станица, педесет и

едногодишниот Јовановиќ тврдел дека не се сеќава на ништо од претходната вечер. Тој со службениот автомобил во саботата околу 3 часот враќајќи се од забава удрил во триесет и едногодишен бурекџија, кој во тој момент се враќал од работа.

Па човекот само бил пијан де. Пффф, големо чудо... Не е тој виновен што со функцијата не му се доделува и личен шофер 24/7.

Ја чистевме Македонија од отпад

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми и амбасадорот на САД, Пол Волерс на 21 април беа на прошетка и собирање отпадоци на Водно, во рамки на активностите по повод Денот на планетата Земја 2012.

Настанот го организираше Амбасадата на САД во Скопје и Центарот за еколошка демократија Флорозон, во рамките на кампањата „Македонија без отпад 2012“. Со оваа кампања Република Македонија се вклучува во светската акција за чистење на отпадот - Let’s do it! World 2012, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент.

Напред, само некако тешко да се зачисти тој отпадот, многу го има, буквално и фигуративно.

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

„Homo sum, humani nihil a me alienum puto“ („Човек сум и ништо човечко не ми е туѓо“)- рече еднаш Теренциј. Но, проблемот се јавува кога ќе се обидете да дефинирате сé што влегува под поимот „човечко“. Дали под дефиниција влегува чувството на осаменост, дистанцираност, безвредност, безмоќност, отуѓеност од останатите, но и од самите себе? Дали тука се вклучува гневот и револтот кон сите останати (небаре сите се виновни за нашите проблеми)? Денешниот човек би одговорил со ДА. Концепт на отуѓеностДенеска поседуваме многу повеќе работи од нашите родители, баби, дедовци. Развитокот на општествениот и технолошки напредок со цел да се олесни нашиот живот, напротив само ги искомплицира работите. Никогаш не сме имале повеќе работи, а никогаш не сме се чувствувале посиромашни. Социолозите и психолозите велат -

денешниот човек е отуѓен!

Филозофот Хегел бил оној кој прв го вовел концептот на отуѓување во модерниот свет. Историјата на човештвото, според Хегел, е историја на човековото отуѓување: човекот е слеп на својата вистинска суштина, тој е изгубен во мртов свет на општествени институции и во сопственоста, која самиот ја создал. Предметите загосподарија со нас - кој колку има го поистоветуваме со кој колку вреди.

Овој концепт првично е применет врз работникот - концепт кој и денес можеме да го примениме, бидејќи токму сиромаштијата и бедните услови за работа со победнатa плата, се главната причина за неспокојот на современиот човек во оваа наша држава.

Работничкото отуѓување е неизбежно, тврди Хегел, со развојот на поделбата

Otu|uvaweto na moderniot ~ovek

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.74

на трудот, специјализацијата, размената и приватната сопственост. Работникот мора да ги продава своите услуги; на тој начин почнува да се доживува себеси како „стока”, тој станува отуѓен од производот на својот труд и неговата работа не е повеќе израз на неговата моќ, на неговото внатрешно его. Работникот е жив, но е воден од она што е мртво (капиталот, машинеријата, парите). Последицата е духовно осиромашување и осакатување: работникот е отуѓен од себе си, од природата и од своите сограѓани; тој постои само како објект, не и како човечко битие.

Ако на сето ова ја додадеме и сиромаштијата и невработеноста (која зема сé поголем замав денеска), добиваме концепт на подлабока криза на алиенацијата, односно отуѓувањето. Твоите услуги не се потребни, твојот труд е безвреден, што значи дека и ти си безвреден. Со тоа чувство ја губиш почитта кон себе си, а и кон сите други! Немоќноста да ја преземеш контролата врз својот живот, гневот и револтот кон себе го рефлектираш надвор, кон Другиот, кој заслужено или не ќе го добие епитетот на „виновник“ и кој ќе стане целта за исфрлање на твоите фрустрации.

Парите господаратРеалноста ни кажува дека парите имаат својство сé да купат, а со тоа да ги присвојуваат сите предмети, како што велеше Маркс, се предмет во највисока смисла. Универзалноста на тоа нивно својство е семоќност на нивната сушност; затоа тие се сметаат за семоќни. Парите се мост меѓу потребата и предметот, меѓу животот и средствата за животот на човекот.

Во денешниот свет постои изопачена перцепција дека парите се вистинската вредност во животот. Тие се врската со општествениот живот, а со тоа и со останатите луѓе. Парите се сила која има својство да гради, но и да руши. Сите оние кои ја немаат таа моќ, која доаѓа со парите, зависат од оние кои ја поседуваат, стануваат нивни робови, во симболичка смисла.

А, токму општеството и државата се поредоци дефинирани со парите и класата, што значи тие се двигателите на целокупниот општествен живот. Според Маркс, државата е орган на класното

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

владеење, орган за угнетување на една класа од друга; таа е создавање на „поредок” кој го озаконува и го зацврстува тоа угнетување, ублажувајќи го конфликтот на класите.

Енгелс, пак, го развива поимот за онаа „сила” што се вика држава, сила што е произлезена од општеството, но што се поставува над него и сé повеќе и повеќе се отуѓува од него.

Во двете дефиниции никаде не се споменува човекот. Истиот, се губи во лавиринтот на „поредокот и нормите“. Истиот се губи во општествените процедури и правила. Како да тој постои за да ја негува државата, а не државата да постои за да ги негува неговите потреби.

Што тоа значи? Ако имаш пари блазе ти, можеш да владееш, ако немаш можеш само да молчиш, да се бунтуваш во себе. А токму тој бунт и таа немоќност да се покажеш и докажеш пред останатите, да истакнеш дека вредиш, дека си важен за државата - доведува до немир и гнев кон општеството, кон останатите, па и кон самиот себе.

Криза на идентитетотПсихолошки гледано концептот на отуѓување (алиенација), претставува идеја дека постои дефект во рационалноста и себе-одредувањето, идеја дека личноста е водена од сили кои не може да ги разбере или, пак, контролира, кои ги доживува како туѓи и наметнати, со што се чувствува отуѓена од самата себе. Нашиот живот како да е воден од некој друг. Некој друг одредува каква иднина ќе имаме, а постои огромен јазол меѓу она што го сакаме и она што го можеме. А, нашата свесност дека нашиот живот нема никогаш да биде онаков каков што сме го замислиле е жестока шлаканица за нашите стремежи и копнежи.

„Разумот, човековиот благослов, е истовремено негова клетва“- вели Ерих Фром. Како потрошувач во капиталистичкото општество, Фром осудува, човекот е подложен на понатамошно отуѓување. Тој е оптоварен со безброј производи меѓу кои треба да направи избор. Тој е вчудоневиден и „brain-washed” од купот реклами, постојано мамејќи го да купи нешто.

Уште повеќе, тој е „условен” да конзумира само за конзумирањето - да копнее за секогаш повисок стандард на живеење – само за да го одржува системот во движење. Но, копнежот никогаш нема да се реализира, а човекот е свесен за тоа, па со тоа доаѓа и отуѓувањето.

