46

Револуција магазин бр.63

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр.63
Page 2: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 11 ФЕВРУАРИ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04

Не се сакаме, но се трпиме .............................................................. 08

Соживотот е инвестиција во нашата сегашност и иднина .................... 15

Соживот - ДА, НЕ или МОЖЕБИ?! ...................................................... 19

Разликите како мост, а не како бариера ….......................................… 22

Сите за еден, а еден за сите ............................................................ 25

Сонот за еврото .............................................................................. 28

Европски правила за говорот на омраза 2 ......................................…. 32

Дали македонскиот национален идентитет

зависи oд партијaта на власт? .......................................................... 36

Факултетска дефинција за демократија ............................................ 39

„И ние сме креативни“ ..................................................................... 41

30:Minutes or Less (2011) ................................................................. 42

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе Симовски, Симона

Митровска, Даниела Цветаноска, Сања Горгиева, Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa

Е- mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected] http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Нимиц во Скопје Не се чудете на студениот

бран – Нимиц доаѓа во Скопје! Посетата е свежо најавена, и

македонскиот тим уште се

нема изјаснето за тоа со кои

позиции ќе настапат на средбата со медијаторот

Нимиц.

Според соопштението од МНР,

најавена е само како средба

на која ќе се разговара за актуелните прашања во однос

на надминувањето на

разликите во спорот со

Република Грција.

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на

Обединетите нации за

прашањето за името, за време

на посета на Македонија, ќе биде примен од претседателот

на државата Ѓорге Иванов, од

претседателот на Владата на

Република Македонија Никола Груевски, а ќе има средба и со

шефот на дипломатијата,

Никола Попоски.

Откако ќе ја заврши нашата

страна, Нимиц продолжува на југ, во посета на грчката

политичка елита.

Медијаторот доаѓа во Скопје

на 20 и 21 февруари, со цел

да ги помести позициите на двете земји. Меѓутоа, јавна

тајна е дека е тешко да е ова

возможно, кога не се работи

за проблем, туку за државен инает.

Грција сега го има совршениот

изговор – презафатени се со

спас на земјата, бидејќи ако не се спасат, ќе нема спор

нели? Македонија пак, го има

правото на своја страна, но не

и политиката. А, што ќе ти е пионот, кога не знаеш како да

играш со кралицата?..

Меркел на кафе со Премиерот Големи средби на

македонската политичка

сцена. За три дена, во

вторник, нашиот премиер ќе се сретне со деновиве

најпопуларниот лидер –

Ангела Меркел. На средбата

закажана на заедничка иницијатива, ќе разговараат

за можноста за прием на

Македонија во НАТО на

самитот во мај во Чикаго. На

средбата ќе стане збор и за спорот со Грција за името,

како и за монетарните

проблеми кои ги предизвика

Грција со последните случувања во еврозоната.

И ете го, вториот битен момент

на нашата сцена – Самитот на

НАТО во Чикаго. Уште еден состанок кој нема да ја

промени нашата ситуација, но

Page 6: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

ќе потроши голем дел од

нашата енергија. Моралната

поддршка ја имаме од сите страни –Македонија веќе се

однесува како да е во НАТО,

Македонија заслужува да биде

во НАТО... Е заслужува, ама не е.

Како и да е, иако од авион се

гледа дека прашањето за нашиот влез нема да дојде на

ред на овој самит, истиот

треба да се искористи мудро и

ефикасно – што повеќе средби, што повеќе улизувања

и што помалку мудрувања.

Нашиот дипломатски врв

навидум веќе се впушти во ваквата авантура. Но, дали ќе

излезе од нејзе со бенефит,

гледајте во следната епизода!

Велес со Мерцедеси Стручен тим на германскиот

гигант на автомобилската

индустрија „Мерцедес“ разгледувал локации за

отворање фабрика во Велес,

информираше на прес-

конференција

градоначалникот на општина

Велес, Горан Петров.

Тој истакна дека општината понудила три локации- една

во индустриската зона Речани,

кај бензинската кај село

Каласлари и во месноста Бабуна.

- Инвеститорот, рече Петров,

која и да ја одбере од овие три

локации, општината ќе ја уреди целокупната

инфраструктура за изградба

на овој капитален индустриски

капацитет. Комуналиите се со толку ниски цени, едно евро

за метар квадратен. Така што

за планирани 39 илјади метри

квадратни за хали,

инвеститорот за комуналии ќе треба да плати 39 илјади евра

што е едвај од минимално за

десетици милиони евра

инвестиција, какви што планира „Мерцедес„„,

потенцира Петров.

Од „Мерцедес“ веројатно ја

намирисале поволната клима за инвестиции во државата, но

сепак, драги мои, јас мислам

дека ја виделе рекламата

спонзорирана од Владата за да

се инвестира во Македонија.

Page 7: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

Е, по овој капитален момент,

нека се осмели некој да каже

дека рекламите немале никаква улога и дека не

влијаеле да го промовираат

маркетингот. Ама, рака на

срце, раководството на „Мерцедес“ се доволно свесни

дека работниците во

Македонија би работеле за

минимална плата, па ова им доаѓа како награда. Ние ги

гледаме нив како спасители од

економската криза, а тие нас

како „робови“ од кои ќе имаат повисок профит, а помали

расходи. На здравје нека ни е!

Дадилки со лиценца

Според законот, жените што чуваат деца мора

задолжително да имаат

лиценца со која ќе докажат

дека се здрави и способни да

чуваат и да се грижат за децата додека нивните

родители се на работа.

Стотици деца ги надраснуваат

листите на чекање по државните детски градинки, а

за тоа време, наместо со

своите врсници, растат со

„некои“ тетки. Никој за тие

„тетки“ или дадилки не може да гарантира за нивното

образование и посветеност, а

инспекциите се немоќни оти сè

се случува тајно по домовите. Во Македонија има повеќе од

50 илјади невработени жени

постари од 40 години, кои би

можеле да се преквалификуваат во дадилки

со лиценца. Дека постои

потреба од дидилки е

неспорно, ако се земе предвид фактот дека во Македонија,

опфатени во градинките се

само 14 отсто од децата на

возраст од 0 до 6-годишна

возраст, т.е. околу 23.900 деца.

Сега останува дилемата дали и

на бабите и дедовците треба

да им се наложи потребата да полагаат за лиценца, затоа

што не се способни за чување

на своите внуци. Факт е дека

децата повеќе се социјализираат кога се во

заедница со многу деца и кога

професионални педагози ги

воспитуваат со проверени

техники и методи. Меѓутоа, што станува со моментот кога

за некоја работа што реално

ви следува како граѓанин,

треба да „фаќате“ врски за да биде вашето дете примено, за

сметка на детето на соседот.

Како и да е, еден од вас како

родители ќе биде изманипулиран. И зарем вие

не треба да одите на работа?

Нормално е дека ќе побарате

Page 8: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

услуга од личност на која ѝ

верувате, но ако таа личност

има лиценца, тогаш нема да се задоволи со месечно примање

од неколку илјади денари. Во

тој случај, ќе се криете и

свесно ќе го кршите законот затоа што треба или да

платите онолку колку што

имате или да ви остане детето

дома само со ТВ- приемникот.

Отсечените села –

спасени Хеликоптери на АРМ ќе

доставуваат храна, лекови и средства за лична хигиена до

завеаните планински села во

Македонија. Како што

информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК),

потребните залихи ќе стигнат

до четири и повеќе општини.

- На состанокот на

координативното тело, беше одлучено во текот на секој

ден, да се изврши дотур на

потребните намирници (храна

за населението, сточна храна, потребни лекови и хигиенски

средства) по воздушен пат со

три хеликоптери на АРМ во

општина Липково (с.

Алашовце, с.Лукаре и с. Гошинце), во општина

Ранковце (с.Герман, с.

Братлија, с. Криви Камен и

Гулинце), општина Крива Паланка (с. Дренак) и

општина Новаци (Старавина,

Градешница, Будимирци,

Зовиќ, Скочивир, Груништа, Грумази и Ивени) - стои во

соопштението на ЦУК.

На овој состанок било

одлучено Дирекцијата за заштита и спасување да

ангажира градежна

механизација за расчистување

на сите завеани патни правци.

Сепак, сè уште никој не признава дека снегот ги

изненади во февруари и

хумани се сите овие гестови.

Жителите во тие области се чувствуваат отсечени од

секаква цивилизација и редно

е ако можевме да праќаме

хуманитарни пратки до Африка, да им помогнеме на

нашите соседи, сограѓани. И

плус, не треба да го

разгласуваме и да се фалиме

со тоа насекаде, да дознаат сите што слушнале или не

слушнале, хуманоста не значи

пропаганда, се помага и се

молчи!

Page 9: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 9

Елена Павловска

Не се сакаме, но се трпиме

Во Македонија, според пописот на населението,

становите и домаќинствата во

2002 година (тоа се

последните податоци, бидејќи минатогодишниот попис

пропадна), живеат вкупно

2.022.547 лица, од кои

1.297.981 или 64,18 отсто се Македонци, 509.083 или 25,17

проценти Албанци, 77.959 или

3,85 отсто Турци, 53.879 или

2,66 отсто Роми, 35.939 или

1,78 отсто Срби, 17.018 или 0,84 проценти Бошњаци, 9.695

или 0,48 отсто Власи и 20.929

или 1,04 отсто припадници на

други етнички заедници.

