26
СЕМИНАРСКА РАБОТА СЕМИНАРСКА РАБОТА Предмет: Предмет: ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ Тема: Тема: ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ 1

Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

СЕМИНАРСКА РАБОТАСЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет:Предмет:

ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Тема:Тема:ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

ВОВОДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ

Проф.Д-р. Цветко Андреевски Крстоски Панче

1

Page 2: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

Скопје, 2008

нформациите претставуваат основен ресурс во деловното работење без

кои не можат да се донесат квалитетни одлуки. Но за да можат

информациите ефикасно да се обработуваат и користат тие мораат да

бидат дигитализирани. Во ваков облик ги користиме во бази и во складишта на

податоци, во информациски системи и системи за подршка во нашето одлучување т.е

ги обработуваме на компјутери и ги разнесуваме низ компјутерската мрежа.

Информатичката технологија која претставува збир од микроелектрониката,

компјутерите, телекомуникациите и софтверот е една од клучните основни

технологии која овозможува ефикасна работа на организациите, претпријатијата т.е

фирмите и нивната конкурентност на пазарот. Во ова поглавје се прикажани

современите трендови на информатичката технологија т.е придонесот на

информатичката технологија во бизнисот ( деловното работење ).

И

Ова поглавје ќе го завршиме со напомена на некои од проблемите кои се

појавија со користењето и воведувањето на ИТ, како што се компјутерскиот

криминал т.е загрозувањето на приватноста и авторските права.

1.1 Вовед

1.1.1 Информациите и знаењето како стратегиски ресурс во (деловното)

работењето.

Информациите и знаењето се два основни ресурси без кои не е возможно

успешно делување. За донесување на квалитетни одлуки потребно е да се познаваат

различни информации за особините на претпријатието, неговите карактеристики

како и неговото деловно работење.

Некои од тие клучни информации за претпријатието се проценките на пазарот

за одредени произвоиди или услуги, која е прифатлива цена на прозводот или

услугата за купувачите, информации за дистрибутерите на материјалите и

производите, законските прописи, потенцијалот и плановите на конкурентските

фирма итн. Неопходни информации за опремата и работната сила со која располага

фирмата, снабденоста на магацините со потребните материјали за производство и

услуги, финансиската состојба на фирмата...

2

Page 3: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

Меѓутоа не е доволно да се има било каква информација. За донесување на

квалитетни одлуки потребни се потполни и квалитетни информации кои ќе бидат

достапни навреме бидејќи и исправна одлука ако е задоцнета нема да ги има

саканите ефекти (придонес). Доколку конкурентската фирма има релевантни

информации пред нас, нашата одлука може да да биде прекасна за да можеме со неа

да го постигнеме саканиот ефект, на пример први да направиме производ или услуга

за која има побарување.

За да можат информациите квалитетно и во потполност да се искористат

потребно е знаење, т.е различни правила и постапки коишто ќе овозможуваат

рационално користење на информациите за решавање на работните задачи. Тоа нас

ни овзоможува да донесуваме квалитетни одлуки на сите полиња од стратегиски до

оперативни одлуки. Не е сеедно каде ќе го сместиме новиот производствен погон или

услужниот центар, колку и каква опрема ќе набавиме, како ќе го организираме

производството, како ќе управуваме со залихите и др. За донесувањето на такви

одлуки не се доволни само потребните информации туку потребно е и познавање на

методи коишто што овозможуваат да се пронајдат рационални решенија. Тоа се на

пример методите за изнаоѓање на оптимално решение, симулација на работните

процеси, експертски состави и др. кои се развиени во подрачјето на операциските

истражувања, познавања за управување или компјутерски познавања.

За квалитетно и брзо прибирање на информации т.е нивно ефикасно

пребарување и употреба во методите кои овозможуваат донесување на квалитетни

одлуки потребни се компјутери и телекомуникации. А за да можеме да ги

искористиме информациите во компјутерите, податоците од кои тие се состојат

мораат да бидат во дигитален запис (облик).

1.1.2 Дигитализација, вметнување(полнење), пренос и обработка на

податоците

Современите комјутери работат со податоците во дигитален облик па спрема

тоа мораме сите податоци со кои ги полниме компјутерите да ги претвориме во

дигитален облик односно во низ на битови. Било кој од тие податоци – текст,

графика, слики, звук, анимации и видео – можеме да ги дигитализираме со

внесување преку тастатура ( за текст), скенирање, дигитализација на звук, снимање

со дигитални камери и сл.

