17
Нова Југославија е наследничка на Кралството Југославија кое се распадна со почетокот на Втората Светска војна. По капитулацијата на југословенската војска на 17 април 1941 година, Југославија бил a поделена на свери помеѓу Германија, Итлија, Унгарија и Бугарија. Како резултат на окупаторската политика на овие земји дошло до формирање на АВНОЈ под водство на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Тоа се случило на 26 ноември 1942 година, каде на заседанието присуствувале комунистички претставители и некомунистички партизански војници, кои ја дале подршката на Јосип Броз Тито. Второто заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември 1943 во град Јајце. На ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било: Создавање на федеративна Југославија, во која било планирано да живеат југословенските народи: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци. На името на Тито била додадена придавката маршал на Југославија. Времето на повоена Југославија е еден интересен период во кој за прв пат на овие простори се гарантирани правото на еднаквост и рамноправност, а воедно и време кога за екстремно брзо се развива федерацијата во сите сфери на општествениот живот Третото заседание на АВНОЈ се одржало од 7 до 10 август 1945 година во Белград . На ова заседание, било изготвено антифашистичко собрание т.е. Повремено народно собрание. Во ноември 1945 година се провеле избори. Листата на Народниот фронт добил 96% од гласовите. На 29 ноември 1945 година Народното собрание го објавил создавањето на Федеративна Народна Република Југославија . Првиот устав на 30 јануари 1946 е усвоен во собранијата на сите републики одделно, а наредниот ден истиот е прогласен на нивната заедничка седница. На 23 август 1945 год. 1

Nova Jugoslavija 1945-1980g

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Seminarska rabota za Jugoslavija od 1945 godina do 1980 godina

Citation preview

Нова Југославија е наследничка на Кралството Југославија кое се распадна со почетокот

на Втората Светска војна. По капитулацијата на југословенската војска на 17

април 1941 година, Југославија билa поделена на свери помеѓу Германија, Итлија, Унгарија и

Бугарија. Како резултат на окупаторската политика на овие земји дошло до формирање на

АВНОЈ под водство на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Тоа се случило на 26

ноември 1942 година, каде на заседанието присуствувале комунистички претставители и

некомунистички партизански војници, кои ја дале подршката на Јосип Броз Тито. Второто

заседание на АВНОЈ се одржало на 29 и 30 ноември 1943 во град Јајце. На ова заседание бил

донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен

план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава

и признавање на националните права на сите нејзини народи . На ова заседание на АВНОЈ

присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било: Создавање на

федеративна Југославија, во која било планирано да живеат југословенските народи:

Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци. На името на Тито била додадена придавката

маршал на Југославија. Времето на повоена Југославија е еден интересен период во кој

за прв пат на овие простори се гарантирани правото на еднаквост и рамноправност, а воедно и

време кога за екстремно брзо се развива федерацијата во сите сфери на општествениот живот

Третото заседание на АВНОЈ се одржало од 7 до 10 август 1945 година во Белград. На

ова заседание, било изготвено антифашистичко собрание т.е. Повремено народно собрание. Во

ноември 1945 година се провеле избори. Листата на Народниот фронт добил 96% од гласовите.

На 29 ноември 1945 година Народното собрание го објавил создавањето на Федеративна

Народна Република Југославија. Првиот устав на 30 јануари 1946 е усвоен во собранијата

на сите републики одделно, а наредниот ден истиот е прогласен на нивната заедничка седница.

На 23 август 1945 год. е изгласан законот за аграрна реформа. Со овој закон на

големите селски земјопоседници им се одзеле 30 хектари обработлива земја, а им се оставиле

само 5, над 10 хектари им се одзеле на црквите и манастирите. Од 1.6 милиони херктари земја

половината им била бесплатно доделена на 316 илјади селски фамилии, додека дургата

половина била доделена на задругите.Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ)

(Комунистичка партија на Југославија до1952) беше владејачка партија во СФР Југославија,

од 1945год. По ослободувањето на земјата, угледот на КПЈ е доста висок и на комунистите им

било лесно да ја зацврстат својата власт. Останатите политички партии пополека се

потиснуваат и во земјата комунистите воведуваат еднопартиски систем. Генерален секретар на

партијата бил Јосип Броз Тито кој подоцна станал и прв претседател на Југославија. Во

слободната, повоена Југославија до 1980 год. партијата одржала 6 конгреси. Прв одржан бил

петтиот конрес (21- 28 јули 1848год во Београд).

