29
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ Проектна задача по предметот Стратегиски менаџмент Тема: Стратегиска анализа на АД Макпетрол Ментор: Изработиле:

konecna strategiski

Embed Size (px)

DESCRIPTION

konecna strategiski

Citation preview

Page 1: konecna strategiski

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

Проектна задача по предметот Стратегиски менаџмент

Тема:

Стратегиска анализа на АД Макпетрол

Ментор: Изработиле:

Проф. д-р Трајко Мицевски Наталија Ташкова 081526

Асистент. м-р Елена Веселинова Ивана Михаилова 081654

Штип, 2013

Page 2: konecna strategiski

Содржина

Вовед .........................................................................................................................3

1.Профил на компанијата ........................................................................................4

2. Eкстерно окружување...........................................................................................5

3.Анализа на посебно екстерно окружување........................................................11

4.Анализа на интерно окружување........................................................................13

5.SWOТ анализа......................................................................................................17

6.Формулирање стратегија ....................................................................................18

Заклучок....................................................................................................................20

Користена литература.............................................................................................21

2

Page 3: konecna strategiski

Вовед

Стратегискиот менаџмент е област која се занимава со главните наменети и

појавни иницијативи преземени од страна на главните менаџери во име на

сопствениците, вклучувајќи и користење на средства, да се подобрат

постигнувањата на фирмите во нивните надворешни средини. Тоа подразбира

одредување на мисијата на организацијата, визија и цели, развој на стратегии

и планови, најчесто во смисла на проекти и програми, кои се дизајнирани за да

се постигнат овие цели, а потоа и доделување на ресурси за спроведување на

стратегии и планови, проекти и програми. А избалансирана карта за

запишување резултат често се користи за проценка на вкупните резултати на

бизнисот и неговиот напредок кон целите. Во продолжение ќе се осврнеме на

стратегиска анализа на компанијата Макпетрол АД која претставува најголема

приватна компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во

Република Македонија. Како лидер на македонскиот пазар веќе 65 години,

располага со развиена мрежа од 121 ултра модерни бензински станици со

нафтени производи со доволен капацитет.

Нејзината основна дејност е трговија на мало и големо со нафта, нафтени

деривати, природен гас и биодизел.Главната деловна активност на

„Макпетрол“ АД Скопје е продажбата на нафта, нафтени деривати и биогорива

преку Големопродажната мрежа на складови и Малопродажната мрежа на

бензински станици. Во продолжение ќе направиме подетална структурна

анализа на компанијата.

3

Page 4: konecna strategiski

1.Профил на компанијата

„Макпетрол“ АД основан е 1947 година како трговско претпријатие за промет со

нафта и нафтени деривати, под името Југопетрол-Скопје, броејќи 85 вработени

и неколку бензински станици. Во 1974 година Претпријатието ја проширува

својата дејност и за автотранспорт и шпедиција, и се организира како работна

единица (Р.О.). Четири години подоцна (1980) фирмата го менува своето име

во Р.О. Макпетрол-Скопје. Во 1989 година се регистрира како Општествено

претпријатие (О.П.) за внатрешна и надворешна трговија, а наредната, 1990

година преминува во Акционерско друштво со мешовита сопственост. Пет

години подоцна (1995) преминува во Акционерско друштво (А.Д.), со што

завршува трансформацијата на „Макпетрол” А.Д. од мешовита сопственост во

трговско друштво во приватна сопственост. На тој начин се заокружува еден

процес што претставува основа за уште поуспешен раст, развој и подем во

нови насоки и нови полиња.

Акционерското друштво е во целосна приватна сопственост (1998), чии акции

котираат на Македонската берза.

Изградбата на фабрика со капацитет од 20.000 тони биодизел на годишно

ниво,за „Макпетрол“ АД значи стабилен чекор во следење на современите

текови на биогоривата и обновливите извори на енергија. 1780 вработени со

разновидна стручна подготовка, учествуваат во процесот на снабдувањето на

пазарот. Високиот квалитет произлегува од сопствената лабораторија за

контрола на квалитетот на горивата,модерниот возен парк на автоцистерни и

потребната логистика. Меѓународната соработка се остварува преку

филијалите во Република Грција и Република Србија.

