50

Револуција магазин бр.75

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Поттикнува да мислиш!

Citation preview

Page 1: Револуција магазин бр.75
Page 2: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA5 Maj 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

5 Maj 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЕлена Николовска, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ:Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова, Леонора Ташкоска, Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Ленка Солеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Rabotnikot izbira da mol~i .................................................................................................................... 05

Pita~i pred racete na kapitalistite ...................................................................................................... 11

Skarata pova`na od pravata ..................................................................................................................... 14

Denovi li se denovi, rabotni~ki maki golemi ..................................................................................... 16

Platforma za dejstvuvawe na Sojuzot na sindikatite na Makedoonija ............................................ 18

Ekonomsko-socijalnite soveti vo Evropa .............................................................................................. 20

Posledna rabotni~ka nade` za Amerika ................................................................................................ 25

Makedonski proizvodi - da se kupat ili ne? ........................................................................................ 30

[to }e zna~at izborite za Grcija? .......................................................................................................... 35

Volonterstvo - pogre{no razbrana imenka ........................................................................................... 39

Saem na kniga, teatar, kino - {to be{e toa? ......................................................................................... 41

Riga - unikatno kat~e na Baltikot .......................................................................................................... 43

THE SECRET WORLD OF ARRIETY (2010) ........................................................................ 46

Sodr`ina

Page 4: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA5 Maj 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Автор:Влатко Неделковски

Page 5: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Прекувремени работни часови кои несоодветно или, воопшто, не се плаќаат, непочитување на правото на годишен одмор, отпуштања без предупредување за отказ, непријавени работници, неплаќање на придонеси за цела плата, партиски притисоци...

Во вакво секојдневjе живее и опстојува македонскиот работник, но избира да молчи. Не сака штрајкови, собири, борби за своите права... Нема енергија да се бори, затоа што нема надеж дека нешто би можело да се смени. Затоа одлучува со наведната глава и молчејќи, да го истрпи секојдневието кое му се наметнува...

Синдикатот во Македонија

Но, има ли некој да му помогне на македонскиот работник?! Некој ќе рече тука се синдикатите! Да, точно, законски гледано синдикатот е организација на работници, која се залага за зачувување и унапредување на условите за работа. Кои се функциите на синдикатите?

Социјални функции: На своите почетоци, синдикатите обезбедувале различни типови помош за своите членови при невработеност, болест, старост и трошоци за погреб, но денес, во многу развиени земји, овие функции ги презема државата. Сепак, и денес синдикатите обезбедуваат правна помош, професионална обука и слично. Колективно преговарање: Во случаите кога синдикатите се признат партнер во индустриските односи, синдикатите водат преговори со работодавците и државата за склучување на колективни договори, со кои се утврдува висината на платата и останатите права од работен однос.

Индустриски акции: За исполнување на своите барања и заштита на работничките права синдикатите често организираат штрајкови.

Политички активности: За промовирање на своите барања, синдикатите вршат и политички активности како: поднесување предлог

Автор:Влатко Неделковски Rabotnikot izbira da mol~i

Page 6: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.75

закони, лобирање, или финансиска поддршка за кандидатите или политичките партии кои ги застапуваат интересите на работниците.

Но, дали синдикатите ги извршуваат своите функции и дали, всушност, имаат некакво влијание?

Поддржувачите на синдикатите нагласуваат дека работничкото движење (и синдикатите како негов составен дел) е заслужно за ставањето крај на детскиот труд, за подобрувањето на условите за работа, за зголемувањето на платите како на членовите на синдикатите така и на не-членовите, за намалувањето на работното време, за воведувањето на социјални стандарди од страна на државата и слично. Противниците на синдикатите ги обвинуваат дека ги штитат само синдикализираните работници, наспроти оние што не се синдикализирани или што се невработени. Исто така им забележуваат дека делуваат наспроти интересите на потрошувачите и на акционерите во синдикализираните претпријатија со своите притисоци за зголемување на платите.

Во Република Македонија постојат четири

национални синдикални федерации: 1. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) 2.Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) 3. Унијата на независни и самостојни синдикати 4. Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија

На 25 август, 2010 година, Владата на Република Македонија, двата репрезентативни синдикати ССМ и КСС и Организацијата на работодавачи- потпишаа спогодба со која за прв пат во Македонија се формира Економско-социјалниот совет- трипартитно тело кое ќе има советодавна и консултативна улога при креирањето и имплементацијата на владините економски и социјални стратегии и политики.

- Економско-социјалниот совет ќе ги следи, проучува и оценува влијанието и мерките на економските политики на социјалната стабилност и развој во државата и на целата регулатива што задира во овој дел на функционирањето на државата, - рече вицепремиерот по потпишувањето на договорот.

Денеска, скоро 2 години после неговото формирање, сé уште чекаме да

Page 7: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

профункционира овој совет.

Работничите права се кршатЧовекот работник во оваа земја се третира како некоја потрошна стока, се обесправува и се обезвреднува неговиот труд. Но, зошто молчи? Пред некој ден беше Први Мај- Меѓународниот ден на трудот. Ден на работничките права, ден кога работникот треба да потенцира за сите неправди кои му се наметнати, исто како штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Вчера се протестираше во светот. Ние? Ние ги распаливме скарите. Нам не ни се протстира, небаре сé ни е супер.

Не, не, македонските работници многу добро знаат зошто се прославува Први мај, но наместо да ја потенцираат неправдата, овој ден го користат за да ја заборават. Барем еден ден да не се окупирани со притисоците, со намалувањето на плата, со постојаното отпуштање, барем еден ден да се опуштат и да не мислат на ништо!

Денес, за многу работници во нашата држава, работата значи експлоатација и лишување од основните човекови права, нередовни плати и живот на работ на сиромаштија, особено оние кои работат во приватниот сектор. Денес сме далеку од она што значи одржливо работно место и пристојна работа, при што се создава нееднаквост која произлегува од несигурната или неформална работа.

Со еден збор, работа нема! За да станеш продавачка или вработен во сендвичара ти требаат врски и родниски препораки, а пак, да не зборуваме за некои други повисоки места. Затоа, секој оној кој на некој начин „зграбил“ некаква работа, било -каква работа, за истата цврсто се држи со двете раце, прифаќајќи ги сите мизерни и бедни услови кои му ги нуди работодавачот. Каква и да е работата и платата, подобро е од тоа да се седи без работа и да се нема плата. Ова го знаат работодавачите и го користат во своја полза.

Македонскиот работник избира да молчи,

избира да се покори, да ја наведне главата, да игра според правилата на својот „газда“, плашејќи се да не ја изгуби работата.

Но, постојани притисоци се добиваат и од државата со постојаните измени на правилата во работничите односи, кои би тебало да се „корисни“ за државата, а всушност, излегуваат штетни за работникот. Еве, само некои од примерите за намалување на работничките права во земјава.

Преку зголемување на старосната граница за одење во пензија, за разлика од порано, работничките треба да работат дополнителни 7 години за да можат да одат во пензија, а работниците дополнителни 4 години. Така, ако во 1993 година работничките одеа во пензија со 55, а работниците со 60, денес работничките одат со 62, а работниците со 64 години во пензија. Се намалува бројот на пензионерите - се намалуваат трошоците на државата, но многу работници не ни дочекуваат пензија...

Се вработуваат работници без договори за вработување, се присилуваат да потпишуваат договори, знаејќи дека со тоа си потпишуваат и бланко - отказ. Големиот процент на невработеност ги тера работниците да прифаќаат и

Page 8: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.75

непожелното од страв дека ќе ја изгубат работата.

Државата воведе казни за работа на црно. Но, кој досега пријавил дека работи на црно и дека газдата не сака да го осигура? Никој! Работа на црно е подобро од немање работа!

Понатаму, во однос на годишниот одмор, во 2008 година се отвори простор за фактичко намалување на законски определената должина на годишниот одмор. Имено, тогаш одредбата која предвидуваше дека работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена се замени со формулација според која „работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 дена“.

За несигурноста на работното место значителен придонес даде продолжувањето на максималната должина на договорите за работа на определено време, од една па до пет години. Скоро секаде во приватниот сектор, работниците работат по 2-3 часови повеќе од предвиденото во текот на денот, а работат и за празници- значи им се кршат правата, не се исплатува бонус плата на крајот од годината за прекувремената работа, а нема кој тоа да го регулира.

Преку промените во законските одредби работниците се лишени од правото да организираат штрајк без синдикат; воведена е можност штрајкот да биде судски забранет, а работодавецот да побара и да добие надомест на штетата, која ја претрпел поради организирањето на штрајкот за кој судот пресудил дека е незаконски.

А, што прават синдикатите? Синдикатите постојат како обична законска форма, го искажуваат своето мислење за состојбата, но немаат дирекно учество ниту, пак, некое големо право во донесувањето на одлуките. Тие, како и да не постојат.

Работниците се покоруваатОчигледно е дека работниците сé уште не се дојдени до таа фаза, до таа сосотојба, да можат самите да изреагираат тогаш кога не им се почитуваат правата. Тие не ги знаат доволно одредбите ниту во законите, ниту во колективните договори...

