17
Универзитет “Св. Климент Охридски” Правен факултет – Кичево Дисперзирани студии – Битола СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕКОЛОШКО ПРАВО НА ТЕМА ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ 1 Ментор : Доц. Д-р Арсе Петрески Асс. М-р Светлана Велјановска Изработил : Гаврил Секулоски Бр. на индекс : 131/Б

Семинарска работа по еколошко право

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Семинарска работа по еколошко право

Универзитет “Св. Климент Охридски”

Правен факултет – Кичево

Дисперзирани студии – Битола

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕКОЛОШКО ПРАВО НА ТЕМА

ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Прилеп 2010 година

1

Ментор : Доц. Д-р Арсе Петрески

Асс. М-р Светлана Велјановска

Изработил : Гаврил Секулоски

Бр. на индекс : 131/Б

Page 2: Семинарска работа по еколошко право

Вовед

Ефект на стаклена градина

Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради

природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на

гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички

гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан

(CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата

енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа

да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината

површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева.

Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен

ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално

одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството

на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета

за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во

сончевиот систем.

Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата,

се чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана,

засилен од човечките активности. Со индустријализација, емисијата на

стакленички гасови од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и

чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се

зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се емитираа во

атмосферата побрзо од колку што природните процеси можеа да ги

отстранат. Дополнително, емитирани се нови синтетички гасови како што се

хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и утврдено е дека и тие го

поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој период

концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува, со

предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на

2

Page 3: Семинарска работа по еколошко право

глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја

нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го

количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот

изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на

тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленички гасови во

атмосферата и глобалните температури. Уште во 1896 година големиот

шведски хемичар Свенте Архениус предвидувал дека со удвојување на

концентрацијата на CO2 во атмосферата преку согорување на фосилно

гориво, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 C. Ова не е

далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се добиваат од

компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во

атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека

промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се

затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за

климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека

човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално

затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш

постоеја мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со

сончевата активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на

грешки во компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за

идната состојба сe уште се неизвесни. Во 1995 година IPCC направи

проценка дека глобалната температура на воздухот на Земјата ќе се

зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до 2100 година, додека во 2001 година

за истиот период беше предвиден пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C.

Во најдобар случај, ќе се соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година,

што би било најбрзо менување на климата во последните неколку

милениуми, период кога се развивала модерната цивилизација.

Затоплувањето во овие размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите

животи, бидејќи ќе предизвика промени на температурите и врнежите,

пораст на морското ниво и промени во распределбата на свежа вода.

Најверојатно значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето,

3

Page 4: Семинарска работа по еколошко право

виталноста на шумите и други природни подрачја, како и продуктивноста во

земјоделството.

ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска истражувачка програма за

глобални промени: Климатски промени / тековни сознанија) Во последните

100 години глобалното средно морско ниво порасна за 10 до 25 cm,

делумно поради ширењето на водата кога таа се загрева. Топењето на

глечерите во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на

морското ниво. Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот

предел на Алјаска и Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги

екосистемите и инфраструктурата. Споменатото топење и затоплувањето

на тундрите ќе доведе до распаѓање на органска материја и ослободување

на заробениот јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на

стакленички гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени

стануваат сe повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од фокусирање

на акции за намалување на емисиите на стакленичките гасови и

минимизирање на штетните влијанија од климатските промени. Општо

земено, луѓето во земјите во развој се почувствителни на климатските

промени заради недоволно развиената инфраструктура и ограничениот

капитал, како и поголемата зависност од природните ресурси.

Главен дел

Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени

Во текот на 80-те години, заради научните докази за глобалните климатски

промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу

научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во Рио де Женеиро

беше усвоена Рамковната конвенција за климатски промени (UNFCCC).

Согласно со Рамковната конвенција, се поставија бројни обврски за сите

земји, главно во врска со изготвувањето и имплементацијата на политики за

4

Page 5: Семинарска работа по еколошко право

намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, одзивот на

развиените земји (кои се главните “произведувачи” на стакленички гасови),

се покажа недоволен и заради тоа во 1995 година воведен е Берлинскиот

мандат, кој воспостави преговарачки процес за поголем ангажман во

рамките на Конвенцијата во периодот по 2000 година. Овој процес, конечно,

доведе до потпишување на Кјото протоколот (КП) во 1997 година.

Кјото протоколот (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето

на емисиите на шесте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и

SF6), бидејќи за прв пат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП

развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012),

тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку

5% во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се

разликуваат помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат

емисиите за 7%, Европската унија (ЕУ) како целина за 8%, Јапонија и

Канада за 6%), а истиот принцип важи и за државите-членки на ЕУ во

согласност со интерниот договор за распределба на обврските. Неодамна,

САД ја повлекоа својата обврска во рамките на КП, предизвикувајќи

вознемирување од светски размери.

