28
ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИОТ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Tags:

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ

И ПРИСТАПУВАЊЕ

КОН

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИОТ ДОГОВОР ЗА

СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

Page 2: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИОТ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

Преамбула Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Молдавија, Република Црна Гора, Романија, Република Србија и Времената административна мисија на Обединетите нации во Косово, во име на Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (во понатамошниот текст: Страните), имајќи ја предвид целта на соодветните страни за пристапување кон Европската унија; признавајќи го придонесот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (во понатамошниот текст: ЦЕФТА) за подобрување на подготвеноста на страните за членство во Европската унија, како што се потврди со пристапувањето на 1 мај 2004 година на Република Чешка, Република Унгарија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија и претстојното пристапување на Република Бугарија и Романија; убедени во потребата за изменување на ЦЕФТА, со цел да се придонесе во процесот за интеграција во Европа преку отворање на ЦЕФТА за сите страни подготвени да се придржуваат кон одредбите од овој Договор; земајќи ја предвид Декларацијата на премиерите на страните на ЦЕФТА, склучена на 29 ноември 2005 година во Загреб; земајќи ја предвид Декларацијата на премиерите на страните на ЦЕФТА, склучена на 6 април 2006 година во Букурешт, договорено е како што следува:

Член 1

Пристапување Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Молдавија, Република Црна Гора, Република Србија и Времената административна мисија на Обединетите нации во Косово, во име на Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, пристапуваат кон Централноевропскиот договор за слободна трговија, како што е изменет во член 3 од овој Договор и го применуваат во согласност со одредбите од овој Договор.

2

Page 3: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 2 Страни

Упатувањата во Централноевропскиот договор за слободна трговија, како што се изменува во член 3 од овој Договор, за нејзините страни подразбираат вклучување на сите страни во овој Договор.

Член 3 Измена на ЦЕФТА

Со ова се изменува Централноевропскиот договор за слободна трговија, склучен во Краков на 21 декември 1992 година, изменет со Договорот за изменување на Централноевропскиот договор за слободна трговија, склучен во Брно на 11 септември 1995 година и Договорот за изменување на Централноевропскиот договор за слободна трговија, склучен во Блед на 4 јули 2003 година. Пречистената верзија на текстот на Централноевропскиот договор за слободна трговија како што е изменет, (во понатамошниот текст: ЦЕФТА 2006), е во прилог на Анекс 1 кон овој Договор.

Член 4 Влегување во сила

1. Овој Договор е предмет на ратификација, прифаќање или одобрување во согласност со правилата предвидени во националното законодавство. Инструментите за ратификација, прифаќање или одобрување се чуваат кај Депозитарот. 2. Овој Договор влегува во сила на 1 мај 2007 година под услов сите страни, со исклучок на Република Бугарија и Романија, да ги приложат своите инструменти за ратификација, прифаќање или одобрување до Депозитарот до 31 март 2007 година. 3. Во случај Договорот да не влезе во сила кај сите страни во согласност со став 2 од овој член, ќе влезе во сила на триесеттиот ден по приложувањето на петтиот инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување. 4. За секоја страна која го приложила својот инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување по датумот на приложување на петтиот инструмент за ратификација, прифаќање или одобрување, Договорот ќе стапи во сила на триесеттиот ден по денот на приложувањето на нејзиниот инструментот за ратификација, прифаќање или одобрување. 5. Билатералните договори наведени во Анекс 2 престануваат да важат за засегнатите страни, на денот на влегување во сила на овој Договор. 6. Страните наведени во став 4 ги задржат сите преференцијали предвидени во односните билатерални договори за слободна трговија, се додека овој Договор не влезе во сила за секоја од нив. 7. Доколку уставните услови дозволуваат, која било страна може да го применува овој Договор привремено. Депозитарот се известува за привремената примена на овој Договор, согласно овој став.

3

Page 4: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

КАКО ПОТВРДА ЗА долупотпишаните ополномоштеници, прописно овластени за истото, го потпишаа овој Договор. Склучен во Букурешт на 19 декември 2006 година, во единствен автентичен примерок на англиски јазик, кој се приложува во Депозитарот на Централноевропскиот договор за слободна трговија, кој понатаму треба да достави заверени примероци до сите страни. За Република Албанија За Република Молдавија ………………………. ………………………….. За Босна и Херцеговина За Република Црна Гора ………………………… ………………………….. За Република Бугарија За Романија ……………………….. ………………………….. За Република Хрватска За Република Србија ………………………… ………………………….. За Република Македонија За Времената

административна мисија на Обединетите нации во Косово во име на Косово во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации

………………………… ……………………………

4

Page 5: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

АНЕКС 1 НА

ДОГОВОРОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИОТ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

Пречистена верзија на

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006)

ПРЕАМБУЛА Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Молдавија, Република Црна Гора, Романија, Република Србија и Времената административна мисија на Обединетите нации на Косово, во име на Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, (во понатамошниот текст: Страните), потврдувајќи ја својата заложба кон плуралистичка демократија заснована на владеење на правото, човековите права и основните слободи; потврдувајќи ја својата заложба кон принципите на пазарна економија, што претставува основа за нивните економски односи; имајќи ја предвид Декларацијата од Вишеград од 15 февруари 1991 година, Декларацијата од Краков од 6 октомври 1991 година, Декларацијата од Познањ од 25 ноември 1994 година и Декларацијата од Загреб од 29 ноември 2005 година, донесени како резултат на состаноците на највисоките претставници на страните на ЦЕФТА; потврдувајќи ја својата заложба кон Завршниот акт од Конференцијата за безбедност и соработка во Европа, Париската повелба, а особено принципите содржани во завршниот документ на Бонската конференција за економска соработка во Европа; имајќи ги предвид принципите содржани во Меморандумот за разбирање за трговска либерализација и олеснување од 27 јуни 2001 година, донесен од страните, под покровителство на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа и како последица на мрежата билатерални договори за слободна трговија склучени помеѓу нив; изразувајќи ја својата подготвеност за меѓусебна соработка во изнаоѓањето начини и средства за зајакнување на процесот на економска интеграција во Европа; одлучни за таа цел да ги елиминираат пречките во нивната меѓусебна трговија, во согласност со одредбите од Договорот од Маракеш за основање на Светската трговска организација (во понатамошниот текст: СТО) и постепено воспоставување на поблиски трговски односи;

5

Page 6: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

со желба да се создадат поволни услови за развој и разновидност на трговијата меѓу страните и за поттикнување на стопанската и економската соработка во областите од заеднички интерес засновани на еднаквост, заедничка корист, недискриминација и меѓународното право; убедени дека овој Договор ќе го поттикне интензивирањето на заемно корисните економски односи меѓу страните и ќе придонесе кон процесот на интеграција во Европа; со желба да се придонесе за развивање на односите на секоја страна со Европската унија и интегрирање во мултилатералниот систем на тргување; решени да ги остваруваат своите меѓусебни трговски односи во согласност со правилата и дисциплините на СТО, без оглед на нивното членство во СТО; со оглед на тоа што ниту една одредба од овој Договор не може да биде толкувана како ослободување на страните од нивните обврски според други меѓународни договори, особено СТО, Одлучија:

Член 1 Цели

1. Страните ќе воспостават слободна трговска област според одредбите од овој Договор и во согласност со односните правила и постапки на СТО. Слободната трговска област ќе биде воспоставена во период на транзиција, најдоцна до 31 декември 2010 година. 2. Целите на овој Договор се: а. да се консолидира во единствен договор постојното ниво на трговска либерализација постигнато преку мрежата билатерални договори за слободна трговија веќе склучени меѓу страните; б. да се подобрат условите за понатамошно промовирање на инвестиции, вклучувајќи странски директни инвестиции; в. да се проширува трговијата со стоки и услуги и да се поттикнуваат инвестициите со помош на фер, разбирливи, стабилни и предвидливи правила; г. да се отстрануваат бариерите и нарушувањата во трговијата и да се олеснува движењето на стоки во транзит и прекуграничното движење на стоки и услуги меѓу териториите на страните; д. да се обезбедат правични услови на конкуренција, што влијаат на надворешната трговија и инвестиции и постепено да се отвораат пазари за јавни набавки на страните; ѓ. да се обезбедува соодветна заштита на правата на интелектуална сопственост согласно меѓународните стандарди; е. да се обезбедуваат ефикасни постапки за спроведување и примена на овој Договор; и

6

Page 7: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

з. да се придонесува на тој начин кон хармоничен развој и експанзија на светската трговија.

ПОГЛАВЈЕ I ОПШТИ ОБВРСКИ ЗА ТРГОВИЈА СО СИТЕ СТОКИ

Член 2 Основни царини

1. Во меѓусебната трговија опфатена со овој Договор, страните ќе ја применуваат Комбинираната номенклатура (во понатамошниот текст: КН) за класификација на стоки. 2. Последователните намалувања на основната царина за секој производ, утврдени во овој Договор, се применуваат врз основа на царинска стапка која во дадениот момент се применува во трговијата помеѓу страните на датумот пред влегувањето во сила на овој Договор. 3. Страните меѓусебно се информираат за своите основни царински давачки. 4. Доколку, по датумот на потпишувањето на овој Договор, кое било тарифно намалување се применува на основните царини дефинирани во став 2, а особено по намалувањето на царините врз основа на ерга омнес правилото што произлегува од договорот за царини склучен како резултат на членството во СТО, или како резултат на преговорите за утврдување на царини во рамки на СТО, оваа намалена царина ја заменува основната царина наведена во став 2 од овој член од датумот кога се применуваат овие намалувања. 5. Намалените царини пресметани во согласност со став 2 и 4 од овој член се применуваат со заокружување на првото децимално место. Страната што не ја користи првата децимална точка ја заокружува давачката на цели броеви користејќи ги општите аритметички принципи. На тој начин, сите цифри што по децималната точка завршуваат со 50 или помалку се заокружуваат на помалиот најблизок цел број и сите цифри што по децималната точка завршуваат со над 50 се заокружуваат на поголемиот најблизок цел број.

Член 3 Количински ограничувања

1. Сите количински ограничувања на увозот и извозот, како и мерките со еквивалентен ефект во трговијата меѓу страните, се укинуваат од датумот на влегување во сила на овој Договор. 2. Нема да бидат воведени нови количински ограничувања на увозот и извозот, како и мерки со еквивалентен ефект во трговијата меѓу страните, од датумот на влегување во сила на овој Договор.

Член 4

Царински давачки при извоз 1. Страните ги укинуваат сите царински давачки при извоз, давачки со еквивалентен ефект на царинските давачки и извозни давачки од фискална

7

Page 8: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

природа во меѓусебната трговија, на датумот на влегување во сила на овој Договор. 2. Нема да бидат воведени нови царински давачки за извоз, давачки со еквивалентен ефект на царинските давачки и извозни давачки од фискална природа во трговијата меѓу страните, од датумот на влегување во сила на овој Договор.

Член 5

Царински давачки при увоз: Застој

Нема да бидат воведени нови увозни царински давачки, давачки со еквивалентен ефект на царинските давачки и увозни давачки од фискална природа, ниту пак оние кои веќе се применуваат нема да бидат зголемени во трговијата меѓу страните, од датумот на потпишување на овој Договор.

Член 6 Царински давачки

Страните ги укинуваат царинските давачки и други слични давачки спротивни на член 8 од Општата спогодба за царините и трговијата од 1994 година (во натамошниот текст: ГАТТ), кои се применуваат во меѓусебната трговија, од датумот на влегување во сила на овој Договор.

ПОГЛАВЈЕ II

ИНДУСТРИСКИ ПРОИЗВОДИ

Член 7 Опсег

Одредбите од ова Поглавје се применуваат за индустриски производи со потекло од страните. Терминот „индустриски производи” во смисла на овој Договор ги означува производите што спаѓаат во поглавјата 25 до 97 од КН, со исклучок на производите наведени во Анекс 1 од овој Договор.

Член 8 Царински давачки при увоз: Укинување

1. Страните ги укинуваат сите увозни царински давачки, сите давачки со еквивалентен ефект на царински давачки и сите увозни давачки од фискална природа за сите производи во меѓусебната трговија кои не се предмет на билатерални концесии наведени во Анекс 2 од датумот на влегување во сила на овој Договор. 2. Увозните царински давачки, сите давачки со еквивалентен ефект на царински давачки и сите увозни давачки од фискална природа за производите наведени во Анекс 2, во трговијата меѓу страните, ќе бидат прогресивно намалени и укинати според распоредот наведен во овој Анекс, во период на транзиција кој завршува на 31 декември 2008 година.

8

Page 9: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

ПОГЛАВЈЕ III ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

Член 9 Опсег

Одредбите од ова Поглавје се применуваат за земјоделски производи со потекло од страните. Терминот „земјоделски производи” во смисла на овој Договор ги означува производите што спаѓаат во Поглавјата 1 до 24 од КН и производите наведени во Анекс 1 од овој Договор.

Член 10 Царински давачки при увоз

1. Увозните царински давачки, сите давачки со еквивалентен ефект на царински давачки и други увозни давачки од фискална природа за производите определени во Анекс 3 од овој Договор, се намалуваат или укинуваат според распоредот наведен во овој Анекс. 2. Страните применуваат царинска стапка со третман на најповластена нација (во понатамошниот текст: МФН) за увоз на производи наведени во Анекс 3 кога истата е пониска од преференцијалните царински давачки определени во Анекс 3. 3. Во рамките на Мешовитиот комитет, страните ги разгледуваат можностите за меѓусебно доделување понатамошни концесии, не подоцна од 1 мај 2009 година.