Но, може ли работникот како поединец сам да се избори за своите права? До каде ќе оди неговата борба против работодавачот и како ќе заврши? Дали индивидуа може да го совлада системот? Сите ќе одговориме со НЕ! На сите им е јасно дека работникот не може сам, затоа постојат синдикати- здруженија кои

Page 9: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

според природата на нештата треба да ги соединат работниците и да ги штитат нивните права кога тие се загрозени. Но, реалноста ни кажува дека работниците во Македонија немаат некоја огромна доверба во овие организации, кои би требало да ги штитат нивните интереси; затоа само 30 проценти од вкупниот број вработени во земјава се членови на синдикални организации.

Во јавноста кружи некаква претстава дека синдикалните организации се премногу блиски до власта, а синдикалните активисти се недоволно активни. Неретко, најчесто пред избори некои од синдикалните организации изразуваат поддршка на одредена политичка партија, што придонесува за намалување на довербата на граѓаните во синдикалните здруженија.

Работниците сметаат дека се препуштени самите на себе. Поголем дел од нив не сакаат јавно да зборуваат за своите права, бидејќи се плашат дека може да ги види и да ги слушне газдата и да ги казни или пак, да ги отпушти, а нема кој да ги заштити, одбрани и застане на нивна страна.

Закони имаме, права немаме!Во Македонија постојат 25 закони со кои се регулира трудово-правната материја. Кај заштитата при работа проблемот не треба да се бара кај законот, зошто тој е одлично напишан. Меѓутоа, колку законски се работи во Македонија е друго прашање. Непочитувањето на законите е она што предизвикува континуирано намалување и кршење на работничките права. На сите ни е јасно дека во државава нема синдикален дух, солидарност и заедништво - кои се главните карактеристики на работничкиот синдикализам.

ССМ ретко повикува на протест, но дури и кога протестот се закажува - членството не се одзива. Нема трага ни глас ниту од членовите на јавниот сектор, кои се заштитени со колективни договори, а уште помалку, речиси воопшто, од вработените во приватниот сектор.

Масовноста на работничките собири сé повеќе се намалува, наместо да расте, ако се има предвид фактот дека економскиот статус на вработените од година во година, со разни законски ограничувања, оди само надолу.

Работниците немаат доверба во никого, немаат сили да се борат, а уште повеќе да излезат и да штрајкуваат или протестираат. „Што би можеле да смениме?“ со наведната глава се прашуваат...

Да се крене гласотЗа лошата состојба се виновни самите работници, кои не се борат за своите права. Никој нема да ти даде повеќе права и пари доколку самиот не се избориш за тоа. На работодавачите треба да им биде јасно дека трудот го создава профитот. Мора да престанат со заплашување со откази и со понижувачки плати и да обезбедат услови во иднина секој работник да ја врши својата работа без страв. Задоволниот работник вложува екстра труд и дава подобри резултати.

Но, кај нас последиците од лошите економски и социјални резултати ги трпат работниците, бидејќи во земјава нема соодветна социјална политика и правда. Нема почитување на колективните договори, запирање на натамошното губење на работните

Page 10: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.75

места, за работата на црно, стоп за сиромаштијата, шверцот, корупцијата, криминалот и сивата економија.

Работадовците не се свесни дека треба безусловно да ги почитуваат законите и да создадат услови за достојно почитување на работничкиот труд, бидејќи само така ќе успеат да го зголемат својот капитал. Сé додека молчиме и не го искажеме јасно нашиот став и бунт, сé додека со

наведната глава ги трпиме неправдите, нештата нема да се сменат. Време е да вреснат работниците и да ги облоденат сите тортури, сите притисоци, сите закани. Доста беше молк. Време е да се избориме за сите работнички права кои ни следуваат. Достоинствениот живот е наше право, кое никој не може да го негира и да ни го одземе.

Елена Павловска

Page 11: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

- Вчера шефот реши на сите да ни скрати по 1000 денари од плата. Вели дека имал некои непредвидени трошоци, па морало така да биде. Ќе си молчам, ако се побунам може да ми даде отказ. - А колкава ти е платата? - Па, сега за сега 10.000 денари, ама ми вети дека за некое време ќе ми ја зголеми.

Овој муабет можеби ви е познат од некаде. Јас многу често го слушам. Понекогаш и реално го доживувам. Е, мој македонски народе! До каде стигнавме. Питачи пред рацете на капиталистите.

Шпанските работници ги палеа улиците на Мадрид поради одлуката на Владата „да им скрати“ од лебот. Истите тие буквално го блокираа градот со шлепери и камиони во одбрана на своите права.

Атина до предмалку гореше во пламен поради намалувањата наметнати од Европската Унија. Молотови коктели, искршени излози, лути млади луѓе

кои останаа да се справуваат со невработеноста.

Дали знаете дека во САД само во 2010 година биле платени 48.4 милиони долари на име на тужби за мобинг (сексуално малтретирање на работното место). Тужбите најчесто ги покренала личноста која се почувствувала загрозена од мобингот, а судските сметки за покревање на тужбата ги платила компанијата каде таа е вработена. Споменатиот износ е само надоместот кој го исплатиле оние обвинети за мобинг. Додека светот го одбележуваше празникот на трудот со масовни протести на синдикалните здруженија, нашиот синдикат одржуваше некое си тивко предавање. А, повеќе од половина од работниците работат непријавени.

Молчиме и во тишина страдаме. Се плашиме да не си го изгубиме единствениот приход, каков и да е - друг

Pita~i pred racete na kapitalistite

Page 12: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.75

нема да имаме.

И до кога вака?! Утре можеби на шефот ќе му текне дека за еден месец треба да оди на одмор, па ќе ви соопшти дека следниве два месеци сите ќе земате 5.000 денари помалку. И тогаш ли ќе молчите?

Суровата вистина е дека ако се решите да проговорите за неправдите на работното место, веројатноста дека ќе добиете отказ е некаде околу 100%. Најверојатно затоа што народот е во беспарица и секогаш ќе се најде таков кој ќе молчи и ќе ги „голта“ сите неправди за да може да си ги нахрани децата.

Можете и да ги изнесете неправдите пред Сојузот на синдикати на Р.М., ама тие нема да направат буквално ништо. Зошто? Затоа што и нив некој ги плаќа и затоа што и тие имаат ист таков шеф кој може кога ќе посака да им го земе лебот. Ако не ги плаќа тој, тогаш ќе ги плати вашиот шеф, ама за да ја истераат правдата накај неговата неправда.

Аман луѓе бре! Вие припаѓате на родот на човекот, кој со векови наназад градел цивилизиран свет, за сега да може да се побуни ако некој нецивилизирано и противправно му ги крши правата.

Замислете што ќе му се случи на еден ваков шеф кој сака без причина и без почитување на Законот да си поигрува со работникот, да го пријавите до сите одговорни служби по ред. Слободно додадете и приватна тужба. На тоа тужете ја и целата држава преку меѓународни инструменти што безобразно не ви ги брани правата.

А, како цреша на шлагот, еден фин допис испратете и до светските медиуми - BBC, CNN, AP, Guardian... Сите тие многу сакаат да пишуваат за неправдите на

Page 13: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

светот. Раскажете им убаво за кој шеф станува збор...

Е, сега замислете што ќе се случи со истиот тој шеф ако таа ситуација се повтори со секој вработен на кој ќе се обиде да му ги прекрши работничките права. Сигурно нема да му текне да ја повторува ситуацијата.

Само еден работник може да се побуни и да ја турне работата накај правдата, ама сам тој нема да може да ја истурка до целта. Ќе му треба многу помош. Сочувство и бодрење нема да му помгне,

воопшто. Нема да му помогне ниту класичното пасивно „тоа е“. Ама, многу ќе му помогнете ако и вие се решите да му кажете на шефот дека не е во право.

Уште повеќе ќе му помогнете ако му правите друштво кога ќе реши гордо да маршира за своите права низ центарот на градот. Зaтоа што сме граѓани, дел од цивилизирано општество и заслужуваме да ги жнееме придобивките од правата на цивилизираните народи.

Елена Николовска

Page 14: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.75

Во секоја доба од животот ќе слушнете како некој се бори за своите права. Дали тоа се правата на жените, правата на децата, правата на хендикепираните или, пак, правата на хомосексуалците. Сé поретко слушаме како некој се бори за правата на работниците…

Тоа е загарантирано право, а всушност најмалку се почитува. Во сите закони и кодекси, па и во етичките норми, постојат оние права кои им се загарантирани на работниците, но тие функционираат само како про- форма.

Па, затоа многу често ќе слушнете како иронично цвета сивата економија во Македонија. Како сé поголем број на луѓе работат на црно, неосигурени, непријавени во бирото за вработување, а со тоа не им е обезбедена никаква

иднина.

Кога на работниците во Македонија не им се обезбедени овие основни услови за достоинствена работа и сигурна иднина, тогаш можеме ли да бараме нешто повеќе?

Можеме ли од нашите работодавачи да бараме да не ни се загрозува нашиот дигнитет и да не се омаловажува нашата личност, а ние на работното место не сме здравствено осигурени?

Можеме ли да бараме достоинствена плата, која ја земаат мнозинството од вработените во САД со која можат да го издржуваат своето семејство? Па, доколку работодавачот не ја осигура иднината на работникот и не ги плати сите трошоци за неговото вработување,

Skarata pova`na od pravata

Page 15: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

тогаш ние не можеме да одиме подалеку од таа точка.

Ако во Америка, работниците и синдикатите се борат за еднаква работа и еднаква плата без никаква дискриминација, во Македонија се борат, а можеби и тоа не го прават, за легална работа, во која се подмирени сите надоместоци од страна на работодавачот.

