32
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 95, јуни 2009

Univerzitetski vesnik br. 95

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 95, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Citation preview

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 95

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 95, јуни 2009

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 95

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникПроф. д-р Велимир СтојковскиЗаменик главен и одговорен уредник

М-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав Башевски

Лектор Весна И. Цветановска

Техничко уредување Горан Муратовски

• Единствени критериуми за избор во звања

• Мислење по уредбата за нормативи-те и стандардите за основање на ви-сокообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност

• Забелешки на уредбата за нормати-вите и стандардите

• Обезбедување услови за дисперзира-ните студии

• Донесени значајни нормативни акти на УКИМ

• промоција одржана на 29 јуни 2009 г.• промоција одржана на 30 јуни 2009 г.

• Curriculum vitae• ПРОГРАМА за работа на Филолош-

киот факултет „Блаже Конески“ во Скопје за учебните 2008/2009 до 2011/2012 година

• Curriculum vitae• СТУДИСКИ ПРОГРАМИ за

зголемување на понудата на знаења и способности

................................................. 4

............... 5

.......................... 7

..................................... 8

........................................... 9

.. 10

.. 12

................................ 14

............................. 15

............................... 18

................................ 18

Одржана заедничка свечена академија

По повод одбележувањето на 50–годишни-ната од основањето на Факултетот за електро-техника и информациски технологии, Машин-скиот и Технолошко–металуршкиот факултет, на 18 јуни о.г. беше одржана заедничка свечена академија во салата на х. „Александар палас“ во Скопје. На академијата, покрај раководства-та и вработените на трите факултети, присус-твуваа и раководството и други претставници на академската заедница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерот за образование и наука на РМ, г. Перо Стоја-новски, како и други гости од јавниот и стопан-

скиот сектор во земјата. Свеченоста започна во 20,00 ч., со настап на хорот на АКУД „Мирче Ацев“, а воведни обраќања имаа деканите проф. д-р Миле Станковски (ФЕИТ), проф. д-р Атанас Кочов (МФС) и проф. д-р Александар Димитровски (ТМФ). До присутните се обрати ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојков-ски, а свое обраќање имаше и министерот г. Перо Стојановски.

На свеченоста, заради уделот и заслугите за досегашното работење на овие три факултети, а во знак на благодарност, на Владата и Собра-нието на Република Македонија и на Универзи-

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 95

3

тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им беа доделени признанија.

По доделувањето на признанијата, како дел од програмата следеше проекција на видео-запис со анимација, преку што на симболичен начин беа претставени основањето и развојот на трите факултети.

Од започнувањето на работата на овие три факултети во рамките на тогашниот Технички факултет, Факултетот за електротехника и ин-формациски технологии, Машинскиот и Техно-лошко–металуршкиот факултет, до денес, како интегрирани единици на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, го рефлектираат раз-војниот пат како и старо-новите димензии на инженерските дисциплини, насочувајќи се кон компатибилноста со современите индустриски текови и со студиските програми на светски реномираните универзитети. Богатите студиски програми, од една страна, нудат дисциплини кои ги покриваат фундаменталните инженер-ски науки, кои се јадрото на инженерските технологии, а од друга страна е понудата на најновите современи научни дисциплини што се посветени на инженерските анализи и концепти. Новите студиски програми на трите факултети се во сообразност со европскиот висо-кообразовен систем и со достигнувањата во нау-ката, а сето тоа во корелација со основната ми-сија на Универзитетот и на факултетите, да се овозможи исполнување на високите меѓународ-

ни стандарди и образување инженерски кадар со компетенции и вештини, конкурентни на глобалниот пазар на трудот.

За успехот на студентите на трите факултети се грижи наставен кадар, докажан и препозна-ен на национално и меѓународно ниво, притоа земајќи активно учество во бројни национални и меѓународни научноистражувачки и аплика-тивни проекти, учествувајќи на врвни конфе-ренции и конгреси, објавувајќи ги научните достигнувања во реномирани списанија, корис-тејќи престижни меѓународни стипендии, реализирајќи активности како визитинг-професори на повеќе катедри во целиот свет и како препознатливи експерти во индустријата.

Во текот на своето 50-годишно постоење, трите факултети покажаа дека се спремни да се соочат со предизвиците на напредните техноло-гии и во својата едукативна мисија да придоне-сат во Република Македонија, како и на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се создаде

инженерски кадар чии квалификации и ака-демска подготвеност ќе придонесат за развој на македонското општество во контекстот на севкупниот светски техничко–технолошки раз-виток и предизвиците на современото живеење.

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 95

4

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 4 јуни 2009 година, одржа седница на која разгледа повеќе актуелни прашања од своето работење. Притоа, Ректорската управа донесе одлуки за давање позитивно мислење за: Проектот за основање на додипломски студии за библиотекарство на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охрид-ски”, Проектот за измени и дополнувања на студиските програми од првиот циклус студии на Природно-математичкиот факултет, Проек-тот за измени и дополнувања на студиските програми од вториот циклус студии на Инсти-тутот за социолошки и политичко-правни истра-жувања, Проектот за воведување нова студиска програма од втор циклус студии по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви”, Проектот за измени и дополнувања на Анексот на студиските програми од втор циклус правни студии на Правниот факултет „Јустини-јан Први”, како и за Анексот на студиските про-грами од втор циклус политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Исто така, донесе Одлука за давање позитивно мисле-ње по Проектот за усогласување со Законот за високото образование на студиските програми од втор циклус по МБА-менаџмент, маркетинг, Е-бизнис, менаџмент, европски студии, управу-вање во јавниот сектор, менаџмент во осигуру-вањето и статистички методи за бизнис и еконо-мија на Економскиот факултет.

Ректорската управа донесе Одлука за форми-рање Универзитетска конкурсна комисија во следниов состав: проф. д-р Елена Думо-ва–Јованоска, проректор за настава, доц. д-р Александар Ристевски, од Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Катерина Здравкова, од Природ-но–математичкиот факултет, проф. д-р Горда-на Бужаровска, од Правниот факултет „Јусти-нијан Први”, проф. д-р Мира Јанкуловска, од Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Ели-

забета Ангелова, од Факултетот за земјодел-ски науки и храна и проф. м-р Живко Фир-фов, од Факултетот за музичка уметност, како и Упатство за реализација на Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во учебната 2009/2010 годи-на. Расправајќи по ова прашање беше конста-тирано дека ставот на Ректорската управа е многу јасен – да се дозволи запишување студен-ти согласно со акредитацијата и доколку не се решат повеќе отворени прашања околу функци-онирањето на дисперзираните студии, Универ-зитетот не ќе биде во можност да ја преземе одговорноста за нивно организирање.

Ректорската управа ги утврди Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно–научни, научни, наставно–стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј”, потоа Анексот на Правилникот за критериумите и постапката за избор во нас-тавно–научни, научни, наставно–стручни и со-работнички звања на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, како и правил-ниците: за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии; за донесување студиски програми; за донесување и реализа-ција на заедничките студиски програми во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј” и за универзитетската документација.

Истовремено, беше донесена и Одлука за продолжување со работа на Универзитетското радио, бидејќи се надминати организациските и финансиските проблеми.

Ректорската управа ја усвои програмата за 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, а донесе Одлука за фи-нансискиот план на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и на единиците во неговиот состав.

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 95

5

Интеруниверзитетската конференција на Ре-публика Македонија, на седницата одржана на 17.6.2009 година, како и на продолжението на истата седница одржано на 23 јуни 2009 годи-на, расправаше по предложениот текст на Уред-бата за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност. Притоа, беше усвоено усогласено мислење кое е доставено до Мини-стерството за образование и наука, надлежно за работите од областа на високото образование, предлагач на текстот на Уредбата, кое, пак, во постапка ќе ја достави Уредбата до Владата на Република Македонија на нејзино натамошно постапување.

Интеруниверзитетската конференција пред-лага да бидат земени предвид и да бидат вгра-дени во конечниот текст на Уредбата следниве забелешки за кои изгради усогласено мислење:

1. Членот 3 да се дополни со точно дефинира-ните 22 студиски подрачја на ИСЦЕД-класификацијата на УНЕСКО. Бидејќи 22 студиски подрачја на ИСЦЕД–класифика-цијата на УНЕСКО не се преведени на маке-донски јазик и секој ги преведува на свој начин, треба да се утврди точниот назив на студиското подрачје, на ист начин како што се дефинирани научноистражувачките под-рачја во истиот член.

2. Во членот 4, по зборовите од став 1 „Норма-тиви за потребен нето–простор по студент”, да се додадат зборовите во една смена.

3. Во членот 5 да се додаде нов став со следнава содржина: Редовните професо-ри задолжително да имаат посебен ка-бинет.Во таа насока да се прецизира и просторот што ќе го користат асистентите.

4. Во членот 6 да се избришат зборовите „де-сет години”, а на нивно место да се додадат следниве зборови: најмалку колку што трае еден циклус на студии.

5. Во член 7, став 1, по зборовите „на високообразовната установа”, да се додадат зборовите: со исклучок на клиничката практика на медицинските факулте-ти, согласно со стандардите на Европ-ската унија и Светската здравствена организација, пропишани за изведува-ње на клиничката практика.

6. Членот 8 да се прецизира дали под „книги во сопственост на библиотеката на високо-образовната установа” се подразбира само литература во пишувана форма, или „и ли-тература која е во електронска форма”.Во членот 8 да се додаде нов став кој ќе гласи: Овозможува директен (елек-тронски) пристап до пропишаната литература.Во истиот член да се „избрише бројката 10%”, а да се додаде 5%.Во истиот член да се „избрише најмалку 5%”, а да се додаде најмалку 3%.

7. Во членот 9, став 1, по зборот „страница”, да се додадат зборовите: или соодветна електронска апликација.Членот 9 да се преработи и да гласи:Високообразовната установа има сво-ја веб-страница на која ќе бидат обја-вувани:• студиските програми;• предметните програми;• наставниот и соработничкиот ка-дар со кој располагаат високообра-зовните установи;

• распоредите за предавања, вежби, семинари, контакт–часови (консул-тации);

• термините за испити, колоквиуми и други проверки;

• наставниот материјал за студиски-те програми, за кои не е пропишана друга литература во форма на печа-тени книги;

• други известувања.8. Членот 10 да се дополни со член 81, став 1

од Законот за високото образование: Сред-ствата за финансирање на јавните универзитети и на студиите од јавен интерес се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и од други из-вори определени со закон, според Програмата за високообразовна деј-ност.