Според членот 24 од уставот на Југославија на жените им се гарантира полна

рамноправност, но за рамнотправноста на жените се расправало уште на првиот конгрес на

Антифашистичкиот фронт на 17 јуни 1945 год. На конгресот е формиран Централен одбор

1

АФЖ од 82 членови и Извршен одбор од 20 членови, а за претседател избрана е Спасенија

Цана Бабович.

Како една од најруинираните земји по Втората Светска војна, Југославија пристапува

кон обнова на економијата и останатите сектори. Во војната 1,7 милиони луѓе ги загубиле

животите, железничките пруги биле уништени или значајно оштетени, преку 100 рудници биле

руинирани, околу 289 илјади домови биле уништени. Вкупната загуба која е проценета во

Југославија по војната изнесувала 47 милијарди долари. Во обновата учествува населението со

своите доброволни акции, и организациите како „Народниот фронт“, „Народната младина“,

„Антифашистичкиот фронт на жените“ и многу други. Започнува обновување на

инфраструктурата, обработка на полињата, се обновуваат фабриките, а се градат и нови во кои

до 1946 год. работат три петтини од вкупниот вкупниот број вработени.

Започнува и развластување на буржоазијата. За време на војната поголемиот дел од

сопствениците на фабриките соработувал со окупаторите и добро заработувал. По

завршувањето на војната, започнува одземање на тие фабрики во корист на државата во случај

на докажана кривица.Голем дел од индустријата и трговијата бил во рацете на странски

инвеститори, по окупацијата бил одземен од страна на Германија и нејзините соработници, а по

војната преминува во рацете на југословенскиот народ. На 5.декември 1946 год. донесен е

закон за национализација на приватните претпријатија кои имале републички или сојузен

придонес, до април 1948 год. национализирана е целокупната индустрија во федерацијата.

Незадоволен од самостојноста на југословенското комунистичко раководство на чело

со Јосип Броз Тито, во првата половина на 1948 година Јосиф Сталин упатува остри забелешки

до раководството на Комунистичката партија на Југославија. Откако југословенските

комунисти одбиваат да се потчинат на советскиот диктат на заседанието на Информбирото

од 20 до 28 јуни 1948 година е донесена резолуцијата „За состојбата во КПЈ“, попозната

како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат

сите здрави елементи во Југославија што му се верни на марксизмот и ленинизмот да го сменат

постојното раководство на КПЈ и да постават на негово место луѓе кои ќе ги прифатат

ставовите на Информбирото. Југословенското раководство ја отфрла Резолуцијата на

Информбирото, по што следува изолација на Југославија од страна на останатите комунистички

држави.

Своите први чекори социјалистичкото стопанство ги направило преку директно

потпирање на државниот апарат и со помош на строго спроведениот систем на

административното регулирање на економските текови. Работиниот полет на широките нродни

маси не можел да се оствари онака како што се замислувал. Биле неопходни средства за тоа,

пред се’ машини за индустријата кои се набавувале од странство бидејќи во федерацијата не се

произведувале. Материјалната основа на социјалистичката економија претставувала

конфискуваниот имот на окупаторите и народните предавници, со кои започнале да управуваат

посебни државни служби. Набрзо потоа, кога е спроведена национализацијата и кога

2

општествениот сектор е проширен на најголемиот дел средства за производство, било потребно

да се направи еден цврст механизам кој плански ќе го насочува целокупното производство и ќе

го распределува општествениот производ, пред се’ расположливата енергија и суровините и

најголемиот дел потрошни добра. Најпрво се направени т.н. управи преку кои одговорните

министерства управувале со државните претпријатија. Директорите биле вклучени во

целокупната чиновничка машинерија на државата. Со законот за претпријатија од 1946 год.

воспостваени се генрални дирекции за поедини економски гранки и групации, кои како

административно- оперативни раководства директно ја насочувале целокупната работа на

претпријатијата. Административно- оперативните раководства биле поделени на локалнни,

републички и сојузни.

