23
ОСМУ „Д-р. Јован Калаузи“ – Битола Проектна задача по Фармацевтска хемија за државна матура на тема: Остеопороза и нејзин современ лековит третман Ментор: Изработила: проф. по фармацевтска хемија дипл. фармацевт Магдалена Ѓондовска

Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

ОСМУ „Д-р. Јован Калаузи“ – Битола

Проектна задача по Фармацевтска хемија за државна матура на тема:

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Ментор: Изработила:

проф. по фармацевтска хемија

дипл. фармацевт Магдалена Ѓондовска

Битола, Март 2011

Page 2: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Содржина

1.Вовед..................................................................................................................... 1

2.Главен дел............................................................................................................. 2

2.1Симптоми........................................................................................................... 2

2.2Клиничка слика.................................................................................................. 2

2.3Типови на остеопороза...................................................................................... 3

2.4Третман на остеопороза.................................................................................... 3

Алендроат..................................................................................................... 4

Ресиндронат.................................................................................................. 6

Калцитриол................................................................................................... 7

Калцитонин................................................................................................... 8

Терипаратид.................................................................................................. 9

Хормонска терапија..................................................................................... 9

3.Заклучок.............................................................................................................. 11

Прилози

Користена литература

2

Page 3: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Вовед

Коските се бели, цврсти органи кои го образуваат скелетот. Секоја коска има

определна форма и е специјализирана за вршење на определена функција. Иако коските

изгледаат како нежива материја, сепак имаат динамична структура составена од живи

ткива како коскени клетки, масни клетки и крвни садови, и од неживи материи: вода и

минерали (види сл.1). Со исклучок на забите, коските се најцврстите органи во телото на

човекот. Нивната структура овозможува тие да се отпорни на свиткување, влечење и

притисок.

За време на раниот развиток на бебето во телото на мајката, скелетната структура

се состои од ‘рскавица. Околу осмата недела од феталниот развиток, солите на калциум

и фосфор започнуваат да се натрупуваат околу ‘рскавицата. За време на детството,

‘рскавицата постепено се заменува со коска преку активноста на остеобластите (клетки

кои градат ново коскено ткиво).

Во текот на животот, коскеното ткиво подлежи на непрекинато разградување и

обновување како одговор на потребите на телото. На пример, калциумот мора секогаш да

биде присутен во крвта во одредени концентрации. Доколку концентрациите на калциум

опаднат, клетките наречени остеокласти ја разградуваат коската за да се ослободи

калциумот во крвотокот. Доколку со вежбање се зголеми мускулната маса, коските мораат

да се задебелат така што движењата на посилниот мускул да не ја скршат коската. Во овој

случај остеобластите создаваат ново коскено ткиво.

За време на детството и адолесценцијата, многу повеќе коскено ткиво се натрупува

одошто се разградува, така што скелетот расте во големина и силина. Во првите периоди

на возрасен човек, разградувањето полека започнува да го надминува натрупувањето. Со

стареењето на човекот, коскеното ткиво се намалува, а коските слабеат и се силно

подложни на кршење.

3

Page 4: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Главен дел

Името остеопороза всушност значи порозни (шупливи) коски (види сл.2). Ова

доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници,

посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал

физички напор или повреда.

Остеопорозата е релативно ретка меѓу младите луѓе, а е многу честа меѓу старите.

Се смета дека 25% од жените постари од 60 години имаат клинички знаци на остеопороза.

Иако болеста ги зафаќа сите коски, најчесто доаѓа до фрактури на половината, рачните

зглобови и колковите. Кај постарите луѓе фрактура на колкот може да биде особено

опасна бидејќи долгата непокретност во текот на лечењето често доведува до настанување

на крвни згрутчувања или воспаление на белите дробови.

80% од заболените се жени. Стручњаците сметаат дека жените се подложени на

остеопороза заради тоа што нивните коски обично се полесни и потанки. Освен ова

женскиот организам во периодот на менопаузата има недостиг на женскиот полов хормон

естроген, а во постменопаузата има зголемено присуство на парат – хормонот, намалена

концентрација на витаминот Д и лоша апсорпција на калциумот во тенкото црево. Кај

жените губењето на коскено ткиво е најбрзо во првите години по менопаузата и

продолжува во постменопаузниот период. Бројот на заболени жени од оваа болест од ден

на ден расте. Лекарите сметаат дека најдобар начин за да се спречи нараснувањето на

бројот на заболени е да се превземат превентивни мерки.