јавните

За финансирање на приватнојав-на непрофитна високообразовна

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 95

6

установа, средства делумно се обез-бедуваат и од Буџетот на Републи-ка Македонија согласно со Зако-нот за високото образование

9. Во член 12, став 2, по зборот „приложи” се додаваат зборовите: Еден од долунаведе-ните инструменти.Предлог

10.Став 1 од член 13 да се дополни и усогласи со член 133, став 3 од Законот за високото образование: Освен на медицинските, стоматолошките, фармацевтските и ветеринарните факултети.

• од 180 до 240 часа годишно, што е еквивалент со фонд од 6 до 8 часа не-делно;

Алинеја 2 од член 13 да се дополни со:• од 240 до 300 часа годишно, што е еквивалент со фонд од 8 до 10 часа неделно;

Да се додаде алинеја 4 од член 13, која ќе гла-си:За соработниците на високообра-зовните установи и високите струч-ни школи од 360 до 480 часа годиш-но, што е еквивалент на 12–16 часа неделно

и соработ-нички кадар

наставно–стру-чен

• соработнички;• наставно-стручен.Неопходно е да се предвиди бројот на сора-ботници за формирање (основање) на нова високообразовна установа. Актуелноста на ова прашање да биде запазена додека важат одредбите на постојниот Закон за високото образование.

11. Во член 14, алинеја 1 да се измени и намес-то „80%”, да стои најмалку 20%.

најмалку 10%

најмалку 5 ментори

Ист ментор не може да се пријавува на повеќе од две студиски програми

12.Во членот 15 да се додаде дека во наставата на студиските програми од трет циклус мо-жат да бидат вклучени само наставници из-брани во звање редовен професор, а само по исклучок и наставници во звање вонре-

ден професор. Оттука и менторот во овој циклус на студии ќе може да биде само нас-тавник избран во звање редовен професор, а по исклучок и вонреден професор.

13.Во членот 16, наместо два докторанда, се предлага да стои дека на еден ментор во просек не треба да има повеќе од три докто-ранди.

14.Членот 17 од Уредбата според кој „за една научна област може да се организира само една докторска студиска програма, освен во случаи на интердисциплинарни студии”, комплетно да отпадне поради тоа што е пре-многу ригорозен, особено ако се земе пред-вид фактот дека докторските студии, сог-ласно со одредбите од Законот за високото образование, се циклус на редовни студии.

15. Во членот 18 треба да се променат наведе-ните нормативи за големината на групата за редовни студенти, при што предлагаме промената да биде:• група за предавања – најмногу 120 сту-денти;

• група за семинари и аудиториски вежби – најмногу 60 студенти;

• група за практични вежби – не повеќе од 30 студенти на еден наставник во времен-ски интервал;

• за клиничките предмети за практични вежби групите да бидат од 3 до 5 студен-ти;

• за базичните предмети од медицинските науки групите да бидат од 10 студенти;

• група за менторски обуки – до 5 студенти на еден наставник во временски интер-вал на индивидуална работа со студенти во случај на специфични студии.

16.Член 19 од Уредбата да остане.

за секоја единица

референт за сту-дентски прашања до 500 студенти – 1 извршител. За секои наредни 500 студенти уште по еден рефе-рент

• едно работно место библиотекар со високо образование, доколку висо-кообразовната установа има 2.000 студенти;

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 95

7

• две работни места библиотекар со високо образование, доколку висо-кообразовната установа има над 2000 студенти.

Се предлага алинеја 4 од истиот член да се избрише.

17. Во преодните и завршните одредби да се стави следниов текст: примената на од-редбите од членот 7 целосно да се им-плементира до 31.12.2013 година.Напомена: Со оглед на тоа дека станува збор за сериозна Уредба, Интеруниверзитет-ската конференција на Република Македони-ја смета дека текстот треба да биде поделен

на поглавје кое ќе ги опфати одредбите за нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи, како и на поглавје кое ќе ги обработи нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност.Исто така, во Уредбата не се опфатени оддел-

ни прашања, како што е случајот со циклусите на студирање, регулираните професии, а не е земено предвид ангажирањето на професор емеритус, кое е регулирано со Законот за високото образование.

Целиот текст на Уредбата треба да се кори-гира (технички и јазично).

Ректорската конференција на јавните универ-зитети во РМ, на 17 јуни 2009 година, одржа седница на која расправаше по текстот на Уред-бата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи и вршење на високо-образовна дејност. Притоа, Ректорската конфе-ренција на јавните универзитети ги усвои след-ниве забелешки на Уредбата за нормативите и стандардите за основање на високообразовни уста-нови и за вршење на високообразовна дејност:

1. Целиот текст да се коригира и лекторски и технички.

2. Членот 3 да се дополни со точно дефини-рани 22 студиски подрачја на ИСЦЕД–кла-сификацијата на УНЕСКО.

3. Во членот 3, по зборовите од првиот став „Нормативи за потребен нето–простор по студент”, да се додадат зборовите „во една смена”.

4. Во членот 5 да се додаде нов став со следна-ва содржина:„Редовните професори задолжително да имаат посебен кабинет”.

5. Членот 9 да се преработи и да биде како што следува:„Високообразовната установа има своја веб страница на која ќе бидат објавени:- студиските програми;- предметните програми (силабуси);- распоредите за предавања, вежби, семина-ри, контакт–часови (консултации);

- термините за испити, колоквиуми и дру-ги проверки;

- наставниот материјал за студиските про-грами, за кои не е пропишана друга лите-ратура во форма на печатени книги;

- други известувања”.

6. Членот 10 да се дополни со член 81, став 1 од Законот за високото образование (други извори на приходи).

7. Став 1 од член 13 да се дополни и усогласи со член 133, став 3 од Законот за високото образование („освен на медицинските, сто-матолошките и фармацевтските факулте-ти).Алинеја 1 од член 13 да се дополни со: „од 180 до 240 часа годишно, што е еквивалент со фонд од 6 до 8 часа неделно”;Алинеја 2 од член 13 да се дополни со: од 240 до 300 часа годишно, што е еквива-лент со фонд од 8 до 10 часа неделно;Да се додаде алинеја 4 од член 13, која ќе гласи:„За соработниците на високообразовните установи и високите стручни школи од 360 до 480 часа годишно, што е еквивалент со фонд од 12 до 16 часа неделно”;

8. Во членот 14, алинеја 1 да се измени и на-место „80%”, да стои: „најмалку 20%“. Алинеја 2 да се измени и наместо „20%“, да стои „најмалку 10%“.Алинеја 3 да се измени и наместо „најмал-ку 10 ментори“, да стои: „најмалку 5 менто-ри”.Последната реченица од член 14 да се пре-формулира и да гласи:„Ист ментор не може да се пријавува на повеќе од две студиски програми.”

9. Во алинеја 1 на член 18 треба да се зголеми бројот на студенти на групата и наместо „од најмногу 70”, да стои „најмногу 100 студен-ти”;Во алинеја 2 од истиот член да се зголеми бројот на студенти за практични вежби од „најмногу 30” на „најмногу 50 студенти”;Во алинеја 4 од истиот член да се измени и

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 95

8

Ректорската конференција на јавните универ-зитети во РМ, на 28 мај 2009 година, одржа седница на која беа разгледани повеќе актуел-ни прашања од делокругот на нејзиното работе-ње. Така, расправајќи за уплатата на средствата од страна на студентите на јавните универзите-ти и другите давачки при запишувањето на сту-диска година се постави прашањето на која смет-ка да се уплаќаат средствата за студентските сојузи наменети за студентски активности. Имај-ќи предвид дека студентските сојузи, односно студентскиот парламент е посебно правно лице, беше заклучено дека ова прашање уни-верзитетите треба да го решаваат самостојно. Исто така, од Работната група формирана за изработка на мерила и критериуми за кофинан-сирање на студиите на јавните високообра-зовни установи и за партиципациите и другите давачки на студентите на високообразовните установи, како и мерила и критериуми за финан-сирање на дејноста на високообразовните уста-нови, беше предложен ценовник кој треба да се доработи, а до конечното прифаќање од страна на Ректорската конференција на јавните универ-зитети и неговото донесување од страна на Сове-тот треба да се применува постојниот ценовник. При реализацијата на конкурсите за запишу-вање студенти во прва година на студии во учебната 2009/ 2010 година на јавните универ-зитети, неопходно е да се направи термино-лошко усогласување на текстот на конкурсите, како и нивно заедничко објавување.

Разгледувајќи ги прашањата за финансира-њето на јавните универзитети, со посебен осврт на располагањето на средствата од сопствени приходи и за проблемите со дисперзираните сту-дии на јавните универзитети, Ректорската кон-ференција на јавните универзитети изготви заклучоци што ги достави до Владата на Репуб-лика Македонија:

• Јавните универзитети во Република Македо-нија ја поддржуваат политиката на Владата на Република Македонија за достапност на високото образование со дисперзија на сту-диски програми на универзитетите во пове-ќе региони во државата. Меѓутоа, тргнувај-ќи од нормативите и стандардите за изведу-вање квалитетен наставно-образовен про-

цес, неопходно е претходно да се обезбедат сите потребни предуслови – просторни, ка-дровски, материјални и сл. и да се преис-пита постојната екипираност на единиците на универзитетите за дисперзираните сту-диски програми.Со цел да се спроведе постапка во рамките на универзитетите за реализација на Одлу-ката на Владата на РМ за дисперзија на новите студиски програми на универзите-тите во повеќе региони на Република Маке-донија, Ве молиме да ни доставите инфор-мација за обезбеденоста со финансиски и просторни услови за наведените студии, како и за финансиската поддршка за изминатиот период од функционирањето на дисперзираните студии.

• Посебно се укажува на потребата од преис-питување на бројот на студентите со кофи-нансирање на студирањето, кој според Од-луката е значително намален во однос на државната квота и отстапува од предложе-ниот број од страна на универзитетите. Со ваквото решение сериозно ќе се намалат финансиските средства на единиците на универзитетите наменети за исполнување на нормативите за квалитетен наставно-образовен процес. Особено треба да се на-гласи дека значителен број наставнички и соработнички кадар кој не е вработен на факултетите, а е ангажиран за реализаци-јата на наставата на одредени студиски програми, се финансира токму од овие средства.