3

Page 4: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

Податоците во дигитален формат можеме ефикасно да ги надополнуваме и

пребаруваме. Тие се користат во базите на податоци и во информациските делови на

фирмите, а воедно се и суровина која се користи во програмите кои се затемелени на

методите за подршка во одлучувањето. Информациите се колекции на податоци

организирани така да им додаваат вредност на податоците од кои се составени (на

пример вкупните месечни приходи на една фирма кои се добиваат како збир од

поединечните приходи).

Информациите се користат во различни оддели и на различни работни места

во фирмата. За големите фирми, односно фирмите кои имаат застапништва во други

градови или во други земји и континенти, од клучно значење е да нивните бази со

податоци и информациски состави можат да ги користат истовремено голем број на

луѓе. Компјутерските мрежи овозможуваат моментален пренос на податоци на

големи растојанија и нивно користењеод страна на голем број вработени. Со тоа

значително се зголемува ефикасноста на работата на фирмата, а воедно и се

смалуваат трошоците за хартија, печатење и транспорт. Компјутерските мрежи

овозможуваат работа и од дома, дури и правење на виртуелни организации(фирми)

кои не мораат да имаат свои простории, туку вработените комуницираат само преку

електронски пат, а на истиот начин и ја вршат својата работа. Они истотака

овозможуваат брза и ефикасна соработка меѓу фирмите, со смалување на трошоците

и поевтинување на производите и улугите, односно постигнување на поголема

конкурентност на пазарот.

Се поголемиот број на компјутерски мрежи на деловните фирми, без разлика

на тоа дали се на една локација или се раширени низ цела земја или континент, се

вклучуваат на глобалната мрежа ИНТЕРНЕТ. На овој начин на вработените им се

овозможува пристап до големи количества на информации коишто се сместени на

различни места, на пример комуникација со потенцијални купувачи на производи

или услуги. Можноста за објавување на глобални достапни мултимедиски податоци

доведе до појава на електронски маркетинг, а и до други облици на електорнско

работење. Производите и услугите може да се нарачуваат и плаќаат преку Интернет,

а оние производи кои може да се претворат во дигитален облик-како што се

информации, софтвер, музика или видео-можат евтино и брзо да се пренесуваат

преку

Интернет.

4

Page 5: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

Сето тоа претставува важна промена во однос на класичниот начин на

работење. Заостанувањето во примената на компјутерските и телекомуникациските

средства и методи во работењето значи ризик и заостанување зад конкуренцијата,

што неопходно доведува до губење на дел од пазарот, а неретко и затварање на

фирмите.

Пред да направиме преглед на најважните технологии и начини на нивното

користење во работењето, ќе го разјасниме значењето на некои од основните поими

кои се однесуваат на технологијата и подрачја на нејзиниот развој и користење.

1.1.3 Информациска технологија, информациско изучување, компјутерско

познавање, компјутери и информатика.

Денес е во употреба низ поими поврзани со современата технологија и

подрачјата на нејзиниот развој и примена. Поради брзиот развој на компјутерите и

телекомуникациите, особените и стручни подрачја кои со нив се бават сеуште се во

најразлични промени, па ни нивните имиња сеуште не се стабилизирани. Заради

честите двоумења во врска со значењето на основните поими во ова подрачје ние

овде накратко ќе ги објасниме.

Информациската технологија претставува збир од микроелектрониката,

компјутерите, телекомуникациите и софтверот кој овозможува внес, обработка и

пренос на информациите. Информациската технологија е една од клучните

генерички технологии која продира во сите свери на животот, социјалниот и

приватниот, и внесува радикални промени во сите тие подрачја.

Информациското изучување ја проучува комуникацијата со помош на

информациите во друштвата и притоа ги истражува изворите на информациите,

организацијата на информациите и нивно пребарување, ширење и управување со

информациите. Информациското изучување ги опфаќа и испитувањата на

понашањето на луѓето како извор, канал за пренос и примање на информации,

семантичките организации на пораките и каналите за пренос на информациите т.е

документите, познавањата и заедничкиот концепт за пренос на информациите.

Компјутерското изучување се бави со проучување на приказите и

структуирањето на информациите, со алгоритамски процеси за обработка на

информациите, компјутерските склопувања ( на хардверот ) и со програмската

опрема ( софтверот ). Се користи се поприфатениот термин компјутерски, со кое се

5

Page 6: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

означува компјутерското изучување, познавање, техника и нивниот начин на

примена.