Со автоматските машини за перење, камерите и автоматските отварачи на конзерви, човековата врска со природата станува сè подалечна и подалечна. Тој е осуден на живот во кошмарот на вештачкото општество. Сите општествени институции, сите

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.74

култури, сите религии, сите филозофии, целиот прогрес, нé уверува Фром, е мотивиран од човековата потреба да се избегне застрашувачкото чувство на беспомошност и осаменост, за што неговиот разум е главниот виновник. За човекот, опстанокот е проблем кој мора да го реши -преку вработување на својата интелегенција или физичка способност. Вистина е дека никој не живее доволно долго за да го искористи сиот свој потенцијал и сите свои замисли. Вистина е дека секој човек е сам, одвоен, посебен. Овие се факти кои му придаваат достоинство на човековата егзистенција, но истовремено се и неговото проклетство. Да се бориш, а да знаеш дека ќе бидеш поразен.

Во денешното општество повеќе и не станува збор за отуѓувањето, туку станува збор за криза на идентитетот. Голем број луѓе не можат да се реализираат и остварат ниту на еден домен од својот живот. Зошто сум тука? Која е целата зошто постојам?- често се прашуваат денешниве луѓе.

Каков е односот на модерниот човек со неговите сограѓани? Односот претставува однос помеѓу две апстракции, две живи машини кои се употребуваат и искористуваат една со друга. Работодавачот ги користи оние кои ги вработува; продавачот ги користи своите муштерии… Не постои баш љубов или омраза во човековите односи во наше време. Повеќе постои вештачко пријателство, но под таа површина лежи одалеченост и индиферентност.

Технологијата отуѓуваОдредени психолози, пак, изјавуваат дека комплексноста на модерното индустриско општество предизвикало човекот да стане „пре-цивилизиран”, да го изгуби допирот со подлабоките корени на своето битие, да се отуѓи од својата „инстинктуална природа”. Други пак се жалат дека нашето општество со напредната технологија го принудува човекот да живее пре-интелектуално, да биде владеан од апстракции, со што го отуѓуваат од реалниот свет. Ширењето на пријателства на интернет е многу полесно и побрзо отколку во реалниот живот- тоа е факт. Секогаш можете да запознаеш нови луѓе, а и да останеш во континуиран контакт со старите познаници. Не мора да се плашиш за пристапот, за искажаниот збор, ниту, пак, за изгубеното пријателство, бидејќи имаш безброј вакви виртуелни пријатели. Зависниците често се чувствуваат отфрлени и мислат дека никој не ги разбира толку добро како онлајн пријателите или, пак, им е поинтересно да играат игри, а не да се дружат со луѓе од реалниот живот. Да бидеме искрени потребно е да се вложи поголем труд во реалното пријателство отколку во она онлајн. А, модениот човек, секогаш го

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

бара полесниот пат.

Процесот на отуѓување со помошна технологијата е видлив - луѓе кои што комуницирале, кои што се дружеле со своите роднини, пријатели, другари од малото, истата комуникација ја замениле со Facebook комуникацијата. На таков начин човекот го заменува својот реален, свет и реална заедница со виртуелна, правејќи се себе си постепено, но сигурно неспособен за заедница и водење на реален социјален живот, затворен и маскиран со превезот на маската што самиот за себе си ја искреирал.

Негативно дејство од технологија е и во феноменот на сеирџиството, односно онлајн критиките. Ретко кој јавно ќе застане и ќе го искаже својот став и револт, но онлајн тоа е друга приказна. Многумина на социјалните мрежи се поставуваат во улогата на мал Бог. Удобно сместени во фотелја, во своите топли домови со помош на тастатурата ги разгледуваат семејните фотографии на другите луѓе, често пати потсмевајќи им се или критикувајќи ги, нуркајќи по приватноста на другите луѓе. А форумите, се местото за битките на овие луѓе - тука можат да извикаат, да исплукаат, да се

ослободат за миг од тежината врз своите гради...

Ние ја градиме иднинатаМакедонската јавност (особено последниве недели) е бранувана со слики од насилство, тензии, препукувања - сето ова како последица на општественото, социјалното, но психолошко отуѓување од другите, па и од самите себе. Овие луѓе, за коишто зборувавме, не го прифаќаат фактот дека нивниот живот е нивна обврска и дека задача на нивниот разум е да го откријат начинот како да го одржат. Затоа, сите останати им се виновни за нивните несреќи!

А, кој подобро ја носи етикетата на главниот и одговорен виновник од Различниот, од Другот, од оној кој по некоја своја карактеристика (вродена или општествена) се разликува од нас...Ние ја градиме нашата иднина и никој друг не е поодговорен за неа од нас самите - колку тоа побрзо го сфатиме толку побрзо ќе можеме да ги надминеме проблемите. Пред да го промениме општеството, треба да се промениме самите себе!

Елена Павловска

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.74

Две децении од повеќепартискиот систем кој ќе донесеше демократија, една деценија од договорот кој ќе воспоставеше траен мир. Двата клучни момента во модерната македонска политика кои гарантираа дека ќе го подобрат соживотот и ќе чекорат само напред, ги изневерија своите ветувања и го изгубија достоинството за доделените функции.

Разиграни партиски лидериОсамостојувањето на Македонија со себе ја повлече модерната илузија за повеќепартиски систем. По децениското едноумие, напредокот на технологијата одлучи дека масите се веќе заситени и дека е време да се смени приказната.

Се смени сценариото, се смени сценографијата, заиграа нови актери – ама режијата остана истата.

Повеќепартискиот систем беше избран како систем кој нуди можност за избор, шанса да се каже сопственото мислење, кое нема директно да испровоцира никого и кое само по себе нема да повлече несакани лични последици. Лидерите на партиите требаше да ги имаат носечките улоги во епизодата наречена соживот. Но, магијата исчезна многу побргу од предвиденото...

Правото на избор избледнува, правото на слободен говор веќе одамна го изгуби сјајот, а искажување на мислење поинакво од тоа на партискиот лидер, останува мисловна именка.

Што се однесува пак до партиските лидери... Станаа цареви во своето мало царство. Лични интереси, личен

просперитет и доживотна пензија се нивните главни приоритети и ќе погазат сè и секој што ќе им се најде на патот.

Што прават оние кои треба да бидат главниот мотор за заедништвото? Се караат кој ќе биде поканет во вилата на Водно, а кој не. Се натпреваруваат кој повеќе го сака својот етникум, а кој посилно го мрази ДРУГИОТ! Се караат кој празник ќе го слават, кој не.

Факт е дека политичките партии се длабоко навлезени во секојдневните клетки на македонското општество. Се ближи денот кога излитени политички фаци ќе почнат да ви се смеат на секое отворање на фриждер или плакар, па дури и при кревање на тоалетната школка.

Токму овој факт им го дава правото болно лесно да влијаат на масата и т.н. симпатизери. А верувајте, ниту еден од нив не е наивен. Сите тие се доволно паметни за да си го обелат образот пред меѓународната заедница, повикувајќи на мир и заедништво, на смирување на

Uspe{en recept za neuspe{en so`ivot

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

тензии, на фер избори и на што уште не. Доволно с е паметни за пораката која ќе им ја зголеми користа ја пренесат посуптилно и „ненаметливо“.

