15

Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

Citation preview

Page 1: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011
Page 2: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

2 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

За БугаријаНаш предлог да го запознаете нашиот сосед Бугарија. Лоцирана во југоисточна Европа, на североисточниот дел

од Балканскиот Полуостров и претставува посакувана туристичка дестинација, не само за нејзините соседи, туку и за туристите од целиот свет.

Што нуди БугаријаБугарија има уникатна географска позиција. Сместена на најјужниот дел од Европа - Балканскиот полуостров.

Територијата на државата е релеативно мала, а сепак, е крстопат на три биогеографски региони. Средно Европски, Евроазиско степски и медитерански. Географската позиција на државата, како и разновидноста на релјефот и пејсажите - големите низини и степи, реки и езера, долини и шуми, ридови и планини кои се спуштаат до водите на Црното море - е гарант за разновидната флора и фауна. Овде можете да уживате во сите сезони - секоја од нив имаат сопствена атмосфера и уникатен шарм.

Ова е земја на сончеви планини, чисти води, народна музика и занаети. Модерните хотелски комплекси кои се наоѓаат на златните песоци на Црното море им нудат на посетителите природна убавина, историја и модерна архитектура. Во зима ќе поминете незаборавно време скијајќи се во Банско, Боровец, Пампорово или на многу други планински одморалишта. Планините нудат уникатен поглед. Мирисни шуми, вулкански карпести формации, драматични кањони и голем број пештери придонесуваат за прекрасната панорама.

Зима во Бугарија - искуство за паметењеМногубројните ски центри кои располагаат со голем број хотели, ресторани, дискотеки, ноќни клубови,

продавници, кои нудат удобен зимски одмор, ја прават Бугарија како мошне атрактивна дестинација за сите генерации, а посебно кај помладата популација.

Ски сезоната која трае од крајот на ноември до месецот мај, како и светски познатите ски и спа центри, кои Ви нудат атрактивен и незаборавен престој, се искуство вредно за паметење.

Затоа оваа зима наш предлог е: Зимувајте во Бугарија, тоа е Вашиот вистински избор!

Уникатни ресурси - природни термални извориПриродните термални извори во Бугарија се едни од најуникатните ресурси. Тие се „златен клуч“ на развитокот

на рецептивната индустрија. Повеќе од 800 хидро-минерални извори групирани во 240 водни формации, богати со топли и ладни минерални води чија температура варира од 37О до 101ОС, извираат од прегратките на земјата од длабочина од 2000 м.

Брегот на Црното море - непрекиден одмор!Со декади брегот на Црното море со право е најпопуларна и најпосетувана дестинација, поради неверојатните

квалитети: 380 км на плажи, 240–300 сончеви часови во летната сезона, просечна дневна температура на воздухот и на водата од 23–25ОС, 70–75% влажност, голем број хотели, ресторани, клубови. Со една реченица, центар за сечиј вкус и џеб...

