17
Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ Економски факултет-Скопје Стручен труд по Теорија на организација Абрахам Маслов 1

теорија на организација

Embed Size (px)

DESCRIPTION

abraham maslow

Citation preview

Page 1: теорија на организација

Универзитет „Свети Кирил и Методиј“Економски факултет-Скопје

Стручен труд поТеорија на организација

Абрахам Маслов

Ментор Изработил:Доц. Д-р Кирил Постолов Мартин Тодоровски 49866

СкопјеОктомври 2010

1

Page 2: теорија на организација

Содржина

1. Биографија 32. Теорија на мотивација 5 2.1. Хиерархија на потреби 62.1.1. Физиолошки потреби 72.1.2. Потреби за безбедност 72.1.3. Потреба за припаѓање 82.1.4. Потреба за почит 82.1.5. Потреба за самоактуелизација 92.2. Предуслови за задоволување на основните потреби 112.2.1. Потреба да се знае и да се разбира 11

3. Одраз на теоријата на Маслов врз менаџментот 11

4. Ограничувања и критики 12 5. Користена литература 13

2

Page 3: теорија на организација

1. Биографија

Абрахам Харолд Маслов (Abraham Harold Maslow) (1 април 1908 – 8 јуни 1970) бил американски психолог. Неговото име најчесто се поврзува со хиерархијата на човековите потреби и се смета за основач на хуманистичката психологија. Тој е прво родено дете од вкупно седум деца во семејство на емигранти од Русија. Неговите родители се надевале на подобар живот во САД и го форсирале своето дете да постигне одличен академски успех. Во текот на своето детство Маслов се чувствува осамено и целото свое детство го поминал читајќи ги преку цел ден делата на Фројд, Јунг, Павлов и други познати психолози, а остатокот од денот му помагал на татко му да севрзе крај со крај.

Со цел да ги задоволи своите родители се запишува на Правен Факултет, но набргу сфаќа дека правото не е она со што сака да се занимава во животот. После три завршени семестари решава да се побуни против желбите на родителите. Неговиот бунт бил на два фронта. Прво, се определил да го студира она што го сака, психологијата, а потоа и покрај големото противење на своите родители се оженил со својата братучетка Берта Гудман. Новиот брачен пар решава да се пресели во Висконсин каде Маслов дипломира психологија во 1930. Магистрира во 1931, а докторира во 1934. Во периодот додека студирал му се родиле две ќерки, Елен Маслов и Ан Каплан.

На овој универзитет работи со Хари Харлоу, познат по изучувањето на емоционалното врзување кај мајмуните. Маслов самиот започнал независни истражувања за однесувањето на доминантните примати и објавил неколку статии на

3

Page 4: теорија на организација

таа тема. Во исто време Едвард Ли Торндајк, директор на Институтот за психологија при Колумбија универзитетот и самиот објавува некои истражувања за однесувањето кај животните, па во 1935 Маслов заминал за Њујорк да ги продолжи своите истражувања на Универзитетот Колумбија. За време на овие истражувања маслов са заинтересирал и за сексуалноста кај луѓето. На универзитетот бил вклучен во истражувања за тестирање и мерење на интелегенцијата и способноста за учење кај возрасните и кај децата, па на тој начин навлегол во полето на човечкото учење и знаење. Во 1937 се враќа во родното место Бруклин, каде работи како редовен професор на Универзитетот Бруклин. За време на четиринаесетте години престој на овој универзитет тој ги издава своите нјадобри дела. Во 1943 ја издава "Теорија на човечката мотивација' каде Маслов зборува за хиерархијата на потреби, "Повисоки и пониски потреби', "Самоактуелизација кај луѓето' . Додека позајмувал некои идеи од други психолози, тој самиот создал некои свои оригинални како што се хиерархијата на потреби, самоактуелизација, третата сила и врвни искуства. Тој со овие дела се смета за основач на хуманистичката психологија.

Во 1951 година ја прифаќа понудата од тогаш штотуку основаниот Велтам универзитет во Масачусетс, да биде директор на катедрата за психологија, каде што се задржал до 1969, кога се преселил во Калифорнија. Како пензионер напишал дополнување на својата книга 'Мотивација и личност" и напишал уште две книги 'Кон психологијата на битието", 'Напредни достигнувања на човековата природа"

4

Page 5: теорија на организација

2. Теорија на мотивација

При пишувањето на својата тоерија на мотивација, Маслов тргнува од одредени заклучоци до кои дошол од претходните истражувања. Тие заклучоци се:

1. Интегрираност во целината на организмот претставува еден од камените темелници на теоријата на мотиација

2. Гладот (или друга физиолошка потреба) не се смета за основа или конечен модел за мотивација. Секој ваков двигател се смета за нетипичен човечки мотиватор

3. Ваквата теорија централно место им дава на потсвесните, а не на свесните мотиватори

4. Можат да се научат многу начини за остварување на одредена цел. Затоа на ваквите свесни, специфични желби кои произлегуваат од учењето на тие патишта во теоријата на мотивација не им се дава толку значење како на основните, потсвесни цели.

