33
Содржина Вовед................................3 ·Поим за непосредно гаѓање......................4 ·Теорија на непосредно гаѓање...................5 1. Гаѓање на подвижни цели...................................................... 5 2.Специфичности на гаѓање цели во воздушен простор.10 3.Пресметување на претекнувањето при гаѓање цели во воздушен простор.................................................................... 11 4. Гаѓање низ меѓу простори, покрај крилата и преку сопствената единица.............................................................. 13 ·Агол нa видливост.............................21 Заклучок....................................... 23

теорија на непосредно гаѓање

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: теорија на непосредно гаѓање

Содржина

Вовед...............................................................................3

·Поим за непосредно гаѓање...................................................................4

·Теорија на непосредно гаѓање...............................................................5

1. Гаѓање на подвижни цели.............................................................5

2.Специфичности на гаѓање цели во воздушен простор............10

3.Пресметување на претекнувањето при гаѓање цели во

воздушен простор...........................................................................11

4. Гаѓање низ меѓу простори, покрај крилата и преку сопствената

единица.............................................................................................13

·Агол нa видливост................................................................................21

Заклучок..................................................................................................23

Page 2: теорија на непосредно гаѓање

Вовед

Гaѓање е процес на подготовка и испитување - лансирање на одреден број на проектили

на некоја цел заради остварување на оган кон целта, обука или испитување. Гаѓањето се

реализира во неколку етапи:

- поседување на огнена позиција

- подготовка на гаѓањето

- отварање на оган

- прекин на оган

чијашто реализација е неопходна за да имаме успешно гаѓање.

Разните начини на гаѓања овозможуваат нивна класификација според сличните особини

својствени само за тој тип на гаѓања.

Некои од тие класификации се:

- спрема начинот на нишанење;

- спрема видот на проектили и начинот на подесување на запалките и

- спрема обликот на патеките

во која од голема важност е првата поделба (спрема начинот на нишанење) која го дели

гаѓањето на посредно, полупостредно и непосредно гаѓање коешто е всушност предмет на

истражување во оваа семинарска работа.

Page 3: теорија на непосредно гаѓање

· Поим за непосредно гаѓање

Непосредно гаѓање е она гаѓање во кое целта се гаѓа од огнената позиција, се нишани

непосредно а резултатите од гаѓањето се набљудуваат од огнена позиција. Непосредното

гаѓање има неколку предности во однос на посредното, токму затоа постои стремеж

истото да се практикува повеќе.

Некои од тие предности се:

1. поедноставно и поточно одредување на елементите на гаѓање, побрзо насочување

на орудието во целта и побрзо отварање на оган;

2. посигурно и побрзо ракување со огнот без примена на технички средства за врска

или нивна евентуална примена на мали растојанија и

3. голема веројатност на погаѓање на цели со мала вертикална површина и цели

коишто се движат, посебно на мали далечини на гаѓање ,поголема брзина,

ефикасност и економичност за извршување на задачата.

Постојат голем број на огнени задачи за чиешто извршување е неопходно да се примени

непосредното гаѓање за да се постигне директен погодок во целта или пак да се заштеди

на време и муниција.

Според некои особини на целите и начинот на извршување гаѓањето може да се подели

на:

- гаѓање на неподвижни цели и

- гаѓање на подвижни цели.

Непосредното гаѓање се врши на мали далечини и од огнени позиции коишто

непријателот може да го набљудува и гаѓа со целото свое вооружување. Токму поради тоа

Page 4: теорија на непосредно гаѓање

организирањето и изведувањето на ова гаѓање се реализира во многу тешки услови и

ризик на губитоци отколку кај другите видови гаѓања.

· Теорија на непосредно гаѓање

1. Гаѓање на подвижни цели

Гаѓањето на подвижни цели (во услови кога се движат нишанџијата и\или целта) е многу

посложено од гаѓање на неподвижни бидејќи меѓусебниот однос на нишанџијата и целта

постојано се менува.