Член 11

Концесии и земјоделски политики 1. Без да е во спротивност со добиените концесии согласно член 10, одредбите од ова Поглавје на ниту еден начин нема да го ограничат спроведувањето на одделните земјоделски политики на страните или преземањето какви било мерки согласно овие политики, вклучувајќи го и спроведувањето на договорите во рамките на СТО. 2. Страните навремено ќе го известат Мешовитиот комитет за промените во спроведувањето на своите земјоделски политики или за примената на мерките што може да влијае на условите за меѓусебната трговија во областа на земјоделството како што е предвидено во овој Договор. По барање на која било страна, ќе се одржуваат навремени консултации за испитување на состојбата. 3. И покрај член 21 став 2, сите страни се воздржуваат од користење извозни субвенции, и ги укинуваат постојните извозни субвенции, во меѓусебната трговија.

9

Page 10: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 12 Санитарни и фитосанитарни мерки

1. Правата и обврските на страните, во врска со примената на санитарни и фитосанитарни мерки, се уредуваат со Договорот за примена на санитарни и фитосанитарни мерки на СТО. 2. Страните соработуваат во областа на санитарните и фитосанитарни мерки, вклучувајќи и работи од ветеринарнарната област, со цел примена на релевантни прописи на недискриминаторен начин. Секоја страна на барање на друга страна, обезбедува информации за санитарните и фитосанитарните мерки. 3. Доколку постојат соодветни услови, страните започнуваат преговори за склучување на договори за усогласување или заедничко признавање на овие прашања во согласност со релевантните одредби од Договорот за примена на санитарни и фитосанитарни мерки на СТО и други релевантни меѓународни договори. 4. Доколку со примената на овој член настанат одредени проблеми, истите се решаваат во согласност со одредбите од член 42.

ПОГЛАВЈЕ IV ТЕХНИЧКИ БАРИЕРИ ВО ТРГОВИЈАТА

Член 13

Технички бариери во трговијата

1. Правата и обврските на страните што се однесуваат на примената на техничките бариери во трговијата се уредуваат согласно Спогодбата за технички бариери во трговијата на СТО, освен ако не е поинаку предвидено во овој член. 2. Страните преземаат мерки за откривање и отстранување на непотребните постојни технички бариери во трговијата во смисла на значењето на Спогодбата за технички бариери во трговијата на СТО. Мешовитиот комитет или специјалниот комитет за прашања во врска со техничките бариери во трговијата, кој може да биде формиран согласно член 41, став 5, го надгледува процесот на отстранување на непотребните технички бариери во трговијата. 3. а. Страните настојуваат да не воведуваат нови непотребни технички бариери во трговијата. За оваа цел тие соработуваат во рамки на Мешовитиот комитет, или во специјалниот комитет за прашања во врска со техничките бариери во трговијата, за олеснување и усогласување на техничките регулативи, стандарди и задолжителни постапки за оцена на сообразноста, со цел отстранување на техничките бариери во трговијата.

б. Страните ќе го известат Мешовитиот комитет, или специјалниот комитет за прашања во врска со техничките бариери во трговијата, за нацрт-текстот за нова техничка регулатива (вклучувајќи ја која било задолжителна постапка за оцена на сообразноста) или стандард, најмалку 90 (деведесет) дена пред нејзиното донесување, освен при вонреден случај како што е наведено во Спогодбата за технички бариери во трговијата на СТО. Доколку некоја страна предложи да се транспонира европска или меѓународна техничка регулатива или стандард, важечкиот период е 30 (триесет) дена.

10

Page 11: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

в. Без да е во спротивност со Спогодбата за технички бариери во трговијата на СТО, страните силно се поттикнуваат да ги усогласат своите технички регулативи, стандарди и постапки за оцена на сообразноста со оние на Европската заедница, освен ако нивната употреба би била неефикасна или несоодветна за исполнување на легитимната цел на страните. 4. Страните преземаат обврска пред 31 декември 2010 година да започнат преговори за склучување мултилатерални спогодби за усогласување на своите технички регулативи и стандарди, како и заемно признавање на постапките за оцена на сообразноста во согласност со релевантните одредби од Спогодбата за технички бариери во трговијата на СТО и други релевантни меѓународни договори. 5. Ако некоја страна смета дека која било друга страна донела или е во процес на донесување мерка за воведување на непотребна техничка бариера во трговијата, засегнатата страна ќе го извести Мешовитиот комитет, или специјалниот комитет за прашања во врска со техничките бариери во трговијата, кој понатаму треба да одлучи која мерка да биде преземена. 6. Секој проблем кој настанува со примената на овој член решава во согласност со одредбите од член 42 од овој Договор.

ПОГЛАВЈЕ V ОПШТИ ОДРЕДБИ

А.- Правила за работа

Член 14 Правила за потекло и соработка на Царинските управи

1. Доколку не е поинаку пропишано во овој Договор, Анекс 4 ги утврдува правилата за потекло во однос на примената на одредбите од овој Договор и методите за административна соработка за прашања од областа на царина. Мешовитиот комитет може да одлучи да ги измени одредбите од Анекс 4. 2. Анексот 5 ги утврдува општите правила за заемна административна помош за прашања од областа на царина. 3. Страните преземаат соодветни мерки, вклучувајќи редовни проверки од страна на Мешовитиот комитет за да обезбедат ефикасна и усогласена примена на Анекс 4 и Анекс 5, како и на соодветните членови од овој Договор. 4. Страните ги поедноставуваат и олеснуваат царинските постапки и ги намалуваат формалностите во трговијата колку што е можно повеќе. Тие ги решаваат тешкотиите што евентуално би настанале со примената на овие одредби во согласност со одредбите од член 42.

Член 15 Фискална дискриминација

1. Страните се воздржуваат од каква било мерка или практика од внатрешна фискална природа со која се воспоставува, директно или индиректно,

11

Page 12: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

дискриминација на производите со потекло од страните, додека веќе постојните мерки од овој тип се укинуваат со влегувањето во сила на овој Договор. 2. За производите кои се извезуваат на територијата на една од страните, нема да се користи поврат на домашни даноци во износ поголем од директните даноци пропишани за нив.

Член 16 Плаќања

1. Плаќањата во слободни конвертибилни валути што се однесуваат на трговијата со стоки помеѓу страните и преносот на ваквите плаќања на територијата на страната, каде живее доверителот се ослободени од секакви ограничувања. 2. Страните се воздржуваат од каква било размена или административни ограничувања за доделување помош, повторно плаќање или прифаќање на краткорочни и среднорочни кредити за трговија со стоки во кој учествува жител. 3. И покрај одредбите од став 2 од овој член, сите мерки што се однесуваат на тековните плаќања поврзани со движење на стоки се во сообразност со условите утврдени според член VIII од Договорот на Меѓународниот монетарен фонд и се применуваат на недискриминаторна основа.

