28
СТАРТ НА ТРИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА НА ЕУ - ИПА 2007 ОБУКА ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ПРИ РЕВИЗИЈА КОРИСТЕЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДЕКЛАРАЦИИ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ РЕВИДИРАНАТА КЈОТО КОНВЕНЦИЈА царина / Гласило на Царинската управа на Република Македонија / септември 2009 / број 13 /

царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

  • Upload
    others

  • View
    34

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

СТАРТ НА ТРИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА

НА ЕУ - ИПА 2007

ОБУКА ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

ПРИ РЕВИЗИЈА

КОРИСТЕЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ

ДЕКЛАРАЦИИ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

РЕВИДИРАНАТА КЈОТО КОНВЕНЦИЈА

царина/ Гласило на Царинската управа на Република Македонија / септември 2009 / број 13 /

Page 2: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,
Page 3: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

3

НОВОСТИ

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

СОДРЖИНА

• СЕМИНАР ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ТРГОВСКИ МАРКИ

• СТАРТ НА ТРИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА НА ЕУ - ИПА 2007

• ОБУКА ЗА КОНТРОЛА ПРИ РЕВИЗИЈА

• ТРЕНДОВИ ВО НЕЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА СО ЦИГАРИ

• ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ

ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

4

5

5

6

6

7

8

9

11

12

13

14

19

24

27

• КОРИСТЕЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДЕКЛАРАЦИИ

ВО ЦАРИСНКОТО РАБОТЕЊЕ

• ПРИМЕНА НА УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПУШТАЊЕ ВО

СЛОБОДЕН ПРОМЕТ НА СТОКИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

• УЛОГАТА НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО

СОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

• СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ, ИЗВОЗ И ТРАНЗИТ

НА СТОКА И ЗАПЛЕНА НА СТОКА СО КОЈА СЕ ПОВРЕДУВААТ

ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

• ОТКРИЕНА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ЕКСТАЗИ

• ПРИКАЗНА НА ЕДЕН ЦАРИНИК

• АКТИВНОСТИ И МЕРКИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ

ЦАРИНСКИ ИЗМАМИ

• КОНВЕНЦИЈАТА НА СВЕТСКАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ЗА ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ

ПОСТАПКИ (РЕВИДИРАНА КЈОТО КОНВЕНЦИЈА)

• ЛЕТНА ПРАКСА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ

• МОЕТО ИСКУСТВО ОД ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Page 4: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

4

НОВОСТИ

СЕМИНАР ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ТРГОВСКИ МАРКИ

Царинската управа, во соработка со SNB REACT - европ-ска мрежа против фалсификување, на 17 септември 2009 година организираше семинар за препознавање на трговски мерки за заштита на интелектуална сопстве-ност. Семинарот го отворија Роналд Бром, директор на SNB REACT, а на присутните царински службеници и па-зарни инспектори им се обратија и директорот на Ца-ринска управа Ванчо Каргов и директорот на Државни-от пазарен инспекторат Сашо Аќимовски.

Семинарот претставува продолжение на континуирана-та обука за оспособување на царинските службеници и пазарните инспектори за препознавање на фалсифику-вани производи. Целта на семинарот е запознавање на учесниците со карактеристиките на заштитените про-изводи: Coty Prestige, Estee Lauder, G-Star., Tommy Hilfi ger, Chanel, L’Oreal, Unilever, LVMH, Canon, Epson и Kyocera Mita.

На семинарот претставници и менаџери за заштита на споменатите трговски марки, чиј правен застапник е SNB REACТ извршија повеќе практични презентации за нивна идентификација.

СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНОТО ТЕЛО

На 3 септември 2009 година во просториите на Ца-ринската управа се одржа редовен состанок на Сове-тодавното тело на кој присуствуваа претставници од Царинската управа, Стопанска комора на Република Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија, МАКАМТРАНС и Македонија сообраќај - АМЕРИТ. Беа разгледувани за-клучоците донесени на претходните состаноци за кои беше утврден висок степен на реализација, како и пред-лог амандманот содржан во одлуката на Администра-тивниот комитет за ТИР Конвенција со кој се предви-дува зголемување на максималното ниво на гаранција по ТИР карнет од постојните 50.000 УСД на 60.000 евра. Македонија сообраќај - како надлежен орган за издавање на ТИР карнети во Република Македонија и членка на Меѓународното здружение за патен сообраќај (ИРУ), преку Министерството за надворешни работи ќе поднесе приговор до ООН како депозитар на ТИР Конвенцијата, од причина што зголемување на из-носот на гаранцијата може да предизвика зголемување на трошоците за издавање на ТИР карнет за транспор-терите од Република Македонија.Членовите на Советодавното тело беа информирани и за претстојните измени на Царинскиот закон и Законот за царинска тарифа заради воведување на новиот си-стем за обработка на царински декларации и безхарти-ената околина и за потребите од одржување на обуки и презентации за фирмите со цел да се запознаат со при-мената на поедноставените постапки и за проширување на Советодавното тело со нови членки.На состанокот беа усвоени следниве заклучоци:

1. Советодавното тело да даде целосна поддршка на Македонија сообраќај во поглед на приговорот кон Амандманот на Анекс 6 на Административниот комитет на УНЕЦЕ за ТИР конвенцијата; 2. Претставниците на стопанските организации да изготват и да достават до Советодавното тело акцио-нен план за планираните активности околу примената на поедноставените постапки и планирањето на обуки-те, како и да достават извештај за досега сработеното; 3. Советодавното тело да ја покани Американската стопанска комора во Македонија да земе активно уче-

Page 5: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

55

НОВОСТИ

ство во работата на Советодавното тело како негова полноправна членка.

ЕКСПЕРТСКА МИСИЈА ЗА ПРИМЕНА НА ТАРИК СИСТЕМОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Во рамките на програмата TAIEX на Европската унија на 17-18 септември 2009 година организирана е екпертска мисија за примена на ТАРИК системот на Европската унија. Целта на мисијата е да се обезбедат информации за ТАРИК, неговата примена и практичното менаџирање на тарифниот систем кој се користи во ЕУ и во Царина-та на Латвија. Предавач беше Атис Пилатс - експерт од царинската служба на Латвија, а присутни беа претстав-ници од сите сектори на Централната управа и на Цари-нарниците.

СТАРТ НА ТРИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА НА ЕУ – ИПА 2007

На почетокот на септември, со пристигнувањто на ек-сперти од царинските служби на ЕУ кои во наредните 18 месеци ќе директно ќе работат со македонските ца-рински службеници, започнаа проектните активности за нови два проекта за техничка помош на Царинската управа финансирани преку ИПА 2007: Техничка помош за понатамошно усогласување на националното со за-конодавството на ЕУ и Техничка помош за зајакнување на граничните контроли. Проектот за натамошно усогласување на национал-ното царинско законодавството со она на ЕУ преку примена на најдобри пракси и постапки во неговото спроведување, има за цел воспоставување на модерен царински систем, според стандардите на ЕУ. Проектот предвидува: анализа на отстапувањата на национал-ното царинското законодавство и царинските постап-ки со оние на ЕУ, изготвување на акциски план и под-готовка на текстови на правни акти, нивна измена или дополнување.

Паралелно со овој процес ќе се подготват нови поефи-касни царински постапки согласно стандардите на ЕУ, а ќе се изработи и план за обука и менторство на ца-ринските службеници и претставници на други држав-ни инсититуции и стопански субјекти, за воведување на новините во царинското работење. При реализацијата на проектот, во предвид ќе бидат земени и потреби-те од координација и подршка на неколку веќе започ-нати проекти во рамките на програмата ИПА, како и остварувањето на приоритетните стратешки цели на Царинската управа, воспоставувањето на нов елек-тронски систем за обработка на царински декларации, како и подготовка на транзитното законодавство и по-стапки. Проектот за зајакнување на граничните контроли има за цел да ги зајакне капацитетите на Царинската упра-ва во борбата против измамите, прекуграничниот кри-минал, корупцијата и борбата против нелегалната трговија. Проектот предвидува ревизија на старите и воведување на нови, модерни техники за спроведување на царинското закодавство (технологија и алатки од ти-пот на анализа на ризик), заштита на државната грани-ца и олеснување на прометот со стоки преку гранични-те премини. Во спроведувањето на проектот посебна грижа ќе се води за воспоставување на координација со другите институции за имплеметнација на новите по-стапки. Акцент ќе биде ставен на практичната при мена на Едношалтерскиот ситем и контролата при единстве-но застанување. Проектните активности претставуваат поддршка на заложбата за забрзување на граничните постапки и зголемување на ефикасноста во откривање на царински прекршоци, и подршка за натамошен развој на Интегрираното гранично управување во Ре-публика Македонија. Преку координирани активности со Проектот за тех-ничка подршка за подобрување на царинскиот ИКТ си-стем, кој исто така се реализира во рамките на Програ-мата ИПА 2007, како и други проекти кои се во фаза на имплементација и планирање, овие два проекта значи-телно ќе придонесат кон јакнење на административите капацитети за исполнување на стандардите на ЕУ.

