242

ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

  • Upload
    -

  • View
    343

  • Download
    2

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник
Page 2: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

2

М и р ј а н а Б у р н и к

П р о з о р е ц к о н д у ш а т а

ДАТА - ПЕСНОПОЈ

Page 3: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

3

ИЗДАВАЧ: ДАТА - ПЕСНОПОЈ

Библиотека:

МИРЈАНА БУРНИК

П р о з о р е ц к о н д у ш а т а

Битола,

2011 година

CIP - Каталогизација во публикација

Page 4: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

4

Page 5: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

5

АНГЕЛ НЕМОЌЕН

Вечерва...

пак,

чувство на немир

во мене се роди,

проклето, знам каде води,

вжарен вулкан блика

од усни занемени

со писок страотен,

душата, од болка вика.

Безмилосна, вжештена

лавина по мене тече

вкаменета, немо стојам,

чекам таа да ме спече,

од мене камен да остане

на парчина здробен,

можеби болката ќе престане,

од клетник страотен поробен.

Зарем, солзи од очи

пресушени сака да пие,

ниту една повеќе нема

црната земја сите ги зема,

само поглед, удавен во тага

на колена што паѓа,

ништо овде, веќе нема,

живот, радост...

сè ми зема.

Page 6: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

6

И ангел што од небо гледа,

немоќен, горко плаче за оваа беда,

и крилја негови болно свиени

со бршлен јадови се прекриени,

само душа напатена чека тој милно,

време е кај него таа да појде

на сите маки, крајот да дојде,

светлина, да блесне силно.

Page 7: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

7

БАРАМ ПРОСТУВАЊЕ

Мислев…

таква сум, така создадена,

поинаква, онаа задолжена да пати,

дека секогаш ќе се дружам со тагата,

таа е моја стална придружничка,

а во срцето мое,

напатено…

живо,

смртта ми беше извор на животот,

живеев, сонував, не знам…

повеќе ништо не беше важно.

Те изгубив тебе,

љубовта,

себе,

не чувствував, не гледав ништо

очите преплакаа,

солзите пресушија,

душата,

твоја беше ја однесе,

останаа гради со болки насадени,

полеани со чемер и многу јадови

ќе потклекнат тие на првите падови,

ќе се распрсне сè што имаше во нив.

Page 8: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

8

Господе, ти повеќе пати ми пружи рака,

јас…

не гледав, не сакав…

не ја прифтив,

тогаш погрешив многу,

ја знам мојата вина,

понесена од страста,

изгубена, сега горам,

свесна, а немам сила да се борам,

многу грешки се веќе направени,

искршени се како парчина од стакло

и никогаш нема да бидат составени,

можам ли,

неблагодарно надеж да стварам

по сè ова сторено,

од тебе помош да барам.

Сепак во некое ќоше,

човечност остана во мене,

мислам...

тоа не успеа никој да ми го земе,

јас молам за твое простување, благослов,

се молам јас, за малку од љубовта твоја,

простување твое,

само малку ми треба,

да ја оживеам барем малку,

оваа душа,

напатена, грешна,

но, сеуште моја.

Page 9: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

9

БЕЗ ИЗЛЕЗ

Кошмар ли е,

или стварност

исправена, а немоќна

да се справам со тежината.

Ги отворам очите

го барам вистинскиот пат,

не наоѓам ништо

реалност е,

а толку тешка.

Господе,

покажи ми го патот

просветли ме.

Ги повредувам ли јас,

тие мене,

или сама себе се повредувам.

Барам излез,

не наоѓам ништо

се е толку темно,

тешко, болно.

Барам излез

во безизлезот,

барам стварност

сè е залудно,

само болката е стварна.

Page 10: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

10

БЕЗ ТЕБЕ

Не верував, во љубовта

не знаев дека толку сложена е,

премногу ризична,

за секого различна,

некој губи, некој тлее

некому, среќата сама му се смее.

Ти, ти сè ме научи

од мене чувства излачи,

да отворам очи широко,

да љубам тивко,

искрено да почувствувам,

колку е убав секој ден

кога од некој ти си заведен.

Ме научи, сè што треба да знам

да разбирм, да сакам,

да покажам,

како се живее во љубовен плам.

Само едно, ти не ми рече

разделбата колку ќе пече,

ме остави, сама да останам

ама не и како да опстанам.

Сега сама, без тебе, без твојот глас

не можам никаде да најдам спас,

оставам крај мене животот да мине

можеби и болката по тебе ќе згине.

Page 11: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

11

БЕЗИМЕНА

Со кое право?...

Што си?...

Која си?...

Дух, авет немилосреден,

гостин неповикан, застрашувачки,

со кое право доаѓаш,

кога сакаш, каде сакаш,

имаш план, наредба,

или наслепо влегуваш

во било кој дом.

Ги престрашуваш,

оние по крв поврзани,

од срце откинати,

со љубов создадени.

Оние во кои твојот бодеж

најдлабоко продира

гледајќи како крварат,

глува за лелекот нивни.

Неповикана крвничќе кажи,

која си ти што душите од тело,

безмилосно ги корнеш,

глува на пискотниците болни,

слепа за неправдите нанасени,

ненаситно глодаш, кинеш сè,

додека само коска не остане.

Page 12: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

12

На твојата проклета дрскост,

крај нема,

посегнуваш и по пупки нерасцветани,

што сонцето уште не го спознале,

од гради најмили млеко ненапиени.

Кажи, кажи која си?

Кажи зошто, кога?

Кој проклетник те создаде,

само болка, тага и солзи да оставаш,

а земаш сè, кога сакаш каде сакаш, проклета.

Слушни, ги има и такви што те повикуваат,

секое утро го проколнуваат,

секој ден пекол им е невиден,

секоја вечер те молат да ги однесеш,

таму во темнината, царството твое, проклето.

Но не, ти неслушаш никој, ти,

барем малку милост покажи,

намали ја болката,

само малку на оној,

што останува вечно дa тажи.

Проклета да си, ти...

безимена.

Page 13: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

13

БЕЛ ФУСТАН

Горчлива насмевка

на лице ми стои,

срцето тешко,

со солзите се бори.

Венчален фустан

мајка ми спрема

како,

како да го земам

Во гради тешко

срце се кине

од љубов силна,

неуморно бие.

Прости ми мајко,

прости за фустан бел

но, не можам да го земам,

ќе ми уништи живот цел.

Срце во гради ме стега

бара излез да избега,

оваа лудост да ја спречи

не престанува болно да ечи.

Не ми треба фустан мајко,

ниту бисери сјајни,

кога душата е празна

фустанот за мене е казна.

Page 14: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

14

Пушти ме да си одам мила

се додека имам сила,

некаде ме чека тој

мојот љубен, мојот вечен неспокој.

Page 15: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

15

БЕЛ ЦВЕТ ОД КАМЕН

Крај постела бела

тажна мајка седи,

скршена од болка цела

сите молитви ги реди.

Зошто Боже таква казна

мојата куќа за цел век

да остане празна.

Со треперлива рака

подвиткана од мака,

ќерка нежно си гали

мисли, болка ќе и намали.

За таа болка лек нема

секојдневно болеста

се поголем замав зема.

Дојде и тој ден суден

сè да покрие камен студен,

стара мајка прсти крши

животот за неа заврши.

Ја скрши таа тага пуста

онеме мајчина уста

кога виде, момче цвеќе носи

од глава си искуби коси.

Page 16: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

16

На мермер студен

бело цвеќе, тој нежно стави,

тешка рана пак се отвори,

цветот, во камен се претвори.

Не издржа мајка страдна

врз каменот таа падна,

од болка испушти душа,

со крик, што вечно ќе се слуша.

Page 17: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

17

БИДИ СРЕЌЕН

Долго време веќе измина

љубовта кон тебе не помина,

секој ден се повеќе гори

со гордоста моја неуморно се бори.

Да прегазам гордост своја

или да уништам младост моја,

срце сака тешко дише

љубовта пред себе сè брише.

Останува вечно силна

без надеж за среќа милна,

ќе останам сама вечно

гордоста, ме совлада конечно.

Ќе ти испраќам, само нежен глас

во иднината, ти да најдеш спас,

биди среќен барем ти

штом болно згаснаа нашите сни.

Page 18: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

18

БИТОЛА, МОЈА БИТОЛА

Битола, моја Битола

со векови ти си опеана

во тебе сум се родила

за тебе вечно ќе пеам.

Битола, моја Битола

отвори свои градини

покажи свои убавини

со љубов и гордост опеани.

Битола, моја Битола

кој во тебе еднаш дојде

со восхит и тага од тебе ќе појде

со желба и надеж да се врати пак

ти си вистински сончев зрак.

Битола, моја Битола

отвори гради широко

твоите деца да се вратат

во тугина повеќе да не патат.

Битола, моја Битола

во срцето мое ќе остенеш

вечен копнеж, вечна слика

постојано кај себе што ме вика.

Page 19: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

19

Б Л А Г О С Л О В

За секој по нешто

од душа давам,

не смеам, никого

да го заборавам.

Во темнина сама седам

од зборови, бисер редам,

да направам една ниска

радост од неа да плиска.

Секој бисер од срце откинат еден

за вас, само спомен вреден,

секоја солза од око излеана

за вас, песна од срце испеана.

Нека земи кој што сака,

тоа е благослов од моја рака

секој збор, со душа испишан

тежок бол, од душа избришан.

На крај те молам, тебе боже

благослови го секој, колку можеш

откри ја вечната тајна,

секој да има иднина сјајна.

Благослови го секој, со своја рака

во животот, никогаш да не види мака

дари му, на секој во срце радост

животот, нека му биде вечна младост.

Page 20: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

20

БРКОТНИЦА ОД СОЛЗИ

Бркотница на моето лице,

моите, твоите,

солзи се испомешале,

се тркалаат, се натпреваруваат,

се испомешале на лицето,

шаренило,

ја промениле бојата на лицето,

солзи...

исти се,

не, не се исти,

моите, бисерчина,

во центарот црвени од крвта на срцето,

обвиени со венец од тага,

твоите блескави,

победнички, ликуваат

ги има многу, премногу

игра?...

или бркотница

кој ќе надвладее?

Да ги избркам?

Да ги избришам?

Не...

Ќе оставам за момент

твоите да блескаат,

да победат, ќе те усреќат?

Ти имаше цел,

ја постигна сега?

Page 21: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

21

Зарем тоа значи нешто,

телесни страсти

без љубов, без чувства

тоа е...

ништо,

ќе спознаеш, празнотија.

Тогаш, е тогаш моите

во млаз ќе потечат,

силно, сè повеќе и повеќе,

ќе ми го измијат лицето,

ќе ги победат твоите,

ќе ме прочистат мене,

душата,

ќе те избришат тебе,

твоите навреди,

твојата мизерија,

бедата...

од која си создаден.

Page 22: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

22

ВЕЛИЧЕНСТВЕНА

Те барав,

долго те барав тебе

величенствена...

муза на поетите,

спектар на сликарите.

Те барав,

во цветните градини,

меѓу боите од виножито

во небото меѓу ѕвездите.

Без тебе денот не е ден,

ноќта ништо не значи,

те чекав секојдневно

ги отворив ширум портите

од душата моја овената,

зрак да продре да ме огрее

сласта твоја да ја осетам.

Те барав, тебе

од сите опеана,

никогаш, целосно недопеана

да ме воздигнеш

до ангелите небесни,

барем миг еден

срцето да затрепери

плима од чувства

да надојди,

извор на живот

за миг, барем отври.

Page 23: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

23

Дојди

те барам...те чекам..

дојди, те преколнувам

дојди

дојди, да се поклонам

пред тебе, божице безбожна

на колена душа да испуштам

дојди ти безмилосна

од милост создадена

дојди...ти

од сите посакувана,

од многумина проколната

ти, една единствена

ЉУБОВ, величенствена.

Page 24: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

24

ВЕРУВАЈ И НА ЉУБОВТА

Верувај и на љубовта,

и тогаш кога задава болка,

не затворај го своето срце

штом осетиш дека таа е болна.

Верувај и на љубовта,

и тогаш кога љубовта со отров ја меша,

не затворај ги своите очи,

штом часот за разделба дојде.

Верувај и на љубовта

и желбите нејзини клети,

не плаши се,

од неостварените желби

и тагата, што стално ти прети.

Верувај и на љубовта,

и тогаш кога животот

во темнина го криe,

ти верувај, верувај и на љубовта

и силата нејзина вечна,

ќе те дари со среќа бесконечна.

Page 25: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

25

ВЕЧЕРВА

Вечерва, само вечерва,

нема да плачам

стуткана на креветот,

со болен поглед на очекување.

Вечерва, ќе бидам лик

од твојата раскалашеност,

ноќен живот потопен во страста,

напарфемирана, заводничка,

жена со длабоко деколте,

со таинствена насмевка на лице,

ќе ги потопам

солзите во чашата,

достоинствено,

со огнена бура во градите,

ќе наздравам

со странецот до мене,

ќе го игнорирам погледот

кој гладно ме соблекува,

чекајќи да замине.

со чадот од цигарата.

Вечерва, само вечерва

нема да нудам љубовни воздишки,

вечерва… јас…

со презир ќе гледам

на тие, слични на тебе,

неразумно гладни, освојувачи

на женски тела разголени,

жртви на своите страсти…

болно, незадржливи.

Page 26: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

26

ВЕЧНО САМА

Цела ноќ сама седам,

минутите вечно ги редам

секоја ноќ желба пуста,

само темнина, ме дави густа.

Ноќта тешко поминува

мене времето ме искинува,

тага тешка врз мене се спушта,

телото душа не напушта.

Болка тешка гради ми кине

тагата за тебе никако да згине,

секогаш земаш дел по дел

а јас ти го дарувам животот цел.

Цела ноќ пусти мерак ме дави

и сонцето веќе се појави,

пуста надеж во мене трепна,

можеби ќе бидам среќна.

И цел живот вечно така

и нема крај на овааа мака,

ти уживаш во животот свој

јас умирам, само за поглед твој.

Page 27: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

27

ВИОЛИНАТА ПЛАЧЕ

Во име на љубовта наша,

во црвено, како рана крвава

со огромен товар врз мене

излегов пред нив,

исправена, гордо, непоколебливо.

Нежно, целата растреперена

ја прегрнав виолината,

полека, музика се разлеа,

секој звук - трепет тажен,

секој допир на жицата, болка,

секој акорд - солза горчлива,

од срце немо истурена.

Се повеќе, се посилно,

се сливаа болки од рана крвава,

тага, пелин горчлива,

солзи од душа искорнати,

крик во грло удавено.

Јас свирев,

виолината плачеше,

свирев, музика немаше,

само...

плач се разлеваше,

по душите безмилосно гребеше,

неутешно, се повеќе липаше,

до последениот здив,

за тебе, за мене, плачеше

за љубовта наша, изгубена.

Page 28: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

28

Не престанував,.

свирев, а таа плачеше,

солзите се сливаа, како река

чувствував…

тонам,

се давам,

свирев, гласот се изгуби,

крај,

се удавивме,

јас и виолината исчезнавме,

заедно со љубовта наша несреќна,

ружа предвреме откината,

од туѓа рака, безмилосна.

Page 29: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

29

ВО НЕБО ПОГЛЕДНИ

Кога сам ќе останеш,

а болка, гради ти кине,

во небо тогаш ти погледни,

очите мои ќе ги видиш,

како љубов што во тебе гледа,

во неповрат ќе замине,

таа тешка, безмилосна беда.

Кога облаци темни се спуштат,

а дождот силно лие

во небото мирно ти гледај,

тагата сама ќе се измие,

а очите мои на небо ќе тлеат

душата твоја,

во мир да ја згреат.

Очите мои,

на небо звезди сјајни,

ќе ги сокријат

сите твои тајни.

За тебе патоказ,

во бура силна ќе бидат,

болката твоја голема,

други да не ја видат.

Page 30: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

30

И тогаш кога среќен

можеби ќе бидеш,

во небо, ти повторно гледај,

душата во гради милна

ќе ја огрее топлина силна,

срце од радост ќе пее

од љубовта моја,

што вечно ќе те грее.

Page 31: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

31

ВО ПОСТЕЛА

Во постела, ладна бела,

полеана со тага цела,

ти уморно снага спушти,

со надеж, дека тага ќе те напушти.

Но и тука мир не најде

а срцето, од тага зајде,

полека почна да чука

лек нема, ниту тука.

Поткревам глава, да видам

не сакам тука да бидам,

тебе те барам јас,

од уста, не излегува глас.

Ликот твој ме следи

секаде, само навреди

јас ти бев само мала шала,

во животот, епизода мала.

За тебе, тоа ништо не значи

мене, сеуште болно ме мачи

си поигра со мене така,

ме отфрли, како камен со рака.

Останав во постела сега,

повеќе нема каде да се бега,

ќе останам сама вечно

нека боли бесконечно.

Page 32: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

32

ВО СПОМЕН НА АНГЕЛОТ

Солза од тажна душа избега

кон небото таа полета,

кон ангелот, глас да пушти

во душата споменот, нè не напушти.

Во срце ѕвезда не грее

болката по него сеуште тлее,

светло сакаме ние да пратиме

така, меѓу нас пак да го врати ме.

До нас да допре неговиот глас

во душата за миг да најдеме спас.

Небо наше, небо милно

прегрни го тоа чедо силно.

Подари му во срце спокој еден

за кој, беше вечно жеден

од очите нека му блеска среќа

а патот,

покриј му го со небески цвеќа.

Ќе остане вечно да живее со нас

неговиот спомен и божествен глас,

да не гали и душа да ни грее

љубов вечна на сите да разлее.

Page 33: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

33

ВОЗДУХ

Душата сама, напуштена лута,

во воздухот спас бара,

животот никогаш повеќе

во љубовта да не ја разочара.

Срцето боли, тешко пати,

во воздухот сака да се скрие,

во него да најде во свое место

каде нема болки секојдневно, често.

Стегам гради, душа да задржам,

незнам, до утре дали ќе издржам,

зарем судбината ваква ми била

па предвреме, сè сум потрошила.

Подобро, воздух јас да се сторам

скриена, душа тажна да отворам,

нека лута, низ светот било каде,

сè што има со радост нека даде.

