22
Тематско - процесно планирање ПРОЕКТИ ОД ИНФОРМАТИКА изборен предмет VII одд. – 72 часа Тема 1: Основни елементи и фази за изработка на проекти со користење на компјутер – 4 часа Период на реализација: септември 2011год. 1, 2 час Цели: - ученикот да ги осознае основните елементи и фази за изработка на проект од информатиката. Наставна содржина: Основни елементи и фази на проект. Наставна единица (1 час): Основни елементи на проект. Наставна единица (2 час): Фази на проектот. Активности, методи и наставни стедства: Наставникот ги запознава учениците со поимот проект, како и со поимите: извори, фази, времетраење, проектна документација и резултат. Наставникот практично ги запознава учениците со неколку однапред одбрани примери, со чија помош ги објаснува поимите и ја образложува потребата од изработка на проекти. Наставникот иницира дискусија за елементите и фазите на презентираните примери, а потоа и за избор на тема за првиот краток проект кој треба да се реализира. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно). Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусијата, избираат тема за проект, се организираат во групи и првично се договараат околу основните фази на проектот. Потоа пристапуваат кон конкретна практична изработка на првиот проект. 3 час Цели: - ученикот се воведува во изготвување целосен проект. Наставна содржина: Презентација на проект.

Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Тематско - процесно планирањеПРОЕКТИ ОД ИНФОРМАТИКА изборен предмет

VII одд. – 72 часа

Тема 1: Основни елементи и фази за изработка на проекти со користење на компјутер – 4 часа

Период на реализација: септември 2011год.

1, 2 часЦели:

- ученикот да ги осознае основните елементи и фази за изработка на проект од информатиката.

Наставна содржина: Основни елементи и фази на проект.

Наставна единица (1 час): Основни елементи на проект.Наставна единица (2 час): Фази на проектот.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги запознава учениците со поимот проект, како и со поимите: извори, фази, времетраење, проектна документација и резултат. Наставникот практично ги запознава учениците со неколку однапред одбрани примери, со чија помош ги објаснува поимите и ја образложува потребата од изработка на проекти.Наставникот иницира дискусија за елементите и фазите на презентираните примери, а потоа и за избор на тема за првиот краток проект кој треба да се реализира. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусијата, избираат тема за проект, се организираат во групи и првично се договараат околу основните фази на проектот. Потоа пристапуваат кон конкретна практична изработка на првиот проект.

3 часЦели:

- ученикот се воведува во изготвување целосен проект.Наставна содржина:

Презентација на проект.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот го организира начинот на презентирање на ученичките проекти и иницира дискусија за утврдување на критериумите за евалвација.Наставникот може да организира и избор на најдобар проект со гласање или сумирање на нивните мислења и евалвации.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно презентира проект и запазува критериуми).Учениците слушаат, активно учествуваат во дискусијата и ги изработуваат практичните задолженија.

Page 2: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Учениците по утврден редослед ги презентираат своите проекти и прават сопствена евалвација на презентациите на другите ученици.

4 часЦели:

- утврдување на знаењето за темата: Основни елементи и фази за изработка на проекти со користење на компјутер.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања, задачи и практични вежби) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.Наставникот организира кратка проверка на знаењата - во писмена или електронска форма, како и проверка на практичните вештини усвоени од страна на учениците.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно).Врз основа на своите белешки и релевантните показатели за активностите на учениците (мотивираност, учество во активноста, редовност, истрајност, креативност, истражување) наставникот ја одредува оценката на секој ученик/ученичка.Учениците одговараат на прашањата и самостојно ги изработуваат практичните задачи.

Тема 2: Прибирање, подготовка, организација и зачувување на електронски материјали за изготвување на проект – 4 часа

Период на реализација: септември 2011 год.

1 часЦели:

- ученикот да ги осознае начините за прибирање, подготовка, организација и зачувување на електронските материјали потребни за изработка на проекти.

Наставна содржина: Извори на електронски материјали.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги објаснува основните поими за електронски материјали и извори на електронски материјали, а потоа иницира дискусија за можните извори на електронски материјали.Наставникот им демонстрира на учениците прибирање на електронски материјали од веб-страни – превземање на податоци, слики, музика..., како и нивна организација и зачувување во претходно креираните папки.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно превзема и организира податоци од интернет).Учениците слушаат и активно учествуваат во дискусијата. Ги набројуваат изворите кои ги користеле при изработката на краткиот воведен проект и начинот на кој ги организирале и зачувале податоците.

