52

Револуција магазин бр.84

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Поттикнува да мислиш!

Citation preview

REVOLUCIJAMAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA7 Juli 2012

2

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

7 Juli 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова,Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов

ФОТОГРАФИЈА ЗА НАСЛОВНА:Claire Goodwin

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Sodr`ina

Nerealizirani turisti~ki mo`nosti 5

Vrie od menaxeri, a turizam – nikade 12

Kade ni se turistite? 16

Lekovitosta na alternativniot turizam 19

Makedonskite Nijagarini vodopadi 23

Nov plan za spas na Grcija - intervju so Petar Nimikos 26

Velika Britanija i EU - koj komu e potreben? 30

Ne{to e gnilo vo na{iot moral 35

Evergrin na „site vremiwa“ 4 39

Skrienite kat~iwa na Severna Irska 41

84MAGAZIN

REVOLUCIJA

REVOLUCIJAMAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA7 Juli 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Dozvolete prirodata da bide va{iot u~itel

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Богатите луѓе отсекогаш патувале на далечни места во светот за да гледаат големи градби, уметнични дела, за да учат нови јазици, да искусат нови култури и да вкусат различни кујни. Многу одамна, во времето на Римската република, местата како Баиа биле популарни крајбрежни одморалишта за богатите.

Зборот „туризам“ почнал да се употребува од 1811 год., а зборот „турист“ од 1840 год. Во 1936 год., Лигата на нации го дефинирала странскиот турист како „некој кој патувал во странство најмалку дваесет и четири часа“. Нејзиниот наследник, Обединетите нации, ја подобриле оваа дефиниција во 1945 год. со вклучување максимален престој од шест месеци. Значи, да сумираме туризам е патување за рекреација, одмор или бизнис цели.

Професорите Ханцикер и Крапф, од

Универзитетот во Берн, во 1941 год., го дефинирале „туризмот“ како поим на луѓе кои патуваат, односно „збир од феномени и врски кои произлегуваат од патувањето и престојот на гостите, до степен кој нe води до постојано живеалиште и кој не е поврзан со заработувачка активност“.

Во 1976 год., дефиницијата на Здружението за туризам на Англија била: „Туризмот е привремено, краткотрајно движење на луѓето кон дестинации надвор од местата во кои обично живеат и работат и нивните активности во текот на престојот на секоја дестинација. Тоа опфаќа движења со секакви цели.“

Во 1981 год., Меѓународната асоцијација на научни експерти во туризмот го дефинирала туризмот како одредени активности одбрани по избор кои се преземаат надвор од домот.

Но, не е толку важна дефиницијата, важно е да се потеницира дека туризмот

Nerealizirani turisti~ki mo`nosti

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.84

е важен фактор во многу земји, како резултат на големиот прилив на пари од тргувањето со нивните стоки и услуги и можноста за вработување во услужните дејности поврзани со туризмот. Овие услужни дејности опфаќаат услуги за транспорт, како воздухопловни компании, патување со брод и такси, услуги за сместување, кои опфаќаат хотели и одморалишта, а и места за забава, како забавни паркови, казина, трговски центри, разни места за рекреација и уживање.

Развој на туризмотПатувањето за одмор се поврзувало со Индустриската револуција во Обединетото Kралство, првата европска земја која се залагала за време за одмор на индустриското население кое се зголемувало.

На почетокот, ова се однесувало на сопствениците на машинеријата за производство, економската олигархија, сопствениците на фабрики и трговците.

Тие ја сочинувале новата средна класа. „Cox & Kings“ била првата официјална туристичка компанија која се формирала во 1758 год.

Масовниот туризам можел да се развие само со подобрувањe на технологијата, овозможувајќи транспорт на голем број луѓе за кратко време до места за одмор, за голем број луѓе да можат да уживаат во благодетите на слободното време.

Во последните неколку декади, постои скап тренд на туризам, особено во Европа, каде што се чести меѓународни патувања за краток одмор. Туристите имаат повисок степен на расположлив приход и повеќе слободно време, а исто така се и пообразувани и имаат пософистициран вкус.

Сега има побарувачка за производи со подобар квалитет, што резултира со делење на масовниот пазар за летувања и зимувања.

Развојот на технолошката и

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

транспортната инфраструктура, како џамбо-џетови, воздухопловни компании со ниски цени и попристапни аеродроми, овозможиле многу видови туризам да се подостапни.

Форми на туризамОбединетите нации разликуваат три форми на туризам во нивните „Препораки за статистиките на туризмот“од 1994 год.: домашен туризам, кој опфаќа жители на дадената земја кои патуваат само во таа земја; влезен туризам, кој опфаќа гости кои патуваат во дадената земја и излезен туризам, кој вклучува жители кои патуваат во друга земја.

ОН, исто така, создале различни категории на туризам со комбинирање на трите основни форми на туризам: внатрешен туризам, кој е составен од домашниот туризам и влезниот туризам, национален туризам, кој е составен од домашниот туризам и излезниот туризам, и меѓународен туризам, кој е составен од влезен и излезен туризам.

Меѓуграничниот туризам се разликува

од домашниот туризам во тоа што првиот вклучува креирање политика и спроведување на националните туристички полиси.

Во поново време, туристичката индустрија се префрли од промовирање влезен туризам на промовирање меѓуграничен туризам, бидејќи многу земји се соочуваат со голема конкуренција за влезните туристи. Затоа, постојано се среќаваме со голем број на реклами, промоциски материјали и сл., кои ни ги посочуваат туристичките можности на некоја одредена дестинација. И Македонија почна на големо да се рекламира и промовира низ странските земји.

Меѓуграничниот туризам, може да има голем придонес за локалната економија.

Можности за туризам во Македонија

Македонија е земја, која изобилува со природни богатства и богати можности за развој на туристичките потенцијали. Нема да ви ги споменувам веќе познатите

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.84

домашни туристички центри, туку ќе ви посочам на остантатите, не толку познати и развиени форми на туризам, за кои Македонија сериозно би можела да размислува:

- Рурален туризамПод поимот рурален туризам се сретнуваат разни називи: еко – туризам, селски туризам, агро –туризам, еко рурален туризам и сл. Руралниот туризам е концепт на туризам во селските домаќинства, кој се темели на користење на руралниот простор во контекст на туристички понуди. Надвор е од урбаните населби и нема масовен облик. Руралниот туризам подразбира поттикнување на развојот на нови туристички дестинации на континентот. Дел е од континенталниот туризам.

Македонија како претежно планинска земја со голем број села, со благи климатски услови, со богатство на шуми, извонредни пејзажни вредности на релјефот, богата хидрографија, традиционална гастрономска понуда - има голем потенцијал за развој на руралниот туризам како дел од алтернативниот туризам.

Селски туризам или агротуризам е тип

на туризам каде се нуди угостителство на фарми на село. Во ова може да спаѓа и можноста да се помага во работата на фармата за време на престојот.

Туристите можат да берат овошје и зеленчук, да јаваат коњи, да пробуваат медови, да учат за виното, да купуваат во продавници за подароци и тезги за локални или регионални земјоделски производи или рачно изработени подароци и многу друго. Секоја фарма треба да нуди уникатно и незаборавно искуство за цело семејство.

Голем број на луѓе се заинтересирани за тоа како се произведува храната која ја јадат, па можат да се сретнат со земјоделците и да разговараат за тоа со нив. Македонија има одлични можности за развој на овој вид на туризам.

- Вински туризамВинскиот туризам (некаде наречен и енотуризам) е вид на туризам кој подразбира посета на винарии, дегустација, консумирање и набавка на вино, најчесто директно од производителот. Овој тип на туризам се состои од посети на винарии, лозја и ресторани познати по посебни локални вина, како и организирани вински тури,

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

посета на вински фестивали и други специјални настани.

Многу вински региони ширум светот го промовираат ваквиот туризам бидејќи влијае мошне позитивно на локалното стопанство. Во овие региони, лозарските и угостителските здруженија имаат потрошено големи средства низ годините за промоцијата на винскиот туризам.