• Со оглед дека во Одлуката на Владата на РМ е предвидено запишување кандидати од одредени категории или на одредени студиски групи (кандидати на техничките науки и кандидати-припадници на безбед-носните сили) без поднесување трошоци за партиципација, се укажува на потребата од обезбедување средства за наведените кате-гории. Искуството од минатата година ука-жува дека надлежните органи не обезбе-дија средства за овие категории, што уште повеќе ја влошува материјално–финансис-ката состојба на универзитетите.

групата за менторски обуки, наместо „до 3 студенти”, да стои: „до 5 студенти”.

10.Членот 19 во алинеите од 2 до 4 да се допол-ни со зборовите: „за секоја единица”.Да се додаде нова алинеја: „референт за студентски прашања до 500 студенти - 1 извршител. За секои наредни 500 студенти уште по еден референт”.

11. Членот 3, за лаборантите од првите четири научноистражувачки подрачја, да се допол-ни со зборовите: „најмалку 1 лаборант на секоја активна катедра”.

12.Во преодните и завршните одредби да се стави следниов текст: „примената на одред-бите од членот 7 целосно да се имплемен-тира до 31.12.2013 година“.

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 95

9

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 јуни о.г., ја одржа 10 седница на која беа разгледани повеќе прашања од делокругот на неговото рабо-тење. Притоа, беа усвоени следниве проекти: за основање додипломски студии за библиоте-карство на Педагошкиот факултет „Св. Кли-мент Охридски“, за измени и дополнувања на студиските програми од првиот циклус студии на Природно–математичкиот факултет, за измени и дополнувања на студиските програми од вториот циклус студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражува-ња, за воведување нова студиска програма од втор циклус студии по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, за измени и дополнувања на Анексот на студис-ките програми од вториот циклус правни сту-дии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и Анекс на студиските програми од вто-риот циклус политички студии и студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Исто така, беше усвоен и Проектот за усогласување со Законот за висо-кото образование на студис-ките програми од втор циклус студии по МБА-менаџмент, маркетинг, Е–бизнис, менаџ-мент, европски студии, управу-вање во јавниот сектор, менаџ-мент во осигурувањето и статис-тички методи за бизнис и еко-номија на Економскиот факул-тет.

Универзитетскиот сенат до-несе одлуки за донесување на: Правилник за критериумите и постапката за избор во настав-но–научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Правилник за усло-вите, критериумите и правила-та за запишување и студирање на прв и втор циклус универзи-тетски студии, Правилник за донесување студиски програ-ми, Правилник за универзитет-ска документација и Правил-ник за избор, разрешување, надлежност и работа на сту-дентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Универзитетскиот се-нат донесе Одлука за избор на студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Никола Главинче,

студент на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ќе ја извршува оваа функција во наредниот двегодишен период. Инаку, постапката за изборот на студентски правобранител беше по претходно спроведена постапка на јавен конкурс, а по предлог на Студентскиот парламент. Исто така, Сенатот донесе Одлука за усвојување на Правилникот за избор, разрешување, надлеж-ност и работа на студентскиот правобранител.

Универзитетскиот сенат донесе Одлука за составот, надлежностите и начинот на работа на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За членови на Стручниот совет за докторски сту-дии на УКИМ се избрани: проф. д-р Елена Думова–Јованоска, проректор за настава, проф. д-р Коле Василевски, проректор за наука, проф. д-р Владимир Петрушевски, проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, проф. д-р Владмир Кандикјан, проф. д-р Соња Алабаковска и проф. д-р Голупка Нечев-ска-Цветановска.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 95

10

Промоција одржана на 29 јуни 2009 годинаТошо Арсов, на 12 март 2009 година, на Фа-

култетот за земјоделски науки и храна, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Интен-зивни системи за одгледување на јаболка”.

Вјекослав Танасковиќ, на 18 март 2009 го-дина, на Факултетот за земјоделски науки и хра-на, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Режим на залевање на пиперката со микро-наводнување и влијание врз приносот и ефикас-носта на користењето на водата во Скопско”.

Емилија Симеоновска, на 10 декември 2008 година, на Факултетот за земјоделски нау-ки и храна, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Ефекти од третманот со гама–зра-ци кај некои македонски сорти и линии мека пченица”.

Марија Јончевска, на 26 јуни 2000 годи-на, на Медицинскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Дејството на субинхибиторните концентрации на флуоро-

кинолоните врз атхеренцијата на ешерихија коли врз фарингеалниот епител ин витро”.

Марина Јуруковска, на 21 ноември 2008 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Евалуација на терапискиот потенцијал на статините кај дислипидемични пациенти со коронарна артериска болест”.

Димитар Боневски, на 24 ноември 2008 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Поврзанос-та на раната психолошка трауматизација со анксиозните растројства”.

Гордана Јанкоска, на 8 јануари 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Фенотипски и молекуларни испитувања на вируленцијата кај уропатогените бактерии од родот entero-coccus”.

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 95

1 1

Маријан Бошевски, на 9 јануари 2009 го-дина, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Фактори на развој и прогноза на дијабетска поливаскулар-на болест”.

Благој Ѓорѓиевски, на 11 декември 2008 го-дина, на Економскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Стратегиски пристап кон руралниот развој – теоретско методолошки аспекти”.

Панде Лазаров, на 22 јануари 2009 годи-на, на Економскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Реорганизација на големите електроенергетски системи со посе-бен осврт на приватизацијата на ЕСМ”.

Горан Велинов, на 19 декември 2008 годи-на, на Природно-математичкиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Обоп-штување и подобрување на оптимизациските процеси кај релационите податочни складо-ви”.

Силвана Петрушева, на 29 декември 2008 година, на Природно-математичкиот фа-култет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Невродинамичко програмирање и после-дично водени системи”.

Ељми Јусуфи, на 27 февруари 2009 годи-на, на Природно-математичкиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Влија-нието на хемиските својства на почвата во различни средини врз квалитетот и кванти-

тетот на луцерката и активноста на фер-ментите каталаза и нитратредуктаза”.

Лидија Велкова-Јорданоска, на 19 март 2009 година, на Природно-математичкиот фа-култет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Популациско-генетска структура на видовите од родот BARBUS (Pisces, Cypri-nidae) во Р. Македонија определена преку ало-зимски и молекуларни (RAPD) маркери”.

Здравко Трајанов, на 6 ноември 2008 го-дина, на Шумарскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Модели на оп-тимални решенија на шумскиот транспорт во зависност од видот на сечата при стопа-нисување на шумите”.

Али Муслиу, на 22 декември 2008 година, на Институтот за сосциолошки и политичко-правни истражувања, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Политичко-уставна ре-форма на концептот на човекови права во земјите во транзиција со посебен осврт кон Република Македонија”.

Бејтула Демири, на 21 јануари 2009 годи-на, на Институтот за сосциолошки и политич-ко-правни истражувања, ја одбрани докторска-та дисертација на тема: „Некои аспекти на исламот како политичка парадигма”.

Билјана Џипунова, на 26 ноември 2008 година, на Стоматолошкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема:

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 95

12

„Тераписки ефекти кај малоклузија втора класа прво одделение”.

Вера Радојкова-Николовска, на 3 декем-ври 2008 година, на Стоматолошкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Влијание на половите хормони врз пародон-тално-ткивната афекција”.

Владимир Мијаковски, на 27 февруари 2009 година, на Машинскиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Деј-ствување на климатската основа врз перфор-мансите на ладилна кула”.

Промоција одржана на 30 јуни 2009 годинаЗорица Арсова Сарафиновска, на 19 де-

кември 2008 година, на Фармацевтскиот факул-тет, ја одбрани докторската дисертација на те-ма: „Оксидативен стрес, антиоксидантни

ензими и генетски полиморфизми кај карци-ном на простатата”.

Виолета Миленковска, на 5 мај 2009 годи-на, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, ја одбрани докторската ди-сертација на тема: „Модел на современ менаџер во туризмот”.

Ленче Илиевска, на 26 март 2009 година, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, ја одбрани докторската ди-сертација на тема: „Влијанието на социјал-ните фактори врз појавата на алкохолизмот во Република Македонија”.

Горан Николовски, на 23 февруари 2009 година, на Факултетот за ветеринарна медици-

на, ја одбрани докторската дисертација на те-ма: „Ниво на олово и кадмиум кај кучиња од урбани и рурални средини во Република Маке-донија”.

Васко Наумовски, на 11 февруари 2008 го-дина, на Правниот факултет „Јустинијан Први”, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Институционалниот динамизам на Ев-ропската унија и проширувањето со држави-те од Западниот Балкан”.

Марија Игњатовиќ, на 4 февруари 2009 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први”, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Предбрачните имотноправни односи во римското и современото право”.

Љупчо Сотироски, на 11 февруари 2009 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први”, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Сигурноста и единственото европско небо”.

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 95

1 3

Јелка Масин-Спасовска, на 9 јануари 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Рани-те исхемиско – реперфузиски и имунолошки оштетувања на графтот и нивната предик-тивна важност врз појавата”.

Александра Гутевска, на 12 јануари 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Компаратив-на анализа на квалификациите на телесни по-вреди според одредбите на Кривичниот зако-ник на Република Македонија”.

Верица Попоска, на 12 јануари 2009 годи-на, на Медицинскиот факултет, ја одбрани док-

торската дисертација на тема: „Одредување на времето на настапување на смртта во раниот постмортален период”.

Виолета Василевска, на 22 јануари 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Проценка на радиолошкиот стадиум и хистопатолошка ко-релација во менаџментот на мекоткивните мускулоскелетни тумори”.

Зоран Божиновски, на 30 јануари 2009 го-дина, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Влијанието на тонотомиите врз репозицијата на дислоци-раниот колк кај пациенти со спастична цере-брална парализа”.

Александар Димитријевски, на 9 декем-ври 2008 година, на Факултетот за музичка уметност, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Музиката во македонските свадбе-ни обичаи во 21 век”.

Марина Кацарска, на 4 февруари 2009 го-дина, на Стоматолошкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Валоризаци-ја на клиничко-тераписките атрибути на ултрасоничната наспроти конвенционална-та ретропрепарација”.