Page 3: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Учениците практично ги изработуваат задолженијата од наставникот – креираат стебло од папки (копираат, преместуваат, копираат папки и менуваат изглед на иконки), превземаат податоци од интернет и ги зачувуваат во папките.

2, 3 часЦели:

- ученикот да се оспособи да прибира и подготвува електронски материјали од различни извори.

Наставна содржина: Начини за прибирање, подготовка, организација и зачувување на електронските материјали и нивна употреба.

Наставна единица (2 час): Превземање на електронски материјали од скенер и дигитален апарат и употреба на тастерот Print Screen.Наставна единица (3 час): Компресија на фотографии. Снимање на говор со помош на микрофон.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот, во зависност од условите (расположивоста со скенер, дигитален фотоапарат, микрофон), им ги демонстрира на учениците конкретните постапки на дигитализирање на фотографии, цртежи и слики со помош на скенер, превземање на фотографии и видеоклипови од дигитален апарат, користење на тастерот Print Screen, работа во програма за обработка (компресија, сечење, обработка) на фотографии и работа со програма за снимање на говор и музика.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно прибира и подготвува електронски материјали).Учениците внимателно слушаат, учествуваат во дискусија и практично ги изработуваат задолженијата (скенираат, превземаат дигитални фотографии и слики од екранот, снимаат звучни датотеки, ги обработуваат сликите).

4 часЦели:

- утврдување на знаењето за темата: Прибирање, подготовка, организација и зачувување на електронски материјали за изготвување на проект.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања, задачи и практични вежби) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.Наставникот организира проверка на знаењата - во писмена или електронска форма, како и проверка на практичните вештини усвоени од страна на учениците.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно прибира, подготвува и зачувува електронски материјали за изготвување на проект).Врз основа на своите белешки и релевантните показатели за активностите на учениците (мотивираност, учество во активноста, редовност, истрајност, креативност, истражување) наставникот ја одредува оценката на секој ученик/ученичка.Учениците одговараат на прашањата и самостојно ги изработуваат практичните задачи за прибирање, подготвување и зачувување електронски материјали за изготвување на проект.

Page 4: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Тема 3: Проекти со програма за цртање – 8 часаПериод на реализација: октомври 2011 год.

1 , 2, 3 час Цели:

- ученикот да се оспособи да создава производ следејќи поставени барања и критериуми;

- да се оспособи да креира цртеж користејќи графички трансформации на даден објект.

Наставна содржина: Креирање на цртеж.

Наставна единица (1 час): Креирање или репродукција на цртеж според зададени параметри.

Наставна единица (2 час): Креирање цртеж од еден зададен елемент со геометриски трансформации.

Наставна единица (3 час): Вежбање и проверување на знаењата за креирање на цртеж.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги потсетува учениците и ги проверува нивните претходни знаења за користење на програмата за цртање со помош на прашања и конкретни практични задачи.Наставникот им ги објаснува и задава на учениците конкретните задачи – теми за цртање (секоја активност во соодветниот час/наставна единица).

Вежба 1 час: Учениците цртаат сообраќајни знаци, знамиња на држави и комбинираат цртеж со текст во форма на покана или честитка.Вежба 2 час: Учениците креираат цртеж од една фигура и нејзини графички трансформации. Притоа користат брзо копирање и брзо менување на димензиите на селектиран објект.Вежба 3 час: Во зависност од условите, наставникот изработува и печати за секој ученик цртеж со објекти кои се добиваат со трансформации на повеќе основни објекти. Учениците го креираат цртежот со точно зададениот изглед.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира цртеж).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача за креирање на цртеж.

4 , 5 , 6 час Цели:

- ученикот да се оспособи да обработува фотографии;- да ги применува алатките од програмата за изработка на креативни,

едукативни и забавни цртежи.Наставна содржина:

Комбинирање на фотографии и цртеж.Наставна единица (4 час): Користење готови графички објекти.Наставна единица (5 час): Креирање цртеж – шема.Наставна единица (6 час): Креирање сложувалка.