Ние се бориме за работни улови, кои се достоинствени за едно човечко битие. Не бараме ние кацеларии од типот на Гугл. Бараме да не се работи во секој подрум, полн со влага и во кој студот ќе ви влезе во коски, а згора на тоа вие треба да шиете на машина.

Синдикатите во Америка уште одамна се изборија за воведување на минимална плата. Самите знаеја и ги убедија сите дека тоа е неопходен чекор за подобра иднина на државата.

Кај нас тоа беше голгота, која се водеше долго време. Работниците работеа за смешна плата, која не вреди ни да се спомене. Па, дури во 21-от век, во 2011 година, македонските работници се изборија за една мизерно минимална плата од 8.000 денари. Македонските работници знаеја да очекуваат плата

пониска од сегашниот минималец, а притоа за истата да работат и по 10 до 12 часови дневно.

Но, сите овие зборови се залудни. Ако кажеме дека Американците, за да се изборат за своите работнички права, секој Први Мај протестираат, со пароли и скандирања минуваат низ Вол стрит, а македонскиот мизерен работник прави скара на тој ден, тогаш можеби и ние не сме доволно дискриминирани и понижени. Сигурно оваа ситуација во државата и тоа како ни одговара, па наместо на овој ден кој е предвиден за да се избориме за своите права, ние уживаме во скара и пиво.

Не велам дека и во Америка, па и во било која друга западна држава сé е сјајно. Не велам дека и таму нема незадоволни работници, лоши работни услови и сива економија. Но, тие работници ако не повеќе, знаат да го испочитуваат својот ден - Први Мај и да протестираат за да се изборат за своите права.

Магдалена Јовановска

Page 16: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.75

Додека човек не избрише пот од своето чело, дотогаш тој во животот не видел работа. Никогаш не се борел за нешто и никогаш не го дознал чувството како е да се добие награда за тоа. Денес младите тоа го сфаќаат на поинаков начин.

Ако до пред неколку генерации, парите кои ги добивале од тешко сработената работа, младите ги трошеле помагајќи им на родителите, денес тоа е сфатено како еден глупав и непотребен акт(?!). Во денешно време младите како да почнуваат да се однесуваат малку себично, па, парите кои тие ги добиваат (најчесто преку келнерство или со лакирање нокти..) ги потрошуваат за еден „екстра“ пијан викенд.

Иако ги заработувале еден месец, парите можат да згаснат за еден час. Едноставно како магија исчезнуваат сите тие денови на замор, станување рано и немање на време за ништо.

Да се помисли за подобра иднина и за

средствата кои се потребни за да се има истата, е како да се разбудиш наутро за на училиште без никој и ништо да те разбуди т.е. речиси невозможно. Работата денес е нешто што се нарекува „тешкотија со леснотија”. Тешко е да се најде и да се изработи, додека лесно е да си ги потрошиш парите. И дури да сфатиш каде си ги потрошил, тие веќе заминале, а ти пак одново ќе си ја почнеш песната со добро познатиот рефрен.

Како корисна информација (која е јавна тајна) е тоа што непријавеното работењето како келнер или пак одење од куќа на куќа за да се направи фризура е нешто нелегално. Најчесто младите се оние кои се на тапет, бидејќи токму тие најмногу имаат потреба од работно место каде нема да имаат премногу обврски, а ќе имаат парична добивка за да се истурка месецот.

Одредени личности тоа знаат многу добро да го искористат во нивна полза. Новопечените „вработени“ сметаат дека со еден збор е сè решено но, не е се во зборувањето. Делата сепак на

Denovi li se denovi, rabotni~ki maki golemi

Page 17: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

крај се оние кои се бараат. Колку и да сме работеле, на крајот ние сме тие кои немаат ниту еден работен ден во животот, иако со месеци, па и години се сме се мачеле да го задоволиме џебот на „работодавачот“.

Ова се некои работи кои отсекогаш биле поврзани со работата и правата кои работниците ги „имале”. Денес, барем според мене, нема некоја разлика во правата. Ако во минатото работниците биле експлоатирани со тоа што биле принудени да работат по цел ден, денес тие работат со помал фонд на часови, но и се со потесен паричник. И ајде сега пронајди ја разликата...

Борбата за правата била најсилната и најчесто среќавана мотивација во сите борби. Па така, во една од тие борби се нашла и оваа, за работничките права. Токму на први и втори мај се случиле протести на улиците во Чикаго, преку кои неколку илјадници работници се

противеле на работењето по цел ден, а за возврат добивањето на едно големо ништо.

Но, важното од сето ова е тоа што, на крај успеале во своите намери. Затоа целата работничка класа на оваа земја го има први мај како слободен ден. Ден кого можат гордо да кажат дека е нивен, и ниту за миг да помислат на нешто што би го попречил нивниот одмор. Ден кој секоја година нè потсетува дека не треба да дозволиме да бидеме газени и угнетувани.

Затоа, борете се за вашите права, иако на моменти гледате дека тоа е технички невозможно, борете се. Тоа е знак дека ви значи нешто, тоа е знак на нешто вистинско и искрено од вас. Тоа е битието во вас. И како не би биле деновите, работнички маки големи, направете промена. Направете чекор напред!

Емилија Петреска

Page 18: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.75

Кога се зборува за местото и улогата на ССМ во социо – економскиот живот во Република Македонија треба да се знае дека постои гранична линија во суштинското постоење на најголемата и најстарата македонска синдикална организација. Таa линија беше смената на раководството во април 2010 година.

За кусо време требаше да се надополнат празнините што постоеја од осамостојувањето. Имено, не беше создаден институционален социјален дијалог со владата и работодавачите; Економско – социјалниот совет постоеше само формално; поради незадоволството од внатрешната политика се организираа други синдикални федерации - со еден збор се стагнираше на сите полиња на синдикализмот.

Според новата платформа на ССМ, најдобриот пат за зачувување на работните права и на стандардот е социјалниот дијалог.

Согласно базичната дефиниција на интернационалниот синдикализам, која функционира повеќе од 130 години, на прво место се преговорите и договорите, додека штрајкот е последно синдикално

средство. Така и ССМ дава апсолутен приоритет на мирните и договорни методи со социјалните партнери, иако демонстрациите, штрајковите и другите конфликтни средства во крајна линија не се исклучени.

Тука може да се направи паралела меѓу две европски земји: Франција е позната по масовните штрајкови, но во таа земја настанаа доста големи кратења на работните и социјалните права. Од друга страна, во Финска не се помни кога последен пат се одржал штрајк, а правата не само што се задржани, туку се прошируваат.

За две години се постигнаа значајни резултати, кои донесоа крупни промени во социоекономскиот живот во земјава. Една од првите цели беше воспоставување соработка со другите два синдикални сојузи, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на автономни и независни синдикати.

ССМ учествува во работата на повеќе собраниски комисии, додека како конститутивен член на Економско – социјалниот совет дава мислења за сите закони од работната и социјалната

Platforma za dejstvuvawe na Sojuzot na sindikatite na Makedonija

Page 19: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

сфера.

Значаен настан е добивањето на решение за репрезентативност на ССМ во месец јуни 2010 година, со што се создадени услови за екипирањето и функционирањето на Економско – социјалниот совет, кој е конституиран во септември 2010 година.

На Осумнаесеттиот конгрес на ССМ, на 28 октомври, претседателот Живко Митревски го потврди новиот курс, кој подразбира принцип на заедништво, солидарност и колективно раководење.

Во декември 2010 година ССМ ја промовира Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг.

Се отвораат локални економско – социјални совети во неколку градови во внатрешпноста. Истовремено се водат повеќе кампањи за различни области: зголемување на вработеноста, положбата на младите, жените и другите ранливи групи, безбедноста и здравјето на работа, за повеќе услови за пензионирање и друго.

Гранските синдикати водат повеќе кампањи и активности, како проекти за имплементација на меѓународни конвенции, иницијативи за решавање на станбеното прашање, за мирно решавање на работните спорови, за обука на советници, за промена на работното време и за многу други области.

Исто така се публицираат повеќе прирачници за различни области.

ССМ и КСС добија придружно членство во Меѓународната конфедерација на синдикатите (ИТУЦ).

На Првомајската конференцијата во 2011 година е промовирана Иницијативата за донесување закон за минимална плата.

На 1 октомври ЕСС го утврди износот на минималната плата, додека во декември Собранието го усвои новиот закон, кој почна да се применува од 1 јануари 2012 година. На годинешното одбележување на Први мај ССМ ја промовира Иницијативата за донесување на посебен закон за мобинг и понуди свој предлог – текст.

Во агендата на ССМ зацртани се уште многу проекти за зачувување и подобрување на социоекономска пложба на работниците.

Благојче Крстевскистручен соработник за информирање на ССМ

Page 20: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.75

Во повеќето европски земји социјалниот дијалог е процес што нема друга алтернатива. По дефиниција опсегот на работа на Економско-социјалниот совет (ЕСС) е идентичен со самиот социјален дијалог: комуникација меѓу владата, синдикатите и работодавачите, редовна размена на мислења со цел наоѓање компромиси, трипартитно одлучување, политички решенија, постигнување социјален мир, учество и мислења за законите.

Примарниот принцип на ЕСС е консензус, што е различно од другите начини од одлучување, кои се карактеризираат со надгласување.

