18
Институт за развој на заедницата- Тетово Сојуз за развој на образование на возрасни и доживотно учење во Република Македонија ПОНУДУВАЧИ НА НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Истражување март, 2012

Истражување: понудувачи на неформално образование

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Истражување: понудувачи на неформално образование

Институт за развој на заедницата- Тетово Сојуз за развој на образование на возрасни и доживотно учење во Република Македонија

ПОНУДУВАЧИ НА НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Истражување

март, 2012

Page 2: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

2

За Сојузот за развој на образование на возрасни и доживотно учење

во Република Македонија како програма на Институтот за развој на

заедницата- Тетово

Денес како никогаш до сега не била поточна изреката дека ЧОВЕК УЧИ ДОДЕКА Е ЖИВ. Во

изминативе неколку децении целиот концепт на она што значи образование и учење

потполно се измени. Човек да се образува не значи дека образованието му започнува во

основно училиште и завршува на факултет, напротив човекот учи на различни начини во

текот на целиот свој живот.

Следејќи ги светските и европските трендови во образование и во Република Македонија се

покажа потребата да се направи нешто во врска со образованието на возрасни и

доживотното учење. Имено, со креирањето на законот за образование на возрасни во 2008,

како и стратегијата и акциониот план во 2010 за прв пат во една законска рамка беа ставени

формалното и неформалното образование.

Откако ја добивме оваа легислатива многу полесно е да го користиме доживотното учење и

образованието на возрасни како алатка која ќе помогне при намалување на невработеноста

и сиромаштијата во Република Македонија.

Токму тука Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) ја забележа потребата да работи во

полето на образованието на возрасни и доживотното учење и во мај 2011та година го

создаде Сојузот за развој на образование на возрасни и доживотно учење во Република

Македонија (СРОВ) кој функцнионира како програма во рамките на ИРЗ. СРОВ е програма

која функцнионира врз база на членство. Нејзината цел да го развие и унапреди

образованието на возрасни и преку тоа да дејствува за намалување на невработеноста во

Република Македонија. Освен тоа СРОВ сака да им пружи поддршка на институции,

структури и организации за креирање на одржливо образование на возрасни и доживотно

учење.

Институтот за развој на заедницата е здружение на граѓани кое работи во сферата на

меѓуетничко разбирање и толеранција, зајкнување на капацитетите на индивидуалци,

организации и институции, како и подобрување на условите за живеење и стандардот на

живот на граѓаните. ИРЗ веќе 15 години работи во заедницата со цел да одговори на

потребите на граѓаните.

Page 3: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

3

За истражувањето

Со цел да ги препознае и мапира на понудувачите на неформално образование, нивното

поле и обем на делување, како и трендовите во рамките на верификација на програми за

неформалното образование, СРОВ спроведе првично истражување кое ќе служи како основа

не само за добивање на основни информации, туку и за спроведување на подетално

академско истражување во сферата на доживотното учење и образованието на возрасни.

Истражувањето кое се спроведе од декември 2011 до јануари 2012 се состоеше од изработка

на анкетен прашалник, негова дистрибуција по електронски пат до понудувачи на

неформално образование (НВОа и едукативни центри), прибирање на податоците и нивна

техничка обработка и анализа.

Прашалникот се состои од два дела и вкупно 20 прашања. Прв дел: генерални и контакт

информации за понудувачот на неформално образование и втор дел конкретни прашања за

неговата сфера на работа. На прашалникот кој беше дистрибуиран преку сопствени листи на

адреси за електронска пошта, како и листи на партнерски организации и ТАКСО1 одговорија

53 понудувачи на неформално образование. Композицијата на прашалникот беше најмногу

насочена кон граѓански организации како понудувачи на неформално образование, иако на

него одговорија и едукативни центри, приватни фирми, како и локални институции.

Прашалникот кој се користеше во спроведување на ова истражување, како и листа на

организации кои одговориле на истиот се наоѓаат во прилог.

1 Беа испратени пращалници на ппвеќе пд 1000 email адреси на градански прганизации, едукативни центри,

ппщтини, фпндации и приватни фирми

Page 4: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

4

Резултати од анализата

Прашањата од реден број 1 до реден број 7 се наоѓаат во првиот дел од прашалникот.

1. Име на организацијата 2. Адреса 3. Телефон канцеларија, Телефон мобилен 4. Факс 5. Електронска адреса 6. Интернет страница 7. Лице за контакт

Овие прашања се однесуваат на генералиите на понудувачот на образование и не се

претставени во оваа анализа.