r. Stro

um

a

r. Mesta

r. Veleka

r. Ropotamo

r. Veleka

r. Iskar

r. I

skar

r. Iskar

r. Isk

ar

r. Maritsa

r. Maritsa

CHERNOMORETS

AHELOY

RAVDA

REZOVO

LOZENETS

BYALAOBZOR

ST. ST. KONSTANTINAND ELENA

RIVIERA

ALBENA

ROUSALKA

GOLDEN SANDS

DUNI

ELENITE

SUNNY BEACH

SINEMORETS

KITEN

TOUZLATA

RozhenMonastery

Rila Monastery

BachkovoMonastery

TroyanMonastery

Ledenika

Dyavolsko Garlo

1328 MSHIPKA

BOTEV2376 M

CHERNI VRAH2290 M

VIHREN2914 M

BELMEKEN2626 M

MALYOVITSA2720 M

MOUSALA2925 M

GABROVO

KOTEL

KLISOURA

GRAMATIKOVO

DOBRINISHTE

KARLOVOKALOFER

SLIVEN

GOTSEDELCHEV

SMOLYANMADAN MOMCHILGRAD

BYALA

SANDANSKI

GOVEDARTSI

SOZOPOL

PRIMORSKO

TSAREVOAHTOPOL

MALKO TARNOVO

SREDETS

ELHOVO

TOPOLOVGRAD

GALABOVO

IVAILOVGRADKROUMOVGRAD

HARMANLI

LIUBIMETS

TERVEL

BALCHIK

SHABLA

KAVARNA

VALCHI DOL

SOUVOROVO

NESSEBAR

POMORIE

ROUDOZEMZLATOGRAD

TOUTRAKAN

KOUBRATZAVET

ISPERIH

ALFATAR

DOULOVO

DOUPNITSA

HISSARYA

PAZARDZHIK

KOSTENETS

IHTIMANSAMOKOV

PANAGIURISHTE

ASENOVGRAD

SVILENGRAD

SVISHTOV

BYALASLATINA

KNEZHA

VRATSA

SofiaPERNIK

PLEVEN

LOVETCH

KARDZHALI

PLOVDIV

SHOUMEN

SEVLIEVO

KAZANLAK

DIMITROVGRAD

VIDIN

KOZLODOUI

ORYAHOVO

NIKOPOL

KYUSTENDIL

BLAGOEVGRAD

PETRICH

MONTANA

VARNA

BOURGASYAMBOL

STARA ZAGORA

HASKOVO

LOM

VELIKOTARNOVO

BOROVETS

SILISTRA

DOBRICHRAZGRAD

TARGOVISHTE

ROUSE

TROYANTETEVEN

RIBARITSATRYAVNA

BOZHENTSI

BELOGRADCHIK

RILA MOUNTAINS

PIRIN MOUNTAINS

MELNIK

BANSKO

PAMPOROVO

CHEPELARESHIROKALAKA

ARBANASI

ROMANIA

GREECE

TURKEY

BLA

CK S

EA

MACED

ON

IASERBIA

RHODOPES MOUNTAINS

STARA PLANINA

VITOSHA MOUNTAINS

STARA PLANINASTARA PLANINA

ALADZHA ROCKMONASTERY

DURANKULAK

STRANDZHA

Page 3: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

3www.vispoj.com.mk

Банско е најдобриот и најмодерниот ски центар во Бугарија. За време на претходните години, вложена е голема сума во потполно нова област за скијање која е изградена од Јулен, компанија која ја има лиценцата за управување со ски областа. Изградени се нови хотели од суперлуксузна категорија.

Банско има најдолга скијачка сезона - од 15 декември до 15 мај, со повеќе од 2 метра снег. Со еден збор сон за зимските спортови во Бугарија.

Скијачкиот центар нуди големи капацитети за сместување - од евтини планински куќички и викендици, до луксузни хотели.

Самиот град е сместен во подножјето на планината Пирин, на околу 925 до 1256 метри надморска височина. Познат е по своите уникатни таверни, кои го претвораат вашиот одмор во незаборавно доживување. Архитектурата е мешавина на старото и новото, мешавина на вековни приказни со најмодерен структурален дизајн.

Патеките за скијање се прилагодени за сите искуства - од почетници до експерти. Скијачката опрема може да се изнајми во сите хотели.

Во околината на хотелите постојат повеќе од 200 ресторани кои покрај национални јадења, нудат и разни специјалитети од источната до западната кујна. Покрај рестораните, постојат и ноќни клубови, казина и дискотеки кои ноќта ја претвораат во волшебен карневал.

Банско

Page 4: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

4 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Локација:Хотелот Кемпински Гранд Арена (5*) се наоѓа во подножјето на планината Пирин само неколку метри од ски лифтовите. Хотелот е симбол на квалитетна и престижна понуда со извонредни услови за перфектна рекреација.Сместување:Хотелот поседува 159 стандардни соби и апартмани, од кои 36 се наменети за непушачи. Секоја соба или апартман е опремен со сопствено купатило со туш кабина или када, мини бар, директен телефон, интернет, сопствен сеф, кабловска телевизија.Содржина:Хотелот нуди престижни барови, шопинг центар, игротеки и забава за најмладите. На располагање на гостите им е луксузен спа центар, сауна, масажа, солариум, базен и разни програми за релаксација.