Член 17 Општи исклучоци

Овој Договор не ја исклучува забраната или ограничувањето на увозот, извозот или транзитот на стоки засновани на јавниот морал, политиката за јавна безбедност, заштита на здравјето и животот на луѓето, животните и растенијата, заштита на националните богатства од уметничка, историска или археолошка вредност, заштита на интелектуалната сопственост или правилата кои се однесуваат на злато или сребро или зачувувањето на исцрпените природни ресурси ако такви мерки се ефикасни заедно со ограничувања на домашното производство или потрошувачката. Овие забрани или ограничувања нема да претставуваат средство за самоволна дискриминација или прикриено ограничување во трговијата помеѓу страните.

Член 18 Исклучоци од безбедносни причини

Овој Договор со ништо нема да ја спречи страната да преземе каква било мерка, која ја смета за неопходна заради: 1. спречување на откривање податоци кои се во спротивност со основните безбедносни интереси; 2. заштита на основните интереси на својата безбедност или за спроведување на меѓународните обврски или национални политики, во врска со:

12

Page 13: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

а. трговија со оружје, муниција и воена опрема, доколку таквите мерки не ги намалуваат условите на конкуренција во однос на производите кои не се наменети за посебни воени цели и за таква трговија со друга стока, материјали и услуги, кои се извршуваат директно или индиректно за потребите на снабдување на воениот сектор, или б. неширење на биолошко и хемиско оружје, нуклеарно оружје или други нуклеарни експлозивни средства, или в. период на војна или друга сериозна меѓународна тензија што претставува закана од војна.

Б.— Правила на конкуренција

Член 19 Државни монополи и државни трговски претпријатија

1. Страните ги прилагодуваат сите државни монополи од трговски карактер или државни трговски претпријатија за да обезбедат дека, во согласност со одредбите од Договорот за СТО, не постои дискриминација помеѓу претпријатијата на страните во врска со условите под кои стоките се продаваат на пазарот. Страните ќе го известуваат Мешовитиот комитет за мерките што ги донесуваат за спроведување на оваа одредба. 2. Одредбите од ставовите 1 и 3 од овој член се применуваат за секое тело преку кое надлежните органи на страните, законски или реално, директно или индиректно го надгледуваат, утврдуваат или забележливо влијаат на увозот или извозот помеѓу страните. Овие одредби важат и за монополите доделени од државата на други. 3. Страните се воздржуваат од воведување каква било мерка спротивна на принципите утврдени во ставовите 1 и 2 од овој член, или мерка која го ограничува делокругот на членовите што го уредуваат прашањето на забрана на царинските давачки и количински ограничувања помеѓу страните.

Член 20 Правила на конкуренција кои се однесуваат на претпријатијата

1. Следново е неспоиво со правилната примена на овој Договор, доколку има влијание врз трговската размена меѓу страните: а. сите договори помеѓу претпријатијата, одлуките на здруженијата на претпријатија и соодветните практики меѓу претпријатијата кои имаат за цел или последица попречување, ограничување или отстранување на конкуренцијата на териториите на страните како целина или на значителен дел од истите; б. злоупотреба од едно или повеќе претпријатија со доминантна позиција на териториите на страните како целина или во позначителен дел од истите. 2. Секоја практика спротивна на овој член се оценува врз основа на принципите на правилата за конкуренција кои се применуваат во Европската

13

Page 14: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

заедница, особено членовите 81, 82 и 86 од Договорот за основање на Европската заедница. 3. До 1 мај 2010 година, одредбите од став 1 и став 2 ќе се применуваат за активностите на сите претпријатија, вклучувајќи јавни претпријатија и претпријатија на кои страните им доделиле специјални или ексклузивни права. Претпријатијата задолжени за работа со услуги од општ економски интерес или претпријатијата кои имаат карактер на монополи кои остваруваат приходи ќе бидат предмет на одредбите од став 1 и став 2, доколку примената на овие одредби не го попречува изведувањето, правно или фактички, на поединечните јавни задачи што им се доделени. 4. Со оглед на производите наведени во Поглавје III, одредбите пропишани во став 1 (а) нема да се применуваат за оние договори, одлуки и практики што претставуваат составен дел од домашната пазарна организација. 5. Страните преземаат обврска да ги применуваат односните закони за конкуренција во поглед на отстранување на практиките наведени во став 1. 6. Страните меѓусебно ќе се известуваат за преземените значајни активности и ќе разменуваат информации. Од ниту една страна нема да се бара да открива податоци кои имаат статус на доверливи според нивните домашни закони. На барање, конкурентните органи и/или другите релевантни органи на засегнатите страни ќе започнат консултации за да го олеснат отстранувањето на практиките од ставовите 1 и 2. Повиканата страна целосно го зема предвид ова барање. Оваа координација нема да ги спречи Страните да донесуваат одлуки самостојно. 7. Доколку некоја страна смета дека одредена практика е некомпатибилна со ставовите од 1 до 4 од овој член и доколку таквата практика предизвиала или се заканува да предизвика сериозно загрозување на интересите на другата страна или материјална штета на нејзината домашна индустрија, истата може да преземе соодветни мерки според условите и во согласност со постапката утврдена во член 24.

Член 21 Државна помош

1. Секоја помош, доделена од некоја страна или преку државни ресурси во која било форма, што ја нарушува или се заканува да ја наруши конкуренцијата со привилегирање одредени стоки, доколку влијае на трговијата помеѓу засегнатата страна и другите страни од овој Договор, нема да соодветствува со правилната примена на овој Договор. 2. Одредбите од став 1 не важат за производите наведени во Поглавје III. 3. Страните ги применуваат своите соодветни закони во поглед на обезбедување примена на принципите наведени во став 1. 4. Секоја практика спротивна на овој член се оценува врз основа на принципите на правилата за државна помош кои се применуваат во Европската заедница, а особено согласно со член 87 од Договорот за основање на Европската заедница. 5. Доколку некоја страна смета дека определена практика не е во согласност со условите од став 1 и предизвикува или се заканува да предизвика сериозни штети за нејзините интереси или материјална штета на нејзината домашна индустрија, истата може да преземе соодветни мерки под услови и во согласност со одредбите утврдени во член 24.

14

Page 15: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

6. Овој член со ништо нема да предизвика штета или да влијае на кој било начин во преземањето компензаторни мерки од која било страна, во согласност со односните членови од ГАТТ и Спогодбата за субвенции и компензаторни мерки на СТО, или соодветно национално законодавство. 7. Секоја страна обезбедува транспарентност во областа на државната помош, помеѓу другото, со годишно известување на Мешовитиот комитет за вкупниот износ и распределбата на доделената помош и, на барање на другите страни, преку обезбедување податоци за плановите за помош и за поединечни случаи на државна помош.

В. – Условни правила за заштита

Член 22 Антидампинг мерки

1. Ако една страна открие дека се врши дампинг во трговијата со друга страна, во смисла на значењето на член VI од ГАТТ, може да преземе соодветни мерки против таквата практика во согласност со Договорот за примена на членот VI од ГАТТ на СТО и под условите утврдени во Заедничката декларација која се однесува на овој член. 2. Страната навремено ќе ја информира која било засегната страна и Мешовитиот комитет за активностите и мерките што ги презема и навремено ќе ги обезбеди сите релевантни информации.