Значи Република Македонија е

мултинационална држава, која

исто така е полна со разни

култури, обичаи и традиции. Но, дали сите овие етнички

заедници знаат да

коегзистираат заедно, на исто

тло?

Етничките групи во Македонија Покрај мнозинството на

Македонци, на ова парче земја

се среќаваат и голем број на

други етнички групи, кои го поседуваат правото за

негување на својот

национален идентитет и

култура. Ќе ви ги споменам само трите најголеми

малцински етнички групи во

Македонија.

Албанците во

Македонија се најголемата малцинска заедница. Нивниот

вкупниот број е 509.083

жители (според последниот

попис во 2002-та година), што претставува околу 25% од

населението, иако многумина

шпекулираат за наводна

манипилација со оваа бројка, поради валидноста на

Рамковниот договор, меѓутоа

овие сомнежи сé уште не се ни

потврдени ни негирани.

Албанското малцинство живее претежно во северозападниот

дел на Македонија. Најголеми

албански заедници се во

околината на градовите Тетово (70% од

вкупно население), Гостивар

(56%), Дебар (58%), Струга

(56%) и Кичево (31%). Според некои сознанија

Албанците во Македонија

почнале да се доселуваат

поинтензивно дури после

Page 10: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

средината на 18 век. Според

отоманскиот попис на

населението од 1430 - 1431, во Македонија немало,

воопшто, Албанци. Веќе од

средината на 15 век,

со исламизацијата на Албанците, тие во мал број

почнале да доаѓаат во

Македонија како турски

војници и наеминци, но во многу мал број. Во

отоманскиот попис од 1452 -

1453 година, се забележани

само 32 албански семејства на територијата на цела

Македонија и тоа 31 семејство

во вилаетот Калканделен

(Полог) и едно католичко

семејство во Скопје.

Меѓутоа, и овие податоци

(како и многу други) се негирани од албанските

научници и историчари,

тврдејќи дека тие не се

доселени од никаде (оттука и

целата збрка со Македонската енциклопедија).

Денес, тие слободно го

развиваат и афирмираат

својот национален идентитет како што се јазикот и

културните

традиции. Албанскиот јазик е

присутен на сите нивоа во

просветниот процес (основно, средно и високо образование).

Бројот на училиштата и бројот

на учениците постепено расте.

Во учебната 1950/51 година наставата на албански јазик ја

следеле 26.702 ученици, во

1990/91 - 72.121, а во

учебната 2005/06 година - 80.247 ученици. Во учебната

2005/06 г. во Македонија

имало 286 основни, 28 средни

училишта, едно средно исламско училиште, Факултет

за исламски теолошки

науки во Кондово, Албанска

секција на Педагошкиот

факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и два

универзитета во Тетово -

Тетовскиот државен

универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Албанскиот јазик е присутен

секојдневно во државните

електронски медиуми (радио и телевизијата), а државниот

канал МТВ 2 и приватните ТВ

станици секојдневно

емитуваат програми на

албански јазик. На албански јазик уште од прогласувањето

на независност на Македонија,

излегуваа весници („Флака е

велазеримит“), списанија за возрасни („Јехона“) и

списанијата за деца („Гезими“

и „Фатоси“). Во Македонија

излегуваат три весници на албански јазик („Коха“, „Лајм“

и „Факти“), списанието „Јехона

е ре“ и списанието за деца

Page 11: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

„Илбери“. Повеќе издавачки

куќи, како „Ватра“, „Шкупи“,

„Чабеј“, „Љума“ и други, издаваат дела од албански

автори и дела од светската

литература на албански јазик.

Културните традиции на Албанците ги негуваат повеќе

културно-уметнички друштва.

Во Скопје и Тетово постои и

албански театар. Албанците имаат и свој национален

празник (28 Ноември - Ден на

албанското знаме). Тие се

присутни и активно учествуваат во политичкиот

живот на Македонија. Нивните

интереси ги артикулираат

албански политички партии.

Македонските Турци се

третата по големина етничка

група и второто по големина

етничко малцинство во Македонија. Во пописот во

2002 година во Македонија

како етнички Турци се

изјаснале 77.959 граѓани или приближно 4% од вкупното

население. Турците во

Македонија се признато и

полноправно малцинство.

Единствената нивна религија е исламот. Народен празник на

Турците во Македонија е

„Денот на наставата на турски

јазик“ (21 декември). Над 77.000 Турци во

Македонија зборуваат турски

јазик и тоа на посебен и

единствен македонски акцент. Турците прават околу 12% од

македонското население со

исламска вероисповед. Во

одредени македонски основни

училишта во чија околина има

мнозинство Турци има часови на турски јазик, но според

закон наставата се држи со

македонски учебници. Настава

на турски се држи и во приватното средно

училиште„Јахја Кемал“. Во

Македонија има и Турски

театар.

Турците се полноправни

граѓани во Македонија, имаат

радио и телевизиски канал на

кој програмата се емитува единствено на турски јазик.

Исто така Македонската

телевизија емитува секој ден

неколку часови со програма на турски јазик. Турците исто

така имаат своја

партија Демократска Партија

на Турците на Македонија, која има свој градоначалник

во Жупа во која преовладува

турското население (околу

80%).

Ромите во Македонија

сочинуваат една од

малцинските етнички групи.

Page 12: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

Според пописот од

2002 година, во Македонија

живеат околу 53.879 Роми или 2.66% од вкупното

население. Општина Шуто

Оризари е единствената

општина во светот каде мнозинството се Роми, а

воедно и единствена општина

во светот каде ромскиот е

официјален јазик, покрај македонскиот. Исто така со

Уставот од 2001-та година

Ромите во Република

Македонија се признати како народ единствено во светот.

Интересен е податокот дека

Ромите се претежно населени

во градовите, така што дури

95% од македонските Роми живеат во градските средини.

Првите доселувања на Ромите

на територијата на Македонија

се забележуваат во Средниот век, односно околу XIV-от век.

Нивното главно доселување е

за времето на турските

освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на

XV век, кога тие работеле како

слуги на турските генерали и

големци. Постои теорија и

дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето

на Александар Македонски,

бидејќи тие работеле како

негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа

теорија ја застапуваат дел од

Ромите кои себеси се

нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна

етничка група од Ромите, кои

се со потекло од индиската

област Пенџаб од народот

Дравиди.

Меѓуетничките односи Меѓутоа, меѓу сите

националности и етнички групи постои голема

дистанцираност и како секој

да си живее за себе, не

обрнувајќи внимание на другите околу него.

Дистанцираноста најчесто се

гледа како резултат од

разликите помеѓу јазиците,

културите, тешките економски состојби, како и разликите на

менталитетот помеѓу едните и

другите, но и немањето желба

и волја да се спознаат другите. Најголем причинител

за бариери се предрасудите.

Затоа животот на етничките

заедници во Македонија се одвива изолирано и независно

од другите. Дури и градовите,

местата, населбите,

претендираат да бидат „чисто етнички“, а мешаните

заедници почнуваат да

исчезнуваат.

Истражувањата спроведени од

невладините организации посочуваат дека во очите на

Page 13: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

Ромите, Македонците се

претставени како луѓе полни

со предрасуди кон нив, додека Албанците, главно се брутални

кон нив. Албанците ги

доживуваат Македонците како

себични, арогантни и превртливи луѓе. Кај

Македонците преовладува

чувството дека повеќето

Албанци се агресивни, склони кон корумпирање на други и

неедуцирани.

Направени се голем број на

анкети од страна на овие организации низ Македонија

за тоа дали има бариери меѓу

националностите во

Македонија. За Ромите, кои

изразуваат највисок степен на подготвеност на интеракција

со другите етнички групи,

пречка претставува тоа што

другите не се подготвени за интеракција со нив. Многу

неромски локали воопшто не

им се пристапни, а се

наведува и дека децата Роми ги сегрегираат во училиштата.

Најлошо од сé, тие сметаат

дека поради нискиот степен на самодоверба, најдобро се

чувствуваат кога се

повлечени, бидејќи така

помалку се изложени на

ризикот да бидат исмеани или физички нападнати. Ромите се

сместени во најизолираната

ранлива категорија од нашето

општество.

Односите меѓу

Македонците и Албаниците, пак, си имаат свој посебен

карактер, кој начесто се

базира врз сеќавањето на

конфликтните ситуации. И

двете групи велат, не сакаме да гледаме назад, само

напред. Но, признаваат дека

не е сé како што било. А, и

прашање е и дали може да биде. Конфликтот што се

случи беше само пред

десетина години. Во сите

држави, во сите општества во кои имало конфликт со

етничка димензија, нормално

е дека процесот на

помирување трае долго. Оние

што се одговорни да ги изменаџираат овие односи

треба да најдат интегративни

елементи, личности, настани,

ситуации коишто би ги врзувале двете етнички групи.

Помалите етнички заедници,

пак, велат дека во реалноста

државата води сметка за поголемите етнички заедници

на Албанците, Турците,

Ромите, Власите и Србите, кои

преку разни програми и проекти (Декада на Ромите,

комисиите за односи помеѓу

заедниците и др.) имаат

полесни можности за

вработувања во институциите

Page 14: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

и како и да бидат дирекно

вклучени при донесувањето на

одлуките, кој помалите етнички заедници не се

застапени или, пак, се во

многу мал број што немаат

можност да го кажат своето мислење.