Активности, методи и наставни стедства:

Page 5: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Наставникот им демонстрира на учениците отворање на фотографија во програмата за цртање, нејзини можни трансформации (копирање и преместување на делови, менување на боја) како и паралелна работа и размена на објекти во различни документи.Наставникот им ги објаснува и задава на учениците конкретните задачи – теми за цртање (секоја активност во соодветниот час/наставна единица).

Вежба 4 час: Учениците креираат цртеж со комбинирање на готов графички објект/фотографија и цртање.Вежба 5 час: Учениците изработуваат цртеж-шема боенка и цртеж-шема од повеќе готови објекти, со чие копирање и поставување се креираат различни цртежи.Вежба 6 час: Учениците изработуваат сложувалка – го разделуваат цртежот/фотографијата на делови кои може да се спојат за повторно откривање на сликата.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно комбинира фотографии/готови објекти и цртеж).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача за креирање на цртеж.

7,8 часЦели:

- утврдување и систематизирање на знаењето за темата: Проекти со програма за цртање.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања, задачи и конкретни проекти) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.Наставникот спроведува проверка на знаењата - во писмена или електронска форма, како и проверка на практичните вештини усвоени од страна на учениците.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно изработува проекти со програмата за цртање).Врз основа на своите белешки и релевантните показатели за активностите на учениците (мотивираност, учество во активноста, редовност, истрајност, креативност, истражување) наставникот ја одредува оценката на секој ученик/ученичка.Учениците одговараат на прашањата, ги изработуваат проектите со програмата за цртање и ги презентираат.

* Меѓупредметно поврзување со: ликовно образование, ТО и математика (геометрија).

Page 6: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Тема 4: Проекти со програма за обработка на текст – 20 часаПериод на реализација: ноември, декември 2011 и јануари 2012 год.

1 , 2, 3, 4 час Цели:

- ученикот да се оспособи правилно да ја користи тастатурата;- да се оспособи самостојно да изработи текстуален документ со однапред

утврден критериум.Наставна содржина:

Правилно пишување на текст.Наставна единица (1 час): Правила за пишување на текст.Наставна единица (2 час): Правилна работа со тастатура со помош на готов

софтверски програм.Наставна единица (3 час): Правила за изработка на оглас.Наставна единица (4 час): Правила за изработка на соопштение. Автоматска

корекција на збор.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги потсетува учениците и ги проверува нивните претходни знаења за обработка на текст со помош на прашања и конкретни практични задачи за изучените операции во текст уредувачот.Наставникот им ги демонстрира на учениците правилата за правилно пишување, начинот на работа со тастатура со помош на готов софтверски програм, правилата за изработка на оглас и соопштение, автоматската корекција на збор и им задава конкретна задача за вежба (секоја активност во соодветниот час/наставна единица).

Вежба 1 час: Учениците пишуваат/корегираат зададен текст и ги применуваат правилата за правилно пишување.Вежба 2 час: Учениците пишуваат зададен текст со помош на готов софтверски програм за правилна работа со тастатура.Вежба 3 час: Учениците изготвуваат оглас според однапред зададен изглед и правила за форматирање.Вежба 4 час: Учениците изготвуваат оглас соопштение според однапред зададен изглед и правила за форматирање и применуваат автоматска корекција на збор.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно пишува текст).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача за пишување на текст.

5, 6, 7, 8, 9 часЦели:

- ученикот да се оспособи да изработи производ со различни графички објекти.

Наставна содржина: Работа со графички објекти.

Наставна единица (5 час): Правила за изработка на илустриран документ. Комбинација на слики.

Наставна единица (6 час): Изработка на насловна страница.Наставна единица (7 час): Изработка на илустрирана приказна.Наставна единица (8 час): Внесување на дијаграм.

Page 7: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Наставна единица (9 час): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за работа со графички објекти.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот им ги демонстрира на учениците постапките за внесување, комбинирање и групирање на слики, внесување на текст на слика, внесување и работа со графички објекти и им задава конкретна задача за вежба (секоја активност во соодветниот час/наставна единица).Во зависност од условите, наставникот изработува и печати за секој ученик документ со соодветна содржина и им ги објаснува на учениците задолженијата за работа со графички објекти.