Неприсуство на прослави кои треба да ја обединуваат државата, собраниски вербални (а и физички) напади по владејачко-опозициска линија, бојкоти без цврста основа – се најочигледните алатки кои будат јавна (читај чаршиска) дискусија. А ајде некој нека негира дека улицата е најдобрата школа!

Она што го гледаме по медиумите, ставовите кои секојдневно ги слушаме, сето она што ни дозволуваат да го перцепираме директно влијае на нас, и свесно или несвесно, голем дел од граѓаните се склони кон копирање на својата перцепција. Она што го видов, сега станува она што го правам... И одеднаш соседот со кој до вчера пиевме кафе и си се тешевме во маките, сега

станува „гадот кој не можам да го смислам“. Девојката која до вчера ја меркав, сега е „кучката на која не сакам очи да и видам“. Пред да се oсвестите, почнувате да ги редите мајките и шајките кон луѓето кои до вчера ви го чуваа грбот... Затоа што ете таков е етничкиот соживот кој го промовираат нашите политички партии...

Наметната РамкаМожеби еден од најчувствителните моменти на модерната македонска политика и историја е Рамковниот договор. По вжештувањето на главите во 2001, истиот се именуваше како неопходен и неизбежен. Она што беше напишано и потпишано требаше да ги гарантира мирот, безбедноста и стабилноста во земјата. Но, една деценија подоцна, дали се чувствувате мирни, безбедни и стабилни?!

Кај Рамковниот договор, не е толку

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.74

чувствителна содржината, колку што е начинот на кој беше донесен. Потпишан во бурни времиња, во услови кога нема бегање ниту лево ниту десно, Рамковниот договор никогаш не бил добредојден. Можеби неговите намери се најчисти и најпозитивни, но да не забораваме дека ова е Балканот и дека при нов закон, уште пред да се прочитаат сите негови членови, се бараат неговите дупки и начините „како да го зезнеш правото“.

Наметнат од меѓународната заедница, Рамката повеќе остава впечаток на стега, отколку на олеснување. Зошто? Проблемот е лесен за дефинирање, но тежок за решавање.

Имено, македонските Албанци бараат да бидат признаени како државотворен народ, бараат поделба на власта и можност за развој. Македонците пак, сметаат дека ако ја поделат власта, ќе ја изгубат државата. Упростено, тоа се главните причини поради кои напнатоста се чувствува во секоја клетка на македонското општество. Благодарение на грижливо долгообликуваните стереотипи, во речиси секој граѓанин се појавува сликата за НИЕ наспроти

ТИЕ, нашите добри, наспроти нивните лоши. Нормално, без разлика дали под НИЕ се подразбираат Македонците или Албанците, тука секогаш се сместуваат најубавите описни именки. Додека пак, ТИЕ се секогаш најлошото во општеството, ТИЕ се секогаш вишок, слаби, немоќни, прости...

Ова е конфликт кој се провлекува неколку генерации наназад. Нештата толку се испреплетени, што не се знае што е што, кој е кој. Токму тој јазол е уште позатегнат по донесувањето на Рамковниот договор. Позитивната дискриминација на етничките Албанци и особено злоупотребата на договорот од страна на политичката елита, го зајакнува револтот кај останатите етнички групи во Македонија. Од друга страна пак, неговото мавтање и каде треба и каде не, кај етничките Албанци вгризува илузија на семоќност и хронично незадоволство. Бидејќи ако можам да добијам прст, можам и цела рака, нели? Шамарот од реалноста и немоќта да се добие целата рака, го буди револтот и на оваа страна од острицата...

Кој е на потег?Да бидеме реални – живееме на тло со совршени предиспозиции за поделби (тоа ни го покажува и целата наша историјата). Кога добрата вест не е вест; кога во дневниот преглед половина час слушате само партиски прес-конференции и црна хроника; кога инвестициите растат, а џебот ти се празни; кога на 20 години единствена желба ти е да бидеш пензионер; кога сакаш да го фатиш патот кон странство, но не можеш поради неевропскиот пасош; и кога сето ова ќе го зачиниш со „мала“ беспарица и „уште помал“ револт кој се дува како жолт балон – и ете го рецептот за Македонија. И не заборавајте да го зашеќерите со народ

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

кој за ништо не се бунтува!

Заглавени во секојдневните проблеми, граѓаните се отуѓуваат едни од други и ги забораваат вистинските вредности. Разочарани дека не можат да го победат системот, наведнуваат глава и по извесно време, немо дозволуваат да бидат згмечени и извајани по нечиј калап. Ја проголтуваат гордоста и го негуваат гневот...

А политичарите кои ги држат конците се свесни дека еден ден, ова ќе пукне. Токму затоа, ја користат својата лукавост и не престануваат да режираат и нудат катализатори на тој процес. Сето тоа го сфаќаат како игра, како една долга партија шах. Да, го имаат шахот, но чиј е матот?

Славица Ѓоргиева

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.74

Можеби воопшто не е лесно да убедиш група луѓе за одредена работа, но очигледно, не е ниту посебно тешко, особено ако истата ја повторуваш повеќе пати. А пак ако сте медиум, без разлика дали пишан или електронски, замислете и те колку лесно ќе ви биде да сте наметливи и убедливи.

Свесни сме дека многумина ги прифаќаат здраво за готово информациите кои им се презентирани, а притоа не ги ставаат под знак прашалник. Тоа беше кажано на вести, а според најприсутниот став, вестите не грешат, нели?

Ако подлабоко се анализираат медиумите и нивното влијание врз публиката или општо врз нацијата, ќе видиме дека сите тие си имаат свои агенди, па сакаат да ја убедат популацијата во некоја од нив.Некогаш, пак, зборот медиум треба да го разгледаме како дел од интерперсоналната комуникација на испаќач и примач, каде медиумот е тој што ги поврзува овие две страни.

Медиумите само пренесоа дел од ставовите на експертите, а тие ВООПШТО не сугерираа на сторители.

Во дел од медиумите можете да прочитате изјави од ваков вид:

„Кога некој ќе убие смислено и немилосрдно пет лица Македонци и христијани пред најголемиот христијански празник, тој тоа не го прави случајно. Кој и да е, неговата цел е да предизвика страв, револт, омраза и да посее сомнение во можноста од меѓуетнички соживот. Дали тоа ќе му успее зависи од способноста на заедницата да реагира во такви случаи“, оценува аналитичарот Ѓорѓи Спасов.

Можеби некој сака намерно и свесно да повреди православни христијани токму пред Велигден, а можеби тоа да било ненамерен сплет на околности. И сé ќе остане само на можеби, додека полицијата не ги обелодени вистинските сторители.

Но, дали ова му доликува на некој аналитичар, да заклучува и да шпекулира, како и да обвинува на верски мотиви за овој громорозен чин?!

Со сензационалистички наслови македонските медиуми беа преплавени на темата „Петкратното убиство кај Смиљковци“. Неделниот весник „Фокус“ објави статија со наслов:„Терористички акт со политичка порака - Нарачано убиство за вовлекување на Македонија во српско-албанските завршни игри за Косово?“

Ова е типичен сензационализам, што

Mediumite se sekoga{ vo pravo

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

одговара само за жолт печат, а го објавува угледен неделник, сметајќи дека на ваков начин ќе си ја зголеми читаноста.