Силниот синдикален подвиг кој се развил во предвоена Југославија и бил главна

потпора на партијата во нејзината револуционерна активност, уште во првите денови на

слободна Југославија превзел задачи за изградба на земјата. Во сите фабрики и други

претпријатија се основале синдикални здуженија. Нивна задача била да го соберат и

организираат се поголемиот круг работоспособни луѓе, кои со забрзано темпо се вклучувале во

општественото производство во склад со силните развојни сили во земјата. Првиот конгрес на

југословенските синдикати е орджан измеѓу 24 и 26 октомври 1948 год.

На крајот на декември 1949 год. на Втората пленарна седница на Централниот Комитет

на Комунистичката Партија на Југославија, донесена е резолуција за забрзано основање на

селски работни задруги кои се означени како најуспешно средство за социјалистичка

преобразба на селата и унапредување на земјоделството. Иако за ова во документите јасно се

инсистирало на принцип на доброволно и свесно определување за стапување во задруги, во

праксата не се применувало. Врз селаните биле вршени притисоци за побрзо остварување на

целта. До крајот на 1949 год. биле основани 6625 селски задруги, во кои влегувале 340 илјади

домаќинста, а биле обработувани околу 1.4 милиони хектари земја. Колективизацијата и

селските задруги постојат се до 1953год.

Под паролата „ние градиме фабрика, а таа нас“ почнуваат да се градат фабрики во кои

најпрво се одржувала обука со цел стручно оспособување на населението. На 36.јуни 1950 год.

донесен е историскиот закон со кој управувањето на работата на претпријатијата се предава во

рацете на работниците. Со фабриките управувале одбори составени од вработени во фабриката.

Членовите на овие одбори биле донесувани со тајно и непосредно гласање.

Од 1958 год. училиштата се повеќе се подобрувале, а се воведувале и воншколски

активности, специфичности на својот крај и економија. Дошло и до поврзување на некои

економски организации со училиштата. На чело на училиштето стоел школски одбор во кој се

наоѓале претставници на општината, членови на училишниот колектив и заинтересирани

граѓани. На одредена возраст и учениците станувале членови на одборот или на одделенскиот и

наставничкиот одбор. Во секоја република- членка на федерацијата наставата се одививала на

јазикот кој се говори во таа земја.

3

Крајот на 1960-тите години Југославија го одбележа обидот за големата стопанска

реформа, односно одлучното и одлучувачкото воведување на пазарот во социјалистичката

економија. Промените во стопанскиот систем довеле до вистинска револуција во односот на

стопанското производство и потрошувачите. Претпријатијата и банките почнале да се борат за

својата позиција на пазарот, барајќи го својот простор во јавноста. Воспоставувањето нова

пазарна економија родило и нова естетика. За опстанокот и остварувањето на новиот проект

излегло дека еден медиум е најдоминантен – рекламите во весниците. Првиот број на

неделникот „Економска политика“ излегол на 4 април 1952 година. Владата на Југославија

согледала дека има проблеми во функционирањето на економијата и решила на голема врата да

го вовлече економскиот либерализам во економијата на еднопартиската држава. Оттогаш,

„Економска политика“ станал авангарда за реформата и гласен заговорник на пазарната

економија.

Југословенската младина е најзаслужна за обнова на Југославија. Тие на свој грб ја

изнесуваат оружената борба и обновата и изградбата на земјата. Во штотуку ослободената

Југославија, тешко разрушена, младинските работни единици масовно се ангажираат за

обновата почнувајќи од расчистување на рушевините, па до обнова на инфраструктурата,

фабриките и училиштата. Само за половина година, во натпреварувањето за III конгрес на

југословенската младина, младите во работни бригади дале околу 6 000 000 работни денови.

Дел од она што младината го изградила се : железничката пруга Брчко- Бановичи,

железничката пруга Шамац- Сарајево, железничката пруга Добој-Бањалука, Никшич- Титоград,

автопатот Братство и Единство, патот Скопје- Ниш- Београд, патот Београд- Загреб- Љубљана,

фабриката „Иво Лола Рибар“, фабриката „Единство“, фабриката во Камник, металуршкиот

гигант Зеница, топилница за бакар, хемискиот комбинат „Раде Кончар“, „Првомајска“,

„Литострој“, железарија во Никшич, хидроцентралите Јабланица, Зворник, Винодол, Маврово,

Власина, нови градови како Нови Београд, Нови Трвник, Нова Горица и др. , иригациони

системи во Пелагонија и.т.н.