Симптоми

Остеопорозата обично не покажува видливи симптоми. Најчесто луѓето ја

откриваат дури откако ќе настрадаат од скршеница. Симптоми кои ретко може да се јават

се: болки во грбот, губиток на висината проследен со поднаведнато држење, фрактури на

половината, рачните зглобови или колковите и губење на коски во долната вилица.

Клиничка слика

Болните можат да заболат од остеопороза и со години да немаат симптоми.

Фрактури на ‘рбетниот столб, кои се една од најчестите компликации на болеста и кои

предизвикуваат болка во грбот, се јавуваат без или после минимална траума. Најчести се

4

Page 5: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

на лумбалните и долните торакални прешлени. Локално се развива акутна болка и обично

попушта после неколку дена или недели. Со тек на време фрактурите предизвикуваат

дорзална кифоза со вратна лордоза и хронична грбна болка, посебно во долниот лумбо-

сакрален дел. Болната чувствителност често се забележува по должината на ребрениот раб

на соодветниот спинален нерв. Со напредокот на болеста, епизодите на фрактурите на

прешлените се повторуваат, висината на телото се намалува, исчезнува физиолошкиот

облик на ‘рбетниот столб (види сл.3), додека торакалната фисура се продлабочува до тој

степен што ребрата налегнуваат на илијачната коска од карлицата (види сл.4).

Типови на остеопороза

Постојат три главни типови на остеопороза

- идиопатска – која настанува од непознати причини и е присутна кај деца и

адолесценти.

- постменопаузална (тип I) која се јавува обично меѓу 50 и 75 година од животот

и е шест пати почеста кај жените.

- Сенилна или инволуциска (тип II) која се јавува претежно кај постарото

население на 70 години и е два пати почеста кај жените.

Третман на остеопороза

Бифосфонати – Алендронатот, рисендронатот, и ибандронатот (Бонвива) (види

сл.5) се лекови од класата на лекарства наречени бифосфонати кои се употребуваат и за

спречување и за лечење на остеопороза по периодот на менопауза. Делуваат на

зголемувањето на коскената маса и го намалуваат ризикот од фрактури на кичмата, колкот

и на други места. Овие лекови се одобрени од страна на Управата за Храна и Лекови

(ФДА) за спречување и лекување на болеста кај жените во периодот по менопаузата и кај

мажите кај кои постои голем ризик од фрактура.

5

Page 6: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Алендронат

4 – амино - 1 - хидроксибутилиден C4H12NNaO7P2•3H2O

Алендронат содиум е бел кристален прашок, растворлив во вода, лесно растворлив

во алкохол, а нерастворлив во хлороформ. Алендронат (Фосамакс (види сл.6)) -

alendronate sodium. Секоја таблета Фосомакс содржи 91,37mg алендронат мононатриум

трихидратна сол која е моларен еквивалент на 70mg слободна киселина. Индициран е за

третман на остеопороза, за превенција на скршеници, вклучувајќи ги оние на колковите и

’рбетот. Исто така може да го користат и мажи. Мора да се зема најмалку половина час

пред првиот оброк, пијалок или лек во денот, само со вода. Други пијалоци (вклучувајќи и

минерлна вода), храна и некои лекови може да ја намалат апсорбцијата. Таблетите не

треба да се џвакаат и не се смеат да се растворат во устата поради можност од

орофарингеална улцерација. Откако ќе се испие таблетата пациентот не смее да легне во

рок од половина час и тогаш мора да го земе првиот оброк во денот. Препорачаната доза е

една таблета од 70mg еднаш неделно. Од страна на контраиндикации може да се јават

абнормалности на хранопроводот, неможност за стоење или седење исправено барем 30

минути, хиперсензитивност кон било која компонента на овој продукт, хипокалцемија и

др. Ако истовремено се земаат и други лекови, веројатно е дека додатоците на калциумот,

антациди и други орално земани лекови ќе влијаат на апсорпцијата на Фосомакс. Затоа

пациентите мора да чекаат барем половина час по земањето на Фосомакс за да земат друг

лек. Заедничката употреба на ХРТ (естроген ± прогестин) и Фосомакс била оценувана во

две клинички студии со едногодишно или двегодишно траење кај жени во постменопауза

со остеопороза и резултирала со значително зголемување на коскената маса, заедно со

значајни намалувања во свртувањето на коските. Не се предвидени други интеракции со

други лекови од клиничко значење, засновани врз влијанијата врз поврзувањето на

протеините, бубрежното излачување, или метаболизмот на други лекови, ниту пак се

6

Page 7: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

набљудувани други со Фосомакс во студиите за остеопороза кај мажите и жените.