Вежба 5 час: Учениците изработуваат документ со комбинирање на текст и слики.Вежба 6 час: Учениците изработуваат насловна страница.Вежба 7 час: Учениците изработуваат илустрирана приказна.Вежба 8 час: Учениците внесуваат дијаграм во документ.Вежба 9 час: Учениците изработуваат документ со однапред зададен изглед, во кој се комбинирани текст, слики и графички објекти.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно вметнува и уредува графички објекти).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача за работа со графички објекти.

10 часЦели:

- ученикот да се оспособи да ги користи алатките за пишување математички формули.

Наставна содржина: Постапка за испишување на матеметички формули.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот им ја демонстрира на учениците постапката за испишување на матеметички формули и им задава на учениците конкретни задолженија.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно испишува формули).Учениците внимателно слушаат, учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ги конкретните задолженија за пишување на формули.

11, 12, 13, 14, 15 часЦели:

- ученикот да се оспособи самостојно да одредува и комбинира различни алатки за креирање документ.

Наставна содржина: Примери за изработка на оригинални документи.

Наставна единица (11 час): Креирање плакат за ресторант.Наставна единица (12 час): Креирање плакат за училишна забава.Наставна единица (13 час): Креирање портфолио на ученикот.Наставна единица (14 час): Креирање училишен дневник.

Page 8: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Наставна единица (15 час): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за изработка на оригинални документи.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот им демонстрира на учениците примери на плакат, портфолио и училишен дневник и им задава конкретна задача за вежба (секоја активност во соодветниот час/наставна единица).

Вежба 11 час: Учениците изработуваат плакат за ресторант.Вежба 12 час: Учениците изработуваат плакат за училишна забава..Вежба 13 час: Учениците изработуваат портфолио.Вежба 14 час: Учениците креираат училишен дневник.Вежба 15 час: Во зависност од условите, наставникот изработува и печати за секој ученик документ со соодветна содржина. Учениците го изработуваат документот со однапред зададен изглед.

Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно изработува оригинални документи).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача.

16, 17, 18 часЦели:

- ученикот да се оспособи самостојно да одредува и комбинира различни алатки за креирање документ;

- ученикот да се оспособи да внесува и да користи хиперврски.Наставна содржина:

Изработка на училишен весник и текстуален документ со хиперврски.Наставна единица (16 час): Пишување на новинарски текст.Наставна единица (17 час): Креирање училишен весник.Наставна единица (18 час): Креирање текстуален документ со хиперврски.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги потсетува учениците за основните поими за хиперврска и хипертекст и им презентира соодветен пример. Потоа иницира дискусија за разликите помеѓу линеарен и хипер текст, како и за придобивките од користењето на хиперврски.Наставникот им ја демонстрира на учениците постапката за пишување на новинарски текст, креирање училишен весник и креирање текстуален документ со внесување и користење на хиперврска и им задава конкретна задача (соодветна за секој посебен час).Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира весник, внесува и користи хиперврски).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусијата и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача.

19, 20 часЦели:

- утврдување и систематизирање на знаењето за темата: Проекти со програма за обработка на текст.

Page 9: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања, задачи и практични вежби) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.Наставникот спроведува проверка на знаењата - во писмена или електронска форма, како и проверка на практичните вештини усвоени од страна на учениците.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува документи со програма за обработка на текст).Врз основа на своите белешки и релевантните показатели за активностите на учениците (мотивираност, учество во активноста, редовност, истрајност, креативност, истражување) наставникот ја одредува оценката на секој ученик/ученичка.Учениците одговараат на прашањата и самостојно ги изработуваат практичните задачи: пишуваат и уредуваат новинарски текст и внесуваат хиперврски во документ.

* Меѓупредметно поврзување со: Македонски јазик, математика и ликовно образование.

Тема 5: Проекти со програма за мултимедијални презентации – 16 часа

Период на реализација: јануари, февруари и март 2012 год.

1,2 часЦели:

- ученикот да се оспособи да уредува мултимедијална презентација и да вметнува видео и аудио датотеки.

Наставна содржина: Уредување на мултимедијалната презентација.