Бил донесен и т.н. прв петгодишен план кој се состоел од : ликвидирање на техничката

и економската заостанатост, да се зацврсти економијата и одбраната на земјата, да се зацврсти и

натаму да се развива социјалистичкиот сектор во националната економија и нови начини на

производство, да се подобри општата благосостојба на работниците во сите три сектори.

Бројот на високо кавалификувани кадри бил многу мал во повоена Југославија, затоа

под мотото „Училиште за сите“ отворени се голем број на курсеви, изградени се голем број

училишта и факултети, а се обновуваат и старите.

Нова Југославија покажала добра волја во изградбата на современата положба на

верските заедници во општеството, а самиот Тито ветил поволни услови за нина работа.

По ослободувањето се формира и Југословенската Народна Армија. ЈНА се состоела од

три рода: копнена војска, морнарица и воздухопловство. Имала активен состав од околу

180.000 војници и офицери. Војниците се мобилизирале преку систем на задолжителна воена

4

обврска за сите машки здрави лица на возраст од 18 до најдоцна 27 години. Околу 100.000

војници биле во постојаниот состав на ЈНА, останатите биле офицери и други експерти. Првото

нејзино име било Југословенска Армија но на 10 годишнината од нејзиното постоење ја добива

придавката Народна. ЈНА имала уникатна доктрина: во случај на агресија, задачата на ЈНА

била да го забави нападот на непријателот до активирањето на единиците на Територијалната

одбрана (ТО) која била резервна војска составена од цивилното население и многу побројна од

ЈНА. Потоа, ЈНА заедно со ТО требало да спроведат концепт на партизанска тотална војна во

која би било вклучено целокупното население, тнр. Општонародна одбрана. Ваквиот стил на

војување се предвидувало дека ќе го замори агресорот и конечно ќе го примора на

повлекување. Според искуствата од партизанското војување во Втората светска војна,

Општонародната одбрана се сметала за единствен начин за ефективно спротивставување на

посилен агресор. Врховен командант на ЈНА бил Јосип Броз Тито. По завршувањето на борбата

армијата се вклучува во сите процеси на општествениот, политичкиот, економскиот,

културниот и јавниот живот во федерацијата. Армијата станала и своевидно училиште низ кое

поминале стотина илјади млади луѓе, стекнувајќи нови знаења и вештини. Во сите касарни биле

отворени училишта за описменување, предавања се држеле и во војничките клубови. ЈНА

учествувала во изградбата на земјата заедно со народот на сите работни акции. Во 1948 год.

започнуваат припреми са сопствена воена индустрија. Покрај пешадијата формирана е и воена

морнарица, воено воздухопловство а отворена е и военомедицинска академија.

Управата за државна безбедност (УДБА) била формирана во 1946 година со

реорганизација на тогашната служба за безбедност – Оддел за заштита на народите (ОЗНА) на

цивилен и воен оддел. Од Првиот и Вториот оддел на ОЗНА, во рамките на Министерството за

внатрешни работи на ФНРЈ била формирана Управата за државна безбедност, а од Третиот

оддел ОЗНЕ била формирана Контраразузнавачката служба на армијата на Југославија. Како

цивилна контраразузнавачка служба била во рамките на Министерството за внатрешни работи

и се состоела од четири главни сектори кои се занимавале со: внатрешни непријатели на

Федерацијата, емиграција, странски разузнавачки служби, техники за следење и

прислушкување. Во првите години од основањето, УДБА се занимавала главно со елиминација

на непријателите на новата државна власт, најчесто од редовите на поразените по крајот на

Втората светска војна. Ликвидирањето вклучувало и членови на Комунистичката партија на

Југославија, посебно за оние за кои се сметало дека ја подржуваат резолуцијата на Информбиро

и оние кои одржувале тајни врски со Советскиот Сојуз. Поради ова, тајната служба придобила

огромна моќ во земјата и започнала да го загрозува и самиот претседател Тито. Така било

закажано заседание на ЦК на СКЈ во Бриони каде бил сменет вториот човек во земјата

Ранковиќ. По разрешувањето на Александар Ранковиќ, поради наводното прислушувањето на

Јосип Броз Тито, во јули 1966 година, Следувало реструктуирање на Управата за државна

безбедност, чија цел била отстранување на сите лојални кадри во службата. Во рамките на

организацијата, целосно било сменето раководството на УДБА, како и Федералниот секретар за

5

внатрешни работи на Југославија, Светислав Стефановиќ. Во 1967 година службата била

федерализирана, односно секоја република добила своја служба за безбедност, додека пак на

федерално ниво останала Федералната службата за државна безбедност, чии овластувања се

повеќе се намалувале. СДБ во тој период имала свое раководство на федерално ниво, но секоја

држава имала своја служба за безбедност. Со текот на времето Безбедносните служби на ниво

на Републиките добивале се поголема моќ.