Page 5: теорија на непосредно гаѓање

На слика 1 даден ни е типичен пример на претекнување кадешто стрелецот означен како

точка О отвара оган на целта која се движи на правец CB со брзина v. Курсниот агол на

целта има вредност q. Ако за нишанска точка го земеме центарот на целта, а истрелот се

истрела во моментот кога целта била во време C, гаѓањето нема да се изврши успешно

бидејќи за време на летот на проектилот (t) целта го поминува патот од точката C во

точката B. За да ја погоди целта нишанџијата треба да овозможи средба на целта (точката)

со проектилот, имено потребно е да нишани во точката B која лежи на траекторијата на

движењето на целта.Величината на претекувањето зависи од брзината на целта, правецот

на негово движење и далечина на гаѓање. Се пресметува по правец и далечина.

Формулата за претекнување по правец е

Prp= s ◦ sinq

кадештоза s=vc*t заменуваме и добиваме

Рr = v ◦ t ◦ sinq.

Формулата за претекување по далечина е

Рrd = s ◦ cosq

каде за s = vc ◦ t добиваме

Prp = v ◦ t ◦ cosq

Пример : Се врши гаѓање со пушкомитралез 7,62 М72 на далечина од 500m. Целта се

движи со брзина од 3m/s под агол од 30o од десно на лево за време 1,03s. Колку е

претекувањето по далечина?

Дадено: vc=3m/s; q=30o ; t=1.03s

Се бара: Prd = ?

Решение: Prd = Vc ◦ t ◦ cosq = 3m\s ◦ 1.03s ◦ cos30o = 3.09m ◦ √3\2 =2.7m

Заклучok: Претекнувањето по далечина Рrd може да се занемари бидејќи практично не

делува на промената на нишанот, имено средбата со проектилот ќе биде во моментот кога

целта се наоѓа на 497m (занемарлива разлика).

Page 6: теорија на непосредно гаѓање

При гаѓање од пешадиски противоклопни средства претекувањето по далечина треба а се

земе предвид бидејќи времето на лет на проектилот и брзината на оклопните цели на

проектилот е поголема, а патеката пострмна.

Пример: Тенк во момент на испалување на тромблонска кумулативна мина се наоѓа на

далечина од 150 m. Ако неговата брзина изнесува 25 km/h (7/s) за време на летот на

мината тој ќе мине 19m пат. Иако претпоставуваме дека тенкот се движел во рамнина на

гаѓање кон тромблонистот, мината која е истрелана со нишан 150 ќе прелета над целта

(префрлување), иако сите работи (нишањене и окинување) се правилно извршени.

Заклучок: Треба да се помести нишанската точка пониско.

Во услови на современа војна , единиците може да се најдат во ситуација да отворат оган

од оклопни транспортери, камиони, тенкови, десантни пловни средства, т.е стрелецот е

подвижен. Тогаш правилата за гаѓање се усложнуваат и разликуваат од

гореспоменатите(слика 2).

Пример: Стрелец наоружан со полуавтомацка пушка 7,62 mm М59/66 се превезува со

камион кој се движи со брзина Vк= 22km/h. Целта е неподвижна а се наоѓа лево од

правецот на движење на камионот на далечина од 300m. Ќе разгледаме 3 различни случаи

на гаѓање:

I СЛУЧАЈ-слика3 : Стрелецот не води сметка за дејството на движењето на превозното

средство од кое се гаѓа и

Page 7: теорија на непосредно гаѓање

притоа се јавуваат повеќе посебни ситуации при сложување на силите(правило од

физиката). Ако на едно тело дејствуваат две сили со различна насока но ист интензитет

телото нема да се движи ниту во една ниту во друга насока на двете сили туку ќе се движи

по правила на дијагоналата на паралелограм.

Значи зрното пред опалувањето се движело со брзина на камионот(6m/s) но после

опалувањето се движи како што е прикажано на слика 80- дијагонално.

Величината на отстапување од правецот на цевката се одредува според следново :

Кога проектилот е исфрлен од полуавтоматска пушка М59/66 за време t=0.55 =› s=300 m,

за тоа време камионот со брзина на движење Vк= 22km/h=6m/s ќе помине пат:

sk = vk ◦ tz

кадешто: sk – пат

vk – брзина на двиење на камионот m/s

tz – време на лет на проектилот

од таму следува дека sk =6 ◦ 0,5=3m.

