4
Istorija Vодд. Standardi spored nastavnata programa Nivo na znaewa i sposobnosti Standard POMNEWE - Препознава: историски извори; поими и термини (наука, историографија, ера, век, праисторија, историја, еволуција, орда, род, племе, религија, матријархат, археологија, музеј, тотемизам, орда, цивилизација, роб, иригација, пирамида, мумија, хиероглиф, храм, свештеник, Хелени, полис, демос, колонизација, митологија, култ, фаланга, филипики, статер, хеленизам, династија, сенат, форум, легија, колонат, република, демократија, царство, трибун, конзул, катакомби, колосеум, терми, библија, апостол, провинција, базилика, мозаик...); - запомнува: различни сметања на времето; периодизација на историјата; видови на човекови заедници; најстари цивилизации на стариот Исток; градови - држави (полиси); настанок на олимписките игри; владетели на античка Македонија; симболи на античките Македонци; територија и население на Римската држава; теории за настанокот на Рим; внатрешни борби во Римската држава; настанокот на христијанството; пропаѓањето на Римската држава; - набројува: видови на човекови заедници; историски извори; придобивки во најстарата човекова заедница; најстари цивилизации на стариот Исток; дејци од областа на филозофијата, уметноста, културата и науката кај Хелените; илирски кралства; владетели на античка Македонија; територии освоени од Филип II и Александар III Македонски; римски провинции на Балканот; - познава: локалитети со материјални остатоци од праисторијата; територии на илирски племиња; територија на античка Македонија; територијална распространетост на Римската држава; локалитети од античкиот период во Македонија; - познава: историски извори; различни сметања на времето кај старите народи; видови на човекови заедници; верувања кај народите од стариот Исток, Хелада, Македонија и Рим; државни уредувања кај државите во стариот век; - наведува: теории за настанокот на човекот; различни видови на писма; класи во стариот век; достигнувања во културата кај народите од стариот Исток, Хелада, Илирската држава, античка Македонија и Римската држава; - именува: историски периоди, најстари цивилизации, градови - држави (полиси), карактеристики на илирската култура, престолнини на античка Македонија, територии на кои се простирала Римската држава; достигнувања на римската култура. RAZBIRAWE - Опишува: најстари човекови заедници; предисториски верувања; природни услови за настанок на државите на стариот Исток, Хелада, Илирската држава, античка Македонија и Римската Империја; иригациони системи; текот на олимписките игри; настанокот и ширењето на Македонската држава;

V Istorija

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: V Istorija

Istorija Vодд.

Standardi spored nastavnata programa

Nivo na znaewa i sposobnosti Standard

POMNEWE

- Препознава: историски извори; поими и термини (наука, историографија, ера, век, праисторија, историја, еволуција, орда, род, племе, религија, матријархат, археологија, музеј, тотемизам, орда, цивилизација, роб, иригација, пирамида, мумија, хиероглиф, храм, свештеник, Хелени, полис, демос, колонизација, митологија, култ, фаланга, филипики, статер, хеленизам, династија, сенат, форум, легија, колонат, република, демократија, царство, трибун, конзул, катакомби, колосеум, терми, библија, апостол, провинција, базилика, мозаик...); - запомнува: различни сметања на времето; периодизација на историјата; видови на човекови заедници; најстари цивилизации на стариот Исток; градови - држави (полиси); настанок на олимписките игри; владетели на античка Македонија; симболи на античките Македонци; територија и население на Римската држава; теории за настанокот на Рим; внатрешни борби во Римската држава; настанокот на христијанството; пропаѓањето на Римската држава; - набројува: видови на човекови заедници; историски извори; придобивки во најстарата човекова заедница; најстари цивилизации на стариот Исток; дејци од областа на филозофијата, уметноста, културата и науката кај Хелените; илирски кралства; владетели на античка Македонија; територии освоени од Филип II и Александар III Македонски; римски провинции на Балканот; - познава: локалитети со материјални остатоци од праисторијата; територии на илирски племиња; територија на античка Македонија; територијална распространетост на Римската држава; локалитети од античкиот период во Македонија; - познава: историски извори; различни сметања на времето кај старите народи; видови на човекови заедници; верувања кај народите од стариот Исток, Хелада, Македонија и Рим; државни уредувања кај државите во стариот век; - наведува: теории за настанокот на човекот; различни видови на писма; класи во стариот век; достигнувања во културата кај народите од стариот Исток, Хелада, Илирската држава, античка Македонија и Римската држава; - именува: историски периоди, најстари цивилизации, градови - држави (полиси), карактеристики на илирската култура, престолнини на античка Македонија, територии на кои се простирала Римската држава; достигнувања на римската култура.

RAZBIRAWE

- Опишува: најстари човекови заедници; предисториски верувања; природни услови за настанок на државите на стариот Исток, Хелада, Илирската држава, античка Македонија и Римската Империја; иригациони системи; текот на олимписките игри; настанокот и ширењето на Македонската држава;

Page 2: V Istorija

Istorija Vодд.