Винскиот туризам во Република Македонија е во понов, но силен развој. Министерството за економија забележува дека во последните години, бројот на нови приватни винарски визби значително се зголемил и некои од нив веќе ги адаптирале и збогатиле нивните активности во насока на винскиот туризам.

Покрај приватните иницијативи, винскиот туризам се развива и стратешки, на државно ниво, со учество на разни организации, комори и здруженија. Во земјата, исто така, се развиваат и винските патишта, кои ќе овозможат одвивање на винскиот туризам по светски терк.

Македонија има одлични услови за развој на велосипедскиот, културниот, винскиот, селскиот, пештерскиот туризам и еко-туризмот. Пределите како Вевчани, Брајчино, Коњско, Берово, се само мал дел од местата каде што

може да се развива селскиот туризам и еко-туризмот. Имаме можност да понудиме одлични предели за планински велосипедски туризам на Шар Планина, Маврово, Галичица, Водно.

Пештерите Врело, Пешна, Убава, Шаркова Дупка, Алилица, Слатинска, нудат можности за развој на спелеотуризмот или на рекреативниот туризам.

Меѓу другото, Македонија изобилува со голем број на културно-историски споменици, бањи, национални паркови, а сето тоа, доколку се искористи, може многу да придонесе за развој на регионот и да се зголеми бројот на работни места.

- Бањски туризамТериторијата на Македонија се карактеризира со висока геотермална активност, најмногу со ниско-енталписка геотермална енергија. На нејзина територија постојат огромен број на бањи, кои нудат одлични рекреативни и лековити можности. Сепак, таа нема систематско мерење на тек на земјена топлина, ниту пак организирана примена на природни ресурси за медицински/туристички цели.

Дури и по долгата традиција во медицинска примена на термални води, земјата сé уште има ограничен број на активни термални бањи. Потенцијалот на термални ресурси покажува дека пристапот кон овој економски сектор

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.84

треба да се промени со цел да се постигнат можните добивки. Ориентација кон воведување на рекреативни активности се појавува како едно од изводливите и економски оправдани решенија.

Земјата е богата со геотермални ресурси кои нудат можности за развој на голем спа-бизнис. Бројот на бањите во Македонија е голем. Сепак, моментално, постојат само осум функционални бањи во земјата. Постоечките бањи се изградени во периодот помеѓу 1960 и 1980 год. Потоа, започнал период на стагнација како резултат на бавното прилагодување и процесот на приватизација.

Бањите, денеска се претежно користени од домашните посетители, поради слабата инфракструктура на објектите, но и недоволната промоција на истите.

- Медицински туризамКога постои значајна разлика меѓу земјите во цените за одредена медицинска постапка и онаму каде што има различни регулативни режими во однос на одредени медицински постапки (на пр: стоматологија), патувањето за да се искористи разликата во цената или регулативните разлики често се нарекува „медицински туризам“. Токму овој туризам и го најавуваше сегашниот министер за здравсто, Никола Тодоров, но останува да видиме дали неговата замисла може да се реализира.

- Образовен туризамОбразовниот туризам се развил поради популарноста на предавањето и учењето и подобрувањето на техничката стручност надвор од училниците. Во образовниот туризам, главната цел на турата или слободните активности, опфаќа посета на друга земја за да се учи нивната култура, како што се програмите за размена на студенти и турите за учење, или за да се работи и да се употребат вештините научени во училницата во различна околина, како во Меѓународната програма за обука.

Македонија поседува богата традиција, култура и историја- која би била мошне интересна за странците. Само што никој до сега не се сети да нашето минато го направи економски извор на нашата иднина.

Се изградија спомениците, кои сведочат за историјата, тоа е точно. Но, наместо само паушално да се сликаат туристите пред некоја фигура чиј лик не им е познат (да признаме не целиот свет знае за Гоце Делчев, Даме Груев итн.) би било полезно, ако некој туристички водач или, пак, брошура ја раскаже приказната на ликот од споменикот.

- Креативен туризамКреативниот туризам постоел како форма на културен туризам, уште од раниот почеток на самиот туризам. Неговите европски корени датираат од времето на Големата тура, каде синовите од аристократските фамилии патувале за да стекнат главно интерактивни, образовни искуства.

Неодамна, креативниот туризам го добил своето име од Криспин Рејмонд и Грег Ричардс, кои како членови на Здружението за образование за туризам и одмор (ATLAS), голем број проекти насочиле кон Европската комисија, вклучувајќи го културниот и занаетчискиот туризам, познати како витален туризам.

Тие го дефинирале „креативниот туризам“ како туризам поврзан со активното учество на патувачите во културата на заедницата-домаќин, преку интерактивни работилници и искуства од неформално учење.

Во меѓувреме, концептот за креативен туризам бил забележан од значајни организации, како УНЕСКО, кои преку Мрежата на креативни градови го поддржале креативниот туризам како задолжително, автентично искуство кое промовира активно разбирање на специфичните културни особини на

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

некое место.

Креативниот туризам стекнал популарност како вид културен туризам, кој привлекува активно учество на патувачите во културата на заедниците-домаќини кои ги посетуваат.

Ете, добра идеја! Зарем немаме добра култура, зарем немаме солидни уметници? Наместо да работат од тезга до тезга или, пак, уметноста да им биде само попатна дејност, хоби, би можеле да ги ангажираме во овој вид на туризам- ем тие ќе имаат работа, ем државата ќе има приход од сето тоа.

- „Црн туризам“Една област на туризам од посебен интерес која се појавува е идентификувана како „црн“ туризам од Ленон и Фоли (2000 год.). Овој вид туризам вклучува посети на „темни“ места, како бојни полиња, сцени од страшни злосторства или дела на геноцид, како на пример концентрациони логори.

Црниот туризам создава тешки етички и морални дилеми: треба ли овие места да се отворени за посети и ако треба, од каква природа треба да е публиката. Црниот туризам останува мал насочен пазар, носен од разни мотиви, како жалење, сеќавање, страшна љубопитност, па дури и забава.

Да не ги допираме старите рани од поновата историја, во овој вид би можеле да се наосочиме кон подалечното минато - места на старите битки, востанија, храбри дела посветени на слободата. Зарем немаме храбро минато на кое би можеле да се потпреме?

Потребна е промоцијаЗначи, фактот што Македонија нема излез на море, не мора да значи дека не може да се развие во богата туристичка дестинација. Единствено нешто што е потребно е добар план, добра реализација и реклама, односно презентација на туриситчките можности. Туризмот не е само имаме езеро, имаме планина – дојдете! Туризмот е развој на поволни услови, кои би направиле да туристите се чувстуваат пријатно, убаво и задоволно.

Македонија почнува да се промовира, но промоцијата е премногу селективна - езерото во Охрид, спомениците во Скопје, ски-центарот во Маврово - и толку! А, што со остантатите места? Што со останатите езера, планини, бањи, културни и историски места? Истите скапуваат и тонат во заборав! Сета збрка околу државно, локално или приватно земјште - го присилува туризмот во овие места да стагнира!

Потребен е детален и длабок план. Само на тој начин ќе можеме да ги искористиме природните благодети и потенцијали на нашата земја во наша корист.

Елена Павловска

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.84

Државните и приватните факултетски капацитети секоја година на пазарот на трудот „исфрлаат“ стотици експерти за туризам. Со таков експертски кадар, македонскиот туризам би требало да биде на завидно ниво. Сепак, туристите и нивните пари континуирано ја заобиколуваат нашата земја „без срам и перде“. Каде е проблемот? Имаме потенцијали, креираме кадар – каде се губи знаењето?

По завршувањето на тригодишните студентски маки, факултетските клупи се напуштаат со лист хартија кое ја потврдува стекнатата титула – дипломиран менаџер за туризам/дипломиран хотелски менаџер. Како такви се „регистрираат“ на пазарот на трудот со едноставни и скромни очекувања – да добијат работна понуда во некоја туристичка агенција

или уште подобро – директна понуда за хотелски менаџер.

