28
Вовед во криминалистика - 1 - СОДРЖИНА 1.ПОИМ И ВИДОВИ НА ЕКСТРАДИЦИЈА...........................2 1.1. Договорна екстрадиција..............................3 1.2. Законска екстрадиција...............................4 2.ОСНОВИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА.................5 2.1. Начин на кокомуницирање на државите.................5 2.2. Привремено лишување од слобода на обвинетиот........5 2.3. Конкуренција на повеќе барања на екстрадиција.......6 2.4. Транзит.............................................6 2.5. Трошоци на екстрадицијата...........................6 3. ПРАВНА ПРИРОДА И ИЗВОРИ НА ЕКСТРАДИЦЈА................7 4.НАЧЕЛА НА ЕКСТРАДИЦИЈА..................................8 4.1. Задолжителност на екстрадиција......................9 4.2. Не бис ин идем......................................9 4.3. Начело на реципроцитет..............................9 4.4. Начело на екстробилитет.............................9 4.5. Начело на двојна инкриминација......................9 4.6. Начело на специјалитет..............................9 5.ПРАВНИ ПРЕДПОСТАВКИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА. .11 5.1. Државјанство.......................................11 5.2. Хуманитарни причини................................12 5.3. Азил...............................................12 5.4. Вид на кривично дело...............................13 6.ПОСТАПКА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ОСНОВАНОСТА НА БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА............................................. 13 7.ПОСТАПКА ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА................15 7.1. Постапка за екстрадиција во замолената држава- постапка кога предавањето го бара странската држава (пасивна екстрадиција)..................................15 7.2 Постапка на екстрадиција во државата молител– постапка кога предавањето го бара Република Македонија (активна екстрадиција)..................................18 ЗАКЛУЧОК:................................................ 19

Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 1 -

СОДРЖИНА

1.ПОИМ И ВИДОВИ НА ЕКСТРАДИЦИЈА..................................................................21.1. Договорна екстрадиција....................................................................................31.2. Законска екстрадиција.......................................................................................4

2.ОСНОВИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА.......................................52.1. Начин на кокомуницирање на државите.........................................................52.2. Привремено лишување од слобода на обвинетиот........................................52.3. Конкуренција на повеќе барања на екстрадиција...........................................62.4. Транзит................................................................................................................62.5. Трошоци на екстрадицијата..............................................................................6

3. ПРАВНА ПРИРОДА И ИЗВОРИ НА ЕКСТРАДИЦЈА............................................74.НАЧЕЛА НА ЕКСТРАДИЦИЈА...................................................................................8

4.1. Задолжителност на екстрадиција.....................................................................94.2. Не бис ин идем...................................................................................................94.3. Начело на реципроцитет...................................................................................94.4. Начело на екстробилитет..................................................................................94.5. Начело на двојна инкриминација.....................................................................94.6. Начело на специјалитет.....................................................................................9

5.ПРАВНИ ПРЕДПОСТАВКИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА....115.1. Државјанство....................................................................................................115.2. Хуманитарни причини....................................................................................125.3. Азил...................................................................................................................125.4. Вид на кривично дело......................................................................................13

6.ПОСТАПКА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ОСНОВАНОСТА НА БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА............................................................................................................137.ПОСТАПКА ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА.......................................15

7.1. Постапка за екстрадиција во замолената држава-постапка кога предавањето го бара странската држава (пасивна екстрадиција)...........................157.2 Постапка на екстрадиција во државата молител– постапка кога предавањето го бара Република Македонија (активна екстрадиција)....................18

ЗАКЛУЧОК:.....................................................................................................................19

Page 2: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 2 -

1.ПОИМ И ВИДОВИ НА ЕКСТРАДИЦИЈА

Екстрадиција е најважен акт на меѓународна правна помош со

кривичните предмети.Основата е во тоа што државата на чија територија се

наоѓа сторителот на кривично дело т.н замолена држава врши предавање

или извршување на кривича санкција на државата која го бара тоа нормално

ако постојат услови кој се предвидени со закон.