ОБУКА ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ПРИ РЕВИЗИЈА

Во рамки на Проектот за техничка соработка помеѓу Ца-ринската управа на Република Македонија и Царинска-та управа на Холандија од 31 август – 2 септември 2009

Page 6: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

6

НОВОСТИ

година беше организирана обука за понатамошна под-дршка и зајакнување на Службите за надзор на имате-ли на одобренија (СНИО) и воведување на контрола на квалитет. Целта на обуката беше започнување на Програма за контрола и мерење на квалитетот на СНИО и на реви-зорските извештаи. Во рамките на обуката изработена е рамка за развој на контролата на квалитетот и Предлог програма за квалитет за процесот на ревизија со пра-шалници и стандардни форми за добивање на мислење за квалитетот на ревизиите, вклучувајќи нови теркови за записници од ревизија, досие (папки) за ревизија и ревизорски извештаи. Како продолжение на оваа обука во декември 2009 година ќе се организира евалуација на програмата за квалитет, врз основа на искуството од вклучените ра-ководители и царински службеници во пракса. Оваа евалуација ќе биде поддржана со специфична обука за тоа како да се подобри работата на СНИО и на квали-тетот на ревизијата, како и мерки за подобрување на мерењето на квалитетот на ревизијата.

ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈА И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ (ЕОРИ) БРОЕВИ

Одделението за обуки на 18 август 2009 година органи-зираше обука за користење на EORI броеви. Оваа обука претставуваше дел од активностите предвидени во Ме-морандумот за разбирање меѓу Република Македонија и Европската заедница (Програма Customs 2013), како и Стратегијата за обуки, каде електронското учење претставува нов начин на спроведување на обуките и

усвојување на знаења од страна на царинските службе-ници. Целта на оваа обука беше учесниците да бидат ин-формирани за тоа што претставува EORI бројот, кој тре-ба да поседува EORI број, каде може да се добие EORI број и законските регулативи поврзани со EORI бројот.

ТРЕНДОВИ ВО НЕЛЕГАЛНАТА ТРГОВИЈА СО ЦИГАРИ

На 27 август 2009 година како дел од Годишната про-грама за обуки и стручно оспособување на царинските службеници, одржана е обука на тема Трендови на иле-галната трговија со цигари. Целта на оваа обука беше учесниците да се запознаат со трендовите на илегална трговија со цигари на светско и локално ниво. Предава-чи на обуката беа вработени во Crown Agents, а на ис-тата учествуваа дел од вработените во Секторот за кон-трола и истраги. Оваа обука претставува уште една од активностите кои ги превзема Царинската управа за зајакнување на административниот капацитет.

ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Ре-публика Македонија и „Проектот на Светската банка при Министерството за правда на Република Македонија“ во месец септември организирааа обука за практич-на примена на одредбите од новиот Закон за прек-ршоци. На обуката, покрај членовите на Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Ре-публика Македонија коишто работат на оваа проблема-тика, присуствуваа и вработени во Девизниот инспек-торат при Министерството за финансии на Република Македонија. На обуката посебно беа обработени За-конот за девизно работење и прекршочните постапки поврзани со оваа правна материја.

Page 7: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

7

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

Царинската постапка за стоката се спроведува врз осно-ва на поднесени царински декларации. Царинската декларација претставува документ со кој физичко или правно лице бара некоја стока да се стави во опреде-лена царинска постапка. Царинска декларација подне-сува секое лице (физичко или правно) кое е во состојба да ја стави на увид предметната стока заедно со цело-купната документација која е потребна за примена на прописите со кои се регулира бараната царинската по-стапка.Многу често, царинската декларација се поистоветува со царинска декларација на пропишан образец, Един-ствена царинска декларација - ЕЦД, иако огромен број на царински постапки се спроведуваат врз основа на други видови на царински декларации и други начини на декларирање.

Царинскиот закон предвидува три основни видови на царински декларации:

- поднесени во писмена форма; - поднесени со употреба на техника за електронска обработка на податоци и - поднесени усно или на кој било друг начин со кој лицето кое ја поседува стоката бара ставање на стоката во царинска постапка.

Некои од царинските постапки врз основа на меѓу-народни конвенции кон кои Република Македонија пристапила може да се спроведуваат со друг вид на до-кументи различни од царинска декларација. Така, со ТИР карнет се спроведува транзитна постапка, со АТА карнет може да се спроведуваат повеќе различни по-стапки, како што се привремен извоз, привремен увоз, транзит, повторен увоз на привремено извезена стока, повторен извоз на привремено увезена стока.

Царинска декларација во писменаформа

Службен образец на царинска декларација во писме-на форма која се поднесува во редовна постапка е ЕЦД (единствен царински документ). Изгледот, содржината и начинот на пополнување на декларацијата, зависно од видот на постапката за кој се применува, е опреде-лен со „Правилникот за начинот на пополнување на ца-

ринската декларација и кодексот на шифри кои се упо-требуваат“.Ваков вид на декларација најчесто се поднесува од правни лица или нивни застапници (декларанти), во најголемиот дел од царинските постапки во кои уче-ствуваат.

Царинска декларација во електронска форма

Иако ваков вид на царинска декларација е предвиде-на со царинските прописи, заради ограничувањата на информатичкиот систем кој во моментов се користи во Царинската управа, електронските форми на царин-ските декларации не можат да бидат единствена фор-ма, и се поднесуваат заедно со царинска декларација во писмена форма. Иако постоечкиот систем овозмо-жува основна обработка на царинските декларации, користење на селективност како и анализа на ризик, се-пак не овозможува користење на само електронски ца-рински декларации. Со воведување на новиот систем за обработка на царински декларации, чија изработка е во тек, а првите модули (за транзит и извоз) е предви-дено да започнат да се применуваат кон крајот на годи-нава, ќе се воведе електронска царинска декларација во вистинската смисла. Ова значи дека електронска-та заринска декларација ќе постои само во електрон-ска форма. Се разбира, за потребите на учесниците во царинските постапки, ќе можат да се печатат хартиени документи, но тие документи неме да претставуваат ца-ринска декларација, туку само нејзин отпечаток. Така, овој печатен документ за транзит се нарекува транзи-тен придружен документ.

Усни царински декларации

Усни царински декларации имаат најголема примена при спроведување на постапката на граничните преми-ни. Се применуваат за извоз и увоз на некомерцијална стока која патниците (физичките лица) ја носат со себе, но може да се применува и за стока од комерцијална природа, (вкупна вредност по пратка и декларант да не надминува износ од 800 евра и нето маса од 1000 кг, пратката да не е дел од од редовна низа слични пратки и да не ја пренесува самостоен превозник како дел од поголем превоз на товар), како и за привремен увоз на следната стока:

КОРИСТЕЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДЕКЛАРАЦИИ ВО ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

Page 8: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

8

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

а) живи животни, опрема, амбалажа, опрема за радио и телевизиска продукција и емитување како и возила специјално прилагодени за таа намена, инстру-менти и апарати потребни на доктори за укажување на медицинска помош; б) лични предмети и предмети за спортување увезени од патници кои привремено влегуваат во Репу-блика Македонија и патници кои се враќаат од привре-мен престој во друга земја; в) транспортни средства за комерцијална и при-ватна употреба

Во овој вид на декларации спаѓа и „декларирање на друг начин“. Целата царинска постапка на граничен премин може да се спроведе и без воопшто да се де-кларира стока со царинска декларација или усно. При-мер за тоа е кога патникот со возило влегува во Репу-блика Македонија. Цариникот прашува што имате да пријавите, патникот одговара ништо, цариникот до-зволува да влезе патникот со возилото во Република Македонија. Иако во целиот разговор воопшто не е спо-мената највредната стока која патникот ја носи со себе - возилото, тоа не значи дека не се спровела царинска постапка, бидејќи цариникот не може а да не го забеле-жи возилото. На овој начин, без воопшто (усно или пис-мено) да се спомене возилото, се спровела царинска постапка на привремен увоз, привремен извоз, повто-рен увоз на привремено извезена стока или повторен извоз на привремено увезена стока.

Александар Томовски,Одделение за царински постапки

ПРИМЕНА НА УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПУШТАЊЕ ВО СЛОБОДЕН ПРОМЕТ НА СТОКИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

Согласно царинските прописи, предвидена е можност за поднесување на усна декларација за пуштање во слободен промет на стоки од комерцијална природа со примена на редовни увозни давачки. Овој начин на царинење овозможува големо намалување на трошо-ците кои ги имаат компаниите при увозно царинење на пратки со мала вредност, како и забрзување на самата постапка. Може да се спроведе на граничните преми-ни, со што се избегнува транзитна постапка, нема по-треба од влегување на терминал за да се изврши увоз-но царинење, нема поднесување на класична царинска декларација. Доколку се спроведува редовна царинска постапка, трошоците за нејзино спроведување кои ги плаќа увозникот го надминуваат износот на давачките кои се плаќаат, а најчесто се повисоки и од вредноста на стоката. За да може стоката да се оцарини со примена на усна декларација треба да бидат исполнети следните усло-ви: - вкупната вредност по пратка и по декларант не треба да го надминува износот од 800 евра во денар-ска противвредност и нето маса од 1000 килограми, - пратката не треба да биде дел од редовна низа слични пратки, - стоката не треба да биде пренесувана од страна на самостоен превозник како дел од поголем превоз на товар (збирни пратки), - стоката не треба да биде предмет на забрани или ограничувања или било која друга посебна формал-ност, - за стоката да не се бара враќање на претходно пла-тени увозни давачки.