За ваквите очекувања, прстот не треба да се впери кон студентите и веднаш да се етикетираат како „неинформирани“, „неперспективни“ и уште кој знае какви.За жал, образовниот систем е креиран така, за да ја уништи секоја креативност која ги надминува границите на „нормалното размислвање“. Уште во прво одделение, секое дете кое ќе нацрта малку поинакво сонце или ќе ја обои реката во боја поинаква од сина – морално се казнува пред очите на целото одделение.

Секоја математичка задача, решена по постапка поинаква од предвидената, ви носи минус 10 поени, иако крајниот резултат е истиот. И конечно, на факултет

Vrie od menaxeri, a turizam - nikade

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

– секое прашање кое е одговорено различно од сфаќањето на професорот е погрешно.

А секој академски граѓанин поминува најмалку 15 образовни години. После деценија ипол делкање, мелење и обликување, останува прашањето дали воопшто смееме да се осмелиме да очекуваме креативност?

Дисперзираните студии го донесоа туристичкото знаење чекор поблиску во помалите градови. Но, истите се отворија премногу брзо и премногу амбициозно.

Доминира недоволен самобендисан професорски кадар заглавен во комунистичките предавања, материјали за учење кои се менуваат ден пред испит, задолжителни авторски книги по не многу академски цени, семинарски трудови копирани од Википедија, неинформиран административен кадар на студентските шалтери, несоодветни факултетски простории, пракса која вклучува двонеделна кенерска сесија во најблискиот хотел – зар треба да се продолжи списокот?

Да, навистина, дисперзираните студии го олеснија пристапот за студентите кои не сакаат да го напуштат својот град или пак, немаат доволно средства за да

си дозволат диплома на факултетите во Скопје.

Но, жалосно е што образовниот систем во моментов ни е изграден на начин што најлесно успева оној што има доволно финансии, наместо оној што има идеи, вештини и волја за успех. Уште пожалосно е што студентот ја користи секоја можност да ја заработи шестката со што помалку учење, со уништена желба за самостојно надградување и усовршување.

Дисперзираните студии за туризам ветуваат големи соништа на оние кои се одлучиле за нив. За жал, соништата и амбициите се сведуваат на надеж за работно место како секретар/ка во туристичка агенција или директно седнување на менаџерска фотелја во хотелот од маало, каде неискуството набрзо ќе ве врати на почеток.

Во текот на тие три години, додека се подготвуваат своето знаење да го покажат на терен, студентите ретко наидуваат на личност позади катедрата, која ќе умее да им ја „плесне“ реалноста во фаца, но истовремено и да им ги отвори вратите и да им покаже дека

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.84

можат да сонуваат како што сакаат, а не како што им кажуваат.

Во своите академски години, идните менаџери по туризам алтернативниот туризам го среќаваат само во скриптите кои ги „бубаат“ за на испит, и после тоа ги забораваат во некој ќош, сè до моментот дури в зима не им затреба хартија за потпала. А камо поттикнување на самоиницијативност? А камо поддржување на налудничави идеи? Ќе паднеме, ќе се удриме, но ќе научиме да се обидуваме.

Свесни сме дека Македонија е земја со туристички потенцијали на секој чекор и експерти за туризам ни се и те како добредојдени. Кога веќе го постигнавме квантитетот, време е да поработиме на квалитетот.

Три години исполнети со нервози, материјали натрупани со фактографски податоци и непотребни испитни прашања за тоа дали рецептот подразбира 200 или 300 грама јагнешко месо, со една или две лажички сол – не е тоа што му е потребно на македонскиот студент по туризам.

Мелем за неговото знаење ќе биде основна теорија која ќе му се пренесе преку современи интерактивни методи, наместо неколкучасовно професорско

читање од слајдери. Остатокот од студирањето – посветување на надградување на таа основа, паралелно и теорија и практична примена, во правец кој ќе го избере самиот студент, според сопствениот интерес. Преку таа практична примена, на студентот треба да му се покажат сите алтернативи – туризмот е многу повќе од работа во хотел на море, или менаџирање на смена во казино.

Можеби нема доволно финансии за да на секој студент му се овозможи вистинска директна пракса. Но, на интернет има толку многу успешни животни приказни кои можат лично да се пренесат преку Skype, толку документарци кои е грев да не бидат видени.

Ако нема реални, секогаш има фиктивни проекти – модерниот пристап кон студентот, поставувањето на фиктивни ситуации со реални проблеми и потреби за решение, ќе го стимулираат младиот мозок да се надмине себеси.

Вистинскиот менаџер по туризам треба да си ја знае сопствената земја како цртите на својата дланка. И во сон да умее да ги презентира скриените катчиња кои заслужуваат да бидат посетени. Треба да умее да размислува

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

над општоприфатените маргини и да знае да ги користи можностите кои ги има на располагање.

Туризмот не е поле каде успеваат намуртените, пасивните и апатичните. Постојаниот контакт со луѓе им отвара пат само на позитивните, одговорните и посветените. А тоа никој не нè учи на факултет.

Затоа, студенти по туризам, ако сте запишани не само за да имате факултетска диплома, туку поради тоа што навистина си ја сакате својата струка – надмудрете го образовниот систем. На испит, дајте му го тоа што го бара. Но, зад негов грб, дозволете си да ги поместите границите. Читајте, истражувајте и најважно – бидете смели да сонувате поразлично од останатите!

Славица Ѓоргиева

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.84

Зошто луѓето туризмот го поистоветуваат со море или, пак, просто кажано вода за капење? Тоа е некоја наша примитивна асоцијација, веднаш, кога ќе споменеме туризам и туристи - тоа мора да значи одмор во кој ние мора да се капеме на море или езеро. Според таа логика, огромен број од земјите кои се континентални, а воедно и не излегуваат на море, не треба да имаат ниту еден турист годишно.

Но, тоа се само навики на македонскиот народ, кој мора, барем на еден викенд, да замине до Грција, за да се знае дека бил некаде на одмор. Има луѓе на светов кои туризмот не го поистоветуваат со море, па ние мора да се посветиме и да

ги привлечеме токму овие туристи.

Со своите природни убавини, Македонија има огромен капацитет за развој на туризам, за кој други држави можат само да сонуваат. Па, тие други држави дури и во сон имаат повеќе туристи на годишно ниво во споредба со Македонија.

Ако во 2011 година во Македонија имало околу 50,000 туристи, тогаш во 2009 година во Луксембург имало околу 850,000 туристи. Да не заборавиме да споменеме дека Македонија има над 2 милиони жители, додека Луксембург има само четвртина од таа бројка, односно 500,000. Статистиката точно укажува на тоа колку малку туристи има една

Kade ni se turistite?

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

двамилионска држава, во однос на една држава од половина милион.

На што се должи неуспехот? Најпрво – на неискористувањето на потенцијалите на државата, како и тешко пристапните предели и лошата сообраќајна инфраструктура. Ова се само дел од недостатоците на Македонија како потенцијална високо туристичка дестинација.

Како главен фактор за недоволно развиениот туризам во Македонија, најголем број од експертите, ја наведуваат инфраструктурата. Патиштата во Македонија се во една очајна состојба, па оттаму голем број на природни убавини се речиси недостапни за туристите.

Но, сето ова е само мала дамка во сивилото. Очигледно е дека на Македонија и недостига една здрава стратегија за развој и одржување на, пред сé, руралниот и еко-туризмот во Македонија. Со остри критики беа

проследени владините реклами за тоа колку македонските граѓани, на некој начин не умеат да работат и да менаџираат странски туристи во државава. Од тоа колку македонските граѓани се неуслужливи, до тоа колку се неучтиви и понекогаш дрски, па сé до тоа колку не ја почитуваат приватноста и мирот на останатите со лудување до раните утрински часови.

Можеби помалку нападна, критички настроена, па на некои моменти дури и вулгарна, оваа кампања точно и прецизно ги претстави тие таканаречени „ендемски видови“ на личности и професии во Македонија, а кои се дел од туристичката концепција. Оваа кампања јасно и гласно им соопшти на луѓето дека доколку сакаме да имаме добра туристичка сезона или, пак, воопшто година, ќе мораме малку да поработиме и на самите себе си, на нашето однесување и нашите лични интереси.