Управувањето на Макпетрол АД- Скопје е организирано според двостепен

систем.Друштвото има Надзорен одбор, составен од четири членови и Управен

одбор составен од осум членови.Претседател на У.О. на „Макпетрол“е Андреја

Јосифовски.

Макпетрол групата има свои подружници, кои во земјата се: Макпетрол Пром-

Гас, Телевизија Телма, ГА-МА и Оилко додека на меѓународен план

групацијата на Друштвото поседува придружни фирми во соседна Република

Грција, Петролмак и во соседна Република Србија, Макпетрол - Београд.

4

Page 5: konecna strategiski

2 Екстерно окружување

-Типологија на стеикхолдери

Потребно е да се изврши идентификација и класификација на стеикхолдерите

и нивно оценување од аспект на потенцијалот за ограничување или за

соработка со претпријатието во конкретниот случај со Макпетрол АД-Скопје.

Постојат четири видови стратегии за оценувње и управување со

стеикохолдерите на претпријатието.

1.Економски стеикхолдери-Нив ги сочинуваат:

Потрошувачи

Потрошувачите се најважен стеикхолдер. Компанијата Макпетрол-АД се

стреми кон целосна насоченост кон своите потрошувачи со цел да ги задоволи

нивните барања .Потрошувачите се секогаш на прво место во деловната

филозофија и компанијата е секогаш посветена на задоволување на барањата

на потрошувачите нудејќи квалитетни производи и услуги и воспоставување на

високи стандарди на македонскиот пазар.Купувачите бараат сигурни и

квалитетни производи по најниски цени. Задоволните потрошувачи се

единствениот извор на сигурност на работните места за организациските

стеикхолдери во една компанија. Најдобриот тест за работењето на една

компанија е умешноста да се задоволат потребите, вкусовите и желбите на

купувачите.

Интересот на купувачите е свртен кон:

плановите на компанијата да продолжи со досегашниот

производен/услужен програм;

коефициентот на обрт на побарувањата од купувачите;

коефициентот денови во побарувања (денови на наплата на

побарувањата) бидејќи колку е коефициентот поголем, толку се деновите

врзани во побарувања помали и обратно.

Добавувачи

Добавувачите ги обезбедуваат потребните ресурси, тие влијаат врз цените ,

времетраењето на производството, квалитетот на производот, нивото на

залихи, технологијата, опремата и финансискиот капитал и човечки ресурси.

5

Page 6: konecna strategiski

Добавувачите се заинтересирани за информации кои ќе им овозможат да

утврдат дали износите кои ги побаруваат ќе им бидат исплатени кога ќе

доспеат.Добавувачите бараат лојални потрошувачи, спремни навремено да

платат највисока цена во континуитет за производите и услугите кои ги

добиваат. Токму затоа доверителите посебен интерес покажуваат кон:

- плановите на компанијата да продолжи со досегашниот производен/услужен

програм;

- коефициентот на обрт на обврските кон добавувачите;

- коефициентот денови во обврски (денови на плаќање на обрските) - колку е

коефициентот поголем, толку се деновите врзани во обврски помали и

обратно.

Банки

Банките како подржувачки стеикхолдер овозможуваат пристап до многу

кредитни линии. Банките очекуваат компанијата да го зачува и да го зголеми

капиталот кој тие им го довериле. Ако кредиторите станат незадоволни или

согледаат дека во компанијата кредитната способност е намалена, тогаш тие

можат да наметнат построги критериуми при одобрувањето на наредните

позајмици на капитал. Покрај тоа што банките, при одобрување на кредити со

високи квоти, своите пласмани задолжително ги обезбедуваат со квалитетни

хипотеки, сепак континуирано, претпазливо го следат работењето на

компанијата преку анализа на кварталните и годишните финансиски извештаи,

за да во случај на нарушена кредитоспособност на компанијата побараат

предвремена наплата на кредитот, а во краен случај и активирање на

хипотеката. Посебно внимание банките како финансиски институции обраќаат

на:

- обемот на продажбата;

- остварените приходи од редовни активности;

- бруто и нето профитната маржа;

- остварената бруто и нето добивка;

- реинвестираната добивка и нејзината намена;

Макпетрол им овозможува на своите потрошувачи да можат да плаќаат со два

типа на платежни картички Verna и Verna +

6

Page 7: konecna strategiski

2.Општествени стеикхолдери

Влада

Владите и нивните агенции се заинтересирани за алокацијата на ресурсите па,

според тоа, и за активностите на деловните субјекти. Тие исто така, имаат

потреба за информации и за да ги регулираат нивните активности, да ги

утврдат даночните политики, а и како основа за статистиката за националниот

доход и сличните статистики.Малопродажбата на цената е лимитирана со

одлука на Владата,што доведува до заклучок дека Владата е ограничувачки

фактор.