Медиумите и

политичарите

најодговорни Причната за ваквиот однос лежи во недовербата која се

чувствува. А ако ги прашате

„обичните граѓани“ зошто

работите се сменија, тие веднаш како одговорни ќе ги

посочат медиумите и

политичарите на кои поважни

им се рејтинзите и теснопартиските интереси,

наместо градењето доверба и

меѓусебна почит. Потврда за

тоа се избегнувањето на

прославите и чествувањата за важните настани на другите

етнички групи. Нема

рационално објаснување за

бојкотот на Илинден од лидерите на партиите на

Албанците, ако се има

предвид суштината на

празнувањето на тој датум. Лидерот на ДУИ го нема на

Илинден, а лидерот на ВМРО-

ДПМНЕ, Никола Груевски, не

доаѓа на Рамковниот, како и

неговиот претходник Љубчо Георгиевски. Затоа, како

најголем шок беше пренесена

веста дека министерот за

одбрана, Фатмир Бесими, се

поклони и положи венец на

споменикот на загинатите во

конфликтот во 2001 година, кој се наоѓа во кругот на

Министерството за одбрана. Со

ова Бесими стана првиот

министер Албанец во македонската Влада, кој им

оддал почит на жртвите во

воениот конфликт и

предизвика изненаденост кај јавноста, која се навикна на

сеграцијата и потсвесното

делење на „наши“ и „ваши“.

Сите сме свесни дека и

медиумите имаат големо

влијание врз свеста на граѓаните. Со самото нивно

влијание, граѓаните

стекнуваат една визија за

„проблемот” без разлика дали се работи за вистинска

информација или не. Токму

медиумите ја имаат можноста

да одиграат голема улога во процесот на помирување,

бидејќи општо познато е дека

медиумите имаат многу големо

влијание врз начинот на кој

луѓето размислуваат и се однесуваат, а напротив истите

со својот начин на

Page 15: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

известување и „надуените”

информации (без разлика од

кој блок доаѓаат) само ја поттикнуваат недовербата.

Најлошото од сé е тоа што

народот сето тоа го

„конзумира” и го смета за вистинито.

„Како се живее сега кај вас?“-

ги запрашуваат луѓето на

улица во мултиетничките градови и општини, а

анкетираните само креваат

рамења, не знаејќи како да

одговорат. Како се живее? Исто. Секој со својот проблем,

секој со својот товар. А, пак

веста за заедничко славење на

некој празник (муслиманите

како гости на Велигден, а провославните на Бајрам) се

пренесува како хит на денот,

небаре има нешто чудно и

необично во ова. Важно е да се каже дека

настаните кои се случуваат

последниве недели се примаат

како лоша порака, која што покажува дека поединци или

некои други кои тераат свои

идеи, можат и натаму да

манипулираат со

меѓуетничките односи. Поодговорен и поотворен

однос од сите вкучени страни

би придонел кон поголемо

меѓусебно разбирање на различните етнички заедници.

Факт е дека во Македонија

меѓуетничките односи дефинитивно се едно од

најчувствителните прашања со

кои мора државата да се носи,

да ги решава. Анкетите и истражувањата односите меѓу

заедниците ги нарекуваат

воздржани, што народски

значи „не се сакаме многу, но се трпиме“. За сега нивото на

толеранција е задоволително,

но разбирањето,

комуникацијата меѓу овие заедници се сé уште мали и

треба да се работи

дополнително во таа насока.

Page 16: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

М-р Митко Јованов

Соживотот е инвестиција во нашата сегашност и иднина

Етничката дискриминација не може да се компензира со

„рамковни“ вработувања во

државната администрација,

ниту пак преку распределба на тендерите за трошење на

државните пари.

Етничката разноликост,

нашата судбина-да ја исползуваме „Составот на населението во

Македонија се разликува по

својата националност и

религиозна исповед. Ако се направи етнографски преглед,

притоа скоро да не може да се

најде ниту едно населено

место во кое живее население

од една националност. Туку, неразделно вкоренети со

години наназад живеат заедно

Македонци, Срби, Турци,

Бугари, Албанци, кои меѓусебно често се во лоши

односи. Населението е

подложено на политичка и

религиозна пропаганда која во прв ред, ја спроведуваат

соседните земји што резултира

со влошување на политичката

состојба. За воспоставување на мир на Балканот,

Македонија треба да го

пронајде мирот.....“

Ова е извадок од анализата

посветена на македонското прашање и состојбите на

Балканот, изработена во Министерството за

надворешни работи на

Германија во 1923 година.

Различната национална и религиозна определба на

граѓаните во Македонија е

наша судбина исплетена со

векови наназад. Религиозната и националната исповед може

да биде предност за едно

општество, што се докажало и

во практика, пример

Соединетите американски држави - американското

општество го сочинуваат

граѓани со различна

религиозна исповед, и со различна расна припадност,

белци, црнци, и население од

жолтата раса.

Да, точно е дека не може да се

прави паралела меѓу македонското и американското

општество во историска

смисла. Но, без разлика на

историските консеквенции,

Page 17: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

кога можат во САД да живеат

заедно белци, црнци, жолти,

муслимани, католици, протестанти, православни,

будисти, атеисти..., зошто

истиот соживот, да не може да

функционира и на друго место? Ете доказ за успешно

функционирање на

мултикултурно општество. САД

се најмоќна држава, економски, технолошки, и

воено.

Во Македонија некои

„експерти“ веќе констатираа дека германската канцеларка

Ангела Меркел, го прогласила

мултикултуризмот за мртов,

што е неточно. Имено,

Германија вложува огромни пари за успешно интегрирање

на странците кои живеат во

Германија (Турците, се

најголема заедница во Германија), во општеството.

Интеграцијата подразбира да

се зголеми бројот на студенти

со странско потекло, за тие полесно да најдат работа,

повеќе од нив да се вклучат во

јавните работи, да го научат

германскиот јазик, што е

основ за интеграција. (Лидер на германската зелена партија

е Турчин). Потоа, кампањи за

младите муслиманки да не

бидат заробеници на традиициите и обичаите стари

со векови наназад, како

обичајот, момчето да и го

избираат родителите. Ваквата традиција предизвикува многу

трагични судбини на млади

Турчинки. Ваквите напори,

иако тие не дале ефект како

што било очекувано, не подразбира дека

мултикултурниот концепт

пропаднал, Германија и

понатаму инвестира во интеграцијата на странците,

што значи вложување во

мултикултурното општество.

Во Македонија главен проблем е дискриминацијата, и таа

нема граници, во зависност од

нивото и тесните интереси, таа

е етничка, религиозна, партиска, политичка,

полова....

Додека во западноевропските

држави, дискриминацијата не

постои или е сведена на минимум, и што е најважно,

постои дневна борба за

нејзина елиминација ако

постои на било кое ниво и основа. И токму затоа,

граѓаните од Македонија, кога

ќе живеат на Запад,

чуствуваат дека таму правата кои им следуваат, ги уживаат,

и не се дискриминирани, како

што им се случува во својата

татковина Македонија. За жал

тоа се фактите.

Кога ќе преовладаат

глупостите Во продолжение ќе споделам

мое искуство.

1. Пред околу седум години

Македонец, кој имаше статус

на раселено лице од

Page 18: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Арачиново, ми раскажа за

живеењето во селото пред

триесетина години, за односите меѓу Македонците и

Албанците. Бев добар

слушател и тој започна да се

присетува на својата младост. Со очигледна гордост ми

раскажа како со неговите

другари-Македонци, им ги

полнеле со вода чевлите, опинците, на соселаните –

Албанци, додека тие биле во

Џамијата, на молитва.

Ваквите случувања од минатото предизвикувале гнев

и револт, кој е врежан во

свеста и се провлекува и до

денеска, и притоа нема

потреба од многу напори за да се излие во одмазда во некоја

форма.

2. Пред околу пет години во една општина во која живеат

Македонци и Албанци, во која

има села кои се населени само

со Македонци и Албанци. По обилните врнежи од снег и

затрупувањето на патот кој

водел до албанското село, но

преку македонското село. Градоначалникот на

општината бил Македонец,

ангажирал механизација за

расчистување на снегот но само до македонското село, и

ниту метар понатаму кон

албанското село.

Образложението на градоначалникот било дека

општината немала пари за

понатаму да се расчисти патот

до селото каде живеело албанско население.

Основано, албанското

население било револтирано,

но и покрај протестите кон градоначалникот, тој не

попуштил, и патот останал

неисчистен, а селото отсечено

од светот. За ваквото

постапување на градоначалникот, селаните –

Албанците наишле на

разбирање во Мисијата на ЕУ

во Македонија, каде се пожалиле. И логично,

извештајот за ваквото

постапување на нашите

институции, е доставен до Брисел, и тој не е единствен.

Потоа се „чудиме“ од каде се

замерките од ЕУ на наша

сметка дека не правиме

доволно напори за подобрување на

меѓуетничкиот соживот во

државата. Ваквите случувања

на дискриминација не можат да се компензираат со

„рамковни“ вработувања во

државната администрација,

ниту пак со распределба во управувањето со тендерите за

трошење на државните пари

во рамките на Владата.