Секоја чест на исклучоците, кои сами на своја рака успеале да се изборат за

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.84

успешно искористување на туристичкиот потенцијал во Македонија, а воедно и да профитираат од истиот. Тоа најчесто се Македонци кои подолг период од својот живот го поминале во странство, па од таму научиле некои основни работи за добар бизнис и истото тоа само го пренесуваат на свое тло.

Такви се на пример брачниот пар Аврамовски, кои подолг период од својот живот го поминале во Данска, па сега се вракаат во својот роден крај каде инвестираат еден милион денари во хотелски капацитет во Поречие.

Сега за сега ,оваа идеја на Аврамовски супер функционира, но тоа се само поединци кои имаат пари да инвестираат во селскиот туризам и се сосема

независни од државата.

Ваква идеја, која е далеку повеќе од генијална, кога се знае дека Македонија е златно тло погодно за селски туризам, едноставно мора да се реазлизира на државно ниво. Државата мора да изнајде решение и да оформи стратегија за тоа како да се привлечат оние туристи кои би дошле во Македонија, наместо во Луксембург.

Сплет на цивилизации и култури, место на допир на западната и ориенталната култура, каде се испреплетува мирисот на високите борови шуми со оној на шумските јагоди и планинските билки. Место кое ñ припаѓа само на Македонија. Огромна штета би било, ако тоа истото не се искористи до својот максимум.

Магдалена Јовановска

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

Lekovitosta na alternativniot turizam

Постојано ги следиме рекламите кои зборуваат за убавините кои ги крие нашата држава. Но, дали ние воопшто сме свесни за нивната вистинска вредност?

Дали сме свесни за потенцијалот кој го има секој метар од нашата држава? Не!

Луѓето кои живеат во руралните средини не се запознаени со можностите кои им ги нуди нивното место на живеење.

Тие секојдневно со алкохол ја лечат својата депресија поради беспарицата, немањето работа, незадоволството од институциите и постојано сонуваат да го напуштат родното место. Да заминат во Скопје, Битола, Штип и по цена таму да живеат само на корка леб, сепак, тоа е поубаво од нивното село.

Насекаде во светот се создаваат вештачки услови за рурален туризам, се прават села каде што ги нема, само за доловување на автентични услови кои би привлекувале туристи, кои на многу начини би им помогнале на луѓето кои имаат некаков проблем, само кај нас селата се оставени сами на себе, целосно покосени од белата чума.

Жителите на нашите села не се едуцирани да гледаат во себе лек за депресијата. Лек кој истовремено ќе им помогне нив, но и на оние кои живеат во градовите.

Зарем не можеме да го земеме примерот од европските земји, каде како лек за депресија се препорачува престој во природа? За време на овој престој луѓето кои се соочуваат со секојдневно чувство

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.84

на празнина во животот, на осаменост, кои тонат сé подлабоко во депресија и во суицидни мисли, ќе можат да работат во природа.

Слушајќи ја песната на птиците ќе ловат риба, која потоа самите ќе ја приготват. Во придружба на водич, ќе дознаат за лековитите тревки кои растат во таа област, како се берат, како да се направат лековити чаеви кои ќе им помогнат за лекување на разни болести. Потоа, тие можат да работат и во градината, да наберат плодови кои ќе ги приготват сами, но на начин кој е традиционален за местото во кое престојуваат.

Рачните изработки се едни од оние кои најдобро го опуштаат нервниот систем. Туристите во овие рурални предели, ќе имаат можност да научат како да изработат нешто со традиционален вез, нешто кое ќе ја збогати нивната колекција, но и кое ќе им враќа убави спомени секогаш кога ќе го погледнат.

Опуштените мигови минати во руралните

предели, разговорите со луѓето кои живеат таму, мирот кој се шири во воздухот е лековит. Ја враќа силата кај луѓето, нивната љубов кон животот. Чистиот воздух им ги прочистува белите дробови, им ја разбиструва главата, им ги брише чувствата на осаменост и депресивност.

Зарем не знаеме дека лекот за борба со разни деликвенции светот го пронајде во престојот во руралните средини?

На пример, во Норвешка е изградена цела една фарма на која престојуваат затвореници, каде учејќи ги на постојана работа, на селски живот, се трудат да им ја искоренат деликвентноста кон која се склони.

Со секојдневниот фармерски живот, вработените во овој затвор, сакаат кај осудениците да створат здрави навики, да ги збогатат со знаења за водење на фарма, за искористување на потенцијалот кој го има природата и на тој начин по завршувањето на

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

затворската казна, овие луѓе наместо да смислуваат нови злодела, за кои следува затворска казна, тие ќе можат сами да си отворат своја фарма и да почнат еден сосема поинаков живот.

Бројот на европски туристи кои ќе ги привлекува развивањето на ваков алтернативен и лековит рурален туризам може да се види во бројот на туристи кои секоја година го посетуваат селото Јанче, кое се наоѓа на патот од Гостивар кон Дебар, под планината Бистра.

Нашиот иселеник во Италија, воден од селскиот туризам кој се развива во винските региони на Италија, Франција и Шпанија, каде туристите добиваат можност неколку дена да живеат вистински селски живот, со берење на овошје и зеленчук, со јавање на коњи и да уживаат во едно несекојдневно

искуство, решил да се врати во својот мијачки роден крај и да го популаризира тој начин на туризам.

Тука тој вложил во реконструкција на старите куќи, направил и хотел, но сé од природни материјали, кои ги оставаат без здив странските посетители. Секоја година посетители од Италија уживаат во автентичниот селски живот кој им го нуди престојот во Јанче.

Значи, развивањето на руралниот туризам, како лек за депресија има две корисни дејствија. Од едната страна ќе им се помогне на младите, да добијат малку поинаква визија за иднината, да го осмислат својот живот во своето родно место, и на тој начин сами да се изборат со својата депресија.

А, од друга страна ќе им се помогне

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.84

на оние кои од секојдневната трка за постигнување на успех се заборавиле некаде себеси по патот и сега се борат со секојдневните лоши чувства, со секојдневна тага, на оние кои скршнале од вистинскиот пат.

А, зошто никој не работи во развивањето на овој вид туризам? Зошто оставаме

нашите села да пропаѓаат, младите да ги напуштаат, несвесни за убавиот живот кој може да го изградат таму? За можностите кои ги имаат во рацете? Зарем ваквиот начин на лекување не заслужува да биде на рекламите со можности кои ги нуди нашата убава земја?!

Наташа Димеска

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Makedonskite Nijagarini vodopadi

Ги знаете оние филмови, кога луѓе кои минуваат низ некоја тропска џунгла и случајно наидуваат на огромен водопад, по што следи сцена од некоја девојка како ужива во ладната вода точно под водопадот? А, вие седите удобно завалени во фотелјата и си викате „Ех да бев таму“.

Станувајте од фотелјата, па ние ист таков водопад сме си имале овде, во нашата Македонија. Само опкружувањето на нашиов не е тропска џунгла полна со бубачки што сакаат да те убијат, туку бујна зелена шума со птици кои буквално ве серенадираат со нивните додворувачки песни.

На околу 35 км од градот Струмица или поточно кога пред вас високо ќе се извиши планината Беласица, ќе стигнете до селото Смолари. Таму си ја оставате колата и тргнувате пеш по најуредно и

еколошки средената патека со дрвена ограда, право низ зелената висока шума. Во оваа шума нема летни горештини, таму се смрзнува дури и на лето. Високите дрвjа прават такви убави ладови, а на нив дом си нашле убавите славеи кои на секој чекор нешто си цврцкаат.

Водопадите не можете да ги утнете, водата гласно жуборка додека паѓа и просто нема да ви се верува што гледате. Смоларскиот Водопад не е единствен во Република Македонија, но е највисокиот со пад од околу 39 метри.

Низ водопадот тече реката Ломница, која е притока на реката Струмица. Водата е студена и баш како на филм под водопадот има базен со широчина од 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Ова во превод значи дека баш како на филм може да се брцнете, ама ако не ви е ладно.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.84

Местово е преубаво и за да стигнете таму нема да ви требаат многу пари. По пат ќе наидете на локални селани, кои за ич пари ќе ви продадат некој вкусен свеж зеленчук или овошје. А, такви како овие растени под падините на Беласица, верувајте не сте пробале.