Социјалните мрежи како и секогаш, се дел од сите актуелни случувања во државата. Како една од водечките Фејсбук групи на оваа тема можеме да ја посочиме „20 000 Македонци против сторителите на убиството на 5-те млади момчиња“.

Дали има потреба во името на групата да се потенцира дека се бараат 20,000 Македонци? Па зарем жителите на Македонија со немакедонска националност не се против ваков громорозен чин? Секој оној кој го почитува човековиот живот не би сакал вакво нешто да се повтори. Никој не сака постојано по медиумите да слуша како згаснале четири млади животи.

Но, сепак, насловната фотографија на оваа група, вели нешто сосема друго. На нејзе е прикажан водач на навивачка група, каде на трибините на спортски натпревар го пали албанското знаме.

Ако добро паметам, Македонците на огромен бунт се кренаа кога македонското знаме неодамна беше запалено на ракометен и фудбалски натпревар во соседно Косово. Па, можеби ова е единствениот пат кога можам да тврдам дека етноцентризмот е добра работа.

Се прашувам, зошто се спуштаме на толку ниско ниво и ги поддржуваме чиновите од ваков вид? Па, нели „не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават на тебе“? Или пак ова важи само кога ни одговара?

Освен организираните групи на Фејсбук, не можеме а да го занемариме фактот дека голем број индивидуалци пишуваат коментари и ги ажурираат своите статуси во кои доминира навредлива содржина на меѓуетничка и меѓуверска база.

Во овие коментари и статуси преовладуваат зборови од типот на „Шиптари“, „племе“, „умрете сите“, „чиста Македонија“, како и многу други. Луѓето само бараат повод и причина за да генерализираат и осудат цела етничка заедница поради постапките и делата на поединци. А, во најсвежиот случај, се осуди цела етничка заедница, за која сé уште нема докази дека нејзини припадници го извршиле тоа громорозно

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.74

убиство.

Но, на крајот можеме едно да кажеме, дека тоа што го вели психологијата и навистина е точно. Човекот секогаш се обидува да помине по најлесниот пат за да си ги успокои чувствата и самиот дух, па затоа е многу полесно да го мразиш тој што е поразличен од тебе.

Забораваме дека човекот е човек. Сите исто плачеме и се смееме, за истите работи се радуваме и исти работи нé прават тажни. Исто чуствуваме и исто ги изразуваме чуствата. Кратко и јасно, сите сме исти!

Магдалена Јовановска

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Луѓето, без разлика на пол, раса или разни други дискриминаторски поделби, сакаат религија. Уште од времето на првиот човек, тој сакал да припаѓа некаде. Да биде дел од некоја група. Така се создале религиозните групи, надежта ги создала боговите.

Поради таа причина сите ние „паѓаме“ на религиозни изјави, без разлика дали е тоа во негативна смисла или позитивна. Оние позитивните нé прават среќни, горди што припаѓаме на некоја група, оние негативните истата таа гордост ја претвораат во нешто многу грдо.

Високите државници и политичари ја користат религијата за да манипулираат со народот уште од памтивек. Ова не е нов тренд, тој постои уште со првото формирање на некаква заедница. Тие ни продаваат нешто што сакаме да купиме. Силно чувство за припадност и надеж - ни продаваат политичка религија.

Да бидеме на чисто. Не е тоа така само кај нас. Политичарите од целиот свет се потпираат најмногу на религијата во сите нивни кампањи. Постои веб страна, која на пример, брои колку пати претседателот на САД, Барак Обама

Vo grevot le`i zajakot

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.74

досега го има спомнато името на Бога, или „Во Бога веруваме“ за време на неговите говори. Бројката надминува милион и додека едни го осудуваат за ова, тој сé уште е многу популарен меѓу Aмериканците.

И така високите моќници го упатуваат своето стадо овци во онаа насока каде во моментот им одговара. Кога сакаат да има мир и соживот, наголемо се промовира идејата дека еден е Бог и дека сите имаме суштински иста идеологија. Многу слични реченици на овие беа изговорени од нашите политичари кога се потпишуваше Рамковниот договор.

Како тогаш им успева да нé скараат? Многу лесно. Наместо Бога, се вртат кон

Ѓаволот и неговите мошне моќни алатки. Сакале или не сакале да си признаеме, идејата за рај и пекол, како и идејата за гревови, е длабоко всадена некаде во нашата психа. Политичарите мошне вешто го користат токму гревот како алатка да нé свртат еден против друг.

Како започна сé? Се палеа џамии, се палеа цркви, се користеа смешните маски од традиционални карневали за да се потенцира едно - дека сé од наброеното е најголем грев во било која религија. Замислете само да имавме една веб страна која ќе броеше колку пати било кој од пратениците во Собранието на Р.М., без разлика на верата, ги спомна горенаведените зборови? Се обидов да ги сумирам преку веб страните на домашните медиуми, ама престанав да бројам некаде после 50...

И добро, зошто целата таа мака за да го насочиш стадото што ти треба кон самодеструкција? Одговорот го знае и најобичниот човек што ќе го сретнете на улица, ама страв му да го каже. Во ситуација на војна и конфликти, никој не му ја мисли кој колку украл или прикрил. А, судејќи според сериозноста на предизвиканите конфликти, некој има многу да сокрие.

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

Историски религијата била најуспешно користена за да се манипулира со народот, во времиња кога народот бил многу сиромашен. Затоа што сиромашните се жедни за надеж.

И така драги мои, додека некој се богати правејќи гревови, ние се тепаме за да немаме гревови. Или можеби грев е да го пишувам ова!?

Елена Николовска

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.74

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

27

Најновото издание на „For-eign Policy“ на чијашто насловна стои истото прашање вметнато и во статијата „Зошто нé мразат?“, предизвика сериозни контроверзии. Таму, Мона Елтавеј посочува кон кршењето на правата на жените во Блискиот Исток и повикува на конечно решавање на проблемот околу културолошкиот релативизам. Сепак, на крај сé се сведува на нејзината порака до читателите да согледаат дека мажите во арапскиот свет - ги мразат жените.

Додека го читав текстот се накострешив и истовремено

почувствував грижа на совест поради тоа. Кој би одрекол дека постои сериозна дискриминација поради која жените на Блискиот Исток страдаат?

Продолжив да читам и се обидував да се убедам дека она што ми пречи е, всушност, сензационалниот стил на текстот и дека истото тоа не треба да го попречи патот на пораката. Насловот и сликите не беа случајни, туку многу реално го отсликуваат проблемот.

Понатаму, на мое разочарување забележав дека наместо да се направат напори за да се изгубат

Dali arapskite ma`i gi mrazat `enite?

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

28 BR.74

Politikaстереотипите, кои што дотураат масло на коментарите за арапските жени, изложуваат и други проблеми, авторката уште повеќе го засилува веќе постоечкиот сомнеж – и го поддржува со аргументи, преку користење реторички и лични анегдоти – дека сите арапски мажи ги мразат арапските жени.