Во овој случај, цариникот на странката и издава „Пот-врда за плаќање на давачките“ пропишана во Уредба-та за спроведување на Царинскиот закон и ги содржи следниве податоци:

- опис на стоката, доволно детален да овозможи нејзина идентификација, вклучувајќи и тарифна ознака, - фактурна вредност и количина на стоката, - преглед на пресметани и наплатени давачки, - датум на издавање, - назив на органот кој ја издал.

Page 9: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

9

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

Потврдата ја пополнува надлежниот царински службе-ник, и може да се применува и за правни и за физич-ки лица.

Примената на усната декларација има бројни предно-сти не само за увозникот, туку и за царинската управа, и е особено практична примената на усната декларација во царинските испостави каде што се царинат мали пратки кои пристигнуваат по пошта, со авион или пак на граничен премин. На овој начин царинските службе-ници се ослободуваат од обработка на голем број на до-кументи (транзитна декларација, царинска декларација за пуштање во слободен промет, евентуално збирна декларација или декларација за царинско складирање), што ја олеснува работата на цариниците и се намалува администрирањето кое е непотребно за стока со мала вредност и мал износ на давачки кои треба да се пла-тат.

Ренезијана Кипријанова,Одделение за царински постапки

УЛОГАТА НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА ВО СОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Внатрешната ревизија претставува незвисна и обје-ктивна активност на давање уверување и совет, дизајнирана да додаде вредност и да ги подобри про-цесите во Царинската управа. Таа и помага на Царинска-та управа да ги оствари своите цели преку систематски, дисциплинарен пристап на проценка и подобрување на ефективноста на менаџментот на ризик, контролата и управувањето.Внатрешната ревизија е планиран, организиран, кон-тролиран и систематски извршен процес на тестирање и анализирање податоци, документи, информации, компјутерски бази на податоци и друго со цел давање разумно уверувување, суд, проценка за моменталната состојба како и препораки (совети) за надминување на слабостите.

Одделението за внатрешна ревизија во Царинска-та управа е оформено во 2004 година и во моментот брои началник и двајца внатрешни ревизори. Бројот на внатрешни ревизори во блиска иднина ќе биде зголе-мен, имајќи ги во предвид заложбите на менаџментот за градење на современа и ефикасна Царинска управа ослободена од мито и корупција.

Внатрешните ревизори во Царинската управа ги спро-ведуваат ревизиите согласно Законот за јавна вна-трешна финансиска контрола (Службен весник на РМ бр.90/2009), Меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и Кодексот на етика на внатрешните ревизо-ри, издадени од меѓународниот Институт на внатрешни ревизори (The IIA) со седиште во Флорида, САД.

Основните приниципи на внатрешните ревизори во Ца-ринската управа се: независност и објективност, разу-мно уверување и совет, додавање вредност и помагање на менаџментот во управувањето со ризикот и контро-лата. Внатрешните ревизори во Царинската управа при извршување на своите работни задачи демонстрира-ат независност, објективност, стручност и интегритет. Согласно Законот, тие не смеат да извршуваат никакви други активности во Царинската управа што не се повр-зани со внатрешна ревизија. Тие исто така постојано се едуцираат со цел континуирано подобрување на ква-литетот на својата работа.

Тргнувајќи од амбициозните цели кои Царинската упра-ва си ги има поставено пред себе, ризиците кои нив ги загрозуваат се многубројни и од најразлична природа. За нивно соодветно покривање од круцијално значење е соодветниот дизајн и правилното функционирање на внатрешните контроли во сите процеси во Царинската управа. Токму затоа е и важна улогата на внатрешната ревизија како проценител на сите внатрешни контроли и консултант за нивно постојано подобрување.

Одделението за внатрешна ревизија својата работа ја извршува врз основа на одобрен Годишен план за рабо-та. Годишниот план за работа е изработен согласно прет-ходно дефинираните ризици од страна менаџментот на Царинската управа. Исто така имајќи ги во предвид за-ложбите на менаџментот за дефинирање на работните процеси преку креирање и примена на Упатства, Годиш-ниот план за ревизии за 2009 години содржи и ревизии на голем број од нив. Вонредни ревизии надвор од пла-нот се извршуваат и на барање на директорот на Ца-ринската управа. Меѓу поглавните ревизии извршени до овој момент во 2009 година (нехронолошки назначени) се следните:

- ревизија на Упатството за работа и постапување во случај на детектирање на зголемено ниво на јонизирачко (радиоактивно) зрачење; - ревизија на Упатството за користење и управување на службени возила во Царинската управа;

Page 10: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

10

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

- ревизија на начинот и постапката на задржување и исплата на надоместокот за месечна чланарина во Син-дикалната организација на Царинската управа и месеч-ниот надоместок за колективното осигурување на вра-ботените; - ревизија на регуларноста на спроведениот јавен оглас број 1/2009 за вработување на царински службе-ници во Царинската управа; - ревизија на процесот на спроведување на систе-матскиот преглед на вработените согласно Законот за безбедност и здравје при работа; - ревизија на процесот на обезбедување на стоките во магацинот во Тетово. - ревизија за наплатата на побарувањата врз осно-ва на користење на услуги за МАКЦИС со 31.12.2008година; - ревизија на регуларноста на постапката за јавна на-бавка на вршење на услуга за одржување на хигиена на граничните премини на Царинската управа; - ревизија на обемот на работа на Службата за лабараторија во 2009 година согласно Упатството за на-чинот на земање и испитување на мостри; - ревизија на процесот за спроведување на стру-чен испит и издавање на лиценца за вршење работи на застапување во царинските постапки; - ревизија на системот за видео надзор, снимање и трансмисија на Царинската управа

Извршени се и неколку ревизии заедно со експерти од Crown agents од кои позначајни се:

- ревизија на успешноста на Стратегијата на ЦУРМ за спречување на корупција; - ревизија на успешност (ефективност и ефикасност) во работењето на Одделението за оперативни работи во Секторот за контрола и истраги; - ревизија на ризиците од корупција поврзани со користењето на АСИКУДА++ во Царинската управа.

Од извршените ревизии констаирани се бројни нао-ди. Наодите се однесуват на слабости во дизајнот и функционирањето на внатрешните контроли во ревиди-раните процеси, но и несоодветна примена на делови од одредени Упатства, како и слабости во самите Упатства. По сите наоди дадени се препораки за подобрување на внатрешните контроли или воспоставување на нови поефикасни и поефективни. Со имаплементацијата на дадените препораки значително се подобрени ревиди-раните системи и процеси.Извршените ревизии се групирани во ревизии на усо-

гласеност, ревизии на успешност, системски ревизии и ИТ ревизии. Покрај нив постојат и финансиски ревизии, кои обично ги извршуваат надворешните ревизори од Државниот завод за ревизија, а поретко внатрешните ревизори.

ИТ ревизиите се посебен сегмент во практикувањето на внатрешната ревизија. Нивната комплексност и постојано менување ги прават извонредно сложени за извршување. Тие се нов предизвик како за нас, така и за внатрешните ревизори во цел свет, но и можност повеќе.Благодарение на експертите од Crown agents, знаењето и вештините за извршување на ИТ ревизии значително ни се подобрени. Со неможноста да се замисли извршување на ниеден процес во современото работење на Царинската упра-ва без да се користи информатичката технологија, се зголемува и ризикот кој секогаш оди со неа. Неовла-стен пристап до системот, злоупотреба на податоци, уништување податоци, оневозможување на системот правилно да функционира се само мал дел од ризици-те кои постојат при користењето на информатичката технологија. Токму затоа менаџментот на Царинската управа настојува да ангажира ИТ ревизори во свои-те редови, кои значително ќе го подобрат безбедното функционирање на ИТ системите. Меѓу првите институ-ции во Македонија Царинската управа ја согледа реал-ната опасност од ризиците поврзани со информатичка-та технологија и корисноста од ИТ ревизор во насока на проценител на ризиците и контролите во ИТ систе-мите.

Николче Спировски,Одделение за внатрешна ревизија

Page 11: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

11

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

ОТКРИВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Во текот на месец август, царинските работници при спроведување на редовните царински контро-ли, спречија повеќе обиди за криумчарење и шверц на непријавена и недозволена стока во Републи-ка Македонија, како и стока за која постои основано сомневање дека претставува фалсификат на заштитет-ни трговски марки.

Привремено одземена непријавена стока

Во текот на месец август на внатрешните царински ис-постави како и граничните премини од царински-те работници спречени се повеке обиди за шверц и криумчарење на стоки. При тоа вкупно се запленети и задржани околу 246.300 парчиња разновидна стока од кои позначајни се: - 1 моторен чамец, - 3.859 парчиња лекови, од кои 2.400 парчиња ефе-дрин –прекурзор, - 256 штеки цигари и 22 литри алкохол (узо и коњак),

СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ, ИЗВОЗ И ТРАНЗИТ НА СТОКА И ЗАПЛЕНА НА СТОКА СО КОЈА СЕ ПОВРЕДУВААТ ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

- 2 пиштола, 1 револвер за гасна муниција и 256 - парчиња муниција, - 45 парчиња делови од старо оружје, - 90 кгр. бензин еуро супер, - 6.524 парчиња текстил и делови за облека - 415 работни комбинизони, - 323 кгр.памучна плетенина, - 2.389 парчиња бижутерија, - 785 часовници, 22 парчиња различни парфеми, - 125 кгр бадеми, двопек, 3 пакети гумени бомбони, чоколади и други кондиторски производи,

- 166.680 парчиња кабел везици и папучи, - 39.076 парчиња лампиони, - 20.000 парчиња медицински ракавици, - 200 чешми, 104 парчиња славини за лавабо, 70 вен-тили, - 2.000 батерии, 400 катанци, агрегат за струја, - 150 литри средство за дезинфекција, - Значителна количина на техничка стока , бела тех-ника, рачен и електричен алат, автоделови (филтри за масло и воздух, електронски дизни, автомати за анлан-сер, компресор, ретровизори, автокасетофони) и разни производи и апарати за домаќинство (пегли, машина за шиење, тенџериња, прибор за јадење итн).