Page 19: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

Голем темел во меѓуетничкиот

соживот би било ако

градоначалникот организирал расчистување на патот од

снегот со лоптаа во рака, и да

ги организирал Македонците

од едната страна а од другата страна на патот, Албанците.

Бидејќи и Албанците се

разболуваат, и Албанките се

породуваат и затоа патот и до нивното село треба да биде

достапен и кога има големи

врнежи од снег.

Но, немањето пари во

општинската каса не била

причината, туку „одмазда“ на градоначалникот, бидејќи

Албанците не гласале за него

на изборите. Но, на следните

избори, не би требало за него да гласаат ниту Македонците,

бидејќи тој со неговите

постапки, ќе им го одземе

мирниот соживот.

Заклучок Завршија заблудите за

живеење во етнички чисти

држави, затоа по секоја цена

треба политички да се изолираат авантуристите кои

сонуваат за проекти

својствени за минатите

векови. Сите сме луѓе со иста природа, со различни

размислувања, верувања,

убедувања, но сите се

стремиме за основање семејство, напредок во

кариерата, добар стандард,

тоа ќе го оствариме ако

успееме да се избориме за почитување на законите, за

изградба на функционална

демократија со социјално-

пазарна економија. Да не им дозволиме на

поединци и групи да нè

провоцираат со недолични

маски на карневали, со

палење религиозни храмови, палења знамиња и слично, за

да предизвикаат немири и

отежнување на градењето

мирен соживот.

Page 20: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Даниела Цветаноска

Соживот - ДА, НЕ или МОЖЕБИ?!

Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно

наследство на македонскиот

народ и од неговата вековна

борба за национална и социјална слобода и

создавање своја држава,

конечно на 8 –ми септември

1991, Македонија е конституирана како

национална држава на

македонскиот народ. Во

државата се обезбедува

целосна граѓанска рамноправност и трајно

сожителство на македонскиот

народ со Албанците, Турците,

Власите, Ромите и другите националности кои живеат во

РМ.

Последниве настани некако ме

натераа да помислам на тоа колку е природно и

ненаметнато прашањето за

сожителство или популарно

наречено- меѓуетнички односи и заеднички живот.

Последниве неколку денови

гледаме голема возбуда во

меѓунационалните односи во

земјава. Почнува да се верува дека и по 10 години од

конфликтот во Македонија,

одвреме навреме се

појавуваат некои настани колку да нé потсетат дека сé

уште постои тензичност и не е

ништо розово како што ни е

пренесено, а најлошо од сé е што сето тоа некој го користи.

Цело време, во сите медиуми

слушаме дека постои совршен соживот и разбирање меѓу

Македонците и Албанците и од

никаде се појавуваат некои

поединци кои ја тресат целата земја. Но, кои се тие

поединци? Само се прашувам,

како може ние и целата

држава да станеме заложници на некои поединци, кои на

некултурен и вулгарен начин

се обидуваат да „фураат“ по

некои нивни идеи. Факт е дека

ова е многу чувствително прашање. Можеби нивото на

толеранција е задоволително,

но комуникацијата меѓу т.н.

„едните“ и „другите“ воопшто не е на завидно ниво. И ајде,

можеби сега ќе донесеме и нов

закон за тоа. Па луѓе, веќе

доста ни се закони за сé и сешто. Зарем може некој со

закон да ни каже како да се

чувствуваме и како да бидеме

добри комшии со соседот од друга националност?

Како власта и политичарите

се справуваат со ваквите

ситуации?

Во Македонија со години има мултиетнички влади, заедница

која е „многу“ цврста и

нераскинлива. Тогаш како тоа

не може да се рефлектира и врз обичните луѓе? Па, можеби

затоа што и самите тие се

провокатори и предизвикувачи

на некои настани. После секое насилно меѓуетничко

случување, сите политички

Page 21: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

партии се обвинуваат една со

друга. Тоа прави уште поголем

раздор. Не е доволно само да се стават потписи на

некој договор, како што е

Охридскиот, и да речеме дека

сме изградиле функционално општество. Во основа, во сите

земји каде што имало

меѓуетнички конфликти, биле

потребни повеќе од 10 години за да можеме да кажеме дека

има функционално општество.

Изгледа членовите на елитата

која ја води државава конечно треба да созреат како

одговорни политичари и да

можат да се носат и да ги

решаваат ваквите проблеми.

Па, на крајот на краиштата, нели тие треба да им

овозможат подобар живот на

луѓето.

“Divide et Impera” – раздели па владеј! Изгледа на оваа

карта играат сите во

Македонија.

Конфликтните ситуации во нашата земја, обично се

случуваат во етнички мешани

средини каде што има поголем

процент од двете

националности (Македонци и Албанци). И овие заедници

наместо да претставуваат

позитивен пример, тие

создаваат проблеми кои се однесуваат на сите нас. А ние

си се гордееме со високо ниво

на мултикултурализам. И тука

постојат многу прашања. Што правиме ние? Зошто

најголем дел од граѓаните, а

особено младите луѓе

излегуваат на различни места?

Зошто се движат на различни

страни? Зошто цело време се навредуваат едни со други?

Доколку ги запрашаме

Македонците секогаш ќе речат

дека Албанците се виновни, а Албанците ќе ги посочат

Македонците како

иницијатори. А, факт е дека и

едните и другите се заеднички виновници за вакви проблеми.

Многу голема улога во овие

процеси имаат и семејствата

на децата. Наместо да ги поттикуваат своите деца на

заедничка комуникација и

дружба, тие бараат одделни

паралелки, па дури и одделни

училишта. И сето тоа, некој упорно и без малку совест го

поддржува. А ние? Ние се

глумиме толеранција и

целосно разбирање. Вистината е сосема поинаква.

Можеби само знаеме да

бидеме лицемерни и позади

грб да си зборуваме сé и сешто. И ако во младите е

иднината, јас се прашувам

каква ќе биде нашата иднина?

А спас..? Спасот можеме да го

бараме само кај нас самите. Спасот е во тоа колку сме ние

ограничени. Експертите

сметаат дека треба да се

работи на елементи кои интегрираат. Треба да се

зголемат напорите за

зближување на учениците во

училиштата кои учат во различни смени. Треба да се

подигне свеста, особено кај

младите луѓе. Можеби имаме

Page 22: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

различна националност,

различна етничка припадност,

но сите сме луѓе. Мораме да докажеме дека можеме да

живееме заедно во мир и

хармонија.

Факт е дека Охридскиот договор донесе нова реалност

во Македонија, но не е тоа

единствениот договор по чии

принципи треба да живееме. Можеби треба да се направат

и етнички мешани партии

во кои нема да се гледа

националната и религиската припадност, туку сé ќе биде

фокусирано на политичката и

социјалната определба. И за

крај...

„Единствен начин да се реши сето ова е да не останеме

заложници на поединците.

Ситуацијата генерално не е

излезена од контрола, туку одредени поединци се

однесуваат како да имаат

сопственост врз целата

ситуација. Тука мислам и на политичари, и на граѓани -

поединци. Треба да се

идентификуваат личностите, а

не да се генерализираат“ вели

Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Page 23: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

Светлана Пеншовски

Разликите како мост, а не како бариера

Луѓето отсекогаш во минатото имале потреба од групација, и

тоа, почнувајќи од племиња, па

потоа градови, па држави и сето

тоа било со единствена цел. Сакале да си ги заштитат

комплетно своите интереси,

својата територија, нивните

граници, па на тој начин се одделувале од другите луѓе, со

кои веројатно мислеле дека

немаат слични интереси. Ете

тогаш настанал национализмот и

првата појава дека може или не може да се припаѓа во некоја

група. Буквално истата работа се

случува и со ЕУ. Земјите кои се

членки, имаат заеднички ставови по многу прашања, ги решаваат

проблемите со соработка, штитат

заеднички интереси, си помагаат

и поддржуваат материјално во секаква смисла. Меѓутоа, времето

покажува дека нема идеални

нешта никаде, разликата е во тоа

– кој колку е способен да ги замаскира недостатоците или да

ги прикаже истите во извртена,

нереална форма.

Дали се различни етникумите во ЕУ? Не постои единствен калап за 20-

30 земји членки или кандидати за

членки во ЕУ, тоа значи дека

секоја држава има различен етникум, една главна

националност и неколку помали,

само релативно е каде се истите

признаени, а каде не.

Во Бугарија, на пример, има Бугари, но има и Роми кои се на

висок пиедестал, затоа ќе

потсетам на едни истражувања

дека во породилиштата се раѓале 70% бебиња со темна кожа. Што

значи тоа? - Ништо повеќе од

менувањето на мислењето за

малцинството, „малци“ ќе тежнее да стане „мнози“... Ако акцентот

го ставиме во меѓуетничките

судири, не може да се поништат

немирите и криминалните

дејствија. Но нив никој не ги карактеризира како чин на

етничка основа, туку како

демократско право да можеш да

бираш дали сакаш да бидеш криминалец.

Во Германија, по моја слободна

проценка, сигурно има околу 10

милиони граѓани, кои живеат и

работат таму, а не се Германци. Нивниот престој е регулиран со

визен режим, а тие се навистина

голем дел кој го сочинуваат

германското граѓанско

општество. За нив, во странските земји велат, девојката (жената)

Page 24: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

може да биде од село, но

автомобилот мора да биде од

Германија. Значи како статус си наметнале свој стил, без разлика

на тоа дека во автомобилската

индустрија, можеби нема ни 25%

Германци. Делбите се минимизираат

насекаде освен во руралните

места, каде што овчарот не се

дружи со други овчари, кои би му претставувале конкуренција.