Во ЕВРОПСКАТА УНИЈА од 1957 година дејствува Економско – социјалниот комитет. Има 222 члена, кои ги именува Советот на ЕУ, на предлог на владите на државите членки.

На национално ниво социјалниот дијалог е уставна категорија и тој се одвива по правило преку економско социјалните совети. Во развиените европски земји овие совети имаат важна улога, додека истото се очекува и од новите членки од источниот дел на континентот, како и од земјите кои настојуваат да влезат во европското друштво.

Називите на институциите се разликуваат, а има големи разлики и според составот. Во некои земји се вклучени независни стручњаци, во други владата има помала улога или воопшто не партиципира, но суштината е секаде иста.

СРБИЈА: Сојузот на самостојните синдикати на Србија воглавно не е задоволен од функционирањето на Социјално – економскиот совет. Така во еден наврат синдикатот одлучи да не учествуваат на седницата на

Ekonomsko-socijalnite soveti vo Evropa

Page 21: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Социјално – економскиот совет, поради тоа што Владата не покажува интерес за социјалниот дијалог. Српскиот синдикат исто така побара во работата на институцијата и во потпишувањето на општиот колективен договор да присуствуваат премиерот и претседателот на земјата. Условите се доста слични со Македонија, но и Србија ќе мора да стори нешто повеќе со приближувањето кон Унијата.

ХРВАТСКА: Функцијата социјален дијалог се извршува преку две тела, Стопанско – социјално собрание (Господарствено – социјално вијеќе) и Канцеларија за социјално партнерство. ГСВ е основано во 2001 година, составено е од 18 членови, по шест претставници на синдикатите (од шесте репрезентативни синдикати), од Хрватскиот сојуз на работодавачи и од претставници на Владата.

Владата на Хрватска формира Канцеларија за социјално партнерство како поддршка на ГСВ. Канцеларијата работи за Владата и прави студии за социјалните состојби, како за положбата на жените, правата на невработените приватизацијата, политиката на пазарот на трудот и слично.

БУГАРИЈА: Економско и социјален совет на Бугарија е основан во 2003 година. Пред тоа постоеше Национален совет за трипартитна соработка. Задача на советот е да овозможи социјален дијалог на различните општествени структури. Има 36 членови, поделени на три групи, со по 12 претставници од синдикатите, од работодавачите, додека третата страна не е Владата, туку од здруженијата за земјоделците, потрошувачите, организациите за рамноправност на жените, еколошките организации и други цивилни организации.

РОМАНИЈА: Во 1997 година е основан Економски и социјален совет, чија цел е советничка улога во економската и социјалната политика. Има медијаторска улога при конфликтите меѓу социјалните партнери и го промовира социјалниот дијалог. Советот има 27 членови, од кои девет се претставници на националните синдикални федерации, девет претставници на работодавачите и девет претставници на Владата. По препорака на Европската Унија е формиран Заеднички консултативен комитет на Романија, со цел соработка на Економскиот и социјалниот совет со Европскиот економски совет.

ДАНСКА: Данскиот економски совет е основан во 1962 година. Има 29 членови, претставници на синдикатите, работодавачите, владата, Централната банка и независни експерти. Со Советот претседаваат тројца независни претседатели. Советот се состанува двапати годишно, при што се разгледуваат економските анализи, економската политика на владата и проценки за наредните две до три години. Некои од темите во последните години се јавните трансфери и државата на благосостојба, политиката на конкуренција, образованието, пазарот на трудот, даночниот систем и слично.

ИРСКА: Национален економски и социјален совет е една од организациите заслужни за ирското економско чудо. Советот е основан во 1973 година и има 30 членови: пет од Ирскиот конгрес на синдикатите, пет од земјоделските и фармерските организации, пет од организацијата на работодавачите, пет од општините, невладините организации и доброволните организации. Од Владата има 10 претставници, меѓу кои се секретарите на министерствата за финансии, за претприемништво, трговија

Page 22: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.75

и вработување, на јавните претпријатија и семејни прашања и претставници на локалните власти. Задача на Советот е да развива рамки за преговори на социјалните прашања и да го известува премиерот за стратешките прашања околу економијата и социјалната правда.

ИТАЛИЈА: Од 1957 година постои Национален совет за економија и труд. Советот е формиран како консултативно тело на Парламентот и Владата за економски и социјални прашања. Институцијата има право да иницира закони за економијата и трудот и да учествува во нивното подготвување. Улогата е проширена со одржување форум за преговори на социјалните партнери.

Советот се реизбира на пет години, а го сочинуваат советници, од кои 44 се претставници на синдикатите, 18 се самостојни претприемачи, 37 се претставници на индустријата и на јавните претпријатија, 11 се претставници на социјалните служби и волонтерските организаци и 12 се независни експерти од сферата на економијата, правото и социјалните прашања.

МАЛТА: Советот за економски и социјален развој е основан во 2001 година. Има 14 членови, од кои четири се претставници именувани од националните работнички организации, пет претставници на организациите на работодавачи и пет претставници на владата (министерот на финансии, министерот за семејство и социјална солидарност, министерот за здравје, претставник на Отсекот за економска политика и гувернерот на Централната банка. На чело на Советот е претседател, кој секогаш е експерт од областа на економијата и трудовите односи. Советот има три комисии и Постојан

комитет на цивилното општество, во чија работа повремено се вклучуваат други организации, како организации на младите и на потрошувачите.

ПОРТУГАЛИЈА: Економски и социјален совет. Основан е во 1991 година и има задача да дава мислења и предлози за економската и социјалната политика, да завзема ставови и да овозможува социјален дијалог. Има по осум членови од работничките организации, од работодавачите и од владата, но членуваат и претставници на други институции. После Собранието, претседателот и одборите, доста значајно тело е Постојаниот комитет за социјален дијалог, чии активности придонесоа за потпишување на бројни бипартитни и трипартитни спогодби. Предметот на тие спогодби со време се прошири од основните прашања на платите и условите на работа, до прашања за политиката за вработување, за професионално усовршување и модернизација на системот на социјална заштита.

ФРАНЦИЈА: Економски и социјален совет е тело основано во 1958 година, додека првото трипартитно тело, Национален економски совет, е основано во 1925 година. Советот има 231 член, од кои 163 се директно именувани од повеќе организации – синдикати, приватни претприемачи, индустриски здруженија, организации од трговијата, занаетчиството, земјоделството. Претставници на власта се 68, потоа 17 на државните компании, комуналните групи и иселениците, девет се од прекуокеанските територии, двајца од станбената изградба и банките и 40 се независни експерти.

ХОЛАНДИЈА: Социјален и економски совет, основан во 1950 година, има

Page 23: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

33 членови, по 11 од синдикатите, работодавачите и од независни експерти, најчесто универзитетски професори. Експертите ги поставува Круната и тие не се членови на владата. Холандскиот совет се финансира од извори од стопанството, а негови задачи се да дава совети до владата, да дава поддршка на законите, да врши надзор врз здружувањето во стопанството и да ја унапредува соработката на организациите.

Економско социјален совет во Македонија

На 25 август 2010 година е потпишана Спогодба за основање на Економско – социјалниот совет.

Потписници се Владата на Република Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија.

Трите социјални партнери учествуваат со по четири члена во Економско – социјалниот совет. Од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија членови во ЕСС се вршителот на должноста претседател на ССМ Живко Митревски и претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) Пеце Ристевски. Нивни заменици за ЕСС се Анѓелко Анѓелковски, секретар на ССМ и претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Македонија и Тихомир Климовски, претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Со основањето на ЕСС е отворена нова етапа во водењето социјален дијалог на национално ниво.

Имено, Економско – социјален совет за прв пат е основан на 30 декември 1996 година, со тоа што оваа институција практично не заживеа до 2010 година. Причините беа во назаинтересираноста на досегашните влади, исто така и на неединството и спротивставеноста на синдикалните организации, како и на нејасните критериуми на нивната репрезентативност. Од страна на третиот партнер, работодавачите, причините беа во доцнењето на организирањето на асоцијација на работодавачите. Но воглавно најголемата причина е непостоењето политичка волја, што беше карактеристично за сите три страни.

Оваа состојба беше постојано критикувана од институциите на Европската Унија, што посебно доби на интензитет последните две до три години. Вистинските чекори и подготовки беа покренати минатата година, со измените на Законот за работни односи.

Првиот чекор беше дефинирањето на условите за репрезентативност на синдикатите и на организациите на работодавачи, за што се направени измени и се вметнати одредби во Законот за работни односи. Критериумите за репрезентативност на синдикатите се дадени во членовите од 211 до 220 во Законот за работни односи, кои се службено објавени на 5 февруари 2010 година. Покрај другите услови, законот одредува дека репрезентативен синдикат на национално ниво е синдикатот кој здружува најмалку 10 отсто од вкупниот број вработени во Република Македонија.

На 23 јули 2010 година од Министерството за труд и социјална политика решение за репрезентативност добија Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на

Page 24: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.75

слободни синдикати. Решение за репрезентативност во исто време доби и Организацијата на работодавачи на Македонија. Со тоа се создадени услови за конечно конституирање на Економско – социјалниот совет.

На 25 август е потпишана Спогодбата за основање, додека на 15 септември 2010 година е одржана првата конститутивна седница на советот.

Подготви: Елена Павловска

Page 25: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

За да оствариме економска правeдност во 21-от век, ние мораме да се бориме за демократија на работните места.