Наставна единица (1 час): Надополнување дизајн на зададена презентација.Наставна единица (2 час): Постапка за поставување аудио и видеодатотека во презентација.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот, преку презентирање на соодветен пример, ги потсетува учениците на основните поими за мултимедијална презентација, слајд, текстуален и графички објект, анимациски ефект, ефект на премин. Потоа иницира дискусија за примената на мултимедијалните презентации и за карактеристиките на успешна мултимедијална презентација.Наставникот им овозможува на учениците пристап до изработени примери на мултимедијални презентации и им дава упатства на учениците како да пристапат до нив и како да ги уредат, им ги демонстрира постапките на поставување видео и аудио датотека во презентација.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно).Учениците внимателно слушаат и активно учествуваат во дискусијата.

Page 10: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Учениците ги отвораат и разгледуваат презентациите, а потоа поставуваат анимациски и ефекти на премин, го менуваат дизајнот, го форматираат текстот и вметнуваат објекти по своја желба, вметнуваат видео и аудио датотеки во презентацијата.

3, 4, 5, 6, 7 часЦели:

- ученикот да се оспособи да креира мултимедијална презентација според однапред утврдени критериуми.

Наставна содржина: Креирање презентација за училиштето.

Наставна единица (3 час): Прибирање, подготовка и организација на податоци и слики за училиштето.

Наставна единица (4 час): Дизајн и креирање на презентација за училиштето.Наставна единица (5 час): Уредување и поставување на ефекти на презентацијата за училиштето.Наставна единица (6 час): Презентација и евалвација на проектот.Наставна единица (7 час): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за уредување на мултимедијални презентации.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги запознава учениците со темата на проектот “Креирање презентација за училиштето“ и иницира дискусија за фазите, изворите на материјали, организацијата, содржината, дизајнот, карактеристиките на зададениот проект.Наставникот организира презентација и евалвација на изработените проекти на учениците и преку прашања и конкретни задолженија овозможува вежбање, проверување и утврдување на знаењата за уредување на мултимедијални презентации.Наставникот може да организира и избор на најдобар проект.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува мултимедијална презентација).Учениците слушаат, активно учествуваат во дискусии и поделени во групи/тимови прибираат, подготвуваат и организираат податоци и слики за училиштето, уредуваат и поставуваат ефекти на презентацијата, или ги извршуваат задолженијата на веќе креираната презентација, според дадените упатства од страна на наставникот.Учениците ги демонстрираат своите изработени мултимедијални презентации за училиштето и даваат свое мислење при евалвацијата на изработките на другите ученици.

8, 9 часЦели:

- ученикот да се оспособи да креира мултимедијална презентација според однапред утврдени критериуми.

Наставна содржина: Креирање презентација на тема по избор.

Наставна единица (8 час): Подготовка на материјали и креирање на презентација на тема по избор.

Наставна единица (9 час): Уредување на презентацијата на тема по избор.Активности, методи и наставни стедства:

Page 11: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Наставникот им ги демонстрира на учениците можните теми за креирање на презентација: Олимпијада, Природни богатства, Историски знаменитости во Македонија и др. и ги организира учениците во групи, според нивен избор.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува мултимедијална презентација).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и ги изработувајат презентациите на избраната тема.

10, 11, 12, 13, 14 часЦели:

- ученикот да се оспособи самостојно да планира и изработува интерактивна мултимедијална презентација.

Наставна содржина: Изготвување интерактивни мултимедијални презентации за информатика.

Наставна единица (10 час): Прибирање, подготовка и организација на податоци и слики за избрана тема од информатиката.