Катарина Дирјанска, на 16 март 2009 го-дина, на Стоматолошкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Улогата на

слободните радикали во патогенетските ме-ханизми на пародонталната болест”.

Емилија Тодороска, на 25 февруари 2009 година, на Економскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Пазарот на труд во Република Македонија и аспирациите за членство во Европската унија”.

Нада Петрушева, на 11 март 2009 година, на Економскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Осигурување на извозни кредити и нивно финансирање”.

Асан Џило, на 26 март 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја одбрани докторска-та дисертација на тема: „Филозофија на суфиз-мот”.

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 95

14

Мустафа Блерим, на 12 март 2009 година, на Факултетот за електротехника и информаци-ски технологии, ја одбрани докторската дисер-тација на тема: „Дескриптори на облик на 3D – објекти базирани на сферично мапирање”.

Димитар Димитров, на 18 февруари 2009 година, на Факултетот за електротехника и

информациски технологии, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Придонес кон оптималното димензионирање на хибридни-те фотоволтаични системи”.

Роден е во Скопје на 4.3. 1948 г. Основно и средно обра-зование завршил во Скопје. Дипломирал на Филозофски-от факултет во Скопје во 1971 г. на групата за руски јазик и книжевност како најдобар сту-дент на својата генерација на тогашниот Филозофски факул-тет (во чиј состав тогаш влегу-вал и денешниот Филолошки факултет), а во 1973 г. дипло-

мирал и на групата за македон-ски јазик. Во септември 1974 г. магистрирал на Филолошки-от факултет во Белград со те-мата „Изразување на минато-то време во рускиот и во маке-донскиот јазик“. Во ноември 1992 г. ја одбранил доктор-ската дисертација под наслов „Ениџевардарскиот говор“. Во текот на студиите и подоцна посетувал повеќе семинари по полски јазик во Варшава и во Краков (1969, 1970, 1972 и 1977), по руски јазик во Мос-ква (1982), по словенечки ја-зик во Љубљана (1983) и по белоруски јазик во Минск (1993).

Од 1 март 1975 г. работи на Филолошкиот факултет „Бла-же Конески“ во Скопје како асистент по граматика на рус-киот јазик и историска грама-тика на рускиот јазик, потоа како предавач по руски јазик за нематичните факултети. Во 1993 г. е избран за доцент по граматика на рускиот јазик и историска граматика, во 1997 г. е избран за вонреден профе-сор по граматика на рускиот ја-

зик и контрастивна анализа на рускиот и на македон-скиот јазик, а во јануари 2002 г. е избран за редовен профе-сор по истите предмети. По-веќе години работел и како лектор по македонски јазик на Универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале, Германија (1977-1980), на Јагиелонскиот универзитет во Краков, Пол-ска (1980/81) и на Московски-от државен универзитет „Ло-моносов“ (1987-1991). Во пе-риодот од 1978 до 1992 редов-но бил лектор по македонски јазик на летните семинари во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Ох-рид, а во 1978 г. бил лектор по македонски јазик и на Лет-ната славистичка школа во Дубровник и Загреб. Госту-вал и држел предавања на по-веќе универзитети во стран-ство: Хале и Манхајм (Герма-нија), Перм и Владимир (Ру-сија), Познањ и Гнезно (Пол-ска), Брно (Чешка), Загреб (Хрватска), Марибор (Слове-нија) и др.

Бил шеф на Катедрата за славистика во периодот 1991-1993 и 1997-2001, в.д. шеф на Катедрата за германистика (1993-1996), продекан за нас-тава на Филолошкиот факул-тет „Блаже Конески“ (1993-1997), член на Универзитет-скиот сенат од јуни 1998 г. до јуни 2004 г., член на Интер-универзитетската конферен-ција на РМ (1998 –2004), член на Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Ми-сирков“ во Скопје (2000-2005), член на Националниот славистички комитет, претсе-дател на Асоцијацијата на наставниците по руски јазик и литература во Р. Македони-ја (од 1994 г.), потпретседател на Друштвото за македонско-руско пријателство, член на Друштвото за македонско-

Во рамките на процесите за интегрирано дејствување и функционирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје усогласени со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот, во Универзитетски весник ги претставуваме раководните органи на единиците и придруж-ните членки на Универзитетот. Во зависност од обемноста на содржините и актуелните настани, во секој број објаву-ваме биографски податоци на еден или повеќе декани на факултети, односно директори на научни институти.

Во овој број ги претставуваме ППРРООФФ.. ДД--РР ММААККССИИММ ККААРРААННФФИ -И -

ЛЛООВВССККИИ и ППРРООФФ.. ДД--РР ДДРРААГГИИ ДДИИММИИТТРРИИЕЕВВССККИИ.

Проф. д-р Максим Каранфиловски,декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 95

1 5

полско пријателство, дирек-тор на Меѓународниот семи-нар за македонски јазик, лите-ратура и култура во периодот 1994-1996 и од декември 2000 г. до 30.11.2005 г., како и де-кан на Филолошкиот факул-тет „Блаже Конески“ од 22.9.2004 г. Во јуни 2008 г. е промовиран за почесен профе-сор (professor honoris causa) на Московскиот државен уни-верзитет „Ломоносов“.

Организирал повеќе науч-ни собири како претседател или член на организациони одбори: Првата (1995) и Трета-та македонско – руска научна славистичка конференција (2001 г.), Првата македонско-германска научна славистич-ка конференција (2000 г.), Првата македонско-чешка сла-вистичка конференција (1996), Шестата македонско-полска конференција (2002 г.), јуби-лејната конференција 50 годи-ни на Филолошкиот факул-тет „Блаже Конески“, 14. Сла-вистички конгрес во Охрид, 2008 г., Македонистичкиот со-бир во Охрид, 2008 г. и др. Бил претседател на редак-цискиот одбор на Годишниот зборник на Филолошкиот фа-култет за 2000 г., гл. уредник на списанието „Славистички студии“ бр. 8-9 (2001 г.), бр. 10 (2002/3), бр. 11 (2004), бр.

12 (во подготовка, посветен на Р.Усикова), како и гл. уредник на изданијата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура: Предавања и Научна конференција (1994 - 1996 и 2001 - 2005 г.).

Автор е на стотина научни трудови од областа на славис-тиката, русистиката, македо-нистиката (современ јазик и дијалектологија) и полонис-тиката со контрастивен карак-тер, како и повеќе прикази објавени во домашни и стран-ски научни списанија и збор-ници (руски, полски, чешки, германски, австриски, амери-кански, турски, српски, бу-гарски). Објавил и повеќе преводи од руски, полски и српски јазик. Рецензент е на голем број универзитетски и школски учебници по руски јазик, како и на други книги од областа на македонскиот јазик. Учествува и во пост-дипломската настава по рус-ки јазик на Филолошкиот фа-култет во Скопје, како и на Филозофскиот факултет, Ин-ститутот за национална исто-рија и Педагошкиот факултет во Штип (редовна и постдип-ломска настава), рецензент при избор на асистенти и наставници итн.

Проф. д-р Максим Каранфоловски,декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

ПРОГРАМАза работа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје за учебните 2008/2009 до 2011/2012 година

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во текот на своето работење од 1946 г. сè до денес, постојано го потврдува своето реноме како врвна високообразовна институција од национално значење и од национален интерес во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој факт е потврден, покрај другите признанија, и со трите највисоки државни награди за заслуги во областа на образованието и науката во Р. Македонија – наградата „Св. Климент Охридски“ за 1996 г. и наградата „11 Октомври“ за 1976 и 2006 г. Но, во исто време, тоа претставува и зголемена обврска за потврдување на постигнатото реноме и задржување на водечкото место како високообразовна и научна институција во дисциплините од национален интерес, како и во сите други дисциплини застапени во спектарот на неговите дејности.

Општествените услови во кои работи Факултетот, во период кога државата се наоѓа пред историски важни одлуки за интегри-рање во европската заедница и кога ни претстои примена на

одредбите на Законот за висо-кото образование, со нова ор-ганизација на работата во рам-ките на интегриран универзи-тет и со сите промени во начи-нот на работење што произле-гуваат од тоа, наметнуваат определени приоритети кои се однесуваат и на вработените и на студентите, бидејќи тие се-когаш треба да се сфаќаат како една целина.

Основна задача на Факулте-тот и во наредниот период ќе биде создавање висококвали-тетни кадри способни да одго-ворат на современите потреби на државата и да ги задоволат барањата на пазарот на тру-дот. Во исто време, важна зада-ча е резултатите од научноис-тражувачката работа да ѝ ста-нат достапни на јавноста пре-ку зголемената издавачка деј-ност.

Не е помала важноста и на задачата да се изготват соод-ветни статутарни и други акти во рамките на активностите што ни претстојат во процеси-те на преструктурирање на се-гашниот Универзитет во инте-гриран Универзитет, со зачу-вување на основните вреднос-ти на академската слобода, автономијата на високообра-зовните институции и интелек-туалната слобода на кадрите.

1. Наставно –образовен процес

1.1. Додипломски студии

Една од основните задачи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и во наредни-от период ќе биде создавањето оптимални услови за достап-ност и отвореност кон младите кои сакаат да добијат високо образование со врвен квали-тет, препознатлив не само во нашата земја, туку и на европ-ско и на светско ниво. Основен предуслов, во таа смисла, е уписната политика со објекти-вен систем на селекција. Во наредниот период, почнувајќи од оваа учебна година, Факул-тетот треба да врши запишува-ње на кандидати со положена државна матура и да ги анали-зира позитивните и евентуал-ните негативни ефекти од но-виот начин на вреднување на успехот на матурантите. Во

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 95

16

исто време, ќе мора да се води сметка за избалансирано запишување студенти според можностите и потребите на одделните катедри и на Факултетот во целина.

Примената на европскиот систем за пренос на бодови (или ЕКТС) во наставата влегува веќе во четвртата година и со тоа се заокружува еден цел циклус. Тоа овозможува да се согледаат првичните искуства и да се пристапи кон ната-мошно усовршување на системот.

Во наредниот четиригодишен период Факул-тетот ќе продолжи со создавање услови за отво-рање нови студиски програми и видови студии. Соодветно внимание треба да им се посвети на можностите за интердисциплинарни студии во рамките на нашиот Универзитет и во соработка со другите универзитети во земјата и во регио-нот, како и на можностите за креирање индиви-дуални студиски програми.