Заклучок: За да се погоди неподвижна цел од подвижното возило (се движи под агол од

90◦) треба со полуавтоматската пушка да се нишани 3m лево од целта ( 6 фигури на човек)

бидејќи камионот се движи на десно од самата цел.

Page 8: теорија на непосредно гаѓање

II СЛУЧАЈ: Целта и стрелецот се движат во спротивна насока. Во овој случај поправката

поради движење на целта и поправката поради движење на стрелецот се собираат.

Доколку гаѓањето се извршува од десната страна на возилото нишанската точка треба да

се одреди на десно и обратно доколку се гаѓа од лево нишанската точка треба да се одреди

на лево.

Автоматска пушка 7,62 mm M70 AБ2

Далечина

во метри

Стрелец којшто трча Моторно возило

3m/s 10km/h 20km/h 30 km/s 40 km/s

претекнување

Во m Вофигури Во метри

100 0,44 1 0,41 0,82 1,23 1,64

200 0,97 2 0,90 1,80 2,70 3,60

300 1,60 3 1,48 2,96 4,44 5,92

400 2,36 5 2,19 4,38 6,57 8,76

500 3,29 7 3,04 6,08 9,12 12,16

600 4,30 9 3,99 7,98 11,97 15,96

700 5,38 11 4,98 9,96 14,94 19,92

800 6,35 13 5,98 11,80 17,70 23,60

Полуавтоматска пушка 7.62 mm AB1

100 0,4 1 0,4 0,8 1,1 1,52

200 0,9 2 0,8 1,7 2,5 3,3

300 1,5 3 1,4 2,7 4,1 5,4

400 2,1 4 2,0 3,9 5,9 7,9

500 2,9 6 2,7 5,4 8,1 10,8

600 3,9 8 3,6 7,1 10,7 14,3

700 4,9 10 4,5 9,0 13,6 18,1

800 6,0 12 5,5 11,0 16,5 22,0

Пушкомитралез

100 0.42 1 0.39 0.78 1.17 1.56

Page 9: теорија на непосредно гаѓање

200 0.93 2 0.86 1.72 2.58 3.44

300 1.53 3 1.42 2.83 4.25 5.67

400 2.25 5 2.08 4.17 6.25 8.33

500 3.09 6 2.86 5.72 8.58 11.44

600 4.05 8 3.75 7.50 11.25 15.00

700 5.07 10 4.69 9.35 14.08 18.78

800 6.18 12 5.72 11.44 17.17 22.89

900 7.41 15 6.86 13.72 20.58 27.44

1000 8.73 17 8.08 16.17 24.25 32.33

2.Специфичности на гаѓање цели во воздушен простор

Во практика се јавуваат голем број на специфичности на гаѓање во воздушен простор

како резултат на карактерот на целта и условите на гаѓањето , што го чинат самото гаѓање

на овие цели потешко или полесно.

Некои од тие специфичности се:

1. послугата на авионот ќе настојува да се доближи до објектот на напад прикриено,

но откако ќе се открие може да се гаѓа со пешадиско вооружување ;

2. осетливите делови на авионот се релативно мали, што значи дека тој треба да биде

погоден повеќе пати за да дојде до нивно оштетување ;

3. огнените средства треба да бидат во постојана борбена готовност посебно дење;

Page 10: теорија на непосредно гаѓање

4. гаѓањето под поголеми елевациони агли бара подобра подготвеност на стрелците

(полнење на митролезот, нишањене,одредување на претекувањето, отклонување на

застоите и др.) која е многу посложена отколку кај гаѓање цели на земја;

5. менувањето на нишанот за време на гаѓањето не е можно така да нишанџиите мора

да знаат да го одредат нишанот кој одговара на далечината до целта во моментот

на отварањето на огнот;

6. за време на лет на зрното целта поминува голем пат па потребно е да се одреди

претекнувањето чија величина зависи од брзината на авионот и времето на летање

на проектилот- кое зависи од далечината на гаѓање;

7. за брзо одредување на брзината на авионот и далечината, потребна е добра

извежбаност и искуство на набљудувчите и сите останати војници и старешината;

8. изненадното појавување на непријателските авиони може да има негативно

морално дејство и на луѓето на единицата и да ја намали брзината на отварање на

огнот и нејзиниот успех посебно кај единиците кои за тоа не се добро подготвени.