Не помогна ниту тоа што со секоја помината страна некој би се навредил, затоа што вметнатите слики претставуваат голи жени чии тела се покриени во црно, а очите им се откриени. Обид да се предизвика контроверзија со тоа што жените ќе се сведат на секс-објекти, а целта на изданието ќе се сведе на, како што Елтавеј кажува, „марами и химен“.

Пораснав во Судан, Египет, Саудиска Арабија, па личните и професионалните обврски секогаш се бореа со повеќето проблеми истакнати во текстот. Прикажани се доста реално. Но, постои тенка линија на која треба да се внимава кога се пишува за статусот на арапските или муслиманските жени. Затоа што доколку не правиме ништо освен да осудуваме и да ги изложуваме страдањата низ коишто навистина поминуваме, значи дека ја отфрламе одговорноста и ја пропуштаме шансата.

Негирањето дека постои генерализација кога е во прашање угнетувањето на жените е проблем, затоа што тоа негирање укажува дека не постои проблем.

Кој би се занимавал со детските бракови, осакатувањето на женските гениталии или законски дозволеното домашно насилство? Би било еднакво на синдромот Стокхолм – должен да го претрпиш патријархатот и моралниот релативизам. Како некој може да бара двосмисленост кога отворена е војната против жените?

Во ред, во Саудиска Арабија жените не смеат да возат, но мажите, пак, не можат да бираат влада, туку се управувани од религиозна опортунистичка династија.

REVOLUCIJA MAGAZINBR.74

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

29

Во Египет, вистина е дека жените морале да прават тест за девственост, но мажите биле присилувани на содомија.

Во Судан жените ги камшикуваат доколку носат пантолони, но етничките малцинства се подеднакво маргинализирани и навредувани.

Не смееме да ги потцениме проблемите со кои жените се соочени или да ги потиснеме на споредно место, туку треба да ги претставиме во поширок контекст што ќе бара целосни реформи. Не може еден универзален проблем да се сведе на полови разлики.

Елтавеј понатаму вели „нашите политички револуции нема да успеат доколку не се придружувани од револуции на разумот.“ А, јас, пак, би додала дека ниту револуција на разумот не може да успее без политичка револуција – доколку се даде поголем простор за уривање на патријархатот за возврат ќе се продолжат корените на политичките реформи.

Сега да посветиме внимание на повикот на Елтавеј за целосно предавање на културолошки апсолутизам – доколку го земеме Западот за пример, основните права на жените и малцинствата не беа усвоени сé додека не

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.74

Politikaсе создаде политичка средина кога традиционалните структури (особено црквата) не се повлекоа.

Затоа повикот за решавање на проблемот не треба да се сфати дека е насочен кон мажите и жените во светот, туку оние во Арабија. А, во време на политички пресвртници, овој повик треба да ги убеди да погледнат подлабоко, да ги препознаат и решат оние структури кои долго време се закануваат.

Реформите за правата на жените се подготвуваат, благодарение на вложените напори од страна на неколку арапски феминистки како: Навал Ел Садави и Тавакул Карман - кои воочија дека се борат против патријархатот, не против мажите.

Извор: GuardianПревод: Милена Петровска

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

31BR.74

„Маркетингот е најдобар начин да го излажете потрошувачот да го купи Вашиот производ”…

Дали навистина е така?

Во нашата пракса честопати се поставува прашањето - дали маркетингот што го спроведуваат компаниите во земјава, влијае врз потрошувачите или е промашена, неповратна инвестиција?

Билансите на состојба и успех во фирмите може да бидат добар показател за тоа дали маркетингот е исплатлив како инвестиција или не.

Лоша карактеристика на фирмите во Македонија, посебно на оние новите, неискусните е што сметаат дека парите што денес ги вложуваат за маркетинг, треба утре дупло да им се вратат. Но, тоа не оди баш така.

Ако маркетинг-менаџерите се запознаени добро со суштината на маркетингот и ако добро си ја познаваат професијата, треба детално да им објаснат на компаниите, за коишто работат, дека маркетингот е пред сé долгорочна инвестиција, која своите резултати ги дава после подолг изминат период на прифаќање од страна на потрошувачите.

Исклучок од ова е инстант маркетинг, кој во нашава земја е многу чест, односно екстремно форсирање на производи или услуги, па и на личности, кои два три месеци се мегапопуларни, а потоа, како дошле - така и отишле. Никаде ги нема. Тоа не е добар маркетинг.

Marketingot ne e samo TV-reklama

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

32 BR.74

Во Македонија се соочуваме со многу непознавање на темата маркетинг. Прво тука не се разликуваат поимот маркетинг - агент и поимот продавач. Потоа, не се разликува поимот маркетинг и поимот реклама.

Нашите компании сметаат дека ако направат некоја реклама и ја пуштат во етер на некој ТВ медиум или радио, работата со маркетингот е завршена. Е па, мало појаснување: Главната цел на маркетингот не е да ја информира јавноста за производот/услугата и да ги запознае потрошувачите со нивните карактеристики. Тоа може да се направи и преку обична презентација, преку социјална мрежа, преку mouth to mouth (односно пренесување на искуства и задоволство од производот/услугата од еден човек на друг-преку разговор) и на многу, многу други начини. Во тој случај, барем нема да се фрлаат непотребно пари на медиуми, туку луѓето на поинаков начин ќе дознаат за бенефитите што ги нуди производот.

Главната цел на маркетингот е друга: Да се дознаат желбите и потребите на потрошувачите и да се задоволат истите на најдобар можен начин.

Еден професор по маркетинг имаше навика да каже дека „маркетингот

е најдобар начин да го излажете потрошувачот да го купи Вашиот производ”. Да, ќе го излажете... Првиот пат... Но поговорката вели-„Ако ме излажеш еднаш, срам да ти е, а ако ме излажеш вторпат-срам да ми е”. Што значи, ако квалитетот, цената, промоцијата, дистрибуцијата не се како што треба, тогаш производот не ги исполнува желбите и потребите на потрошувачите.

Е, тука на сцена настапува маркетингот. Тој има за задача да го убеди потрошувачот дека производот ги поседува карактеристиките што тој ги бара. И во краен случај, да го убеди потрошувачот дека има определена потреба за која и самиот потрошувач не е свесен дека ја има. Се разбира, ако е сигурен дека тоа е навистина така. Зошто ако не е така, можеби потрошувачот ќе се излаже и ќе го купи производот, но што потоа? Незадоволство, негативни критики, реакции, жалби и поплаки...

Колку пати се случило потрошувачот да склучи навидум примамлив договор со одредена компанија, а по потписот ниту 50% од она што го ветила компанијата не биде исполнето? И што? Јавување на телефони, трошење екстра средства

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

33BR.74

и време, молење, прашување... се објаснувате - „ не требаше да биде вака, требаше да биде така”, за на крај да го следи глобално познатиот одговор: „Се извинуваме господине/госпоѓо, но Вие потпишавте договор, а во договорот се Ви пишува најдолу со малите букви”.

Последица: еден потрошувач помалку од денес. Денес минус еден, утре минус два... И така додека стасате до нула?