Прашање бр. 8 Услуги

На прашањето какви услуги нудите понудени беа четири одговори: обуки, работилници,

подучување на работно место и друго. Одговорите изгледаат вака:

Најголемиот број од понудувачите нудат обуки и работилници како форма на неформално

образование. Имено, работилници нудат 89%, обуки нудат 87%, подучување на работно

место 42%, и друг тип на услуги нудат 28%.

Page 5: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

5

Прашање бр. 9 Области во кои нудите услуги (пр. администрација, банкарство,

земјоделие, бизнис менаџмент, обезбедување квалитет, јазици, ИТ, односи со

јавност...)

Прашањето во кои области нудите услуги, беше прашање од отворен карактер. Одговорите

ги класифициравме во 17 катерогии. Дури 37% од понудувачите нудат обуки од бизнис

карактер. Понатаму, популарни се областите на информатичката технологија и странските

јазици. Обуки од областа на човековите права и меѓукултурна толеранција нудат 22% од

понудувачите. 20% нудат стручна доквалификација. Комуникациски вештини и односи со

јавност се застапени кај 18% од понудувачите. Услуги од областа на администрацијата и НВО

секторот нудат 14% од понудувачите. 12% нудат услуги од областа на земјоделството и

унапредување на стандарди на квалитет. 10% од понудувачите нудат услуги од областа на

екологијата. Најмалку понудени се обуки од областа на уметноста, здравство, туризам,

институционален развој, како и издавачка дејност.

Page 6: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

6

Прашање бр. 10 . Годишен број на учесници

Во однос на годишен број на учесници, 34% од понудувачите имаат до 100 учесника на

годишно ниво, најголемиот број од нив, односно 48% имаат од 100-500 учесници, 10% од

организациите имаат меѓу 500 и 1000 учесници годишно и 8% имаат над 1000 учесници.

Прашање бр. 11 Годишен буџет наменет за реализација на услугите?

Во однос на годишниот буџет, наменет за реализација на услугите, 21% од понудувачите

имаат годишен буџет од 100 000ден. Од 100 000 до 500 000ден имаат 36% понудувачи,28%

од понудувачите имаат годишен буџет од над 500 000ден. и 15% не дале одговор на

прашањето.

Page 7: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

7

Прашање бр. 12 Дали наплаќате за услугите (обуки)?

На прашањето дали наплаќате за услугите, 42% од испитаниците одговориле дека

наплаќаат за нивните услуги, 38% не наплаќаат, 9% за некои услуги наплаќаат, а за некои

не. 11% од испитаниците не дале одговор на ова прашање.

Прашање бр. 13 Географско подрачје (општини) во кои нудите услуги?

Во врска со географското подрачје во кое понудувачите нудат услуги, 17% од

испитаниците нудат услуги само во рурални средини, 40% само во урбани и 42% од

испитаниците нудат услуги и во урбани и во рурални средини.

Page 8: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

8

Прашање бр. 14 Целна Група

Најголем дел од понудувачите ги имаат младите како нивна целна група, односно дури

86%. 67% се фокусираат на невработени, понатаму над 47% од организациите за целна

група ги имаат вработените. 43% се занимаваат со маргинализирани групи, 27% со

самохрани мајки, а 33% имаат и други целни групи.

Page 9: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

9

Прашање бр. 16 За кои занимања или вештини постои побарување за

организирање на обуки?

Во однос на областите за кои постои побарување за организирање на обуки, дадените

одговори беа класифицирани во 16 области. Најголема побарувачка има за обуки од областа

на економијата . Иста побарувачка има за обуки од областа на информатичката технологија,

странски јазици и занаети. Еднаква е потребата (12%) за обуки од областа на

администрацијата и заштита на човекови права. Околу 8% е побарувачката за едукација од

областа на НВО секторот, комуникациските вештини и екологија. Помала побарувачка има

за ЕУ фондови, уметност и здравство, а најмала, односно речиси 2% за специфични области

како што е лектурата.

Page 10: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

10

Прашање бр. 17 Дали имате верификувана програма во ЦОВ?

Кога се работи за верификација на програми, најголемиот број на понудувачи, односно

86% немаат верификувана програма. Само 14% имаат програма која е верификувана.

Прашање бр. 18 Дали планирате да развиете програма за која ќе побарате

верификација од ЦОВ?

Понудувачите планираат да ги верификуваат програмите кои ги нудат. Имено, 60% од нив

одговорите позитивно на прашањето дали планирате да развиете програма за која ќе

побарате верификација. 25% од испитаниците не планираат, а 15% не дале одговор.