Фосомакс не е проучуван кај бремени жени и жени што дојат и не треба да се дава на

истите. Не постојат податоци кои упатуваат дека Фосомакс влијае врз способноста за

возење или користење машини. Нема посебни информации за третман на предозирање со

Фосомакс. Хипокалцемија, хипофосфатемија, и несакани ефекти на горниот

гастроинтестинален тракт, како мачнина во стомакот, горушица, воспаление на

хранопроводот, гастритис или чир, се резултат од орално предозирање. Треба да се даваат

млеко или антациди за да се врзе алендронатот. Поради ризик од иритација на

хранопроводот, не треба да се предизвикува повраќање, а пациентот треба да остане

целосно во исправена положба. Апсорбција: Во однос на интравенозната референтна доза,

просечната орална биорасположливост на алендронат кај жените изнесува 0.64% за дози

од 5 до 70 mg кога се применуваат по ноќната апстиненција од храна и два часа пред

вообичаениот појадок. Оралната биорасположливост кај мажите е слична со онаа кај

жените. Биорасположливоста е намалена приближно 40% кога алендронатот се применува

еден час или час и половина пред вообичаениот појадок. Биорасположливоста е

незначителна кога алендронатот се применува до два часа по вообичаениот појадок.

Паралелната примена на алендронат со кафе или сок од портокал ја редуцира

биорасположливоста до приближно 60%. Кај здрави субјекти, орално применет (20mg три

пати дневно за време од пет дена) не предизвикува клинички значителна промена во

оралната биорасположливост на алендронат. Дистрибуција: Проучувањата на стаорците

покажале дека алендронатот моментално се дистрибуира до меките ткива проследен со

примена на 1 mg/kg, но потоа брзо се редистрибуира до коските или со екскреција во

урината. Просечниот рамномерен волумен на дистрибуција не вклучувајќи ги коските

изнесува барем 28л кај луѓето. Концентрацијата на лекот во плазмата по терапевтските

орални дози е премногу ниска за аналитичка детекција. Биотрансформација: Нема докази

дека алендронатот се метаболизира кај животните или кај човекот. Елиминација: По

поединечната доза алендронат, приближно 50% од радиоактивноста сe исфрла со урината

во текот на 72 часа и мала или никаква радиоактивност не е пронајдена во изметот. По

поединечна доза од 10mg, реналното прочистување на алендронат изнесува 71 ml/min.

Концентрацијата во плазмата опаѓа повеќе од 95% во текот на 6 часа по примената.

Конечниот период на полураспаѓање кај луѓето се проценува да надмине 10 години, и

7

Page 8: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

рефлектира ослободување на алендронатот од скелетот. Алендронатот не се ифрла преку

киселински или базни транспортни системи на бубрезите на стаорецот и притоа не се

предвидува да го попречува исфрлањето на другите лекови преку тие системи кај луѓето.

Ресиндронат

[1-хидрокси-2-(3-пиридинил)етилиден] би [фосфорна киселина] C7H10NO7P2Na•2.5 H2O

Рисендронат содиум е бел кристален прашок, лесно растворлив во вода, а

нерастворлив во органски растворувачи. Рисендронат (Актонел (види сл.7)) - Една филм

обложена таблета содржи 35mg натриум рисендронат кој е еквивалент на 32,5mg

рисеридонска киселина. Се употребува за третман на остеопороза кај жени во период на

постменопауза, а може да се користи и кај мажи. Мора да се зема најмалку половина час

пред првиот оброк, пијалок или лек во денот, само со вода. Други пијалоци (вклучувајќи и

минерлна вода), храна и некои лекови може да ја намалат апсорбцијата. Откако ќе се

испие таблетата пациентот не смее да легне во рок од половина час и тогаш мора да го

земе првиот оброк во денот. Ако ја пропуштите дозата, не ја земајте подоцна во денот.