Page 12: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

12

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ЕКСТАЗИ

На 20.08.2009 година околу 15,30 часот на влез во Ре-публика Македонија на граничниот премин Меџитлија откриен е обид за нелегално внесување на амфетамин „Екстази” на територијата на Република Македонија.

При извршена детална контрола на патничко моторно возило марка Опел Сигнум, управувано од државјанин на Холандија, во багажниот простор на возилото помеѓу куферите и другите предмети, во кутија за чев-

ли пронајдена е сокриена поголема количина на табле-ти, и тоа: -10.000 таблети амфетамин “Екстази” спакувани во 10 најлонски кеси (во секоја кеса по 1.000 таблети) и -2 најлонски кеси со непозната црна, зрнеста материја.По спроведено тестирање на таблетите со дрога тестер од страна на царинска испостава Меџитлија утврдено е дека се работи за амфетамин „Екстази”.

Изготвена е кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење врз основа на член 278 од Кривич-ниот Законик на Република Македонија.

Page 13: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

13

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

Во областа на заштита на правата од интелектуална соп-ственост по завршување на постапката согласно Зако-нот за царински мерки за заштита на правата од интелек-туална сопственост и добиена потврда од застапниците на заштитените трговски марки дека привремено зад-ржаните стоки се фалсификат, во месец август Царин-ска управа донесе одобренија за уништување за вкуп-но 1.124 парчиња стока и тоа за следните трговски марки: рачни часовници CALVIN KLEIN, наочари за сон-це GORGIO ARMANI и POLICE, парфеми LACOSTE и кре-ми NIVEA

ПРИКАЗНА НА ЕДЕН ЦАРИНИК

Откриена организирана група која се занимавала со кражба на бензин од цистерни под царински надзор.

По претходно добиена оперативна информација, Ца-ринската управа на Република Македонија со помош на Одделението за оперативни работи разоткри орга-низирана група која се занимава со кражба на акцизна стока-бензин, од конвојот цистерни кои вршат редовен извоз на гориво за Косово. На 12 август 2009 година по претходно добиена опе-ративна информација дека во јавниот царински склад Дени Интернационал се врши кражба на гориво од ци-стерни кои се во постапка за извозно царинење и на тој начин се пушта во слободен промет гориво без платени давачки, пристапивме кон организирање на акција за да се фатат крадците.

Првичната информација беше дека се добро органи-зирани и многу брзи и вешти во својата работа, и дека за една минута точат и по 50 литри гориво, без да го оштетат царинското обележје. Свесни дека може лес-но да бидеме забележани од крадците прво го сменив-ме службеното возило со цивилно, јас и мојот тим бев-ме цивилно облечени за да не можат да не забележат бидејки нашиот тим требаше прв да интервенира, а другите два тима да дојдат на помош или да го блоки-раат царинскиот терминал, доколку некој од крадците се обиде да избега.

По неколку часа чекање пристигна првиот конвој со го-риво за Косово. Откако се паркираа цистерните во ца-ринскиот терминал, пристапивме кон контрола на по-следниот ред од цистерните. Без да не примети никој од возачите од другите цистерни, излеговме од вози-лото и од голема далечина забележавм дека нешто се

случува во вториот ред од цистерни, поконкретно, виси црево од една цистерна, а двајца возачи во канистри то-чат гориво од цистерната. Едниот колега истрча прв, јас по него со видео камера за да евидентирам се што ќе се случува, а третиот колега позади мене заради моја без-бедност. Откако се легитимиравме, возачите, разбраа дека се фатени на дело на лице место.

Горивото го крадеа на начин што во каналот за испуштање на воздух на врвот од цистерната протну-ваат тенко црево и го спроведуваат до празните кани-стри што претходно ги кријат во возачката кабина. За неполна една минута пристигнаа и другите два тима, водич на службено куче К9 и началникот на одделени-ето за оперативни работи кој беше кординатор на це-лата акција. Морам да напоменам дека координацијата и комуникацијата од страна на мобилните тимови кои беа вклучени во акцијата и координаторот на акцијата беше на високо ниво без никакви пропусти што пока-жува дека се работи за професионалци кои навистина си ја знаат својата работа да откријат царински прек-ршок, но и да внимаваат за безбедноста за сите кои се во акцијата. Откриени беа лицата Е.М државјанин на Ко-сово и Ј.И државјанин на Република Македонија со че-тири канти безоловен бензин еуросупер 95. По откривањето на сторителите, по налог за претрес на дом и други простории добиен од страна на истражен судија, извршен е претрес, при што се пронајдени по-големи количества на нафтени деривати, како и празни пластични канистри кои претходно биле употребувани за истиот царински прекршок, кои ќе послужат како до-кази во прекршочната постапка поведена против сто-рителите.

Методи Теодосиевски,Одделение за оперативни работи

Page 14: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

14

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

АКТИВНОСТИ И МЕРКИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ЦАРИНСКИ ИЗМАМИ

Поднесени кривични пријави

Постапувајќи по констатираните прекршоци, Царинска-та управа на Република Македонија во август 2009 годи-на до надлежните јавни обвителства поднесе вкупно 14 кривични пријави против 2 правни и 17 физички лица.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение дека се сторени следните кривич-ни дела:

Неовластено производство и промет со опојни дро-ги, психотропни супстанци и прекурзори

По овој основ, поднесени се две кривични пријави про-тив три физички лица за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. * Една кривична пријава е поднесена против две фи-зички лица, албански државјани, затоа што при спро-ведена царинска контрола кај нив била пронајдена не-позната материја за која подоцна било утврдено дека станува збор за исушени и искршени врвови од расте-нието Cannabis. Стоката, пронајдена при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, пријавен за влез во Република Македонија, била распоредена во две бели најлонски кеси, во вкупна тежина од 701 грам. На ваков начин осомничените неовластено пренесува-ле опојна дрога-марихуана. * Една кривична пријава е поднесена против едно фи-зичко лице, холандски државјанин, истовремено носи-тел и на патна исправа издадена од Република Турција, затоа што при контрола на патничко моторно вози-ло, управувано од него, во црна кутија за чевли биле пронајдени 10.000 таблети со светло зелена боја и лого на Митцубиши, спакувани во десет кесички, за кои по извршено вештачење е утврдено дека се работи за пси-хотропни супстанци, кои на нелегалниот пазар се по-знати како екстази.

Неовластено производство и пуштање во слободен промет на наркотични дроги, психотропни супстан-ци и прекурзори, криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување

По овои три основи, поднесена е една кривична пријава, против едно физичко лице - германски државјанин, за

сторени три кривични дела, казниви по член 215, 278 и член 212 став 1 и 4 од Кривичниот законик, затоа што при контрола на патничко моторно возило во него-ва сопственост на царинската испостава Богородица - влез во Република Македонија, во просторот кај мото-рот, под возачкото седиште и во неговиот личен багаж покрај непријавените текстилни производи и ремени, царинските службеници откриле и разни лекови, за кои по извршеното вештачење од страна на Бирото за ле-кови, било утврдено дека лекот EFEDRIN 50 mg претста-вува прекурзор од прва група, односно категорија на контролирана супстанца, која е предмет на посебни до-зволи.

Криумчарење

По овој основ, поднесена е една кривична пријава про-тив две физички лица- македонски државјани, за сторе-но кривично дело казниво по член 278 став 1 од Кри-вичниот законик. При контрола на патничко моторно возило, марка Мерцедес со македонски регистарски таблички, управувано од осомниченото лице, во при-дружба на неговата сопруга како сопатник на царинска-та испостава Јажинце - влез во Република Македонија, била пронајдена поголема количина на непријавен зла-тен накит и бижутерија. На овој начин осомничените, со

Page 15: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

15

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

намера да ја избегнат царинската контрола, се обиделе да пренесат стока од поголема вредност.

Увоз или пуштање во промет на акцизна стока

Шест кривични пријави се поднесена против шест фи-зички лица – двајца германски државјани, еден бугар-ски, еден француски, еден грчки и еден македонски државјанин. Сите шест лица во месец август, на раз-лични гранични премини се обиделе нелегално да вне-сат вкупно 213 штеки сокриена акцизна стока, и тоа, во првиот случај 17, во вториот 27, во третиот 28, во четвртиот 42, во петтиот 33 и во последниот случај 66 штеки цигари од различни брендови. Цигарите биле пронајдени при спроведените редовни царински кон-троли во возилата, кои се во нивна споственост или управувани од нив. На ваков начин пријавените со на-мера да стекнат имотна корист или вредност се обиде-ле нелегално да пренесат добра подложни на акциза, со што е направен обид за избегнување на плаќање на царина и други давачки.