Page 11: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

11

Прашање бр. 19 Дали имате партнер при спроведувањето на обуките?

На последното прашање, дали имате партнери при спроведувањето на одлуките, 66%

одговориле дека имаат, 26% дека немаат и 8% не дале одговор на прашањето.

Page 12: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

12

Заклучок

Може да се забележи дека најголем број од понудувачите на неформално образование нудат

неформално образование во форма на обуки и работилници, а како нивна целна група

најчесто се јавуваат млади и невработени лица. Обуките од бизнис карактер, информатичка

технологија и јазици се најпопуларни меѓу понудувачите, меѓутоа исто така и најбарани од

страна на корисниците на неформално образование. Неформално образование се нуди и во

урбани и во рурални средини. Повеќето од понудувачите немаат верификувана програма и

услугите ги нудат и спроведуваат заедно со партнерски организации. Како и да е голем е

интересот за верификување на програми.

Оваа анализа помогна во делумно скенирање на состојбата на понудувачи на неформално

образование, нивниот обем и области на делување. Ова истражување ја поставува основата

за мапирање на понудувачи и создава простор за понатамошна работа, и соработка меѓу

сите засегнати страни за добивање на соодветни податоци кои ќе придонесат кон

информираност во врска со трендовите на неформално образование во Република

Македонија.

Page 13: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

13

ПРИЛОГ А

Сојуз за развој на образование на возрасни и доживотно учење во Република

Македонија

Lidhja për zhvillimin e arsimit të të rriturve dhe mësimit të përhershëm

në Republikën e Maqedonisë

Alliance for Development of Adult Education and Lifelong Learning in the

Republic of Macedonia

Tel: +389-44-340-677 www.srov.mk

www.irz.org.mk

Анкета за нефпрмалнп пбразпвание

- ппнудувачи на услуги -

Гплем брпј на правни лица (здруженија на градани, претпријатија, јавни прганизации и

институции) прганизираат курсеви и пбуки сп цел да гп надградат знаеоетп на целната

група, свпите врабптени и спрабптници. На тпј нашин, тие се директнп вклушени вп

прпцеспт на нефпрмалнп пбразпвание и дпживптнп ушеое. Ппвеќе инфпрмации за

знашеоетп на дпживптнп ушеое, закпнската рамка вп Република Македпнија и сите други

инфпрмации, мпже да ги најдете на следната интернет страница: www.srov.mk

Сп цел да се дпбијат инфпрмации за ппнудуваши на услуги вп нефпрмаланп пбразпвание и

да се ппмпгне нивната рабпта, Спјузпт за развпј на пбразпвание на впзрасни и дпживптнп

ушеое вп Република Македпнија (СРОВ) гп ппдгптви пвпј пращалник/фпрмулар. Ве

мплиме, дпкплку сте вп мпжнпст, да гп пппплните истипт и да ни гп дпставите назад за да

Ве регистрираме вп базата на ппнудуваши на услуги, сп цел да бидеме вп мпжнпст да

пстваруваме спрабптка. Ве пхрабруваме истипт да гп сппделите сп щтп е мпжнп ппгплем

брпј на прганизации/институции за кпи сметате дека се ппнудуваши на услуги на

нефпрмалнп пбразпвание.

Спјузпт за развпј на пбразпвание на впзрасни и дпживптнп ушеое вп Република

Македпнија (СРОВ) е прпграма вп рамките на Институтпт за развпј на заедницата (ИРЗ)-

Тетпвп сп цел да гп прпмпвира, развива и унапредува дпживптнптп ушеое и

пбразпваниетп на впзрасни. Вп прпграмата мпже да шленуваат сите заинтересирани

правни и физишки лица кпи имата интерес илил активнпсти вп пваа пбласт.

За сите дппплнителни инфпрмации вп врска сп прпграмата, какп и мпжнпста да се

вклушите вп реализација на прпграмските активнпсти, Ве мплиме да ја ппсетите следната

интернет страница www.srov.mk или да кпнтактирате сп нас на следнипт телефпнски брпј

044-340-677. Лице за кпнтакт Билјана Алампипска.

Page 14: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

14

Фпрмулар

1. Име на прганизацијата

2. Адреса

3. Телефпн канцеларија 3а) телефпн мпбилен

4. Факс

5. Електрпнска адреса

6. Интернет страница

7. Лице за кпнтакт

8. Услуги (Ве мплиме запкружете) а) пбуки б) рабптилници в) ппдушуваое на рабптнп местп г) Другп (Ве мплиме наведете) _______________________________________ _______________________________________

9. Области вп кпи нудите услуги (пр. администрација, банкарствп, земјпделие, бизнис меначмент, пбезбедуваое квалитет, јазици, ИТ, пднпси сп јавнпст...)