Посебно внимание треба да ѝ се посвети на наставата по македонски јазик за странци и, особено, за странските студенти што студираат на нашиот Универзитет. Таа може да се органи-зира заедно со Меѓународниот семинар за маке-донски јазик, литература и култура или самостој-но, во договор со Универзитетот.

1.2. Постдипломски и докторски студииФакултетот многу бргу ќе треба да пристапи

кон усовршување на постојните специјалистич-ки и магистерски студии и нивно организирање според барањата на Законот за високото обра-зование како втор циклус на студии. Паралелно со тоа ќе се продолжи и со напорите за воведува-ње нови видови студии, особено со интердисцип-линарен или мултидисциплинарен карактер, како и со организирањето заеднички студии со странски универзитети.

Во најскоро време ќе се пристапи кон органи-зирање докторски студии како трет циклус на настава. Покрај самостојната организација ќе се настојува и тие да бидат вклучени во соработ-ката со други домашни и странски универзи-тети.

1.3. Кадровска состојба и опременостУспешноста на Факултетот, квалитетот на нас-

тавата и ефикасноста во студирањето се завис-ни од кадровската состојба. Последниве години Факултетот, заедно со Универзитетот во цели-на, е доведен во незавидна ситуација во поглед

на својот подмладок. Факултетот, заедно со целиот Универзитет, ќе продолжи со своите напори да се спречи неговото „стареење“ и да се обезбеди неговата иднина преку целосно и кон-тинуирано кадровско пополнување од потенци-јалот на најдобрите студенти.

Вториот важен елемент за успешност во ра-ботењето е опременоста на Факултетот со кни-ги, лаборатории со современа информатичка опрема и со лаборатории за превод и толку-вање. Во наредниот четиригодишен период ќе се вложат максимални напори за подобрување на опременоста на факултетскиот библиотечен фонд, набавка на нова информатичка опрема, изградба и опремување нови лаборатории. Пок-рај сопствените средства за таа намена ќе се ба-раат и средства од државата, како и од донации и спонзорства од домашни и од странски изво-ри. Во таа смисла веќе се постигнати прели-минарни договори за донации со големи шанси за успех со институции од Австрија, Франција, Турција, Чешка, Русија, Кореја, Полска и други. На истиот начин ќе се обезбедуваат средства и за натамошни доградби и надградби на Факул-тетот, како и за реновирање на постојните капа-цитети, со цел да се обезбеди поголем и подо-бар простор за работа.

Факултетот и во наредниот период системат-ски ќе го поттикнува и ќе го помага стручното и научното усовршување на своите кадри во зем-јата и во странство. За таа цел ќе се поттик-нуваат и ќе се стимулираат гостувањата на странски наставен кадар кај нас и гостувањата на наши кадри на странските универзитети.

2. Научноистражувачка и издавачка дејност

Факултетот и во наредниот период ќе ги сти-мулира своите кадри да бидат максимално ангажирани во колективни и во индивидуални научноистражувачки проекти, особено во про-екти со меѓународен карактер. Напоредно со тоа сестрано ќе се поттикнува и ќе се поддр-жува издавачката дејност на Факултетот преку издавањето сопствени учебници и учебни пома-гала, издавање монографски и други видови трудови на вработените, одбранети докторски и магистерски трудови, студентски трудови со соодветен квалитет, годишни и специјални зборници, зборници од научни собири и конфе-ренции, студентски списанија, списанија на ка-

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 95

1 7

тедрите и други изданија за кои Факултетот ќе оцени дека треба да бидат објавени. Факултетот ќе настојува резултатите од неговите активнос-ти во целина да бидат достапни за пошироката јавност и преку електронското издаваштво и преку интернет.

Долгогодишната традиција и покажаните ре-зултати во организирањето научни собири и конференции (домашни и меѓународни) ќе би-де поттикнувана и во иднина. Посебно внима-ние ќе им биде посветено на организирањето

научни конференции и собири на младите македонисти, филолози, преведувачи и толкува-чи. Сестрано ќе се поттикнуваат и други форми на научни или стручни средби, кампови, летни, зимски и други видови школи итн. во сопствена организација или заедно со другите универ-зитети во државата, во регионот и пошироко.

3. Меѓународна соработкаМеѓународната соработка на Факултетот, и

покрај релативно добрата развиеност, треба и натаму да се развива и да се проширува во сите сфери на дејствување, не само во рамките на земјите од европската заедница, туку и со други земји со кои имаме заеднички интерес за соработка. За оваа цел ќе се користат сите мож-ности што му се на располагање на Факултетот, и тоа како за наставниот и соработничкиот кадар, така и за студентите.

Сесрдно ќе се поттикнува и соработката на Сојузот на студентите на Факултетот со сродни-те организации на странски универзитети и со меѓународните студентски организации.

4. Финансиско работење на Факултетот

Доброто финансиско работење на Факул-тетот во наредниот период многу ќе зависи од неговата поставеност во рамките на новите услови предвидени со Законот за високото обра-зование и од новите статутарни одредби на интегрираниот универзитет. Секако дека голем удел во успешноста ќе има и умешноста на Факултетот максимално да ги искористи своите потенцијали во новосоздадените услови од стра-на на државата и на Универзитетот. Свое влија-ние врз финансиското работење и натаму ќе има бројот на запишаните студенти и нивниот

сооднос со редовно вработените и со ангажира-њето дополнителни кадри по сите законски ос-нови. Новите законски услови ќе треба да се искористат и за конечно „одмрзнување“ на лич-ните доходи и нивно доведување на соодветно повисоко ниво.

Со цел да ја подобри својата финансиска состојба, Факултетот ќе настојува да наоѓа начи-ни за зголемување на мотивираноста на врабо-тените за поголем ангажман во неговите дејнос-ти, вклучувајќи ги тука и законските можности

за дополнителните деј-ности за кои е регистри-ран во согласност со Националната класифи-кација на дејностите. Во таа насока ќе се поттик-нува и ќе се стимулира иницијативноста на вра-ботените за дополнител-на работа и за заедничка работа со студентите пре-ку давање разни услуги на стопанството и на општеството во целина (преводи, лектура, курсе-ви и други услуги) .

5. Работни услови и стандард на вработените и на студентите

Во наредниот четиригодишен период Факул-тетот ќе продолжи со своите започнати актив-ности во насока да се доизгради постојниот објект според првичниот план со средства од различни извори, како и тековно да се одржува и да се реновира сè што е неопходно, потоа да се изнајдат начини за доградување и надграду-вање со сопствени средства, со средства од дона-ции и секако, од државата.

Меѓу приоритетните задачи ќе биде постоја-ната грижа за: – редовна обнова на застарениот инвентар и

набавка на нов; – набавување нова современа опрема за по-

требите на Факултетот, за неговите библиотеки и лаборатории;

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 95

18

– обезбедување полесен пристап до интернет-услугите за вработените и за студентите;

– информатизација или нејзино усовршува-ње на сите служби;

– парковско уредување на зелените површи-ни околу Факултетот;

– подобрување на условите за паркирање;– подобрување на обезбедувањето на Факулте-

тот;– постојана грижа за заштита на стандардот

на вработените и на студентите;– поттикнување на културните и на спортски-

те активности за вработените и за студенти-те;

– максимална отвореност во работата на Дека-натот и максимална соработка и комуни-кација со катедрите;

– максимална соработка и комуникација со Соју-зот на студентите на Факултетот и на Уни-

верзитетот;– целосна отвореност кон јавноста преку

серии предавања од своите вработени и од гостите;

– организирање разновидни културни мани-фестации со учество на вработените и на студентите;

– организирање јавни студентски културни, научни и спортски приредби и натпревари;

– организиран настап во професионалната ориентација на средношколците и нивно привлекување за студирање на Факултетот;

– отвореност на Деканатската управа за сите предлози и иницијативи на вработените и на студентите во врска со работата на Факултетот.

Проф. д-р Драги Димитриевски,декан на Факултетот за земјоделски науки и храна

Драги Димитриевски е ро-ден на 7.8.1962 година во Скопје. Дипломирал на Земјо-делскиот факултет во 1987 го-дина, а со звањето магистер на земјоделски науки, на на-соката агроекономика, се стекнал во 1993 година, со одбрана на магистерскиот труд „Можности за зголемува-ње на економичноста на производството во живинар-ската фарма ,Белимбегово' - Скопје”.

Во 2001 година, со одбрана на докторската дисертација под наслов „Динамички калку-лации во функција на донесу-вање менаџмент одлуки во земјоделските стопанства”, се стекнал со научниот степен доктор на земјоделски науки.

Од август 1987 до февру-ари 1988 година работел на Живинарската фарма „Белим-бегово”. Во 1988 година се вработил на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде што бил биран во сите соработнички и наставно–на-учни звања, а денес е во зва-њето вонреден професор. Драги Димитриевски, во пе-риодот март – јули 2002 го-дина, ја вршел функцијата ди-

ректор на Фондот за животна средина, а од мај 2002 до ап-рил 2003 година бил претсе-дател на Управниот одбор на Земјоделскиот комбинат „Ан-ска Река” во Валандово. Од април 2003 до април 2005 го-дина бил продекан за наука на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Д-р Драги Димитриевски има објавено 42 научни и стручни трудови, еден учеб-ник и учебно помагало, а бил ангажиран во 13 научноис-тражувачки проекти. Одлич-но се служи со англискиот јазик.

Проф. д-р Драги Димитриевски,декан на Факултетот за земјоделски науки и храна

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕНА ПОНУДАТА НА ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

Програмата за работа на Факултетот за земјоделски науки и храна за периодот 2009-2013 година се подготвува во услови кога новиот Закон за високото образование значително ги менува позициите на Факултетот во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Новиот Статут на Универзитетот ги прецизира односите на Факултетот во рамките на единствената организациона структура на Универзитетот. Во согласност со законските и статутарните решенија, правниот легитимитет на Факултетот ќе биде трансформиран во пренесен правен легити-митет. Со целосната трансформација кон интегриран Универ-зитет, Факултетот станува единица на Универзитетот и своето работење ќе го усогласи со новонастанатите услови. Во таа насока, наредниот период може да се оквалификува како период на коренити промени на постојната регулатива, организациска структура, управување, раководење и усогласување на политика-та на Факултетот со политиката на Универзитетот.