И сега се прашувам, зошто баш таму на тоа место некој не изградил туристички капацитети во форма на слатки мали дрвени куќарки расфрлани низ шумата?

А, единствениот патоказ кој ви кажува дека таму има водопад е само оној на 1

км пред водопадот.

Па, во било која друга земја ваквите водопади се изрекламирани со огромни билборди по должината на целиот автопат на патот натаму. Да посакаш да ги видиш, да знаеш дека ги има.

А, македонскиот Нијагара водопад само чека да биде откриен. И прекрасен е. Денес снимете си филмче во сопствена режија. Посете го Смоларскиот Водопад и уште во првата сцена разладете се во водите на Ломница, баш како на филм...

Елена Николовска

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA

25

7 Juli 2012

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

26 BR.84

Evropska UnijaNov plan za spas na Grcija - intervju so organizatorot

Petar Nimikos

Со донација од 3 000 евра до должничко ослободување

Наследникот на грчкиот превозник, Петар Нимикос, ја превзеде ситуацијата со должничката криза во Грција во свои раце. Додека лидерите на ЕУ се караат барајќи решение за долгот, Номикос основаше непрофитна организација за да ја ослободи земјата од долгот. Тој за „Шпигел“ вели дека ако сите негови сограѓани си го платат својот долг, тогаш ќе се поткрепи грчката економија.

Г-дин Нимикос, започнавте кампања за ослободување на Грција од долгот. Вашата организација, купува грчки обврзници и потоа им го простува долгот. Дали сте сериозен?

Професионално, јас се занимавам со несреќни долгови. И се досетив дека Грција има историска шанса. Во евра, Грците имаат многу силна валута, додека цената на нивните државни обврзници

се урна. Поради тоа е изводливо да се откупат по многу ниски цени и да се намали грчки долг со релативно мали трошоци.

Дали барате донации од вашите сонародници, што им велите?

Ако се подели националниот долг, тогаш секој грчки државјанин би должел по 25 000 евра. Па, така јас им велам

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

27

на моите сограѓани, самите да се ослободиме од долгот. Грчките владини обврзници со номинална вредност од 1 евро, моментално се продаваат за околу 12 центи. Со донација од околу 3 000 евра секој Грк, може да си ја откупи слободата.

Колку обврзници досега има откупено вашата организација?

Секогаш ги откупуваме оние обврзници кои имаат најниска цена. Досега имаме вложено 273 000 евра.

И потоа го простувате долгот?

Не веднаш. Ако го сториме тоа, ќе се намали влијанието на нашиот проект. Кога соодносот помеѓу БДП и долгот се намалува, тогаш цените на обврзниците одат нагоре. Ако ваквиот начин на откупување стане многу популарен, тогаш би можело да се претвори во проблем, затоа што веќе нема да можеме да го откупуваме долгот евтино на пазарот.

Значи, она што ние го правиме е откупуваме државни обврзници, ги чуваме некое време и потоа со профитот купуваме уште обврзници. Планираме да купиме што е можно повеќе обврзници и

потоа да го отпишеме долгот наеднаш.

Дали си имате поставено одредена цел?

Штотуку почнавме да собираме донации, минатата недела. Ќе почекаме да видиме како ќе се развива целата замисла.

Вашиот прв поддржувач беше бродосопственикот Евангелос Маринакис, сопственик на најголемиот фудбалски клуб „Олимпијакос Пираус“. Во Грција, тој донираше 168,590 евра, како успеавте да го вклучите него во проектот?

Го побарав пред околу четири недели, да го прашам дали би сакал да го користи нашето лого и порака во неговите реклами за фудбалскиот клуб „Олимпикос“. Тој веднаш ми даде потврден одговор. Половина од грчкиот народ го поддржува Олимпикос, па така ова беше голема можност.

Потоа го прашав дали би сакал да ја купи слободата на своите играчи. Тој ми рече: „Ќе ја купам слободата и на моите вработени“ и навистина тој плати за 55 луѓе, по 3 065 евра по лице.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

28 BR.84

Evropska UnijaКој друг, досега ви се има придружено?

Јас платив за 34 членови на моето семејство. Целта на овој проект не е јас да одам кај богатите Грци и да барам од нив да се придружат. Целта е мнозинството Грци да и помогнат на својата земја. Луѓето ќе погледнат еден во друг и ќе се запрашаат: што стори ти во борбата против долгот?

Нели ќе биде полесно ако сите Грци почнат да си ги плаќаат даноците?

Разликата помеѓу плаќањето даноци и овие донации е што вие не знаете во кои цели ќе бидат потрошени вашите пари, ако платите данок. Постои генерална недоверба во државата. Нема да се преправам дека можам да го решам овој културолошки проблем. Но, Грците, исто така, се големи патриоти и сметам дека треба да го искористиме тоа чувство. Евро за ослободување на Грција од

долгот не е изгубеното евро за даноци.

Каква е реакцијата на грчката влада?Многу луѓе во владата и во дипломатската заедница сметаат дека нашата кампања е навистина охрабрувачка. Но, имајте на ум дека ние сме непарламентарна и невладина организација.

Ова е прв случај, еден Грк независно да ги организира другите Грци, да го решаваат нашиот најголем проблем. Тоа му дава до знаење на светот дека ние превземаме иницијатива за решавање на лошата ситуација.

Вашата агенција е регистрирана во американската држава Делавер. Зошто не во Грција?

Во Грција не можете да бидете сигурни дека парите ќе останат недопрени. Исто така, како добротоворна организација, американските даночни обврзници можат дел од својот данок да го одбијат

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

29

како донација. Тоа е поттик за богатата грчка дијаспора во САД.

А, дали е поттик и за другите нации?

Секој пријател на Грција е добредојден. На почетокот мислев дека ќе учествува

само грчката дијаспора, но досега има огромен интерес од страна на бизнис заедниците надвор од Грција. Некои компании ги рекламираат своите производи под логото „да ја ослободиме Грција од долгот“ и дел од својот профит донираат во нашата организација.

Извор: Spiegel Превод: Кристина Вељаноска

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.84

Evropska Unija

Евро-кризата откри нешто подлабоко од долг: потсетник дека Европа мора да гледа нанадвор, а не навнатре. Конвенционалната мудрост вели дека Британија не е посветена на Европа. Резервниот фонд вели дека тие се вистинскиот модел за целиот континент.

На континентот, често слушаме тврдења дека Британците се лоши Европјани. И некои Британци веруваат во тоа. Такви незадоволства се шират и од неодамнешната изјава на Дејвид Камерон за можен референдум кој ќе покаже што мисли нацијата во врска со придружување кон Европската Унија.

- Британците не се среќни со тоа што моментално го имаат, рече Камерон, а всушност, и тој самиот не беше.

Но гледајќи ги Британците како лошите Европејци е тврдоглава погрешна проценка. Тоа веројатно произлегува од фактот дека Британците ја отфрлија идејата за уште поблиска унија – поблиску од само заедничка валута, на пример. Меѓутоа, сега кога оваа идеја на една подлабока унија доведе до тековната криза во евро-зоната, време е да се потсетиме што поточно Велика Британија значи за ЕУ.

Поглед назад на самитот на ЕУ одржан во декември 2011; тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози ги сумираше работите на овој начин:

„Постојат две Европи. Една сака повеќе солидарност меѓу своите членови и регулација. Другата е прикачена

Velika Britanija i EU - koj komu e potreben?

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

31

единствено на логиката на единствен пазар...“

Новинарите пишуваа дека ако евро-зоната продолжи да оди по овој пат, ќе стане „алтернативен систем“ за англосаксонскиот капитализам.

И тука скептиците велат: забавувајте се создавајќи го вашиот „алтернативен систем“, вашата „регулација“ и „солидарност“, без Британија и со Грција, Италија, Шпанија, Португалија и копродукции - а да не зборуваме за истата Франција која сега е предводена од социјалистот Франсоа Оланд!