Значи, овој маркетинг пристап, што го имаат голем процент од компаниите во земјава, е многу погрешен. Постојат милиони начини на маркетинг кои по правило се насочени кон потрошувачите. Тоа не подразбира да ги излажеме да го купат производот и после да се правиме како да не се познаваме, туку да им го понудиме производот ако ги има карактеристиките што тие ги бараат, да комуницираме со нив после процесот на продажба и да градиме долгорочни односи со клиентите. Така самите потрошувачи ќе го изразуваат своето задоволство од нашата компанија, и ќе нé фалат насекаде. А има ли подобар маркетинг од тоа?

Друга поука - не сум експерт, ама од она што го гледам, заклучувам дека денес во Македонија, и во светот воопшто не пали продажба на производ без дополнителна екстра услуга. Тоа е многу нормално.

Логично е дека нема да одам да уплатам средства преку банката бр. 1, ако персоналот во таа банка е „премногу љубезен”. Доаѓаме да уплатиме средства, вклучително и провизија, за некој на шалтер да нé третира како да сме дошле да ја ограбиме банката? Не, никако. Порадо би уплатила во банката бр. 2, каде луѓето што работат го ценат моето присуство таму и си ја вршат својата работа на најпрофесионално ниво. И тоа е маркетинг, да.

Човекот го измислил маркетингот, но секој поединец - маркетинг за сопственото живеење. Како поединецот се однесува, како се движи, како комуницира-дава комплетна слика за неговата личност. Кажува многу за него.

Значи, колку подобра продажна и постпродажна услуга ќе им дадете на Вашите потрошувачи, колку попрофесионален кадар имате на располагање - толку повеќе ќе Ве ценат. Толку повеќе ќе Ве фалат. И утре повторно ќе купуваат Ваши производи. Така што,

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

34 BR.74

не мора да се фрлаат милионски суми за скапи ТВ рекламни спотови, тоа е добар начин да се збогатат медиумите, а Вам нема да Ви донесат кој знае каков профит.

Во секој учебник по маркетинг стои дел за економската пропаганда, кој вели дека: Таа нема голем кредибилитет кај потрошувачите.

Маркетингот не е само ТВ- реклама. Значи, не трудете се околу тоа попусто. Наместо тоа, насочете ги своите напори

и маркетинг буџетот на други видови на маркетинг, допрете до потрошувачот, поврзете се со него, и градете долгорочни односи. Можеби не утре, но тоа ќе Ви донесе голема добивка стратешки гледано, понатаму во иднина. Наместо да се обидувате да градите имиџ на компанија, изградете стил. По тоа ќе Ве паметат потрошувачите најмногу. Имиџот се менува секој ден, но стилот останува засекогаш.

Леонора Ташкоска

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

35BR.74

Mladite ni ja nosat (r)evolucijata

Веројатно нема посебна потреба за читателите на овој текст да ја потенцираме сестраната значајност и улога на младите во нормалното функционирање на граѓанското општество; тие се, генерално кажано, двигатели на системот во сите негови сфери.

Несомнено, младите се оние на кои се доделени улоги на поттикнувачи и оддржувачи на константниот прогрес во технологијата и сите науки одделно (заради својата енергичност, љубопитство, желбата за практичен придонес и тн.), меѓутоа, не помалку значајни од нив, би рекле, се улогите кои тие ги одигруваат во поттикнувањето и оддржувањето на демократските процеси и реформи. Веројатно токму второво е основната причина зошто постарите традиционално се обидуваат да ги контролираат младите сили во секое едно општество, особено таквите каде постои можност „демократијата“ да се доведе под прашање, односно каде што наидуваме на реално недемократски системи на управување.

Притоа, не треба да сфатиме дека демократијата е термин кој генерално е различно дефиниран кај едните и другите.

Во рамки на своето типично поимање на демократијата, постарите често забораваат дека учеството во реформите од страна на младите може да биде есенцијално, не само за подобрувањето на својата, туку и за подобрувањето на благосостојбата на целото општество, макар и тоа да е по пат на насилство, односно револуција.

Секако, согласно сфаќањата на повеќето млади, револуцијата претставува крајно средство за реакција кон опресивните државни механизми, меѓутоа, дел од младите се свесни за големината на потенцијалот со кој располагаат, и неговата употреба во таа насока неретко се покажува попрактична одошто мирното и добронаменско протестирање, кое некогаш може да трае со месеци и години.

Како пример за ова би можела да ни послужи компарацијата меѓу протестите од типот на Occupy Wall St. т.е. бранот меѓународни протести Occupy и протестите кои резултираа со револуции и режимски промени во рамки на тнр. „Арапска пролет“, односно Египет, Либија, Либан, Јемен и Тунис.

И кај едните и кај другите ‘рбетот го сочинуваа млади луѓе со приближно исти или слични ставови, чија главна цел претставуваше промена на клептократските управители, односно

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

36 BR.74

радикална промена на социјалната политика во генерала и суштинско демократизирање – такво кое реално би го овозможило избирањето на властите од страна на народот. Иако, во секој случај, за политичките системи во западните земји опфатени од овој бран протести не би можеле да кажеме дека се еднакви со оние од арапскиот свет, факт е дека една од фундаменталните цели на движењето Occupy беше надминување на ригорозниот капиталистичко-корпоратократски политички модел, така што во таа насока постои несомнена врска меѓу едните и другите движења.

Најосновната разлика меѓу едните и другите, секако, беше во пристапот на обете страни – на односот меѓу протестирачите и државните органи; отсуството на некое порадикално физичко насилство од страна на полицијата и армијата ја спречи реталијацијата од страна на првиве, кои инаку, за разлика од лицата кои протестираа во рамки на Арапската пролет претставуваа групи од студенти, професори и интелектуалци со

доволна храброст да се спротивстават на владејачката, и, би рекле, еднакво насилно воспоставена корпоратистичко-капиталистичка идеологија.

Како и да е, епилозите од едните и другите протести не би можеле да забележат поразлични крајни последици; додека во арапскиот свет се случија серија смени на влади, претседатели, министри и функционери од останатите ешалони и закани за нови промени на власти, како што е се уште случај со протестите во Бахреин и Сирија, во САД, на пример, не само што социјалната ситуација не се подобри, туку од страна на Конгресот се изгласаа редица закони кои дополнително ја намалуваат приватноста на граѓаните, можностите за слободно изразување и организирање јавни протести, можностите и приватноста за остварување сајбер-комуникација и тн., како што е на пример, законот HR 347 кој што предвидува апсење на сите луѓе кои протестираат во близина на „службеници кои ги штитат тајните служби“, законите ACTA, SOPA, PIPA, NDAA и други.

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

37BR.74

Влошената економска состојба која резултираше со штрајкови во повеќе градови од соседна Грција, од неодамна резултираше со појава на уште едно ново движење, познато како ‘I don’t pay’, кое зеде замав исто така и во Шпанија и Шведска, а кое повикува на граѓанска непослушност, а чија крајна цел се заснова на барања за бесплатност на јавните услуги (образованието, здравството, јавниот превоз и тн.). И ова, како и другите движења кои, според нас, допрва претстои да земат замав ширум Европа како манифестација на незадоволството од односот на законодавно-извршната власт кон народот во контекст на загрозувањето на индивидуалните човекови слободи заради нечии политички или бизнис интереси, се движења структурирани, предводени, дефинирани од страна на младите.