Оттука, Програмата ги следи насоките на Програмата за рабо-та на Универзитетот во периодот 2008-2012 година, поднесена од ректорот на Универзитетот.

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 95

1 9

Секако, програмата се базира и на повеќе стратешки документи за развојот на високото образование и високообразовните институции во ЕУ, а со цел имплементирање на принципи-те и стандардите, кои се неопходни за Факулте-тот како дел од единствениот европски академ-ски простор.

ФАКУЛТЕТОТ ДЕНЕСВо услови на брзи економски, техничко–те-

хнолошки и пазарни промени, предизвикани од процесот на глобализација, местото и уло-гата на високообразовните институции се јасно детерминирани. Декларацијата од Глазгов јас-но ја утврдува мисијата на високообразовните институции: силни универзитети (Факултетот како дел од Универзитетот), за силна Европа, институции кои силно придонесуваат за разво-јот на државите и општества кои се засноваат на знаење.

Тргнувајќи од ваквиот пристап, ја гледам и мисијата на Факултетот: натамошно јакнење на позицијата на водечка институција во областа на биотехничките науки во Република Македо-нија, развој кон една од водечките во регионот на Балканот и нејзино приклучување кон водеч-ките институции во оваа област во Европа.

КОНТИНУИРАНО ПОДИГАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Факултетот во изминатиот период направи значајни реформи во наставната дејност. Особе-но за истакнување се реформите на студиските програми, со кои Факултетот воведе студиски програми, при што ја зголеми понудата на знае-ња и способности за студентите, институциите и бизнис - заедницата.

Болоњскиот процес, како инструмент на гло-бализација на високото образование, е импле-ментиран, со што е овозможена мобилноста на студентите и наставниот кадар од Факултетот.

Веднаш по стапувањето на функцијата, ќе се направи подетална анализа на потребите за пазарот на трудот, што ќе биде основа за довр-шување на реформата на студиските програми, нивно рекомпонирање и евентуално отворање на нови, согласно со ЕКТС и барањата кои прои-злегуваат од Законот за високото образование во однос на:• балансот помеѓу задолжителните и изборни-

те предмети, а во функција на флексибил-ност, зголемување на мо-билноста и приближува-ње кон индивидуалните склоности и потреби на студентот;

• имплементирање на дво-степениот систем на студи-рање, а со цел да започне и реформата на постој-ните постдипломски сту-диски програми.Во целиот процес, неопход-

но е да биде вклучена бизнис-заедницата, како и државните институции, кои ќе ги изло-жат своите потреби од знаења

и способности на кадарот кој го продуцира Факултетот. Поради ова, ќе биде формирано советодавно тело од претставници на бизнис-секторот и државните институции, со задача да ги изнесе потребите, да дава насоки за проме-ните што се случуваат, а сè во функција на постојаното приспособување на наставно-обра-зовниот процес кон потребите на пазарот на трудот.

Обезбедувањето на квалитетот на наставно-образовниот процес ќе претставува основна задача која произлегува од самата мисија за градење на водечка институција во високото образование од биотехничките науки. Обезбе-дување на одржлив квалитет се остварува со постојано подигање на свеста и професионал-ната одговорност во наставно-образовните активности на секој член на Факултетот.

За обезбедување на одржлив квалитет ќе се воспостави систем во кој ќе се следат настав-ните активности, а ќе се одвива преку:• континуирана евалуација од страна на сту-

дентите, која постои и сега, но ќе се интензивира;

• следење на успешноста на студентите во совладувањето на знаењата по секоја пред-метна програма;

• следење на должината на студирање за секој студент;

• анкетирање на завршените студенти за студиските програми и општо за системот на студирање;

• следење на кариерата на дипломираните студенти.Резултатите од последната самоевалуација и

од надворешната евалуација, како инструменти кои произлегуваат од законот и се дел од систе-мот за зголемување на квалитетот, се основа за почетните активности за отстранување на не-достатоците и слабите страни кои се утврдени.

За воспоставување на ваквиот систем за сле-дење и подигнување на квалитетот, ќе се корис-ти и капацитетот на Универзитетот, кој ќе пос-тави стандарди и директиви за обезбедување на квалитет.

Подобрувањето на квалитетот на наставата не е можно без постојано осовременување на наставните помагала. Во оваа насока, ќе бидат преземени повеќе активности:

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 95

20

• опремување на сите амфитеатри со аудио-визуелна опрема за изведување на совреме-на настава;

• обезбедување на дополнителна мобилна опрема за потребите на настава која не се изведува во амфитеатри (училници, лабора-тории, теренска настава);

• обезбедување лабораториски и други сред-ства потребни за наставата;

• осовременување на библиотечниот фонд.Со цел да се обезбеди целосен квалитет на

наставната дејност, веднаш ќе започнат актив-ности за реформа на постдипломските студии, кои треба да одат во насока на флексибилност и во согласност со потребите на бизнис-секторот и државните институции.

Веднаш ќе започне и реформа на досегаш-ниот начин на докторирање, преку воведување на докторски студии, како трет циклус во системот на високото образование. Со оглед на тоа што ова ќе биде новина за успешно и квалитетно воведување на докторските студии, ќе се направи соработка со Ректоратот за корис-тење на капацитетите на Универзитетот, но ќе се прави напор за соработка со странски факул-тети кои имаат успешни докторски програми.

НАУКАТА ВО ФУНКЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА

Во високото образование, квалитетна наста-ва може да се обезбеди само доколку наставата се базира на истражувања.

Научноистражувачката дејност на Факулте-тот се одвива во услови на ниска буџетска поддршка на оваа дејност во Република Македо-нија, која е далеку од заложбите на Лисабонска-

та декларација за поддршка на науката. Во так-ви услови, тешко се извршува научноистражу-вачката дејност, со необновена опрема која не може да обезбеди квалитетни анализи за сè поострите стандарди и критериуми кои во све-тот постојано се подигнуваат. Ова, пак, придоне-сува кон очигледно опаѓање на конкурентната способност на Факултетот во меѓународните

истражувачки проекти. Оваа состојба доведува и до тешкотии на наставно-научните работни-ци на Факултетот да бидат прифаќани со свои трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание.

Надминувањето на ваквата состојба ќе бара значаен ангажман и претставува процес во кој ќе се комбинираат повеќе активности:• зголемување на апликациите на проектите

за Министерството за образование и наука;• интензивирање на соработката со Мини-

стерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во делот на истражувачки, но и на применети истражувања за потреби-те на Министерството;

• поголемо вклучување во меѓународни ис-тражувачки конзорциуми (посебно во FP-7);

• обезбедување наменски средства и донации од домашни и од меѓународни фондации, бизнис-компании и други партнери за мо-дернизирање и набавување на нова опрема;

• обезбедување средства за учество на наши наставно-научни работници на семинари, конференции и други средби каде што ќе презентираат научни трудови;

• обезбедување наменски средства за печате-ње на научни трудови во меѓународни спи-санија со фактор на влијание;

• во соработка со факултети од развиените европски земји, ќе се организираат обуки, посебно наменети на помладите истражува-чи од Факултетот, за учење на нови истра-жувачки методи, техники на изработка на научни трудови кои ќе се печатат во списа-нија со фактор на влијание, како и техники за подготвување на предлог-проекти од европски и други меѓународни фондови.

Целокупните активнос-ти за подигање на квалите-тот и интензитетот на на-учноистражувачката рабо-та може да ја поддржат и применетите истражувања, за потребите на бизнис-секторот. Во оваа насока, постигнувањето на подобри резултати ќе се оствари со поголемо институционално присуство на Факултетот во стопанството. Така, Цента-рот за применети истражу-вања и перманентно обра-зование ќе биде реоргани-зиран и ставен во функција на поголемо отворање на Факултетот кон стопанство-то. Исто така, ќе се напра-ват активности за привле-кување на стопанството кон Факултетот, преку обезбеду-

вање промоции на стопанските субјекти во неговите активности.

СТУДЕНТОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА АКТИВНОСТИТЕ

Целокупното работење на Факултетот и активностите ќе се одвиваат во насока кон ста-вање на студентот во центарот на активностите.

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 95

21

Сите напори што се презентирани се во функција на квалите-тот и со цел крајниот производ - дипломи-раниот земјоделски инженер да добие ква-литетни знаења и спо-собности кои ќе овоз-можат негова конку-рентност на пазарот на трудот.

Покрај секојднев-ните редовни актив-ности во наставно–об-разовниот процес, за студентите ќе бидат преземени активнос-ти кои ќе овозможат нивно вклучување и во други активности на Факултетот, при-ближување кон сто-панството, како и нивно вклучување во меѓуна-родната студентска размена. Ќе бидат презе-мени следниве активности:• уредување и опремување на компјутерска

училница и овозможување интернет–при-стап за секој студент;

• формирање на Одделение за кариера и повр-зување со канцеларијата за кариера при Универзитетот;

• организирање на ден на кариерата;• формирање на Одделение за меѓународна

соработка и мобилност на студентите;• организирање на смотра на трудови од сту-

денти.

ЕФИКАСНОТО УПРАВУВАЊЕ - УСПЕХ ЗА ФАКУЛТЕТОТ

Процесот на управување на Факултетот, во наредниот мандат, ќе се одвива во услови на промените кои се неопходни, а во согласност со имплементацијата на Законот за високото обра-

заование и новиот Статут на Универзитетот. Во такви услови, промените ќе се однесуваат на по-веќе аспекти:• целосна промена на постојните правилници;• промена на организациската структура;• поставување на нов систем на управување

(рекомпонирање на факултетската управа);• реформа на администрацијата во функција

на новите структури и потреби на дејнос-тите на Факултетот.Организациската структура е прашање кое

произлегува од промената во составот на фа-култетската управа. Промената на организацис-ката структура ќе се одвива по принципот на целосно почитување на ставовите на постојните катедри и принципот на организирање соглас-но со компатибилноста и заедничкиот интерес за работа во сродни и блиски подрачја. Како критериум ќе биде поставена рамноправноста во застапувањето на поединечните подрачја во менаџментот на Факултетот, ефикасноста во

дејствувањето на организа-циските единици и оптимал-ното искористување на капа-цитетите.