5. Секое мотивирано однесување треба да се разбере како канал преку кој истовремено се задоволуваат повеќе основни потреби. Обично преку едно дејство се задоволуваат повеќе потреби

6. Практично сите состојби во кои се наоѓа организмот претставуваат резултат на мотивација

7. Човечките потреби се подредуваат во еден вид редослед. Тоа значи дека појавата на одредена потреба се јавува како резултат на претходно задоволство од друга задоволена потреба

8. Листа на поттикнувачи на акција нема да не одведе никаде од разни теоретски и практични причини. Секаква нивна класификација мора да се соочи со проблемот за различните специфичности по кои тие можат да се класифицираат.

9. Класификацијата на мотиваторите треба да се врши според целите, а не според однесувањето кое сака да се постигне

10. Теоријата на мотивација треба како основа да го има човекот а не животните

11. Ситуацијата на која организмот реагира мора да се земе во предвид, но не треба да служи како објаснување за однесувањето

12. Не само што интегритетот на организмот треба да биде земена во предвид, туку и можноста за изолирани специфични реакции

13. Теоријата на мотивација не е синоним за бихејвиористичката теорија. Мотиваторите се само една варијабла на однесувањето.

Со оваа тоерија Маслов сака да создаде теорија која ќе ги задоволи овие основни теоретски барања, и во исто време да ги потврди веќе познатите факти, здобиени преку набљудувања и експерименти, и долгогодишното клиничко искуство.

5

Page 6: теорија на организација

2.1 Хиерархија на потреби

Самоактуелизација – морал, цреативност, спонтаност, решавање на проблемиприфаќање на фактитеПочит – самодоверба, доверба кај другите, достигнувања, почит од другите, почит кон другитеЉубов/Припаѓање – пријателство, фамилија, сексуална интимностБезбедност – безбедност на телото, на работа, на здравје, на фамилијата, на имотот, на ресурсите

6

Page 7: теорија на организација

Физиолошки – воздух, храна, вода, секс, сон, хомеостаза,

2.1.1 Физиолошки потреби

Потребите кои вообичаено се земаат како почетна точка на теоријата на мотивација се нарекуваат физиолошки потреби. Два правци во науката се потребни за да се објаснат овие потреби, концептот на хомеостаза и согледувањето на апетитот како индикатор на недостаток на телото. Хомеостазата укажува на автоматскиот напор на човечкото тело за одржување на нормална крвна слика, вода во телото, сол, витамини, кислород, протеини, масти, температура… Доколку кај телото се јави недостаток на некој витамин или протеин, тогаш се јавува глад за одреден вид храна кој го содржи тој елемент.. Сите физиолошки желби не можат да се прикажат како хомеостатски. Потребата за сон, секс, хигиена, сеуште не се докажани како такви.

Она што е интересно е тоа што физиолошките потреби можат да се искористат како канал за искажување на други потреби. На пример доколку некоја личност чувствува глад, тоа може да значи потреба за повеќе комфорт или припадност отколку витамини и протеини. Чести се случаите кога гладот може да се задоволи со други активности како што се пиење чаша вода или пушење цигара. Но несомнено е дека овие потреби се најсилни од сите. Доколку на некој човек би му недостигало се во животот во некоја екстремна ситуација, тогаш најсилни мотиви би имал за задоволување на овие потреби, а сите други потреби би биле во позадина. Доколку еден човек е гладен тогаш си поставува за цел да најде храна и целата негова интелегенција, меморија, навики, ќе бидат ставени во функција на заоволување на гладот. Друга интересна карактеристика на човековиот организам е тоа што кога телото е преокупирано со задоволување на одредена потреба, тоа може да му ја смени визијата за иднината. За гладен човек утопија претставува место само каде што има доволно храна.

Прашањето што се поставува е што се случува кога овие потреби се константно задоволени. Доколку гладот е задоволен, тогаш станува небитен околу поставувањето на целите на поединецот и се менува неговото целокупно однесување.