Воздухот секој ќе го дише

во судбината така ми пише,

од срце, сè што можам јас да сторам

и на крај во воздух да се претворам.

Page 34: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

34

ВРИСОК НА КАМЕНОТ

Врисок од каменот,

срцето го распара,

каде, каде во пустата ноќ

се упати ти срце мое бедно

само, напуштено,

за љубов бескрајно жедно.

Ти немаш веќе каде да одиш

ниту со себе некого да водиш,

оловни солзи можеш да рониш

и се подлабоко, во мракот да тониш.

Врисокот од каменот

како нож темнината ја сече

надевајќи се дека болката ќе ја одвлече

и на парчина ќе ја рассече.

Остани таму во камен, затворено,

со љубовна рана отворена,

со јазици пламени, лути

издржи срце и повторно ти ќути.

Само каменот нека вриска

водата силно нека го плиска,

можеби ќе наиде бран еден

ќе стави крај на животот беден.

Page 35: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

35

ГОРДОСТ ПРОКЛЕТА

Некогаш, јас,

со лесен чекор играв,

понесена од музиката на љубовта,

ветрот, придружник ми беше,

ме поткреваше како пердув нежен,

се обвиткуваше околу мене

и страсно ме милуваше,

додека ти со поглед болен,

со очи од кои копнеж извираше,

со насмевка кон мене доаѓаше.

Ти, на дланка срцето свое

пред нозе ми го нудеше,

со багремови цветчина патот

по кој чекорев го посипуваше,

свет пат на љубовта твоја

од душа излеана, го нарекуваше.

Со крената глава,

крај тебе минував, си играв

со цветовите, се смеев со ветерот,

срцето, љубовта, тебе,

ништо не гледав, или не сакав,

мислев, така вечно ќе остане,

мојата гордост суетна

со очи сè задоволуваше,

недопрена, требаше да бидам.

Page 36: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

36

Денес, јас,

едвај се движам по истиот пат,

тишината ме оглувува,

ветерот како со камшици ме шиба,

од сите страни,

попаднати лисја есенски,

под нозе болно издишуваат,

ниту трага од љубовта, од тебе,

од очите твои со копнеж заматени.

Ништо, ништо од тоа не остана,

само јас, девојката од минатото,

сега старица со коса бела,

со глава тажно наведната

од болка скршена, како сенка,

со секој чекор ја корнам болката

и тешко себе се проколнувам,

само јас, останав сама,

горда, од никого не допрена

пуста моја гордост проклета.

Page 37: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

37

ГОСПОДАР НА СОНИШТАТА

Ноќта темна, штом тајна своја нежно спушти,

и сонот ме обзема со радост, се препуштам,

ти во виножито од среќа ме обвиваш цела,

од небото тивко, како облак во сон да ме гали

копнежот твој, на усни го истураш страсно,

а јас жедно го пијам како вино слатко црвено,

како крвта разбуктана, низ моите вени што течи

тече виното, тече љубовта во крвта зовриена.

Знам сонувам, те сонувам тебе господару мој,

го разгоруваш силно, огнот во срцето мое,

со насмевка лесна расцветуваш цвет

како утринско сонце со зрак да го гали,

и секое ливче, како усни румени се отвора

жедно, за љубовта твоја да ја пие бескрајно,

ти, ти си моја среќа бесконечна, возвишена

нежна чипка, недопрена, околу мене обвиткана.

Но в’зори, штом првиот сончев зрак се јави,

очите мои ги отворам тажно, со надеж пуста

и раце пружам, да те допрам љубов моја,

пак ништо, сé некаде исчезна, сенка се покрилја,

само ладен бран, врз мене безмилосно плиска,

те нема господару мој, ти замина со сонот пак,

мојата радост, се претвори во бол без граница,

од солзите решив ланец за тебе да сплетам,

вечер ти господару од сонот, роб мој ќе станеш

вечно врзан, на дното од срцето мое ќе останеш.

Page 38: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

38

ГРЕШНИЦА

Со стапови во рацете

трчаа селаните, по тебе

те проколнуваа

зашто ги љубеше

децата од нивното село,

те обвинуваа

за нивните маки,

за испуканата земја,

за неплодните ниви.

Со жар во срцата,

со омраза во душата

трчаа, по тебе селаните

о бедна грешнице

по твоите траги

трчаа стотина селани

се запрепастуваа

од твоите гревови

и понатаму трчаа

да те фатат, да те казнат

за нивните болки

за нивните страдања.

Page 39: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

39

Но ти,

небесна жено

им всади љубов

во нивните срца

направи да те љубат

љубов, но не

во отров се претвори таа,

те сакаа, те мразеа,

те проколнуваа,

те благословуваа,

те жалеа, те молеа

да се вратиш,

но не престануваа

да трчаат по тебе.

Ти бегаш,

тие останаа немоќни

да те проколнуваат,

да те сакаат, да те мразат,

и продолжуваа да трчаат

сè повеќе и повеќе

а ти иако една

им се спротивставуваше,

на сите...

и одеднаш

ги снема сите,

пропаднаа во бездна темна

и на крајот, пак те проколнаа

о грешнице, проклета да си.

Page 40: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

40

ГРОМОВИ НА МОЈАТА ДУША

Удрете громови силно,

право во мојата душа,

распарчете ја,

и таа повеќе, не може да слуша.

Насекаде лелек, трепет

навира од сите страни,

среќа никаде,

само за оние одбрани.

Удрете громови,

погодете се тажно,

и така во овој свет

не остана, ништо важно.

Секој несреќен, нека оди

таму, каде патот штго води,

нека очи тажни затвори,

пред стравот, душа да отвори.

Нека живее, само оној

кој што има среќа,

животот да му подари

пат посеан со цвеќа.

Удрете громови,

не мачете никого веќе,

животот ме научи,

да не барам ништо повеќе.

Page 41: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

41

ДА БИДАМ СО ТЕБЕ

Да сум ветар,

би те галела

да сум сонце,

би те греела

да сум вода,

би течела

кон тебе

и ништо

не би ме спречило.

Но, јас сум само жена

со љубов полна,

што за тебе тлее

како лист откинат,

што ветрот го вее.

Да бидам со тебе,

јас сė би сторила

и бурата силна,

во воздишка тивка

би ја претворила.

Сонцето,

во бакнеж врел

би ти го дарила

и животот цел.

Page 42: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

42

ДА МОЖАМ САМО

Твоите очи

наведнати тажни,

низ густите трепки

солзи, бисерни влажни.

Рацете испружени

треперливи искри,

кријат чувства

љубовни чисти.

Да можам само

сè тоа да примам

во моето срце

тебе да те имам.

Градите твои

без воздух се гушат

љубовна болка

во миг да срушат.

Косите твои

расплетени густи

зборуваат само

за години, изминати, пусти.

Page 43: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

43

Да можам само,

сето тоа да го сменам,

во моето срце

тебе да те земам.

Но, не, ти не крена глава

ниту пак исправи става

сè остана, неостварен сон

болка, тешка еден тон.

Page 44: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

44

ДАЈТЕ ДА СЕ НАПИЈАМ

Дајте ми шише водка

да ја удавам мојата болка

само чаша малку е

за тоа, колку тешко ми е.

Дајте ми, ноќва да се напијам

од водка и болка јас да заспијам

да заборавам што ми стори

во пијанство животот ми го претвори.

Жена, со алкохол полна

можебо подобро, од скршена, болна

нека се удави оваа тага

вечрва се нека оди во бестрага.

Дајте ми ноќва јас да пијам

ништо нема што да скријам

чаша водка, тага еден тон

оставете, ќе паднам јас во сон.

Дајте ми да се напијам

желбите да ги успијам

љубовта да ја удавам

за навек се да заборавам.

Page 45: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

45

ДАЛИ ЗНАЕШ

Дали знаеш

колку боли,

кога срцето

за љубов моли.

Дали знаеш

колку боли,

кога усните неми

твоето име,

со шепот го пеат,

а срцето, тивко,

последниот крик

тебе ти го дари.

Дали знаеш

колку боли,

кога сам со себе,

за љубов се бориш

се дури не изгориш,

дали знаеш.

Page 46: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

46

ДО БЕЗСОЗНАНИЕ

Пламени јазици

го лижат коленото мое,

дури во бездна чудна,

но сепак алчна

јас чекајќи седам

да ме проголта огнот силен

да ме избави,

од безсознание...

крв, крвта своја

алчно ја голтам,

ме дави, но сепак

ја чувствувам сласта.

Да, пламени јазици

ја сушат црвената боја,

бојата на бесознанието,

а јас чекам

нема, без солзи, без глас

гледам во безсознание,

дури огнот силен,

си игра, со телото мое

Ах боли, но болката

во смеа се плете,

во дрска смеа,

јас срцето свое го гризам

се смеам во безсознание,

во треска,

а огнот, ме гали

се шета по моето тело,

ме гори, до безсознание.

Page 47: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

47

ДО КОГА ЖИВОТЕ

Секој ден сè е исто

барам надеж, сонце чисто,

залудно, само болка наоѓам пак

ниту искра, за излез од овој мрак.

До кога вака животе,

ќе ме мачиш, ќе ме кинеш

од срце те молам

мене да ме одминеш.

Поминаа години пусти

исушија горки усни,

срце од болка премалија

сè во пепел претворија.

До кога вака животе

замаш од мене дел по дел

престани те молам

еве земи го, останатиот цел.

За болка веќе немам сила

уште помлаку, за насмевка мила

се во мраз се претвори

душата во камен сè затвори.

До кога животе вака

да ја трпам оваа мака

оди веќе, сè ми однесе

ти немаш веќе ништо

да ми донесеш.

Page 48: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

48

ДОЖДОТ

Дождот лие,

солзите не ги мие

само трага остава,

за ден постара.

Капки тешки течат

болките не ги лечат,

место барат да се спуштат

крик од душа, да не испуштат.

Срце страдно

за милост моли,

небото да сè затвори.

Дождот лие

болките ги крие,

плима надоаѓа

болката не проаѓа,

бразди длабоки, рассечени

тешки неправди

од душа не речени.

Page 49: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

49

Д О К А З

Воздишка тешка,

од гради откината

си игра,

со пламенот на свеќата

во мрак оставена.

Го згаснува,

распламтува,

понекогаш, осветлува

понекогаш грее, пече

и тивко се топи,

намалува,

крајот е неизбежен,

но сепак боли.

Свеста се поматува,

од каменот на болката

секој ден се повеќе,

болка, камен, болка

секојдневно,

на крај,

само камен остана,

доказ вечен,

за нечие постоење.

Page 50: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

50

ДОСТА Е

Доста е,

силен крик се разнесе

од душа зробена,

во железен оклоп

цела вечност затворена

како брод потонат

во песок закопан.

Доста е,

врисок ноќта ја пресече

од најтемен мрак исткаена,

со години

тешко напластена.

Доста е,

борба ицрпувачка

со демони немилосрдни

за искушенија страсни,

и гревови телесни, бездушни.

Доста е,

молби до ангели небесни

за духовен мир,

безгрешност и разбирање,

дојде време

за целосно ослободување.

Page 51: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

51

ДУША ЕДНА

Душа тажна

сама лута,

пат нема

по секавање оди

низ бурните

разбранети води.

Душа лута

душа бара,

овај живот,

тешко, ја разочара

се обиде

спас да најде,

спас за себе,

без сонцето светло

што одамна зајде.

Душа лута,

мрак ја гуши,

сè што беше

болка и сруши

остана само,

надеж вредна

постои негде

уште, душа една.

Page 52: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

52

ЕДЕН ПОГЛЕД

Јас,

јас веќе ништо немам,

ниту сакам од некого,

нешто да земам.

Зарем сакаш

од цвеќе овенато

мирис да осетиш,

зарем сакаш

од очи пресушени

солза да видиш,

зарем сакаш

од душа, во тага удавена,

радост да видиш

не, од мене веќе ништо нема.

Те молам,

само поглед еден прати

ништо нема да те чини

сè друго од мене искини,

погледни во мене,

дозволипреку очите твои

во тебе да се вселам,

во ќоше мало од срцето твое

ти нема ни да знаеш

и за ништо нема да се каеш.

Page 53: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

53

Ќе седам мирно,

нема ниту да бијам

сè во себе ќе кријам,

со тебе стално ќе бидам

сакам среќен да те видам.

Живеј како сакаш

во минатото немој да се враќаш

мене нема да ме осетиш.

Може само еден миг да се потсетиш

беше еднаш, една душа млада

осудена вечно да страда

за љубов твоја се бореше

до крај, како свеќа гореше

љубов од тебе не доби

за навек негде и таа се изгуби.

Page 54: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

54

ЕДИНСТВЕНА ГРЕШКА

За тебе,

го барав невозможното,

реките, нагоре да течат

сонцето да не заоѓа,

љубовта како плима да надоаѓа,

крвава рана да не боли,

на морето од тага создадено,

мост од љубов да изградам,

во срцето твое, немирно

тајно, вечно да се вгнездам.

Јас, ти бев сенка бледа,

освен тебе, никој не можеше да ја гледа,

пред тебе одев, пат ти правев

со раце гребев, горко крварев,

сите препреки ги рушев,

ме болеше, во тага се гушев.

За тебе,

срцето мое, во солзи измиено

на дланка ти го нудев, покорно

во очите, ликот твој отсликан ми беше

ти беше воздух што го дишев

со љубов, лицето ти го бришев,

да се сјае твојот лик,

те воспевав, од срце со нем крик.

Page 55: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

55

Тоа беше и болно и тажно

ништо не ми беше важно

ја прифатив судбината тешка,

љубовта кон тебе,

е мојата единствена грешка.

Page 56: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

56

ЕДНО СРЦЕ

Ноќ е, тишина

музиката,

ги разлева акордите

а две тела,

припиени едно до друго

играат во ритмот

на музиката.

Две срца едно до друго,

ги слушаат,

своите шепотења.

Двете тела,

во мракот се споија

и постанаа едно,

двете срца,

со музиката се слија

и постанаа едно,

срце, полно љубов.

Page 57: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

57

EХ ЖИВОТЕ

Ех животе, тежок ли си

чемер в гради мои ти си,

ден по ден бавно мине

болката во гради,

никако да згине.

Ех животе, кажи сега,

од тебе, каде да се бега

само неизвесност, насекаде пуста

и магла тешка, налегнала густа.

Никој нигде, малку да ме крене

да излезам од ова натежнато бреме,

нема никој, барем да подаде рака

да ја намали малку оваа мака.

Ех животе, до кога ли вака

секој сам со својата мака,

за својот живот ќе се бори

и во своите желби сам ќе изгори.

Ех животе чекај, немам веќе снага

ме умори борбата со оваа тага,

подари ми само малку сила

да се радувам на среќата мила.

Од срце да ископам јадови горки

од душмани мои тајно посадени,

да залечам малце, свои рани лути

на срце напатено, што трпи и ќути.

Page 58: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

58

Ех животе до кога вака барем кажи

зарем е малце, оваа младост што тажи,

дозволи, да продре сончевиот зрак

радост и среќа да завладеат пак.

Page 59: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

59

ЗА ЉУБОВТА ЖИВЕАМ

Те сакам како цвет единствен,

како скапоцен камен, бесценет,

ти си мојот живот единствен,

те сакам, безгранично,

не дека тоа го сакам,

едноставно морам,

јас те сакам без да кријам,

те сакам со гордост.

Не знам како и кога почна,

знам само, без тебе не можам,

љубовта воскресна од душата,

се издигна до небото

и остана вечно таму запишана ,

а во левото ќоше и ангел стои

чувар на љубовта наша,

зрак светлосен, само за нас праќа.

Ја сакам твојата насмевка,

немирната коса преку челото,

очите, погледот твој таинствен,

рацете твои, крилја најнежни,

те сакам, мој бел гулабе,

моја љубовна мелодија,

љубов за која живеам.

Јас, ти, нашата љубов вечна

спој на совршенство драгоцено,

од Бог со благослов дадена,

света, во црква оверена,

твојот и мојот дух соединети

две срца, во љубов преточени,

љубов наша, една единствена.

Page 60: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

60

ЗА МИГ

Прескокни ја оградата

од градината на болки.

Речи му не

на чуварот на разумот.

Обои го секојдневието

во боја каква што сакаш.

Посегни по ѕвездите

нека се истурат врз тебе.

За миг, препушти се на поривите

твои се,

заслужуваат да бидат…наградени.

Барем за миг

нека биде по твое…биди ти,

за миг,

не мисли на другите.

А утре, утре е нов ден

ќе има многу,

уште многу…мигови.

Денес дозволи,

младоста да разигра.

Page 61: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

61

ЗА МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ

За што, мој пријателе кажи

душата толку ти тажи,

на лице насмевска си ставил,

но болката не си ја оставил.

Многу пати срцето е скршено

но не може, сè дабиде завршено

и парчината да се состават,

сепак лузна ќе остават.

Душата среќа ти бара

не сака, пак да се разочара

бара љубов, искрена, силна

да ја обвие, светлината милна.

Заборави ја тагата цела

во срце имаш искра бела,

за неа вреди да дадеш живот цел

зашто таа, е од тебе дел.

Page 62: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

62

ЗА ТЕБЕ СЕСТРО

За тебе сестро моја драга,

сестро, по мината тага,

ти испраќам ангел, песна да ти пее

со златни звуци да те полее

среќа и сонце вечно да те грее.

Имаш сила, душа мила, затоа

судбината со љубов те дарила,

око што милно само тебе те гледа

се друго е само некоја сенка бледа,

верувај и на љубовта и косата седа.

Привиј го нежно на градите свои

ангелот со песна вечно да ве пои

на лицата ваши љубов искрена да зрачи

верувам знаеш, колку многу тоа значи.

Сестро моја, ти како ѕвезда што светиш

знам, ти на мене сепак ќе сè сетиш,

ќе ме осветлиш со твојот зрак

да стигнам и јас до љубовта пак.

Page 63: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

63

ЗАРЕМ НЕМАШ БОЖЕ

Болка тешка гради ми кине

зарем нема лек, таа да згине

секој ден исто е, така

останувам со својата мака.

Зарем, немаш Боже

поглед за мене

ќе оставиш лице

младо да свене.

Јас сум дрво без плодови

јас сум гранка без листови,

птица тешко ранета

во невреме оставена.

Зарем, немаш Боже

збор за мене

оваа болка

еднаш да престане.