3.Пресметување на претекнувањето при гаѓање цели во воздушен простор

За успешно гаѓање на цели во воздух, најважен предуслов е да се одреди правилно

величината на претекнување. Притоа се претпоставува дека целта се движи хоризонтално

(статична висина) рамномерно праволиниски кадешто v=const.

Page 11: теорија на непосредно гаѓање

На слика 4 нишанџијата гаѓа во точката Ap(точка на претекнување ) во оној момент кога

целта се наоѓа во точката Ао (точка на опалување).Од самиот цртеж може да заклучиме

дека патот v што го поминува авионот за за време на летот на зрното кон точката на

претекнување е еднаков на:

s=v ◦ t

кадешто:

v – брзина на авионот

t – времето на лет на зрното

Оваа величина за којашто е поместена нишанската точка пред целта се вика претекнување

по правец (р). Битен елемент е оддалеченоста Dp бидејќи времето на летање на целта

(авионот) од точката Ао до точката Ар мора да биде еднакво на времето на летање на

зрното до точката Аp .

Пример: Се извршува гаѓање со митролез 7,9mm М53 кадешто

Дадено е : Dp=500m; Va=150 m/s ; tz=0.85 s

Се бара: p=?

Решение: p=va ◦ t =› p= 150 m/s ◦ 0.85 =127 m

Заклучок : За да се погоди целта HT треба да биде поместена во однос на авионот за 127

m во правец на неговото летање. При ова одредување на величината во просторот се

јавуваат голем број на грешки бидејќи нишањенето со претекнување во метри е многу

Page 12: теорија на непосредно гаѓање

непогодно и непрецизно. Попрецизна варијанта за одредување на величината на

претекнување е онаа според величините на силуетите на целта, пришто равенката p=v*t

се трансформира во , кадешто l е должина на авионот во

метри.

Доколку во горниот пример претпоставиме дека l=19m од горната формула добиваме:

На слика 5 прикажано е претекнувањето спрема пресметаниот број на фигури од предниот

дел на трупот на авионот.

Најпогоден момент за отварање на оган е кога авионот понира или се оддалечува после

понирање.Тогаш гаѓањето се извршува без претекнување, со нишанење во главата на

авионот кој понира или во опашката на истиот ако се оддалечува. Во сите останати случаи

при ваков вид на гаѓање се зазема претекнување (пример слика 6 ).

Page 13: теорија на непосредно гаѓање

4. Гаѓање низ меѓу простори, покрај крилата и преку сопствената единица

Честопати се укажува можност во зависност од распоредот на единиците и обликот

на земјиштето да се отвори оган низ меѓупростори, покрај крилото или преку

сопствените единици.

Во овие услови само старешината и послугата која има одлични теоретски

познавања од огнена обука и техника може да ги уништува непријателските сили.

За постигнување на сигурност на единицата преку која или покрај која се гаѓа

неоходно е да се исполнат два услова:

i. Карактеристиките на огнена позиција, состојбата на целокупното

вооружување и муниција мора да бидат такви да ја исклучуваат можноста од

непредвидливи отстапувања на поединечни проектили или снопот на патеки

во целина ;

ii. аголот помеѓу оската на цевката и правецот на сопствената единица мора да

биде голем за да во потполност ја отстрани опасноста по сопственте

единици и најблиските проектили од снопот на патеки.

За исполнување на првиот услов неопходно е:

Page 14: теорија на непосредно гаѓање

- сите делови од опремата да бидат исправни ;

- прецизноста на цевката и точноста на гаѓањето мора да бидат

задоволнителни;

- куршумите мора да бидат херметички дотогаш затворени пакувања, а пред

гаѓањето убаво да се прегледаат;

- вооружувањето да биде така поставено што ногалките од постаментот да

пропаѓаат во земја за време на дејството ( не се менува елевацијата);

- оддалеченоста на целта и сопствената единица мора да бидат одредени што

поточно;

- на правецот на гаѓањето несмее да има предмети кои би можеле да го свртат

проектилот во несакана насока.