Во 1998 година, за време на Четвртата UNFCCC конференција на страните

воспоставен е Акциониот план од Буенос Аирес, со кој е специфициран

временскиот распоред за имплементацијата на КП. Согласно со овој план,

во Хаг, во ноември 2000 година се одржа Шестата конференција на

страните со главна задача да се постигне договор за најважните

оперативни прашања од КП. Бидејќи земјите потписники се разидуваа по

клучните прашања, до крајот на состанокот не беше постигнат договор. За

време на продолжението во Бон, во јули 2001 година (Шеста конференција

на страните, продолжение) министрите постигнаа политика согласност за

суштинските основи врз кои се темелат оперативните прашања од КП. Овој

политички договор веќе е преведен во правен текст за сите флексибилни

5

Page 6: Семинарска работа по еколошко право

механизми и за леновите 5, 7 и 8 од КП (известување, мониторинг и

преглед). Работата се предвидува да биде завршена на состанокот во

октомври 2001 година во Маракеш (Седма конференција на страните).

Рамковната конвенција за климатски промени постави низа обврски кон

потписниките сметајќи на нивните заедники, но и поединечни одговорности.

На својата петта и шеста сесија Конференцијата на страните ги охрабри

земјите вклуени во Анекс II на Конвенцијата (т.е. најразвиените земји) во

давањето помош на државите чии економии се во транзиција, како и на

земјите во развој, при зголемувањето на нивните можности за постигнување

на целите на Конвенцијата и нивната подготовка за ефикасно учество во

процесот на КП. Интегрираното планирање и имплементацијата на

релевантни активности содржат низа акции, како што се развој на

национални системи за проценка на емисиите и абсорбциите на

стакленички гасови, проекции за еволуција на емисиите и определување /

проценка на можни мерки за редукција на емисиите од различни сектори

(енергија, индустрија, резиденцијален / терцијален сектор).

. Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при

преземањето на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно

заради ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии,

недостаток на финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како

и поради отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа

итно е потребно создавање капацитети (capacity building) во овие земји. ако

што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот

ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го

предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe

водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен

оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да

дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде

заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина

апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното

6

Page 7: Семинарска работа по еколошко право

зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува

топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање

на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на

стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за

околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во

сончевиот систем.

Договорени приоритетни акции во создавањето капацитети откако земјите со

економии во транзиција и земјите во развој ги презентираа своите погледи. Овие

акции подразбираат:

Национални катастри на емисии на стакленички гасови

Идни проекции за емисиите на стакленички гасови

Идентификација и проценка на политичките и мерките за ограничување на

емисиите на стакленички гасови

Проценка на можните влијанија на климатските промени и

идентификација/проценка на можното прилагодување

Истражување и систематско набљудување

Образование, обучување и подигање на јавната свест

Размена на научни работници

Трансфер на околинско прифатливи технологии

Национални комуникации за прогресот на политичките и мерките за

намалување на емисиите на стакленички гасови, како и развој на релевантни

национални планови

Национални системи за проценка на емисиите на стакленички гасови

Национални регистри

Развој на релевантни структури за имплементација на Флексибилни механизми

од КП, имено Здружена имплементација (JI), Тргување со емисии (ET),

Механизам на ист развој (CDM).

7

Page 8: Семинарска работа по еколошко право

Програма за создавање капацитети за балаканските земји

Програмата за создавање капацитети за балканските земји е иницирана од

страна на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на

Грција. Програмата има вкупен буџет од приближно еден милион евра и

времетраење 18 месеци. Во оваа програма вклучени се следните балкански

земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија и

Југославија. Сите овие земји ја ратификуваа Рамковната конвенција за

климатски промени, а две од нив (Бугарија и Романија) го потпишаа и Кјото

протоколот. Овие две земји припаѓаат на Анекс I од Конвенцијата, додека

останатите во моментов не се вклуени во Анекс I. Со оваа програма, Грција,

како земја од Анекс II од Конвенцијата (UNFCCC), обезбедува финансиска и

техника поддршка за гореспомнатите земји со цел да им помогне во

подобрувањето на можностите за остварување на целите од Конвенцијата.

Ова може да биде спроведено преку имплементирање на одредбите од

Конвенцијата и подготвување на овие земји за активно учество во процесот на

КП. Националната опсерваторија од Атина (НОА) ја координира програмата.

НОА е јавен истражуваки центар задолжен за изработка на годишен катастар

на емисиите на стакленички гасови во Грција, по барање на Министерството за

околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Таа исто така е

национален фокусен центар на Меѓувладиното тело за климатски промени.

Понатаму, НОА беше задолжена за изработка на втората национална

комуникација и работи како технички консултант за министерствата кои се

компетентни по прашања од климатските промени, политиките и мерките за

намалување на емисиите на стакленики гасови, заштеда на енергија и

користење на обновливи енергетски извори. Во последно време, НОА им

помагаше на соседните земји во остварувањето на нивните техники и

извештајни обврски зацртани со Рамковната конвенција за климатски промени.