Судбината на работничките движења е судбината на американската демократија. Без силно движење како организирани работници, корпорациите и богатите елити ги туркаат само своите интереси и имаат можност да влијаат врз политичките системи, како што и можевме да заклучиме во секоја поголема политичка дебата во последниве години.Сепак, американските работнички движења се наоѓаат во голема криза и моментално се најслаби во однос на нивната моќ во последниве сто години. Оваа пасивност стана тренд уште од времето на претседателот Клинтон.

Може да се забележи дека бројката на работници вклучени во работничките движења постојано опаѓа. Па така од

16% во 1995 година, сега е падната на 11,8% од кои 6,9% се работници од приватниот сектор. Сега мнозинството на работничките движења го сочинуваат обединетите работници од приватниот сектор и ова се случува првпат во историјата. Токму затоа, на пример, во Винсконсин и 14 останати држави, тие се ставени како главна цел за уништување.

Се бара брзо реагирање. Наместо да бидат дискредитирани, олигарсите и плурократите коишто ја уништуваат нашата економија бележат рекордни профити и се однесуваат уште поагресивно во обидот засекогаш да ги задушат американските работнички движења. Во текот на изминативе години, неколку лидери на вакви движења во доверба ми кажаа оти веруваат дека работничките движења имаат уште 5 години шанса за постоење, доколку не успеат брзо да откријат некоја нова

Posledna rabotni~ka nade` za Amerika

Page 26: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.75

стратегија за воздигнување.

Доколку дојде до комплетно колабирање на работничките унии, тоа ќе има ужасни последици. Работничките движења играат огромна улога во унапредувањето на економската правда на работните места и во политиката. Членовите во униите се оние коишто ја подигаат неделната плата и оние коишто ја намалуваат разликата во платите во однос на расата и полот. Тие се оние кои имаат поголеми шанси да добиваат здравствена нега и пензии, а не оние работници, коишто не се дел од ваквите движења.

Опаѓањето на организираните работнички унии е директно поврзано со растот на економската нееднаквост во изминативе 40 години. Опаѓањето на бројот на здружени работници го објаснува драматичниот пад на реалната вредност на минималната плата од почетокот на 1970-те години.

За време на последниве 30 години, американските работодавци станаа уште поагресивни при кршењето на

работничките права со помош на лошиот и застарен закон за заштита на истите. За разлика на Националниот акт за работнички релации, којшто охрабруваше и промовираше колективно договарање, сега законот им дава шанса на работодавците комплетно да ги игнорираат сите обиди за колективни договори. Кога постои многу мал отпор против дневните прекршувања на правата и слободата на работниците, тогаш нашата демократија е во сериозна опасност.

Како што моќта на работникот опаѓа, така опаѓа и моќта на работничкото движење во политичките кругови. Но, според бројката на членови и пари, униите сé уште се највлијателни кога се во прашање левичарските унии во американската политика. Тие, исто така, се и најмоќните темели на националната Демократска партија во однос на неколку области, како придонес за време на кампањи, напори за мобилизација, лобирање и поставување на партиската агенда. Секако, тие потрошија голема сума на пари за да помогнат во Белата

Page 27: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

Куќа да се всели „Демократ“ во 2008 година.

Со наклонетоста на Белата Куќа и со Демократскиот конгрес, организираните работници почнаа да прават стратегии како и кога да го протуркаат својот најважен приоритет, а тоа е Актот за слободен избор на вработените. Тоа е реформа која не само што ќе помогне движењето да опстане, туку и ќе понуди индиректно решение на големиот број проблеми со коишто работниците се соочуваат- како економска нееднаквост и рецесијата.

Со изедначување на важноста на вработените и работодавците, ќе се намали нееднаквоста во платите со што ќе се зголеми куповната моќ на потрошувачите.

Но, нивниот обид пропадна и тоа е само уште еден доказ за тоа колку се ослабнати работничките движења. Сега, на повидок нема ниедна реформа којашто би пружила надеж за униите и затоа е време да се размисли повторно за важноста на истите. Прогресивистите имаат потреба од силни работнички движења, коишто ќе се фокусираат не само на работничките права, туку и на актот на демократизација на работните места и опшетството.

Работничкото движење е главен обезбедувач на демократија и слобода. Повеќето луѓе имаат интуитивно разбирање на тоа што демократијата значи: закон донесен од страна на луѓето, а не од малкубројната елита. Сепак, во една книга на Кори Робин се вели дека Американциве се откажуваат од своите индивидуални права и слободи секој ден кога пристигнуваат на работното место. Работните места се места на диктатура и ние тоа го прифаќаме како нормално и

правно оправдано.

Сега е времето да се предизвика тој феудален однос. Ние мораме да реагираме на претпоставката дека Американците веруваат во тоа дека демократијата не важи на работното место. Сите прогресивни чекори напред имаат потреба од силно работничко движење, кое ќе се избори за слободно и демократско општество и работно место.Прво, улогата на движењата мора да биде централистичка на работните места, а општа во однос на економските прашања. Она што работниците го носат е визија за раст со еднаквост. Пример за тоа се Алијансата за нова економија и Работнички партнерства на САД - унии во Калифорнија, коишто покажуваат како работниците можат да бидат владејачки партнер при носењето на одлуки во врска со економијата.

Друг аспект при централизирањето на улогата во економијата и зголемувањето на демократијата на работните места е проширувањето на гласот на работниците и нивната моќ при колективните преговарања. Визијата на 21-от век за Америка е работничко движење, коешто

Page 28: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.75

ја руши поделбата помеѓу работниците и луѓето коишто долго време управуваат со политиката и со самите унии.

Додека законот за работнички права го стеснува обрачот околу областите за кои работниците можат да преговараат, тој не ги ограничува од тоа да преговараат со политичарите, да бараат поприфатливи цени за купување домови, за поголема еднаквост, правда или некои од проблемите, коишто ги засегаат сиромашните и вработените луѓе.

Директно поврзано со зајакнувањето на улогата на работниците во економијата и преговарањето е слободата што тие ја имаат на нивните работни места. На кратко, тоа би било демократија пред авократија. Демократија на работните места значи да им се даде на работниците вистински „глас“ додека се на работа. Тоа може да се постигне на неколку начини, на пример со работнички комитети или претставници на вработените во бордот

за директори.

Вториот домен за демократијата на работните места во 21-от век е од географски аспект: конечно да се демократизира Југот со градење на Јужно работничко движење. Организираните работници се откажаа од Југот и од тогаш постојано се чувствуваат последиците од тој чекор. Јужниот модел на Волмарт, маркети кои даваат ниски плати, се пренесува и на Северот. Со прифаќањето на реформата Право на работа (за малку пари) во Винсконсин и Мичиген може да се заклучи дека северните гувернери се обидуваат да ги претворат нивните држави во верзии на државите од Југот.

Наместо повлекување, организираните работници треба да започнат храбра и амбициозна кампања за да го мобилизираат Југот. Со драматичните демографски промени на Југот, при што се зголемува пополуацијата на граѓани од црната раса, коишто се сметаат за проуниски и проработнички

Page 29: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

ориентирани, Југот конечно има шанса за изградба на силни работнички движења. Ова не само што би го променило работењето за мали плати, туку и ќе ги промени политиките во регионот, а потоа и во целата земја.

Тоа што се смета за темел на работничките движења во 21-от век, се смета и за темел на општеството во Америка: демократија и слобода. Консолидацијата

на примањата, богатството и политичката моќ во изминатите декади е директно поврзана со ослабнувањето на гласот и моќта на работниците.

Работниците во историјата секогаш играле водечка улога за прогресивната политика на Америка. Сега е време повторно да се превземе тоа историско водство во 21-от век.

Авторот Дориан Т. Ворен е дел од институтот „Рузвелт“ и е асистент на професорот за Политички науки и јавни случувања на универзитетот „Колумбија“.

Извор: Salon

Превод: Милена Петровска

Page 30: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

30 BR.75

Ekonomija

Деновиве повторно актуелни станаа ТВ рекламите за „Купување македонски производи” - сведоци сме на една масивна пропаганда што се врши преку медиумите, која беше актуелна и пред десетина години, а сега прави огромен камбек и тоа во многу понаметлива и да не речам, екстремна форма.

Маркетингот на македонските производи пред десет години се темелеше на ТВ рекламите и билбордите каде главна улога имаше едно слатко девојче со црвена облека, кое си играше со кукличка облечена во капче и шалче со сонце, а темата беше „Купувајте производи со сонценце”. Идејата, пак, беше да се пренесе на јавноста дека доколку купуваме македонски производи, ќе има поголем обрт на парични средства

внатре во земјата, нема потреба да се увезуваат странски производи во големи количини и со тоа наводно би се зголемила продуктивноста и вработеноста во земјата.

Но дали тоа е навистина така?

Дали вработеноста ќе се зголеми или како што досегашната пракса ни покажува, истиот број на работници ќе останат без да добијат „засилување на работна сила”, само што ќе бидат дополнително ангажирани во производствениот процес и тоа за иста плата? Прашајте некој работник во фабрика или во некоја конфекција, на пример, дали добива екстра пари за работење на дополнителна смена. Или, пак, прашајте ги колку часа трае нивното работно време? Менаџерите ќе речат дека работното

Makedonski proizvodi - da se kupat ili ne?