Затоа во Русија има околу 400

народи, но има само една нација,

во Белгија има два народи, а една нација, Швајцарија има три

народи, а една нација. Како

сублимат од оваа теорија,

моноетничка држава, освен

веројатно Јапонија – не постои. Односите меѓу нив би зависеле

од степенот на култура,

образование и широките погледи

на светот. За да не се заборави Белгија,

државата – лулка, мора да се

посочи дека имигрантите од

Полска, Романија и Бугарија, како и барањата за азил беа

виновни што бројката на

жителство ја надмина од 11

милиони лица. Ако сите нив,

успеале некако да ги насочат да гледаат во ист правец, тогаш ни

се враќа трошката надеж дека и

од нас може да биде нешто.

Значи, станува збор за успешна формула.

Нација V.S. малцинство За мене интересни се и други

факти, кои ретко кој ги зема предвид. На пример, во однос на

економската супериорност,

Кинезите од ЕУ, или пошироко од

Европејците, го примаат

целокупниот капитал, но потоа никогаш не го одливаат од

нивната заедница и го

инвестираат главно во Кина. За

пофалба е, што иако ни се пред очи, ретко кој може да се сети да

го ископира нивниот успешен

модел, бидејќи и ретко кој е

способен да конкурира на тој пазар.

Стравот од претопување на

некоја националност, прави некои теории за (не)губење на

националниот идентитет, па

принудува некои националности,

без разлика каде и да живеат, да создаваат повеќе потомство за да

се зголеми демографската

супериорност. Расцепот помеѓу

националното наспроти

колективното станува преголем за надминување, па теориите за

општото добро – паѓаат во вода.

Исто така, многу важен момент е

пописот во државите, каде што се набројуваат најбитните

малцинства, но секогаш има

опција „друго“, а во тоа „друго“

сигурно има малцинства од 20%. Секако, анализава не е

Page 25: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

посветена на Македонија и

истите податоци не се земаат

како релевантни!

Резиме Денес, кога за појадок може да

си во една држава, за ручек, во друга држава на истиот

континент, а за вечера на некој

друг континент, доаѓа времето

кога мора сите пред себе да

признаеме дека на сите три места ќе видиме исти луѓе, кои не може

да се разликуваат по ништо од

нас како хуманоиди, или ние од

нив, затоа да не бидеме ситничари. Сите ние сме луѓе, за

сите се идентични моралните

вредности, а културите и

јазиците се уча; значи можеме и ние да ја учиме туѓата култура,

но и тие да ја учат нашата. Само

така ќе бидеме побогати, можеме

да бидеме сплотени и да не ги

потенцираме разликите, кои во суштина се ситни нијанси,

мостови за поминување на река

од еден крај на друг.

Изолираните групи, кои што сакаат да останат на страна,

всушност губат и самите си го

„копаат гробот“, додека да се

освестат, светскит развиток ќе отиде толку многу напред, што ќе

биде многу тешко да фатат чекор

со него и ќе се загубат себе си.

Таквите фрустрации потоа ќе нé чинат сите нас. Додека ние на

Балканот војувавме за смешни

национални интереси, ЕУ се

развиваше. Затоа сега сме ние

толку назад и сакаме да го фатиме последниот вагон на

последниот воз, за да стасаме на

исто ниво со нив. Свесните знаат

дека од расна омраза и

национализам не се живее, туку се живее само од работа, труд и

прогрес, а прогресот не знае за

национални граници.

Демократијата кон своите противници постапува како кон

граѓани, и ако човечкиот род не

сфати дека расната, етничката и

верската припадност- е небитна, тогаш треба да се откаже од

самиот себе, бидејќи токму тие

разлики – го прават човекот

таков каков што е.

Page 26: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

Eлена Николовска

Сите за еден, а еден за сите

Европската Унија е една нова експериментална појава која

попат ги измислува правилата.

Далеку е од совршенство,

меѓутоа ниедна креација на човекот не може да биде

совршена, секогаш ќе има барем

една грешка. Од самото

постоење, Европа се стреми да ги обедини сите групи на народи

кои живеат на нејзина

територија. Најпрвин од

економски причини, а во поново

време и од културни, демократски и хумани побуди. На

европската почва постојат

огромен број на народи,

етникуми, различни религиозни групи. И токму затоа во

почетоците на Европската Унија

напишана е и Европската

повелба за човекови права.

Проблемот се јавува кога имате

мала земја со длабоки корени во нејзината традиција и народ кој

тврдоглаво се бори против

промените кои ги бара

динамиката на новото време, а сепак сака да биде дел од тоа

време.

Уште од мала ме учеа да се дружам со оние од мојата

религија, тие од другата требаше

да се избегнуваат. Сé што ми

беше дозволено беше да

разменам пар учтиви зборови со тие луѓе. Луѓето од другите

религии беа чудни и имаа уште

почудни навики. Мојот прв

реален контакт со луѓе од други етнички заедници беше на

првиот академски час. Имаше

луѓе од сите религии, сите

етнички заедници и различни политички убедувања, а сите беа

таму за една работа - за да учат.

И научивме многу. Мојот

најдобар пријател беше етнички

Aлбанец, и не беше чуден, беше обичен студент со студентски

живот како и сите други. Како

вистински пријатели се каравме

околу несогласувањата и се смеевме на студентските денови.

Пет пати во денот тој го

напушташе кафе муабетот и се

Page 27: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

затвараше во својата соба за да

се моли. Ми беше чудно во

почетокот, ама подоцна ми стана нормална, секојдневна работа.

Па, зошто мора да е чудно, ако

е различно од моето?

И сега слушаме за некакви

етнички тензии и меѓуетнички

проблеми. Само еден чекор во

било кој универзитет во Македонија и ќе ви стане јасно

дека меѓу младите кои таму

студираат не постојат разлики. А

младите се иднината на секоја држава. И доколку работите се

остават во рацете на овие млади

луѓе, нема да мора повеќе да се

плашиме за идинината на нашата

земја. Таа ќе биде мирна и полна со разбирање и соживот. Бидејќи

во неа ќе живеат луѓе на кои не

им е важен полот, религијата или

расата, важно им е да изградат кариера и да шетаат по светот за

да запознаат нови култури и

други млади амбициозни луѓе.

Европската Унија сака ваква држава со вакви млади луѓе. И

секако ќе сака да бидеме дел од

неа. Но, таа нема да нé прифати

доколку имаме несогласувања и

проблеми. Впрочем, зошто би сакала на своите растечки

проблеми да додаде нови,

предизвикани од една држава со

нестабилно општество?

Историјата, пак, ни покажува

дека наместо да ги обедини сите,

глобализацијата ги предизвикува сите различни групи да се борат

против неа од страв да не си го

изгубат идентитетот. А,

Европската Унија е еден основен пример на обид за глобализација.

Идејата на Обединета Европа е

европски народ без граници, а

тоа не значи губење на

индивидуалните групни идентитети. Ова би требало да

значи приспојување на сите во

еден европски идентитет.

Многу е јасно дека нешто ќе мора да се изгуби, меѓутоа помислете

што ќе добиеме. Доколку

престанеме цврсто да ги стискаме

забите и слепо да се држиме до застарените убедувања, со срце

ќе влетаме во една нова авантура

каде ќе се почитува сечија

религија, каде ќе има заеднички

празнувања, каде партијата ќе биде само хоби, каде

државјанството нема да е битно.

И сите заедно ќе се бориме за

истото. А во таа нова авантура ќе бидат присутни сите, а

единствената група луѓе која би

изгубила во ова сценарио ќе

бидат политичарите. Тие ќе изгубат причини околу кои би

можеле да го скараат народот.

Page 28: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 28

Во последниве денови на оваа

тема зборував со многу луѓе од

Македонија, млади и стари. И ниту еден од нив не ме праша

која е мојата религија. Од сите

го слушнав истото, народот е

сиромашен, треба сите заедно да се избориме и да излеземе

од оваа состојба за да се

преживее. Значи се враќаме

назад во старо- новата идеја за Една Единствена Обединета

Европа, која со заеднички сили

ќе се издигне во еден богат

континент со среќен и згрижен народ. Но, тоа никако нема да се

случи сé додека не почнеме да се

откажуваме од она малку што го

имаме, за да добиеме повеќе.

Познатиот француски писател,

кој по некоја случајност творел

токму на европскиот континет

можеби уште тогаш сакал да ни каже нешто со својата книга

„Тројцата Мускетари“, кога во

неа толку јасно напишал „Сите

за еден, а еден за сите“.

Размислете, сакате засебна

сиромашна иднина каде никој

нема да оди напред или една заедничка која се движи кон

врвот и има потенцијал да биде

подобра и од една Америка? Сите

заедно под едно знаме можеме многу повеќе мои млади

мултиетнички европјани!