Тешка кражба и увоз или пуштање во промет на ак-цизна стока

Една кривична пријава е поднесена против две маке-донски државјанки за сторени две кривични дела: увоз или пуштање во промет на акцизна стока, казниво по член 60 од Законот за Акцизи и Тешка кражба, казниво по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осо-мничените на влез во Република македонија се обиде-ле нелегално да внесат 34 литри алкохол, без контрол-ни маркици, (12 литри алкохолен пијалок „Смирноф“ Водка и 22 литри алкохолен пијалок ,,Бадел,,Коњак), от-криени при преглед на патничко моторно возило со ма-кедонски регистарски таблички во сопственост на тре-то лице. Истиот ден, додека царинскиот службеник ги изготвувал службените документи, една од осомниче-ните влегла во службените простории и на безобзирен начин инсистирала царинскиот службеник да не поста-пува по царинските прописи, при што искористувајќи ги околностите, од царинската просторија во која биле сместени претходно одземените 34 литри алкохол, без одобрение го земала рачиот ранец во кој имало 4 литри алкохол и го предала на лицата кои ја чекале надвор.

Царинска измама

Две кривични пријави се поднесени против две правни и две физички лица за сторено кривично дело казниво

по член 278-а од Кривичниот законик. * Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице од Делчево, бидејќи при спроведување на увозна царинска постапка, со цел да избегнат плаќање на царински и други давачки, приложиле фактури во кои не ја пријавиле вистинска-та количина на стоките. По извршен детален преглед на транспортното моторно возило и стоката, констатира-но е дека покрај пријавената има и непријавена стока..* Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице од Републи-ка Турција, бидејќи при спроведување на увозна царин-ска постапка, со цел да избегнат плаќање на царински и други давачки, не ја прикажале вистинската вред-ност на стоката, вистинскиот начин на испорака и точ-ниот износ на транспортните трошоци, т.е приложиле неверодостојни фактури со пониска цена и основица за пресметка на давачките. Царинската управа на Репу-блика Македонија по службена должност во соработка со царинската служба на Република Турција, од каде по-текнува стоката изврши проверка на фактурите кои ја следат стоката и утврди дека вредностите во фактурите презентирани на царинскиот орган при спроведување на царинската постапка значително се разликуваат од вредностите во фактурите издадени од страна на извоз-ниците. Покрај поднесените кривични пријави, правни-те лица се задолжени да ја платат и разликата на избег-натите давачки со решенија во управна постапка.

Криумчарење на мигранти

Една кривична пријава е поднесена против едно физич-ко лице, турски државјанин, за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти, казниво по член 418-б од Кривичниот законик, затоа што при преглед на патнич-

Page 16: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

16

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

ко моторно возило, марка БМВ-320 Д, со белгиски реги-старски таблички, во сопственост на лице со иницијали М.С, сопруга на осомничениот, извршен на 05.08.2009 година на царинската испостава Богородица-влез во Република Македонија, во просторот помеѓу задните седишта на возилото и торбите сместени во багажни-от простор, било пронајдено, сокриено физичко лице кое не поседувало важечка патна исправа. По изврше-ниот личен претрес, кај лицето е пронајден документ за идентификација издаден во 2001 година, од кој е ут-врдено дека станува збор за лице со иницијали А.С., државјанин на Република Турција, кое е упатено во При-фатниот центар за странци, при Министерството за вна-трешни работи.

Поднесени прекршочни пријави За откриените обиди за недозволен пренос на стока, како и за останатите недозволени постапувања, во те-кот на месец август до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа доставени се вкупно 82 барања за поведување на прекршочна постапка (7 барања по прекршочна пријава за возила доставени од МВР, 52 барања по записник за царински прекршок до-

ставени од надлежните организациони облици во Ца-ринска управа и 2 се вратени предмети од Основните судови). Комисијата за одлучување по прекршоци при одлу-чување по веќе поднесени барања за поведување прек-ршочна постапка во месец август донесе решенија за вкупно 45 предмети, од кои,- за 6 предмети одлучи во итна постапка каде стори-тели на царински прекршоци се странски државјани, од кои наплатена е глоба во износ од 3.600 евра во денар-ска противвредност, и - 39 предмети во редовна постапка, со донесување на решенија за наплата на глоба во вкупен износ од 3 милиони денари и задолжително одземање на стоката, предмет на царинскиот прекршок.

Комисијата за одлучување по прекршок со постапка за порамнување и посредување реши вкупно 5 предмет, за кои се издадени платни налози за правни лица, од-говорните лица во правните лица и физички лица и на-платена е глоба во вкупен износ од 750 евра во денар-ска противвредност.

Page 17: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

17

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

КОНВЕНЦИЈАТА НА СВЕТСКАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ПОСТАПКИ (РЕВИДИРАНА КЈОТО КОНВЕНЦИЈА)

Царинските служби секаде во светот, имаат многу важ-на улога во растот на меѓународната трговија и развојот на глобалните пазари. Со текот на времето, начините на кои царинските служби ја остварувале својата уло-га значително се промениле. Денес, улогата на царин-ската служба е проширена и помеѓу останатото вклучу-ва и активности во поглед на олеснување на трговија и заштита на националната безбедност од заканите на те-роризмот, транснационалниот организиран криминал, трговските измами, фалсификати и пиратерија. Земајќи ги предвид овие факти, ефикасноста и ефективноста на царинските постапки може значително да влијае и да ја подобри економската конкурентност и општествениот развој преку промовирање на меѓународната трговија и инвестициите во побезбедно трговско опкружување. Брзите и предвидливи царински постапки се важен предуслов за развој на меѓународната трговија и за економскиот развој.

Како резултат на современите предизвици, Свет-ската царинска организација ја ревидира и ажури-ра Меѓународната конвенција за поедноставување и хармонизирање на царинските постапки (Кјото конвенција) за да обезбеди таа да одговори на совреме-ните потреби на меѓународната трговија. Ревидираната верзија беше усвоена од страна на Советот на Светската царинска организација во јуни 1999 година, а стапи во сила на 3-ти февруари 2006 година откако 40 договорни страни на оригиналната Кјото конвенција од 1974 годи-на го прифатија Протоколот за менување на Ревидира-ната Конвенција. Денес Ревидираната Кјото Конвенција има 64 договорни страни. На 28 јули 2009 година Ре-публика Македонија пристапи кон Меѓународната конвенција за поедноставување и усогласување на ца-ринските постапки (Ревидирана Кјото конвенција) на Светската царинска организација (СЦО).

Во нејзината ревидирана форма, Кјото конвенцијата е широко прифатена како упатсво (блупринт) за мо-дерни и ефикасни царински постапки во 21-от век. Со нејзина широка примена, Конвенцијата овозможува и меѓународната трговија да се соочи со предвидли-ви и ефикасни царински постапки кои се неопходни за нејзиниот развој.

1. СОДРЖИНА НА РЕВИДИРАНАТА КЈОТО КОНВЕНЦИЈА

Преку својата содржина, Ревидираната Кјото Конвенција обезбедува сеопфатен сет од преку 600 правни и тех-нички одредби кои ги поставуваат основните принци-пи на современи царински постапки, но нејзината сод-ржина може да се разгледува пооделно. Ревидираната Кјото конвенција се состои од:Тело на Конвенцијата

Општ Анекс - составен од 10 глави:

- општи принципи - дефиниции - царинење и други царински формалности - царински давачки и такси: а) утврдување, собирање и плаќање на царинските давачки и такси, б) одложено плаќање на царинските давачки и такси, в) враќање на царинските давачки и такси - гаранции - царинска контрола - примена на информатичката технологија - односи помеѓу Царината и трети лица - информации и одлуки кои ги донесува царината: а) информации за генерална примена, б) информации од специфична примена, в) одлукижалби во царинските постапки: а) право на жалба, б) форми и основи на жалба, в) разгледување на жалбатаДесет специфични анекси:А. Пристигнување на стока во царинското подрачјеБ. УвозВ. ИзвозГ. Царински складишта и слободни зониД. ТранзитЃ. ОбработкаЕ. Привремен увозЖ. ПрекршоциЗ. Специјалнио постапкиЅ. Потекло

Телото на конвенцијата (се однесува на постапките за нејзино усвојување и администрирање) и Општиот анекс (ги содржи основните принципи на Ревидираната Кјото конвенција и предвидува стандарди и транзици-ски стандарди) се задолжителни за сите договорни стра-ни. Преку ваквиот пристап, се обезбедува минимални-от степен на хармонизација на постапките во сите земји кои се нејзини договорни страни. Општиот анекс прет-

Page 18: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

18

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

ставува одредница (стандард) за работењето на една современа царинска служба. Одредбите на Општиот анекс ги содржад и дефинираат заедничките основни принципи за царинење, царинските давачки и такси, гаранциите, контролите, информатичката технологија, односите со трети страни, информациите и одлуките, жалбите, кои се основа за царинското работење во све-тот. Специфичните анекси, кои содржат стандарди и пре-порачани пракси не се задолжителни и било која до-говорна страна може да избере одреден Специфичен анекс или Глава од Конвенцијата која ќе ја прифати. Ре-публика Македонија, следјќи го примерот на Европска-та унија го прифати Телото на конвенцијата и Општиот анекс. Една од спецификите на конвенцијата е тоа што поради нејзината структура е овозможен флексибилен избор на обврски од страна на договорните страни. Флекси-билноста овозможува да се земат предвид специфич-ностите на секоја царинска служба, без да се изгуби суштината на крајната цел, преку целосно и конечно пристапување кон Конвенцијата на сите држави членки на Светската царинска организација да се постигне це-

лосна глобална усогласеност и воедначена примена на царинските постапки.