Синдикат

Синдикатите се заинтересирани за информации во врска со стабилноста и

профитабилноста на нивните вработувачи. Тие, исто така, се заинтересирани и

за информации кои ќе им овозможат да ја проценат способноста на деловниот

субјект да им обезбеди наградување, пензии и можности за вработување.

Трговски асоцијации

Отворениот и транспарентен приод,постојаната консултација со

претставниците на општеството и на граѓанските асоцијации во интерес на

долгогодишната соработка, се главни заложби на Компанијата.

Групи на јавен притисок

Деловните субјекти влијаат врз целокупната јавност на различни начини.На

пример, деловните субјекти можат значително да придонесат за локалната

економија на голем број начини, вклучувајќи го и бројот на луѓето кои ги

вработуваат и нивната поддршка за локалните добавувачи.Финансиските

извештаи можат да и помогнат на јавноста обезбедувајќи информации за

трендовите и скорешните достигнувања во просперитетот на деловниот субјект

и опсегот на неговите активности.

3.Стеикхолдери во претпријатие

Вработени

Како стеикхолдери, вработените најчесто се задоволни кога работат во

компанија која што расте и активно ги унапредува нивните вештини, особено

оние кои се потребни за да се биде ефективен член на тим и да се задоволат

7

Page 8: konecna strategiski

или надминат глобалните работни стандарди и критериуми.Од нив се очекува

да превземат одоговорност за квалитетот од два аспекта.Прво да прифатат

континуирано подобрување на културата и да размислуваат за подобрување на

извршување на работата. Вториот аспект е да размислуваат како сите

операции да бидат унапредени , за да го направат тоа тие треба да

располагаат со способност и информации со цел придвижувањето да води кон

прозведување на промени.Тековните напори на „Макпетрол“ АД- Скопје се

насочени кон едукација на своите вработени преку специјализирани обуки,

пред сe, на вработените кои се во директен контакт со купувачите, а сe со цел

подобрување на услугата на продажните места.

Менаџери

Врвните менаџери треба да делуваат како главен водич во активностите

сврзани со компанијата (одговорност за квалитет, систем менаџмент и процес

на производство).

4.Сопственици

Акционери

Акционерите инвестираат капитал во компанијата со надеж дека ќе заработат

барем просечен профит од својата инвестиција.Тие сакаат - очекуваат,

профитот од инвестицијата да биде што е можно поголем.Тоа се постигнува на

сметка на инвестирањето во иднината на компанијата (остварената добивка

наместо да се реинвестира во нови развојни проекти, се распределува, како

дивиденда на акционерите).Акционерите очекуваат компанијата да го зачува и

да го зголеми капиталот кој тие им го довериле.Очекуваниот профит

кореспондира со степенот на ризик прифатен со инвестирањето (помал профит

се очекува од инвестиции со низок ризик, а поголем профит се очекува од

високоризични инвестиции).

Макпетрол е акционерското друштво во целосна приватна сопственост(1998),

чии акции котираат на Македонската берза.акционерите кои поединечно или

заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас, имаат

право да достават предлог до Собранието на акционери.

-Сегменти на општо екстерно окружување

8

Page 9: konecna strategiski

Екстерното опкружување е составено од неколку сегменти и во наредниот текст

ќе извршиме стратегиска анализа на екстерното општо опкружување на

Макпетрол АД Скопје.

Економски сегмент

Економски сегмент ја претставува состојбата во самото стопанство на една

држава која што во доста голема мера влијае врз работењето на

индивидуалните претпријатија и индустриски гранки.Акционерското друштво е

во целосна приватна сопственост (1998), чии акции котираат на Македонската

берза.Економскиот субјект го сочинуваат фактори кои ги регулираат тековите

на репродукцијата на претпријатието и кои создаваат можности или

ограничувања за претпријатието.Тој укажува на карактерот на економијата во

која претпријатието работи,како на пример економија на услуги,економија на

транзиција.Економскиот сегмент се однесува на: паричните текови,видот на

организацијата на претпријатието (приватна наспроти државна

сопственост),карактеристиките на потрошувачите,економски раст,стапка на

инфлација,трговски суфицит или дефицит,производни капацитети.