Неопходно е да се знае дека со екстрадиција се овозможува остварување на

територијалниот принцип според кривичниот закон,ако сторителот направи

кривично дело и пребега во странство со цел да ја избегне изречената

правосилна пресуда. Во овој случај државата и укажува правна помош на

државата во која е извршено кривично дело.

Постојат и случаи кога доаѓа до екстрадиција на пример: странски

државјанин ке изврши кривично дело во некоја држава против друга држава

или странски државјанин па се затече на територија на трета држава, во овој

слуцај државата на чија територија се случило крвичното дело има право да

го предаде сторителот на државата чии државјанин е тоа лице. Постои уште

еден случај каде што имаме екстрадиција а тоа е кога државата на чија

територија се случило кривично дело а при тоа има загрозување на некоја

нејзина вредност,таа држава може да се откаже од право на казнување а

сторителот да биде предаден на државата чиј државјанин е.

Овдека видовме неколку случаи во кои доаѓа до екстрадиција.Исто

така екстрадицијата може да биде договорна или законска,накратко ке ги

објаснам :

Page 3: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 3 -

1.1. Договорна екстрадиција се врши врз основа на формален договор за

предавање на сторителот или врс основа на декларација на реципроцитет.

Појасно ке кажеме првин за формален договор,тој се врши врз основа на

двострани и повеќе страни договори кои се склучуваат меѓу

државите.Формалниот договор за екстрадиција всушност преставува

спогодба со која дрѓавите кои потпишуваат преземаат обврска дека

меѓусебно ке вршат екстрадиција на сторителот само доколку се исполнети

услови предвидени со неа.Договорите за екстрадиција можат да бидат

билатерални,тоа всушност значи склучени меѓу две заинтересирани

држави,регионални склучени меѓу држави од определено подрачје и

мултилатерални кои се склучени меѓу поголемброј држави или сите

држави.Мултилатерални договори можат да се остварат преку универзални

меѓународни организации,пример обединетите нации.

Со овој договор се определуваат или се набројуваат кривичните дела за кои

се врши екстрадиција познат како метод на енумерација или се одредуваат

кривични дела за кои нема да се врши екстрадиција познат како метод на

елиминација.Во современите меѓународни договори најчесто се применува

метод на генерална клаузула,всушност според неа се определува видот и

износот на пропишаната или изречената казна.Овие договори ги вршат

органите кои се надлежни за склучување на меѓународни договори.

Во вториот случај кај декларацијата за реципроцитет се применуваат

законските прописи за екстрадиција.Всушност декларацијата за

реципроцитет е начин на кој државите го регулираат меѓусебното предавање

на сторителот на кривични дела до создавање на сите услови кои се

потребни за склучување на формален договор за екстрадиција.Тука се

Page 4: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 4 -

разликуваат формалниот реципроцитет во кој се работи за фактичка

екстрадиција,која настанува кога меѓу заинтересираните држави не постои

никаква спогодба.

1.2. Законска екстрадиција се врси само со прописите кои се предвидени

со закон,тие прописи во некои држави можат да бидат внесени во посебен

закон за екстрадиција или пак да бидат содржни во кривичен закон или закон

за кривична постапка.Исто така екстрадицијата може да се разликува на

активна и пасивна.Всушност активната е онаа екстрадиција кога домашната

држава бара предавање,тоа кога бара од надлежен орган на странската

држава да не се ексртадира определно лице.Пасивна е всушност кога

домасната држава го одобрува предавањето или појасно кажано кога се

екстрадира определено лице на барањето на странската држава.Постои и

привремена ексртадиција,тоа е всушност ако се дозволи спрема странец во

странство да се спроведе постапка или да се издржи казна,а потоа истиот да

биде вратен во државата која го екстрадирала и таму да се продолжи

постапката која била во тек за некое друго кривично дело или можно е

веднаш да се пристапи кон извршување на казната која во таа земја треба да

ја издржи.

Page 5: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 5 -

2.ОСНОВИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА

Барањата за екстрадиција по правило се врши според прописите на

внатрешното право.Меѓународното право ги регулира само прашањата кои

се однесуваат на:начин на комуникацирање меѓу државите,привремено

лишување на слобода на обвинетиот,случајот на конкуренција на барање на

повеќе држави,прашањето на трошоците на екстрадиција,прашање

спроведувањето на лицата екстрадирани на трета држава преку територијата

на замолената држава и предавањето на предмети одземени од обвинетиот.