Информатиката е име кое кај нас се употребува како синоним на автоматската

обработка на податоци, но денес се користи и како синоним за компјутерство ( што

одговара на користењето на називот-името и во германското и во романското јазично

подрачје ). Покрај тоа во широка употреба на називот информатика често се

поистоветува со информациското изучување па дури и со се што е поврзано со

информациите.

1.2 ТРЕНДОВИ НА ИНФОРМАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Информациската технологија во последнава деценија доживеа огромен развој

и направи големо влијание на сите подрачја на работата и животот на развиените

фирми. Нејзиниот развој и понатаму се одвива со несмалена брзина, со огромни

издвојувања за истражувања и развој кој доведе до голем број нови постапки, методи

и уредувања. Овде ќе ги прикажеме најважните трендови на информациската

технологија по следните подрачја: компјутери, комуникации, софтвер и податоци.

( McNurlin i Sprague, 1998 ).

1.2.1 Компјутери

Два основни тренда во развојот и начинот на користење на компјутерите во

текот на последниве дваесет и повеќе години се минијатурализација на компјутерите

( смалување на големината на компјутерите ) и дистрибуирана обработка .

Намалувањето на големината на компјутерите започнала уште во седумдесетите

години, за да во осумдесетите години дојде до одлучувачки напредок со развивањето

на микро компјутерите, а потоа дошло до развиток на персоналните компјутери. Во

деведесетите години минијатуризацијата ја довеле до преносни (анг. laptop и

notebook) компјутери кои денес во мала големина, со сплеснат екран и со тежина која

е во некој од случаевите и под 1 килограм имаат голема процесна моќ и голема

надворешна меморија. Дистрибуирана обработка користи десктоп и мобилни

компјутери како би овозможила децентрализација и расподелба на обработка на

одалечени места. Во тој концепт на обработка повеќе не е потребно уклучување на

големи централни компјутери, и тоа не само за обработка на текст и работа со

6

Page 7: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

таблици туку и за многу позахтевни обработки како што се работа со графика и

мултимедии , помали бази на податоци и моделирање на сложени процеси.

Концептот клиент- послужувач го искористи поврзувањето на компјутери со помош

на компјутерските мрезжи. Серверите содржат големи бази на податоци на целата

организација или нејзини делови на голема програма кои захтеваат гоолеми ресурси

на компјутери и кое не е рационално да ги чуваат во голем број на компјутери во

организацијата. Серверот исто така овозможува да со нови верзии на софтверот не

мораат да се инсталираат поединечно на секое од компјутерите во мрежа, туку или

софтверот се инсталира само на серверот или по потреба од него се копира по пат на

мрежа на компјутерот на крајните корисници. Најнов тренд за развој на компјутерите

претставува компјутер поврзан во мрежа, а тоа е многу евтин компјутер кој од

склопување има само централен процесор и меморија, а од софтверот пребарувач

(анг.browser) за World Wide Web. Такви компјутери немаат ни дискови на дискети,

па со тоа не можат да чуваат програми или податоци, туку ги добиваат од серверот

во мрежа. Овој концепт е мотивиран првенствено со намалување на вкупната цена

на мрежата на компјутери. Слаба страна на овој концепт е потполна зависност на

мрежзата на компјутерите од софтверот во мрежа, па секој проблем во работата на

главниот компјутер или мрежите ќе ги доведе до тоа да корисниците не можат на

својот компјутер да завршат никаква работа.

1.2.2 Комуникација

Комуникација е една од областите на информатичката технологија со најбрзи

промени. Тие станале важни уште од времето на воведување на терминал за големи

компјутери во режим на поделба на времето (анг. time sharing), а со појавата на

компјутерската мрежа станале клучни елементи на информатичката технологија. Со

воведување локални и глобални компјутерски мрежи комуникациската технологија

станува и темел на дистрибуција на компјутерите. Мрежните компјутери

овозможуваат на деловните организации остварување на компјутерско здружување

во кое секој компјутер може да користи заеднички уред во организацијата (фирмата)

на пример . Такви компјутерски системи може да се најдат на поедини локации, а

можат де бидат распрскани на подрачјето на цела држава или на земјината топка.

Развојот на глобална компјутерска мрежа, Интернет, дефинитивно ја довел

комунациската технологија во прв план, затоа што таа станала главен потпирач за

7

Page 8: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

воспоставуване врска помеѓу десетина милиони компјутери на целата земја.