Член 23 Општи заштитни мерки

1. Страните ги потврдуваат нивните права да преземаат заштитни мерки според членот XIX од ГАТТ и Договорот за заштитни мерки на СТО, под услови утврдени во Заедничката декларација која се однесува на овој член. 2. И покрај став 1, во случај на зголемени количини на увоз на одреден производ, како резултат на обврските наложени од некоја страна според овој Договор е предизвикана или постои закана да предизвика: а. сериозни штети на домашните производители на слични или директно конкурентни производи на територијата на страната што увезува, или б . сериозни нарушувања во кој било сектор во стопанството, што можат да предизвикаат сериозно влошување на економската состојба на страната што увезува, страната што увезува може да преземе соодветни билатерални заштитни мерки против другата страна од овој Договор, под услови и во согласност со важечките постапки утврдени во член 24.

15

Page 16: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 23 bis

И покрај другите одредби од овој Договор, особено член 23, со оглед на чувствителноста на пазарот на земјоделски производи, кога увозот на производи кои потекнуваат од една страна, што се предмет на концесии дадени согласно со Анекс 3, предизвикува сериозно нарушување на пазарите или на нивните домашни регулаторни механизми, во другата страна, двете страни веднаш започнуваат консултации за да најдат соодветно решение. Во очекување на ваквото решение, засегнатата страна може да преземе соодветни мерки доколку смета дека е потребно.

Член 24

Услови и постапки за примена на мерки

1. Пред започнување на постапка за примена на мерките предвидени во членовите 20, 21 и 23 страните ќе се обидат да ги решат сите разлики меѓу нив по пат на директни консултации.

2. Доколку една страна е предмет на увоз на производи што може да предизвика состојба наведена во член 23, таа преку административна постапка, чија цел е да обезбеди брза информација за движењето на трговските текови ќе ги извести засегнатите страни.

3. Без да е во спротивност со став 7 од овој член, страната која што прибегнува кон мерките предвидени во членовите 20, 21 и 23, навреме ја известува другата страна и Мешовитиот комитет за истото и им ги доставува сите неопходни информации. Мешовитиот комитет без одлагање го испитува случајот и дава препорака за ставање крај на тешкотиите за кои го известила засегнатата страна. Во отсуство на таква препорака во рок од 30 календарски дена откако Мешовитиот комитет е известен за случајот или доколку со истата практика се продолжува и понатаму, засегнатата страна може да донесе потребни мерки со цел да се поправи состојбата.

4. Мерките предвидени во членовите 21, 23 и 42 се ограничени што се однесува на нивниот степен и траење со цел само да се поправи настанатата состојба и доколку истите нема да предизвикаат поголема штета од штетата предизвикана од практиката. Се дава приоритет на оние мерки кои најмалку ја попречуваат примената на овој Договор.

5. Билатералните заштитни мерки наведени во член 23, став 2 нема да предизвикаат зголемување на соодветната царинска стапка, применета според овој Договор. Постојните царински стапки нема да изнесуваат помалку од:

a) применетата стапка на давачка на најповластена нација (МФН) што е во сила во времето кога е поведена постапката, или

b) применетата стапка на давачка на најповластена нација (МФН) што е во сила на денот пред датумот на влегување во сила на овој Договор.

Билатералните заштитни мерки содржат јасни елементи што претежно водат кон нивно отстранување и не се преземаат во период над 1 година. Тие може да се обновуваат најмногу два пати. Ниедна мерка нема да се применува

16

Page 17: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

за увоз на производ што претходно бил предмет на таква мерка за период од две години од истекот на мерката.

6. Другите страни и Мешовитиот комитет веднаш се известуваат за мерките превземени во согласност со членовите од став 4 и 5. Мешовитиот комитет го следи спроведувањето на овие мерки, посебно од аспект на нивното ублажување или што поскоро укинување.

7. Кога исклучителни или важни околности што наложуваат итно дејствување оневозможуваат да се направи претходно испитување или информирање, во зависност од случајот, засегнатата страна, може во случаите наведени во член 23, став 2, без одлагање да ги применува преодните мерки кои се исклучително неопходни за да се поправи состојбата. Такви преодни мерки може да се применуваат најмногу за 200 календарски денови. За преодните мерки се известува без задоцнување, а консултациите меѓу страните се одржуваат во најкус можен рок во рамките на Мешовитиот комитет и во согласност со соодветните ставови од овој член.

Член 25

Тешкотии во платниот биланс Во случај кога една од страните има сериозни тешкотии со платниот биланс или е под непосредна закана од истото, засегнатата страна може да донесе рестриктивни мерки за увоз на ерга омнес основа, во согласност со одредбите на СТО. Таквите мерки особено се со ограничено траење и не смеат да одат надвор од тоа што е неопходно за подобрување на состојбата во платниот биланс. Како што се подобрува билансот на плаќање, мерките постепено ќе се ублажуваат и отстрануваат кога условите повеќе не го оправдуваат нивното задржување. Страната без одлагање ја известува другата страна за нивното воведување, и кога е можно, за временскиот распоред за нивно престанување.

ПОГЛАВЈЕ VI НОВИ ТРГОВСКИ ПРАШАЊА

А.- УСЛУГИ

Член 26 Опсег и дефиниции

Членовите во Дел А од ова Поглавје применуваат мерки донесени од страните кои влијаат во трговијата со услуги. За целите на овој Договор, трговијата со услуги е дефинирана во согласност со член I и, доколку е соодветно, со член XXVIII од Општиот договор за трговија со услуги (во натамошниот текст: ГАТС).

17

Page 18: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 27 Цели

Страните постепено ќе ја развиваат и прошируваат својата соработка со цел остварување на прогресивна либерализација и заедничко отворање на нивните пазари на услуги, во контекст на европската интеграција, имајќи ги предвид важечките одредби од ГАТС и обврските кои произлегуваат од ГАТС од страните што се членки на СТО.

Член 28

Електронска трговија Страните кои признаваат дека користењето на електронските средства ги зголемува можностите за трговија во многу сектори, се согласни да го поттикнуваат развојот на електронската трговија меѓу нив, а особено преку соработка во пристапот на пазарот и регулативни прашања што произлегуваат од електронската трговија.

Член 29 Еволутивна клаузула

1. Мешовитиот Комитет ги разгледува резултатите од соработката наведена во член 27 на годишна основа и, ако е соодветно, препорачува, следејќи го својот деловник, започнувањето на преговори со цел постепено да се оствари повисоко ниво на либерализација, во согласност со член V од ГАТС. Понатамошните преземени обврски од таквите преговори се утврдуваат во распоред формирајќи составен дел на овој Договор.

Б- ИНВЕСТИЦИИ

Член 30 Опсег

1. Страните ги потврдуваат своите права и обврски што произлегуваат од постојните билатерални договори за инвестирање наведени во Анекс 6.