Page 31: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

31

време е осум часа дневно, но ретко каде навистина е така во практиката денес. Работниците работат минимум девет часа, а земаат плата што не соодветствува со работното време и со задачите кои ги извршуваат.

Да се навратиме на темата за маркетингот на македонските производи. Денешниот маркетинг.

Значи, денес тој се враќа во поинаква форма. Се враќа поискусен, погерилски, со поголемо влијание на свеста и потсвеста на граѓаните. ТВ рекламата, гласеше отприлика вака (парафразирано):

„Се чудиш зошто не земаш повисока плата? Се чудиш зошто не се вработени твоите деца? Купуваш српско млеко, босански суџук, австриско сокче, кое го пиеш во кинески чаши, германски чоколади итн итн итн...”

И потоа следеше главната порака на кампањата, која исто така ќе се обидам да ја парафразирам:

„Доколку продолжиме да купуваме странски производи и да не ги цениме македонските, тогаш не само што ќе земаме пониски плати, туку може ќе останеме и невработени”.

Лично, маркетинг кампањата ја сфатив во тој контекст.

Е, ова е моментот каде ми се појави еден голем прашалник. Дали македонските производи ги задоволуваат потребите на македонските граѓани? И тоа повлекува уште едно прашање: Доколку ги задоволуваат потребите

на граѓаните, зошто повеќе се трошат странските производи? Што е тука пресудно- квалитетот, цената, пакувањето, дизајнот, чувството на богатство или чувството на сиромаштија?

Се обидов да го разгледам проблемот подетално, и да ја сфатам намената на целата „маркетинг претстава приредена со цел да се заплаши потрошувачот”.

Разгледувам, но сé уште не можам да сфатам, зошто ако се толку добри македонските производи им треба поттурнување, односно герила маркетинг за да се трошат. Сигурно дека секој Македонец би сакал да купи македонски производ, ако производот е добар и ги исполнува неговите потреби. Ние имаме реално добри производи, еве земете ги за пример производите на „Алкалоид“,

Page 32: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

32 BR.75

Ekonomija„Скопска пивара“, „Витаминка“, „Тиквеш“, „Бовин“, „Здравје Радово“, „Битолска млекара“...

Навистина добри производи. Ним не им треба маркетинг поддршка за да се продаваат. Самите си се бренд за својата компанија. Но, од друга страна, се прашувам, како може еден производ произведен во Македонија да чини исто колку производ од иста класа, што е увезен на пример од Германија?

Дали нашата работна сила е толку скапа, што не можеме да бидеме конкурентни на пазарот во поглед на цената? Или трошоците за производство кај нас се поголеми отколку во Германија или Грција, или Австрија? Нашите компании не може да стават „дискриминаторни цени” за нашето подрачје?

Значи ако српското 3.2% млеко чини 45 денари во Македонија, гледам дека македонското 3.2% млеко чини 52 денари. Ако грчките колачи се продаваат за 40 денари, слични

колачи произведени во Македонија се продаваат 45 денари. Ако панталони или блуза од „H&M“ се продаваат по 1 200 денари во Македонија, производите на македонските фирми од ист ранг се продаваат трипати поскапо. Исто така, се случува многу македонски конфекции да не работат за нашиот пазар, туку исклучиво за странски. А, доколку работат за нашиот пазар, тоа значи значителна промена на квалитетот, се разбира соодветно со цената.

Значи, дојдовме до откровението. Цената е фактор број еден за „неуспехот” на македонските производи. Забележително е дека, македонските производи имаат или прениски, смешни цени - каде што од прво е очигледен неквалитетот на производот или, пак, имаат цени поскапи од странските супститути. Никако да дојдеме до ниво на хармонија, еквилибриум, каде македонскиот производ со добар квалитет ќе биде денар-два поевтин од странскиот.

Page 33: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

33

Не мора регенераторот за коса да чини 40 денари, но да не вреди ни за тие пари. Може да се поработи на квалитетот и добрата амбалажа и да се продава за цена соодветна на производот. Односно цена и изглед кои ќе конкурираат на странските производи.

Дојдовме и до второто судбоносно откровение: Квалитетот. Или е премногу мал, или воопшто го нема. Или, е преголем така што влијае вртоглаво на цената.

Македонските потрошувачи се сомневаат премногу кога станува збор за некои македонски производи. На крајот на краиштата оправдано се сомневаат. Многу пати се случило да купат македонски производи и да се разочараат. Затоа, купуваат странски производи чиј квалитет е достоен за цената. Со чест на исклучоците, повторно.

Не може македонски дизајнер да продава фустан со „Сваровски кристали” купени од Бит Пазар, по цена од 3 000 евра, а за 3 000 евра можете да купите фустан од „Bal-main“ и да знаете дека тој фустан ќе ви трае вечно. Навистина вечно!

Како што рекле постарите, фрли рипче - фати крапче! Тоа важи и за македонските компании, кои ги произведуваат фамозните македонски производи. Нека поработат на квалитетот на своите производи, нека ги направат привлечни за потрошувачите. Нека ги држат своите вработени задоволни и продуктивни - наместо да ги експлоатираат, и

на крај, нека ги прилагодат цените на џебот за кој што се наменети производите. Така сите ќе бидат среќни и задоволни.

Нека прифатат дека не сме веќе во состојба на командна економија - денес конкуренцијата го диктира пазарот. Нека станат поконкурентни. Така сите би купувале македонски производи. Ми одговара да купам македонски колачи наместо грчки, доколку вредат за парите. Ако цената е иста, а квалитетот различен, би размислила двапати пред да одлучам што да купам. За многу луѓе квалитетот е тој што е пресуден, а не местото на производството.

Се надевам дека компаниите ќе поработат на квалитетно производство за домашна употреба, а ќе се дефокусираат од извозот. Се надевам дека власта ќе им помогне во тоа, наместо да го оправдува извозот.

На крајот, ние ги увезуваме најсуштинските ресурси потребни за

Page 34: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

34 BR.75

Ekonomijaживеење, како гориво, електрична енергија, телекомуникации, автомобили, технологија, техника... Наместо да вложиме во развивањето на сопствени ресурси, што долгорочно би била супер инвестиција. Но, не сме ние надлежни за тие одлуки...

И после ова: Кој може да ни суди што купуваме стански производи?

Последно што можам да кажам е дека радо би ги продале германските автомобили, финските телефони и американските компјутери, и би купиле домашни производи - доколку се појави достојна македонска замена за нив.

Леонора Ташкоска

Page 35: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

35

Додека Грците се излезени на улиците да протестираат против озлогласените мерки за штедење со цел да се намали националниот долг, се дебатира дека изборите може да доведат до поголема неизвесност. Што се случува и што тоа значи за иднината на Грција?

Што се случува во Грција?Грција е на чекор од првиот круг на изборите, ова се всушност и први избори по големата економска криза што ја зафати земјата. Изборите се одржуваат во време кога и двете партии – Нова демократија и ПАСОК ја изгубија поддршката. Овие две партии доминираат во грчката политика по падот на воената хунта во 1974 година. Политичката поддршка ја изгубија и помалите партии, како одговор на финансиската криза со која земјата се

бори речиси две години.

Дали договорот за долгот ќе ги спаси Грците?Поддршката на главните партии за брутални мерки на штедење, барани од страна на меѓународните кредитори на земјата во замена за помош за одржување на земјата во живот, остави многу Грците разочарани во политичкиот поредок.

Случувањата на политичката сцена сега се многу неизвесни, а најверојатно овие избори ќе бидат едни од најважните во последниве децении.

Зошто изборите се одржуваат токму сега?Премиерот Лукас Пападемос, поранешен банкар и потпретседател на Европската централна банка, положи

[to }e zna~at izborite za Grcija?

Page 36: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

36 BR.75

Ekonomijaсвечена заклетва како претседател на привремената влада на 11 ноември, 2011 година, по четиридневните политички расправии.

За време на мандатот на Пападемос, се спроведе вториот пакет помош за спасување на Грција, кој беше конечно одобрен на 21 февруари, а изнесува 130.000.000.000€ ($170.000.000.000) нови финансирања.

Неговата влада е коалиција составена главно од историски поларизираната Нова Демократија и ПАСОК. Привремената влада почна со работа по драматичните последни денови на Јоргос Папандреу како лидер на Грција.

Грција си игра со народот?Неизвесноста го стресе светскиот пазар, зголемувајќи ги стравовите дека програмата за спасување на Европа ќе потфрли и ќе го остави Папандреу политички оштетен.

Договорот за помош вклучи невидени преструктуирање на долгот на државата, која ја преполови вредноста на инвестициите на приватните кредитори, намалувајќи го огромниот долг на

земјата за 100 милијарди евра.

Штедењето доведе до самоубиствоСепак, мерките за штедење, поттикнаа и насилни протести, во кои десетици згради беа запалени во Атина, на почетокот оваа година во знак на протест.

Се самоуби 77-годишниот пензиониран фармацевт Димитрис Кристолас, во центарот на плоштадот Синтагма, во Атина, исто така како резултат на болните мерки за штедење.

Кои се партиите кои се борат за гласови?Нова Демократија, според анкетите на јавното мислење е во водство.Таа ја има поддршката на 18 до 22 отсто од гласачкото тело. ПАСОК пак го поддржуваат од 13 до 18 отсто. Заедно, имаат поддршка од 40% споредбено со минатите избори кога имаа 77%.

Според анкетите Комунистичката партија ја има поддршката на околу 7-11% од гласачкото тело.