Наставна единица (11 час): Планирање, осмислување на интерактивноста и креирање на слајдови за сите предвидени ситуации.Наставна единица (12 час): Дизајн и креирање на презентација за избраната тема од информатиката.Наставна единица (13 час): Уредување и поставување на ефекти и хиперврски на интерактивната презентација.Наставна единица (14 час): Презентација и евалвација на проектот.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот ги запознава учениците со темата на проектот “Креирање презентација за информатика“ и им посочува на учениците одредени теми: Компјутерска историја, Видови хардверски уреди, мемориски уреди и карактеристики и др.Наставникот го објаснува поимот интерактивна презентација, демонстрира примери на интерактивни презентации (презентации со менија за избор, презентации во облик на квиз и др.), ги дели учениците во групи/тимови според нивниот избор и иницира дискусија за планирањето, фазите, изворите на материјали, организацијата, содржината, дизајнот и карактеристиките на зададениот проект.Наставникот организира презентација и евалвација на изработените проекти на учениците.Наставникот може да организира и избор на најдобар проект.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува интерактивна мултимедијална презентација).Учениците слушаат, активно учествуваат во дискусии, избираат тема и поделени во групи/тимови прибираат, подготвуваат и организираат податоци и слики, го осмислуваат и креираат дизајнот и текот на линкуваните слајдови, уредуваат и поставуваат ефекти на презентацијата.Учениците ги демонстрираат своите изработени мултимедијални презентации за училиштето, пристапуваат и работат со презентациите на другите ученици и даваат свое мислење при евалвацијата на изработките на другите ученици.

Page 12: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

15,16 часЦели:

- утврдување и систематизирање на знаењето за темата: Проекти со програма за мултимедијални презентации.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања, задачи и практични вежби) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.Наставникот спроведува проверка на знаењата - во писмена или електронска форма, како и проверка на практичните вештини усвоени од страна на учениците.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува мултимедијални презентации).Врз основа на своите белешки и релевантните показатели за активностите на учениците (мотивираност, учество во активноста, редовност, истрајност, креативност, истражување) наставникот ја одредува оценката на секој ученик/ученичка.Учениците одговараат на прашањата, креираат, уредуваат презентации, доделуваат ефекти, музика, хиперврски и временски параметри.

* Меѓупредметно поврзување со: ликовно образование, музичко образование, физичко и здравствено образование, биологија и историја.

Тема 6: Проекти со програма за табеларни пресметки – 20 часа

Период на реализација: март, април, мај и јуни 2012 год.

1, 2, 3, 4, 5 часЦели:

- ученикот да се оспособи да ги користи можностите на програмата за табеларно пресметување за внесување и пресметки.

Наставна содржина: Работа со табели и табеларни пресметки.

Наставна единица (1 час): Креирање табела со изучените математички формули.

Наставна единица (2 час): Внесување измени во зададена/изработена табела со определени математички функции.

Наставна единица (3 час): Изработка на календар/времеплов.Наставна единица (4 час): Изработка на таблица за множење.Наставна единица (5 час): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата

за работа со табели и табеларни пресметки.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот, преку презентирање на соодветен пример, ги потсетува учениците со основите на програмата за табеларни пресметувања и иницира дискусија за изучените формули и функции (со примери од математика и физика).Наставникот им задава практични задачи на учениците, да изработат: зададена табела со формули, зададена табела со функции (во која ќе внесуваат и измени), табела – календар/времеплов, таблица за множење и други задолженија и задачи

Page 13: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

за вежбање, проверување и утврдување на знаењата за работа со табели и табеларни пресметки (секоја активност на соодветниот час).Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува табели и работи со формули и функции).Учениците внимателно слушаат и активно учествуваат во дискусијата.Учениците ги изработуваат своите задачи и задолженија за креирање и уредување табели и работа со формули и функции

6, 7, 8, 9, 10 час Цели:

- ученикот да се оспособи да ги користи можностите на програмата за табеларно пресметување за внесување, пресметки и прикажување на резултати од различни податоци.

Наставна содржина: Работа со табели во повеќе работни листови.

Наставна единица (6 час): Изработка на анкета со соодветни графикони.Наставна единица (7 час): Изработка на табели со реални или фиктивни

податоци.Наставна единица (8 час): Изработка на интерактивни табели – крстозбори.Наставна единица (9 час): Изработка на табели конвертори.Наставна единица (10 час): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за работа со табели.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот, преку презентирање на соодветен пример, ги запознава учениците со поимите: анкета, крстозбор, конвертор и иницира дискусија за нивната поврзаност со програмата за табеларни пресметки.Наставникот им задава практични задачи на учениците, да изработат: анкета на избрана тема со соодветни графикони, табела со реални или фиктивни податоци (личен доход, продавница..), интерактивна табела – крстозбор, табела конвертор (на единици мерки, валути...) и задачи за вежбање, проверување и утврдување на знаењата за работа со табели и табеларни пресметки (секоја активност на соодветниот час).Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно ја реализира конкретната задача).Учениците внимателно слушаат и активно учествуваат во дискусијата.Учениците ги изработуваат своите задачи и задолженија и ги презентираат истите.