За исполнување на вториот услов мора да постои агол на сигурност кој за одредени

далечини го пропишува правилото на вооружувањето според кое ова гаѓање може

да се изведува.

За агол на сигурност се смета најмалиот простор помеѓу правецот на крилото на

сопствената единица и рамнината на гаѓање кога сопствената единица при

отварање на оган не трпи губитоци.

Page 15: теорија на непосредно гаѓање

Пример: Се гаѓа со митралез на далечина од 600m кадешто сопствената единица се

наоѓа на 100m пред огнената позиција на митралезот. Треба да се пресмета аголот

на сигурност.

Решение: За пресметка на аголот на сигурност треба да се земат следниве

чинители:

I. Растурање на погодоците

Рамнината на гаѓање мора да биде оддалечена од сопствената единица

толку да ниедна патека од снопот не ја допира нејзината страна. Тоа ќе се

постигне ако рамнината на гаѓање, односно средната патека се помрдне во

страна за 4 веројатни отстапувања, бидејќи толку е широка половина од

снопот на патеките.

Од таблиците за гаѓање се гледа дека Vp=5cm , но не треба да се занемари

фактот дека во борбени услови растурањето на погодоците може да биде 2

пати зголемено, па затоа Vp=10 cm, т.е 4◦10 cm. Ширината од 4Vp=40cm на

Page 16: теорија на непосредно гаѓање

далечина од 100m се поклопува по агол од 4 илјадити ( ) – прв

составен дел од аголот на сигурност.

II. Можност на скршнување на проектилот(зрното) поради страничниот

ветер

Страничниот ветер има многу големо дејство на помрднување на зрното во

правец, одколку ветерот кој дува долж правецот на гаѓање на отстапувањето

на патеката по висина.

Така на пример :Ветер со брзина од 10m кој дува под агол од 90◦ на правецот

на гаѓање ќе го сврти зрното за време на неговото летање до 100m за 0,1m.

Брзината на ветерот неможе точно да се изврши за време на задачата, па така

усвоено е да брзината на ветерот извесува 20m/s(72km/h), па на далечина од

100m зрното отстапува 0,2 m. Претставено во агловни единици , ова

отстапување изнесува 2 илјадити ( ) што го претставува вториот

составен дел од аголот на сигурност.

III. Можни грешки во нишанење по правец

Грешката во нишанење по правец е неизбежна колку и да добро е обучен

нишанџијата. Освен тоа за време на отварање на огнот сопствените единици

може да се поместат па затоа заради сигурност усвоено е грешката по правец

да достига и 20 илјадити. Оваа грешка е многу ретка, но се зема во предвид

заради 100% заштита на сопствената единица. Поради тоа правецот на гаѓање

мора да биде поместен од крилото на сопствената единица за U=4+2+20=26

илјадити. Теоретски се зема и величината на деривацијата, но таа се

занемарува на далечините на кои дејствува митралезот.

IV. Психолошка величина

Page 17: теорија на непосредно гаѓање

Доколку за аголот на сигурност ја усвоиме величината од 26 илјадити, снопот

од патеки во најнеповолни услови би поминувал по сопствените единици.

Иако крајната странична патека не би ги загрозувала, тоа би влијаело

неповолно врз луѓето кои се наоѓаат на крилата. Поради тоа се воведува

додатна, психолошка резерва од 5m, па затоа правецот на гаѓање треба да се

помести од крилото на сопствената единица за агол од 0-50 ( )

такашто страничната патека и во најнеповолни ситуации ќе биде оддалечена

од човекот на крилото 5m. Аголот на сигурност изнесува 0-76, што е

заокружено на 0-80. Овие пресметани вредности се даваат табеларно во

правилата. Така на пример: од таблицата на митралезот 7,9mm М53 ќе

забележиме дека на помали далечини аголот на сигурност е доста поголем.

Ова се објаснува со психолошката резерва којашто на сите далечини изнесува

5m.Само поради психолошката резерва аголот на сигурност изнесува 100

илјадити на далечина од 50m;0-50 на 100m,а 0-25 на 200m итн.

Аголот на сигурност се мери помеѓу правецот на гаѓање и крилото. Тоа значи

дека гаѓањето низ меѓу простор ќе биде безопасно по сопствените единици

само кога во двете страни на рамнината на гаѓање постои агол на сигурност.