2.1. Начин на кокомуницирање на државите

Постапката за предавње се поведува во замолената држава по барање

на странска држава,а постојат неколку начини на кои се доставува барањето

a. по дипломатски пат

b. по административен пат

c. по конзуларен пат

d. по директен(непосреден пат)

2.2. Привремено лишување од слобода на обвинетиот

Поради тоа што постои опасност обвинетиот да избега или да се

сокрие се јавува потреба од замолената држава да донессе одлука за

лишување од слобода на обвинетиот.За лишување од слобода одлучува

надлежен суд на замолената држава.Тој орган кај нас е истражен судија

Page 6: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 6 -

2.3. Конкуренција на повеќе барања на екстрадиција

Овдека имаме случај кога постојат барања на повњќе странски држави

за екстрадиција на исто лице,и се доаѓа до прашање на кое барање треба да

му излезе во пресрет.Според европската конвенција на екстрадиција на

замолената држава и се препушта сама да реши на кој адржава ке и даде

предност но сепак мора да се води сметка за тежината на делото местото на

извршување,време на поднесеното барање,државјанство на сторителот на

кривичното дело и можност за подоцнежна екстрадиција на друга држава.

Според нашиот ЗКП во ваков случај и се дава предност на барањето на

државата чиј државјанин е лицето.

2.4. Транзит

За секое пренесување на екстрадирано лице преку територија ан друга

држава секогаш е потребно нејзино одобрение,тоа одобрение мора да го

побара онаа држава на која лицето треба да и биде предадено.Со оглед дека

во современите услови транзитот најчесто се врши со средства на

воздушниот собрачај всушнот тогас нема слетување на територијата на

државата преку која се врши прелетувањето,на тој начин не е потребно

нејзино одобрение туку само нејзино претходно известување бeа тие

околности.

2.5. Трошоци на екстрадицијата

Page 7: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 7 -

Сите трошоци што настануваат при екстрадиција ги поднесува

државата молител.

3. ПРАВНА ПРИРОДА И ИЗВОРИ НА ЕКСТРАДИЦЈА

Постојат четири извори на екстрадиција, а тоа се :

a. Основот на екстрадиција ;

b. Мултилатерални договори како правни извори на екстрадицијата;

c. Билатерални договори како правни извори;

d. Внатрешни правни извори.

a) Основот на екстрадиција е всушност заемната корист на државите да

се казни сторителот на кривичното дело нормално од таа страна на државата

кај што е сторено (извршено) казнено дело.

b) Мултилатерални договори како правни извори на екстрадицијата е

една од институтите кој бил усвоен на Европската конвенција за

екстрадиција која била потпишана на 13декември 1957 во Париз а стапил во

сила на 18Април 1960година.

c) Билатерални договори како правни извори ке споменеме дека

Р.Македонија ги прифатила порано склучените договори со

Албанија,Австрија,Белгија,Велика Британија,Франција,Италија,САД и

други.

Page 8: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 8 -

d) Внатрешни правни извори. Одредбите со кои е регулирана

екстрадицијата во

нашето право се поместени во уставот,кривичниот законик и законик за

кривичната постапка.Исто така тие се од супсидијарен карактер.И покрај

нивната супсидиарната природа некои од нив се применуваат кога

определени прашања не се регулирани (со мегународни договори).

4.НАЧЕЛА НА ЕКСТРАДИЦИЈА

Погледот на Совет на Европа е во правец на поголемо единство на

своите членки,и настојува да се постигне со прифатливи правила на

екстрадиција. Тие правила или начела се :

4.1. Задолжителност на екстрадиција

4.2. Не бис ин идем

4.3. Начело на реципроцитет

4.4. Начело на екстробилитет

4.5. Начело на двојна инкриминација

4.6. Начело на специјалитет.

Page 9: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 9 -

Задолжителност на екстрадиција. Оваа начело укажува на тоа дека

ако се исполнети основните претпоставки за екстрадиција замолената држава

е обврзана да го предаде бараното лице,може да кажеме дека таа претставува

право и должност на државата.