Принципи на Ревидираната Кјото конвенција

Принципите на Ревидираната Кјото Конвенција го про-мовираат олеснувањето на трговијата, но истовремено обезбедуваат да не се нарушат основните функции на царинската служба кои се однесуваат на контрола на стоката.

Еден од главните принципи на Ревидираната Кјото конвенција е да обезбеди транспарентност и предвид-ливост на царинските постапки за учесниците, особе-но за увозниците, извозниците, транспортерите и ца-ринските застапници. Ревидираната Кјото конвенција преку своите одредби го промовира олеснувањето на трговијата и ефективни контроли со примена на едно-ставни, но ефикасни царински постапки.

Основни клучни принципи кои застапени во Ревидира-ната Кјото конвенција претставуваат:

Page 19: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

19

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

- предвидливост на царинските постапки, - транспарентност, односно обезбедување на навре-мени, ажурирани и лесно достапни информации, - почитување на правото, односно спречување на произволно и некоректно однесување на царинските органи, - користење на информатичка технологија, - стандардизираност и поедноставување на царин ските декларации и пропратните документи, - поедноставени постапки за овластени лица, - максимално користење на информатичката те-хнологија, - користење на управување со ризик и спроведување на дополнителни ревизии – последователни контроли,координирано дејствување со другите гранични служби, - партнерство со трговската заедница и - воспоставен систем на жалбени постапки.

Цели на Ревидираната Кјото конвенција

Една од главните цели на Ревидираната Кјото конвенција е елиминирање на разликите помеѓу царинските по-стапки и пракси кои се применуваат кај договорни-те страни. Конвенцијата придонесува за развојот на меѓународната трговија со поедноставување и хармонизирање на царинските постапки и пракси на глобално ниво, со што ја поттикнува меѓународната со-работка.

Царинските постапки може да се поедностават и хар-монизираат со:

- постојано модернизирање на царинските постап-ки и нивна примена на предвидлив, постојан и транспа-рентен начин; - транспарентност, достапност и давање на по-требните информации на заинтересираните стра-ни во врска со царинското законодавство и неговата имплементација; - користење на современи техники како што е управување со ризик, дополнителни контроли по царинењето и користење на современите придобивки кои ги дава информатичката технологија; - соработка помеѓу царинските служби, царинската служба и другите надлежни институции и царинската служба и бизнис заедницата.

Погодности од примената на конвенцијата

Со примената на принципите на Ревидираната Кјото конвенција се постигнуваат значителни и мерливи ре-зултати, кои произлегуваат од унапредувањето на ефективноста и ефикасноста на царинските служби и нејзината функција, посебно при протокот на стоката преку границите. На тој начин ќе се овозможи и Царин-ската управа да одговори на барањата на меѓународната трговија за обезбедување на соодветен баланс помеѓу нејзините функции за контрола и прибирање на прихо-ди од една страна и олеснувањето на трговијата од дру-га страна. Воведувањето и обезбедувањето на стандар-дни и едноставни постапки кои се хармонизирани низ сите царински служби ќе придонесе за олеснување и развој на меѓународнита трговија.

Примената на Ревидираната Кјото конвенција обезбе-дува погодности и за државата и за деловната заедни-ца.

Погодностите кои ќе ги има државата од импле мен-тацијата на Конвенцијата се огледаат во:

- поуспешна наплата на давачките, - зголемена економска ефикасност, - поголема безбедност и заштита на општеството, - поефективна и поефикасна распределба на ресур-сите и - странски директни инвестиции кои ќе произлезат од економскиот раст и развој.

Ревидираната Кјото конвенција помага при спра-вувањето со новите предизвици на електронската трговија. Царинската управа треба да се прилагоди на модерните деловни практики и на влијанието што електронската трговија може да го има на царинските постапки, со цел да излезе во пресрет на барањата за брзо и ефикасно царинење на стоките. Еден од основ-ните принципи на конвенцијата е употребата на инфор-мациската технологија како поддршка на царинските постапки, секаде онаму каде тоа е економски исплатли-во и за царинската служба и за деловната заедница.

За сите субјекти вклучени во меѓународната трговија, усогласувањето со конвенцијата ќе резултира со при-мена на нови правила кои ефикасно ќе ги намалат

Page 20: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

20

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

трошоците, ќе се избегне непотребното чекање при царинењето и пуштањето на стоката во слободен про-мет и поедноставување на постапките за трговците со соодветно усогласена евиденција.

Генерално, трговците ќе имаат корист од олеснувањето на трговијата и намалените трошоци, транспортери-те ќе имаат корист од примената на еднообразни (уни-фицирани) царински контроли и побрзо движење на стоката и луѓето преку границите, а ќе сe почуствуваат погодности кои ќе произлезат од користење на совре-мени постапки за контрола со што ќе се обезбеди по-голема наплата на приходи и зголемена гранична без-бедност.

Ревидираната Кјото конвенција обезбедува погодности за сите видови на транспорт. Ефикасните и едноставни-те постапки на царинење предвидени во Конвенцијата се применливи подеднакво за сите стоки и за сите ви-дови на транспорт преку кој стоките се пренесуваат во или надвор од царинското подрачје. Формалностите за сите превозници при влегувањето или напуштањето на царинското подрачје исто така треба да бидат унифи-цирани.

Генерално, примената на Ревидираната Кјото конвен-ција придонесува за олеснување на трговијата и зголемување на безбедноста на меѓународниот тргов-ски синџир на снабдување. Во таа насока, Светска-та царинска организација превзема голем број на иницијативи кои кулминираа во Рамката на стан-дарди за обезбедување и олеснување на глобалната трговија. Безбедноста и олеснувањето на трговскиот синџир на снабдување е овозможена преку примена-та на модерни царински методи и постапки за контро-ла, како што е анализата на ризик, употреба на претход-ни (навремени) информации за пратките, концептот на овластен економски оператор, соработка помеѓу ца-ринските служби и помеѓу царинската служба и биз-нис заедницата. Царинската управа која ги применува принципите на Ревидираната Кјото конвенција ќе биде во подобра позиција при спроведувањето на Рамката на стандарди за обезбедување и олеснување на глобал-ната трговија развиена од страна на Светската царин-ска организација.

Стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија ја намет-нува потребата од хармонизација на националното за-

Page 21: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

21

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

конодавство со меѓународните стандарди и преопо-раки, како и со законодавството на Европската унија и нејзините земји членки во областа на царинското работење. Пристапувањето кон Кјото конвенцијата е во согласност со стратешките определби и заложби на Владата на Република Македонија за воведување на со-времени царински постапки во согласност со стандар-дите на ЕУ. Пристапувањето кон стандардите на ЕУ во областа на царинското работење се содржани во Спо-годбата за стабилизација и асоцијација меѓу Републи-ка Македонија и Европските заедници и нивните земји членки Членот 88 од Спогодбата, предвидува соработ-ка за приближување на царинскиот систем на Републи-ка Македонија кон системот на Заедницата. Со нив се предвидува размена на информации помеѓу царински-те служби, развој на прекуграничната инфраструктура, поедноставување на инспекциите и формалностите во однос на пренос на стоки и поддршка за воведување модерни царински информативни системи. Имајќи во предвид дека Европскта унија и нејзините земји членки се Договорни страни на Ревидираната Кјото конвенција, исполнувањето на потребните стандарди истовреме-но значи приближување на царинското работење со најновите трендови во ЕУ.

Исполнување на стандардите и препораките од Ре-видираната Кјото конвенција

За усогласување со стандардите на Конвенцијата предвиден е транзиционен период од 36 месеци, а за транзиционите стандарди период од 60 месеци од влегувањето во сила на Конвенцијата. Транзиционите периоди кои се релативно долги, ја земаат во предвид комплексноста на самата конвенција, како и потреба-та од обезбедвуање на соодветни ресурси и потреба-та од воведување на одредени реформи во царинското работење. Одредени реформи ги засегаат царинските служби, додека пак други царинските клиенти односно подготвока насоодветно опкружување.

Врз основа на извршена анализа произлегува дека од вкупно 121 стандарди и преодни стандарди од колку што се состои Општиот анекс, 71 стандарди и преод-ни анекси се усогласени и при тоа не се потребни до-полнителни дејствија. 34 стандарди и преодни стандар-ди се правно усогласени но за истите постои можност за подобрување при практичната имплементација. За 10 стандардите и преодни стандарди е утврдено дека се делумно усогласени што значи дека истите не се во

директна спротивност со националното законодав-ство, но ќе биде потребна негова дополнителна изме-на и дополнување. За 6 стандарди и преодни стандрар-ди е утврдено дека не се усогласени со националното законодавство и за истите ќе биде потребно да се из-врши дополнителна измена и дополнување на законо-давството. Во насока на исполнување на стандардите Царинската управа презеде одредени активности како што се: - Формирано е Советодавно тело за царинска соработ-ка

На 30.01.2009 година директорот на Царинската упра-ва, Претседателот на Стопанска комора на Македонија, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, генералниот секретар на МАКАМТРАНС Асоцијација на независни синдика-ти на камионски транспортери, управител Македонија сообраќај АМЕРИТ и претседателот на групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори, пот-пишаа Меморандум за воспоставување на советодавна врска и соработка и Меморандум за формирање на Со-ветодавно тело. Целта на потпишаните меморандумот е унапредување на партнерството помеѓу Царинска-та управа и бизнис заедницата со цел зголемување на безбедноста и олеснување на меѓународната трговија. Зајакнувањето на соработка со бизнис заедницата преку формирање на Советодавно тело е стандард на Конвенцијата за поедноставување и усогласување на царинските постапки (Ревидирана Кјото конвенција).