Јас сум небо без ѕвезди сјајни

душа полна со болни тајни,

јас сум птица со крилја скршени

тажни бајќи, предвреме завршени.

Зарем немаш Боже,

милост за мене

нежна рака

лице да крене.

Page 64: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

64

ЗАРОБЕНИЦИ НА ЉУБОВТА

Зоро сокриj се, засекогаш,

ти мој непријател стана

не изгревај, те молам,

не дозволувај денот да дојде,

тогаш морам очи да отворам,

да ја гледам својата болка, секојдневно,

не, не изгревај, имај малку милост

еве години поминаа многу

а секој ден исто, ти и болката

престани, немам повеќе сила

се предавам, ти победи

премалена….мислам…да,

во мракот спас ќе барам.

од тага неизмерна.

Љубовта моја ја закопав,

длабоко во дното на душата,

тебе и се твое со пепел покрив,

и камен гранитен налегнав

ништо да не се гледа, да не остане,

можеби болката ќе престане,

раните ќе заздрават

од љубовта моја изгубена.

но…

ах, пуста надеж…

Page 65: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

65

Во соба мрачна се затворив,

сите светла ги изгасив,

на прозори ќепенци ставив

и врата железна заклучив,

ништо да не гледам,

ништо да не слушам

да се скријам, од се да побегнам.

желба залудна.

Во мракот раце испружив

твоите ме поздравија,

преплашена, во кревет прилегнав,

телото твое ме пречека,

топла нежност ме облеа,

милување, како што ти само знаеше,

што?... што се случува?…

избезумена се прашував

сонувам, халуцинирам,

можеби…полудев…незнам

ти си тука до мене, во мене,

насекаде ти.

Јасно ми стана, нема каде,

да бегам, да се кријам, да потонам,

што и да правам,

тебе те носам со мене, во мене

ти си мојата неразделна половина,

ние едно бевме и останавме,

тогаш, сега и секогаш

ќе останеме заробеници,

со љубовни ланци оковани,

вечно во љубов безсмртна.

Page 66: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

66

ЗАСЕКОГАШ

Јас сум карпа

на брегот сама оставена,

ме плискаат брановите

ме шибаат ветровите

но јас сум тука,

тука за тебе.

Ќе ги издржам брановите

ќе ги стоплам дождовите

ќе ги растопам снеговите

ќе ги смирам ветровите,

за тебе.

Ќе бидам тука

и кога еднаш сонцето

ќе светне силно

да го видам

твоето лице милно.

Јас пак ќе бидам тука

да те гледам, да те галам

и тага да ти намалам.

Ќе бидам тука мило мое

за тебе...

засекогаш.

Page 67: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

67

ЗЛАТЕН КАФЕЗ

Мило мое, мало мое

со крилја од бои на виножито,

ти, што од грло бисерно

ангелска песна разлеваш,

дојди, дојди кај мене, ти не заслужуваш

сонцето да те испече,

студот, крилјата да ти ги замрзне,

шумата во страв да те обвива,

песната , гаврани да ја покриваат,

околу тебе, очи прегладнети

демнат како да те дограбат.

Дојди мило мое,

дома јас ќе те однесам

од сите закани ќе те заштитам

и златен кафез

само за тебе ќе направам,

од цвеќе нежно мирисно

во него легло ќе постелам,

да пееш песни весели

од душа слободна излеани.

Page 68: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

68

Мало пиле глава поткрена,

прашално очи рашири,

ех ти душебрижнику

сакаш ли да ме наградиш

или смртна казна припремаш,

овде е домот мој, моја убавина

овде душата слободна

весели песни разлева,

со земја и небо другарува,

природата е мојот заштитник,

а мојата песна прекрасна.

Ти, зарем не знаеш

сакаш да ме заробиш,

сонцето да не го гледам,

шумата да не ја слушам,

воздухот да не го дишам,

и сите скапоцености што ги нудиш

и сите цвеќина миризливи,

за мене ништо не значат

и златниот кафез за мене,

со бисери да го наредиш

се тоа, мене ќе ме зароби,

душата ќе ми ја раскине,

убавината ќе ми потемни,

грлото ќе ми пресуши,

ти песна моја убава

никогаш, веќе не ќе слушнеш.

Page 69: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

69

ЗОШТО

Зошто,

зарем солзите не се доволни,

зарем болката

во срце е мала, недоволна.

Зошто,

ме натера крв за спомен

да оставам,

а не бакнеж

на цветот нерасцветан.

Зошто,

крваво лудило ме помрачи,

светлината да ја заборавам.

Зошто,

уништи, сè што во мене имав

само сенка, маглива остави,

да лута

во студот сама, изгубена.

Page 70: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

70

ЗОШТО БОЛИ

Зошто, зошто не можат да истечат

како реки разбуктани, непресушени

да се излеат во далечината

да ја однесат болката.

Зошто,

само срамежливо блеснуваат

и стрмоглаво се враќаат во длабината,

ја зголемуваат болката на срцето

ја напластуваат тагата на душата.

Зошто,

зошто не можам како другите

да ја ублажам болката,

да ја намалам тагата,

да се помирам со разделбата.

Зошто,

споменот е толку жив

присутен во секој миг

со грч на лицето

со притаена болка во градите

ме стега, боли, убива.

Page 71: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

71

ЅВЕЗДО МОЈА

Ѕвездо мила,

ѕвездо сјајна,

откри ми една тајна

за љубовта…

што некогаш била

и во тешка болка

се изгубила.

Раскажи ми дали знае

дека таа сеуште се кае,

за очите со искрен жар,

од срцето негово

за неа најголем дар,

за прегратка,

треперлива мила,

како нежни птичји крилја.

О ѕвездо, сестрице кажи

несакам никој да ме лажи,

дали од тука, повторно

тој ќе мине,

да намали оваа болка

што гради ми кине

и по години толку, пусти,

ќе спушти…

бакнеж

на моите жедни усни,

а огнот што уште тлее

за навек да го изгасни.

Page 72: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

72

И ЏЕЛАТОТ УМИРА

Ја покажуваш својата сила, гордо

исправен со цела твоја големина,

ставаш маска на лицето,

да не го видат, да не го препознаат,

па и не е важно како изгледаш,

од секоја пора од твојата кожа

ти извира злоба крвничка,

понижување, болка и рани

тоа се твоите квалитети,

а смртта,… е таа ти е

храна за душата проклета.

Зарем навистина мислиш, дека

со криење на идентитетот свој

ќе ги сокриеш и злосторствата извршени,

жално, навистина жално,

зарем ти немаш совест,

зарем ти не си човек,

зарем никогаш болка не си сетил,

а тагата не ја познаваш?...

сечеш глави со мечот разлетан,

неважно кој е, зошто, дали треба?

Немаш време за размислување,

уживаш во крвопролевањето

и силата што сам си ја дозволуваш.

Page 73: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

73

Забораваш… времето тече,

се менува природата, сè се менува,

силата не ти е вечна, се менува,

имаш дозвола со определен рок…

еден ден и таа ќе заврши,

ќе останеш без маска, незаштитен,

подолу, негде на другата страна,

да таму, каде сила покажуваше,

таму каде со мачот си играше,

да таму, каде болка и крв се лееше,

ќе ја спознаеш неправдата, болката,

тежината на потчинетоста горчлива,

времето минува, кругот сè затвора,

почетокот, крај станува без најава,

се менуваат улогите на глумците,

и јунакот самоназначен, паѓа

според правилата од него донесени,

тој безмилосниот, маскиран јунак,

се соголува и сега…

тој е жртвата.

Page 74: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

74

ИГРА НА ДУШАТА

Не, не престанувај, играј,

слушај, музиката излачена од болка

не престанува…има уште до крајот,

прегрнати, заедно ќе ја играме

играта на љубовта моја, бескрајна.

Ти си моето светло измислено,

лелек од раните отворени,

господар на мојата ризница,

тебе ти ја дадов душата.

нaгостија, стрaста ненаситна…

Играј, со љубовта моја подарена,

наметни превез врз бедата,… проклета,

страста нека ме обземе низ очите,

играј…

занесно играј со мене,

задоволи ја душата своја…

со мене.

Page 75: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

75

ИЗВАДЕТЕ ГИ МАСКИТЕ

До кога,

до кога ќе издржам незнам,

смачено ми е

од бајќи, илузии лажни

од усни насмеани

и зборови изречени лажни,

дали имаат некаква вредност

или само ја прикриваат

сопствената бедност.

Во душата всушност

само злоба им гори,

па како може тогаш

со љубов да се збори,

незнам ме лажат мене

или самите себе.

Доста, доста е веќе

се знае што е вештачко,

а што вистинско цвеќе,

тргнете ги тие маски лажни

покажете ги душите

бедни и тажни,

пред огледало застанете,

искрено, ќе видите сами

време е да престанете,

ниту себе сами не си верувате,

со љубезност лажна

навистина претерувате.

Page 76: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

76

Никому за никој

ама баш не му е гајле

да се лажеме можеме

цела ноќ, до сабајле

аман луге имајте мера

со дволичноста ваша

стварно се претера,

од тоа корист стварно немате

затоа немој време да губите,

подобро почнете

искрено да љубите.

Page 77: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

77

ИЛИНДЕН

Денес, е голем ден

пресветол Илинден

во историјата со крв испишан

спомен,

во нашите срца препишан.

Свети Илија чуда прави,

и нас нема да не заборави.

Со кочија небесна

ќе прелета пак

зад себе ќе остави

сончев, среќен зрак

Имав две лица,

со тоа име драги,

што во мојот живот

оставија длабоки траги.

Нека ни е честит денот славен,

никогаш да не биде заборавен.

Да се слави вечно вака,

да избрише секоја мака,

Илинден вечен, славен

од никого не заборавен.

Page 78: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

78

ЈАС НЕ СУМ ТАА

Не, јас не сум таа

што кај тебе иде

за тоа што во овој живот

таа со тебе, премногу виде.

Не јас не сум таа

со буќет цвеќе, што кај тебе иде

таа се изгуби во болката

што од тебе ја виде.

Не јас не сум таа

со срце љубов полно,

во пепел се претвори

тоа, осамено болно.

Не, јас не сум таа

жена што љубов бара,

се стопи во пламенот свој

оставајќи, само слика стара.

Page 79: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

79

КАДЕ ТИ СРЦЕ МОЕ

Каде, каде ти срце мое,

вечерва бесцелно одиш,

дали само луташ

или некој со себе водиш.

Секаде поглед, гори

секој гледа, што лошо

некому да стори,

да повреди некој беден

не е важно колку

и дали воопшто е вреден.

Каде, каде ти срце мое

вечерва ќе застанеш,

зарем не си уморно,

од борбата да опстанеш

и во овој свет безмилосен,

ти човек да останеш.

Page 80: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

80

КАМЕН НА ДНОТО

Јас живеам сега, само на лекови

барам сила да ги издржам

овие непредвидливи текови,

можеби нешто ќе се испречи

душата моја да се излечи.

Секој ден се повеќе лекови пијам

животот што следи,

сакам да го преспијам.

Да не гледам што ќе се случи,

судбината нека одлучи

да заспијам вечно јас

или да се раѕбудам со весел глас.

Јас ќе затворам очи мои

ќе оставам мирна река нека ги пои

ако пак бран немирен се створи

на дното, во камен нека ме претвори.

Ќе останам јас камен

без срце, без душа

болките мои нема кој да ги слуша

камен на дното оставен

од сите вечно заборавен.

Page 81: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

81

КЛЕТВА

Три наречници,

лоша клетва

врз мене

фрлиле,

да ме љубат

а јас, да не смеам

да љубам.

Љубена

да бидам,

љубов

да не видам.

По мене

да идат,

за мене

да патат,

да ме проколнуваат.

Јас да бегам

исплашена,

тешко ранета,

проклето,

за навек

несреќна

сама да бидам.

Љубовта

најголем порок

за мене

да биде.

Page 82: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

82

За љубов

јас не сум створена

срцето мое

е рана отворена,

да заздрави

нема да можи

цел живот

само болка

ќе таложи.

Page 83: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

83

КОЈ ЛИ ТЕ ЗЕМА

Срце те сака

ќе пукне од мака,

тебе те нема,

кој ли те зема.

Твоите очи сјајни

дали криеа од мене тајни.

Твоите усни, од љубов влажни

дали нижеа зборови лажни.

Тебе те нема сега,

кажи од што избега,

од љубовта моја силна,

ил прегратка топла, милна.

А срце те сака,

ќе пукне од мака

тебе те нема

кој ли те зема,

кажи ми.

Без тебе да живеам, како

не ми треба живот ваков

ми требаш само ти

и нашите волшебни сни.

Гради ме болат, печат

како да се излечат

само твојот поглед врел

вреди за живот цел.

Page 84: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

84

А срце те сака

ќе пукне од мака

тебе те нема

кој ли те зема

кажи ми.

Page 85: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

85

КОГА ЉУБОВТА ЗАВРШУВА

Кога љубовта почне да се руши

стивнува и музиката на среќата,

се гаси пламенот на свеќата,

се делат, двете заљубени души.

Ветерот, силно како во пустина

името наше од песок го брише,

а срцето, бара само малку милостина,

со последни сили, да може да дише.

Морето плаво, силни бранови прави,

немоќност, пуста, грло ти дави,

и сонцето тогаш, посилно сака да грее

не остава надеж, ниту да тлее.

Кога љубовта веќе завршува,

ти не барај, ниту бела прашина,

само мрак тежок околу тебе останува,

а болката во гради, никогаш не престанува

Page 86: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

86

КРИК НА МОЈАТА ДУША

Отруена, распарчена, фрлена

во сивило магливо,

не остана веќе ништо,

само крик од мојата душа.

Немилосрдно, воздухот го сечи

душата, како планина ечи

ниту сонце, ниту зрак

потонав, во најдлабок мрак.

Ти одиш, кон љубов нова

газиш преку се,

што пред тебе иде

болката моја, ти не ја виде.

Беше еднаш, љубов една

оставена, како пустина жедна

згасна таа во еден миг.

Page 87: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

87

ЛАЖЕН СВЕТ

Со тивка надеж

среќа ковевме,

набрзо сами

во безнадеж, останавме.

ние, бевме само

зрно песок

во пустина жедна,

во окото солза,

како бисер вредна,

како украс сега стои,

не може ни душа,

јадна да напои.

Не знаевме,

светот од болка е дел,

не остава,

никој да остане цел,

сега, само спомени драги

низ глава минуваат,

за среќа, радост бедна,

тага и лузни што не згинуваат,

само години кои

безмилосно поминуваат.

Page 88: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

88

Сега, по години толку,

поглед назад враќаме

да повлечеме линија крајна,

за животот што го минавме

ништо нема...

се покрилја некоја тајна,

каде си?....

каде сум?....

постоевме ли стварно,

како?....

зарем сè ова илузија беше,

фатаморгана, пред нас светеше,

не видовме дека животот е тажен,

и целиот свет испревртен, лажен

Page 89: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

89

ЛАЖЕН СЈАЈ

Ете, веќе неколку дена

во длабока шума слушам,

убаво нешто, мислам се спрема

прекрасен славеј пее од душа

ме мами милозвучна песна,

да излезам од собава тесна

кон него да појдам јас

во песната да најдам спас.

Ќе побегнам од болка жешка

и тагата овде, црна и тешка,

срце бие, силно чука

не можам, повеќе да бидам тука,

заминав со воздишка лесна

полна со радост од убава песна,

со лесен чекор и надеж во гради

се препуштив, шумата да ме лади.

Песната, слушав се погласна беше

во очите искра ми светеше,

со поглед го барав славејот што пее

ќе помине мислев болката што тлее,

одненадеж мрак се спушти

наместо славеј,

црна врана страшен крик испушти,

замавна бесно со крилјата црни

преплашена, во камен ме претвори.

Page 90: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

90

Само мисла во миг ми пројде,

никогаш, никој да не се лаже

по милозвучна песна да не појде,

судбината наша, можеби е тешка

но желбата, по лесен раскош и сјај

најчесто става на животот крај.

Page 91: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

91

ЛАЖНА СЛИКА

Животот го дадов

за некој лажен морал,

на морското дно

се закопав, како корал.

Мирно, седејќи, гледав

како животот, пред мене мине

со тешки маки се борев

во мене сè вечно да згине.

Години многу, водев битка

тешка, многу важна

за животот, создавав

слика, искривена лажна.

Со тешка болка во гради,

сфатив, јас останав празна,

да останам за навек сама

тоа е мојата казна.

Page 92: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

92

ЛЕК НЕМА

Не, не барајте лекар

за болеста моја, лек нема

тоа е, љубовта од мене

данок што си зема.

Ден, по ден тажно мине

болката во мене никако да згине

ден по ден се повеќе боли

животот со судба клета,

неуморно се бори.

Не, не барајте лек за мене

оставете животот,

младоста да ја овене.

Нека боли, нека пече

затоа што, ти така рече

штом љубовта моја ја врати

животот мој,

во неповрат го прати.

Page 93: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

93

ЉУБОВ ЕДИНСТВЕНА

Ѕвезда,

блеска во својата тишина,

една е, сама а сепак среќна

ја гледам…

мислам можам и јас

посегнав кон неа,

знаејќи колку е далеку

ме допре зрак право во срцето

беше само миг, љубов голема

силно чувство на задоволство

ме обзеде целата…

топлина, страст,

се превиткував, како врба

во надојдена, разбеснета река

едвај останувајќи во своето корито.

А можеше,

само еден бран да ме однесе,

далеку од твоите прегратки,

но издржавме, бевме заедно, преплетени

Жедно пиев нектар од усните твои

не дозволувајќи ни капка да падне,

игравме како пеперутки на светлина,

силна забава,.игра за душата.

Сè беше како визија, сон прекрасен,

а тоа...

тоа беше љубов вистинска,

еднаш да ја доживееш

доволно е,

среќа за цел живот.

Page 94: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

94

Има ли смисла да барам повеќе

кога знам дека е невозможно,

неблагодарно е во заблуда да одиш,

или пак да бараш, да се повтори

визијата, сонот, љубовта, страсна,

и кога повторно би се родила,

би живеела само за тој миг,

за таа ѕвезда во тишината, блескава,

за тој миг неповторлив,

мојата радост, прва тага во животот,

за тебе, љубов моја единствена,

со цвеќе мирисно покриена.