За потребите на дејности-те на Факултетот, во ново-настанатите услови, кога дел од менаџмент-функциите ќе бидат водени на ниво на Универзитетот, ќе биде по-требна реорганизација на администрацијата на Факул-тетот, а во функција на нас-тавниот процес, студентите, научноистражувачката рабо-та и соработката на Факулте-тот со домашни и со стран-ски институции и компании. Реорганизацијата ќе обезбе-ди флексибилна админи-страција во функција на вра-ботениот наставен и помош-но-наставен кадар.

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 95

22

Постигнување на ефикасност на управувач-киот процес ќе биде реализирано преку целос-но интегриран информациски систем, кој ќе се поврзе со информацискиот систем на Универ-зитетот. Посебен дел на овој информациски систем ќе се однесува на студентската евиден-ција и обезбедување на можност за електронско пријавување на испит и затворање на целиот циклус: студент - студентски прашања - настав-ник (електронски пристап до дел од материја-лите за предавања и вежби).

Посебно внимание, значајно за ефикасноста во управувањето, ќе биде посветено на финан-сискиот менаџмент. Во сегашните услови на скромно и ограничено буџетско финансирање на дејностите на Факултетот, финансискиот менаџмент ќе се фокусира на рационално иско-ристување на средствата.

Целокупните залагања за квалитет и развој можат да се постигнат само со мотивирање на сите вработени, зачувување на дигнитетот на наставно-научните работници и соодветно до-стоинствено наградување.

Изнаоѓањето на дополнителни извори и на-чини за зголемување на примањата со кои ќе се надминат елементарните финансиски пробле-ми, ќе биде примарна задача во финансискиот менаџмент.

Во оваа насока, како потенцијал се дополни-телните извори што вработените на Факултетот ги остваруваат од научни и апликативни про-екти, при што приоритет е обезбедување начин целокупната активност да се одвива преку Факултетот без бариери и административни ограничувања.

При прибирањето на овие средства, ќе се пристапи кон прелокација на средствата кои Факултетот ги зафаќа како режиски трошоци во насока на враќање на дел од овие средства преку формирање на заеднички средства на катедрата од која доаѓа проектот. На овој начин ќе се постигне и поефикасно управување со катедрите и преземање на одговорност за раз-вој на самата катедра.

НЕМА РАЗВОЈ БЕЗ ИНВЕСТИЦИИ

Развојот и инвестициите се органски поврза-ни, односно без инвестиции не е можен развој. Во наредниот период, инвестициите ќе се фоку-сираат на:• обезбедување на современа опрема за изве-

дување на наставниот процес;• опрема за научни истражувања;• формирање на фонд за издателство, со кои

ќе се обезбеди систем на обезбедување на основна литература за студентите (учебни-ци, практикуми, скрипти и др.);

• инвестиции во минипроизводни капаците-ти, кои ќе бидат во функција на наставата, науката, стопанството, а ќе обезбедуваат и дополнителни приходи на Факултетот;

• инвестиции кон содржини за спорт и кул-тура, како потреби кои придонесуваат во развојот на студентите и вработените на Факултетот;

• инвестиции за решавање на проблемот со паркинг-просторот на Факултетот, вклучи-телно обезбедување на сигурен паркинг и за велосипеди.Во насока на реализација на инвестициите,

потребните средства ќе се настојува да се обез-бедат од државата, но секако и од сопствени извори. Како потенцијал за реализација на одредени инвестиции ќе биде вклучен и биз-нис-секторот. Ќе се направи напор и за обезбе-дување на донации од страна на бизнис-секторот во земјоделството и преработувачката индустрија, кои ќе бидат наменски користени во одделни инвестициски активности, но и во развојот на наставно-научниот кадар.

Како значаен потенцијал во развојот се и лабораториите кои ги поседува Факултетот. Нивната модернизација би одела во насока на обезбедување акредитација за соодветни услуги на пазарот, во соработка со Институтот за акре-дитација, лабораториите да го добијат стандар-дот ISO 17025.

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 95

23

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 95

24

На 11 мај годинава, проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје, по покана на проф. д-р Пламен Лекгоступ, ректор на Универ-зитетот „Св. Кирил и Св. Методиј“ во Велико Трново, Република Бугарија, присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот, посветен на словенските про-светители, браќата Кирил и Методиј.

На свечената прослава организирана по по-вод патрониот празник, ректорите на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Ре-публика Македонија, Универзитетот „Св. Ки-рил и Св. Методиј“ во Велико Трново, Репуб-лика Бугарија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Република Словачка потпишаа Протокол во знак на намера за по-ставување на темелите за создавање на Асоци-јација на универзитети кои го носат името на светите браќа Кирил и Методиј. Основната цел на Протоколот е развивање на научно-образовна и културна соработка меѓу универ-зитетите кои се членки на Асоцијацијата, како и други институции, со цел да се зголе-

ми улогата на науката и образованието во севкупниот општествен живот.

На свечената академија, на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, му беше доделено звањето почесен професор, Professor Honoris Causa, на Универзитетот „Св. Кирил и Св. Методиј“ во Велико Трново, во знак на признание за остварената успешна соработка и востановување на Асоцијацијата на универзитети кои го носат името на свети-те браќа Кирил и Методиј. Во звањето поче-сен професор беше промовиран и проф. д-р Едуард Костолански, ректор на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Репуб-лика Словачка, третиот универзитет - парт-нер во Асоцијацијата.

Во рамките на церемонијата, претставни-ците - гости од странските универзитети присуствуваа на богослужбата во црквата „Св. Кирил и Методиј“, положија цвеќе на спо-меникот на светите браќа Кирил и Методиј, а исто така остварија средба и со премиерот на Република Бугарија, г. Сергеј Станишев.

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 95

25

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е потписник и корисник на проект за мобилност во рамките на програмата Erasmus Mundus External Cooperation Window (EMECW), односно BASILEUS – Bal-kan Academic Scheme for the Internatio-nalization of Learning Together with EU Universities. Целта на проектот BASILEUS е да промовира мобил-ност на студенти и наставно-научен кадар помеѓу земјите од Западен Бал-кан и ЕУ, да го подобри разбирањето помеѓу високообразовните институ-ции од двата региона, да го отвори патот за меѓународно признавање на студиите и дипломите, како и да ја зголеми улогата на високообразов-ниот сектор со помош на размена на знаење, вештини и експертиза. Проектот BASILEUS се залага за изградба на структурирана долго-трајна соработка помеѓу сите партне-ри и можност да се зголеми размена-та на знаење во развојот на студиски програми и универзитетската меѓуна-родна соработка.

Во контекст на активностите на проектот, на 11 јуни 2009 година, во Ректоратот на Универзитетот се одржа работилница за признавање на дипломи и студии стекнати во странство преку ЕКТ-системот. Рабо-тилницата ја раководеше проф. д-р Зденко Ковач, професор на Универзи-тетот во Загреб, а активно учество во дискусијата, со свои ставови и искус-тва, зедоа деканите и продеканите од факултетите на Универзитетот.

Проф. д-р Моме Спасовски, проректор за меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“ во Скопје, даде воведен збор за значењето на признавањето на дипло-мите и студиите стекнати во странство. Исто така, тој се осврна на вклученоста на Универзитетот во рамките на програмата BASILEUS. Проф. д-р Елена Думова-Јованоска, проректор за настава на Универзите-тот, елаборираше за имплементаци-јата на европскиот кредит-трансфер

систем на факултетите, соочувањето со проблемите и доставувањето на потребните информации до што по-широк круг на студенти и академски кадар. Проректорот даде кратка пре-зентација на изготвените правилни-ци и документи за полесна употреба на ЕКТ-системот на Универзитетот.

Носителот на работилницата, проф. д-р Зденко Ковач, направи презентација за студентската мобил-ност и признавањето на студиските престои во странство во рамките на ЕКТС-процедурата и болоњските реформи, апострофирајќи ги препре-ките при признавањето на дипло-мите стекнати во странство, меѓу кои процедурата на нострификација и разликите во студиските програми и квалификациите на универзите-тите. Притоа истакна дека една од основните цели на болоњскиот про-цес во создавањето на европскиот високообразовен простор е заеднич-ката употреба на европскиот систем за трансфер и акумулација на креди-ти (ЕКТС), а воведувањето на клуч-ните документи на ЕКТ-системот е неопходно за полесен трансфер и акумулација на кредитите. Меѓу ос-новните препораки до универзите-тите беа интеграција на мобилноста во студиските програми, поделба на академската одговорност, како и со-работка со студентите кои замину-ваат на студиски престој.

Како заклучок, проф. Ковач истакна дека студентската мобил-ност ја збогатува и ја зајакнува ака-демската мисија на универзитетот, а стратегијата за мобилност е неразде-лен составен дел од меѓународната институционална соработка. За ус-пешна реализација, програмата за мобилност и ЕКТ-системот наметну-ваат потреба од нови административ-ни барања и институционални капа-цитети и прецизни административ-ни и академски процедури, како и поголема посветеност на меѓународ-ната соработка од страна на рако-водните тела на Универзитетот.

ООддрржжааннаа ррааббооттииллннииццаа ззаа ппррииззннаавваањњее ннаа ддииппллооммии ии ссттууддииии ссттееккннааттии ввоо ссттррааннссттввоо

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 95

26

У ниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава ја одбележува шеесетго-

дишнината од своето постоење.

Во рамките на оваа шестдецениска наставно-научна дејност, значајна улога и придонес има и разгранетата меѓународна соработка на УКИМ со многу универзитети и научноистражу-вачки институции во Европа и во светот. Преку овие меѓународни средби во земјата и во стран-ство, наставно-научниот кадар и студентите имаат можност да ги претстават и да ги споредат резултатите од своите истражувања, од стекнатите знаења во своите области со постигнувањата на колегите од еден или од повеќе странски универзитетски центри. При овие размени многу се важни и личните контак-ти и дискусии кои, по правило, најмногу придонесуваат за понатамошен попродлабочен и поинтензивен контакт и соработка во заеднич-ки проекти меѓу институциите или меѓу поедин-ци. Симпозиумот и конференцијата за кои ин-формирам подолу се мал прилог во богатата и долгогодишна меѓународна дејност на нашиот Универзитет.

На Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ (понатаму: МДУ) во Русија, од 24

до 26 март оваа година се одржа Меѓународни-от научен симпозиум посветен на словенските јазици и култури во современиот свет - значаен и најкрупен славистички форум во 2009 година.

На Симпозиумот се пријавиле 554, а учеству-ваа над 350 научници од 29 земји. Најголемиот број учесници беа од Русија и од словенските земји, потоа од несловенските европски земји, од Азија и од САД.