Југославија од војната излегува со уништено стопанство, а потребите на луѓето за

храна се зголемувале. Секојдневно пред продавниците со празни полици се чекале редови за да

се купат основните прехрамбени продукти. Затоа се форлирал систем на гарантирано

снабдување со кој на секој граѓанин му се гарантирало да добие количина на продукти која му

следува. Вработените добивале повејќе од невработените, а од работно место до работно место

добивката се разликувала според тежината на работата. За таа цел на секој граѓанин добила

карта со ознака според која му се доделувале производите.

Културата во Југославија е во процут. Започнуваат да се градат објекти во поинаков,

модерен стил, на 29 септември 1946 год. отворена е излжбата „Сликарство и вајарство во

Југославија во XIX и XX век“, првиот игран филм е „Славица“ на режисерот Вељкослав Арфиќ

кој е произведен во претпријатието „Авала –филм“ во 1947 год., се формираат и културно-

уметнички друштва кои ја претставуваат југословенската култура и традиција низ светот. Се

појавуваат и првите југословенски писатели со своите дела, исто така и првите музичари,

сликари, а театарските претстави се исто така актуелни.

Тито во 1956 година со водачите на Индија и Египет, Нехру и Насер, ја потпиша

Брионската декларација, во која се осудува блоковската поделба на светот и превласта на

моќните држави врз послабите. Југославија се придружи кон движењето, што почна да се

создава во Азија по Втората светска војна. Југославија набрзо стана една од највлијателните

држави во Движењето на неврзаните земји, а Тито се до смртта го сметаа за челна личност на

Движењето, а за сметка на тоа тој имаше голем углед во меѓународната политика. Луѓето во

азиските, африканските и арапските држави во Тито конечно видоа белец кој не ги

потценуваше и кој на нив гледаше како на рамноправни партнери. Тоа беше нешто сосема ново

во меѓународната политика каде свое место бараа многу од новосоздадените држави. Тито меѓу

нив важеше за решителен борец за независност, мир и рамноправна соработка. Затоа не е чудно

што Првата конференција на неврзаните земји била одржана во Белград во 1961 година;

состанокот на претставници на 25 држави претставуваше пресвртница за Движењето.

Првата ТВ програма била емитувана на 3 септември 1956 год. во Студиото Загеб. Таа се

состоела до ТВ- дневник, документарен филм за првите ТВ преноси и забавен дел. ТВ-Загреб

останала единствената телевизија се до 1958 год. кога е отворена ТВ-Београд.

По успешно завршените проекти за планот од 1957-1961 год., на почетокот на декември

1961 год. донесен е новиот среднорочен плс 1961-1965 год. Со овој план до 1965 год се

планирало националниот доход да се зголеми за 58% по жител, што значи задржување на

6

Југославија на едно од водечките места во светот по темпото на економски развој. Со овој план

предвидени се и зголемени стапки на зголемување на инвестициите (30%) Во новиот план се

инситирало на интензивирање на стопанството, воведување на нови модерни техники и

воспоставување складност со структурата на производните сили. Предвидено е и зголемување

на стандардот во областа на образованието и здравството. Била утврдена политика за брз развој

на заостанатите места, а за таа цел биле издвоено 1100 милијарди динари во тогашна вредност.

Планската ориентација и понатаму барала промени во стопанскиот систем, пред се поголемо

економско осамостојување на претпријатијата и зајакнување на нивните економски

способности.

Југославија градела пријателски односи со останатите земји во светот, поради тоа мнгу

луѓе од целиот свет сакале да ја посетат и да се запознаат со начинот на живот и природните

убавини на една од најпријателски раположените земји во светот. Првата туристичка инвазија

во Југославија зпочнува во шеесетите години на XX век. Со тоа туризмот во Југославија

станува една од водечките стопански гракни. Се смета дека во СФРЈ до 1972 год. имало околу

21 милион туристи од странство, чија потрошувачка достигнала 1 милијарда долари.