Затоа, според сето досега наведено, учеството на младите во граѓанското општество пред сè го разгледуваме во контекст на остварување некакви, покрај научно-технолошки (р)еволуциски, промени на традиционалниот животен

стил на единката, наметнат, во најголема мера, од возрасните, а неретко и од самите млади. Младите во граѓанското општество, според тоа, претставувајќи двигатели на разно-разни (р)еволуциски промени, не би можеле да функционираат во вистинска смисла автономно доколку самите не бидат вклучени и во промени надвор од директното инволвирање во демократските процеси; тие мора да ја претставуваат интелектуалната сила на една држава/општество.

Достигајќи го, преку соодветен, небирократски и систем на образование кој не би бил главно ориентиран кон остварување личен профит, зенитот на интелектуалното мнение на едно општество, младите би можеле да ги достигнат потребните нивоа на концептуализирање и организациски способности за остварување на целите кои ги поставуваат пред нив, за надминување на предизвиците поставени пред нив. „Да бидат промената која би сакале да ја видат во светот.“

Стефан Марковски

Авторот е победник во конкурсот „БИДИ ГЛАСЕН – ИМАЈ СТАВ“Организиран од Онлине магазинот за политика, економија и култура „Револуција“

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJARevolucija - Sorabotnici

38 BR.74

Не смеете да дозволите староста да ве исплаши, треба да живеете и да творите и во неа – раскажуваат старите лица од домот „Мери Терзиева“.

Симпатичниот дедо Џевад е еден од најпозитивните луѓе кој ќе ви раскаже за староста како нормален дел од животот – како што вели, сè што ќе проживеете не смее да ве плаши.

„Не смеете да дозволите староста да ве исплаши треба да живеете и да творите и во неа“, вели Џевад Алибеговски.

Џеавад и сопругата Цвета заедно во домот прославиле 50 години брак. Тој е од Кавадраци, а тетка Цвета од Неготино двата града кои важат за големи ривали, но нивната љубов во тоа време ги споила и роднините и градовите, а откако се во домот со нивната позитивна енергија ги споиле и станарите во старскиот дом „Мери Терезиева“.

На гости дојдоа Вера, Костадинка и Васка од домот „Мајка Тереза“, неразделни пријатели – вредни и креативни, од парче волница прават вистинска магија од облека до украси. Со посебен мерак раскажаа како живеат, дека им е убаво и секако животните приказни.

„Има многу луѓе што овде го продолжуваат љубовниот живот, има и такви чекори“, рече Вера Цветановска.Но, не само да се преживее тука и на старост човек може да се заљуби, има многу емоции во домот.

Нашите нови пријатели нè поздравија и испратија порака дека не треба да се плашиме од староста, туку да бидеме активни и да се дружиме сите, без разлика на годините.

Сашко Јованов

I starosta e ubava

ХУМАНОСТЗдружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и

изнемогнати лица

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.74

Во 2011 година, добив шанса да го посетам Кавказ. Овој дел од светот некако не ми е познат. Но, бидејќи посетата беше службена, имав за задача да зборувам со луѓе кои живеат овде и да фотографирам места за кои не сме ни слушнале, а уште помалку сме ги виделе.

Поради немирите од 2008 година, единствениот пат за влез и излез од оваа територија е долгиот и темен тунел кој минува низ Кавкаските Планини. Од овде започна и моето патување низ Јужна Осетија.

Покрај тунелот можат да се видат уништени села кои водат до Цхинвали - главниот град на земјата, која е призната како земја со неколку држави.

Во Јужна Осетија денес живеат околу 30.000 луѓе. Најранливи се постарите жители кои деновите ги минуваат во разрушените и напуштени села. Тие се сиромашни, беспомошни и најчесто сами.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст е единствената хуманитарна организација која на овие луѓе им обезбедува храна и други средства кои им се потребни.

По распадот на Советскиот Сојуз, Северен Кавказ стана жртва на крвопролевање и небезбедност. Во последните неколку години, во регионот на Руската Федерација забележани се насилства помеѓу членови на вооружените опозициски групи и локалните и федералните власти. Денес,

Kavkaz - lelek koj ne stivnuva

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.74

населението во Северен Кавказ сè уште се соочува со инциденти.

Во Ингушетија имав можност да запознаам луѓе кои пред многу години побегнале за време на немирите во Чеченија и Северна Осетија. Тие сега живеат во разрушените колективни центри за раселени лица, некои се таму уште од почетокот на 90-тите години.

Тие немаат друг избор освен да побараат засолниште во овие центри. Овде постарите луѓе се или премногу сиромашни да се вратат во своите домови, или немаат каде де се вратат. Младите имаат мала или речиси никаква можност да најдат работа.

Во соседната Чеченска Република, имав можност да го посетам главниот град - Грозни, кој е подложен на масовно реновирање. Нови градби никнуваат на местото на урнатините; повеќето од нив се финансирани од Москва.

Ѕидовите уништени од бомби и куршуми брзо се реновираат, во обид да се заборави минатото кое е одбележано со две крвави борби. Но, и покрај напорите за реконструкција потребни се години хуманитарна помош кои ќе помогнат да се надминат лошите последици од минатото.

Посебно изненадува проблемот со исчезнатите. Властите велат дека околу 700 лица се дел од безбедносните служби и воениот персонал. Но, и покрај тоа пријавени се околу 2 300 исчезнати лица и засега не постои можност да се дознаат повеќе информации за нив, поради неможноста да се стапи во контакт со нивните најблиски.

Изминативе неколку години, во локалните и националните медиуми постојано се зборува за стотици луѓе кои се убиени, ранети или притворени.Во Дагестан запознав семејства кои ја изгубиле главата на фамилијата во вооружени насилства. Меѓународниот комитет на Црвениот крст им помага на најзагрозените од овие семејства.

Им помага на семејствата на притворените со средства за да започнат свој мал бизнис и им овозможува посета на најблиските, доколку се притворени некаде далеку.

Моето патување заврши со посетата на градот Беслан кој се наоѓа во Северна Осетија. Посетив објект кој порано бил гимназија, а денес е храм во спомен на

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.74

стотици невини деца и возрасни кои беа убиени за време на заложничката криза во септември 2004 година.

Во храмот можат да се видат портрети од жртвите, кои се поставени покрај цвеќиња и свеќи. Надгробни натписи од роднини и пријатели се испишани на ѕидовите.

Невозможно е овие места, луѓе, трагедии и приказни да ги преточам во една заклучна мисла, а уште помалку во слика.

Засекогаш во мислите ќе ми остане ѕидот од тули во Грозни, на кој со спреј е

испишана порака која речиси избледела. Добив сознание дека пораката датира од 90-тите години, за време на војната. Тогаш луѓето на ѕидовите од своите домови пишувале пораки со надеж дека ќе бидат поштедени од насилство.

Порака е исто толку важна, колку што е и денес. Таа дава до знаење дека треба да се заштитат невините луѓе кои живеат во овие домови.