Локација:Комплексот „Катарино Спа“ (4*) е сместен на падините на прекрасната планина Рила, во пикторесктното место Катарино.Сместување:Хотелот на своите гости им нуди 139 стандардни и луксузни соби, апартмани и фамилијарни бунгалови.Секој фамилијарен бунгалов поседува комплетно опремена кујна и интернет пристап.Содржина:Хотелот има ресторан, барови, таверна и слаткарница. Гостите исто така можат да уживаат и во спа центарот, во отворениот и затворениот базен, спортските терени, тениските игралишта и друго.

Кемпински Гранд Арена Хотел*****http://www.kempinski.com

Катарино Спа****http://www.hotelkatarino.com

Page 5: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

5www.vispoj.com.mk

Локација:Парк хотелот Гарденија (4*) се наоѓа во срцето на најмодерниот ски центар во источна Европа - Банско.Сместување:Хотелот располага со 84 двокреветни соби, 4 луксузни, 1 претседателски апартман, централна климатизација, безжичен интернет. Сите соби и апартмани се опремени со телефон, телевизор, електронски сеф, мини бар. Секоја соба има сопствено купатило со када, додека луксузните соби и апартманот се опремени со џакузи.Содржина:На располагање на гостите им е лоби бар, повеќе ресторани, современо опремен Спа центар, ски гардероба, сопствен паркинг.Во тек на зимската сезона, хотелот обезбедува бесплатен превоз до ски лифтовите на секои 30 минути.

Локација:Сместен на само 300 матри од ски лифтот со гондола, хотелот Стражите (4*) е традиционален приказ на бугарската архитектура, култура и стил. Лоциран во мирно и релаксирачко место во срцето на планината, хотелот е оддалечен 5 километри од ски терените. За гостите на хотелот е обезбеден бесплатен транспорт до ски терените.Сместување:Гостите во хотелот имаат на располагање 79 соби, 16 студија, 6 апартмани и 57 двокреветни соби. Сите соби се опремени со сателитска телевизија, мини бар, телефон, централно греење, купатило со када и фен.Содржина:Во склоп на хотелот има ресторан, лоби бар, фитнес центар, сауна, голем покриен базен, куглана и билијард. Хотелот поседува сопствен паркинг и лекарска ординација.

Парк Хотел Гардениа****http://www.parkhotelgardenia.com

Хотел Стражите****

Page 6: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

6 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Хотел Тане****http://www.hotel-tanne.com/

Де лукс хотелот Тане работи преку целата година. Хотелот е конструиран во традиционален регионален стил, изграден од камен и дрво. Со прекрасна околина, бројни веранди и балкони, нуди отворен поглед кон три планини - Пирин, Рила и Родопските планини.

Хотел Тамплиер****http://www.tamplier.com/

На само неколку минути од првата станица на ски лифтот во Банско, се наоѓа хотелскиот „Тамплиер“. Проектиран во типичен стил за Банско, нуди просторни и стилско опремени соби, апартмани и студија и прекрасен поглед кон планината.

Хотел Перун****http://www.hotelperunbansko.com/

Поставен на самиот пат кон скијашките патеки во Банско, Хотелот „Перун“ (4*) нуди удобно сместување во своите 145 соби. Секоја соба е опремена со телевизор, телефон, мини бар и се што е неопходно за удобна рекреација.

Page 7: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

7www.vispoj.com.mk

Боровец, најстариот и најпознат бугарски планински центар, е сместен на северните падини на планината Рила на надморска височина од 1350 метри. Центарот има прекрасна локација обвиен со стара борова шума во подножјето на планината Мусала (2925 м.). На само 72 километри од Софија и 126 километри од Пловдив, Боровец е лесно пристапен во текот на целата година.

Основан на крајот на 19-иот век, како место за лов на бугарските цареви, Боровец се разви во модерен центар кој прима гости преку целата година.

На зима, скијачките писти и скијачки патеки го испреплетуваат нивниот пат низ прекрасните пејсажи на планината Рила. Постојат скијачки писти за сите нивоа на искуство на скијачите. Сите писти се означени по меѓународните стандарди. Исто така постојат неколку ноќни писти, специјално осветлени за доцна ноќна забава на снегот.