2.1.2 Потреби за безбедност

Доколку физиолошките потреби се добро задоволени тогаш се појавува нов сет на потреби, потребите за безбедност. Се што беше кажано за физиолошките потреби може да се земе како вистина и за потребите за безбедност. Тие можат да го преокупираат целиот организам, да го насочат целокупното однесување кон нивно задоволување. Сите сетила, напори, интелегенција и други капацитети можат да бидат насочени кон барање безбедност. Дури инекои физиолошки потреби кои не се задоволени можат да бидат потценети. Овие потреби се многу поизразени кај децата. Доколку тие се чувствуваат небезбедни тогаш им се чини како цел свет да им се урнал. Доколку возрасен човек се чувствува небезбеден тоа може и да не го прикаже јавно, но доколку мало дете или доенче се почуствува загрозено, тогаш го артикулира тоа со гласно викање, плачење. Кај бебињата реакциите за одредени

7

Page 8: теорија на организација

болести се многу подиректни. Доколку мало дете чувствува некоја болка тогаш тоа има сосема поинаков поглед на светот. Доколку дете се соочи со одредена неправда или пак со некоја нова, чудна и непозната средина на која не може да влијае, како на пример разделување од родителите, го прави да се чувствува непријатно, вознемирено и небезбедно.

Од сите овие обсервации може да се заклучи дека просечно дете во нашето општество главно преферира безбеден, организиран, предвидлив свет на кој што може да смета и во кој неочекувани и небезбедни настани не се случуваат, а и дури да се случат, тоа има доволно силни родители за да се справат со тоа и да го заштитат.

Кај здравиот и среќен возрасен човек во нашето општество потребите за безбедност зе задоволени на доста високо ниво. Мирното, без проблеми општество го прави човекот да се чувствува безбеден од диви животни, екстремни температури, малтретирање, убиства и тиранија. Човекот веќе не е активно мотивиран од безбедносни мотиватори. Како што нахранет човек повеќе не се чувствува гладен, така безбеден човек повеќе не се чувствува загрозен. Затоа доколку сакаме да ги согледаме овие потреби, треба да ги погледнеме невротичните личности или оние кои не се економски и социјано обезбедени. Помеѓу овие две екстремни ситуации, безбедносните потреби можат да се согледаат само низ феномени како желбата за сигурна работа, за заштеда во банка, за осигурување. Други аспекти од кои може да се согледаат овие потреби се преферирањето на фамилијарни отколку нефамилијарни работи, желбата да се биде познат а не непознат. Тенденцијата да се биде припадник на одредена религија или на некоја друга филозофија за организација на светот е мотивирано од барањето за безбедност, односно барање на своето место во светот. Во други случаи потребите за безбедност се јавуваат како доминантни само во екстремни случаеви, како што се војна, болест, природна катастрофа, криминал, социјални немири, невроза, повреда на мозокот, хронична лоша ситуација.

Невротичните личност се однесуваат како мали небезбедни деца, и потребите за безбедност кај нив се постојани. Тие на светот гледаат како на небезбедно место и нивното однесување е во правец на постојано барање на безбедност, често на некоја личност доволно силна да ги заштити.

2.1.3 Потреба за припаѓање

Доколку физиолошките и безбедносните потреби се задоволени, тогаш се јавува потреба за љубов и припаѓање. Сега личноста чувствува празнина доколку и недостига пријател, или жена или пак деца. Човекот сега чувствува глад за врски со други луѓе, односно пријателставо, припадноста на некоја група и се стреми кон остварување на овие цели.

2.1.4 Потреба за почит

Луѓето од нашето општество имаат потреба или желба за да се чувствуваат полни со самодоверба, почитувани од самите себе и од другите. Кај самодовербата

8

Page 9: теорија на организација

подразбираме дека треба да се базира на реални капацитети, достигнувања и почит од другите. Овие потреби може да се класифицираат во две групи. Во првата група спаѓаат потребите за сила, достигнувања, за самодоверба, независност и слобода. Во втората група спаѓаат желбата за репутација и престиж, признавање, чувство на важност и дека е ценет. Задоволувањето на овие потреби води кон самодоверба, вредност, сила и чувство дека е поотребен за општеството. Од друга страна незадоволувањето на овие потреби создава чувство на инфериорност, слабост и безполезност.

2.1.5 Потреба за самоактуелизација

Дури и кога сите овие потреби се задоволени, сеуште можеме да очекуваме да се јави одреден немир, доколку личноста не го прави она што го сака. Ваквите потреби да се прави она што се сака се нарекуваат потреби за самоактуелизација. Самоактуелизацијата означува потреба да се биде се повеќе и повеќе од она што е, односно да се биде се што може да се биде. Специфичната форма на овие желби се разликува од човек до човек. Кај некој тоа може да се јави како желба да се биде одличен родител, кај друг да има совршено тело, кај некој друг желба да се биде креативен и сл.

