24
ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОУ „Елпида Караманди” Годишно истражување за ставот на учениците

Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈАОУ „Елпида Караманди”

Годишно истражување за ставот на учениците

Page 2: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

Оваа презентација се состои одтри дела:

1. Истражување за ставот на учениците за повеќе клучни прашања за нив.

2. Анкета за 4 иницијативи за кои Детската организација смета дека треба да се направат промени.

3. Индекс на Детски права

Page 3: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

Истражување и Анкетата ја изработи и спроведе Детската Организација на ОУ „Елпида Караманди“, во соработка со Децата Правобранители за да го слушне мислењето и ставот на учениците во врска со наставата и условите во училиштето каде што поминуваат значаен дел од денот.

Цел: застапување за подобрување на условите и наставата во следниот период.

Опфатени 86 ученици од 6 до 9то одделение

Page 4: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

1. Што мислиш за хигиената во училиштето?

Просечната оцена за хигиената во училиштето е 2.32

Page 5: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

2. Дали си задоволен/на од начинот на изведување на наставата?

Просечната оцена за начинот на изведување на наставата во училиштето е 3.7

Page 6: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

3. Доколку имаш одреден проблем дали знаеш каде да се обратиш? Наведи каде.

Page 7: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

4. Дали сметаш дека носењето на униформи од учениците во училиштето е корисно?

Page 8: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

5. Дали сам/а се определи за изборниот предмет?

Page 9: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

6. Кои карактеристики (особини, навики, начин на предавање и сл.) ти се допаѓаат и

сакаш да ги видиш кај наставниците?• Интересно предавање и убаво објаснување• Реално оценување и можност за поправање• Разбирање и соработка• Љубезно, дружељубиво обраќање и почитување• Реалност и еднаквост кон сите• Користење на визуелни помагала• Дисциплина• Трудољубивост• Трпеливост• Хумор• Пристојно облекување• Да даваат поттик за учење

* Ранг листа по број на гласови

Page 10: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

7. Кои карактеристики (особини, навики, начин на предавање и сл.) не ти се допаѓаат и не сакаш да ги видиш кај наставниците?

• Викање, нервоза и арогантност• Нереално оценување и попуштање• Лоши навики (доцнење на час, џвакање мастика,пушење цигари пред ученици, ѕвонење/зборувањена телефон на час)• Незаинтересирани и несериозни наставници• Начин на предавање, брзање да се предаде• Нееднаков третман на ученици• Строгост• Бркање од час• Премногу објаснување* Ранг листа по број на гласови

Page 11: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

8. Како го оценуваш однесувањето на учениците во училиштето?

Просечната оцена за однесувањето на учениците во училиштето е 3

Page 12: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

9. Дали има нешто во училиштето што те засега, а не го кажа досега?

• Од 5-8 одделение да се во една училница• Да се носат искинати фармерки и куси панталони• Организирање забава во училиштето• Да бидеме известени за сите промени во училиштето• Поголем акцент треба да се стави на спортската сала и хигиената• Наставниците не почитуваат ред, а се бара од нас• Сакам да волонтирам во црвен крст• Сакам да има екскурзија

* Ранг листа по број на гласови

Page 13: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

Предлог иницијативи на Детската Организација за промени во училиштето во текот на следниот период

Page 14: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

1.Иницијатива за менување на должината на големиот одмор.Големиот одмор е 15 мин. Дали се согласувате тој да се зголеми за 5 мин и да е 20 мин, а следниот одмор кој е 10 мин да се

намали на 5?

Page 15: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

2.Иницијатива за достапна стручна служба.Стручната служба не е достапна за време на двете смени. Дали сакате службата да

биде достапна со целосно покривање на двете смени?

Page 16: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

3.Иницијатива за користење на долната врата во училиштето.Долната врата во училиштето не се користи за учениците. Дали се

согласувате таа да се отвора за време на големите одмори?

Page 17: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

4. Иницијатива за можност за организирање на училишни забави.Дали се согласувате да имаме можност еднаш месечно да имаме забава во училиштето?