Во лето Боровец е исто така воодушевувачки, со понуда на чист и свеж воздух, мирни стари борови шуми, зелени прекривки попрскани со мирисни цветови и билки, сини езера и горди врвови прекриени со снег. За љубителите на природата, овој центар е омилена дестинација и почетна точка за многу прошетки по планината Рила.

Кога сонцето ќе зајде, центарот започнува да пулсира со безбројни светла на ресторани, барови и ноќен живот кој го претвора Боровец во навистина забавно место.

Боровец

Page 8: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

8 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Локација:Хотелот Самоков (4*) е сместен во центарот на Боровец, на само 50 метри од ски лифтот и е еден од симболите на ски центарот.Сместување:Хотелот поседува 250 стандардни соби, 11 луксузни соби и 4 апартмани опремени се сопствено купатило со туш, када и фен, мини бар, директен телефон, сателитска телевизија и балкон со прекрасен поглед кон планината Рила.Содржина:Хотелскиот комплекс располага со сопствен ресторан, ноќен клуб, билијард клуб, комплетен спа центар, покриен базен, фитнес соба, центар за масажа, ароматерапија, солариум, сауна. Постои сала за куглање, билијард и пинг понг.Од дополнителни услуги нуди фризер, салон за убавина, информативен центар, пеглање и хемиско чистење, личен сеф, безжичен интернет, паркинг за возилата, школа за скијање.

Локација:Хотелот Лион (4*) е лоциран во најмирниот и најтивкиот дел од скијачкиот центар Боровец, веднаш до фонтаните со мраз.Сместување:Хотелот поседува 157 стандардни и луксузни соби и апартмани и 24 студија. Сите соби и апартмани располагаат со купатило со туш или када, фен, директен телефон, сателитска телевизија и мини бар.Студијата се состојат од голема соба со кинг сајз кревет и соба за дневен престој. Во склоп на студијата се наоѓа кујна опремена со микробранова печка, фрижидер, мини бар.Содржина:Хотелот располага со традиционална таверна, ресторан и лоби бар со 4 огништа. Покрај останатото постои супер маркет, личен сеф, плакар за скијачка опрема, фитнес сала, сауна, покриен базен, солариум. За гостите во хотелот постои шатл бас до ски лифтот кој е бесплатен.

Самоков****http://www.samokov.com

Хотел Лион****

Page 9: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

9www.vispoj.com.mk

Локација:Хотелот Јастребец Спа (4*), е првиот Бугарски хотел кој стана член на групацијата Мали луксузни хотели! Хотелот е навистина уникатен со исклучителна локација на самите скијачки патеки. Можете да се спуштите до самиот влез од хотелот.Сместување:Хотелот поседува стандардни и луксузни соби и апартмани како и викендици во фински стил. Собите и апартманите се опремени со директен телефон, сателитска и кабловска телевизија, интернет пристап, личен сеф, минибар, тоалет со када и балкон.Викендиците се на два спрата, направени потполно од дрво. Секоја викендица има финска сауна, ЛЦД телевизор, мини бар, интернет пристап, телефон, тераса и сопствен паркинг.Содржина:Хотелот има диско/ноќен клуб, лоби бар, фитнес центар, покриен базен, бања со пареа, солариум, сауна, сала за масажа, џакузи, хидроџет, медицински и спа центар и центар за рехабилитација.Постои посебна сала за чување на ски опремата, со модерна инсталација за сушење на истата, можност за изнајмување на ски опремата, моторни санки, планински велосипеди и опрема за планинарење.Исто така има и шатл бас и лимузина со возач на располагање на своите гости.

Хотел Јастребец****

Хотел Рила****Хотелот „Рила“ (4*) е еден од најимпресивните хотели во Боровец. Се наоѓа на импресивна локација веднаш на почетокот од ски патеките. Хотелот нуди можност за различни спортови и одмор.

Page 10: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

10 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Пампорово е еден од најпопуларните, модерни ски центри во Бугарија. Исклучително удобен и достапен. Се наоѓа на 80 километри од Пловдив и на 250 километри од главниот град на Бугарија, Софија.

Ски центарот Пампорово се наоѓа на впечатливите 1650 метри надморска височина, точно под врвот Снежанка (1926 м.). Самиот ски центар и скијашките патеки се украсени со елова шума. Тоа го прави привлечен не само во зима, туку и во топлите месеци.