Најважни сервиси на Интернет – електронската пошта, праќање на податоци во

далечина и World Wide Web - станала основна врска која ја довела до

комерцијализација на интернетот, а исто така и до електронска соработка која

поттикнало радикални промени во начинот на работа на работните организации.

Интернетот станува водечки отворен систем, т.е систем во кој може да се уклучува

компјутерска опрема, софтвер и телекомуникациска опрема на различни

произведувачи. Со тоа битно се упропастува и децентрализира процесот на

управување на компјутерските мрежи приклучени на интернет. Компаниските

локални и раширени мрежи со користење на интернет технологија, а посебно World

Wide Web (WWW) со неговите мултимедиски можности и едноставни публицитети,

се трансформирале во интранети. Со усвојување на WWW технологијата

корпорациските интранети добиваат можност за електронско публицирање, а

истотака и видно зголемување на едноставност и удобност на работата на

компјутерите во мрежа. Освен тоа поврзувањето на Интранет на Интернет им

овозможува на корисниците на корпорациски мрежи да без потреба за било какви

подготовки или додатен хардвер или софтвер одма почнуваат да ги користат

сервисите на интернетот и тоа на еднаков начин како што ги користат

корпорациските ресурси.

Следен чекор е поврзувањето на интранетот на една корпорација со

интранетите на партнерските корпорации, на пример: поврзување на интранетите со

најголемите добавувачи, со што се овозможува брзо и рационално користење на

партнерската корпорација кои се користат во заедничкото работење. Такви

интранети кои се поврзуваат со други интранети се нарекуваат екстранети. Со

создавањето на екстранети додатно се зголемува рационалност на заедничката

соработка и конкуренција во нудење на производи и услуги.

1.2.3 Софтвер

Еден од долготрајните трендови во развојот на софтвер е развојот на

нетрансакциски апликации, како што се системи за поддршка во одлучувањето и

системи темелени на знаење. Тие апликации се поддржани од дистрибуирана

соработка и јаки персонални компјутери кои им овзоможуваат на крајните

корисници не само користење на готов софтвер туку и развој на сопствени програми.

8

Page 9: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

Некои од важните нетрансакциски апликации се темелат на методите на барање на

оптимални решенија, моделирање и сомулација на динамични системи и екстерни

системи, а се повеќе се користат и методи таканаречени интелегентни сметала:

неуронски мрежи, неизразена логика и генетски алгоритми. Во повеќе апликативни

подрачја развиени се програмски системи кои овозможуваат автоматско генерирање

на програми на основи на спецификациите на нивните својства.

Графичките интерфејси, кои на корисниците им овозможуваат едноставна и

интиутивна работа со софтверот, во деведесетите години станаа стандард. Тие се

користат во сите врсти на софтверот, од операциски системи ( на пример

WINDOWS) до програмски јазик ( VISUAL BASIC) и сите врсти на апликациски

софтвер. Интерактивен начин на работа кој овзможува флескибилно решавање на

проблемите, станува основен начин на користење на софтверот.

За развојот на софтверот во поголема мера се користи предметно ориентирано

програмирање кое ги поврзува функциите со податоците. Истотака се развиваат

предметно ориентирана анализа и обликување, како и предметно ориентирани бази

на податоци. Предметно ориентиран пристап овозможува развој на софтверот

заснован на моделите кои можат повеќе стручно да се користат. Со растечко

користење на World Wide Web-от дошло до развој на софтверот кој овозможува

едноставна изработка на WWW страница и компактни, сигурни миниапликации

( анг. apllets ) кои автоматски се пренесуваат по пат на мрежа во моментот кога се

потребни за изведување на некој програм. WWW во се поголема мерка се поврзува

со класични компјутерски апликации на организицијата, па така станува и

едноставен пристапен пат за користење на базата за податоци. Појавата на

програмски јазик JAVA помогна во развојот на компјутери усмерени на документи.

Во тој пристап корисникот го активира бараниот документ кој потоа сам ги наоѓа и

активира програмите кои се потребни за да се изведуваат бараните функции на

документот ( на пример додавање или одземање на графичкиот приказ или таблица ).