Што би можело да се случи?Се чини неверојатно било која партија да ги добие гласовите на мнозинството, што значи дека коалициона влада е

Page 37: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZINBR.75

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

37

најверојатниот исход. Можно е двете главни партии да создадат коалиција, или една од нив да коалицира со партиите од десницата или левицата. Постојат сомневања околу тоа дали историски спротивставените Нова Демократија и ПАСОК можат да одржат долгорочна стабилна влада.

Сепак, и коалиција составена од помалите партии, исто така, би можела да биде кревка, и да создаде тешкотии во пробивањето преку новите мерки.

Без оглед на исходот, веќе постојат стравувања дека нестабилна влада би можела да ја принуди земјата за неколку месеци повторно да распише избори, како што се случи во 1989 година.

Грчката економија се намалува, невработеноста расте, и не е способна да собере пари од пазарите на капитал кои се потребни за земјата да се ослободи од потребата на пакети за помош.

Новинарот Павлос Тимас вели дека за исходот на изборите ќе се одлучува со

сентимент на страв или гнев.

Тој верува оние кои се плашат дека ќе страдаат повеќе отколку што мораат, ќе гласаат за традиционалните партии, додека оние кои се лути ќе гласаат за партиите од политичките маргини.

„Многу е тешко да се предвиди кое чувство ќе надвладее, стравот или гневот“, вели тој.

Како изборите ќе влијаат на планот на еврозоната за должничката криза?Изборите ќе бидат под строга контрола на европските лидери, кои вложија толку многу пари во зачувувањето на еврото во Грција.

Дали сè уште постои ризик, Грција да го напушти еврото?Преструктуирањето на долгот во приватниот сектор и даде малку простор за дишење за земјата, но нејзината економија останува кревка и се шпекулира дека ќе биде неопходно и понатамошно преструктуирање.

Page 38: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

38 BR.75

EkonomijaДолжничката криза е далеку од завршена, стравувањата сега се фокусирани на Италија и Португалија. Ако овие еконоимии кои се трета и четврта најголема економија во еврозоната бидат вовлечени во кризата, стравовите за колапс на еврозоната ќе кулминираат.

Ако Грција го напушти еврото, таа ќе биде ослободена од фиксниот девизен курс на еврозоната, дозволувајќи да стане поконкурентен извозник и една атрактивна евтина туристичка дестинација.

Но за тоа ќе плати висока цена. Земјата сè уште ќе биде должник, а поранешните

партнери од еврозоната нема да сакаат да и помагаат со пари. Тоа исто така значи и дека Грција ќе се соочи со повисока цена на увезените стоки.

Многу е веројатно дека ваквата состојба ќе ги „протера“ Грците од својата татковина. Тие ќе бараат излез од лошата состојба, нема да можат да живеат со ниските плати и високите даноци. Ова би можело да го одложи економското заздравување на земјата за многу години.

Извор: CNN Превод: Кристина Вељаноска

Page 39: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

39BR.75

Volonterstvo - pogre{no razbrana imenka

Проблемот со невработеноста и недоволната општествена одговорност и допридонес е прашање кое е во тесна конотација со квалитетот на граѓаните и нивниот професионален и личен напредок и благосостојба. Овој проблем е константно актуелен, затоа што паралено е вмрежен со повеќе аспекти од граѓанскиот живот.

Причините за невработеноста и недоволниот ангажман се согледуваат во недоволната информираност и

недоволната мотивираност на граѓаните за волонтерскиот ангажман, како форма која нуди взаемен бенефит за голем број на субјекти.

Во демократско развиените општества, најосновна од сите вредности е онаа луѓето да им помагаат на луѓето, а при тој процес да си помагаат и себеси. Но, може да се појави тензија помеѓу волонтерството и услугите кои ги нуди државата, така што повеќето земји развиваат начела и развиваат

законодавство со цел да ги разјаснат улогите и односите меѓу акционерите и да ја идентификуваат и наметнат потребната правна, социјална, административна и финансиска поддршка.

Во однос на мотивацијата пак, да се стане волонтер, најчесто се однесува на стекнување на практично искуство, иако постојат и позитивни примери во практика од волонтирање до активно вработување. Меѓутоа, нејаснотиите

во законот на волонтерство (не постои посебен член во законот за повикување на надоместоци - храна и превоз) ја доведуваат во конфузија другата страна која соработува во процесот.

Во однос на инклузијата на волонтерите по граѓанските организации, волонтерите се вклучени, меѓутоа сè уште на едно минимално ниво. Волонтерите се вкучуваат генерално во хуманитарни активности, при што не се доловува

Page 40: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

40 BR.75

целосната слика за тоа што навистина претставува волонтерот.

Од друга страна пак, токму со помош на граѓанските асоцијации се излобира формулација на Законот за волонтерство, со што делумно се решија одредени формални пречки за активна партиципација на волонтерите во опшествените текови.

Сепак состојбата и статусот на волонтер и во граѓанските организации, според добиените податоци не е на посакуваното

ниво.

Јавните установи во однос на прашањето за волонтерство, сметаат дека има волонтерство во нивните институции, меѓутоа во најголемиот број на случаеви тоа се изедначува со студентска пракса и со практиканти-стажисти. Значи, повторно недостасува степенот и доволното ниво на развиеност, односно недоволната информираност за тоа што претставува волонтер односно профилот на волонтерот.

Добиените податоци алудираат дека за да се развие волонтерството неопходна е соработка на трите сектори, да произлезе конкретна иницијатива која ќе биде резултат на соработка со НВО секторот, јавните власти и бизнис заедницата, кои взаемно ќе ја поттикнат волонтерската пракса за млади невработени. Со тие активности ќе се направи актуелизација и покренување на иницијатива за расправа за волонтерската пракса како институционално решение за решавање и надминување на проблемот на невработеноста.

Ленка Солеска

Page 41: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

41BR.75

И оваа година саем на книга – традиционално. Македонски издавачки куќи, неколку англиски, по некоја руска и два-три штанда со српски книги. Сè на сè, еднолично како и секоја година.

За разлика од раскошните саеми на книга кои се приредуваат во другите земји, ние од година в година не правиме ништо за да го подобриме нашиот саем, дури на моменти и се тешиме дека треба да бидеме среќни што имаме и волку.

Внимателно разгледувам низ книгите. Повеќето ги знам, да, ги има во библиотека. Голем дел од нив и ги имам прочитано. Тука-таму по еден наслов кој е сосема нов, ми привлекува внимание. Се приближувам до штандот а таму... Прилично добра расположена продавaчка која има намера да направи сè, па и да ти ја раскаже цела книга и да ти го уништи изненадувањето. Зошто

да ја купувам? И тогаш неволно си заминувам од штандот...

А помислив дека барем оваа година нешто ќе биде поразлично. Да, навистина забележав една или две издавачки куќи кои навистина имаа што да понудат –ново преведени наслови кои вредат за парите. Сепак, зар двете хали кои оваа година беа посветени на саемот на книга заслужуваат да бидат само со најмногу пет штандови кои вредат да се посетат? Каков саем на книга имаме ние?

Се приближив и до штандовите со книги на англиски. Книгите беа извонредни, како што беа и нивните цени. Симболичната цена на влезница примамува голем број посетители. Голем, но не огромен. Голем дел од нив – присилени тинејџери кои попрво би биле таму отколку на часови.

И сè така, секоја година истата приказна.

Saem na kniga, teatar, kino - {to be{e toa?

Page 42: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

42 BR.75

Не се само саемите на книга, тука се и театрите кои буквално пропаѓаат. Од нивната надворешна градба до самиот број на посетители кои повторно се средношколци кои ретко кога го почитуваат трудот на актерите.

Имаме извонредни актери, но нема публика, нема таква култура која тоа сето ќе го почитува. Претстави кои се многу попознати надвор од нашата држава отколку тука каде што треба да бидат најпосетени.

И на крајот, кога веќе не сакаме ни да присуствуваме на театарски претстави, ниту пак да читаме книги – имаме киносали. Кина кои до пред два месеци немаа ниту една нова премиера. Немаа ниту еден филм кој ќе натераше да се зборува за него. Сега со новата 3Д сала како да се појавува некоја искра надеж дека ќе почнат да се даваат премиери и

дека нема да заостануваме во однос на другите земји.

Сакаме да бидеме како Запад, копнееме за нивниот начин на живеење, но немаме ништо од нивната култура. Сепак сега за сега, најновите наслови на книги или пак филмови можеме само да ги најдеме на Интернет, без превод.

Сето тоа што порано се сметало за добра забава сега веќе ги изгубило своите вредности. Малкуте библиотеки во Скопје, уште помалку читални, еднообразен саем на книга секоја година, разрушени театри и сиромашни кина. Како ќе се образуваат идните генерации? Не е ни чудо што младите сè почесто ги заобиколуваат овие места, кога никој не вложува во нив...

Анамарија Велиновска

Page 43: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.75

Еден од најсофистицираните градови во Европа, главниот град на Латвија, повторно е бисер на Балтикот. Пред 70 години кога поголемиот дел од Европа имаше недоразбирања во политиката и економијата, Рига беше еден од најсовремените и највозбудливи градови.

Откако се осамостои од Русија во 1921 година, слободата на Латвија беше краткотрајна. Русите повторно надвладејаа по помалку од две децении. Потоа дојдоа Германците, пред Русите повторно да се вратат во 1945 година, по што светлата на овој стар град заживејаа.