Така на пример низ меѓу простор на сопствената единица која се наоѓа на

100m од огнената позиција на митралезот може да се гаѓа само ако величината

на аголот на сигурност изнесува најмалку 0-80 во двете страни од рамнината

на гаѓање.

Кога меѓупросторот е голем, така што по мерењето на аглите на сигурност од

секое крило во средината останува уште простор, тој простор се користи за

гаѓање на повеќе цели кои се распоредени по правец.Според добиената задача

и одредениот реон командирот на одделение одредува место за огнена

позиција според пропишаните критериуми, утврдува и посебен услов кој

огнената позиција треба да го задоволи бидејќи пред него се наоѓа сопствената

единица.

Page 18: теорија на непосредно гаѓање

На пример:

- далечината до меѓупросторот низ кој треба да се гаѓа изнесува 50m;

- според таблицата за гаѓање на далечина од 50m аголот на сигурност мора да

биде 1-20;

- со мерење се утврдува дека аголот од линијата на гаѓање до десното крило на

сопствената единица изнесува 1-80, а помеѓу линијата на гаѓање и левото

крило изнесува 1-00;

Според тоа може да се заклучи:

- местото не овозможува гаѓање низ меѓупростор на сопствената единица ;

- вкупниот меѓупростор е доволно голем и може да биде искористен за гаѓање;

- потребно е да се одреди нова огнена позиција, десно од веќе одредената со

што ке се добие агол на сигурност најмалку 1-20 во секоја страна од

правецот на гаѓање.

За одредување на аголот на сигурност преку сопствената единица треба да се

земат следните фактори (се врши гаѓање од митралез 7,9mm М53 кога

сопствената единица се наоѓа на далечина од 600 m);

Табличен агол

Неопходно е цевката да се постави под одреден агол. На далечина од 600m

одговара табличен (нишански) агол од 9 илјадити (0-90).

Неопходно е да се подигне патеката на зрното со што би поминало над

сопствената единица, при што величината Т=0-09 ја означуваме како

основен дел од аголот на сигурност.

Агол на вредност на човековата висина

Сопствените единици може да се наоѓаат во разни ставови на гаѓање

(лежечки, стоечки, клечечки и др), па логично е патеката на зрното да ја

подигнеме најмалце за висината на човекот.

Page 19: теорија на непосредно гаѓање

Поради тоа ја земаме најголемата висина од 2m, што според

, аголот на цевката треба да се зголеми за 3 илјадити што

заедно со табличниот агол изнесува 12 илјадити (9+3).

Агол на вредност на сликата на погодоци

Од таблиците за гаѓање кои се однесуваат на средната патека можеме да заклучиме

дека постои опасност деловите од сопствената единица да бидат погодени со

долниот дел од снопот на патеки. На далечина од 600m висината на долната

половина е 132cm. Во борбени услови растурањето во практиката може да биде 2

пати поголемо од вредностите на таблиците за гаѓање. Значи во практични услови

долната половина на снопот може да биде висока 264cm. Претставено со аголна

вредност тоа изнесува 4 илјадити. Заедно со претходните елементи

тоа изнесува 9+3+4=16 илјадити.

Грешка при гаѓањето

Грешките при гаѓањето се неизбежни без разлика на стручноста на нишанџијата

освен тоа за време на гаѓањето (особено на почетокот) неможе да се спречи

пропаѓањето на постаментот. Поради тие причини како 4 елемент на аголот на

сигурност се зема грешката од 0-05 илјадити. При одредување на аголот на

сигурност не треба да се занемарат грешките при :одредување на далечина на

сопствената единица и дејство на метеролошките услови (тие би можеле да ја

поместат патеката надолу ). Затоа, грешката при оцена на далечината до

сопствената единица се зема до 10%, пониска температура на воздухот од

нормалната за 30оC, брзината на челниот ветер 20m/s,понизок воздушен притисок

за 50 милибари, што севкупно дава грешка од 2 илјадити.Собирајќи ги сите

горенаведени агли добиваме агол на сигурност од 0-23 илјадити. При агол од 23

илјадити снопот на патеки поминува преку главата на сопствената единица

којашто се наоѓа во стоечки став на 600m пред митралезот.При истовремено

Page 20: теорија на непосредно гаѓање

дејство на сите услови најниската патека би поминала над главите на единицата.