Се повеќе се развиваат интелегентни (софтверски) агенти, тоа се програми кои во

име на корисникот ги пребаруваат базите на податоци или WWW ресурсите, работат

на селекција на електронската пошта, помагаат при користење на сложениот

системски софтвер и сл. Интелегентните агенти го запознаваат профилот на

корисникот така да и самиот корисник им ги опишува своите интереси и ја дефинира

целта, а тие после тоа го посматраат и го анализираат понашањето на корисникот и

самите настојуваат како дополнително можат да му помогнат. Поради драматичниот

9

Page 10: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

пораст на обемот и сложеноста на информациите со кои го работиме графичкиот

интерфејс и во кој мораме сами да ја покренеме секоја акција ќе стане се

понеадекватно. Наместо ние нашата работа ќе ја вршат агентите кои ќе ги увежбаме

и ќе ја пратат нашата работа и коишто добро не познаваат; тие нас ќе не потсетуваат

на роковите за исполнување на нашите поставени задачи така да ќе делуваат како

наши потсетници. За да можат да ја извршат таа работа, агентите нема да

комуницираат само со луѓето туку и со други агенти кои се специјализирани за други

функции, однсоно кои им припаѓаат на други ќе разменуваат со нив информации па

ќе учат од нив.

1.2.4 Податоци

И во случајот на податоците истотака настанале големи промени. Освен

традиционални структуирани податоци во облик на датотеки и бази на податоци се

повеќе се користат и слабо структуирани податоци како што се различни врсти на

документи на мултимедиски податоци како што се графика, слики, звук и видео. Тие

податоци се дистрибуирани како на корпорациски мрежни компјутери така се повеќе

и на глобалниот информациски систем, Интернет. Покрај база на податоци се

ствараат и бази на знаења кои овозмможуваат приказ на знаење во различни подрачја

на човековата дејност. Се користат различни трехники на приказ на знаењето какви

што се правилата, семантичка мрежа и граници. Такво прикажано знаење се користи

во програми темелени на знаење, како што се на пример експертни состави кои

овозможуваат одлучување како на луѓе експерти.

Истотака интензивно се развиваат складилишта на податоци во кои се

потхрануваат податоци од повеќе различни извори на податоци. Различните методи

во подрачјето на откривањето на знаење и работење на податоци ( анг. data meaning )

на пример статистички методи, неутронски мрежи или генетски алгоритми

овозможуваат пронаоѓа и поврзување на адекватни податоци потребни за припрема

на работни одлуки.

1.3 ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА И РАБОТЕЊЕТО

Користењето на технологијата во работните организации не може да се одвои

од околината во кое што тоа се случува. Од една страна околината влијае на начинот

10

Page 11: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

на користење на технологијата, а од друга страна технологијата доведува до промена

на начинот на работа и деловно работење во организацијата. Овде ќе го прикажеме

меѓусебното влијание на информатичката технологија и околината во самата работна

организација т.е околината во која организацијата припаѓа. Истотака ќе ги

прикажеме основните значења на електронското работење како нов начин на

работење затемелени на информатичката технологија.

1.3.1 Промена на начинот на работа и на деловното работење

Некои од значајните трендови на работењето внатре во работните

организации се и работењето во групи, можност за работа надвор од канцеларијата,

нехиерархиската организација на работата и доверување на дел од работењето на

надворешните организации. Работењето во групи е се по потребно бидејќи задачите

кои и се поставуваат на организацијата се се посложени, а се повеќе работни

организации се потпираат на тимови кои се формираат само за потребите на

извршување на некоја одредена задача или проект. Оваков вид на работа бара

можност за брзи и едноставни комуникации ( посебно ако членовите на тимовите не

работат во исти простории) како и користење на софтверски алатки кои поддржуваат

работа во тимови, одржување на состаноци на далечина и сл. Основен алат за

далечинско комуницирање е елоктронската пошта. Таа често се користи и меѓу

членовите на тимот коишто се наоѓаат во ист град па дури и во иста зграда на

работната организација, но и им одговара асинхронизирано комуницирање во кое

што не мора да примател на пораката да биде присутен во истото време кога се праќа

пораката.

Работата веќе не се изведува само на работното место туку бидејќи големата

распространетост на компјутерските мрежи и користењето на безжичаните

комуникации, возможно е да се работи и од дома, кога си на пат и сл. Односно да се

работи во време и околина која што на човекот највеќе му одговара. Информатичката

технологија, а посебно брзата комуникација и можноста за дистрибуирано користење

на централизираните бази и складишта на податоци како и лаколно сместените

алатки за поддршка во одлучувањето ја поддржува и тенденцијата на

нехиерархиската организација на работата во која поради брзите промени во

деловната околина, поединци и работните тимови во голема мера се независни во

11

Page 12: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

реализирањето на задачите т.е можат брзо да се прилагодат на промените и да

одговорат на нови предизвици.