Но, ќе биде еднакво цинично да не признаат дека Британија и е потребна на Европа. За англо-саксонската традиција на економски либерализам и социјална либералност поврзан со значајна економска, културна, дипломатска и воената моќ - на кратко, уникатна комбинација на „тешка” и „лесна” моќ - Велика Британија не е само од суштинско значење за ЕУ туку е од суштинско значење за својот најголем партнер, Германија.

Се разбира, со сето ова се претпоставува

дека Германија сака да биде повеќе од златна кокошка на континентот, и дека Европа се стреми да биде нешто повеќе од само трансфер унија.

Британскиот новинар Дејвид Рени неодамна напиша дека во Европа решавачки политички избори повеќе не беа десницата и левицата, туку дека може да се избира помеѓу „подвижен мост нагоре” и „подвижен мост надолу.”

Оние кои беа за издигнување на подвижен мост го извикаа борбениот повик на стара Европа со нивната желба за протекционизмот, за нејзино затварање од меѓународните пазари - особено финансиските - за „солидарност” на местото на конкуренцијата, „регулирање” наместо слобода. Ксенофобичните луѓе кои поддржуваа „подвижен мост нагоре” исто фаворизираа и ограничување на миграцијата.

„Подвижен мост надолу” - Нова Европа - значеше да се биде отворен кон светските пазари, познати и на непознати. И никаде таквиот став не е повеќе докажан отколку во мултикултурниот, космополитски Лондон.

Не е случајност тоа што британскиот капитал е центар на финансиската индустрија во Европа. Според Eurostat, 35% од сите финансиски услуги во 27-те земји членки на ЕУ се овозможени во Лондон: таму работат 90 000 банкари, 8 000 од нив за Deutsche Bank, која го спроведува најголемиот дел од нејзиниот бизнис во Лондон, и вкупно 251 странски банки имаат канцеларии во Лондон.

Во очите на многу Германци, ова не се рефлектира добро на Британците. Соодветните економии градат автомобили и фрижидери, или барем така вели приказната, дури и кога 74%

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

32 BR.84

Evropska Unija

од работните места во Германија се сега во сервис секторот.

И додека можеби моментално е актуелно да се озборува Wall Street, не треба да се заборави дека финансискиот услужен сектор на 27-те земји членки на ЕУ е втор по големина после американскиот.

Европа преовладува над Америка како најголем светски извозник на финансиски услуги, голем дел од нив благодарејќи на Лондон, најважната врска помеѓу пазарите на САД, Азија и Европа, и исто така дом на светски најпознатиот превозен агент без кој Волксваген не може да извезува и супермаркетските синџири како што се Лидл не би можеле да увезуваат. Секој кој сака Европа која не го вклучува градот Лондон, сака Европа отсечена од светот.

Во неговиот прекрасен есеј „На европскиот устав“, Јурген Хабермас истакнува дека „народите на еден континент со тонечка политичка и

економска тежина“ не можат да се лимитираат себе си на користење на ЕУ „за да нападнат, и за да го одржат нивниот културен биотоп.“ Спротивно од тоа, тие треба да користат политичка слобода „одбранбено како и напорно градејќи следејќи глобални управувачки капацитети.“

Без британското глобално искуство и политичка тежина како и атомска моќ, и членство во Советот за безбедност на ОН, на Заедницата и на „англосферата“ која ја движи планетата, поентата на Хабермас би била илузорна.

И конечно: да не го заборавиме британскиот допринос во европската култура. Ова не е само култура во обична смисла, од Ејми Вајнхаус до Јулијан Барнс преку Кен Лоуч и Џејми Оливер.

Ова е култура во смисол на диспозиција – опуштениот либерализам на географски и општествено ексцентрична нација. И дури уште поважно: нација која

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

33

природно ги споделува вредностите на Соединетите Американски Држави.

Некои Европјани, кои тајно сонуваат за континентална мини-империја под германско водство, или Гаулистичка алијанса предводена од Франција, се плашат дека Велика Британија може да попрече дури и поблиска унија.

Но ако евро-кризата има една лекција

за учење, тоа е дека незамисливо „продлабочување“ на Унијата крие бескрајно повеќе експлозивна моќ од проширување на истата, а тоа е она што Британците секогаш го велат – не како „лоши“ Европјани туку како најдобри од најдобрите.

Сега кога сонот за еврото преминува во бескраен кошмар, за Германија и Европа, Британија е поважна од било кога.

Извор: Welt OnlineПревод: Славе Ангелов

REVOLUCIJAMAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA7 Juli 2012

34

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

35BR.84

Ne{to e gnilo vo na{iot moral

Како е да се биде Англичанец во Њујорк според музичкиот опус на Стинг, или misunderstood како што пее Нина Симон?

Дефинитивно не е лесно, посебно не во едно машко општество на ниски страсти и венецијански маски, каде што се згрозуваат од вашата приватност, но потајно би убиле за промискуитетен живот.

Сите тие работи на кои ве учат од мали нозе, во рамките на вашето семејство, вашата примарна социјализација во градинките и училиштата, некако тешко се применливи во животот.

Еден дипломиран правник можеби се навикнал на тезата „едно е теорија,

друго е пракса“, но од аспект на едно младо 22-годишно битие кое се труди да го најде своето место под сонцето, конформизмот не е опција.

Што е гнило во нашето општество? Зошто не можеме да бидеме тивки како едно мирно и секојдневно попладне во Виена? Зошто не можеме да бидеме толерантни како Амстердамците, кои одат до таму што не ставаат завеси на своите прозорци бидејќи „до коска“ се транспарентни?

Дури и да сме конзервативни не ми смета, но фактот дека постои разлика меѓу „она што го кажувам“ и „она што го правам“ ја достигнува мојата „точка на вриење“.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

36 BR.84

Се расфрламе со длабокоумни статуси на нашите фејсбук - профили од врвни автори, а не сме прочитале ниту една нивна книга. Велиме дека ги сакаме животните и целата фауна, а сме тврдокорни месојадци. Велиме дека не сме завидливи и љубоморни, а потајно се надеваме дека нашата другарка конечно ја раскинала долгогодишната врска.

Кога постои толку огромна разлика меѓу теоријата и праксата, не можам, а да не се запрашам: Дали ние сме она што го правиме или ние сме она што го кажуваме, но бидејќи сме грешни, едноставно оглувуваме на нашите зборови кога ќе дојде време за реакција?

Многу прашања си поставив и сама на себе, а очигледно и на моите читатели, реторички секако. Поголемиот дел од времето не сум ниту фрустрирана, ниту преокупирана со карактерот на другите, но инспирацијата ја добив гледајќи го филмот „Мемоарите на една гејша“. Толкава концентрација на самоконтрала во душата на една девојка.

Како што кажува и самото сценарио, животот на една гејша е болка, болка додека спие, додека јаде, додека се движи, додека води љубов... Преку

анулирање на своите страсти и чувства, со душевна атараксија, гејшата е вистинско подвижно уметничко дело, неодоливо волшебно.

Со пластовите традиционална облека на себе, дрвени налани, смирено лице, го лови секој поглед. Но, таа не го прави тоа намерно, едноставна самата по себе sui generis е магнетски привлечна сила на убавина.

Не верувам дека сум поборник на потиснување на сето она што ме прави човек, но убаво би било да се сретне некоја „гејша“ по македонските улици. Некоја смирена девојка, од чии очи не излегуваат прашалници во стилот на: „од каде пак таа да носи чанта „Louis Vuitton“ или „ах, таа го фати дечкото што вози БМВ“?

Во овие тропски горештини се повеќе врие од натпревар и психолошки игри. Но, тоа не го гледаме само во секојдневието, туку и на високата политичка сцена.

Се надмудруваат меѓусебно кој повеќе ќе го деградира својот противник, кој ќе покаже поголема доза на патриотски чувства, па дури и во екот на европското првенство во фудбал, во кое Македонија воопшто не учествуваше, нашиот премиер не пропушти, а да не покаже дека негов единствен фаворит на фудбалското првенство е сепак кошаркарскиот тим на Македонија.