Не бис ин идем. Оваа начело пак се однесува на општо прифатената

збрана за предавање на лице кое за исто дело е веќе осудено,ослободено или

пак ја издржал казната во замолената држава.

Начело на реципроцитет. Екстрадицијата се врши врз основа на

реципроцитет кој може да биде фактички правен реципроцитет.Фктичкиот

реципроцитет всушност се манифестира во околност на слични случаи каде

што држават молител порано веќе одобрела екстрадиција.Правниот

реципроцитет се заснова врз ад хок изјава на државата молител предложена

кон барање за екстрадиција или врз спогодба изразена со размена на

дипломатски ноти.Ексрадиција на странец може да биде извршена само врз

основа на ратификуван меѓународен договор и врз начело на реципроцитет.

Начело на екстробилитет. Самиот поим на кривичното дело е

определен според методот на генерална клаузула.По прецизно овој метод за

остварување на екстрадиција има простор кај сите кривични дела освен кај

определена категорија на дела кои се искучени поради својата природа или

малото значење.Поради ова со екстрадиција можад да бидат опфатени само

оние кривични дела кои се со казна во висина од најмалку една година

односно само потешките кривични дела.Во денешните услови овој метод

доминира поради економичност.

Начело на двојна инкриминација(начело на идентитет на

нормата или начело на двојна казнивост) За оваа начело може да кажеме

Page 10: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 10 -

дека неговата примена на екстрадицијата има место само ако кривичното

дело за кое се бара предавањето е предвидено во законите на државата

молител или во замолената држава.Барањето за екстрадиција,државата

молител секогаш мора да ги приложи извод од текстот на својот кривичен

законик заедно со одредби кои треба да се применат или кои се веќе

применети спрема обвинетиот поради делото по повод кој се бара за

екстрадиција.Всушнот тој извод служи како доказ дека оваа начело е

исполнето.До кои граници замолената држава ја проверува казнивоста на

делото за кое се бара екстрадиција,прашањето може да се реши на два

начина.Едниот начин е така наречен испитување на двојна казнивост ин

апстракто,а втоиот начин на испитување на двојна казнивост ин конкрето

кое претставува не само испитување на идентичност на инкриминациите

тука и на околностите кои ја исклучуваат постапката,кривичната

одговорност,лични причини(пр.имунитет)или поништување на

казната(пр.помилување,амнестија и сл.).

Начело на специјалитет . Според оваа начело државата молител е

овластена кривично да гони и казни предадено лице за они кривични дела

кои се сторени пред донесување на барањето за екстрадиција за кое е

одобрено предавање од страна на замолената држава или можеме појасно да

кажемедека државата и е даден сторителот неможе да го гони или да ја

извршува казната за некое друго кривично дело,изрешено пред предавањето

и различно од она кое се однесува на барањето за екстарадиција.Додека во

спротивно од сето ова државата молител би можела да го злоупотреби

постоењето на овој институт така што би поднела барање за определено

екстрадибилно кривично дело а пак предаденото лице би го судело за друго

екстрадибилно или можеби за неекстрадибилно кривично дело.Какао главно

со оваа начело може да кажеме дека на замолената држава вистински и се

гарантира правото да утврди дали се исполнети сите услови за

Page 11: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 11 -

екстрадиција,а пак на лицето кое се предава дека во државата молител нема

да биде гонето за дела за кој тоа не го очекува.Значајно за нашата држава е

тоа што го прифача оваа начело на специјалитет како во внатрешното право

така и во нејзините меѓународни договори за екстрадиција.

5.ПРАВНИ ПРЕДПОСТАВКИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА

ЕКСТРАДИЦИЈАТА

Предпоставките за екстрадиција се всушност испитување на сите

услови и пречки за екстрадиција или поконкретно може да кажеме правно

ограничување кои произлегуваат од постоење или непостоење на определени

околности.

5.1. Државјанство - околу државјанството се определуваат или се

изнесуваат низа оправдувања као што се:дека државата на своите државјани

е должна да им укаже заштита според своите закони,дека поединецот кое му

се суди во странство е изложен на низа тешкотии во прв ред на непознавање

на јазикот и правото на таа држава.Домашен државјанин не се ексрадира без

оглед на тоа каде е извршено делото,дали на домашна територија или делото

го сторил во странство па подоцна се вратил во домашна територија.