Четири партнери од Грција се вклу-чени во оваа програма: две приватни

консултантски компании - EPEM S.A. и SPEED S.A., Националниот технички

универзитет од Атина (Лабораторија за економија во индустријата и

8

Page 9: Семинарска работа по еколошко право

енергетиката) и една невладина организација, Интердисциплинарен институт

за околински истражувања (ИНИЕР). Програмата започна во почетокот на 2001

година, додека иницијалниот состанок беше одржан во Атина во март 2001

година.

Главните цели на програмата се:

Помош на балканските земји во изработка и имплементација на квалитетни

национални катастри на антропогени емисии и абсорбции на стакленики

гасови, придружена со неопходни системи за поддршка при собирање и

управување со податоците. Тоа се елементи кои овозможуваат да се направи

проценка на тековната ситуација и воочените трендови

Помош на балканските земји при идентификација, проценка и избор на

соодветни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, земајќи ги

предвид националните приоритети, постоечките ограничувања и

инфраструктурните барања, како и можните поддржувачки политички и мерки

за надминување на овие тешкотии.

Идентификација на приоритетни подраја за дејствување во балканските земји

во рамките на флексибилните механизми од КП

Проценка на ранливоста на овие земји од климатските промени

Подобрување на општата состојба на околината во балканските земји

Понатамошен развој на финансиска и научна соработка помеѓу Грција и

другите балкански земји.

За да се постигнат овие цели, програмата ги содржи следните задачи:

1. Изработка / оценка на катастрите на емисиите на стакленички гасови

2. Проекции на емисиите на стакленички гасови

3. Идентификација и евалуација на политиките и мерките за намалување на

емисиите на стакленички гасови

4. Формулација на Национален акционен план за намалување на емисиите на

стакленички гасови

5. Бази на податоци - обука на кадри

9

Page 10: Семинарска работа по еколошко право

6. Евалуација на постоечките административни структури

7. Олеснување на трансферот на енергетско-штедливи технологии и на

околинско-прифатливи технологии

8. Проценка на потребите за прилагодување на постоечките национални

правни рамки во врска со користењето на флексибилни механизми

9. Дефиниција на приоритетни подрачја за флексибилни механизми

10.Подигање на јавната свест за успешна имплементација на оваа програма

Потребно е активно учество на сите владини и невладини организации во

земјите вклучени во проектот. На овој начин ќе бидат собрани квалитетни

податоци, а резултатите од секоја задача ќе ги задоволат потребите на

вклучените земји во врска со климатските промени. Понатаму, активното

учество на сите членки ќе обезбеди продолжување на активностите во областа

на климатските промени на локално ниво и ќе ја промовира соработката помеѓу

земјите во оваа значајна меѓународна иницијатива посветена на околината.

Заклучок :

Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот

ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го

предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe

водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид

(N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до

земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од

атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира

најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира

од земјината површина.

Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се

чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од

човечките активности. Со индустријализација, емисијата на стакленички гасови

од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за

10

Page 11: Семинарска работа по еколошко право

употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100

години стакленичките гасови се емитираа во атмосферата побрзо од колку што

природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, емитирани се нови

синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и

утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина.

 Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу

концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните

температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте

Архениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO2 во

атмосферата преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната

температура да порасне за 5,5 C.

Во текот на 80-те години, заради научните докази за глобалните климатски

промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу

научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во Рио де Женеиро

беше усвоена Рамковната конвенција за климатски промени (UNFCCC). 

Кјото протоколот (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето на

емисиите на шесте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и SF6),

бидејќи за прв пат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП

развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012),

тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку 5%

во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се разликуваат

помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7%).

Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при преземањето

на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно заради

ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии, недостаток на

финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како и поради

отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа итно е потребно

создавање капацитети (capacity building) во овие земји. ако што е познато,

11

Page 12: Семинарска работа по еколошко право

животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена

градина.

Програмата за создавање капацитети за балканските земји е иницирана од

страна на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на

Грција. Програмата има вкупен буџет од приближно еден милион евра и

времетраење 18 месеци. Во оваа програма вклучени се следните балкански

земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија и

Југославија. Сите овие земји ја ратификуваа Рамковната конвенција за

климатски промени, а две од нив (Бугарија и Романија) го потпишаа и Кјото

протоколот. Овие две земји припаѓаат на Анекс I од Конвенцијата, додека

останатите во моментов не се вклуени во Анекс I. Со оваа програма, Грција,

како земја од Анекс II од Конвенцијата (UNFCCC), обезбедува финансиска и

техника поддршка за гореспомнатите земји со цел да им помогне во

подобрувањето на можностите за остварување на целите од Конвенцијата.

Содржина :

Вовед………………………………………2

Главен дел………………………………..4

Заклучок…………………………………..10

Користена литература :

“Еколошко право” – Проф. Д-р Крсте Ристески, Проф. Д-р Борче

Давитковски

Encarta Encyclopedia 2006

www. wikipedia. com

12

Page 13: Семинарска работа по еколошко право

13