- Законодавно усогласување

Подготвени се измени и дополнувања на дел од ре-гулативата (пред сè во Царинскиот закон и Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, а во врска со воведувањето на електронска декларација во транзит-ната постапка). Преку предпристапната помош на ЕУ, ИПА 2007. започна реализација на три проекта : 1) Тех-ничка помош за понатамошно усогласување на законо-давството со Acquis, 2) Техничка помош за зајакнување на граничните контроли и 3) Техничка помош за унапредување на царинскиот ИТ систем преку подго-товка на техничка спецификација за изработка на со-фтвер за поврзување на националниот со царинските информациони системи на земјите членки на ЕУ.

Page 22: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

22

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

- Подготовка на соодветна ИКТ подршка на царин-ското раобтење

Во тек е изработка на нов информациски систем за об-работка на царински декларации, компатибилен за конектирање со системите на ЕУ. Воспоставен е елек-тронски едношалтерски систем за издавање увозни и извозни дозволи и тарифни квоти (Single Window/One Stop Shop) – EXIM, како еден од предусловите за воведување на контрола од повеќе субјекти при един-ствено застанување.

- Продолжена е имплементацијата на Рамката на стандарди за обезбедување и олеснување на трговијата на СЦО, преку подотвока на препораки,од стран на експерти на СЦО и нивно вградување во Ак-ционен план. Посебен фокус ќе претставува поната-мошното усовршување на контролата базирана на на-лиза на ризик, интегрираното гранично управување, олеснувањето на трговијата, етиката и интегритетот на вработените.

- Регионална хармонизација на царинските постаки

Организирањето и започнувањето на работа на Ре-гионалниот тренинг центар на Светската царинска организација во Република Македонија, кон крајот на септември, претставува придонес кон регионалната со-работка и начин за исполнување на стандардите од Ре-видираната Кјото Конвенција и во поширока смисла.

ЛЕТНА ПРАКСА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ

Во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Ца-ринската управа на Република Македонија и Економски-от факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје во месец јули – август 32 студенти извршуваа летна пракса во Царинската управа. За време на прак-сата имаа можност да се запознаат со повеќе аспекти од работењето на Царинската управа. Во продолжение се дел од најдобрите есеи кои беа задолжителен дел од обврските од летната пракса.

УЛОГАТА НА ЦАРИНАТА ВО ЗАШТИТАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ – ТРИВИЈАЛНОСТА НА ПОТРЕБАТА ОД СОПСТВЕНОСТ, НАСПРОТИ КОМПЛЕКСНОСТА НА ТЕХНИКАТА И МЕТОДОЛОГИЈАТА ВО ЗАШТИТАТА НА ИСТАТА

Сопственоста е цивилизациска категорија која припаѓа на сите генерации кои го откривале, развивале и граде-ле светот кој ние денес го познаваме во неговата автен-тична и единствена форма. Човекот никогаш не живеел одвоено од системот колку и тој да бил примитивен. По-требата од припадност е нужност без која човекот теш-ко би преживеал. Припадноста најчесто се забележу-ва во форма на социјализација со најблиската група на луѓе, а токму таквата припадност поставува определени правила на игра и го гради системот на интеракција во рамки на кругот наречен општество. Човечката потре-ба за сопственост спротивставена на потребата од при-падност кон општеството, социјалната група или опре-делна класа не се разликува по интензитетот, туку по насоката. Чувството на припадност зборува за услов-на сопственост која општеството ја има над Вас, а чув-ството за сопственост зборува за припадноста на не-штата при Вас. Но филозофијата е наука дијаметрално спротивна од прагматиката, практиката и нештата кои се случуваат во реалноста во време и место кое се чув-ствува односно гледа. Затоа, филозофијата единстве-но ја искористуваме за да ја изразиме меѓузависноста на нештата и да ја задоволиме потребата од поширо-ко разбирање на тематиката. Нашата интенција да збо-руваме за прагматика е задоволена од компаративната пишана емпирија и директниот увид во случувањата од нашето најблиско окружување.

Интелектуалната сопственост е емотивно најчув стви-телниот вид на сопственост која човекот ја доживува. Личната творба е плод, рефлексија на најинтимната, најзаштитената сопственост на човекот - негови-те мисли и размисли. Чувството на задоволство како материјално, а уште повеќе и емотивно од таквиот плод е неопходно за креативен понатамошен развој на чо-вештвото. Ова е во директна корелација со потребата од заштита на истата, а тоа пак со обврската за стопирање на криминалните дејства во оваа област.

Page 23: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

23

Имено, криминалот поврзан со интелектуалната сопственост не е нова тенденција во светот, но со глобализацијата и напредокот во технологијата, пира-теријата и фалсификивањето стануваат голем бизнис. Според стручните проценки на Британското одделение за справување со криминал од индустриска сопстве-ност пресметано е дека дури 7% од светската трговија е трговија со фалсификувани производи, што во превод значи дека некаде над 250 милијарди фунти е вредно-ста на фалсификуваните производи на годишно ниво во светски рамки. Но, уште позастрашувачки е фактот дека во последните години забележуваме мултипликација на пиратеријата, и тоа најнапред двојни зголемувања со тенденција за понатамошен сигурен раст на кое-фициентот мултипликатор. Во однос на ова само како податок кој ја доловува големината на пиратеријата е фактот дека 40% од светски продадените музички ал-буми се пиратски. Криминалот со индустриска сопстве-ност директно влијае на владата, бизнисите и потрошу-вачите. Изгубените работни места поради намалената потрошувачка на оригинални производи, ненаплате-ните даноци од сивата економија се само дел од вид-ливите последици од пиратеријата и фалсификувањето.

Криминалците во овој бизнис влегуваат најчесто пора-ди високите профити и нискиот ризик кој го сносат во оваа дејност. На пример, во Република Македонија за-конодавството предвидува единствено парични казни за пиратерија и кршење на правата од индустриска соп-ственост. Димензиите на ваквиот криминал бараат и со-одветен одговор во вид законска заштита.

Заштита на интелектуалната сопственост е комплексно прашање во радиус од многу науки - социјални, тех-нички, економски. Решавањето на ова прашање бара сериозност и поврзаност како внатре во институциите на системот, така и помеѓу истите со цивилното опште-ство, граѓаните. Проблематиката на интелеткуалната сопственост нужно бара подигнување на целокупна-та свест за ова прашање во земјите во развој, еконо-миите на новите пазарни општества и тоа како помеѓу граѓаните така и во политичките елити и економски-те субјекти со влијание во севкупното општествено уредување. Но, проблемот со индустриската сопстве-ност се издигнува на повисоко ниво токму поради по-грешната перцепција за тоа што претставува кражба на индустриската сопственост. Имено, во светски рам-ки криминалот поврзан со индустриска сопственост и

Page 24: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

24

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

кршење на правата од истата се смета за “victimless” од-носно криминал без опасност по животот на човекот. Криминалот со индустриската сопственост е изразено комплексен со постоење на мрежи од криминални ор-ганизации и поединци кои се добро координирани и организирани. Тоа од своја страна бара поголема се-риозност и координираност на субјектите од другата страна на оштрицата. Во решавањето на овој проблем нужно е активното учество на законодавната власт која ќе ги следи сите измени и ефективни постигнувања на земјите со развиена проблематика во областа на инду-стриската сопстевност, но која во исто време ќе мора да осмислува и сопствени начини и модуси за справување со проблемите кои се случуваат на матичното тло. Министерството за внатрешни работи и Царинската управа ќе мора да постапуват крајно координирано, притоа ненадминувајќи ги сопствените овластувања и ограничувања, токму поради исклучително високата сензитивност на Царината како институција, во време на сé позачестени и поизразени напади и обвинувања за ко-руптивни дејствија во рамките на истата. Бизнис секото-рот има исто така значајна улога во кревање на сопстве-ната свесност за оваа проблематика и во разбирањето на истата. Треба да се знае дека не постои мал или го-лем бизнис при фалсификувањето и пиратеријата. Секој бизнис, секој производ е потенцијална мета на недо-зволено копирање и ползување на профитите од него-вата посебност противправно. Како посебен моментум, многу значаен за правилна имплементација на законо-давната платформа во оваа област се јавува правилно-то функционирање на Царината.

Царинската управа и нејзините составни испостави со-гласно Законот за царински мерки за заштита на пра-ва од интелектуална сопственост има право да по-стапува на начин утврден во законот. „Со Законот за Царинска управа во јули 2004 година постапките и функционирањето на Царината се усогласени со европ-ските стандарди и царинската служба добива ингерен-ции на орган за спроведување на законот со посебни овластувања. Со ова посебен акцент во хармонизација се посветува на дефинирањето на надлежностите на ца-рината во оперативна смисла и нејзино позиционирање како служба која треба активно да учествува во сузбивање на прекуграничниот криминал.“1 Царината де јуре има начини да се справи со криминалот од ин-дустрсика сопственот, и де факто може индиректно да влијае на приспособување на законодавната платфор-

ма кон сопствените потребите и потребите на вртогла-во брзото развивачко општество.