10. Гпдищен брпј на ушесници (ве мплиме запкружете)

а) <100 б) 100 - 500 в) 500 - 1000 г) 1000 >

11. Гпдищен бучет наменет за реализација на услугите? (Ве мплиме запкружете)

а) дп 100 000ден. б) 100 000 - 500 000ден. в) над 500 000ден.

12. Дали наплаќате за услугите (пбуки)?

Да НЕ

13. Гепграфскп ппдрашје (ппщтини) вп кпи нудите услуги?

А) рурални (наведете кпи) Б) урбани (наведете кпи)

Page 15: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

15

14. Целна група А) врабптени – дпквалификација Б) неврабптени В) маргинализирани ______________ (наведи кпи) Г) сампхрани мајки Д) хендикепирани Е) млади Д) други ____________________ (наведете кпи)

15. Пплпва структура на кприсниците на услугите/курсевите

Брпј на мажи_________ Брпј на жени_________

16. За кпи занимаоа или вещтини ппстпи ппбаруваое за прганизираое на пбуки?

17. Дали имате верификувана прпграма вп Центар за пбразпвание на впзрасни?

ДА, кпја_______________________ НЕ

18. Дали планирате да развиете прпграма за кпја ќе ппбарате верификација пд Центар за пбразпвание на впзрасни?

ДА, кпја ________________________ НЕ

19. Дали имате партнери при сппрведуваое на пбуките?

ДА, кпи _____________________________ НЕ

20. Дппплнителни инфпрмации кпи щтп сметате дека би биле пд важнпст и на други ппнудуваши на нефпрмланп пбразпвание

Page 16: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

16

ПРИЛОГ Б

Листа на понудувачи кои одговориле на прашалникот

1. „СФЕРА“ – Прилеп

2. Здружение РЕКА Кратово

3. Емоционално здраво детство

4. АН – БЛОК Скопје

5. Хуманитарно, културно, уметничко здружение женска организација „Романи Асвин“

6. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

7. Локална Агенција за Развој, Струга

8. МАТА - Скопје

9. Национален Ромски Центар

10. Синергија Плус

11. Здружение за развој на ромската заедница Сумнал

12. Орал Хеалтх (Oral Health)

13. Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)

14. Младински културен центар - Битола

15. Центар за институционален развој ЦИРа

16. Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК

17. ХЕПА Македонија Национална организација за унапредување на здравјето

18. Досер Глобал Битола

19. Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка - АГТИС

20. Центар за неформално образование на деца и возрасни АТЛАНТИС - Тетово

21. Центар за економски анализи

22. Здружение на граѓани ЕКОВИТА

23. Центар за развој на заедницата Кичево

24. Семос Компјутерски Образовен Центар (бренд име - Семос Едукација)

Page 17: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

17

25. Центар за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството -

ЦИПОЗ

26. ЗЗ Деметра

27. Друштво за едукација Академик

28. Центар за култура,комуникација и едукација на Ромите „Светла Иднина“ Кочани

29. Здружение на граѓани за мотивација и развој на комуикации ДИЈАЛОГ Скопје

30. Општина Аеродром

31. Асоцијација за унапредување на статусот на жената „Женска акција“ - Радовиш

32. Институт за Оджлив Рурален Регионален Развој

33. Еколошко друштво Грашница

34. Здружение ,,ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ –СЕМПЕР”

35. Здружение на уметници Културен центар Медиа Артес

36. Фондација ИНФОРМАТИЧКИ ЦЕНТАР

37. Здружение за Демократиа, Социјално Вклучување и Развој- DeSiDe

38. Здружение на граѓани Фондација Ренова

39. НВО Опција Охрид

40. Фондација за развој на локалната заедница Штип

41. Едукативен Центар М-шест Дооел Скопје

42. Здружение на Роми ,,АВЕНА ,,

43. Центар за Меѓукултурен Дијалог

44. Здружение Мана Струмица

45. Здружение на лекторите на РМ

46. Здружение Младинска Мултикултурна Заедница - Прилеп

47. Форум Центар за стратешки истражувања и документација - Скопје

48. Здружение на земјоделски производители Куманово

49. Еуропеан Линк Центер

Page 18: Истражување: понудувачи на неформално образование

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ппнудувачи на нефпрмалнп пбразпвание вп Република Македпнија

18

50. Центар за едукација и развој(ЦЕД)

51. Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија

52. Здружение Белависта

53. Здружение Нова Земја