Технолошки сегмент

Технолошкиот сегмент вклучува научни и технолочки иновации и инвенции во

дејноста кои создаваат можности или ограничувања за

претпријатието.Технолошките промени може да креираат нови конкурентски

предности кои се посилни во однос на постојните.Клучната корист од

технолошкото предвидување лежи во точното предвидување на идната

способност на факторите и нивниот одраз врз претпријатието. „Макпетрол“ е

дистрибутер на реномираните DELL електронски уреди што е уште една

потврда за развиените партнерски односи потребни за успешен пласман на

нивните производи на нашиот пазар.

Владата

Во текот на последните години стабилноста на надворешното опкружување и

комплетот реформи кои беа спроведени во земјата го овозможија долго

оцекуваниот економски раст. Се очекува во Македонија во наредните години

раст на БДП(бруто домашниот производ) од 4 до 4,5% на годишно ниво. Растот

9

Page 10: konecna strategiski

кој што го предвидува владата е подкрепен со реформи кои се превземаат како

дел од евроинтеграцијата на земјата со што се поставуваат основите за

поволната бизнис клима.

Правен сегмент

Правниот сегмент го сочинуваат закони и прописи кои ги водат интеракциите на

компанијата и кои создават можности или ограничувања за неа.Постојано

менување на законските прописи кои го регулираат прометот со нафта и

нафтени деривати на домашниот пазар. „Макпетрол“ АД, како најголема

трговска компанија за промет со нафтени деривати и гас во Република

Македонија, својот систем на управување, покрај почитувањето на

општествените правила и релевантната законска регулатива го темели и на

воведување стандарди:

-Во 2004 година „Макпетрол“ АД доби цертификат за системот за квалитет

согласно со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001;

-Во 2007 година доби цертификат за системот за заштита на животната

средина согласно со барањата на меѓународниот стандард ISO 14001;

Во 2009 година хотелите во Струга и во Маврово добија цертификати за

исполнување на барањата за НАССР согласно со меѓународниот стандард ISO

22000 Безбедност на храна;

-Во 2010 година менаџерскиот тим на Компанијата го прифати новиот пристап

за развој на системите како интегриран систем.Интегрираниот систем за

управување со квалитет и животна средина претставува документиран систем

на процесен модел со функционална вредност во рамките на политиката на

„Макпетрол“ АД.

Географскиот сегмент

Географскиот сегмент обезбедува производи и услуги во рамки на одредено

економско опкружување подложно на ризици различни од географски сегменти

на останатите компании.

3.Анализа на посебно екстерно окружување

10

Page 11: konecna strategiski

Структурна анализа на дејноста

Структурната анализа на дејноста е она окружување кое директно влијае врз

успехот или несупехот на претпријатието.Основна детерминанта на профитот

на претпријатието е атрактивноста на дејноста,која не е резултат на тоа како

изгледаат производите,или дали се со повисока или пониска технологија,туку

атрактивноста на дејноста зависи од нејзината структура.

Структурна анализа на дејноста опфаќа оценување на атрактивноста на

дејноста преку петте сили:

Закани од нови пристапници (влегувачи,конкуренти)

Заканата за влез на нови конкуренти е голема , кога : економиите на обем се

малку, диференцијацијата на производот е ниска и не може да се очекува дека

клиентот ќе биде лојален,потребноста од почетен капитал е ниска,трошоци за

пренос на друг производ се ниски, кога ќе настане ново навлегување

потребните знаења и вештини не се значителна пречка за влез на нова

компанија ,пристапот до суровини и материјали е лесен, достапни се

административни бариери за влез .

Новите пристапници претставуваат закана за компанијата затоа што создаваат

дополнителен производен капацитет во оваа дејност.Доколку има лесен влез

за нови пристапници,во тој сличај ќе има пониски цени и понизок профит за

компанијата.Меѓутоа кај Макпетрол АД малопродажните цени ги одредува

Владата, па заради тоа новите пристапници не можат да влијаат врз цените.