2. Одредбите од член 30 до 33 од овој Договор не се во спротивност со правата и обврските на страните кои произлегуваат од Спогодбите наведени во Анекс 6.

3. Страните се согласни дека секој спор што се однесува на толкување или примена на одредбите од член 30 до 33 нема да се поднесуваат на арбитражна постапка утврдена во член 43, доколку тој спор може да биде поднесен до арбитражните постапки предвидени во еден од спогодбите во Анекс 6.

18

Page 19: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 31 Цели

1. Страните создаваат и одржуваат стабилни, поволни и транспарентни услови за инвеститорите на другите страни што инвестираат или бараат да инвестираат на нивните територии.

2. Секоја страна колку што е можно ги промовира инвестициите направени од инвеститорите на другите страни на својата територија и дозволува некои инвестиции, во согласност со националните закони и прописи.

3. Кога страната одобрува некоја инвестиција да се направи од инвеститорите од другите страни, во согласност со нејзините национални закони и прописи, таа ги доделува потребни дозволи и административни овластувања во врска со таквата инвестиција.

4. Во таа насока, страните разменуваат, во рамките на Мешовитиот комитет, информации за нивните закони и прописи кои се однесуваат на утврдување на инвестициите, како и сите инвестициони можности.

Член 32

Третман на инвестициите 1. Секоја страна обезбедува фер и рамноправен третман и целосна заштита и безбедност на инвестициите од инвеститорите на другите страни.

2. Секоја страна ги штити инвестициите од инвеститорите на другите Страни направени согласно нејзините национални закони и прописи и нема да го попречува со неразумни или дискриминаторни мерки управувањето, одржувањето, користењето, уживањето, продолжувањето, продажбата или ликвидацијата на таквите инвестиции. Страните нема да донесуваат ниту било какви други регулативи или мерки со кои се воведува дискриминација во поглед на основањето на компании на другата страна на нивната територија.

3. Страните, во поглед на основањето и раководењето со инвестициите од други страни, обезбедуваат не помалку поволен третман од оној што го обезбедува секоја страна за инвестиции на своите инвеститори или од оној што се дава од секоја страна за инвестиции на инвеститорите од трети држави, доколку овој третман е поповолен.

4. Одредбите од овој Договор за недискриминирачки третман, национален третман и третман на најповластена нација нема да се применуваат на сите досегашни или идни предности кои се усогласени со секоја страна врз основа на нејзиното членство во царинска, економска или монетарна унија, заеднички пазар или област на слободна трговија. Таквиот третман нема да биде поврзан ниту со каква било предност која едната страна им ја дава на инвеститорите од трета држава врз основа на договор за двојно оданочување или други договори на реципрочна основа, во врска со даночни прашања.

19

Page 20: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 33 Еволутивна клаузула

1. Страните се консултираат во рамки на Мешовитиот комитет, со цел за постепено остварување на широка соработка во нивните инвестициски политики.

2. Во таа мера, страните ги потврдуваат нивните обврски за прогресивно прегледување на нивната внатрешна законска рамка која се однесува на инвестициите, со цел да ги олеснат условите за инвестирање. Страните разменуваат информации за овие аспекти во рамките на Мешовитиот комитет, согласно член 31, став 4.

3. Исто така, страните ги испитуваат можностите за давање на слични дополнителни погодности на инвеститорите од други страни или, во зависност од случајот, на инвеститорите од трети држави, во согласност со нивните закони и прописи.

В- ЈАВНИ НАБАВКИ

Член 34 Опсег и дефиниции

Овој Договор се применува на сите закони, прописи, постапки или практики, кои се однесуваат на каква било набавка од страна на централни или локални или други соодветни субјекти. Членовите 26 до 29 од овој Договор се конструираат за со ништо да не влијаат на какви било обврски во однос на јавните набавки. Се применуваат дефинициите од член I од Договорот на СТО за јавни набавки.

Член 35 Цели

1. Од датумот на влегување во сила на овој Договор, секоја страна овозможува набавките на своите субјекти да се одвиваат на транспарентен и праведен начин, ги третира еднакво сите снабдувачи од другите страни и се базира на принципот на отворена и успешна конкуренција.

2. Секоја страна, не подоцна од 1 мај 2010 година, ќе обезбедува постепено и успешно отворање на своите пазари за јавни набавки така што, во врска со кои било закони, прописи, постапки и практики кои се однесуваат на јавните набавки, секоја страна за стоките, услугите и снабдувачите на другите страни им дава третман што не е помалку поволен отколку тој за домашните стоки, услуги и снабдувачи. Страните особено обезбедуваат нивните субјекти:

a) да не постапуваат со локалниот снабдувач помалку благонаклонето отколку со друг локален снабдувач, врз основа на степенот на странска поврзаност или сопственост, на лице од друга страна, и

20

Page 21: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

b) да не го дискриминираат локалниот снабдувач врз основа на понудените стоки или услуги од тој снабдувач за посебна набавка на стоки или услуги од друга страна.

3. Овој член нема да се применува за мерките што се однесуваат на царинските давачки или други трошоци од кој било вид што се наметнати или поврзани со увезувањето, начинот на наметнување на тие давачки и трошоци, други увозни прописи, вклучувајќи ограничувања и формалности, ниту пак за мерките што влијаат на трговија со услуги освен мерките што специфично ги регулираат набавките.

Член 36

Еволутивна клаузула 1. Страните го разгледаат во рамки на Мешовитиот комитет, на редовна основа, напредокот во отворањето на пазарите за јавни набавки. Првото разгледување ќе се одржи не подоцна од 1 мај 2008 година и ќе се фокусира на исполнувањето на член 35, став 1. Врз основа на овие согледувања, Мешовитиот комитет може да препорача понатамошни активности за да ги исполни целите од член 35, став 2.

2. Ако некоја страна во иднина понуди дополнителни предности на трета страна за пристап на својот пазар за јавни набавки, надвор од она што е договорено во овој Договор, таа ќе понуди адекватни можности на другите страни да започнат преговори во поглед на проширување на овие предности за сите на реципрочна основа.

Г- ЗАШТИТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Член 37 Опсег и дефиниции

Во смисла на овој Договор, правата на интелектуална сопственост ги опфаќаат правата на индустриска сопственост (патенти, трговски марки, индустриски дизајни, географски ознаки) авторските и сродните права, топографија на интегрални кола, како и заштита против нелојална конкуренција од член 10 bis од Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост и заштита на неоткриени информации од член 39 од Договорот за трговските аспектите на правата на интелектуална сопственост (во натамошниот текст: ТРИПС).

Член 38 Цели

1. Страните даваат и обезбедуваат соодветна и ефикасна заштита на правата на интелектуална сопственост во согласност со меѓународните стандарди, особено со ТРИПС, вклучувајќи ги и ефикасните средства за спроведување на тие права предвидени во меѓународните конвенции и договори.

2. Страните продолжуваат да обезбедуваат соодветно и ефикасно спроведување на обврските, што произлегуваат од конвенциите наведени во Анекс 7.