Page 95: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

95

ЉУБОВ ИЛИ ИЛУЗИЈА

Недопреноста боли

љубовта уште повеќе

прости ми,

остави сама да се справам.

Љубов или илузија

сурова судбина, или сенка

ме притиска, тагата

а воопшто не ме допира.

Животот, пат зацртан

или празно поле широко.

Сама во бескрајот

мислата ја истурам.

Page 96: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

96

ЉУБОВ ИЛИ СПОМЕН

Ти погледнав

во очите,

го видов дното

таму, некаде...

јас, соголена.

Само зрно

во твојата душа

посакував, пламен,

страст да е огрее,

ништо...

Проструи немир,

со болката се преплете,

пелин во грлото,

ме удави, безнадеж.

Ќе останам сама во мракот,

сама, сокриена,

од тебе, од мене,

од реалноста, отруена.

Ќе живеам таму

само за тебе...

во тебе,

како љубов, сенка,

или...

само спомен еден.

Page 97: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

97

МАЈЧИНСКА ЉУБОВ

Господе ти што дар ми дари

од дното, срцето мое ти благодари,

да имам свое дете, прекрасно, мило

кое како пиле, на гради ми се свило.

Тоа за мене најголема е среќа,

најубаво во градина од сите цвеќа,

палавко кој стално скока на мама е тој,

потскокнува дури и на птичјиот пој.

Александар тој се вика,

во мојата прегратка стално се пика,

по коса го галам нежно, да спие

штом започне денот да се крие.

За мене тој е ангел, со свилени коси,

сонце на мама, што радост ми носи,

додека спие, нежно го гледам,

крај него можам, цела ноќ да седам.

И сите ѕведи на небото сјани,

ги знаат за него сите мои тајни,

на секоја од нив, неговото име го пише,

и љубовта моја мајчинска, која не се брише.

Page 98: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

98

МАЛА ПТИЦА

Милозвучна песна

тивка, нежна, љубовна

срцето...

мое, некаде заборавено

сосема неочекувано,

мирно...

го пронајде,

нежно...

го разгали,

го разбуди,

песната го поведе,

растреперено...

со лесен чекор,

тешки порти

долго време затворени,

со пискав шкрипот

ширум...

ги отвори,

очи, со ѕвезди закити,

на усни суви, згрчени,

топла насмевка

слатко разлеа,

сé се смени,

оживеа...

сонце среќа,

разлеа...

мала птица

ведро одлета,

само песната,

за љубов вечна,

во срце остана.

Page 99: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

99

МАЛКУ МИЛОСТ

Тешка болка,

срце на парчина кине

како ли боже

таа да згине.

Огнена грутка

во гради ми тлее,

годините напразно,

животот ги вее.

Како ли боже

да продолжам вака,

се наѕира ли крајот

на мојата мака.

Мојата душа,

неутешно плаче

за малку милост моли,

овој живот да не боли.

Page 100: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

100

МЕ ОСТАВИ

Ме остави,

да се лулеам на ветерот,

кога акордите

на мелодијата,

беа најсилни.

Ме остави,

да ме носи ветерот,

во мрежата исткаена

ме заплетка

и ти си отиде.

Си отиде,

кога ноќта не сакаше

да ме прифати,

темнината не сакаше

да ги сокрие моите солзи,

само коров, наместо цвет

се вплете во мојата коса.

Си отиде,

не запирајќи ја раната

што болно крвари,

ме остави нема, без збор

а музиката, се удави

во длабината на болката.

Page 101: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

101

МЕСЕЧИНО МОЈА

Месечино,

ти ѕвeздо сјајна

ајде те молам

сокри ја мојата тајна.

И солзите мои,

што вечерва ги виде

наша тајна

тоа нека биде.

Не кажувај,

никому ништо

нека остане во срцето,

сè закопано скришно.

Ќе светиме,

двете сами,

ќе пуштаме сјај бел

од душа ќе даваме

секоја ноќ, по еден дел.

А дење,

штом сонце се јави

ќе се скриеме

некаде сами.

Да не види никој

колку силно пече

љубовна болка

која не се лечи.

Page 102: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

102

МИ ДАДЕ СÉ

Со очи полни љубов,

поглед, како срна.

од сите ме чуваше

и нежно ме милуваше.

Јас ти бев воздух,

кој ти го дишеше

јас ти бев светло,

кое во живот те држеше.

Како цвет на раце

во градина ме носеше

од ветар и дожд

во гради ме криеше.

Твојот живот, твојата љубов,

што имаше ти, сè ми даде

ме остави среќна така,

недопрена од друга рака.

Место за друг овде нема,

сè мое, ти сè си зема,

останав сама...

празна,

за љубовта, моја…

казна.

Page 103: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

103

МИЛО ЛИБЕ

Кажи ми, кажи мило либе

дали на сон ти ме виде

кај тебе како идам

невеста да ти бидам.

Во рацете носам цвеќе

да не бидеш сам повеќе

да израдуваш мајка стара

нема да веќе да те кара.

Со нас двајцата, млади

ќе бликне среќа

во нејзини гради,

нема веќе сама да вене,

ќе почне и таа живот да живее.

Кажи либе дали сакаш

љубов моја да те грее,

за нашата вечна љубов

и славејот милно да запее.

Page 104: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

104

МИЛО МОЕ

Тешко време

дојде мило мое,

секој, себе да биде

крвник на свое,

секој својот

да го кине и гори,

во пепел ситен

се живо да претвори.

Тешко време

и за нас двајца мое мило,

срцето мое исплашено

како пиле си се свило,

без глас тажно моли

не кажува колку боли.

Јас за тебе мило мое

од душа сè би дала,

сите звезди од небо

во една би ги збрала,

пред тебе да свети силно,

твоето лице

да го гали милно.

Page 105: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

105

Само кажи мое мило

во срцето што си скрило,

моја љубов дал го грее

или тоа само тлее,

од горчина пуста

не може да дише,

гледам, ова тешко време

и нас ќе не избрише

Page 106: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

106

МОЕТО СРЦЕ

Никој нема, ова цвеќе

да го мирисне веќе,

од твоја рака

фрлено со иронија,

остана да вене

само, во агонија.

Во него, моето срце беше

а тоа, јадно

само за тебе живееше.

Ти отфрли многу лесно,

сè што дадено ти беше

и срцето мое,

што за тебе живееше.

Го остави на ветрот

каде сака, да го вее

и никогаш повеќе,

сонце да не го огрее.

Ќе остане само

во мракот да тлее,

песната за тебе

вечно ќе ја пее.

Page 107: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

107

МОЖЕБИ НЕКОГАШ

Постојано размислувам,

мислам на тебе,

чувствата што ги предизвикуваш

несвесно,

не верувам дека знаеш како,

но никако не сакам да престанеш.

Доволен е само погледот твој,

онака површен, како покрај мене да минува,

а јас го чувствувам така силно,

го чувствувам како ме распарчува,

деловите не можам да си ги соберам,

а сепак топлина ме обзема,

знам, јас сум жива, чувствувам,

од секогаш чувствував, но ова,

ова е нешто сосема друго, силно, живо.

Сакам да појдам кон тебе, да ти кажам,

но засега, не се осмелувам,

се плашам, нема да ме разбереш,

од чувствата, можеби ќе се исплашиш

ќе молчам, срцето нека се распарчува,

нека се дави во сопствената мизерија,

незнам, можеби постои друга,

иако тоа многу тешко ми паѓа, знам

јас за тебе сум само пријателка.

Page 108: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

108

Моите чувства заклучени ќе останат

ти, твоето пријателство ми е скапоцено

не, не смеам да те изгубам,

а толку би сакала, со солзи во очите,

да ти кажам, за љубовта, за болката,

за срцето мое во крик удавено,

нема да ти кажам, колку те сакам,

вероватно, нема никогаш да покажам,

ќе оставам во главата, мислите

сами со себе да разговараат,

да се договорат...ако успеат,

срцето рането, нека крвари,

само ти ништо да не видиш,

за тебе, јас сум твојата пријателка.

Некогаш...

можеби...

сам ќе разбереш,

која, всушност која сум јас.

Page 109: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

109

МОЈАТА ДУША

Безмилосно откината,

фрлена во неспокојот

ја шибаа ветровите,

ја удираа брановите,

соголена до крај

сама остана.

Ниту сончев зрак да светне,

ниту топол збор да летне,

немир ја гушеше,

тешка болка

како стакло ја кршеше

се распадна

како кула од песок,

ги затвори очите

пред последниот блесок,

тивко, во заборав замина

оставајќи зад себе,

само голема празнина.

Page 110: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

110

МОЈОТ СПАСИТЕЛ

Среќна, во прегратки твои

како пиле, штотуку испилено,

ти нежно со рака ме галеше,

бездушно... тивко ме убиваше.

Ми дозволи да пливам весело

во морето на очите твои, занесни

а знаеше дека не знам да пливам,

чекаше...да ме однесе првиот бран.

Ме нарече редок скапоцен цвет,

не кажа...на камен расти, во црна боја,

рече, има неповторлив мирис

не кажа ...живее само едн ден.

Како ѕвезда, ме воздигна до твоето небо,

не ми кажа... таму е провалија,

таму ѕвезда не застанува,

не рече... таму гаснат ѕвездите.

Ми понуди посебно место во срцето,

не кажа... преполно е, се прелева,

а душата твоја, моја градина да биде,

не знаев... во пеколот, градина нема.

Ти беше мојот спасител,

ме спаси...од сопствениот живот,

мојот херој кој за мене сè направи,

јас среќна... да се изгубам.

Page 111: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

111

МОЛБА

Господе погледни долу сега,

види ги своите чеда

одат обезглавени, пусти

низ магли натежнати густи,

никој никого не гледа

животот им се претворил во беда.

Тежок живот, тешко време,

секој потиснат од своето бреме

нема надеж, нема смеа

пуста тага се разлеа,

болни души тажно ечат

лелек тивок сегде бруи,

ветер студен од секаде струи

мажи, жени, деца бедни

секој тажно главата ја ведни.

Господе те молам чудо стори,

тага никого, веќе да не мори

ним веќе, ништо не им остана

само вербата во тебе не престана,

испрати твој небесен зрак

среќата за сите, ќе се врати пак.

Page 112: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

112

МОСТ

Воздишки собирав

во себе

мост да направам

да ме доведе до тебе

и болни и тешки

ги има доволно

се надевам

срцето ќе биде задоволно

од мене ги кинам

бездушно

место правам

за нови да примам.

Воздишки плетам

со солзи ги лепам

со љубов ги стегам

не можам да избегам

морам да направам

еден мост цел

од мене овде

да нема ни дел.

Page 113: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

113

МОЌТА НА СРЦЕТО

Ненајдено, без збор замина,

oстанав сама

ема, со очи раширени, прашував,

што се случи?

одеднаш небото се расцепи,

ветрови ме камшикуваа,

од сте страни безмилосно

зборови тешки, сурови,болни

не оставија ни делче не допрено,

стоечки поднесував се....

усни во грч насмеани наоколу

со крик продорен

ја цепеа тишината,

ја зголемуваа болката истурена,

врз мене, се повеќе, се посилно.

Стоев исправена,

со поглед вперен во небото,

душата болно завиваше,

усните неми без глас, пиштеа

нозете не издржаа, откажаа

паднав на колена, премалена,

на работ на провалијата,

напред јама, темна, бескрајна,

зад мене камшик бесен, безмилосен,

ме раскинаа, ме поделија,

телото во прав се претвори,

се измеша со солзите, камен постана,

душата како птица одлета

нагоре, во ѕвездите се изгуби,

на небото ѕвезда повеќе,

Page 114: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

114

на земјата камен гранитен

ударите не ги чувствуваше,

зборовите болни сè одбиваа,

назад кон нивните створители,

јас...

сè издржав,

никој, ништо не ми можеше,

имав срце чисто, благословено

останав, безвременски да постојам.

Page 115: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

115

МРАК

Се разлеа горчината

ја прекри светлината,

ја прегрна тагата

во бесн танц се извија,

победата ја прославија.

Непробоен мрак

сите звезди ги покри,

среќа, радост

се темнина покри.

Од неми усни

се откина крик

сал воздишка тешка

како последен здив.

Проклет мрак

сегде царува,

со дрска смеа

се живо дарува,

неизвесност пуста

пред себе стави

секаква надеж

од него се удави.

Page 116: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

116

НА КОЖАТА

Оди...

не, не врти ја главата

само оди,

излези низ вратата

од собата на тајните,

оди...

додека сеуште,

ги чувствуваш прстите

низ твојата коса,

топлината ...

од болката скриена,

тајната...

само моја,

тајна...

од тебе скриена,

за тебе страсна воздишка.

Оди...

сè што имав

од срце ти дадов,

ниту малку не жалам.

Доста ми е мирисот

твој на перницата,

печат од усните твои,

во кожата

длабоко врежани,

ќе останат трајно

неизбришани...

и утре,

кога...

Page 117: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

117

мракот ќе ме покрие,

ќе остане со мене,

во мене...

љубов силна, искрена,

милост нежно разлеана,

засекогаш на кожата.

Page 118: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

118

НА СТАКЛО ЗАПИШАНА

Со надеж силна

во мракот скриена,

на прагот од срцето твое

изгубена,молам

да не бидам одбиена.

Од очите солзи лијат

болката да ја скријат,

дали кај мене

ќе те донесат, или...

подалеку ќе те однесат.

Среќата како песок

низ прсти ми бега,

слушам тивок шепот

небото нешто збори,

судбината така ќе стори.

Душата без љубов

ми остана празна,

за спомен ќе остане, само,

воздишка на стакло напишана,

беше љубов една,

предвреме избришана.

Page 119: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

119

НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Не напушти рано, ангелу наш мил

А срцата наши со темна тага ги сви.

Тогаш, ти, од нас однесе дел

Од болка не премали, за живот цел

Што направи ти ѕвездо мила, сјајна

Една болка в гради, остана за навек трајна.

Полета кон небото со прекрасен глас

Радост за нас нема, нема ниту спас

Останавме сами да молчиме ние

Единсвено песната твоја, солзите наши ги мие

Сакам, сакам да сум птица бела

Кон тебе да летнам со љубовта цела

И да викнам со сиот свој глас...

... ТЕ САКАМЕ СИТЕ ...

... ТИ ЖИВЕЕШ ВО НАС

Page 120: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

120

НАДЕЖ НЕМА

Надеж нема,

ќе остенам пуста недовршена тема

злобни очи, поглед кобен

ми шетаат по телото врели

како тешки отровни стрели.

Јас бев сама

и останав довека така

само сенка една

во пустина пресушена, жедна.

Надеж нема,

тоа судбина моја била

од болката што ме свила

да останам во душа празна

можеби, тоа е мојата казна.

Надеж нема,

ниту роса да капне,

ниту сонце да светне.

Судбина е моја

да останам тажна

без надеж за среќа

па макар и лажна.

Page 121: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

121

НАПРАВИ СÈ ЗА ЉУБОВТА

Замавни силно,

со оштрица ко молња

скини го превезот

околу лицето,

од болка исткаен.

Откри ги очите

звезди, без сјај оставени,

скрши го зидот,

околу срцето подигнат,

откри ја љубовта

во тага удавена.

Искини ја мрежата,

од воздишки исплетена,

остави птицата да полета

во песната,

среќа да долета.

Со раце, се растргај

со поглед, мраз и камен растопи

дозволи му на плимата

душата, во љубов да ја потопи.

Page 122: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

122

НАПУШТЕН АНЃЕЛ

Горчина тешка,

ми гази по душата,

бес разулавен,

градите ги кине,

очите гледаат,

разумот, одбива да поверува

толкава суровост,

немилосрдност болна,

живот,

судбина, истркалана

низ суводолица трнлива

се чини гледаш ангел

стуткан, се одмора,

преморен да направи

ниту само еден покрет,

не издржа срцето

се упатив таму.

Густи, млитави кадрици

го покриле лицето,

главата неведната

без желба да ја подигне,

нежно, со растреперена рака

ги подигнав прамените

што лицето го скриваа,

занемев,

тоа беа најубавите очи

сјајни како ѕведздите на небото,

поглед празен, до болка,

усни румени,

Page 123: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

123

како печат втиснат

на лицето немиено,

воздишка ми излета,

од очите река солзи потекоа,

кришум ги избришав

со марамчето влажно

и го измив лицето,

бело, ангелско,

само зачудено ме погледна,

негрижа, запуштеност очигледна.

Старо излитено палтенце,

го покриваше телото изгладнето

како гранка млада,

пресечена и оставена

времето да ја уништи,

а што е со срцето,

забрзано како часовник

чука во детските гради

надеж, нема,

среќа, не познава,

љубов, не почувствувала

не знае, заборавила,

мајчина топла прегратка,

милување од рака таткова,

не знае, не се сеќава,

отсекогаш сама била,

како тукушто испилено пиле,

напуштено од целото јато,

оставено само во гнездо

на исушено дрво.

Page 124: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

124

Ме прегазија чувствата,

ме столчи болката,

мислите се разбегаа

што да направам,

како да помогнам,

има ли спас, нaдеж,

каков ли живот ќе има,

зарем тоа дете, ангел,

ќе се крене ли,

ќе ги преживее ли,

што згрешило,

со што заслужило

ваков живот,

дали спас ќе има,

дали ќе се најде рака

да го прегрни,

да го помилува, стопли,

дом да му подари

немоќна, со болка и денес

се прашувам што се случи,

каде е малиот ангел,

неизвесност, постојано ме боли.

Page 125: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

125

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ

Скршена стојам и молам

не дозволувај болеста да те стигне.

Погледот мој не може да продре

низ темната сенка што таа ја фрла.

Сè давам, во длабока тага

оттргната, од постелата твоја

и молам , немо без глас

не дозволувај, болеста да те стигне.

Со скршени крилја,наведната глава,

од дното на душата моја, јас

испраќам молба со надеж силна

не дозволувај болеста да те стигне.

Болеста тешка раширила крилја

да стигнам, дали ќе имам сила,

силен виор без милост,

во неврат некаде ме понесе,

барем молбата моја нека ти ја донесе,

немој, те моламнемој,

не дозволувај болеста да те однесе.