За да се избегне тоа усвоена е т.н. психолошка резерва од 1,5 до 3m.Тоа значи дека

цевката на митралезот би требала да се подигле за уште 5 илјадити ( ),

што ја зголемува конечната величина на аголот на сигурност која изнесува 28

илјадити.

Вредноста на аголот на сигурност од 28 илјадити потполно ја исклучува

опасноста по сопствената единица бидејќи најблиската патека од снопот и во

најнеповолни услови ќе биде 3m над главата на сопствената единица.

V. Мерење на аголот на сигурност

Знаејќи ги елементите коишто се земаат во предвид при одредувањето на

аголот на сигурност се наметнува прашањето како и со кои инструменти

истиот да се измери.Тоа се прави со помош на нишанскиот агол,имено агол

помеѓу оската на цевката и нишанската оска, агол помеѓу линијата на гаѓање и

нишанење.

На пример: На митралезот 7,9 mm M53 има 19 нишански агли (најмал со

ознака 2, најголем со ознака 20 ).

Аголот на сигурност 28 илјадити може да се конструира со нишанот 13. Така

ако митралезот и сопствената единица се наоѓаат на иста висина а сопствената

единица се наоѓа 600m, гаѓањето нема да биде опасно само во случај кога

целта не е поблиску од 1300m. Значи нишанот од 13 во оваа ситуација е најмал

нишан на сигурност.

Кога сопствената единица би се наоѓала на далечина од 175m аголот на оваа

далечина изнесува 0-35 илјадити. Овој агол ќе го добиеме со нишанскиот број

15 што значи дека на рамно земјиште не би смееле да гаѓаме преку

сопствената единица ако целта се наоѓа поблиску од 1500m. Кога сопстената

единица е 100m пред огнената позиција нишанот на сигурност треба да

изнесува 17,5 што значи не би можеле да отворием оган на цели коишто се

поблиску до 1750m. Знаејќи дека митралезот се употребува на далечина до

Page 21: теорија на непосредно гаѓање

1000m(група на митралези до 1500m) гаѓањето преку сопствената единица

кога митралезот и целта се наоѓаат на иста височина практично е

неостварливо. Но кога висината на која се наоѓаат митралезот и целта се

различни постојат услови да се обезбеди агол на сигурност за гаѓање преку

сопствената единица.

На пример: Гаѓање со митралез каде нишанот на сигурност изнесува 15 а

далечината до целта 800m, се изведува во неколку чекори. Прво, механизмот

за автоматско косење по правец се поставува на 0. Второ се нишани во целта

со нишан број 8 бидејќи таа се наоѓа на 800m далечина. Трето не

помрднувајќи го митралезот гајката на нишанот се псотавува на оној нишан

кој одговара на нишанот на сигурност (за далечина од 175m до сопствената

единица нишанот на сигурност изнесува 15). Гледајки низ нишанот и

мушичката, доколку линијата на нишанење со поделбата 15 поминува над

сопствената единица, гаѓањето преку нив е без опасност тие да бидат

погодени.

Не треба да заборавиме еден битен елемент- митралезот мора да биде утврден

по правец и висина, уредот за автоматско косење поставен на 0 со што ќе се

намали елевацијата и веројатноста да се наруши аголот на сигурност. Затоа

пред гаѓање преку главата на сопствената единица неопходно е да се истрала

подолг рафал за да се провери стабилноста на постаментот.

· Агол на видливост Во практика во борбени услови честопати старешината на единицата треба да

ја одреди огнената позиција за гаѓање преку сопствената единица. При

одредувањето треба прецизно да се одреди аголот на сигурност.