Преговарачка моќ на купувачите

Преговарачката моќ на купувачот е гоема кога прави многу купувања т.е.

диференцијација на производите понудени во компанијата, кога има голем број

на конкуренти опасноста од влегувањето во една комапнија е голема,уделот на

трошоците на купувачите за еден производ се значителни.Ако има само

неколку купувачи тие можат да преговараат за намалување на цените, но ова

не е случај со Макпетрол АД каде преговарачката моќ на купувачите е мала.

.

Преговарачка моќ на снабдувачите

11

Page 12: konecna strategiski

Преговарачката моќ на снабдувачите е поголема доколку недостигаат

супститути на производите ,ако трошоците за транспорт се високи.Овде

станува збора за тоа дека ако има само неколку добавувачи, набавните

трошоци растат.

Закани од супститути

Опасноста од производи - супститути е висока , кога : ефикасноста на фирмите

кои произведуваат супститути е висока ( затоа цената на замена паѓа ),ако е

можно споредба на производите , супститутите можат да го намалат

квалитетот на производот ,трошоците при користење на супститути се пониски,

ако постои тенденција на пазарот да се користи супститутот .Макпетрол нема

закани од супститути.

Ривалство меѓу постојните конкуренти

Интензитетот на конкурентската борба е висок, кога:доколку постојат голем

број на конкуренти компанијата расте, фиксните трошоци во компанијата се

високи (поради што компаниите се обидуваат да ги намалат трошоците за

единица производ при што го зголемуваат производството), диференцијацијата

на производот во компанијата е ниска, трошоците на клиентите за транспорт се

ниски, побарувачката во индустријата расте бавно . Окта е единствениот

значаен конкурент на Макпетрол во малопродажната мрежа.Една од главните

предности на Окта на овој пазар е нејзината позиција како производител и

дистрибутер што и овозможува користење на бенефитите од економијата од

обем во поглед на добивањето и формирањето на цените.Останат конкурент

посериозен претставува влегувањето на Лукоил на македонскиот нафтен

пазар.Макпетрол и командитното друштво Оилко, се поврзани и со бизнисот и

со сопствениците.Основач и најголем акционер на Оилко е Макпетрол со удел

од 30%. Оилко, пак, е најголем поединечен акционер во Макпетрол со 19,94%

од капиталот. Генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски,

поседува 15% од Оилко, со што е најголем поединечен акционер. Со тоа

Јосифовски управува и со Макпетрол и со Оилко. Зачудува фактот што

Јосифовски, кој истовремено раководи и со двете компаниии од нафтениот

сектор, успева да го зголеми профитот на Оилко, а Макпетрол во 2009 и 2010

година работеше со за

4.Анализа на интерно окружување-ресурси и способности

12

Page 13: konecna strategiski

Ресурсите и способностите претставуваат основа за изработка на долгорочна

стратегија. Ресурсите се влезови во процесот на производство во компанијата.

Можат да се поделат на видливи и невидливи.Способностите произлегуваат од

информации кои се стекнати низ сложените односи на команијата, зависи од

знаењата на вработените и менаџментот.Овде станува збор за тоа дека

менаџментот на макпетрол е компетентен да се адаптира и да ги прифати

промените во комплексното окружување, исто така станува збор за тоа дека

компанијата има голем обем на работа што менаџментот може да ја води.

Ресурси

човечки ресурси:

- вработени -во компанијата се вработени преку 1900 лица.

-менаџери

физички ресурси:

опрема- Компанијата располога со сопствена лабораторија каде квалитетот на

лабораториските услуги се постигнува со контрола на квалитетот во сите

аспекти на лабораториското работење,исто така се обезбедува

професионална оценка за лабораториската изведба, професионалност и

компетенција.Лабораторијата има квалификуван и обучен персонал и

располага со најнова опрема за тестирање што е во согласност со

стандардните тест методи за нафтени деривати и биодизел

-згради- располага со повеќе спецјализирани продавници, два хотела и еден

мотел.Располага и со СКЛАДОВИ со вкупен расположлив капацитет од

150.000 кубни метри во складовите за нафта и нафтени деривати, распоредени

во различни региони на територијата на Република Македонија, се овозможува

постојано и непречено снабдување со горива на македонскиот пазар. Со цел за

зголемување на производите и услугите, во тек е процесот на модернизација

на пофреквентните складови со вградување системи за контрола, складирање

и дистрибуција, како и за сигурносно управување со горивата.Резервоарите се

опремени со системи за мерење и контрола на нивото и температурата, со што

се обезбедува и превенција за заштита на околината.Користејќи ја ваквата

модернизирана опрема, се зголемува протокот на прием и издавање горива,

13

Page 14: konecna strategiski

бидејќи овозможувањето на најдоброто за корисниците отсекогаш било на

врвот од листата на нивните приоритети. БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ: Бензинските

станици се клучниот елемент во целокупниот работен процес и дејности на

компанијата. Стратешка цел е овие продажни објекти да прераснат во

привлечно место за потенцијалните клиенти како за гориво така и за други

услуги. Мрежата на бензински станици се состои од 116 објекти

распространети на целата територија на Република Македонија, а во тек е

постојан процес на модернизирање и најсовремен визуелен изглед, се со цел

за подобрување на квалитетот на производите и услугите за корисниците.

Квалитетот на горивата и заштитата на околината од несакани влијанија ги

овозможуваат специјалните подземни резервоари за нафта со двојни ѕидови,

опремени со електронски системи на резервоарите.

- технологија Макпетрол А.Д. - Центар Dell денеска претставува една од

најголемите и најискусните IT компании во република Македонија. „Макпетрол“

е дистрибутер на реномираните DELL електронски уреди што е уште една

потврда за развиените партнерски односи потребни за успешен пласман на

нивните производи на нашиот пазар.

материјални ресурси

Макпетрол АД обезбедува нафта и нафтени производи, а производи се:

Ultra горива-Новите „Макпетрол“ УЛТРА горива, се специјално дизајнирани

горива преку најсовремена технологија на адитиви и други технолошки

постапки. Со нивна употреба се постигнува поголема економичност, моќност и

забрзување, подобрено подмачкување на моторот и намалени емисии штетни

гасови и материи.Новите горива за иста цена, без доплата, нудат значително

повеќе од досегашните бензини и дизел горива присутни на нашиот

пазар.УЛТРА горивата се во согласност со европските стандарди, како и со

Правилникот за квалитет на течните горива во РМ.

Биодизел Б100-„Макпетрол“ го воведе биодизел горивото на македонскиот

пазар на течни горива за транспорт, со визија да воспостави нова,

биоенергетска платформа со усвоени стандарди што се однесуваат на

производството, дистрибуцијата и квалитетот на биогоривата.

Производствениот капацитет на фабриката е 20.000 тони биодизел гориво

14

Page 15: konecna strategiski

годишно.Макпетрол” АД е единствен производител на чист биодизел Б100 што

е баран во соседните земји заради неговиот квалитет. 

Биодизел Б8 БС-Придобивките на потрошувачите од овој вид гориво се:

подобрената мазивност на горивото и заштита на моторот и системите за

довод на гориво од абење и механички оштетувања, полесно согорување,

намалена емисија штетни гасови. Квалитетот на овој вид гориво во целост ги

задоволува барањата на современите возила опремени со најсофистицирани

мотори и уреди за прочистување на издувните гасови – каталитички

конвертори.

Lubex-Целосно синтетичко моторно масло со врвен квалитет, наменето за

употреба за сите годишни времиња.За сите мотори на бензин, ТНГ и дизел на

патничките возила и агрегати.Полусинтетичко моторно масло со врвен

квалитет за мотори на бензин, ТНГ и дизел.За сите типови патнички и товарни

возила и агрегати.Универзално моторно масло на минерална база, наменето

за подмачкување мотори на бензин, ТНГ и дизел за патнички, лесни товарни и

комерцијални возила од постарата генерација.Наменето за сите годишни

времиња и за нормални услови на возење.

Антифриз-Антифриз 100 претставува одлична заштита од корозија и

кавитација на челик, лиено железо и обоени тешки метали.Антифриз 100 е

висококвалитетна течност за ладење врз база на моноетилен гликол.Со новиот

Антифриз на „Макпетрол“ со врвен квалитет, моторот на Вашиот автомобил ќе

биде постојано заштитен, без разлика на временските услови.