Ах, не можев, а да не си го ставам прстот на чело и да се запрашам „зар има некој што паѓа на овие фори?“.

А, вистинскиот фаворит зошто сè уште тапкаме во место, додека Црна Гора веќе официјално доби зелено светло за отпочнување на преговарачки процес, Хрватска веќе се приближува кон расплет

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

37BR.84

на евро - интеграциската перипетија, повторно е банкротираната Грција.

Никој не сноси одговорност за своите дела, а сите и те како умешно знаат да ја лоцираат туѓата. Сакаме да бидеме тимски играчи, но вистински менаџер сам ќе ја сноси вината за неуспехот на својот тим, а „вината“ за успехот ќе ја прошири на сите играчи. Никој, ама баш никој, не игра ниту како првокласен менаџер, ниту како добар политичар.

Има нешто во дисфункционалноста на човековата психа и ограничената когнитивна способност. Човек знае дека не е совршен, свесен е за таа своја мана, но сепак продолжува да ги критикува другите за нивната имперфекција.

Слатко, нели?

За Шопенхауер, секој човек може да биде огледало, во кое ќе ги видиме нашите недостатоци и зла. Но, повеќето од нас постапуваат како што би постапило едно куче гледајќи го својот израз во огледало, да лае како на непријател. Колкава дискриминаторска реа се шири од нашите пори!

Забораваме дека еднаш бевме деца, кои играа криенка – миженка, сè додека нашите мајки не се појавеа на балконите, се враќавме дома извалкани од кал и трева, игравме ластик, се гушкавме со улични мачки и кучиња, спасувавме ранети гулаби, ги уништувавме мравјалниците...

Растевме заедно, а старееме одвоено. Сега истите тие деца, кога навлегоа во адолесцентските години ја напуштија мајката природа и се предаваат на глобалната култура: ајподи во рака, „паметни“ телефони, интернет, гласна електронска музика, осудувајќи ги оние

кои преферираат едноставен животен стил, баш како што нивното детство беше некогаш.

Денес лесно ќе ве прогласат за чудак, доколку немате фејсбук или сте го избришале поради неразјаснети околности, или пак, ако сакате да останете трезвен во саботна вечер со книга во рака, наместо да дехидрирате на психотична музика.

Признавам дека бара помал напор трошењето на парите на мама и тато, отколку активирањето на мозочните виуги со цел културна надградба. А, доколку сте успешен студент, тогаш или „немате“ живот, како што умеат да кажат галеничињата на мама и тато, тешејќи се со вас поради нивните неуспеси, или пак ако видат дека умеете да водите позабавен животен стил и од нив, тогаш ви лепат несоодветни етикети.

Навистина човекот не е суперхерој, но нели цело е кога се има сè? Наместо да учиме од храброста на оние луѓе, кои ризикуваат за да го остварат она што го наумиле, безмилосно ги деградираме.

Не знам дали во нашиот генетски код е

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

38 BR.84

запишано да се надеваме дека нашата судбина ќе биде добра, препуштајќи ги нашите шанси за успех на vis major, оправдувајќи го успехот на другите со нешто спекулативно во смисла на „па, ете, имаше среќа“.

Знајте дека страдате од монотонија кога интересот е поголем за новиот автомобил на вашиот сосед од вашиот утрински ритуал. Јас верувам дека човек има многу причини да направи обид да избега од сопствената мрежа, но поради ограничената когнитивна способност, не е доволно прецизен во изборот на тајмингот, па чека повод.

Многу историски пресврти се случиле со еден мал настан, еден мал повод, толку незначаен, а сепак моќен за нашата верба. Можеби се плашиме да внесеме промени, па чекаме повод, како знак

од небото или што и да е во она во што веруваме, бидејќи сме премногу мали да веруваме во нашиот избор, па ни треба изговор, доколку нешто тргне на полошо.

Како и да е, поводот нема да тропне на врата, додека ја чекате новата епизода од „Величествениот“. Со само 14 дена во 22-то годиште направив вистински промени - го сменив моето негативно опкружување, се дружам со крајно позитивни луѓе, кои ме расплакуваат од смеење, патувам на кратки релации, купив карта за Дјуран Дјуран, иако немав ниту една причина - ниту ми се омилен бенд, ниту имав друштво со кое ќе одам кога ја купив картата.

Не постои среќен живот, постојат среќни денови. Живејте го својот живот, бидејќи сами се носите со својата умирачка!

Тамара Славеска

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.84

Evergrin na „site vremiwa“ 4

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.84

Не плачи - КАЛИОПИНе плачи,

Те молам мило мое немој сега кога одамНе знаев,

Дека твоите солзи толку многу можат да ме болатГушни ме,

И стопи ме на твоите раце како медГолтни ја

И оваа последна и болна мисла на тебе

Запри ги,Во ноќва звуциве

Од небо пратени за тебе од менеНе плачи, не плачи и не жали ме,

Јас ти зедов сè...

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.84

Чија си – СЛАВЕ ДИМИТРОВ

Има еден дом сред жолто лисјеСтаен е тој во сите мисли

Покрив тој е твој и кошмар тој е мојРедок миг пред куќен праг

Скриен поглед толку драг, ко бој.

Секој ден си ти под иста стреаГулабец во лет во воздух смеа

Ладна како лед па бујна како цветСтојам долго долго јас

Гледам чудно и без глас ко нем

Чија си, на кого радост ти му носишѕвезда си, во некој облак како плам

чија си, и кој ти гали долги косисвет си мој, а ниту име не ти знам...

Виолина и гитара – ДУЛЕ И КОКИ

Виолина и гитара Срце крие песна стараСамо чашиве ги празнам И на дното јас тебе те барам.

Ти ја знаеш мојта тага,Јас ја голтам твојта лагаВнатре кријам само лузни,Но пак ги барам твојте усни.

Само песна ми затвара рана Дај нек се напие цела кафанаЦела болка ја оставам на странаОваа вечер ниту една нема маана...

]

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.84

Пушти коси - ЗИЈАНЗапеј, запеј, бистра водо, и ти сонце мило златно,

запеј, птицо, и понеси песна нова, мака стара,

Играј оро, крши снага, ој ти моме мило драго,пушти коси, ветар да ги носи.

Моја серенада – ГОЦЕ НИКОЛОВСКИТивка ноќ е сите спијат,

само ние двајцата неЈас и мојата гитара,под твоето пенџере.

Тивко свирам за да можешда ме чуеш само ти..

Колку љубам ќе ти кажатмојте звучни акорди..

Ако чуеш мила мојанека светне пенџере..

Јас ќе бидам среќен милакако да си крај мене...

Подготви: Славица Ѓоргиева

Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“ од Македонија.

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.84

Ги разгледувавте убавините на Северна Ирска и ништо не ви го привлече вниманието? Можеби така ви се чини, поради тоа што најдобрите места во Северна Ирска се највешто сокриените тајни. Погледнете ги „обичните“ катчиња кои ќе ве одведат со еден сосема поинаков свет.

Фармата Watertop

Петси и Тери МекБрајд, или „brothers in farms“, како што самите се нарекуваат, го промовираа концептот на отворени фарми во Ирска, кога ја отворија нивната фарма за овци за јавноста во 1986 година.

Но, тие не застанале таму со иноваторството. Наместо да работат како сите други дотогаш познати отворени фарми, кои работат на принципот на зоолошки градини, тие воведоа цел спектар од семејни активности на

нивната фарма позната како Water-top Farm, која се наоѓа на околу девет и полoвина километри од Ballycastle во живописниот Glens of Antrim.

Активностите кои ги изведуваат вклучуваат јавање коњи, веслање, картинг, 4x4 екскурзии и ползење под мрежи од јажиња. Има и музеј на фармерски реквизити, а камперите и караванџиите се добредојдени, со цени за кампување од околу 6 евра од вечер по лице.

Skrienite kat~iwa na Severna Irska

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.84

Имотот Гленарм

Северна Ирска има голем број имоти кои се отворени за јавноста, многу од нив или поседувани или менаџирани од страна на националниот фонд на Обединетото Кралство. Прво и основно, замокот Гленарм е семеен дом. Всушност, тој е дом на грофовите од Антрим веќе 400 години.