карактеристики на македонската фаланга; освојувањата на Александар III

Македонски; развитокот на културата и верувањата кај народите од стариот век; настанокот, ширењето и пропаѓањето на Римската држава; појавата, ширењето и карактеристиките на христијанството; пропаѓањето на Римската држава; промените кај Илирите и Македонија под римска власт; - објаснува: еволутивен развиток на првобитниот човек; појавата на земјоделството, сточарството, занаетчиството и трговијата во најстарите цивилизации; настанокот на првите држави на стариот Исток; појавата на класна поделеност; различни државни уредувања кај античките држави; карактеристиките на хеленистичката култура; настанокот на илирските кралства и културата на Илирите; настанокот на македонската држава и култура, настанокот, јакнењето, ширењето и пропаѓањето на Римската држава; појавата и ширењето на христијанската религија; - поврзува: временски периоди и настани; личности и настани; културни и научни достигнувања со народи; причини и последици; - познава: историски извори; периодизација на историјата; различни видови на писма; карактеристики на различните култури кај народите од стариот век; личности и настани значајни за периодот на стариот век; различни видови на државни уредувања; придобивки од развитокот на науката и културата во стариот век; карактеристики на христијанството; остатоци од културата на народите во стариот век; причини за потпаѓање на Балканот под римска власт; причини за пропаѓањето на Римската држава.

PRIMENUVAWE

- Објаснува: поими и настани; различни верувања во натприродни сили; толкува еволутивен развиток на човекот; најстарите човекови заедници; појавата на државите; значењето на Хомеровите „Илијада“ и „Одисеја“; причини и последици од Пелопонеската војна; услови за формирање на македонската држава; посебноста на културата на античките Македонци; спротивставености помеѓу патриции и плебејци; појава, значење и карактеристики на христијанството; причини за потпаѓање на балканот под римска власт; карактеристики на римската култура; пропаѓањето на Римската држава; - открива и објаснува: причини за настанокот на првобитните заедници; значењето од формирањето на најстарите речни цивилизации; значењето на атинската демократија; карактеристики на културата кај Хелените и Илирите; обележја на културата на Македонците од античкиот период и хеленистичката култура; посебноста на културата кај Македонците од античкиот период; улогата на Александар III Македонски во македонската и светската историја; значењето на Спартаковото востание; достигнувањата на римската култура; карактеристиките на христијанската религија; внатрешните борби во римската држава; влијанието на римската култура врз балканските народи; причините за

Page 3: V Istorija

Istorija Vодд.

пропаѓање на Римската држава; - илустрира: историски извори; историски периоди; карактеристики на културата и верувањата кај народите од стариот Исток; различни видови на писма; општествено и државно уредување на Атина и Спарта; култовите и религијата на Илирите; симболи на старата македонска држава; воените походи на Александар III Македонски; карактеристики на римската култура; симболи карактеристични за христијанството; - подредува/групира: фази во развитокот на пробитните заедници; причини за појавата на класна поделба; карактеристики на сликовното и фонетското писмо; развиток на занаетчиство и трговија; обележја и развиток на културата, наука и религијата кај народите од стариот Исток; сличности и разлики меѓу илирските кралства; сличностите и разликите меѓу општествените и државните уредувања во Атина и Спарта; карактеристики на културата кај Хелените, Илирите и античките Македонци; значењето на освојувањата на Филип II и Александар III Македонски; карактеристиките на хеленистичката култура; причини и последици од востанието на Спартак; подемот и пропаѓањето на Римската држава; достигнувањата на римската култура; причини и последици од потпаѓањето на Балканот под римска власт; карактеристики на христијанството.

ANALIZA, SINTEZA I VREDNUVAWE

- Објаснува и поврзува: историски извори; животот во праисторијата; причини за настанок на најстарите држави на стариот Исток; настанок и подем на египетската држава; појава на многубоштвото; достигнувања на културата и науката кај народите од стариот Исток; општествените и државните уредувања во Атина и Спарта; причини за појава на колонизација; подемот на македонската држава; појавата и развитокот на хеленистичката култура; подемот и ширењето на Римската држава; промени во општественото и државното уредување на Римската држава; значењето на Спартаковото востание; условите во кои доаѓа до појава на христијанството; влијанието на римската култура врз секојдневниот живот на народите од Балканот; ширењето на христијанството; причините кои довеле до пропаѓање на Римското Царство; - прави проценки и споредби:за животот на човекот во каменото и металното време; појавата на земјоделството, сточарството, занаетчиството и трговијата; основните карактеристики на државите на речните цивилизации на стариот Исток; причини и последици од Пелопонеската војна; степен на развиток на општествата кај Хелените и Илирите; карактеристиките и значењето на македонската фаланга; воените походи на Александар III Македонски; ширењето и влијанието на хеленистичката култура; настанок, јакнење и проширување на Римската држава; внатрешните борби во Римската држава; појавата и ширењето на христијанството; причините кои довеле до пропаѓање на Римското Царство; - објаснува: историски поими; за животот во праисторијата; верувањата на

Page 4: V Istorija

Istorija Vодд.

луѓето од најстарите човекови заедници; појавата на занаетчиството и трговијата; појавата на класната поделеност; значењето на „Илијада“ и „Одисеја“; улогата и значењето на олимписките игри; атинската демократија; настанокот на илирските кралства; подемот на Македонската држава; посебноста на македонската култура; реформите на браќата Граси, фази во развитокот на државното и општественото уредување на Римската држава; причини за пропаѓање на Римската Империја; - вреднува: придобивките на првобитниот човек во предисторијата; достигнувања во областа на науката, културата и градежништвото кај народите од стариот Исток; одликите на атинската демократија; залагањата на Александар III Македонски за обединување на народите; придобивките од хеленистичкиот период; достигнувањата на римската култура.