Page 29: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 29

Сонот за еврото

Европската централна банка,

со седиште во Франкфурт го издаде еврото со цел да се

ублажи германската загуба на

нивната сакана марка. Но сега

европскиот сон, чиј центар е еврото почна да се

извитоперува. Членките на

еврозоната, предводени од

Германија се принудени да им помагаат на послабите

економии, кои се западнати во

финансиска криза. Оваа криза

силно одекна во светот

заканувајќи се дека ќе го одвлече целиот блок во

рецесија.

Зошто се создаде еврото? Еврото кое ја создаде

најголемата трговска унија

беше креирано за да ги поврзе

европските нации поради трговски и политички цели.

Еврото се роди сред политички

и економски пресврт, во

времето кога Германија беше

на пат кон обединување - со падот на Берлинскиот ѕид во

1989 година се распадна и

комунизмот во Источна

Европа. Европската унија стапи на сцена по Втората

светска војна, но европските

ветришта го сменија правецот

за да се создаде една единствена економија.

Договорот за Европската унија

познат како Договорот од

Мастрихт, беше потпишан во

истоимениот холандски град

на 7 февруари 1993 година, и стапи на сила уште истата

година. Со тоа се создаде

структурата на заедничката

валута, која се роди подоцна и ја нарекоа евро. Грчката

буква ипсилон беше

инспирација за симболот на

монетите и банкнотите достапни од 2001 година.

Европската централна банка, со седиште во Франкфурт го

издаде еврото со цел да се

ублажи германската загуба на

нивната сакана марка. Но сега европскиот сон, чиј центар е

еврото почна да се

извитоперува. Членките на

еврозоната, предводени од Германија се принудени да им

помагаат на послабите

економии, кои се западнати во

финансиска криза. Оваа криза силно одекна во светот

заканувајќи се дека ќе го

одвлече целиот блок во

рецесија.

Page 30: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 30

Како функционира

еврото? Создавањето на валута која

може да се користи истовремено во толку

неспоредливи економии една

со друга, отсекогаш било

тешка задача. Поранешниот економски министер за

економија Жак Долорес,

претседател на Европската

комисија од 1986 до 1995 година ја даде идејата за

единствена валута.

Целта беше ставање на

европскиот идентитет на

пазарите, со што меѓудругото би се постигнала ценовна

стабилност, раст и трговски

бенефиции. Извештајот

„Долорес“ од 1989 година ја дефинира целта за монетарна

унија, што донекаде

претставува целосна

либерализација на движењето на капиталот.

Конечната структура беше

блок во кој политичката и

фискалната интеграција ќе

бидат сведени на минимум. Еврото не беше создадено за

да се создадат „Сојузни

европски држави“ туку

Договорот од Мастрихт

создаде посебни услови за

влез на единствена валута. Помеѓу другите критериуми

земјите-членки не смеат да

дозволат годишниот

дефицит на буџетот да надмине 3% од БДП и

јавниот долг мора да биде

помал од 60%.

Европската централна банка ја контролира монетарната

политика на блокот. Таа има

задача да ги утврдува

каматните стапки и да ја одржува инфлацијата на 2%

или помалку. Сепак секоја

земја ја креира сопствената

даночна политика, банките

издаваат сопствени обврзници кои варираат во зависност од

ризиците поврзани со секоја

земја.

Кој припаѓа на

еврозоната? Од 27 земји-членки на

Европската унија, 17 нации

го користат еврото како сопствена валута, што

претставува 332 милиони

граѓани. Германија има

најсилна економија во

Еврозоната, а по неа е Франција.

Грција, Португалија, Италија,

Ирска и Шпанија се група

земји кои имаат послаба економија и се здобија со

непосакуваниот акроним PIIGS

(свињи), како што кризата

земаше пошироки размери. Оние кои не ги исполнуваат

условите за присвојување на

Page 31: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 31

еврото иако се членки на ЕУ се

Бугарија, Чешка, Унгарија,

Латвија, Литванија, Полска и Романија. Во 2000 година

Данска на референдум го

отфрли еврото, а не го

прифати ниту Велика Британија.

Што е проблемот со Грција? Грчката економија има

проблеми уште во времето

кога земјата се приклучи кон

еврото. Ваквата состојба се должи дел на прекумерното

трошење, дел на

неспособноста да се собере

доволно приход. Во 2004

година Грција призна дека нејзината финансиска состојба

е полоша отколку што ја

претставуваа, со тоа ги

прекрши барањата за влез во еврозоната.

Во 2008 година земјата усвои

поограничен буџет, за да го

намали нејзиниот огромен државен долг, што предизвика

масовни протести. Во 2009

година Грција призна дека ќе

ја заврши годината со дефицит над 12% од БДП - многу

поголем од претходно

прикажаното и за четири пати

поголем од она што го бара

еврозоната. Оценките за земјата вртоглаво

паѓаа, што ја намалуваше

вредноста на нејзините

државни обврзници, па дури станаа безвредни. И

покрај воведувањето на

брутални мерки за

штедење, што го предизвикуваше бесот кај

граѓаните, Грција никако не

успеваше да ја поправи

економската состојба. Сега банкротот на Грција се

очекува на големо, но

последиците сè уште не се

јасни. Неконтролиран

банкрот, кој ќе дојде одеднаш и неочекувано,

најверојатно ќе предизвика

глобална паника.

Контролиран банкрот, во кој кредиторите ќе имаат јасна

слика за нивните загуби може

малку од малку да ја олесни

состојбата. Според проценките на „Стандард и Порс“

(Standard & Poor‟s)

заемодавачите можат да

очекуваат загуби до 70% од нивните инвестиции.

Page 32: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 32

Променетите економски

податоци на Грција создадоа

паника меѓу инвеститорите. Тие престанаа да ги купуваат

нејзините обврзници. Во мај

2010 година Грција доби

помош од 110 милијарди евра од Меѓународниот

монетарен фонд и партнерите

на еврозоната.

Што ако земја-членка

банкротира? Никој точно не знае што ќе се

случи ако една земја-членка

банкротира. Неизвесноста

доведе до бројни прекршувања на правилата на

пазарот на капитал и

кредитниот пазар низ целиот

свет. Ваквата состојба ја спушти вредноста на акциите

на глобално ниво и САД и ЕУ

ги втурнува кон рецесија.

Рецесијата ќе доведе до зголемена невработеност и

ниски плати.

Банкротот или заминувањето

на Грција од еврозоната исто така со себе носи ризик што ќе

се прошири како зараза. Тоа

значи дека кредиторите ќе

се загрижат за другите држави кои се во долгови,

како што е Италија, која

учествува со 17% во

економијата на еврозоната и е скоро седум пати повеќе од

Грција. Тоа значи

дополнителна финансиска

нестабилност во светот. Идното сценарио не може

целосно да се предвиди,

меѓутоа моменталната состојба

ги разгорува политичките дебати дали Европскиот сон и

еврото можат да преживеат, и

дали тие воопшто требало да

бидат создадени.

Подготвила:

Кристина Вељаноска

Page 33: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 33

Европски правила за говорот на омраза 2

Во европските културно

разновидни општества се појавува потреба правото на

слобода на изразување да се

усогласи со други права, како

слободата на верување, свест и религија, кои некогаш може

да си штетат едно со друго.

Тоа е тежок предизвик бидејќи

токму овие права се јадрото на демократијата.

Член 10 од Европската

конвенција за човекови права

вели дека „секој има право на

слобода на изразување“, вклучувајќи ја и „слободата да

има свое мислење и да добива

и дели информации и идеи без

во тоа да му се мешаат јавните власти“. Како и да е,

Конвенцијата исто така

предвидува дека примената на

овие слободи со себе носи должности и одговорности и

утврдува дека одредени

ограничувања на овие права,

вклучувајќи ги оние за „заштита на угледот или

правата на останатите“, се

можни во одредени околности.

Кои фактори се пресудни пред Судот? Европскиот суд за човекови

права ги зема во предвид

следните фактори:

- Целта на личноста чија

слобода на изразување е

ограничена

- Содржината на изразот

- Контекстот, односно

дали личноста која ја дава изјавата е новинар

или политичар

- Профилот на луѓето кои

се цел на даденото мислење

- Публицитетот и

потенцијалното влијание

на изразот, т.е. дали изјавата е направена во

широко дистрибуиран

весник или во поема

- Природата и тежината на

ограничувањето

Кој е клучниот

критериум? Основниот критериум кој

Судот го користи за да утврди дали ограничувањето на

слобода на изразување е

прифатливо или не, е

оригиналната намера на

авторот на изјавата. Ова може да биде тешко да се

одреди и затоа Судот дава

голема важност на контекстот

во кој е направена изјавата. Клучниот проблем кој Судот го

истражува е дали авторот на

изјавата намерно шири

Page 34: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 34

расистички или нетолерантни

идеи преку употреба на говор

на омраза или се обидувал да ја информира јавноста за

одреден проблем или севкупен

интерес. Одговорот на ова

прашање треба да направи разлика кои изрази, иако

шокирачки или навредливи, се

заштитени преку Член 10, од

оние кои не треба да бидат толерирани во демократско

општество и се исклучени од

заштита на Конвенцијата врз

база на Член 17.

Дали влијае профилот

на луѓето? Во главни црти, Судот смета

дека границите на

прифатливата критика се пошироки кога целта е

политичар отколку кога е

физичко лице. За разлика од

вториот, првиот неизбежно и свесно се поставува себеси

под лупа за секој кажан збор и

дело пред новинарите и

јавноста, и според тоа мора да се покаже поголем степен на

толеранција.