Кристал кар-Кристал кар претставува детергентска течност со пријатен мирис

врз база на алкохол и додатоци за подобрување на ефектот на миење. Содржи

додаток против создавање каменец.Се применува за миење на ветробрански

стакла и за чистење други стаклени површини како во зимскиот така и во

летниот период.

организациски ресурси Животот во општествените сфери, кога станува збор

за бизнис активности, сe повеќе подразбира општествена одговорност.

„Макпетрол“ АД активно се вклучува во делот на зголемување на квалитетот на

општественото живеење. Здравјето и безбедноста на своите вработени, како и

на граѓаните, спаѓаат во редовните активности. во согласност со определени

законски регулативи,деловноста се одвива во рамките на исклучително

15

Page 16: konecna strategiski

квалитетен корпоративен менаџмент. Тука спаѓаат вообичаените индустриски

стандарди,заштитата на животната околина и основните човекови права.

финансиски ресурси  Во 2010 година загубата на Макпетрол изнесуваше 3,7

милиони евра, а во 2009 година дури 4,5 милиони евра. По две години загуба,

во првите девет месеци од 2011 година Макпетрол пријави добивка од 1,5

милиони евра. Според извештајот, приходите од продажба на нафта и нафтени

деривати изнесуваат 295 милиони евра, од кои 288 милиони се од домашниот

пазар, а 7,3 милиони евра од странство. Приходите од продажба на Макпетрол

се за 20% поголеми во споредба со истиот период лани. 

Способности. Способностите произлегуваат од информации кои се

стекнати низ сложените односи на команијата,способноста зависи од знаењата

на вработените и менаџментот.Овде станува збор за тоа дека менаџментот на

макпетрол е компетентен да се адаптира и да ги прифати промените во

комплексното окружување, исто така станува збор за тоа дека компанијата има

голем обем на работа што менаџментот може да ја води. Можеме да кажеме

дека макпетрол Ад остварува висок профт поради факторт дека е атрактивна

комапнија и поради тоа дека созадава конкурентска предност во однос на

ривалите.

16

Page 17: konecna strategiski

5.SWOT- анализа

Кога се планира работењето, посебно кога се работи за стратегија на развојот

на претпријатието, треба да се согледа внатрешната димензија ( јачините-

предностите и слабостите-недостатоците на фирмата) и надворешната

димензија ( шансите- можностите и заканите-опасностите). Во стратегискиот

менаџмент ова е познато како SWOT analysis.Интерните карактеристики на

едно претпријатие говорат за себе, односно ако фирмата работи неуспешно

преовладуваат недостатоци, а јачините (предностите) се во помала мерка.Кај

успешните односот е спротивен.Ако некое претпријатие сака да биде успешно

треба да ги поттикне своите вредности и обратно да ги елиминира своите

слабости, недостатоци.Развојот на една фирма се темели на вредностите а не

на недостаците.

За да се остане на лидерската позиција на пазарот на нафтени деривати

во Република Македонија и реализација на стратешките цели

дефинирани од врвниот менаџер, неопходно е негување и развој на

17

Предности:

-Силни линии во производтсвото

-Широка покриеност на пазарот

-Способности на човечки ресурси

-Способност на управување со

стратегиска промена

Слабости:

-Зголемување на производните

трошоци

-Губење на името на марката

-Високи конфликти и политики

Можности:

-Искористување на нови пазарни

сегменти

-Преминување во нови растечки

бизниси

-Ширење на странски пазари

-Влез во нови сродни бизниси

Закани:

-Пораст на домашната конкуренција

-Промена на вкусот на потрошувачите

-Пад на цената на нафтата

-Раст на трошоците на работната

сила.

Page 18: konecna strategiski

темелните вредности на компанијата. Подршката од стручноста на

раководниот тим, знаењето и залагањето на вработените и примената на

најсовремените технологии се одговорности за постигнување на крајната

цел, пред сe, кајпотрошувачите,

а со тоа и кај вработените и сопствениците.

6.Формулирање сратегија

Визија

Енергетска компанија е ориентирана на нафта, нафтени деривати природен

гас. Постои целосна насоченост кон потрошувачот.Се истакуваат развојот и

примената на алтернативните горива:природен гас и биогорива.