Можноста за брзо и евтино праќање на голема количина на податоци на

големи оддалечености како и битно подобрената комуникација, влијаеа доста многу

и на зголемување на опсегот на доверба на доверување на работење на надворешни

организации ( анг. outsourcing). Работењата можат да се проверуваат во

организациите кои се далеку оддалечени, а протокот на информации и динамиката

во работењето на проектот ни најмалку да не трпат било какви измени.

Доверувањето на работата на надворешните работни оргазнизации воедно и

овозможува да се фокусира организацијата на клучните работења за коишто е

специјализирана.

Некој од најважните влијанија во околината на работните организации се

зголемувањето на квалитетот и убрзување на времето за развој на производот

инуслугите, можноста да клиентот еднакво ги користи информациите вметнати на

компјутерите работните организации, глобализацијата во работењето, а исто и

индивидуализирање на производите и услугите. Големата глобална конкуренција

бара постигнување на висок квалитет на производите и услугите како забрзување на

времето за нивен развој. И едното и другото е можно да се унапреди со користење на

информатичката технологија бидејќи таа овозможува брз пристап на релевантни и

важни информации како и ефикасна анализа на информациите за процесот на

производство како и на пружањето на услуги.

Корисниците денес добиваат детален пристап до податоците, па така

странките можат да си го видат банковното салдо на нивната организација, да

префрлаат пари од една сметка на друга, да ги набљудуваат фазите на транспорт на

нивните итни пратки и сл. Во светот е истотака се поинтензивно присутна

глобализацијата на работата корпорациите коишто го шират нивното работење на

повеќе континенти и така значајно го зголемуваат пазарот за своите услуги

производи. Конечно, корисниците се потешко се задоволуваат со стандардните

производи кои се направени за масовна потрошувачка т.е бараат услуги и производи

направени по нивна желба. Како одговор на тоа во подрачјето на прозиводството,

информатичката технологија например овозможила развој на флексибилни

производни состави(погони) коишто можат да произведат мали серии на разно разни

производи, додека во подрачјето на услугите овозможила стварање на

персонализирани електронски весници.

12

Page 13: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

1.3.2 Нови подрачја на работа

Комбинацијата на сите облици на информатичката технологија засегнати во

подобрување на и измена на начинот на работењето доведе до развој на низа алати и

услуги кои се претвориле работење. Оваквиот нов начин на работење се вика

електроничко работење и ги опфаќа меѓу останатите : електроничко комуницирање,

работа во тимови за решавања на задачите, праќање на голема количина на податоци

преку компјутерската мрежа, електроничко тргување, мултимедиско публицирање на

World Wide Web како и користење на електроничките публицирања внатре во

организацијата, помеѓу партнерските организации или глобално на Internet.

Електроничкото тргување доведува до рационално работење, намалување на

потребата за хартија, намалени трошоци за транспорт, можностите за побрзо

поквалитетно одлучување, а со сето тоа зголемување на конкурентноста на

работните организации на пазарот.

Електроничкото работење се развива во повеќе смерови. Еден од нив е и

електроничкиот маркетинг кој ги опфаќа истражувањето на пазарот истражувањето

на конкуренцијата со користење на механзмот за пребарување на ресурси на

Интернет, развој на понуди со користење на World Wide Web, публикација и

комуникација со истите тимски корисници, како и продажба и одржавање на

производите по пат на Web-от. Се појавуваат елетронички пазари односно пазарни

простори ( анг. marketplaces) во кои информациите ги надоместуваат физички

производите и физичките локации.

Развиени се и електронички начини на плаќање во кои се користи

електронички ( дигитални) пари, електронички чекови и плаќање со кредитни

картици по пат на компјутерските мрежи. Електроничкото банкарство им

овозможува на клиентите да прават најразлични финансиски трансакции со својот

персонален компјутер и со користење на Интернет. Електроничко издаваштво ја

темели својата работа на брзината на пристап на голема количина на мултимедиска

информација, можност за правење на разчични издабија на публикациите за

различни географски подрачја т.е стварање на персонализирани елеткронички

весници ( анг. pointcasting ), за разлика од емитување на идентични радио и ТВ

емисси на сите корисници (анг. broadcasting). Освен што корисниците сами ги бараат

информациите (анг.pull), нив тие информации можат да им доставуваат периодично

13

Page 14: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

или тогаш кога ќе се појават информациите за кои е корисникот заинтересиран

(анг.push).