Во врска со ширењето на

говор на омраза, Судот е

построг со политичарите и инсистира на нивна посебна

одговорност во однос на

некористење на јазик кој

придонесува кон разгорување на нетолеранцијата. Што се

однесува на медиумите, се

разликуваат две ситуации:

кога новинарите се автори на изјави, кои се неприфатливи,

и кога тие се само посредници

во пренесувањето на изјави

дадени од други субјекти и со

кои не се согласуваат. Судот е категоричен кога

станува збор за можни

ограничувања на

медиумската слобода, поради важната улога која тие

ја играат во демократските

општества. Тој истакнува дека

иако новинарството не смее да ги пречекори поставените

граници, меѓу другите работи,

за „заштита на угледот на

останатите“, сепак има обврска да ги пренесе

информациите и идеите за

политичките проблеми исто

како и оние во другите

области на јавен интерес. Не само што новинарството ја има

задачата да пренесе такви

информации и идеи: јавноста

исто така има и право да ги добие истите.

Како Судот се справува

со рестрикциите

поврзани со нападите

против други религии? Судот воспостави позиција во која оние што избираат да ја

применат слободата да ја

манифестираат својата

религија, независно од тоа дали го прават тоа како член

на религиозно мнозинство или

малцинство, разумно не може

да очекуваат да бидат ослободени од целосна

критика. Тие мора да го

толерираат и да го прифатат

порекнувањето на нивните

Page 35: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 ЕВРОПСКА УНИЈА страна 35

религиозни верувања од

страна на останатите, па дури

и ширењето на доктрини непријателски настроени кон

нивната вера.

Како и да е, во случаеви каде

нападот може да биде навредлив или засега

проблематики кои се сметани

за свети од верниците, Судот

во обичајното право ја познава можноста за членките

да го усвојат ограничувањето

на слободата на изразување,

под услов тие да ги задоволуваат барањата во

Член 10 (да бидат пропишани

со закон, да следат легитимна

цел и да се неопходни во едно

демократско општество).

Во оваа смисла, тоа

подразбира дека религиозните чувства на другите се „право

на останатите“ спомнати во

Член 10 од Конвенцијата.

Во поголем дел од судењата на оваа тема, Судот одлучи

дека нема прекршување на

Член 10, имајќи во предвид

дека ограничувањето на слободата на говор од

засегнатите држави била

потребна за заштита на

правата на останатите. Во

други случеви, прогласено е

дека имало прекршување на слободата на изразување и

одреди дека одредени изрази

кои би можеле да бидат

„шокирачки“ или „навредливи“ не треба да бидат ограничени

се додека:

- Тие не се намерно

навредливи - Навредливиот тон не се

однесувал директно на

специфични верници

- Изразите не биле навредливи ниту за

верниците ниту за

светите симболи

- Не ги напаѓаат правата

на верниците за да се манифестира или

практикува својата

религија и не ја

уништува нивната вера - Сами по себе не

иницираат

непочитување, омраза

или насилство.

Извор: Council of Europe

Подготвила: Славица Ѓоргиева

Page 36: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 МЛАДИ СО СТАВ страна 36

Page 37: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 МЛАДИ СО СТАВ страна 37

Магдалена Јовановска

Дали македонскиот национален идентитет зависи oд партијaта на власт?

Во македонската јавност сé повеќе и повеќе се крева

прашина во однос на

поставувањето на спомeници низ

Скопје, а воедно, и низ цела Македонија.

Граѓаните во Македонија

прилично поделени, а и самата нација се разбранува од овие

одлуки. Но како и да е, доколку

од научен аспект го анализираме

овој феномен на редефинирање или повторно креирање на

националниот идентитетот на

македонската нација, можеме

да дојдеме до еден многу

едноставен заклучок- актуелната македонска влада овој процес го

прави како што е напишано во

учебниците. Чекор по чекор, без

ниту една грешка успеаа да го редефинират националниот

идентитет на Македонците, па

ако до пред некоја година бевме

Стари Словени, кои дојдоа од зад Карпатите, сега сме Антички

Македонци кои не се сеќаваат од каде точно се преселиле.

Доколку се задлабочиме да го

анализираме националниот

идентитетот од научен аспект, ќе се соочиме со тоа дека многу

фактори влијаат во

конструкцијата на истиот.

Универзитетскиот професор Петар Атанасов вели дека

идентитетот пред сé е социо-

културно детерминиран и

конструиран, во зависност од

моменталните потреби на групата/поединецот како и од

можностите кои ги нуди одреден

социо-политички контекст.

Ако ова го поедноставиме

можеме да кажеме дека

националниот идентитет е

идентификација на една група со историски моменти и

симболи, култура, јазик,

религија, кои се карактеристики

за една специфична територија.

Во овој случај, националниот идентитет се креира преку

колективната меморија на

Македонците за најславните

моменти од нашата историја. Притоа има посебен акцент и

селективен пристап кон тоа кои

се, всушност, значајни историски

моменти и настани. А откако ќе се селектираат, нормално, треба

да се материјализираат, за да

граѓаните не заборават дека не

смеат да ги заборават.

Page 38: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 МЛАДИ СО СТАВ страна 38

Токму тој селективен пристап на

сегашната влада доведе до

склопување и формирање на нов национален идентитет, со кој

Македонците ќе се

поистоветуваат. Сегашните

високи функционери, заедно со мала група на интелектуалци,

теоретичари и академици, се

оние кои ја направија целата

селекција и ја исфилтрираа приказната за македонското

минато.

Од печатење на нови учебници

по историја во образованието, до поставување скулптури и

споменици по плоштадите низ

државава, тие плански и

структуирано го градат новиот

македонски идентитет во 21 век. Тука се потврдува теоријата дека

националниот идентитет се

конструира намерно и свесно, и

тоа одозгора-надолу. Проектот „Скопје 2014“ е типичен

пример за тоа како се конструира

националниот идентитет.

Поставувањето на спомениците, насекаде низ Скопје, е „жив“

доказ за тоа од каде потекнуваме

ние. Па, доколку застанете на

плоштад Македонија, во очи ви

паѓа 23-метарската фонтана на Александар Македонски, која

плени со својата грациозност со

налик од антиката. Но, не само

на плоштадот во центарот на Скопје, туку и самото

преименување на аеродромот

беше еден голем исчекор со кој

сакавме да ги информираме странците кои сме ние, уште пред

да стапнат на наше тло. Сепак

ние сакаме на другите да им

докажеме дека ние сме потомци

на Александар Македонски и на

македонската фаланга (зар мислите дека случајно

македонските навивачи се

поистоветени токму со

фалангата?). По овој пример продолжи и

преименувањето на

националната фудбалска арена

„Филип Втори – Македонски“, каде македонската национална

репрезентација ги игра

фудбалските натпревари, па

оттука кога ни гостуваат репрезентации ние гордо

навиваме на трибините, најчесто

со старите знамиња на

Македонија, односно со знамето

со сонцето на Вергина.

Пред извесно време владата даде

наредба со која се испечатија

нови учебници по историја, а во

нив се вметна новата приказна за

нашето потекло. Па, ако досега во учебниците пишуваше дека

ние сме Јужни Словени, а

постарите генерација сметаа дека

тоа е апсолутната вистина, сега

Page 39: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 МЛАДИ СО СТАВ страна 39

новите генерации учат дека ние

сме потомци на Александар

Македонски. Тука се поставува прашањето на

контрадикторноста, кој е нашиот

идентитет? Дали нашиот

идентитет зависи, всушност, од партијата која е во моментот на

власт? Дали ако на власт сé уште

беше СДСМ, и ние сé уште ќе

бевме Јужни Словени? Секако дека вистински одговор на овие

прашања не можеме да најдеме.

Можеме само да си

претпоставуваме „што би било- ако би било“, но анализирајќи го

националниот идентитет од еден

поинаков аспект, можеме да си ја

претпоставиме вистината...со

голема доза на точност.

Page 40: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 МЛАДИ СО СТАВ страна 40

Симона Младеновска

Факултетска дефиниција за демократија

750 денари за спортски и културни активности, 200 денари

за испитни работни тетратки, 100

денари за библиотечен фонд, 100

денари за колективно осигурување. Зошто по

ѓаволите?!

Спортски и културни активности?

Што беше последниот одбележан настан? А, да, 60 години од

постоењето на правниoт

факултет. И сега? Ќе се собираат

пари за 120-годишнината?

Што добиваат студентите за своите пари? Фини тетки и

чичковци на студентски

прашања? НЕ! Дури ни тоа...

Згора на сè, поскапе и

таканаречената административна

такса, до пред пар месеци

позната и како таксена маркица (од 50 денари). Сега таксената

маркица од 50 денари ќе ве чини

од 65 до 100 денари, во

зависност од тоа каде и во колку часот уплаќате.