Кон крајот на 1971 год. Телевизија Београд почнала со емитување на програма во боја.

Во тоа време мал број европски држави имале редовна емисија во боја, а во однос на соседните

земји пд регионот во тој поглед Југославија била прва, ја преминала и Италија која многу рано

почнала со развивање на телевизиската мрежа. Во тоа време во Југославија имало околу 2

милиони ТВ претплатници.

Благодарејќи на новите медицински достигнувања, продолжен е животниот век на

луѓето, пронајдени се лекови за некои болести, а Народноослободителниот фронт на жените

организирал акции во запуштените краеви на федерацијата со цел да вршат прегледи и да го

лекуваат населението.

По ослободувањето во Југославија почнуваат да се развива и спортот. На олимписките

игри во 1948 год Југославија имала свои натпреварувачи. Се формираат и обновуваат

фудбалските клубови. Во почетокот на септември 1945 год. одржан и и првиот турнир,

учесници биле тимовите на републиките, покраините и тимот на Југословенската армија.

Спортот се негувал и во армијата и во училиштат, за една деценија тој доживува огромен

напредок. На олимпијадата во 1956 год. Југолсавија освојува 2 сребрени медали ( фрлање ѓуле

и маратон), во 1975 год. освојува златен медал ( скок во далечина- Ненад Стекич). Вера

Николович е едно од најзначајните спортски имиња во Југославија, таа е двократен првак на

Европа во трчање на 800 метра. На 20 јули 1968 год. таа станува светска рекордерка. На

олимписките игри во Мексико 1968год. Југословенските спортисти освојуваат три златни

(Ѓурѓа Бедов, Мирослав Церар и југословенската ватерполо репрезентација), три сребрени и

две бронзени титули.

Науката забрзано се развива, посебно во времето кога почнува се повеќе да се користи

нуклеарната енергија. Во трите нуклеарни институти „Борис Кидриќ“ „Руѓер Бошковиќ“ и

7

„Јоже Штефан“ биле направени процедури за производство на 20 различни изотопи кои се

користеле во индустријата и медицината.

Четвртиот устав на Југославија бил донесен во 1974 год. За ова често менување на

уставот, тогашниот претседател на координирачкиот одбор на уставната комисија, Едвард

Кардељ рекол дека социјализмот е во почетокот на својот развој и се наоѓа во револуционерни

спротивности.

Во 1971год. направен е нов среднорочен план (1971-1975), според кој Југославија ќе

мора интензивно да се развива. Планот предвидувал посечен раст на општественоит производ

за 7-8%, пораст на животниот стандард за 7%, зголемување на вложувањата во енеретиката и

производните суровини, се планирало зголемување на општествениот производ во

градежништвото, сообрајќајот и услужните дејности. Се утврдила повисока стапка на

вработеност за 3%, а за науката да се одделуваат 2% од друштвениот производ. Во

средината на седумдесетите години на 20 век Југославија се наоѓала во една нова етапа во

нејзиниот развој, кој барал стабилизирање на стопанството и трговијата, како и да се издигне на

повиско ниво рационалното искористубање на расположливите ресурси. Со таа цел де донесен

новиот среднорочен план, планот 1976-1980 год. Овој план е усвоен во Собранието на СФРЈ во

јули 1976 год. Овој план предвидувал зголемување на општествениот производ во просек за

7%, од кои 8% во индустријата и 4% во земјоделството, зголемување на личниот доход за 6% и

пораст на инвестициите за 8.5 %, повторно зголемување на вложувањата во енергетиката и

суровините, најмногу се инвестирало во електраните, се планирало проширување на

металуршките капацитети и модернизирање на старите железници. Во овој период поголемиот

дел од машините во индустријата бил заменет со нов, околу 60% од населението имало средно

или високо образование. За полесно остварување на целите биле воведени т.н. односи на

непосредна заинтересираност и одговорност на вработените во претпријатијата за

инвестициите кои се оддвојувале.