Тековните напори на „Макпетрол“ АД се насочени кон едукација на своите

вработени преку специјализирани обуки, пред сe, на вработените кои се во

директен контакт со купувачите, а сe со цел подобрување на услугата на

продажните места.

Мисија

Мисијата  е постигнување на врвен квалитет во проиводите и услугите,

оддржувајќи достапна цена и пријателски однос со сите клиенти.

Потрошувачите се на прво место во деловната филозофија на „Макпетрол”

А.Д. Сите во „Макпетрол” А.Д. се посветени на задоволување на барањата на

потрошувачите секогаш нудејќи квалитетни производи и услуги и поставувајќи

високи стандарди на македонскиот пазар.

Тимската работа е дел од деловниот успех на „Макпетрол” А.Д. Жолтата и

сината боја на компанијата се препознатливи на пазарот како симбол за

квалитет и за сигурни и професионални услуги.

„Макпетрол” А.Д. е компанија целосно посветена на постигнување најдобри

финансиски резултати на пазарот. Но, Компанија сериозно ја сфаќа и

корпоративната одговорност кон општеството во кое живееме, поттикнувајќи и

18

Page 19: konecna strategiski

помагајќи многубројни хуманитарни проекти, како и проекти во спортот и

културата. Бизнис принципите се засноваат на интегритет, чесност и фер

однос. Со бизнис филозофијата и принципите на „Макпетрол” А.Д. станува

водечка енергетска компанија на македонскиот пазар.

Цел

Основната цел на „Макпетрол” А.Д. е да обезбеди квалитетно, сигурно

иекономично снабдување на пазарот со нафтени деривати, гас и еко горива. За

реализирање на своите цели, „Макпетрол” А.Д. во своето работење

првенствено се фокусира на задоволување на купувачот и на заштитата и

унапредувањето на животната средина. Професионалното работење е

изразено со реализирање на стратешките планови што се однесуваат на

изградба на нови капацитети, осовременување на постојните капацитети,

воведување нови технологии со тенденција за одржлив еколошки развој.

„Макпетрол” А.Д. тежнее кон континуирано подобрување на работните процеси,

намалување на трошоците на работење, зголемување на квалитетот на

услугите, остварување на еколошките цели со активно и одговорно вклучување

на сите вработени. Со квалитетот на своето работење, заштитата на

животната средина и применувањето на законските прописи, Друштвото се

грижи да обезбеди најдобри услуги за своите купувачи, добар стандард на

своите вработени, доверба кај своите добавувачи. „Макпетрол” А.Д. со своето

работење се труди да придонесе за развојот на економијата на опшеството, во

кое егзистира, и да ја заштити животната средина во која работи.

19

Page 20: konecna strategiski

Заклучок

„Макпетрол" АД со својата развиена инфраструктура на складови и бензински

станици повеќе од 65 години ги снабдува со нафтени деривати стопанството и

граѓаните на РМ.

За таа цел континуирано се инвестира во техничкото и визуелното

осовременување на своите објекти, како и во развојот на нови видови горива

според европските норми за квалитет.

Ако минатиот век беше почеток на ерата на природниот гас и „Макпетрол" прв

инвестираше во магистралниот гасовод, тогаш почетокот на овој век сосема му

припаѓа на тандемот природен гас - биогорива.И покрај потешкотиите што

вообичаено ги следат овие проекти, „Макпетрол" долгорочно го гради своето

место во примената на овие енергенти.

Ваквата енергетска ориентација се одвива со практични мерки за зачувување

на околината и принципите на општествена одговорност.

Сите овие активности во крајно заострени економски услови, се насочуваат кон

потрошувачот што треба во крајна цел да ги процени овие напори и да ја даде

довербата кон нашата компанија.Кон таа определба треба да е посветен секој

вработен во Компанијата.

Тоа претставува гаранција дека „Макпетрол" и понатаму ќе биде водечка

енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори

на енергетските потреби на општеството и, како досега, ќе остане двигател на

економскиoт сектор во Република Македонија.

 

20

Page 21: konecna strategiski

Користена литература

-http://www.makpetrol.com.mk/index_mk.asp

-http://www.similarsites.com/site/dell.makpetrol.com.mk

-http://zk.mk/search/?what=makpetrol+skopje

21