5.2. Хуманитарни причини - според овие причини некои држави ја

одбиваат екстрадицијата тогаш кога таа би била во спротивност со

возраст,здраствената состојба,семејните прилики,душевниот и телесениот

развој на бараното лице,долготрајниот престој во замолената држава или

други хуманитарни причини.

Page 12: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 12 -

5.3. Азил- Овдека екстрадицијата неможе да се врши во поглед на

лица кои укажуваат право на азил.Азилот всушност и се дава за дела за кои

не се врши екстрадиција исто така загарнатирано е правото за азил на

сртанските државјани и лица б ез државјанство кои се прогонети поради

своите заложби за демокатско политичко уварување и дејствување.Треба да

кажеме дека правото на азил се разликува од непредавањето на сторител

накривични дела.Во овој случај на непредавање ан несторителот замоената

држава само го зема на одговорност таквото лице и го казнува според своите

закони.Ако го разгледаме прашањето за однос на екстрадицијата и азилот

при одлучувањето за тоа дали на некое лице кое го бара определена држава

ќе му се одобри азил или ке биде екстрадирано,тука во прв ред се работи за

политичко прашање за кое важат определени правни рамки кои се наоѓаат во

бројните прописи на меѓународното право и исто така и прописите кои се

однесуваат на азилот.(Во меѓубројните прописи на меѓународното право што

се однесуваат на статусот на азилантите влегуваат прописите за бегалци и

апатриди.)Од сето ова ке кажеме дека на лица на кое му е признаен азил,ако

сторило политичко кривично дело токму поради тоа нема да биде

екстрадирано.

5.4. Вид на кривично дело- Без разлика на кој начин ќе се врши

екстрадицијата националните законодавства најчесто наведуваат кривични

дела за кои не е дозволена екстрадицијата.Во прв ред ќе ги наведеме

политичките и воени дела(странец не може да биде екстрадиран заради

политичко кривично дело.Дејствијата на тероризмот не се сметаат за

политички кривични дела.)Постои исто така во некои договори дека

екстрадицијата е исклучена и за некои фискални и кривични дела сторени

преку печатот.

Page 13: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 13 -

6.ПОСТАПКА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ОСНОВАНОСТА НА

БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА

Веднаш по приемот на барањето органот на замолената држава првин

ја проверува формалната исправност дали е прописно составено и

проследено со прилози.Ако се утврди дека постои некој недостаток во

барањето се предупредува државата молител во определен рок да ги исправи

и дополни.Потоа веднш барањето може да се упати на органот кој одлучува

за неговата основаност.Во ситуации на мешовитите системи на регулирање

на кстрадицијата како што е и наиот,тој орган е судот.Ќе кажеме во поглед

на начинот на регулирање на екстрадицијата постојат три системи:

a. Административен систем,каде за администрацијата одлучуваат

само управни органи.

b. Судскиот систем,каде само на судот му припаѓа одлучувањето.

c. Мешовит систем,каде судот со своја одлука утврдува дали се

исполнети законските улсови за екстрадиција врз основа на

контардикторна постапка со обвинетиот.

Постои подготвителна фаза на испитувањето на барањето за

екстрадиција,тогаш судот го проверува идентитетот на лицето и го известува

поради што и поради кои причини се бара неговото предавање.Исто така

судот може да спроведе и други дејствија со цел да се утврди постоење на

пречки за екстрадиција и да се определат некои мерки за обезбедување на

присуството на лицето.

Page 14: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 14 -

Имаме и уште една фаза а тоа е фазата на одлучување за основаноста

на барањето за екстрадиција.Кај договорната екстрадиција испитувањето на

основаноста на барањето се состоело само во проверување,врз основата на

документите кои биле прилозени од барањето,дали се работело за

екстрадибилно кривично дело,дали постоело идентитет на норма и дали

постојат пречки за екстрадиција.Според договорот е познато дека државата

која бара екстрадиција е должна да поднесе докази кои укажуваат дека

лицето го сторило кривичното дело идека за истото тоа дело е кривично

одговорно.