За љубителите на зимските спортови, снежната покривка се задржува цели 150 денови, додека во лето, Пампорово е еден од најсвежите и најпријатните места за одмор.

Центарот постои од 1933 г., од кога и има постојан прогресивен развој. Пампорово ви нуди мноштво опции за забава, вклучувајќи го ноќниот живот во првокласните хотели, кои работат во текот на целата година.

Пампорово

Page 11: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

11 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Локација:Хотелот Пампорово (5*) е најлуксузниот хотел во центарот. Сместен веднаш покрај црквата „Успение на Пресвета Богородица“.Сместување:Хотелот поседува еднокреветни и двокреветни соби, 12 луксузни апартмани и еден претседателски апартман. Сите соби и апартмани се луксузно опремени и имаат мини бар, телефон, кабелска и сателитска телевизија, сопствен тоалет. Повеќето соби имаат сопствен балкон.Содржина:Како дополнителни содржини хотелот може да понуди лоби бар, ноќен клуб и ирски паб. Во склоп на хотелот е и покриен базен, сала за боди билдинг, фризер, сауна, џакузи, солариум, сала за масажа, козметички салон и шопинг центар.

Локација:Лоциран во центарот на Пампорово, хотелот Мургавец (4*) комплетно реновиран во 2001 година. Овој хотел нуди добар избор на различни апартмани и соби по многу пристојни цени.Сместување:Во склоп на хотелот се 145 еднокреветни и двокреветни соби, претседнички, ВИП и стандардни апартмани, опремени со телефон, кабелска и сателитска телевизија, радио, сопствено купатило со када и фен, мини бар и балкон.Содржина:Хотелот располага со лифт, сефови, менувачница, дополнителен скара ресторан, кафе и лоби бар, кафетерија и слаткарница, продавница, диско, билијард, фитнес соба и сауна. Исто така можете да уживате во салонот за масажа, џакузи, таласотерапија, ароматерапија, салонот за убавина.

Хотел Пампорово*****http://www.victoria-group.net/hotelpamporovo/

Хотел Мургавец****http://murgavets-bg.com

Page 12: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

12www.vispoj.com.mk

Локација:Сместен во прегратките на секогаш зелената борова шума, елегантниот хотел Финландија (5*) се наоѓа на 800 метри од ски лифтовите и терените, во пријатна и тивка атмосфера.Сместување:Сите 153 соби се пространи со балкони и тоалети со када. Во зима се централно загревани. Мебелот во собите е од највисок стандард. Секоја соба е опремена со сателитска телевизија, телефон, мини бар. Секој апартман е опремен со камин кој дава посебен амбиент на вашиот одмор.Содржина:Вашите гастрономските вкусеви во секој случај ќе бидат задоволени во овој хотел. Посебно се препорачува ресторанот со скара, кој ќе се запамети по специјалитетите на жар и познатите вина. Во здравствениот дел од хотелот има покриен базен, џакузи, мала финтес област, сауна и соби за масажа под медицински надзор. Хотелот има сопствена ски школа со инструктори кои зборуваат англиски и германски.Хотелот поседува дневен престој за деца каде што можат да се стекнат со почетни знаења околу скијањето под стручен надзор.За гостите во Финландија секој ден има шатл бас од хотелот до скијашките терени.

Хотел Финландија*****http://www.hotelfinlandia.com

Хотел Орловец*****Во самиот центар на Пампорово, помеѓу хотелите „Перелик“ и „Снежанка“, се наоѓа хотелот „Орловец“ (5*). Отворен во 2005 година, хотелот располага со спа центар и претставува одличен избор за вашиот планински одмор.

Page 13: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

13 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Сандански е интернационално познат балнеолошки центар. Сместен е во долината на реката Санданска Бистрица во подножјето на југозападните падини на планината Пирин.

Без да се претерува, климата во Сандански може да се опише како уникатна. Преку целата година, температурата на воздухот е повисока него било каде во другите градови во Бугарија. Просечната годишна температура е 14.7ОС. Зимите се меки и кратки, додека есента е долга и топла. Релативната влажност на воздухот е ниска (66%) додека годишната инсолација не е помала од 2436 часови. Исто така, Сандански има најмалку атмосферски падежи (127 литри на квадратен метар) и скоро воопшто нема денови со магла. Воздухот е неверојатно чист и без загадувачи.