11, 12, 13 часЦели:

- ученикот да ја осознае предноста на динамичко табеларно пресметување.Наставна содржина:

Динамичко пресметување.Наставна единица (11 час): Постапка за условно форматирање.Наставна единица (12 час): Изработка на табели за учење од наставен предмет по избор.Наставна единица (13 час): Додавање коментари на клетки.Активности, методи и наставни стедства:

Page 14: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

Наставникот со помош на примери им ја демонстрира на учениците постапката за условно форматирање и им задава на учениците конкретни задолженија и вежби.Наставникот им задава на учениците практична задача да креираат табела со податоци за учење од наставен предмет по избор, но со точно дефинирано форматирање (во вид на мапирана слика) и им го демонстрира начинот на додавање хиперврски и коментари на ќелии. Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира табела со динамичко пресметување и коментари).Учениците внимателно слушаат, активно учествуваат во дискусија и практично го применуваат стекнатото знаење, изработувајќи ја конкретно зададената задача за креирање на табели со динамичко пресметување и коментари.

14, 15, 16, 17, 18 часЦели:

- ученикот да се оспособи самостојно да креира табела со зададени податоци и потребни пресметки.

Наставна содржина: Изготвување интерактивни табели.

Наставна единица (14 час): Изработка на интерактивни табели за планирање на трошоци - прибирање, подготовка, организација на податоци, дизајн.

Наставна единица (15 час): Уредување и поврзување (линкување) на интерактивните табели за планирање.Наставна единица (16 час): Изработка на интерактивни табели за учење.Наставна единица (17 час): Вметнување и поврзување на контролирани одговори во интерактивните табели за учењеНаставна единица (18 час): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за работа со интерактивни табели.Активности, методи и наставни стедства:Наставникот иницира дискусија за реалните планирања на трошоците на учениците за претстоен настан: роденденска забава, екскурзија, летување...) и за начинот на нивно прикажување, а потоа демонстрира готов пример со такви планирања.Наставникот ги задава конкретните задачи/проекти на учениците да изработат интерактивни табели за планирање на трошоци за избраниот настан и да изработат интерактивна табела за учење за предмет по избор, во која ќе има прашања и контролирани одговори (може и во вид на тест, со автоматско сумирање на поени и одредување на оценка).Наставникот организира презентација и евалвација на изработените проекти на учениците.Наставникот може да организира и избор на најдобар проект.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува интерактивни табели).Учениците слушаат, активно учествуваат во дискусии, избираат теми и поделени во групи/тимови прибираат, подготвуваат и организираат податоци и внесуваат соодветни пресметки и линкови, го осмислуваат и креираат контролирањето на одговорите.Учениците ги демонстрираат своите изработки и даваат свое мислење при евалвацијата на изработките на другите ученици.

Page 15: Tematsko_procesno Planiranje Izboren PROEKTI OD INFORMATIKA

19, 20 часЦели:

- утврдување и систематизирање на знаењето за темата: Проекти со програма за табеларни пресметки.

Активности, методи и наставни стедства:Наставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (прашања, задачи и практични вежби) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето.Наставникот спроведува проверка на знаењата - во писмена или електронска форма, како и проверка на практичните вештини усвоени од страна на учениците.Наставникот ги следи активностите на учениците и ги забележува нивните постигања во посебно подготвени документи (печатени или во електронска форма, групно или поединечно, успешно, помалку успешно или неуспешно креира и уредува табели и графикони, користи динамично пресметување и изработува интерактивни табели).Врз основа на своите белешки и релевантните показатели за активностите на учениците (мотивираност, учество во активноста, редовност, истрајност, креативност, истражување) наставникот ја одредува оценката на секој ученик/ученичка.Учениците одговараат на прашањата, креираат и уредуваат табели, пресметки и графикони, користат динамично пресметување и изработуваат интерактивни табели.

* Меѓупредметно поврзување со: Математика, Македонски јазик и други наставни предмети – во зависност од изборот на учениците.

Наставник 29.08.2011Дончо Борисов