Законската екстрадиција е всушност предпоставка за екстадиција во

нашата земја и со нејзе се превидува постоење на доволно докази за основно

сомневање дека странецот чија што екстрадиција се бара сторило определено

кривично дело или постои правосилна пресуда.Оваа одлука се донесува на

седмица на совет на надлежен суд. Во нашето кривично процесно

законодавство определува дека истражниот судија по проверување на

идентитетот и го известил зошто и врз основа на доказите мора уште веднаш

да го поучи странецот дека може да земе бранител или ке му назначи

бранител по службена должност за кривично дело за кое обраната е

задолжителна.

7.ПОСТАПКА ЗА ОДОБРЕНИЕ НА ЕКСТРАДИЦИЈАТА

7.1. Постапка за екстрадиција во замолената држава-постапка

кога предавањето го бара странската држава (пасивна екстрадиција)

Page 15: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 15 -

a. Поведување на постапка .Оваа постапка за екстрадиција се

поведува по барање на странска држава.Тоа барање се поднесува по

дипломатски пат преку Министерството за надворешни работи.Тој договор

може да биде предвиден и како непосредно доставување .Барањата за

екстрадиција Министерството за надворешни работи преку Министерството

за правда го доставува на истражниот судија на чие подрачје странецот ке

биде затечен.

b. Тек на постапка.Со примање на барањето истражниот судија го

повикува странецот при што го утврдува идентитетот ,го запознава барањето

поради што и врз основа на кој докази се бара неговата екстрадиција,и ке му

објасни на обвинетиот како да земе бранител.На оваа сослушување на

странецот мора да присуствуа и бранителот не преставува распит на

обвинетиот,тој не се сослушува за кривичното дело туку се изјаснува за

поднесеното барање и доказниот материјал.Со согласност на обвинетиот да

биде предаден на странската држава не доага до запирање на постапката

ниту пак го обврзува органот кој одлучува за екстрадицијата. Веднаш по

завршување на сите дејствија и сослушување на јавниот обвинител тогаш

истражниот судија го сослушува бранителот и спроведува некој други

истражни дејствија со цел да утврди дали постојат претпоставки за

екстрадиција, но исто така истражниот судија неможе да одлучи за

екстрадицијата.Ако има во тек постапка за некое друго кривично дело

министерот за правда може да одобри предавање, но може и да го одложи

истражувањето до завршувањето на казната.

c. Одлуки на судот и Министерот на правда во врска со

барањето. Советот на надлежниот суд може да донесе една од овие две

одлуки по приемот на списиите на истражниот судија :

Page 16: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 16 -

решение дека барањето за педавање се одбива или дека тоа не е

основано ;

решение со кое се утврдува дека се исполнети законски претпоставки

за предавање на странецот или дека тоа е основано .

Подетално објаснување за овие две одлуки.Првото е за решение со кое

се одбива предавањето .Него го донесува судскиот совет кога ке утврди дека

не се исполнети законските претпоставки за предавањето.Против оваа

решени јавниот обвинител немже да поднесе жалба меѓутоа тоа решение се

испраќа на врховниот суд кој по сослушувањето на јавниот обвинител

истото може да го потврди,укине или преиначи.Предавањето неможе да се

изврше по правосилноста на решението на повисокиот суд за одбивање на

барањето.Ако судот решил дека барањето е неосновано Министерот за

правда мора да ја одбие екстрадицијата,но странецот исто така може да биде

протеран од државата затоа што актот за протерување е независен и нема

судска гаранција.

Второто е решение со кое се утврдува дека се исполнети законските

законските предпоставки за предавање на странецот.Судот не одлучува за

тоа предавање да се изврши,туку тој само мериторно одлучува дека се

исполнети претпоставките за екстрадицијата.Против ова решение странецот

има право на жалба но не и јавниот обвинител кој нема правен интерес за

тоа.Додека според дискрециона оценка раководен од причини на

целосходност Министерот за прада одлучува за екстрадицијата.Но кога

имаме случај на договорна екстрадиција тој неможе да го одбие предавањето

освен ако за тоа постојат определени пречки.Неговата одлука во најголем

број случаи е конечна затоа што лицето кое се екстрадира неможе да ја

побива со правни средства.Решениото со кое Министерот за правда го

дозволува предавањето на странецот мора да содржи клаузула дека :

Page 17: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 17 -

тоа лице не може да се гони за друго кривично дело сторено пред

предавањето за стореното дело ;

дека спрема него може да се изврши казна за друго,пред предавањето

извршено дело;

да се примени построга казна од онаа на која е осуден;

дека неможе да му се предаде на третата држава за кривично дело

сторено пред дозволеното предавање.