Прославата по повод 800-тиот роденден на Рига минатата година, беше одбележана со чистење и реставрација на програмата како и повторното појавување на Латвија како слободна

земја, по распадот на Советскиот Сојуз.

Поголемиот дел од Рига е покрај својот средновековен Стар град. И најдобриот хотел на Рига се наоѓа токму тука. Собите на овој хотел се луксузни и декорирани, опремени со кревети од квалитетно дрво и бањи кои сјаат. Во барот има оркестар, а вие можете да се сместите на кожните софи и да уживате во музиката.

Хотелот поседува и два врвни ресторани – „Orangerie“ и „Seasons“.

Веднаш зад „Grand Palace“, се наоѓа „Park Hotel“, кој е потполно различен. Тоа е ултра-модерен хотел, чиј ресторан е сместен во стаклена приамида, по која го добил и своето име.

Зградата во која е сместен хотелот, порано била скривалиште за време на една од битките кои беснееле во Рига.

Riga - unikatno kat~e na Baltikot

Page 44: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.75

Која градба и да ја погледнеш, ќе најдеш нешто историско. Рига е историски град.Кога ќе го посетиш овој град, почни од историскиот плоштад и големата катедрала. Изградена во 1211 година од Алберт од Бремен, овој жив музеј на архитектурата содржи елементи од многу различни епохи.

Од таму можете да прошетате до црквата Свети Петар, која досега многу пати била разрушена од страна на нацистите. Кулата која порано беше дрвена, а сега е направена од челик, некогаш беше највисоката во Европа.

Иако реновирана во 1973 година, сé уште претставува еден од најдобрите примери на готска архитектура во балтичкиот регион.

Качи се во лифтот и уживај во глетката што ја имаш на 123 метри висина, твоето око нека го следи текот на реката Догава, која се влева во балтичкиот хоризонт.

Задолжително посети ги Националниот музеј, Руската црква, Споменикот на слободата, Шведската капија и задолжително зачекори по улицата „Торна“.

Историскиот музеј во Рига, вреди да се посети. Таму има околу половина милион предмети меѓу кои и мечот кој му припаѓал на џелатот на градот.

По долгата прошетка почестете се со

Page 45: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.75

богат ручек во ресторанот „Пирамида“. Пробајте ја супата од риби која е специјалитет во оваа област.

Потоа, тргнете повторно во обиколка на градот. Ќе забележите градби кои датираат од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, кога градот беше најпросперитетно руско пристаниште.

Така релаксирани повторно посетете го Стариот Град и улицата „Смилсу“, една од најстарите улици во овој град, која води до Powder Tower - кула изградена во 14 век. Ѕидовите на оваа градба се дебели 2.5 метри за да го издржат артилерискиот напад.

Прошетај покрај Шведската порта, која

е изградена во 1698 година за да се одбележи шведското правило.

Посетата на Рига не е комплетна без посета на Музејот на уметноста. Овде се изложени 14.000 дела. Не успеавте сите да ги видите и набљудувате? Тогаш, еве ви причина за повторно да го посетите музејот.

Откако го освоивте овој град и видовте толку убавини едно мора да признаете - ниту еден друг град не наликува на оваа метропола.

Извор: Gordon SanderПревод: Љубица Картова

Page 46: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.75

Од империјата на изгрејсонцето и боговите на роботиката и рачно цртаната анимација, ни пристига (со мало задоцнување), новата цртана/анимирана фабула која ќе ве плени со несекојдневен сјај, раскош и оригиналност каков што не е забележан уште од времето на светските хит-анимации какви што беа Кралот Лав, Аладин и сл.

Токму како што има верни фанови на студиото од САД, Пиксар, кои секоја

година се надеваат на ново филмско изненадување од нив, постојат и фанови на jапонското студио за анимирани фимови, Гимбли, кое е како и Пиксар, гигант во својата дејност. Разликата меѓу двата е во... раката! СĖ што ќе видите во јапонските цртани, е мануелно дело, а не на компјутер (погледнете ги само приложените сликички...).

Студиото Гимбли е инаку заслужно и за други безвременски анимирани класици

THE SECRET WORLD OF ARRIETY (2010)

Режија: Hiromasa YonebayashiУлоги: Mirai Shida, Ryunosuke KamikiСценарио: Hayao MiyazakiПродуцент: Toshio Suzuki

Najubavata bajka na dene{nicata

Page 47: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

Artvizor

BR.75

како: Принцезата Мононоке (обработен кај нас од телевизијата А1), Гробот на Светулките, Понесена од Духовите, кој заработи Oскар, Кралството на Мачките (кој гледал хрватска телевизија HRT, знае) и многу други...

Пиксар го води генијалецот, Џон Ласитер, на кого му е ривал јапонецот Хајао Мијазаки, кој е главниот писател и основач на студиото Гимбли. И очигледно е, дека добрите аниматори се препознаваат едни со други, што се гледа од соработката што студијата ја имаат едно со друго; што е очигледно според одличното портирање на американските анимации во Јапонија од страна на Гимбли и јапонските анимации во Америка од страна на Пиксар.

И сега, најновото чедо на Гимбли е, Arriety, познато уште како: Ариети Позајмувачот, Тајниот Свет на Ариети, Kari-gurashi no Arietti итн. Базиран на детската новела „Позајмувачите“, од Мери Нортон, Ариети ја следи приказната за секојдневниот живот на минијатурното семејство кое тајно живее под куќите на луѓето со нормална големина, одржувајќи ја егзистенцијата со „позајмување“ предмети кои им се во вишок на „повисоките“.

Позајмувачите, живеат притаено и мошне внимателно, за да не бидат забележани од страна на луѓето. Но, ќерката на едно семејство позајмувачи, ќе се спријатели со болно момче од луѓето и семејството позајмувачи ќе се почувствува загрозено, при што веднаш ќе започнат со подготовки за преселување, но уште пред тоа да го сторат, ќе се случат непредвидени ситуации кои ќе го загрозат целото семејство.

Како и со сите анимации од Гимбли, дали станувало збор за мини-луѓе во Ариети, девојче-златна рипка во Понјо или шумски духови во Соседот Тоторо, живиот свет од фантазијата е во совршен тандем со секојдневниот живот на обичните луѓе и на секој просечен гледач, ова му изгледа сосем нормално. И иако не се знае крајната цел и иако не може да се предвиди крајот, „возењето“ што го пружаат овие филмови е секогаш забавно и возбудливо, бидејќи ништо не е противречно на одличната нарација и ниту еден момент не е по стандардна шема.

Приказната на Ариети резонира со тивка нежност и длабока убавина кои допираат до срце, без разлика дали сте дете или возрасен. Тоа е како глас кој може да се разбере на сите јазици, без да потпадне во жанр/категорија освен тој на анимиран филм, се разбира.

А, што се однесува до анимацијата, напросто ви го одзема здивот. Како што спомнав, не станува збор за секојдневно-видената-компјутерска-графика, ами за вистинско, мануелно, сликарско, ремек дело, достојно дури за имиња како Леонардо, Матиз, Дали, Рене, Моне и други.

Вистина дека, спомнатиот гениј, Мијазаки го има само напишано сценариото, па сепак, доволно е што се досетил на кого

Page 48: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

48 BR.75

да ја остави режијата - на најмладиот во студиото, Хиросама Јонебуши, што резултирало со нов, вџашувачки свет што ги принудува гледачите да зјапаат во нацртана верзија на секојдневни екстериери и ентериери, како да се нешто од друга планета, доловувајќи ја перспективата на еден минијатурен Позајмувач. Вака, електрични штекери се претвораат во ходници, шолји за чај се чамци, најобичната игла станува моќен меч во рацете на Ариети...

Кога Ариети излегол во Јапонија, веднаш станал најпрофитниот филм на боксофисот, привлекувајќи над 12 милиони гледачи, а оттогаш се изминати година и половина, па вие пресметајте

колку заработил глобално.

Верзијата која јас ја гледав беше надсинхронизираната англиска, чија изработка сама по себе била предизвик бидејќи јапонските самогласки се подолги од англиските, што е дополнителна работа и за актерите и за помошните аниматори. Затоа на Ариети работела и сценаристката на филмот Хрониките на Пајакот, (The Spiderwick Chronicles) Кери Киркпатрик, која морала да адаптира фрази кои ќе одговараат на движењата на усните на ликовите, но без да се менува смисолот на речениците. Звучи како тешка задача, но гледајќи го финалниот производ, ефектот е повеќе од задоволителен.

Page 49: Револуција магазин бр.75

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

49

Artvizor

BR.75

Треба да се напомнат и Британските гласови на кои актерски талент им тече од уста: Саорис Ронан како Ариети, Марк Стронг и Оливија Колмен, како нејзините родители.

И, уште за звукот... Музиката во филмот е дело на француската пејачка/поетеса Сесил Корбел, чиј глас и лирика се толку живописни, што лесно се стопува со богатиот, шаренолик пејсаж, што е светот на Ариети. Песните се прекрасни и веројатно, ако сте мајка, ќе посакате

да ги симнете од интернет како посебни фајлови.

Што остана да се каже..? Ова е, навистина, најубавата бајка за оваа година и вистинска штета ќе биде ако ја пропуштите.

Се читамеКонечна оценка 10/10

Владимир Неделковски

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Page 50: Револуција магазин бр.75