Page 126: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

126

НЕ ЗБОРУВАЈ НИШТО

Не, не зборувај ништо,

само стави ја главата

на моето рамо и молчи.

Остави,

косите да се бакнувааат,

рацете да сè милуваат,

а срцата сами да зборуваат.

Тоа ќе ти ја каже тајната,

за болката, што тешко го притиска

за љубовта, што блика неизмерно

за љубовта голема, на никого подарена.

Молчи, додека извира воздишка

длабоко, од гради откината

тешка, во гради раскината

сама, во пустина бескрајна.

Не, не зборувај ништо

остави крвта врела

трага своја да остави

печат, на болест неизлечива

за младост, брзо помината

за река љубов, веќе пресушена.

Молчи, молчи те молам,

јac немам повеќе што да ти да дадам,

освен пепел од изгубена нада,

нека останат само нашите спомени,

за судбината што не може да се промени.

Page 127: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

127

НЕ МЕ ЖАЛИ МАЈКО

Не ме жали мајко мила

што пак вака сум се свила,

на сите страни појдов

од секаде, ранета дојдов.

Да остнам, за навек тажна

можеби, тоа е моја казна

на чело да го носам својот крст,

покажана од сите, да бидам со прст.

И јас сакам, да бидам љубена

а не, да лутам вака изгубена,

и моето срце среќа бара

а не вака, да се разочарам.

Ќе останам за навек вака

сaма, со својата мака,

ќе затворам јас очи тажни

да не гледам, надежи лажни.

Со себе рана ќе однесам,

тага, никому да не носам

тешка рана, нема лек

останува во мене, цел век.

Page 128: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

128

НЕ ПЛАЧИ

Секоја твоја солза

е нож забоден,

во срцето мое уморно

не дозволувај

ниту солза да капне,

во чашата, тага преполна.

Секоја солза твоја бела

како сол пече,

на раната моја врела

не дозволувај,

твоите бисер солзи,

и гердан тежок да направат,

љубовта моја бескрајна,

нема да ја намалат.

Секоја солза, твоја бисерна

големи бранови да направи,

во езерски води длабоки

тагата да ја претвори

не дозволувај,

од тебе јас да заминам,

во магла сива, бескрајна.

Не плачи душо, не жали

запри ги солзите горчливи,

не дозволувај,

патот да ми го обележат

по него јас да заминам,

затоа не плачи,

душо, те молам не плачи.

Page 129: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

129

НЕБОТО ПЛАЧЕ

Не, не плачам јас

гледај,

тоа е небото,

го боли...

тагата, темна длабока,

во секоја пора

безмилосно всадена,

напатени души,

млитаво полегнати

на црната земја,

се споија...

црни души,

црна земја,

молк...

тишина глува,

нечујна...

но, многу болна.

Не, не плачам јас,

тоа небото

капки росни прака,

да ја измие раната,

да ја избрише тагата,

свеста да ја разбуди,

на бездушни,

душа да дари,

на паднати,

сила да станат,

на глави наведнати,

да погледнат горе

таму...

Page 130: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

130

само таму, ѕвезда ќе видат

патоказ на свеста,

тој ќе ги води...

ете, токму за тоа

не плачам јас,

само...

небото, плаче на глас.

Page 131: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

131

НЕКА БИДЕ

Застани, каде

одекна силно

како пукот од гром небесен

алчно изрипаа

корените од дрво пресушено,

како пајажина се преплетија

го покрија патот,

во безнадеж пуста застанав.

Заводливи, злокобни очи

длабок презир испуштија

на телото малаксано,

стрели од злоба и прекор,

на сите страни разлетани.

Бодеа, сечеа безмилосно

сè што пред себе сретнаа ,

ниту зеница

од окото не остана.

Вреди ли? ...

Каде...?

душата праша ...

и се струполи немоќно

во прашина густа

од земјата распукана,

нека биде ... судбината

или желбата

на демони бесни разиграни.

Page 132: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

132

НЕМАМ СИЛА

Судбини, тешки, болни

насекаде расфрлани.

Ги има низ цел свет

дали за нив

ќе има лек?.

Болка,

извира насекаде

да се упати, … каде?

дали некогаш ќе има крај?

Среде вртлог темен

стојам сама

како да изградам бедем,

јас нив да ги бранам.

Дали сама можам

да помогнам јас,

да намалам нечија болка

или за некој да најдам спас.

Не, јас сила немам

само болката можам

со нив да ја делам.

Или, да подадам

рака своја

ако можам макар

да ја намалам

вината моја.

Page 133: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

133

НЕМОЈ ЗОРО

Како да ги отворам очите

зоро моја кажи,

кога очите од солзи се влажни

а душата се уште тажи.

Подобра е ноќта

таа болките ги крие,

а телото од оган

не прастана да врие.

Светлината, зоро моја

се во мене открива

љубов, болка, тага

ништо од неа не се сокрива.

Немој зоро, не испуштај зрак

подобро е свиткана, во болка

да останам до бескрај

скриена, во темниот мрак.

Page 134: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

134

НЕСОНИЦА

Ете ноќта пак си иде

колку тешка ли ќе биде,

зарем ќе одморам очи јас

во сонот да најдам спас.

Секоја ноќ мора ми е

срце многу тешко вие,

но сонот не доаѓа

нити тежина ми проаѓа.

Ете ноќта пак се спушти

сонот јаве не напушти

навреле спомените стари

нема сонот да ме дари.

Да одморам очи наведени,

со бисер солзи наредени

да одморам и јас пуста

во оваа темнина густа.

Page 135: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

135

НОВ ДЕН

Волшебна ноќ, прекрасна,

ме мами да излезам

долго време бев

скриена,

во сопствената сенка

со надеж

тргнав,

немирните кадрици

танцуваа со ветерот,

одев

се пробивав низ толпата,

водена од светлината

притаена во мојата душа,

одеднаш...

патот исчезна,

го немаше...

насекаде кобна,

тага растурена

длабока,

само пискот

и лелек ја параа душата,

кадриците млитаво

оптежнаа на плеките,

рацете скршено

се спуштија надолу,

само грутки,

од воздишки длабоки

ми ги плеткаа нозете,

премалев,

фантазијата се судри

со горчината на реалноста,

Page 136: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

136

не, не запирам,

ќе продолжам...

со нозе и раце

ги расфрлав грутките,

ме гребеа, печеа

ја угушив болката,

упорно, само напред

таму некаде е крајот,

таму некаде е рајот,

ќе излезам, сигурно.

ќе излезам, во нов ден.

Page 137: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

137

ОДИ СИ

Оди, ти само оди

не барај, ниту со поглед

да те пратам,

не , нема да издршам,

ќе сакам да те вратам.

Оди и не врти глава,

знам, јас не сум онаа права.

Ноќта еве веќе се спушти,

како и секогаш…

љубов моја ти ме напушти,

сама, на чаршав со свилени нишки

ќе ги впивам твоите воздишки,

очите ќе ги наведнам тажни

да не видат, надежи лажни.

Твоето има во срце ќе го кријам,

пламенот со пепел ќе го покријам.

Замини и не чекај веќе

овена и последното цвеќе,

јас за тебе сум минато,

чувство слатко, поминато.

Како странец, низ вратата излези

дозволи сонцето да влези,

пред него, тајни јас немам

од животот, само мигови земам,

ќе го преживеам јас и овој ден,

како и досега во овој живот безвреден.

Page 138: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

138

Ќе плачам тивко во мене без глас

ќе молам, душата да најде спас,

да те имам мој, за секогаш

не вака кришум, понекогаш.

Ти оди, со мирна душа замини

ако можеш, утре пак намини,

овде, јас пак овде ќе бидам

нестрпливо, ќе чекам да те видам.

Page 139: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

139

ОНАА ПРАВА

Животот веќе одмина,

јас за тебе полека умирам

нема што веќе да се каже,

залудно е да се лаже.

Сега, само кусур собирам

нешто мало,

ама за мене битно

без разлика што е ситно,

како спомен ќе го земам

и онака,

друго ништо твое немам.

Еве сега признавам,

за тебе душо умирам,

ништо повеќе,

неможам да кријам

вистината пред сите

јавно ќе ја откријам.

Ти, само треба

тоа да го знаеш

и нема за што да се каеш

што можеше ти стори,

го послуша само своето

срце што ти збори.

Не, немој за мене да жалиш

не доаѓај ни свеќа да запалиш,

уморна сум, од животот

само трошки да собирам,

Page 140: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

140

Морам јас веќе да одморам,

и ќе заминам со крената глава,

затоа што сигурно знам,

јас, бев онаа права.

Page 141: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

141

OСАМЕН ПАТНИК

Со тежок чекор грабев напред,

се смеев и плачев како разгалено дете,

брзав кон тебе, со надеж пуста летав,

но возот по кој трчав да ме донесе кај тебе

само писок остави на заминување,

како оштрица од нож

безмилосно ми помина низ срцето

и продолжи да ја цепи тишината.

Јас, останав осамен патник на перонот,

со рането срце и тажна душа,

на колена паднав во неспокој беден,

со поглед матен од копнеж по тебе,

во темното небо утеха барав.

Гледав ѕвезда треперливо паѓа,

се покажа и млечниот пат, го осветли

ликот твој нежен, ти.

како бело бродче на плаво море,

таму, немирно си поигруваше

а мене, силен бран ми однесе душа,

остана само гола болка во мракот,

да пламти како свеќа што сама се топи.

Со последни сили прекрстив раце,

можев, само немо да молам...

побрзо да изгори свеќата до крај,

а со неа да згаснам и јас,

така од болките да најдам спас.

Page 142: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

142

Ваква сама, празна, без душа, без тебе,

за мене овде место веќе нема,

љубовта кон тебе што имав ми зема,

ќе заминам во некој свет без тага,

овде...

од мене, да нема ни трага.

Page 143: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

143

ОСАМЕНОСТ

Чувствувам голема празнина,

осаменост, невидлива, сеприсутна

околу мене живот, свет, музика,

во мене те чувам тебе, во срцето.

Можеби сум сурова, заклучен си

тој клуч е мојата вистинска смиреност,

затоа што јас те сакам, јас...

можеби премногу, што се мразам,

Ти за мене си нерасцветан цвет непознат,

корените твои допираат до дното

на мојата душа...

ако го има?

Ни мирисот твој не го осетив

затворен во твојата обвивка,

но јас те сакам така, наслепо,

мислам дека те сакам, незнам,

Чекорам со надеж кон љубовта

а на клепките капки од болка...

насекаде околу мене осаменост,

ме шибаат, невидливи ветришта.

Како на празна железничка станица,

а дома сум, низ прозорецот гледам

Од мојата топла собичка,

како?...

Page 144: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

144

Месечината наведната, осамена

наместо зраци, сенки превртени испраќа

чувствувам осаменост и кај морето

иако далеку не го гледам, знам.

А ти, иако во мене заглавен во срцето

некаде помеѓу коморите и предкоморите,

ти реков ќе те сакам онака, наслепо

и клучот го изгубив, не можеш да излезеш.

Ниту некој друг може да влезе, сам остануваш,

јас во просторот исполнет со осаменост,

чувствувам, само осаменост до бесконечност.

Page 145: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

145

ОСЛОБОДИ СЕ

Вечерва, решив да те насликам

таков, како што е твојата душа

а не, каков што се прикажуваш.

Ми се мешаат боите…

реалноста со одразот твој, наметнат,

подигни ги очите, погледни ме

не усмерувај го погледот

кон незаинтересираноста,

дозволи и на насмевката да се покаже,

тргни го изразот на рамнодушност,

дозволи му на срцето да сака,

не затворај го во јарем, непотребен,

ослободи ја душата да љуби,

соблечи ја наметката студена од тебе,

отвори се, биди ТИ.

Еве и боите се раздвоија…

темните, за твојот приказ, потонаа,

останаа светли, разиграни, живи,

виножито сакаат да обојат,

да те насликаат, тебе...

жолта - сонце, твојата човечност,

сина - одсјај на небото во очите,

црвена - љубов во срце распламтена,

бела - душата твоја искрена,

се измешаа, преливаат една во друга,

направија спектар прекрасен… ТИ.

Page 146: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

146

Раскини го, исфрли го оклопот од тебе,

одврзи ги чувствата, притегнати

насмевката нека блесне на лице

заслади ја душата со љубов заслужена,

пушти ја музиката, во грло запрена,

дозволи и на нежноста, да милува,

љуби и дозволи им да те љубат,

да, тоа е твојата слика… ТИ,

време е ајде, ослободи се.

Page 147: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

147

ОСТАВИ МИ ЈА ДУШАТА

Самотија безмилосна

околу мене царува,

среќна, дрска и силна

со насмевка иронично милна,

ме гмечи, толчи колку може,

болката гори како пламен,

од мене…

сака да направи камен.

Распарчена во пустина, јас сама,

надеж, само фатаморгана,

сè што имам, јас ќе дадам

и сама себе, ќе се заборавам,

не прашувај колку, дали боли,

сечи, кини, сè од мене земи,

за секого, што треба спреми,

јас нема за ништо да жалам.

Што ќе ми се очи,

кога не можат тебе да те видат,

усни...

од кои ти не пиеш веќе,

што ќе ми се раце,

кога околу тебе

не можат да се свијат,

од врела љубов да се опијат,

нозе, што в'место стојат

исто, како да не постојат,

што ќе ми е љубов,

без тебе, таа е

безнадежна, изгубена.

Page 148: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

148

Земи, еве сè што сакаш

ништо не треба да плаќаш,

само...

остави ми ја душата, тажна,

со љубов чиста, исконска,

неа, јас ќе ја дарам

на семоќниот што живот ствара,

тој, што од милост ми ја прати

еве, животот ќе му ја врати.

Нека лебди на облаци бели,

плаво небо што красат,

до храмови божји,

таа побргу ќе стаса,

таму, каде за душата нема цена,

слободна е,

никој не може да ја зема,

да ја гмечи, да ја гази,

да направи, по земја да лази,

таму, Божји нектар ќе ја пои,

среќна ќе биде таа, меѓу свои.

Page 149: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

149

ПАТОТ ДО ЉУБОВТА

Како слепец во мракот,

што осамен,

несреќно талка,

јас испружив раце

љубов да барам.

Сретнав ружа, прекрасна, една,

го прикрилја трнот,

ме распара жедна,

крв бликна,

го означи патот,

патот што постои,

но пат кој не се гледа.

Осетив мирис, прекрасен, нежен,

се упатив таму, но отров силно,

во гради ме плисна, скриен,

се посилно и посилно

како камшик ме удираше,

здивот ме напушти,

беспомшно застанав.

Ги повлеков рацете,

ги притиснав градите,

го задржав срцето, свое распарчено,

немоќен, се исправив гордо.

Page 150: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

150

Повторно сум сам во мракот

но конечно сфатив,

непознат е патот до љубовта,

со интриги многу,

некој лесно ќе го помине,

а некој вечно ќе е заплеткан,

во нивните мрежи.

Page 151: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

151

ПАТОТ НА ЉУБОВТА

Патот на љубовта

којзнае каде те води,

до езеро плаво, мирно

или разбуркани, силни води.

Тоа никој не може да каже.

судбината во животот,

патот ќе ти го покаже,

за тебе одамна, означен

Дали трња или ружи

тој за момент ќе ти пружи,

дали громови, или молња силна

сè за љубов, твоја милна.

Патот на љубовта

обележан, тој никаде не е

сонце, песок и горчина

непредвидливо тој ги вее.

Page 152: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

152

ПЕСНА НЕИСПЕАНА

Јас сум песна

тивка недоречена

јас сум цреша

со гранка пресечена.

Од мене нема,

ниту плод да никне,

ниту срце од болка да крикне.

Јас сум младост изгубена

од срце мило не љубена.

Од мене нема,

ниту сенка да остане стара,

ниту срце што љубов бара,

само збор - два недокажани

од сите лажно прекажани,

болки од срце искинати

денови,

среќа предвреме прекинати.

Јас сум само песна,

од никого, никогаш неиспеана.

Page 153: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

153

ПО НАВИКА

Од животот,

часови, денови крадам,

тивко како сенка сама,

објаснување,

не можам да дадам.

Ти замина

без најава, без збор

во друг свет, на спокој

во срце ми остави

неутешен

бол на неспокој.

Сега, јас живеам

онака по навика,

очи тажни, поглед празен,

само понекогаш глава кревам

преплашена, јас...

не смеам да вревам.

По навика,

дома брзо идам

нестрпливо, тебе да те видам,

застанувам во собата празна

без тебе,

овој живот е казна.

Масата ја спремам

и цвеќе, не заборавив да земам,

свеќи, вино и кристални чаши

оние со кои наздравувавме, за сните наши

Page 154: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

154

По навика,

се облеков и парфем ставив

и ништо не заборавив,

чекав времето да пројде

те чекав тебе, но ти не дојде.

Ниту врата се отвори

ниту рана се затвори,

со треперливи раце,

ја прегрнав твојата слика,

од очите, солзи рој потече

како извор што блика.

Сликата ја галев

и свеќа тебе ти палев,

само навика, остана пуста

ништо, ниту бакнеж нема,

само гладната, моја уста.

Ние имавме сон заеднички

за среќа и успеси победнички,

сонувавме заедничка иднина,

не остана ништо,

сè проголта тешка небиднина.

Page 155: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

155

ПОГРЕШЕН ПАТ

Со ружи го обележав

со солзи ги полевав,

со воздишки ги галев,

со трепет ги негував,

силно да блескаат

да те доведат

право, до моето срце.

Но ти, пак не виде

пак погреши,

скршна некаде

во неизвесноста,

поведен од алчноста

се препушти на страста,

не гледајќи со очите,

заборавајќи ја совеста,

го потисна разумот.

Пропадна сам,

во јамата без дно

се изгуби, за мене

неповратно.

Page 156: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

156

ПОМАТЕНА СВЕСТ

Јас, јас и ти

или само јас со твојата сенка,

гледам упорно,

трпки ми шетаат пред очите

виугите на мозокот пулсираат

се исправаат, се попречуваат,

свеста ми е поматена …

што се случи со мене, со тебе,

тука си?..

или нечујно замина

ја остави само сенката,

за спомен, дека беше тука.

Пребирам по сетилата,

погледнувам внатре во душата,

сè ми откажа…

ништо, празнина глува,

празен простор, безвоздушен,

само јас или пожолтен лист

донесен од ветрот есенски.