Од Македонија на Симпозиумот со свои ре-ферати учествуваа дванаесетмина и сите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (11 од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и 1 од Педагошкиот факултет „Климент Охридски“.

На Симпозиумот се работеше во 2 пленарни седници, во 13 секции и на 7 тркалезни маси.

На почетокот, на првата пленарна седница Симпозиумот го поздравија и му пожелаа успешна и плодотворна работа ректорот на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломо-носов“, академик и потпретседател на Руската академија на науки (понатаму РАН), како и претседател на Организацискиот комитет на Симпозиумот, В. А. Садовничиј, проф. д-р М. Л. Ремњова, декан на Филолошкиот факултет при МДУ и потпретседател на Организацискиот

пишува Роза Тасевска

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 95

27

комитет, акад. А.М. Молдован, директор на Ин-ститутот за руски јазик „В.В. Виноградов“ при РАН, акад. Т.М. Николаева, раководител на Одделението по типологија и споредбена линг-вистика во Институтот за славјановедение при РАН и други членови на Организацискиот коми-тет на Симпозиумот.

Член на Организацискиот комитет и член на Президиумот на Симпозиумот од Р. Македони-ја беше проф. д-р Максим Каранфиловски, де-кан на Филолошкиот факултет „Блаже Конес-ки“ во Скопје и почесен професор на МДУ. Член на Президиумот беше и амбасадорот на Р. Македонија во Москва, г. Златко Лечевски. Уште на отворањето на Симпозиумот, македон-ската делегација беше посебно поздравена од учесниците на минатогодишниот Славистички конгрес кои со воодоошевување искажаа задо-волство од престојот во Охрид и во Македонија, од добрата организација на Конгресот.

По пленарната седница работата продолжи по секциите. Секциите беа на следниве теми: I „Јазичната ситуација и јазичната политика во словенските земји“, II „Словенските јазици и литератури во меѓунационалната комуникаци-ја“, III „Тенденции во изучувањето на грамати-ките на словенските јазици“, IV „Новите појави во зборообразувањето во словенските јазици: систем и функционирање“, V „Прашања за исто-ријата и етимологијата на словенските јазици“, VI „Словенската дијалектологија“, VII „Лексико-логијата и лексикографијата на словенските јазици“, VIII „Словенската етнокултурна свест: јазик, говор, фолклор“, IX „Словенските јазици и современите средства за масовна комуника-ција“, X „Теорија и методика на предавање на словенските јазици како странски“ XI „Словен-скиот уметнички дискурс и јазик на уметничка-та литература“, XII „Словенските литература, драматургија, фолклор: општи и посебни раз-војни тенденции“, XIII „Македонскиот јазик, ли-тература и култура во словенски контекст“.

Учесниците од Македонија, според темите на своите соопштенија, беа распоредени во пове-ќе секции. Во секцијата „Теорија и методика на предавање на словенските јазици како стран-ски“, учествуваа проф. д-р Е. Црвенковска и лек. Р. Тасевска. Е. Црвенковска во својот рефе-рат Изучување на македонскиот јазик во несло-венските земји го запозна аудиториумот со состојбата на македонистиката во несловенски-те земји. Во излагањето беа наведени македо-нистичките центри, работата на наставниците и научниците кои се занимаваат со македонскиот јазик, литература и култура изразена преку број-ни статии, книги, учебници, магистерски, док-торски и бројот и интересот на студентите како залог за продолжување и проширување на маке-донистиката во несловенските земји. Р. Тасев-ска зборуваше на тема Учебници и учебни пома-гала по руски јазик во Македонија. Во излага-њето слушателите беа информирани за статусот и изучувањето на рускиот јазик на сите образов-ни нивоа во Македонија, како и за учебниците по руски јазик изработени во земјава. Беа прет-

ставени најновите учебници по руски јазик издадени на УКИМ. Лекторот по македонски јазик во Москва, Е. Ниами во рамките на секцијата „Словенските јазици и современите средства за масовна комуникација“, настапи со темата Македонскиот јазик во интернет, придавајќи посебно внимание на правописот, транскрипцијата, лексиката и стилистиката на македонскиот интернет-јазик.

Секцијата „Македонскиот јазик, литера-тура и култура во словенски контекст“, како што кажува и насловот, беше посветена само на македонистиката. Во Програмата на Симпозиумот нема друга ваква секција. И ова беше повод за убаво чувство на учесниците од Македонија и за македонистите од Русија. Всушност ова беше темата на IV руско–маке-донска конференција што оваа година се одржа во рамките на овој голем меѓународен симпо-зиум. За оваа конференција имаше и посебна Програма, посебно отворање и работа во две одделни секции: лингвистичка и литературна.

На отворањето учесниците ги поздравија проф. д-р М. Л. Ремњова, декан на Филолош-киот факултет при МДУ и потпретседател на Организацискиот комитет, проф. д-р Максим Каранфиловски, декан на Филолошкиот факул-тет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, проф. д-р В. Гудков, шеф на Катедрата за сло-венска филологија, амбасадорот на Р. Македо-нија во Москва, г. Златко Лечевски.

Во работата на IV руско-македонска конфе-ренција, со свои реферати и со дискусии зедоа учество македонски и руски македонисти и сла-висти.

М. Каранфиловски зборуваше на темата За некои функции на императивот во рускиот и во македонскиот јазик. Во рефератот беа ана-лизирани сличностите и разликите во употре-бата на заповедниот начин во македонскиот и во рускиот јазик со истакнување на разликите во употребата на видските форми на глаголот во императивот во македонскиот и во рускиот јазик. Д. Пандев во рефератот Метафората во руската и во македонската периодика ја разгледуваше метафората во дневниот печат од аспект на когнитивната лингвистика. Притоа, особено внимание им посвети на процесите на создавањето на метафората. Љ. Спасов настапи со темата Значењето на преводот на Коников-ското евангелие (1852) за јазичната и култур-ната историја на македонскиот народ, К. Велјановска говореше За новите зборови во македонскиот јазик, а Н. Радически во рефе-ратот Специфичноста во развојот на новата македонска литература во контекст на сло-венските литератури, поаѓајќи од компара-тивна анализа во развојот на македонската литература во поширок контекст, зборуваше за почетоците и за сличностите во развојот на националните словенски литератури во рамки-те на генетичкото литературно заедништво. Д. Ристески во соопштението Руската литера-

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 95

28

тура во Македонија на крајот од XX и почето-кот на XXI век ги анализираше преводите на руската литература во Македонија и го разгледу-ваше интересот на македонските научници кон руската литература во посочениот период. Л. Капушевска-Дракулевска во Интеркултурни-те комуникации: теоријата за „другото“ во македонската литература, зборуваше за драм-скиот текст кој со својата отворена структура се одликува со експлицитна упатеност кон „другиот“. Актуелната културолошка фаза во компаративната литературна наука заговара идеја за воспоставување на еден реципрочен однос кон другоста, одразен со поимот интер-култура. В. Мојсова-Чепишевска во рефератот под наслов Номадизмот на дијаспората во светлото на аквамаринот, зборуваше за поврзаноста меѓу уметноста и миграцијата, пату-вањето, оддалечувањето од секојдневието, проу-чена во теоријата и критиката како поетски номадизам. М.Ѓ. Спасевски на тема Творечки-те влијанија и процеси во македонската и во руската литература нѐ запозна со повеќе заеднички влијанија и процеси меѓу македонска-та и руската литература за деца. Е.В. Верижни-кова, македонистка од Москва, зборуваше на темата Јазикот на македонските СМИ. Акад. Р.П. Усикова од здравствени причини не присус-твуваше на Симпозиумот и на IV руско-маке-донската конференција. Нејзиниот реферат на тема Улогата на перфектот од типот сум+л-формата во модално-темпоралниот систем на македонскиот и на бугарскиот јазик го про-чита Е. Верижникова. Во рефератот Р. П. Усико-ва, анализирајќи го модално-темпоралниот сис-тем во македонскиот и во бугарскиот јазик, ги истакнува сличностите и разликите во неговата семантика и во средствата на изразување во два-та јазика. А. Г. Шешкен во соопштението Улога-та на литературните врски во формирање-то и во развојот на националните литерату-ри (врз примерот на македонската литерату-ра од XX век) истакна дека, меѓу другите факто-ри, и преводите на дела од руската литература биле важен фактор на националниот литерату-рен процес. С. Н. Мешчерјаков во рефератот

Животот низ призмата на битот („Петри-иниот венец“ на Д. Михаиловиќ и „Пиреј“ на П.М. Андреевски), споредувајќи ги делата на двата автора, ни зборува за филозофијата на животот преку животот на ликовите на одделни луѓе како „национални карактери“. М.Б. Проскурнина со насловот Јас го сакам (старо) Скопје”. Концептот „дома“ во македонската проза од 2000-те г. ја анализираше современата состојба на македонската проза на 2000-те години со нејзиниот специфичен определувачки проблем на националниот идентитет во услови на глоба-лизација.

За време на Симпозиумот учесниците имаа можност да го видат и да го добијат Зборникот во кој се напечатени 480 тези од рефератите на учесниците, и тезите на колегите што не беа присутни во Москва.

Како заклучок би можело да се каже дека македонските учесници, заедно со нашите рус-ки македонисти достојно се претставија пред големиот меѓународен славистички форум со различни теми и со научни видувања од облас-та на македонскиот јазик, литература и култу-ра.

IV руско-македонска конференција исплани-рана и организирана во рамките на еден ваков голем Меѓународен симпозиум имаше многу поголем ефект, зашто македонските и руските научници македонисти и слависти, учествувај-ќи на Руско-македонската конференција како и во други секции во рамките на Симпозиумот, можеа да се претстават пред многу поширок аудиториум.

За добрата организација на IV руско–маке-донска конференција им ја изразуваме нашата благодарност на акад. Ала Г. Шешкен, акад. Ри-на П. Усикова од МДУ во Москва и на проф. д-р Максим Каранфиловски, координатор од маке-донска страна.

Во организација на АКУД „Мирче Ацев“

Page 29: Univerzitetski vesnik br. 95

29

Page 30: Univerzitetski vesnik br. 95

30

Page 31: Univerzitetski vesnik br. 95
Page 32: Univerzitetski vesnik br. 95