Page 22: теорија на непосредно гаѓање

На слика 8 прикажан е аголот ан сигурност т.е аголот помеѓу продолжената оска на

цевката и правецот насочен кон сопствената единица. Со линијата на нишанење

аголот на сигурност е поделен на 2 дела. Горниот агол е нишанскиот агол, којшто

при подготовка на гаѓање неможе да се мери бидејќи неможе да се материјализира

оската на цевката. Затоа пак, долниот агол може да се измери со инструменти за

мерење на агли (пример двоглед). Долниот агол којшто се гледа на земјиштето се

нарекува агол на видливост, којшто се добива кога од аголот на сигурност ќе го

одземеме нишанскиот (табличниот) агол.

Пример: кога сопствената единица е на оддалечена 200m мора да постои

најмал агол на сигурност 0-32 за да гаѓањето биде безопасно. Ако од овој агол

го одземеме нишанскиот агол за D = 800m ( Т = 0-14) ќе добиеме 32-14=18

илјадити (0-18). Кога би го одзеле нишанскиот агол за 1000m би добиле 32-

20=12 илјадити агол на видливост.

Заклучок: величината на аголот на видливост зависи од оддалеченост до целта

и до сопствената единица. Оценка на валидноста на предвидената огнена

позиција за митралезот може да се даде само врз основа на мерење на аголот

на видливост.

Пример: Сопствената единица се наоѓа на 100m пред местото коешто

командирот го одредува за огенна позиција на митралезот. Одалеченоста до

целта е 600m. Командирот измерил (со двоглед) дека аголот на видливост е 40

Page 23: теорија на непосредно гаѓање

илјадити. Знаејќи дека за вакви услови на гаѓање најмалиот агол на видливост

треба да биде 0-37 илјадити (од аголот на сигурност 0-47 е одземено 10

илјадити колку што изнесува нишанскиот агол за 600m). Заклучуваме дека

гаѓањето преку сопствената единица не е опасно (измерениот агол на

видливост не е помал од 0-37) митралезот може да ја поседне предвидената

огнена позиција.

Пример: Командир на оделение измерил агол на видливост 0-15 од

предвидената огнена позиција. Сопствената единица е на 200m пред

предвиденото место за огнена позиција, далечината до целта е 700m така да

најмалиот агол на сигурност мора да биде 0-20. Аголот на видливост изнесува

0-15 така да командирот на оделението требал да се повлече наназат и да

одбери огнена позиција од повисоко песо со што би се зголемил аголот на

видливост и гаѓањето би било побезбедно преку сопствената единица.

Заклучок

Page 24: теорија на непосредно гаѓање

Непосредно гаѓање е она гаѓање во кое целта се гаѓа од огнената позиција, се нишани

непосредно а резултатите од гаѓањето се набљудуваат од огнена позиција. Непосредното

гаѓање има неколку предности во однос на посредното, токму затоа постои стремеж

истото да се практикува повеќе.

Според некои особини на целите и начинот на извршување гаѓањето може да се подели на

: гаѓање на неподвижни цели и гаѓање на подвижни цели.

При непосредното гаѓање треба да се внимава на низа на величини доколку сакаме тоа да

биде ефикасно и економично. Една од тие величини е претекувањето којашто се

пресметува по правец и далечина зависи од:

- брзината на целта;

- правецот на негово движење и

- далечина на гаѓање.

Кога се гаѓа низ меѓу простори, покрај крилата и преку својата единица треба да се

исполнат два услови:

1. Карактеристиките на огнена позиција, состојбата на целокупното вооружување и

муниција мора да бидат такви да ја исклучуваат можноста од непредвидливи

отстапувања на поединечни проектили или снопот на патеки во целина ;

2. Аголот помеѓу оската на цевката и правецот на сопствената единица мора да

биде голем за да во потполност ја отстрани опасноста по сопственте единици и

најблиските проектили од снопот на патеки.

Некои поважни критериуми за исполнување на првиот услов :

- сите делови од опремата да бидат исправни ;

- прецизноста на цевката и точноста на гаѓањето мора да бидат задоволнителни;

- оддалеченоста на целта и сопствената единица мора да бидат одредени што

поточно;

Важен критериум за исполнување на вториот услов :

- агол на сигурност.

Page 25: теорија на непосредно гаѓање

Користена литература

Теорија на гаѓање - Сашко Гелев

Правило пушака и пушкомитралеза 7.62 mm

Правило митралез 7.62 M84

Интернет( www.google.com ; www.wikipedia.org )