Магла сива ме обвитка,

и сликата исчезна, се избриша,

а јас, не сум тука, ме нема

можеби се тоа било само сон,

или илузија во облак натажен,

нем посматрач на исчезнувањето,

бришењето на минатото,

или воопшто на постоењето.

Page 157: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

157

ПОРАКА

Во градите нешто ме стега

како душата, да сака да бега

се наѕира негде крајот

кој знае, колку ли ќе трае.

Очите натажени пусти

само магли гледаат густи

нигде глас, а камоли песна

сопствената кожа ми станува тесна.

Јас сама, останав во темнина

минатото е моја иднина

страдањата копнеж еден

за потрошен живот, беден.

Не, јас страв од тоа немам

што ми следи, ќе си земам

Ве проколнувам, сите вас

не жалете за мене, во тој час.

Јас ќе бидам ангел небсен

во рајски градини однесесн

ќе ве чувам со сит сили

останете среќни, мои најмили.

Page 158: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

158

ПОСЛЕДЕН БАКНЕЖ

Како снег од сонце врело

се стопи, мојата младост

години изминати многу

не донесoа никаква радост.

Се упати кон езеро,

од солзи создадено

расфрлајќи по пат

сè што му беше дадено.

Како лист од гранка откинат

препуштен на ветер, да го носи

во темнината на ноќта

ги бараше твоите коси.

Да спушти на нив

бакнеж, нежен еден

за навек да остане таму

во животот, последен

Page 159: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

159

ПОСЛЕДЕН ЛЕТ

Како последен лист,

на гранка треперам јас

чекајќи го последниот час

ветерот да ме однесе

можеби, кај тебе ќе ме донесе,

болка голема во гради имам

ништо повеќе не можам да примам

Те сакам тебе,

не можам повеќе да кријам

со длабока тага ќе се покријам,

душата во пламен ми гореше

устата нема, ништо не збореше,

знам кој безнадежно љуби

на крај сè ќе изгуби,

занесена во лажен сјај

го чекав неизбежниот крај

Се спремав за последниот лет

да ме однесе во друг свет,

таму, каде од тага нема трага

само мир во душата блага,

таму, каде тебе нема да те видам

можеби посреќна ќе бидам.

Page 160: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

160

Меѓу ѕвездите што светат силно

ќе те гледам со поглед милно,

љубов од горе ќе ти праќам

назад, не помислувам да се враќам,

љубовта никогаш нема да згасне

молам, само болката да спласне

одам, ова е мојот последен лет

те оставам, во твојот хаотичен свет.

Page 161: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

161

ПОСЛЕДЕН ПОГЛЕД

Тажно око,

матен поглед

преку рамо прати

спомен горчлив

за мала соба

напуштена,

ѕидови криви испукани

траги,

од нокти изгребани.

Само прозорец еден

искривен,

со ќепенок тежок

затворен,

ниту искра,

а камоли зрак

да продре.

Темнина тешка,

дрско надвиснала,

иронијата,

се подбива со судбината,

за гранка,

рано пресечена

срце,

во болка удавено

љубов,

во тага преточена.

Page 162: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

162

ПОСЛЕДЕН ТАНЦ

Како лист од ружа откинат,

ја играше играта на ветровите

играше, незнаејќи дека за тебе

таа последна игра ќе биде,

игра за збогум на заљубените.

Потоа секој своја страна ќе фати

ќе замине далеку

и никогаш нема да се врати

ниту пак порака ќе испрати.

Со себе ќе понесе само спомен

на музика што од срце блика,

две тела преплетени

едно за друго ветени

со занес, во љубовен танц споени

во животот, за навек раздвоени.

Само листот од ружата стара

во воздухот мир свој ќе си бара

да продолжи да го игра танцот свој

иако замре и последниот пој.

Page 163: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

163

ПРАВО НА ЖИВОТ

Денес,

денес ќе ти кажам,

тргни го превезот од очите

погледни,

погледни околу себе,

каде одиш,

преку што газиш,

почувствувај,

колку ги боли,

немоќни, се свиткале

од тежината на твојот чекор.

Запри ја,

запри ја музиката

во твојата глава,

слушни,

слушни го, гласот на болката,

тука е, во мракот горчлив

насекаде околу тебе,

милост бара,

моли, со шепот изнемоштен

да престане да боли,

само тоа му остана

да моли ...

бездушници.

Денес, барем денес погледни

не си само ти,

ти ...

Page 164: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

164

погледни во душата,

мора да останало малку,

барем малку човечност,

разбуди ја свеста,

нека ти проработи совеста,

ако ...

не, сепак мора да ја имаш.

Светот постои,

ти,

ти не си центарот

излези,

излези од светот на бајќите,

ова е живот,

реалност ...

овие се луге,

насекаде околу тебе,

живеат ...

имаат право да живеат,

како ...

дозволи им,

го имаат тоа право,

право на достоен живот.

Page 165: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

165

ПРАЗНА ПОЕЗИЈА

Зборови испишани,

букви убаво наредни,

по некој ред, без ред

убаво,

изгледа убаво,

како везење по шаблон,

хартијата ја красат

од каде ли ги црпат?

Не е важно,

тоа се зборови, мисли

напишани од поети,

од каде ли ги вадат

од душата, ах не

можеби од внатрешноста

на своето непознато јас,

ама ...

чекај ...

и оваа слика, да ...

изгледа убаво

нека разбере кој како сака,

ако може, ако не ...

па тоа е поетска творба

зборови, зборови многу

има ли чувство?

Page 166: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

166

Па мора, тука е некаде,

можеби песната тажна

не, не може

па зборовите се убави

импресија за очите,

изблик на среќа ...

не, ни тоа не е

се измешале,

а и што е важно

што и дали воопшто

нешто значи.

Убава поетска творба

многу убаво, прекрасно,

навистина плени

пак воодушевување лажно

да не е смешно,

би било навистина тажно.

Page 167: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

167

ПРИЈАТЕЛСТВО

Твојата душа,

искрена чиста

околу тебе,

мир и спокојство плиска.

Твојот поглед,

несебичен благ

дарува искра,

за живот драг.

Од устата,

што збор ти течи

и најдлабока рана,

може да излечи.

Твоето пријателство,

не е обично

тоа е љубов,

дарувана несебично.

Page 168: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

168

ПРОКЛЕТА ТУЃИНА

Со очи од солзи влажни,

наведени, скриени тажни,

чеиз за себе спрема,

саканиот ќе се врати

за невеста да ја зема,

вешто раката ја движи

да ги растера своите грижи,

со игла и конци шарени

љубовта на платно ја везе

за свекор, свекрва и сите сватови

од невеста да бидат подарени,

со раце вешто, брзо вез прави,

да растера сомнеж

од срце што ја дави.

Долго време веќе измина

надежта не помина,

љубовта е многу силна

ќе дојде нејзината среќа милна,

секој ден, неуморно чека

саканиот, од туѓина да се врати

или барем, абер да испрати,

на разделба во љубов верна, се заколнаа

немо, од срце туѓината ја проколнаа.

Page 169: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

169

Мајка стара тажно гледа, прсти крши

како ова сѐ ќе се заврши,

дали зборот даден ќе се одржи

времето веќе многу се продолжи,

ниту писмо, ниту абер нема

немир чуден срце и обзема,

жално ја гледа, својата ќерка млада

секојдневно, кришум како страда,

руба везе, чеиз си прави

наведена глава, никако да исправи,

дали и неа тежок сомнеж ја јаде

за зборот, што саканиот и го даде.

Болка тешка ја кине таа душа млада

уште колку долго ќе треба да страда

неизвесност, убива пуста

не издржа повеќе мајкина уста,

тешко ранета, од срце крик испушти

во постела, на болеста се препушти

немо, гледајќи во небо молба прати

на ќерка ѝ, саканиот да се врати,

нивна свадба, таа среќна да види

како анѓел на среќа од небо да иди.

Page 170: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

170

ПРОСТИ МИ

Прости ми,

јас не сум крива

за болката тешка

што в срце се свила.

Јас душа имам

љубов полна

но што вреди срцето мое

кога немам ништо твое.

Рацете испружени, празни

очите потемнети тажни

срцето ко стакло скршено

меѓу нас сè е свршено.

Прости ми

јас не сум крива

јас сум само

сенка што плива.

Изгубена на небо сиво

ништо не ми е мило

лутам меѓу ѕвездите сјајни

сама, со своите тајни.

Page 171: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

171

ПРСТЕН НА РАКА

Под ведро небо

и ѕвезди сјајни

ги откривме

нашите тајни.

На рака прстен

ти ми стави

за сонот наш

да се оствари.

Но небото

мрак го покри

сè што беше

сè се сокри.

Молња силна

небото го расцепи

две срца раздели.

Секое своја страна фати

што се случи

никој, никогаш не сфати.

На рака прстен остана

како спомен,

за тоа што било

и зад себе

само болка оставило.

Page 172: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

172

ПТИЦА ЧУДНА

Тешка болка гради ми кине

црн сокол со канџи гребе

неуморно силно, од срцето мое

како да сака да те оттргне тебe,.

безмилосно срцето го кине,

љубовта кон тебе да загине.

Ах соколе ти чудна питцо

ти моја вечна несоницо,

имај барем милост малку

не гази го животот толку.

Погледни во очите мои

зарем љубов не ги пои,

зошто солзи насекаде искрат

во тага и болка сами се плискат.

Ах соколе ти си чудна птица

ти ќе бидеш вечна несоница,

мој најголем животен бол

мојот вечен, тежок непребол.

Page 173: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

173

ПУСТА ЖЕЛБА

Оваа ноќ еснска, тивка,

ја прегрнала нежно, но сепак сетно

нашата улица, улицата на дрворедите,

сега,…сама чекорам, по сеќавање,

пожолтените лисја испаѓани

стенкаат, под чекорот мој тежок

болно, со здив жежок шепотат

за љубовта облечена во радост,

која замина… со нашата младост.

Полноќ веќе помина

време е да се спие,

како?...кога спомени навјанале,

срце прегорено, пуста желба крие,

поминале долги години пусти

оставиле подзинати жедни усти,

од љубовта голема, ниту трага

се раширила насекаде црна тага,

се слеала подло во темнината,

ја прекриле, надежта, иднината.

Дождот почна силно да лие

од калта, улиците ги мие

ќе ја измие можеби тагата

што ми се вгнездила во снагата,

премалена подигнав глава

видов слика…замислена? или права?

рака за рака се држиме јас и ти,

чекориме, прегнати по нашите сни.

Page 174: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

174

Душата од гради во жежок здив излезе,

пелин, силно во грло ми навлезе,

пред очи, ми прелета светлосен зрак,

болна мисла гребе во главата пак.

Кога пролета мојата младост?

години многу, без тебе. без радост,

само желбата, за тебе остана пуста,

прикована, немо на мојата уста.

Page 175: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

175

ПУШТИ МЕ

Пушти ме вечерва

да плачам,

прави со мене што сакаш

само остави вечерва,

душата да боли

љубовта, да ја разголи.

Пушти ме вечерва

да плачам,

и така за тебе, ништо важно не е

остави оваа болка,

во река солзи

зад мене нека се лее.

Пушти ме вечерва

да плачам,

нека остане оваа душа празна

зашто љубовта лажна,

е најголема животна казна.

Пушти ме,

пушти ме вечерва

само да плачам,

зашто, сè што се случува

за тоа, само животот одлучува.

Page 176: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

176

ПУШТИ НЕКА ОДИ

Пушти нека оди,

сè што до сега беше

нека времето го однесе

и така, ништо не вредеше.

Нема веќе за што да се жали

минаа болки, тешки рани,

изгореното не може

пак да сè запали.

Само пепел остана

силно ветер да ја носи,

секој ден изминат

да побели, нечии коси.

Пушти, пушти нека оди

љубов, младост, години пусти

ќе останат, само спомени

бисер солзи, на трепките густи.

Пушти, нека оди се, со болката стара

срцето изгоре, младоста мина,

нема веќе што да се бара

животот, во неповрат замина.

Page 177: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

177

РОБИНКА НА ЉУБОВТА

Оваа ноќ, јас

гозба ќе правам

ќе дозволам,

раните да запеат,

болките за заиграат,

тагата оро да развиори,

оваа ноќ, проклета

ужасот ке се слави.

Зарем грев е да сакаш,

да го сакаш оној

што тебе не те сака

да љубиш безнадежно,

љубена да не бидеш,

да молиш,

барем со поглед,

барем еднаш да те помилува.

Оваа ноќ,

нема да те молам,

ќе дозволам да заминеш,

сè свое земи си

љубовта...

таа моја ќе остане,

неа не може

никој да ми ја земе.

Page 178: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

178

Сега и секогаш

сама се проколнувам,

робинка на љубовта

вечно јас ќе останам,

ќе страдам, ќе тагувам,

но од тебе не се откажувам

и љубовта кон тебе

во живот ќе ме одржува.

Page 179: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

179

РОДНО ОГНИШТЕ

На прозорец мајка стои,

изминати денови,

болно брои,

секој ден иста слика,

болен грч,

на мајчина лика,

чека таа напатена душа,

секој трепет болно го слуша,

дали денес,

синот ќе се врати

или барем, абер ќе прати.

Денови се нанижале многу

како синџир оловен тежок,

во мајчини гради оставиле

неспокој, копнеж жежок.

Зарем мораше тој да оди

во таа туѓина пуста

да нахрани прегладнета уста,

туѓо сонце да го грее

безмилосен ветар да го вее,

па остави мајка стара

од бога милост да бара,

секоја вечер пред икона седи

сите молитви таа

од срце ги реди.

Page 180: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

180

Непрестано солзи лие

срцето од болка се вие,

дали ќе дочека таа јадна

да помине болката страдна,

да види таа синот како иде

со неа тој стално да биде,

да му подари љубов силна

од мајчина душа милна,

во своја куќа дом да створи

родно огниште пак да гори.

Page 181: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

181

САМА

Откината од утробата

фрлена некаде

на место,

наречено живот.

Ме печеше сонцето

ме носеа ветровите

студот ме смрзнуваше

а ништо не ме галеше.

Зошто,

јас не барав ништо

јас не сакав да бидам тука

ниту било каде.

Сама,

оставена на немилост

ме изгоре сонцето

ме скамени мразот

ме однесе ветерот

не остана,

од мене ништо.

Page 182: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

182

САМО ЗА ИСКРА ЕДНА

Во срцето чувам посебно место

те сонувам тебе и премногу често,

секоја вечер рака пружам, останува празна,

се будам, мислам тоа е моја казна.

Денот штом се роди, се повторно

во срцето твоето цвеќе отровно,

силно пече, но... на лице маска ставам

пред светот, мора да се преправам.

Ти, веќе дел од мене стана

без тебе, ниту живот не ми остана,

јас исправена морам, само да стојам

да те видам, минутите нестрпливо ги бројам.

Тоа се случува само во миг еден

но за мене, тој е секогаш највреден,

таа среќа моја, многу брзо си оди

мене, во тага повторно срцето ме води.

Јас повторно ноќта ја чекам да се скријам,

да не гледа никој од болка како вијам,

во сон длабок да потонам јас грешна,

се плашам да не бидам, пред лугето смешна.

Секоја ноќ исто, пружам рака, останува празна

боли, пече, прифаќам се, знам тоа е моја казна,

трае веќе долго време и стана навика моја,

ќе издржам... се, само за искра од љубовта твоја.

Page 183: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

183

Надеж пуста не престанува никогаш

можеби среќна ќе бидам и јас некогаш,

ќе дојде крајот на мојата казна

и раката моја, никогаш веќе не ќе биде празна.

Page 184: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

184

САМО ИМЕ

Збор...

прв, најважен,

љубов топла неизмерна,

прегратка за спокој,

допир нежен,

како самовилски крилја,

највозвишено,

најсакано,

поглед, кој жедно го впиваме,

да, таа е,

но дали?...

дали секоја го заслужува,

секоја ли е таква,

нежна, мила, пожртвована,

се прашувам,

иако признавам боли,

срцето крвари,

отвора рана која не зараснува,

цел живот не се заборава,

поголем удар нема,

посилна болка не постои,

се прашувам?

Го заслужува ли тоа име,

секоја, секоја жена,

да се вика...

заслужува,

или само се подразбира,

само име...

Page 185: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

185

САМО СЕНКА

Крвта моја низ вени трепери

во болна воздишка се претвори,

нема сили да се движи

заробена е во сопствените грижи.

Ти од мене направи сенка бледа,

око празно не може да гледа

толку болки ,толку јадови

се околу мене само гадови.

Како после се, јас јадна да дишам

или животна приказна да пишам,

се мое однесе со себе

останаа само спомени, болни за тебе.

Со раце испружени празни

молам, завршете мои казни

ја уништив мојата младост

од тебе не добив ни трунка радост.

Јас сама, со мојата рана

само празна сенка ќе станам

заробена во сивило густо,

сè што имав остана пусто

Page 186: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

186

САМО ТАГА

Ќе расплетам коси мои

по земја, нека се влечат,

тешките рани мои

не можат да се излечат.

Ќе ги стегнам силно

моите болни гради,

за љубовта моја

никој да не ја укради.

Ќе ја замрзнам крвта

во моите вени,

ќе оставам само тага

која не може да свени.

Од тага и болка вечна

ќе наведнам очи мои,

солзата бисер сјаен

земјата нека ја пои.

Page 187: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

187

САМО ТИ

Застани,

погледни во моите очи

ќе ти ја кажат вистината,

таму си ТИ

погледот мој

не продира понатаму.

Отвори го моето срце,

ќе видиш

постоиш само ТИ

во мислите,

во градите,

во душата,

во секој атом

од моето тело,

пак си ТИ.

Јас, каде сум?

се изгубив,

не постојам,

пред огледало стојам

те гледам тебе,

мене ме нема

се претопив,

јас, јас сум ТИ

ТИ остануваш

засекогаш и секаде

само ТИ.

Page 188: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

188

САМО ТРЕПЕТ

Како лист,

на пресушена гранка

се тресам, треперам

ме боли туѓата тага

ми создава болка,

грутка тешка,

во градите

ми остана.

Можам ли да помогнам,

како, немоќна сум

а се е премногу болно

ме пече,

ме кине,

не престанува.