Пораката е тивок плач за помош. Таа гласи: „Овде живеат луѓе“.

Извор: ReportageПревод: Љубица Картова

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.74

Кога видов дека во кино се дава новиот српски хит „Парада“ и кога го игледав и заклучив дека единствено нешто интересно во целиот испофален филм се пар (навистина) убави, големи гради и брзиот, модерновременски хумор, заклучив дека, сепак, треба да се понуди нешто со повеќе субстанца за обожавателите кои се влажат по сé што звучи/изгледа југословенски (ах, таа пуста ју-носталгија...). И тоа е ова: хорор-трилерот на Дејан Зечевич

„Непријател“.

Непријателот, вложува речиси поетска сила за да создаде вистинско чувство на ревизионирана повеќеслојна метафорична приказна, во која вознемирувањето кое се појавува во мала група од луѓе, благодарејќи на присуството на непознат, сомнителен човек кој себеси се нарекува „куциот“ Даба, чии „лаф-муабети“ со останатите протагонисти ги води рамно во хаос,

THE ENEMY (NEPRIJATELJ) (2011)

Улоги: Александар Стојкович, Вук КостичРежија: Дејан ЗечевичСценарио: Џорџе МилосављевичПродуцент: Тихомир Станич

Mo}ta na ve{tata manipulacija

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.74

страв и братоубиство.

При секоја можност, странецот ќе се служи со секакви субтилни трикови и манипулации, за да ги затвори своите жртви во ограничен простор, зголемувајќи ја тензијата, за да може потоа да се покаже како лажен избавител кој ги ослободува од „затворот“, но ги праќа во еден нов, кој е уште пострашен , бидејќи оддава чувство на лажна физичка слобода.

Најдобар пример за ваков вид на луѓе е Адолф Хитлер, кој успешно ги завел германските маси, користејќи страв и психолошки трикови, насочувајќи ги кон егоцентризам и силна омраза кон другите луѓе, попрецизно, нивните соседи, па и пријатели. На вакви личности и манипулации, како и ужасните резултати што тие ги носат и ние самите сме сведоци, особено последниве десетина години.

Но, вистинската брилијантност на овој филм е таква што не бара од нас да го идентифицираме „Непријателот“ со историски поединци ниту пак со слични светски организации. Злобниот Даба,

е претставен како персонификација на злото, дали тоа било наречено, Ѓавол, Шејтан, Сатана или едноставно кретен, се зависи од личната убеденост (на самиот гледач) за претставата за тоа што всушност значи зборот зло.

Самата приказна ја следи групата војници од единиците за демонтирање нагазни мини, кои поради Дејтонскиот договор, се затекнале во планините, блиску до рушевини од некоја локална фабрика. Единицата има задача да ја расчисти границата меѓу двете завојувани страни, од мини. Сé се одвива со т.н. балканско темпо. Бавно, здодевно, без речиси никакви случувања. СĖ ДОДЕКА... Еден ден, не откријат човек, кој во фабриката го заѕидале жив, непријателите. Логично, војниците ќе го спасат и однесат во нивната база сметајќи го дека е еден од нив. Но, мистериозниот, тивок и никогаш гладен (?) „човек“, ќе внесе меѓу нив семе на раздор, што ќе доведе до страшна параноја, презир и меѓусебна нетрпеливост што ќе кулминира со целосно самоуништување. Да се преживее немилосрдно воено разорување за потоа да се изгуби животот од раката на сопствениот соборец е дополнителна иронија на филмот.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.74

Напнатоста која владее меѓу ликовите може речиси да се намириса во секој сегмент од филмот, а во завршницата настанува и двојба кај самиот гледач на кој лик да му верува, кој е тука позитивниот, а кој негативниот. Се поставува неизбежното прашање: кој дел е приказната на авторот, а кој е личното согледување на гледачот?

Ваква длабока слоевитост е подарена и на сценариото и карактерите на ликовите, со иклучок на споредните улоги, што всушност не го намалува квалитетот на искусеното, туку само го внесува во потесна видна рамка. Нормално е, сепак, споредните ликови да бидат тука да ги дополнуваат главните и да ја поддржуваат главната приказна.

Куциот Даба, фаустовското олицетворение на демонот Демиург е прикажан како мирен, учтив, секојдневен балканец, кој едноставно седи и пуши цигара по цигара, рецитирајќи најразлични мудрости и совети на околината. Како и секој злобен манипулатор и Даба е отпрвин

примен со потсмев и поздрав, бидејќи ѓаволот не носи рогови, ниту пак рика пламен со секој збор. Безличната појава, опуштениот глас и подмолната насмевка се дел од пакетот кој е всушност лажна манифестација на нешто што набргу ќе заличи на агент извлечен од самото дно на Подземниот свет. Ваков впечаток ќе ви остави филмот после гледање, па можно е да почнете да се подзамислувате кога на улица ќе сретнете некого со слична физиономија.

При крајот на филмот, Даба ќе се опише себе како првиот дух/демон Демиург (име зајмено од античката Сумерска култура), кој е креатор на овој суров свет, каков што го знаеме. И бидејќи тој е креаторот, ако него го убијат, ќе го снема целиот свет. Ова става дополнителна морална дилема и кај војниците и кај самите гледачи. Дали е Даба вистинскиот Демиург или е просто ментален? Дали навистина ќе го снема светот со неговата смрт или тоа е само уште еден блеф? И најважното: дали вреди да се жртвува овој гнасен свет со цел да се уништи тоа исконско зло?

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.74

Ако, по некоја случајност, филмот Непријател беше снимен во америчката „фабрика за сни“ – Холивуд, сигурен сум дека би имал некакво продолжение или филм-додаток или слично гом.. само за да се молзат пари, бидејќи оригиналноста и впечатливоста на модерниот ѓавол Даба, е толку добра што не верувам дека некој од мултимилијардерите-продуценти би можеле да одолеат.

Добрата режија, чуда прави. Зечевич, вешто манипулира со мислите, предрасудите и сетилата на гледачите и иако има полно неодговорени прашања кои го бунат гледачот, тоа само го засилува мистериозниот ефект што го има оваа приказна. Ваквиот рецепт е вистинска храна за душата, која вреди да се дегустира повеќе пати за да се откријат сите суптилни и скриени слоеви на алегорија, што ги носи во себе оваа морничава и амбиентална драма/трилер/хорор.

Привлечноста на филмот во голем дел

ја чини и одличната камера на Душан Јоксимович, кој се докажал и порано во српски филмови како: „Рани“, „Убавите села убаво горат“ и др.

Треба да се спомнат и уверливите специјални ефекти на Маријан Кароглан кој работел на филмот „Шиндлеровата Листа“. Интересен факт е отсуството на музичката подлога, кое наместо да ја затапи атмосферата, само ја полни со појака тензија.

За крај, иако често ваквите филмови имаат некакви лоши продолженија, јас би сакал да видам некаков „пред-дел“ на оваа одлична приказна.

Сума сумарум, ако сте ЈУ-фан, баталете ја „Парада“ и гледајте го „Непријателот“. Вреди.

Се читамеКонечна оценка 8,5/10

Владимир Неделковски

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)