1.4 ОПАСНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАТИЧКАТА

ТЕХНОЛОГИЈА

Информатичката технологија овозможува големи можности за унапредување

на човековите дела, но истотака и за различни начини на злоупотреба и криминални

дела. Компјутерскиот криминал постои веќе со децении, од самиот почеток на

современиот облик на компјутерите. Пред воведувањето на компјутерските мрежи, а

посебно на Интернет, тој облик на криминал бил локализиран на поедини

организации односно на поедини компјутери. Компјутерските мрежи овозможија не

само глобализација на корисни дела туку истотака и глобализација на компјутерски

криминал, можност за управување на криминални работилници на далечина, па и

дистрибуирани криминал кој се користи на различни географски распространети

компјутерски ресурси.

Класичен пример на локализиран компјутерски криминал е масовното

крадење на многу мали суми со помош на заокружување на децималните износи на

банкарските сметки со голем бројна корисници на помали вредности со што

разликите се префрлаат на своја банкарска сметка. Компјутерскиот криминал во кој

се користат компјутерските мрежи има далеку повеќе можности – се пробиваат

шифрите(лозинките) за пристап во компјутерите на некои големи корпорации или

владини организации и со крадат информации кои се индустриска или воена тајна, а

во некои случаи криминалците ќе го изменат составот на тие информации, а тоа

често сопственикот на информацијата да не го дознае. Се напаѓаат и поединци така

да се пресретнуваат нивни пораки и од нив се зимаат податоци за број на кредитни

картици и сл.

Интелегетни агенти истотака претставуваат потенцијална опасност бидејќи во нив

веруваме, или веќе сме им поверувале да во наше име извршат секојдневни

активности. Меѓутоа нашите агенти може некој да ги пресретне и да ги измени, а за

тоа ние и да не знаеме. Така изменети агентите можат да направат незаконски,

неубави или штетни работи, а сето тоа во наше име. Посебно е важен проблемот со

14

Page 15: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

проверка идентитетот на тој што ти пратил порака од агент од друг човек, за да

можеме со сигурност да знаеме со кого разговараме.

Голема е и опасноста од компјутерски вируси или таканаречени програми кои

ги програмирале злонамерни луѓе. Вирусите се шират преку дискета, но се повеќе

преки компјутерската мрежа. После активирањето тие можат да ни избришат или

изменат важни податоци, да пратат пораки на сите оние коишто адреси им ги чуваме

на нашиот компјутер. Непрестано се создаваат нови вируси, но и нови врсти на

вируси, а истотака стално се бара начини како вирусите да се откријат и да се

уништат. Пример за нови неодамна направени вируси се таканаречените

macroviruses кои се активираат при отварање на документ со уредувач на текст или

со таблица со калкулатор. Во нешто повеќе од година дена направени се преки илјада

од тие вируси. Вирусите можат да се добијат и преки пренос на датотеки добиени од

Интернет ( анг. file transfer ), па дури и во антивирусот кој што е добиен на тој начин.

Криминалците но и фирмите, на различни начини ја загрозуваат приватноста на

поединците. Криминалците можат на најразлични начини да соберат информации за

поединци и тогаш ќе ги злоупотребат, така што ќе трошат туѓи пари, собраните

информации ќе ги искористат против поединци во суски спорови и сл.

Организациите често ја загрозуваат приватноста на своите вработени со тоа што им

ја читаат елетронската пошта и праќат пораки во нивно име. Владините организации

доаѓаат до пораки кои се праќаат внатре во земјата или надвор од неа и ги

анализираат. Оваа постапка се користи во борба против криминалот и терористи но

исто така и против тие што не се согласуваат со политиката на таа влада. Се

загрозуваат и авторските права така што бесплатно се користат или дури и

препродаваат текстови, софтевр и сл. Освен тоа голем број на фирми неовластено

прибира информации за поединци и тие информации ги пласира на компјутерската

мрежа Интернет да бидат достапни за сите.

Интернет се користи за правење и дистрибуција на порнографски и расистичк

информации, се развиваат илегални игри на среќа, а неретко се преќаат перверзни и

заканувачки пораки. Такви пораки некогаш се праќаат во име на Поединцеот до кого

криминалецот му стасал до неговата шифра, а тоа е поради тоа што шифрите

поединците ретко ги менуваат.