Чекајте до следното утро за да ја земете наредната доза. Никако не земајте 2 таблети

дневно. При предозирање испијте цела чаша млеко и веднаш јавете се кај вашиот лекар

или во итната медицинска помош. Не смеете да лежите. Симптоми на предозирање се:

гадење, болки во стомакот, дијареа, грчеви во мускулите, вкочанетост на мускулите на

лицето, конвулзии, раздразливост, необични мисли и чудно однесување. Секундарни

ефекти на актонелот се: запек, дијареа, вртоглавица, болки во мускулите, покачена

температура, главоболка, замор, болки во стомакот, гадење и вознемиреност. Не се

8

Page 9: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

изведени официјални испитувања за интеракциите, но за време на клиничките испитувања

не се пријавени клинички релевантни интеракции со други медицински производи. Не

треба да се употребува за време на бременост и доење бидејќи испитувањата покажуваат

дека има мала репродуктивна токсичност. Употребата на овој лек не влијае врз

способноста за возење и управување со машини. Апсорпцијата после орална апликација е

релативно брза (max околу 1 час). Средната биорасположливост по перорална апликација

на филм обложена таблета изнесува 0,63% и се намалува доколку лекот се земе со храна.

Биорасположливоста е слична и кај мажи и кај жени. Дистрибуција: Средниот волумен на

дистрибуција изнесува 3,31/kg кај луѓе. Врзувањето за протеините од плазмата изнесува

околу 24%. Метаболизам: не постојат докази за системско метаболизирање на натриум

ресидронат. Елиминација: околу половина од апсорбираната доза се излачува преку

урината во првите 24 часа, а 85% од интравенската доза после 28 дена. Средниот реален

клиренс е 105ml/min, а средниот тотален клиренс е 122ml/min, разликата најверојатно се

должи на клиренсот заради адсорбцијата на коската. Постои линеарна поврзаност помеѓу

реалниот и клиренсот на креатинин. Нересорбираниот натриум ресидронат се елиминира

непоременет преку фецесот.

Калцитриол

1,25-дихидроксиколекалциферол C27H44O3

Калцитриол – (Рокалтрол (види сл.8)) – Капсулите содржат 0,25µg и 0,5µg

калцитриол. Калцитролот е активната форма на витаминот Д. Индикации: за докажана

постменопаузална остеопороза, при различни видови на хипопаратироизам и различни

9

Page 10: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

форми на рахитис. Ја зголемува апсорпцијата на калциумот во цревата и ја регулира

минерализацијата на коските. Оптималната дневна доза на Рокалтролот мора да биде

внимателно одредена за секој пациент, зависно од нивото на калциум во серумот.

Терапијата треба секогаш да започнува со најниската можна доза и не треба да се

зголемува без следење на калциумот во серумот. Ако сте пропуштиле да го внесете овој

лек, земете го веднаш кога ќе се сетите, а доколку се наближува времето за следната доза

изоставете ја пропуштената. Никако не смее да се зема двојна доза за да се надомести.

Секундарни ефекти се: болка во стомакот, повраќање и губиток на апетитот. Веднаш

прекинете со внесување на лекот доколку се појават следниве симптоми: кожен осип,

треска со жед, апатија, инфекција на уринарниот тракт и нарушување на сетилата.

Метаболизам: Калцитриолот преминува во калцитролна киселина под влијание на 24-

хидроксилазата. Елиминација: калцитролната киселина се елиминира преку урината.

Калцитонин

Калцитонинот е хормон кој се создава по природен пат и учествува во

регулирањето на калциумот во метаболизмот на коските. Кај жените кај кои периодот на

менопауза поминал пред 5 години, калцитонинот го намалува губењето на коските, ја

зголемува густината на коските на кичмениот столб и според некои проучувања, ја

10

Page 11: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

намалува болката предизвикана од фрактура на коските. Го намалува ризикот од фрактури

на кичмениот столб и од било каква друга фрактура. Калцитонинот во моментов може да

се вбризгува со инекција или во форма на спреј за нос. Додека спрејот не предизвикува

некои посебни секундарни ефекти, интравенозниот калцитонин може да предизвика

алергиска реакција и непријатни секундарни ефекти како што е потење на лицето и

рацете, често мокрење, гадење и осипување на кожата.

Терипаратидот (Фортео) (види сл.9) е интравенозна форма на паратироидниот

хормон во човечкиот организам. Се употребува кај жени во периодот по менопауза и кај

мажи со остеопороза кај кои постои голем ризик од фрактури. Терипаратидот стимулира

ново создавање на коските и во кичмата и во колковите. Го намалува ризикот од фрактури

на кичмениот столб и на други места кај жени, а кај мажите, го намалува ризикот од

фрактури на кичмениот столб. Секундарните ефекти се гадење, вртоглавица и грчеви во

нозете. Може да се користи во период до 24 месеци.