21

Page 22: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

3. Засегнатите страни кои сè уште не се членки на конвенциите наведени во Анекс 7 ќе се согласат со нив и ќе ги преземат сите неопходни мерки во поглед на спроведување на обврските кои произлегуваат од нив, адекватно и ефикасно не подоцна од 1 мај 2014 година.

Член 39 Еволутивна клаузула

1. Ако некоја страна по влегувањето во сила на овој Договор, во иднина понуди дополнителни предности на трета страна или преференцијали за правата на интелектуална сопственост повеќе од она што е договорено според Дел Г од ова Поглавје, таа е согласна да започне консултации со другите страни на овој Договор, во поглед на проширување на овие предности или преференцијали за сите врз реципрочна основа.

2. Иако страните ја изразуваат својата приврзаност за почитување на обврските што произлегуваат од мултилатералните конвенции наведени во Анекс 7, страните може да одлучат во овој Анекс да вклучат други мултилатерални конвенции од таа област и да ги потврдат своите заложби за разгледување на Дел Г од ова Поглавје, не подоцна од 1 мај 2011 година.

Поглавје VII ПРАВИЛА ЗА РАБОТА

Член 40

Мешовит комитет 1. Страните се согласни да формираат Мешовит комитет составен од претставници на секоја страна.

2. Мешовитиот комитет го надгледува и раководи со спроведувањето на овој Договор. Мешовитиот комитет ќе го поддржува постојан секретаријат, со седиште во Брисел. Мешовитиот Комитет ќе решава за функциите и административните правила на секретаријатот.

3. Со цел правилно спроведување на овој Договор, страните ќе разменуваат информации и на барање на некоја од страните, ќе одржуваат консултации во рамките на Мешовитиот комитет. Мешовитиот комитет ќе ја разгледува можноста за понатамошно отстранување на пречките за трговија меѓу страните.

4. Мешовитиот комитет може да донесува одлуки во случаите предвидени во овој Договор. За други прашања, Мешовитиот комитет може да дава препораки.

Член 41 Постапка на Мешовитиот комитет

1. Мешовитиот комитет се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Секоја страна може да побара свикување на состанок.

2. Мешовитиот Комитет постапува според консензус.

22

Page 23: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

3. Освен за одлуката наведена во член 14, став 1, претставник на една страна во Мешовитиот комитет може да прифати одлука со резерва во врска со исполнување на домашни правни побарувања. Одлуката влегува во сила ако не содржи некој подоцнежен датум во истата, на денот на укинувањето на резервата пријавена кај Депозитарот.

4. На неговата прва седница од влегувањето во сила на овој Договор, Мешовитиот комитет ќе донесе свој деловник за работа кој, помеѓу другото, содржи одредби за свикување состаноци и за назначување на претседавач и за траење на неговиот/нејзиниот мандат.

5. Мешовитиот комитет може да донесе одлука за формирање соодветни органи, како што се: работните групи, работни единици, поткомитети и други тела за кои смета дека се неопходни да помогнат во извршувањето на неговите задачи.

6. Мешовитиот Комитет ќе донесе заеднички договорена Листа на медијатори од лица квалификувани да посредуваат во споровите согласно со правилата за помирување на УНЦИТРАЛ.

Член 42

Исполнување на обврските и консултациите

1. Страните ги преземаат сите неопходни мерки за исполнување на своите обврски според овој Договор. Тие се грижат за остварување на целите утврдени во Договорот. Ако настане некое разидување во толкувањето и применувањето на овој Договор, засегнатите страни ќе направат напор, доколку е потребно, да се пронајде меѓусебно задоволително решение, преку соработка и консултации, во рамки на Мешовитиот комитет.

2. Секоја страна може писмено да побара од Мешовитиот комитет консултации со која било друга страна за која било конкретна или предложена мерка или некое друго прашање за кое што смета дека може да влијае на функционирањето на овој Договор што се одржуваат во рамките на Мешовитиот комитет. Страната што бара консултации во исто време писмено ги известува другите страни за истото и им ги доставува односните информации.

3. Тие консултации можат да се одржат, ако некоја од страните побара, во присуство на медијатор. Доколку засегнатите страни не се согласни за медијатор, претседавачот на Мешовитиот комитет, или доколку тој е државјанин или жител на една од засегнатите страни, тогаш еден од неговите претходници кој не е, назначува медијатор во рок од 20 календарски дена од добивањето на првото писмено барање за медијација, во согласност со правилата наведени во Анекс 8. Медијаторот поднесува завршен извештај до Мешовитиот комитет, најдоцна 60 календарски дена по неговото/нејзиното назначување. Доколку не се изнајде решение врз основа на извештајот од медијаторот, Мешовитиот комитет ќе постапува со проблемот во поглед на пронаоѓање заедничко прифатливо решение. Доколку ова не успее, Мешовитиот комитет ќе предложи соодветни мерки.

4. Ако некоја страна смета дека друга страна не исполнува обврска од овој Договор, а билатералните консултации, медијацијата или Мешовитиот комитет

23

Page 24: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

не пронашле заедничко прифатливо решение во рок од 90 календарски дена од добивањето на известувањето од став 2, засегнатата страна може да преземе условни мерки за ребалансирање според условите и во согласност со постапките утврдени во член 24. За преземените мерки веднаш се известуваат страните и Мешовитиот комитет, кои што ќе одржуваат редовни консултации во насока на нивно укинување. Мерките се укинуваат кога условите повеќе не го оправдуваат нивното одржување според Мешовитиот комитет или ако спорот се достави на арбитража, кога арбитарот донесува одлука и се постапува по истата според Мешовитиот комитет.

Член 43

Арбитража 1. Споровите помеѓу страните, што настануваат по влегувањето во сила на овој Договор и се однесуваат на толкувањето на примената на правата и на обврските од овој Договор, кои не се решени по пат на директни консултации во Мешовитиот комитет, во рок од 90 календарски дена од датумот на добивање на барањето за консултации, може да се поднесат за арбитража од која било страна на спорот со писмено известување доставено до другата страна на спорот. Примерок од ова известување се доставува до сите страни на овој Договор. Кога повеќе од една страна побара поднесување до арбитражен суд на спор со истата страна што се однесува на истото прашање, треба да се формира единствен арбитражен трибунал што ќе ги разгледува тие спорови секогаш кога е изводливо.

2. Арбитражниот трибунал ќе го реши спорот во согласност со одредбите од овој Договор и важечките правила на меѓународното право. Трибуналот ќе ги земе предвид упатствата амикус куриа на Страната што не е вклучена во спорот.

3. Составувањето и работењето на Арбитражниот трибунал се уредува според Анекс 9. Одлуката на Арбитражниот трибунал е конечна и обврзувачка за страните на спорот.

4. Споровите кои се предмет на консултации или арбитража според овој Договор нема да се поднесуваат до СТО за решавање спорови. Според овој член, ниту одредено прашање или спор нема да се поднесуваат на арбитража пред постапката на СТО за решавање спорови.