Само трепетот останува

а болката,

никогаш не престанува.

Page 189: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

189

СВАДБЕНИ ЅВОНА

Ти сонце, искрено бело

спушти бакнеж на моето чело,

смири ја мојата душа,

запри ја музиката, што се слуша.

Свадбени ѕвона ѕвонат,

душата, на парчина ја ронат,

во градите нешто ме гуши,

среќата моја се сруши.

Нема веќе, соништа лажни

останаа спомените несреќни, тажни

денес е среќен ден за тебе

за мене горчина, што гребе.

Те однесе тебе, друга птица

ќе останам јас, само грешница

во ланци од минато, празни

тоа се само дел, од моите казни.

Page 190: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

190

СЕГА СФАТИВ

Ќе продолжам,

со животот јас да се борам

ако, не се жалам

можеби ќе изгорам.

Ќе продолжам напред

со испружена рака

ќе барам небесен зрак

да го уништам овој мрак.

Минатото,

за мене е завршрно

за тебе, не знам

можеби сеуште недовршено.

Иднината,

за неа жедно патам

што ќе биде не знам

спремна сум, сè даприфатам.

Бела светлина

или темна невиделина

можеби повторно голема тага

сега сфатив, во животот сè е лага.

Page 191: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

191

СЕЌАВАЊЕ

Со тежок чекор старецот,

враќајќи се во мисли кон минатото,

чекореше кон клупата,

онаа истата, позната, омилена,

со поглед полн тага згасната

нежно ја милуваше,

не се осмелуваше да ја допре

со раката растреперена,

со дланката рапава, избраздена,

се плашеше…

да не ја повреди,

ги провлече прстите бавно

низ својата коса побелена

се вратија спомените…оживеа.

Жалеше, за младоста помината

времето, негов стар непријател

безмилосно го толчеше со години,

за љубовта своја преголема,

за љубовта своја изгубена,

за љубовта сеуште присутна

во срцето негово, старечко,

во душата вечно заљубена.

Тука, на клупата ја запозна,

тука љубовта нивна пламтеше,

неговите усни, со нејзините се споија,

душите во една се преточија,

со ланец, од страсни воздишки исплетен

околу себе силно се обвиткаа,

никој, никогаш да не ги раздели.

Page 192: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

192

Од небото, благослов побараа

и на вечна љубов сè заколнаа…

Сега, само клупата нивна остана

од времето и таа напукната,

од нечии раце, несвесно изгребана,

како спомен за љубов безвремена,

љубовта болно присутна,

во градите негови, натажени

и лузна длабока, неизлечива

на срцето негово, рането.

Со поглед матен, насолзен

уште еднаш тажно погледна,

ја виде…

неа, љубовта, минатото,

се прости од нив за секогаш

и срушено се препушти на судбината.

Page 193: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

193

СКИТНИЦА

Не ме прашувај

од каде доаѓам,

ниту каде живеам

јас сум, само скитница

што на вратата

од твоето срце бие

бара простор,

за навек да се скрие.

Јас сум скитница

и не ме држи место,

сама сум, тажна

и премногу често.

Не, не прашувај

ниту каде одам

завеана во невреме

влечејќи се по колена

болката со себе ја водам.

Судбината,

пред тебе ме донесе

јас од тебе спас да барам

после горчливи години многу

јас, со тебе да остарам.

Прифати ме, или пушти ме

како камен студен

јас ќе прифатам се,

ќе се помирам,

дека ти не си ми суден.

Page 194: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

194

СКРШЕНА ИГРАЧКА

Те молам, не гледај ме во очи

ќе видиш болка што не се лечи,

вистината ќе ти ја кажат,

очите не знаат да лажат.

Тоа, за тебе важност нема,

што сакаше ти се си зема,

оди и не мисли на мене,

остави, младоста да овене.

Оди не оставај ни трага

ти не знаеш, што е тага,

сонцето, мислиш само за тебе сјае

срцето твое, не знае ниту да се кае.

Зарем сакаш солза да видиш,

да можеш среќен да бидеш,

зарем не гледаш, пресушија тие

остана, само болка да вие.

За тебе, бев играчка мала,

небитна игра и палава шала,

играчката, сега се скрши

твојата забава... заврши.

Page 195: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

195

СКРШЕНА СЕНКА

Погледни добро

ова не сум веќе јас,

оваа е некоја друга жена

јас некаде, молам за спас.

Погледни ја добро

оваа жена без душа,

мојата замина некаде

да плаче,каде не се слуша.

Избега од тебе

со тага без глас,

само скршена сенка

сега, тоа сум јас.

Скршена сенка, твоја

што вечно ќе те следи,

те љубеше силно

но ти, без милост ја повреди.

Page 196: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

196

СОЛЗИ МОИ

Солзи мои,

брзо потечете,

кај него веднаш појдете,

само да му речете

во срцето мое сеуште тој е

и вечно таму ќе остане.

Солзи мои,

мои бисери сјајни

сплетете мрежи трајни.

Кажете му

јас сеуште патам

и собирам сила

пак да го вратам.

Солзи мои,

акои вие на успеете

љубота пак да ја развете

молете го барем за прошка

за оваа љубов, милост трошка.

Солзи мои,

вие назад вратете се

во чаша отров претворете се

кој ќе стигне нека пие

љубовта да ја убие.

Page 197: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

197

СОЛЗИ ЧАША ПОЛНА

Ќе измешам јас тага

со солзи, чаша полна

можеби, тоа ќе е лек

да не бидам веќе болна.

Цела чаша ќе ја испијм

морам веднаш да заспијам,

за мене друг лек нема,

сè што имав, љубовта ми зема.

Кога очи само затворам,

стварноста во бол се претвора

светло, јас нигде не гледам

не можам вака, повеќе да седам.

Ќе заминам, во рака со цвет

да побарам мир, во друг свет

каде никој никого, нема да гори

ниту за капка среќа да се бори.

Чаша солзи, со тага мешам

во овој час, морам да решам,

ќе останам , нерасцветан цвет

или ќе го направам последниот лет.

Page 198: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

198

СПАС ЗА ДУШИ НЕВИНИ

Дали еднаш крај ќе дојде

дали постои лек, оваа болка да пројде

од ова лудило што секаде зафатило

корени длабоки секаде пратило,

насекаде, насмеани маски лажни, сјајни

го покриле ликот на злосторници тајни,

црнилишта страшни, број им нема

чекаат и демнат, што и колку да земат

испружиле раце, со крв испрскани влажни,

безмилосно корнат души напатени, тажни

на писокот болен и смртниот здив

дрско, уште повеќе се смеат со подбив.

Господе, дали сеуште ќе гледаш немо

на ова болно битисување темно,

како бездушници по земјата хараат

се голтаат, грабат и уште бараат,

на алчноста нивна крај не се гледа

само глад и презир кон човечка беда,

омилен пијалок за нив е крвта црвена,

не им пречи, што од јадови е веќе здрвена,

кој од кој гледа се полошо да стори

секој свој грев во трофеј да го претвори,

зарем ќе дозволиш, ѕверови од пекол пратени

да уништат твои бедни, чеда напатени.

Page 199: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

199

Испрати свои ветришта неизмерно силни,

уништи сјај нивни и маските лажни, милни

секој да може човек од демон сам да препознае

пред уништен да биде, вистината да ја дознае

огнени молњи од порти испушти,

се демонско овде, нека се уништи

немај ниту малку милост за крвници клети

да заминат, за навек од овде проклети

се живо овде е од тебе создадено,

не дозволувај, на крвници да биде раздадено,

само ти имаш таква сила и право

да уништиш ѕверови, маски и сè што е нездраво.

Page 200: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

200

СПОМЕН

Љубев, љубев силно

со срце отворено,

го љубев тој

што не ме сакаше,

се задоволив, со трошки

бакнежи рутински,

милувања...

како ....

обично ракување.

Си замина,

ми остави спомен,

наметка од болки исткаена,

се обвиткав,

ми натежна силно

ама не ме затопли,

ледени санти

го притиснале срцето,

беспомошно се препушти,

остана заробено.

Земи ја,

наметката од спомени,

не ми треба

ги има премногу,

цело тело

со рани отворени

ќе остават лузни,

за цел живот

спомени.

Page 201: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

201

СПОМЕН ИЛИ СУДБА

Живот, или сенка превртена

живеам?

или само во просторот

постојам.

Сама, со збор недокажан

останав да се прашувам.

дали судбина ова ми било,

ништо да не ми мило.

Имам, само спомен тажен

во овој живот лажен,

оваа болка моја,ќе престане

или вечно, во мене ќе остане.

Барем рака, некој да ми пружи

нека бидат и овенати ружи,

и така очи, веќе немам,

што понудат, јас ќе земам.

Сама, се прашувам пак,

Живеам, или сум само зрак,

крај мене секој мине,

животот…така ќе ми згине.

Сè што имав, од срце дарив,

на себе,… заборавив

отанав, само сенка стара

нпуштена, што патот си го бара.

Page 202: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

202

СПОМЕНИ БОЛНИ

Повторно доаѓаш,

а помина толку време,

мислев...

сè заборавив,

ниту во сонот, мир не ми даваш

Зошто...?

поминаа години,

сè твое исфрлив,

сликите ги запалив,

поклоните ги искршив,

јас се прочистив

со света водичка

од црквата на брегот,

за душата...

побарав простување,

се покајав за стореното,

ги закопав болките.

Зошто...?

пак доаѓаш,

не ме гледаше,

како дете, рака пружав кон тебе

за твоја милост една,

само поглед твој барав

да ме помилува,

ништо не гледаше,

не ме приметуваше,

а толку беше болни

срцето уште младо,

рането го остави.

Page 203: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

203

Замина...

како ништо да не беше,

зошто сега, зошто доаѓаш,

ми ги враќаш спомените,

тажни спомени

за болки претрпени.

Page 204: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

204

СРЕЌА

Што е среќа,

дали плач или смеа,

што е

солзи или јад.

Не, не е тоа

знам

тоа е радост,

не, не е ни тоа.

Можеби чувство,

да тоа е,

тоа е среќа

среќа во нашите срца.

Среќа, тоа е

чувство над чувствата

сон над соништата

сјај во очите

љубов во душата.

Page 205: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

205

СРЕЌНА СО ТЕБЕ

Кога сонцето прв зрак ќе прати

иако далеку, каде погледот не стигнува

и песната моја како шепот се слуша,

мислам рацете те прегрнуваат, нежно

бакнеж лесен како пеперутка застанува,

на усните твои нектар истура, те опива,

во тишината гладно го голташ копнежот,

нерасонет уште те милува мојата љубов,

ти знаеш, чувствуваш, тоа е мојата душа,

доѓа да нурне во длабочината страсна ,

мојата во твојата, заедно една душа.

Молчи, дозволи ми да разговарам

со тебе во тишината наша,

ќе бидеме ѕвезди во наше соѕвездие,

светлото што блеска од нашите очи,

на небото патека ќе направи само за нас,

меѓу сите соѕвездија други, распрскани,

прегрнати ќе чекориме кон иднината,

од желбите наши танко исткаена,

со мислите, од златен конец навезана

наречници, од раѓање така прорекле.

Page 206: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

206

Ти си мојот сон, што будна го сонувам,

како сенка моја, се појавуваш па сокриваш,

но сепак те чувствувам, тука си, мој си,

ја прифаќам играта, на мисли разлетани,

како далечни сме а сепак заедно, тука,

само една насмевка на лицето твое

со виножито небото го прегрнува,

и секоја боја од спектарот волшебен, врз мене

љубовта твоја ја истура, длабоко во душата,

опиена, полна со тебе ја спознав вистината,

јас сум среќна бескрајно, среќна со тебе.

Page 207: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

207

СРЦЕТО ЗА ГОДИНИ НЕ ЗНАЕ

Срцето за години не знае,

штом љубовта туѓа ја гледа

години поминале многу,

а косата станала седа,

и ако животот давно одминал,

трепетот сепак не загинал.

Срцето за години не знае,

штом погледот, болно го кине

воздишка од срце излива

а бранот никако да згине,

бездушно, по карпа удира

болката во душа не умира.

Срцето за години не знае,

штом не познава ден краен

нанижани во синџир оловен

оставија белег траен,

бесцелно со себе се бори

не сака, со никого да збори.

Срцето за години не знае,

потскокнува, за миг сјае,

рацете испружени ги повлекува,

за помислата веќе се кае,

болката во немир, тешко гуши

љубовта сепак, е за сите души.

Page 208: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

208

СТАВИ КРАЈ

Стави печат на моите усни и оди

не мисли каде тебе патот те води

само оди, не врти ни глава

тоа е твоја одлука права.

Тоа е крај на денови наши, изминати

остави ги сите конци искинати

оди и не мисли ти на мене

јас ти бев само тешко бреме.

Тргни, со крената глава

можеби, ќе ја најдеш онаа права

со топла љубов да те пои

ние немавме ништо, да не спои.

Стави печат на моите усни

за сите соништа изминати пусти

стави крај на оваа приказна веќе

отфли се, како овенато цвеќе.

Page 209: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

209

СУДБИНА

Од душата трепет излезе

да лута сам по светот

на препреки многу паѓа

сродна душа никако не наоѓа.

Залудно таа луташе

парче од душа откината

мир за себе да најде,

во мракот желбата му зајде.

Отвори гради свои

викна со сиот глас

никаде неможеше

за себе да најде спас.

Се распрска болка лута

секаде по светот да скита

и секој што ќе ја види

никогаш среќен да не биди.

Во судбина така било запишано

сè што беше да е избришано,

само лута да остане рана

од залезот на младоста збрана.

Page 210: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

210

СУДБО МОЈА

Ех животе, судбо клета

мојата младост брзо одлета

ми остави само спомени тажни

за години изминати важни.

Од прекрасна птица една

остана само сенка бедна

од раце испружени диви

само гранки овенати сиви.

Ех животе брзо бегаш,

гради тешко ти ми стегаш

срцето мало не може да бие

чека сонот да го свие.

Коси бели, расплетени

побелеле од години проклети

нема веќе бујна младост

само болка, за изгубена радост.

Ех животе, запри малку сега

немам сила, јас да бегам

ми прегази болна душа

несакам веќе

лелек да се слуша.

Да соберам малку сила

да најдам љубов, божја мила

во рацете негови свети

да најдам лек,

за моите рани проклети.

Page 211: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

211

ТАЈНИ ЗАКОПАНИ

Денот на одминување,

јас и ти чекориме, со лазење,

еден кон друг, во пресрет,

толку блиску…а бескрајно далеку

со секој чекор направен…

се разидувавме повеќе…

Се сртенавме, но не ние,

некои бледи сенки наши.

пружив рака да те допрам,

не допрев ништо, студенило.

Срцето ми се смрзна,

од твоите прсти, само шепот тих,

очите замаглени, со пепел наросени,

светлина од никаде сјајна,

во мрак ќе ја закопаме нашата тајна.

Болки од срце скршено…

шепот од воздишки страсни,

живи желби неостварени…

љубов скршена…завршена,

иднина лажна, непостоечка…

од мисли исфрлена…изгубена.

Очигледно е, дојде крајот

се изгуби сјајот…само

светло, од минатото… ладно,

сè е чудно, како во друг свет

душата сè одвоила од телото,

одлета како птица со последен лет.

Сè е тука…сè ставивме.

сонцето е веќе на заоѓање,

Page 212: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

212

нема можност за повторно пронаоѓање,

овој пат го поминавме во мрак,

никогаш да не се вратиме пак

се разделивме како сенки бледи,

мислевме блиски, а сега само странци туѓи,

безшумно, зачекоривме по судбината што следи.

Page 213: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

213

ТАНЦ БЕЗ МУЗИКА

Од танцот на солзите,

бисер се откина

во бурата на судбината,

исфрлен загина.

Скиташе, сам во темнина

светло сонце бараше

сродна душа,

или човек што страдаше.

Мракот тежок ,

за милост не знаеше

се проголта, алчно

околу него, што сјаеше.

Дождот, со денови

горчливи солзи лее,

да ја ублажи болката

ништо доволно не е.

А танцот и понатаму

без музика се вие,

тишината тешка, болна,

во себе отров крие.

Page 214: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

214

ТЕ ЧЕКАМ

Во глувата ноќ,

ги минував нашите улици,

местата каде растеше нашата љубов,

плачев, од болка…

или студот во ноќта ме разсолзи,

згрчена од болка таинствена,

погледнав во небото,

светли ѕвезди разиграни

светлосен зрак во срце ми пратија.

Сфатив,

да живееш, треба да има за што

а јас те имав тебе, во срцето

до мене….повремено,

кога си со мене…живеам,

љубовта ме грее, исполнува,

срцето возбудено трепери,

усните ликот твој го пијат,

возбудени, по тело ти шетаат,

барајќи нови, недопрени патеки,

јас сум заљубена.

Не, не сакам повеќе да бидам силна,

не сакам повеќе да патам,

ќе бидам слаба, мала…твоја,

ќе ја искинам лушпата заштитна

околу мене обвиткана,

ќе дозволам раните да заздрават,

на срцето, ќе му дозволам простување,

твојата љубовта е лек за мене.

Page 215: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

215

Те чекам возбудена…

спремив се…

како ти што сакаш,

дојди, направи од мене робинка,

со задоволсво твоја ќе бидам,

ти господар на чувствата, на телото,

за мене постоиш, само ти господару

со сликата твоја на градите,

на кревет ќе те чекам…прилегната.

не гледам на песочниот часовник,

времето ништо не ми значи,

без тебе и тој запира, песокта се смирува,

само љубовта низ тело ми бранува,

копнежот не стивнува,

чекам,.ќе те чекам бескрајно

љубов моја единствена.

Page 216: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

216

TEMEН ЗРАК

Ѕвезда, само една

на небото бледа,

неизвесност тешка

пред себе гледа.

Падна темен зрак

ѕвездата потона во мрак,

се разнесе тажен крик,

исчезна мојот лик.

Темнината што вие

успеа сè да сокреие,

ниту надеж не остана,

а болката не престана.

Page 217: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

217

ТЕШКО ВРЕМЕ

Тешко,

тешко чука,

корне, гребе,

срце мало вгради

се чини,

сета тага во себе ја збрало,

навјанала тага пуста

сè покрилја

тешка темнина густа.