Царината е директно одговорна за заштита на сопстве-носта на сите ентитети. Методологијата со која се ко-ристи во остварување на својата задача мора да биде прилагодена на моменталните случувања и општестве-ната поставеност на подрачјето на кое дејствува. Тоа би значело дека стандардите кои се наметнуваат со зачленувањето во определени меѓународни институ-ции, пристпаувањето кон определени асоцијативни и интегративни процеси би требало да бидат најнапред анализирани, понатака ревидирани и конечно прила-годени на ситуацијата во која се наоѓа општеството во кое дејстува конкретната царина. Тоа доаѓа од фактот дека било кој стандард, насочник или упатсво има своја конкретна намена која не може да биде сéопфатна. Ин-ституциите би требало да водат сметка за ефикасно и ефективно искористување на погодностите од доби-ените асоцијативни или други статуси. Ова значи дека преземените одговорности мора да се почитуваат, но преземањето на одговорности и употребата на истите мора да биде крајно претпазлива и да ја задоволува оп-штата ситуација на царината.Иако во моментов во светот речиси и не постои подрачје кое не е зафатено од економската криза се-пак тоа не треба да претставува посериозен проблем за заштитата на интелектуалната сопстевност како и за развој на истата проблематика. Тоа произлегува и од фактот дека Светската царинска организација (СЦО) на 60-тата сесија во Буенос Аирес која што го опфати доста широко проблемот на финансиската криза, многу мал-ку го корелира истиот со заштитата на интелектуалната сопственост. Имено, СЦО во само една потточка збору-ва за засилување на мерките кои ја регулираат про-блематиката на интелектуалната сопственост во доме-нот на јавното здравство, безбедноста на производите, и олеснување на легитимна трговија. Тоа е и очекува-но, со оглед на фактот дека протекционизмот во пери-оди на светска криза е најголема закана за бизнисот и трговијата воопшто, па консеквентно добива и соодвет-но внимание. Но, предходно кажаното треба истовремено да потен-цира и еден важен факт, а тоа е дека во светот пробле-мот на заштита на интелектуалната сопственост е сé уште целосно неистражен и прилично занемаруван без разлика дали тоа во определен момент е оправдано или не. Тоа нé наведува кон заклучокот дека методологијата која во иднина ќе се користи пред сé треба да биде ефикасна во заштитата, но и широко ефективна во

Page 25: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

25

креирањето свесност за овој проблем што секако зна-чи построги казни, поригидна законска регулатива, и цврсти етички вредности на целото општество. Горан Исаковски, студент, Економски факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ Скопје

MОЕТО ИСКУСТВО ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Оваа година повторно продолжи соработката помеѓу Економскиот факултет во Скопје и Царинската упра-ва на Република Македонија, која веќе неколку годи-ни наназад може да се издвои со успех во практично зближување на студентите до материјата од студиите, која ја совладуваат како теоретски материјал. Овој на-чин на поврзување има двојни ефекти. Од една стра-на на нас студентите ни се доделува можност одблизу да погледнеме во секојдневната работа на Царината и да добиеме впечаток дали во иднина можеме да се за-мислиме како носители на тие работни места, доде-ка од друга страна царинските службеници и вработе-ните, соработувајќи со млади студенти кои се жедни за знаење, го споделуваат нивното работно искуство, мотивирајќи се себеси да се подобрат на работните ме-ста и да напредуваат за да истите ги зачуваат .

Кога на огласната табла стоеше списокот на студенти кои ја добиваат оваа шанса, бев пресреќна што и мое-то име стоеше на него. Од секогаш сум имала пред себе некое мое видување за Царината како извршен орган, но никогаш не замислував дека таа ќе биде еден тол-ку сложен и на високо ниво поврзан систем. Уште од првиот контакт со одговорните лица, во мене преовла-дуваше почетна љубопитност да дознам се што царин-ското работење крие во себе. Но, секое убаво и долго патување мора да почне со еден чекор. Тој прв чекор, за-родишот на моето практикантско искуство, се наоѓаше во одделението за нетарифни мерки и се што тогаш зна-ев е дека тоа одделение хиерархиски влегува во соста-вот на Секторот за царински систем и дека има одго-ворност во поглед на интелектуалната сопственост.

На почетокот некои податоци за Царинската управа многу ме изненадуваа. Така беше и со бројот на врабо-тени кој броеше 1200 луѓе. Отпрво си мислев дека таа бројка е преголема, дури и непотребна, но подоцна кога ја добив целосната слика за Царинскиот систем и кога видов со колку многу работа се оптоварени врабо-

тените и колку широк спектар на работи треба да бидат извршени, моето мислење се промени. Царината како орган кој носи толку голема одговорност во улогата да не заштити од глобализацијата, во улогата да влијае на конкурентноста на домашните компании како и во за-штитата на своите граѓани од надворешните штетни влијанија, мора да добие значајно место во државата. Таа има високо заштитна функција која е поврзана и е во служба на многу министерства и институции. Отту-ка, државата мора да вработи високо обучен и морален кадар за да Царината во целост ја извршува правилно својата функција.

Кога одблизу погледнавме како изгледа работата на царинските испостави и граничните премини, кога ви-довме колку голем проток на луѓе и промет на добра се одвива и кога видовме во колку строги услови се испол-нуваат работните задачи, добив впечаток дека платите на цариниците треба да бидат на повисок ранг. Тоа е од посебно значење кога моралот треба да биде основна карактеристика и кога станува збор за работа во која лесно може криминалот и корупцијата да пуштат нику-лец. Во последните неколку години Царината повеќе става акцент на заштитната функција отколку на фискал-ната, што е карактеристика на високо развиените запад-ни системи. Во свет кога тероризмот зема голем замав и кога пиратеријата и трговијата со дрога се најблиски соработници на сивата и недозволена трговија, се чини дека ваквиот тренд на заштитната функција е нави-стина оправдан. Сепак, со зголемување на заштитната функција се зголемуваат и приходите во буџетот, како што е тоа случај и во Република Македонија, која во време на рецесија и глобална криза успеала да покаже поголеми приходи и уште еднаш да докаже дека го по-добрува своето работење, трудејќи се да се доближи до законодавството и практиката на Европската унија.

За разлика од ЕУ која уште од самиот почеток е формира-на како царинска унија, па оттука има повеќедецениско искуство, Република Македонија во тој поглед ја живее својата полнолетност, учејќи од стапките и советите на другите земји. Таа вложува во високо софистицирана опрема која треба да биде уште поголем отпор и закана на криминалот, но се чини дека на полето човечки ре-сурси треба уште да се вложува за да може напредокот во технологијата да биде кадровски следен и резулта-тите да се подобруваат уште повеќе. Сепак, не постои и никогаш нема да постои машина, ниту технологија која може да го замени човечкиот мозок.

Page 26: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

2626

Она што секој човек го бара кога сака да влезе во некоја нова работа и да се посвети на истата, е сека-ко мотивацијата, која како движечка сила е клучот за подобрување. Тоа што пријатно ме изненади е ток-му ваквата можност и во Царината. Од контактите на повеќе луѓе кои беа на повисоките работни места, мо-жев да дојдам до заклучок дека и тука постои можно-ста за напредување. Доколку доволно се посветиме на она што го работиме, резултатите нема да изостанат. Да се биде дел од овој систем значи дека мора да се сле-дат сите промени во законите, да се посетуваат семи-нари, додека пак, во многу случаи е потребно и да се поседува преговарачка способност и добро да се по-знаваат странските јазици. Дисперзијата и промената на работните места и задачи е од круцијална важност за зголемување на искуството и визијата. Како што минуваа работните денови, се повеќе знаење добивав и сликата полека комплетно се изградуваше. Од интернет страната на Царинската управа добивав многу корисни информации, ги дознав сите новости кон кои

се стреми Царината, се запознав со едно-шалтерскиот систем и стремежот кон безхартиено работење, а од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ дознав колку е долг патот на царинските реформи , кој треба Република Македонија да го изоди за нивно коректно спроведување.

Сега, кога заврши практикантското патување, сфаќам колку во денешно време е важна информацијата. Сите оние информации кои оваа пракса ми ги понуди, ретко можат да бидат сместени во само една книга. А целото ова искуство вклучува во себе искуства од толку многу луѓе. Искуство кое говори за фактот дека Царината се-когаш е исправена пред предизвикот да ја поврзе Ре-публика Македонија во блиска соработка со остатокот од светот, а сепак да ја заштити неа и нејзините граѓани од истиот.

Ивана Колева, студент, Економски факултетУниверзитет „Свети Кирил и Методиј“ Скопје

Page 27: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

При користењето на податоците од оваа публикација ги молиме корисниците задолжително да го наведат изворот

Горан ГеоргиевМарија БоневскаИрена Цветковска

700

Љупка МиндошеваЃорги НаумовскиИлија Јаноски

Page 28: царинаoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina Septemvri.pdfСОВРЕМЕНАТА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА • СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ,

28