Со оваа клаузула лицето кое се екстрадира може на тоа своеволно да се

согласи.Предавањето нема да се изврши ако замолената држава не го

прифати наведениот услов.Државата која го поставила барањето за

екстрадиција освен во случај на виша сила должна е на определеното место

да го превземе екстрадираното лице во определен ден или пак во посебен рок

кој е определен со договор но ако тоа не го стори лицето кое треба да се

екстрадира може да биде ослободено.

7.2 Постапка на екстрадиција во државата молител–

постапка кога предавањето го бара Република Македонија (активна

екстрадиција)

a. Поведување на постапка. Пред поднесување на барањето за

екстрадиција доколку не е поропишана друга постапка јавниот

обвинител,основните судови или органите за извршување на санкциите се

обраќаат на Министерот за правда да ја оцени потребата од

екстрадицијата,според дискрециона оценка раководејќи се од причините на

ефикасноста на кривичната постапка но и од причини на политички

Page 18: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 18 -

опортунитет.Ако Министерот за правда одлучи дека од странската држава

треба да побара предавање ке состави барање и веднаш ке го достави до таа

земја,а ако против лицето ( не мора да биде наш државјанин)кое се наоѓа во

странска држава се води кривична постапка во Република Македонија или

ако лицето кое се наоѓа ви странска држава го осудил домашен суд.

Барањето кое се доставува по дипломатски пат преку Министерство за

надворешни работи се приложуваат податоци за

државјанството,обвинителен акт или пак одлука за притвор или пак друг акт

кој е рамен на оваа одлука со податоци за дело и изводи од текстовите од

нашиот кривичен законик. Министерот за правда може да бара против тоа

лице во странска држава да се превземаат потребни мерки поради неговото

притворење ако постои ако постои опасност дека лицето ке избега или ке се

сокрие.Барањето секогаш мора да биде поднесено преку Министерот за

надворешни работи.

b. Постапка по извршената екстрадиција. Во поглед на

постапката спрема веќе екстрадираното лице, е даден правен основ

домашните органи одстапувајќи од редовните прописи да постапат според

списите за екстрадиција.Тоа не претпоставуваат одредби за предавање туку

за посебно одстапување на домашните органи при спорведување на

постапката спрема екстрадираното лице.Според начелото на специјалитет

нашето кривично процесно законодавство предвидува ако биде лицето

предадено тоа ке може кривично да се гони односно дека спрема него ке

може да се изврши казна за кривично дело за кое предавањето е

одобрено.Меѓутоа ако обвинителот поднесе обвинение против предаденото

лице за кривично дело за кое екстрадицијата не е одобрена,судот мора да

донесе пресуда со која се одбива обвинението затоа што се работи за

околност која го исклучува кривичното гонење.Условите што биле

прифатени од замолената држава мора да бидат исполнети по извршената

Page 19: Kriminalistika so sredena sodrzina prored 1.5

Вовед во криминалистика- 19 -

екстрадиција од државата молител.При екстрадирањето на лице според

законот на наше барање странската држава може да постави усови во поглед

на видот и висината на кривичната санкција која може да се изрече и

изврши.

Од тука ако нашата држава ги прифатила условите при изрекувањето

на казната судот е врзан со тие услови а пак екстрадицијата поради

извршување на казната судот во последен степен ке ја преиначи предудата и

ке ја сообрази изречената казна со условите за екстрадицијата.Но во секој

случај времето кое екстрадираното лице го поминало во притвор во

странската земја за кривичното дело поради кое е предадено ке му се смета

во казната изречена во нашата земја.

ЗАКЛУЧОК:

......