Разулавен чекан

на сите страни мава,

не поштеди ничија глава

пука камен,

пука глава,

уплашени сите

од немоќот болен,

подвиткале кичма,

наведнале глава,

сè препуштиле на црната,

надојдена река,

наместо жубор разлеала...

болен човечки шепот.

Тешко,

се потешко стана,

не собра сила

никој да поткрене глава,

одненадеж...

Page 218: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

218

чиниш небо се отвори,

не издржа ни Бог

разбеснет и тој

силно проговори,

го упати долу својот глас,

народот негов мачен

мора да најде спас,

ја расцепи темнината,

ги растера облаците,

и тагата

од погледот негов

се стопи...

се удави, во црната река

зедно се впија длабоко,

во земјата црна.

Сè стивна,

сè се смири,

само...

милозвучна песна,

се разлеа ширум

нежен ангелски глас,

и за нас имало спас.

Page 219: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

219

ТИ СИ ПЕСНА ВО ДУШАТА

Ти.

сеуште си тука,

живееш во мене,

твојата песна,

ми остана во душтата,

доволно е...

само една нота да видам,

една жица од гитара да затрепери,

една жица од виолина да заплаче,

јас песната ја слушам,

ја пееш ти,

те гледам тебе,

пееш од срце,

онака...

како што ти знаеше,

пееш и уживаш,

постојано, неуморно,

гласот, ликот го носи,

тука си, те гледам

во мојата душа,

затоа не плачам,

затоа не жалам.

Твојата песна,

сеуште

душата ми ја гали,

светлост ми праќа,

надеж за радост

песната ми отвора,

тука си, живееш,

се додека музика се свири,

Page 220: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

220

се додека песната се слуша,

ти си тука,

за мене вечно,

во мојата душа,

ти и песната твоја.

Page 221: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

221

ТИ… САМО ЗАМИНИ

Каде,

каде ти пролетнику

над проклетниците,

каде?

ти безмилосен демону

во човечки облик,

дали наситка има

на алчноста твоја...

проклето,

црнило над црнините.

Зарем е малку

што мрежите твои

со пакости тешки исткаени,

цела земја во црно ја завија.

Зарем малце детски души,

сеуште нерасцветани

во реки од солзи

се удавија, уште

пред светот да го спознаат.

Зарем,

зарем е малку крвта проплукана,

што цели потоци направи,

зарем е мала бедата

од секаде што притиска.

Кажи,

што поцрно од ова црнило

сакаш да поцрниш,

Page 222: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

222

што повеќе од оваа беда

во секоја пора навлезена,

што можеш уште да земеш.

Се раширила црнината,

натежнала тагата,

раните прокрвавија,

душите неми

пред твоите очи

се удавија.

Проклетнику...

собери ги своите поданици

што твоето зло го сееа

и замини, неповратно,

за тебе е малку

секоја клетва, од душа

испуштена,

за тебе е малку

секоја казна изречена,

ти... само замини,

тебе...

само бог ќе ти суди.

Page 223: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

223

ТОА Е ЉУБОВ

Наутро штом зора почнува да руди,

срцето треперливо веднаш се буди,

го пречекува тоа сонце силно,

што го осветлува твоето лице милно.

Со поглед, јас жедно го пијам,

без него не можам да заспијам,

твоите усни две цреши зрели,

мечти за многу бакнежи врели.

Твоите раце како бршлен преплетени

со моите, како венец исплетени,

најсладок дар за мојата душа

од твоето срце, сладок шепот да слуша.

Спиј мирно, животе мој мил,

тебе од небо, ангел те испратил,

јас за тебе од срце сè ќе сторам

оваа љубов, во вечност да ја претворам.

Твојата душа, за мене е живот што зрачи

светлост, што патот со среќа го означи,

за мене ти си извор на радост,

бесценет поклон, за мојата младост.

Page 224: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

224

ТОА СИ ТИ

Чекориш

како по облаци,

ти безличнику

во човечки облик,

празнотија

во твојата глава,

црнина

во твојата душа,

омраза

во твоето срце,

лаги големи

во сржта на коските,

самоуверен

во своите лаги,

го заборави

сопственото битие.

Ти, веќе незнаеш

навистина кој си,

измислена слика

во украсна рамка.

Жално,

навистина жално,

не си свесен

дека сé се гледа,

твојата беда

ништо не ја покрива.

Си дозволи дрско

да ја рспостилаш,

Page 225: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

225

гнасотијата

од твојот болен ум

безмилосно

труеш се околу себе.

Проклетник,

страшилиште црно,

демон во човечки облик,

ете тоа, всушност

тоа си ти.

Page 226: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

226

ЌЕ ДОЈДЕ ЛИ ДЕН

Сонцето ете веќе зајде

срцето мир никако да најде,

и ноќта темна пак се спушти

срцето глас не испушти.

Стои немо, со рани тешки лути

за сите неправди решило да ќути,

со горчливи солзи во своите очи,

налегнати, како мермерни плочи.

Кажи, кажи ми мили боже,

да се живее вака дали може

до кога срце за неправда ќе ќути,

ќе трпи оган и јазици лути.

Ќе остане ли тоа вечно така

или ќе најде излез за својата мака,

ќе дојде навистина ли тој ден

кога никој, нема да биде повреден.

Секој среќен да живее ќе сака

ќе ставиме заборав на секаква мака,

ќе свети цел ден сонце силно

во душата ќе разлева топлина,милно.

Page 227: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

227

ЌЕ ЗАСПИЈАМ

И повторно, се вртам во круг

на плеките, како товар од селски плуг,

и повторно не можам ништо да направам,

јас, целосно да заздравам...

Во душата горчина ми тече

безмилосно, ме гори и пече

во срцето, ја носам таа лика

од која остана, само избледена слика.

Јас од срце сè што имав дарив

но, ниту трошка среќа не ќарив

од мене, кој ќе стигне зема

како друг никој, ништо да нема.

Поглед тажен, очи наведени

од чемер солзи наредени

со надеж, раце испружени така

останаа празни со голема мака.

Не заслужив ли ? ...

барем малку радост

а веќе помина мојата младост,

Ќе прегрнам ли ? ...

моја рожба мила,

да избега змија околу срце што се свила.

Надеж пуста ...

во гради ми остана,

љубов силна не престана.

Page 228: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

228

Светлост нигде ниту трага,

остана само, чаша полна тага

пресушена, жедно ќе ја испијам

од болката можеби, јас ќе заспијам.

Page 229: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

229

ЌЕ ИЗЛЕЗАМ ОД АГОЛОТ

Боли, силно,

посилно од се,

залудно...

го барам погледот твој,

ме гледаш,

а всушност не ме приметуваш,

погледот...

минува низ мене,

како да сум воздух,

како да ме нема,

ах колку боли

неиздржливо,

твоја сум

ме создаде...

погледај,

јас сум, тука,

постојам.

Ме боли, уште повеќе

премалев од болка,

денови, месеци, години

многу поминаа,

немо, душата вришти,

сè би направила,

сè би дала,

само да ме видиш,

тука, покрај тебе,

постојам.

Залудно,

сè е залудно,

заминувам со болка

Page 230: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

230

неиздржлива,

со безброј прашања,

збунета во очај

го барам аголот,

од мојата соба,

се кријам,

се прашувам,

болка ме растрга,

и пак се надевам,

утре....

ќе ме видиш,

тука, до тебе, твоја,

ќе излезам од темниот агол,

засекогаш.

Page 231: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

231

УМОРНА

Не, јас не можам

повеќе да летам, уморна сум,

од борби со бурите бесни

што рушеа сè пред себе

разулавени од својата сила.

Не, јас не можам

повеќе да летам, уморна сум

од огнените камшици

кои шибаа од сите страни

ми ги кршеа крилјата,

ми го сечеа телото, безмилосно,

неуморно.

Не, јас не можам

повеќе да летам, уморна сум,

од напади на птици грабливи

што никогаш незадоволни

посегнуваа по сè туѓо

секогаш малце им беше

тоа што го имаа.

Уморна сум,

ќе застанам овде,

на овој осамен брег

каде и сонцето едвај допира,

ќе оставам се на времето

барем него го имам неизмерно,

можеби ќе заздравам

а можеби и не

нека биде волјата божја.

Page 232: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

232

УДРЕТЕ ГРОМОВИ

Удрете громови

силно, безмилосно

расцепете небо сино.

Шибајте ветрови

не штедете сила

разнесете сè живо.

Јас исправена

пред бога стојам

жива сум, постојам.

Удрете громови силно

право во срце погодете

подобро еднаш

отколку секојдневно.

Грешката моја голема

е тоа што сум жива

можеби несвесно крива

но повеќе не можам вака

удрете, силно со рака

уништете сè живо

удрете безмилосно диво.

Page 233: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

233

УТРЕ ПАК ЌЕ ПИШУВАМ

Решив,

Вечерва да молчам,

пенкалото ќе испишува зборови,

можеби нема да имаат значење

како парчина

истурени пред огледало,

оваа вечер, ми изгледа добра,

сепак, пенкалото

ми поигрува во рацете, несигурно

ќе пишувам

сама, скриена од погледи.

Го стегнав пенкалото

решив, ќе пишувам, за мене

па вие, не ме познавате,

ќе читате зборови исполнети

со тага, жалење...

како, како да пишувам за среќа

кога само тага познавам,сега

порано...не знам

можеби не сè сеќавам,

ќе пишувам, за тоа што знам

за тоа што гледам, чувствувам.

Се погледнав во огледалото,

како да го опишам лицето?

Успевав да ги убедам сите

дека јас сум среќна,

имав успешна гримаса на насмевка

но сега, каде е сега?

Page 234: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

234

Видов,

лице без израз, чудно, непознато,

зарем, зарем навистина тоа сум јас,

или некоја сосема друга, непозната,

рацете уште повеќе се растреперија,

срцето почна се посилно да чука

како да сакаше да избега,

само спомените, од минатото

безмилосно, се истурија пред мене,

видов...

магла и се изгубив.

Ме победи маглата, минатото

сопственото непознавање,

сакав да пишувам, но како

како да пишувам да ме разберете,

како да пишувам, да ме запознаете,

како да ја опишам душата,

кога неможете да ја видите,

да знаев, барем дефиниција за среќа

не ја знам,

нема да пишувам, неможам,

вечерва се повлекувам,

можеби утре, изутрина

утре е нов ден,

сонцето ќе ја растера маглата,

ќе биде појасно,

ќе го видам моето вистинско јас.

Page 235: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

235

Ќе пишувам за среќата, за мене

за моите стравови и соништа,

ќе ви ја покажам душата,

да ме запознаете вистински,

да ме разберете,

да можете да ме сакате,

вечерва само ветувам,

утре, утре пак ќе пишувам.

Page 236: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

236

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ

Мирјана Бурник е родена во Битола

на 27 Октомври 1956 година.

Основно и средно образование заврши во Битола,

дипломирала на правниот факултет во Скопје.

Автор е на стихозбирката песни ПОДАРОК, објавена

во Битола, 2008 година.

Сликарството е нејзино повремено хоби но љубовта

кон поезијата е таа која го има освоено најголемиот дел од

нејзиното срце.

Секој човек има право на свој сопствен израз да си го

искаже своето мислење зашто интимата нема универзална

формула по која ќе се вреднува нејзиниот душевен

дијапазон.

Во стихозбирката ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА, се

појавуваат извонредно добри поетски приказни кои го

откриваат или поточно преку кои се наѕира откривање на

една друга посуптилна димензија во нејзината

имагинативна поетска визура која ветува идни остварувања

кај кои не ќе доминира формата туку интимата поетова,

пропратена со нежен но жесток ритам.

Преточувањето на мислата преку песна која содржи

естетски елементи и каде ритамот е идентичен со бојата на

приказната во која стилските фигури ги заменуваат

непознатите чувства давајќи им филигранска мелодична

глазура е онаа форма која веќе станува препознатлива за

авторот.

Најважно е да се твори, да се пишува, да се раѓаат и

излеваат чувствата а колку ќе живее рожбата, времето ќе си

го даде својот последен збор.

Page 237: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

237

Ангел немоќен ......................................................... 5

Барам простување ................................................... 7

Без излез ................................................... 9

Без тебе .............................................. 10

Безимена ....................................................... 11

Бел фустан ................................................. 13

Бел цвет од камен ............................................... 15

Биди среќен ....................................................... 17

Битола моја Битола .................................... 18

Благослов ............................... ........... ..... ......... 19

Бркотница од солзи ................................................ 20

Величенствена 22

Верувај и на љубовта ....................................... 24

Вечерва .......................................................... 25

Вечно сама ................................................. 26

Виолината плаче ........................................ 27

Во небо погледни ................................................ 29

Во постела .................................................... 31

Во спомен на ангелот ............................................. 32

Воздух ............................................................... 33

Врисок на каменот .................................................... 34

Гордост проклета ........................................... 35

Господар на соништата ............................................. 37

Грешница ....................................................... 38

Громови на мојата душа ........................................... 40

Да бидам со тебе ..................................... 41

Да можам само ...................................................... 42

Дајте да се напијам ............................................... 44

Дали знаеш ..................................................... 45

До безсознание ....................................................... 46

До кога животе .................................................. 47

Дождот ......................................................... 48

Доказ ................................................... 49

Доста е ................................................... 50

Page 238: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

238

Душа една .............................................. 51

Еден поглед ....................................................... 52

Единствена грешка ................................................. 54

Едно срце ....................................................... 56

Ех животе .................................... 57

За љубовта живеам ............................................ 59

За миг ................................................ 60

За мојот пријател ....................................... 61

За тебе сестро .......................................................... 62

Зарем немаш Боже .............................................. 63

Заробеници на љубовта ........................................ 64

Засекогаш ................................................ 66

Златен кафез .................................................... 67

Зошто ............................................. 69

Зошто боли .................................. 70

Ѕвездо моја .................................................... 71

И џелатот умира ........................................... 72

Игра на душата ............................................. 74

Извадете ги маските .............................................. 75

Илинден ........................................... 77

Јас не сум таа .................................................... 78

Каде ти срце мое ................................................... 79

Камен на дното ............................................... 80

Клетва .................................................................. 81

Кој ли те зема .............................. ....................... 83

Кога љубовта завршува ......................................... 85

Крик на мојата душа .......................................... 86

Лажен свет ......................................................... 87

Лажен сјај ................................................... 89

Лажна слика ................................................... 91

Лек нема .............................................. 92

Љубов единствена .................................................... 93

Љубов или илузија ................................................. 95

Љубов или спомен .................................................. 96

Page 239: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

239

Мајчинска љубов .................................... 97

Мала птица ...................... .................... 98

Малку милост ................................................ 99

Ме остави ....................................... 100

Месечино моја ....................................................... 101

Ми даде сè .............................................. 102

Мило либе ........................................ 103

Мило мое ................................................ 104

Моето срце .................................................... 106

Можеби некогаш ............................................. 107

Мојата душа .................................. 109

Мојот спасител .................................................... 110

Молба ........................................... 111

Мост ............................................. 112

Моќта на срцето .............................................. 113

Мрак ........................................... 115

На кожата .................................................... 116

На стакло запишана ............................................... 118

На Тоше Проески ............................................... 119

Надеж нема .............................. ....................... 120

Направи сè за љубовта ......................................... 121

Напуштен ангел ................................................ 122

Не дозволувај .......................................... 125

Не зборувај ништо ............................................... 126

Не ме жали мајко ................................................... 127

Не плачи ................................................... 128

Небото плаче .............................................. 129

Нека биде .................................................... 131

Немам сила ................................................. 132

Немој зоро .................................................. 133

Несоница .................................... 134

Нов ден ...................... .................... 135

Оди си ................................................ 137

Онаа права ....................................... 139

Page 240: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

240

Осамен патник ....................................................... 141

Осаменост .............................................. 143

Ослободи се ........................................ 145

Остави ми ја душата .............................................. 147

Патот до љубовта .................................................... 149

Патот на љубовта ............................................. 151

Песна неиспеана .................................. 152

По навика .................................................... 153

Погрешен пат ........................................... 155

Поматена свест ............................................. 156

Порака .............................................. 157

Последен бакнеж ........................................... 158

Последен лет .................................................... 159

Последен поглед ............................................... 161

Последен танц ............................................... 162

Право на живот .............................. ....................... 163

Празна поезија ......................................... 165

Пријателство .......................................... 167

Проклета туѓина 168

Прости ми ............................................... 170

Прстен на рака ................................................... 171

Птица чудна ................................................... 172

Пуста желба .............................................. 173

Пушти ме .................................................... 175

Пушти нека оди ................................................. 176

Робинка на љубовта ............................................... 177

Родно огниште ..................................................... 179

Сама .................................... 181

Само за искра една ...................... .................... 182

Само име ................................................ 184

Само сенка ....................................... 185

Само тага ....................................................... 186

Само ти .............................................. 187

Само трепет ........................................ 188

Page 241: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

241

Свадбени ѕвона .............................................. 189

Сега сфатив .................................................... 190

Сеќавање ............................................. 191

Скитница .................................. 193

Скршена играчка .................................................... 194

Скршена сенка ........................................... 195

Солзи мои ............................................. 196

Солзи чаша полна .............................................. 197

Спас за души невини ........................................... 198

Спомен .................................................... 200

Спомен или судба ............................................... 201

Спомени болни ............................................... 202

Среќа .............................. ....................... 204

Среќна со тебе ......................................... 205

Срцето за години не знае .......................................... 207

Стави крај ............................................... 208

Судбина ................................................... 209

Судбо моја ................................................... 210

Тајни закопани .............................................. 211

Танц без музика .................................................... 213

Те чекам ................................................. 214

Темен зрак ............................................... 216

Тешко време .................................... 217

Ти си песна во душата ......................................... 219

Ти... само замини ................................................ 221

Тоа е љубов ....................................... 223

Тоа си ти ....................................................... 224

Ќе дојде ли ден .............................................. 226

Ќе заспијам ........................................ 227

Ќе излезам од аголот .............................................. 229

Уморна .................................................... 231

Удрете громови ............................................. 232

Утре пак ќе пишувам .................................. 233

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ 236

Page 242: ПРОЗОРЕЦ КОН ДУШАТА- Мирјана Бурник

Мирјана Бурник Прозорец кон душата

242