*Забава: за учениците од 6,7,8,9 одделение во период од 20.00 до 22.00часот со забавна и едукативна содржина: музика, филм и театар.

Page 18: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

Голем дел од работите во училиштето зависат од самите ученици. Дали се сложувате во следниот период да нема каснење на часови, да нема јадење на час, да не се валкаат училниците и да не се внесува храна во

училиштето?

Page 19: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

Индекс на Детски ПраваЗа податоците за индексот на детските права работеа оние кои се во тимот за индексот:

Page 20: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

• Вработените во училиштето не ги етикетираат децата врз основа на личните карактеристики, но децата во училиштето меѓусебно се етикетираат. И покрај тоа што децата во училиштето се информирани дека етикетирањето врз основа на лични карактеристики е забрането.

• Сите вработени во училиштето правично и со почит се однесуваат кон сите ученици.

• Во училиштето не се користат учебници, списанија, интернет содржини, кои го дискриминираат било кое дете или група на деца.

• Училиштето спроведува афирмативни мерки со кои ги поддржува децата од ранливите групи и постои евиденција за тие мерки и за резултатите од нив.

• Во училиштето не се изнесуваат идеи, информации и мислења со кои се повикува на нееднаков третман или насилство спрема било кое лице или група лица според нивна лична карактеристика.

Page 21: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

• Во училиштето не постојат испишани пораки или симболи со кои се поттикнува дискриминација, омраза и насилство спрема децата или било кое лице или група лица поради нивна лична карактеристика.

• Правилата и последиците од нивно кршење важат еднакво за сите деца, како и за возрасните. И постои евиденција за тоа.

• Училиштето ги промовира еднаквоста и правичноста како темелни вредности во сите свои пишани документи и има развиено механизми со кои обезбедува нивно почитување во односите меѓу сите структури што учествуваат во училишниот живот (вработените, учениците, родителите)

• Сите вработени во училиштето знаат што е дискриминација и како да ги заштитат децата од неа со активности во рамките на училиштата, додека децата делумно знааат што е дискриминацијата и како да се заштитат

• Вработените во училиштата знаат да препознаат дискриминација и децата и нивните родители да ги упатат на други механизми на заштита а не само на постапка во училиштето – Државни просветни инспектори / Подрачни единици на Министерството за образование и наука/ Центри за социјална работа / Народен правобранител на РМ.

Page 22: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

• Во училиштето постои евиденција за пријавените случаи на дискриминација и постигнатите решенија. Во училиштето постои евиденција исто така и за стручно усовршување на вработените во образованието за надминување на предрасуди и дискриминација, како и за механизми на заштита.

• Сите наставници и стручни соработници со децата делумно реализираат часови за дискриминација и механизмите на заштита.

• Училиштето води евиденција за програмите кои наставниците и стручните соработници ја спровеле а се однесуваат на Конвенцијата за правата на детето, забрана на дискриминација и механизмите за заштита.

• Во годишниот план и развојниот план, училиштата планираат да се реализираат активности во областа на промовирање на правата на детето и забрана на дискриминација

• Вработените во училиштата, децата и родителите се поттикнати и охрабрени да пријават секаков облик на дискриминација во училиштата.

Page 23: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016

• Сите вработени знаат како да реагираат ако детето е дискриминирано.

• Училиштето има евиденција за сите пријавувани случаи на дискриминација и за мерките кои се преземени за запирање и спречување идно дискриминаторско однесување на сите во училиштето

• Во обраќањето кон децата некогаш се користат погрдни имиња, прекари и стереотипи со кои се навредува нивното достоинство врз основа на лична карактеристика.

• Детскиот успех како и неуспех не се изложуваат на потсмев од страна на наставниците, но помеѓу децата има примери (се користат прекари како ‘’бубалица’’ или..)

• Во обраќањето и комуникацијата со родителите на децата не се користат погрдни имиња, прекари и стереотипи со кои се навредува нивното достоинство врз основа на лична карактеристика.

• Идеите, сугестиите и предлозите на децата и нивните родители се земаат превид и се разгледуваат.

Page 24: Истражување на Детската Организација на ОУ Елпида Караманди 2016