Гледате дека не требаше да се смееме на вицот за џандарот што

прашувал колку должи за

таксена маркица од 50 денари? И

тоа ни се одби од глава. Долго време се прашував зошто

вака не „пљачкаат“, и верувале

или не, дојдов до доста логичен

одговор: Затоа што можат! Но, за жал сè уште не успевам да

си одговорам на прашањето како

тоа сите гледаме, знаеме и ни е

многу јасно дека не „пљачкаат“ и

не правиме ништо?!? Не е дека македонскиот студент е

овца и дека не му е јасно што се

случува, ама пуст кауч

менталитет не дава да се преземе ништо повеќе од

пишување на критички коментар

на некој од форумите. И после

никој не реагирал. Па нормално дека нема да реагира сè додека

не се фрли со чевел по оние кои

од зад говорниците гордо велат

дека студентските пари се трошат на студентите.

Page 41: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 МЛАДИ СО СТАВ страна 41

Физички е невозможно да е тоа

така! Како факултетот на мене ќе

ги потроши моите 1000 денари (државен факултет) или 600 евра

(приватен факултет) кои треба да

ги искеширам во моментот кога

ги повлекувам моите документи од истиот? Ќе добивам

новогодишни честитки секоја

година?!?

Морам да напоменам уште еден пример на кој сосем случајно

налетав.

„Студент на ПМФ, кој запишал

зимски семестар во оваа учебна година, за седум давачки морал

да плати 1.500 денари. Ако се

земе предвид дека зимски

семестар годинава запишале

1.420 студенти, излегува дека на сметката на универзитетот

легнале 2,1 милиони денари само

од административни трошоци.“

Ако парите навистина се трошат на студентите, овие бројки

укажуваат на тоа дека секоја

генерација која ќе заврши на

ПМФ како подарок од факултетот ќе добие своја лабораторија која

ќе може да си ја разработи на

ваков или онаков начин и дека ќе

има загарантирано работно место

во истата. Не дека е лош концептот, ама некако не ми се

вклопува во реалната слика.

За крај сакам само да потсетам

што се случи во Лондон, лани

кога беа покачени цените на школарината. Дали се сеќавате

на реакциите на тогашните и

идните студенти? Не верувам,

судејќи според стандардот на Велика Британија, дека

англичаните ќе немаа за леб ако

си ги школуваа децата, но

стануваше збор за нешто многу поголемо. Стануваше збор за

обид да се потцени IQ-то на

народот, а на истиот не му се

допадна тоа. Па тука се наметува уште едно

потешко прашање... Дали нам ни

се допаѓа?..

Page 42: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 42

Саше Јованов

„И ние сме креативни“

Здружението „Хуманост“ со поддршка на Домот за стари лица

„Мери Терзиева‟‟ од февруари

2012 до октомври 2012 година ќе

го реализира проектот „И ние сме креативни“. Со овој проект се

предвидени креативни и

тематски работилници секој

месец за изработка на различни предмети, кои се во согласност со

планот и програмата на

активностите во Домот за стари

лица „Мери Терзиева‟‟.

Преку работилниците старите лица ќе имаат можност да ја

истакнат својата кретаивност

преку изработка на најразлични

предмети од стакло, глина, пластика, керамика, хартија и

преку групна работа- везење,

плетење и изработка на кукли од

материјали. По изработката на предметите ќе се организираат

три базари каде што предметите

ќе можат да се продаваат. Со

собраните финасиски средства од првиот базар ќе се обезбедат

средства за изработка на

предмети за вториот и третиот

базар.

На последнот базар, кој што ќе се

одржи на 1-ви октомври, собраните финасиски средства ќе

бидат донирани во фондот за

помош и поддршка на старите

лица опфатени со проектот „Да

не ги забораваме и тие се дел од нашиот живот“.

Здружение за унапредување на

условите за грижа и сместување

на стари и изнемогнати лица

„ХУМАНОСТ“

Page 43: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 АРТВИЗОР страна 43

Од перото на Владимир Неделковски

30:Minutes or Less (2011) Улоги: Jesse Eisenberg, Danny McBride, Aziz Ansari Режија: Ruben Fleischer Сценарио: Michael Diliberti Продуцент: Stuart Cornfeld (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Обичниот човек во

необични (луди)

ситуации Сина, метална „канта“ на четири

тркала јури по улиците на малото градче Гранд Рапидс, Мичиген.

Некогашниот горд Мустанг, сега

претворен во некаква реликвија

од седумдесеттите, е гонет од неговиот безмилосен стопан –

разнесувачот на пици, дваесет и

кусур- годишниот Ник.

Автомобилот е возен со толкава жестина и агресија, што секој

нормален минувач би си

помислил дека е, без малку гонет од полиција (што подоцна и ќе се

покаже точно). Но, вистината е

дека, Ник е „горд“ работник за

минималец, вработен во

пицеријата на Вито, чиј газда има полиса да им крати на плата на

своите вработени, ако не ја

достават нарачката за триесет

минути или помалку (оттаму и

насловот на филмот). Низ умот на Ник, минуваат слики како газдата

го укорува (му се*е во фаца) и

му ја крати и таа бедна

заработувачка, па затоа го притиска гасот со сета сила,

едновремено гледајќи на

тајмерот, колку време му

преостанува. За негова (не)среќа, граѓаните на

вукојебината наречена Скоп...

мислам Гранд Рапидс, се особено

фини луѓе и кога нарачуваат пица, нарачуваат од

најдалечното можно место, токму

за да заштедат цели 7 долари и

20 центи. Секојдневјето на Ник

се состои од невоспитани дечишта кои му ги кинат живците

и платата со нарачки, кои се

едноставно невозможни, газда

кој го понижува и навредува и не го плаќа редовно, дружење со

другарот од детството, Чет, кој е

уште еден роб за плата, бидејќи

е наставник во основно, платен на минималец и уште тука е

сестрата близначка на Чет, за

Page 44: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 АРТВИЗОР страна 44

која нашиот пицабој, Ник, има

неискажани чувства на

наклоност. Ник, како повеќето млади денес, е остарен

предвреме; нема пари, нема

имот, нема семејство кое би го

поддржало, нема добра туку макотрпна, нископлатена работа

и не е некое чудо што не може да

собере доволно самодоверба и да

ѝ каже на девојката што му се допаѓа, дека му се допаѓа.

Секојдневната стихиска идила, се

менува од корен, кога двајца

средовечни криминалци од низок ранг, Двејн и Тревис, смислуваат

план како да го убијат таткото на

Двејн, за тој да го добие

наследството и заедно да отворат

салон за тренирање, кој ќе биде параван за јавна куќа. Двејн и

Тревис, како и Ник се отепана

сиромаштија, кои едвај завршиле

средно и кои си ја пробале среќата во лукративни работни

позиции каква што е таа на Ник -

пицабој. Разликата меѓу нив и

Ник е таа што тие после долга серија неуспеси, ја баталиле

целата идеја за „работење и

допринос на заедницата“ и се

препуштиле на паразитарен

живот, молзејќи ситна пара од богатиот татко на Двејн. Но,

Двејн има голема амбиција да

стане некој и нешто, па кова

завера, да ангажира платен убиец за да го „скине“ нетолку

омилениот, татко. Проблемот е

што Двејн нема пари ниту за

цигари, па смислува идеја да ограби банка и така да го плати

убиецот. Но, повторно, проблем

настанува, бидејќи Двејн нема

храброст ниту да пријде на

локалната банка, а не пак да ја

ограби. Тука доаѓа решението: Ник. Двејн и Тревис нарачуваат

пица и кога Ник ќе дојде да им ја

донесе, двојката го грабнува и му

врзуваат прслук со експлозив и додека Ник си доаѓа на себе,

Двејн му соопштува како, ако не

сака да се разлета на парчиња,

ќе мора да ја ограби банката и да им го даде пленот. Оставен без

избор, Ник, најпрво го вика

напомош неговиот другар, Чет, и

двајцата почнуваат подготовки за да изведот потфатот на нивниот

живот...

Абе што да ви кажам..? Прича

која денес се слуша, како „добар

ден, како сте“. Млади без иднина

се приморани на криминал, бидејќи државното уредување е

такво што дозволува од Шефот,

Уредникот, Газдата, Директорот,

Менаџерот и сите што добиле каква-таква функција, да се

претвораат во некакви божества

на планетава, од кои им зависат

животите на обичните буљаши. Капитализам. Тоа ти е. Кој имал

ќе има повеќе, кој немал, нема

Page 45: Револуција магазин бр.63

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 63 АРТВИЗОР страна 45

да има ни толку (?). Филмов е

сепак со оптимистичка порака,

бидејќи, сепак, е од Холивуд. Нема да ви го раскажам крајот,

но можете да претпоставите како

ќе се заврши целата работа. Но,

шаблонската шема не е овде причина да се пропушти добра

премиса и комично, добро

напишано сценарио.

Дополнително, актерите се уверливи, а не усилени

„холивудски ѕвезди“ и исто така

и режијата и камерата, се на

место. Така да, филмов и тоа како го препорачувам да го види

секој љубител на седмата

уметност, бидејќи вреди за

потрошеното време. Од друга

страна, не знам баш, дали очајна младина како нашава би требало

да гледа филм каде нивни

врсници ги решаваат социјалните

проблеми со криминални активности, па дури тоа да било

прикажано со добра доза хумор.

Абе, секаков народ има, а

нашиов најлесно потпаѓа под туѓи влијанија. Во секој случај...

Изборот останува на гледачот и

затоа...

Се читаме!

Конечна оценка 8,5/10

Page 46: Револуција магазин бр.63

Револуција магазин - број 63 11 ФЕВРУАРИ 2012 ГОДИНА страна 46