Ваквите луѓе имаат јасен поглед кон животот. Тие се помалку емоционални, а повеќе објективни. Маслов составил листа на карактеристики кои ги поседуваат овие луѓе:

1. Поефикасна перцепција на реалноста2. Прифаќање (себе си, другите, природата)3. Спонтаност, едноставност, природност4. Ориентираност кон проблемите (спротивно од егоцентричност)5. Потреба за приватност6. Автономија, независност од околината7. Постојана свежина и благодарност8. Мистични и врвни искуства9. Длабоки и искрени односи со другите10. Демократско размислување11. Разликување на намерите и делото12. Развиен смисол за хумор13. Креативност14. Отпор при наметнување на култура

Маслов исто така ни опишува осум начини на однесување кои водат кон самоактуелизација:

1. Концентрација – Обично не сме целосно свесни за она што се случува околу нас. Сепак сите сме имале моменти на повисоко ниво на свесност, што Маслов го нарекува самоактуелизација

2. Одлуки за раст – Доколку сметаме дека животот е серија на избори, тогаш самоактуелизацијата е процес на одлуки за сопствен раст. Често

9

Page 10: теорија на организација

избираме помеѓу раст и безбедност, помеѓу напредување и назадување. Да се избере прогрес значи да се отвориш себе си за нови предизвици и да го прифатиш ризикот од непознатото.

3. Себеспознавање – Во процесот на самоактуелизација мора да бидеме свесни за нашата природа и да се однесуваме восогласност со неа

4. Искреност – Искреноста и преземањето одговорност за своите постапки е основата за самоактуелизација.

5. Расудување – Првиот чекор кој ќе ни овозможи зголемување на капацитетот за донесување правилни одлуки. Маслов верува дека следењето на внатрешните инстинкти води кон подобри одлуки

6. Личен развој – Самоактуелизацијата е постојан процес на развивање на личните капацитети

7. Врвни искуства – Ние сме цели, интегрирани, свесни за себе си и за светот за време на врвните искуства. Во ваквите момент размислуваме појасно, повеќе ги сакаме и ги прифаќаме другите

8. Ослободување од егото – Следен чекор кон самоактуелизација е да се препознае егото со цел да се намалат реакциите кои значат негова одбрана.

10

Page 11: теорија на организација

2.2 Предуслови за задоволување на основните потреби

Постојат одредени состојби кои претставуваат непосредни предуслови за задоволување на основните потреби. На загрозување на овие предуслови се реагира исто како на загрозување на самите потреби. Такви предуслови се

слободата на говор, слобода да се прави што се сака се додека таквото однесување не ги

загрозува другите, слобода на самоизразување, слобода на барање и добивање на информации, слобода да се брани себе си, правда, праведност, искреност, ред во групата на која припаѓаат.

При загрозувањето на овие слободи се реагира како на закана. Овие предуслови не постојат само за себе туку се тесно поврзани со основните потреби. Овие предуслови се бранат бидејќи без нив остварувањето на потребите би било невозможно. Доколку се присетиме дека когнитивните капацитети се сет на алатки за перцепирање и прилагодување на реалноста, кои меѓу другите функции ја имаат и онаа за задоволување на основните потреби, па оттаму е јасно дека нивно блокирање значи и незадоволување на потребите.

2.2.1. Потреба да се знае и да се разбира

Барањето и стекнување на знаење веќе го спомнавме како техника за достигнување на одредено основно ниво на безбедност, или за интелегентен човек за самоактуелизација. Слободата на барање на информации исто така беше разгледана како предуслов за задоволување на потребите. Овие формулации реално не можат да бидат вистински одговор на прашањето околу потребата за љубопитност, учење, филозофирање, експерементирање… во најдобар случај можат да бидат само делумни одговори.

3. Одраз на тоеријата на Маслов врз менаџментот

Лидерите во организацијата би можеле да ја искористат теоријата на Маслов за зголемување на продуктивноста на вработените преку следниве активности:

Физиолошки потреби – Да се овозможи пауза за ручек, да се дава плата на работниците за да можат да си ги купат артиклите неопходни за живот

11

Page 12: теорија на организација

Потреби за безбедност – Да се обезбедат работни услови кои се безбедни, без никакви закани

Социјални потреби – Да се создаде чувство на прифаќање, на припадност кон групата преку форсирање на тимска работа

Потреба за почит – Признавање на достигнувања, доделување значајни проекти, да се овозможи статус на вработените кој ќе биде ценет од околината

Самоактуелизација – Да се овозможат предизвикувачки и значајни задачи кои вклучуваат креативност, иновативност, и прогрес кон долгорочните цели.

4. Ограничувања и критики

Хиерархијата на Маслов добива значење интуитивно, но постојат малку докази околу стриктноста на хиерархијата. Всушност некои истражувања покажуваат дека потребите го немаат истиот редослед како во пирамидата на Маслов. На пример, во некои култури социјалните потреби се секогаш пред другите. Теоријата на Маслов не може да го објасни однесувањето кај некои луѓе кои се изгладнуваат заради духовни цели.

12

Page 13: теорија на организација

5. Користена литература

Abraham Maslow – A teory of human motivationAbraham Maslow, Bertha Maslow – Farther Reaches of human nature

13