Покрај природните убавини, богатата вегетација и прекрасната клима, овој центар исто така го красат и големиот број минерални извори. Бунарите и природните извори се поделени во две термални зони со протек од 1500 литри во минута. Минералните води имаат скоро униформна хемиска композиција, но содржат различни количини на метасилични киселини и флуорин. Водите се чисти, безбојни, без мирис, со пријатен вкус.

Оваа неверојатна комбинација на исцелувачко време и здравствени минерални води го прават Сандански перфектно место за модерната климотерапија, спа, рехабилитација, примарна и секундарна профилактија и рекреација.

Лечилиштата во Сандански се специјализирани за третирање на респираторниот тракт и болестите на белите дробови од нетуберкулозен тип и запаленија и дегенеративни болести на зглобовите.

Сандански

Page 14: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

14 ©2010 ВИС ПОЈ Охрид

Локација:Секому му треба релаксација, а хотелот Сандански (4*) ќе ви го овозможи баш тоа. Хотелот е сместен веднаш до реката, во прекрасен парк.Сместување:Во склоп на хотелот има 285 соби, со модерен изглед и со сите погодности. Собите се климатизирани, има сателитска и кабелска телевизија, интернет пристап, сопствено купатило, радио и телефон.Содржина:Ресторанот во склоп на хотелот нуди голем избор на јадења. Хотелот исто така поседува и салон за убавина, коктел бар, гимназиум, покриен и откриен базен, интернет пристап. Потполно е прилагоден на лица со посебни потреби.

Локација:Хотелот „Парк Пирин“ (4*) е сместен на само 300 метри од паркот во Сандански. Погледот од хотелот е спектакуларен - гостите можат да ја видат импресивната планина Пирин од една страна и прекрасната планина Беласица од другата. Реката Бистрица тече пред хотелот.Сместување:Хотелот располага со 76 луксузни двокреветни соби со посебни и склопени кревети. Собите се опремени со сателитска телевизија, телефон, мини бар, балкони со поглед на планина, купатило со туш кабина и када и интернет.Содржина:Во хотелот има ресторани, лоби бар, казино, зелена градина и парк, детско игралиште под отворено небо, два отворени базени - еден за возрасни и еден за деца, сопствен паркинг, детска соба, безжичен интернет. Ќе се одморите во џакузи, финска и хербална сауна, купатило со пареа, терапевтски бањи, ладна соба и во релакс зоната. Од масажи достапни Ви се класична масажа, ароматерапија, бугарска ароматерапија, рефлекс терапија, спортска, калифорниска, чоколадна и масажа со мед, мануелна терапија и мобилизација. Можете да одберете спа третмани за лице и тело, ајуриведа терапии, хидротерапии, психотерапии и рехабилитации.Постои посебна ВИП зона со арома бања со латици од рози за двајца и масажа со топли камења.

Хотел Сандански****http://www.interhotelsandanski.com

Хотел Парк Пирин****http://parkhotelpirin.com/

Page 15: Vispoj Katalog Bugarija 2010/2011

15www.vispoj.com.mk

www.vispoj.com.mk

Патнички и туристички центар

Булевар „Туристичка“ 50, 6000 ОхридРепублика МакедонијаТел./факс: 046 255 600

е-пошта: [email protected], [email protected]веб страна: www.vispoj.com.mk

ВИС ПОЈ

За нас...ВИС ПОЈ

Туристички и патнички центар

ОРГАНИЗИРА

КВАЛИТЕТНО:Хотелски и приватни сместувања

ТрансфериРазгледиИзлети

Водички услугиБродски тури

Ресторантски услугиОрганизација на посета на специјални настани

Изнајмување на возилаПосета на рурални населби

Посета на културни манифестации

ПРОФЕСИОНАЛНО:Состаноци

РаботилнициСеминариКонгреси

ЉУБЕЗНО, ПОВОЛНО И ЕФИКАСНО:Авионски билети за сите светски авио компании и дестинации

Посредување за обезедување визи за Европа, Америка, Канада, Австралија...Патничко осигурување