1.5 ЕКОНОМИЧНОСТ НА ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА И

ПРОБЛЕМИ ЗА НЕЈЗИНОТО ВОВЕДУВАЊЕ

15

Page 16: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

1.5.1 Економичност на информатичката технологија

Информатичката технологија бара големи вложувања. Статистчките податоци

покажуваат дека развиените земји во 1992 година вложувале околу 4% од својот

бруто национален производ во информатичката технологија, со очекувано

дуплирање на таа сума во текок на следните осум години (Poulymenakou i Holmes,

1996). Вложувањата на компаниите се разликуваат по индустриските гранки

(Daniels,1994): најмногу се вложува во финансиските институции, просечно околу

12% од годишната потрошувачка, околу 10% во компјутерската индустрија и

банкарството итн. Во средната група се транспортот со 4,5%, електрониката,

здравтсвото и рекреацијата со 3%, а во најниската група се металната индустрија со

1,5%. Водечките компании во сите производни гранки вложуваат двапати повеќе од

просекот.

Многу компании немаат точно пресметки колку трошат на информатичка

технологија, бидејќи се проценува дека околу 50% од трошоците се прави надвор од

оделот за информатичка технологија. Трошоците можат да се поделат на две основни

категории: експлицитни и имплицитни трошоци (Daniels,1994). Експлицитни

трошоци се однесуваат на хардвер, софтвер и стручњаци за информатичка

технологија додека имплицитни трошоци се однесуваат на планирање,

имплементација и обучување на корисниците. Експлицитните трошоци можат доста

точно да се проценат, но имплицитните трошоци тешко се проценуваат, а понекогаш

и не се земаат во обзир. Во текот на животниот циклус потребно е и големо

вложување во иновација и одржавање за да не би остарела технологијата.

Проценките од воведувањето на информатичката технологија е сеуште понепрецизна

од процената на трошоците, а користа е тешко да се квантифицира. Основните

стратегиски користи од информатичкаѕа технологија секако се зголемување на

уделот во пазарот ( подобрени квалитети со воведувањето на информатичката

технологија , забрзаната испорака, задоволството на купците) добивка од

воведувањето на нови продукти како и рационализација на работата на компанијата.

Некои проценки покажуваат дека процентот на пораст на продуктивноста

како последица на воведувањето на информатичката технологија се движел во

осумдесетите години од 0,28% до 0,7% што е многу малку во однос со вложувањето

во информатичката технологија. Се покажало дека само третина од менаџерите може

16

Page 17: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

да идентифицира добивка од воведувањето на информатичкаа технологија додека

38% од менаџерите дури не ни знаат кои критериуми ка ги искористи за да ја

квантифицира таа добивка. Од друга страна дури половина од менаџерите не биле

задоволни од перформансите на нивните системи (Poulymenakou i Holmes, 1996).

Една од честите причини за неуспешно вложување во информатичката

технологија е набавката на скапа опрема без претходна детална анализа за нејзината

корист во компанијата. Во некои анализи имало и показатели дека зголемувањето на

вложувањата на информатичката технологија довело до смалена продуктивност.

1.5.2 Проблеми во воведувањето на информатичката технологија

Воведувањето на информатичката технологија е доста сложена работа, како

технолошки така и организационо и психолошки. Многу организации и менаџери не

можеле да се носат со тие проблеми па тоа доело до големи каснења, промашување

на предвидените трошоци и проблеми во работата. Анализите покажуваат дека ¼ од

програмите што ги нарачала америчката влада никогаш не биле завршени, половина

била испорачана но никогаш не била искористена ( Beynon-Davies, 1995). Многу

проекти на компании пропаднале и тоа од неколку милиони долари па до стотици

милиони долари. Според стрчњаците за софтвер за таквата пропаст на проектите е

виновен човечкиот фактор. Двете главни групи за пропаст на проектите се технички

и друштвени причини. Во технички причини спаѓаат користена технологија и методи

на работа, сложеност на работата и преголемиот број на луѓе во развој, корисничките

начела, барањата за информации и организациски причини. Во друштвени причини

спаѓаат реакцијата на корисниците на техничките состави, неконстантна политика на

компанијата и конзорциумите коишто ги надгледуваат и иницираат проектите,

начинот на мерење на адекватноста на составот, процесот на планирање и состав на

таа идеја, цели верувања на луѓето кои се вклучени во тоа (Poulymenakou i Holmes,

1996).

Овде со два примера на пропаст ќе ја објасниме сложеноста на таквите

проекти и причините за нивна пропаст.

К О Р И С Т Е Н А Л И Т Е Р Т У Р А

17

Page 18: Informaciska Tehnologija i Delovno Rabotenje

1. www.google.com 2. www.wickiepedia.com

18