Естроген/Хормонска Терапија – Естрогенот/хормонската терапија (ЕТ/ХТ) се

употребува за намалување на губењето на коскената маса, зголемување на густината на

коската и во кичмата и во колковите и за намалување на ризикот од фрактури на кичмата

или колковите кај жени во период по менопауза. Се употребува за спречување на

остеопороза во период по менопаузата и најчесто се конзумира во вид на таблета. Кога

естроген - третманот познат како естрогена терапија или ЕТ – се зема без било каков друг

препарат, го зголемува ризикот од рак на матката кај жените. Заради тоа, лекарите

препишуваат употреба на хормонот прогестин - зафат познат како хормонска терапија во

комбинација со естрогенот кај оние жени кај кои не била извршена хистеректомија.

Секундарните ефекти на ЕТ/ХТ се вагинално крварење, промени во расположението,

крвни грутки во вените и болести на бешиката.

Иницијативата за Здравје кај Жените, големо истражување спонзорирано од

Државата, неодамна докажа дека лекот Премпро (види сл.10), кој се употребува при

хормонска терапија за лекување на постменопаузална остеопороза, е поврзан со благиот

ризик од појава на рак на градата, мозочен удар и инфаркт. Не може со сигурност да се

утврди дали терапијата со естроген е поврзана со појавата на рак на дојката или со

кардиоваскуларните заболувања. Обемната студија од страна на Националниот Институт

за Малигни Заболувања укажа дека долготрајното користење на терапијата со естроген

11

Page 12: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

може да биде поврзано со зголемениот ризик од појава на рак на јајниците. Не може да се

утврди дали употребата на хормонската терапија го носи истиот ризик. Секоја терапија со

естроген треба да се применува што е можно пократко. Кога се употребува со единствена

цел да ја спречи остеопорозата по менопаузата, секоја ЕТ/ХТ терапија треба да се

применува исклучително само за спречување на остеопороза, откога ќе се отфрлат сите

можности за употреба на било кои други лекарства кои не содржат естроген.

Заклучок

12

Page 13: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Остеопорозата се јавува најчесто кај жените во постменопаузалниот период. Се

манифестира со губење на калциум, поради што коските стануваат лесно кршливи и

најчесто се јавуваат фрактури на колковите и зглобовите на рацете. Причини за појава на

остеопороза се: недостаток на естроген, недоволно внесување на калциум и намалена

физичка активност. Најдобар начин за избегнување на остеопороза е превенција со:

внесување храна која содржи поголемо количество на калциум, внесување на витамин Д и

редовна физичка активност.

Кога остеопорозата е дијагностицирана неопходно е нејзино лечење. Во минатото

се мислело дека остеопорозата е неизлечлива болест, но како што поминуваа годините

лекарите го сменија своето мислење. Денес остеопорозата е излечлива болест. Се лекува

со хормонска терапија, терапија со бифосфанати и помошни лековити препарати како што

се додатоците за храна кои содржат калциум. Со внесувањето на ваквите препарати се

зголемува густината на коскената маса, се намалува нејзината порозност, се зголемува

нејзината цврстина и се намалува опасноста од фрактури.

Терапијата мора да биде препишана од лекар, по направените потребни анализи.

Лекувањето треба да биде следено од лекарот поради можната појава на несакани ефекти

на употребуваните препарати како што се: пореметувања на горниот дел на

гастроинтестиналниот систем, проблеми со бубрезите, појава на камен во бубрезите и

можни алергиски реакции на помошните состојки.

Прилози

13

Page 14: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Слика 1 Слика 2

Прогресија на остеопороза

14

Page 15: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Слика 3 Слика 4

Слика 5 Слика 6

Слика 7 Слика 8

15

Page 16: Osteoporoza i nejzin sovremen tretman

Остеопороза и нејзин современ лековит третман

Користена литература

- http://remedika.com.mk/index_files/Page7656.htm- http://www.cancer.com.mk/index.php?

option=com_content&view=article&id=1304:vitamin-k2&catid=395:preporaki-tretmani&Itemid=590

- http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?271-%D0%9E%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B0

- http://www.endocrinology.org.mk/pdf/endocrinology/Osteoporoza.pdf- http://avicena.com.mk/laboratorija/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=267- http://www.demetra.com.mk/%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BE%D0%BF%D0%BE

%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B0/- http://pilates1st.com/mk/osteoporosis-and-pilates/- http://www.pzudrlazokirov.com/osteoinfo.html- http://www.zds.com.mk/novosti/28.html- www.reglek.com.mk- http://www.rxlist.com/fosamax-drug.htm- http://www.rxlist.com/actonel-drug-center.htm- http://www.rxlist.com/rocaltrol-drug.htm- http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%BE

%D0%BD%D0%B8%D0%BD

16