Куќата е отворена само на посебни датуми во текот на годината и е наменета за туристички посети. Нешто што вреди да се види, e нејзината позната заѕидана градина, која е отворена за посетители

од април до септември. Отпрвин, ова била кујнска градина, позната по своите жешки нијанси на црвени, розеви и портокалови тревни растенија.

Во склоп на замокот има и старомодна просторија за чај – сместена во поранешната куќа на печурки - и кога ќе завршите, продолжете ја вашата прошетка до замокот Гленарм, првично дел од имотот, кој е отворен за јавноста.Ако сте таму околу 13-ти јули, не ги пропуштајте Highland игрите.

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.84

Фармата Orchard Acre

За кампување поразлично од другите, погледнете ја фармата Orchard Acre, во убавиот дистрикт Fermanagh Lakelands близу Irvinestown.

За почеток, престојувате во шатор во индиски стил. Што е уште подобро, во шаторот престојувате само вие!

Сопственикот Тереза О`Хара дозволува само едно гостинско семејство

одеднаш, дозволувајќи им на децата на посетителите доволно време да ги хранат кокошките, свињите и овците на малиот имот на семејството.

Се закажува за викенди за цена од 300 евра, што вклучува појадок послужен во шаторот. За малку повеќе, О`Хара може да стокми специјален пакет активности, кој вклучува поладневно пловење во кану на Lough Erne.

Фарми за производство на сладоледи

Заборавете ја Италија, кога станува збор за специјално направени сладоледи, Северна Ирска е местото каде треба да одите. Овде има бројни првокласни произведувачи, вклучлувајќи ги Tickety-Moo во Irvinestown, кои се познати по одржување на своите крави среќни.

Посетителите се добредојдени да ги гледаат кравите кои се молзат од страна на волонтери, се чешлаат со посебни

четки и лежат на соодветни душеци.Кравите, исто така, можат да се видат на фармата за сладолед Braemar- семеен бизнис основан во ридовите на Cas-tlerock пределот на северниот брег.

Фармата им дозволува на посетителите да набљудуваат за време на молзењето, а од другите активности, не пропуштајте ги семејните прошетки на плажа за време на сончевите денови.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.84

Шумскиот парк Tollymore

Точно покрај крајбрежната Мека – Newcastle се наоѓа многу посмирениот шумски парк Tollymore.Покривајќи област од дури 630 хектари на подножјето од планините Mourne, неговите највисоки точки нудат панорамски погледи од околните селски предели, па сé до морето.

Tallymore е познат по неговите интересни објекти, како што е плевната од 18-ти век, уредена како црква. Освен тоа, паркот има и означени патеки за пешачење покрај реката Shimna, кои

се направени од прекрасни предмети- и природни и вештачки, вклучувајќи камења разјадени од морската вода, мостови и пештери.

Има и експериментални шумски парцели, со еукалиптуси и други дрвни видови, кои растат до големи висини. Може да се забележи и бавно растечка смрека, која датира од 1750-та и е позната како најстарото дрво во било која ботаничка градина во Ирска. Се наоѓа веднаш до забавниот парк, кој е добро место за децата.

Фармата за пеперутки Seaforde

За дури уште поегзотично попладне, проверете ги градините Seaford и Tropi-cal Butterfly сместувачкиот центар, на имотот Seaford во Co Down.

Ако е сончево, надвор е прекрасно за прошетки, а дури и да не е, куќата на тропските пеперутки е секогаш пријатна

и топла. Тоа е дом на стотици слободни егзотични пеперутки, како и папагали и рептили.

Надвор има заѕидана градина од 18-ти век, зелен лавиринт и кула од која се гледа сето тоа.

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

Artvizor

BR.84

Замокот Espie

Рајот за љубители на птици, Замокот Es-pie се наоѓа на бреговите на Strangford Lough, во близина на Comber, Co Down, воден резерват управуван од страна на Wildfowl и Wetlands Trust (WWT).

Подоцна во текот на годината ќе биде домаќин на 30.000 бренд гуски, по пристигнувањето од нивните престојувалишта за размножување во арктичка Канада, оддалечен речиси 4,8 илјади километри. Тоа е огромно патување кое ги носи преку Исланд и Гренланд, но кога сите ќе се вратат во ова место, тоа е глетка која не смее да

се пропушти.

Преку цело лето, местото изобилува со птици и вреди да се посети, со оглед на тоа што е место на најголемата колекција патки, гуски и лебеди во Ирска.

Посетителските капацитети вклучуваат колиби за набљудување птици, водни градини и шумски прошетки. Има природен центар, уметничка галерија, продавница и кафуле. Посетете го веб сајтот пред да одите, затоа што има многу настани и изложби во туристичкиот центар.

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

48 BR.84

Театарот МАС

Метрополитенскиот Уметнички Центар (MAC – Metropolitan Arts Centre), привлече огромно внимание откако се отвори во градскиот катедрален квартал, како дел од комеморационите настани во април за Титаник.

Центарот има намера да го донесе најдоброто од локалните и интернационалните таленти под еден покрив, без разлика дали станува збор

за музика, театар, танц или уметност. Местото има два театри, музички галерии, кафуле и бар.

Дури и да не сте љубители на шоуа, сепак, можете да го посетите самото фоаје и да ја видите уметничката инсталација на Марк Гери, „The permanent Present“ (трајната сегашност), која се содржи од 400 виножитно обоени метални прачки.

W5

Изложбениот центар на Титаник добива овации во сите статии оваа година, но

за некои луѓе, вистинската ѕвезда на градскиот Титаник квартал е W5, во

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

49

Artvizor

BR.84

Одисеј Арената.

Наградуваниот научен изложбен центар, (неговото име е добиено од: „кој, што, кога, каде, зошто“ или на англиски: „who, what, when, where, why“) им дава на децата прекрасни демонстрации на моќта на науката.

W5 има повеќе од 250 интерактивни изложби вклучувајќи и такви кои се

специјални и соодветни на возраста за деца под 5 години и деца под 8 години, кои се разликуваат од креирање пеперутки или оживување роботи до тркање со свој сопствен Knex автомобил.

Вашата влезница, исто така, ги покрива трошоците за програмата за научните демонстрации кои се одвиваат во текот на денот.

Ulster Американски фолклорен парк

Ulster Американскиот фолклорен парк, во периферијата на Omagh е фантастичен музеј на отворено, кој вклучува реставрирани згради и одново изградени стари куќи кои даваат одличен поглед на ирскиот живот во 18-ти и 19-ти век.

Исполнет со работници облечени во костими, кои даваат лекции за сé, вклучувајќи правење специјален леб

„scone“, уметност и изработки, како и сите други семејни прошетки, паркот е и забавен и образовен.

Дури и самото тоа што знаеш дека кога ќе излезеш на селското патче нема да бидеш удрен од кола, те прави среќен. Само дај си доволно слободно време и облечи удобни обувки – паркот е огромен.

Извор: Irish TimesПревод: Славе Ангелов

REVOLUCIJAMAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA7 Juli 2012

50

Nesovesna galerija

Морате да одите по улица бидејќи на тротоарот има паркиран автомобил? За малку ќе ве прегазеa на пешачки премин? Вие залудно чекате зеленото светло додека автомобилите поминуваат на црвено?

Бидете совесен граѓанин и помогнете да се смени безредието во вашиот град.

Со вашиот мобилен телефон или фотоапарат сликнете го автомобилот кој го зафатил целиот тротоар или оној кој ви го пресекол патот додека сте минувале на пешачки премин, сликата пратете ни ја на нашиот e-mail: [email protected] , и очекувајте ја во следниот број на онлине-магазинот „Револуција“.

Булевар Св. Климент Охридски (Булевар ЈНА) Скопје

REVOLUCIJA MAGAZINBR.84

MAGAZIN REVOLUCIJA

51

7 Juli 2012

Затворен единствениот премин за напуштање на бизнис-центарот во Прилеп