Член 44 Транспарентност

1. Секоја страна веднаш објавува каков било закон, пропис, судска одлука и административно решение за општа примена и постапка, вклучувајќи ги стандардните договорни клаузули или какви било измени на истите што се однесуваат на прашања што ги опфаќа овој Договор.

2. Секоја страна веднаш ќе одговара на сите барања на другата страна за посебните информации за која било од своите мерки за општа примена или меѓународни спогодби што се однесуваат или влијаат на овој Договор. Страните воспоставуваат, кога е соодветно, контакт точка до која треба да се доставуваат тие барања. Контакт точките веднаш ќе го упатат барањето до соодветните домашни агенции.

24

Page 25: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Член 45 Општа еволутивна клаузула

1. Кога една страна смета дека е корисно во интерес на економиите на страните да ги развие и продлабочи воспоставените односи од овој Договор со нивно проширување кон областите што не се опфатени со истиот, таа поднесува основано барање до другите страни. Страните можат да му наложат на Мешовитиот комитет да го испита тоа барање и каде што е соодветно, да даде препораки, особено за започнување на преговори.

2. Договорите што произлегуваат од постапката од став 1 се предмет на ратификација или одобрување од страните во согласност со нивните внатрешни законски постапки.

Член 46 Трговски односи условени со овој и со други договори

Овој Договор не спречува одржување или формирање на царински унии, области на слободна трговија или договори за гранична трговија до степен до кој тие немаат негативно влијание врз трговскиот режим, а особено на одредбите што се однесуваат на правилата за потекло предвидени во овој Договор.

Член 47 Анекси

1. Анексите и Заедничките декларации кон овој Договор претставуваат негов составен дел.

2. Мешовитиот комитет може да донесе одлука за измена на анексите во согласност со одредбите од член 40, став 4 и во согласност со националните законски барања на на страните.

3. Доколку страните не се поинаку согласни, измените кои се однесуваат на став 2 од овој член влегуваат во сила согласно со член 41, став 3 од овој Договор.

Член 48 Амандмани

Амандманите на овој Договор, освен оние што наведени во член 47, влегуваат во сила на датумот на примање на последното писмено известување, по дипломатски пат, со што сите страни го известуваат Депозитарот дека нивните национални законски барања се исполнети за влегување во сила на амандманите.

Член 49 Пристапување кон Договорот

1. Пристапувањето кон овој Договор може да се оствари со согласноста на сите страни.

25

Page 26: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

2. Условите и роковите за пристапување треба се определуваат во Договор за пристапување склучен помеѓу сите страни од овој Договор, од една страна, и страната - пристапничка од другата страна.

Член 50 Влегување во сила

Оваа пречистена верзија на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) влегува во сила на датумот на влегување во сила на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Член 51 Важност и откажување

1. Овој Договор е склучен за неограничен временски период.

2. Секоја страна може да го откаже овој Договор со писмено известување по дипломатски пат до Депозитарот. Откажување ќе влезе во сила на првиот ден од седмиот месец по приемот на известувањето за откажување.

3. Страните се согласни дека во случај некоја страна да стане членка на Европската унија, таа страна ќе се повлече од овој Договор. Повлекувањето ќе се направи најдоцна на денот пред членството да биде ефективно и без никакво надоместување на другите страни кои се предмет на изменетите услови на трговија.

Член 52

Депозитар Владата на Република Хрватска, што врши функција на Депозитар, ќе ги известува сите страни што го потпишале овој Договор за секакво известување што го добива, во согласност со член 4 од Договорот за изменување и пристапување во Централноевропскиот договор за слободна трговија и секој акт или известување во врска со овој Договор. Оваа пречистена верзија на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) е направена во еден оригинален примерок на англиски јазик. ЗАЕДНИЧКИ ДЕКЛАРАЦИИ Заедничка декларација која се однесува на примена на правилата и постапките на СТО Во насока на упатувањата направени во контекст на овој Договор, страните се согласни да ги применуваат правилата и постапките утврдени во Анекс 1A, Анекс 1B и Анекс 1C од Договорот од Маракеш за основање на Светската трговска организација, без оглед на тоа дали се членки на СТО или не.

26

Page 27: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Заедничка декларација за соработка и помош Страните ќе настојуваат, каде е соодветно, да развиваат економска и техничка соработка и помош, со цел заедничко обезбедување, особено, на:

а. совети за начините на организирање соодветна, инфраструктура за поттикнување инвестиции, вклучувајќи агенции за поттикнување на инвестиции;

б. рамки и постапки за поттикнување на заеднички инвестиции, заеднички вложувања и производство за пазарите на трети земји;

в. програми за обука во поглед на постигнување на подобро разбирање на нивните сопствени системи за јавни набавки и статистика и подобар пристап до нивните односни пазари;

г. што се однесува до правата на интелектуална сопственост, една или повеќе од активностите се наведени подолу:

(i) законодавен совет (коментари за нацрт-закони, судски и управни одлуки, спроведување и други прашања поврзани со заштита на правата на интелектуална сопственост);

ii) совети за начините на организирање административна инфраструктура како што се: институти за патенти, друштва и институции за инспекција;

(iii) обука во областа на правата на интелектуална сопственост, администрација и техники на раководење;

(iv) специјализирана обука на судии, обвинители, адвокати, царински службеници и полицајци и инспектори, со цел поефикасно спроведувањето на законите, и

(v) активности за изградување на свеста за приватниот сектор и граѓанското општество за заштитата и значењето на правата на интелектуална сопственост. Заедничка декларација по член 20 и 21 1. Страните на Договорот ќе обезбедат примена на соодветните одредби во нивното национално законодавство не подоцна од 1 мај 2010 година.

2. Одредбите за конкуренција во националното законодавство на засегнатите страни ќе бидат донесени во согласност со принципите на членовите 81, 82, 86 и 87 од Договорот за основање на Европската Заедница. 3. Страните во рамки на периодот наведен во став 1 ќе формираат оперативен независен орган одговорен за примена на правилата за конкуренција и за државна помош.

27

Page 28: 1 Dogovor CEFTA 2006 Osnoven Tekst

Заедничка декларација по член 21, 22 и 23 Страните изјавуваат дека нема да применуваат антидампинг, компензаторни или заштитни мерки се додека не донесат детални внатрешни прописи за утврдување на правилата и постапките и ги определуваат техничките прашања поврзани со применувањето на тие мерки. Страните ќе обезбедат целосна сообразност на своите внатрешни прописи со важечките одредби на СТО, вклучувајќи ги членовите VI и XIX од ГАТТ и Договорот за спроведување на член VI, Договорот за субвенции и компензаторни мерки и Договорот за заштитни мерки. По спроведувањето на таквото законодавство, страните ќе ги применуваат сите обврски за антидампинг, за компензаторни и заштитни мерки во целосна сообразност со важечките одредби на СТО.

28