4 мај, 1980. Најтажното неделно попладне. Иако можеше да се очекува најлошото -

сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: "И покрај

преземањето на сите неопходни мерки... Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот". Потоа уследи

Прогласот од ЦК СКЈП и Претседателството на СФРЈ. Зборот се прошири насекаде. Луѓето

чекаа по должината на пругата се до Загреб. А синиот воз минуваше тивко и скоро бесшумно

крај луѓето кои се слеаја крај колосекот како река за на својот Тито барем за миг да му упатат

последен поздрав и да му ја изразат длабоката благодарност. И Забреб, градот на Титовата

младост и на првите Титови револуционерни акции, достоинствено го пречека и испрати, горд

на Загорјето што го роди на загрепската партиска организација и заробничката класа која толку

многу му даде и доби од него. На патот од Загреб кон Белград пак истата глетка. Најискрено и

најтажно простување од работниците, селаните, младината и пионерите на Словенија и Срем.

Белград - градот на титовиот постојан пренос ос ослобудвањето на земјата. Белград во болка се

слеа на плоштадот "Братство и единство". Тука на плоштадот и по должината на сите улици

8

кон Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југослваија, каде што е изложен

ковчегот со телото на другарот Тито, тажни но горди белграѓани му оддадоа почит и му се

заблагодарија на најмилиот другар, пријател, на својот голем сограѓанин. Во сите републики и

покраини, во сите градови, села, во единиците на славната Титова армија, во школите и сите

општествени и политички организации се одржаа комеморативни собири. И насекаде една и

иста слика - изрази на тага, почитување, гордост што живеевме во неговото време и

решителност да се продолжи неговото дело. Насекаде исто и единствено: "Ние сме Титови,

Тито е Наш - и Другар Тито, ние ти се колнеме дека од твојот пат нема да скршнеме". Во Домот

на синдикатите, во свечена сала во која другарот Тито толкупати говореше, се одржа

комеморативна седница на највисоките органи за федерацијата и делегациите од републиките и

покраините. Покрај ковчегот со телото на другарот Тито, во холот на Собранието на

Социјалистичка Федеративна Република Југославија, поминаа и му оддадоа почит на великанот

стотици илјади белграѓани и други граѓани од редовите на сите народи и народности на нашата

земја. Соборци, херои, младина и преставници од сите општествено-политички организации,

делегации од републиките и покраините и од Југословенската народна армија беа на почесна

стража. На овој единствен борец за мир, за меѓународно разбирање за помирно и

подостоинствено утре во целиот свет - еден од основачите и градител на движењето на

неврзаните му оддадоа почит досега невиден број делегации од целиот свет. 

Од 1943 е позната како Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ), од 1945 како

Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), а потоа од 1963 како Социјалистичка

Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Во оваа форма таа останува се до 1991год..По

завршувањето на Втората Светска војна, Југославија е значително разрушена и започнува

нејзината обнова, се градат патишта, мостови, железнички пруги, фабрики, живеалишта за оние

кои останале без покрив над главата, се воведуваат нови аграрни реформи, се донесува устав на

федерацијата, се спроведува индустријализација и многу други реформи со цел брз равој на

земјата,одржани се првите избори, а за прв претседател е избран секретарот на КПЈ, Јосип Броз-

Тито. Започнува и развластување на буржоазијата, се спроведува социјалистичка економија,

краткотрајна колективизација, се организираат младински акции,се отвораат нови училишта, се

гарантира рамноправност на сите, црквата добива нова положба во државата,се создаваат

понови и посовремени оружја, воведен е задолжителна воена обврска, се воведува

самоуправување, се воведува и нова држанва валута .По ослободувањето одржана е и првата

премиера во Београд, а првиот филм е „Најежда“. Во Скопје на 3 април 1945 е отворен

Македонскиот народен театар со претставата „Платон Кречет“. Во 1944год основано е

издавачкото друштво „Просвета“, а првото издадено дело е „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ.

Се формираат нови уметнички здруженија, се обновува и спортот и формирани се првите

фудбалски клубови.Во овој период републиките- членки на федерацијата бележат засилен

општествено- економски, политички и воен напредок.

9

Прилози

сл. бр.1 - Јосип Броз Тито сл. бр. 2 - Четвртиот устав на СФрј

доживотен претседател на ЈУгославија

сл. бр.3 – Военото воздухопловство на ЈНА

10

сл. бр. 4 – Работна акција во Југославија

Сл. бр. 5 – Погребот на Другарот Тито

11

Користена литература

1. Југославија 1941-1981- РО „Триглаф“ Ријека

2. Интернет

12